Маја Морачанин Archives - Република https://republika.mk/tema/maja-morachanin/ За подобро да се разбереме Wed, 05 Jun 2024 08:17:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Маја Морачанин Archives - Република https://republika.mk/tema/maja-morachanin/ 32 32 И од сѐ ова, не се откажаа само од апанажата https://republika.mk/tvitovi/i-od-s-ova-ne-se-otkazhaa-samo-od-apanazhata/ Wed, 05 Jun 2024 08:17:57 +0000 https://republika.mk/?p=784839

https://republika.mk/vesti/makedonija/29-pratenitsi-od-stariot-sostav-ke-zhiveat-na-smetka-na-drzhavata/

The post И од сѐ ова, не се откажаа само од апанажата appeared first on Република.

]]>

https://republika.mk/vesti/makedonija/29-pratenitsi-od-stariot-sostav-ke-zhiveat-na-smetka-na-drzhavata/  

The post И од сѐ ова, не се откажаа само од апанажата appeared first on Република.

]]>
Морачанин си поднесе оставка од претседател на ДОМ https://republika.mk/vesti/makedonija/morachanin-si-podnese-ostavka-od-pretsedatel-na-dom/ Wed, 08 May 2024 23:01:43 +0000 https://republika.mk/?p=776067

Почитувани граѓанки и граѓани, членови и поддржувачи на зелената партија ДОМ, како израз на етичка и морална одговорност, поднесувам оставка од функцијата претседателка на ДОМ.

Во најкус можен рок, согласно Статутот на ДОМ, ќе организираме конгрес на кој ќе биде избран новиот претседател и раководство на ДОМ.

Знам дека ДОМ ќе продолжи посветено да се бори за спроведување на зелените политики во Македонија, информираше Маја Морачанин, претседателка на ДОМ на својот фејсбук профил.

Според изборните резултати, Морачанин нема добитно место во идниот парламент каде што беше на 6-тото место на листата на СДСМ.

The post Морачанин си поднесе оставка од претседател на ДОМ appeared first on Република.

]]>

Почитувани граѓанки и граѓани, членови и поддржувачи на зелената партија ДОМ, како израз на етичка и морална одговорност, поднесувам оставка од функцијата претседателка на ДОМ. Во најкус можен рок, согласно Статутот на ДОМ, ќе организираме конгрес на кој ќе биде избран новиот претседател и раководство на ДОМ. Знам дека ДОМ ќе продолжи посветено да се бори за спроведување на зелените политики во Македонија, информираше Маја Морачанин, претседателка на ДОМ на својот фејсбук профил. Според изборните резултати, Морачанин нема добитно место во идниот парламент каде што беше на 6-тото место на листата на СДСМ.

The post Морачанин си поднесе оставка од претседател на ДОМ appeared first on Република.

]]>
ЦО на ДОМ ја избра Морачанин за кандидат за пратеник https://republika.mk/vesti/makedonija/tso-na-dom-ja-izbra-morachanin-za-kandidat-za-pratenik/ Sun, 24 Mar 2024 21:29:21 +0000 https://republika.mk/?p=758329

На денешната седница, Централниот одбор на ДОМ донесе одлука претседателката на ДОМ, Маја Морачанин да биде кандидат за пратеник од ДОМ, на шестата позиција во првата изборна единица, на заедничката листа на коалицијата предводена од СДСМ.

“Членовите на ЦО изразија задоволство од прифаќањето на барањата од ДОМ поврзани со заштитата на животната средина и климата, од страна на кандидатот за Претседател на Македонија, Стево Пендаровски и донесе одлука за поддршка на неговата кандидатура. На седницата беше избран Централниот извршен штаб на ДОМ, со кој ќе раководи генералниот секретар Зоран Зориќ.

ДОМ останува посветен на реализирање на приоритетот за што побрзо продолжување на македонскиот евроинтеграциски процес, кој е основната движечка сила за спроведување на неопходните реформи во македонското општество.

ДОМ ќе продолжи да инсистира на спроведување на праведната енергетска транзиција од фосилни кон обновливи извори на енергија, заштитата на животната средина и климата, ефикасна борба против корупцијата и унапредување на човековите права.” – се вели во соопштението.

The post ЦО на ДОМ ја избра Морачанин за кандидат за пратеник appeared first on Република.

]]>

На денешната седница, Централниот одбор на ДОМ донесе одлука претседателката на ДОМ, Маја Морачанин да биде кандидат за пратеник од ДОМ, на шестата позиција во првата изборна единица, на заедничката листа на коалицијата предводена од СДСМ.
“Членовите на ЦО изразија задоволство од прифаќањето на барањата од ДОМ поврзани со заштитата на животната средина и климата, од страна на кандидатот за Претседател на Македонија, Стево Пендаровски и донесе одлука за поддршка на неговата кандидатура. На седницата беше избран Централниот извршен штаб на ДОМ, со кој ќе раководи генералниот секретар Зоран Зориќ. ДОМ останува посветен на реализирање на приоритетот за што побрзо продолжување на македонскиот евроинтеграциски процес, кој е основната движечка сила за спроведување на неопходните реформи во македонското општество. ДОМ ќе продолжи да инсистира на спроведување на праведната енергетска транзиција од фосилни кон обновливи извори на енергија, заштитата на животната средина и климата, ефикасна борба против корупцијата и унапредување на човековите права.” – се вели во соопштението.

The post ЦО на ДОМ ја избра Морачанин за кандидат за пратеник appeared first on Република.

]]>
Централниот одбор на ДОМ ја избра Морачанин за кандидат за пратеник https://republika.mk/vesti/makedonija/tsentralniot-odbor-na-dom-ja-izbra-morachanin-za-kandidat-za-pratenik/ Sun, 24 Mar 2024 15:29:00 +0000 https://republika.mk/?p=758193

Централниот одбор на ДОМ, на денешната седница, донел одлука претседателката на партијата, Маја Морачанин да биде кандидат за пратеник од ДОМ, на шестата позиција во првата изборна единица, на заедничката листа на коалицијата предводена од СДСМ.

Како што соопштија од ДОМ, членовите на ЦО изразиле задоволство од прифаќањето на барањата од ДОМ поврзани со заштитата на животната средина и климата од страна на кандидатот за претседател, Стево Пендаровски и донеле одлука за поддршка на неговата кандидатура.

На седницата бил избран Централниот извршен штаб на ДОМ, со кој ќе раководи генералниот секретар Зоран Зориќ.

ДОМ останува посветен на реализирање на приоритетот за што побрзо продолжување на македонскиот евроинтеграциски процес, кој е основната движечка сила за спроведување на неопходните реформи во македонското општество. ДОМ ќе продолжи да инсистира на спроведување на праведната енергетска транзиција од фосилни кон обновливи извори на енергија, заштитата на животната средина и климата, ефикасна борба против корупцијата и унапредување на човековите права, стои во соопштението од Централната канцеларија на ДОМ.

The post Централниот одбор на ДОМ ја избра Морачанин за кандидат за пратеник appeared first on Република.

