невеста Archives - Република https://republika.mk/tema/nevesta/ За подобро да се разбереме Sun, 14 Apr 2024 14:28:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png невеста Archives - Република https://republika.mk/tema/nevesta/ 32 32 Си зел жена Албанка за 1.500 евра, занемел од тоа што му го направила пред првата брачна ноќ https://republika.mk/zivot/semejstvo/si-zel-zhena-albanka-za-1-500-evra-zanemel-od-toa-shto-mu-go-napravila-pred-prvata-brachna-nok/ Sun, 14 Apr 2024 14:40:07 +0000 https://republika.mk/?p=765225

На Балканот уште постојат договорени бракови, а како посебен случај се издвојува и договарањето или „купувањето“ на жени од Албанија, за кои „старите ергени“ даваат и по неколку илјади евра.

https://arhiva.republika.mk/462143

Но, еден таков случај заврши и во судница, откако невестата побегнала.

Основното обвинителство во Прокупље, Србија, испратило барање до Обвинителството во Албанија да им помогне да го истражат случајот со измама на невеста Албанка, која поминала само неколку часа со младоженецот.

https://republika.mk/vesti/balkan/dragan-zaminal-po-zhena-vo-albanija-vakvo-iznenaduvane-ne-ochekuval-od-soselanite-koga-se-vratil-so-nea/

Тие се посомневале дека станува збор за измама, односно дека групата која посредува бракови со Албанки го излажала младоженецот, кому му зеле 1.500 евра, а девојката со која требало да се омажи му побегнала.

Таа се појавила во Прокупље во придружба на жена, раководителка во агенцијата, а со неа бил и маж кој на младоженецот му бил претставен како нејзин вујко. Невестата останала во куќата на младоженецот неколку часа, но кога дошла ноќта му избегала.

https://arhiva2.republika.mk/zivot/kaleidoskop/gledav-da-e-chovek-a-ne-kolku-kosa-ima-na-glava-raskazuva-elida-od-drach-za-dogovoreniot-brak-vo-makedonija/

По залудната потрага која траела со денови, сфатил дека е измамен и се обратил до истражните органи.

Не ја имаа ни првата брачна ноќ, а покрај парите што ги даде на Агенцијата за посредување ги плати и патните трошоци за целото семејство. Сигурно се уште има слични случаи во Прокупље и околината, но никој не ги пријавува, најмногу поради срам. Слична ситуација неодамна е забележана и во Куршумлија, а младоженецот останал покус за 1.000 евра, пренесува извор од Обвинителството за српските медиуми.

The post Си зел жена Албанка за 1.500 евра, занемел од тоа што му го направила пред првата брачна ноќ appeared first on Република.

]]>

На Балканот уште постојат договорени бракови, а како посебен случај се издвојува и договарањето или „купувањето“ на жени од Албанија, за кои „старите ергени“ даваат и по неколку илјади евра. https://arhiva.republika.mk/462143 Но, еден таков случај заврши и во судница, откако невестата побегнала. Основното обвинителство во Прокупље, Србија, испратило барање до Обвинителството во Албанија да им помогне да го истражат случајот со измама на невеста Албанка, која поминала само неколку часа со младоженецот. https://republika.mk/vesti/balkan/dragan-zaminal-po-zhena-vo-albanija-vakvo-iznenaduvane-ne-ochekuval-od-soselanite-koga-se-vratil-so-nea/ Тие се посомневале дека станува збор за измама, односно дека групата која посредува бракови со Албанки го излажала младоженецот, кому му зеле 1.500 евра, а девојката со која требало да се омажи му побегнала. Таа се појавила во Прокупље во придружба на жена, раководителка во агенцијата, а со неа бил и маж кој на младоженецот му бил претставен како нејзин вујко. Невестата останала во куќата на младоженецот неколку часа, но кога дошла ноќта му избегала. https://arhiva2.republika.mk/zivot/kaleidoskop/gledav-da-e-chovek-a-ne-kolku-kosa-ima-na-glava-raskazuva-elida-od-drach-za-dogovoreniot-brak-vo-makedonija/ По залудната потрага која траела со денови, сфатил дека е измамен и се обратил до истражните органи.
Не ја имаа ни првата брачна ноќ, а покрај парите што ги даде на Агенцијата за посредување ги плати и патните трошоци за целото семејство. Сигурно се уште има слични случаи во Прокупље и околината, но никој не ги пријавува, најмногу поради срам. Слична ситуација неодамна е забележана и во Куршумлија, а младоженецот останал покус за 1.000 евра, пренесува извор од Обвинителството за српските медиуми.

The post Си зел жена Албанка за 1.500 евра, занемел од тоа што му го направила пред првата брачна ноќ appeared first on Република.

