македонија - италија Archives - Република https://republika.mk/tema/makedonija-italija/ За подобро да се разбереме Tue, 10 Sep 2024 07:10:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонија - италија Archives - Република https://republika.mk/tema/makedonija-italija/ 32 32 Шефот на италијанската дипломатија денеска во Скопје https://republika.mk/vesti/makedonija/shefot-na-italijanskata-diplomatija-deneska-vo-skopje/ Tue, 10 Sep 2024 05:34:33 +0000 https://republika.mk/?p=814780

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска ќе биде домаќин на министерот за надворешни работи и меѓународна соработка на Италијанската Република, Антонио Тајани.

Како што е наведено во соопштението од Министерството за надворешни работи, за време на разговорот се очекува да бидат разменети мислења за билатералните односи меѓу двете земји и продлабочување на економската соработка, регионалната и мултилатералната соработка, како и за иднината на процесот на проширување на Европската Унија и поддршката од Италијанската Република за нашата земја.

Ќе се разговара и за можностите за дополнително зајакнување и интензивирање на секторската соработка во различни области.

Тајанани во Скопје ќе допатува од Црна Гора, а посетата на двете држави, како што соопшти италијанската Амбасада во Скопје, е потврда на континуираната посветеност на Италија за развој, стабилност и стремеж за европската интеграција на регионот на Западен Балкан.

Западен Балкан е приоритет на нашата надворешна политика на која посветуваме постојано внимание, исто така и на мултилатерално ниво, претседавајќи со групата „Пријатели на Западниот Балкан“, со која повторно ќе се сретнам во Њујорк за неколку дена, изјавил Тајани пред посетата на двете држави, додавајќи дека со мисиите и бизнис форумите што се одржуваат со сите земји од регионот се отвораат нови патишта за зајакнување на извозот и инвестициите на италијанските компании.

Покрај средбата со неговиот колега Муцунски, Тајани ќе се сретне и со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, претседателот на Собранието Африм Гаши и со премиерот Христијан Мицкоски.

- Македонија е клучен партнер во обезбедувањето просперитетна иднина и стабилност за целиот регион на Западен Балкан. Работиме на надминување на секоја пречка на патот на Скопје за пристапување кон ЕУ. Има многу голем потенцијал за дополнително зајакнување на нашите билатерални односи почнувајќи од соработката во стратешките и секторите со висока додадена вредност, изјавил Тајани, стои во соопштението италијанската Амбасада.

The post Шефот на италијанската дипломатија денеска во Скопје appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска ќе биде домаќин на министерот за надворешни работи и меѓународна соработка на Италијанската Република, Антонио Тајани. Како што е наведено во соопштението од Министерството за надворешни работи, за време на разговорот се очекува да бидат разменети мислења за билатералните односи меѓу двете земји и продлабочување на економската соработка, регионалната и мултилатералната соработка, како и за иднината на процесот на проширување на Европската Унија и поддршката од Италијанската Република за нашата земја. Ќе се разговара и за можностите за дополнително зајакнување и интензивирање на секторската соработка во различни области. Тајанани во Скопје ќе допатува од Црна Гора, а посетата на двете држави, како што соопшти италијанската Амбасада во Скопје, е потврда на континуираната посветеност на Италија за развој, стабилност и стремеж за европската интеграција на регионот на Западен Балкан.
Западен Балкан е приоритет на нашата надворешна политика на која посветуваме постојано внимание, исто така и на мултилатерално ниво, претседавајќи со групата „Пријатели на Западниот Балкан“, со која повторно ќе се сретнам во Њујорк за неколку дена, изјавил Тајани пред посетата на двете држави, додавајќи дека со мисиите и бизнис форумите што се одржуваат со сите земји од регионот се отвораат нови патишта за зајакнување на извозот и инвестициите на италијанските компании.
Покрај средбата со неговиот колега Муцунски, Тајани ќе се сретне и со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, претседателот на Собранието Африм Гаши и со премиерот Христијан Мицкоски.
- Македонија е клучен партнер во обезбедувањето просперитетна иднина и стабилност за целиот регион на Западен Балкан. Работиме на надминување на секоја пречка на патот на Скопје за пристапување кон ЕУ. Има многу голем потенцијал за дополнително зајакнување на нашите билатерални односи почнувајќи од соработката во стратешките и секторите со висока додадена вредност, изјавил Тајани, стои во соопштението италијанската Амбасада.

The post Шефот на италијанската дипломатија денеска во Скопје appeared first on Република.

]]>
Божиновска – Силвестри: Се очекува зголемен интерес и реализација на италијански инвестиции во доменот на енергетиката https://republika.mk/vesti/ekonomija/bozhinovska-silvestri-se-ochekuva-zgolemen-interes-i-realizatsija-na-italijanski-investitsii-vo-domenot-na-energetikata/ Wed, 10 Jul 2024 13:06:54 +0000 https://republika.mk/?p=795394

Министерката за енергетика, рударство и минеални суровини, Сања Божиновска, денеска имала работна средба со амбасадорот на Италијанската Република, Андреа Силвестри во чии рамки биле разменети мислења за односите и соработката меѓу двете држави во сферата на економијата и енергетиката.

Како што соопштија од кабинетот на министерката, за време на средбата, Божиновска истакнала дека нашата земја има постојан интерес за унапредување на билатерални односи со Италијанската Република, која е еден од клучните партнери на нашата држава и во таа прилика нагласила дека како министер за енергетика, рударство и минерални суровини, во претстојниот период ќе се залага енергетиката да заземе значајно место во севкупната соработка меѓу двете држави.

Во овој контекст, министерката истакна дека италијанските искуства и експертиза во делот на искористувањето на европските фондови и средства наменети за зелена транзиција и декарбонизација, што е важно прашање и за европската интеграција на нашата држава се мошне значајни за нас и притоа, го пренесе интересот за воспостаување соработка меѓу двете држави во оваа сфера, се наведува во соопштението.

