народен правобранител Archives - Република https://republika.mk/tema/naroden-pravobranitel/ За подобро да се разбереме Wed, 17 Jul 2024 16:36:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png народен правобранител Archives - Република https://republika.mk/tema/naroden-pravobranitel/ 32 32 Зибери: Во 2023 најмногу претставки до Народниот правобранител има од областа на правосудството https://republika.mk/vesti/makedonija/ziberi-vo-2023-najmnogu-pretstavki-do-narodniot-pravobranitel-ima-od-oblasta-na-pravosudstvoto/ Wed, 17 Jul 2024 16:13:22 +0000 https://republika.mk/?p=797746

Седницата на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците продолжува утре по денешната расправа за годишниот извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето, почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права за 2023 година.

Претходно, Народниот правобранител, Насер Зибери, ги презентираше главните констатации содржани во Извештајот.

Како што информираше Зибери, вкупен број на примени претставки до Народниот правобранител во 2023 година изнесува 2.802 од кои 54 се формирани по сопствена иницијатива.

- Најголем број од овие претставки - 1.100 или 39,26 проценти се однесуваат на повреда на правата од страна на јавните служби и установи, 721 или 25,73 отсто се однесуваат на повреда на правата од страна на централната власт, 331 или 11.81 проценти на повреда на правата од страна на локалната власт, 258 или 9,21 отсто на повреда на правата од страна на судската власт, 190 или 6,78 проценти на повреда на правата од страна на правните лица, 139 или 4,96 отсто на повреда на правата од други субјекти и 63 претставки или 2,29 проценти се однесуваат за повреда на правата од повеќе органи или институции, образложи тој, дополнувајќи дека заедно со пренесените, канцеларијата постапувала по 3.328 предмети.

Зибери информираше дека и оваа извештајна година, најголемиот број на примени/заведени претставки се однесуваа за заштита на правата од областа на правосудството 488 или 17,42 проценти, потоа следат претставките од потрошувачките права 283 или 10,10 отсто,  од работните односи 267 или 9,53 проценти, од областа на детските права 231 или 8,24 отсто, од казнено-поправните и воспитно-поправните установи 166 или 5,92 проценти, од имотно-правната област 164 или 5,85 отсто, од финансиите и финансиското работење 152 или 5,42 проценти, од областа на заштитата на правата при полициски овластувања 141 или 5,03 отсто од урбанизмот и градбата 126 или 4,50 проценти, од граѓанските состојби и други внатрешни работи 123 или 4,39 отсто, од социјалната заштита 106, односно 3,78 проценти, од пензиското и инвалидското осигурување 100 или 3,57 отсто, од обвинителството 63 или 2,25 проценти, од недискриминацијата и соодветната и правична застапеност и здравствената заштита по 50 или 1,78 отсто, од станбените односи 28 или 1,00 процент, од високото образование и науката 24 или 0,86 проценти, од животната средина 21 или 0,75 отсто, заштита на правата на лицата со попреченост 19 претставки,  НП како Механизам за граѓанска контрола 19 претставки или 0,68 проценти, од постапување на НП како пријател на судот 14 претставки или 0,50 отсто, како и други права 167 или 5,96 проценти од претставките.

Најмногу констатирани повреди – 76, како што дополни, се во областа на правосудството, пред сè извршителите, 64 од областа на граѓанските состојби и другите внатрешни работи, 62 во областа правата на детето, 51 од областа финансии.

Што се однесува за општата состојба со почитувањето на човековите слободи и права Народниот правобранител во неколку области констатирал подобрување на состојбите, а во одредени области нотира стагнација или тенденција на влошување.

Како позитивни примери ги издвои решавањето на проблемот со запишување во матичната евиденција, со што за системот/државата голем број на невидливи лица станаа видливи, а со тоа добија можност за остварување на многу права - образование, вработување, лекување, социјална заштита и слично.

Тој го нагласи и тоа што во собраниска процедура влегоа законските измени за решавање на сместување на женските деца упатени на издржување воспитно поправна мерка на начин што наместо во КПД/КПУ „Идризово“, како досега, истата ќе треба да ја издржуваат во ВДП „Волковија“, а се отпочнаа активности за ревидирање на позитивната листа на лекови на товар на Фондот.

Стагнација и уназадување НП констатирал во работата на извршителите и која, според нив, и натаму им создавала проблеми на граѓаните.

- Иако во јули беа донесени измените на Законите за облигационите односи и за извршување. Имено, овие измени ни оддалеку не придонесоа за средување на состојбата во оваа сфера, туку напротив само дополнително внесоа забуна кај граѓаните, особено што извршителите и судовите едноставно одбиваа (и се уште одбиваат) да ги применат измените кои се однесуваат на застареноста на извршувањето, со едноставно оправдување дека не постои основ за запирање на извршувањата за кои изминал рокот од 10 години, сметано од моментот на поднесеното барање за извршување, рече Зибери.

НП забележа дека никакви позитивни поместувања не се забележани ниту за граѓаните кога водат постапки пред управните судови иако со новиот Закон за управни спорови (донесен пред околу пет години) беше најавено сосема спротивното.

Област каде што нема никаков напредок, според НП, се и условите во затворите кои, како што рече Зибери, и натаму се крајно нехумани, деградирачки и под секое човечко достоинство, а здравствената заштита на овие лица и покрај бројните укажувања на народниот правобранител, за жал останува непромената, особено кога станува збор за користење на услугите на терциерното здравство, односно лекувањето надвор од установата.

- Исто така, државата ниту во 2023 година не ја исполни обврската за обезбедување на образовен процес за штитениците од ВПД Волковија Тетово. Сметам дека и тука мора итно да се преземат мерки штитениците да добијат континуирано образование од причина што само така на овие деца државата ќе им овозможи да се вклопат во општеството (да си го дооформат образованието и потоа да си најдат работа) а не истите народниот правобранител после неколку години да ги наоѓа во некој од затворите низ државата, рече тој.

Во однос на детските права, Зибери посочи дека Република Македонија има сериозен проблем со присутната сегрегацијата на учениците Роми, за што е донесена пресуда и од Европскиот суд за човекови права против државата, но и минатата  учебна година оваа негативна појава е констатирана повторно, во истите основни училишта, во Битола и  во Прилеп.

- Како институција која се залага за примена на начелото на недискриминација, еднаквост на децата и почитување на најдобриот интерес на детето како значајни начела на Конвенцијата за правата на детето, сериозно не загрижува податокот дека родители од друга припадност бараат отпишување на своите деца  од училиште каде што има поголем број ученици Роми со цел нивно запишување во училишта каде што нема или пак, каде што бројот на ученици Роми е незначителен, рече тој.

Како што дополни, загрижува и тоа што државата и во извештајната година не го обезбеди уставно згарантираното правото на образование на мајчин јазик за учениците Албанци во две основни училишта во Скопје и едно средно училиште во Велес, поради одбивање на раководните структури на училиштата и локалните власти за нив да оформат паралелки.

Како загрижувачки ги наведе и податоците за присуството на меѓуврсничкото насилство/булингот во училиштата.

Тука го спомена и проблемот со децата на улица кои питачат, а кои заради тоа се надвор од образовниот систем и со тоа им се става под знак прашање нивниот развој и нивната иднина од причина што сите сме свесни дека без образование никој и не може да си обезбеди егзистенција.

- Оттука сметам дека државата мора да изнајде системско решение тие да се заштита и да се тргнат од улиците, да се работи на изнаоѓање на решение за вработување на нивните родители, а дневните центри во кои тие се згрижуваат да се зајакнат од секаков аспект-стручен, материјален, технички, нагласи Зибери.

Го нагласи и проблемот со тоа што немаше печатени учебници за сите наставни предмети.

Зибери информираше дека граѓаните во извештајната година со потешкотии ги остварувале и правата во областа на социјалната заштита, посебно во делот на обезбедување на правото на помош и нега од друго лица поради ненавременото доставување на наодите и мислењата од лекарските комисии, како и недоволно ефикасната комуникација помеѓу Министерството за труд и социјална политика, Центрите за социјална работа и управното судство.

Зборуваше и за енормното зголемување на бројот на претставките во областа граѓански состојби - проблемите со вадењето на  документите за лична идентификација при што нагласи дека идната влада треба сериозно да размисли за надминување на овој проблем со плаќањето на средствата за промена на личните карти.

Значителен број на претставки НП забележува и во областа работни односи каде граѓаните најмногу реагирале на постапките за исплата на плати и други надоместоци, потоа на постапката за вработување, постапките за права од работен однос во јавната администарација, неосновано поведување на дисциплинска постапка, постапката за избор и разрешување на јавни функции и должности како и постапките за права од работен однос кај приватен субјект, за кои Народниот правобранител нема директна надлежност.

- Исто така, продолжи  и трендот на зголемување на бројот на поднесените претставки во областа финансии, при што нема промени во основот на кој се жалат граѓаните. Имено, Управата за јавни приходи, Градот Скопје и општините во постапките за присилна наплата им ги блокираат трансакциските сметки на граѓаните во банките и ги оставаат без средства за егзистенција, рече Зибери.

Во извештајната година граѓаните се жалеле и во областите урбанизам и градба, посебно на непостапувањето на инспекциите, потрошувачките права, високи фактури за потрошена електрична енергија, за проблемите кои ги имаат во сферата на пенизиското и инвалидското осигурување, здравствената заштита и слично.

Зибери ја искористи можноста да ги запознае пратениците со проблемот со кој се соочува институцијата Народен правобранител, односно  предложените  измени и дополнувања на Законот за народниот правобраните-поднесени од група пратеници со кои ќе се овозможи Народниот правобранител да се стекне со статус А  - Национална институција за заштита на човековите слободи и права, што  произлегува и од повеќе меѓународни документи.

- Искрено се надевам дека новиот парламентарен состав ќе се одважи и ќе ги донесе овие измени кои на институцијата ќе и овозможат да стане Национална институција за заштита на правата на граѓаните, рече тој.

По обраќањето на Зибери, претседателот на Комисијата, Љупчо Пренџов, зема збор и го нагласи фактот што во салата нема присутни пратеници од Социјалдемократскиот сојуз.

Пренџов се согласи во однос на делот со детските права и правата на Ромите, како предизвик кој што рече дека мора да се надмине во иднина.

Тој се осврна на повеќето домени каде што НП утврдил стагнација или уназадување, како што е правосудството, а во врска со Воспитно-поправните установи потенцираше дека изминатите години имало пари за реновирање на затворите.

Дополни дека работите нема да продолжат како до сега, а следниот извештај, како што рече, ќе констатираат подобрување во одредени сфери.

Пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ оцени дека извештајот, како што рече, е „еклатантен доказ за кршење на елементарни човекови права од страна на неспособни институции“.

- Се надевам дека наредната година ќе зборуваме за начини на решавање, рече тој.

Повеќе пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, исто така, се јавија за збор и изразија загриженост за наводите во Извештајот, при што забележаа дека, според нив, тоа е последица на неодговорното работење на претходната власт. Тие се осврнаа на повеќе делови од Извештајот со најголем фокус на правосудството и казнено-поправните установи.

По работа од три часа, претседателот на Комисијата информира дека расправата ќе продолжи утре во 12 часот.

The post Зибери: Во 2023 најмногу претставки до Народниот правобранител има од областа на правосудството appeared first on Република.

