медицински сестри Archives - Република https://republika.mk/tema/medicinski-sestri/ За подобро да се разбереме Fri, 04 Oct 2024 10:49:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png медицински сестри Archives - Република https://republika.mk/tema/medicinski-sestri/ 32 32 Таравари вети вработување на половина од средно медицинскиот персонал што работи со договор на дело https://republika.mk/zivot/zdravje/taravari-veti-vrabotuvane-na-polovina-od-sredno-meditsinskiot-personal-shto-raboti-so-dogovor-na-delo/ Fri, 04 Oct 2024 10:49:29 +0000 https://republika.mk/?p=822610

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска вети дека ќе направи се во координација со Министерството за финансии барем на половина од средно медицинскиот кадар кој работи со договор да биде вработен во јавните здравствени установи.

Според него, во здравството до сега имало околу 2.500 договорци, генерално среден медицински кадар, медицински сестри, болничари и хигиеничари, за што рече, дека од посетите на болниците му било укажано дека има посебен недостаток.

Како Влада треба да се усогласиме со Министерството со финансии да видиме дали има ресурси. Јас сум со идеја барем на половина од овие, односно на 1.250 да им дадеме решенија. Директорите ќе кажат на кои, тие најдобро знаат кој вреди да продолжи и кој не е добро да продолжи, туку треба да најдеме подобар од него. Ми треба дефинитивна координација со министерката за финансии, ќе направам се што можам барем на половина да им дадеме решение и да можеме повторно да примиме нови договорци и недостатокот да го покриеме, изјави Таравари, одговарајќи на новинарски прашања на прес конференцијата по повод 100 дена од новата Влада.

Проблемот со договорците, нагласи, не е проблем во една клинина или една болница туку генерално во сите јавни здравствени установи во државата.

The post Таравари вети вработување на половина од средно медицинскиот персонал што работи со договор на дело appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска вети дека ќе направи се во координација со Министерството за финансии барем на половина од средно медицинскиот кадар кој работи со договор да биде вработен во јавните здравствени установи. Според него, во здравството до сега имало околу 2.500 договорци, генерално среден медицински кадар, медицински сестри, болничари и хигиеничари, за што рече, дека од посетите на болниците му било укажано дека има посебен недостаток.
Како Влада треба да се усогласиме со Министерството со финансии да видиме дали има ресурси. Јас сум со идеја барем на половина од овие, односно на 1.250 да им дадеме решенија. Директорите ќе кажат на кои, тие најдобро знаат кој вреди да продолжи и кој не е добро да продолжи, туку треба да најдеме подобар од него. Ми треба дефинитивна координација со министерката за финансии, ќе направам се што можам барем на половина да им дадеме решение и да можеме повторно да примиме нови договорци и недостатокот да го покриеме, изјави Таравари, одговарајќи на новинарски прашања на прес конференцијата по повод 100 дена од новата Влада.
Проблемот со договорците, нагласи, не е проблем во една клинина или една болница туку генерално во сите јавни здравствени установи во државата.  

The post Таравари вети вработување на половина од средно медицинскиот персонал што работи со договор на дело appeared first on Република.

]]>
Да се елиминира праксата на линч на медицински персонал без да се знаат фактите и околностите, апелираат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ https://republika.mk/vesti/makedonija/da-se-eliminira-praksata-na-linch-na-meditsinski-personal-bez-da-se-znaat-faktite-i-okolnostite-apeliraat-od-komisijata-za-zdravstvo-na-vmro-dpmne/ Tue, 16 Jul 2024 07:41:49 +0000 https://republika.mk/?p=797218

Да се елиминира праксата на линч на медицински персонал без да се знаат фактите и околностите, апелираат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ, алудирајќи на случајот со тримесечното бебе на Клиниката за детски болести.

Изминатиот петок семејство на бебе кое било хоспитализирано на Клиниката за детски болести обвини медицинска сестра со 15-годишен стаж дека го повредила бебето, наводно поради непознавање на македонски јазик на мајката и бабата на бебето. Според семејството, бебето имало модринки по рацете и тоа го соопштија преку медиум откако ја напуштија болницата. Министерот за здравство Арбен Таравари беше во посета на семејството. Директорот на Клиниката за детски болести Реџеп Мемеди најави формирање на Комисија која ќе го испита случајот. Лекарите на Клиниката на стручен состанок го известиле Мемеди дека нивната работа не е да утврдуваат намери, туку семејството треба да поднесе пријава, па потоа да го повика Обвинителството и да ја води процедурата на ниво на истражни органи, бидејќи обвинувањата на семејството се исклучително сериозни – физичко насилство од медицинска сестра врз тримесечно бебе. Мемеди за порталот „Портал Икс“ синоќа изјави дека немало намера да се повреди бебето и било само недоразбирање, така што нема случај и нема физичко насилство.

Дигнитетот и довербата во медицинските работници се наш императив, а недокажаните и еднострани обвинувања кон здравствениот персонал го поткпопуваат и се на штета на целиот здравствен систем.

Апелираме на објективни, правични и законити процедури со цел да се елиминира праксата за линч на медицински персонал без притоа да се утврдат сите факти и околности, во конкретниот случај со случувањата на Клиниката за детски болести.

Потсетуваме дека процесите со кои се фрла дамка на сестринската професија го демотивираат и онака дефицитарниот медицински кадар, а неопходно е да се земе во предвид стручното мислење на персоналот, здравствената состојба на пациентот, извештајот на стручната комисија и страната на засегнатиот медицински работник, реагираат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.

The post Да се елиминира праксата на линч на медицински персонал без да се знаат фактите и околностите, апелираат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

Да се елиминира праксата на линч на медицински персонал без да се знаат фактите и околностите, апелираат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ, алудирајќи на случајот со тримесечното бебе на Клиниката за детски болести. Изминатиот петок семејство на бебе кое било хоспитализирано на Клиниката за детски болести обвини медицинска сестра со 15-годишен стаж дека го повредила бебето, наводно поради непознавање на македонски јазик на мајката и бабата на бебето. Според семејството, бебето имало модринки по рацете и тоа го соопштија преку медиум откако ја напуштија болницата. Министерот за здравство Арбен Таравари беше во посета на семејството. Директорот на Клиниката за детски болести Реџеп Мемеди најави формирање на Комисија која ќе го испита случајот. Лекарите на Клиниката на стручен состанок го известиле Мемеди дека нивната работа не е да утврдуваат намери, туку семејството треба да поднесе пријава, па потоа да го повика Обвинителството и да ја води процедурата на ниво на истражни органи, бидејќи обвинувањата на семејството се исклучително сериозни – физичко насилство од медицинска сестра врз тримесечно бебе. Мемеди за порталот „Портал Икс“ синоќа изјави дека немало намера да се повреди бебето и било само недоразбирање, така што нема случај и нема физичко насилство.
Дигнитетот и довербата во медицинските работници се наш императив, а недокажаните и еднострани обвинувања кон здравствениот персонал го поткпопуваат и се на штета на целиот здравствен систем. Апелираме на објективни, правични и законити процедури со цел да се елиминира праксата за линч на медицински персонал без притоа да се утврдат сите факти и околности, во конкретниот случај со случувањата на Клиниката за детски болести. Потсетуваме дека процесите со кои се фрла дамка на сестринската професија го демотивираат и онака дефицитарниот медицински кадар, а неопходно е да се земе во предвид стручното мислење на персоналот, здравствената состојба на пациентот, извештајот на стручната комисија и страната на засегнатиот медицински работник, реагираат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.

The post Да се елиминира праксата на линч на медицински персонал без да се знаат фактите и околностите, апелираат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>
Ќе бидеме нација без медицински сестри, ако не се подобрат условите за работа, велат од Здружението „За нас“ https://republika.mk/zivot/zdravje/ke-bideme-natsija-bez-meditsinski-sestri-ako-ne-se-podobrat-uslovite-za-rabota-velat-od-zdruzhenieto-za-nas/ Fri, 10 May 2024 12:14:32 +0000 https://republika.mk/?p=776796

Медицинските сестри не заминуваат само во странство, туку и во приватните здравствени установи, а заминуваат и воопшто од професијата, ја напуштат, кажа денеска Гордана Бешлиовска, претседателка на Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри - „За нас“.

Бешлиовска говореше непосредно пред традиционалната свечена академија, на која ќе се доделуваат признанија за најхумана медицинска сестра.

Има голем одлив на медицински сестри во странство. Затоа многу е важно да се има автономност во професијата, здрава работна околина, подобри услови за работа, веднаш да се реагира, за да не се бидеме нација што ќе остане без медицински сестри, изјави Бешлиовска.

Неофицијално, вели Бешлиевска, според побарувањата за исписници и потврди што ги бараат од Здружението, за да си ја комплетираат документацијата за во регионот и Европа, имаме многу голем одлив.

Имавме дури период после пандемијата со Ковид-19, кога на месечно ниво до четириесет медицински сестри заминуваа од сите нивоа на јавниот здравствен систем, појасни таа, одговарајќи на новинарско прашање.

Нашето мото на оваа манифестација во рамките на неделата на сестринството, е „Инвестицијата во образованието на сестрите е инвестиција во здрава нација“. Сестрите се силата на здравата нација. Континуирано на различни начини ја браниме професијата, нагласи таа, потсетувајќи и на хуманитарни активности организирани во изминатиот период.

Бешлиовска рече и дека биле маргинализирани во однос на многу нивни барања досега, иако редовно го кревале гласот и реагирале. Изрази надеж дека конечно професијата ќе се изрегулира со закон.

Денешниот настан започна со донациски базар „Сестрите за сестрите“. Со собраните финансиски средства, како што беше појаснето на настанот, ќе се помогне на неколку медицински сестри кои побарале помош, а се лекуваат од малигни заболувања, како и на една медицинска сестра чие малолетно дете се лекува во Белград.

The post Ќе бидеме нација без медицински сестри, ако не се подобрат условите за работа, велат од Здружението „За нас“ appeared first on Република.

]]>

Медицинските сестри не заминуваат само во странство, туку и во приватните здравствени установи, а заминуваат и воопшто од професијата, ја напуштат, кажа денеска Гордана Бешлиовска, претседателка на Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри - „За нас“. Бешлиовска говореше непосредно пред традиционалната свечена академија, на која ќе се доделуваат признанија за најхумана медицинска сестра.
Има голем одлив на медицински сестри во странство. Затоа многу е важно да се има автономност во професијата, здрава работна околина, подобри услови за работа, веднаш да се реагира, за да не се бидеме нација што ќе остане без медицински сестри, изјави Бешлиовска.
Неофицијално, вели Бешлиевска, според побарувањата за исписници и потврди што ги бараат од Здружението, за да си ја комплетираат документацијата за во регионот и Европа, имаме многу голем одлив. Имавме дури период после пандемијата со Ковид-19, кога на месечно ниво до четириесет медицински сестри заминуваа од сите нивоа на јавниот здравствен систем, појасни таа, одговарајќи на новинарско прашање.
Нашето мото на оваа манифестација во рамките на неделата на сестринството, е „Инвестицијата во образованието на сестрите е инвестиција во здрава нација“. Сестрите се силата на здравата нација. Континуирано на различни начини ја браниме професијата, нагласи таа, потсетувајќи и на хуманитарни активности организирани во изминатиот период.
Бешлиовска рече и дека биле маргинализирани во однос на многу нивни барања досега, иако редовно го кревале гласот и реагирале. Изрази надеж дека конечно професијата ќе се изрегулира со закон. Денешниот настан започна со донациски базар „Сестрите за сестрите“. Со собраните финансиски средства, како што беше појаснето на настанот, ќе се помогне на неколку медицински сестри кои побарале помош, а се лекуваат од малигни заболувања, како и на една медицинска сестра чие малолетно дете се лекува во Белград.

