лажни вести Archives - Република https://republika.mk/tema/lazni-vesti/ За подобро да се разбереме Wed, 30 Oct 2024 15:22:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png лажни вести Archives - Република https://republika.mk/tema/lazni-vesti/ 32 32 Јаневска: Образованието за медиумска писменост е моќен сојузник во борбата против лажните вести и дезинформациите https://republika.mk/vesti/makedonija/janevska-obrazovanieto-za-mediumska-pismenost-e-moken-sojuznik-vo-borbata-protiv-lazhnite-vesti-i-dezinformatsiite/ Wed, 30 Oct 2024 15:22:09 +0000 https://republika.mk/?p=832500

Медиумска писменост е моќен сојузник во борбата против лажните вести и дезинформациите. Тие пак, се особено честа појава на глобалниот интернет простор каде со примена на вештачката интелигенција се креираат сé пософистицирани содржини и важно е граѓаните да поседуваат вештини за нивно препознавање, за разликување факти од фикција, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска во обраќањето на Националната конференција „Медиумската писменост во образованието“.

Со образованието за медиумска писменост, учениците стекнуваат вештини критички да ги анализираат содржините што ги добиваат од различни извори, да ги разбираат соодветно на контекстот, да ги поврзуваат со други информации и да бидат во состојба да го проценат нивниот квалитет и како резултат на тоа самостојно да носат одлуки и судови базирани на факти, нагласи Јаневска.

Медиумската писменост во наставните програми од основното образование е вклучена на различни начини.

Медиумската писменост се изучува како посебна тема во наставната програма по мајчин јазик - македонски, албански, турски, српски и босански. Другиот начин е интегрирање на медиумската писменост со останатите теми и подрачја, со цел да им се овозможи на учениците да ги поврзат знаењата од различните области во една целина. Таа може да се користи како алатка за реализација на одделни активности во речиси сите наставни предмети, во различни одделенија. Исто така, одделни аспекти од медиумската писменост може продлабочено да се изучуваат преку слободните изборни предмети од четврто до деветто одделение“, посочи министерката Јаневска, додавајќи дека преку соодветни обуки е предвидено и јакнење на компетенциите на наставниците.

Денешната Национална конференција е организирана во рамки на Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“, што го спроведуваат ИРЕКС и локалните партнери Македонскиот институт за медиуми, Институтот за комуникациски студии и Младинскиот образовен форум, во соработка со Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, Државниот испитен центар, универзитетите и младинските клубови.

Министерката Јаневска им изрази благодарност на сите организации, институции и поединци што како дел од проектот им овозможуваат на децата и младите медиумски да се описменат, со што придонесуваат кон градење отпорно граѓанско општество со демократски потенцијал.
Изрази уверување дека презентацијата на резултатите од досегашната имплементација на медиумската писменост од прво до деветто одделение и најавените чекори за нејзино воведување во средното образование ќе значат натамошно подобрување на нашиот образовен систем.

The post Јаневска: Образованието за медиумска писменост е моќен сојузник во борбата против лажните вести и дезинформациите appeared first on Република.

]]>

Чулев го обвини Пендаровски дека шири лажни вести https://republika.mk/vesti/makedonija/chulev-go-obvini-pendarovski-deka-shiri-lazhni-vesti/ Sun, 14 Apr 2024 12:39:02 +0000 https://republika.mk/?p=765945

Пендаровски продолжува да шири лажни вести, лично имам потпишано десетици решенија за колеги Албанци во Агенцијата за разузнавање, обвини Наке Чулев.

Претседателот Стево Пендаровски во негов стил продолжува да шири лажни вести, манипулирајќи ја јавноста во очајнички обид да се спаси од катастрофалниот пораз, изјавувајќи дека додека не дошол тој “пред десет или 15 години Албанците во Агенцијата за разузнавање само го уредувале дворот”.

На овој начин претседателот директно ги омаловажува и навредува сите колеги Албанци, кои имале многу одговорни и сензитивни работни позиции, а со кои заеднички сме работеле за безбедноста на граѓаните на Македонија. Такви во Агенцијата за разузнавање имало многу.

Токму, еден од доајените на македонското разузнавање, Шејнаси Мемети, кој уште од самото основање на Агенцијата за разузнавање беше на раководна позиција, пред точно 21 година, во 2003 година, беше именуван за заменик директор за разузнавање, а со тоа не бил градинар во Агенцијата пред да се појави Стево. Исто така, и почитуваниот колега Мухамед Исмаили кој во периодот 2003-2015 успешно ја објавуваше функцијата заменик директор, а потоа беше и на друга раководна функција во Агенцијата немал во описот на работното место уредување на дворот на Агенцијата.

Исто така, сегашниот директор на АР, Еролд Муслиу, речиси цел работен век во Агенцијата го поминал на високи раководни функции, а во време на претседателот Иванов, беше назначен за помошник на директорот за координација на оперативните работи.

Јас лично имам потпишано решенија за десетици колеги Албанци на раководни позиции и за претставници на Агенцијата во странство. По којзнае кој пат, Стево со лажни вести ја манипулира јавноста или пак неговиот директор, како по обичај лажно го информирал. Во секој случај ова е големо омаловажување на трудот и придонесот на колегите Албанци кои по цена на безбедносен ризик по животот биле на браникот на државата.

За оваа лажна теза, ќе мора Пендаровски да се демантира сам или да престане да верува на лагите на директорот на АР. Воедно, тој треба јавно да се извини за искажаните невистини на сите припадници на АР од албанска националност кои се грижеа за безбедноста на државата и унапредуваа во кариерата пред да се појави Стево како претседател. По 8- ми мај Пендаровски ќе има можност да уредува градини како пензиониран претседател.

Нека го праша Еролд Муслиу дали како градинар бил на средбава со тогашниот претседател Иванов на состанок во АР или како помошник на генералниот директор пред повеќе од 10 години

The post Чулев го обвини Пендаровски дека шири лажни вести appeared first on Република.

]]>

Пендаровски продолжува да шири лажни вести, лично имам потпишано десетици решенија за колеги Албанци во Агенцијата за разузнавање, обвини Наке Чулев. Претседателот Стево Пендаровски во негов стил продолжува да шири лажни вести, манипулирајќи ја јавноста во очајнички обид да се спаси од катастрофалниот пораз, изјавувајќи дека додека не дошол тој “пред десет или 15 години Албанците во Агенцијата за разузнавање само го уредувале дворот”.
На овој начин претседателот директно ги омаловажува и навредува сите колеги Албанци, кои имале многу одговорни и сензитивни работни позиции, а со кои заеднички сме работеле за безбедноста на граѓаните на Македонија. Такви во Агенцијата за разузнавање имало многу.
Токму, еден од доајените на македонското разузнавање, Шејнаси Мемети, кој уште од самото основање на Агенцијата за разузнавање беше на раководна позиција, пред точно 21 година, во 2003 година, беше именуван за заменик директор за разузнавање, а со тоа не бил градинар во Агенцијата пред да се појави Стево. Исто така, и почитуваниот колега Мухамед Исмаили кој во периодот 2003-2015 успешно ја објавуваше функцијата заменик директор, а потоа беше и на друга раководна функција во Агенцијата немал во описот на работното место уредување на дворот на Агенцијата. Исто така, сегашниот директор на АР, Еролд Муслиу, речиси цел работен век во Агенцијата го поминал на високи раководни функции, а во време на претседателот Иванов, беше назначен за помошник на директорот за координација на оперативните работи.
Јас лично имам потпишано решенија за десетици колеги Албанци на раководни позиции и за претставници на Агенцијата во странство. По којзнае кој пат, Стево со лажни вести ја манипулира јавноста или пак неговиот директор, како по обичај лажно го информирал. Во секој случај ова е големо омаловажување на трудот и придонесот на колегите Албанци кои по цена на безбедносен ризик по животот биле на браникот на државата.
За оваа лажна теза, ќе мора Пендаровски да се демантира сам или да престане да верува на лагите на директорот на АР. Воедно, тој треба јавно да се извини за искажаните невистини на сите припадници на АР од албанска националност кои се грижеа за безбедноста на државата и унапредуваа во кариерата пред да се појави Стево како претседател. По 8- ми мај Пендаровски ќе има можност да уредува градини како пензиониран претседател. Нека го праша Еролд Муслиу дали како градинар бил на средбава со тогашниот претседател Иванов на состанок во АР или како помошник на генералниот директор пред повеќе од 10 години