]]>

Седницата на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците продолжува утре по денешната расправа за годишниот извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето, почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права за 2023 година. Претходно, Народниот правобранител, Насер Зибери, ги презентираше главните констатации содржани во Извештајот. Како што информираше Зибери, вкупен број на примени претставки до Народниот правобранител во 2023 година изнесува 2.802 од кои 54 се формирани по сопствена иницијатива. - Најголем број од овие претставки - 1.100 или 39,26 проценти се однесуваат на повреда на правата од страна на јавните служби и установи, 721 или 25,73 отсто се однесуваат на повреда на правата од страна на централната власт, 331 или 11.81 проценти на повреда на правата од страна на локалната власт, 258 или 9,21 отсто на повреда на правата од страна на судската власт, 190 или 6,78 проценти на повреда на правата од страна на правните лица, 139 или 4,96 отсто на повреда на правата од други субјекти и 63 претставки или 2,29 проценти се однесуваат за повреда на правата од повеќе органи или институции, образложи тој, дополнувајќи дека заедно со пренесените, канцеларијата постапувала по 3.328 предмети. Зибери информираше дека и оваа извештајна година, најголемиот број на примени/заведени претставки се однесуваа за заштита на правата од областа на правосудството 488 или 17,42 проценти, потоа следат претставките од потрошувачките права 283 или 10,10 отсто,  од работните односи 267 или 9,53 проценти, од областа на детските права 231 или 8,24 отсто, од казнено-поправните и воспитно-поправните установи 166 или 5,92 проценти, од имотно-правната област 164 или 5,85 отсто, од финансиите и финансиското работење 152 или 5,42 проценти, од областа на заштитата на правата при полициски овластувања 141 или 5,03 отсто од урбанизмот и градбата 126 или 4,50 проценти, од граѓанските состојби и други внатрешни работи 123 или 4,39 отсто, од социјалната заштита 106, односно 3,78 проценти, од пензиското и инвалидското осигурување 100 или 3,57 отсто, од обвинителството 63 или 2,25 проценти, од недискриминацијата и соодветната и правична застапеност и здравствената заштита по 50 или 1,78 отсто, од станбените односи 28 или 1,00 процент, од високото образование и науката 24 или 0,86 проценти, од животната средина 21 или 0,75 отсто, заштита на правата на лицата со попреченост 19 претставки,  НП како Механизам за граѓанска контрола 19 претставки или 0,68 проценти, од постапување на НП како пријател на судот 14 претставки или 0,50 отсто, како и други права 167 или 5,96 проценти од претставките. Најмногу констатирани повреди – 76, како што дополни, се во областа на правосудството, пред сè извршителите, 64 од областа на граѓанските состојби и другите внатрешни работи, 62 во областа правата на детето, 51 од областа финансии. Што се однесува за општата состојба со почитувањето на човековите слободи и права Народниот правобранител во неколку области констатирал подобрување на состојбите, а во одредени области нотира стагнација или тенденција на влошување. Како позитивни примери ги издвои решавањето на проблемот со запишување во матичната евиденција, со што за системот/државата голем број на невидливи лица станаа видливи, а со тоа добија можност за остварување на многу права - образование, вработување, лекување, социјална заштита и слично. Тој го нагласи и тоа што во собраниска процедура влегоа законските измени за решавање на сместување на женските деца упатени на издржување воспитно поправна мерка на начин што наместо во КПД/КПУ „Идризово“, како досега, истата ќе треба да ја издржуваат во ВДП „Волковија“, а се отпочнаа активности за ревидирање на позитивната листа на лекови на товар на Фондот. Стагнација и уназадување НП констатирал во работата на извршителите и која, според нив, и натаму им создавала проблеми на граѓаните. - Иако во јули беа донесени измените на Законите за облигационите односи и за извршување. Имено, овие измени ни оддалеку не придонесоа за средување на состојбата во оваа сфера, туку напротив само дополнително внесоа забуна кај граѓаните, особено што извршителите и судовите едноставно одбиваа (и се уште одбиваат) да ги применат измените кои се однесуваат на застареноста на извршувањето, со едноставно оправдување дека не постои основ за запирање на извршувањата за кои изминал рокот од 10 години, сметано од моментот на поднесеното барање за извршување, рече Зибери. НП забележа дека никакви позитивни поместувања не се забележани ниту за граѓаните кога водат постапки пред управните судови иако со новиот Закон за управни спорови (донесен пред околу пет години) беше најавено сосема спротивното. Област каде што нема никаков напредок, според НП, се и условите во затворите кои, како што рече Зибери, и натаму се крајно нехумани, деградирачки и под секое човечко достоинство, а здравствената заштита на овие лица и покрај бројните укажувања на народниот правобранител, за жал останува непромената, особено кога станува збор за користење на услугите на терциерното здравство, односно лекувањето надвор од установата. - Исто така, државата ниту во 2023 година не ја исполни обврската за обезбедување на образовен процес за штитениците од ВПД Волковија Тетово. Сметам дека и тука мора итно да се преземат мерки штитениците да добијат континуирано образование од причина што само така на овие деца државата ќе им овозможи да се вклопат во општеството (да си го дооформат образованието и потоа да си најдат работа) а не истите народниот правобранител после неколку години да ги наоѓа во некој од затворите низ државата, рече тој. Во однос на детските права, Зибери посочи дека Република Македонија има сериозен проблем со присутната сегрегацијата на учениците Роми, за што е донесена пресуда и од Европскиот суд за човекови права против државата, но и минатата  учебна година оваа негативна појава е констатирана повторно, во истите основни училишта, во Битола и  во Прилеп. - Како институција која се залага за примена на начелото на недискриминација, еднаквост на децата и почитување на најдобриот интерес на детето како значајни начела на Конвенцијата за правата на детето, сериозно не загрижува податокот дека родители од друга припадност бараат отпишување на своите деца  од училиште каде што има поголем број ученици Роми со цел нивно запишување во училишта каде што нема или пак, каде што бројот на ученици Роми е незначителен, рече тој. Како што дополни, загрижува и тоа што државата и во извештајната година не го обезбеди уставно згарантираното правото на образование на мајчин јазик за учениците Албанци во две основни училишта во Скопје и едно средно училиште во Велес, поради одбивање на раководните структури на училиштата и локалните власти за нив да оформат паралелки. Како загрижувачки ги наведе и податоците за присуството на меѓуврсничкото насилство/булингот во училиштата. Тука го спомена и проблемот со децата на улица кои питачат, а кои заради тоа се надвор од образовниот систем и со тоа им се става под знак прашање нивниот развој и нивната иднина од причина што сите сме свесни дека без образование никој и не може да си обезбеди егзистенција. - Оттука сметам дека државата мора да изнајде системско решение тие да се заштита и да се тргнат од улиците, да се работи на изнаоѓање на решение за вработување на нивните родители, а дневните центри во кои тие се згрижуваат да се зајакнат од секаков аспект-стручен, материјален, технички, нагласи Зибери. Го нагласи и проблемот со тоа што немаше печатени учебници за сите наставни предмети. Зибери информираше дека граѓаните во извештајната година со потешкотии ги остварувале и правата во областа на социјалната заштита, посебно во делот на обезбедување на правото на помош и нега од друго лица поради ненавременото доставување на наодите и мислењата од лекарските комисии, како и недоволно ефикасната комуникација помеѓу Министерството за труд и социјална политика, Центрите за социјална работа и управното судство. Зборуваше и за енормното зголемување на бројот на претставките во областа граѓански состојби - проблемите со вадењето на  документите за лична идентификација при што нагласи дека идната влада треба сериозно да размисли за надминување на овој проблем со плаќањето на средствата за промена на личните карти. Значителен број на претставки НП забележува и во областа работни односи каде граѓаните најмногу реагирале на постапките за исплата на плати и други надоместоци, потоа на постапката за вработување, постапките за права од работен однос во јавната администарација, неосновано поведување на дисциплинска постапка, постапката за избор и разрешување на јавни функции и должности како и постапките за права од работен однос кај приватен субјект, за кои Народниот правобранител нема директна надлежност. - Исто така, продолжи  и трендот на зголемување на бројот на поднесените претставки во областа финансии, при што нема промени во основот на кој се жалат граѓаните. Имено, Управата за јавни приходи, Градот Скопје и општините во постапките за присилна наплата им ги блокираат трансакциските сметки на граѓаните во банките и ги оставаат без средства за егзистенција, рече Зибери. Во извештајната година граѓаните се жалеле и во областите урбанизам и градба, посебно на непостапувањето на инспекциите, потрошувачките права, високи фактури за потрошена електрична енергија, за проблемите кои ги имаат во сферата на пенизиското и инвалидското осигурување, здравствената заштита и слично. Зибери ја искористи можноста да ги запознае пратениците со проблемот со кој се соочува институцијата Народен правобранител, односно  предложените  измени и дополнувања на Законот за народниот правобраните-поднесени од група пратеници со кои ќе се овозможи Народниот правобранител да се стекне со статус А  - Национална институција за заштита на човековите слободи и права, што  произлегува и од повеќе меѓународни документи. - Искрено се надевам дека новиот парламентарен состав ќе се одважи и ќе ги донесе овие измени кои на институцијата ќе и овозможат да стане Национална институција за заштита на правата на граѓаните, рече тој. По обраќањето на Зибери, претседателот на Комисијата, Љупчо Пренџов, зема збор и го нагласи фактот што во салата нема присутни пратеници од Социјалдемократскиот сојуз. Пренџов се согласи во однос на делот со детските права и правата на Ромите, како предизвик кој што рече дека мора да се надмине во иднина. Тој се осврна на повеќето домени каде што НП утврдил стагнација или уназадување, како што е правосудството, а во врска со Воспитно-поправните установи потенцираше дека изминатите години имало пари за реновирање на затворите. Дополни дека работите нема да продолжат како до сега, а следниот извештај, како што рече, ќе констатираат подобрување во одредени сфери. Пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ оцени дека извештајот, како што рече, е „еклатантен доказ за кршење на елементарни човекови права од страна на неспособни институции“. - Се надевам дека наредната година ќе зборуваме за начини на решавање, рече тој. Повеќе пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, исто така, се јавија за збор и изразија загриженост за наводите во Извештајот, при што забележаа дека, според нив, тоа е последица на неодговорното работење на претходната власт. Тие се осврнаа на повеќе делови од Извештајот со најголем фокус на правосудството и казнено-поправните установи. По работа од три часа, претседателот на Комисијата информира дека расправата ќе продолжи утре во 12 часот.

The post Зибери: Во 2023 најмногу претставки до Народниот правобранител има од областа на правосудството appeared first on Република.

]]>
Повреда на избирачко право пријавете на бесплатната телефонска линија 0800 54321 https://republika.mk/vesti/makedonija/povreda-na-izbirachko-pravo-prijavete-na-besplatnata-telefonska-linija-0800-54321/ Tue, 07 May 2024 12:22:54 +0000 https://republika.mk/?p=774997

Во канцеларијата на Народниот правобранител, утре од 7 до 19 часот, на денот на одржување на вториот круг за избор на претседател и на парламентарните избори, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.

Како што информираат денеска од канцеларијата на Народниот правобранител, освен на бесплатната телефонска линијата, граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата „Македонија“ бр.19 во зградата на ТД „Макошпед“ (спроти Спомен куќата на Мајка Тереза).

Исто така,  утре на денот на изборите дежурства ќе има и во подрачните канцеларии во Струмица на тел.бр.(034)329-996,  Кичево на тел. бр (045).228-586, Тетово на тел. бр.(044) 344-082, Битола на тел. бр.(047) 242-310, Штип на тел. бр. (032) 389-701 и во Куманово на тел. бр .(031) 431-488, се вели во денешното соопштение од Народниот правобранител.

Народниот правобранител, нагласуваат оттаму, со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на граѓаните остварување на нивното загарантирано избирачко право.

The post Повреда на избирачко право пријавете на бесплатната телефонска линија 0800 54321 appeared first on Република.

]]>

Во канцеларијата на Народниот правобранител, утре од 7 до 19 часот, на денот на одржување на вториот круг за избор на претседател и на парламентарните избори, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321. Како што информираат денеска од канцеларијата на Народниот правобранител, освен на бесплатната телефонска линијата, граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата „Македонија“ бр.19 во зградата на ТД „Макошпед“ (спроти Спомен куќата на Мајка Тереза).
Исто така,  утре на денот на изборите дежурства ќе има и во подрачните канцеларии во Струмица на тел.бр.(034)329-996,  Кичево на тел. бр (045).228-586, Тетово на тел. бр.(044) 344-082, Битола на тел. бр.(047) 242-310, Штип на тел. бр. (032) 389-701 и во Куманово на тел. бр .(031) 431-488, се вели во денешното соопштение од Народниот правобранител.
Народниот правобранител, нагласуваат оттаму, со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на граѓаните остварување на нивното загарантирано избирачко право.

The post Повреда на избирачко право пријавете на бесплатната телефонска линија 0800 54321 appeared first on Република.

]]>
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право https://republika.mk/vesti/makedonija/narodniot-pravobranitel-so-besplatna-telefonska-linija-za-prijavuvane-povreda-na-izbirachko-pravo/ Wed, 24 Apr 2024 07:17:31 +0000 https://republika.mk/?p=769860

Во канцеларијата на Народниот правобранител, денеска од 7 до 19 часот, на денот на одржување на првиот круг за избор на Претседател на државата, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.

Како што соопшти Народниот правобранител, освен на бесплатната телефонска линија, граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата „Македонија“ бр.19 во зградата на ТД „Макошпед“ (спроти Спомен куќата на Мајка Тереза).

Повреди на избирачкото право може да се пријават и во подрачните канцеларии во Струмица на тел.бр.(034)329-996, Кичево на тел. бр (045).228-586, Тетово на тел. бр.(044) 344-082, Битола на тел. бр.(047) 242-310, Штип на тел. бр. (032) 389-701 и во Куманово на тел. бр .(031) 431-488.

Народниот правобранител најавува дека со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои, потенцира, се должни да им обезбедат заштита на граѓаните остварување на нивното загарантирано избирачко право.

The post Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право appeared first on Република.

]]>

Во канцеларијата на Народниот правобранител, денеска од 7 до 19 часот, на денот на одржување на првиот круг за избор на Претседател на државата, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321. Како што соопшти Народниот правобранител, освен на бесплатната телефонска линија, граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата „Македонија“ бр.19 во зградата на ТД „Макошпед“ (спроти Спомен куќата на Мајка Тереза). Повреди на избирачкото право може да се пријават и во подрачните канцеларии во Струмица на тел.бр.(034)329-996, Кичево на тел. бр (045).228-586, Тетово на тел. бр.(044) 344-082, Битола на тел. бр.(047) 242-310, Штип на тел. бр. (032) 389-701 и во Куманово на тел. бр .(031) 431-488. Народниот правобранител најавува дека со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои, потенцира, се должни да им обезбедат заштита на граѓаните остварување на нивното загарантирано избирачко право.

The post Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право appeared first on Република.