]]>
Драган заминал по жена во Албанија, вакво изненадување не очекувал од соселаните кога се вратил со неа https://republika.mk/vesti/balkan/dragan-zaminal-po-zhena-vo-albanija-vakvo-iznenaduvane-ne-ochekuval-od-soselanite-koga-se-vratil-so-nea/ Wed, 07 Feb 2024 19:13:52 +0000 https://republika.mk/?p=741491

Четириесет и осумгодишни Драган Николиќ (48) од Врбовац, Србија ја пронашол жената на својот живот во Албанија, а кога стигнал дома со саканата Ханија (44), ги дочекало изненадување - свадбена веселба организирана од неговите соселани!

Претседателката на месната заедница Врбовац, Латинка Павловиќ, за српските медиуми рече вели дека на прославата во селското училиште младенците биле пречекани на нозе со громогласен аплауз, а потоа следел и богат ручек со музика.

Драган заслужи вака да го израдуваме! Во селото нема никој свој. Родителите му умреа рано, а потоа неговиот брат почина релативно млад. Дечкото е чесен и вреден. Тој работи од утро до вечер за да ја обезбеди својата егзистенција. Не чека ништо да му падне од небо. Има трактор, си ја работи земјата, сади во градината, бере печурки, прави се, вели Павловиќ.

https://youtu.be/NTEqAP819PA?si=kGoRY089zoOxe9CM

Врбовац е мало село, со 60 домаќинства и 120 жители, но секој како и колку што можел учествувал во организацијата.

Со една жена одевме од куќа до куќа во селото и собиравме пари за да купиме сè што ни треба. Жените од селото сите сами подготвија по нешто, погачи, кифлички, пити, сè убаво уредивме и беше вистинска прослава, со музика... Сите бевме среќни за Драган, опишува таа.

Таа на мештаните им ветила дека во селото вака ќе се пречекува секоја идна снаа, а во јуни сите заедно ќе прослават 60 години брак на најстариот брачен пар во селото.

The post Драган заминал по жена во Албанија, вакво изненадување не очекувал од соселаните кога се вратил со неа appeared first on Република.

]]>

Четириесет и осумгодишни Драган Николиќ (48) од Врбовац, Србија ја пронашол жената на својот живот во Албанија, а кога стигнал дома со саканата Ханија (44), ги дочекало изненадување - свадбена веселба организирана од неговите соселани! Претседателката на месната заедница Врбовац, Латинка Павловиќ, за српските медиуми рече вели дека на прославата во селското училиште младенците биле пречекани на нозе со громогласен аплауз, а потоа следел и богат ручек со музика.
Драган заслужи вака да го израдуваме! Во селото нема никој свој. Родителите му умреа рано, а потоа неговиот брат почина релативно млад. Дечкото е чесен и вреден. Тој работи од утро до вечер за да ја обезбеди својата егзистенција. Не чека ништо да му падне од небо. Има трактор, си ја работи земјата, сади во градината, бере печурки, прави се, вели Павловиќ.
https://youtu.be/NTEqAP819PA?si=kGoRY089zoOxe9CM Врбовац е мало село, со 60 домаќинства и 120 жители, но секој како и колку што можел учествувал во организацијата.
Со една жена одевме од куќа до куќа во селото и собиравме пари за да купиме сè што ни треба. Жените од селото сите сами подготвија по нешто, погачи, кифлички, пити, сè убаво уредивме и беше вистинска прослава, со музика... Сите бевме среќни за Драган, опишува таа.
Таа на мештаните им ветила дека во селото вака ќе се пречекува секоја идна снаа, а во јуни сите заедно ќе прослават 60 години брак на најстариот брачен пар во селото.    

The post Драган заминал по жена во Албанија, вакво изненадување не очекувал од соселаните кога се вратил со неа appeared first on Република.

]]>
Да не пие газирано, да носи дo бр. 40: Огласот на Јовица за невеста e уште подобар кога ќе го видите на слика https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/da-ne-pie-gazirano-da-nosi-do-br-40-oglasot-na-jovitsa-za-nevesta-e-ushte-podobar-koga-ke-go-vidite-na-slika/ Wed, 30 Aug 2023 18:19:38 +0000 https://republika.mk/?p=676966

Огласот на Јовица, преку кој тој бара жена, ги запали социјалните мрежи, не затоа што на овој начин бара животна сопатничка, туку поради условите кои мора да ги исполни неговата идна сопруга.

Барам сериозна жена за брак, од 25 до 35 години. Потребно е да се достави фотографија од лична карта, извод не постар од шест месеци, државјанство, диплома од четиригодишно училиште или факултет, пет фотографии од целата фигура, потврда дека не е осудувана. Пожелно е да биде бринета, гради четворка, задник во облик на јаболко, висина од 165-175см, килограми до 80. Да носи чевли до број 40, да нема вештачки нокти, коса, дека не ги кубе веѓите, бара Јовица.

Услов е и до сега да не е мажена, да има возачка дозвола и д знае некои боречки вештини.