Министерката, се додава, го запознала соговорникот со мисијата и приоритетите на новото министерство, подвлекувајќи дека очекува активна соработка со италијанските партнери, како и зголемен интерес и реализација на италијански инвестиции во доменот на енергетиката во нашата држава во мандатот на новата влада.

The post Божиновска – Силвестри: Се очекува зголемен интерес и реализација на италијански инвестиции во доменот на енергетиката appeared first on Република.

]]>

Министерката за енергетика, рударство и минеални суровини, Сања Божиновска, денеска имала работна средба со амбасадорот на Италијанската Република, Андреа Силвестри во чии рамки биле разменети мислења за односите и соработката меѓу двете држави во сферата на економијата и енергетиката. Како што соопштија од кабинетот на министерката, за време на средбата, Божиновска истакнала дека нашата земја има постојан интерес за унапредување на билатерални односи со Италијанската Република, која е еден од клучните партнери на нашата држава и во таа прилика нагласила дека како министер за енергетика, рударство и минерални суровини, во претстојниот период ќе се залага енергетиката да заземе значајно место во севкупната соработка меѓу двете држави.
Во овој контекст, министерката истакна дека италијанските искуства и експертиза во делот на искористувањето на европските фондови и средства наменети за зелена транзиција и декарбонизација, што е важно прашање и за европската интеграција на нашата држава се мошне значајни за нас и притоа, го пренесе интересот за воспостаување соработка меѓу двете држави во оваа сфера, се наведува во соопштението.
Министерката, се додава, го запознала соговорникот со мисијата и приоритетите на новото министерство, подвлекувајќи дека очекува активна соработка со италијанските партнери, како и зголемен интерес и реализација на италијански инвестиции во доменот на енергетиката во нашата држава во мандатот на новата влада.

The post Божиновска – Силвестри: Се очекува зголемен интерес и реализација на италијански инвестиции во доменот на енергетиката appeared first on Република.

]]>
Италијанските медиуми објавуваат за „нивата“ на стадионот во Скопје https://republika.mk/sport/fudbal/italijanskite-mediumi-objavuvaat-za-nivata-na-stadionot-vo-skopje/ Sat, 09 Sep 2023 16:25:05 +0000 https://republika.mk/?p=680311

Откако капитенот на италијанската репрезентација Чиро Имобиле се пожали на дупките на теренот на арената „Тодор Проески“ во Скопје каде вечерва Италија се сретнува со Македонија, италијански новинар објави видео снимка од катастрофалната состојба на теренот.

На снимката стадионот во Скопје наликува на некој локален селски терен, а не на арена на која се оддржува евроквалификациски меч.

The post Италијанските медиуми објавуваат за „нивата“ на стадионот во Скопје appeared first on Република.

]]>

Откако капитенот на италијанската репрезентација Чиро Имобиле се пожали на дупките на теренот на арената „Тодор Проески“ во Скопје каде вечерва Италија се сретнува со Македонија, италијански новинар објави видео снимка од катастрофалната состојба на теренот. На снимката стадионот во Скопје наликува на некој локален селски терен, а не на арена на која се оддржува евроквалификациски меч.

The post Италијанските медиуми објавуваат за „нивата“ на стадионот во Скопје appeared first on Република.

]]>
ФФМ бара фер и коректно навивање на мечот против Италија https://republika.mk/sport/fudbal/ffm-bara-fer-i-korektno-navivane-na-mechot-protiv-italija/ Sat, 09 Sep 2023 15:46:47 +0000 https://republika.mk/?p=680295

Македонија го пречекува вечерва (20.45 часот) европскиот првак Италија во евроквалификацискиот меч од петтото коло во „групата на смртта“. ФФМ денеска преку порака на социјалните мрежи побара фер и коректно навивање

Драги навивачи и поддржувачи на македонската фудбалска репрезентација,
Упатуваме порака со фер и коректно навивање да им помогнеме на „Рисовите“ да дојдат до позитивен резултат на вечерашниот натпревар против Италија на Националната арена „Тодор Проески“.
Праќаме порака до сите кои ќе го следат натпреварот на Националната арена, дека влезовите на стадионот ќе бидат отворени од 18:45 часот до 20:30 часот.
Со фер, спортско и коректно навивање покажуваме почит кон нашиот национален тим и почит за противникот - стои во објавата на ФФМ.

The post ФФМ бара фер и коректно навивање на мечот против Италија appeared first on Република.

]]>

Македонија го пречекува вечерва (20.45 часот) европскиот првак Италија во евроквалификацискиот меч од петтото коло во „групата на смртта“. ФФМ денеска преку порака на социјалните мрежи побара фер и коректно навивање
Драги навивачи и поддржувачи на македонската фудбалска репрезентација, Упатуваме порака со фер и коректно навивање да им помогнеме на „Рисовите“ да дојдат до позитивен резултат на вечерашниот натпревар против Италија на Националната арена „Тодор Проески“. Праќаме порака до сите кои ќе го следат натпреварот на Националната арена, дека влезовите на стадионот ќе бидат отворени од 18:45 часот до 20:30 часот. Со фер, спортско и коректно навивање покажуваме почит кон нашиот национален тим и почит за противникот - стои во објавата на ФФМ.

The post ФФМ бара фер и коректно навивање на мечот против Италија appeared first on Република.

]]>
Македонија вечерва игра против Италија, ќе донесе ли позитивен резултат најавениот „нов почеток“ https://republika.mk/sport/fudbal/makedonija-vecherva-igra-protiv-italija-ke-donese-li-pozitiven-rezultat-najaveniot-nov-pochetok/ Sat, 09 Sep 2023 15:22:30 +0000 https://republika.mk/?p=680290

Година ипол после чудото во Палермо, Македонија го пречекува вечерва (20.45 часот) европскиот првак Италија во евроквалификацискиот меч од петтото коло во „групата на смртта“, во обид да го поправи впечатокот за јунското фијаско особено после срамот во Англија и да се обиде повторно да ги изненади фаворизираните „аѕури“.