The post Ќе бидеме нација без медицински сестри, ако не се подобрат условите за работа, велат од Здружението „За нас“ appeared first on Република.

]]>
Филипче ветува плати до 180.000 денари за докторите специјалисти, до 90.000 за медицинските сестри https://republika.mk/vesti/makedonija/filipche-vetuva-plati-do-180-000-denari-za-doktorite-spetsijalisti-do-90-000-za-meditsinskite-sestri/ Fri, 05 Apr 2024 16:03:01 +0000 https://republika.mk/?p=762732

Како доктор, постојано се ангажирам за подобрување на професионалните услови за здравствените работници. Во изминатиот мандат значлително ги покачивме платите на сите категории зрасвтвени рботници, но тоа не е доволно. Во следниот мандат потребно уште поголемо зголемување.

Ова го истакна носителот на листата на СДСМ во Изборната единица 4, д-р Венко Филипче кој заедно со Соња Мираковска од НСДП, исто така дел од листата, остварија средба со доктори во Неготино.

За да ги задржиме лекарите и здравствените работници тука, мора да добијат конкурентни услови за работа и плати како во европските земји. Треба да им понудиме соодветна поддршка и усовршување, повисоки плати и почитувана позиција во општеството. Не смееме да губиме здравствени работници“, порача Филипче.

Филипче потсети дека во изминатите седум години многу е направено за подобрување на условите во здравството, а исто така истакна дека СДСМ постигна историски најголемо зголемување на платите на лекарите.

„СДСМ е првата политичка партија во Владата која повеќекратно ги зголеми платите во здравствената дејност, конкретно на здравствените работници, медицинските соработници и на техничкиот персонал. Планираме уште едно драстично зголемување на платите. Докторите специјалисти да имаат плата од 140.000 до 180.000 денари, општите доктори плата од 120.000 денари, а медицинските сестри плата од 60.000 до 90.000 денари“, рече Филипче.

Пристапот до квалитетна здравствена заштита го диктира основниот квалитет на живот. Затоа ќе ставиме голем фокус на ова прашање и ќе продолжиме да се залагаме за уште подобро здравствено осигурување.

„Тоа значи инвестирање не само во постоечкиот здравствен персонал, туку и создавање на нов квалитетен и високообразован кадар. Во таа насока, планираме зголемување на квотата за студенти на јавните високообразовни установи за медицина, стоматологија и фармација, како и укинување на партиципацијата за студирање. Преку овие мерки, целта е да ги стимулираме младите да се посветат на своето образование и кариера, и да ја изградат својата иднина во дома, обезбедувајќи им конкурентни услови што се слични на оние во европските земји“, истакна Филипче.

The post Филипче ветува плати до 180.000 денари за докторите специјалисти, до 90.000 за медицинските сестри appeared first on Република.

]]>

Како доктор, постојано се ангажирам за подобрување на професионалните услови за здравствените работници. Во изминатиот мандат значлително ги покачивме платите на сите категории зрасвтвени рботници, но тоа не е доволно. Во следниот мандат потребно уште поголемо зголемување. Ова го истакна носителот на листата на СДСМ во Изборната единица 4, д-р Венко Филипче кој заедно со Соња Мираковска од НСДП, исто така дел од листата, остварија средба со доктори во Неготино. За да ги задржиме лекарите и здравствените работници тука, мора да добијат конкурентни услови за работа и плати како во европските земји. Треба да им понудиме соодветна поддршка и усовршување, повисоки плати и почитувана позиција во општеството. Не смееме да губиме здравствени работници“, порача Филипче. Филипче потсети дека во изминатите седум години многу е направено за подобрување на условите во здравството, а исто така истакна дека СДСМ постигна историски најголемо зголемување на платите на лекарите. „СДСМ е првата политичка партија во Владата која повеќекратно ги зголеми платите во здравствената дејност, конкретно на здравствените работници, медицинските соработници и на техничкиот персонал. Планираме уште едно драстично зголемување на платите. Докторите специјалисти да имаат плата од 140.000 до 180.000 денари, општите доктори плата од 120.000 денари, а медицинските сестри плата од 60.000 до 90.000 денари“, рече Филипче. Пристапот до квалитетна здравствена заштита го диктира основниот квалитет на живот. Затоа ќе ставиме голем фокус на ова прашање и ќе продолжиме да се залагаме за уште подобро здравствено осигурување. „Тоа значи инвестирање не само во постоечкиот здравствен персонал, туку и создавање на нов квалитетен и високообразован кадар. Во таа насока, планираме зголемување на квотата за студенти на јавните високообразовни установи за медицина, стоматологија и фармација, како и укинување на партиципацијата за студирање. Преку овие мерки, целта е да ги стимулираме младите да се посветат на своето образование и кариера, и да ја изградат својата иднина во дома, обезбедувајќи им конкурентни услови што се слични на оние во европските земји“, истакна Филипче.  

The post Филипче ветува плати до 180.000 денари за докторите специјалисти, до 90.000 за медицинските сестри appeared first on Република.

]]>
Миграцијата ќе ни ги однесе медицинските сестри во Европа, а ние не можеме да ја запреме https://republika.mk/zivot/zdravje/migratsijata-ke-ni-gi-odnese-meditsinskite-sestri-vo-evropa-a-nie-ne-mozheme-da-ja-zapreme/ Thu, 21 Mar 2024 14:31:50 +0000 https://republika.mk/?p=757051

Достоинствена професија, подобри услови и повисоки плати, порачаат медицинските сестри од примарната здравствена заштита на денешниот прв Симпозиум што го одржаа во прилепскиот хотел „Салида“. Задоволни се што формираа посебно друштво во рамки на здруженијата за да се решаваат поефикасно проблемите.

Според Горданка Бешлиовска, претседателка на здружението на медицински сестри акушерки, стоматолошки сестри, кое ја предводи Унијата на сите медицински сестри, вели дека асоцијацијата мора да добие свој сектор во Министерството за здравство од каде, од терен, ќе ги централизира сите проблеми и ќе работи на кариерниот развој на медицинските сестри.

Нагласија дека мора да се најдат решенија, посебно за одливот на медицинскиот кадар. Според податоците, недостасуваат околу 8. 000, а потребите во здравството се задоволени само 50 отсто.

Ние мора, во моментов да имаме здрава работна околина. Инаку, миграцијата која, всушност, е подобна за цела Европа која е без граници, ќе ни ги однесе медицинските сестри во Европа, а ние не можеме да ја запреме миграцијата. Единствениот начин на кој можеме да ја запреме е да ги подобриме условите за работа, кои се на прво место, да ги зголемеме задоволствата на медицинските сестри и да ги зголемиме личните доходи. Задоволствата и личните доходи треба да дојдат преку нивниот кариерен развој и признавањето на нивната професија. Медицинските сестри во болниците не може да бидат помошен персонал. Тие имаат автономна професија кои ја бранат со вакви стручни и професионални настани, изјави Бешлиовска.

Сметаат дека мора да има децентрализација на услугите во примарната здравствена заштита.

Реформите во приватната здравствена заштита почнаа минатата година со менувањето на режимот на препишување на терапиите на хронично болните пациенти. Здравствените работници во примарното здравство, тоа ги вклучува лекарите и медицинските сестри, имаат компетенции кои ќе бидат надградени за да може да даваат уште повеќе дијагностички услуги, како што се еходијагностика, спирометрија на ниво на примарна здравствена заштита за да се овозможи пациентите тие услуги да ги добијат најблиску до нивното место на живеење, рече Злате Мехмедовиќ, координатор на реформите во примарната здравствена заштита.

The post Миграцијата ќе ни ги однесе медицинските сестри во Европа, а ние не можеме да ја запреме appeared first on Република.

]]>

Достоинствена професија, подобри услови и повисоки плати, порачаат медицинските сестри од примарната здравствена заштита на денешниот прв Симпозиум што го одржаа во прилепскиот хотел „Салида“. Задоволни се што формираа посебно друштво во рамки на здруженијата за да се решаваат поефикасно проблемите. Според Горданка Бешлиовска, претседателка на здружението на медицински сестри акушерки, стоматолошки сестри, кое ја предводи Унијата на сите медицински сестри, вели дека асоцијацијата мора да добие свој сектор во Министерството за здравство од каде, од терен, ќе ги централизира сите проблеми и ќе работи на кариерниот развој на медицинските сестри. Нагласија дека мора да се најдат решенија, посебно за одливот на медицинскиот кадар. Според податоците, недостасуваат околу 8. 000, а потребите во здравството се задоволени само 50 отсто.
Ние мора, во моментов да имаме здрава работна околина. Инаку, миграцијата која, всушност, е подобна за цела Европа која е без граници, ќе ни ги однесе медицинските сестри во Европа, а ние не можеме да ја запреме миграцијата. Единствениот начин на кој можеме да ја запреме е да ги подобриме условите за работа, кои се на прво место, да ги зголемеме задоволствата на медицинските сестри и да ги зголемиме личните доходи. Задоволствата и личните доходи треба да дојдат преку нивниот кариерен развој и признавањето на нивната професија. Медицинските сестри во болниците не може да бидат помошен персонал. Тие имаат автономна професија кои ја бранат со вакви стручни и професионални настани, изјави Бешлиовска.
Сметаат дека мора да има децентрализација на услугите во примарната здравствена заштита.
Реформите во приватната здравствена заштита почнаа минатата година со менувањето на режимот на препишување на терапиите на хронично болните пациенти. Здравствените работници во примарното здравство, тоа ги вклучува лекарите и медицинските сестри, имаат компетенции кои ќе бидат надградени за да може да даваат уште повеќе дијагностички услуги, како што се еходијагностика, спирометрија на ниво на примарна здравствена заштита за да се овозможи пациентите тие услуги да ги добијат најблиску до нивното место на живеење, рече Злате Мехмедовиќ, координатор на реформите во примарната здравствена заштита.
 
The post Миграцијата ќе ни ги однесе медицинските сестри во Европа, а ние не можеме да ја запреме appeared first on Република.