The post Чулев го обвини Пендаровски дека шири лажни вести appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ утре ќе ја открие целата шема на фалсификување и лажни вести на Асаф Еисин https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-utre-ke-ja-otkrie-tselata-shema-na-falsifikuvane-i-lazhni-vesti-na-asaf-eisin/ Fri, 05 Apr 2024 11:54:01 +0000 https://republika.mk/?p=762638

Во текот на утрешниот ден ВМРО-ДПМНЕ ќе ја открие целата шема на фалсификување на лажни вести и документи од страна на СДС.

Тоа е мрежа во која се вклучени и злоупотребени државни институции и највисоки политички личности, со поддршка од странски платеници исплаќани во готово.
Прибегнувањето кон фалсификување е најдобар доказ дека власта е нервозна и дека губи.

Истите иснпиратори и платеници меѓу кој и израелскиот мешетар Асаф Еисин кој работи за СДС, дојде со понуда за креирање на слични лажни вести и документи во ВМРО-ДПМНЕ и беше избркан од партијата. Очигледно, СДС и Ковачевски го прибрале. Асаф нема да ги спаси од катастрофалниот пораз. Но и Асаф и Зечевиќ и Ковачевски треба да се подготват да одговараат веднаш по промената на власта.

The post ВМРО-ДПМНЕ утре ќе ја открие целата шема на фалсификување и лажни вести на Асаф Еисин appeared first on Република.

]]>

Во текот на утрешниот ден ВМРО-ДПМНЕ ќе ја открие целата шема на фалсификување на лажни вести и документи од страна на СДС.
Тоа е мрежа во која се вклучени и злоупотребени државни институции и највисоки политички личности, со поддршка од странски платеници исплаќани во готово. Прибегнувањето кон фалсификување е најдобар доказ дека власта е нервозна и дека губи.
Истите иснпиратори и платеници меѓу кој и израелскиот мешетар Асаф Еисин кој работи за СДС, дојде со понуда за креирање на слични лажни вести и документи во ВМРО-ДПМНЕ и беше избркан од партијата. Очигледно, СДС и Ковачевски го прибрале. Асаф нема да ги спаси од катастрофалниот пораз. Но и Асаф и Зечевиќ и Ковачевски треба да се подготват да одговараат веднаш по промената на власта.

The post ВМРО-ДПМНЕ утре ќе ја открие целата шема на фалсификување и лажни вести на Асаф Еисин appeared first on Република.

]]>
МРТ реагира на обвинувањата од СДСМ: Политичките партии да престанат да вршат притисок кон јавниот сервис https://republika.mk/vesti/makedonija/mrt-reagira-na-obvinuvanata-od-sdsm-politichkite-partii-da-prestanat-da-vrshat-pritisok-kon-javniot-servis/ Wed, 03 Apr 2024 12:11:36 +0000 https://republika.mk/?p=761674

Јавниот сервис, своите обврски кон тие за кои и постои – граѓаните, ги реализира согласно сите законски регулативи и етички норми, реагираат денеска од Уредувачкиот колегиум на Македонската радио-телевизија, додавајќи дкеа Македонската телевизија, програмската содржина ја конципира според правилата кои претставуваат операционализација на обврските што ги има согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Законот за медиуми и согласно Етичкиот кодекс.

Секое намерно и неосновано поткопување на довербата на граѓаните во јавните институции по дефиниција е штетен наратив. Во тој контекст, штетните наративи кон Јавниот сервис растат во изборниот период. Во еден специфичен момент на технолошка револуција во Македонската телевизија, промовирање на новата виртуелна и проширена реалност преку програмските содржини што се емитуваат, Јавниот сервис се соочува со неосновани напади за веродостојноста на тоа што се пласира. Во рамки на емисијата Објектив, се презентира испитување на јавното мислење за прашања поврзани со актуелната политичко–економска состојба и рејтингот на политичките партии. Во истражувањето се вклучени две реномирани агенции (факт кои не се споенува во нападите кон нас) чии сопственици се Петар Арсовски и Владимир Божиновски, а во емисијата учествуваат и реномирани гости од општествено – политичкиот живот во Македонија. Наша определба и цел е ваков тип на емисии да има пред секој изборен циклус во државата. Потврдувајќи ја определбата на модерните демократии за почитување на основното право на слобода на изразување, загарантирано со членот 10 од Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи, МРТ секогаш се води според основните професионални стандарди и етички начела, се вели во реакцијата од МРТ.

Впрочем, додаваат оттаму, во просторот меѓу цензура и анархија, степенот на демократијата на едно општество се мери според слободата на изразување.

Поради тоа Јавниот сервис ги отфрла сите неосновани напади за професионалноста и објективното известување. Како досега, така и натаму ќе известува точно, проверено и објективно за да ја одржи стекнатата доверба кај граѓаните. Јавниот сервис е отчетен кон публиката и постапува транспарентно кон неа. Отчетноста значи дека сите медиумски работници вклучени во програмата стојат зад нивната работа. На крајот сакаме да потенцираме дека МТВ во никој случај нема да влезе во дневно политичка пресметка на партиите во овој предизборен период. Уште еднаш апелираме политичките партии да престанат да вршат притисок кон јавниот сервис. Како и до сега ќе продолжиме да работиме професионално, балансирано и согласно сите етички и професионални стандарди на известување. Впрочем на крајот на изборниот процес ќе ги видиме извештаите кои досега кажувале дека работиме балансирано и професионално. За сите овие партиски и политички притисоци и обиди за подривање на кредибилитетот на Јавниот сервис ќе бидат известени сите домашни и меѓународни медиумски организации како и амбасадите и мисијата на ОБСЕ, велат од МРТ.

Претходно денеска СДСМ обвини дека анкетите кои се објавуваат на МТВ се лажни и нарачани од штабот на ВМРО-ДПМНЕ, што веднаш беше демантирано и од партијата.

https://republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-objavuva-lazhni-dokumenti-vmro-dpmne-najavuva-tuzhba-za-kleveta/

The post МРТ реагира на обвинувањата од СДСМ: Политичките партии да престанат да вршат притисок кон јавниот сервис appeared first on Република.