]]>

Централниот одбор на ДОМ, на денешната седница, донел одлука претседателката на партијата, Маја Морачанин да биде кандидат за пратеник од ДОМ, на шестата позиција во првата изборна единица, на заедничката листа на коалицијата предводена од СДСМ. Како што соопштија од ДОМ, членовите на ЦО изразиле задоволство од прифаќањето на барањата од ДОМ поврзани со заштитата на животната средина и климата од страна на кандидатот за претседател, Стево Пендаровски и донеле одлука за поддршка на неговата кандидатура. На седницата бил избран Централниот извршен штаб на ДОМ, со кој ќе раководи генералниот секретар Зоран Зориќ.
ДОМ останува посветен на реализирање на приоритетот за што побрзо продолжување на македонскиот евроинтеграциски процес, кој е основната движечка сила за спроведување на неопходните реформи во македонското општество. ДОМ ќе продолжи да инсистира на спроведување на праведната енергетска транзиција од фосилни кон обновливи извори на енергија, заштитата на животната средина и климата, ефикасна борба против корупцијата и унапредување на човековите права, стои во соопштението од Централната канцеларија на ДОМ.
 
The post Централниот одбор на ДОМ ја избра Морачанин за кандидат за пратеник appeared first on Република.

]]>
Moрачанин од ДОМ не се откажува од СДСМ https://republika.mk/vesti/makedonija/morachanin-od-dom-ne-se-otkazhuva-od-sdsm/ Sun, 24 Dec 2023 20:41:51 +0000 https://republika.mk/?p=726267

Политичката партија ДОМ која е дел од владејачката коалиција  формирала тим кој по празниците ќе почне разговари за коалицирање со СДСМ на претстојните парламентарни избори, информираше вечерва претседателката на ДОМ Маја Морачанин.

Во гостување на ТВ Сител, Морачанин рече дека на Централниот одбор на ДОМ донеле одлука да влезат во преговори со СДСМ за заеднички настап на претстојните парламентарни избори. -Извршниот одбор формираше тим, очекувам по празниците да разговараме со СДСМ и ќе видиме што ќе биде исходот,  рече Морачани.

Таа посочи дека за ДОМ е прифатливо Талат Џафери да биде технички премиер во преодната влада, а Јован Митревски претседател на Собранието.

Морачанин истакнува дека не се откажале од уставните измени, од една изборна единица и од владеење на правото.

Прашана дали верува дека оваа Влада може да го спроведе тоа штом останувааат во коалицијата рече дека европските интеграции се приориет за партијата и оти е важно не само полноправното членство како крајна цел, туку самиот интеграциски процес со отворање на поглавјата како движечка сила за спроведување на реформите.

-Затоа инсистираме на што побрзо продолжување на овој интеграциски процес бидејќи закочувањето неминовно ќе води и кон кочење на реформите. Она што е многу важно е дека инсистираме да се направи ветинг. За политичарите и за судиите да се направи проверка на потекло на имот, а санкциите од САД со т.н Црна листа да станат дел од нашиот правен систем, рече Морачанин, која смета дека треба да се поддржи иницијативата за отповикување на градоначалници но и други политичари преку референдум.

The post Moрачанин од ДОМ не се откажува од СДСМ appeared first on Република.

]]>

Политичката партија ДОМ која е дел од владејачката коалиција  формирала тим кој по празниците ќе почне разговари за коалицирање со СДСМ на претстојните парламентарни избори, информираше вечерва претседателката на ДОМ Маја Морачанин. Во гостување на ТВ Сител, Морачанин рече дека на Централниот одбор на ДОМ донеле одлука да влезат во преговори со СДСМ за заеднички настап на претстојните парламентарни избори. -Извршниот одбор формираше тим, очекувам по празниците да разговараме со СДСМ и ќе видиме што ќе биде исходот,  рече Морачани. Таа посочи дека за ДОМ е прифатливо Талат Џафери да биде технички премиер во преодната влада, а Јован Митревски претседател на Собранието. Морачанин истакнува дека не се откажале од уставните измени, од една изборна единица и од владеење на правото. Прашана дали верува дека оваа Влада може да го спроведе тоа штом останувааат во коалицијата рече дека европските интеграции се приориет за партијата и оти е важно не само полноправното членство како крајна цел, туку самиот интеграциски процес со отворање на поглавјата како движечка сила за спроведување на реформите.
-Затоа инсистираме на што побрзо продолжување на овој интеграциски процес бидејќи закочувањето неминовно ќе води и кон кочење на реформите. Она што е многу важно е дека инсистираме да се направи ветинг. За политичарите и за судиите да се направи проверка на потекло на имот, а санкциите од САД со т.н Црна листа да станат дел од нашиот правен систем, рече Морачанин, која смета дека треба да се поддржи иницијативата за отповикување на градоначалници но и други политичари преку референдум.

The post Moрачанин од ДОМ не се откажува од СДСМ appeared first on Република.

]]>
Морачанин гласала против измените на КЗ, ДОМ ќе размисли дали да остане во власта https://republika.mk/vesti/makedonija/morachanin-glasala-protiv-izmenite-na-kz-dom-ke-razmisli-dali-da-ostane-vo-vlasta/ Thu, 07 Sep 2023 16:08:50 +0000 https://republika.mk/?p=679760

Гласав „против“ предложениот Закон за измени и дополнување на Кривичниот законик заради тоа што сметам дека овие измени кои што вчера се усвоија не одат во прилог на ефикасна борба против корупцијата и организираниот криминал, изјави пратеничката Маја Морачанин од ДОМ.

Во изјава за медиуми во рамките на денешниот прием нa претседателот на Собранието, Талат Џафери, по повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија, Морачанин истакна дека она што е за неа многу важно, и за ДОМ како партија е владеење на правото.

„Она што е за мене многу важно и за нас како ДОМ, знаете дека тоа ни е еден од столбовите, покрај заштита на животна средина, човекови права итн. и мислам дека е тоа многу важно генерално за македонското општество, па исто така и во насока на евроинтеграциските процеси, бидејќи, знаете – владеењето на правото, неселективна правда, борба против корупција, тоа е во првиот кластер основното, би рекла темелното Поглавје, затоа и се нарекува темели. Мислам дека овие законски измени со намалување на казните за злоупотреба на службена должност, злосторничко здружување не одат во прилог на ефикасна борба против криминалот и затоа гласав ‘против’“, рече таа.

Во однос на наводите дека за тоа постои договор помеѓу власта и опозицијата, таа одговори дека нема такви информации.

„Она што знам е дека за нас како ДОМ вакви законски измени не се прифатливи и затоа гласав ‘против’“, дополни Морачанин.

На прашањето зошто толку набрзина, експресно се донесоа овие измени, таа посочи дека за вакви законски решенија е потребна поширока јавна дебата со вклученост на експерти.

„И јас имав забелешки во разговорите зошто се носи законот и со европско знаменце и во скратена постапка и толку набрзина, но и немаше некоја дебата поголема па и од страна на опозициските пратеници, ниту на Комисијата за европски прашања, ниту на пленарната седница. Се согласувам дека за вакви законски решенија е потребна поширока јавна дебата со вклученост на експерти оти и за нас беше тешко, еве и за мене како пратеничка, бидејќи, тоа е сепак закон – одредби кои што треба да се прочитаат, да се проверат, тоа бара време. Мене ми требаа и консултации со експерти, јас не сум правник по професија за да ми биде јасно за што се работи во промените. Се согласувам дека требаше да оди во редовна постапка со јавна дебата“, посочи таа.