]]>
На овие телефонски броеви можете да пријавите повреда на избирачкото право https://republika.mk/vesti/makedonija/na-ovie-telefonski-broevi-mozhete-da-prijavite-povreda-na-izbirachkoto-pravo/ Tue, 23 Apr 2024 11:30:58 +0000 https://republika.mk/?p=769712

Во канцеларијата на Народниот правобранител, утре среда – 24 април, 2024 г., од 7 до 19 часот, на денот на одржување на првиот круг за избор на Претседател на Република Македонија, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.

Освен на бесплатната телефонска линијата, граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата „Македонија“ бр.19 во зградата на ТД „Макошпед“ (спроти Спомен куќата на Мајка Тереза).

Исто така, утре на денот на изборите дежурства ќе има и во Подрачните канцеларии:Струмица на тел.бр.(034)329-996, Кичево на тел. бр (045).228-586, Тетово на тел. бр.(044) 344-082, Битола на тел. бр.(047) 242-310, Штип на тел. бр. (032) 389-701 и во Куманово на тел. бр .(031) 431-488.

Народниот правобранител, со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на граѓаните остварување на нивното загарантирано избирачко право.

The post На овие телефонски броеви можете да пријавите повреда на избирачкото право appeared first on Република.

]]>

Во канцеларијата на Народниот правобранител, утре среда – 24 април, 2024 г., од 7 до 19 часот, на денот на одржување на првиот круг за избор на Претседател на Република Македонија, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321. Освен на бесплатната телефонска линијата, граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата „Македонија“ бр.19 во зградата на ТД „Макошпед“ (спроти Спомен куќата на Мајка Тереза). Исто така, утре на денот на изборите дежурства ќе има и во Подрачните канцеларии:Струмица на тел.бр.(034)329-996, Кичево на тел. бр (045).228-586, Тетово на тел. бр.(044) 344-082, Битола на тел. бр.(047) 242-310, Штип на тел. бр. (032) 389-701 и во Куманово на тел. бр .(031) 431-488. Народниот правобранител, со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на граѓаните остварување на нивното загарантирано избирачко право.

The post На овие телефонски броеви можете да пријавите повреда на избирачкото право appeared first on Република.

]]>
Народен правобранител: Бројот на претставки на граѓаните за работата на јавните обвинителства се намалува https://republika.mk/vesti/makedonija/naroden-pravobranitel-brojot-na-pretstavki-na-graganite-za-rabotata-na-javnite-obvinitelstva-se-namaluva/ Sat, 06 Apr 2024 08:16:52 +0000 https://republika.mk/?p=762964

Во најголем број од претставките граѓаните бараа интервенција во врска со постапки пред основните јавни обвинителства (51), потоа пред Основното јавно обвинителството за организиран криминал и корупција (4), постапка пред Јавното обвинителство на РСМ (3), пред вишите јавни обвинителства (2), друго (2) и една претставка се однесуваше за постапка пред Совет на јавни обвинители. Ваквиот сооднос е очекуван со оглед на обемот на предметна работа и фактот што токму јавните обвинителства со основна надлежност го прават првиот директен контакт на граѓаните со институцијата.

Доколку се има предвид вкупниот обем на работа на јавните обвинителства кои активно постапуваат по поднесени кривични пријави за над 40.000 сторители на кривични дела во текот на годината, поднесените 63 претставки до Народниот правобранител претставуваат околу 0,1% од таа бројка. Притоа, граѓаните во посочените предмети изразувале незадоволство поради непостапување по поднесена пријава на кривично дело, одолжување на постапката или поради незадоволство од донесена одлука. Од тие причини Народниот правобранител, меѓу останатите препораки во извештајот, во делот на Јавното обвинителство препорачува основните јавни обвинителства да ги доставуваат јавнообвинителските одлуки до странките и да им се овозможи правото да ги обжалат до повисоките јавни обвинителства, да постапуваат поажурно и навремено да преземаат дејствија, да го почитуваат рокот од 3 месеци доколку не донесат јавнообвинителска одлука да го известуваат повисокиот јавен обвинител и пријавителот, за да нема сомневање и страв дека гонењето ќе застари.

Сите овие забелешки Јавното обвинителство ги зема предвид, детално ги анализира и ќе продолжи да презема активности за дополнително зголемување на ефикасноста, на транспарентноста и на отчетноста за постапките што ги води. Ваквите заложби на Јавното обвинителство се веќе воспоставен начин на работа при што уште во извештајот за 2022 година омбудсманот констатираше дека за разлика од претходните години, сега јавните обвинителства, особено издвојувајќи ги Основното јавно обвинителство Скопје и Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапуваат по барањата на Народниот правобранител, даваат суштински и целосни одговори за бараните информации од постапките.

The post Народен правобранител: Бројот на претставки на граѓаните за работата на јавните обвинителства се намалува appeared first on Република.

]]>

Во најголем број од претставките граѓаните бараа интервенција во врска со постапки пред основните јавни обвинителства (51), потоа пред Основното јавно обвинителството за организиран криминал и корупција (4), постапка пред Јавното обвинителство на РСМ (3), пред вишите јавни обвинителства (2), друго (2) и една претставка се однесуваше за постапка пред Совет на јавни обвинители. Ваквиот сооднос е очекуван со оглед на обемот на предметна работа и фактот што токму јавните обвинителства со основна надлежност го прават првиот директен контакт на граѓаните со институцијата. Доколку се има предвид вкупниот обем на работа на јавните обвинителства кои активно постапуваат по поднесени кривични пријави за над 40.000 сторители на кривични дела во текот на годината, поднесените 63 претставки до Народниот правобранител претставуваат околу 0,1% од таа бројка. Притоа, граѓаните во посочените предмети изразувале незадоволство поради непостапување по поднесена пријава на кривично дело, одолжување на постапката или поради незадоволство од донесена одлука. Од тие причини Народниот правобранител, меѓу останатите препораки во извештајот, во делот на Јавното обвинителство препорачува основните јавни обвинителства да ги доставуваат јавнообвинителските одлуки до странките и да им се овозможи правото да ги обжалат до повисоките јавни обвинителства, да постапуваат поажурно и навремено да преземаат дејствија, да го почитуваат рокот од 3 месеци доколку не донесат јавнообвинителска одлука да го известуваат повисокиот јавен обвинител и пријавителот, за да нема сомневање и страв дека гонењето ќе застари. Сите овие забелешки Јавното обвинителство ги зема предвид, детално ги анализира и ќе продолжи да презема активности за дополнително зголемување на ефикасноста, на транспарентноста и на отчетноста за постапките што ги води. Ваквите заложби на Јавното обвинителство се веќе воспоставен начин на работа при што уште во извештајот за 2022 година омбудсманот констатираше дека за разлика од претходните години, сега јавните обвинителства, особено издвојувајќи ги Основното јавно обвинителство Скопје и Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапуваат по барањата на Народниот правобранител, даваат суштински и целосни одговори за бараните информации од постапките.

The post Народен правобранител: Бројот на претставки на граѓаните за работата на јавните обвинителства се намалува appeared first on Република.

]]>
Народен правобранител: Пријавете повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321 https://republika.mk/vesti/makedonija/naroden-pravobranitel-prijavete-povreda-na-izbirachkoto-pravo-na-besplatnata-telefonska-linija-0800-54321/ Thu, 04 Apr 2024 11:15:41 +0000 https://republika.mk/?p=762088

Во канцеларијата на Народниот правобранител, од денеска на денот на започнувањето на кампањата за избор на Претседател на Република Македонија, па се до 8 мај 2024 година кога ќе се одржи вториот круг од Претседателските избори 2024 година и Парламентарните избори 2024 година, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.

Сите непрaвилности, како што е наведено во соопштението од канцеларијата на Народниот правобранител, граѓаните ќе можат да ги пријават во текот на предизборниот период како и на денот/деновите на гласањето, 24.4.2024 г. и 08.05.2024 г.

Телефонската линија ќе функционира секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот и по пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш, по примениот повик, или на снимената телефонска порака.

Народниот правобранител, со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи вклучени во изборниот процес и од другите институции кои се должни да им обезбедат заштита и остварување на загарантираните права на граѓаните, се наведува во соопштението.

The post Народен правобранител: Пријавете повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321 appeared first on Република.

]]>

Во канцеларијата на Народниот правобранител, од денеска на денот на започнувањето на кампањата за избор на Претседател на Република Македонија, па се до 8 мај 2024 година кога ќе се одржи вториот круг од Претседателските избори 2024 година и Парламентарните избори 2024 година, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321. Сите непрaвилности, како што е наведено во соопштението од канцеларијата на Народниот правобранител, граѓаните ќе можат да ги пријават во текот на предизборниот период како и на денот/деновите на гласањето, 24.4.2024 г. и 08.05.2024 г. Телефонската линија ќе функционира секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот и по пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш, по примениот повик, или на снимената телефонска порака. Народниот правобранител, со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи вклучени во изборниот процес и од другите институции кои се должни да им обезбедат заштита и остварување на загарантираните права на граѓаните, се наведува во соопштението.

The post Народен правобранител: Пријавете повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321 appeared first on Република.

]]>
Зибери: Собранието не избра заменици, а Владата не обезбеди соодветни просторни услови за Народниот правобранител https://republika.mk/vesti/ziberi-sobranieto-ne-izbra-zamenitsi-a-vladata-ne-obezbedi-soodvetni-prostorni-uslovi-za-narodniot-pravobranitel/ Wed, 27 Dec 2023 12:06:42 +0000 https://republika.mk/?p=727097

Сакам да го изразам моето незадоволство од несоработката на клучните органи во државата со Народниот правобранител, а што се однесуваат на обезбедувањето соодветни услови за работа и поефикасно функционирање на институцијата, истакна на денешната прес-конференција Народниот поравобранител Насер Зибери, на која ги презентираше состојбите со човековите слободи и права во 2023 година.

- Ниту во 2023 година Собранието не успеа да ги избере петте заменици на Народниот правобранител во Скопје и за подрачјето на канцелариите во Тетово, Куманово, Штип и Струмица, што директно влијае врз работата на истите, ја намалува видливоста на институцијата и ја влошува заштитата на правата на граѓаните во тие подрачја. Со двегодишно одложување успеа да определи две од трите потребни невладини организации во тимот за граѓанска контрола при институцијата Народен правобранител, за третата постапката е во  тек, но во исто време Министертвото за финансии не обезбеди средства истиот тим да функционира. Собранието со сериозно задоцнување го стави на дневен ред предлогот за измени и дополување на Законот за народен правобранител и со оглед на времето што овој состав го има на располагање, скептик сум дека измените ќе бидат донесени, истакна Зибери.

Во обраќањето тој нагласи дека неусвојувањето на овие измени и понатаму ќе биде пречка оваа институција, како национално тело за заштита на човековите права, да се акредитира со статус А во ОН според Париските принципи и Венецијанските начела, според кои кадровската, просторната и финансиската независност мора да се гарантираат со закон.

-Ние сме меѓу ретките во регионот која нема статус А и како таква не ги исполнуваме ниту критериумите од преговарачката рамка со ЕУ кога се во прашање поглавјата 23 и 24 во делот на фундаменталните права, за што имаме констатции, како во годишниот извештај на Европската Kомисија, така и во извештајот на оценската мисија на ЕУ. Министерството за финансиси со недавањето или давањето со неколкумесечно задоцнување на согласности, дури и за испразнетите работни места, директно влијаеше институцијата да не се доекипира и тоа за работни места за кои нема ниту еден извршител, као што е  советник за меѓународна соработка, преведдувачи од англиски и албански јазик итн. Министерството две години по ред не одобрува соодветен износ за функционирање на посебните тимови на Народниот правобранител како што е националниот превентивен механизам, механзимот за граѓанска контрола, тимот за борба против нелегалната миграција и трговија со луѓе. Владата и понатаму не обезбеудва соодветни просторни услови за сместување на институцијата со што сериозно ги нарушува принципите на самостојност и финансиска независност, додаде Зибери.

На прес-конференцијата беа изнесени забелешки за примената на начинот на спроведување на Законот за облигацините односи, Законот за извршување и Законот за финансиско работење.

-Голем број претставки пристигаат за начинот на постапување на институциите од овие области за примената на законските измени, како и за начинот на пресметување на каматата, така и за застарување на предметите. Ако се анализираат одговорите на соодветните судови по постапување по претставките од граѓаните ќе се види дека од ниту еден суд две исти одлуки не можете да најдете. Финансиските друштва продолжија да одобруваат кредити преку онлајн апликации, не ја зголемија транспарентноста на критериумите и условите под кои истите се одобруваат и сето тоа доведе до сериозми злоупотреби и повреда на правата на граѓаните, истакна Зибери.

Народниот правобранител се осврна и на неодамнешната интервенција на МВР во полуотвореното одделение на казнено-поправниот дом Идризово, поточно во полуотвореното одделение, каде по увидот е констатирано дека имало примена на прекумерна сила врз затворениците, кои се стекнале со видливи повреди. Поради тоа, до ОЈО - Скопје ќе биде поднесено барање за утврдување кривична одговорност за дела сторени од лица со полициски овластување и на затворската полиција за кривично дело тортура, по член 142 од КЗ.

На крајот од прес-конференцијата, народниот правобранител ги изнесе забелешките за нарушувањето на детските права во областа на образованието, нагласувајќи дека претходната и актуелната учебна година се доцнело со навременото издавање на свидетелствата, немало учебници и не биле навремено дистрибуирани.