Претходно денеска СДСМ обвини дека анкетите кои се објавуваат на МТВ се лажни и нарачани од штабот на ВМРО-ДПМНЕ, што веднаш беше демантирано и од партијата. https://republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-objavuva-lazhni-dokumenti-vmro-dpmne-najavuva-tuzhba-za-kleveta/  

The post МРТ реагира на обвинувањата од СДСМ: Политичките партии да престанат да вршат притисок кон јавниот сервис appeared first on Република.

]]>
Героски: Црна е кампањата на СДСМ, црна ќе биде и судбината на оваа екипа на Бихаќка https://republika.mk/vesti/makedonija/geroski-tsrna-e-kampanata-na-sdsm-tsrna-ke-bide-i-sudbinata-na-ovaa-ekipa-na-bihakka/ Wed, 03 Apr 2024 10:30:46 +0000 https://republika.mk/?p=761637

Другарчиња од СДСМ, тажно е да се гледа како заглибувате во калта на нови лаги и комични манипулации, им порача уредникот Бранко Героски во последната колумна на „Плусинфо“.

После цели седум години неработење, ништо паметно не можете да смислите? После седум години распродавање на македонските национални интереси, вие сериозно мислите да се вадите на овие фејковачи? Тоа е вашата „европска“ иди нина?! Чуму ви е лагата дека постоел некаков „оперативен план подготвен од Републичкиот изборен штаб на ДПМНЕ на 05.12.2023 година за пласирање на лажни анкети за рејтинзите на партиите и за политичарите, а објавени на МТВ, но и за други активности како пласирање лажни вести“. Цитирам дајректли фром Бихаќка … Па добро, сериозни ли сте?! Секој што повнимателно ќе ги погледне објавените божемни „документи“, што ги штанца фабриката на СДСМ за лажни вести, лесно ќе сфати дека станува збор за класична измислица, пишува Героски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-objavuva-lazhni-dokumenti-vmro-dpmne-najavuva-tuzhba-za-kleveta/

Црна е бојата на кампањата на СДСМ.

Црна ќе биде и судбината на оваа екипа на Бихаќка.

Така ќе биде, другарчиња од СДСМ.

Жал ми е, но тоа сè уште е само добрата вест. Имам и лоши вести за вас. Но, за тоа во некоја друга (не)прилика …, пишува тој.

Целата колумна на „Плусинфо

The post Героски: Црна е кампањата на СДСМ, црна ќе биде и судбината на оваа екипа на Бихаќка appeared first on Република.

]]>

Другарчиња од СДСМ, тажно е да се гледа како заглибувате во калта на нови лаги и комични манипулации, им порача уредникот Бранко Героски во последната колумна на „Плусинфо“.
После цели седум години неработење, ништо паметно не можете да смислите? После седум години распродавање на македонските национални интереси, вие сериозно мислите да се вадите на овие фејковачи? Тоа е вашата „европска“ иди нина?! Чуму ви е лагата дека постоел некаков „оперативен план подготвен од Републичкиот изборен штаб на ДПМНЕ на 05.12.2023 година за пласирање на лажни анкети за рејтинзите на партиите и за политичарите, а објавени на МТВ, но и за други активности како пласирање лажни вести“. Цитирам дајректли фром Бихаќка … Па добро, сериозни ли сте?! Секој што повнимателно ќе ги погледне објавените божемни „документи“, што ги штанца фабриката на СДСМ за лажни вести, лесно ќе сфати дека станува збор за класична измислица, пишува Героски.
https://republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-objavuva-lazhni-dokumenti-vmro-dpmne-najavuva-tuzhba-za-kleveta/ Црна е бојата на кампањата на СДСМ. Црна ќе биде и судбината на оваа екипа на Бихаќка. Така ќе биде, другарчиња од СДСМ. Жал ми е, но тоа сè уште е само добрата вест. Имам и лоши вести за вас. Но, за тоа во некоја друга (не)прилика …, пишува тој. Целата колумна на „Плусинфо

The post Героски: Црна е кампањата на СДСМ, црна ќе биде и судбината на оваа екипа на Бихаќка appeared first on Република.

]]>
Путин го потпиша Законот за конфискација на имот за лажни вести за армијата https://republika.mk/vesti/svet/putin-go-potpisha-zakonot-za-konfiskatsija-na-imot-za-lazhni-vesti-za-armijata/ Wed, 14 Feb 2024 09:48:08 +0000 https://republika.mk/?p=743970

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша Федералниот закон за конфискација на имот за лажни вести за армијата, кој беше објавен на официјалната веб-страница со правни документи.

Во тек се измени на Кривичниот законик и Законот за кривична постапка, пренесуваат руските медиуми.

На 7 февруари, Советот на Федерацијата, Горниот дом на рускиот Парламент, усвои Закон со кој се конфискува имотот на осудените за ширење лажни информации за вооружените сили на Руската Федерација и повикување на активности насочени кон поткопување на интегритетот и безбедноста на Русија.

Во образложението се наведува дека во документот се воведува механизам за конфискација на пари, вредни предмети и друг имот за ширење лажни вести за руската армија, како и ако тој имот се користи за финансирање на криминал и какви било други активности насочени против државната безбедност.

Државната дума, Долниот дом на рускиот Парламент, го усвои овој Закон на 31 јануари.

Според руските закони донесени минатиот март, дискредитирањето на вооружените сили или ширењето лажни информации за војската се казнува со долги затворски казни.

Извор: МИА

The post Путин го потпиша Законот за конфискација на имот за лажни вести за армијата appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша Федералниот закон за конфискација на имот за лажни вести за армијата, кој беше објавен на официјалната веб-страница со правни документи. Во тек се измени на Кривичниот законик и Законот за кривична постапка, пренесуваат руските медиуми. На 7 февруари, Советот на Федерацијата, Горниот дом на рускиот Парламент, усвои Закон со кој се конфискува имотот на осудените за ширење лажни информации за вооружените сили на Руската Федерација и повикување на активности насочени кон поткопување на интегритетот и безбедноста на Русија. Во образложението се наведува дека во документот се воведува механизам за конфискација на пари, вредни предмети и друг имот за ширење лажни вести за руската армија, како и ако тој имот се користи за финансирање на криминал и какви било други активности насочени против државната безбедност. Државната дума, Долниот дом на рускиот Парламент, го усвои овој Закон на 31 јануари. Според руските закони донесени минатиот март, дискредитирањето на вооружените сили или ширењето лажни информации за војската се казнува со долги затворски казни. Извор: МИА

The post Путин го потпиша Законот за конфискација на имот за лажни вести за армијата appeared first on Република.

]]>
Маглата на војната ја замагли вистината: Дезинформациите за конфликтот меѓу Израел и Хамас ги преплавуваат социјалните мрежи https://republika.mk/vesti/svet/maglata-na-vojnata-ja-zamagli-vistinata-dezinformatsiite-za-konfliktot-megu-izrael-i-hamas-gi-preplavuvaat-sotsijalnite-mrezhi/ Sun, 22 Oct 2023 07:53:36 +0000 https://republika.mk/?p=693797

Откако борците на Хамас го нападнаа Израел на 7 октомври, поплава од видеа и фотографии кои наводно го покажуваат конфликтот ги преполнија социјалните мрежи, што го отежнува одвојувањето на фактите од фикцијата.

Агенцијата Асошиејтед Прес (АП) прави анализа на објавите на социјалните мрежи законфликтот во која се вели дека иако се појавија многу вистински слики и извештаи за масакрот, тие беа измешани со оние кои даваат лажни тврдења на корисниците и погрешно прикажуваат видеа од други настани како од Газа.

