Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски денеска во Собранието оствари средба со амбасадорот на Унгарија Ласло Иштван Дукс.

На средбата, како што соопшти Николоски, изразил благодарност на силната поддршка на Унгарија во процесот на европската интеграција на државата и особено за почеток на преговорите за пристапување во Европската унија.

Го информирав амбасадорот за активностите на Националниот совет за евроинтеграции преземени во актуелниот Собраниски состав, за заложбите за што е можно побрз почеток на преговорите и улогата на Советот во одржувањето на консензусот во државата за пристапување кон ЕУ. На средбата разменивме мислења за билатералните односи и соработката помеѓу двете држави, за ситуацијата во Украина, глобалните предизвици во светот, енергетската криза, како и актуелните предизвици на нашата држава што претстојат во интеграцијата во ЕУ, сподели Николоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.