Македонија - Унгарија Archives - Република https://republika.mk/tema/makedonija-ungarija/ За подобро да се разбереме Fri, 27 Sep 2024 10:53:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Македонија - Унгарија Archives - Република https://republika.mk/tema/makedonija-ungarija/ 32 32 Македонија и Унгарија споделуваат исти традиционални вредности во многу сфери https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-i-ungarija-spodeluvaat-isti-traditsionalni-vrednosti-vo-mnogu-sferi/ Fri, 27 Sep 2024 10:53:47 +0000 https://republika.mk/?p=820207

Заменикот-претседател на Владата задолжен за политички систем, Љупчо Димовски денеска во Охрид оствари билатерална средба со вицепремиерот на Унгарија Золт Семјен во рамките на меѓувладината седница меѓу Република Македонија и Република Унгарија.

Соговорниците, како што соопшти Владата, разговарале за повеќе актуелни теми при што заклучиле дека двете држави споделуваат исти традиционални вредности во многу сфери, пред сѐ во делот на проширувањето на Европската унија, економијата и слободата на вероисповест и правото на верско изразување.

На средбата, како што е наведено, било потенцирано дека имплементацијата на стратешките проекти подразбира зајакнување на суверенитетот на земјата и ЕУ, особено заради интеграција на регионот во целина.

Унгарија, како штое нагласено, е силен поддржувач за наше забрзано и целосно европско интегрирање.

The post Македонија и Унгарија споделуваат исти традиционални вредности во многу сфери appeared first on Република.

]]>

Заменикот-претседател на Владата задолжен за политички систем, Љупчо Димовски денеска во Охрид оствари билатерална средба со вицепремиерот на Унгарија Золт Семјен во рамките на меѓувладината седница меѓу Република Македонија и Република Унгарија. Соговорниците, како што соопшти Владата, разговарале за повеќе актуелни теми при што заклучиле дека двете држави споделуваат исти традиционални вредности во многу сфери, пред сѐ во делот на проширувањето на Европската унија, економијата и слободата на вероисповест и правото на верско изразување. На средбата, како што е наведено, било потенцирано дека имплементацијата на стратешките проекти подразбира зајакнување на суверенитетот на земјата и ЕУ, особено заради интеграција на регионот во целина. Унгарија, како штое нагласено, е силен поддржувач за наше забрзано и целосно европско интегрирање.

The post Македонија и Унгарија споделуваат исти традиционални вредности во многу сфери appeared first on Република.

]]>
Брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта, преговараа Николоски и колегата Лазар https://republika.mk/vesti/ekonomija/brza-pruga-na-koridor-10-i-kvalitetno-povrzuvane-na-skopje-so-budimpeshta-pregovaraa-nikoloski-i-kolegata-lazar/ Fri, 27 Sep 2024 09:39:30 +0000 https://republika.mk/?p=820174

Изградба на брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта, односно поврзување на Македонија преку брза пруга со пристаништата во Грција и со земјите од Централна Европа била главна тема на средбата на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и  министерот за градежништво и инвестиции на Унгарија, Јанош Лазар. Средбата е во рамки на работната посета на Македонија од страна на делегацијата на Владата на Унгарија која ја предводи премиерот Виктор Орбан.

Ова е проект што ќе донесе големи придобивки за сите земји од регионот, ќе го зајакне економскиот развој и соработка меѓу земјите и ќе овозможи сигурен и брз транспорт на патници и производи. Го фаќаме последен чекор Македонија да се приклучи на напредните технолошки достигнувања во железницата во регионот и затоа овој проект е приоритетен, не само за нас туку за сите земји долж Коридор 10, истакнал Николоски.

Тој на средбата, што се одржа во Охрид, ја потенцирал важноста на поддршката на земјите од Европската Унија за реализација на еден ваков проект бидејќи како што нагласи, брзата пруга е услов за економски развој и подобра комуникација за сите земји од регионот.

На средбата се разговарало и за искустава и практики што се применуваат во двете земји во различни сегменти на транспортот, градежништвото и инвестициите.

Министерот, исто така, информирал и за забрзаните активности за реализација на крупните капитални проекти во Македонија. Тој изразил благодарност за економската поддршка од Унгарија кон нашата земја, потенцирајќи дека средствата од заемот веќе се насочени кон општините за реализација на инфраструктурни проекти.

Билатералните односи со Унгарија ни се на одлично ниво. Унгарија како дел од Европската Унија е стратешки партнер на Македонија и голем подржувач во реализација на стратешките цели на земјата и во делот на политичките и во делот на економските развојни политики, потенцирал Николоски по средбата.

Двајцата министри се согласиле за интензивирање на соработката и унапредување на политиките кои се однесуваат на регионалното поврзување. 

The post Брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта, преговараа Николоски и колегата Лазар appeared first on Република.

]]>

Изградба на брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта, односно поврзување на Македонија преку брза пруга со пристаништата во Грција и со земјите од Централна Европа била главна тема на средбата на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и  министерот за градежништво и инвестиции на Унгарија, Јанош Лазар. Средбата е во рамки на работната посета на Македонија од страна на делегацијата на Владата на Унгарија која ја предводи премиерот Виктор Орбан.
Ова е проект што ќе донесе големи придобивки за сите земји од регионот, ќе го зајакне економскиот развој и соработка меѓу земјите и ќе овозможи сигурен и брз транспорт на патници и производи. Го фаќаме последен чекор Македонија да се приклучи на напредните технолошки достигнувања во железницата во регионот и затоа овој проект е приоритетен, не само за нас туку за сите земји долж Коридор 10, истакнал Николоски.
Тој на средбата, што се одржа во Охрид, ја потенцирал важноста на поддршката на земјите од Европската Унија за реализација на еден ваков проект бидејќи како што нагласи, брзата пруга е услов за економски развој и подобра комуникација за сите земји од регионот. На средбата се разговарало и за искустава и практики што се применуваат во двете земји во различни сегменти на транспортот, градежништвото и инвестициите. Министерот, исто така, информирал и за забрзаните активности за реализација на крупните капитални проекти во Македонија. Тој изразил благодарност за економската поддршка од Унгарија кон нашата земја, потенцирајќи дека средствата од заемот веќе се насочени кон општините за реализација на инфраструктурни проекти.
Билатералните односи со Унгарија ни се на одлично ниво. Унгарија како дел од Европската Унија е стратешки партнер на Македонија и голем подржувач во реализација на стратешките цели на земјата и во делот на политичките и во делот на економските развојни политики, потенцирал Николоски по средбата.
Двајцата министри се согласиле за интензивирање на соработката и унапредување на политиките кои се однесуваат на регионалното поврзување. 

The post Брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта, преговараа Николоски и колегата Лазар appeared first on Република.

]]>
Мицкоски откри што се разгледуваше на денешната меѓувладина седница во Охрид https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-otkri-shto-se-razgleduvashe-na-deneshnata-meguvladina-sednitsa-vo-ohrid/ Fri, 27 Sep 2024 09:26:22 +0000 https://republika.mk/?p=820159

Премиерот Христијан Мицкоски се огласи по завршувањето на меѓувладината седница помеѓу македонската и Владата на Унгарија.