Во врска со неотпочнувањето со настава за децата од неколку основни, односно средни училита во општините Гази Баба, Велес и Чашка, Зибери информнираше дека биле побарани известувања од инспекторатот, Министерството за образование и од Општина Велес. По неколку обраќања Народниот правобранител добил известување од Државниот просветен инспекторат за пропусти во постапувањето на училиштата.

The post Зибери: Собранието не избра заменици, а Владата не обезбеди соодветни просторни услови за Народниот правобранител appeared first on Република.

]]>

Сакам да го изразам моето незадоволство од несоработката на клучните органи во државата со Народниот правобранител, а што се однесуваат на обезбедувањето соодветни услови за работа и поефикасно функционирање на институцијата, истакна на денешната прес-конференција Народниот поравобранител Насер Зибери, на која ги презентираше состојбите со човековите слободи и права во 2023 година.
- Ниту во 2023 година Собранието не успеа да ги избере петте заменици на Народниот правобранител во Скопје и за подрачјето на канцелариите во Тетово, Куманово, Штип и Струмица, што директно влијае врз работата на истите, ја намалува видливоста на институцијата и ја влошува заштитата на правата на граѓаните во тие подрачја. Со двегодишно одложување успеа да определи две од трите потребни невладини организации во тимот за граѓанска контрола при институцијата Народен правобранител, за третата постапката е во  тек, но во исто време Министертвото за финансии не обезбеди средства истиот тим да функционира. Собранието со сериозно задоцнување го стави на дневен ред предлогот за измени и дополување на Законот за народен правобранител и со оглед на времето што овој состав го има на располагање, скептик сум дека измените ќе бидат донесени, истакна Зибери.
Во обраќањето тој нагласи дека неусвојувањето на овие измени и понатаму ќе биде пречка оваа институција, како национално тело за заштита на човековите права, да се акредитира со статус А во ОН според Париските принципи и Венецијанските начела, според кои кадровската, просторната и финансиската независност мора да се гарантираат со закон.
-Ние сме меѓу ретките во регионот која нема статус А и како таква не ги исполнуваме ниту критериумите од преговарачката рамка со ЕУ кога се во прашање поглавјата 23 и 24 во делот на фундаменталните права, за што имаме констатции, како во годишниот извештај на Европската Kомисија, така и во извештајот на оценската мисија на ЕУ. Министерството за финансиси со недавањето или давањето со неколкумесечно задоцнување на согласности, дури и за испразнетите работни места, директно влијаеше институцијата да не се доекипира и тоа за работни места за кои нема ниту еден извршител, као што е  советник за меѓународна соработка, преведдувачи од англиски и албански јазик итн. Министерството две години по ред не одобрува соодветен износ за функционирање на посебните тимови на Народниот правобранител како што е националниот превентивен механизам, механзимот за граѓанска контрола, тимот за борба против нелегалната миграција и трговија со луѓе. Владата и понатаму не обезбеудва соодветни просторни услови за сместување на институцијата со што сериозно ги нарушува принципите на самостојност и финансиска независност, додаде Зибери.
На прес-конференцијата беа изнесени забелешки за примената на начинот на спроведување на Законот за облигацините односи, Законот за извршување и Законот за финансиско работење.
-Голем број претставки пристигаат за начинот на постапување на институциите од овие области за примената на законските измени, како и за начинот на пресметување на каматата, така и за застарување на предметите. Ако се анализираат одговорите на соодветните судови по постапување по претставките од граѓаните ќе се види дека од ниту еден суд две исти одлуки не можете да најдете. Финансиските друштва продолжија да одобруваат кредити преку онлајн апликации, не ја зголемија транспарентноста на критериумите и условите под кои истите се одобруваат и сето тоа доведе до сериозми злоупотреби и повреда на правата на граѓаните, истакна Зибери.
Народниот правобранител се осврна и на неодамнешната интервенција на МВР во полуотвореното одделение на казнено-поправниот дом Идризово, поточно во полуотвореното одделение, каде по увидот е констатирано дека имало примена на прекумерна сила врз затворениците, кои се стекнале со видливи повреди. Поради тоа, до ОЈО - Скопје ќе биде поднесено барање за утврдување кривична одговорност за дела сторени од лица со полициски овластување и на затворската полиција за кривично дело тортура, по член 142 од КЗ. На крајот од прес-конференцијата, народниот правобранител ги изнесе забелешките за нарушувањето на детските права во областа на образованието, нагласувајќи дека претходната и актуелната учебна година се доцнело со навременото издавање на свидетелствата, немало учебници и не биле навремено дистрибуирани. Во врска со неотпочнувањето со настава за децата од неколку основни, односно средни училита во општините Гази Баба, Велес и Чашка, Зибери информнираше дека биле побарани известувања од инспекторатот, Министерството за образование и од Општина Велес. По неколку обраќања Народниот правобранител добил известување од Државниот просветен инспекторат за пропусти во постапувањето на училиштата.

The post Зибери: Собранието не избра заменици, а Владата не обезбеди соодветни просторни услови за Народниот правобранител appeared first on Република.

]]>
Владата да попушти барем за личните карти, бара Народниот правобранител https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-da-popushti-barem-za-lichnite-karti-bara-narodniot-pravobranitel/ Fri, 25 Aug 2023 08:01:41 +0000 https://republika.mk/?p=675628

Владата уште еднаш да ја разгледа можноста за евентуално покривање на трошоците во најмала рака за личните карти, обврска која се наметнува со самиот Закон за лични карти. За сите граѓани кои не по нивна вина остануваат без валидна лична карта, државата да го сноси финансискиот трошок, вели народниот правобранител Насер Зимбери во изјава за МИА.

Зимбери посочува дека до Народниот правобранител изминатиот период пристигнувале претставки по два основа, односно немање можност за закажување термин за промена на документи и финансиски товар.

Нашите надлежности се лимитирани во насока на надминување на проблемот. Ние скоро секојдневно го покренуваме прашањето и ја информираме јавноста дека стигнуваат претставки. Врз основа на тие претставки ние се обраќаме до надлежните институции, во случајот до Министерството за внатрешни работи. Овој проблем се отвори последните денови откако граѓаните не можеа да добијат термин за отпочнување на постапката за обновување на документи, изјави Зимбери.

Според него, направен е пропуст со тоа што надлежните институции не почнале со издавање на личните документи со новото име од денот кога е донесена одлуката.

Претпоставувам дека МВР имале намера да ги искористат старите обрасци, а тоа пак доведе до оваа ситуација во која сме доведени односно голем број граѓани да се изложат на дополнителен трошок и да не можат да добијат термин да ги обноват своите лични документи. Од тие причини, сметам дека Владата не направи добра проценка, ниту донесе некаков Оперативен план за спроведување на оваа активност што значи граѓаните се ставаат во крајно неповолна ситуација, појаснува Зимбери.

Тој посочи дека со ова граѓаните се доведуваат во ситуација да не можат да си остварат и други права како што се подигнување на плата, пензија, право на социјална помош, уплата на рата, право на глас и слично.

Граѓаните до февруари 2024 година, имаат законска обврска да ги сменат личните документи на кои наместо Република Македонија, треба да стои новото име со „Северна“ кое произлегува од Преспанскиот договор.

The post Владата да попушти барем за личните карти, бара Народниот правобранител appeared first on Република.

]]>

Владата уште еднаш да ја разгледа можноста за евентуално покривање на трошоците во најмала рака за личните карти, обврска која се наметнува со самиот Закон за лични карти. За сите граѓани кои не по нивна вина остануваат без валидна лична карта, државата да го сноси финансискиот трошок, вели народниот правобранител Насер Зимбери во изјава за МИА. Зимбери посочува дека до Народниот правобранител изминатиот период пристигнувале претставки по два основа, односно немање можност за закажување термин за промена на документи и финансиски товар. Нашите надлежности се лимитирани во насока на надминување на проблемот. Ние скоро секојдневно го покренуваме прашањето и ја информираме јавноста дека стигнуваат претставки. Врз основа на тие претставки ние се обраќаме до надлежните институции, во случајот до Министерството за внатрешни работи. Овој проблем се отвори последните денови откако граѓаните не можеа да добијат термин за отпочнување на постапката за обновување на документи, изјави Зимбери. Според него, направен е пропуст со тоа што надлежните институции не почнале со издавање на личните документи со новото име од денот кога е донесена одлуката.
Претпоставувам дека МВР имале намера да ги искористат старите обрасци, а тоа пак доведе до оваа ситуација во која сме доведени односно голем број граѓани да се изложат на дополнителен трошок и да не можат да добијат термин да ги обноват своите лични документи. Од тие причини, сметам дека Владата не направи добра проценка, ниту донесе некаков Оперативен план за спроведување на оваа активност што значи граѓаните се ставаат во крајно неповолна ситуација, појаснува Зимбери.
Тој посочи дека со ова граѓаните се доведуваат во ситуација да не можат да си остварат и други права како што се подигнување на плата, пензија, право на социјална помош, уплата на рата, право на глас и слично. Граѓаните до февруари 2024 година, имаат законска обврска да ги сменат личните документи на кои наместо Република Македонија, треба да стои новото име со „Северна“ кое произлегува од Преспанскиот договор.

The post Владата да попушти барем за личните карти, бара Народниот правобранител appeared first on Република.

]]>
Народниот правобранител: Покривање на трошоците за сите што, не по нивна вина, ќе останат без валидни лични карти https://republika.mk/vesti/makedonija/narodniot-pravobranitel-pokrivane-na-troshotsite-za-site-shto-ne-po-nivna-vina-ke-ostanat-bez-validni-lichni-karti/ Thu, 24 Aug 2023 15:03:38 +0000 https://republika.mk/?p=674957

Владата уште еднаш да ја разгледа можноста за евентуално покривање на трошоците во најмала рака за личните карти, обврска која се наметнува со самиот Закон за лични карти. За сите граѓани кои не по нивна вина остануваат без валидна лична карта, државата да го сноси финансискиот трошок, вели народниот правобранител Насер Зимбери, во изјава за МИА.

Зимбери посочува дека до Народниот правобранител изминатиот период пристигнувале претставки по два основа, односно немање можност за закажување термин за промена на документи и финансиски товар.

Нашите надлежности се лимитирани во насока на надминување на проблемот. Ние скоро секојдневно го покренуваме прашањето и ја информираме јавноста дека стигнуваат претставки. Врз основа на тие претставки ние се обраќаме до надлежните институции, во случајот до Министерството за внатрешни работи. Овој проблем се отвори последните денови откако граѓаните не можеа да добијат термин за отпочнување на постапката за обновување на документи, вели Зимбери.

Според него, направен е пропуст со тоа што надлежните институции не почнале со издавање на личните документи со новото име од денот кога е донесена одлуката.

Претпоставувам дека МВР имале намера да ги искористат старите обрасци, а тоа, пак, доведе до оваа ситуација во која сме доведени односно голем број граѓани да се изложат на дополнителен трошок и да не можат да добијат термин да ги обноват своите лични документи. Од тие причини, сметам дека Владата не направи добра проценка, ниту донесе некаков Оперативен план за спроведување на оваа активност што значи граѓаните се ставаат во крајно неповолна ситуација, појаснува Зимбери.

Тој посочува дека со ова граѓаните се доведуваат во ситуација да не можат да си остварат и други права како што се подигнување на плата, пензија, право на социјална помош, уплата на рата, право на глас и слично.

Граѓаните до февруари 2024 година, имаат законска обврска да ги сменат личните документи на кои наместо Република Македонија, треба да стои новото име Република Cеверна Македонија кое произлегува од Преспанскиот договор.

The post Народниот правобранител: Покривање на трошоците за сите што, не по нивна вина, ќе останат без валидни лични карти appeared first on Република.

]]>

Владата уште еднаш да ја разгледа можноста за евентуално покривање на трошоците во најмала рака за личните карти, обврска која се наметнува со самиот Закон за лични карти. За сите граѓани кои не по нивна вина остануваат без валидна лична карта, државата да го сноси финансискиот трошок, вели народниот правобранител Насер Зимбери, во изјава за МИА.
Зимбери посочува дека до Народниот правобранител изминатиот период пристигнувале претставки по два основа, односно немање можност за закажување термин за промена на документи и финансиски товар.
Нашите надлежности се лимитирани во насока на надминување на проблемот. Ние скоро секојдневно го покренуваме прашањето и ја информираме јавноста дека стигнуваат претставки. Врз основа на тие претставки ние се обраќаме до надлежните институции, во случајот до Министерството за внатрешни работи. Овој проблем се отвори последните денови откако граѓаните не можеа да добијат термин за отпочнување на постапката за обновување на документи, вели Зимбери.
Според него, направен е пропуст со тоа што надлежните институции не почнале со издавање на личните документи со новото име од денот кога е донесена одлуката.
Претпоставувам дека МВР имале намера да ги искористат старите обрасци, а тоа, пак, доведе до оваа ситуација во која сме доведени односно голем број граѓани да се изложат на дополнителен трошок и да не можат да добијат термин да ги обноват своите лични документи. Од тие причини, сметам дека Владата не направи добра проценка, ниту донесе некаков Оперативен план за спроведување на оваа активност што значи граѓаните се ставаат во крајно неповолна ситуација, појаснува Зимбери.
Тој посочува дека со ова граѓаните се доведуваат во ситуација да не можат да си остварат и други права како што се подигнување на плата, пензија, право на социјална помош, уплата на рата, право на глас и слично. Граѓаните до февруари 2024 година, имаат законска обврска да ги сменат личните документи на кои наместо Република Македонија, треба да стои новото име Република Cеверна Македонија кое произлегува од Преспанскиот договор.

