народни верувања Archives - Република https://republika.mk/tema/narodni-veruvanja/ За подобро да се разбереме Tue, 19 Nov 2024 07:46:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png народни верувања Archives - Република https://republika.mk/tema/narodni-veruvanja/ 32 32 Денеска е Св. Павле Исповедник, избегнувајте позајмување на пари https://republika.mk/zivot/servisi/deneska-e-sv-pavle-ispovednik-izbegnuvajte-pozajmuvane-na-pari/ Tue, 19 Nov 2024 07:46:47 +0000 https://republika.mk/?p=839415

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 6 ноември, ден на Св. Павле Исповедник.

Именден слават Павле, Павел, Павлина...

Црквата ги нарекува исповедници тие кои многу пострадаа од еретиците во заштита на правата вера. Овој свети Павле беше патријарх во Константинопол во времето кога се појави итрата ерес на Ариј. Двапати беше симнат од страна на аријанците од цариградскиот трон и прогонет во Ерменија. Најпосле, истите и го удавија додека служеше Литургија, во 351 година. Од Ерменија, моштите му беа пренесени во Цариград во 381 година, а во 1236 година латините ги однесоа во Венеција, каде што се наоѓаат и денес.

Според некои народни верувања на овој ден, кој уште се нарекува и мразовден бидејќи првиот мраз почнува полека да ги покрива реките, немажените девојки не треба да преспијат во туѓа куќа затоа што таму ќе си ја остават среќата.

Исто така се верува дека не треба да се позјамуваат ниту пари, затоа што во текот на целата година ќе треба да позајмувате некому пари.

Ако, пак, земете пари на заем, нема да можете да ги вратите цела година.

The post Денеска е Св. Павле Исповедник, избегнувајте позајмување на пари appeared first on Република.

]]>

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 6 ноември, ден на Св. Павле Исповедник. Именден слават Павле, Павел, Павлина... Црквата ги нарекува исповедници тие кои многу пострадаа од еретиците во заштита на правата вера. Овој свети Павле беше патријарх во Константинопол во времето кога се појави итрата ерес на Ариј. Двапати беше симнат од страна на аријанците од цариградскиот трон и прогонет во Ерменија. Најпосле, истите и го удавија додека служеше Литургија, во 351 година. Од Ерменија, моштите му беа пренесени во Цариград во 381 година, а во 1236 година латините ги однесоа во Венеција, каде што се наоѓаат и денес. Според некои народни верувања на овој ден, кој уште се нарекува и мразовден бидејќи првиот мраз почнува полека да ги покрива реките, немажените девојки не треба да преспијат во туѓа куќа затоа што таму ќе си ја остават среќата. Исто така се верува дека не треба да се позјамуваат ниту пари, затоа што во текот на целата година ќе треба да позајмувате некому пари. Ако, пак, земете пари на заем, нема да можете да ги вратите цела година.

The post Денеска е Св. Павле Исповедник, избегнувајте позајмување на пари appeared first on Република.

]]>
Народните верувања за љубовта – верувате или не?! https://republika.mk/zivot/psihologija/narodnite-veruvana-za-lubovta-veruvate-ili-ne/ Wed, 23 Oct 2024 12:52:26 +0000 https://republika.mk/?p=829809

Народните верувања за љубовта секогаш се интересна тема, без разлика дали верувате во нив или не. Се сметало дека одредени настани можат да ви ја предодредат судбината при пронаоѓањето идеален партнер, а народот навистина верувал во тоа. Еве во што верувал народот порано…

1. Кога двајца ќе се судрат со главите при обид да подигнат нешто, ќе се засакаат!

2. Ако секогаш успеваш да изедеш сè во чинијата, ќе имаш убав маж или жена.

3. Кога ќе ти се закачи некоја гранка, тоа е знак дека некој те обожава. Не треба да ја газиш гранката, туку да ја отстраниш со рака.

4. Розата од чија средина расте пупка се вика свршеничка роза. Ако ја пронајдеш, тоа значи дека набрзо ќе се венчаш.

5. Ако ти се закачи трн за фустанот, тоа е знак дека наскоро ќе одиш на свадба.

6. За да ги избркаш непожелните додворувачи, носи цвет од рен со себе.

7. Изеди ја првата темјанушка што ќе ја пронајдеш напролет, бидејќи така цела година ќе те сакаат твоите најблиски.

8. Кога ќе видиш дека стрелките на часовникот се поклопиле, некој мисли на тебе.

9. Ако најдеш јајце со две жолчки, некој ќе се венча наскоро.

10. Ако најдеш бел конец во гардеробата, некој црн маж/девојка мисли на тебе и обратно!

11. Ако ти падне нож и се забодеш, ќе доживееш неверство од личноста што ја сакаш.

12. Немој да го менуваш свршеничкиот прстен за да не ти се наруши животот.

13. Ако на денот на венчавката врне, невестата многу ќе плаче за време на тој брак.

14. Момчето не смее да ѝ подарува обетки на девојка му, бидејќи така нивната врска набрзо ќе заврши.

15. Се верува дека времето на двајца вљубени им е одбројано, ако едниот од нив му подари часовник на другиот.

16. Младоженецот не смее да ја види невестата во венчаница пред свадбата, бидејќи тоа ќе им донесе несреќа во бракот.

17. Невестата не смее самата да си ја шие венчаницата.


Извор: Убавина и здравје

The post Народните верувања за љубовта – верувате или не?! appeared first on Република.

]]>

Народните верувања за љубовта секогаш се интересна тема, без разлика дали верувате во нив или не. Се сметало дека одредени настани можат да ви ја предодредат судбината при пронаоѓањето идеален партнер, а народот навистина верувал во тоа. Еве во што верувал народот порано… 1. Кога двајца ќе се судрат со главите при обид да подигнат нешто, ќе се засакаат! 2. Ако секогаш успеваш да изедеш сè во чинијата, ќе имаш убав маж или жена. 3. Кога ќе ти се закачи некоја гранка, тоа е знак дека некој те обожава. Не треба да ја газиш гранката, туку да ја отстраниш со рака. 4. Розата од чија средина расте пупка се вика свршеничка роза. Ако ја пронајдеш, тоа значи дека набрзо ќе се венчаш. 5. Ако ти се закачи трн за фустанот, тоа е знак дека наскоро ќе одиш на свадба. 6. За да ги избркаш непожелните додворувачи, носи цвет од рен со себе. 7. Изеди ја првата темјанушка што ќе ја пронајдеш напролет, бидејќи така цела година ќе те сакаат твоите најблиски. 8. Кога ќе видиш дека стрелките на часовникот се поклопиле, некој мисли на тебе. 9. Ако најдеш јајце со две жолчки, некој ќе се венча наскоро. 10. Ако најдеш бел конец во гардеробата, некој црн маж/девојка мисли на тебе и обратно! 11. Ако ти падне нож и се забодеш, ќе доживееш неверство од личноста што ја сакаш. 12. Немој да го менуваш свршеничкиот прстен за да не ти се наруши животот. 13. Ако на денот на венчавката врне, невестата многу ќе плаче за време на тој брак. 14. Момчето не смее да ѝ подарува обетки на девојка му, бидејќи така нивната врска набрзо ќе заврши. 15. Се верува дека времето на двајца вљубени им е одбројано, ако едниот од нив му подари часовник на другиот. 16. Младоженецот не смее да ја види невестата во венчаница пред свадбата, бидејќи тоа ќе им донесе несреќа во бракот. 17. Невестата не смее самата да си ја шие венчаницата.
Извор: Убавина и здравје

The post Народните верувања за љубовта – верувате или не?! appeared first on Република.

]]>
Ноќва спроти Крстовден замислете желба, утрешниот ден ќе ни открие каква зима нè чека https://republika.mk/zivot/servisi/nokva-sproti-krstovden-zamislete-zhelba-utreshniot-den-ke-ni-otkrie-kakva-zima-ne-cheka/ Thu, 26 Sep 2024 17:32:40 +0000 https://republika.mk/?p=819297

Утре е празникот на Воздвижение на чесниот крст, во народот познат како Крстовден, кој се празнува во чест на наоѓањето на крстот врз кој бил распнат Исус Христос и во чест на неговото враќање од Персија во Ерусалим. Овој празник секогаш паѓа на 14 септември, односно 27 септември по стариот календар.

За подостоинствено празнување на празникот, но и за оддавање признание на светиот крст, како и за сочувствување со страдањата на Спасителот Исус Христос Светата црква го одредила овој ден како тежок празник и како строг пост.

На овој ден не се јаде ништо мрсно дури ни растително масло, а некои верници јадат само леб и грозје. Не треба да се јаде ништо црвено како пиперки, домати, ротквици, црвени јаболка и друго. На трпезата освен обреден леб задолжително треба да присуствува печена тиква и грозје. Во народните верувања се вели дека сите молитви ќе бидат слушнати на овој ден.

Според народните верувања од Крстовден започнува есента. Се верува дека од овој ден денот и ноќта се крстосуваат, а температурите почнуваат да се намалуваат.

Се верува дека денешниот ден го претскажува и времето:

– Ако на Крстовден е облачно, зимата ќе биде богата со снег, а ако е суво, наредната година ќе биде сушна.

– Ако до Крстовен не си заминат ластовиците, нема да има јака зима.

– Слаб дожд на Крстовден претскажува блага зима.

– Грмежи на Крстовден претскажуваат плодна година.

– После топлиот и сув септември ни претстои студен и врнежлив октомври.

– Ако за Крстовден е облачно, зимата ќе биде снежна. Ако е ведро, ќе има мраз.

Од Крстовден почнува гроздоберот, а првото откинато грозје мора да се однесе во црквата, за да се освети. Почнува и сеидбата на зимските житни култури. На Крстовден највозрасните жени во домот е потребно да испечат специјален обреден леб, украсен со голем крст на средината. Лебот се раздава, кога целото семејство е на масата и се вели Крстец крст да боли мене, крст да не боли. Се смета дека со овие зборови луѓето се штитат од болки во грбот за време на работа.

Вечерта спроти Крстовден од полето се носи грав, пченка, компири, лубеници, грозје. Утрото се оди во црквата каде што се раздава за здравје.