Пожелно е да е од Нови Сад или неговата околина, задолжително да знае руски јазик, да сака животни, особено кучиња, да не спие до 10 часот и да не лежи по 23 часот. Да не гледа турски и индиски серии, само домашни снимени пред 2000 година, бара младоженецот.

Јовица додава дека невестата мора да сака природно цвеќе, да не пие газирани пијалоци и  никогаш да не била во „Мекдоналдс“.

Би ги замолил заинтересираните дами да направат детален лекарски преглед и тест за бременост и да ми ги испратат резултатите, би сакал ако е можно таа да биде невина, што е тешко. Дами, доколку исполнувате 70 проценти од овие услови, стапете во контакт, ги знаете моите квалитети, пишува Јовица.

Авторот на огласот, Јовица Кукиќ:

The post Да не пие газирано, да носи дo бр. 40: Огласот на Јовица за невеста e уште подобар кога ќе го видите на слика appeared first on Република.

Невеста ја исфрлила деверицата од свадбата: „Фустанот и беше непристоен!“ https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/nevesta-ja-isfrlila-deveritsata-od-svadbata-fustanot-i-beshe-nepristoen/ Fri, 30 Jun 2023 11:23:45 +0000 https://republika.mk/?p=656829

Една неодамна омажена жена вели дека исфрлила една од нејзините деверици од нејзината венчавка откако се појавила во „многу тесен, разоткриен фустан“ кој не и бил по вкус.

27-годишната невеста, која пораснала со „многу строги и традиционални“ роднини, ги замолила своите деверици да носат каков и да е стил на облекување во кој се чувствуваат удобно да го носат, се додека тоа е во боја на праска и скромно, за да не го навредат семејство, пишува Mirror.

Иако признава дека таа и нејзините родители не се согласуваат секогаш со мислењето на нејзиното семејство за некои работи и ставови, новата невеста обично молчи за да го задржи мирот и да ги почитува постарите. За една од нејзините деверици, Ава, се вели дека е „многу страсна феминистка“, а невестата однапред знаела дека нема да се согласи со некои од ставовите на нејзиното семејство.

Меѓутоа, нејзините стравови исчезнале кога Ава, која ја познава од факултет, ја уверила дека нема да каже ништо и дека е тука само како пријателка за да ја поддржи. За жал, се тргна наопаку на свадбата откако Ава влезе облечена во нешто за кое знаеше дека ќе ги навреди роднините на невестата. Зборувајќи на Редит, невестата напиша:

„Ава рече дека ќе и го направат фустанот по нарачка и никогаш не ми покажа слика затоа што беше во изработка. На свадбата дојде во многу тесен фустан во праска која откри многу. Свекрва ми рече дека ќе се справи со тоа и ја избрка .Ава рече дека фустанот е нејзиниот начин на изразување.Таа веќе не зборува со мене, но навистина не мислам дека грешам. "

Таа потоа појасни дека фустанот на Ава го нарече откривачки бидејќи станува збор за тесен мини фустан без ракави.

„Јас самата носам тесна облека слична на она што таа ја носеше, но мислам дека не е соодветна за свадба, особено што на мојата свадба побарав да носиме скромна облека поради моето пошироко семејство“, продолжи таа.

The post Невеста ја исфрлила деверицата од свадбата: „Фустанот и беше непристоен!“ appeared first on Република.

]]>

Една неодамна омажена жена вели дека исфрлила една од нејзините деверици од нејзината венчавка откако се појавила во „многу тесен, разоткриен фустан“ кој не и бил по вкус. 27-годишната невеста, која пораснала со „многу строги и традиционални“ роднини, ги замолила своите деверици да носат каков и да е стил на облекување во кој се чувствуваат удобно да го носат, се додека тоа е во боја на праска и скромно, за да не го навредат семејство, пишува Mirror. Иако признава дека таа и нејзините родители не се согласуваат секогаш со мислењето на нејзиното семејство за некои работи и ставови, новата невеста обично молчи за да го задржи мирот и да ги почитува постарите. За една од нејзините деверици, Ава, се вели дека е „многу страсна феминистка“, а невестата однапред знаела дека нема да се согласи со некои од ставовите на нејзиното семејство. Меѓутоа, нејзините стравови исчезнале кога Ава, која ја познава од факултет, ја уверила дека нема да каже ништо и дека е тука само како пријателка за да ја поддржи. За жал, се тргна наопаку на свадбата откако Ава влезе облечена во нешто за кое знаеше дека ќе ги навреди роднините на невестата. Зборувајќи на Редит, невестата напиша:
„Ава рече дека ќе и го направат фустанот по нарачка и никогаш не ми покажа слика затоа што беше во изработка. На свадбата дојде во многу тесен фустан во праска која откри многу. Свекрва ми рече дека ќе се справи со тоа и ја избрка .Ава рече дека фустанот е нејзиниот начин на изразување.Таа веќе не зборува со мене, но навистина не мислам дека грешам. "
Таа потоа појасни дека фустанот на Ава го нарече откривачки бидејќи станува збор за тесен мини фустан без ракави.
„Јас самата носам тесна облека слична на она што таа ја носеше, но мислам дека не е соодветна за свадба, особено што на мојата свадба побарав да носиме скромна облека поради моето пошироко семејство“, продолжи таа.
 
