љупчо палевски Archives - Република https://republika.mk/tema/ljupcho-palevski/ За подобро да се разбереме Fri, 20 Sep 2024 16:40:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png љупчо палевски Archives - Република https://republika.mk/tema/ljupcho-palevski/ 32 32 Според Палевски обвинителството извршува политичка наредба, според ЈО мотивот е изнудување пари https://republika.mk/vesti/makedonija/spored-palevski-obvinitelstvoto-izvrshuva-politichka-naredba-spored-jo-motivot-e-iznuduvane-pari/ Fri, 20 Sep 2024 16:38:10 +0000 https://republika.mk/?p=818261

Обвинетите за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, денеска, во Основниот кривичен суд седнаа на обвинителна клупа, каде пред Судот рекоа дека не чувствуваат вина за двата кривични настани.

Ова беше прво рочиште по одлуката на Судечкиот совет за спојување на постапките на обвинетите, откако Основното јавно обвинителство најпрво поднесе обвинение против Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски, а потоа и за првоосомничениот Љупчо Палевски за кого се чекаше екстрадиција од Турција.

Според обвинителката Жаклина Крстевска, грабнувањето на Вања било извршено со намера да присилат некој член на нејзиното потесно семејство даде пари на обвинетите за нејзин откуп, посочувајќи дека обвинетите добро се познавале меѓу себе и затоа се договориле да сковаат и реализираат детален и разработен план.

Крстевска истакна дека обвинетите биле известени дека Вања секој петок оди сама на училиште и затоа во петокот планирале да го реализираат грабнувањето, но како што рече, тие тргнале на локацијата, но не успеале да стигнат навреме поради метежот во сообраќајот.

Според Крстевска, обвинетите знаеле дека во понеделник на 27 ноември 2023 година, Вања нема да оди на училиште заедно со својата сестра Миња, која во неделата навечер добила порака дека утредента треба да оди од вториот час на училиште, а за тоа бил известен само обвинетиот Александар Ѓорчевски.

Насилно ја отвориле влезната врата од зградата за да ја грабнат Вања. Откако претходно го обезбедиле „Цитроенот“ обвинетите по дадените инструкции од Љупчо Палевски, дошле пред влезот на зградата, каде живее Вања. Влатко Кешишев чекал во возилото и внимавал да не наиде некој. Велибор Манев со шрафцигер ја отворил влезната врата од зградата, па заедно со Боре Видевски кој носел вреќа за спиење, влегле во зградата и ја чекале Вања. 

Кога Вања излегла од лифтот, појасни обвинителката, била ставена во вреќа за спиење со подотворен патент и ѝ биле ставени пластични стеги на рацете и нозете, по што била изнесена надвор од зградата, каде Кешишов ги чекал со „Цитроенот“, по што била ставена во гепекот. 

На „Партизански одреди“ Боре го скршил мобилниот телефон „Ајфон 8“ на Вања за да нема сигнал. По претходно дадените инструкции од Љупчо Палевски, продолжиле да се движат по Качанички пат и кај надвозникот кај село Визбегово, се сретнале со Палевски, кој ги чекал со возило Рено Кангу, во близина на местото викано „дупки“ во атарот на село Бразда, рече Крстевска.

Обвинителката додаде дека обвинетите на свиреп начин и со умисла, околу 9 часот и 30 минути, Љупчо, Велибор, Боре и Влатко ја лишиле од живот малолетната Вања, изложувајќи ја на тешко психичко страдање со силен интензитет.

Обвинителката Крстевска, во своето воведно обраќање претходно, по барање на оштетените Жаклина Ѓорчевска и нејзината ќерка, побара од Судот да биде исклучена јавноста од целата расправа, поради како што рече, интензивното известување на медиумите за настанот кое придонесло за продлабочување на болката, по што Судот не го прифати ваквиот предлог на Обвинителството.

Од страна на полномошникот и оштетената Зорица Мирчевска и од сестрата на Вања Ѓорчевска поднесен е предлог до обвинителството за исклучување на јавноста од целата расправа, заради интензивното известување на медиумите за настанот кое медиумско известување придонесло за продлабочување на болката, тешко сериозно пост-трауматско растројство, за кое во прилог доставувам извештај од специјалист психијатари препорака на психотерапевт, рече Крстевска.

Првообвинетиот Палевски пред Судот истакна дека ЈО извршува политичка наредба и дека во постапката како докази се ставени повеќе од 100 ДНК траги, а дури деведесет проценти од неговите приложени докази се користат против него, посочувајќи дека тоа се докази кои МВР Форензика ги има изготвено по наредба на Обвинителството.

На 1 декември имам јавна објава на мојот Фејсбук профил, каде сум што правам и така натаму. Во хотелот се пријавив и одјавив регуларно со моја патна исправа и тргнав на пат за да направам магнетна резонанца на мојата кичма, бидејќи 70 проценти од мојата кичма не е во функција. После 10 месеци, од моите приложени докази, Обвинителството ги злоупотребува и МВР Форензика по наредба на Обвинителството изготвува материјални докази. Не може да ме убеди Обвинителството дека нема наредба за политичко монтирано судење, затоа што многу добро знае Обвинителството. Како тоа не можеле да ја видат целосната слика за овој кривичен настан, па дури на 20 мај мојата ДНК е ставена во систем, рече Палевски.

Тој изјави дека содржината на обвинението е заснована на лажен исказ на еден од обвинетите кој сака да избегне доживотен затвор за злосторството кое е направено.

Целата оваа содржина на обвинение е заснована на лажен исказ на еден од обвинетите, кој сака да избегне доживотен затвор за вакво злосторство кое е направено. Сите материјални докази ги побиваат овие приказни кои се содржина на ова обвинение. Одбраната не барала вештачење на биолошки траги. Ова е лицемерие. По се што објавија, нечувствувајќи ништо за мајката на Вања, сите видеа и слики што беа објавени по порталите беа во просториите на Обвинителството и од таму излегоа сите слики од „Смарт сити“, и токму Обвинителството погрешно ги брифираше медиумите. Тогаш Обвинителството не се секираше за душевната состојба на мајката на Вања, па после 10 месеци кога треба да ги соочиме сите докази тогаш сака да биде исклучена јавноста, рече Палевски.

Според Палевски, таткото на малолетното девојче, Александар Ѓорчевски е наместен од полицијата за да се изготви некаков лажен мотив и врска помеѓу нив двајца. Палевски пред Судот рече дека не го познава Александар, а ниту пак, Обвинителството докажало некаква врска помеѓу нив двајца.

Овој родител, наместо да плаче по своето дете, од полицијата е наместен за да се изготви лажен мотив и врска меѓу мене и него. Јас не го познавам Александар. Јас бев киднапиран првите 7 дена. Ме донесоа на 15 мај во затворот во Скопје, но 7 дена не добив никаков акт. После ме донесоа со медиуми, со „калашникови“, 6 дена ме држеа, судијата на претходна постапка Душан Јосифов изврши кривично дело. Ова е политичко монтирано судење, рече Палевски.

Бранителот на Александар Ѓорчевски вели Обвинителството нема докази, ниту поткрепа на обвинението против таткото на Вања, туку како што рече, само паушално наведува дека помагал.

Во воведното обраќање на Обвинителството ние не слушнавме која е поткрепата на обвинението против Александар и врз основа на кои докази го темели обвинението за стореното кривично дело, само паушално наведува дека помагал. Немаме дејствија на извршување, ниту доказ во таа смисла, рече адвокатот Владимир Туфекџиќ.

Според него, таткото на Вања е жртва во целата судска постапка и вели „секој родител на кој би му се случило ваква работа би го преземал истото што го преземал тој, односно би одел во насока да води и своја самостојна истрага“.

Туфекџиќ нагласи дека обвинението се темели токму на доказите прибавени од страна на Ѓорчевски со согласност на полициските службеници, за кои побара да бидат испитани.

Александар е жртва и е оштетен во оваа постапка и тврдам дека секој родител кој би му се случило ваква работа би го преземал истото што го преземал тој, односно би одел во насока да води и своја самостојна истрага и на крајот на краиштата сведоци сте дека обвинението се темели токму на доказите кои ги прибавил Александар и тоа со знаење и со согласност на полициските службеници за кои и јас како бранител барам да бидат испитани и да видиме како и на кој начин ја воделе постапката и тврдам дека ова не е водено онака како што треба и затоа го имаме денеска тој резултат кој го имаме во однос на Александар, рече Туфекџиќ.