Се верува дека во ноќта спроти Крстовден, Господ слегува на земјата и ја исполнува секоја посакана желба. Ова верување има најголема сила во месноста крстови Гора, каде легендите раскажуваат дека е закопан Христовиот крст.

The post Ноќва спроти Крстовден замислете желба, утрешниот ден ќе ни открие каква зима нè чека appeared first on Република.

]]>

Утре е празникот на Воздвижение на чесниот крст, во народот познат како Крстовден, кој се празнува во чест на наоѓањето на крстот врз кој бил распнат Исус Христос и во чест на неговото враќање од Персија во Ерусалим. Овој празник секогаш паѓа на 14 септември, односно 27 септември по стариот календар. За подостоинствено празнување на празникот, но и за оддавање признание на светиот крст, како и за сочувствување со страдањата на Спасителот Исус Христос Светата црква го одредила овој ден како тежок празник и како строг пост. На овој ден не се јаде ништо мрсно дури ни растително масло, а некои верници јадат само леб и грозје. Не треба да се јаде ништо црвено како пиперки, домати, ротквици, црвени јаболка и друго. На трпезата освен обреден леб задолжително треба да присуствува печена тиква и грозје. Во народните верувања се вели дека сите молитви ќе бидат слушнати на овој ден. Според народните верувања од Крстовден започнува есента. Се верува дека од овој ден денот и ноќта се крстосуваат, а температурите почнуваат да се намалуваат.
Се верува дека денешниот ден го претскажува и времето: – Ако на Крстовден е облачно, зимата ќе биде богата со снег, а ако е суво, наредната година ќе биде сушна. – Ако до Крстовен не си заминат ластовиците, нема да има јака зима. – Слаб дожд на Крстовден претскажува блага зима. – Грмежи на Крстовден претскажуваат плодна година. – После топлиот и сув септември ни претстои студен и врнежлив октомври. – Ако за Крстовден е облачно, зимата ќе биде снежна. Ако е ведро, ќе има мраз. Од Крстовден почнува гроздоберот, а првото откинато грозје мора да се однесе во црквата, за да се освети. Почнува и сеидбата на зимските житни култури. На Крстовден највозрасните жени во домот е потребно да испечат специјален обреден леб, украсен со голем крст на средината. Лебот се раздава, кога целото семејство е на масата и се вели Крстец крст да боли мене, крст да не боли. Се смета дека со овие зборови луѓето се штитат од болки во грбот за време на работа.
Вечерта спроти Крстовден од полето се носи грав, пченка, компири, лубеници, грозје. Утрото се оди во црквата каде што се раздава за здравје. Се верува дека во ноќта спроти Крстовден, Господ слегува на земјата и ја исполнува секоја посакана желба. Ова верување има најголема сила во месноста крстови Гора, каде легендите раскажуваат дека е закопан Христовиот крст.

The post Ноќва спроти Крстовден замислете желба, утрешниот ден ќе ни открие каква зима нè чека appeared first on Република.

]]>
Стари верувања: Што ни носи дождот денес на Велипеток? https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/stari-veruvana-shto-ni-nosi-dozhdot-denes-na-velipetok/ Fri, 03 May 2024 08:01:10 +0000 https://republika.mk/?p=773426

Променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи, особено во источните делови нè очекува денеска, на Велики Петок.

Според УХМР, чокално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Во Скопје променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.

Постарите веруваат дека ако на Велики петок врне дожд, сливите и други овошја нема да дадат богат род. Се верува дека дождот значи тешка и сушна година, полна со конфликти и со кавги.

Од друга страна, пак, се верува дека ако денот е топол и сончев за овој голем празник, родот на овошјето ќе биде голем.

The post Стари верувања: Што ни носи дождот денес на Велипеток? appeared first on Република.

]]>

Променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи, особено во источните делови нè очекува денеска, на Велики Петок. Според УХМР, чокално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Во Скопје променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Постарите веруваат дека ако на Велики петок врне дожд, сливите и други овошја нема да дадат богат род. Се верува дека дождот значи тешка и сушна година, полна со конфликти и со кавги. Од друга страна, пак, се верува дека ако денот е топол и сончев за овој голем празник, родот на овошјето ќе биде голем.

The post Стари верувања: Што ни носи дождот денес на Велипеток? appeared first on Република.

]]>
Народни верувања: Што ако на Прочка е сончево? https://republika.mk/zivot/servisi/narodni-veruvana-shto-ako-na-prochka-e-sonchevo/ Sat, 16 Mar 2024 08:07:19 +0000 https://republika.mk/?p=755316

Февруари е посебен месец, краток, колеблив и неодлучен, а во народот е познат под прекарот „сечко“, месец на мразовите. Постојат многу народни верувања за овој месец.

Старите го толкувале времето според случувањата во природата, затоа и според стариот календар се велело дека ако февруарското сонце ги измами мувите, март ќе ги подави.

Старите велат дека подобро е во февруари да се видат гладни полиња отколку в поле човек во кошула.

Ако мачка се сонча на февруарско сонце, во март ќе биде зад печка.

Ако на Св. Јевтимиј процвета цвеќе, на Цветници ќе замрзне.

Ако на Св. Трифун заврне, сливата ќе роди таа година.

Ако на Прочка е сончево, во март ќе снежи.

https://republika.mk/zivot/servisi/utre-e-prochka-adeti-ima-razni-no-ovie-dve-raboti-mora-da-gi-imate-na-trpezata/

The post Народни верувања: Што ако на Прочка е сончево? appeared first on Република.

]]>

Февруари е посебен месец, краток, колеблив и неодлучен, а во народот е познат под прекарот „сечко“, месец на мразовите. Постојат многу народни верувања за овој месец. Старите го толкувале времето според случувањата во природата, затоа и според стариот календар се велело дека ако февруарското сонце ги измами мувите, март ќе ги подави. Старите велат дека подобро е во февруари да се видат гладни полиња отколку в поле човек во кошула. Ако мачка се сонча на февруарско сонце, во март ќе биде зад печка. Ако на Св. Јевтимиј процвета цвеќе, на Цветници ќе замрзне. Ако на Св. Трифун заврне, сливата ќе роди таа година. Ако на Прочка е сончево, во март ќе снежи. https://republika.mk/zivot/servisi/utre-e-prochka-adeti-ima-razni-no-ovie-dve-raboti-mora-da-gi-imate-na-trpezata/

The post Народни верувања: Што ако на Прочка е сончево? appeared first on Република.

]]>
Народни верувања за Сретение: Денеска девојките да внимаваат кое момче прво ќе го сретнат https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/narodni-veruvana-za-sretenie-deneska-devojkite-da-vnimavaat-koe-momche-prvo-ke-go-sretnat/ Thu, 15 Feb 2024 09:30:14 +0000 https://republika.mk/?p=744271

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 2 февруари.

Денеска е Сретение Господово.

Празникот Сретение е еден од 12-те големи црковни празници, заедно со Рождество, Богојавление, Воскресение, и како и тие, има длабока спасителна смисла. Реалниот настан врз кој се темели длабоката содржина на овој празник е расказот за Симеон, кој по неговата средба со Бога беше наречен Богопримец. На овој старец преку ангел му било кажано дека нема да умре дури не го види ветениот Помазаник, Месијата. На неговото чекање доаѓа крај 40 дена по раѓањето на Исус Христос. Според Мојсеевиот закон, во тој ден секое првородено машко дете се носело во Ерусалимскиот храм. На тој ден, во храмот, се случила средбата на свети Симеон и Богочовекот Исус Христос, и тоа е првата средба лице в лице на човекот со Бога. Длабоката смисла на овој празник се состои токму во таа оттогаш отворена можност за општење со наднебесниот Бог лице в лице.

Постојат неколку верувања кои во народот се врзуваат со овој празник, а едно од нив е дека денеска се среќаваат летотото и зимата, па деновите стануваат подолги, а времето потопло. Ако денеска, верува народот, изгрее сонце, а мечките се исплашат од сопствените сенки и се вратат во зимски сон, зимата ќе трае уште 6 недели. Ако не ја видат својата сенка, ќе излезат од своите пештери да побараат храна и зимата е готова.

Еден од обичаите е дека свеќа мора да се пали на Господовата вечера, бидејќи се верува дека пламенот на свеќата ја штити куќата од грмотевици и други несреќи, но исто така има и магична моќ.

Најинтересно од верувањето на овој ден е дека младите девојки треба да бидат претпазливи денес кој прв ќе сретнат наутро, бидејќи нивниот младоженец ќе биде таков и по изглед и карактер.

The post Народни верувања за Сретение: Денеска девојките да внимаваат кое момче прво ќе го сретнат appeared first on Република.

]]>

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 2 февруари. Денеска е Сретение Господово. Празникот Сретение е еден од 12-те големи црковни празници, заедно со Рождество, Богојавление, Воскресение, и како и тие, има длабока спасителна смисла. Реалниот настан врз кој се темели длабоката содржина на овој празник е расказот за Симеон, кој по неговата средба со Бога беше наречен Богопримец. На овој старец преку ангел му било кажано дека нема да умре дури не го види ветениот Помазаник, Месијата. На неговото чекање доаѓа крај 40 дена по раѓањето на Исус Христос. Според Мојсеевиот закон, во тој ден секое првородено машко дете се носело во Ерусалимскиот храм. На тој ден, во храмот, се случила средбата на свети Симеон и Богочовекот Исус Христос, и тоа е првата средба лице в лице на човекот со Бога. Длабоката смисла на овој празник се состои токму во таа оттогаш отворена можност за општење со наднебесниот Бог лице в лице. Постојат неколку верувања кои во народот се врзуваат со овој празник, а едно од нив е дека денеска се среќаваат летотото и зимата, па деновите стануваат подолги, а времето потопло. Ако денеска, верува народот, изгрее сонце, а мечките се исплашат од сопствените сенки и се вратат во зимски сон, зимата ќе трае уште 6 недели. Ако не ја видат својата сенка, ќе излезат од своите пештери да побараат храна и зимата е готова. Еден од обичаите е дека свеќа мора да се пали на Господовата вечера, бидејќи се верува дека пламенот на свеќата ја штити куќата од грмотевици и други несреќи, но исто така има и магична моќ. Најинтересно од верувањето на овој ден е дека младите девојки треба да бидат претпазливи денес кој прв ќе сретнат наутро, бидејќи нивниот младоженец ќе биде таков и по изглед и карактер.