Меѓу измислиците, корисниците споделија лажни тврдења дека главниот командант на Израел бил киднапиран, циркулираше лажно видео имитирајќи извештај на Би-Би-Си и туркаа стари и неповрзани клипови на рускиот претседател Владимир Путин со неточни англиски преводи.

Некои од дезинформациите што се шират на интернет и фактите што ги утврди агенцијата АП:

Тврдење: Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган се закани дека ќе интервенира во војната меѓу Израел и Хамас.

ФАКТИ: Тој никогаш не го кажа тоа.

Тврдење: Израелската војска потврди во објава на арапски јазик на социјалните мрежи дека бомбардирала болница во Газа на 17 октомври.

ФАКТИ: Таква најава не постои.

Тврдење: Снимка од емирот на Катар кој се заканува дека ќе го прекине снабдувањето со природен гас во светот доколку Израел не престане да ја бомбардира Газа.

ФАКТИ: Видеото е од пред шест години, а емирот, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани, не кажува тоа што му се припишува.

Тврдење: Видео прикажува извештај на Би-Би-Си њуз кој потврдува дека Украина му дала оружје на Хамас.

ФАКТИ: Содржината на видеото е измислена, а снимката е создадена со злоупотреба на логото на Би-Би-Си.

Тврдење: Момче лежи во голема локва крв за време на војната Израел-Хамас.

ФАКТИ: Станува збор за видео на млад актер од снимањето на краткиот филм „Empty Place“ за историјата на Ахмад Манасра, Палестинец уапсен на 13 години во 2015 година.

Тврдење: Нимрод Алони, највисокиот генерал во израелската армија, заробен е од Хамас на 7 октомври во близина на Појасот Газа.

ФАКТИ: Неточно. Алони беше виден на 8 октомври на состанок на највисоките израелски воени претставници.

Тврдење: Снимка од борците на Хамас како со падобран слетуваат на спортско игралиште пред да ги нападнат израелските граѓани на 7 октомври.

ФАКТИ: Иако Хамас користеше параглајдери за да префрли некои борци преку границата меѓу Газа и јужен Израел, видеото од спортското игралиште покажува падобранци во Каиро, Египет, во септември оваа година.

Тврдење: Две видеа покажуваат дека рускиот претседател Владимир Путин ги предупредува САД да се „држат настрана“ од најновата војна меѓу Израел и Хамас.

ФАКТИ: Двете видеа се од пред неколку месеци. Путин зборува за војната меѓу Русија и Украина, а не за војната во Израел. Неговата изјава е изменета во преводот на англиски јазик.

АП ќе продолжи да се занимава со широко распространети дезинформации, вклучително и соработка со компании и организации за да додаде фактички контекст на погрешните содржини што циркулираат на интернет.

The post Маглата на војната ја замагли вистината: Дезинформациите за конфликтот меѓу Израел и Хамас ги преплавуваат социјалните мрежи appeared first on Република.

]]>

Откако борците на Хамас го нападнаа Израел на 7 октомври, поплава од видеа и фотографии кои наводно го покажуваат конфликтот ги преполнија социјалните мрежи, што го отежнува одвојувањето на фактите од фикцијата. Агенцијата Асошиејтед Прес (АП) прави анализа на објавите на социјалните мрежи законфликтот во која се вели дека иако се појавија многу вистински слики и извештаи за масакрот, тие беа измешани со оние кои даваат лажни тврдења на корисниците и погрешно прикажуваат видеа од други настани како од Газа. Меѓу измислиците, корисниците споделија лажни тврдења дека главниот командант на Израел бил киднапиран, циркулираше лажно видео имитирајќи извештај на Би-Би-Си и туркаа стари и неповрзани клипови на рускиот претседател Владимир Путин со неточни англиски преводи. Некои од дезинформациите што се шират на интернет и фактите што ги утврди агенцијата АП: Тврдење: Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган се закани дека ќе интервенира во војната меѓу Израел и Хамас. ФАКТИ: Тој никогаш не го кажа тоа. Тврдење: Израелската војска потврди во објава на арапски јазик на социјалните мрежи дека бомбардирала болница во Газа на 17 октомври. ФАКТИ: Таква најава не постои. Тврдење: Снимка од емирот на Катар кој се заканува дека ќе го прекине снабдувањето со природен гас во светот доколку Израел не престане да ја бомбардира Газа. ФАКТИ: Видеото е од пред шест години, а емирот, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани, не кажува тоа што му се припишува. Тврдење: Видео прикажува извештај на Би-Би-Си њуз кој потврдува дека Украина му дала оружје на Хамас. ФАКТИ: Содржината на видеото е измислена, а снимката е создадена со злоупотреба на логото на Би-Би-Си. Тврдење: Момче лежи во голема локва крв за време на војната Израел-Хамас. ФАКТИ: Станува збор за видео на млад актер од снимањето на краткиот филм „Empty Place“ за историјата на Ахмад Манасра, Палестинец уапсен на 13 години во 2015 година. Тврдење: Нимрод Алони, највисокиот генерал во израелската армија, заробен е од Хамас на 7 октомври во близина на Појасот Газа. ФАКТИ: Неточно. Алони беше виден на 8 октомври на состанок на највисоките израелски воени претставници. Тврдење: Снимка од борците на Хамас како со падобран слетуваат на спортско игралиште пред да ги нападнат израелските граѓани на 7 октомври. ФАКТИ: Иако Хамас користеше параглајдери за да префрли некои борци преку границата меѓу Газа и јужен Израел, видеото од спортското игралиште покажува падобранци во Каиро, Египет, во септември оваа година. Тврдење: Две видеа покажуваат дека рускиот претседател Владимир Путин ги предупредува САД да се „држат настрана“ од најновата војна меѓу Израел и Хамас. ФАКТИ: Двете видеа се од пред неколку месеци. Путин зборува за војната меѓу Русија и Украина, а не за војната во Израел. Неговата изјава е изменета во преводот на англиски јазик. АП ќе продолжи да се занимава со широко распространети дезинформации, вклучително и соработка со компании и организации за да додаде фактички контекст на погрешните содржини што циркулираат на интернет.

The post Маглата на војната ја замагли вистината: Дезинформациите за конфликтот меѓу Израел и Хамас ги преплавуваат социјалните мрежи appeared first on Република.

]]>
Дали Славјанка Петровска барем ќе се извини што кажуваше лажни инсинуации во јавноста за т.н. случај „Делчевски ниви“ за да го „оцрни“ Мицкоски? https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-slavjanka-petrovska-barem-ke-se-izvini-shto-kazhuvashe-lazhni-insinuatsii-vo-javnosta-za-t-n-sluchaj-delchevski-nivi-za-da-go-otsrni-mitskoski/ Sat, 21 Oct 2023 08:26:23 +0000 https://republika.mk/?p=693514

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, во 2021 година храбро изнесуваше инсинуации, лаги и невистини во јавноста во врска со т.н. случај „Делчевски ниви“ којшто властите го креираа да го нарушат кредибилитетот на ВМРО-ДПМНЕ и директно угледот и интегритетот на претседателот на партијата, Христијан Мицкоски.