]]>
Сè додека го немаме законот, ние сме оставени на милост и немилост на менаџерските тимови во болниците, велат од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри https://republika.mk/zivot/zdravje/se-dodeka-go-nemame-zakonot-nie-sme-ostaveni-na-milost-i-nemilost-na-menadherskite-timovi-vo-bolnitsite-velat-od-zdruzhenieto-na-meditsinski-sestri-tehnichari-akusherki-i-stomatoloshki-sestri/ Wed, 24 Jan 2024 16:44:14 +0000 https://republika.mk/?p=736422

Статусот „договор на дело" најмногу ги одлева медицинските сестри од болниците. И апелираме во иднина да не се вработуваат сестри под договор на дело, изјави денеска Гордана Бешлиовска, претседателка на Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас".

На новинарско прашање, таа се осврна на проблемот со потребата од трајно вработување на сестрите кои досега биле работно ангажирани со години, а не биле редовно вработени. Проблемот е, како што појасни, во некои институции каде што имало осум или девет медицински сестри, а условно во колективните договори постоеле места за три или четири. Тоа се решавало со барање до Министерството за информатичко општество од каде се дозволувало проширување на систематизација, но тоа бил процес што трае три до четири месеци.

Се надевам дека нема да има манипулации при вработувањата и дека ќе се вработат редовно, тие што и досега биле работно ангажирани. Јавно се обратив, замолувајќи, на огласите, да не им се земаат местата на овие сестри што со години работеле за 12 илјади денари и навистина заслужуваат да добијат редовно вработување, нагласи таа.

Прес конференцијата на Унијата на ЗМСТАС предводена од здружението „За нас", се одржа пред почетокот на трибината посветена на Унијата и здруженијата на медицински сестри, во пресрет на состанокот со Министерството за здравство и канцеларијата на СЗО.

Добивме една експертиза од СЗО, имаме неколку нивни сугестии во правец на тоа како треба да ги поставиме работите, додаде таа.

Бешлиоска рече дека очекуваат многу работи да се сменат на подобро. За сестрите како засега неозаконета професија, да не бидат, како што рече, марионети на секој систем и гарнитура.

Овој закон за озаконување на сестрите и регулирање на професијата е многу важен за нас. Од Министерството за здравство ни е кажано дека многу забрзано се работи на него, ветено ни е дека законот ќе се појави во собраниска процедура.

Организирани се четири трибини за сестринската професија, денеска се реализира втората, појасни таа.

Меѓу другото, Бешлиоска рече дека незадоволството е големо, сестрите со средна стручна спрема имаат многу ниски лични доходи, се разговарало со синдикатот и нивните плати мораат да бидат одлепени од минималниот личен доход. Таа приговори и за други проблеми со кои се соочуваат.

 Се додека го немаме законот, ние сме оставени на некој начин на милоста и немилоста на менаџерските тимови во болниците. Имаме различни правилници, различно третирање, подвлече Бешлиоска.

Таа сподели пример од болница каде менаџерскиот тим си зел за право сестрите со високо образование да не ги става да работат во дежурства, бидејќи, условно, ќе земеле многу големи лични доходи. Ама на сметка на тоа, биле оптеретувани сестрите со средна стручна спрема, со седум до девет дежурства во месецот, за да ги одделеле од минималниот личен доход и да можеле да земаат плати како што треба.

The post Сè додека го немаме законот, ние сме оставени на милост и немилост на менаџерските тимови во болниците, велат од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри appeared first on Република.

]]>

Статусот „договор на дело" најмногу ги одлева медицинските сестри од болниците. И апелираме во иднина да не се вработуваат сестри под договор на дело, изјави денеска Гордана Бешлиовска, претседателка на Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас". На новинарско прашање, таа се осврна на проблемот со потребата од трајно вработување на сестрите кои досега биле работно ангажирани со години, а не биле редовно вработени. Проблемот е, како што појасни, во некои институции каде што имало осум или девет медицински сестри, а условно во колективните договори постоеле места за три или четири. Тоа се решавало со барање до Министерството за информатичко општество од каде се дозволувало проширување на систематизација, но тоа бил процес што трае три до четири месеци.
Се надевам дека нема да има манипулации при вработувањата и дека ќе се вработат редовно, тие што и досега биле работно ангажирани. Јавно се обратив, замолувајќи, на огласите, да не им се земаат местата на овие сестри што со години работеле за 12 илјади денари и навистина заслужуваат да добијат редовно вработување, нагласи таа.
Прес конференцијата на Унијата на ЗМСТАС предводена од здружението „За нас", се одржа пред почетокот на трибината посветена на Унијата и здруженијата на медицински сестри, во пресрет на состанокот со Министерството за здравство и канцеларијата на СЗО.
Добивме една експертиза од СЗО, имаме неколку нивни сугестии во правец на тоа како треба да ги поставиме работите, додаде таа.
Бешлиоска рече дека очекуваат многу работи да се сменат на подобро. За сестрите како засега неозаконета професија, да не бидат, како што рече, марионети на секој систем и гарнитура.
Овој закон за озаконување на сестрите и регулирање на професијата е многу важен за нас. Од Министерството за здравство ни е кажано дека многу забрзано се работи на него, ветено ни е дека законот ќе се појави во собраниска процедура.
Организирани се четири трибини за сестринската професија, денеска се реализира втората, појасни таа. Меѓу другото, Бешлиоска рече дека незадоволството е големо, сестрите со средна стручна спрема имаат многу ниски лични доходи, се разговарало со синдикатот и нивните плати мораат да бидат одлепени од минималниот личен доход. Таа приговори и за други проблеми со кои се соочуваат.
 Се додека го немаме законот, ние сме оставени на некој начин на милоста и немилоста на менаџерските тимови во болниците. Имаме различни правилници, различно третирање, подвлече Бешлиоска.
Таа сподели пример од болница каде менаџерскиот тим си зел за право сестрите со високо образование да не ги става да работат во дежурства, бидејќи, условно, ќе земеле многу големи лични доходи. Ама на сметка на тоа, биле оптеретувани сестрите со средна стручна спрема, со седум до девет дежурства во месецот, за да ги одделеле од минималниот личен доход и да можеле да земаат плати како што треба.  

The post Сè додека го немаме законот, ние сме оставени на милост и немилост на менаџерските тимови во болниците, велат од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри appeared first on Република.

]]>
Директорката на ГАК за еден месец потпишала три откази: Кадарот ни заминува, итно ни се потребни нови вработувања во Одделот за предвремено родени бебиња https://republika.mk/zivot/zdravje/direktorkata-na-gak-za-eden-mesets-potpishala-tri-otkazi-kadarot-ni-zaminuva-itno-ni-se-potrebni-novi-vrabotuvana-vo-oddelot-za-predvremeno-rodeni-bebina/ Fri, 17 Nov 2023 14:36:44 +0000 https://republika.mk/?p=702554

Итно ни требаат доктори и медицински сестри на Одделот за предвремено родени бебиња на Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК), бидејќи секојдневно заминуваат, побара директорката на Клиниката, д-р Викторија Јовановска.

Д-р Јовановски рече дека е неопходно во најскоро време да се одобрат нови вработувања на Одделот бидејќи работат со мал број вработени.

Работата е многу тешка, тоа е 24-часовно работно време без можност за одмор. Вработените, особено докторите на тој оддел, немаа можност дури ни да го искористат правото на годишен одмор заради тоа што секогаш обврските ги тераат да бидат присутни тука. За да ги постигнеме овие бројки должиме на овие вработени кои, верувајте, макотрпно ја извојуваа оваа победа. Последниот месец потпишав три отказни решенија на сестри кои не можеа да го издржат тој предизвик. Таа работа е исклучително тешка, рече д-р Јовановска.

Денеска, на 17 ноември се одбележува Светскиот ден на предвреме роденитте бебиња. Министерот за здравство Фатмир Меџити, денеска беше во посета на ГАК и кажа дека според статистиките, од 2017 година досега, за 74 отсто е намалена смртноста на предвреме родените бебиња. Па така, таа во 2016 година, изнесувала 25 проценти, за во 2023 година да достигне 5,6 отсто.

[caption id="attachment_702579" align="alignnone" width="1600"] фото: Министерство за здравство[/caption]

Борбата за живот на деца од 500 и 600 грама е огромна одговорност за вработените. Тие се под силен притисок и од мене и од целокупното раководство, секако и од нивната морална одговорност. Не можат да се соочат со тие предизвици и си одат, изјави д-р Јовановска.

Според Меџити, намалување на смртноста на предвремено родените бебиња е резултат на унапредување на условите, вложување во модерна опрема на Клиниката за гинекологија и акушерство како и обуки на персоналот.

Од година во година, поточно од 2017 наваму имаме одлични резултати, бидејќи постои ефикасна стратегија со која се унапредени условите за родилките и обезбедена е врвна нега за новороденчињата. Здравјето на мајките и новороденчињата е императив за секој успешен здравствен систем, а токму развојот и имплементацијата на Мастер планот за перинатална грижа е резултат на заедничките заложби со СЗО, УНИЦЕФ и УНФПА, изјави Меџити.

Глобалната тема за Светскиот ден на предвремено родените 2023 година е „Мали акции, големо влијание: непосредна нега кожа на кожа за секое бебе насекаде!“

Покрај виолетовата боја која означува чувствителност и исклучителност, чорапите станаа симбол за Светскиот ден на предвремено родените деца. Малиот пар виолетови чорапи – врамени со девет пара детски чорапи со целосна големина – симболизираат дека 1 од 10 бебиња е родено предвремено во светот. Предвремено родените бебиња имаат гестациска возраст под 37-ма недела од раѓање и доенчиња со мала родилна тежина под 2,5 килограми.

Приближно 1 милион деца годишно умираат поради компликации од предвремено породување.

Предвременото раѓање е водечка причина за смрт кај децата на возраст под пет години. Секоја година, околу 15 милиони бебиња ширум светот се раѓаат предвреме.

Многу преживеани бебиња се соочуваат со доживотна попреченост, вклучително и пречки во учењето и проблеми со видот и слухот.

The post Директорката на ГАК за еден месец потпишала три откази: Кадарот ни заминува, итно ни се потребни нови вработувања во Одделот за предвремено родени бебиња appeared first on Република.