Морачанин потсети дека услов за останување на ДОМ во владината коалиција е борбата против корупцијата и рече дека тоа ќе го дискутираат во рамките на телата на партијата.

Собранието вчера ги донесе измените и дополнувањата на Кривичниот законик кои предизвикаа реакции во јавноста бидејќи се однесуваат на членови што ги „ублажуваат“ казните кои тангираат функционери, службени и одговорни лица во јавни претпријатија и установи, а беа донесени за два дена. Според Владата, која овие измени ги предложи со европско знаменце, станува збор за усогласување со директивите на Европската Унија. За опозицијата, тоа е обид за амнестија на актуелните функционери во случај на промена на власта.

The post Морачанин гласала против измените на КЗ, ДОМ ќе размисли дали да остане во власта appeared first on Република.

]]>

Гласав „против“ предложениот Закон за измени и дополнување на Кривичниот законик заради тоа што сметам дека овие измени кои што вчера се усвоија не одат во прилог на ефикасна борба против корупцијата и организираниот криминал, изјави пратеничката Маја Морачанин од ДОМ. Во изјава за медиуми во рамките на денешниот прием нa претседателот на Собранието, Талат Џафери, по повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија, Морачанин истакна дека она што е за неа многу важно, и за ДОМ како партија е владеење на правото.
„Она што е за мене многу важно и за нас како ДОМ, знаете дека тоа ни е еден од столбовите, покрај заштита на животна средина, човекови права итн. и мислам дека е тоа многу важно генерално за македонското општество, па исто така и во насока на евроинтеграциските процеси, бидејќи, знаете – владеењето на правото, неселективна правда, борба против корупција, тоа е во првиот кластер основното, би рекла темелното Поглавје, затоа и се нарекува темели. Мислам дека овие законски измени со намалување на казните за злоупотреба на службена должност, злосторничко здружување не одат во прилог на ефикасна борба против криминалот и затоа гласав ‘против’“, рече таа.
Во однос на наводите дека за тоа постои договор помеѓу власта и опозицијата, таа одговори дека нема такви информации.
„Она што знам е дека за нас како ДОМ вакви законски измени не се прифатливи и затоа гласав ‘против’“, дополни Морачанин.
На прашањето зошто толку набрзина, експресно се донесоа овие измени, таа посочи дека за вакви законски решенија е потребна поширока јавна дебата со вклученост на експерти.
„И јас имав забелешки во разговорите зошто се носи законот и со европско знаменце и во скратена постапка и толку набрзина, но и немаше некоја дебата поголема па и од страна на опозициските пратеници, ниту на Комисијата за европски прашања, ниту на пленарната седница. Се согласувам дека за вакви законски решенија е потребна поширока јавна дебата со вклученост на експерти оти и за нас беше тешко, еве и за мене како пратеничка, бидејќи, тоа е сепак закон – одредби кои што треба да се прочитаат, да се проверат, тоа бара време. Мене ми требаа и консултации со експерти, јас не сум правник по професија за да ми биде јасно за што се работи во промените. Се согласувам дека требаше да оди во редовна постапка со јавна дебата“, посочи таа.
Морачанин потсети дека услов за останување на ДОМ во владината коалиција е борбата против корупцијата и рече дека тоа ќе го дискутираат во рамките на телата на партијата. Собранието вчера ги донесе измените и дополнувањата на Кривичниот законик кои предизвикаа реакции во јавноста бидејќи се однесуваат на членови што ги „ублажуваат“ казните кои тангираат функционери, службени и одговорни лица во јавни претпријатија и установи, а беа донесени за два дена. Според Владата, која овие измени ги предложи со европско знаменце, станува збор за усогласување со директивите на Европската Унија. За опозицијата, тоа е обид за амнестија на актуелните функционери во случај на промена на власта.

The post Морачанин гласала против измените на КЗ, ДОМ ќе размисли дали да остане во власта appeared first on Република.

]]>
На Морачанин од ДОМ не и се изглегува од власта https://republika.mk/vesti/makedonija/na-morachanin-od-dom-ne-i-se-izgleguva-od-vlasta/ Tue, 14 Feb 2023 13:19:12 +0000 https://republika.mk/?p=608905

ДОМ не излегува од коалицијата со СДСМ. Лидерката на партијата и пратеничка, Маја Морачанин одлуката за останување во коалицијата ја оправдува со програмските приоритети кои ги имаат за остварување. Според неа, не им се важни функционерските позиции кои ги добиваат како дел од власта. Одлуката е донесена на состанок на Централниот одбор на партијата.

„ДОМ, ниту кога во Владата се водеа преговори со Алтернатива, ниту сега со Алијанса за Албаниците, не условувал со број на функционерски позиции. Впрочем за тоа говори фактот што од 2020 година, по парламентарните избори, ДОМ учествува во Владата, со една заменичка министерка и нема никаква промена по однос на функционерските позиции на ДОМ. За нас од суштинска важност е реализирањето на програмските приоритети, а не која партија колку министерски, заменик министерски и директорски позиции добила“, вели Морачанин за „Макфакс“.

The post На Морачанин од ДОМ не и се изглегува од власта appeared first on Република.

Морачанин: Сакам да слушнам која е целта на евентуално зголемување на мнозинството https://republika.mk/vesti/makedonija/morachanin-sakam-da-slushnam-koja-e-tselta-na-eventualno-zgolemuvane-na-mnozinstvoto/ Mon, 23 Jan 2023 19:20:27 +0000 https://republika.mk/?p=600143

Во седиштето на владејачката СДСМ во тек е средба на коалициските партнери на која се разговара за евентуално проширување на владината коалиција во контекст на постигнување парламентарно мнозинство за уставни измени.

Пред состанокот претседателката на ДОМ Маја Морачанин изјави дека досега немале никаков разговор, ниту некои конкретни информации, освен ова што беше споделувано во медиумите.

Сакам прво да ги слушнам информациите, што се планира, која е целта на евентуално зголемување на мнозинството, што ќе значи тоа и во однос на програмата и во однос на кадровските решенија, и се разбира она што е важно за ДОМ, ние сакаме да ги наметнеме прашањата и темите коишто се важни за нас да бидат реализирани, изјави Морачанин.

The post Морачанин: Сакам да слушнам која е целта на евентуално зголемување на мнозинството appeared first on Република.

]]>

Во седиштето на владејачката СДСМ во тек е средба на коалициските партнери на која се разговара за евентуално проширување на владината коалиција во контекст на постигнување парламентарно мнозинство за уставни измени. Пред состанокот претседателката на ДОМ Маја Морачанин изјави дека досега немале никаков разговор, ниту некои конкретни информации, освен ова што беше споделувано во медиумите.
Сакам прво да ги слушнам информациите, што се планира, која е целта на евентуално зголемување на мнозинството, што ќе значи тоа и во однос на програмата и во однос на кадровските решенија, и се разбира она што е важно за ДОМ, ние сакаме да ги наметнеме прашањата и темите коишто се важни за нас да бидат реализирани, изјави Морачанин.