Седницата којашто ја предводевме со премиерот Виктор Орбан на која заедно со министрите се разгледаа важни прашања од заеднички интерес.
Се дискутираше за соработка со фокус на економската соработка, инфраструктурните проекти, културната размена како и борбата против криминалот и корупцијата, рече Мицкоски.

На седницата ѝ претходеше тет-а-тет средба на претседателите на владите на двете држави.

Премиерот Мицкоски за средбата истакна дека била пријателска, а за Унгарија дека историски била држава партнер што ги препознал македонските стремежи за независност и суверенитет.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ungarija-ne-e-samo-nash-partner-tuku-i-primer-za-toa-kako-edna-drzhava-mozhe-uspeshno-da-go-balansira-natsionalniot-suverenitet-so-globalnata-integratsija/

Со години наназад, политичките и економските врски меѓу нашите држави се продлабочуваат, а денешните средби само го потврдуваат нашето стратешко сојузништво. Унгарија не е само наш партнер во европската сцена, туку и пример за тоа како една држава може успешно да го балансира националниот суверенитет со глобалната интеграција, напиша Мицкоски на својот фејсбук профил.

По меѓувладината седница протоколот предвидува двајцата премиери да одржат прес-конференција на која ќе презентираат детали од текот на остварените разговори.

Бројната унгарска делегација што синоќа допатува во Охрид е составена од десеттина министри од Кабинетот на Орбан.

Попладнево предвидена е и прошетка на унгарската делегација низ Охрид, посета на црквата Богородица Перивлепта, Античкиот театар и манастирскиот комплекс Свети Наум, а премиерите на двете земји ќе положат цвеќе пред споменикот на Свети Кирил и Методиј во Охрид.

The post Мицкоски откри што се разгледуваше на денешната меѓувладина седница во Охрид appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски се огласи по завршувањето на меѓувладината седница помеѓу македонската и Владата на Унгарија.
Седницата којашто ја предводевме со премиерот Виктор Орбан на која заедно со министрите се разгледаа важни прашања од заеднички интерес. Се дискутираше за соработка со фокус на економската соработка, инфраструктурните проекти, културната размена како и борбата против криминалот и корупцијата, рече Мицкоски.
  На седницата ѝ претходеше тет-а-тет средба на претседателите на владите на двете држави. Премиерот Мицкоски за средбата истакна дека била пријателска, а за Унгарија дека историски била држава партнер што ги препознал македонските стремежи за независност и суверенитет. https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ungarija-ne-e-samo-nash-partner-tuku-i-primer-za-toa-kako-edna-drzhava-mozhe-uspeshno-da-go-balansira-natsionalniot-suverenitet-so-globalnata-integratsija/
Со години наназад, политичките и економските врски меѓу нашите држави се продлабочуваат, а денешните средби само го потврдуваат нашето стратешко сојузништво. Унгарија не е само наш партнер во европската сцена, туку и пример за тоа како една држава може успешно да го балансира националниот суверенитет со глобалната интеграција, напиша Мицкоски на својот фејсбук профил.
По меѓувладината седница протоколот предвидува двајцата премиери да одржат прес-конференција на која ќе презентираат детали од текот на остварените разговори. Бројната унгарска делегација што синоќа допатува во Охрид е составена од десеттина министри од Кабинетот на Орбан. Попладнево предвидена е и прошетка на унгарската делегација низ Охрид, посета на црквата Богородица Перивлепта, Античкиот театар и манастирскиот комплекс Свети Наум, а премиерите на двете земји ќе положат цвеќе пред споменикот на Свети Кирил и Методиј во Охрид.

The post Мицкоски откри што се разгледуваше на денешната меѓувладина седница во Охрид appeared first on Република.

]]>
Во тек е меѓувладината седница на македонската и на унгарската влада во Охрид https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-tek-e-meguvladinata-sednitsa-na-makedonskata-i-na-ungarskata-vlada-vo-ohrid/ Fri, 27 Sep 2024 08:49:32 +0000 https://republika.mk/?p=820140

Во Охрид тукушто започна заедничката седница на Владите на Република Македонија и на Унгарија, предводени од премиерите на двете држави, Христијан Мицкоски и Виктор Орбан.

На седницата што е предвидена да трае околу два часа и претходеше тет-а-тет средба на претседателите на владите на двете држави.

Премиерот Мицкоски за средбата истакна дека била пријателска, а за Унгарија дека историски била држава партнер што ги препознал македонските стремежи за независност и суверенитет.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ungarija-ne-e-samo-nash-partner-tuku-i-primer-za-toa-kako-edna-drzhava-mozhe-uspeshno-da-go-balansira-natsionalniot-suverenitet-so-globalnata-integratsija/

Со години наназад, политичките и економските врски меѓу нашите држави се продлабочуваат, а денешните средби само го потврдуваат нашето стратешко сојузништво. Унгарија не е само наш партнер во европската сцена, туку и пример за тоа како една држава може успешно да го балансира националниот суверенитет со глобалната интеграција, напиша Мицкоски на својот фејсбук профил.

По меѓувладината седница протоколот предвидува двајцата премиери да одржат прес-конференција на која ќе презентираат детали од текот на остварените разговори.

Бројната унгарска делегација што синоќа допатува во Охрид е составена од десеттина министри од Кабинетот на Орбан.

Попладнево предвидена е и прошетка на унгарската делегација низ Охрид, посета на црквата Богородица Перивлепта, Античкиот театар и манастирскиот комплекс Свети Наум, а премиерите на двете земји ќе положат цвеќе пред споменикот на Свети Кирил и Методиј во Охрид.

The post Во тек е меѓувладината седница на македонската и на унгарската влада во Охрид appeared first on Република.

]]>

Во Охрид тукушто започна заедничката седница на Владите на Република Македонија и на Унгарија, предводени од премиерите на двете држави, Христијан Мицкоски и Виктор Орбан. На седницата што е предвидена да трае околу два часа и претходеше тет-а-тет средба на претседателите на владите на двете држави. Премиерот Мицкоски за средбата истакна дека била пријателска, а за Унгарија дека историски била држава партнер што ги препознал македонските стремежи за независност и суверенитет. https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ungarija-ne-e-samo-nash-partner-tuku-i-primer-za-toa-kako-edna-drzhava-mozhe-uspeshno-da-go-balansira-natsionalniot-suverenitet-so-globalnata-integratsija/
Со години наназад, политичките и економските врски меѓу нашите држави се продлабочуваат, а денешните средби само го потврдуваат нашето стратешко сојузништво. Унгарија не е само наш партнер во европската сцена, туку и пример за тоа како една држава може успешно да го балансира националниот суверенитет со глобалната интеграција, напиша Мицкоски на својот фејсбук профил.
По меѓувладината седница протоколот предвидува двајцата премиери да одржат прес-конференција на која ќе презентираат детали од текот на остварените разговори. Бројната унгарска делегација што синоќа допатува во Охрид е составена од десеттина министри од Кабинетот на Орбан. Попладнево предвидена е и прошетка на унгарската делегација низ Охрид, посета на црквата Богородица Перивлепта, Античкиот театар и манастирскиот комплекс Свети Наум, а премиерите на двете земји ќе положат цвеќе пред споменикот на Свети Кирил и Методиј во Охрид.