Палермо веќе е далечно минато, епска приказна која ќе се прераскажува, но на „стара слава не се живее“, а пред Македонија е нов предизвик со Италија во многу поинаков моментум, кога националниот тим влезе во сериозно резултатско назадување и екипата е далеку од одличната форма од март 2022 година.

Фудбалерите и селекторот Благоја Милевски најавија „нов почеток“, полни со желба и за надигрување и за добар резултат, па вечерва на нив е да покажат дека јунското фијаско била само една „лоша епизода“ и дека оваа селекција има уште многу што да покаже на зелениот терен. Сепак, желбите се едно, реалноста е сосема друга, па колку може оваа Македонија да се издигне ќе покажат 90-те минути, во кои мотиви секако нема да недостигаат, но на теренот сепак ќе решава квалитетот и пред се дисциплината, концентрацијата и фокусот.

За Македонија Палермо некако беше пресвртницата, „златната генерација“ застана и наместо кон напредок почнавме сериозно да назадуваме од ланското лето, не само тимски и резултатски, туку и индивидуално, личните амбиции не се поклопуваат со високите репрезентативни очекувања, па ако во Палермо најголем дел екипата беше и во натпреварувачка форма и со сериозна клупска минутажа како основа за добар меч, сега Италија ја чекаме едвај со неколкумина кои се стандардни и играат во силни лиги и имаат сериозен ритам (Димитриевски, Барди, Миовски) и најголем дел од екипата без потребен ритам.

Но, без оглед на сите проблеми, Македонија има обврска вечерва да излезе и да одигра до последен атом од силите, да се обиде да го лизне големиот фаворит, а ако некоја од великаните се покажала дека ни лежи е токму Италија. И во единствениот пораз од трите меѓусебни пресметки, „аѕурите“ се мачеа со нас, во период кога сѐ уште не беше создадена „златната генерација“, па Чиро Имобиле, сега новиот капитен на Италија во 91-та минута нѐ расплака со гол за победа на Италија.

Јасно е дека европскиот првак доаѓа полн со мотиви, прво да ни се реваншира, колку и да одбиваат да кажат дека не размислуваат за одмазда, а второ на својот нов селектор Лучано Спалети да му обезбедат победнички почеток на кормилото, како најава за рестарт на италијанската селекција, која после шокот во Палермо исто така тргна да назадува, далеку од врвната форма која осум месеци пред пресметката на Сицилија ги однесе на европскиот трон.

За двете селекции денеска противник ќе биде лошиот терен на Арената, а кој подобро ќе се снајде ќе покажат овие 90 минути, кои за Италијанците и се доста клучни во трката за место на Еуро 2024, додека со безмалку забуден циклус за Македонија, растеретена без преголем императив, ќе проба да му нанесе нов шок на својот омилен ривал.

Преземено од Спорт.мк

The post Македонија вечерва игра против Италија, ќе донесе ли позитивен резултат најавениот „нов почеток“ appeared first on Република.

]]>

Година ипол после чудото во Палермо, Македонија го пречекува вечерва (20.45 часот) европскиот првак Италија во евроквалификацискиот меч од петтото коло во „групата на смртта“, во обид да го поправи впечатокот за јунското фијаско особено после срамот во Англија и да се обиде повторно да ги изненади фаворизираните „аѕури“. Палермо веќе е далечно минато, епска приказна која ќе се прераскажува, но на „стара слава не се живее“, а пред Македонија е нов предизвик со Италија во многу поинаков моментум, кога националниот тим влезе во сериозно резултатско назадување и екипата е далеку од одличната форма од март 2022 година. Фудбалерите и селекторот Благоја Милевски најавија „нов почеток“, полни со желба и за надигрување и за добар резултат, па вечерва на нив е да покажат дека јунското фијаско била само една „лоша епизода“ и дека оваа селекција има уште многу што да покаже на зелениот терен. Сепак, желбите се едно, реалноста е сосема друга, па колку може оваа Македонија да се издигне ќе покажат 90-те минути, во кои мотиви секако нема да недостигаат, но на теренот сепак ќе решава квалитетот и пред се дисциплината, концентрацијата и фокусот. За Македонија Палермо некако беше пресвртницата, „златната генерација“ застана и наместо кон напредок почнавме сериозно да назадуваме од ланското лето, не само тимски и резултатски, туку и индивидуално, личните амбиции не се поклопуваат со високите репрезентативни очекувања, па ако во Палермо најголем дел екипата беше и во натпреварувачка форма и со сериозна клупска минутажа како основа за добар меч, сега Италија ја чекаме едвај со неколкумина кои се стандардни и играат во силни лиги и имаат сериозен ритам (Димитриевски, Барди, Миовски) и најголем дел од екипата без потребен ритам. Но, без оглед на сите проблеми, Македонија има обврска вечерва да излезе и да одигра до последен атом од силите, да се обиде да го лизне големиот фаворит, а ако некоја од великаните се покажала дека ни лежи е токму Италија. И во единствениот пораз од трите меѓусебни пресметки, „аѕурите“ се мачеа со нас, во период кога сѐ уште не беше создадена „златната генерација“, па Чиро Имобиле, сега новиот капитен на Италија во 91-та минута нѐ расплака со гол за победа на Италија. Јасно е дека европскиот првак доаѓа полн со мотиви, прво да ни се реваншира, колку и да одбиваат да кажат дека не размислуваат за одмазда, а второ на својот нов селектор Лучано Спалети да му обезбедат победнички почеток на кормилото, како најава за рестарт на италијанската селекција, која после шокот во Палермо исто така тргна да назадува, далеку од врвната форма која осум месеци пред пресметката на Сицилија ги однесе на европскиот трон. За двете селекции денеска противник ќе биде лошиот терен на Арената, а кој подобро ќе се снајде ќе покажат овие 90 минути, кои за Италијанците и се доста клучни во трката за место на Еуро 2024, додека со безмалку забуден циклус за Македонија, растеретена без преголем императив, ќе проба да му нанесе нов шок на својот омилен ривал.
Преземено од Спорт.мк

The post Македонија вечерва игра против Италија, ќе донесе ли позитивен резултат најавениот „нов почеток“ appeared first on Република.