The post Морачанин: Сакам да слушнам која е целта на евентуално зголемување на мнозинството appeared first on Република.

]]>
Морачанин останува на чело на ДОМ https://republika.mk/vesti/makedonija/morachanin-ostanuva-na-chelo-na-dom/ Sun, 27 Nov 2022 16:20:15 +0000 https://republika.mk/?p=578764

Зелената партија ДОМ денеска едногласно ја избра досегашната лидерка, Маја Морачани за иден лидер на партијата. На Петтиот конгрес таа ја доби довербата ос сопартијците. Заблагодарувајќи се на довербата, Морачанин нагласи дека ДОМ и во иднина ќе биде активен и конструктивен фактор во политичкиот пристап за решавање на сите општествени проблеми и прашања.

Политиката на Зелената партија ДОМ не треба да се врзува само со еколошките теми и климата, туку и со почитувањето на човековите права, социјалните права, недискриминацијата, како и со политиките за развој на зелената економија - подвлече, Морачанин.

Делегатите на Конгресот (309), исто така, едногласно го избраа и новиот состав на Централниот и Надзорниот одбор на партијата, а беа усвоени и Извештајот за работата на ДОМ во периодот од 2018 до 2022 година, како и Предлог-програмата за работата на Зелената партија ДОМ во периодот до 2026 година.

Пред делегатите и многубројните гости од другите партии, пратеници и претставници од Владата, на почетокот на Петтиот Конгрес на ДОМ, се презентираа и поздравни говори на претставници на Европските зелени од повеќе земји-членки на ЕУ, како и на зелени партии од земјите во регионот. Тие јасно ја изразија поддршката за продолжување на Македонија на патот кон Европската унија и поддршката на придонесот на Зелената партија ДОМ, што го дава во таа насока.

The post Морачанин останува на чело на ДОМ appeared first on Република.

]]>

Зелената партија ДОМ денеска едногласно ја избра досегашната лидерка, Маја Морачани за иден лидер на партијата. На Петтиот конгрес таа ја доби довербата ос сопартијците. Заблагодарувајќи се на довербата, Морачанин нагласи дека ДОМ и во иднина ќе биде активен и конструктивен фактор во политичкиот пристап за решавање на сите општествени проблеми и прашања.
Политиката на Зелената партија ДОМ не треба да се врзува само со еколошките теми и климата, туку и со почитувањето на човековите права, социјалните права, недискриминацијата, како и со политиките за развој на зелената економија - подвлече, Морачанин.
Делегатите на Конгресот (309), исто така, едногласно го избраа и новиот состав на Централниот и Надзорниот одбор на партијата, а беа усвоени и Извештајот за работата на ДОМ во периодот од 2018 до 2022 година, како и Предлог-програмата за работата на Зелената партија ДОМ во периодот до 2026 година. Пред делегатите и многубројните гости од другите партии, пратеници и претставници од Владата, на почетокот на Петтиот Конгрес на ДОМ, се презентираа и поздравни говори на претставници на Европските зелени од повеќе земји-членки на ЕУ, како и на зелени партии од земјите во регионот. Тие јасно ја изразија поддршката за продолжување на Македонија на патот кон Европската унија и поддршката на придонесот на Зелената партија ДОМ, што го дава во таа насока.

The post Морачанин останува на чело на ДОМ appeared first on Република.

]]>
Петти конгрес на ДОМ https://republika.mk/vesti/makedonija/petti-kongres-na-dom/ Sun, 27 Nov 2022 15:02:14 +0000 https://republika.mk/?p=578730

Демократската обнова на Македонија - ДОМ го одржува петтиот конгрес на кој се очекува да биде реизбрана актуелната претседателка Маја Морачанин.
На седницата на централниот одбор на партијата беше утврдено дека Морачанин е единствениот предлог за претседател на партијата, а беа утврдени и предлозите за членови на централниот и надзорниот одбор на партијата. Одлуката за одржување на петтиот конгрес на партијата беше донесена на 16 октомври од страна на централниот одбор. ДОМ е инаку дел од владејачкото мнозинство и има еден пратеник во парламентот, актуелната претседателка Морачанин.

The post Петти конгрес на ДОМ appeared first on Република.

]]>

Демократската обнова на Македонија - ДОМ го одржува петтиот конгрес на кој се очекува да биде реизбрана актуелната претседателка Маја Морачанин. На седницата на централниот одбор на партијата беше утврдено дека Морачанин е единствениот предлог за претседател на партијата, а беа утврдени и предлозите за членови на централниот и надзорниот одбор на партијата. Одлуката за одржување на петтиот конгрес на партијата беше донесена на 16 октомври од страна на централниот одбор. ДОМ е инаку дел од владејачкото мнозинство и има еден пратеник во парламентот, актуелната претседателка Морачанин.

The post Петти конгрес на ДОМ appeared first on Република.

]]>
Централниот одбор ја предложи Маја Морачанин за претседателка на ДОМ https://republika.mk/vesti/makedonija/centralniot-odbor-ja-predlozi-maja-morachanin-za-pretsedatelka-na-dom/ Thu, 24 Nov 2022 19:08:11 +0000 https://republika.mk/?p=577951

На денешната седница на Централниот одбор на зелената партија ДОМ беа утврдени предлозите за членови на Централниот и Надзорниот одбор на ДОМ, за кои ќе се одлучува на Петтиот конгрес на ДОМ.

Централниот одбор на ДОМ ја утврди актуелната претседателка на ДОМ, Маја Морачанин како единствен предлог за претседател на партијата.

Согласно внатрепартиските демократски принципи, кандидатите за претседател и членови на Централниот и Надзорниот одбор на ДОМ ги предлагаат членовите на општинските организации, МОДОМ и Форумот на жени на ДОМ.

„На 16.10.2022 Централниот одбор на ДОМ донесе одлука за одржување на Петтиот конгрес на ДОМ, на 27.11.2022. На 18.10.2022 ДОМ објави јавен оглас во два печатени медиуми, во кој ги повика членовите на ДОМ да се пријават до општинските организации во нивните места на живеење, за изразување интерес за кандидирање за членови во органите и телата на ДОМ што ќе бидат избрани на Конгресот“, е наведено во соопштението од оваа партија.

The post Централниот одбор ја предложи Маја Морачанин за претседателка на ДОМ appeared first on Република.

]]>

На денешната седница на Централниот одбор на зелената партија ДОМ беа утврдени предлозите за членови на Централниот и Надзорниот одбор на ДОМ, за кои ќе се одлучува на Петтиот конгрес на ДОМ. Централниот одбор на ДОМ ја утврди актуелната претседателка на ДОМ, Маја Морачанин како единствен предлог за претседател на партијата. Согласно внатрепартиските демократски принципи, кандидатите за претседател и членови на Централниот и Надзорниот одбор на ДОМ ги предлагаат членовите на општинските организации, МОДОМ и Форумот на жени на ДОМ. „На 16.10.2022 Централниот одбор на ДОМ донесе одлука за одржување на Петтиот конгрес на ДОМ, на 27.11.2022. На 18.10.2022 ДОМ објави јавен оглас во два печатени медиуми, во кој ги повика членовите на ДОМ да се пријават до општинските организации во нивните места на живеење, за изразување интерес за кандидирање за членови во органите и телата на ДОМ што ќе бидат избрани на Конгресот“, е наведено во соопштението од оваа партија.