The post Народни верувања за Сретение: Денеска девојките да внимаваат кое момче прво ќе го сретнат appeared first on Република.

]]>
Што ќе правите утре, ќе правите цела година: На Свети Игнат не позајмувајте пари, внимавајте кој прв ќе влезе во домот… https://republika.mk/zivot/servisi/shto-ke-pravite-utre-ke-pravite-tsela-godina-na-sveti-ignat-ne-pozajmuvajte-pari-vnimavajte-koj-prv-ke-vleze-vo-domot/ Mon, 01 Jan 2024 20:02:42 +0000 https://republika.mk/?p=728593

Утре се празнува Свети Игнат, ден за кој во православната црква се верува дека е одлучувачки за тоа што ќе ви се случува во текот на целата година.

Според народното верување од овој ден започнува да расте денот. Во народот постои верување дека она што ќе правите и ви се случува утре, ќе го правите и ќе ви се случува цела година. Значи каков ви е денот на 2 јануари таква ќе ви биде и годината.

Во минатото постарите ги заклучувале вратите од своите домови за да не им влезат лоши луѓе и лошо да им тргне. Се верува дека на овој ден не е добро ниту да позајмувате некому пари, за да не ви одат парите од куќата.

Вистинските бадникови и божиќни обичаи почнуваат на овој ден и затоа во некои делови на Македонија се месат коледарски колачиња, а некаде се изведува и обичајот полазеник. За полазеник го сметале првиот гостин што доаѓал и го пречекорувал прагот на куќата. Каков ќе биде полазеникот, таква ќе биде и годината за семејството.

 

The post Што ќе правите утре, ќе правите цела година: На Свети Игнат не позајмувајте пари, внимавајте кој прв ќе влезе во домот… appeared first on Република.

]]>

Утре се празнува Свети Игнат, ден за кој во православната црква се верува дека е одлучувачки за тоа што ќе ви се случува во текот на целата година. Според народното верување од овој ден започнува да расте денот. Во народот постои верување дека она што ќе правите и ви се случува утре, ќе го правите и ќе ви се случува цела година. Значи каков ви е денот на 2 јануари таква ќе ви биде и годината. Во минатото постарите ги заклучувале вратите од своите домови за да не им влезат лоши луѓе и лошо да им тргне. Се верува дека на овој ден не е добро ниту да позајмувате некому пари, за да не ви одат парите од куќата. Вистинските бадникови и божиќни обичаи почнуваат на овој ден и затоа во некои делови на Македонија се месат коледарски колачиња, а некаде се изведува и обичајот полазеник. За полазеник го сметале првиот гостин што доаѓал и го пречекорувал прагот на куќата. Каков ќе биде полазеникот, таква ќе биде и годината за семејството.  

The post Што ќе правите утре, ќе правите цела година: На Свети Игнат не позајмувајте пари, внимавајте кој прв ќе влезе во домот… appeared first on Република.

]]>
К’смет да се родиш, таксират ако се венчаш: Верувања за престапната 2024 година https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/k-smet-da-se-rodish-taksirat-ako-se-venchash-veruvana-za-prestapnata-2024-godina/ Mon, 01 Jan 2024 10:59:33 +0000 https://republika.mk/?p=728502

2024 година е престапна, односно Земјата прави целосна обиколка околу Сонцето за 365 дена и 6 часа, а не само за 365 дена, па имаме ден повеќе - 29 февруари. Но, ако кога станува збор за народните верувања, престапната година со себе носи различни пораки. Во неа не се прават венчавки и свадба, ниту се гради куќа. Среќлии се само децата што се родени во годината. Народот верувал дека сè што се прави во престапна година има кус рок, иако годината има ден повеќе.

Порано, многу се внимавало на ваквите непишани правила. Во народот се верува дека бракот склучен во престапна година ќе трае кратко иако годината има ден повеќе. Оние што планирале венчавки или свадби чекале цела година. Но, ако се случело младоженците да немаат време за чекање (ако биле печалбари или пак пред време очекувале принова), за да не ги бие малер на свадбата принесувале леб или погача месени со брашно од минатата година. Во дамнина вообичаено во секоја куќа се чувало старо брашно, „за не дај Боже“. Според некои народни верувања есента била најдобро време за брак, се избегнувал периодот за божикните и велигденските пости, а не се склучувале бракови во престапните години

Касмет е да се родиш на 29 февруари

Можноста да се родите на 29 февруари е 1 спрема 1.461, математички пресметано значи да имате 0,068 отсто среќа.

Дамите запросуваат

Во многу западни земји постои обичај на 29 февруари дамите да можат да го запросат својот партнер. Според последната анкета, дури 25 отсто од жените се изјасниле дека не би им било срам да клекнат на колена и да ја побараат раката на оној што го сакаат. Дури 50 отсто од мажите не би се бунеле кога тоа навистина би се случило, а речиси 16 отсто мислат дека со тоа ќе им падне огромен товар од срцето зашто до сега не ја запросиле својата партнерка од страв да не бидат одбиени.

Потпишете го договорот, на 29 февруари!

Според народните верувања, целата престапна година не е добра за започнување нови бизниси. Но астрологијата пак вели дека 29 февруари е идеален за нова работа. Имено, среќната поставеност на Сонцето и Јупитер треба да се искористи за потпишување договори, зашто ќе „паѓаат“ исклучително добри деловни понуди.

Брак и развод

Според верувањата, во престапните години не треба да се венчаваме на 29 февруари, ни во текот на месец мај. Не смее ни да се разведуваме. Ако постои и најмала можност да го сочуваме своето семејство, подобро е да го направиме тоа. Старите луѓе забележале дека оние кои се разведуваат во Престапна година, потоа потешко си создаваат ново семејство.

Црквата не се согласува

Избегнувањето на венчавка во престапна година според Црквата е неправилно верување. Според црковните верувања секоја година е благословена од Господ, а верувањето дека венчавка не се прави во престапна година е суеверие.

Дожд

Кога падне првиот дожд во Престапна година, е добро човек да се прошета под капките дожд за среќа и успех.

Планови

Не треба да ги споделуваме плановите за иднината, бидејќи нема да имаме среќа;

Зошто постои престапна година?!

Секоја четврта година е престапна, а на идејата да се синхронизираат календарската со сончевата година први дошле старите Египѓани (иако и старите Бабилонци знаеле дека календарот е компромис), во 238 година пред новата ера. Подоцна оваа идеја ја презеле Римјаните, кога Јулиј Цезар одлучил ден плус да биде 29 февруари, и тоа секоја четврта година.

Сепак, и таа модернизација имала свој недостаток. Календарската година повторно била подолга од сончевата точно за 11 минути. До 16 век, токму поради тоа, се собрале 10 дена вишок. За календарот повторно да се приспособи, во 1582 папата Грегориј 13-ти едноставно ги испуштил тие десет дена модернизирајќи го уште еднаш календарот. Според тој нов календар, еден век има точно 36.524,25 дена, што е многу блиску до природните временски мерења. Но остануваат уште мали разлики во однос на сончевата година.

По Грегоријанскиот каленендар, престапна е секоја година во која последните две цифри може да се поделат со 4 без остаток. И тука постои еден строг исклучок. Имено, годините што се деливи со 100, а не со 400, не се престапни. Затоа во 1700, 1800, 1900 година немаше 29 февруари, а нема да го има ниту во 2100 година. Спротивно на тоа, 2000 година беше престапна.

 

The post К’смет да се родиш, таксират ако се венчаш: Верувања за престапната 2024 година appeared first on Република.

]]>

2024 година е престапна, односно Земјата прави целосна обиколка околу Сонцето за 365 дена и 6 часа, а не само за 365 дена, па имаме ден повеќе - 29 февруари. Но, ако кога станува збор за народните верувања, престапната година со себе носи различни пораки. Во неа не се прават венчавки и свадба, ниту се гради куќа. Среќлии се само децата што се родени во годината. Народот верувал дека сè што се прави во престапна година има кус рок, иако годината има ден повеќе.

Порано, многу се внимавало на ваквите непишани правила. Во народот се верува дека бракот склучен во престапна година ќе трае кратко иако годината има ден повеќе. Оние што планирале венчавки или свадби чекале цела година. Но, ако се случело младоженците да немаат време за чекање (ако биле печалбари или пак пред време очекувале принова), за да не ги бие малер на свадбата принесувале леб или погача месени со брашно од минатата година. Во дамнина вообичаено во секоја куќа се чувало старо брашно, „за не дај Боже“. Според некои народни верувања есента била најдобро време за брак, се избегнувал периодот за божикните и велигденските пости, а не се склучувале бракови во престапните години

Касмет е да се родиш на 29 февруари

Можноста да се родите на 29 февруари е 1 спрема 1.461, математички пресметано значи да имате 0,068 отсто среќа.

Дамите запросуваат

Во многу западни земји постои обичај на 29 февруари дамите да можат да го запросат својот партнер. Според последната анкета, дури 25 отсто од жените се изјасниле дека не би им било срам да клекнат на колена и да ја побараат раката на оној што го сакаат. Дури 50 отсто од мажите не би се бунеле кога тоа навистина би се случило, а речиси 16 отсто мислат дека со тоа ќе им падне огромен товар од срцето зашто до сега не ја запросиле својата партнерка од страв да не бидат одбиени.

Потпишете го договорот, на 29 февруари!

Според народните верувања, целата престапна година не е добра за започнување нови бизниси. Но астрологијата пак вели дека 29 февруари е идеален за нова работа. Имено, среќната поставеност на Сонцето и Јупитер треба да се искористи за потпишување договори, зашто ќе „паѓаат“ исклучително добри деловни понуди.