]]>

Итно ни требаат доктори и медицински сестри на Одделот за предвремено родени бебиња на Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК), бидејќи секојдневно заминуваат, побара директорката на Клиниката, д-р Викторија Јовановска. Д-р Јовановски рече дека е неопходно во најскоро време да се одобрат нови вработувања на Одделот бидејќи работат со мал број вработени.
Работата е многу тешка, тоа е 24-часовно работно време без можност за одмор. Вработените, особено докторите на тој оддел, немаа можност дури ни да го искористат правото на годишен одмор заради тоа што секогаш обврските ги тераат да бидат присутни тука. За да ги постигнеме овие бројки должиме на овие вработени кои, верувајте, макотрпно ја извојуваа оваа победа. Последниот месец потпишав три отказни решенија на сестри кои не можеа да го издржат тој предизвик. Таа работа е исклучително тешка, рече д-р Јовановска.
Денеска, на 17 ноември се одбележува Светскиот ден на предвреме роденитте бебиња. Министерот за здравство Фатмир Меџити, денеска беше во посета на ГАК и кажа дека според статистиките, од 2017 година досега, за 74 отсто е намалена смртноста на предвреме родените бебиња. Па така, таа во 2016 година, изнесувала 25 проценти, за во 2023 година да достигне 5,6 отсто. [caption id="attachment_702579" align="alignnone" width="1600"] фото: Министерство за здравство[/caption]
Борбата за живот на деца од 500 и 600 грама е огромна одговорност за вработените. Тие се под силен притисок и од мене и од целокупното раководство, секако и од нивната морална одговорност. Не можат да се соочат со тие предизвици и си одат, изјави д-р Јовановска.
Според Меџити, намалување на смртноста на предвремено родените бебиња е резултат на унапредување на условите, вложување во модерна опрема на Клиниката за гинекологија и акушерство како и обуки на персоналот.
Од година во година, поточно од 2017 наваму имаме одлични резултати, бидејќи постои ефикасна стратегија со која се унапредени условите за родилките и обезбедена е врвна нега за новороденчињата. Здравјето на мајките и новороденчињата е императив за секој успешен здравствен систем, а токму развојот и имплементацијата на Мастер планот за перинатална грижа е резултат на заедничките заложби со СЗО, УНИЦЕФ и УНФПА, изјави Меџити.
Глобалната тема за Светскиот ден на предвремено родените 2023 година е „Мали акции, големо влијание: непосредна нега кожа на кожа за секое бебе насекаде!“ Покрај виолетовата боја која означува чувствителност и исклучителност, чорапите станаа симбол за Светскиот ден на предвремено родените деца. Малиот пар виолетови чорапи – врамени со девет пара детски чорапи со целосна големина – симболизираат дека 1 од 10 бебиња е родено предвремено во светот. Предвремено родените бебиња имаат гестациска возраст под 37-ма недела од раѓање и доенчиња со мала родилна тежина под 2,5 килограми. Приближно 1 милион деца годишно умираат поради компликации од предвремено породување. Предвременото раѓање е водечка причина за смрт кај децата на возраст под пет години. Секоја година, околу 15 милиони бебиња ширум светот се раѓаат предвреме. Многу преживеани бебиња се соочуваат со доживотна попреченост, вклучително и пречки во учењето и проблеми со видот и слухот.

The post Директорката на ГАК за еден месец потпишала три откази: Кадарот ни заминува, итно ни се потребни нови вработувања во Одделот за предвремено родени бебиња appeared first on Република.

]]>
По Онкологија и нефрологија и медицинските сестри на Клиниката за детски болести и Здравствен дом Скопје се пожалија на притисоци и неправилности https://republika.mk/vesti/makedonija/po-onkologija-i-nefrologija-i-meditsinskite-sestri-na-klinikata-za-detski-bolesti-i-zdravstven-dom-skopje-se-pozhalija-na-pritisotsi-i-nepravilnosti/ Wed, 15 Nov 2023 08:27:38 +0000 https://republika.mk/?p=701667

По информациите од Клиниките за онкологија и нефрологија, до Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ пристигнуваат конкретни забелешки за невреднување на трудот и притисоци и низа неправилности со кои се соочуваат и медицинските сестри на Детската клиника и Здравствен дом Скопје, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.

Менаџерите на сите овие установи и надлежното Министерство за здравство со мал прст не мрднаа да решат барем мал дел од проблемите, но наместо конкретни чекори за унапредување на нивниот статус вршат притисоци и мобинг врз овој кадар кој долги години инвестирал во својата надградба.
Неисплата по соодветен коефициент, непризнавање на високото образование, принудени се да работат и како болничари, и како администратори се само помал дел од легитимните барања на медицинските сестри, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.

Комисија за здравство на ВМРО - ДПМНЕ обезбедува правна помош/совети/консултации со цел да се заштити интегритетот на оваа професија, преку правни тимови. Оттаму додаваат дека сите заинтересирани може да ги контактираат на [email protected] со загарантирана анонимност.

Внимателно ги следиме сите информации за системските нерегуларности кои пристигнуваат до Комисијата за здравство, со посебен фокус на предизвиците на медицинските сестри, но и сите здравствени работници за притисоци и неправилности од повеќе Клиники и со внимание ги следиме сите аспекти поврзани со кршење на законското право на вработените.
Важно е и заедно со медицинските сестри ќе го унапредиме нивниот статус и ќе го вратиме достоинството и интегритетот на медицинската сестра, додаваат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.

The post По Онкологија и нефрологија и медицинските сестри на Клиниката за детски болести и Здравствен дом Скопје се пожалија на притисоци и неправилности appeared first on Република.

]]>

По информациите од Клиниките за онкологија и нефрологија, до Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ пристигнуваат конкретни забелешки за невреднување на трудот и притисоци и низа неправилности со кои се соочуваат и медицинските сестри на Детската клиника и Здравствен дом Скопје, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.
Менаџерите на сите овие установи и надлежното Министерство за здравство со мал прст не мрднаа да решат барем мал дел од проблемите, но наместо конкретни чекори за унапредување на нивниот статус вршат притисоци и мобинг врз овој кадар кој долги години инвестирал во својата надградба. Неисплата по соодветен коефициент, непризнавање на високото образование, принудени се да работат и како болничари, и како администратори се само помал дел од легитимните барања на медицинските сестри, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.
Комисија за здравство на ВМРО - ДПМНЕ обезбедува правна помош/совети/консултации со цел да се заштити интегритетот на оваа професија, преку правни тимови. Оттаму додаваат дека сите заинтересирани може да ги контактираат на [email protected] со загарантирана анонимност.
Внимателно ги следиме сите информации за системските нерегуларности кои пристигнуваат до Комисијата за здравство, со посебен фокус на предизвиците на медицинските сестри, но и сите здравствени работници за притисоци и неправилности од повеќе Клиники и со внимание ги следиме сите аспекти поврзани со кршење на законското право на вработените. Важно е и заедно со медицинските сестри ќе го унапредиме нивниот статус и ќе го вратиме достоинството и интегритетот на медицинската сестра, додаваат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.

The post По Онкологија и нефрологија и медицинските сестри на Клиниката за детски болести и Здравствен дом Скопје се пожалија на притисоци и неправилности appeared first on Република.

]]>
ВМРО ДПМНЕ им нуди правна помош на медицинските сестри кои се соочуваат со мобинг https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-im-nudi-pravna-pomosh-na-meditsinskite-sestri-koi-se-soochuvaat-so-mobing/ Wed, 08 Nov 2023 10:40:05 +0000 https://republika.mk/?p=699466

Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ им нуди правна помош на медицинските сестри кои се соочуваат со мобинг.

https://republika.mk/vesti/makedonija/meditsinski-sestri-od-onkologija-koj-se-drznuva-da-pishuva-navodni-demanti-vo-nashe-ime-a-bez-nasha-soglasnost-se-soochuvame-so-mobing/

Медицински сестри од Клниката за онкологија се револтирани од континуираниот мобинг од претпоставените претпоставени одделенски сестри.
Последните закани од претпоставените одделенски сестри на оваа Клиника се однесуваат на констатации за системски пропусти, нотирани во официјален извештај на Фондот за здравствено осигурување, за што одговорност има Кликиката и Министерството за здравство.
Порачуваме дека медицинските сестри како и сите останати работници професионално ја вршат својата работа и тие не може да се виновни за системските пропусти, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.

Со цел да се заштити интегритетот на оваа професија, нудиме бесплатна правна помош/совети/консултации со наши правни тимови, велат од Комисјата.

Заинтересираните може да не контактираат на [email protected] со загарантирана анонимност.

До Комисијата за здравство пристигнуваат реакции за мобинг и неправилности и од други Клиники и со внимание ги следиме сите аспекти поврзани со кршење на законското право на вработените, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.

The post ВМРО ДПМНЕ им нуди правна помош на медицинските сестри кои се соочуваат со мобинг appeared first on Република.

]]>

Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ им нуди правна помош на медицинските сестри кои се соочуваат со мобинг. https://republika.mk/vesti/makedonija/meditsinski-sestri-od-onkologija-koj-se-drznuva-da-pishuva-navodni-demanti-vo-nashe-ime-a-bez-nasha-soglasnost-se-soochuvame-so-mobing/
Медицински сестри од Клниката за онкологија се револтирани од континуираниот мобинг од претпоставените претпоставени одделенски сестри. Последните закани од претпоставените одделенски сестри на оваа Клиника се однесуваат на констатации за системски пропусти, нотирани во официјален извештај на Фондот за здравствено осигурување, за што одговорност има Кликиката и Министерството за здравство. Порачуваме дека медицинските сестри како и сите останати работници професионално ја вршат својата работа и тие не може да се виновни за системските пропусти, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.
Со цел да се заштити интегритетот на оваа професија, нудиме бесплатна правна помош/совети/консултации со наши правни тимови, велат од Комисјата.
Заинтересираните може да не контактираат на [email protected] со загарантирана анонимност. До Комисијата за здравство пристигнуваат реакции за мобинг и неправилности и од други Клиники и со внимание ги следиме сите аспекти поврзани со кршење на законското право на вработените, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.

The post ВМРО ДПМНЕ им нуди правна помош на медицинските сестри кои се соочуваат со мобинг appeared first on Република.

]]>
Медицински сестри од Онкологија: Кој се дрзнува да пишува наводни деманти во наше име, а без наша согласност – се соочуваме со мобинг https://republika.mk/vesti/makedonija/meditsinski-sestri-od-onkologija-koj-se-drznuva-da-pishuva-navodni-demanti-vo-nashe-ime-a-bez-nasha-soglasnost-se-soochuvame-so-mobing/ Tue, 07 Nov 2023 16:22:42 +0000 https://republika.mk/?p=699271

До нашата редакција пристигна допис од медицински сестри од Клниката за онкологија кои се револтирани од начинот на функционирањето на Клиниката во изминатиот период како и континуираниот мобинг кој врз нив го вршат главните одделенски сестри.

Револтирани од односот кон нив, се обратија до нашата редакција и во нивната реакција наведуваат дека главните одделенски сестри се закануваат и од за нив познати причини одлучиле да бидат на страната на анархијата, безредието и хаосот.

Не сме согласни никој да ја валка медицинската пеофесија и не дозволуваме да сме соучесници и да ги браниме тие што се одговорни за таквото безредие во кое видовме дека страдаат пациентите, велат сестрите од Клиниката за онкологија.

Истовремено, во реакцијата од поголема група медицински сестри на онкологија е нагласен револтот дека некој се дрзнува во нивно име и во името на "сите сестри"( како што стои во наводната реакција која не соодветствува со фактичката состојба) да пишува деманти наменети за политички партии и тесни партиски интереси што воопшто не е одлика на професионализам во работата и дејноста медицинска сестра.