Според адвокатот Туфекџиќ, Ѓорчевски е класично зоупотребен и неговите дејствија кои ги презел во насока на самостојна истрага се злоупотребени и погрешно протолкувани.

Тој е класично зоупотребен и неговите дејствија кои ги презел во насока на самостојна истрага се злоупотребени и погрешно протолкувани. Не е никаква тајна дека Александар бил на дневна основа во постојана комуникација со децата и не е никаква тајна дека бил во неверојатна близина со своите деца, рече Туфекџиќ.

Тј додаде дека неколку месеци пред овој настан, таткото на малолетната Вања им подарил две станбени единици на двете малолетни деца.

Својот дел со договор за дар, како што говорат и доказите, неколку месеци пред овој настан е подарен и тоа две станбени единици се препишани на двете малолетни деца и доставивме доказ до Судот дека двете малолетни деца се даночни обврзници согласно евиденцијата во даночната управа, посочи бранителот на Ѓорчевски.

The post Според Палевски обвинителството извршува политичка наредба, според ЈО мотивот е изнудување пари appeared first on Република.

]]>

Обвинетите за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, денеска, во Основниот кривичен суд седнаа на обвинителна клупа, каде пред Судот рекоа дека не чувствуваат вина за двата кривични настани. Ова беше прво рочиште по одлуката на Судечкиот совет за спојување на постапките на обвинетите, откако Основното јавно обвинителство најпрво поднесе обвинение против Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски, а потоа и за првоосомничениот Љупчо Палевски за кого се чекаше екстрадиција од Турција. Според обвинителката Жаклина Крстевска, грабнувањето на Вања било извршено со намера да присилат некој член на нејзиното потесно семејство даде пари на обвинетите за нејзин откуп, посочувајќи дека обвинетите добро се познавале меѓу себе и затоа се договориле да сковаат и реализираат детален и разработен план. Крстевска истакна дека обвинетите биле известени дека Вања секој петок оди сама на училиште и затоа во петокот планирале да го реализираат грабнувањето, но како што рече, тие тргнале на локацијата, но не успеале да стигнат навреме поради метежот во сообраќајот. Според Крстевска, обвинетите знаеле дека во понеделник на 27 ноември 2023 година, Вања нема да оди на училиште заедно со својата сестра Миња, која во неделата навечер добила порака дека утредента треба да оди од вториот час на училиште, а за тоа бил известен само обвинетиот Александар Ѓорчевски.
Насилно ја отвориле влезната врата од зградата за да ја грабнат Вања. Откако претходно го обезбедиле „Цитроенот“ обвинетите по дадените инструкции од Љупчо Палевски, дошле пред влезот на зградата, каде живее Вања. Влатко Кешишев чекал во возилото и внимавал да не наиде некој. Велибор Манев со шрафцигер ја отворил влезната врата од зградата, па заедно со Боре Видевски кој носел вреќа за спиење, влегле во зградата и ја чекале Вања.    Кога Вања излегла од лифтот, појасни обвинителката, била ставена во вреќа за спиење со подотворен патент и ѝ биле ставени пластични стеги на рацете и нозете, по што била изнесена надвор од зградата, каде Кешишов ги чекал со „Цитроенот“, по што била ставена во гепекот.    На „Партизански одреди“ Боре го скршил мобилниот телефон „Ајфон 8“ на Вања за да нема сигнал. По претходно дадените инструкции од Љупчо Палевски, продолжиле да се движат по Качанички пат и кај надвозникот кај село Визбегово, се сретнале со Палевски, кој ги чекал со возило Рено Кангу, во близина на местото викано „дупки“ во атарот на село Бразда, рече Крстевска.
Обвинителката додаде дека обвинетите на свиреп начин и со умисла, околу 9 часот и 30 минути, Љупчо, Велибор, Боре и Влатко ја лишиле од живот малолетната Вања, изложувајќи ја на тешко психичко страдање со силен интензитет. Обвинителката Крстевска, во своето воведно обраќање претходно, по барање на оштетените Жаклина Ѓорчевска и нејзината ќерка, побара од Судот да биде исклучена јавноста од целата расправа, поради како што рече, интензивното известување на медиумите за настанот кое придонесло за продлабочување на болката, по што Судот не го прифати ваквиот предлог на Обвинителството.
Од страна на полномошникот и оштетената Зорица Мирчевска и од сестрата на Вања Ѓорчевска поднесен е предлог до обвинителството за исклучување на јавноста од целата расправа, заради интензивното известување на медиумите за настанот кое медиумско известување придонесло за продлабочување на болката, тешко сериозно пост-трауматско растројство, за кое во прилог доставувам извештај од специјалист психијатари препорака на психотерапевт, рече Крстевска.
Првообвинетиот Палевски пред Судот истакна дека ЈО извршува политичка наредба и дека во постапката како докази се ставени повеќе од 100 ДНК траги, а дури деведесет проценти од неговите приложени докази се користат против него, посочувајќи дека тоа се докази кои МВР Форензика ги има изготвено по наредба на Обвинителството.
На 1 декември имам јавна објава на мојот Фејсбук профил, каде сум што правам и така натаму. Во хотелот се пријавив и одјавив регуларно со моја патна исправа и тргнав на пат за да направам магнетна резонанца на мојата кичма, бидејќи 70 проценти од мојата кичма не е во функција. После 10 месеци, од моите приложени докази, Обвинителството ги злоупотребува и МВР Форензика по наредба на Обвинителството изготвува материјални докази. Не може да ме убеди Обвинителството дека нема наредба за политичко монтирано судење, затоа што многу добро знае Обвинителството. Како тоа не можеле да ја видат целосната слика за овој кривичен настан, па дури на 20 мај мојата ДНК е ставена во систем, рече Палевски.
Тој изјави дека содржината на обвинението е заснована на лажен исказ на еден од обвинетите кој сака да избегне доживотен затвор за злосторството кое е направено.
Целата оваа содржина на обвинение е заснована на лажен исказ на еден од обвинетите, кој сака да избегне доживотен затвор за вакво злосторство кое е направено. Сите материјални докази ги побиваат овие приказни кои се содржина на ова обвинение. Одбраната не барала вештачење на биолошки траги. Ова е лицемерие. По се што објавија, нечувствувајќи ништо за мајката на Вања, сите видеа и слики што беа објавени по порталите беа во просториите на Обвинителството и од таму излегоа сите слики од „Смарт сити“, и токму Обвинителството погрешно ги брифираше медиумите. Тогаш Обвинителството не се секираше за душевната состојба на мајката на Вања, па после 10 месеци кога треба да ги соочиме сите докази тогаш сака да биде исклучена јавноста, рече Палевски.
Според Палевски, таткото на малолетното девојче, Александар Ѓорчевски е наместен од полицијата за да се изготви некаков лажен мотив и врска помеѓу нив двајца. Палевски пред Судот рече дека не го познава Александар, а ниту пак, Обвинителството докажало некаква врска помеѓу нив двајца.
Овој родител, наместо да плаче по своето дете, од полицијата е наместен за да се изготви лажен мотив и врска меѓу мене и него. Јас не го познавам Александар. Јас бев киднапиран првите 7 дена. Ме донесоа на 15 мај во затворот во Скопје, но 7 дена не добив никаков акт. После ме донесоа со медиуми, со „калашникови“, 6 дена ме држеа, судијата на претходна постапка Душан Јосифов изврши кривично дело. Ова е политичко монтирано судење, рече Палевски.
Бранителот на Александар Ѓорчевски вели Обвинителството нема докази, ниту поткрепа на обвинението против таткото на Вања, туку како што рече, само паушално наведува дека помагал.
Во воведното обраќање на Обвинителството ние не слушнавме која е поткрепата на обвинението против Александар и врз основа на кои докази го темели обвинението за стореното кривично дело, само паушално наведува дека помагал. Немаме дејствија на извршување, ниту доказ во таа смисла, рече адвокатот Владимир Туфекџиќ.
Според него, таткото на Вања е жртва во целата судска постапка и вели „секој родител на кој би му се случило ваква работа би го преземал истото што го преземал тој, односно би одел во насока да води и своја самостојна истрага“. Туфекџиќ нагласи дека обвинението се темели токму на доказите прибавени од страна на Ѓорчевски со согласност на полициските службеници, за кои побара да бидат испитани.
Александар е жртва и е оштетен во оваа постапка и тврдам дека секој родител кој би му се случило ваква работа би го преземал истото што го преземал тој, односно би одел во насока да води и своја самостојна истрага и на крајот на краиштата сведоци сте дека обвинението се темели токму на доказите кои ги прибавил Александар и тоа со знаење и со согласност на полициските службеници за кои и јас како бранител барам да бидат испитани и да видиме како и на кој начин ја воделе постапката и тврдам дека ова не е водено онака како што треба и затоа го имаме денеска тој резултат кој го имаме во однос на Александар, рече Туфекџиќ.
Според адвокатот Туфекџиќ, Ѓорчевски е класично зоупотребен и неговите дејствија кои ги презел во насока на самостојна истрага се злоупотребени и погрешно протолкувани.
Тој е класично зоупотребен и неговите дејствија кои ги презел во насока на самостојна истрага се злоупотребени и погрешно протолкувани. Не е никаква тајна дека Александар бил на дневна основа во постојана комуникација со децата и не е никаква тајна дека бил во неверојатна близина со своите деца, рече Туфекџиќ.
Тј додаде дека неколку месеци пред овој настан, таткото на малолетната Вања им подарил две станбени единици на двете малолетни деца.
Својот дел со договор за дар, како што говорат и доказите, неколку месеци пред овој настан е подарен и тоа две станбени единици се препишани на двете малолетни деца и доставивме доказ до Судот дека двете малолетни деца се даночни обврзници согласно евиденцијата во даночната управа, посочи бранителот на Ѓорчевски.