The post Централниот одбор ја предложи Маја Морачанин за претседателка на ДОМ appeared first on Република.

]]>
Морачанин не очекува денеска да се постигне договор за уставните измени https://republika.mk/vesti/makedonija/morachanin-ne-ochekuva-deneska-da-se-postigne-dogovor-za-ustavnite-izmeni/ Mon, 07 Nov 2022 10:51:32 +0000 https://republika.mk/?p=570854

Претседателката на ДОМ, Маја Морачанин очекува денешната лидерска средба да биде конструктивна.

-Очекувам да имаме комуникативна дискусија, бидејќи сите партии јасно се декларираат дека се проевропски, односно дека во нивните програмски цели е членството на Македонија во ЕУ. Не очекувам дека денеска ќе се постигне договор, имајќи ги во предвид изјавите од опозицијата дека тие бараат дополнителни гаранции за промена на Уставот, но добро е да заеднички да разговараме за стратешки прашања важни за државата и народот. Не знам кои се гаранциите кои опозицијата ги бара, па потоа можеме да дискутираме кој може тоа да го обезбеди, рече Морачанин пред влегувањето на закажаната лидерска средба во Собранието.

Таа смета дека условувањата никому не носат добро, бидејќи темата на денешната средба е европската интеграција на земјава.

-Ова барање на опозицијата за предвремени избори датира уште од локалните избори. Фокусот треба да ни биде предбродување на економската криза. Наша заложба како ДОМ е овие реформи неопходни за државата, поинтензивно да се спроведуваат во државата, изјави меѓу другото лидерката на ДОМ.

The post Морачанин не очекува денеска да се постигне договор за уставните измени appeared first on Република.

]]>

Претседателката на ДОМ, Маја Морачанин очекува денешната лидерска средба да биде конструктивна. -Очекувам да имаме комуникативна дискусија, бидејќи сите партии јасно се декларираат дека се проевропски, односно дека во нивните програмски цели е членството на Македонија во ЕУ. Не очекувам дека денеска ќе се постигне договор, имајќи ги во предвид изјавите од опозицијата дека тие бараат дополнителни гаранции за промена на Уставот, но добро е да заеднички да разговараме за стратешки прашања важни за државата и народот. Не знам кои се гаранциите кои опозицијата ги бара, па потоа можеме да дискутираме кој може тоа да го обезбеди, рече Морачанин пред влегувањето на закажаната лидерска средба во Собранието. Таа смета дека условувањата никому не носат добро, бидејќи темата на денешната средба е европската интеграција на земјава. -Ова барање на опозицијата за предвремени избори датира уште од локалните избори. Фокусот треба да ни биде предбродување на економската криза. Наша заложба како ДОМ е овие реформи неопходни за државата, поинтензивно да се спроведуваат во државата, изјави меѓу другото лидерката на ДОМ.  

The post Морачанин не очекува денеска да се постигне договор за уставните измени appeared first on Република.

]]>
Тасевски за Трајанов, Морачанин и Милевски: Каков човеколик отпад https://republika.mk/vesti/makedonija/tasevski-za-trajanov-morachanin-i-milevski-kakov-chovekolik-otpad/ Tue, 05 Jul 2022 10:12:20 +0000 https://republika.mk/?p=524139

Павле Трајановски, Морачанин и ти дечко од ЛДП што многу се правиш паметен по телевизии, до кај сте со бугарската помија што ви ја нудат за папање?, им се обраќа актерот Сашо Тасевски.

Многу нешто се мислите.
Што е работава?
Не сте сигурни колку сте Бугари у душа?
Или лицитирате кај СДС(Бугарашка)?
Дај решете се.
Излегувате од влада или сте благонадежни блгари?
Неизвесноста ве убива.
Каков човеколик отпад. Неверојатно, пишува тој.

The post Тасевски за Трајанов, Морачанин и Милевски: Каков човеколик отпад appeared first on Република.

]]>

Павле Трајановски, Морачанин и ти дечко од ЛДП што многу се правиш паметен по телевизии, до кај сте со бугарската помија што ви ја нудат за папање?, им се обраќа актерот Сашо Тасевски.
Многу нешто се мислите. Што е работава? Не сте сигурни колку сте Бугари у душа? Или лицитирате кај СДС(Бугарашка)? Дај решете се. Излегувате од влада или сте благонадежни блгари? Неизвесноста ве убива. Каков човеколик отпад. Неверојатно, пишува тој.

The post Тасевски за Трајанов, Морачанин и Милевски: Каков човеколик отпад appeared first on Република.

]]>
Ако не добиеме гаранции за тоа што нè загрижува, ќе гласаме против и ќе ја напуштиме Владата, рече Морачанин по средбата со Пендаровски https://republika.mk/vesti/makedonija/ako-ne-dobieme-garancii-za-toa-shto-ne-zagrizuva-kje-glasame-protiv-i-kje-ja-napushtime-vladata-reche-morachanin-po-sredbata-so-pendarovski/ Mon, 04 Jul 2022 19:59:39 +0000 https://republika.mk/?p=523868

По завршувањето на средбата на претседателот Стево Пендаровски со лидерите на помалите партии од владината коалиција - претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов и претседателот на Либерално-демократската партија Горан Милевски, беше соопштено дека  ги образложиле партиските согледувања за францускиот предлог и ги истакнале нивните загрижености.

ВО изјава за 24 вести по средбата, Морачанин рече дека е добро што ќе има дијалог за предлогот во Собрание, но дека ако не добијат гаранции за тоа што ги загрижува, ќе гласаат против и ќе ја напуштат Владата.

https://youtu.be/dRBBJ8ncUug

The post Ако не добиеме гаранции за тоа што нè загрижува, ќе гласаме против и ќе ја напуштиме Владата, рече Морачанин по средбата со Пендаровски appeared first on Република.

]]>

По завршувањето на средбата на претседателот Стево Пендаровски со лидерите на помалите партии од владината коалиција - претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов и претседателот на Либерално-демократската партија Горан Милевски, беше соопштено дека  ги образложиле партиските согледувања за францускиот предлог и ги истакнале нивните загрижености. ВО изјава за 24 вести по средбата, Морачанин рече дека е добро што ќе има дијалог за предлогот во Собрание, но дека ако не добијат гаранции за тоа што ги загрижува, ќе гласаат против и ќе ја напуштат Владата. https://youtu.be/dRBBJ8ncUug

The post Ако не добиеме гаранции за тоа што нè загрижува, ќе гласаме против и ќе ја напуштиме Владата, рече Морачанин по средбата со Пендаровски appeared first on Република.