За да не биде премногу доцна со оглед дека заминување од Клиниката најавија неколку колешки заради континуираниот мобинг и политичките злоупотреби врз нас, апелираме дека медицинската дејност е пружање здравствена нега, не пишување наводни деманти кои служат за нечии политички интереси.
Ниту сме консултирани за такви измислени деманти и не сме согласни да не злоупотребуваат во такви деманти.
Продолжуваме чесно и професионално да ја вршиме медицинската дејност, која сме ја одбрале како животна определба. Очекуваме институциите што поскоро да ја лоцираат одговорноста, а само така ќе се оневозможи валкање на нашата благородна професија, а никако со измислените деманти со кои некој сака да ја оттргне вината од себе, а тоа да биде на наш грб, порачуваат медицински сестри од Клиниката за онкологија.

The post Медицински сестри од Онкологија: Кој се дрзнува да пишува наводни деманти во наше име, а без наша согласност – се соочуваме со мобинг appeared first on Република.

]]>

До нашата редакција пристигна допис од медицински сестри од Клниката за онкологија кои се револтирани од начинот на функционирањето на Клиниката во изминатиот период како и континуираниот мобинг кој врз нив го вршат главните одделенски сестри. Револтирани од односот кон нив, се обратија до нашата редакција и во нивната реакција наведуваат дека главните одделенски сестри се закануваат и од за нив познати причини одлучиле да бидат на страната на анархијата, безредието и хаосот.
Не сме согласни никој да ја валка медицинската пеофесија и не дозволуваме да сме соучесници и да ги браниме тие што се одговорни за таквото безредие во кое видовме дека страдаат пациентите, велат сестрите од Клиниката за онкологија.
Истовремено, во реакцијата од поголема група медицински сестри на онкологија е нагласен револтот дека некој се дрзнува во нивно име и во името на "сите сестри"( како што стои во наводната реакција која не соодветствува со фактичката состојба) да пишува деманти наменети за политички партии и тесни партиски интереси што воопшто не е одлика на професионализам во работата и дејноста медицинска сестра.
За да не биде премногу доцна со оглед дека заминување од Клиниката најавија неколку колешки заради континуираниот мобинг и политичките злоупотреби врз нас, апелираме дека медицинската дејност е пружање здравствена нега, не пишување наводни деманти кои служат за нечии политички интереси. Ниту сме консултирани за такви измислени деманти и не сме согласни да не злоупотребуваат во такви деманти. Продолжуваме чесно и професионално да ја вршиме медицинската дејност, која сме ја одбрале како животна определба. Очекуваме институциите што поскоро да ја лоцираат одговорноста, а само така ќе се оневозможи валкање на нашата благородна професија, а никако со измислените деманти со кои некој сака да ја оттргне вината од себе, а тоа да биде на наш грб, порачуваат медицински сестри од Клиниката за онкологија.

The post Медицински сестри од Онкологија: Кој се дрзнува да пишува наводни деманти во наше име, а без наша согласност – се соочуваме со мобинг appeared first on Република.

]]>
Медицински сестри ги дрогирале пациентите со седативи за да си ја олеснат работата https://republika.mk/vesti/svet/meditsinski-sestri-gi-drogirale-patsientite-so-sedativi-za-da-si-ja-olesnat-rabotata/ Sat, 07 Oct 2023 08:29:04 +0000 https://republika.mk/?p=688766

Две медицински сестри од Велика Британија се осудени за нелегално дрогирање пациенти.

Медицинската сестра Кетрин Хадсон (54) и нејзината колешка Шарлот Вилмот (48) се прогласени за виновни затоа што на пациентите им давале седативи без нивна согласност за да им се олесни работата.

Тие беа вработени во болницата „Блекпул Викторија“ помеѓу февруари 2017 и ноември 2018 година. Во тој период работеле во одделот за мозочен удар, пренесува „Мирор“.

Полицијата почна истрага кога студентка - медицинска сестра кажала дека видела како Хадсон му дава на пациент, апче за спиење, без рецепт.

„Зопиклон“ е апче за спиење што се дава во краткотрајна терапија за тешки форми на несоница и неговата употреба е забранета без лекарска наредба.

Полицајците ја пронашле и преписката што ја имале колешките, во која јасно стои дека си сугерирале да ги дрогираат пациентите и со која доза.

„Заспијте го вечерва“ и „Веќе размислувам да му дадам двојна доза“, се дел од пораките.

The post Медицински сестри ги дрогирале пациентите со седативи за да си ја олеснат работата appeared first on Република.

]]>

Две медицински сестри од Велика Британија се осудени за нелегално дрогирање пациенти. Медицинската сестра Кетрин Хадсон (54) и нејзината колешка Шарлот Вилмот (48) се прогласени за виновни затоа што на пациентите им давале седативи без нивна согласност за да им се олесни работата. Тие беа вработени во болницата „Блекпул Викторија“ помеѓу февруари 2017 и ноември 2018 година. Во тој период работеле во одделот за мозочен удар, пренесува „Мирор“. Полицијата почна истрага кога студентка - медицинска сестра кажала дека видела како Хадсон му дава на пациент, апче за спиење, без рецепт. „Зопиклон“ е апче за спиење што се дава во краткотрајна терапија за тешки форми на несоница и неговата употреба е забранета без лекарска наредба. Полицајците ја пронашле и преписката што ја имале колешките, во која јасно стои дека си сугерирале да ги дрогираат пациентите и со која доза.
„Заспијте го вечерва“ и „Веќе размислувам да му дадам двојна доза“, се дел од пораките.

The post Медицински сестри ги дрогирале пациентите со седативи за да си ја олеснат работата appeared first on Република.

]]>
Медицинските сестри во колективните договори се опфатени во малку групи, и на тој начин не се платени по одговорностите како што и заслужуваат, реагираат од ЗМСТАС https://republika.mk/vesti/makedonija/meditsinskite-sestri-vo-kolektivnite-dogovori-se-opfateni-vo-malku-grupi-i-na-toj-nachin-ne-se-plateni-po-odgovornostite-kako-shto-i-zasluzhuvaat-reagiraat-od-zmstas/ Tue, 15 Aug 2023 09:45:25 +0000 https://republika.mk/?p=672238

Медицинските сестри во колективните договори се опфатени во малку групи, и на тој начин не се платени по одговорностите како што и заслужуваат, реагираат од Унијата на Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри (ЗМСТАС).

По последните преписки и случувања околу зголемувањето на платите Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“ во отворено писмо до јавноста вели дека последните парцијални покачувања на платите по основ на коефициенти, и по основ на додатоци ги остави медицинските сестри на сооднос 1:3 наспроти личните доходи на лекарите по коефициент, односно 1:5 по основ на додатоци на плата.

Бараме да се следи законската рамка која укажува на тоа соодносот да биде 1:2, особено кај сестрите со ССС. Покачувањето на платите не го решава и регулирањето на соодносот, туку мора да се направи соодветна измена на коефициентите и зголемување на групите кај медицинските сестри.

Нема никаков проблем платата на лекарите да достигне и до 300 000 денари, но и соодносот со медицинските сестри да биде според законската регулатива 1:2.

Исто така бараме надзор за почитување на анекс договорот за колективните договори на медицинските сестри бидејќи истиот не се спроведува во голем број болници, се вели во писмото.

Од ЗМСТАС објаснуваат дека анекс договорот за ВСС се уште не е спроведен во сите ЈЗУ. Во некои е делумно, во некои се спроведе, а за 120 медицински сестри во многу ЈЗУ се уште систематизацијата е параван за неспроведување на анексот договорот, не се поставени со решенија и немаат признаено образование иако земаат финансиски додаток кој патем не се пресметува во платата.

За сите други, дури и непостоечки работни места сведоци сме дека се отвораат нови советнички работни места, односно истите веднаш се реализираат и се поставуваат со решенија. Со вакви недостатоци во групите на медицинските сестри тие немаат можност да бидат платени по вештини, знаење, искуство... едноставно немаат можност за кариерен развој.

Прашуваме кој е одговорен и зошто се уште не се поставени крајни рокови и надзор за реализација? Проблемите на медицинските сестри се многу, но во синдикални рамки основен е проблемот со групите и коефициентите во колективните договори, особено кај мед.сестри со ССС, пишуваат во отвореното писмо до јавноста.

The post Медицинските сестри во колективните договори се опфатени во малку групи, и на тој начин не се платени по одговорностите како што и заслужуваат, реагираат од ЗМСТАС appeared first on Република.

]]>

Медицинските сестри во колективните договори се опфатени во малку групи, и на тој начин не се платени по одговорностите како што и заслужуваат, реагираат од Унијата на Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри (ЗМСТАС). По последните преписки и случувања околу зголемувањето на платите Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“ во отворено писмо до јавноста вели дека последните парцијални покачувања на платите по основ на коефициенти, и по основ на додатоци ги остави медицинските сестри на сооднос 1:3 наспроти личните доходи на лекарите по коефициент, односно 1:5 по основ на додатоци на плата.
Бараме да се следи законската рамка која укажува на тоа соодносот да биде 1:2, особено кај сестрите со ССС. Покачувањето на платите не го решава и регулирањето на соодносот, туку мора да се направи соодветна измена на коефициентите и зголемување на групите кај медицинските сестри. Нема никаков проблем платата на лекарите да достигне и до 300 000 денари, но и соодносот со медицинските сестри да биде според законската регулатива 1:2. Исто така бараме надзор за почитување на анекс договорот за колективните договори на медицинските сестри бидејќи истиот не се спроведува во голем број болници, се вели во писмото.
Од ЗМСТАС објаснуваат дека анекс договорот за ВСС се уште не е спроведен во сите ЈЗУ. Во некои е делумно, во некои се спроведе, а за 120 медицински сестри во многу ЈЗУ се уште систематизацијата е параван за неспроведување на анексот договорот, не се поставени со решенија и немаат признаено образование иако земаат финансиски додаток кој патем не се пресметува во платата.
За сите други, дури и непостоечки работни места сведоци сме дека се отвораат нови советнички работни места, односно истите веднаш се реализираат и се поставуваат со решенија. Со вакви недостатоци во групите на медицинските сестри тие немаат можност да бидат платени по вештини, знаење, искуство... едноставно немаат можност за кариерен развој. Прашуваме кој е одговорен и зошто се уште не се поставени крајни рокови и надзор за реализација? Проблемите на медицинските сестри се многу, но во синдикални рамки основен е проблемот со групите и коефициентите во колективните договори, особено кај мед.сестри со ССС, пишуваат во отвореното писмо до јавноста.
 
The post Медицинските сестри во колективните договори се опфатени во малку групи, и на тој начин не се платени по одговорностите како што и заслужуваат, реагираат од ЗМСТАС appeared first on Република.

]]>
Се помалку луѓе во Германија се заинтересирани за обука за медицински сестри https://republika.mk/vesti/svet/se-pomalku-luge-vo-germanija-se-zainteresirani-za-obuka-za-meditsinski-sestri/ Thu, 27 Jul 2023 17:01:38 +0000 https://republika.mk/?p=665998

Намален е бројот на Германци кои во текот на минатата година се пријавиле за обука за „медицинска сестра“. Ова е загрижувачки тренд за Германија, земја во која има значително изразен феномен на стареење на населението, и која веќе има недостиг од здравствени работници.