The post Во тек е меѓувладината седница на македонската и на унгарската влада во Охрид appeared first on Република.

]]>
Мицкоски за посетата на Орбан: Веруваме дека посетата ќе отвори нови патишта за економска и културна соработка https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-za-posetata-na-orban-veruvame-deka-posetata-ke-otvori-novi-patishta-za-ekonomska-i-kulturna-sorabotka/ Thu, 26 Sep 2024 17:45:35 +0000 https://republika.mk/?p=819983

Премиерот Христијан Мицкоски по повод пристигнувањето на унгарскиот премиер Виктор Орбан на социјалната мрежа „Фејсбук“ напиша дека посетата ќе отвори нови можности за економска и култура соработка.

Горди на можноста да ја зајакнеме соработката помеѓу нашите две земји. Веруваме дека оваа посета ќе отвори нови патишта за економска и културна размена и ќе ја зајакне нашата пријателска врска. Очекуваме плодни разговори и заеднички иницијативи, пишува во објавата.

Унгарскиот премиер попладнево со владина делегација во која има 10-тина министри пристигна во Охрид каде утре ќе има средба со премиерот Мицкоски, а ќе се одржи и меѓувладина седница.

Орбан беше пречекан со високи државни почести на Охридскиот аеродром.

The post Мицкоски за посетата на Орбан: Веруваме дека посетата ќе отвори нови патишта за економска и културна соработка appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски по повод пристигнувањето на унгарскиот премиер Виктор Орбан на социјалната мрежа „Фејсбук“ напиша дека посетата ќе отвори нови можности за економска и култура соработка.
Горди на можноста да ја зајакнеме соработката помеѓу нашите две земји. Веруваме дека оваа посета ќе отвори нови патишта за економска и културна размена и ќе ја зајакне нашата пријателска врска. Очекуваме плодни разговори и заеднички иницијативи, пишува во објавата.
Унгарскиот премиер попладнево со владина делегација во која има 10-тина министри пристигна во Охрид каде утре ќе има средба со премиерот Мицкоски, а ќе се одржи и меѓувладина седница. Орбан беше пречекан со високи државни почести на Охридскиот аеродром.

The post Мицкоски за посетата на Орбан: Веруваме дека посетата ќе отвори нови патишта за економска и културна соработка appeared first on Република.

]]>
Орбан пристигна во Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/orban-pristigna-vo-makedonija/ Thu, 26 Sep 2024 16:54:36 +0000 https://republika.mk/?p=819962

Унгарскиот премиер Виктор Орбан пристигна во Македонија. Тој беше пречекан на аеродромот во Охрид од страна на премиерот Христијан Мицкоски и министрите од македонската влада.

Како што информира владината прес-служба, Мицкоски утре (петок) ќе оствари официјална тет-а-тет средба со неговиот унгарски колега во премиерската вила во Охрид, а во рамки на посетата ќе се остварат и низа билатерални средби на македонските министри со ресорните колеги од унгарската делегација.

Утре ќе се одржи и заедничка меѓувладина седница во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид, а по завршувањето на седницата на истата локација се очекува прес-конференција да одржат двајцата премиери.

Како што информираат од Владата, на маргините на дводневната посета предвидена е прошетка во Охрид, посета на црквата Богородица Перивлепта, Античкиот театар и манастирскиот комплекс „Свети Наум“, а премиерите на двете земји ќе положат цвеќе пред споменикот на светите Кирил и Методиј во Охрид.

[gallery ids="819974,819972,819971,819968,819967,819970,819966,819965,819963"]

Горди на можноста да ја зајакнеме соработката помеѓу нашите две земји. Веруваме дека оваа посета ќе отвори нови патишта за економска и културна размена и ќе ја зајакне нашата пријателска врска.
Очекуваме плодни разговори и заеднички иницијативи, рече Мицкоски по повод посетата.

The post Орбан пристигна во Македонија appeared first on Република.

]]>

Унгарскиот премиер Виктор Орбан пристигна во Македонија. Тој беше пречекан на аеродромот во Охрид од страна на премиерот Христијан Мицкоски и министрите од македонската влада. Како што информира владината прес-служба, Мицкоски утре (петок) ќе оствари официјална тет-а-тет средба со неговиот унгарски колега во премиерската вила во Охрид, а во рамки на посетата ќе се остварат и низа билатерални средби на македонските министри со ресорните колеги од унгарската делегација. Утре ќе се одржи и заедничка меѓувладина седница во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид, а по завршувањето на седницата на истата локација се очекува прес-конференција да одржат двајцата премиери. Како што информираат од Владата, на маргините на дводневната посета предвидена е прошетка во Охрид, посета на црквата Богородица Перивлепта, Античкиот театар и манастирскиот комплекс „Свети Наум“, а премиерите на двете земји ќе положат цвеќе пред споменикот на светите Кирил и Методиј во Охрид. [gallery ids="819974,819972,819971,819968,819967,819970,819966,819965,819963"]
Горди на можноста да ја зајакнеме соработката помеѓу нашите две земји. Веруваме дека оваа посета ќе отвори нови патишта за економска и културна размена и ќе ја зајакне нашата пријателска врска. Очекуваме плодни разговори и заеднички иницијативи, рече Мицкоски по повод посетата.

The post Орбан пристигна во Македонија appeared first on Република.

]]>
Средба на министерот Муртезани со унгарскиот амбасадор Клеин https://republika.mk/vesti/makedonija/sredba-na-ministerot-murtezani-so-ungarskiot-ambasador-klein/ Thu, 01 Aug 2024 11:50:26 +0000 https://republika.mk/?p=802351

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска се сретна со амбасадорот на Унгарија, Андраш Клеин, на која, како што информираат од МЕП, се дискутираше за јакнењето на билатералните односи и напредокот на процесот на интеграција на земјата во Европската Унија.

Муртезани упатил честитки за преземањето на претседателството на Унгарија со Советот на ЕУ и изразил надеж дека унгарското претседавање ќе донесе напредок во пристапните преговори, истакнувајќи дека Министерството за европски прашања е целосно посветено на оваа стратешка цел за членство во Унијата. Тој ја нагласил подготвеноста на земјата за тесна и успешна соработка како со новата Европска комисија, така и со Унгарското претседателство. Во тој контекст, министерот Муртезани се заблагодарил за упатената покана од унгарска страна за негова посета на Будимпешта, за време на нивното претседавање и заедно со амбасадорот Клеин ги разгледале можностите за нејзина реализација.