Ширењето лажни вести и невистини за наводни притисоци кон пратеникот беше всушност одбрана на криминал. Јавно прашаме дали во овој скандал на нелегално финансирање се вмешани лица блиски до Христијан Мицкоски? Дали меѓу тие лица се и членови на обезбедувањето на Мицкоски и функционери на ВМРО-ДПМНЕ? Очекуваме одговори и од Мицкоски: каква е неговата поврзаност со овој скандал“, изјави на прес конференција од пред штабот на Бихачка, високиот партиски функционер на СДСМ, Славјанка Петровска.

Сега откако надлежните органи го отфрлија овој случај поради тоа што нема никакви докази за сторен криминал, прашањето е дали поради ширењето на лаги и невистини Славјанка Петровска ќе се извини на ВМРО-ДПМНЕ, на претседателот Мицкоски како и на целокупната македонска јавност што потхранета со пропагандата на провладините медиуми сакаше да внесе заблуда во државата додека владата во која таа е еден од најистурените членови ја турка Македонија се подлабоко во калта на сиромаштија, несигурност и криминал и корупција.

The post Дали Славјанка Петровска барем ќе се извини што кажуваше лажни инсинуации во јавноста за т.н. случај „Делчевски ниви“ за да го „оцрни“ Мицкоски? appeared first on Република.

Џифонци ќе учат и како да се препознаат лажните вести, светска премиера на босанскиот краток филм „Јан“ https://republika.mk/vesti/kultura/dhifontsi-ke-uchat-i-kako-da-se-prepoznaat-lazhnite-vesti-svetska-premiera-na-bosanskiot-kratok-film-jan/ Sun, 08 Oct 2023 10:32:26 +0000 https://republika.mk/?p=689178

Како да ги препознаеме лажните вести – со свое предавање денеска во 17 часот, претставници на организацијата „Метаморфозис“ од Скопје ќе се обидат да им помогнат на младите да ја подобрат својата медиумска писменост. Денес на „Џифони Македонија“ сениорите ќе го гледаат украинскиот филм Лист, камен, граната“, кај кадетите е на програмата италијанскиот „Својствата на металите“, а јуниорите ќе го гледаат холандскиот филм „Ромаиса, суперхероината од Ротердам“. Следи и проекција на втората група кратки филмови кои се натпреваруваат за една од трите награди за „најдобар ЕПИК краток филм“.
На попладневната програма која е отворена за пошироката публика денеска во киното Фросина во 17:45 часот ќе се одржи и светска премиера на краткиот филм „Јан“ на Кенан Мусиќ, по што ќе следи средба со режисерот и дел од актерската екипа. Станува збор за филм за пријателство и љубов, во момент во животот кога на импулсите и на промените не може да им се одолее. Брутално искрена врска во брутална средина, што не прифаќа искрени емоции и не разбира дека понекогаш разумот не е најважната работа. Влезот е слободен.
Богат трет ден имаа учесниците на фестивалот вчера. Имаа можност да го проследат краткиот хорор филм „Лубеница“ на Мартин Чичовски и Оливера Каменарова, по што следуваа лавина прашања. Младите му честитаа на Чичовски за филмот, кој објасни дека за филмот веќе има интерес за негова американска продукција и дека ќе добие всушност нова верзија.
-Хоророт е возбудлива форма. Секој филм има свој јазик и гледачот треба да си најде свое толкување. Филмот го спремавме два месеца, им благодарам на сите што ни помогнаа, снимавме во Марков манастир покрај реката и беше одлично искуство. Многу е убаво кога работите со ваши пријатели со кои лесно се разбирате. Со Оливера се познаваме со години и иако сме многу различни, кога работиме филм, ние сме на иста бранова должина – рече Чичовски и им порача на младите дека на „Џифони“ сѐ е можно, а потсети и дека многу работи за филмот ги научил токму на фестивалот.
Во рамките на програмата „ЕПИК разговори“, дел од проектот ЕПИК, се одржа пане дискусија со претставници на фестивали од регионот посветени на младите филмски креативци - Омладински филмски фестивал од Босна и Херцеговина, „Филмарт“ со фестивалот „Интеракција“ од Србија и Олимпија филм фестивал од Грција. Дискусијата беше фокусирана на филмот кој во рацете на младите креативни луѓе може да послужи како алатка што ќе го подобри светот. Сите учесници се согласија дека филмот е многу важен медиум што може да ги поврзе младите и ги охрабрија џифонци да се впуштат во реализација на своите идеи, да ги срочат своите мисли во видео форма и да ги испратат своите остварувања на фестивалите во регионот, кои можат и да им помогнат во тој потфат, бидејќи поддржуваат и развој на сценарио, на претпродукција и слично.

Слаѓана Петровиќ-Варагиќ од Србија го претстави фестивалот Interaction кој е резултат на долгогодишното искуство на здружението „Филмарт“ во едукација и продукција на кратки документарни филмови од млади автори. Тие организираат работилница во август, на која годинава учествуваа и млади од Македонија. Таа истакна дека го избрале документарниот филм како многу силен медиум за да се раскаже приказна, чини многу поевтино од играниот филм и така може повеќе млади да се охрабрат, особено на Балканот, да снимаат.
-Ние ангажираме млада публика од помали места, а доаѓаат луѓе од цел свет и тоа е многу интересно искуство за децата од регионот, бидејќи имаат можност да разговараат со гостите и да дознаат повеќе за нивната работа.
Ирене Зеза го претстави Олимпија филм фестивал, што веќе 26 години се одржува во Пиргос, Грција
-Секој декември имаме фестивал на филмови за деца и млади од професионалци, а имаме и дел направен за деца од цел свет. Имаме работилници, мастеркласи, обуки за наставници. Нашиот фестивал се одржува во мало место и цела недела кога се случува, насекаде има деца, млади, со камери во раце. Таа глетка е преубава – вели Зеза.
За Омладински филмски фестивал од Сараево зборуваа Мирза Чустовиќ и Кенан Мусиќ.
-На Омладински фестивал прикажуваме филмови на млади автори. Има три начини да учествувате, со ваш филм, со идеја и да добиете соработка со нашите партнери. Филмот како медиум сѐ уште не добива доволно признание од општествата и од филмските центри. Во последните години поддршката е сѐ помала и затоа ваквото поврзување како во Проектот ЕПИК е многу важно и корисно за сите нас. Видеото и филмот се форма на уметнички израз која најбргу допира до публиката, особена младата публика. Охрабрете се да ги исораќате своите остварувања или идеи на разни фестивали, оти тоа е многу важно – вели Мусиќ, кој истакна дека бил на „Џифони Италија“ во 2013 година и смета дека како концепт, тоа е најубавиот филмски фестивал што некогаш е направен.
Веднаш по дискусиите следуваше омилената традиционална меѓународна вечер на која младите се забавуваа, дознаваа за културата на секоја земја, на свој автентичен начин, и се насладија со вкусовите на гастрономските специјалитети на сите земји учеснички.

The post Џифонци ќе учат и како да се препознаат лажните вести, светска премиера на босанскиот краток филм „Јан“ appeared first on Република.