Како што објави ДПА, повикувајќи се на најновиот извештај на оваа тема на Федералниот завод за статистика Дестатис, околу 52.100 жители на Германија почнале курсеви за медицински сестри во 2022 година, што е седум отсто помалку отколку во 2021 година.

Генерално, жените го сочинуваат мнозинството (74 проценти) од студентите за медицински сестри во земјата. Оваа професија во Германија привлекува и постари луѓе кои сакаат да ја променат кариерата - 11 отсто од заинтересираните се на возраст меѓу 30 и 40 години, додека седум отсто се над 40 години.

Се очекува Германија да има потреба од значително повеќе медицински сестри во наредните години. Во март, Дестатис предвиде дека бројот на стари лица на кои им е потребна грижа во Германија ќе се зголеми за 37 отсто до 2055 година.

The post Се помалку луѓе во Германија се заинтересирани за обука за медицински сестри appeared first on Република.

]]>

Намален е бројот на Германци кои во текот на минатата година се пријавиле за обука за „медицинска сестра“. Ова е загрижувачки тренд за Германија, земја во која има значително изразен феномен на стареење на населението, и која веќе има недостиг од здравствени работници. Како што објави ДПА, повикувајќи се на најновиот извештај на оваа тема на Федералниот завод за статистика Дестатис, околу 52.100 жители на Германија почнале курсеви за медицински сестри во 2022 година, што е седум отсто помалку отколку во 2021 година. Генерално, жените го сочинуваат мнозинството (74 проценти) од студентите за медицински сестри во земјата. Оваа професија во Германија привлекува и постари луѓе кои сакаат да ја променат кариерата - 11 отсто од заинтересираните се на возраст меѓу 30 и 40 години, додека седум отсто се над 40 години. Се очекува Германија да има потреба од значително повеќе медицински сестри во наредните години. Во март, Дестатис предвиде дека бројот на стари лица на кои им е потребна грижа во Германија ќе се зголеми за 37 отсто до 2055 година.

The post Се помалку луѓе во Германија се заинтересирани за обука за медицински сестри appeared first on Република.

]]>
Беќаровски: Порано медицинските сестри знаеја колку доктори, а сега не знаат ни генерички имиња на лекови https://republika.mk/zivot/zdravje/bekarovski-porano-meditsinskite-sestri-znaeja-kolku-doktori-a-sega-ne-znaat-ni-generichki-imina-na-lekovi/ Thu, 29 Jun 2023 19:49:40 +0000 https://republika.mk/?p=656664

Во 2017 година Клиничкиот центар функционираше како една единка. Потоа беше донесена одлука да се подели на клиники. Со тоа се зголемија немедицинските трошоци - директори, членови на одбори, набавки кои се вршат на помали количини за секоја клиника за себе итн. Обединувањето на Клинички центар има оправданост. Но, единствена фунција да биде директор на Клинички центар и раководител на секоја од клиниките кој ќе биде избран од самите вработени, а не именуван од страна, вели проф. д-р Нико Беќаровски од Клиника за токсикологија во СТУДИО 10 на ТВ 24.

Начинот на кој се вработуваше во последните години доведе реномето на Клиничкиот центар да падне. Во Словенија не вработуваат од партиски штабови. И ние ги следиме студентите и знаеме кои се најквалитетни, ама сите што се квалитетни заминуваат, а остануваат само оние кои мислат дека не можат да се снајдат во странство, вели Беќаровски додавајќи дека зборува за скопскиот Медицински факултет каде што работи и за каде смета дека 10-15 отсто од студентите се квалитетни.

Беќаровски вели дека има прекрасни луѓе кои волонтираат, а медицински сестри се вработуваат преку партиски штабови и затоа тонеме. Тој вели дека младите бегаат поради условите каде што одат и апаратура и услови за напредување што кај нас не функционира.

Реално има студенти кои би сакале да останат, но во средина во која можат рамноправно да се натпреваруваат, вели Беќаровски.

За медицинските сестри Беќаровски вели дека во секое село има паралелки за медицински сестри. Порано, вели Беќаровски, медицинските сестри знаеја колку доктори, а сега не знаат ни генерички имиња на лекови, немаат пракса за време на школувањето, а од нив зависи безбедноста на пациентот.

The post Беќаровски: Порано медицинските сестри знаеја колку доктори, а сега не знаат ни генерички имиња на лекови appeared first on Република.

Крикот и незадоволството на медицинските сестри https://republika.mk/kolumni/krikot-i-nezadovolstvoto-na-meditsinskite-sestri/ Sun, 14 May 2023 07:05:45 +0000 https://republika.mk/?p=640578

Јасмина Јовчевска

,,Свечено се обврзувам пред Бога и присутните овде, дека ќе го поминам својот живот во морална чистота и дека верно ќе и служам на својата професија. Јас ќе се воздржам од било каков неконтролиран пристап со болниот и никогаш нема да применам свесно било каков лек кој би можел да му наштети. Се што е во моја моќ ќе направам да го подобрам нивото на мојата професија и ќе ги држам во тајност сите лични информации кои ќе ги дознаам во извршувањето на мојата професија. Со полна лојалност, до крај ќе му помогнам на лекарот во неговата работа околу болните луѓе.''

Ова е сестринската заклетва која секоја сестра ја положува пред да стане сестра.

На Медицинскиот факултет нè учеа за вредностите на сестрата, нејзините одговорности, начинот на извршување на дадените задачи како и нејзината улога и значење во здравствениот процес. И се тоа на хартија звучи прекрасно. Колку е се толку убаво и совршено и колку ценета професија е. Да во светот да, меѓутоа во нашава Македонија за жал не. Медицинската сестра во изминативе пет години е обезвреднета, обезправена и изманипулирана од луѓе кој немаат визија и јасен поглед код иднината. За жал самата професија е подценета. Каде се хероите на пандемијата? Каде е ветувањето за 30 000 ден плата? Каде е новиот закон за сестрите? Каде е комората на сестри?

Се само ветер и магла, празни ветувања и ништо повеќе.

Дали значењето на сестрата се почитува? Каде се сестринските здруженија да го слушнат крикот и незадоволството на сестрите? За жал никој нема ни слух ни време. Сестринските здруженија се тие кој треба да реагираат и да критикуваат. Самите здруженија се формирани од сестри кој работат во јавниот здравствен сектор. Здруженијата служат да се слушне гласот на сестрите а не за сликање и одење по конференции и семинари. Уште не ми е јасно какви се тие награди за најхумана сестра. Самата професија е хумана. Сите сестри што работата во јавното здравство се најхумани сестри, несмее да има никаква дискриминација. Не ми треба некоја квази плаката која пишува најхумана сестра, мене тоа ништо не ми значи. Ми значи почита, мотивацијата и авторитетот кој го доживувам на самото работно место. Затоа наместо да се занимаваат со доделување на плакати може малку да се позанимаваат и со решавање на некој проблем. Додека имаме одлив на искусни медицински сестри и емигрирање од јавно во приватно здравство не ни треба никаква церемонија. Седнете и засукајте ракави. Поработете малку. Мотивирајте ги медицинските сестри да останат во Јавните здравствени институции, а знаете како се прави тоа.

Да не го заборавам и Синдикатот. Посебно внимание ќе обрнам на него.

Во однос на колективниот договор медицинските сестри се деградирани. Синдикатот кој треба да ги знае правата и да се заложува за нивно почитување и спроведување, тој стагнира. Затоа се соочуваме со нерегулирање во колективните договори на работните позиции и коефициенти во поглед на нашата стручна надградба, непризнавање на високото образование и специјализации, каде не се признаени од страна на менаџерите, па работиме за минимална плата и спротивно на европските пракси, уште немаме закон за медицински сестри. Ехе моја Македонијо што дочекавме. Додека претседателот на Синдикат со  гордост се слика и фали како успеале да потпишат договор за покачување на фамозни 3000 ден бруто за сестрите и 2000 ден бруто за останатиот здравствен и помошно-технички персонал белиот мантил е понижен. Нели бевме херои? Херојството се наградува со минимум. Да излезете јавно барем да се соочите со некоја сестра и да објасните на целата здравствена фела како успеавте да издејствувате толкаво „покачување“.  И така само за сликање служите, бидејќи никаква друга корист немаме од вас. Отстапете му го местото на некој што има идеи. Не држете позиција залудо. За среќа во јавното здравство уште има останато луѓе кој имаат визии и одлични лидерски способности. Доста се бламирате.

The post Крикот и незадоволството на медицинските сестри appeared first on Република.

]]>

Јасмина Јовчевска

,,Свечено се обврзувам пред Бога и присутните овде, дека ќе го поминам својот живот во морална чистота и дека верно ќе и служам на својата професија. Јас ќе се воздржам од било каков неконтролиран пристап со болниот и никогаш нема да применам свесно било каков лек кој би можел да му наштети. Се што е во моја моќ ќе направам да го подобрам нивото на мојата професија и ќе ги држам во тајност сите лични информации кои ќе ги дознаам во извршувањето на мојата професија. Со полна лојалност, до крај ќе му помогнам на лекарот во неговата работа околу болните луѓе.''
Ова е сестринската заклетва која секоја сестра ја положува пред да стане сестра. На Медицинскиот факултет нè учеа за вредностите на сестрата, нејзините одговорности, начинот на извршување на дадените задачи како и нејзината улога и значење во здравствениот процес. И се тоа на хартија звучи прекрасно. Колку е се толку убаво и совршено и колку ценета професија е. Да во светот да, меѓутоа во нашава Македонија за жал не. Медицинската сестра во изминативе пет години е обезвреднета, обезправена и изманипулирана од луѓе кој немаат визија и јасен поглед код иднината. За жал самата професија е подценета. Каде се хероите на пандемијата? Каде е ветувањето за 30 000 ден плата? Каде е новиот закон за сестрите? Каде е комората на сестри? Се само ветер и магла, празни ветувања и ништо повеќе. Дали значењето на сестрата се почитува? Каде се сестринските здруженија да го слушнат крикот и незадоволството на сестрите? За жал никој нема ни слух ни време. Сестринските здруженија се тие кој треба да реагираат и да критикуваат. Самите здруженија се формирани од сестри кој работат во јавниот здравствен сектор. Здруженијата служат да се слушне гласот на сестрите а не за сликање и одење по конференции и семинари. Уште не ми е јасно какви се тие награди за најхумана сестра. Самата професија е хумана. Сите сестри што работата во јавното здравство се најхумани сестри, несмее да има никаква дискриминација. Не ми треба некоја квази плаката која пишува најхумана сестра, мене тоа ништо не ми значи. Ми значи почита, мотивацијата и авторитетот кој го доживувам на самото работно место. Затоа наместо да се занимаваат со доделување на плакати може малку да се позанимаваат и со решавање на некој проблем. Додека имаме одлив на искусни медицински сестри и емигрирање од јавно во приватно здравство не ни треба никаква церемонија. Седнете и засукајте ракави. Поработете малку. Мотивирајте ги медицинските сестри да останат во Јавните здравствени институции, а знаете како се прави тоа. Да не го заборавам и Синдикатот. Посебно внимание ќе обрнам на него. Во однос на колективниот договор медицинските сестри се деградирани. Синдикатот кој треба да ги знае правата и да се заложува за нивно почитување и спроведување, тој стагнира. Затоа се соочуваме со нерегулирање во колективните договори на работните позиции и коефициенти во поглед на нашата стручна надградба, непризнавање на високото образование и специјализации, каде не се признаени од страна на менаџерите, па работиме за минимална плата и спротивно на европските пракси, уште немаме закон за медицински сестри. Ехе моја Македонијо што дочекавме. Додека претседателот на Синдикат со  гордост се слика и фали како успеале да потпишат договор за покачување на фамозни 3000 ден бруто за сестрите и 2000 ден бруто за останатиот здравствен и помошно-технички персонал белиот мантил е понижен. Нели бевме херои? Херојството се наградува со минимум. Да излезете јавно барем да се соочите со некоја сестра и да објасните на целата здравствена фела како успеавте да издејствувате толкаво „покачување“.  И така само за сликање служите, бидејќи никаква друга корист немаме од вас. Отстапете му го местото на некој што има идеи. Не држете позиција залудо. За среќа во јавното здравство уште има останато луѓе кој имаат визии и одлични лидерски способности. Доста се бламирате.