Соговорниците разговарале и за важноста на регионалната соработка, истакнувајќи дека Вишеградската група во која Унгарија е членка, претставува одличен модел за споделување на добри практики и помош во имплементацијата на ЕУ стандардите. Се разговараше и за потенцијалната соработка во различни области, како и за активностите кои можат да придонесат за забрзување на процесот на интеграција.

The post Средба на министерот Муртезани со унгарскиот амбасадор Клеин appeared first on Република.

]]>

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска се сретна со амбасадорот на Унгарија, Андраш Клеин, на која, како што информираат од МЕП, се дискутираше за јакнењето на билатералните односи и напредокот на процесот на интеграција на земјата во Европската Унија. Муртезани упатил честитки за преземањето на претседателството на Унгарија со Советот на ЕУ и изразил надеж дека унгарското претседавање ќе донесе напредок во пристапните преговори, истакнувајќи дека Министерството за европски прашања е целосно посветено на оваа стратешка цел за членство во Унијата. Тој ја нагласил подготвеноста на земјата за тесна и успешна соработка како со новата Европска комисија, така и со Унгарското претседателство. Во тој контекст, министерот Муртезани се заблагодарил за упатената покана од унгарска страна за негова посета на Будимпешта, за време на нивното претседавање и заедно со амбасадорот Клеин ги разгледале можностите за нејзина реализација. Соговорниците разговарале и за важноста на регионалната соработка, истакнувајќи дека Вишеградската група во која Унгарија е членка, претставува одличен модел за споделување на добри практики и помош во имплементацијата на ЕУ стандардите. Се разговараше и за потенцијалната соработка во различни области, како и за активностите кои можат да придонесат за забрзување на процесот на интеграција.

The post Средба на министерот Муртезани со унгарскиот амбасадор Клеин appeared first on Република.

]]>
Николоски: Овие 500 милиони евра се наменети за стопанството и за општините https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-ovie-500-milioni-evra-se-nameneti-za-stopanstvoto-i-za-opshtinite/ Fri, 12 Jul 2024 07:50:33 +0000 https://republika.mk/?p=795998

Ова се едни од најдобрите услови што можат да се добијат и нека размислат граѓаните дали било кој може вакви услови да добие од било која банка, истакна Александар Николоски, заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт, говорејќи за 500-те милиони евра што Македонија ќе ги добие како позајмица од Унгарија.

Во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија, тој појаснува дека за позајмицата во износ од 500 милиони евра имаме три години грејс период, а вкупен рок за отплата се 15 години и камата само 3.25 проценти, што, според него, е историски најниска камата.

Министерот Николоски додаде дека е уште поважно, а го најави и премиерот Христијан Мицкоски, е дека со Унгарија ќе се воспостави стратешко економска соработка, што ќе значи дека Македонија ќе има можност во годините кои што доаѓаат преку оваа соработка да искористи и други средства.

Зошто ни се потребни овие средства? Овие средства ни се прво за да го поддржиме стопанството. Под исти услови под кои што ги земаме овие средства ќе ги пласираме во стопанството. Тоа е за првите 250 милиони евра, а додека пак другите 250 милиони евра ќе ги користиме за општините за да ги развиеме општините. Постигнат е одличен договор и Унгарија покажа дека е еден од најдобрите пријатели на Македонија. Виктор Орбан покажува една прекрасна визија за Македонија. Интерес на Унгарија е единствено стабилна Македонија, развиена Македонија. Нивниот интерес е Македонија да стане членка на ЕУ, истакна Николоски.

Николоски се осврна и обвинувањата од страна на политичката партија СДСМ за позајмените средства.

Само во сфаќањата на СДСМ е добро Македонија да се задолжи повеќе. Затоа тие ја задолжија Македонија колку што ја задолжија. Само во сфаќањата на СДСМ е подобро да се има повисока отколку пониска камата. И само во нивните сфаќања пократок отколку подолг рок на враќање, затоа СДСМ изгуби на избори и доживеа крах, потенцираше меѓу другото министерот Николоски.

The post Николоски: Овие 500 милиони евра се наменети за стопанството и за општините appeared first on Република.

]]>

Ова се едни од најдобрите услови што можат да се добијат и нека размислат граѓаните дали било кој може вакви услови да добие од било која банка, истакна Александар Николоски, заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт, говорејќи за 500-те милиони евра што Македонија ќе ги добие како позајмица од Унгарија. Во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија, тој појаснува дека за позајмицата во износ од 500 милиони евра имаме три години грејс период, а вкупен рок за отплата се 15 години и камата само 3.25 проценти, што, според него, е историски најниска камата. Министерот Николоски додаде дека е уште поважно, а го најави и премиерот Христијан Мицкоски, е дека со Унгарија ќе се воспостави стратешко економска соработка, што ќе значи дека Македонија ќе има можност во годините кои што доаѓаат преку оваа соработка да искористи и други средства.
Зошто ни се потребни овие средства? Овие средства ни се прво за да го поддржиме стопанството. Под исти услови под кои што ги земаме овие средства ќе ги пласираме во стопанството. Тоа е за првите 250 милиони евра, а додека пак другите 250 милиони евра ќе ги користиме за општините за да ги развиеме општините. Постигнат е одличен договор и Унгарија покажа дека е еден од најдобрите пријатели на Македонија. Виктор Орбан покажува една прекрасна визија за Македонија. Интерес на Унгарија е единствено стабилна Македонија, развиена Македонија. Нивниот интерес е Македонија да стане членка на ЕУ, истакна Николоски.
Николоски се осврна и обвинувањата од страна на политичката партија СДСМ за позајмените средства.
Само во сфаќањата на СДСМ е добро Македонија да се задолжи повеќе. Затоа тие ја задолжија Македонија колку што ја задолжија. Само во сфаќањата на СДСМ е подобро да се има повисока отколку пониска камата. И само во нивните сфаќања пократок отколку подолг рок на враќање, затоа СДСМ изгуби на избори и доживеа крах, потенцираше меѓу другото министерот Николоски.

The post Николоски: Овие 500 милиони евра се наменети за стопанството и за општините appeared first on Република.

]]>
Николоски на средба со амбасадорот Клајн: Огромна е поддршката што Унгарија ја овозможува за евроинтегративниот процес https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-na-sredba-so-ambasadorot-klajn-ogromna-e-poddrshkata-shto-ungarija-ja-ovozmozhuva-za-evrointegrativniot-protses/ Wed, 03 Jul 2024 16:24:48 +0000 https://republika.mk/?p=793159

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска оствари работна средба со Амбасадорот на Унгарија, Андраш Клајн.

Како што се наведува во соопштението од Министерството за транспорт, на средбата Николоски упати честитки за преземањето на претседателството со Советот на ЕУ од страна на Унгарија, со порака дека Владата останува силно фокусирана на европската агенда.

Исто така министерот Николоски ги потенцираше реформските процеси, истакнувајќи ги плановите на Владата за регионална интеграција и зајакнување на односите со земјите од Западен Балкан, се посочува во соопштението.

На средбата биле разменети информации околу искуствата за модернизација на регионалната инфраструктура, со посебен фокус на патната и железничката инфраструктура.