]]>
Морачанин: Ако во преговорите има прашања од историјата и образованието, францускиот предлог е неприфатлив https://republika.mk/vesti/makedonija/morachanin-ako-vo-pregovorite-ima-prashanja-od-istorijata-i-obrazovanieto-francuskiot-predlog-e-neprifatliv/ Mon, 04 Jul 2022 13:16:59 +0000 https://republika.mk/?p=523626

Доколку билатералните прашања кои реферираат на историјата и образованието се дел од преговарачкиот процес, како што личи од дефинитивниот протокол кој не сме го виделе, тогаш францускиот предлог за ДОМ е неприфатлив, изјави за МКД.мк претседателката на ДОМ Маја Морачанин која  заедно со лидерите на Демократски сојуз и Либерално - демократската партија имала консултации со премиерот Димитар Ковачевски.

Според Морачанин, договорот мора да оди во Собрание.

Наш предлог е Владата самата да не ја носи одлуката, туку тоа да му го препушти на Собранието на Македонија и пратениците да можат да дискутираат и да предложат заклучоци, вели Морачанин.

На средбата било истакнато дека македонскиот јазик има чиста формулација, односно во ЕУ ќе биде „македонски јазик без никакви дообјаснувања, а Бугарија ќе даде свое мислење, кое само еднаш ќе биде нотирано и нема да има влијание во ЕУ и во преговорите“.

Премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот Бојан Маричиќ ветиле дека предлогот ќе биде доставен до Собранието на Македонија.

„Незамисливо е членка на ЕУ да негира јазик, бидејќи во основите на Унијата се вредностите на почитување на јазиците, националностите и сите вредности поврзани со човекот кои се нејзиното богатство“, вели Морачанин и нагласува дека за ДОМ е неприфатливо внесувањето на билатерални прашања во преговарачкиот процес.

ДОМ инсистира документите поврзани со отворањето на преговорите да се објават преведени на македонски јазик со цел секој граѓанин да може да ги прочита и анализира, бидејќи не е лесно конкретни и многу специфични правни формулации да може секој да ги разбере на англиски јазик.

The post Морачанин: Ако во преговорите има прашања од историјата и образованието, францускиот предлог е неприфатлив appeared first on Република.

]]>

Доколку билатералните прашања кои реферираат на историјата и образованието се дел од преговарачкиот процес, како што личи од дефинитивниот протокол кој не сме го виделе, тогаш францускиот предлог за ДОМ е неприфатлив, изјави за МКД.мк претседателката на ДОМ Маја Морачанин која  заедно со лидерите на Демократски сојуз и Либерално - демократската партија имала консултации со премиерот Димитар Ковачевски. Според Морачанин, договорот мора да оди во Собрание.
Наш предлог е Владата самата да не ја носи одлуката, туку тоа да му го препушти на Собранието на Македонија и пратениците да можат да дискутираат и да предложат заклучоци, вели Морачанин.
На средбата било истакнато дека македонскиот јазик има чиста формулација, односно во ЕУ ќе биде „македонски јазик без никакви дообјаснувања, а Бугарија ќе даде свое мислење, кое само еднаш ќе биде нотирано и нема да има влијание во ЕУ и во преговорите“. Премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот Бојан Маричиќ ветиле дека предлогот ќе биде доставен до Собранието на Македонија. „Незамисливо е членка на ЕУ да негира јазик, бидејќи во основите на Унијата се вредностите на почитување на јазиците, националностите и сите вредности поврзани со човекот кои се нејзиното богатство“, вели Морачанин и нагласува дека за ДОМ е неприфатливо внесувањето на билатерални прашања во преговарачкиот процес. ДОМ инсистира документите поврзани со отворањето на преговорите да се објават преведени на македонски јазик со цел секој граѓанин да може да ги прочита и анализира, бидејќи не е лесно конкретни и многу специфични правни формулации да може секој да ги разбере на англиски јазик.  

The post Морачанин: Ако во преговорите има прашања од историјата и образованието, францускиот предлог е неприфатлив appeared first on Република.

]]>
Морачанин: Францускиот предлог не е прифатливо решение, не нуди можност за почнување на преговорите со ЕУ https://republika.mk/vesti/makedonija/morachanin-francuskiot-predlog-ne-e-prifatlivo-reshenie-ne-nudi-moznost-za-pochnuvanje-na-pregovorite-so-eu/ Wed, 22 Jun 2022 09:56:39 +0000 https://republika.mk/?p=518385

Францускиот предлог не е прифатливо решение, не нуди можност за почнување на преговорите со ЕУ, смета претседателката на ДОМ, Маја Морачанин. Таа во интервју за НоваТВ вели дека врз основа на информациите од медиумите за т.н. француски предлог,  тој не е прифатливо решение и не нуди можност за конечно, по 17 години кандидатски статус, започнување на преговорите со ЕУ.

Останувам на ставот дека отворените прашања со Бугарија треба билатерално да ги решаваме и тие не треба да бидат причина за блокирање на македонските евроинтеграциски процеси. Секако, македонскиот јазик и идентитет не смее да бидат предмет на преговори. Факт е дека ние ги исполнивме сите услови за почеток на преговорите со ЕУ, што се потврди и со одлуката на Советот за општи работи на ЕУ од март 2020 година.

Овој став е вграден и во Резолуцијата на Европските зелени за поддршка за интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ, усвоена во декември, минатата година. Со оваа Резолуција, Европските зелени ја повикуваат Бугарија да го отвори патот за првата меѓувладина конференција и да ги решава спорните прашања со Македонија билатерално, отстранувајќи го тоа како предуслов за започнување на пристапните преговори. Го повикуваат Европскиот совет да одржи меѓувладини конференции за директно отпочнување на пристапните преговори со Македонија и Албанија, најбрзо што е можно, изјави Морачанин за НоваТВ.

The post Морачанин: Францускиот предлог не е прифатливо решение, не нуди можност за почнување на преговорите со ЕУ appeared first on Република.

]]>

Францускиот предлог не е прифатливо решение, не нуди можност за почнување на преговорите со ЕУ, смета претседателката на ДОМ, Маја Морачанин. Таа во интервју за НоваТВ вели дека врз основа на информациите од медиумите за т.н. француски предлог,  тој не е прифатливо решение и не нуди можност за конечно, по 17 години кандидатски статус, започнување на преговорите со ЕУ.
Останувам на ставот дека отворените прашања со Бугарија треба билатерално да ги решаваме и тие не треба да бидат причина за блокирање на македонските евроинтеграциски процеси. Секако, македонскиот јазик и идентитет не смее да бидат предмет на преговори. Факт е дека ние ги исполнивме сите услови за почеток на преговорите со ЕУ, што се потврди и со одлуката на Советот за општи работи на ЕУ од март 2020 година. Овој став е вграден и во Резолуцијата на Европските зелени за поддршка за интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ, усвоена во декември, минатата година. Со оваа Резолуција, Европските зелени ја повикуваат Бугарија да го отвори патот за првата меѓувладина конференција и да ги решава спорните прашања со Македонија билатерално, отстранувајќи го тоа како предуслов за започнување на пристапните преговори. Го повикуваат Европскиот совет да одржи меѓувладини конференции за директно отпочнување на пристапните преговори со Македонија и Албанија, најбрзо што е можно, изјави Морачанин за НоваТВ.

The post Морачанин: Францускиот предлог не е прифатливо решение, не нуди можност за почнување на преговорите со ЕУ appeared first on Република.