]]>

Како да ги препознаеме лажните вести – со свое предавање денеска во 17 часот, претставници на организацијата „Метаморфозис“ од Скопје ќе се обидат да им помогнат на младите да ја подобрат својата медиумска писменост. Денес на „Џифони Македонија“ сениорите ќе го гледаат украинскиот филм Лист, камен, граната“, кај кадетите е на програмата италијанскиот „Својствата на металите“, а јуниорите ќе го гледаат холандскиот филм „Ромаиса, суперхероината од Ротердам“. Следи и проекција на втората група кратки филмови кои се натпреваруваат за една од трите награди за „најдобар ЕПИК краток филм“. На попладневната програма која е отворена за пошироката публика денеска во киното Фросина во 17:45 часот ќе се одржи и светска премиера на краткиот филм „Јан“ на Кенан Мусиќ, по што ќе следи средба со режисерот и дел од актерската екипа. Станува збор за филм за пријателство и љубов, во момент во животот кога на импулсите и на промените не може да им се одолее. Брутално искрена врска во брутална средина, што не прифаќа искрени емоции и не разбира дека понекогаш разумот не е најважната работа. Влезот е слободен. Богат трет ден имаа учесниците на фестивалот вчера. Имаа можност да го проследат краткиот хорор филм „Лубеница“ на Мартин Чичовски и Оливера Каменарова, по што следуваа лавина прашања. Младите му честитаа на Чичовски за филмот, кој објасни дека за филмот веќе има интерес за негова американска продукција и дека ќе добие всушност нова верзија. -Хоророт е возбудлива форма. Секој филм има свој јазик и гледачот треба да си најде свое толкување. Филмот го спремавме два месеца, им благодарам на сите што ни помогнаа, снимавме во Марков манастир покрај реката и беше одлично искуство. Многу е убаво кога работите со ваши пријатели со кои лесно се разбирате. Со Оливера се познаваме со години и иако сме многу различни, кога работиме филм, ние сме на иста бранова должина – рече Чичовски и им порача на младите дека на „Џифони“ сѐ е можно, а потсети и дека многу работи за филмот ги научил токму на фестивалот. Во рамките на програмата „ЕПИК разговори“, дел од проектот ЕПИК, се одржа пане дискусија со претставници на фестивали од регионот посветени на младите филмски креативци - Омладински филмски фестивал од Босна и Херцеговина, „Филмарт“ со фестивалот „Интеракција“ од Србија и Олимпија филм фестивал од Грција. Дискусијата беше фокусирана на филмот кој во рацете на младите креативни луѓе може да послужи како алатка што ќе го подобри светот. Сите учесници се согласија дека филмот е многу важен медиум што може да ги поврзе младите и ги охрабрија џифонци да се впуштат во реализација на своите идеи, да ги срочат своите мисли во видео форма и да ги испратат своите остварувања на фестивалите во регионот, кои можат и да им помогнат во тој потфат, бидејќи поддржуваат и развој на сценарио, на претпродукција и слично. Слаѓана Петровиќ-Варагиќ од Србија го претстави фестивалот Interaction кој е резултат на долгогодишното искуство на здружението „Филмарт“ во едукација и продукција на кратки документарни филмови од млади автори. Тие организираат работилница во август, на која годинава учествуваа и млади од Македонија. Таа истакна дека го избрале документарниот филм како многу силен медиум за да се раскаже приказна, чини многу поевтино од играниот филм и така може повеќе млади да се охрабрат, особено на Балканот, да снимаат. -Ние ангажираме млада публика од помали места, а доаѓаат луѓе од цел свет и тоа е многу интересно искуство за децата од регионот, бидејќи имаат можност да разговараат со гостите и да дознаат повеќе за нивната работа. Ирене Зеза го претстави Олимпија филм фестивал, што веќе 26 години се одржува во Пиргос, Грција -Секој декември имаме фестивал на филмови за деца и млади од професионалци, а имаме и дел направен за деца од цел свет. Имаме работилници, мастеркласи, обуки за наставници. Нашиот фестивал се одржува во мало место и цела недела кога се случува, насекаде има деца, млади, со камери во раце. Таа глетка е преубава – вели Зеза. За Омладински филмски фестивал од Сараево зборуваа Мирза Чустовиќ и Кенан Мусиќ. -На Омладински фестивал прикажуваме филмови на млади автори. Има три начини да учествувате, со ваш филм, со идеја и да добиете соработка со нашите партнери. Филмот како медиум сѐ уште не добива доволно признание од општествата и од филмските центри. Во последните години поддршката е сѐ помала и затоа ваквото поврзување како во Проектот ЕПИК е многу важно и корисно за сите нас. Видеото и филмот се форма на уметнички израз која најбргу допира до публиката, особена младата публика. Охрабрете се да ги исораќате своите остварувања или идеи на разни фестивали, оти тоа е многу важно – вели Мусиќ, кој истакна дека бил на „Џифони Италија“ во 2013 година и смета дека како концепт, тоа е најубавиот филмски фестивал што некогаш е направен. Веднаш по дискусиите следуваше омилената традиционална меѓународна вечер на која младите се забавуваа, дознаваа за културата на секоја земја, на свој автентичен начин, и се насладија со вкусовите на гастрономските специјалитети на сите земји учеснички.  

The post Џифонци ќе учат и како да се препознаат лажните вести, светска премиера на босанскиот краток филм „Јан“ appeared first on Република.

]]>
И со пресуда докажано дека СДСМ ширеше лажни вести за Мицкоски во случајот со Пречистителната станица https://republika.mk/vesti/makedonija/i-so-presuda-dokazhano-deka-sdsm-shireshe-lazhni-vesti-za-mitskoski-vo-sluchajot-so-prechistitelnata-stanitsa/ Fri, 22 Sep 2023 07:08:59 +0000 https://republika.mk/?p=683986

СДС клеветничка, докажана и осудена дека ширеше лажни вести за претседателот Мицкоски во случајот со Пречистителната станица во Скопје, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-dobi-na-sud-sdsm-povtorno-osudena-za-kleveti-i-shirene-lazhni-vesti/

СДС и нивните апологети половина година шират лажни вести, и го клеветеа претседателот Мицкоски во врска со проектот за пречистителна станица во Скопје. СДС лажеа и фингираа.

Дури и судот под контрола на власта не може да ги игнорира ноторните факти и мораше да пресуди на страна на правдата која е повеќе од очигледна.

СДС преку партиски соопштенија половина година ги труеше граѓаните со лаги. Сите манипулации излегоа на виделина, никој повеќе не верува во СДС, се вели во соопштението од партијата.

The post И со пресуда докажано дека СДСМ ширеше лажни вести за Мицкоски во случајот со Пречистителната станица appeared first on Република.

]]>

СДС клеветничка, докажана и осудена дека ширеше лажни вести за претседателот Мицкоски во случајот со Пречистителната станица во Скопје, велат од ВМРО-ДПМНЕ. https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-dobi-na-sud-sdsm-povtorno-osudena-za-kleveti-i-shirene-lazhni-vesti/
СДС и нивните апологети половина година шират лажни вести, и го клеветеа претседателот Мицкоски во врска со проектот за пречистителна станица во Скопје. СДС лажеа и фингираа. Дури и судот под контрола на власта не може да ги игнорира ноторните факти и мораше да пресуди на страна на правдата која е повеќе од очигледна. СДС преку партиски соопштенија половина година ги труеше граѓаните со лаги. Сите манипулации излегоа на виделина, никој повеќе не верува во СДС, се вели во соопштението од партијата.

The post И со пресуда докажано дека СДСМ ширеше лажни вести за Мицкоски во случајот со Пречистителната станица appeared first on Република.