The post Невеста ја исфрлила деверицата од свадбата: „Фустанот и беше непристоен!“ appeared first on Република.

]]>
Елисавета Булоска и Оливер Андреевски се избрани за годинашни невеста и зет на Галичката свадба https://republika.mk/vesti/kultura/elisaveta-buloska-i-oliver-andreevski-se-izbrani-za-godinashni-nevesta-i-zet-na-galichkata-svadba/ Wed, 31 May 2023 09:56:34 +0000 https://republika.mk/?p=646400

Елисавета Булоска и Оливер Андреевски се избрани за годинашните невеста и зет на Галичката свадба, соопштија од Месна заедница Галичник.

По објавениот конкурс за избор на невеста и зет на Галичка свадба 2023 година, советот на МЗГ го избра среќниот пар. Овогодишен зeт е Оливер Андреевски, со потекло од галичката фамилија Шулески, долгогодишен учесник на Галичка свадба како и дел од организацијата на повеќе настани во Галичник, додека невестата е Елисавета Булоска со потекло од Охрид. Парот ги исполнува сите потребни услови за учество во галичката свадба.

Нека се вечно среќни и бериќетни, да се ќердосает! Годинава на венчавка, вгодина на крштевка!, им посакуваат од Месна заедница Галичник.

The post Елисавета Булоска и Оливер Андреевски се избрани за годинашни невеста и зет на Галичката свадба appeared first on Република.

]]>

Елисавета Булоска и Оливер Андреевски се избрани за годинашните невеста и зет на Галичката свадба, соопштија од Месна заедница Галичник. По објавениот конкурс за избор на невеста и зет на Галичка свадба 2023 година, советот на МЗГ го избра среќниот пар. Овогодишен зeт е Оливер Андреевски, со потекло од галичката фамилија Шулески, долгогодишен учесник на Галичка свадба како и дел од организацијата на повеќе настани во Галичник, додека невестата е Елисавета Булоска со потекло од Охрид. Парот ги исполнува сите потребни услови за учество во галичката свадба.
Нека се вечно среќни и бериќетни, да се ќердосает! Годинава на венчавка, вгодина на крштевка!, им посакуваат од Месна заедница Галичник.
 
The post Елисавета Булоска и Оливер Андреевски се избрани за годинашни невеста и зет на Галичката свадба appeared first on Република.

]]>
Се омажи Антониа Гиговска https://republika.mk/scena/estrada/se-omazhi-antonia-gigovska/ Tue, 02 May 2023 09:56:13 +0000 https://republika.mk/?p=635992

Македонската пејачка Антониа Гиговска викендов се омажи со нејзиното момче и татко на идното дете, Роберт Спасенцовски - Џокер.

30.4.2023. Официјално венчани, пишува пејачката под фотографиите.

Антониа oдбра тесна венчаница од чипка со долги ракави, а младоженецот кафеаво одело со патики.

View this post on Instagram

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)

The post Се омажи Антониа Гиговска appeared first on Република.

Загина неколку моменти по оваа фотографија, зетот се бори за живот https://republika.mk/vesti/svet/zagina-nekolku-momenti-po-ovaa-fotografija-zetot-se-bori-za-zhivot/ Tue, 02 May 2023 08:56:39 +0000 https://republika.mk/?p=635963

Само неколку моменти по свадбената церемонија, невеста загина во судир на автомобил управуван од пијана возачка и возило за голф. Несреќата се случила на пат во Јужна Каролина додека таа и нејзиниот сопруг го напуштале местото каде што го кажале судбоносното „да“, објавија властите во понеделникот, пишува The Guardian.

Загина Саманта Милер (34) од Шарлот, Северна Каролина, а уште тројца во возилото се тешко повредени, меѓу кои и нејзиниот сопруг Арик Хачинсон, кој се наоѓа во критична состојба во болница. Мајката на младоженецот, Анет Хачинсон, апелира за помош преку GoFundMe за да собере пари за погребот на нејзината снаа и за медицинските сметки на нејзиниот син.

Во огласот е објавена фотографија на која младенците трчаат под прскалките непосредно пред несреќата во која нивната кола за голф се преврте неколку пати. Покрај таа фотографија, таа објави и фотографија од нејзиниот син кој во болница закрепнува од повреда на мозокот и бројни скршеници.

Податоците од автомобилот кој осомничената Џејми Ли Комороски го изнајмила, покажуваат дека таа возела 105 км/ч, и покрај ограничувањето на островот од 40 км/ч, и само кратко закочила пред да удри во колата за голф околу 22 часот во Фоли Бич, велат истражителите. Возилото голф имало запалени светла и дозвола да се управува и ноќе.