Во Унгарија гледаме како долгогодишен партнер и пријател и огромна е поддршката што ја овозможува Унгарија за евроинтегративниот процес како врвен приоритет, потенцирал на средбата министерот Николоски.

И двајцата се согласиле за натамошно зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката во области од заеднички интерес за двете земји.

The post Николоски на средба со амбасадорот Клајн: Огромна е поддршката што Унгарија ја овозможува за евроинтегративниот процес appeared first on Република.

]]>

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска оствари работна средба со Амбасадорот на Унгарија, Андраш Клајн. Како што се наведува во соопштението од Министерството за транспорт, на средбата Николоски упати честитки за преземањето на претседателството со Советот на ЕУ од страна на Унгарија, со порака дека Владата останува силно фокусирана на европската агенда.
Исто така министерот Николоски ги потенцираше реформските процеси, истакнувајќи ги плановите на Владата за регионална интеграција и зајакнување на односите со земјите од Западен Балкан, се посочува во соопштението.
На средбата биле разменети информации околу искуствата за модернизација на регионалната инфраструктура, со посебен фокус на патната и железничката инфраструктура. Во Унгарија гледаме како долгогодишен партнер и пријател и огромна е поддршката што ја овозможува Унгарија за евроинтегративниот процес како врвен приоритет, потенцирал на средбата министерот Николоски. И двајцата се согласиле за натамошно зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката во области од заеднички интерес за двете земји.

The post Николоски на средба со амбасадорот Клајн: Огромна е поддршката што Унгарија ја овозможува за евроинтегративниот процес appeared first on Република.

]]>
Унгарија ќе се обиде да почне конкретни преговори со новата, силно ориентирана кон интеграција влада на Македонија https://republika.mk/vesti/svet/ungarija-ke-se-obide-da-pochne-konkretni-pregovori-so-novata-silno-orientirana-kon-integratsija-vlada-na-makedonija/ Thu, 27 Jun 2024 12:33:52 +0000 https://republika.mk/?p=791279

Унгарија ќе се обиде да започне „конкретни преговори со новата, силно ориентирана кон интеграција влада на Македонија“, изјави денескаминистерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто на конференцијата на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) во Париз.

За време на нејзиното претседавање со ЕУ, кое ќе започне на 1 јули, Унгарија ќе одржи меѓувладини преговори со сите пет кандидати за членство од Западен Балкан.

Интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ е „економски, како и политички и безбедносен интерес на Унгарија. Унгарските инвестиции во регионот достигнаа 2,5 милијарди евра, трговијата се зголеми за четири пати повеќе од 7 милијарди евра од 2010 година, рече тој.

Унгарија, исто така, помага со испраќање експерти и обука на официјални лица за да им помогнат полесно да се движат во „комплицираниот процес на пристапување“, додаде тој.

Сијарто изјави дека Централна Европа и Западен Балкан можат да бидат „мост“ меѓу Истокот и Западот, што е многу потребно „за враќање на соработката Исток-Запад заснована на меѓусебно почитување и може да го покаже излезот од сегашниот турбулентен кризен период.”

Унгарија е подготвена да ја преземе таа улога и да ги поддржи земјите од Западен Балкан во тоа, изјави унгарскиот министер за надворешни работи.

The post Унгарија ќе се обиде да почне конкретни преговори со новата, силно ориентирана кон интеграција влада на Македонија appeared first on Република.

]]>

Унгарија ќе се обиде да започне „конкретни преговори со новата, силно ориентирана кон интеграција влада на Македонија“, изјави денескаминистерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто на конференцијата на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) во Париз. За време на нејзиното претседавање со ЕУ, кое ќе започне на 1 јули, Унгарија ќе одржи меѓувладини преговори со сите пет кандидати за членство од Западен Балкан.
Интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ е „економски, како и политички и безбедносен интерес на Унгарија. Унгарските инвестиции во регионот достигнаа 2,5 милијарди евра, трговијата се зголеми за четири пати повеќе од 7 милијарди евра од 2010 година, рече тој.
Унгарија, исто така, помага со испраќање експерти и обука на официјални лица за да им помогнат полесно да се движат во „комплицираниот процес на пристапување“, додаде тој. Сијарто изјави дека Централна Европа и Западен Балкан можат да бидат „мост“ меѓу Истокот и Западот, што е многу потребно „за враќање на соработката Исток-Запад заснована на меѓусебно почитување и може да го покаже излезот од сегашниот турбулентен кризен период.” Унгарија е подготвена да ја преземе таа улога и да ги поддржи земјите од Западен Балкан во тоа, изјави унгарскиот министер за надворешни работи.  

The post Унгарија ќе се обиде да почне конкретни преговори со новата, силно ориентирана кон интеграција влада на Македонија appeared first on Република.

]]>
Сијарто: Преговорите со Македонија треба да почнат веднаш https://republika.mk/vesti/makedonija/sijarto-pregovorite-so-makedonija-treba-da-pochnat-vednash/ Thu, 16 Nov 2023 13:38:42 +0000 https://republika.mk/?p=702188

Местото на Западен Балкан е во Европската Унија. Ова значи дека проширувањето на Унијата треба да се забрза и вистинските преговори соМакедонија да започнат веднаш, порача министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Сијарто кој е во работна посета на земјава.

Тој на денешната заедничка прес-конференција со министерот за надворешни работи Бујар Османи рече дека Европската Унија се соочува со сериозни предизвици, имајќи ја во предвид војната во Евроазискиот континент.

ЕУ е сериозно ослабната. Прашањето е како да го сопреме ослабнувањето. Сметам дека првиот чекор е да признаеме дека Унијата има потреба од Западниот Балкан. Треба да се признае дека на ЕУ и е потребна свежа енергија која доаѓа од Западниот Балкан, а проширувањето да се забрза веднаш со Македонија. Вистинските преговори треба да почнат веднаш и да се одржуваат до крај, за што е можно побрзо Македонија да стане членка на ЕУ, рече Сијарто.

Но, како што потенцира, уште има земји кои го попречуваат и успоруваат овој процес.

Македонија е земја кандидат веќе 18 години. Земјата 18 години има кандидатски статус, и не може да ги започне преговорите и на овој начин се покажува непочитување кон земјата. Ова е котнрадикторно на интересите на ЕУ. Тие кои што го блокираат стартот на овие преговори, треба да знаат дека го поткопуваат и кредибилитетот на ЕУ, додаде Сијарто.

Тој појасни дека кога Унгарија ќе го преземе претседавањето со ЕУ, ќе направи се да се овозможи пристапувањето на Македонија и на целиот Западен Балкан.

На новинарско прашање за албанските преговори, Сијарто рече дека ја поддржуваат европската интеграција на Албанија.

Во однос на европската интеграција на Албанија, ние ја поддржуваме и сметам дека Албанија заслужува да започне со вистински пристапни преговори. Кога ние ќе го преземеме ротирачкото претседателство со Европската Унија, очекувам дека ова прашање ќе го ставиме цврсто на нашата агенда, одговори Сијарто.