The post Народниот правобранител: Покривање на трошоците за сите што, не по нивна вина, ќе останат без валидни лични карти appeared first on Република.

]]>
Народен правобранител: По ниту една основа граѓаните не се должни да плаќаат за новите документи https://republika.mk/vesti/makedonija/naroden-pravobranitel-po-nitu-edna-osnova-graganite-ne-se-dolzhni-da-plakaat-za-novite-dokumenti/ Wed, 23 Aug 2023 08:09:26 +0000 https://republika.mk/?p=674834

Граѓаните се колатерална штета на непромислените одлуки на власта, поради кои сега мораат повторно да плаќаат за нови лични документи, иако актуелните им се важечки.

Народниот правобранител Насер Зибери за Алфа ТВ вели дека граѓаните кои имаат важечка лична карта, не треба да плаќаат за нова само поради новото уставно име, туку тоа треба да се плати од државниот буџет.

Како обврска што ја наметнува државата, поседувањето на личната карта, а како резултат на одлука на државата, да се променат личните карти, во тој случај логично е, граѓаните да не бидат изложени на трошоци, зошто таа обврска се наметнува не по нивна вина, не поради истек на исправата, туку како резулатат на одлука на владата, на собранието, односно, државата. И од тие причини сметам дека граѓаните треба да бидат поштедени од еден ваков трошок, реагира Зибери.

Реакцијата на правобранителот следи откако министерот Спасовски вчера откри дека уште 800.000 граѓани немаат лични документи на кои стои новото име со додавката „Cеверна”, кои пак важат до февруари идната 24та, која инаку е и изборна година.

Зибери додава дека слична ситуација е и кога општина би променила име на улица, па адресата на личната карта може да е поразлична, но, во тој случај, документот не престанува да важи се дури не му истече пропишаниот рок, за разлика од оваа ситуација. Смета дека не смее да се дојде до момент, граѓаните да го изгубат избирачкото право и да не можат да гласаат на престојните избори.

Апсолутно сметам дека секој што ќе има лична исправа, значи лична карта или патна исправа, без оглед што нема да биде усогласена со новите измени на уставот, а има рок на важност, треба да го оствари своето право на глас, во спротивно ќе имаме серизони проблеми, може да се доведе во прашање легитимитетот на изборит, а од друга страна секако дека ќе се ускрати едно основно со Устав загарантирано право, вели правобранителот.

Тој додава оти ветувањата на Спасовски дека граѓаните нема да бидат казнети не е решение, бидејќи ќе се појават многу други проблеми, да не можеме да завршиме работа во банка, на нотар, суд и сите други јавни институции.

Инаку, на трошок на граѓаните поради додавката „Северна“ не се само личните карти. До февруари 2024 ќе треба да се променат и пасоши, возачки и сообраќајни дозволи, како и регистарски таблички на автомобилите, кои според пресметките, севкупно може да чини безмалку 4000 денари.

The post Народен правобранител: По ниту една основа граѓаните не се должни да плаќаат за новите документи appeared first on Република.

]]>

Граѓаните се колатерална штета на непромислените одлуки на власта, поради кои сега мораат повторно да плаќаат за нови лични документи, иако актуелните им се важечки. Народниот правобранител Насер Зибери за Алфа ТВ вели дека граѓаните кои имаат важечка лична карта, не треба да плаќаат за нова само поради новото уставно име, туку тоа треба да се плати од државниот буџет.
Како обврска што ја наметнува државата, поседувањето на личната карта, а како резултат на одлука на државата, да се променат личните карти, во тој случај логично е, граѓаните да не бидат изложени на трошоци, зошто таа обврска се наметнува не по нивна вина, не поради истек на исправата, туку како резулатат на одлука на владата, на собранието, односно, државата. И од тие причини сметам дека граѓаните треба да бидат поштедени од еден ваков трошок, реагира Зибери.
Реакцијата на правобранителот следи откако министерот Спасовски вчера откри дека уште 800.000 граѓани немаат лични документи на кои стои новото име со додавката „Cеверна”, кои пак важат до февруари идната 24та, која инаку е и изборна година. Зибери додава дека слична ситуација е и кога општина би променила име на улица, па адресата на личната карта може да е поразлична, но, во тој случај, документот не престанува да важи се дури не му истече пропишаниот рок, за разлика од оваа ситуација. Смета дека не смее да се дојде до момент, граѓаните да го изгубат избирачкото право и да не можат да гласаат на престојните избори.
Апсолутно сметам дека секој што ќе има лична исправа, значи лична карта или патна исправа, без оглед што нема да биде усогласена со новите измени на уставот, а има рок на важност, треба да го оствари своето право на глас, во спротивно ќе имаме серизони проблеми, може да се доведе во прашање легитимитетот на изборит, а од друга страна секако дека ќе се ускрати едно основно со Устав загарантирано право, вели правобранителот.
Тој додава оти ветувањата на Спасовски дека граѓаните нема да бидат казнети не е решение, бидејќи ќе се појават многу други проблеми, да не можеме да завршиме работа во банка, на нотар, суд и сите други јавни институции. Инаку, на трошок на граѓаните поради додавката „Северна“ не се само личните карти. До февруари 2024 ќе треба да се променат и пасоши, возачки и сообраќајни дозволи, како и регистарски таблички на автомобилите, кои според пресметките, севкупно може да чини безмалку 4000 денари.

The post Народен правобранител: По ниту една основа граѓаните не се должни да плаќаат за новите документи appeared first on Република.

]]>
Народен правобранител: Граѓаните кои имаат важечка лична карта не треба да плаќаат за нова, тоа треба да се плати од државниот буџет https://republika.mk/vesti/makedonija/naroden-pravobranitel-graganite-koi-imaat-vazhechka-lichna-karta-ne-treba-da-plakaat-za-nova-toa-treba-da-se-plati-od-drzhavniot-budhet/ Tue, 22 Aug 2023 17:49:36 +0000 https://republika.mk/?p=674769

Граѓаните се колатерална штета на непромислените одлуки на власта, поради кои сега мораат повторно да плаќаат за нови лични документи, иако актуелните им се важечки.

Народниот правобранител Насер Зибери, за Алфа ТВ вели дека граѓаните кои имаат важечка лична карта, не треба да плаќаат за нова само поради новото уставно име, туку тоа треба да се плати од државниот буџет.

Како обврска што ја наметнува државата, поседувањето на личната карта, а како резултат на одлука на државата, да се променат личните карти, во тој случај логично е, граѓаните да не бидат изложени на трошоци, зошто таа обврска се наметнува не по нивна вина, не поради истек на исправата, туку како резулатат на одлука на владата, на собранието, односно, државата. И од тие причини сметам дека граѓаните треба да бидат поштедени од еден ваков трошок“ – Реагира Зибери.

Целиот текст овде.

The post Народен правобранител: Граѓаните кои имаат важечка лична карта не треба да плаќаат за нова, тоа треба да се плати од државниот буџет appeared first on Република.

]]>

Граѓаните се колатерална штета на непромислените одлуки на власта, поради кои сега мораат повторно да плаќаат за нови лични документи, иако актуелните им се важечки. Народниот правобранител Насер Зибери, за Алфа ТВ вели дека граѓаните кои имаат важечка лична карта, не треба да плаќаат за нова само поради новото уставно име, туку тоа треба да се плати од државниот буџет.
Како обврска што ја наметнува државата, поседувањето на личната карта, а како резултат на одлука на државата, да се променат личните карти, во тој случај логично е, граѓаните да не бидат изложени на трошоци, зошто таа обврска се наметнува не по нивна вина, не поради истек на исправата, туку како резулатат на одлука на владата, на собранието, односно, државата. И од тие причини сметам дека граѓаните треба да бидат поштедени од еден ваков трошок“ – Реагира Зибери.
Целиот текст овде.

The post Народен правобранител: Граѓаните кои имаат важечка лична карта не треба да плаќаат за нова, тоа треба да се плати од државниот буџет appeared first on Република.

]]>
Во „Идризово“ по двајца затвореници спиеле во ист кревет: Што уште покажа Извештајот на Народниот правобранител? https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-idrizovo-po-dvajtsa-zatvorenitsi-spiele-vo-ist-krevet-shto-ushte-pokazha-izveshtajot-na-narodniot-pravobranitel/ Mon, 26 Jun 2023 12:29:31 +0000 https://republika.mk/?p=655323

Нечовечки и понижувачки третман кон осудените лица во казнено поправните установи ширум државата констатираше народниот правобранител во годишниот извештај на Националниот превентивен механизам. Во КПУ „Идризово“ затворениците спиеле по двајца во ист кревет, а во некои делови од затворот, немале ниту по еден метар квадратен од човек, иако европските затворски правила налагаат да има 4 квадратни метри по осуденик ако се во заедничко домување, а по 6 квадратни метри ако се во самица.

При посетата Народниот правобранител констатирал дека осудениците во Идризово спијат на душеци на подот, а другите на кревети наредени на четири спрата. Тој добил информации дека погодностите во затворите се добиваат со мито. Ништо подобро не било ни во психијатриските болници. Така, во „Демир Хисар“ при ненајавената посета на правобранителот, во посебна просторија најдени биле средства за врзување.

Кожни ремени за фиксација, метални синџири со катанче и цврст дебел кабел. Ни беше кажано дека не се користат. На прашањето зошто е кабелот, одговор од вработените немаше. Ја нагласувам забраната за заплашување, повредување малтретирање и тортура на пациентите, изјави Народниот правобранител Насер Зибери.

За психијатриската болница Бардовци тој рече дека имало пациенти кои бегале од болницата и по неколку месеци од лошите услови. Во психијатриските болници, вработените не можат да воспостават ред во примањето на терапијата за пациентите.

Беа добиени наводи дека болничкиот персонал има напади и закани. Конфликтите меѓу пацинетите на одделението се многу чести. Вербалните караници некогаш резултираат со физички напади. Ситуацијата е алармантна попладне и навечер кога има само еден медицински техничар и еден болничар на смена. Во судското одделение на психијатриската болница Скопје, има чести бегства во траење од неколку часа до неколку месеци, а главна причина за пациентите е тоа што имаат лоши услови, рече правобранителот Зибери нагласувајќи дека е потребна итна реновација на објектот и пациентите да бидат вклучувани во рехабилитациски и тераписки активности каок шиење, перење или други активности.

Народниот правобранител истакна дека во воспитно поправниот дом Тетово, уште не е спроведена неговата препорака малолетниците да добијат право да следат настава како што тоа го налага Уставот.
Зибери изрази незадоволство од властите кои во континуитет ги кратат буџетите за превентивниот механизам кои ја доведуваат во прашање неговата квалитетна работа.

The post Во „Идризово“ по двајца затвореници спиеле во ист кревет: Што уште покажа Извештајот на Народниот правобранител? appeared first on Република.

]]>

Нечовечки и понижувачки третман кон осудените лица во казнено поправните установи ширум државата констатираше народниот правобранител во годишниот извештај на Националниот превентивен механизам. Во КПУ „Идризово“ затворениците спиеле по двајца во ист кревет, а во некои делови од затворот, немале ниту по еден метар квадратен од човек, иако европските затворски правила налагаат да има 4 квадратни метри по осуденик ако се во заедничко домување, а по 6 квадратни метри ако се во самица. При посетата Народниот правобранител констатирал дека осудениците во Идризово спијат на душеци на подот, а другите на кревети наредени на четири спрата. Тој добил информации дека погодностите во затворите се добиваат со мито. Ништо подобро не било ни во психијатриските болници. Така, во „Демир Хисар“ при ненајавената посета на правобранителот, во посебна просторија најдени биле средства за врзување.
Кожни ремени за фиксација, метални синџири со катанче и цврст дебел кабел. Ни беше кажано дека не се користат. На прашањето зошто е кабелот, одговор од вработените немаше. Ја нагласувам забраната за заплашување, повредување малтретирање и тортура на пациентите, изјави Народниот правобранител Насер Зибери.
За психијатриската болница Бардовци тој рече дека имало пациенти кои бегале од болницата и по неколку месеци од лошите услови. Во психијатриските болници, вработените не можат да воспостават ред во примањето на терапијата за пациентите.
Беа добиени наводи дека болничкиот персонал има напади и закани. Конфликтите меѓу пацинетите на одделението се многу чести. Вербалните караници некогаш резултираат со физички напади. Ситуацијата е алармантна попладне и навечер кога има само еден медицински техничар и еден болничар на смена. Во судското одделение на психијатриската болница Скопје, има чести бегства во траење од неколку часа до неколку месеци, а главна причина за пациентите е тоа што имаат лоши услови, рече правобранителот Зибери нагласувајќи дека е потребна итна реновација на објектот и пациентите да бидат вклучувани во рехабилитациски и тераписки активности каок шиење, перење или други активности.
Народниот правобранител истакна дека во воспитно поправниот дом Тетово, уште не е спроведена неговата препорака малолетниците да добијат право да следат настава како што тоа го налага Уставот. Зибери изрази незадоволство од властите кои во континуитет ги кратат буџетите за превентивниот механизам кои ја доведуваат во прашање неговата квалитетна работа.  