Комороски (25) доби кривична пријава за убиство од невнимание и уште три други обвиненија за возење под дејство на алкохол. Таа остана во притвор во затворот во Чарлстон во понеделникот попладне и се соочува со затворска казна до 25 години.

The post Загина неколку моменти по оваа фотографија, зетот се бори за живот appeared first on Република.

]]>

Само неколку моменти по свадбената церемонија, невеста загина во судир на автомобил управуван од пијана возачка и возило за голф. Несреќата се случила на пат во Јужна Каролина додека таа и нејзиниот сопруг го напуштале местото каде што го кажале судбоносното „да“, објавија властите во понеделникот, пишува The Guardian. Загина Саманта Милер (34) од Шарлот, Северна Каролина, а уште тројца во возилото се тешко повредени, меѓу кои и нејзиниот сопруг Арик Хачинсон, кој се наоѓа во критична состојба во болница. Мајката на младоженецот, Анет Хачинсон, апелира за помош преку GoFundMe за да собере пари за погребот на нејзината снаа и за медицинските сметки на нејзиниот син. Во огласот е објавена фотографија на која младенците трчаат под прскалките непосредно пред несреќата во која нивната кола за голф се преврте неколку пати. Покрај таа фотографија, таа објави и фотографија од нејзиниот син кој во болница закрепнува од повреда на мозокот и бројни скршеници. Податоците од автомобилот кој осомничената Џејми Ли Комороски го изнајмила, покажуваат дека таа возела 105 км/ч, и покрај ограничувањето на островот од 40 км/ч, и само кратко закочила пред да удри во колата за голф околу 22 часот во Фоли Бич, велат истражителите. Возилото голф имало запалени светла и дозвола да се управува и ноќе. Комороски (25) доби кривична пријава за убиство од невнимание и уште три други обвиненија за возење под дејство на алкохол. Таа остана во притвор во затворот во Чарлстон во понеделникот попладне и се соочува со затворска казна до 25 години.

The post Загина неколку моменти по оваа фотографија, зетот се бори за живот appeared first on Република.

]]>
Татко му купил на синот 18-годишна невеста за 600 евра, а потоа и двајцата ја силувале https://republika.mk/vesti/balkan/tatko-mu-kupil-na-sinot-18-godishna-nevesta-za-600-evra-a-potoa-i-dvajtsata-ja-siluvale/ Tue, 07 Feb 2023 20:56:29 +0000 https://republika.mk/?p=606212

Човек (42) и неговиот син (22) од околината на Панчево, се осомничени дека пред една недела наводно купиле невеста (18), а потоа и двајцата ја силувале и малтретирале.

Тие се обвинети дека сториле кривично дело силување. Како што пишува српски „Курир“, тие пред околу една недела дошле кај девојчето и им платиле на родителите за таа да се венча со синот.

Таа не го сакаше тој брак и насилно ја однесоа во нивниот дом. Таму се случи вистински пекол. По неколку дена и сексуалното злоставување кое го доживеала, девојката се врати во својот дом и ги пријави таткото и синот за силување, вели извор на „Курир“.

Истрагата ќе ги утврди сите детали за овој грозоморен случај, а од друга страна, соседите на уапсените за „Курир“ раскажуваат што слушнале дека се случило.

По стари обичаи, таткото на осомничената му купил невеста на својот син и за неа наводно платил 600 евра на родителите, а пред седум дена ја донесоа во нивниот семеен дом. Ја донесоа во куќата и истата вечер и двајцата почнаа да ја тераат на интимни односи, иако девојката се обиде да се спротивстави. Но, за жал, таа не можеше да се одбрани и го преживеа пеколот, велат соседите.

Според соговорникот на „Курир“, девојката по злоставувањето успеала да побегне од таа куќа.

По се што преживеала, успеа да се спаси. Исто така, осомничениот татко им се фалел на соседите дека продал маторица, три свињи и коњ за да му купи невеста на синот. Тој треба да биуде во затвор! Тој и неговиот син се истите злосторници. Сите се плашиме од нив, не смееме да излеземе на улица затоа што се безобразни, се караат и ни крадат компири, кромид и се што ќе засадиме, велат соговорниците на „Курир“.

The post Татко му купил на синот 18-годишна невеста за 600 евра, а потоа и двајцата ја силувале appeared first on Република.