]]>
Имобиле: Теренот во Скопје е полн дупки, тешко ќе биде да се игра https://republika.mk/sport/fudbal/imobile-terenot-vo-skopje-e-poln-dupki-teshko-ke-bide-da-se-igra/ Fri, 08 Sep 2023 17:31:56 +0000 https://republika.mk/?p=680039

Откако италијанската фудбалска репрезентација пристигна на теренот на арената „Тодор Проески“ во Скопје, Чиро Имобиле ја искоментира реалната слика од теренот.

„Теренот е полн со дупки и ќе биде тешко да се игра. Но, ние посакуваме победа и се надеваме дека ќе успееме да стигнеме до бодовите. Сепак, имаме максимален респект за Македонија, тие се силна селекција. Одлично го познавам Елмас, тој е многу квалитетен фудбалер, но не е и единствен таков во тимот на Македонија“, изјави Имобиле.

https://republika.mk/sport/fudbal/italijanskite-manekeni-se-proshetaa-po-oranitsata-na-gradski/

The post Имобиле: Теренот во Скопје е полн дупки, тешко ќе биде да се игра appeared first on Република.

Спалети: Елиф ми е како син, утре ќе го прегрнам, ќе имаа многу емоции https://republika.mk/sport/fudbal/spaleti-elif-mi-e-kako-sin-utre-ke-go-pregrnam-ke-imaa-mnogu-emotsii/ Fri, 08 Sep 2023 17:21:03 +0000 https://republika.mk/?p=680035

Италија во Скопје ќе ги одмери силите со Македонија во квалификациски меч за пласман на ЕП 2024. „Аѕурите“ доаѓаат со нов селектор, Лучијано Спалети кој минатата сезона како предводник на Наполи го освои „скудетото“ во Серија А. Сега првпат е на чело на репрезентација.

„Можам да кажам дека сум трогнат, почестен и горд што ја добив оваа улога. Претседателот на ФС ми ги обезбеди најдобрите фудбалери и навистина сум среќен што ги добив сите играчи кои јас ги посакав.Јас сум тренер кој не сака да ги ограничува играчите. Сакам тие да ја покажат својата фантазија на теренот. Утре ќе има моменти кога ние ќе напаѓаме, но ќе има моменти и кога противникот ќе ја има топката и ќе треба да се браниме. Сакам да играме фудбал, убав фудбал, затоа што низ оваа игра треба да предизвикаме и емоции за сите кои нѐ имаат во срцето“, рече Спалети.

За македонскиот национален тим и за играчите…

„Елиф Елмас за нене е како син. Секогаш сметав на него кога беше најпотребно, а тој го даваше најдоброто од себе. Утре ќе има многу чувства кога ќе го прегрнам. И двајцата ќе сакаме да победиме. Тој е многу добар играч, но и оние кои сега ќе му бидат од другата страна се исклучителни играчи“, додаде италијанскиот стратег.

За оној меч во Палермо…

„Многу пати го гледав мечот во Палермо. Можам дури и да го раскажам. И заедно со моите асистенти го гледавме многу пати. Од тој меч успеавме да извлечеме многу работи за да ја градиме стратегијата за утрешниот натпревар“, е коментарот на екс-тренерот на Наполи.

Извор: Спорт

The post Спалети: Елиф ми е како син, утре ќе го прегрнам, ќе имаа многу емоции appeared first on Република.

Имобиле откри од кој македонски играч стравува Италија https://republika.mk/sport/fudbal/imobile-otkri-od-koj-makedonski-igrach-stravuva-italija/ Fri, 08 Sep 2023 17:01:25 +0000 https://republika.mk/?p=680028

Италија е во Скопје, каде што ќе се обиде со новиот селектор да се одмазди за поразот во Палермо во баражот за Светското првенство.

Италијанската репрезентација предводена од Чиро Имобиле со капитенската лента, сега посакува победа, но напаѓачот искажа пофални зборови кон Македонија.

„Ние игравме со Македонија пред две години кога бевме многу нервозни, но со голема желба, и за жал бевме поразени. Македонскиот тим е силен, има играчи кои играат во големи клубови, Елмас е исклучително добар играч“, изјави Имобиле.

Имобиле кажа дека му е чест што ќе биде капитен на оваа Италија.

„За мене претставува огромна чест, огромна гордост сега ќе бидам капитен на националниот тим и ќе им пренесам на моите идни генерации каков предизвик ова било за мене“, вели Имобиле кој на крајот кажа за ситуацијата на теренот.

„Теренот забележав дека има многу дупки. Во секој случај не чека еден тежок натпревар“, вели Имобиле.

The post Имобиле откри од кој македонски играч стравува Италија appeared first on Република.

]]>

Италија е во Скопје, каде што ќе се обиде со новиот селектор да се одмазди за поразот во Палермо во баражот за Светското првенство. Италијанската репрезентација предводена од Чиро Имобиле со капитенската лента, сега посакува победа, но напаѓачот искажа пофални зборови кон Македонија.
„Ние игравме со Македонија пред две години кога бевме многу нервозни, но со голема желба, и за жал бевме поразени. Македонскиот тим е силен, има играчи кои играат во големи клубови, Елмас е исклучително добар играч“, изјави Имобиле.
Имобиле кажа дека му е чест што ќе биде капитен на оваа Италија.
„За мене претставува огромна чест, огромна гордост сега ќе бидам капитен на националниот тим и ќе им пренесам на моите идни генерации каков предизвик ова било за мене“, вели Имобиле кој на крајот кажа за ситуацијата на теренот.
„Теренот забележав дека има многу дупки. Во секој случај не чека еден тежок натпревар“, вели Имобиле.

The post Имобиле откри од кој македонски играч стравува Италија appeared first on Република.