The post Според Палевски обвинителството извршува политичка наредба, според ЈО мотивот е изнудување пари appeared first on Република.

]]>
Александар е жртва, вели адвокатот Туфегџиќ – ни Палчо ни останатите не чувствуваат вина https://republika.mk/vesti/crna-hronika/aleksandar-e-zhrtva-veli-advokatot-tufegdhik-ni-palcho-ni-ostanatite-ne-chuvstvuvaat-vina/ Fri, 20 Sep 2024 09:06:39 +0000 https://republika.mk/?p=818090

Се ставам на располагање, нема да молчам, но не се чуствувам за виновен, изјави пред судот таткото на Вања, Александар Ѓорчевски.

Тој потиштен, и со едвај разбирлив глас изусти дека не се чуствува виновен за грабнувањето и смртта на неговата ќерка.

Неговиот адвокатот Владимир Туфегџиќ порача дека таткото на Вања нема никаква вина.

Александар е жртва и тоа ќе го докажеме. Имал целосна грижа за децата иако биле разведени со мајката на нивните деца. Ќе докажеме дека Александар не ги познавал, останатите обвинитети ниту пак имал умисла за актот што го сториле подоцна. Александар наместо да биде оштетен бил жртва на тортура со цел да, признае дека го сторил делото, рече адвокатот.

И првообвинетииот Љупчо Палевски изјави дека го разбира обинението, но оти не се чуствува за виновен.

И останатите обвинети се изјаснија дека не се виновни.

Претходно обвинителот прочита писмо од Зорица Ѓорчевска, мајка на убиената Вања која побара исклучување на медиумите од целиот процес, но судијата одби.

https://republika.mk/vesti/makedonija/majkata-na-vana-pobara-iskluchuvane-na-mediumite-od-sudeneto-na-nejzinata-kerka/

Обвинителката Крстевска, пак, детално објасни како била убиена Вања Ѓорчевска.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/dupkata-bila-iskopana-palevski-pukal-dodeka-bila-vrzana-otkri-obvinitelkata-krstevska/

Ова е прво рочиште за двојното грабнување и свирепо убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес.

На обвинителна клупа седнаа  првоосомничениот Љупчо Палевски, како и Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.

[caption id="attachment_818069" align="aligncenter" width="1600"] фото: Република[/caption]

Судечкиот совет при Основниот кривичен суд Скопје месецов донесе одлука за спојување на постапките на обвинетите, откако Основното јавно обвинителство најпрво поднесе обвинение против четири лица, а потоа и за првоосомничениот Љупчо Палевски за кого се чекаше екстрадиција од Турција, за двојното грабнување и свирепо убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес.

Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп.

На 22.11.2023, обвинетиот заедно со уште тројца претходно обвинети заеднички извршиле грабнување на оштетениот Панче Жежовски во Велес, со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено.

The post Александар е жртва, вели адвокатот Туфегџиќ – ни Палчо ни останатите не чувствуваат вина appeared first on Република.

]]>

Се ставам на располагање, нема да молчам, но не се чуствувам за виновен, изјави пред судот таткото на Вања, Александар Ѓорчевски. Тој потиштен, и со едвај разбирлив глас изусти дека не се чуствува виновен за грабнувањето и смртта на неговата ќерка. Неговиот адвокатот Владимир Туфегџиќ порача дека таткото на Вања нема никаква вина.
Александар е жртва и тоа ќе го докажеме. Имал целосна грижа за децата иако биле разведени со мајката на нивните деца. Ќе докажеме дека Александар не ги познавал, останатите обвинитети ниту пак имал умисла за актот што го сториле подоцна. Александар наместо да биде оштетен бил жртва на тортура со цел да, признае дека го сторил делото, рече адвокатот.
И првообвинетииот Љупчо Палевски изјави дека го разбира обинението, но оти не се чуствува за виновен. И останатите обвинети се изјаснија дека не се виновни. Претходно обвинителот прочита писмо од Зорица Ѓорчевска, мајка на убиената Вања која побара исклучување на медиумите од целиот процес, но судијата одби. https://republika.mk/vesti/makedonija/majkata-na-vana-pobara-iskluchuvane-na-mediumite-od-sudeneto-na-nejzinata-kerka/ Обвинителката Крстевска, пак, детално објасни како била убиена Вања Ѓорчевска. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/dupkata-bila-iskopana-palevski-pukal-dodeka-bila-vrzana-otkri-obvinitelkata-krstevska/ Ова е прво рочиште за двојното грабнување и свирепо убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. На обвинителна клупа седнаа  првоосомничениот Љупчо Палевски, како и Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски. [caption id="attachment_818069" align="aligncenter" width="1600"] фото: Република[/caption] Судечкиот совет при Основниот кривичен суд Скопје месецов донесе одлука за спојување на постапките на обвинетите, откако Основното јавно обвинителство најпрво поднесе обвинение против четири лица, а потоа и за првоосомничениот Љупчо Палевски за кого се чекаше екстрадиција од Турција, за двојното грабнување и свирепо убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. На 22.11.2023, обвинетиот заедно со уште тројца претходно обвинети заеднички извршиле грабнување на оштетениот Панче Жежовски во Велес, со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје. Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година. Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено.

The post Александар е жртва, вели адвокатот Туфегџиќ – ни Палчо ни останатите не чувствуваат вина appeared first on Република.

]]>
Палевски на распит во обвинителството https://republika.mk/vesti/crna-hronika/palevski-na-raspit-vo-obvinitelstvoto/ Wed, 05 Jun 2024 11:38:19 +0000 https://republika.mk/?p=784942

Љупчо Палевски-Палчо во моментов е на распит во обвинителството, по околу 20 дена од неговата екстрадиција во земјава. Првоосомничениот за убиствата на 14 годишната Вања Ѓорчевска и на 74 годишниот Панче Жежовски ќе се соочи со доказите на обвинителството за случајот. Претходно се вештачеа предметите кои тој ги донесе со себе по спроведувањето од Турција, а меѓу кои имало и документи.

Палевски беше екстрадиран на 15 мај и од аеродромот заврши зад решетки Шуто Оризари, бидејќи му беше определен притвор во отсуство. За прв пат со јавноста се соочи по неколку дена кога во Кривичниот суд се произнесе за околностите за неговиот притвор. Тој изјави дека е невин, дека не бил во бегство и дека нема да се брани со молчење.

Истрагата за Палевски може да трае максимум 6 месеци, по што би требало да се поднесе и обвинителен акт.

The post Палевски на распит во обвинителството appeared first on Република.

]]>

Љупчо Палевски-Палчо во моментов е на распит во обвинителството, по околу 20 дена од неговата екстрадиција во земјава. Првоосомничениот за убиствата на 14 годишната Вања Ѓорчевска и на 74 годишниот Панче Жежовски ќе се соочи со доказите на обвинителството за случајот. Претходно се вештачеа предметите кои тој ги донесе со себе по спроведувањето од Турција, а меѓу кои имало и документи. Палевски беше екстрадиран на 15 мај и од аеродромот заврши зад решетки Шуто Оризари, бидејќи му беше определен притвор во отсуство. За прв пат со јавноста се соочи по неколку дена кога во Кривичниот суд се произнесе за околностите за неговиот притвор. Тој изјави дека е невин, дека не бил во бегство и дека нема да се брани со молчење. Истрагата за Палевски може да трае максимум 6 месеци, по што би требало да се поднесе и обвинителен акт.  