]]>
Шенол Мемиш: Џабир Дерала е срам и резил за македонското новинарство! https://republika.mk/vesti/makedonija/shenol-memish-dhabir-derala-e-sram-i-rezil-za-makedonskoto-novinarstvo/ Sun, 27 Aug 2023 12:29:39 +0000 https://republika.mk/?p=676311

Музичарот, новинар и фоторепортер со 20 годишно искуство во повеќе македонски печатени и електронски медиуми, и основач и претседател на Македонско-турското здружение “Мустафа Кемал Ататурк“ - Битола, Шенол Мемиш на социјалните мрежи за лажните вести на Џабир Дерала коментираше:

Џабир Дерала е срам и резил за македонското новинарство! 50 портали има отворено со лажни вести сите финансирани од „пријатели“ од ЕУ.

Коментарот на Мемиш е на веста на „Република“ под наслов „Новинарската фела се крена во врска со скандалозното откривање на злонамерните „Fake news“ на Џабир Дерала и „Фронтлајн“

https://republika.mk/vesti/makedonija/novinarskata-fela-se-krena-vo-vrska-so-skandaloznoto-otkrivane-na-zlonamernite-fake-news-na-dhabir-derala-i-frontlajn/

The post Шенол Мемиш: Џабир Дерала е срам и резил за македонското новинарство! appeared first on Република.

]]>

Музичарот, новинар и фоторепортер со 20 годишно искуство во повеќе македонски печатени и електронски медиуми, и основач и претседател на Македонско-турското здружение “Мустафа Кемал Ататурк“ - Битола, Шенол Мемиш на социјалните мрежи за лажните вести на Џабир Дерала коментираше:
Џабир Дерала е срам и резил за македонското новинарство! 50 портали има отворено со лажни вести сите финансирани од „пријатели“ од ЕУ.
Коментарот на Мемиш е на веста на „Република“ под наслов „Новинарската фела се крена во врска со скандалозното откривање на злонамерните „Fake news“ на Џабир Дерала и „Фронтлајн“   https://republika.mk/vesti/makedonija/novinarskata-fela-se-krena-vo-vrska-so-skandaloznoto-otkrivane-na-zlonamernite-fake-news-na-dhabir-derala-i-frontlajn/    

The post Шенол Мемиш: Џабир Дерала е срам и резил за македонското новинарство! appeared first on Република.

]]>
Новинарската фела се крена во врска со скандалозното откривање на злонамерните „Fake News“ на Џабир Дерала и „Фронтлајн“ https://republika.mk/vesti/makedonija/novinarskata-fela-se-krena-vo-vrska-so-skandaloznoto-otkrivane-na-zlonamernite-fake-news-na-dhabir-derala-i-frontlajn/ Sat, 26 Aug 2023 17:14:22 +0000 https://republika.mk/?p=676146

Фатени на дело, ама никако да признат „борците за слобода“ кои за пари шират лажни вести. По скандалозното откривање дека провладиниот медиум односно негов сопственик Џабир Дерала,  спонзорирал на фејсбук монтирано лажно видео за уривање на угледот на потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ и партијата, рекламирањето заврши експресно. Но, не завршија острите реакции од новинарите, заради постојаните ветувања на власта за борба со лажни вести, која всушност самата ја практикува, анализира ТВ „Алфа“.

Уредникот на емисијата, Јовица Пауновски, во којашто гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Николоски, и од каде што се сечени, лепени и монтирани делови од разговорот, напиша дека видеото кое е извадено од неговото интервју е лажно и монтирано.

„Како уредник и водител на емисијата, чувствувам одговорност да потенцирам дека станува збор за МОНТИРАНО И ЛАЖНО видео. Гостинот во емисијата не ги искажа овие ставови! Жално е што поединци го уништуваат новинарството во слуга на партијата, а во јавноста се претставуваат како борци за лажни вести“, напиша Пауновски.

Здружението на новинарите го осудуваат секое пласирање на лажни вести. Велат дека во ерата на дезинформации и штетни вести во Македонија, генерално предничат партиските експоненти и на ова сме биле сведоци и во минатото, но и сега, а тоа обично се случува кога во земјата растат политичките тензии.

Така беше и кога се гласаше Преспанскиот договор, потоа кога земјата пристапуваше кон НАТО, а гледаме дека и сега има таква тенденција. Укажуваме дека етикетирање на личности и ширење на дезинформации за политичкиот противник, од една, втора или трета страна, сериозно наштетува на политичката клима, но може уште повеќе да наштети на професионалниот интегритет и углед на новинарите, а со тоа да придонесе за намалување на довербата на јавноста во медиумите, велат од ЗНМ за „Алфа“.

Ги нема никаде т.н. факт-чекинг организации или проверувачи на факти, кои инаку се многу гласни кога се работи за „плукање“ по критичарите на власта.

Во монтираното видео на Дерала се слуша како Николоски зборува за тоа дека тој лично и неговата партија ВМРО-ДПМНЕ се против ЕУ, а во реалноста, Николоски го кажува токму спротивното.

Ако се користи алатката за транспарентност на Фејсбук ќе се види дека зад телефонскиот број преку кој е направен профилот стои порталот фронтлајн.мк, дел од групацијата Цивил на Џабир Дерала.

Од фронтлајн.мк вчера се правдаа, дека нивниот телефонски број бил злоупотребен со тенденциозни и манипулативни цели за да се наруши нивниот углед и кредибилитет. Секому што и малку разбира како се спонзорираат објави на оваа социјална мрежа, му е јасно дека ова е невозможно.

Дека проблемот со ширење лажни вести е сериозен реагираше и новинарот, Кристијан Ландов.

„Ова не е зезанција туку сериозен скандал. Наскоро ќе се објасниме зошто. И да, глупости као “Некој го злоупотребил бројот” не проаѓаат. За да можеш да спонзорираш политички објави, мора да со верифициран со телефонски број“, напиша новинарот.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски, пак, преку Фејсбук реагира дека „и дното било пробиено зашто се спонзираат вакви лажни вести.

„Се надевам после ова сериозно ќе размислат нивните донатори, пред се, од европските земји и останатите кои го финансираат дали треба да продолжат да финансираат создавачи на лажни вести со цел политички поени за СДСМ и ДУИ! Кој „борец против лажни вести“ спонзорира лажни вести на Фејсбук“, прашува Николовски во постот.

И додека Дерала сам себе се демантира, со кратка проверка Фесјбук профилите „Мицко кочи“ и „Политиканти“ како нарачатели на рекламирањето, а кои се врзани со телефонскиот број на „Фронтлајн“, може да се види дека се одлеале илјадници евра за пропаганда против опозицијата со лажни вести и оцрнување на оние кои се противат на бугарските барања и уставните измени.

Инаку порталот „Фронтлајн.мк“ е дел од групација Шорткат каде влегуваат повеќе интернет страници.

https://republika.mk/vesti/makedonija/bogdan-ilievski-dhabir-i-frontlajn-gi-prekinaa-tsrnite-kampani-za-lazhnoto-video-protiv-vmro-dpmne/

The post Новинарската фела се крена во врска со скандалозното откривање на злонамерните „Fake News“ на Џабир Дерала и „Фронтлајн“ appeared first on Република.