]]>
Вицепремиерот Битиќи и министерот Чупи во Италија ја потврдија заложбата за интензивирање на економската соработка https://republika.mk/vesti/ekonomija/vicepremierot-bitikji-i-ministerot-chupi-vo-italija-ja-potvrdija-zalozbata-za-intenziviranje-na-ekonomskata-sorabotka/ Thu, 09 Jun 2022 15:39:47 +0000 https://republika.mk/?p=513242

Заменик-претседателот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи придружуван од Џемаил Чупи, министер во Владата задолжен за дијаспора, Стојан Витанов, генерален конзул на Република Македонија во Венеција и Мунир Шемши, претседател на италијанско-македонската комора „Апи Нордест“, денеска остварија средба со италијански претставници на локалната самоуправа на Венеција и регионот Венето.

Средбите се дел од дводневната работната посета на делегацијата на Република Македонија на Република Италија, чија цел е промоција на првата македонско-италијанска стопанска комора, „Апи Нордест“.

На средбата, префектот на Венеција Виторио Запалорто, посакувајќи срдечно добредојде, изрази задоволство од укажаната можност да биде домаќин на високите гости од Република Македонија со кои разговараше за идната регионална соработка и економски развој помеѓу земји коишто имаат традиционално добри односи.

Вицепремиерот Битиќи истакна дека ова е прва економска делегација по долго време во Венеција подвлекувајќи дека Италијанската Република е една од првите десет земји со кои Македонија има интензивна трговска соработка.

Тој посочи дека во пост КОВИД периодот се покажа неопходноста од капитализирањето на целиот потенцијал на економиите на европските земји и изрази задоволство од извонредната економска и културна соработка со Италија, која беше повторена и неодамна при прославувањето на денот на Италијанската Република во нашата земја.

Претставниците на Делегацијата на Македонија истакнаа дека само во регионот на Венето живеат и работат 25.000 наши граѓани и беше изразена надеж дека дел од оваа бизнис заедница во иднина ќе најде интерес за инвестиции и соработка со матичната земја.

Во рамки на посетата на Италија, македонската делегација предводена од вицепремиерот Битиќи се сретна и со Елиза де Берти, заменик-претседателка на регионот Венето.

На средбата, беше изразена континуираната одлична соработка меѓу Италијанската Република и Република Македонија, при што од страна на двете делегации беше подвлечено дека најдобар доказ за тоа е тоа што италијанските компании се меѓу првите пет инвеститори во нашата земја.

Министерот за дијаспора Чупи посочи дека Владата на Република Македонија е посветена на мапирање на нашата дијаспора, вклучувајќи ја економската и академската дијаспора, со цел обновување и зацврстување на нашите врски и обезбедување подобар економски развој за граѓаните.

The post Вицепремиерот Битиќи и министерот Чупи во Италија ја потврдија заложбата за интензивирање на економската соработка appeared first on Република.

]]>

Заменик-претседателот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи придружуван од Џемаил Чупи, министер во Владата задолжен за дијаспора, Стојан Витанов, генерален конзул на Република Македонија во Венеција и Мунир Шемши, претседател на италијанско-македонската комора „Апи Нордест“, денеска остварија средба со италијански претставници на локалната самоуправа на Венеција и регионот Венето. Средбите се дел од дводневната работната посета на делегацијата на Република Македонија на Република Италија, чија цел е промоција на првата македонско-италијанска стопанска комора, „Апи Нордест“. На средбата, префектот на Венеција Виторио Запалорто, посакувајќи срдечно добредојде, изрази задоволство од укажаната можност да биде домаќин на високите гости од Република Македонија со кои разговараше за идната регионална соработка и економски развој помеѓу земји коишто имаат традиционално добри односи. Вицепремиерот Битиќи истакна дека ова е прва економска делегација по долго време во Венеција подвлекувајќи дека Италијанската Република е една од првите десет земји со кои Македонија има интензивна трговска соработка. Тој посочи дека во пост КОВИД периодот се покажа неопходноста од капитализирањето на целиот потенцијал на економиите на европските земји и изрази задоволство од извонредната економска и културна соработка со Италија, која беше повторена и неодамна при прославувањето на денот на Италијанската Република во нашата земја. Претставниците на Делегацијата на Македонија истакнаа дека само во регионот на Венето живеат и работат 25.000 наши граѓани и беше изразена надеж дека дел од оваа бизнис заедница во иднина ќе најде интерес за инвестиции и соработка со матичната земја. Во рамки на посетата на Италија, македонската делегација предводена од вицепремиерот Битиќи се сретна и со Елиза де Берти, заменик-претседателка на регионот Венето. На средбата, беше изразена континуираната одлична соработка меѓу Италијанската Република и Република Македонија, при што од страна на двете делегации беше подвлечено дека најдобар доказ за тоа е тоа што италијанските компании се меѓу првите пет инвеститори во нашата земја. Министерот за дијаспора Чупи посочи дека Владата на Република Македонија е посветена на мапирање на нашата дијаспора, вклучувајќи ја економската и академската дијаспора, со цел обновување и зацврстување на нашите врски и обезбедување подобар економски развој за граѓаните.

The post Вицепремиерот Битиќи и министерот Чупи во Италија ја потврдија заложбата за интензивирање на економската соработка appeared first on Република.

]]>
Манчини: Фудбалот понекогаш е немилосрден, пред некој ден се разбудивме од кошмар https://republika.mk/sport/fudbal/manchini-fudbalot-ponekogash-e-nemilosrden-pred-nekoj-den-se-razbudivme-od-koshmar/ Mon, 28 Mar 2022 14:55:29 +0000 https://republika.mk/?p=479957

Италијанските медиуми пишуваат дека Роберто Манчини ќе остане селектор на италијанската фудбалска репрезентација, иако останаа без пласман на Мундијалот во Катар по поразот од Македонија во Палермо со 0-1.

Манчини кажа дека ќе разговара со раководството на Фудбалскиот сојуз на Италија во следните денови, а притоа објасни дека фудбалот понекогаш знае да биде немилосрден.

„Фудбалот понекогаш знае да биде немилосрдна метафора за животот. Минатото лето бевме на врвот на Европа, а пред некој ден се разбудивме од кошмар. Поминавме многу работи, од радост до разочарувања и тешко може да се прифати тоа. Ќе разговараме во следните денови за мојата иднина како селектор“, кажа Манчини.