Брак и развод

Според верувањата, во престапните години не треба да се венчаваме на 29 февруари, ни во текот на месец мај. Не смее ни да се разведуваме. Ако постои и најмала можност да го сочуваме своето семејство, подобро е да го направиме тоа. Старите луѓе забележале дека оние кои се разведуваат во Престапна година, потоа потешко си создаваат ново семејство.

Црквата не се согласува

Избегнувањето на венчавка во престапна година според Црквата е неправилно верување. Според црковните верувања секоја година е благословена од Господ, а верувањето дека венчавка не се прави во престапна година е суеверие.

Дожд

Кога падне првиот дожд во Престапна година, е добро човек да се прошета под капките дожд за среќа и успех.

Планови

Не треба да ги споделуваме плановите за иднината, бидејќи нема да имаме среќа;

Зошто постои престапна година?!

Секоја четврта година е престапна, а на идејата да се синхронизираат календарската со сончевата година први дошле старите Египѓани (иако и старите Бабилонци знаеле дека календарот е компромис), во 238 година пред новата ера. Подоцна оваа идеја ја презеле Римјаните, кога Јулиј Цезар одлучил ден плус да биде 29 февруари, и тоа секоја четврта година. Сепак, и таа модернизација имала свој недостаток. Календарската година повторно била подолга од сончевата точно за 11 минути. До 16 век, токму поради тоа, се собрале 10 дена вишок. За календарот повторно да се приспособи, во 1582 папата Грегориј 13-ти едноставно ги испуштил тие десет дена модернизирајќи го уште еднаш календарот. Според тој нов календар, еден век има точно 36.524,25 дена, што е многу блиску до природните временски мерења. Но остануваат уште мали разлики во однос на сончевата година. По Грегоријанскиот каленендар, престапна е секоја година во која последните две цифри може да се поделат со 4 без остаток. И тука постои еден строг исклучок. Имено, годините што се деливи со 100, а не со 400, не се престапни. Затоа во 1700, 1800, 1900 година немаше 29 февруари, а нема да го има ниту во 2100 година. Спротивно на тоа, 2000 година беше престапна.
 

The post К’смет да се родиш, таксират ако се венчаш: Верувања за престапната 2024 година appeared first on Република.

]]>
Вечерва замислете желба, утре Крстовден ќе ни покаже каква зима е пред нас https://republika.mk/zivot/servisi/vecherva-zamislete-zhelba-utre-krstovden-ke-ni-pokazhe-kakva-zima-e-pred-nas/ Tue, 26 Sep 2023 17:22:37 +0000 https://republika.mk/?p=685366

Утре е празникот на Воздвижение на чесниот крст, во народот познат како Крстовден, кој се празнува во чест на наоѓањето на крстот врз кој бил распнат Исус Христос и во чест на неговото враќање од Персија во Ерусалим. Овој празник секогаш паѓа на 14 септември, односно 27 септември по стариот календар.

За подостоинствено празнување на празникот, но и за оддавање признание на светиот крст, како и за сочувствување со страдањата на Спасителот Исус Христос Светата црква го одредила овој ден како тежок празник и како строг пост.

На овој ден не се јаде ништо мрсно дури ни растително масло, а некои верници јадат само леб и грозје. Не треба да се јаде ништо црвено како пиперки, домати, ротквици, црвени јаболка и друго. На трпезата освен обреден леб задолжително треба да присуствува печена тиква и грозје. Во народните верувања се вели дека сите молитви ќе бидат слушнати на овој ден.

Според народните верувања од Крстовден започнува есента. Се верува дека од овој ден денот и ноќта се крстосуваат, а температурите почнуваат да се намалуваат.

Се верува дека денешниот ден го претскажува и времето:

– Ако на Крстовден е облачно, зимата ќе биде богата со снег, а ако е суво, наредната година ќе биде сушна.

– Ако до Крстовен не си заминат ластовиците, нема да има јака зима.

– Слаб дожд на Крстовден претскажува блага зима.

– Грмежи на Крстовден претскажуваат плодна година.

– После топлиот и сув септември ни претстои студен и врнежлив октомври.

– Ако за Крстовден е облачно, зимата ќе биде снежна. Ако е ведро, ќе има мраз.

Од Крстовден почнува гроздоберот, а првото откинато грозје мора да се однесе во црквата, за да се освети. Почнува и сеидбата на зимските житни култури. На Крстовден највозрасните жени во домот е потребно да испечат специјален обреден леб, украсен со голем крст на средината. Лебот се раздава, кога целото семејство е на масата и се вели Крстец крст да боли мене, крст да не боли. Се смета дека со овие зборови луѓето се штитат од болки во грбот за време на работа.

Вечерта спроти Крстовден од полето се носи грав, пченка, компири, лубеници, грозје. Утрото се оди во црквата каде што се раздава за здравје.

Се верува дека во ноќта спроти Крстовден, Господ слегува на земјата и ја исполнува секоја посакана желба. Ова верување има најголема сила во месноста крстови Гора, каде легендите раскажуваат дека е закопан Христовиот крст.

The post Вечерва замислете желба, утре Крстовден ќе ни покаже каква зима е пред нас appeared first on Република.

]]>

Утре е празникот на Воздвижение на чесниот крст, во народот познат како Крстовден, кој се празнува во чест на наоѓањето на крстот врз кој бил распнат Исус Христос и во чест на неговото враќање од Персија во Ерусалим. Овој празник секогаш паѓа на 14 септември, односно 27 септември по стариот календар. За подостоинствено празнување на празникот, но и за оддавање признание на светиот крст, како и за сочувствување со страдањата на Спасителот Исус Христос Светата црква го одредила овој ден како тежок празник и како строг пост. На овој ден не се јаде ништо мрсно дури ни растително масло, а некои верници јадат само леб и грозје. Не треба да се јаде ништо црвено како пиперки, домати, ротквици, црвени јаболка и друго. На трпезата освен обреден леб задолжително треба да присуствува печена тиква и грозје. Во народните верувања се вели дека сите молитви ќе бидат слушнати на овој ден. Според народните верувања од Крстовден започнува есента. Се верува дека од овој ден денот и ноќта се крстосуваат, а температурите почнуваат да се намалуваат.
Се верува дека денешниот ден го претскажува и времето: – Ако на Крстовден е облачно, зимата ќе биде богата со снег, а ако е суво, наредната година ќе биде сушна. – Ако до Крстовен не си заминат ластовиците, нема да има јака зима. – Слаб дожд на Крстовден претскажува блага зима. – Грмежи на Крстовден претскажуваат плодна година. – После топлиот и сув септември ни претстои студен и врнежлив октомври. – Ако за Крстовден е облачно, зимата ќе биде снежна. Ако е ведро, ќе има мраз. Од Крстовден почнува гроздоберот, а првото откинато грозје мора да се однесе во црквата, за да се освети. Почнува и сеидбата на зимските житни култури. На Крстовден највозрасните жени во домот е потребно да испечат специјален обреден леб, украсен со голем крст на средината. Лебот се раздава, кога целото семејство е на масата и се вели Крстец крст да боли мене, крст да не боли. Се смета дека со овие зборови луѓето се штитат од болки во грбот за време на работа.
Вечерта спроти Крстовден од полето се носи грав, пченка, компири, лубеници, грозје. Утрото се оди во црквата каде што се раздава за здравје. Се верува дека во ноќта спроти Крстовден, Господ слегува на земјата и ја исполнува секоја посакана желба. Ова верување има најголема сила во месноста крстови Гора, каде легендите раскажуваат дека е закопан Христовиот крст.

The post Вечерва замислете желба, утре Крстовден ќе ни покаже каква зима е пред нас appeared first on Република.

]]>
Денеска е Свети Никита, посетете ги најблиските и избегнувајте две работи https://republika.mk/zivot/servisi/deneska-e-sveti-nikita-posetete-gi-najbliskite-i-izbegnuvajte-dve-raboti/ Sat, 10 Jun 2023 07:11:49 +0000 https://republika.mk/?p=649803

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 28 мај и се празнува денот на Свети Никита Исповедник, епископ Халкидонски.

Во младоста се одрече од светот и се оддалечи на монашки подвиг. Блескајќи со добродетелта како сонце, беше забележан од црковните старешини и воздигнат на архиерејскиот престол во Халкидон. Како архиереј беше особено милостив кон бедните и многу се грижеше за сираците, вдовиците и ништите. Кога злочестивиот Лав Ерменин стана против иконите, стана и овој Свети Никита во одбрана на иконите, разобличувајќи го царот и објаснувајќи му го значењето на иконите. За ова претрпе многу понижувања, озлобувања и затварања. Најпосле беше протеран во прогонство заради исповедањето на вистинската вера и сред трудови и страдања се престави кај Господ за да прими венец на слава во Царството Божјо.

Според народните верувања, убаво е денеска да си ја исчистите куќата, а потоа и да ги посетите најблиските роднини. Треба да се избегнуваат кавги, но и шиење или поправање на алиштата. Заборавете на иглата и конецот денеска.

The post Денеска е Свети Никита, посетете ги најблиските и избегнувајте две работи appeared first on Република.

]]>

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 28 мај и се празнува денот на Свети Никита Исповедник, епископ Халкидонски. Во младоста се одрече од светот и се оддалечи на монашки подвиг. Блескајќи со добродетелта како сонце, беше забележан од црковните старешини и воздигнат на архиерејскиот престол во Халкидон. Како архиереј беше особено милостив кон бедните и многу се грижеше за сираците, вдовиците и ништите. Кога злочестивиот Лав Ерменин стана против иконите, стана и овој Свети Никита во одбрана на иконите, разобличувајќи го царот и објаснувајќи му го значењето на иконите. За ова претрпе многу понижувања, озлобувања и затварања. Најпосле беше протеран во прогонство заради исповедањето на вистинската вера и сред трудови и страдања се престави кај Господ за да прими венец на слава во Царството Божјо. Според народните верувања, убаво е денеска да си ја исчистите куќата, а потоа и да ги посетите најблиските роднини. Треба да се избегнуваат кавги, но и шиење или поправање на алиштата. Заборавете на иглата и конецот денеска.

The post Денеска е Свети Никита, посетете ги најблиските и избегнувајте две работи appeared first on Република.

