Февруари е посебен месец, краток, колеблив и неодлучен, а во народот е познат под прекарот „сечко“, месец на мразовите. Се уште е студено, па луѓето се уште не излегуваат да работат на поле. Постојат многу народни верувања за овој месец, а оние кои се родени во февруари имаат посебни обележја.

Кој се родил во февруари, треба да знае дека тој му е најсреќниот месец во годината. Се ќе му оди од рака и ќе има голем напредок. Луѓето родени во февруари им оди учењето, па стануваат видни луѓе, интелектуалци. Сакаат да патуваат и да запознаваат нови луѓе. Опасност демне токму од нивниот памет, треба да се вардат да не станат горди. Имаат здрваствени проблеми со нозете, очите и забите.

Февруари е значаен месец за оние кои планираат да се венчаваат. Кога февруарски прици се спојуваат, немој да се венчаваш, туку плаши се од судбината.

Старите го толкувале времето според случувањата во природата, затоа и според стариот календар се велело дека ако февруарското сонце ги измами мувите, март ќе ги подави.

Старите велат дека подобро е во февруари да се видат гладни полиња отколку в поле човек во кошула.

Ако мачка се сонча на февруарско сонце, во март ќе биде зад печка.

Ако на Св. Јевтимиј процвета цвеќе, на Цветници ќе замрзне.

Ако на Св. Трифун заврне, сливата ќе роди таа година.

Ако на Прочка е сончево, во март ќе снежи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.