Сијарто исто така информираше дека на денешната средба со Османи разговарале и за зголемувањето на таксите за транзит на природниот гас од страна на Бугарија и потенцираше дека ова претставува чин на непријателство.

Неодамнешниот чекор што го презеде Бугарија, кога со ултиматум ги зголеми давачките за Унгарија, Србија и Македонија, односно таксите за транзит за природниот гас претставува чекор на непријателство. Ние ќе преземеме дополнителни чекори и дејствија во однос на оваа состојба. Ја започнавме прекршочната постапка на ЕУ кон Бугарија и денеска заедно со Османи се договирвме дека Владата на Македонија и унгарската Влада ќе се консултираат и ќе продолжат да ги координираат сите понатамошни чекори, за да се осигураме дека енергетската ебзбедност на ниедна од нашите земји нема да биде загрозена од дејствијата на Бугарија, додаде Сијарто.

Во однос на ова, министерот Османи на прес-конференцијата се надоврза дека станува збор за нелегално воведена такса која што е спротивна на европските правила, и со тоа и се наштетува на економијата на нашата земја во сегашниот критичен период.

Ние ја информиравме Европската Комисија и разговаравме за можен координиран пристап во преземање на иницијативи со цел да се отстрани оваа нелегално поставена такса, додаде Османи.

Според него, минатонеделниот извештај на ЕК нотира дека државата го нема изгубено чекорот со останатите предводници во процесот и нивото на генералната подготвеност е на солидно ниво за натпревар.

Следната година во второто полугодие Унгарија ќе претседава со ЕУ и очекувам како и досега силно и гласно да ја поддржи нашата евроинтеграција и затоа сите треба да бидеме обединети за европската идеја и да обезбедиме дека по толку години чекање нема повторно да се создаде застој во европристапниот процес во момент кога тој реално добива на забрзување заради геополитичките околности, рече Османи.

Тој порача дека целта на Унијата е до март 2024 година да направи прв трансфер на пари кон Македонија и другите земји во регионот на Западен Балкан.

Нашите земји имаат блиски пријателски односи. Унгарија е наш десети трговски партнер и осми странски инвеститор во земјата. И оваа позитивна статистика не прави оптимисти за уште посветла иднина помеѓу нашите две земји кои следната година слават 30 години од воспоставување на дипломатските односи и со нетрпение очекуваме да создадеме подлабоки врски преку градење на ова важно пријателство во годините што доаѓаат, додаде Османи.

The post Сијарто: Преговорите со Македонија треба да почнат веднаш appeared first on Република.

]]>

Местото на Западен Балкан е во Европската Унија. Ова значи дека проширувањето на Унијата треба да се забрза и вистинските преговори соМакедонија да започнат веднаш, порача министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Сијарто кој е во работна посета на земјава. Тој на денешната заедничка прес-конференција со министерот за надворешни работи Бујар Османи рече дека Европската Унија се соочува со сериозни предизвици, имајќи ја во предвид војната во Евроазискиот континент.
ЕУ е сериозно ослабната. Прашањето е како да го сопреме ослабнувањето. Сметам дека првиот чекор е да признаеме дека Унијата има потреба од Западниот Балкан. Треба да се признае дека на ЕУ и е потребна свежа енергија која доаѓа од Западниот Балкан, а проширувањето да се забрза веднаш со Македонија. Вистинските преговори треба да почнат веднаш и да се одржуваат до крај, за што е можно побрзо Македонија да стане членка на ЕУ, рече Сијарто.
Но, како што потенцира, уште има земји кои го попречуваат и успоруваат овој процес.
Македонија е земја кандидат веќе 18 години. Земјата 18 години има кандидатски статус, и не може да ги започне преговорите и на овој начин се покажува непочитување кон земјата. Ова е котнрадикторно на интересите на ЕУ. Тие кои што го блокираат стартот на овие преговори, треба да знаат дека го поткопуваат и кредибилитетот на ЕУ, додаде Сијарто.
Тој појасни дека кога Унгарија ќе го преземе претседавањето со ЕУ, ќе направи се да се овозможи пристапувањето на Македонија и на целиот Западен Балкан. На новинарско прашање за албанските преговори, Сијарто рече дека ја поддржуваат европската интеграција на Албанија.
Во однос на европската интеграција на Албанија, ние ја поддржуваме и сметам дека Албанија заслужува да започне со вистински пристапни преговори. Кога ние ќе го преземеме ротирачкото претседателство со Европската Унија, очекувам дека ова прашање ќе го ставиме цврсто на нашата агенда, одговори Сијарто.
Сијарто исто така информираше дека на денешната средба со Османи разговарале и за зголемувањето на таксите за транзит на природниот гас од страна на Бугарија и потенцираше дека ова претставува чин на непријателство.
Неодамнешниот чекор што го презеде Бугарија, кога со ултиматум ги зголеми давачките за Унгарија, Србија и Македонија, односно таксите за транзит за природниот гас претставува чекор на непријателство. Ние ќе преземеме дополнителни чекори и дејствија во однос на оваа состојба. Ја започнавме прекршочната постапка на ЕУ кон Бугарија и денеска заедно со Османи се договирвме дека Владата на Македонија и унгарската Влада ќе се консултираат и ќе продолжат да ги координираат сите понатамошни чекори, за да се осигураме дека енергетската ебзбедност на ниедна од нашите земји нема да биде загрозена од дејствијата на Бугарија, додаде Сијарто.
Во однос на ова, министерот Османи на прес-конференцијата се надоврза дека станува збор за нелегално воведена такса која што е спротивна на европските правила, и со тоа и се наштетува на економијата на нашата земја во сегашниот критичен период.
Ние ја информиравме Европската Комисија и разговаравме за можен координиран пристап во преземање на иницијативи со цел да се отстрани оваа нелегално поставена такса, додаде Османи.
Според него, минатонеделниот извештај на ЕК нотира дека државата го нема изгубено чекорот со останатите предводници во процесот и нивото на генералната подготвеност е на солидно ниво за натпревар.
Следната година во второто полугодие Унгарија ќе претседава со ЕУ и очекувам како и досега силно и гласно да ја поддржи нашата евроинтеграција и затоа сите треба да бидеме обединети за европската идеја и да обезбедиме дека по толку години чекање нема повторно да се создаде застој во европристапниот процес во момент кога тој реално добива на забрзување заради геополитичките околности, рече Османи.
Тој порача дека целта на Унијата е до март 2024 година да направи прв трансфер на пари кон Македонија и другите земји во регионот на Западен Балкан.
Нашите земји имаат блиски пријателски односи. Унгарија е наш десети трговски партнер и осми странски инвеститор во земјата. И оваа позитивна статистика не прави оптимисти за уште посветла иднина помеѓу нашите две земји кои следната година слават 30 години од воспоставување на дипломатските односи и со нетрпение очекуваме да создадеме подлабоки врски преку градење на ова важно пријателство во годините што доаѓаат, додаде Османи.