]]>
Идната недела доаѓа голем празник: На овој ден не треба да се спие преку ден, за да не се дреме цела година https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/idnata-nedela-doaga-golem-praznik-na-ovoj-den-ne-treba-da-se-spie-preku-den-za-da-ne-se-dreme-tsela-godina/ Sun, 21 May 2023 17:55:38 +0000 https://republika.mk/?p=643334

На 25 мај, православните верници го прославуваат Спасовден, празник кој се одбележува 40 дена по Велигден, а десет дена пред Духови и секогаш е во четврток.

За овој празник се врзани многу верувања и суеверија, кои во некои краишта се уште се почитуваат. За Спасовден се колеле јагниња, а старите верувале дека од Нова година до Спасовден не треба да се пие млеко.

Се верувало дека на Спасовден мажите не треба да се бричат, жените да се мијат, а децата да се бањаат.

На Спасовден никако не треба да се спие преку ден, за да не се дреме цела година.

На тој ден богатите после одењето од црква повикувале гости на ручек, а помалку богатите го продолжувале дружењето пред црква, каде народот се собирал и веселел.

И Крстот е составен дел на Спасовден. Се смета дека народот треба да направи крст и да го стави на својата куќа или во друг дел за да ги избрка лошите демони.

Во некои краеви жените и децата не се мијат на овој ден, додека мажите не се бричат.

Девојките денеска треба да зберат што повеќе цвеќиња бидејќи е ден за гатање. Потоа треба со ливчињата да прават „Ме сака не ме сака“, за да видат дали саканиот ги сака.

The post Идната недела доаѓа голем празник: На овој ден не треба да се спие преку ден, за да не се дреме цела година appeared first on Република.

]]>

На 25 мај, православните верници го прославуваат Спасовден, празник кој се одбележува 40 дена по Велигден, а десет дена пред Духови и секогаш е во четврток. За овој празник се врзани многу верувања и суеверија, кои во некои краишта се уште се почитуваат. За Спасовден се колеле јагниња, а старите верувале дека од Нова година до Спасовден не треба да се пие млеко. Се верувало дека на Спасовден мажите не треба да се бричат, жените да се мијат, а децата да се бањаат. На Спасовден никако не треба да се спие преку ден, за да не се дреме цела година. На тој ден богатите после одењето од црква повикувале гости на ручек, а помалку богатите го продолжувале дружењето пред црква, каде народот се собирал и веселел. И Крстот е составен дел на Спасовден. Се смета дека народот треба да направи крст и да го стави на својата куќа или во друг дел за да ги избрка лошите демони. Во некои краеви жените и децата не се мијат на овој ден, додека мажите не се бричат. Девојките денеска треба да зберат што повеќе цвеќиња бидејќи е ден за гатање. Потоа треба со ливчињата да прават „Ме сака не ме сака“, за да видат дали саканиот ги сака.

The post Идната недела доаѓа голем празник: На овој ден не треба да се спие преку ден, за да не се дреме цела година appeared first on Република.

]]>
Денеска е Светла среда, небото ќе ни открие каква година е пред нас https://republika.mk/zivot/servisi/deneska-e-svetla-sreda-neboto-ke-ni-otkrie-kakva-godina-e-pred-nas/ Wed, 19 Apr 2023 07:05:43 +0000 https://republika.mk/?p=631936

Неделата по Велигден е полна со бројни убави обичаи и верувања. Денешниот ден, првата среда после Велигден, кај народот е познат како светла среда.

Постарите велат дека вечерва треба да се гледа во небото. Ако е ведро, без облаци и полно со ѕвезди, годината ќе биде родна. Ако има облаци, годината до следниот Велигден ќе биде тешка, година на беда и сиромаштија.

Некои намерно бараат ѕвезди што паѓаат бидејќи се верува дека оној што прв ќе види ѕвезда како паѓа ќе има повеќе среќа од останатите. Овој обичај се врзува и за мртвите. Ако неодамна ви починал некој вечерва треба да погледнете во небо, бидејќи старите велат дека денес по полноќ ќе падне и неговата ѕвезда.

Според народното верување среда е мошне поволен ден, а особено млада среда, за секоја активност и преземање важни чекори. Во некои делови ова е варовна среда, која се нарекува водена, бидејќи е посветена на водената стихија – да не се уништат посевите, што во време на пролетните дождови често се случувало.

Во минатото многу се внимавало на тоа луѓето да се воздржуваат од секоја зла мисла или лошо дело. Особено во среда, бидејќи оној што ќе згреши во среда-гревот му останува до судниот ден. Ова народно верување е засновано на фактот дека меѓу светителите единствено Света Среда нема црква која ѝ е посветена, па оттука грешникот нема каде да се исповеда и да бара простување за гревот. Кој ќе згреши во среда, гревот му останува засекогаш…

Денешната среда се нарекува и поцрнета среда, а називот го добила според еден стар обичај кој се практикувал до пред Втората светска војна. Имено, на денешен ден по селото се движела поворка составена исклучително од неженети момчиња до триесеттата година. Тие биле следени од свирачи и со себе влечеле стебло. Овој ведар и живописен обичај го симболизирал верувањето за потребата и смисолот на бракот, а тие кои се уште не го засновале на овој начин јавно биле „прозвани“ или како што се велело „поцрнети“.

The post Денеска е Светла среда, небото ќе ни открие каква година е пред нас appeared first on Република.

]]>

Неделата по Велигден е полна со бројни убави обичаи и верувања. Денешниот ден, првата среда после Велигден, кај народот е познат како светла среда. Постарите велат дека вечерва треба да се гледа во небото. Ако е ведро, без облаци и полно со ѕвезди, годината ќе биде родна. Ако има облаци, годината до следниот Велигден ќе биде тешка, година на беда и сиромаштија. Некои намерно бараат ѕвезди што паѓаат бидејќи се верува дека оној што прв ќе види ѕвезда како паѓа ќе има повеќе среќа од останатите. Овој обичај се врзува и за мртвите. Ако неодамна ви починал некој вечерва треба да погледнете во небо, бидејќи старите велат дека денес по полноќ ќе падне и неговата ѕвезда. Според народното верување среда е мошне поволен ден, а особено млада среда, за секоја активност и преземање важни чекори. Во некои делови ова е варовна среда, која се нарекува водена, бидејќи е посветена на водената стихија – да не се уништат посевите, што во време на пролетните дождови често се случувало. Во минатото многу се внимавало на тоа луѓето да се воздржуваат од секоја зла мисла или лошо дело. Особено во среда, бидејќи оној што ќе згреши во среда-гревот му останува до судниот ден. Ова народно верување е засновано на фактот дека меѓу светителите единствено Света Среда нема црква која ѝ е посветена, па оттука грешникот нема каде да се исповеда и да бара простување за гревот. Кој ќе згреши во среда, гревот му останува засекогаш… Денешната среда се нарекува и поцрнета среда, а називот го добила според еден стар обичај кој се практикувал до пред Втората светска војна. Имено, на денешен ден по селото се движела поворка составена исклучително од неженети момчиња до триесеттата година. Тие биле следени од свирачи и со себе влечеле стебло. Овој ведар и живописен обичај го симболизирал верувањето за потребата и смисолот на бракот, а тие кои се уште не го засновале на овој начин јавно биле „прозвани“ или како што се велело „поцрнети“.

The post Денеска е Светла среда, небото ќе ни открие каква година е пред нас appeared first on Република.

]]>
Прегледајте го убаво јајцето што ќе го изберете на гости, ако го има ова ќе ве прати среќа https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/pregledajte-go-ubavo-jajtseto-shto-ke-go-izberete-na-gosti-ako-go-ima-ova-ke-ve-prati-sreka/ Sun, 16 Apr 2023 13:15:08 +0000 https://republika.mk/?p=631067

Црвеното јајце е симбол на Велигден поради новиот живот, плодноста, компарацијата со Христовото воскреснување.

Некои сметаат дека црвената е вистинската велигденска боја, но не случајно јајцата за Велигден се подготвуваат во повеќе бои. Освен што се вистински подарок за очи, секоја боја поединечно е извор на среќа.

Жолта боја – светлина, радост

Портокалова – трпение, моќ

Зелена – храброст, големина

Виолетова – надеж, спокојство

Сина – здравје, ведрина

Кога ќе здогледате круг, направен од малку потемна нијанса од бојата со која сте го вапцале јајцето, тоа означува огромна среќа оваа година.

The post Прегледајте го убаво јајцето што ќе го изберете на гости, ако го има ова ќе ве прати среќа appeared first on Република.

]]>

Црвеното јајце е симбол на Велигден поради новиот живот, плодноста, компарацијата со Христовото воскреснување. Некои сметаат дека црвената е вистинската велигденска боја, но не случајно јајцата за Велигден се подготвуваат во повеќе бои. Освен што се вистински подарок за очи, секоја боја поединечно е извор на среќа.
Жолта боја – светлина, радост Портокалова – трпение, моќ Зелена – храброст, големина Виолетова – надеж, спокојство Сина – здравје, ведрина
Кога ќе здогледате круг, направен од малку потемна нијанса од бојата со која сте го вапцале јајцето, тоа означува огромна среќа оваа година.

The post Прегледајте го убаво јајцето што ќе го изберете на гости, ако го има ова ќе ве прати среќа appeared first on Република.

]]>
За девојчињата и девојките Велипеток носи убави адети, испочитувајте ги https://republika.mk/zivot/servisi/za-devojchinata-i-devojkite-velipetok-nosi-ubavi-adeti-ispochituvajte-gi/ Fri, 14 Apr 2023 08:18:41 +0000 https://republika.mk/?p=630515

За христијаните ширум светот денеска е Велики петок, денот на Христовото страдање и најтажниот ден во христијанството, кога Исус Христос умрели е распнат на крстот на Голготата.

Велики петок освен Велипеток уште се вика и Распет петок зашто на овој ден е распнат Исус Христос. Поради тоа овој ден се смета за најтежок празник во годината, тогаш не се работи дури и не се готви храна.

Според старите обичаи за Велики Петок, се станува од кревет пред изгревањето на сонцето. Луѓето на тој ден носеле вода од езерата и со неа се замивале наутро. Се верувало дека со таа вода ќе се истераат сите болести од телото.