The post Манчини: Фудбалот понекогаш е немилосрден, пред некој ден се разбудивме од кошмар appeared first on Република.

]]>

Италијанските медиуми пишуваат дека Роберто Манчини ќе остане селектор на италијанската фудбалска репрезентација, иако останаа без пласман на Мундијалот во Катар по поразот од Македонија во Палермо со 0-1. Манчини кажа дека ќе разговара со раководството на Фудбалскиот сојуз на Италија во следните денови, а притоа објасни дека фудбалот понекогаш знае да биде немилосрден.
„Фудбалот понекогаш знае да биде немилосрдна метафора за животот. Минатото лето бевме на врвот на Европа, а пред некој ден се разбудивме од кошмар. Поминавме многу работи, од радост до разочарувања и тешко може да се прифати тоа. Ќе разговараме во следните денови за мојата иднина како селектор“, кажа Манчини.

The post Манчини: Фудбалот понекогаш е немилосрден, пред некој ден се разбудивме од кошмар appeared first on Република.

]]>
Верати кон навивачите на Италија: Престанете да нè навредувате, и ние сме луѓе како вас https://republika.mk/sport/fudbal/verati-kon-navivachite-na-italija-prestanete-da-ne-navreduvate-i-nie-sme-lugje-kako-vas/ Sun, 27 Mar 2022 08:56:56 +0000 https://republika.mk/?p=479185

Навивачите на Италија тешко го поднесоа поразот од Македонија во Палермо. Фудбалерите секојдневно трпат навреди и закани . Никој во Италија не го очекуваше поразот Македонија. Тие се актуелен Европски шампион и тоа што им се случи во Палермо е срамно за нив.

Италијанскиот играч Марко Верати им порача да прекинат. Тој нервозно им се обрати на навивачите кои ги навредуваат фудбалерите во изминатите денови.

„Лесно е да се заблагодарите кога победувате. Но сега сакам да се заблагодарам на целиот персонал, на играчите, на сите кои работат со голем ентузијазам и страст за репрезентацијата. За жал во фудбалот не се остваруваат секогаш очекувањата, целите и соништата“, вели Верати.

Тој додаде:

„Навредите секако не се најдобриот начин да се справиме со ова што ни се случува, секој од нас го даде максимумот за да победиме, а доколку сакате да нè навредувате, треба да знаете дека и ние сме луѓе како вас, обични луѓе кои имаат емоции, затоа престанете со омраза и закани“.

The post Верати кон навивачите на Италија: Престанете да нè навредувате, и ние сме луѓе како вас appeared first on Република.

]]>

Навивачите на Италија тешко го поднесоа поразот од Македонија во Палермо. Фудбалерите секојдневно трпат навреди и закани . Никој во Италија не го очекуваше поразот Македонија. Тие се актуелен Европски шампион и тоа што им се случи во Палермо е срамно за нив. Италијанскиот играч Марко Верати им порача да прекинат. Тој нервозно им се обрати на навивачите кои ги навредуваат фудбалерите во изминатите денови.
„Лесно е да се заблагодарите кога победувате. Но сега сакам да се заблагодарам на целиот персонал, на играчите, на сите кои работат со голем ентузијазам и страст за репрезентацијата. За жал во фудбалот не се остваруваат секогаш очекувањата, целите и соништата“, вели Верати.
Тој додаде:
„Навредите секако не се најдобриот начин да се справиме со ова што ни се случува, секој од нас го даде максимумот за да победиме, а доколку сакате да нè навредувате, треба да знаете дека и ние сме луѓе како вас, обични луѓе кои имаат емоции, затоа престанете со омраза и закани“.

The post Верати кон навивачите на Италија: Престанете да нè навредувате, и ние сме луѓе како вас appeared first on Република.

]]>
Виери: Еден гол ќе беше доволен против Македонија, но не видов дека некој се обидува да даде гол https://republika.mk/sport/fudbal/vieri-eden-gol-kje-beshe-dovolen-protiv-makedonija-no-ne-vidov-deka-nekoj-se-obiduva-da-dade-gol/ Sun, 27 Mar 2022 08:07:13 +0000 https://republika.mk/?p=479169

Кристијан Виери упати критика до репрезентацијата на Италија, по поразот од Македонија, кој за нив е се уште шокантен.

Италија втор пат по ред нема да биде дел од едно Светско првенство, што за нив е поразително, а посебно фактот што се елиминирани сега од Македонија.

Виери се обиде да долови што тој видел на теренот на средбата во Палермо и посочи дека само еден играч заслужил да биде меѓу првите единаесет.

„Знаеме веќе подолг период дека Италија нема квалитетен напаѓач, фудбалер кој ќе постигнува голови како селекции од типот на Бугарија, со која одигравме нерешено, со Швајцарија, тоа се натпревари кои мора да ги добиваме. Дури и против Македонија, имавме свои шанси, но немавме реализација. Еден гол ќе беше доволен против Македонија, но не видов дека некој се обидуваше тоа да го направи. Берарди беше играчот кој изгледаше најживо на терен, сето тоа е премалку за ваков натпревар“, истакна Кристијан Виери.

Македонија сега го игра големото финале против Португалија во вторник од 20:45 часот.

The post Виери: Еден гол ќе беше доволен против Македонија, но не видов дека некој се обидува да даде гол appeared first on Република.

]]>

Кристијан Виери упати критика до репрезентацијата на Италија, по поразот од Македонија, кој за нив е се уште шокантен. Италија втор пат по ред нема да биде дел од едно Светско првенство, што за нив е поразително, а посебно фактот што се елиминирани сега од Македонија. Виери се обиде да долови што тој видел на теренот на средбата во Палермо и посочи дека само еден играч заслужил да биде меѓу првите единаесет.
„Знаеме веќе подолг период дека Италија нема квалитетен напаѓач, фудбалер кој ќе постигнува голови како селекции од типот на Бугарија, со која одигравме нерешено, со Швајцарија, тоа се натпревари кои мора да ги добиваме. Дури и против Македонија, имавме свои шанси, но немавме реализација. Еден гол ќе беше доволен против Македонија, но не видов дека некој се обидуваше тоа да го направи. Берарди беше играчот кој изгледаше најживо на терен, сето тоа е премалку за ваков натпревар“, истакна Кристијан Виери.
Македонија сега го игра големото финале против Португалија во вторник од 20:45 часот.