]]>

Човек (42) и неговиот син (22) од околината на Панчево, се осомничени дека пред една недела наводно купиле невеста (18), а потоа и двајцата ја силувале и малтретирале. Тие се обвинети дека сториле кривично дело силување. Како што пишува српски „Курир“, тие пред околу една недела дошле кај девојчето и им платиле на родителите за таа да се венча со синот.
Таа не го сакаше тој брак и насилно ја однесоа во нивниот дом. Таму се случи вистински пекол. По неколку дена и сексуалното злоставување кое го доживеала, девојката се врати во својот дом и ги пријави таткото и синот за силување, вели извор на „Курир“.
Истрагата ќе ги утврди сите детали за овој грозоморен случај, а од друга страна, соседите на уапсените за „Курир“ раскажуваат што слушнале дека се случило.
По стари обичаи, таткото на осомничената му купил невеста на својот син и за неа наводно платил 600 евра на родителите, а пред седум дена ја донесоа во нивниот семеен дом. Ја донесоа во куќата и истата вечер и двајцата почнаа да ја тераат на интимни односи, иако девојката се обиде да се спротивстави. Но, за жал, таа не можеше да се одбрани и го преживеа пеколот, велат соседите.
Според соговорникот на „Курир“, девојката по злоставувањето успеала да побегне од таа куќа.
По се што преживеала, успеа да се спаси. Исто така, осомничениот татко им се фалел на соседите дека продал маторица, три свињи и коњ за да му купи невеста на синот. Тој треба да биуде во затвор! Тој и неговиот син се истите злосторници. Сите се плашиме од нив, не смееме да излеземе на улица затоа што се безобразни, се караат и ни крадат компири, кромид и се што ќе засадиме, велат соговорниците на „Курир“.

The post Татко му купил на синот 18-годишна невеста за 600 евра, а потоа и двајцата ја силувале appeared first on Република.

]]>
Јован ја фати невестата со друг на свадба: Се правеше луда, гледаше што поклони сме добиле https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/jovan-ja-fati-nevestata-so-drug-na-svadba-se-praveshe-luda-gledashe-shto-pokloni-sme-dobile/ Sun, 16 Oct 2022 14:29:31 +0000 https://republika.mk/?p=561733

Неверојатната приказна на зетот Јован С. од Зрењанин, кој на денот на својата свадба ја фатил невестата Санела со друг, се чини како филм. За српско „Еспресо“ тој неодамна се решил да раскаже што точно се случило на денот на венчавката:

Санела ја запознав кога имав 30 години, таа имаше 25. Ја завршив Богословијата и требаше да станам свештеник. Како што оди редот, прво беше време за свадба. Се знаевме можеби една година, за тоа време не живеевме заедно, но бевме ок.

Таа отсекогаш беше малку кокета, но ми допаѓаше тоа, флертуваше со мене и со сите, но имав впечаток дека ќе се смени во моментот кога ќе се венчаме. Ми се чинеше како да ѝ недостига да го чувствува тој семеен мир кој можеби досега не го почувствувала вистински.

Свадбата се случи, се разбира. Ги повикавме сите роднини, нејзините братучеди, моите. Имавме мал инцидент пред свадбата, но сето тоа брзо помина. Нешто се бунеше за тоа зошто воопшто правиме свадба, што беше малку лудо, бидејќи сè веќе беше договорено. И таа го сакаше тоа од самиот почеток. Што сакаше со кавгата да постигне, не знам. Не знам ни дали ме сакаше. Имавме бебе на пат, па свадбата се случи. Напладне кажавме да, направивме и прекрасна венчавка в црква. Со Божја помош, времето баш ни се погоди, навистина сè беше како што треба. Кога луѓето се почнаа да пијат и да се веселат, таа исчезна.

Тргнав да ја барам зошто требаше да ја сечеме тортата, но ја немаше. Мислев дека се фотографира со некого. Сепак, ништо. Во тоалетот - не. Ја прашувам кумата каде исчезнала, збунета е, вели појма нема, некаде тука е.

Потоа излегов надвор од ресторанот. Не беше ни таму. Одам позади, си велам може се скрила да запали цигара, зошто ја карам да не пуши поради бременоста. Кога таму, во еден паркиран автомобил, на стаклото гледам како да се движи бел материјал.

Пријдов, а таа, таа... Се бакнуваше со другар ѝ. Не го познавам добро, рече мора да го поканиме на свадба...

Отпрвин не можев да им верувам на очите. Се приближував за да проверам дали добро гледам. Добро гледам, венчаницата е таа што се движи.

Прво тој ме забележа. Се скамени. И тогаш, таа се сврте. Ме погледна, па почна да плаче. Само стоев таму. Излезе од колата, ја прашав што прави... и не рече ништо, само влезе.

Време беше за торта, влегов и јас, но знаев дека после тоа ќе побарам развод.

А, таа?! Таа почна да гледа што подароци добивме, како ништо да не се случило. После се собрав, реков дека сакам развод и ја оставив кај него.

The post Јован ја фати невестата со друг на свадба: Се правеше луда, гледаше што поклони сме добиле appeared first on Република.