Се вели дека на овој ден не треба да се јаде, а камоли да се работи. Како на строг пост, како што се вика „пост на вода“ тој ден во црквата луѓето се честат со леб, пипер, и сол. Некои луѓе јадат стоејќи, а други ништо не јадат цел ден сочувствувајќи со распнатиот Исус. Тогаш се оди во црквата каде што оставаат дарови на Распетието Христово, а цвеќето на „плаштеникот-оплакувањето Христово“.

Секој што тука остава цвеќе зема друго и го носи дома за здравје. На Велики петок во црквите се изведува и обредот симболично погребување на Исус Христос. Тоа се прави на тој начин што платното наречено „Плаштеница“ се положува врз посебно подготвен симбол на Христовиот гроб. Поминувајќи под Плаштеницата верниците сочувствуваат со распнатиот Исус. Исто така, се поставува и „Распетието Христово“ (крстот на кој е насликан распнатиот Исус) пред кое верниците се поклонуваат и Исуса го бакнуваат во раните на нозете.

https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/zoshto-na-velipetok-se-pominuva-pod-masa/

Во некои делови се верува дека девојките кои на Велики петок ќе украдат цвеќе од црковната порта и го стават под перница во ноќта ќе го сонуваат својот иден сопруг.

https://republika.mk/zivot/servisi/nokjva-e-bitna-za-mladite-momi-dokolku-ste-nemazeni-prochitajte-go-ovoj-adet/

Интересно е верувањето особено за оние кои страдаат од мигрена, дека треба да ја измијат косата на Велики петок и во текот на целата идна година нема да имаа главобилки, под услов никогаш да не ја мијат косата во петок.

https://republika.mk/zivot/servisi/koj-denes-kje-ja-izmie-kosata-kje-si-go-smeni-zivotot-vo-slednata-godina/

На малите девојчиња им се врзува косата под врба, за побрзо да им расте.

https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/ako-imate-zensko-detence-eve-shto-treba-da-napravite-za-veliki-petok/

The post За девојчињата и девојките Велипеток носи убави адети, испочитувајте ги appeared first on Република.

]]>

За христијаните ширум светот денеска е Велики петок, денот на Христовото страдање и најтажниот ден во христијанството, кога Исус Христос умрели е распнат на крстот на Голготата. Велики петок освен Велипеток уште се вика и Распет петок зашто на овој ден е распнат Исус Христос. Поради тоа овој ден се смета за најтежок празник во годината, тогаш не се работи дури и не се готви храна. Според старите обичаи за Велики Петок, се станува од кревет пред изгревањето на сонцето. Луѓето на тој ден носеле вода од езерата и со неа се замивале наутро. Се верувало дека со таа вода ќе се истераат сите болести од телото. Се вели дека на овој ден не треба да се јаде, а камоли да се работи. Како на строг пост, како што се вика „пост на вода“ тој ден во црквата луѓето се честат со леб, пипер, и сол. Некои луѓе јадат стоејќи, а други ништо не јадат цел ден сочувствувајќи со распнатиот Исус. Тогаш се оди во црквата каде што оставаат дарови на Распетието Христово, а цвеќето на „плаштеникот-оплакувањето Христово“. Секој што тука остава цвеќе зема друго и го носи дома за здравје. На Велики петок во црквите се изведува и обредот симболично погребување на Исус Христос. Тоа се прави на тој начин што платното наречено „Плаштеница“ се положува врз посебно подготвен симбол на Христовиот гроб. Поминувајќи под Плаштеницата верниците сочувствуваат со распнатиот Исус. Исто така, се поставува и „Распетието Христово“ (крстот на кој е насликан распнатиот Исус) пред кое верниците се поклонуваат и Исуса го бакнуваат во раните на нозете. https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/zoshto-na-velipetok-se-pominuva-pod-masa/ Во некои делови се верува дека девојките кои на Велики петок ќе украдат цвеќе од црковната порта и го стават под перница во ноќта ќе го сонуваат својот иден сопруг. https://republika.mk/zivot/servisi/nokjva-e-bitna-za-mladite-momi-dokolku-ste-nemazeni-prochitajte-go-ovoj-adet/ Интересно е верувањето особено за оние кои страдаат од мигрена, дека треба да ја измијат косата на Велики петок и во текот на целата идна година нема да имаа главобилки, под услов никогаш да не ја мијат косата во петок. https://republika.mk/zivot/servisi/koj-denes-kje-ja-izmie-kosata-kje-si-go-smeni-zivotot-vo-slednata-godina/ На малите девојчиња им се врзува косата под врба, за побрзо да им расте. https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/ako-imate-zensko-detence-eve-shto-treba-da-napravite-za-veliki-petok/

The post За девојчињата и девојките Велипеток носи убави адети, испочитувајте ги appeared first on Република.

]]>
Денеска е Велика Среда, забранети се веселби, пијанство, па дури и односи меѓу сопружниците https://republika.mk/zivot/servisi/deneska-e-velika-sreda-zabraneti-se-veselbi-pijanstvo-pa-duri-i-odnosi-megu-sopruzhnitsite/ Wed, 12 Apr 2023 07:31:36 +0000 https://republika.mk/?p=630027

Православната црква и верниците денеска ја одбележуваат Велика Среда, еден од најзначајните денови од Страдната недела.

На Велика Среда се одбележуваат три значајни настани: Последното претсмртно помазание на Господа, Заговорот на јудејците за да го убијат и Јудиното предавство на Христа за триесет сребреници. Во тек е Страсната недела, а порано овие налози на црквата ригорозно се применувале.

Со Велика Среда се поврзани повеќе верувања и обичаи. На Велика Среда се подготвува бојата за вапцување, а во некои краеви почнуваат да ги фарбаат велигденските јајца. Првите велигденски јајца, три на број, се бојадисуваат пред изгрејсонце на Велики Четврток.

Не треба да се работат тешки работи по дома. Во текот на оваа недела се пости, забрането е перење, веселби, пијанство, па дури и односи меѓу сопружниците. Се верувало дека децата зачнати во овој период ќе добијат „фрас“ (уплав).

https://republika.mk/zivot/servisi/decata-zachnati-deneska-kje-dobijat-uplav-veruvale-starite/

На Велика Среда, навечер, се зачадувала стоката. Начадената стока се верувало е заштитена од болести и разни други несреќи.

Според обичајот треба да се бере здравец, претежно од децата, а на Велики петок треба да се раздава за здравје.

И на Велика Среда се читаат библиските текстови кои се во контекст со претходните денови и во врска со настаните од денот (на Утрената:Јован 12,17-50; на Литургијата: Матеј 26,6-16). Последното претсмртно помазание на Господа Христос е помазан со миро во Витанија (Матеј 26,6-13; Марко 14,3-9; Лука 7,37-50; Јован 12,1-8).

 

The post Денеска е Велика Среда, забранети се веселби, пијанство, па дури и односи меѓу сопружниците appeared first on Република.

]]>

Православната црква и верниците денеска ја одбележуваат Велика Среда, еден од најзначајните денови од Страдната недела. На Велика Среда се одбележуваат три значајни настани: Последното претсмртно помазание на Господа, Заговорот на јудејците за да го убијат и Јудиното предавство на Христа за триесет сребреници. Во тек е Страсната недела, а порано овие налози на црквата ригорозно се применувале. Со Велика Среда се поврзани повеќе верувања и обичаи. На Велика Среда се подготвува бојата за вапцување, а во некои краеви почнуваат да ги фарбаат велигденските јајца. Првите велигденски јајца, три на број, се бојадисуваат пред изгрејсонце на Велики Четврток. Не треба да се работат тешки работи по дома. Во текот на оваа недела се пости, забрането е перење, веселби, пијанство, па дури и односи меѓу сопружниците. Се верувало дека децата зачнати во овој период ќе добијат „фрас“ (уплав). https://republika.mk/zivot/servisi/decata-zachnati-deneska-kje-dobijat-uplav-veruvale-starite/ На Велика Среда, навечер, се зачадувала стоката. Начадената стока се верувало е заштитена од болести и разни други несреќи. Според обичајот треба да се бере здравец, претежно од децата, а на Велики петок треба да се раздава за здравје. И на Велика Среда се читаат библиските текстови кои се во контекст со претходните денови и во врска со настаните од денот (на Утрената:Јован 12,17-50; на Литургијата: Матеј 26,6-16). Последното претсмртно помазание на Господа Христос е помазан со миро во Витанија (Матеј 26,6-13; Марко 14,3-9; Лука 7,37-50; Јован 12,1-8).  

The post Денеска е Велика Среда, забранети се веселби, пијанство, па дури и односи меѓу сопружниците appeared first on Република.

]]>
Ако мачка се сонча на февруарско сонце, ако на Прочка е облачно… – народни верувања за февруари https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/ako-machka-se-soncha-na-fevruarsko-sontse-ako-na-prochka-e-oblachno-narodni-veruvana-za-fevruari/ Wed, 01 Feb 2023 16:46:11 +0000 https://republika.mk/?p=603496

Февруари е посебен месец, краток, колеблив и неодлучен, а во народот е познат под прекарот „сечко“, месец на мразовите. Се уште е студено, па луѓето се уште не излегуваат да работат на поле. Постојат многу народни верувања за овој месец, а оние кои се родени во февруари имаат посебни обележја.

Кој се родил во февруари, треба да знае дека тој му е најсреќниот месец во годината. Се ќе му оди од рака и ќе има голем напредок. Луѓето родени во февруари им оди учењето, па стануваат видни луѓе, интелектуалци. Сакаат да патуваат и да запознаваат нови луѓе. Опасност демне токму од нивниот памет, треба да се вардат да не станат горди. Имаат здрваствени проблеми со нозете, очите и забите.

Февруари е значаен месец за оние кои планираат да се венчаваат. Кога февруарски прици се спојуваат, немој да се венчаваш, туку плаши се од судбината.

Старите го толкувале времето според случувањата во природата, затоа и според стариот календар се велело дека ако февруарското сонце ги измами мувите, март ќе ги подави.

Старите велат дека подобро е во февруари да се видат гладни полиња отколку в поле човек во кошула.