]]>
ДОМ бара една изборна единица без праг и отворени листи со 50 проценти жени кандидати https://republika.mk/vesti/makedonija/dom-bara-edna-izborna-edinica-bez-prag-i-otvoreni-listi-so-50-procenti-zeni-kandidati/ Tue, 01 Feb 2022 13:14:41 +0000 https://republika.mk/?p=452473

Претседателка на зелената партија ДОМ, Маја Морачанин, по средбата во Собранието со претставници на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека ДОМ се залага за изборен модел со една изборна единица без изборен праг и отворени листи на кои 50 проценти на листите ќе бидат жени.

Морачанин истакна дека на средбата со координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски и со пратениците Антонио Милошоски и Дафина Стојановска не било предмет на разговор укинувањето на т.н. „пржинска влада, туку се разговарало само за промена на изборниот модел, потенцирајќи дека фокусот треба да биде на Предлог-законот за воведување на една изборна единица, што веќе неколку месеци е во Собранието.

Имавме заеднички став по тоа прашање дека овој Предлог-закон треба што побрзо да почне да се дискутира на Комисијата за политички систем, да се отвори дебата и секако, задолжително ќе се организира и јавна расправа по овој Предлог-закон, на која ќе бидат вклучени и експертите и граѓанските здруженија, бидејќи навистина ова прашање за промена на изборниот модел е од голема важност и за граѓаните и генерално за унапредување на демократијата во државата. Тоа беше суштината на денешната средба - посочи Морачанин.

Таа дополни дека остануваат и понатаму на ставот дека е потребно да се разгледува и воведувањето на отворени листи.

Овој закон што е поднесен во април, на кој еден од предлагачите сум и јас, се однесува за отворани листи за локални избори и 50 проценти жени на листите и за парламентарни и за локални избори. Во тој момент кога го поднесувавме законот имаше расположение меѓу предлагачите и тоа беше, нели, во периодот пред локалните избори, да се отворат листите за локалните избори. Тоа не се случи, но сметаме дека е тоа многу важно прашање и затоа и понатаму ќе инсистираме на разгледување на овој Предлог-закон, значи не само за една изборна единица без праг, туку и за промена на изборниот модел со отворани листите - порача Морачанин.

Според неа, иако со поднесениот предлог се предвидува една изборна единица без праг, предлагачите сепак се отворени за дебата по тоа прашање.

Истиот став го имаат и ВМРО-ДПМНЕ дека потребно е да се разговара за прагот и затоа е добро токму во Собранието по овој Предлог-закон кој веќе е тука да се отвори дебата и сите политички партии да си го кажат ставот и на крај, се разбира, да се донесе најсоодветното решение и ние секогаш сме отворени за дискусија - истакна Морачанин.

Во однос на предлозите од ВМРО-ДПМНЕ за укинување на т.н. „пржинска влада“, таа потенцираше дека тоа не било предмет на разговор на денешната средба.

Но, еве, бидејќи во јавноста подолго време е присутно и веќе има и Предлог-закон доставен до Собранието, сакам да го кажам ставот на ДОМ дека ние поддржуваме укинување на т.н. „пржинска влада“, бидејќи тоа не само што е неуставно, туку е и нефункционално решение, што видовме во изминатиот период. Но, навистина е добро што предлогот за укинување на „пржинската“ влада доаѓа токму од најголемата опозициска партија, што навистина укажува на фактот дека институциите имаат капацитет да спроведат фер и демократски избори во кои сите ќе имаат доверба - посочува Морачанин.

Во врска со предлогот за намалување на бројот на пратеници во Собранието, таа истакна дека ДОМ поддржува помал број на пратеници во Собранието со цел да се намалат буџетските трошоци за оваа намена.

Тоа е уште еден дополнителен аргумент за она што ние го бараме, а тоа е една изборна единица без праг и отворање на листите и 50 проценти на листите, бидејќи во таков состав на Собранието со помал број на пратеници навистина ќе биде важно тие пратеници да бидат директен одраз на изборот и на волјата на граѓаните, а да не зависат од волјата и ставот на раководствата на политичките партии, така што граѓаните да можат директно да ја изберат и личноста, а не само партијата која сакаат да ги претставува во Собранието и се разбира, ќе ја рефлектира и реалноста во општеството, а тоа е дека има подеднаков број мажи и жени - посочи Морачанин.

Прашана дали за овие теми ќе разговараат и со СДСМ или ДУИ, Морачанин, истакна дека кога станува збор за важни законски решенија за граѓаните, тие се упатени на меѓусебна комуникација со цел „на крај да се донесе најдоброто законско решение“.

Во оваа прилика ја користам и можноста да апелирам и до колегите од ВМРО-ДПМНЕ да се заинтересираат повеќе и за Законот за прекршоци кој што исто, долго време, веќе две години, е во Собрание, но не е отворена дискусија за тоа прашање. За ДОМ тој е важен, бидејќи со овој Предлог-закон се предвидува двојно зголемување на казните за загадувачите на животната средина. Тоа за нас е многу важно. За тој закон е потребно двотретинско мнозинство и еве тоа е начинот на кој лобираме за оние законски решенија, кои се добри и околу тоа нема никаква дилема - апелира Морачанин.

The post ДОМ бара една изборна единица без праг и отворени листи со 50 проценти жени кандидати appeared first on Република.