The post Крикот и незадоволството на медицинските сестри appeared first on Република.

]]>
Од земја расадник на квалитен медицински кадар до земја на аматери во сестринството https://republika.mk/vesti/makedonija/od-zemja-rasadnik-na-kvaliten-meditsinski-kadar-do-zemja-na-amateri-vo-sestrinstvoto/ Fri, 12 May 2023 17:49:52 +0000 https://republika.mk/?p=640268

Под мотото „Сплотени до целта" во салата на Советот на Општина Кисела Вода, а во организација на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ се одржа дебата посветена на Неделата на сестринство на која присуствуваа претставници на здруженијата на медицински сестри и други медицински профили.

Од земја расадник на квалитен медицински кадар до земја на аматери во сестринството. Од земја лидер во сестринските практики до земја со најголема смртност во периодот на пандемијата. Од најпочитувана, до најдеградирана професија.
Можеме да молчиме и да гледаме стихијно како тонеме, но можеме да го одбереме и другиот пат сплотени сите професионалци со средно, високо образование, специјализации, магистри или доктори на сестрински науки,како и нашите логопеди, физиотерапевти, ртг технолози, биотехнолози, лаборанти, акушерки да ги обединиме нашите барања и со заедничка платформа да настапиме пред надлежните институции, рече Анита Димовска, специјалист по семејна и патронажна грижа.

Медицинската сестра Снежана Исаковска, потенцираше на итноста за донесување на Закон за медицински сестри.

https://republika.mk/zivot/zdravje/ne-sme-zadovolni-od-pokachuvaneto-na-platite-kazhaa-meditsinskite-sestri-na-odbelezhuvaneto-na-megunarodniot-den-na-sestrinstvoto/

Условите за работа на медицинските сестри се потпросечни. Потребно е зголемување на коефициентот на плата со оглед дека во моментов платите на медициските сестри се демотивирачки, или се близу минималната плата, потенцираше таа.

Според Гоце Марков, специјалист по семејна нега и патронажна медицина, иако медицинските сестри и техничари се вклучени во примарно, секундарно и терциерно ниво и поминаа тежок период во ковид-кризата, тие сè уште не се соодветно вреднувани.

Нема довлно медицински сестри и техничари, нивната бројка е алармантно ниска, вели тој.

The post Од земја расадник на квалитен медицински кадар до земја на аматери во сестринството appeared first on Република.

]]>

Под мотото „Сплотени до целта" во салата на Советот на Општина Кисела Вода, а во организација на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ се одржа дебата посветена на Неделата на сестринство на која присуствуваа претставници на здруженијата на медицински сестри и други медицински профили.
Од земја расадник на квалитен медицински кадар до земја на аматери во сестринството. Од земја лидер во сестринските практики до земја со најголема смртност во периодот на пандемијата. Од најпочитувана, до најдеградирана професија. Можеме да молчиме и да гледаме стихијно како тонеме, но можеме да го одбереме и другиот пат сплотени сите професионалци со средно, високо образование, специјализации, магистри или доктори на сестрински науки,како и нашите логопеди, физиотерапевти, ртг технолози, биотехнолози, лаборанти, акушерки да ги обединиме нашите барања и со заедничка платформа да настапиме пред надлежните институции, рече Анита Димовска, специјалист по семејна и патронажна грижа.
Медицинската сестра Снежана Исаковска, потенцираше на итноста за донесување на Закон за медицински сестри. https://republika.mk/zivot/zdravje/ne-sme-zadovolni-od-pokachuvaneto-na-platite-kazhaa-meditsinskite-sestri-na-odbelezhuvaneto-na-megunarodniot-den-na-sestrinstvoto/
Условите за работа на медицинските сестри се потпросечни. Потребно е зголемување на коефициентот на плата со оглед дека во моментов платите на медициските сестри се демотивирачки, или се близу минималната плата, потенцираше таа.
Според Гоце Марков, специјалист по семејна нега и патронажна медицина, иако медицинските сестри и техничари се вклучени во примарно, секундарно и терциерно ниво и поминаа тежок период во ковид-кризата, тие сè уште не се соодветно вреднувани.
Нема довлно медицински сестри и техничари, нивната бројка е алармантно ниска, вели тој.

The post Од земја расадник на квалитен медицински кадар до земја на аматери во сестринството appeared first on Република.

]]>
Не сме задоволни од покачувањето на платите, кажаа медицинските сестри на одбележувањето на Меѓународниот ден на сестринството https://republika.mk/vesti/makedonija/ne-sme-zadovolni-od-pokachuvaneto-na-platite-kazhaa-meditsinskite-sestri-na-odbelezhuvaneto-na-megunarodniot-den-na-sestrinstvoto-2/ Fri, 12 May 2023 12:42:15 +0000 https://republika.mk/?p=640178

Достоинството на медицинските сестри е нарушено, меѓутоа, ова се начините на коишто ние ги славиме хуманоста и успесите, а ќе ги кажеме и нашите стратегии. Незадоволството ќе го потенцираме и денеска, не сме задоволни од последните покачувања на платите, ќе продолжиме со барањата за покачување на платите, изјави Гордана Бешлиовска, претседателка на Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“, пред свечената академија, по повод Меѓународниот ден на сестринството.

Бешлиовска порача оти посакува современо сестринство, а на пациентите им посакува јавно здравство со можности, до кое секогаш ќе имаат пристап до правилни здравствени услуги во безбедносни услови.

Да ја спречиме миграцијата, да бидеме доволно во болниците. Суштината на нашето постоење се пациентите. А нашата професија е влог во здрава нација, затоа сметам дека заслужуваме стратешки национални програми. Нашето мото е „Ова е наше време, за да дојдат подобри времиња, нашите сестри, нашата иднина”. Мислам дека и така и не чувствувате и доживувате, медицинските сестри се богатство во државата, нагласи Бешлиовска.

Запрашана да го коментира малото покачување на платите во здравството, наспроти големото, кај функционерите, таа одговори дека е многу недостоинствено да се дискутира ова, со оглед на тоа што, како што нагласи, никаде во регионот нема такво доближување на личните доходи на медицинските сестри до републичкиот минимум. Таа рече дека очекува поддршка од сегашната гарнитура во Министерството за здравство и министерот.

Да продолжат административните процедури, законот да се најде во собраниска процедура, да се регулира професијата, да дојдеме до сопствени лиценци, да се преброиме, да имаме Централен регистар, да знаеме колку сме. Никогаш да не бидеме броени по национална основа и по политичка реторика, посочи таа, додавајќи дека од членството зависи дали од синдикатите ќе се побараат порадикални мерки.

Џевад Салија, претседател на Здружението на медицински сестри Албанки од Гостивар, кое е дел од Унијата, на Денот на сестринството во свое име и од името на членството, им честита на сите медицински сестри. Тој нагласи дека станува збор за една голема застапеност во здравството.

The post Не сме задоволни од покачувањето на платите, кажаа медицинските сестри на одбележувањето на Меѓународниот ден на сестринството appeared first on Република.

]]>

Достоинството на медицинските сестри е нарушено, меѓутоа, ова се начините на коишто ние ги славиме хуманоста и успесите, а ќе ги кажеме и нашите стратегии. Незадоволството ќе го потенцираме и денеска, не сме задоволни од последните покачувања на платите, ќе продолжиме со барањата за покачување на платите, изјави Гордана Бешлиовска, претседателка на Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“, пред свечената академија, по повод Меѓународниот ден на сестринството. Бешлиовска порача оти посакува современо сестринство, а на пациентите им посакува јавно здравство со можности, до кое секогаш ќе имаат пристап до правилни здравствени услуги во безбедносни услови.

Запрашана да го коментира малото покачување на платите во здравството, наспроти големото, кај функционерите, таа одговори дека е многу недостоинствено да се дискутира ова, со оглед на тоа што, како што нагласи, никаде во регионот нема такво доближување на личните доходи на медицинските сестри до републичкиот минимум. Таа рече дека очекува поддршка од сегашната гарнитура во Министерството за здравство и министерот. Да продолжат административните процедури, законот да се најде во собраниска процедура, да се регулира професијата, да дојдеме до сопствени лиценци, да се преброиме, да имаме Централен регистар, да знаеме колку сме. Никогаш да не бидеме броени по национална основа и по политичка реторика, посочи таа, додавајќи дека од членството зависи дали од синдикатите ќе се побараат порадикални мерки. Џевад Салија, претседател на Здружението на медицински сестри Албанки од Гостивар, кое е дел од Унијата, на Денот на сестринството во свое име и од името на членството, им честита на сите медицински сестри. Тој нагласи дека станува збор за една голема застапеност во здравството.

The post Не сме задоволни од покачувањето на платите, кажаа медицинските сестри на одбележувањето на Меѓународниот ден на сестринството appeared first on Република.

]]>
Не сме задоволни од покачувањето на платите, кажаа медицинските сестри на одбележувањето на Меѓународниот ден на сестринството https://republika.mk/zivot/zdravje/ne-sme-zadovolni-od-pokachuvaneto-na-platite-kazhaa-meditsinskite-sestri-na-odbelezhuvaneto-na-megunarodniot-den-na-sestrinstvoto/ Fri, 12 May 2023 12:29:54 +0000 https://republika.mk/?p=640162

Достоинството на медицинските сестри е нарушено, меѓутоа, ова се начините на коишто ние ги славиме хуманоста и успесите, а ќе ги кажеме и нашите стратегии. Незадоволството ќе го потенцираме и денеска, не сме задоволни од последните покачувања на платите, ќе продолжиме со барањата за покачување на платите, изјави Гордана Бешлиовска, претседателка на Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“, пред свечената академија, по повод Меѓународниот ден на сестринството.