Ако мачка се сонча на февруарско сонце, во март ќе биде зад печка.

Ако на Св. Јевтимиј процвета цвеќе, на Цветници ќе замрзне.

Ако на Св. Трифун заврне, сливата ќе роди таа година.

Ако на Прочка е сончево, во март ќе снежи.

The post Ако мачка се сонча на февруарско сонце, ако на Прочка е облачно… – народни верувања за февруари appeared first on Република.

]]>

Февруари е посебен месец, краток, колеблив и неодлучен, а во народот е познат под прекарот „сечко“, месец на мразовите. Се уште е студено, па луѓето се уште не излегуваат да работат на поле. Постојат многу народни верувања за овој месец, а оние кои се родени во февруари имаат посебни обележја. Кој се родил во февруари, треба да знае дека тој му е најсреќниот месец во годината. Се ќе му оди од рака и ќе има голем напредок. Луѓето родени во февруари им оди учењето, па стануваат видни луѓе, интелектуалци. Сакаат да патуваат и да запознаваат нови луѓе. Опасност демне токму од нивниот памет, треба да се вардат да не станат горди. Имаат здрваствени проблеми со нозете, очите и забите. Февруари е значаен месец за оние кои планираат да се венчаваат. Кога февруарски прици се спојуваат, немој да се венчаваш, туку плаши се од судбината. Старите го толкувале времето според случувањата во природата, затоа и според стариот календар се велело дека ако февруарското сонце ги измами мувите, март ќе ги подави. Старите велат дека подобро е во февруари да се видат гладни полиња отколку в поле човек во кошула. Ако мачка се сонча на февруарско сонце, во март ќе биде зад печка. Ако на Св. Јевтимиј процвета цвеќе, на Цветници ќе замрзне. Ако на Св. Трифун заврне, сливата ќе роди таа година. Ако на Прочка е сончево, во март ќе снежи.

The post Ако мачка се сонча на февруарско сонце, ако на Прочка е облачно… – народни верувања за февруари appeared first on Република.

]]>
До Водици ова никако не смеете да го правите: Чувајте се од некрстените денови https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/do-voditsi-ova-nikako-ne-smeete-da-go-pravite-chuvajte-se-od-nekrstenite-denovi/ Sat, 07 Jan 2023 18:20:57 +0000 https://republika.mk/?p=594411

Од 7 јануари, па се до Богојавление се некрстените денови, кога по земјата шетаат духови, лоши сили и демони: караконџоли, тарамбаба, гревогазец, ѓаволица, чума и колера. И водите тогаш се нечисти.

Божиќ, денот на раѓањето на Исус Христос, христијанскиот свет го прифатил како почеток на Новата година. Од денот на Христовото раѓање, 25 декември по Грегоријанскиот или 7 јануари по Јулијанскиот календар, па се до Богојавление 6 јануари по новиот или 19 јануари по стариот календар се некрстените денови.

Денови кога по земјата шетаат духови, лоши сили и демони: караконџоли, тарамбаба, гревогазец, ѓаволица, чума и колера. И водите тогаш се нечисти, опседнати со лоши духови. Водата во овие некрстени денови е леунка, вели народот, крстот е врзан, немоќен, нема сила да ги протера духовите.

Во овие дванаесет некрстени денови луѓето се маскираат и ги изведуваат игрите под маски и тоа на Бадник и по него, пред Василица (Стара нова година), а и речиси сите останати денови до Водици. Игрите под маски најпознати како џамаларски, но и: бабари, василичари, мечкари, ајти, русалии… се изведуваат за да се избркаат лошите сили и демони. Луѓето веруваат дека со маските каде задолжително составни елементи се sвонците, клопотарците, стаповите, гајдите и тапаните што прават врева ќе ги исплашат демоните и тие ќе ја напуштат земјата.

Настанувањето на овие дванаесет дена се објаснува со разликата меѓу сончевата и месечевата година која изнесува точно дванаесет дена. Денови во кои завршува зимската краткодневица и се раѓа новото Сонце.

Коледарските и василичарските обреди под маски ги изведуваат група од млади момчиња кои се маскираат. Нив ги предводи повозрасен маж со потврдена плодоносна моќ, кој има голем и здрав род зад себе и кој е познат женкар. Младите ергени што достигнале одредена возраст 16 – 19 години мора да поминат низ овие обредни игри. Низ игрите требало да се покажат, преобразат и формираат во возрасни мажи, зрели за женење.

Маскирањето започнува откако ќе се запали голем оган, а околу него се пие и се пеат и кажуваат безобразни, т.н. мрсни песни што треба да ја подгреат атмосферата со еротски набој. Најзначајно место во групата имаат маските на зетот и на невестата. Маската на невестата треба да е многу добро направена за никој да не ја познае. Особено значење се посветува на градите и задникот кои треба да бидат големи за да предизвикуваат сексуални желби, со што се поттикнува целата природа и човекот на плодност. Често невестата е бремена или држи мало бебе.

Игрите под маски што се изведуваат во дванаесетте некрстени денови завршуваат на Водици 19 јануари, денот на Христовото крштевање.

На овој ден во сите води ритуално се фрла крстот, што го означува крштевањето. Ослободениот крст има сила да ги гони лошите сили и демони да не доаѓаат на земјата, туку да си седат во нивното царство на темнината.

Народни верувања

Се верува дека во овој период не треба да се излегува навечер, а ако баш мора со себе да се носи лук, крст или некој остар предмет.

Се верувало дека во некрстените денови не се преде, не се ткае и не се пере.

Надвор пак не се остава ништо бело, а посебно не детска облека бидејќи злите сили би можеле да им наштетат на децата.

The post До Водици ова никако не смеете да го правите: Чувајте се од некрстените денови appeared first on Република.

]]>

Од 7 јануари, па се до Богојавление се некрстените денови, кога по земјата шетаат духови, лоши сили и демони: караконџоли, тарамбаба, гревогазец, ѓаволица, чума и колера. И водите тогаш се нечисти. Божиќ, денот на раѓањето на Исус Христос, христијанскиот свет го прифатил како почеток на Новата година. Од денот на Христовото раѓање, 25 декември по Грегоријанскиот или 7 јануари по Јулијанскиот календар, па се до Богојавление 6 јануари по новиот или 19 јануари по стариот календар се некрстените денови. Денови кога по земјата шетаат духови, лоши сили и демони: караконџоли, тарамбаба, гревогазец, ѓаволица, чума и колера. И водите тогаш се нечисти, опседнати со лоши духови. Водата во овие некрстени денови е леунка, вели народот, крстот е врзан, немоќен, нема сила да ги протера духовите. Во овие дванаесет некрстени денови луѓето се маскираат и ги изведуваат игрите под маски и тоа на Бадник и по него, пред Василица (Стара нова година), а и речиси сите останати денови до Водици. Игрите под маски најпознати како џамаларски, но и: бабари, василичари, мечкари, ајти, русалии… се изведуваат за да се избркаат лошите сили и демони. Луѓето веруваат дека со маските каде задолжително составни елементи се sвонците, клопотарците, стаповите, гајдите и тапаните што прават врева ќе ги исплашат демоните и тие ќе ја напуштат земјата. Настанувањето на овие дванаесет дена се објаснува со разликата меѓу сончевата и месечевата година која изнесува точно дванаесет дена. Денови во кои завршува зимската краткодневица и се раѓа новото Сонце. Коледарските и василичарските обреди под маски ги изведуваат група од млади момчиња кои се маскираат. Нив ги предводи повозрасен маж со потврдена плодоносна моќ, кој има голем и здрав род зад себе и кој е познат женкар. Младите ергени што достигнале одредена возраст 16 – 19 години мора да поминат низ овие обредни игри. Низ игрите требало да се покажат, преобразат и формираат во возрасни мажи, зрели за женење. Маскирањето започнува откако ќе се запали голем оган, а околу него се пие и се пеат и кажуваат безобразни, т.н. мрсни песни што треба да ја подгреат атмосферата со еротски набој. Најзначајно место во групата имаат маските на зетот и на невестата. Маската на невестата треба да е многу добро направена за никој да не ја познае. Особено значење се посветува на градите и задникот кои треба да бидат големи за да предизвикуваат сексуални желби, со што се поттикнува целата природа и човекот на плодност. Често невестата е бремена или држи мало бебе. Игрите под маски што се изведуваат во дванаесетте некрстени денови завршуваат на Водици 19 јануари, денот на Христовото крштевање. На овој ден во сите води ритуално се фрла крстот, што го означува крштевањето. Ослободениот крст има сила да ги гони лошите сили и демони да не доаѓаат на земјата, туку да си седат во нивното царство на темнината. Народни верувања Се верува дека во овој период не треба да се излегува навечер, а ако баш мора со себе да се носи лук, крст или некој остар предмет. Се верувало дека во некрстените денови не се преде, не се ткае и не се пере. Надвор пак не се остава ништо бело, а посебно не детска облека бидејќи злите сили би можеле да им наштетат на децата.

The post До Водици ова никако не смеете да го правите: Чувајте се од некрстените денови appeared first on Република.

]]>
Го празнуваме Св. Архангел Михаил, денот ќе ни покаже каква зима нè чека https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/go-praznuvame-sv-arhangel-mihail-denot-kje-ni-pokaze-kakva-zima-ne-cheka/ Mon, 21 Nov 2022 07:50:00 +0000 https://republika.mk/?p=576297

Православните христијани денеска го празнуваат Соборпт на св. архангел Михаил, празник во чест на сите ангелски чинови и еден од најголемите христијански празници и една од најчестите куќни слави.

Именден празнуваат: Ангел, Ангелина, Михаил, Мила, Милка, Михаила, Михо, Рајко, Рајна, Ратка…

Архангел Михаил е водачот на небесните војски кој секогаш се јавувал на местата на кои се појавувала Богородица, така што претставува небесна сила и заштита на земјата. Според црковните преданија, ангелот Михаил првпат прв стапил во борба со злите духови и тоа во име на црковните толкувања означува оној кој е како Бог.

На грчки јазик зборот архи значи главен, прв, а значи весник, ангел.