]]>

Неверојатната приказна на зетот Јован С. од Зрењанин, кој на денот на својата свадба ја фатил невестата Санела со друг, се чини како филм. За српско „Еспресо“ тој неодамна се решил да раскаже што точно се случило на денот на венчавката: Санела ја запознав кога имав 30 години, таа имаше 25. Ја завршив Богословијата и требаше да станам свештеник. Како што оди редот, прво беше време за свадба. Се знаевме можеби една година, за тоа време не живеевме заедно, но бевме ок. Таа отсекогаш беше малку кокета, но ми допаѓаше тоа, флертуваше со мене и со сите, но имав впечаток дека ќе се смени во моментот кога ќе се венчаме. Ми се чинеше како да ѝ недостига да го чувствува тој семеен мир кој можеби досега не го почувствувала вистински. Свадбата се случи, се разбира. Ги повикавме сите роднини, нејзините братучеди, моите. Имавме мал инцидент пред свадбата, но сето тоа брзо помина. Нешто се бунеше за тоа зошто воопшто правиме свадба, што беше малку лудо, бидејќи сè веќе беше договорено. И таа го сакаше тоа од самиот почеток. Што сакаше со кавгата да постигне, не знам. Не знам ни дали ме сакаше. Имавме бебе на пат, па свадбата се случи. Напладне кажавме да, направивме и прекрасна венчавка в црква. Со Божја помош, времето баш ни се погоди, навистина сè беше како што треба. Кога луѓето се почнаа да пијат и да се веселат, таа исчезна. Тргнав да ја барам зошто требаше да ја сечеме тортата, но ја немаше. Мислев дека се фотографира со некого. Сепак, ништо. Во тоалетот - не. Ја прашувам кумата каде исчезнала, збунета е, вели појма нема, некаде тука е. Потоа излегов надвор од ресторанот. Не беше ни таму. Одам позади, си велам може се скрила да запали цигара, зошто ја карам да не пуши поради бременоста. Кога таму, во еден паркиран автомобил, на стаклото гледам како да се движи бел материјал. Пријдов, а таа, таа... Се бакнуваше со другар ѝ. Не го познавам добро, рече мора да го поканиме на свадба... Отпрвин не можев да им верувам на очите. Се приближував за да проверам дали добро гледам. Добро гледам, венчаницата е таа што се движи. Прво тој ме забележа. Се скамени. И тогаш, таа се сврте. Ме погледна, па почна да плаче. Само стоев таму. Излезе од колата, ја прашав што прави... и не рече ништо, само влезе. Време беше за торта, влегов и јас, но знаев дека после тоа ќе побарам развод. А, таа?! Таа почна да гледа што подароци добивме, како ништо да не се случило. После се собрав, реков дека сакам развод и ја оставив кај него.

The post Јован ја фати невестата со друг на свадба: Се правеше луда, гледаше што поклони сме добиле appeared first on Република.

]]>
Ова требаше да е смешно? Невеста на врв на солзи поради „шегата“ на младоженецот https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/ova-trebashe-da-e-smeshno-nevesta-na-vrv-na-solzi-poradi-shegata-na-mladozenecot/ Wed, 05 Oct 2022 09:46:39 +0000 https://republika.mk/?p=557534

25-годишната невеста од Мексико, Габриела Грајалес,  на својот профил на „ТикТок“ објави што ѝ приреди нејзиниот сопруг сред нивната венчавка, само неколку минути откако таа застанала до него пред матичарот.

Токму во моментот кога требало да каже „да“, тој замолчел како камен, па низ заби рекол: „Не, сè уште не можам“, а потоа се свртил и се оддалечил од олтарот. Невестата, на чие лице среќата за момент се претвори во очај, само ги праша гостите дали е сериозен. Набрзо сите сфатија дека се работи за шега, и дека младоженецот само сакал да се пошегува, а солзите на нејзиното лице јасно покажуваат дека хуморот не е една од причините поради кои го сака.

@gabrielagrajall♬ Me Puse Mami - Emma

The post Ова требаше да е смешно? Невеста на врв на солзи поради „шегата“ на младоженецот appeared first on Република.

]]>

25-годишната невеста од Мексико, Габриела Грајалес,  на својот профил на „ТикТок“ објави што ѝ приреди нејзиниот сопруг сред нивната венчавка, само неколку минути откако таа застанала до него пред матичарот. Токму во моментот кога требало да каже „да“, тој замолчел како камен, па низ заби рекол: „Не, сè уште не можам“, а потоа се свртил и се оддалечил од олтарот. Невестата, на чие лице среќата за момент се претвори во очај, само ги праша гостите дали е сериозен. Набрзо сите сфатија дека се работи за шега, и дека младоженецот само сакал да се пошегува, а солзите на нејзиното лице јасно покажуваат дека хуморот не е една од причините поради кои го сака.
@gabrielagrajall♬ Me Puse Mami - Emma

The post Ова требаше да е смешно? Невеста на врв на солзи поради „шегата“ на младоженецот appeared first on Република.