The post Палевски на распит во обвинителството appeared first on Република.

]]>
Кривичен му одреди притвор од 30 дена на Љупчо Палевски https://republika.mk/vesti/crna-hronika/krivichen-mu-odredi-pritvor-od-30-dena-na-lupcho-palevski/ Tue, 21 May 2024 16:32:46 +0000 https://republika.mk/?p=780595

Судија на претходна пстапка во Основниот кривичен суд во Скопје, му одреди мерка притвор во траење од 30 дена на Љупчо Палевски осомничен за убиството на 14- годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски (74).

-Заради интерес на медиумите кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека осомничениот за двојното убиство во Скопје и Велес од ноември минатата година, Љ.П. кој на 15.05.2024 година беше екстрадиран од Р.Турција, по наредба на судија на претходна постапка денска беше спроведен во Основниот кривичен суд Скопје за да се произнесе во однос на мерката притвор определна во негово отсуство, а по предлог на Основното јавно обвинителство – Скопје. По признесување на осомничениот во присуство на неговиот бранител, поставен по службена должност, судија на претходна постапка донесе решение  со кое на осомничениот му се определува мерка притвор во траење од 30 дена која започнува со нејзино реализирање од денот на неговиот прием во Истражниот затвор Скопје, а заради постоење на околностите од чл. 165 ст. 1 точка 1,2 и 3 односно, постојат околности дека може да се даде во бегство, може да ја попречи кривичната постапка со влијание врз сведоците, и околности кои упатуваат дека ќе го доврши или повтори кривичното дело, стои во соопштението од Кривичен.

Против ова решение странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на овој суд, наведуваат од Основниот кривичен суд.

Палевски, кој беше спроведен од полицијата со спуштена глава, прашан од медиумите да дали ги сторил убиствата и дали ќе се брани со молчење рече „не“.

Тој е првпат изведен пред судија на претходна постапка по екстрадицијата од Турција, каде побегна и потоа беше фатен од тамошната полиција.

Фото: МИА

The post Кривичен му одреди притвор од 30 дена на Љупчо Палевски appeared first on Република.

]]>

Судија на претходна пстапка во Основниот кривичен суд во Скопје, му одреди мерка притвор во траење од 30 дена на Љупчо Палевски осомничен за убиството на 14- годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски (74).
-Заради интерес на медиумите кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека осомничениот за двојното убиство во Скопје и Велес од ноември минатата година, Љ.П. кој на 15.05.2024 година беше екстрадиран од Р.Турција, по наредба на судија на претходна постапка денска беше спроведен во Основниот кривичен суд Скопје за да се произнесе во однос на мерката притвор определна во негово отсуство, а по предлог на Основното јавно обвинителство – Скопје. По признесување на осомничениот во присуство на неговиот бранител, поставен по службена должност, судија на претходна постапка донесе решение  со кое на осомничениот му се определува мерка притвор во траење од 30 дена која започнува со нејзино реализирање од денот на неговиот прием во Истражниот затвор Скопје, а заради постоење на околностите од чл. 165 ст. 1 точка 1,2 и 3 односно, постојат околности дека може да се даде во бегство, може да ја попречи кривичната постапка со влијание врз сведоците, и околности кои упатуваат дека ќе го доврши или повтори кривичното дело, стои во соопштението од Кривичен.
Против ова решение странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на овој суд, наведуваат од Основниот кривичен суд. Палевски, кој беше спроведен од полицијата со спуштена глава, прашан од медиумите да дали ги сторил убиствата и дали ќе се брани со молчење рече „не“. Тој е првпат изведен пред судија на претходна постапка по екстрадицијата од Турција, каде побегна и потоа беше фатен од тамошната полиција. Фото: МИА

The post Кривичен му одреди притвор од 30 дена на Љупчо Палевски appeared first on Република.

]]>
Палчо во затвор си понел и плазма телевизор, ама нема да може да го гледа https://republika.mk/vesti/crna-hronika/palcho-vo-zatvor-si-ponel-i-plazma-televizor-ama-nema-da-mozhe-da-go-gleda/ Mon, 20 May 2024 08:22:48 +0000 https://republika.mk/?p=780009

Љупчо Палевски Палчо, првоосомничениот за грабнувањето и убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски е веќе сместен во затворот во Шутка.

При неговото пристигнување, тој со себе донел и еден куфер. Директорот на затворот Филип Андов, за Телма открил што имало во истиот.

Па може да нагласам дека имаше една интересна работа, имаше плазма телевизор, од Турција му бил, за притвор но тука каде што е, ние немаме 220 волти струја, регулирана е на 12 волти, само за светло, специјално за собата каде што ќе биде тој - вели Филип Андов.

Во куферот имало и банкноти во евра и турски лири.

Лични работи имаше и некои валути во евра и во турски лири. Направен е записник, вели директорот кој посочи дека тоа е стандардна процедура за секој притвореник.

The post Палчо во затвор си понел и плазма телевизор, ама нема да може да го гледа appeared first on Република.

]]>

Љупчо Палевски Палчо, првоосомничениот за грабнувањето и убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски е веќе сместен во затворот во Шутка. При неговото пристигнување, тој со себе донел и еден куфер. Директорот на затворот Филип Андов, за Телма открил што имало во истиот.
Па може да нагласам дека имаше една интересна работа, имаше плазма телевизор, од Турција му бил, за притвор но тука каде што е, ние немаме 220 волти струја, регулирана е на 12 волти, само за светло, специјално за собата каде што ќе биде тој - вели Филип Андов.
Во куферот имало и банкноти во евра и турски лири. Лични работи имаше и некои валути во евра и во турски лири. Направен е записник, вели директорот кој посочи дека тоа е стандардна процедура за секој притвореник.

The post Палчо во затвор си понел и плазма телевизор, ама нема да може да го гледа appeared first on Република.

]]>
Посебни мерки за Палевски во скопскиот затвор: Нема да биде во контакт со другите затвореници, ќе му се проверува храната што ја јаде https://republika.mk/vesti/crna-hronika/posebni-merki-za-palevski-vo-skopskiot-zatvor-nema-da-bide-vo-kontakt-so-drugite-zatvorenitsi-ke-mu-se-proveruva-hranata-shto-ja-jade/ Wed, 15 May 2024 20:05:56 +0000 https://republika.mk/?p=778513

Со конвој од четири возила, Љупчо Пачевски Палчо вечерва беше спроведен во Истражниот затвор Шутка. Во Македонија пристигна со редовен лет на Туркиш Ерлајнс. Слета на скопскиот аеродром во 19:30 часот.

Како што објавија дел од медиумите, затворот е под посебни мерки поради пристигнувањето на Палчо. До неговото внесување, затворениците беа заклучени во собите за да не дојдат во контакт со него.

До ќелијата е спроведен под силно обезбедување, низ посебен ходник. Посебно ќе се проверува неговата храна, а ќе му биде направен и лекарски преглед. Таму ќе биде сам, заштитен од обезбедување кое ќе се грижи за неговата безбедност, објави „Телма“.

Сето ова е направено бидејќи се проценило дека тој е под ризик.

-Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека денеска (15.05.2024) полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка на МВР во соработка со турската полиција го завршија процесот на екстрадиција од Република Турција на Љупчо Палевски (59) од Скопје, велат од МВР.

За него беше распишана меѓународна потерница за истрага за кривични дела „грабнување” и “убиство“ по издадена наредба XV KO бр 3047/23 од Основното јавно обвинителство Скопје.

Палевски е осомничен за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на пензионерот Панче Жежовски.

Тој лани на 6 декември беше уапсен во Баликесир, Турција, во обид да избега.

The post Посебни мерки за Палевски во скопскиот затвор: Нема да биде во контакт со другите затвореници, ќе му се проверува храната што ја јаде appeared first on Република.