The post Сијарто: Преговорите со Македонија треба да почнат веднаш appeared first on Република.

]]>
Новак-Пендаровски: Неправедно е ова што ѝ го прави Бугарија на Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/novak-pendarovski-nepravedno-e-ova-shto-go-pravi-bugarija-na-makedonija/ Mon, 06 Feb 2023 11:43:38 +0000 https://republika.mk/?p=605420

Сметаме дека вашето членство во ЕУ има важна и клучна улога за стабилноста на регионот на Западен Балкан и стабилност на цела Европа, порача претседателката на Унгарија, Каталин Новак, за време на официјална посета на Македонија.

Унгарската претседателка Новак на заедничката прес-конференција со претседателот Стево Пендаровски, изрази надеж дека Унгарија ќе може да помогне за забрзување на процесот на зачленување во ЕУ.

Новак, освен членство на Македонија во ЕУ, зборуваше и за војната во војната во Украина, борбата против илегалната миграција за што посочи дека 30 унгарски полицајци вршат служба на македонско-грчката граница, прашањето на демографијата и размена на искуства што Унгарија прави за поддршка на семејствата, како и за размена на културни вредности.

Сметаме дека е баш неправедно што морате да трпите одложувања и свесни сме дека доколку овој процес не може да продолжи онака како што треба, ќе се јави песимизмот во однос на зачленувањето, истакна Новак.

Ние, нагласи Новак, ја осудуваме агресијата на Русија во Украина и стоиме на неповредливост на суверенитетот.

Војната донесе многу проблеми и затоа би сакале што побрзо прекин на огнот и да се најде модел на мир и на тој начин долгорочно да се обезбеди безбедност на Европа, изјави Новак.

Меѓусебната билатералната соработка, Новак оцени дека во последно време добро напредува и изрази надеж дека нејзината посета ќе придонесе за билатералните односи да се развиваат во таа насока.

Претседателот Стево Пендаровски на заедничката прес-конференција со претседателката Новак, порача дека ова е прва, по 20 години од последната официјална посета на унгарски претседател на нашата земја.

Унгарија е една од најгласните и најактивните членки на ЕУ во поддршката на процесот на проширување со земјите од Западен Балкан и земја која одигра значајна улога во одлуката за почеток на пристапните преговори за нашата земја, порача Пендаровски.

На средбата, Пендаровски, посочи дека добил уверување дека поддршката ќе продолжи и дека Унгарија проширувањето го смета за една од најстратешките политики на ЕУ, со политичка и советодавна поддршка ќе продолжи да ги промовира македонските интеграции.

Со Унгарија имаме динамична економска соработка, која е во нагорен тренд. Унгарија е меѓу десетте наши најголеми трговски партнери, со трговска размена во минатата година од речиси половина милијарда евра и континуиран тренд на суфицит на македонска страна, истакна Пендароски.

Во рамки на посетата, како што е најавено, Новак и Пендаровски во црквата „Св. Спас“ во Скопје ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев.

The post Новак-Пендаровски: Неправедно е ова што ѝ го прави Бугарија на Македонија appeared first on Република.

]]>

Сметаме дека вашето членство во ЕУ има важна и клучна улога за стабилноста на регионот на Западен Балкан и стабилност на цела Европа, порача претседателката на Унгарија, Каталин Новак, за време на официјална посета на Македонија. Унгарската претседателка Новак на заедничката прес-конференција со претседателот Стево Пендаровски, изрази надеж дека Унгарија ќе може да помогне за забрзување на процесот на зачленување во ЕУ. Новак, освен членство на Македонија во ЕУ, зборуваше и за војната во војната во Украина, борбата против илегалната миграција за што посочи дека 30 унгарски полицајци вршат служба на македонско-грчката граница, прашањето на демографијата и размена на искуства што Унгарија прави за поддршка на семејствата, како и за размена на културни вредности.
Сметаме дека е баш неправедно што морате да трпите одложувања и свесни сме дека доколку овој процес не може да продолжи онака како што треба, ќе се јави песимизмот во однос на зачленувањето, истакна Новак.
Ние, нагласи Новак, ја осудуваме агресијата на Русија во Украина и стоиме на неповредливост на суверенитетот. Војната донесе многу проблеми и затоа би сакале што побрзо прекин на огнот и да се најде модел на мир и на тој начин долгорочно да се обезбеди безбедност на Европа, изјави Новак. Меѓусебната билатералната соработка, Новак оцени дека во последно време добро напредува и изрази надеж дека нејзината посета ќе придонесе за билатералните односи да се развиваат во таа насока. Претседателот Стево Пендаровски на заедничката прес-конференција со претседателката Новак, порача дека ова е прва, по 20 години од последната официјална посета на унгарски претседател на нашата земја.
Унгарија е една од најгласните и најактивните членки на ЕУ во поддршката на процесот на проширување со земјите од Западен Балкан и земја која одигра значајна улога во одлуката за почеток на пристапните преговори за нашата земја, порача Пендаровски.
На средбата, Пендаровски, посочи дека добил уверување дека поддршката ќе продолжи и дека Унгарија проширувањето го смета за една од најстратешките политики на ЕУ, со политичка и советодавна поддршка ќе продолжи да ги промовира македонските интеграции.
Со Унгарија имаме динамична економска соработка, која е во нагорен тренд. Унгарија е меѓу десетте наши најголеми трговски партнери, со трговска размена во минатата година од речиси половина милијарда евра и континуиран тренд на суфицит на македонска страна, истакна Пендароски.
  Во рамки на посетата, како што е најавено, Новак и Пендаровски во црквата „Св. Спас“ во Скопје ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев.

The post Новак-Пендаровски: Неправедно е ова што ѝ го прави Бугарија на Македонија appeared first on Република.

]]>
Мицкоски на средба со унгарскиот амбасадор Клајн: Власта нема слух, иако им нудиме решение за справување со енергетската криза https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-na-sredba-so-ungarskiot-ambasador-klajn-vlasta-nema-sluh-iako-im-nudime-reshenie-za-spravuvanje-so-energetskata-kriza/ Thu, 29 Sep 2022 15:41:22 +0000 https://republika.mk/?p=555737

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот на партијата Тимчо Муцунски денеска оствари средба со амбасадорот на Република Унгарија во Македонија, Андраш Клајн.

Како што соопштија од партијата, на средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба, како и за енергетската криза и потребата од одржување на предвремени парламентарни избори.

Мицкоски потенцираше дека државата покрај економската криза се соочува и со енергетска криза, укажувајќи дека поради немање слух, неспособност и негрижа од страна на владата на СДСМ и Димитар Ковачевски, граѓаните дополнително се соочуваат и со енергетска криза.

Мицкоски го информираше амбасадорот Клајн за планот за справување со енергетската криза кој што ВМРО-ДПМНЕ го понуди на власта, бидејќи тие не ги преземаат потребните чекори за навремено обезбедување на јаглен, мазут, гас, нафта и нафтени деривати, додавајќи дека доколку се прифати овој предлог од страна на Владата, тогаш стопанството и граѓаните ќе плаќаат дупло поевтина струја, а скопјани ќе имаат навремено и евтино греење.