]]>
Младоженецот среде свадба пушти секс видео од невестата со сопругот на нејзината бремена сестра https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/mladozenecot-srede-svadba-pushti-seks-video-od-nevestata-so-soprugot-na-nejzinata-bremena-sestra/ Wed, 10 Aug 2022 19:34:23 +0000 https://republika.mk/?p=538864

Совршено мирна свадба во Кина брзо се претвори во хаос. Младоженецот планирал гадна одмазда на својата избраничка, покажувајќи ѝ видео на кое има секс со сопругот на нејзината бремена сестра на свадбата.

Мислеше дека не знаев дека ме изневеруваш - ја праша младоженецот својата избраничка додека добиваше букет на главата, а во исто време пред сите гости беше прикажано видео од аферата.

@koolprince33 Cheating bride #chinese #chinestiktok #usa #worldtiktok #vira ♬ original sound - Kool Prince

Иако се работи за видео од 2019 година, деновиве стана вирално на TikTok и за само неколку дена собра околу шест милиони прегледи.

The post Младоженецот среде свадба пушти секс видео од невестата со сопругот на нејзината бремена сестра appeared first on Република.

Се бираат зет и невеста за Галичка свадба https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/se-biraat-zet-i-nevesta-za-galichka-svadba/ Thu, 17 Feb 2022 08:15:14 +0000 https://republika.mk/?p=459631

Месната заедница Галичник информира дека започнато е пријавувањето за зет и невеста за Галичката свадба 2022 година.

Оваа година Галичка свадба ќе се одржува од 15 до 17 јули.

Заинтересираните кандидати за зет и невеста за оваа година, најдоцна до 31.03.2022 година треба да достават мотивациско писмо со фотографии на следната е-маил адреса: [email protected] со назнака „За избор на зет и невеста“.

Критериуми за избор кои ќе бидат земени предвид:
-Потекло од Галичник (двајцата или едниот);
-Искуство во учество на Галичка свадба во друга улога;
-Учество во активностите на Месната заеница;
-Ова да им е прв црковен брак.

Одлуката за избор на зет и невеста ќе ја донесе Советот на Месната заедница Галичник и истата ќе биде објавена до 31.05.2022 на веб страната на Галичник и официјалниот ФБ профил на МЗ Галичник.

The post Се бираат зет и невеста за Галичка свадба appeared first on Република.

]]>

Месната заедница Галичник информира дека започнато е пријавувањето за зет и невеста за Галичката свадба 2022 година. Оваа година Галичка свадба ќе се одржува од 15 до 17 јули. Заинтересираните кандидати за зет и невеста за оваа година, најдоцна до 31.03.2022 година треба да достават мотивациско писмо со фотографии на следната е-маил адреса: [email protected] со назнака „За избор на зет и невеста“. Критериуми за избор кои ќе бидат земени предвид: -Потекло од Галичник (двајцата или едниот); -Искуство во учество на Галичка свадба во друга улога; -Учество во активностите на Месната заеница; -Ова да им е прв црковен брак. Одлуката за избор на зет и невеста ќе ја донесе Советот на Месната заедница Галичник и истата ќе биде објавена до 31.05.2022 на веб страната на Галичник и официјалниот ФБ профил на МЗ Галичник.

The post Се бираат зет и невеста за Галичка свадба appeared first on Република.

]]>
Свекрвата пред свадба им испратила шокантен подарок: Сешто ми падна на памет! https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/svekrvata-pred-svadba-im-ispratila-shokanten-podarok-seshto-mi-padna-na-pamet/ Mon, 07 Feb 2022 08:07:28 +0000 https://republika.mk/?p=454933

Шокирана невеста со „Редит“ ја сподели својата хорор приказна за подарокот кој неа и на партнерот им го испратила неговата мајка пред венчавката. Нејзината свекрва му направила нова бурма на синот бидејќи не ѝ се допаднала онаа што брачниот пар го избрал пред венчавката.

Пред да се венчаме, таа нè праша какви венчални прстени одбравме. Со задоволство ѝ ги покажавме. Успеав да набавам делови од бурињата од првата пиварница што заедно ја посетивме, ги дадов во една златара со чија работа бев опседната со години, за да ги вгради во нашите бурми, раскажува невестата.

Свекрвата воопшто не била воодушевена од изборот, па решила да се вмеша и да му купи „подобра“ бурма за својот син. Оваа одлука прилично ја вознемирила невестата, која вели дека во еден момент си рекла дека свекрва ѝ сака да се земи со синот.

Откако ни стигна пакетот, бевме кај неа на гости, но не сакав да зборувам за тоа и да ја почнувам темата. Меѓутоа, таа нè прашала зошто сме ѝ го вратиле пакетот, на што мојот сопруг ѝ објасни зошто нејзината постапка е несоодветна. Ѝ објасни зошто ни се важни баш тие бурмите и колку ни значат и дека на крајот на денот не му е гајле што мисли таа за прстените. Ја предупреди и да не прави такви слични потези во иднина, пишува таа.

The post Свекрвата пред свадба им испратила шокантен подарок: Сешто ми падна на памет! appeared first on Република.