]]>

Со конвој од четири возила, Љупчо Пачевски Палчо вечерва беше спроведен во Истражниот затвор Шутка. Во Македонија пристигна со редовен лет на Туркиш Ерлајнс. Слета на скопскиот аеродром во 19:30 часот. Како што објавија дел од медиумите, затворот е под посебни мерки поради пристигнувањето на Палчо. До неговото внесување, затворениците беа заклучени во собите за да не дојдат во контакт со него. До ќелијата е спроведен под силно обезбедување, низ посебен ходник. Посебно ќе се проверува неговата храна, а ќе му биде направен и лекарски преглед. Таму ќе биде сам, заштитен од обезбедување кое ќе се грижи за неговата безбедност, објави „Телма“. Сето ова е направено бидејќи се проценило дека тој е под ризик. -Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека денеска (15.05.2024) полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка на МВР во соработка со турската полиција го завршија процесот на екстрадиција од Република Турција на Љупчо Палевски (59) од Скопје, велат од МВР. За него беше распишана меѓународна потерница за истрага за кривични дела „грабнување” и “убиство“ по издадена наредба XV KO бр 3047/23 од Основното јавно обвинителство Скопје. Палевски е осомничен за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на пензионерот Панче Жежовски. Тој лани на 6 декември беше уапсен во Баликесир, Турција, во обид да избега.  

The post Посебни мерки за Палевски во скопскиот затвор: Нема да биде во контакт со другите затвореници, ќе му се проверува храната што ја јаде appeared first on Република.

]]>
Љупчо Палевски слетал на скопскиот аеродром, ќе биде пренесен во затворот „Шутка“ https://republika.mk/vesti/crna-hronika/lupcho-palevski-sletal-na-skopskiot-aerodrom-ke-bide-prenesen-vo-zatvorot-shutka/ Wed, 15 May 2024 19:09:42 +0000 https://republika.mk/?p=778494

Љупчо Палевски-Палчо, првообвинет за киднапирање и двојно убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски е екстрадиран во Македонија.

Вечерва тој слета на скопскиот аеродром и се очекува да биде пренесен во затворот „Шутка“.

Тој лани на 6 декември беше уапсен во Баликесир Турција, во обид да избега.

На Палевски веднаш му стапува мерката притвор од 30 дена, што му е одредена претходно.

Палевски е првоосомничен во групата дека ги организирал грабнувањата и дека лично со пиштол ги убил Вања Ѓорчевска од Скопје на 27 ноември и Панче Жежовски од Велес на 22 ноември. Ѓорчевска е убиена па закопана близу Скопје, а Жежовски близу Велес.

The post Љупчо Палевски слетал на скопскиот аеродром, ќе биде пренесен во затворот „Шутка“ appeared first on Република.

]]>

Љупчо Палевски-Палчо, првообвинет за киднапирање и двојно убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски е екстрадиран во Македонија. Вечерва тој слета на скопскиот аеродром и се очекува да биде пренесен во затворот „Шутка“. Тој лани на 6 декември беше уапсен во Баликесир Турција, во обид да избега. На Палевски веднаш му стапува мерката притвор од 30 дена, што му е одредена претходно. Палевски е првоосомничен во групата дека ги организирал грабнувањата и дека лично со пиштол ги убил Вања Ѓорчевска од Скопје на 27 ноември и Панче Жежовски од Велес на 22 ноември. Ѓорчевска е убиена па закопана близу Скопје, а Жежовски близу Велес.    

The post Љупчо Палевски слетал на скопскиот аеродром, ќе биде пренесен во затворот „Шутка“ appeared first on Република.

]]>
Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може https://republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-lupcho-palevski-ke-bide-ekstradiran-najbrzo-shto-mozhe/ Tue, 30 Apr 2024 17:36:26 +0000 https://republika.mk/?p=772750

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, соопшти дека во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски откако претходно Министерството за правда соопшти дека е одобрена екстрадицијата од турските власти.

Во текот на денешниот ден добивме информација од Секторот за меѓународна полициска соработка дека е одобрена екстрадицијата за предметното лице, со тоа што нашите полициски службеници се во комуникација со турските колеги и се очекува во наредниот период да утврдат се што е потребно од аспект предметното лице кое е прогон од страна на Обвинителството на РМ, да биде изнесено пред лицето на правда, изјави Тошковски.

Прашан дали има конкретен рок кога треба да се испорача Палевски, министерот за внатрешни работи изјави дека нема конкретен рок, но дека Палевски ќе биде екстрадиран во земјава најбрзо што може.

Министерството за правда денеска соопшти дека е добиено официјално известување дека екстрадицијата на Љупчо Палевски е дозволена. За МИА оттаму посочија дека е завршен судскиот процес и административната процедура и сега останува само да се реализира трансферот.

Палевски е првоосомничен за две кривични дела „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“ на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

The post Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, соопшти дека во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски откако претходно Министерството за правда соопшти дека е одобрена екстрадицијата од турските власти.
Во текот на денешниот ден добивме информација од Секторот за меѓународна полициска соработка дека е одобрена екстрадицијата за предметното лице, со тоа што нашите полициски службеници се во комуникација со турските колеги и се очекува во наредниот период да утврдат се што е потребно од аспект предметното лице кое е прогон од страна на Обвинителството на РМ, да биде изнесено пред лицето на правда, изјави Тошковски.
Прашан дали има конкретен рок кога треба да се испорача Палевски, министерот за внатрешни работи изјави дека нема конкретен рок, но дека Палевски ќе биде екстрадиран во земјава најбрзо што може. Министерството за правда денеска соопшти дека е добиено официјално известување дека екстрадицијата на Љупчо Палевски е дозволена. За МИА оттаму посочија дека е завршен судскиот процес и административната процедура и сега останува само да се реализира трансферот. Палевски е првоосомничен за две кривични дела „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“ на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

The post Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може appeared first on Република.

]]>
Лога: Турција ни даде рок кога би го испорачале Љупчо Палевски https://republika.mk/vesti/makedonija/loga-turtsija-ni-dade-rok-koga-bi-go-isporachale-lupcho-palevski/ Fri, 15 Mar 2024 12:55:55 +0000 https://republika.mk/?p=755144

Министерот за правда Кренар Лога информира дека и денеска неофицијално комуницирале со колегите од Турција околу екстрадицијата на Љупчо Палевски, и била побарана информација од наша страна кога ќе биде неговата испорака.

На новинарско прашање дали од турска страна биле посочени одредени рокови кога Палевски би бил испорачан во нашата држава, Лога одговори:„ Ни дадоа некој рок. Јас не сакам да кажувам такви детали бидејќи таа работа зависи од нив а не од нас“.

Неофицијално сме комуницирале и денеска од тука, баравме информација кога ќе биде испораката на Палевски“, кажа Лога.

Повтори дека при посетата на македонската делегација во Турција им било кажано дека судскиот дел кај нив е завршен и останува само административниот дел.

Според нивните правила мора прво таму да се потпише нивното МНР, па потоа министерот за правда и очекувам дека тоа ќе биде во брзо време, бидејќи такви беа и зборовите од мојот колега од Турција, информира Лога.

The post Лога: Турција ни даде рок кога би го испорачале Љупчо Палевски appeared first on Република.

]]>

Министерот за правда Кренар Лога информира дека и денеска неофицијално комуницирале со колегите од Турција околу екстрадицијата на Љупчо Палевски, и била побарана информација од наша страна кога ќе биде неговата испорака. На новинарско прашање дали од турска страна биле посочени одредени рокови кога Палевски би бил испорачан во нашата држава, Лога одговори:„ Ни дадоа некој рок. Јас не сакам да кажувам такви детали бидејќи таа работа зависи од нив а не од нас“.
Неофицијално сме комуницирале и денеска од тука, баравме информација кога ќе биде испораката на Палевски“, кажа Лога.
Повтори дека при посетата на македонската делегација во Турција им било кажано дека судскиот дел кај нив е завршен и останува само административниот дел.
Според нивните правила мора прво таму да се потпише нивното МНР, па потоа министерот за правда и очекувам дека тоа ќе биде во брзо време, бидејќи такви беа и зборовите од мојот колега од Турција, информира Лога.
 
The post Лога: Турција ни даде рок кога би го испорачале Љупчо Палевски appeared first on Република.

]]>
Лога e во Анкара: Прашање на денови е екстрадицијата на Љупчо Палевски во Македонија https://republika.mk/vesti/crna-hronika/loga-e-vo-ankara-prashane-na-denovi-e-ekstraditsijata-na-lupcho-palevski-vo-makedonija/ Thu, 08 Feb 2024 16:01:17 +0000 https://republika.mk/?p=741930

Министерите за правда на Македонија и Турција, Кренар Лога и Јилмаз Тунч денеска остварија средба на која разговараа за постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски.