Прв меѓу ангелите Архангел Михаил на иконата се претставува како борец-војвода со меч или копје во раката, а народното верување смета дека тој доаѓа и ги зема човечките души кога ќе чукне часот.

Постојат многу народни верувања за овој ангел: Велат дека тој ги посетува болните и ако застане кај нивните нозе – не е добро, а ако е кај главата – болниот ќе оздрави.

Се слави наесен на 21 ноември, а по народното верување, тоа е затоа што кога светците си ги делеле улогите, Архангел Михаил добил есенско и зимско време на зима и зимски тешкотии. Се вели дека во ова време Архангел талка по светот облечен во просјак да ги искара неверниците и да им помогне на оние кои се во неволја.

Едно народно верување вели дека според временските услови на овој ден може да се одреди каква ќе биде годината. Се вели: какво ќе биде времето на Аранѓеловден, такво ќе биде во текот на целата зима и пролет. Во некои краишта се слави и како празник на сточарите бидејќи се верува дека само тој може да ги истера волците.

Постои верување и обичај кај многу христијани кои го слават свети Михаил, бидејќи го сметаат за жив светител, да не подготвуваат пченица за славата, а тоа е неточно и неоправдано. Неопходно е да се подготви пченица за славата, бидејќи сите светители и сите мртви се живи пред Бога.

На овој ден преданијата велат дека треба да им се помогне на сиромашните и немоќните, да им се даде храна и пиење, а и да им се упати топол збор. За сета ваша добрина светецот ќе ве награди со ислушување на молитвите и желбите.

Инаку, Св. Архангел Михаил е најголемата куќна слава која христијаните ја празнуваат во месец ноември.

Славата оваа година е мрсна бидејќи 21 ноември се паѓа во понеделник. Со оглед на тоа дека датумот е фиксен, дали славата ќе биде мрсна или посна се одредува според денот од неделата. Па така, ако е среда или петок, славата ќе биде посна, додека во останатите денови може да се прославува и со мрсна храна.

The post Го празнуваме Св. Архангел Михаил, денот ќе ни покаже каква зима нè чека appeared first on Република.

]]>

Православните христијани денеска го празнуваат Соборпт на св. архангел Михаил, празник во чест на сите ангелски чинови и еден од најголемите христијански празници и една од најчестите куќни слави. Именден празнуваат: Ангел, Ангелина, Михаил, Мила, Милка, Михаила, Михо, Рајко, Рајна, Ратка… Архангел Михаил е водачот на небесните војски кој секогаш се јавувал на местата на кои се појавувала Богородица, така што претставува небесна сила и заштита на земјата. Според црковните преданија, ангелот Михаил првпат прв стапил во борба со злите духови и тоа во име на црковните толкувања означува оној кој е како Бог. На грчки јазик зборот архи значи главен, прв, а значи весник, ангел. Прв меѓу ангелите Архангел Михаил на иконата се претставува како борец-војвода со меч или копје во раката, а народното верување смета дека тој доаѓа и ги зема човечките души кога ќе чукне часот. Постојат многу народни верувања за овој ангел: Велат дека тој ги посетува болните и ако застане кај нивните нозе – не е добро, а ако е кај главата – болниот ќе оздрави. Се слави наесен на 21 ноември, а по народното верување, тоа е затоа што кога светците си ги делеле улогите, Архангел Михаил добил есенско и зимско време на зима и зимски тешкотии. Се вели дека во ова време Архангел талка по светот облечен во просјак да ги искара неверниците и да им помогне на оние кои се во неволја. Едно народно верување вели дека според временските услови на овој ден може да се одреди каква ќе биде годината. Се вели: какво ќе биде времето на Аранѓеловден, такво ќе биде во текот на целата зима и пролет. Во некои краишта се слави и како празник на сточарите бидејќи се верува дека само тој може да ги истера волците. Постои верување и обичај кај многу христијани кои го слават свети Михаил, бидејќи го сметаат за жив светител, да не подготвуваат пченица за славата, а тоа е неточно и неоправдано. Неопходно е да се подготви пченица за славата, бидејќи сите светители и сите мртви се живи пред Бога. На овој ден преданијата велат дека треба да им се помогне на сиромашните и немоќните, да им се даде храна и пиење, а и да им се упати топол збор. За сета ваша добрина светецот ќе ве награди со ислушување на молитвите и желбите. Инаку, Св. Архангел Михаил е најголемата куќна слава која христијаните ја празнуваат во месец ноември. Славата оваа година е мрсна бидејќи 21 ноември се паѓа во понеделник. Со оглед на тоа дека датумот е фиксен, дали славата ќе биде мрсна или посна се одредува според денот од неделата. Па така, ако е среда или петок, славата ќе биде посна, додека во останатите денови може да се прославува и со мрсна храна.

The post Го празнуваме Св. Архангел Михаил, денот ќе ни покаже каква зима нè чека appeared first on Република.

]]>
Утре ги славиме св. Кирил и Методиј-ова мора да го направите, посебно ако сте ученик или студент https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/utre-gi-slavime-sv-kiril-i-metodij-ova-mora-da-go-napravite-posebno-ako-ste-uchenik-ili-student/ Mon, 23 May 2022 13:55:05 +0000 https://republika.mk/?p=506039

Православлната црква утре ги прославува светите браќа Кирил и Методиј, кои ја ширеле христијанската вера и писменост. Празникот во црковниот календар е одбележан со црвено, што значи дека е тежок празник.

Народните верувања велат дека на овој ден не се пере, не се пушта правосмукалка, ниту пак се работат било какви тешки работи по дома. Добро е на овој празник децата да читаат книги за да им оди учењето во текот на целата година. Ова важи и за студентите. За да имаат успешна учебна година, потребно е утре да читаат.

The post Утре ги славиме св. Кирил и Методиј-ова мора да го направите, посебно ако сте ученик или студент appeared first on Република.

]]>

Православлната црква утре ги прославува светите браќа Кирил и Методиј, кои ја ширеле христијанската вера и писменост. Празникот во црковниот календар е одбележан со црвено, што значи дека е тежок празник. Народните верувања велат дека на овој ден не се пере, не се пушта правосмукалка, ниту пак се работат било какви тешки работи по дома. Добро е на овој празник децата да читаат книги за да им оди учењето во текот на целата година. Ова важи и за студентите. За да имаат успешна учебна година, потребно е утре да читаат.

The post Утре ги славиме св. Кирил и Методиј-ова мора да го направите, посебно ако сте ученик или студент appeared first on Република.

]]>
Денеска е Св. Антониј Велики, заштитник од лудилото и од ѓаволот https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/deneska-e-sv-antonij-veliki-zashtitnik-od-ludiloto-i-od-gjavolot/ Sun, 30 Jan 2022 06:57:07 +0000 https://republika.mk/?p=451388

Денеска е Св. Антониј Велики.

Именден празнуваат: Антон, Андон, Антоанета, Доне, Дончо, Донка, Тони

Свети Антониј е роден во Среден Египет, во 251 година. На 20-годишна возраст остана без родителите. Мораше да се грижи за останатото богатство и за својата помала сестра.

Еден ден во црква ги слушна зборовите: Ако сакаш да бидеш совршен, оди продај го имотот и раздај го на сиромасите и ќе имаш ризница на небото, па дојди и врви по мене, па го раздаде имотот, а со малиот остаток ја згрижи сестра си и го започна подвижничкиот живот.

Целиот негов живот стана исполнување на овие зборови.

Во текот на многу години ги помина сите скалила на духовниот живот и со својот живот стана пример за сите монаси до денешен ден. Се успокои мирно на свои 105 година, во 356 година.

Празникот Св. Андон во Гевгелиско се сметал за тежок празник и аталија, празник за лудите луѓе. Особено св. Андон се сметал за заштитник од лудилото и од ѓаволот. Таму каде што тој ќе се јавел ѓаволот морал да бега далеку 24 часа. Еднаш ѓаволот дошол кај св. Андон и почнал да тропа на вратата. Сакал да влезе и да го залаже да не оди во црквата. Но св. Андон го здрвил пред вратата и ѓаволот пукнал. После ова кога некој боледува од лудило покрај постелата му ја ставаат иконата на св. Андон. Било од каква болест да боледува човек покрај Евангелие му носат и икона од св. Андон и веруваат дека ако му е за умирање ќе умре, а ако му е за станување ќе оздрави.

 

The post Денеска е Св. Антониј Велики, заштитник од лудилото и од ѓаволот appeared first on Република.

]]>

Денеска е Св. Антониј Велики. Именден празнуваат: Антон, Андон, Антоанета, Доне, Дончо, Донка, Тони Свети Антониј е роден во Среден Египет, во 251 година. На 20-годишна возраст остана без родителите. Мораше да се грижи за останатото богатство и за својата помала сестра. Еден ден во црква ги слушна зборовите: Ако сакаш да бидеш совршен, оди продај го имотот и раздај го на сиромасите и ќе имаш ризница на небото, па дојди и врви по мене, па го раздаде имотот, а со малиот остаток ја згрижи сестра си и го започна подвижничкиот живот. Целиот негов живот стана исполнување на овие зборови. Во текот на многу години ги помина сите скалила на духовниот живот и со својот живот стана пример за сите монаси до денешен ден. Се успокои мирно на свои 105 година, во 356 година. Празникот Св. Андон во Гевгелиско се сметал за тежок празник и аталија, празник за лудите луѓе. Особено св. Андон се сметал за заштитник од лудилото и од ѓаволот. Таму каде што тој ќе се јавел ѓаволот морал да бега далеку 24 часа. Еднаш ѓаволот дошол кај св. Андон и почнал да тропа на вратата. Сакал да влезе и да го залаже да не оди во црквата. Но св. Андон го здрвил пред вратата и ѓаволот пукнал. После ова кога некој боледува од лудило покрај постелата му ја ставаат иконата на св. Андон. Било од каква болест да боледува човек покрај Евангелие му носат и икона од св. Андон и веруваат дека ако му е за умирање ќе умре, а ако му е за станување ќе оздрави.  

The post Денеска е Св. Антониј Велики, заштитник од лудилото и од ѓаволот appeared first on Република.

]]>