The post Во „Идризово“ по двајца затвореници спиеле во ист кревет: Што уште покажа Извештајот на Народниот правобранител? appeared first on Република.

]]>
Зголемен број поплаки кај Народниот правобранител за злоупотреби со брзите кредити https://republika.mk/vesti/ekonomija/zgolemen-broj-poplaki-kaj-narodniot-pravobranitel-za-zloupotrebi-so-brzite-krediti/ Mon, 22 May 2023 09:17:45 +0000 https://republika.mk/?p=643520

Зголемен бројот на поплаки кај Народниот правобранител во Југозападниот регион за измами поврзани со брзи кредити. Состојбата е алармантна ,брзите кредити намамуваат голем број граѓани и ги фаќаат во мрежата на должници при што поединци цел живот да работат неможат да се раздолжат па се соочуваат со извршители.

Граѓани, кои се недоволно информирани и наивни се доведуваат во ситуација лесно да заглават во тешки задолжувања.Народниот правобранител апелира граѓаните добро да ги читаат договорите за брз кредит пред да ги потпишат.

Брз кредит може да се подигне само со лична карта или преку интернет.

Измамите најчесто се случувааат на социјалните мрежи, каде на граѓаните им биле злоупотребени личните податоци од лични карти, трансакциски сметки или здравствени легитимации.

The post Зголемен број поплаки кај Народниот правобранител за злоупотреби со брзите кредити appeared first on Република.

]]>

Зголемен бројот на поплаки кај Народниот правобранител во Југозападниот регион за измами поврзани со брзи кредити. Состојбата е алармантна ,брзите кредити намамуваат голем број граѓани и ги фаќаат во мрежата на должници при што поединци цел живот да работат неможат да се раздолжат па се соочуваат со извршители. Граѓани, кои се недоволно информирани и наивни се доведуваат во ситуација лесно да заглават во тешки задолжувања.Народниот правобранител апелира граѓаните добро да ги читаат договорите за брз кредит пред да ги потпишат. Брз кредит може да се подигне само со лична карта или преку интернет. Измамите најчесто се случувааат на социјалните мрежи, каде на граѓаните им биле злоупотребени личните податоци од лични карти, трансакциски сметки или здравствени легитимации.

The post Зголемен број поплаки кај Народниот правобранител за злоупотреби со брзите кредити appeared first on Република.

]]>
Омбудсманот со поддршка за новинарите: Точната информација нема алтернатива https://republika.mk/vesti/makedonija/ombudsmanot-so-poddrshka-za-novinarite-tochnata-informatsija-nema-alternativa/ Fri, 17 Feb 2023 12:12:18 +0000 https://republika.mk/?p=610145

Народниот правобранител изрази поддршка за протестот на медиумските работници, новинарите, снимателите и фоторепортерите ,од причина што точната и навремена инфромација нема алтернатива. Новинарите денеска излегоа на протестен марш во организација на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) за да го изразат незадоволството од нападите врз новинарите, навредите и понижувањата од политичарите, нелојалната конкуренција, небезбедните услови во кои работат, како и лошата социо-економска состојба.

На новинарите, или како што уште се наракува седмата сила, мора да им се обезбедат сите услови за работа/за безбедна работа, од причина што тие се најбитниот елемент во пренесувањето на информациите до граѓаните, кои имаат право да бидат информирани за сите важни случувања во државата. Професијата новинар мора да биде почитувана, а институциите мора да бидат максимално транспарентни, и отворени за соработка, без разлика каков вид на вести се пренесуваат. Почитувањето на слободата на говорот придонесува за градење на вистинско демократско општетсво и од тие причини никој, никаде и од ниту една причина не смее да ги попречува точно и навремено да известуваат, а државата мора да им гарантира безбедни услови за работа“, се вели во реацијата за поддршка на новинарите од Народниот правобраните.

The post Омбудсманот со поддршка за новинарите: Точната информација нема алтернатива appeared first on Република.

Годините „пречка“ за остварување на правото на надоместок поради попреченост https://republika.mk/vesti/makedonija/godinite-prechka-za-ostvaruvanje-na-pravoto-na-nadomestok-poradi-poprechenost/ Sun, 27 Nov 2022 08:30:10 +0000 https://republika.mk/?p=578634

Вкупно 23 барања за остварување на правото на надоместок за попреченост биле одбиени во 10 центри за социјална работа во државава поради условот навршени 65 години што го предвидува член 44 став 2 од Законот за социјална заштита. Народниот правобранител го смета ова законско ограничување за дискриминирачко и бара Министерството за труд и социјална политика да преземе мерки. Од МТСП велат дека ќе постапат согласно конечната одлука на Уставниот суд, кој уставноста на овој член ќе ја оценува в среда.

Според Законот за социјална заштита, надоместок заради попреченост се обезбедува за поттикнување социјално вклучување и еднакви можности на лице кое е со тешка или длабока интелектуална попреченост, со најтешка телесна попреченост, потполно слепо лице и потполно глуво лице.

Надоместок заради попреченост, според член 44 став 2 од овој закон, може да оствари лице со навршени 26 години возраст, најдоцна до 65 годишна возраст, а се користи без оглед на старосната возраст на корисникот.

Токму овој став, според Народниот правобранител, е ограничувачки услов за пристап и остварување на правото на надоместок заради попреченост. Оттаму велат дека истиот во себе содржи нееднаквост, односно дискриминирачка одредба кон останатите лица кои го остваруваат ова право.

Попреченоста е состојба со која што определено лице може да се стекне и после 65 години и не смее закон со кој што се утврдува определено право, да ограничи по возраст. Тоа претставува основ за забрана за дискриминација, основ кој што го препознава и Законот за заштита и спречување од дискриминација, меѓутоа и Европскиот суд за човекови права, но и меѓународните конвенции, велат од Народниот правобранител.

Нееднаквиот третман при користење на надоместокот поради попреченост, Народниот правобранител го нотира и во Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето, почитувањето, унапредувањето и заштита на човековите слободи и права во Република Македонија за 2020 година.

Ако сте постари од 65 години, а сте лице со попреченост, според постојните законски одредби немате право на паричен надоместок поради попреченост, освен ако ова право не го остваривте до 65-тата година. Ваков апсурд утврди Народниот правобранител откако на негова адреса стигна претставка од граѓанин кој поради старосната пречка (бил постар од 65 години) не можел да оствари право за овој вид на паричен надоместок. За надминување на овој проблем со нееднаквиот третман на граѓаните врз основа на годините, Народниот правобранител достави Мислење до Министерството за труд и социјална политика, во кое побара да се процени оваа одредба од Законот за социјална заштита, стои во извештајот.

The post Годините „пречка“ за остварување на правото на надоместок поради попреченост appeared first on Република.

]]>

Вкупно 23 барања за остварување на правото на надоместок за попреченост биле одбиени во 10 центри за социјална работа во државава поради условот навршени 65 години што го предвидува член 44 став 2 од Законот за социјална заштита. Народниот правобранител го смета ова законско ограничување за дискриминирачко и бара Министерството за труд и социјална политика да преземе мерки. Од МТСП велат дека ќе постапат согласно конечната одлука на Уставниот суд, кој уставноста на овој член ќе ја оценува в среда. Според Законот за социјална заштита, надоместок заради попреченост се обезбедува за поттикнување социјално вклучување и еднакви можности на лице кое е со тешка или длабока интелектуална попреченост, со најтешка телесна попреченост, потполно слепо лице и потполно глуво лице. Надоместок заради попреченост, според член 44 став 2 од овој закон, може да оствари лице со навршени 26 години возраст, најдоцна до 65 годишна возраст, а се користи без оглед на старосната возраст на корисникот. Токму овој став, според Народниот правобранител, е ограничувачки услов за пристап и остварување на правото на надоместок заради попреченост. Оттаму велат дека истиот во себе содржи нееднаквост, односно дискриминирачка одредба кон останатите лица кои го остваруваат ова право. Попреченоста е состојба со која што определено лице може да се стекне и после 65 години и не смее закон со кој што се утврдува определено право, да ограничи по возраст. Тоа претставува основ за забрана за дискриминација, основ кој што го препознава и Законот за заштита и спречување од дискриминација, меѓутоа и Европскиот суд за човекови права, но и меѓународните конвенции, велат од Народниот правобранител. Нееднаквиот третман при користење на надоместокот поради попреченост, Народниот правобранител го нотира и во Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето, почитувањето, унапредувањето и заштита на човековите слободи и права во Република Македонија за 2020 година. Ако сте постари од 65 години, а сте лице со попреченост, според постојните законски одредби немате право на паричен надоместок поради попреченост, освен ако ова право не го остваривте до 65-тата година. Ваков апсурд утврди Народниот правобранител откако на негова адреса стигна претставка од граѓанин кој поради старосната пречка (бил постар од 65 години) не можел да оствари право за овој вид на паричен надоместок. За надминување на овој проблем со нееднаквиот третман на граѓаните врз основа на годините, Народниот правобранител достави Мислење до Министерството за труд и социјална политика, во кое побара да се процени оваа одредба од Законот за социјална заштита, стои во извештајот.

The post Годините „пречка“ за остварување на правото на надоместок поради попреченост appeared first on Република.

]]>
Народниот правобранител бара намалување на надоместокот за пренос и дистрибуција на струја https://republika.mk/vesti/ekonomija/narodniot-pravobranitel-bara-namaluvanje-na-nadomestokot-za-prenos-i-distribucija-na-struja/ Fri, 04 Nov 2022 16:51:24 +0000 https://republika.mk/?p=569647

Народниот правобранител ќе бара намалување на надоместокот што граѓаните го плаќаат за пренос и дистрибуција на електричната енергија. За ова веќе било поднесено и мислење до надлежните тела, но и сите останати субјекти вклучени во синџирот за  производство и пренос на струја. Од регионалната канцеларија во Струмица велат дека на ваков чекор се одлучиле откако се зголемил бројот на претставките што  граѓаните ги поднесуваат, а најголемиот дел од нив се однесувале токму на високите сметки  и надоместокот за мрежарина. Претходно народниот правобранител по сопствена иницијатива повел постапка и побарал одговори  од сите институции и и акционерски друштва, но од добиените информации немало јасна слика зошто сметките се толку високи.

Од регулаторната комисија со став дека работат согласно надлежности утврдени во законот за енергетика  и на тој начин ги определуваат цените. Според нив единствената причина за зголемување на цената за пренос на електрична енергија и дистрибуција претставува зголемениот трошик за набавка на електричната енергија за покривање на техничките загуби во преносната и дистрибутивната мрежа.

The post Народниот правобранител бара намалување на надоместокот за пренос и дистрибуција на струја appeared first on Република.

]]>

Народниот правобранител ќе бара намалување на надоместокот што граѓаните го плаќаат за пренос и дистрибуција на електричната енергија. За ова веќе било поднесено и мислење до надлежните тела, но и сите останати субјекти вклучени во синџирот за  производство и пренос на струја. Од регионалната канцеларија во Струмица велат дека на ваков чекор се одлучиле откако се зголемил бројот на претставките што  граѓаните ги поднесуваат, а најголемиот дел од нив се однесувале токму на високите сметки  и надоместокот за мрежарина. Претходно народниот правобранител по сопствена иницијатива повел постапка и побарал одговори  од сите институции и и акционерски друштва, но од добиените информации немало јасна слика зошто сметките се толку високи. Од регулаторната комисија со став дека работат согласно надлежности утврдени во законот за енергетика  и на тој начин ги определуваат цените. Според нив единствената причина за зголемување на цената за пренос на електрична енергија и дистрибуција претставува зголемениот трошик за набавка на електричната енергија за покривање на техничките загуби во преносната и дистрибутивната мрежа.

The post Народниот правобранител бара намалување на надоместокот за пренос и дистрибуција на струја appeared first on Република.

]]>
Народeн правобранител: Недостиг од учебници, негрижа за менталното здравје на учениците, немање образовни асистенти https://republika.mk/vesti/makedonija/naroden-pravobranitel-nedostig-od-uchebnici-negriza-za-mentalnoto-zdravje-na-uchenicite-nemanje-obrazovni-asistenti/ Fri, 30 Sep 2022 10:40:12 +0000 https://republika.mk/?p=555935

Недостиг од учебници или користење оштетени во наставата, недоволна грижа за менталното здравје на учениците, немањето образовни асистенти за учениците со попречености во средните училишта и влијанието на енергетската криза врз работата на училишта се нотирани во Информацијата на Народниот правобранител за констатираните слабости при остварувањето на правото на образование и спроведувањето на воспитно-образованиот процес во основните и средните училишта во земјава, која е доставена до Министерството за образование и наука.

Иако е почната учебната 2022/2023 година, се наведува во Информацијата, не запираат реакциите во јавноста за недостиг од учебници за учениците од основните и средните училишта. Родителите и учениците реагираат поради немањето печатени учебници за сите наставни предмети, а се жалат и поради дотраеност на достапните учебници.