Како што соопштија од Министерството за правда, на средбата Лога бил информиран од турскиот колега дека судскиот процес за Палевски е завршен и се очекува да завршат и административните процедури.

По завршувањето на административниот дел, се очекува Палевски да биде екстрадиран во нашата држава.

Министерот Лога му се заблагодари на Тунч за нивната брза реакција и апсењето на Палевски и посочи дека ова е добар знак за општеството, да се казнат оние кои извршиле злосторство, се вели во соопштението на Министерството за правда.

Двата суда донеле одлука за одобрување на екстрадицијата, а Лога за „Телма“ потврди дека „во прашање се денови за негово испорачување во Македонија“.

Фото: Министерство за правда

The post Лога e во Анкара: Прашање на денови е екстрадицијата на Љупчо Палевски во Македонија appeared first on Република.

]]>

Министерите за правда на Македонија и Турција, Кренар Лога и Јилмаз Тунч денеска остварија средба на која разговараа за постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски. Како што соопштија од Министерството за правда, на средбата Лога бил информиран од турскиот колега дека судскиот процес за Палевски е завршен и се очекува да завршат и административните процедури. По завршувањето на административниот дел, се очекува Палевски да биде екстрадиран во нашата држава. Министерот Лога му се заблагодари на Тунч за нивната брза реакција и апсењето на Палевски и посочи дека ова е добар знак за општеството, да се казнат оние кои извршиле злосторство, се вели во соопштението на Министерството за правда. Двата суда донеле одлука за одобрување на екстрадицијата, а Лога за „Телма“ потврди дека „во прашање се денови за негово испорачување во Македонија“. Фото: Министерство за правда  

The post Лога e во Анкара: Прашање на денови е екстрадицијата на Љупчо Палевски во Македонија appeared first on Република.

]]>
Постапката за екстрадиција на Палевски може да трае неколку месеци https://republika.mk/vesti/makedonija/postapkata-za-ekstraditsija-na-palevski-mozhe-da-trae-nekolku-mesetsi/ Wed, 13 Dec 2023 15:53:34 +0000 https://republika.mk/?p=722634

Постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски, првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, може да трае неколку месеци, информираат од Министерството за правда.

Барањето за екстрадиција било изготвено истиот ден откако е добиено официјалното известување од МВР за апсењето на Палевски, велат од Секторот за меѓународна правна помош во Министерството за правда.

Оттаму појаснуваат дека постапката за барање на екстрадиција од наша страна е иста за сите земји, Министерството за правда постапува по добиено известување од СМПС-Интерпол, дека лице барано по меѓународна потерница е лоцирано или лишено од слобода во странска држава.

Од дента кога се апсеше бевме во координација со СМПС-Интерпол, како и со ОЈО Скопје. Во 9:20 го добивме официјалното известување од МВР и отворивме предмет. Барањето за екстрадиција беше спремно, министерот го потпиша и истиот ден беше преведено. Пред тоа да го направиме побаравме веднаш да биде задржан во притвор за екстрадиција, велат во брифинг за новинарите од Секторот за меѓународна правна помош.

Појаснуваат дека постапката за екстрадиција во ваквите предмети трае неколку месеци, а исклучок се само случаите на скратена постапка кога лицето прифаќа да биде екстрадирано. Се што сме работеле со Турција, велат од Секторот, вклучено е и Министерството за надворешни работи, бидејќи како што појаснија, Турција има ставено резерва на вториот протокол на Конвенцијата за екстрадиција.

Барањето за екстрадиција на Палевски до Турција беше испратено преку три канали, соопштуваат од Секторот.

Директно преку ДХЛ, вчера стигна известување дека го примија оригиналот, втор оригинал испративме другиот ден преку Министерството за надворешни работи, како и скенирана копија преку Интерпол, соопштија од Секторот за меѓународна правна помош и додаваат дека Република Турција има повеќе од 100 барања за екстрадиција дневно.

Брифираат дека мала е можноста за Палевски да побара азил, бидејќи како што велат од Секторот, барање за азил се поднесува веднаш откако ќе влезете во државата.

Во врска со поранешното барање од страна на Република Турција за екстрадиција на т.н. „Ѓуленисти“ и за евентуалната можност за покренување на тоа прашање во овој случај, од Секторот за меѓународна правна помош појаснуваат дека тоа прашање не е на маса помеѓу двете земји.

The post Постапката за екстрадиција на Палевски може да трае неколку месеци appeared first on Република.

]]>

Постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски, првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, може да трае неколку месеци, информираат од Министерството за правда. Барањето за екстрадиција било изготвено истиот ден откако е добиено официјалното известување од МВР за апсењето на Палевски, велат од Секторот за меѓународна правна помош во Министерството за правда. Оттаму појаснуваат дека постапката за барање на екстрадиција од наша страна е иста за сите земји, Министерството за правда постапува по добиено известување од СМПС-Интерпол, дека лице барано по меѓународна потерница е лоцирано или лишено од слобода во странска држава.
Од дента кога се апсеше бевме во координација со СМПС-Интерпол, како и со ОЈО Скопје. Во 9:20 го добивме официјалното известување од МВР и отворивме предмет. Барањето за екстрадиција беше спремно, министерот го потпиша и истиот ден беше преведено. Пред тоа да го направиме побаравме веднаш да биде задржан во притвор за екстрадиција, велат во брифинг за новинарите од Секторот за меѓународна правна помош.
Појаснуваат дека постапката за екстрадиција во ваквите предмети трае неколку месеци, а исклучок се само случаите на скратена постапка кога лицето прифаќа да биде екстрадирано. Се што сме работеле со Турција, велат од Секторот, вклучено е и Министерството за надворешни работи, бидејќи како што појаснија, Турција има ставено резерва на вториот протокол на Конвенцијата за екстрадиција. Барањето за екстрадиција на Палевски до Турција беше испратено преку три канали, соопштуваат од Секторот.
Директно преку ДХЛ, вчера стигна известување дека го примија оригиналот, втор оригинал испративме другиот ден преку Министерството за надворешни работи, како и скенирана копија преку Интерпол, соопштија од Секторот за меѓународна правна помош и додаваат дека Република Турција има повеќе од 100 барања за екстрадиција дневно.
Брифираат дека мала е можноста за Палевски да побара азил, бидејќи како што велат од Секторот, барање за азил се поднесува веднаш откако ќе влезете во државата. Во врска со поранешното барање од страна на Република Турција за екстрадиција на т.н. „Ѓуленисти“ и за евентуалната можност за покренување на тоа прашање во овој случај, од Секторот за меѓународна правна помош појаснуваат дека тоа прашање не е на маса помеѓу двете земји.  

The post Постапката за екстрадиција на Палевски може да трае неколку месеци appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Политички и полициски структури на СДС го охрабруваа Палевски да шири токсична атмосфера и да сее омраза https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-politichki-i-politsiski-strukturi-na-sds-go-ohrabruvaa-palevski-da-shiri-toksichna-atmosfera-i-da-see-omraza/ Fri, 08 Dec 2023 09:28:58 +0000 https://republika.mk/?p=720946

Политички и полициски структури на СДС го штитеа и замижуваа пред поведението на Љупчо Палевски Палчо, затоа што им одговараше. Преку своите поткасти и емисии на интернет портал, ширеше омраза и создаваше токсична атмосфера. Власта го охрабруваше да навредува, клевети, да се заканува, а кога Палевски се почуствува доволно недопирлив премина на рекет, уцени и на крај заврши со двојно трагично убиство, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

МВР, Спасовски, Ковачевски и СДС молчат за скандалот пред 7 месеци кој ја потврдува неказнивоста на Палевски. Имено Палевски и неговата група во месец мај 2023 била фатена со нелегално оружје додека копале злато, за сега Палевски и истите неговите соработници да бидат поврзани со едно од најгрозоморните убиства во Македонија. Ете тоа е резултатот на неказнивоста и нефункционалноста на институциите раководени од Ковачевски, Спасовски и СДС. Двојното убиство немаше да се случи, ако обвинетите тогаш беа санкционирани за нелегано оружје.

Нервозата во СДС е голема, затоа што не им e чиста совеста. Нервозни се затоа што народот гледа дека охрабруваа и дозволуваа сеење на омраза и создавање на токсична атмосфера, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Нервозни се затоа што знаат дека постоеле пропусти во истрагата и затоа што знаат дека нивните грешки кои невешто ги кријат, чинат нечии животи, додаваат од опозициската партија.