Бешлиовска порача оти посакува современо сестринство, а на пациентите им посакува јавно здравство со можности, до кое секогаш ќе имаат пристап до правилни здравствени услуги во безбедносни услови.

Да ја спречиме миграцијата, да бидеме доволно во болниците. Суштината на нашето постоење се пациентите. А нашата професија е влог во здрава нација, затоа сметам дека заслужуваме стратешки национални програми. Нашето мото е „Ова е наше време, за да дојдат подобри времиња, нашите сестри, нашата иднина". Мислам дека и така и не чувствувате и доживувате, медицинските сестри се богатство во државата, нагласи Бешлиовска.

Запрашана да го коментира малото покачување на платите во здравството, наспроти големото, кај функционерите, таа одговори дека е многу недостоинствено да се дискутира ова, со оглед на тоа што, како што нагласи, никаде во регионот нема такво доближување на личните доходи на медицинските сестри до републичкиот минимум. Таа рече дека очекува поддршка од сегашната гарнитура во Министерството за здравство и министерот.

Да продолжат административните процедури, законот да се најде во собраниска процедура, да се регулира професијата, да дојдеме до сопствени лиценци, да се преброиме, да имаме Централен регистар, да знаеме колку сме. Никогаш да не бидеме броени по национална основа и по политичка реторика, посочи таа, додавајќи дека од членството зависи дали од синдикатите ќе се побараат порадикални мерки.

Џевад Салија, претседател на Здружението на медицински сестри Албанки од Гостивар, кое е дел од Унијата, на Денот на сестринството во свое име и од името на членството, им честита на сите медицински сестри. Тој нагласи дека станува збор за една голема застапеност во здравството.

The post Не сме задоволни од покачувањето на платите, кажаа медицинските сестри на одбележувањето на Меѓународниот ден на сестринството appeared first on Република.

]]>

Достоинството на медицинските сестри е нарушено, меѓутоа, ова се начините на коишто ние ги славиме хуманоста и успесите, а ќе ги кажеме и нашите стратегии. Незадоволството ќе го потенцираме и денеска, не сме задоволни од последните покачувања на платите, ќе продолжиме со барањата за покачување на платите, изјави Гордана Бешлиовска, претседателка на Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“, пред свечената академија, по повод Меѓународниот ден на сестринството. Бешлиовска порача оти посакува современо сестринство, а на пациентите им посакува јавно здравство со можности, до кое секогаш ќе имаат пристап до правилни здравствени услуги во безбедносни услови.
Да ја спречиме миграцијата, да бидеме доволно во болниците. Суштината на нашето постоење се пациентите. А нашата професија е влог во здрава нација, затоа сметам дека заслужуваме стратешки национални програми. Нашето мото е „Ова е наше време, за да дојдат подобри времиња, нашите сестри, нашата иднина". Мислам дека и така и не чувствувате и доживувате, медицинските сестри се богатство во државата, нагласи Бешлиовска.
Запрашана да го коментира малото покачување на платите во здравството, наспроти големото, кај функционерите, таа одговори дека е многу недостоинствено да се дискутира ова, со оглед на тоа што, како што нагласи, никаде во регионот нема такво доближување на личните доходи на медицинските сестри до републичкиот минимум. Таа рече дека очекува поддршка од сегашната гарнитура во Министерството за здравство и министерот.
Да продолжат административните процедури, законот да се најде во собраниска процедура, да се регулира професијата, да дојдеме до сопствени лиценци, да се преброиме, да имаме Централен регистар, да знаеме колку сме. Никогаш да не бидеме броени по национална основа и по политичка реторика, посочи таа, додавајќи дека од членството зависи дали од синдикатите ќе се побараат порадикални мерки.
Џевад Салија, претседател на Здружението на медицински сестри Албанки од Гостивар, кое е дел од Унијата, на Денот на сестринството во свое име и од името на членството, им честита на сите медицински сестри. Тој нагласи дека станува збор за една голема застапеност во здравството.

The post Не сме задоволни од покачувањето на платите, кажаа медицинските сестри на одбележувањето на Меѓународниот ден на сестринството appeared first on Република.

]]>
Не може во медицината да делите потребен кадар по јазик – реакција на здруженијата на медицински сестри за упис на акушерки само на албански јазик https://republika.mk/vesti/makedonija/ne-mozhe-vo-meditsinata-da-delite-potreben-kadar-po-jazik-reaktsija-na-zdruzhenijata-na-meditsinski-sestri-za-upis-na-akusherki-samo-na-albanski-jazik/ Thu, 27 Apr 2023 15:38:27 +0000 https://republika.mk/?p=634743

Не може во медицината да делите потребен кадар по јазик. Кадарот се вработува според потреба на болниците, реагира Гордана Бешлиовска од Унијата за здруженија на медицински сестри, техничари и акушери. Таа реагира на конкурсот на средното медицински училиште „д-р Панче Караѓозов“ каде за упис за во училиштето нема паралелка за акушерки на македонски јазик, објави Канал 5.

За Бешлиовска двата смера воопшто немаат сличност, и не може медицинските сестри да конкурираат за оглас за акушерки.
Бешлиовска објаснува дека сестрите во образованието точно добиваат каков профил на сестра ќе иде. Не може медицина да се меша со националност медицинската сестра се едуцира со цел да има подобро образование во дејноста која ќе ја врши. Од здружението ќе реагираат до институциите кои носат одлука.

Маја Салиу директорка на средното училиште „д-р Панче Караѓозов“ за Канал 5 пред два дена објасни дека за уписот за средното училиште се зголемила една паралелка на Македонски јазик кај медицинските сестри, а кај смерот за акушерки е само на Албански јазик.
Салиу објасни дека нема разлика во двата смера и дека нема дискриминација за ниту еден нов ученик во ова училиште.

Извор: Канал 5

The post Не може во медицината да делите потребен кадар по јазик – реакција на здруженијата на медицински сестри за упис на акушерки само на албански јазик appeared first on Република.

]]>

Не може во медицината да делите потребен кадар по јазик. Кадарот се вработува според потреба на болниците, реагира Гордана Бешлиовска од Унијата за здруженија на медицински сестри, техничари и акушери. Таа реагира на конкурсот на средното медицински училиште „д-р Панче Караѓозов“ каде за упис за во училиштето нема паралелка за акушерки на македонски јазик, објави Канал 5. За Бешлиовска двата смера воопшто немаат сличност, и не може медицинските сестри да конкурираат за оглас за акушерки. Бешлиовска објаснува дека сестрите во образованието точно добиваат каков профил на сестра ќе иде. Не може медицина да се меша со националност медицинската сестра се едуцира со цел да има подобро образование во дејноста која ќе ја врши. Од здружението ќе реагираат до институциите кои носат одлука. Маја Салиу директорка на средното училиште „д-р Панче Караѓозов“ за Канал 5 пред два дена објасни дека за уписот за средното училиште се зголемила една паралелка на Македонски јазик кај медицинските сестри, а кај смерот за акушерки е само на Албански јазик. Салиу објасни дека нема разлика во двата смера и дека нема дискриминација за ниту еден нов ученик во ова училиште. Извор: Канал 5

The post Не може во медицината да делите потребен кадар по јазик – реакција на здруженијата на медицински сестри за упис на акушерки само на албански јазик appeared first on Република.

]]>
Триесет и четири медицински сестри со завршена висока медицинска школа од Битола поднеле документи за работа во Германија https://republika.mk/vesti/makedonija/trieset-i-chetiri-meditsinski-sestri-so-zavrshena-visoka-meditsinska-shkola-od-bitola-podnele-dokumenti-za-rabota-vo-germanija/ Sun, 23 Apr 2023 09:10:35 +0000 https://republika.mk/?p=633173

Триесет и четири медицински сестри со завршена Висока медицинска школа во Битола лани побарале да им бидат преведат наставните планови и програми по кои студирале за ги приложат во здравствените установи во странство каде се вработуваат, претежно во Германија. Меѓу нив имало и медицински кадри дипломирани и пред 15 години, од кои дел не успеале да најдат вработување во земјава.

Ова е само мал дел од вкупната бројка медицински сестри кои заминуваат на работа во странство поради подобри услови, плата, а некои и поради тоа што со години не биле вработени, пишува „СДК.мк“.

Главните причини поради кои дипломираните студенти заминуваат да работат во странство се неможноста за лесно наоаѓање работа тука, тешко се стигнува до работа за медицински лица, а потоа доаѓа и материјалното односно поголемите плати во странство, што не сметам дека е доволен мотив за да нè одвлече во странство.

Земајќи ги во предвид сите услови во кои се наоѓаме, јас сум еден од оние студенти кои искрено ја гледаат својата иднина во Македонија, се надевам дека ќе имам прилика да творам и работам тука, во земјата во која сум се образовал“, вели Христијан Ѓоргиевски, студент од трета година во Високата медицинска школа, претседател на Студентското собрание при Школата.

Дипломите од Високата медицинска школа, која годинава слави 35 години постоење, се признати во Германија и други земји, па за нив таму не е потребна нострификација.

Имаме статус со кој во базата на универзитети во Германија нашата школа е препозната и призната. Дипломата е комплетно призната, а тоа им овозможува дипломираните кадри да го најдат своето место и на европскиот пазар, најмногу во Германија. Сè почесто ги преведуваме тие наставни програми, сѐ повеќе се присутни такви барања од дипломирани студенти за да можат да ги проложат документите во институциите во странство каде се вработуваат“, вели проф. д-р Тања Јовановска, директорка на Високата медицинска школа.

Повеќе на СДК.мк.

The post Триесет и четири медицински сестри со завршена висока медицинска школа од Битола поднеле документи за работа во Германија appeared first on Република.

]]>

Триесет и четири медицински сестри со завршена Висока медицинска школа во Битола лани побарале да им бидат преведат наставните планови и програми по кои студирале за ги приложат во здравствените установи во странство каде се вработуваат, претежно во Германија. Меѓу нив имало и медицински кадри дипломирани и пред 15 години, од кои дел не успеале да најдат вработување во земјава. Ова е само мал дел од вкупната бројка медицински сестри кои заминуваат на работа во странство поради подобри услови, плата, а некои и поради тоа што со години не биле вработени, пишува „СДК.мк“.
Главните причини поради кои дипломираните студенти заминуваат да работат во странство се неможноста за лесно наоаѓање работа тука, тешко се стигнува до работа за медицински лица, а потоа доаѓа и материјалното односно поголемите плати во странство, што не сметам дека е доволен мотив за да нè одвлече во странство.   Земајќи ги во предвид сите услови во кои се наоѓаме, јас сум еден од оние студенти кои искрено ја гледаат својата иднина во Македонија, се надевам дека ќе имам прилика да творам и работам тука, во земјата во која сум се образовал“, вели Христијан Ѓоргиевски, студент од трета година во Високата медицинска школа, претседател на Студентското собрание при Школата.