Власта повеќе нема кредибилитет да управува затоа што ја води државата и граѓаните во економска неизвесност и катастрофа, посочи тој.

Воедно, Мицкоски се заблагодари на унгарската поддршка и изрази надеж за продолжување на поинтензивна соработка и унапредување на билатералните односи со Унгарија.

The post Мицкоски на средба со унгарскиот амбасадор Клајн: Власта нема слух, иако им нудиме решение за справување со енергетската криза appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот на партијата Тимчо Муцунски денеска оствари средба со амбасадорот на Република Унгарија во Македонија, Андраш Клајн. Како што соопштија од партијата, на средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба, како и за енергетската криза и потребата од одржување на предвремени парламентарни избори. Мицкоски потенцираше дека државата покрај економската криза се соочува и со енергетска криза, укажувајќи дека поради немање слух, неспособност и негрижа од страна на владата на СДСМ и Димитар Ковачевски, граѓаните дополнително се соочуваат и со енергетска криза. Мицкоски го информираше амбасадорот Клајн за планот за справување со енергетската криза кој што ВМРО-ДПМНЕ го понуди на власта, бидејќи тие не ги преземаат потребните чекори за навремено обезбедување на јаглен, мазут, гас, нафта и нафтени деривати, додавајќи дека доколку се прифати овој предлог од страна на Владата, тогаш стопанството и граѓаните ќе плаќаат дупло поевтина струја, а скопјани ќе имаат навремено и евтино греење. Власта повеќе нема кредибилитет да управува затоа што ја води државата и граѓаните во економска неизвесност и катастрофа, посочи тој. Воедно, Мицкоски се заблагодари на унгарската поддршка и изрази надеж за продолжување на поинтензивна соработка и унапредување на билатералните односи со Унгарија.

The post Мицкоски на средба со унгарскиот амбасадор Клајн: Власта нема слух, иако им нудиме решение за справување со енергетската криза appeared first on Република.

]]>
Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Унгарија, Андраш Клаин https://republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelot-pendarovski-gi-primi-akreditivnite-pisma-na-novoimenuvaniot-ambasador-na-ungarija-andrash-klain/ Thu, 15 Sep 2022 11:28:10 +0000 https://republika.mk/?p=551007

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Унгарија во Република Македонија, Андраш Клаин.

На церемонијата на предавање на акредитивни писма, претседателот Пендаровски изрази задоволство од долгогодишната успешна соработка во духот на цврстото пријателство и традиционалното партнерство, додавајќи дека двете земји ги поврзува и заедничката визија за мир, стабилност и просперитет, како во регионот на Западен Балкан, така и на европскиот континент.

Претседателот Пендаровски изрази благодарност за целокупната континуирана поддршка која Унгарија ѝ ја пружа на Македонија во насока на остварување на европската стратешка цел. „Сега, кога Македонија е во активна фаза на пристапниот процес за членство во Унијата, уверен сум дека унгарската поддршка ќе добие на дополнителен интензитет“, истакна претседателот Пендаровски.

Претседателот Пендаровски, го потенцираше унгарскиот придонес во контекст на почетоците на мигрантската криза на т.н. западно-балканска рута во насока на обезбедување и заштита на македонската јужна граница и изрази благодарност што до денес, речиси 1800 унгарски полициски службеници зедоа учество во заедничкото справување со предизвиците на илегалната миграција.

Новоименуваниот амбасадор Клаин истакна дека унгарската влада останува цврста во поддршката за интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ, честитајќи го стартот на преговорите на Република Македонија. Тој додаде дека билатералните односи изобилуваат со примери на соработка.

Претседателот Пендаровски на амбасадорот Андраш Клаин му посака успешно извршување на значајната дипломатска мисија.

The post Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Унгарија, Андраш Клаин appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Унгарија во Република Македонија, Андраш Клаин. На церемонијата на предавање на акредитивни писма, претседателот Пендаровски изрази задоволство од долгогодишната успешна соработка во духот на цврстото пријателство и традиционалното партнерство, додавајќи дека двете земји ги поврзува и заедничката визија за мир, стабилност и просперитет, како во регионот на Западен Балкан, така и на европскиот континент. Претседателот Пендаровски изрази благодарност за целокупната континуирана поддршка која Унгарија ѝ ја пружа на Македонија во насока на остварување на европската стратешка цел. „Сега, кога Македонија е во активна фаза на пристапниот процес за членство во Унијата, уверен сум дека унгарската поддршка ќе добие на дополнителен интензитет“, истакна претседателот Пендаровски. Претседателот Пендаровски, го потенцираше унгарскиот придонес во контекст на почетоците на мигрантската криза на т.н. западно-балканска рута во насока на обезбедување и заштита на македонската јужна граница и изрази благодарност што до денес, речиси 1800 унгарски полициски службеници зедоа учество во заедничкото справување со предизвиците на илегалната миграција. Новоименуваниот амбасадор Клаин истакна дека унгарската влада останува цврста во поддршката за интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ, честитајќи го стартот на преговорите на Република Македонија. Тој додаде дека билатералните односи изобилуваат со примери на соработка. Претседателот Пендаровски на амбасадорот Андраш Клаин му посака успешно извршување на значајната дипломатска мисија.

The post Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Унгарија, Андраш Клаин appeared first on Република.

]]>
Николоски-Дукс: Унгарија со силна поддршка во процесот за почеток на преговори за Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-duks-ungarija-so-silna-poddrshka-vo-procesot-za-pochetok-na-pregovori-za-makedonija/ Fri, 18 Mar 2022 16:15:05 +0000 https://republika.mk/?p=475098

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски денеска во Собранието оствари средба со амбасадорот на Унгарија Ласло Иштван Дукс.

На средбата, како што соопшти Николоски, изразил благодарност на силната поддршка на Унгарија во процесот на европската интеграција на државата и особено за почеток на преговорите за пристапување во Европската унија.

Го информирав амбасадорот за активностите на Националниот совет за евроинтеграции преземени во актуелниот Собраниски состав, за заложбите за што е можно побрз почеток на преговорите и улогата на Советот во одржувањето на консензусот во државата за пристапување кон ЕУ. На средбата разменивме мислења за билатералните односи и соработката помеѓу двете држави, за ситуацијата во Украина, глобалните предизвици во светот, енергетската криза, како и актуелните предизвици на нашата држава што претстојат во интеграцијата во ЕУ, сподели Николоски.

The post Николоски-Дукс: Унгарија со силна поддршка во процесот за почеток на преговори за Македонија appeared first on Република.

]]>

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски денеска во Собранието оствари средба со амбасадорот на Унгарија Ласло Иштван Дукс. На средбата, како што соопшти Николоски, изразил благодарност на силната поддршка на Унгарија во процесот на европската интеграција на државата и особено за почеток на преговорите за пристапување во Европската унија.