Од СДСМ па велат:

Христијан Мицкоски да не молчи за средбата Палевски, туку да одговори. Ако Мицкоски навистина има поинакви информации за случајот со двојното убиство треба да ги достави до ОЈО. Прикривање докази е кривично дело.

Палевски, кој е осомничен за двојното убиство што ја потресе целата македонска јавност, беше близок соработник на режимот на ДПМНЕ и јавно го поддржуваше Мицкоски, но и нивниот коалициски партнер Левица.

Со радикални ставови, Палевски беше алатка на ДПМНЕ во црна кампања против СДСМ но и против се што означува демократија во Македонија и за подгревање етнички тензии.

Неговата маргинална политичка партија со радикална и проруска ориентација е производ и алатка на политиките на преќутна агресија од страна на ДПМНЕ во изминативе две децении.

Затоа, надлежните органи, пред се Јавното обвинителство согласно законот имаат обврска да ги истражат односите на Палевски со сите негови соработници, вклучително и Мицкоски.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Политички и полициски структури на СДС го охрабруваа Палевски да шири токсична атмосфера и да сее омраза appeared first on Република.

]]>

Политички и полициски структури на СДС го штитеа и замижуваа пред поведението на Љупчо Палевски Палчо, затоа што им одговараше. Преку своите поткасти и емисии на интернет портал, ширеше омраза и создаваше токсична атмосфера. Власта го охрабруваше да навредува, клевети, да се заканува, а кога Палевски се почуствува доволно недопирлив премина на рекет, уцени и на крај заврши со двојно трагично убиство, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
МВР, Спасовски, Ковачевски и СДС молчат за скандалот пред 7 месеци кој ја потврдува неказнивоста на Палевски. Имено Палевски и неговата група во месец мај 2023 била фатена со нелегално оружје додека копале злато, за сега Палевски и истите неговите соработници да бидат поврзани со едно од најгрозоморните убиства во Македонија. Ете тоа е резултатот на неказнивоста и нефункционалноста на институциите раководени од Ковачевски, Спасовски и СДС. Двојното убиство немаше да се случи, ако обвинетите тогаш беа санкционирани за нелегано оружје. Нервозата во СДС е голема, затоа што не им e чиста совеста. Нервозни се затоа што народот гледа дека охрабруваа и дозволуваа сеење на омраза и создавање на токсична атмосфера, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
Нервозни се затоа што знаат дека постоеле пропусти во истрагата и затоа што знаат дека нивните грешки кои невешто ги кријат, чинат нечии животи, додаваат од опозициската партија. Од СДСМ па велат:
Христијан Мицкоски да не молчи за средбата Палевски, туку да одговори. Ако Мицкоски навистина има поинакви информации за случајот со двојното убиство треба да ги достави до ОЈО. Прикривање докази е кривично дело. Палевски, кој е осомничен за двојното убиство што ја потресе целата македонска јавност, беше близок соработник на режимот на ДПМНЕ и јавно го поддржуваше Мицкоски, но и нивниот коалициски партнер Левица. Со радикални ставови, Палевски беше алатка на ДПМНЕ во црна кампања против СДСМ но и против се што означува демократија во Македонија и за подгревање етнички тензии. Неговата маргинална политичка партија со радикална и проруска ориентација е производ и алатка на политиките на преќутна агресија од страна на ДПМНЕ во изминативе две децении. Затоа, надлежните органи, пред се Јавното обвинителство согласно законот имаат обврска да ги истражат односите на Палевски со сите негови соработници, вклучително и Мицкоски.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Политички и полициски структури на СДС го охрабруваа Палевски да шири токсична атмосфера и да сее омраза appeared first on Република.

]]>
Лога: Денеска ќе биде пуштено барањето за екстрадација на Љупчо Палевски https://republika.mk/vesti/makedonija/loga-deneska-ke-bide-pushteno-baraneto-za-ekstradatsija-na-lupcho-palevski/ Thu, 07 Dec 2023 12:44:22 +0000 https://republika.mk/?p=720734

Барањето за екстрадација на Љупчо Палевски – Палчо ќе биде пуштено денеска и преку електронска пошта и преку нашата Амбасада и верувам дека после добивање на нашето барање, ќе контактираме директно и со министерот за правда на Турција, изјави министерот за правда, Кренар Лога.

Во изјава за медиумите пред панел-дискусијата за корупција во високото образование, Лога истакна дека верува дека ќе добиеме позитивен одговор за кратко време.

- Турција е стратешки партнер на Македонија за многу други побитни прашања од ова. Јас верувам дека за релативно кратко време ќе добиеме позитивен одговор и осомничениот ќе биде меѓу нас, рече министерот.

Во однос на временската рамка, тој посочи дека е неизвесно, бидејќи, како што рече, не знае колку осомничениот ќе ги искористи правните механизми да се жали.

Барањето за екстрадација што министерот за правда го потпиша вчера доаѓа по апсењето во Турција на првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Меѓународната потерница по него беше издадена на 4 декември, а аспењето се случи утредента.

Палевски е осомничен за две кривични дела „грабнување“ и две убиства на свиреп начин. Во истрагата на Јавното обвинителство се опфатени уште четири лица, односно соизвршителите Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, кои ја признаа вината.

Во случајот, според истрагата, е вмешан и таткото но Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи дека споделувал информации со останатите осомничени за движењето на неговата ќерка, а за кого Обвинителството информираше дека ги негирал дејствијата.

The post Лога: Денеска ќе биде пуштено барањето за екстрадација на Љупчо Палевски appeared first on Република.

]]>

Барањето за екстрадација на Љупчо Палевски – Палчо ќе биде пуштено денеска и преку електронска пошта и преку нашата Амбасада и верувам дека после добивање на нашето барање, ќе контактираме директно и со министерот за правда на Турција, изјави министерот за правда, Кренар Лога. Во изјава за медиумите пред панел-дискусијата за корупција во високото образование, Лога истакна дека верува дека ќе добиеме позитивен одговор за кратко време.
- Турција е стратешки партнер на Македонија за многу други побитни прашања од ова. Јас верувам дека за релативно кратко време ќе добиеме позитивен одговор и осомничениот ќе биде меѓу нас, рече министерот.
Во однос на временската рамка, тој посочи дека е неизвесно, бидејќи, како што рече, не знае колку осомничениот ќе ги искористи правните механизми да се жали. Барањето за екстрадација што министерот за правда го потпиша вчера доаѓа по апсењето во Турција на првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Меѓународната потерница по него беше издадена на 4 декември, а аспењето се случи утредента. Палевски е осомничен за две кривични дела „грабнување“ и две убиства на свиреп начин. Во истрагата на Јавното обвинителство се опфатени уште четири лица, односно соизвршителите Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, кои ја признаа вината. Во случајот, според истрагата, е вмешан и таткото но Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи дека споделувал информации со останатите осомничени за движењето на неговата ќерка, а за кого Обвинителството информираше дека ги негирал дејствијата.

The post Лога: Денеска ќе биде пуштено барањето за екстрадација на Љупчо Палевски appeared first on Република.

]]>
Лога го потпиша барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски https://republika.mk/vesti/makedonija/loga-go-potpisha-baraneto-za-ekstraditsija-na-lupcho-palevski/ Wed, 06 Dec 2023 14:38:25 +0000 https://republika.mk/?p=720399

Министерот за правда Кренар Лога го потпиша барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски и откако ќе биде преведено на турски јазик ќе биде веднаш испратено на турските власти, односно до Министерството за правда на Република Турција.

Очекуваме соработка со правосудните органи на Република Турција и постапување од нивна страна во најкус можен рок по што Љупчо Палевски ќе биде изведен пред органите на правдата во нашата земја, стои во соопштенито од Правда.

Министерството за правда, претходно информира дека постапката за екстрадиција е почната и побарале од надлежните турски власти Палевски да биде задржан во притвор сѐ до завршувањето на постапката. Барањето, како што соопштија претходно од министерстовото, се праќа по ДХЛ (претходно по електронски пат преку ИНТЕРПОЛ).

The post Лога го потпиша барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски appeared first on Република.