-Учениците кои посетуваат настава во прво, второ, четврто и петто одделение информираат дека немаат добиено комплети печатени учебници за сите наставни предмети согласно наставниот план и програма, што укажува дека учениците од овие одделенија ја започнаа учебната година со материјали за учење во печатена форма, во кои се обединети содржини од неколку наставни предмети. Народниот правобранител го нотираше и немањето учебници по наставниот предмет Англиски јазик и оваа учебна година, па наместо користење учебник, според наводите, наставниците и учениците се служат со извадоци од постари учебници и други извори на материјали согласно наставната програма. Сознанијата на Народниот правобранител се дека години наназад нема официјално одобрени учебници по Англиски јазик, се наведува во Информацијата.

Учениците се жалат дека дополнителен проблем им претставува тоа што најголем дел од добиените учебници се сериозно оштетени, до степен на неупотребливост, поради што родителите се изложуваат на трошок да ги печатат електронските верзии на учебниците. Преку медиумите за ова реагираа и од Сојузот на средношколци наведувајќи дека учениците добиле или многу оштетени учебници од кои не се учи, или дел од нив воопшто не добиле учебници. Овој проблем е присутен во повеќе средни училишта во Скопје, Битола, Прилеп, Велес, Делчево и во други градови. Според нив, недостигот од учебници особено е карактеристичен за стручните предмети во средните стручни училишта.

Народниот правобранител укажува на актуелниот Закон за учебници за основно и средно образование според кој учебникот може да биде во употреба пет учебни години, освен учебниците во кои има содржини кои ученикот ги пополнува со пишување, боење, сечење и лепење, како и учебниците за прво, второ и трето одделение.

-Земајќи предвид дека новата учебна година почна со реализирање на наставата со физичко присуство, без исклучок за сите ученици, до нашата институција доставени се претставки од родители кои изразија загриженост за ваквата одлука, посочувајќи дека овој начин на реализирање на настава претставува предизвик за хронично болните деца и родители, како и другите членови на потесното семејство, особено имајќи предвид дека пандемијата е се уште актуелна, како и мерките за заштита од Ковид-19, и во таа насока заради непречено образование без да се доведе под прашање здравјето на хронично болните деца, но и здравјето на хронично болните лица во семејствата на учениците како лица во ризик, побараа интервенција со цел да се даде можност и оваа учебна година да продолжи настава со учење од далечина за овие деца, се наведува во Информацијата на Народниот правобранител.

Со оглед дека учебната година е во тек, пандемијата со Ковид-19 е се уште присутна, Народниот правобранител му препорачува на Министерството да побара стручно мислење од Комисијата за заразни болести во однос на начинот на следење на настава на хронично болни деца ученици и на ученици кои имаат хронично болни лица во нивните семејства. Притоа потсетува дека сите инволвирани во наставниот процес треба да се грижат и да придонесат за безбедно и непречено одвивање на образовниот процес на децата.

Извештајот се осврнува и на трагичниот настан во гимназијата „Р.аде Јовчевски Корчагин“ – Скопје, за кој вели дека сериозно ја потресе јавноста и отвори многу прашања кои бараат сериозна анализа, меѓу кои и прашањето за грижата за менталното здравје на учениците и колку е тоа предмет на анализа и работа на наставниот и стручниот кадар од училишните стручни служби. Народниот правобранител констатира дека мал број ученици имале поддршка од страна на педагошко-психолошката служба, и во мал број на училишта се одржале предавања на тема подобрување на психолошката добросостојба.

-Имајќи го предвид наведеното, како и неодамнешниот настан, во кој средношколец си го одзеде животот, Народниот правобранител укажува дека училиштата, покрај воспитно-образовната дејност, даваат клучен придонес во емотивниот и конгнитивниот развој на децата и имаат значајна улога во општествениот развој и промените. Следствено, вработените во училиштата, наставниот кадар и стручните тимови, со оглед на значајната улога во процесот на заштита на децата, на потребите и грижите на децата потребно е да им пристапуваат чувствително грижејќи се за нивните права, приватност и достоинство, се наведува во Извештајот.

Народниот правобранител е на мислење дека Министерството за образование и наука, во соработка со другите ресорни министерства (Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика), и во координација и соработка со училиштата, институциите за заштита на децата, како и локалните самоуправи континуирано треба да преземат активности и мерки за заштита на менталното здравје, како и безбедност на учениците во училиштето и надвор од него.

Исто така, стручните соработници во училиштата, потребно е да бидат едуцирани и обучени за рано откривање на проблеми во менталното здравје на децата, да ги препознаат знаците од нарушено ментално здравје, со цел превенција, спречување и минимизирање на немили настани кои го загрозуваат здравјето, добросостојбата, и животот на учениците, со почитување на правата на децата и нивниот најдобар интерес.

Констатира и недостиг од образовни и лични асистенти за учениците со попреченост вклучени во редовните училишта и дека тоа претставува сериозна бариера за непречено остварување на правото на образование на секое дете.

-Согледувајќи го недостигот од образовани асистенти во минатата учебна година, позитивно за истакнување е дека оваа учебна година учениците со попреченост кои следат настава во општинските основни училишта ќе бидат поддржани од вкупно 720 образовни асистенти обезбедени преку Министерството за образование и наука, што е значајно зголемување на бројот на ангажирани асистенти во споредба со минатата година. Народниот правобранител ја поздравува одлуката на Министерството за зголемување на бројот на образовни асистенти, воедно укажува континуирано да се следи состојбата, со цел правично и навремено доделување на образовните асистенти за децата од основното образование за кои овој тип на поддршка во учењето е потребна за непречено образование. Во овој контекст, Народниот правобранител укажува на потребата од неопходноста за континуирана соработка на МОН со надлежните тела за функционална проценка со цел редовно согледување на реалната потреба, а со тоа навремено обезбедување на дополнително потребни образовни асистенти, како сите ученици за кои овој тип на поддршка им е потребен да можат да го остварат своето право, стои во Извештајот на Омбудсманот.

Во врска со наведеното, проблем кој е нотиран и оваа учебна година е тоа што за учениците со попреченост кои следат настава во средните училишта не се обезбедени образовни асистенти како системско и трајно решение.

-Загрижува тоа што за учениците со попреченост во средните училишта образовни асистенти ќе се обезбедуваат со поддршка на УНДП преку вклучување на евидентираните невработени лица од Агенцијата за вработување на РСМ во програмата за Општинско-корисна работа, а според сознанијата на Народниот правобранител само неколку општини во државата во август објавија јавни повици за ангажирање на образовни асистенти, пришто ангажманот е во времетраење од девет месеци за што ќе добиваат паричен надоместок за работно ангажирање во висина од 9.000 денари, поради што постои голема незаинтересираност од страна на потенцијалните кандидати. Според сознанијата, потенцијалните кандидати кои ќе ја испорачуваат оваа услуга воопшто и не се проценуваат врз основ на нивните професионални квалификации и компетенции, а ќе даваат поддршка во учењето на деца со попреченост што секако претставува одговорна задача која треба максимално посветено и профеионално да се работи, укажува Народниот правобранител.

Исто така, проблем на кој посочиле подносители на претставки кај Народниот правобранител е тоа што за учениците со попреченост од државните средни училишта кои се под ингеренции на Министерство за образование и наука, воопшто не е можно добивање образовна асистенција, па тие и во текот на оваа учебна година остануваат без потребната поддршка, со што се повредува правото на квалитетно образование, а воедно се доведуваат во нееднаков третман со другите ученици, што е спротивно на Конвенцијата за права на детето и Конвенцијата за права на лицата со попреченост, и истото не смее да се дозволи.

Народниот правобранител препорачува интензивирање на активностите од страна на Министерството за образование и наука со цел донесување нов Закон за средно образование и негово усогласување со Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, и во таа насока поддршката за учениците со попреченост во средното образование (образовна асистенција) да биде утврдена како системско решение.

-Дотогаш, со оглед дека учебната година е во тек, Народниот правобранител препорачува Министерството согласно надлежностите да ги преземе сите мерки заради овозможување непречено образование и поддршка од образовен асистент за секое дете со попреченост кое следи настава во државните средни училишта кои се под ингеренција на Министерството, додека, пак, во соработка со локалната самоуправа да се изнајде решение за учениците со попреченост вклучени во општинксите средни училишта, наведува Народниот правобранител.

Во однос на актуелната енергетска криза во државата, се наведува во Извештајот, од аспект на почитување и непречено остварување на правото на образование на децата/учениците, имајќи ги предвид надлежностите на ова Министерство, кое преку блок-дотации до општините го финансира греењето, а менаџирањето на средствата е во надлежност на локалната самоуправа, укажува дека е потребно Министерството за образование и наука, во соработка со локалната власт, директорите на училиштата на локално и централно ниво, преку спроведување сеопфатна анализа, да ја согледа моменталната состојба за подготвеноста на училиштата за грејната сезона, се со цел непречено реализирање на воспитно-образованиот процес за децата во зимски услови.

– Според Народниот правобранител, потребно е да се преземат сите мерки заради непречено одвивање на наставниот процес во училиштата, при што со особено внимание да се следат ефектите на мерките во услови на енергетска криза и секако влијанието на истите врз правата на детето, потсетувајќи дека донесувањето на која било мерка која ги засега децата да биде претходно разгледана и од аспект на најдобриот интерес на детето, со цел непречено и квалитетно образование на секое дете, стои во Извештајот за согледаните состојби во образованието, која Народниот правобранител му ја достави на Министерството за образование и наука.

The post Народeн правобранител: Недостиг од учебници, негрижа за менталното здравје на учениците, немање образовни асистенти appeared first on Република.