The post Виери: Еден гол ќе беше доволен против Македонија, но не видов дека некој се обидува да даде гол appeared first on Република.

]]>
Барди: Ако ја победиме и Португалија, нема потреба да одиме во Катар, дајте ни го пехарот и ќе си одиме дома https://republika.mk/sport/fudbal/bardi-ako-ja-pobedime-i-portugalija-nema-potreba-da-odime-vo-katar-dajte-ni-go-peharot-i-kje-si-odime-doma/ Sat, 26 Mar 2022 09:34:24 +0000 https://republika.mk/?p=478806

Во пресрет на финалниот бараж меч со Португалија, Енис Барди, еден од клучните фудбалери во македонскиот состав, испрати јасна порака – ако победиме, веднаш нека ни ја дадат светската титула.

Можеби немавме среќа на ждрепката кога паднавме во најтешката група, ама ние сме горд тим, кој верува во сѐ што прави. Да ја победиш Италија на домашен терен е нешто неверојатно, а сега ни доаѓа Португалија, исто така на нивни терен и знаеме дека ќе биде тешко, ама мора да веруваме дека можеме. Фудбал се игра 90 минути, сѐ може да се случи… Така што, ако ја победиме Португалија, нека ни го дадат пехарот и ќе си одиме дома. Нема потреба да патуваме во Катар, ќе си седиме во Македонија, изјави на шега Барди, пренесува Екипа.

The post Барди: Ако ја победиме и Португалија, нема потреба да одиме во Катар, дајте ни го пехарот и ќе си одиме дома appeared first on Република.

Трајковски: Судбината вмеша прсти https://republika.mk/sport/fudbal/trajkovski-sudbinata-vmesha-prsti/ Fri, 25 Mar 2022 14:30:16 +0000 https://republika.mk/?p=478480

Стрелецот на победоносниот гол против Италија, Александар Трајковски, изјави оти судбината посакала тој да ѝ донесе сензационална победа на македонската репрезентација на стадионот „Ренцо Барбера“ на кој настапуваше четири години како поранешен член на Палермо.

Со последните сили шутнав и целиот фокус го ставив во тој последен шут. Како да беше судено дека морам да дадам гол на стадионот каде што поминав прекрасни четири години. На крајот излезе сè како што треба и се израдувавме сите, изјави Трајковски, кој беше член на италијански Палермо од 2015 до 2019 година.

Македонските фудбалери во вторник во Порто ги очекува финалниот натпревар против Португалија за место на Мундијалот 2022.

Треба да се одмориме и добро да се подготвиме за Португалија. Имаат многу индивидуалци и одлични фудбалери. Мораме да веруваме дека можеме да се носиме и со нив. Знаеме дека ќе биде тешко, но фудбалот прави чуда. И вчера никој не веруваше, но се случи тоа што ќе се случи. Одиме во Португалија да дадеме максимум и се надевам дека ќе отидеме на светско, порача Трајковски.

The post Трајковски: Судбината вмеша прсти appeared first on Република.

„Овие со знаменцата на апарати“: Како коментаторот на Спортклуб го прослави голот на Трајковски https://republika.mk/tvitovi/ovie-so-znamencata-na-aparati-kako-komentatorot-na-sportklub-go-proslavi-golot-na-trajkovski/ Fri, 25 Mar 2022 12:00:57 +0000 https://republika.mk/?p=478361

https://republika.mk/vesti/makedonija/pronajdete-go-zborot-makedonija-vo-chestitkite-na-kovachevski-i-sdsm/

The post „Овие со знаменцата на апарати“: Како коментаторот на Спортклуб го прослави голот на Трајковски appeared first on Република.

Груевски: Така се сака Македонија https://republika.mk/sport/fudbal/gruevski-taka-se-saka-makedonija/ Fri, 25 Mar 2022 08:01:06 +0000 https://republika.mk/?p=478170

Поранешниот премиер Никола Груевски им ја честиташе победата на македонската фудбалска репрезентација над европскиот првак Италија.

Борбеноста и давањето се од себе, психолошката стабилност, добрата организација, физичката подготвеност и храброста дадоа резултат.
Така се сака Македонија.
Многу среќа и успех во Португалија, порача Груевски.

The post Груевски: Така се сака Македонија appeared first on Република.

]]>

Поранешниот премиер Никола Груевски им ја честиташе победата на македонската фудбалска репрезентација над европскиот првак Италија.
Борбеноста и давањето се од себе, психолошката стабилност, добрата организација, физичката подготвеност и храброста дадоа резултат. Така се сака Македонија. Многу среќа и успех во Португалија, порача Груевски.

The post Груевски: Така се сака Македонија appeared first on Република.

]]>
Македонските фудбалери вечер се враќаат во Скопје https://republika.mk/sport/fudbal/makedonskite-fudbaleri-vecher-se-vrakjaat-vo-skopje/ Fri, 25 Mar 2022 07:55:05 +0000 https://republika.mk/?p=478163

Македонската фудбалска репрезентација вечер се враќа во Скопје, ден по сензационалниот триумф над актуелниот европски првак Италија (1-0) во полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство.

Предвидено е македонската фудбалска експедиција со чартер-лет од Палермо да пристигне на скопскиот аеродром околу 18 часот.

Селекторот Благоја Милевски ќе ги искористи деновите од викендот за мини подготовки за финалето против Португалија, кое ќе се игра во вторник од 20:45 часот на стадионот „Драгао“ во Порто, а победникот ќе обезбеди настап на Мундијалот од 21 ноември до 18 декември во Катар.