ВМРО-ДПМНЕ: Истрагата да се прошири, монструмот Палевски беше предолго толериран со говорот на омраза https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-istragata-da-se-proshiri-monstrumot-palevski-beshe-predolgo-toleriran-so-govorot-na-omraza/ Wed, 06 Dec 2023 08:10:17 +0000 https://republika.mk/?p=720196

Монструмот Палевски доби медиумска моќ и чувство на недопирливост од подкастите со неговата банда. Со години Палевски е во етерот, ширејќи говор на омраза, добивајќи закрила од власта и наметнувајќи се над другите. Тој и неговата банда шиканираа луѓе, изнудуваа пари и наметнуваа влијание, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа што Палевски со години не е санкциониран, иако повикувал на јавни линчувања и навредувал, е доказ дека бил заштитен од врвот на власта. Палевски и неговата банда повикуваа на тепање на луѓе, и сето тоа со години поминуваше неказнето. Како е возможно толку долго и со такви кривични дела Палевски да е на слобода и толериран? Зошто беше пуштен на слобода откако јавна тајна е дека со нелегално огнено оружје е фатен како копа злато во Демир Капија пред неколку месеци? Зошто има толку големи пропусти во истрагата на велешката полиција за убиството на велешанецот Панче? Палевски кој располагал и со бомби добиени од СДС со помош на неговата банда се чувствуваше недопирлив, се наведува во соопштението од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека таквата атмосфера која беше креирана со години од страна Палевски и неговата банда со медиумска платформа е една од причините за неговото однесување, чувството на неказнивост и семоќност.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Истрагата да се прошири, монструмот Палевски беше предолго толериран со говорот на омраза appeared first on Република.

]]>

Монструмот Палевски доби медиумска моќ и чувство на недопирливост од подкастите со неговата банда. Со години Палевски е во етерот, ширејќи говор на омраза, добивајќи закрила од власта и наметнувајќи се над другите. Тој и неговата банда шиканираа луѓе, изнудуваа пари и наметнуваа влијание, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа што Палевски со години не е санкциониран, иако повикувал на јавни линчувања и навредувал, е доказ дека бил заштитен од врвот на власта. Палевски и неговата банда повикуваа на тепање на луѓе, и сето тоа со години поминуваше неказнето. Како е возможно толку долго и со такви кривични дела Палевски да е на слобода и толериран? Зошто беше пуштен на слобода откако јавна тајна е дека со нелегално огнено оружје е фатен како копа злато во Демир Капија пред неколку месеци? Зошто има толку големи пропусти во истрагата на велешката полиција за убиството на велешанецот Панче? Палевски кој располагал и со бомби добиени од СДС со помош на неговата банда се чувствуваше недопирлив, се наведува во соопштението од партијата. Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека таквата атмосфера која беше креирана со години од страна Палевски и неговата банда со медиумска платформа е една од причините за неговото однесување, чувството на неказнивост и семоќност.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Истрагата да се прошири, монструмот Палевски беше предолго толериран со говорот на омраза appeared first on Република.

]]>
Монструмот Палевски е и последица на токсичната атмосфера и говорот на омраза која непречено ја продуцираше на поткастите, заштитени од власта и полицијата https://republika.mk/vesti/makedonija/monstrumot-palevski-e-i-posleditsa-na-toksichnata-atmosfera-i-govorot-na-omraza-koja-neprecheno-ja-produtsirashe-na-potkastite-zashtiteni-od-vlasta-i-politsijata/ Tue, 05 Dec 2023 08:07:37 +0000 https://republika.mk/?p=719751

Убиството на Вања и создавањето на монструмот Палевски е и последица и на лажната недопирливост која Палевски и неговата банда со поткасти ја чувствуваа и работеа непречено, а преку која ширеа токсична атмосфера. Сето ова се случуваше пред лицето на МВР кое поради политичка пресметливост и конекции со оваа групација го амнестираше ваквото однесување, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Со години Палевски добива медиумски публицитет каде жигосуваат луѓе и сеат говор на омраза, невистини и шпекулации. Со години Палевски и неговите соработници шиканираат луѓе преку својата емисија, оцрнува луѓе, повикува на тепање и друг вид насилство. Палевски ширеше говор на омраза, располагал со информации добиени од власта, „бомби на СДС“ и тоа поминуваше неказнето. Палевски и неговата банда не можеле досега да функционираат и да поминуваат без санкција, ако зад нив не стои врвот на власта и им се дава лажна претстава за моќ поради кои рекетираа и изнудуваа пари. Оливер Спасовски, како шеф на МВР е одговорен и најповикан зошто со години дозволува Палевски и неговата рекетарскa ориентирана банда да шират токсична атмосфера, да се закануваат и да шиканираат луѓе, но и за неговото бегство, се наведува во соопштението од партијата.

Спасовски не може да се амнестира, зошто со години не презема ништо за санкционирање на Палевски – велат од партијата.

The post Монструмот Палевски е и последица на токсичната атмосфера и говорот на омраза која непречено ја продуцираше на поткастите, заштитени од власта и полицијата appeared first on Република.

]]>

Убиството на Вања и создавањето на монструмот Палевски е и последица и на лажната недопирливост која Палевски и неговата банда со поткасти ја чувствуваа и работеа непречено, а преку која ширеа токсична атмосфера. Сето ова се случуваше пред лицето на МВР кое поради политичка пресметливост и конекции со оваа групација го амнестираше ваквото однесување, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. Со години Палевски добива медиумски публицитет каде жигосуваат луѓе и сеат говор на омраза, невистини и шпекулации. Со години Палевски и неговите соработници шиканираат луѓе преку својата емисија, оцрнува луѓе, повикува на тепање и друг вид насилство. Палевски ширеше говор на омраза, располагал со информации добиени од власта, „бомби на СДС“ и тоа поминуваше неказнето. Палевски и неговата банда не можеле досега да функционираат и да поминуваат без санкција, ако зад нив не стои врвот на власта и им се дава лажна претстава за моќ поради кои рекетираа и изнудуваа пари. Оливер Спасовски, како шеф на МВР е одговорен и најповикан зошто со години дозволува Палевски и неговата рекетарскa ориентирана банда да шират токсична атмосфера, да се закануваат и да шиканираат луѓе, но и за неговото бегство, се наведува во соопштението од партијата. Спасовски не може да се амнестира, зошто со години не презема ништо за санкционирање на Палевски – велат од партијата.

The post Монструмот Палевски е и последица на токсичната атмосфера и говорот на омраза која непречено ја продуцираше на поткастите, заштитени од власта и полицијата appeared first on Република.

]]>
Митева: Убиецот бил претседател на градска организација на СДС https://republika.mk/vesti/makedonija/miteva-ubietsot-bil-pretsedatel-na-gradska-organizatsija-na-sds/ Mon, 04 Dec 2023 11:33:01 +0000 https://republika.mk/?p=719366

Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во „Студио 10“ на Телевизија 24 каде се дискутираше за убиството на малата Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски од Велес, истакна дека убиецот бил претседател на градската организација на СДС.

Имено, Митева ова го посочи одговарајќи му на пратеникот од СДС Мартин Костовски кој во емисијата злоупотребуваше фотографија од настан на која меѓу останатите покрај лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски имало и уапсен нарко дилер.

Ова се тие политики кои ги злоупотребувате. Злоупотребувањето на состојбите, ако кажам дека Палчо е претседател на Градската организација на СДС, што ќе одговориш на тоа? Ги користите моментите на слабост на општеството. Тука е политиканството, треба да се борите против криминалот и корупцијата. Користиш недостоинствен речник за ваков случај - изјави Митева.

Митева појасни дека наместо вакви политиканства и декларативни изјави на власта потребни се конкретни чекори.

Најмалку што очекував е вчера доцна во ноќта да имаше седница на влада да имаше заклучоци до МОН, насоки за смирување за децата и родителите, дополнително заклучоци со повикување за политичките субјекти. Тоа се конкретни чекори кои ќе покажат волја. Треба да имате политичка волја и некој што ќе размислува во насока да не се случуваат вакви работи, во центар на Скопје да не ни ги снемува луѓе и да не може да се најде сторител, возило. Безбедноста на граѓаните е пред се и над се. Треба да кажат кои се чекорите кои ќе се преземат, а не празни зборови. Ни требаат дела. Во Скопје знаеме кои се тие луѓе кои се рекетари, јавна тајна е - изјави Митева.

The post Митева: Убиецот бил претседател на градска организација на СДС appeared first on Република.

]]>

Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во „Студио 10“ на Телевизија 24 каде се дискутираше за убиството на малата Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски од Велес, истакна дека убиецот бил претседател на градската организација на СДС. Имено, Митева ова го посочи одговарајќи му на пратеникот од СДС Мартин Костовски кој во емисијата злоупотребуваше фотографија од настан на која меѓу останатите покрај лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски имало и уапсен нарко дилер.