]]>

Претседателка на зелената партија ДОМ, Маја Морачанин, по средбата во Собранието со претставници на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека ДОМ се залага за изборен модел со една изборна единица без изборен праг и отворени листи на кои 50 проценти на листите ќе бидат жени. Морачанин истакна дека на средбата со координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски и со пратениците Антонио Милошоски и Дафина Стојановска не било предмет на разговор укинувањето на т.н. „пржинска влада, туку се разговарало само за промена на изборниот модел, потенцирајќи дека фокусот треба да биде на Предлог-законот за воведување на една изборна единица, што веќе неколку месеци е во Собранието.
Имавме заеднички став по тоа прашање дека овој Предлог-закон треба што побрзо да почне да се дискутира на Комисијата за политички систем, да се отвори дебата и секако, задолжително ќе се организира и јавна расправа по овој Предлог-закон, на која ќе бидат вклучени и експертите и граѓанските здруженија, бидејќи навистина ова прашање за промена на изборниот модел е од голема важност и за граѓаните и генерално за унапредување на демократијата во државата. Тоа беше суштината на денешната средба - посочи Морачанин.
Таа дополни дека остануваат и понатаму на ставот дека е потребно да се разгледува и воведувањето на отворени листи.
Овој закон што е поднесен во април, на кој еден од предлагачите сум и јас, се однесува за отворани листи за локални избори и 50 проценти жени на листите и за парламентарни и за локални избори. Во тој момент кога го поднесувавме законот имаше расположение меѓу предлагачите и тоа беше, нели, во периодот пред локалните избори, да се отворат листите за локалните избори. Тоа не се случи, но сметаме дека е тоа многу важно прашање и затоа и понатаму ќе инсистираме на разгледување на овој Предлог-закон, значи не само за една изборна единица без праг, туку и за промена на изборниот модел со отворани листите - порача Морачанин.
Според неа, иако со поднесениот предлог се предвидува една изборна единица без праг, предлагачите сепак се отворени за дебата по тоа прашање.
Истиот став го имаат и ВМРО-ДПМНЕ дека потребно е да се разговара за прагот и затоа е добро токму во Собранието по овој Предлог-закон кој веќе е тука да се отвори дебата и сите политички партии да си го кажат ставот и на крај, се разбира, да се донесе најсоодветното решение и ние секогаш сме отворени за дискусија - истакна Морачанин.
Во однос на предлозите од ВМРО-ДПМНЕ за укинување на т.н. „пржинска влада“, таа потенцираше дека тоа не било предмет на разговор на денешната средба.
Но, еве, бидејќи во јавноста подолго време е присутно и веќе има и Предлог-закон доставен до Собранието, сакам да го кажам ставот на ДОМ дека ние поддржуваме укинување на т.н. „пржинска влада“, бидејќи тоа не само што е неуставно, туку е и нефункционално решение, што видовме во изминатиот период. Но, навистина е добро што предлогот за укинување на „пржинската“ влада доаѓа токму од најголемата опозициска партија, што навистина укажува на фактот дека институциите имаат капацитет да спроведат фер и демократски избори во кои сите ќе имаат доверба - посочува Морачанин.
Во врска со предлогот за намалување на бројот на пратеници во Собранието, таа истакна дека ДОМ поддржува помал број на пратеници во Собранието со цел да се намалат буџетските трошоци за оваа намена.
Тоа е уште еден дополнителен аргумент за она што ние го бараме, а тоа е една изборна единица без праг и отворање на листите и 50 проценти на листите, бидејќи во таков состав на Собранието со помал број на пратеници навистина ќе биде важно тие пратеници да бидат директен одраз на изборот и на волјата на граѓаните, а да не зависат од волјата и ставот на раководствата на политичките партии, така што граѓаните да можат директно да ја изберат и личноста, а не само партијата која сакаат да ги претставува во Собранието и се разбира, ќе ја рефлектира и реалноста во општеството, а тоа е дека има подеднаков број мажи и жени - посочи Морачанин.
Прашана дали за овие теми ќе разговараат и со СДСМ или ДУИ, Морачанин, истакна дека кога станува збор за важни законски решенија за граѓаните, тие се упатени на меѓусебна комуникација со цел „на крај да се донесе најдоброто законско решение“.
Во оваа прилика ја користам и можноста да апелирам и до колегите од ВМРО-ДПМНЕ да се заинтересираат повеќе и за Законот за прекршоци кој што исто, долго време, веќе две години, е во Собрание, но не е отворена дискусија за тоа прашање. За ДОМ тој е важен, бидејќи со овој Предлог-закон се предвидува двојно зголемување на казните за загадувачите на животната средина. Тоа за нас е многу важно. За тој закон е потребно двотретинско мнозинство и еве тоа е начинот на кој лобираме за оние законски решенија, кои се добри и околу тоа нема никаква дилема - апелира Морачанин.

The post ДОМ бара една изборна единица без праг и отворени листи со 50 проценти жени кандидати appeared first on Република.

]]>
Николоски до Морачанин: Одоворете зошто ја поддржувате владата, дали сте уценети или криминализирани? https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-do-morachanin-odovorete-zoshto-ja-poddrzuvate-vladata-dali-ste-uceneti-ili-kriminalizirani/ Sun, 16 Jan 2022 15:11:31 +0000 https://republika.mk/?p=445327

Во текот на вториот ден од собраниската седница за избор на влада, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и потпретседател на партијата Александар Николоски реплицираше на говорот на пратеничката од ДОМ, Маја Морачанин и повторно ја повика да се произнесе зошто ја поддржува владата, дали се уценети или криминализирани.

Вчера јасно прашав, имавте можност да одговорите во медиуми, не одговоривте до денес, па еве да сум фер да ве прашам повторно овде и пред пратениците и пред кандидатите за министри и мандатарот. Континуирано ја поддржувате оваа влада, затоа што се работи за иста влада, па дилемата е двојна, или сте уценети или сте криминализирани? Очекувам да имате одговор зошто се согласивте од два пратеници да имате еден и зошто континуирано заедно со ЛДП, со која сте во коалиција, поддржувате влада која што економски ја тоне Македонија, во која што корупцијата расте, според релевантни меѓународни институции, која што ја доведе најголемата енергетска криза во државата, затоа што навреме не се подготви и која што не наоѓа решение за ниеден од овие проблеми, а најголем дел од министрите остануваат исти?- ја праша Николоски пратеничката од владеачкото мнозинство Маја Морачанин.

Николоски истакна дека е фер јавноста да слушне која е причината поради која ја поддржуваат Владата, затоа што звучи наивно образложението дека тоа се прави заради ветувањето за формирање на министерство за клима и енергетика.

Зошто поддржувате влада во која што имате минимална улога, во која што немате ниту еден свој претставник на министерска позиција и за неколку директорски места поддржувате ваква влада?- праша Николоски.

Николоски и порача дека тоа што ДОМ ја поддржува оваа влада ги прави соучесник на пропаста која и се случува на Македонија дневна основа.

Јас ве советувам и да си го одржите зборот и да излезете на избори сами и да видите што мисли народот после вакво однесување, ама да сте фер до крај, за да не ни се случи исто како кога преговаравме за отворени листи на локалните избори, кога ние поддржавме отворени листи за на крај вие и другите помали партии бидете против отворени листи, затоа што се пресметавте дека истите не ви одговараат- заклучи Николоски.

The post Николоски до Морачанин: Одоворете зошто ја поддржувате владата, дали сте уценети или криминализирани? appeared first on Република.

]]>

Во текот на вториот ден од собраниската седница за избор на влада, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и потпретседател на партијата Александар Николоски реплицираше на говорот на пратеничката од ДОМ, Маја Морачанин и повторно ја повика да се произнесе зошто ја поддржува владата, дали се уценети или криминализирани.
Вчера јасно прашав, имавте можност да одговорите во медиуми, не одговоривте до денес, па еве да сум фер да ве прашам повторно овде и пред пратениците и пред кандидатите за министри и мандатарот. Континуирано ја поддржувате оваа влада, затоа што се работи за иста влада, па дилемата е двојна, или сте уценети или сте криминализирани? Очекувам да имате одговор зошто се согласивте од два пратеници да имате еден и зошто континуирано заедно со ЛДП, со која сте во коалиција, поддржувате влада која што економски ја тоне Македонија, во која што корупцијата расте, според релевантни меѓународни институции, која што ја доведе најголемата енергетска криза во државата, затоа што навреме не се подготви и која што не наоѓа решение за ниеден од овие проблеми, а најголем дел од министрите остануваат исти?- ја праша Николоски пратеничката од владеачкото мнозинство Маја Морачанин.
Николоски истакна дека е фер јавноста да слушне која е причината поради која ја поддржуваат Владата, затоа што звучи наивно образложението дека тоа се прави заради ветувањето за формирање на министерство за клима и енергетика. Зошто поддржувате влада во која што имате минимална улога, во која што немате ниту еден свој претставник на министерска позиција и за неколку директорски места поддржувате ваква влада?- праша Николоски. Николоски и порача дека тоа што ДОМ ја поддржува оваа влада ги прави соучесник на пропаста која и се случува на Македонија дневна основа.