Македонката репрезентација на дуелот против Португалија ќе биде посилна за Елјиф Елмас и Тихомир Костадинов, кои го пропуштија вчерашното полуфинале во Палермо поради жолти картони.

The post Македонските фудбалери вечер се враќаат во Скопје appeared first on Република.

]]>

Македонската фудбалска репрезентација вечер се враќа во Скопје, ден по сензационалниот триумф над актуелниот европски првак Италија (1-0) во полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство. Предвидено е македонската фудбалска експедиција со чартер-лет од Палермо да пристигне на скопскиот аеродром околу 18 часот. Селекторот Благоја Милевски ќе ги искористи деновите од викендот за мини подготовки за финалето против Португалија, кое ќе се игра во вторник од 20:45 часот на стадионот „Драгао“ во Порто, а победникот ќе обезбеди настап на Мундијалот од 21 ноември до 18 декември во Катар. Македонката репрезентација на дуелот против Португалија ќе биде посилна за Елјиф Елмас и Тихомир Костадинов, кои го пропуштија вчерашното полуфинале во Палермо поради жолти картони.

The post Македонските фудбалери вечер се враќаат во Скопје appeared first on Република.

]]>
Погледнете ги: Четворица напернати италијански коментатори… хахаха-хихихи им се случи Трајковски https://republika.mk/sport/fudbal/poglednete-gi-chetvorica-napernati-italijanski-komentatori-hahaha-hihihi-im-se-sluchi-trajkovski/ Thu, 24 Mar 2022 23:33:53 +0000 https://republika.mk/?p=478117

Џабе седиме тука, ова не е натпревар. Ова е наша победа, се смеаат задоволно италијански коментатори пред натпреварот Италија - Македонија во Палермо.

Искусните коментатори на популарниот италијански твитер профил ИФТВ, кои во живо го коментираа натпреварот, го претставија натпреварот против Македонија како завршена работа, како здодевен меч кој веќе одамна е добиен за Италија.

Неколку часа подоцна...

The post Погледнете ги: Четворица напернати италијански коментатори… хахаха-хихихи им се случи Трајковски appeared first on Република.

]]>

Џабе седиме тука, ова не е натпревар. Ова е наша победа, се смеаат задоволно италијански коментатори пред натпреварот Италија - Македонија во Палермо. Искусните коментатори на популарниот италијански твитер профил ИФТВ, кои во живо го коментираа натпреварот, го претставија натпреварот против Македонија како завршена работа, како здодевен меч кој веќе одамна е добиен за Италија. Неколку часа подоцна...

The post Погледнете ги: Четворица напернати италијански коментатори… хахаха-хихихи им се случи Трајковски appeared first on Република.

]]>
Правдата е отсутна, на трибини е: Зошто правосудството има доверба од 8%? https://republika.mk/vesti/makedonija/pravdata-e-otsutna-na-tribini-e-zoshto-pravosudstvoto-ima-doverba-od-8/ Thu, 24 Mar 2022 23:16:19 +0000 https://republika.mk/?p=478103

Националната среќа не дозволи ремек-делото на Александар Трајковски да остане во сенка на правдата преселена на трибини. Изледа патувале со истиот „автобус“, ги купиле картите преку синдикат, па на трибините „слепата“ правда навива во еден глас.

Како најжестоки навивачи камерите ги забелеѓаат Фатиме Фетаи, виш јаен обвинител, Никола Тупанчевски, министер за правда, и Лазар Нанев, претседател на судот во Кавадарци.

„Одлично друштво“ за доверба од 8%.

The post Правдата е отсутна, на трибини е: Зошто правосудството има доверба од 8%? appeared first on Република.

]]>

Националната среќа не дозволи ремек-делото на Александар Трајковски да остане во сенка на правдата преселена на трибини. Изледа патувале со истиот „автобус“, ги купиле картите преку синдикат, па на трибините „слепата“ правда навива во еден глас. Како најжестоки навивачи камерите ги забелеѓаат Фатиме Фетаи, виш јаен обвинител, Никола Тупанчевски, министер за правда, и Лазар Нанев, претседател на судот во Кавадарци. „Одлично друштво“ за доверба од 8%.

The post Правдата е отсутна, на трибини е: Зошто правосудството има доверба од 8%? appeared first on Република.

]]>
Газета: Трајковски ни приреди катастрофа, збогум Мундијал, збогум Евро, збогум сè! https://republika.mk/sport/fudbal/gazeta-trajkovski-ni-priredi-katastrofa-zbogum-mundijal-zbogum-evro-zbogum-se/ Thu, 24 Mar 2022 23:03:48 +0000 https://republika.mk/?p=478091

Италијанските медиуми не можат да го преболат поразот од македонската фудбалска селекција, која вечерва во Палермо го совлада актуелниот европски шампион со 1:0 и се избори за финале во плејофот за пласман на Светското првенство.

Збогум Мундијал, збогум Евро, збогум сè. Опсада цел натпревар која се покажа бескорисна, а во 47. минута од вториот дел, кога сите сега чекаат продолженија, по уште еден натпревар во кој веќе не знаеме да победиме, топка до Трајковски, екс фудбалерот на Палермо, и неверојатен удар од над дваесет метри. Совладан Донарума, а Италија на колена. Катастрофа. Италија – Македонија 0-1. Авантурата заврши, Италија ја нема, играта на Манчини веќе не постои, а можеби ќе се спасат Бастони, Верати, малку Флоренци и Распадори. Останатите не. Имобиле и Инсиње, лош Манчини, лош Барела, Жоргињо многу далеку од тоа што беше. Заслужуваме да останеме надвор од Светското првенство. Македонија оди во разигрување со Португалија. Се вративме во апокалипсата. За жал, малку, но не е доволно, пишува „Газета“.

Во финалето „црвено-жолтите“ ќе играат против Португалија исто така на гостински терен.

The post Газета: Трајковски ни приреди катастрофа, збогум Мундијал, збогум Евро, збогум сè! appeared first on Република.