Новинарот Зоран Иванов смета дека не се проблем авионските и стадионските билети туку – лагата!

Министерот за правда Никола Тупанчески беше дел од делегацијата на Фудбалската федерација на Македонија која со чартер-лет пристигна во Палермо. Македонските фудбалери им гостуваа на Италијанците во бараж-мечот за пласман на Светското првенство во Катар.

Тупанчевски призна дека не ја платил картата за чартер-летот и влезот на стадионот во Палермо. Фактурата за аранжманот, односно сместувањето ја платил откако целата јавност го виде на трибините, односно по четири денови од одржувањето на натпреварот.

Министерот претходно велеше дека сите трошоци ги подмирил тој од неговата трансакциска сметка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.