]]>

Недостиг од учебници или користење оштетени во наставата, недоволна грижа за менталното здравје на учениците, немањето образовни асистенти за учениците со попречености во средните училишта и влијанието на енергетската криза врз работата на училишта се нотирани во Информацијата на Народниот правобранител за констатираните слабости при остварувањето на правото на образование и спроведувањето на воспитно-образованиот процес во основните и средните училишта во земјава, која е доставена до Министерството за образование и наука. Иако е почната учебната 2022/2023 година, се наведува во Информацијата, не запираат реакциите во јавноста за недостиг од учебници за учениците од основните и средните училишта. Родителите и учениците реагираат поради немањето печатени учебници за сите наставни предмети, а се жалат и поради дотраеност на достапните учебници.
-Учениците кои посетуваат настава во прво, второ, четврто и петто одделение информираат дека немаат добиено комплети печатени учебници за сите наставни предмети согласно наставниот план и програма, што укажува дека учениците од овие одделенија ја започнаа учебната година со материјали за учење во печатена форма, во кои се обединети содржини од неколку наставни предмети. Народниот правобранител го нотираше и немањето учебници по наставниот предмет Англиски јазик и оваа учебна година, па наместо користење учебник, според наводите, наставниците и учениците се служат со извадоци од постари учебници и други извори на материјали согласно наставната програма. Сознанијата на Народниот правобранител се дека години наназад нема официјално одобрени учебници по Англиски јазик, се наведува во Информацијата.
Учениците се жалат дека дополнителен проблем им претставува тоа што најголем дел од добиените учебници се сериозно оштетени, до степен на неупотребливост, поради што родителите се изложуваат на трошок да ги печатат електронските верзии на учебниците. Преку медиумите за ова реагираа и од Сојузот на средношколци наведувајќи дека учениците добиле или многу оштетени учебници од кои не се учи, или дел од нив воопшто не добиле учебници. Овој проблем е присутен во повеќе средни училишта во Скопје, Битола, Прилеп, Велес, Делчево и во други градови. Според нив, недостигот од учебници особено е карактеристичен за стручните предмети во средните стручни училишта. Народниот правобранител укажува на актуелниот Закон за учебници за основно и средно образование според кој учебникот може да биде во употреба пет учебни години, освен учебниците во кои има содржини кои ученикот ги пополнува со пишување, боење, сечење и лепење, како и учебниците за прво, второ и трето одделение.
-Земајќи предвид дека новата учебна година почна со реализирање на наставата со физичко присуство, без исклучок за сите ученици, до нашата институција доставени се претставки од родители кои изразија загриженост за ваквата одлука, посочувајќи дека овој начин на реализирање на настава претставува предизвик за хронично болните деца и родители, како и другите членови на потесното семејство, особено имајќи предвид дека пандемијата е се уште актуелна, како и мерките за заштита од Ковид-19, и во таа насока заради непречено образование без да се доведе под прашање здравјето на хронично болните деца, но и здравјето на хронично болните лица во семејствата на учениците како лица во ризик, побараа интервенција со цел да се даде можност и оваа учебна година да продолжи настава со учење од далечина за овие деца, се наведува во Информацијата на Народниот правобранител.
Со оглед дека учебната година е во тек, пандемијата со Ковид-19 е се уште присутна, Народниот правобранител му препорачува на Министерството да побара стручно мислење од Комисијата за заразни болести во однос на начинот на следење на настава на хронично болни деца ученици и на ученици кои имаат хронично болни лица во нивните семејства. Притоа потсетува дека сите инволвирани во наставниот процес треба да се грижат и да придонесат за безбедно и непречено одвивање на образовниот процес на децата. Извештајот се осврнува и на трагичниот настан во гимназијата „Р.аде Јовчевски Корчагин“ – Скопје, за кој вели дека сериозно ја потресе јавноста и отвори многу прашања кои бараат сериозна анализа, меѓу кои и прашањето за грижата за менталното здравје на учениците и колку е тоа предмет на анализа и работа на наставниот и стручниот кадар од училишните стручни служби. Народниот правобранител констатира дека мал број ученици имале поддршка од страна на педагошко-психолошката служба, и во мал број на училишта се одржале предавања на тема подобрување на психолошката добросостојба.
-Имајќи го предвид наведеното, како и неодамнешниот настан, во кој средношколец си го одзеде животот, Народниот правобранител укажува дека училиштата, покрај воспитно-образовната дејност, даваат клучен придонес во емотивниот и конгнитивниот развој на децата и имаат значајна улога во општествениот развој и промените. Следствено, вработените во училиштата, наставниот кадар и стручните тимови, со оглед на значајната улога во процесот на заштита на децата, на потребите и грижите на децата потребно е да им пристапуваат чувствително грижејќи се за нивните права, приватност и достоинство, се наведува во Извештајот.
Народниот правобранител е на мислење дека Министерството за образование и наука, во соработка со другите ресорни министерства (Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика), и во координација и соработка со училиштата, институциите за заштита на децата, како и локалните самоуправи континуирано треба да преземат активности и мерки за заштита на менталното здравје, како и безбедност на учениците во училиштето и надвор од него. Исто така, стручните соработници во училиштата, потребно е да бидат едуцирани и обучени за рано откривање на проблеми во менталното здравје на децата, да ги препознаат знаците од нарушено ментално здравје, со цел превенција, спречување и минимизирање на немили настани кои го загрозуваат здравјето, добросостојбата, и животот на учениците, со почитување на правата на децата и нивниот најдобар интерес. Констатира и недостиг од образовни и лични асистенти за учениците со попреченост вклучени во редовните училишта и дека тоа претставува сериозна бариера за непречено остварување на правото на образование на секое дете.
-Согледувајќи го недостигот од образовани асистенти во минатата учебна година, позитивно за истакнување е дека оваа учебна година учениците со попреченост кои следат настава во општинските основни училишта ќе бидат поддржани од вкупно 720 образовни асистенти обезбедени преку Министерството за образование и наука, што е значајно зголемување на бројот на ангажирани асистенти во споредба со минатата година. Народниот правобранител ја поздравува одлуката на Министерството за зголемување на бројот на образовни асистенти, воедно укажува континуирано да се следи состојбата, со цел правично и навремено доделување на образовните асистенти за децата од основното образование за кои овој тип на поддршка во учењето е потребна за непречено образование. Во овој контекст, Народниот правобранител укажува на потребата од неопходноста за континуирана соработка на МОН со надлежните тела за функционална проценка со цел редовно согледување на реалната потреба, а со тоа навремено обезбедување на дополнително потребни образовни асистенти, како сите ученици за кои овој тип на поддршка им е потребен да можат да го остварат своето право, стои во Извештајот на Омбудсманот.
Во врска со наведеното, проблем кој е нотиран и оваа учебна година е тоа што за учениците со попреченост кои следат настава во средните училишта не се обезбедени образовни асистенти како системско и трајно решение.
-Загрижува тоа што за учениците со попреченост во средните училишта образовни асистенти ќе се обезбедуваат со поддршка на УНДП преку вклучување на евидентираните невработени лица од Агенцијата за вработување на РСМ во програмата за Општинско-корисна работа, а според сознанијата на Народниот правобранител само неколку општини во државата во август објавија јавни повици за ангажирање на образовни асистенти, пришто ангажманот е во времетраење од девет месеци за што ќе добиваат паричен надоместок за работно ангажирање во висина од 9.000 денари, поради што постои голема незаинтересираност од страна на потенцијалните кандидати. Според сознанијата, потенцијалните кандидати кои ќе ја испорачуваат оваа услуга воопшто и не се проценуваат врз основ на нивните професионални квалификации и компетенции, а ќе даваат поддршка во учењето на деца со попреченост што секако претставува одговорна задача која треба максимално посветено и профеионално да се работи, укажува Народниот правобранител.
Исто така, проблем на кој посочиле подносители на претставки кај Народниот правобранител е тоа што за учениците со попреченост од државните средни училишта кои се под ингеренции на Министерство за образование и наука, воопшто не е можно добивање образовна асистенција, па тие и во текот на оваа учебна година остануваат без потребната поддршка, со што се повредува правото на квалитетно образование, а воедно се доведуваат во нееднаков третман со другите ученици, што е спротивно на Конвенцијата за права на детето и Конвенцијата за права на лицата со попреченост, и истото не смее да се дозволи. Народниот правобранител препорачува интензивирање на активностите од страна на Министерството за образование и наука со цел донесување нов Закон за средно образование и негово усогласување со Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, и во таа насока поддршката за учениците со попреченост во средното образование (образовна асистенција) да биде утврдена како системско решение.
-Дотогаш, со оглед дека учебната година е во тек, Народниот правобранител препорачува Министерството согласно надлежностите да ги преземе сите мерки заради овозможување непречено образование и поддршка од образовен асистент за секое дете со попреченост кое следи настава во државните средни училишта кои се под ингеренција на Министерството, додека, пак, во соработка со локалната самоуправа да се изнајде решение за учениците со попреченост вклучени во општинксите средни училишта, наведува Народниот правобранител.
Во однос на актуелната енергетска криза во државата, се наведува во Извештајот, од аспект на почитување и непречено остварување на правото на образование на децата/учениците, имајќи ги предвид надлежностите на ова Министерство, кое преку блок-дотации до општините го финансира греењето, а менаџирањето на средствата е во надлежност на локалната самоуправа, укажува дека е потребно Министерството за образование и наука, во соработка со локалната власт, директорите на училиштата на локално и централно ниво, преку спроведување сеопфатна анализа, да ја согледа моменталната состојба за подготвеноста на училиштата за грејната сезона, се со цел непречено реализирање на воспитно-образованиот процес за децата во зимски услови.
– Според Народниот правобранител, потребно е да се преземат сите мерки заради непречено одвивање на наставниот процес во училиштата, при што со особено внимание да се следат ефектите на мерките во услови на енергетска криза и секако влијанието на истите врз правата на детето, потсетувајќи дека донесувањето на која било мерка која ги засега децата да биде претходно разгледана и од аспект на најдобриот интерес на детето, со цел непречено и квалитетно образование на секое дете, стои во Извештајот за согледаните состојби во образованието, која Народниот правобранител му ја достави на Министерството за образование и наука.

The post Народeн правобранител: Недостиг од учебници, негрижа за менталното здравје на учениците, немање образовни асистенти appeared first on Република.

]]>
Народен правобранител истражува зошто ЕСМ ни наплаќа за пренос на струја https://republika.mk/vesti/ekonomija/naroden-pravobranitel-istrazuva-zoshto-esm-ni-naplakja-za-prenos-na-struja/ Mon, 05 Sep 2022 10:38:26 +0000 https://republika.mk/?p=547590

Заменик народниот правобранител Јован Андоновски објави дека оваа институција почнала соодветна правна постапка за ставката која ЕВН ја воведе на сметките за струја со која се наплатува преносот на елекреична енергија до домовите на граѓаните и до компаниите.

https://republika.mk/vesti/makedonija/zitel-na-kochani-ja-objavi-smetkata-71-000-denari-za-struja-a-5-000-evra-za-prenos-i-distribucija/

Би сакал да ве известам дека е отворена постапка за испитување на новата давачка за пренос и дистрибуција на електрична енергија, која за прв пат се појави на последните сметки за струја. По добивање на одговори од ЕВН, Регулаторна комисија за енергетика и ЕСМ, ќе бидете известени за исходот од постапката, објави Јован Андоновски заменик омбудсманот.

The post Народен правобранител истражува зошто ЕСМ ни наплаќа за пренос на струја appeared first on Република.

]]>

Заменик народниот правобранител Јован Андоновски објави дека оваа институција почнала соодветна правна постапка за ставката која ЕВН ја воведе на сметките за струја со која се наплатува преносот на елекреична енергија до домовите на граѓаните и до компаниите. https://republika.mk/vesti/makedonija/zitel-na-kochani-ja-objavi-smetkata-71-000-denari-za-struja-a-5-000-evra-za-prenos-i-distribucija/
Би сакал да ве известам дека е отворена постапка за испитување на новата давачка за пренос и дистрибуција на електрична енергија, која за прв пат се појави на последните сметки за струја. По добивање на одговори од ЕВН, Регулаторна комисија за енергетика и ЕСМ, ќе бидете известени за исходот од постапката, објави Јован Андоновски заменик омбудсманот.
 
The post Народен правобранител истражува зошто ЕСМ ни наплаќа за пренос на струја appeared first on Република.

]]>
Народниот правобранител со апел да се нормализира ситуацијата со струјата во Арачиново https://republika.mk/vesti/makedonija/narodniot-pravobranitel-so-apel-da-se-normalizira-situacijata-so-strujata-vo-arachinovo/ Wed, 24 Aug 2022 13:36:19 +0000 https://republika.mk/?p=543705

Народниот правобранител, во врска со ситуацијата во која се најдоа жителите на општина Арачиново (кои веќе неколку дена немаат електрична енергија) поради, како што соопштуваат од ЕВН Македонија, дефект на трафостаниците, упатува апел до компанијата и до надлежните институции, пред сѐ до Министерството за внатрешни работи, веднаш да ги преземат сите мерки и да обезбедат предуслови за санирање на дефектот, со што би се нормализирала ситуацијата со снабдувањето со струја во општината.

Како што информира Народниот правобранител, во неговата канцеларија е доставена претставка од група граѓани, жители на општина Арачиново, кои наведуваат дека иако редовно си ги плаќаат сметките за потрошена електрична енергија, во ситуацијава, во услови на економска криза трпат големи материјални штети (им се расипува храната складирана во фрижидерите), но и дека не се во состојба да одржуваат лична хигиена, а кои се жалат дека во овој случај со одолжување на санирањето на дефектот се дискриминирани.

Народниот правобранител во оваа прилика ги повикува на заедничка соработка и локалните власти, како и жителите на Општината, со цел што побрзо нормализирање на состојбата, стои во соопштението

The post Народниот правобранител со апел да се нормализира ситуацијата со струјата во Арачиново appeared first on Република.

]]>

Народниот правобранител, во врска со ситуацијата во која се најдоа жителите на општина Арачиново (кои веќе неколку дена немаат електрична енергија) поради, како што соопштуваат од ЕВН Македонија, дефект на трафостаниците, упатува апел до компанијата и до надлежните институции, пред сѐ до Министерството за внатрешни работи, веднаш да ги преземат сите мерки и да обезбедат предуслови за санирање на дефектот, со што би се нормализирала ситуацијата со снабдувањето со струја во општината. Како што информира Народниот правобранител, во неговата канцеларија е доставена претставка од група граѓани, жители на општина Арачиново, кои наведуваат дека иако редовно си ги плаќаат сметките за потрошена електрична енергија, во ситуацијава, во услови на економска криза трпат големи материјални штети (им се расипува храната складирана во фрижидерите), но и дека не се во состојба да одржуваат лична хигиена, а кои се жалат дека во овој случај со одолжување на санирањето на дефектот се дискриминирани. Народниот правобранител во оваа прилика ги повикува на заедничка соработка и локалните власти, како и жителите на Општината, со цел што побрзо нормализирање на состојбата, стои во соопштението

The post Народниот правобранител со апел да се нормализира ситуацијата со струјата во Арачиново appeared first on Република.

]]>
За изборите отворена подрачната канцеларија на Народниот правобранител во Тетово https://republika.mk/vesti/makedonija/za-izborite-otvorena-podrachnata-kancelarija-na-narodniot-pravobranitel-vo-tetovo/ Sat, 20 Aug 2022 06:36:05 +0000 https://republika.mk/?p=542202

Подрачната канцеларија на Народниот правобранител во Тетово ќе биде отворена денеска во периодот од 7 до 19 часот, кога се одржуваат изборите за градоначалник на општините Маврово и Ростуше и на Центар Жупа и за членови на Советот на општината Тетово. Граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се обратат во канцеларијата или на телефонскиот број 044 344-082.

Од Канцеларијата на Народниот правобранител соопштија дека правата на граѓаните тој ќе ги штити со преземање на итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да обезбедат заштита на нивните загарантирани права.

Народниот правобранител потенцира дека избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и дека никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела. Исто така, народниот правобранител апелира до сите чинители во изборниот процес да ги почитуваат здравствените протоколи утврдени за начинот на гласање, се наведува во соопштението.

The post За изборите отворена подрачната канцеларија на Народниот правобранител во Тетово appeared first on Република.

]]>

Подрачната канцеларија на Народниот правобранител во Тетово ќе биде отворена денеска во периодот од 7 до 19 часот, кога се одржуваат изборите за градоначалник на општините Маврово и Ростуше и на Центар Жупа и за членови на Советот на општината Тетово. Граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се обратат во канцеларијата или на телефонскиот број 044 344-082. Од Канцеларијата на Народниот правобранител соопштија дека правата на граѓаните тој ќе ги штити со преземање на итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да обезбедат заштита на нивните загарантирани права.