]]>

Фатени на дело, ама никако да признат „борците за слобода“ кои за пари шират лажни вести. По скандалозното откривање дека провладиниот медиум односно негов сопственик Џабир Дерала,  спонзорирал на фејсбук монтирано лажно видео за уривање на угледот на потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ и партијата, рекламирањето заврши експресно. Но, не завршија острите реакции од новинарите, заради постојаните ветувања на власта за борба со лажни вести, која всушност самата ја практикува, анализира ТВ „Алфа“. Уредникот на емисијата, Јовица Пауновски, во којашто гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Николоски, и од каде што се сечени, лепени и монтирани делови од разговорот, напиша дека видеото кое е извадено од неговото интервју е лажно и монтирано.
„Како уредник и водител на емисијата, чувствувам одговорност да потенцирам дека станува збор за МОНТИРАНО И ЛАЖНО видео. Гостинот во емисијата не ги искажа овие ставови! Жално е што поединци го уништуваат новинарството во слуга на партијата, а во јавноста се претставуваат како борци за лажни вести“, напиша Пауновски.
Здружението на новинарите го осудуваат секое пласирање на лажни вести. Велат дека во ерата на дезинформации и штетни вести во Македонија, генерално предничат партиските експоненти и на ова сме биле сведоци и во минатото, но и сега, а тоа обично се случува кога во земјата растат политичките тензии.
Така беше и кога се гласаше Преспанскиот договор, потоа кога земјата пристапуваше кон НАТО, а гледаме дека и сега има таква тенденција. Укажуваме дека етикетирање на личности и ширење на дезинформации за политичкиот противник, од една, втора или трета страна, сериозно наштетува на политичката клима, но може уште повеќе да наштети на професионалниот интегритет и углед на новинарите, а со тоа да придонесе за намалување на довербата на јавноста во медиумите, велат од ЗНМ за „Алфа“.
Ги нема никаде т.н. факт-чекинг организации или проверувачи на факти, кои инаку се многу гласни кога се работи за „плукање“ по критичарите на власта. Во монтираното видео на Дерала се слуша како Николоски зборува за тоа дека тој лично и неговата партија ВМРО-ДПМНЕ се против ЕУ, а во реалноста, Николоски го кажува токму спротивното.
Ако се користи алатката за транспарентност на Фејсбук ќе се види дека зад телефонскиот број преку кој е направен профилот стои порталот фронтлајн.мк, дел од групацијата Цивил на Џабир Дерала.
Од фронтлајн.мк вчера се правдаа, дека нивниот телефонски број бил злоупотребен со тенденциозни и манипулативни цели за да се наруши нивниот углед и кредибилитет. Секому што и малку разбира како се спонзорираат објави на оваа социјална мрежа, му е јасно дека ова е невозможно. Дека проблемот со ширење лажни вести е сериозен реагираше и новинарот, Кристијан Ландов.
„Ова не е зезанција туку сериозен скандал. Наскоро ќе се објасниме зошто. И да, глупости као “Некој го злоупотребил бројот” не проаѓаат. За да можеш да спонзорираш политички објави, мора да со верифициран со телефонски број“, напиша новинарот.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски, пак, преку Фејсбук реагира дека „и дното било пробиено зашто се спонзираат вакви лажни вести.
„Се надевам после ова сериозно ќе размислат нивните донатори, пред се, од европските земји и останатите кои го финансираат дали треба да продолжат да финансираат создавачи на лажни вести со цел политички поени за СДСМ и ДУИ! Кој „борец против лажни вести“ спонзорира лажни вести на Фејсбук“, прашува Николовски во постот.
И додека Дерала сам себе се демантира, со кратка проверка Фесјбук профилите „Мицко кочи“ и „Политиканти“ како нарачатели на рекламирањето, а кои се врзани со телефонскиот број на „Фронтлајн“, може да се види дека се одлеале илјадници евра за пропаганда против опозицијата со лажни вести и оцрнување на оние кои се противат на бугарските барања и уставните измени. Инаку порталот „Фронтлајн.мк“ е дел од групација Шорткат каде влегуваат повеќе интернет страници. https://republika.mk/vesti/makedonija/bogdan-ilievski-dhabir-i-frontlajn-gi-prekinaa-tsrnite-kampani-za-lazhnoto-video-protiv-vmro-dpmne/

The post Новинарската фела се крена во врска со скандалозното откривање на злонамерните „Fake News“ на Џабир Дерала и „Фронтлајн“ appeared first on Република.

]]>
Знае ли ЕУ дека Џабир Дерала кој зема европски пари, спонзорира лажни вести против Николоски од ВМРО ДПМНЕ? https://republika.mk/vesti/makedonija/znae-li-eu-deka-dhabir-derala-koj-zema-evropski-pari-sponzorira-lazhni-vesti-protiv-nikoloski-od-vmro-dpmne/ Thu, 24 Aug 2023 17:22:43 +0000 https://republika.mk/?p=675502

Кој „борец против лажни вести“ спонзорира лажни вести на Фејсбук?

1. Ми се појавува спонзорирано клипче со манипулирана/фалсификувана изјава на Александар Николоски
2. Кликам да видам кој спонзорира, има телефонски број
3. Го внесувам телефонскиот број на вајбер за да видам дали има некој поврзан со тој број, а потпишан на Вајбер
4. Резултатот го имате во видеото, објави Богдан Илиевски.

The post Знае ли ЕУ дека Џабир Дерала кој зема европски пари, спонзорира лажни вести против Николоски од ВМРО ДПМНЕ? appeared first on Република.

]]>

Кој „борец против лажни вести“ спонзорира лажни вести на Фејсбук?
1. Ми се појавува спонзорирано клипче со манипулирана/фалсификувана изјава на Александар Николоски 2. Кликам да видам кој спонзорира, има телефонски број 3. Го внесувам телефонскиот број на вајбер за да видам дали има некој поврзан со тој број, а потпишан на Вајбер 4. Резултатот го имате во видеото, објави Богдан Илиевски.

The post Знае ли ЕУ дека Џабир Дерала кој зема европски пари, спонзорира лажни вести против Николоски од ВМРО ДПМНЕ? appeared first on Република.

]]>
Kасилјас со објавата дека е геј се борел против лажните вести https://republika.mk/sport/fudbal/kasiljas-so-objavata-deka-e-gej-se-borel-protiv-laznite-vesti/ Sun, 09 Oct 2022 14:48:12 +0000 https://republika.mk/?p=559106

Легендарниот шпански голман Икер Касилјас денеска објави статус на Твитер во кој порача дека е геј, а половина час подоцна реши да го избрише твитот, по што „АС“ објави зошто Шпанецот се решил на таков потег.

Статусот на Касилјас предизвика голем број реакции од фановите, но и медиумите веднаш ја објавија неговата порака, по што „АС“ откри дека голманот намерно направил такво нешто затоа што се борел против лажните вести.

The post Kасилјас со објавата дека е геј се борел против лажните вести appeared first on Република.

]]>

Легендарниот шпански голман Икер Касилјас денеска објави статус на Твитер во кој порача дека е геј, а половина час подоцна реши да го избрише твитот, по што „АС“ објави зошто Шпанецот се решил на таков потег. Статусот на Касилјас предизвика голем број реакции од фановите, но и медиумите веднаш ја објавија неговата порака, по што „АС“ откри дека голманот намерно направил такво нешто затоа што се борел против лажните вести.  

The post Kасилјас со објавата дека е геј се борел против лажните вести appeared first on Република.

]]>
СДСМ се навреди за „змиите од Австралија“: Муцунски да ја искоси тревата, а не да обвинува граѓани https://republika.mk/vesti/skopje/sdsm-se-navredi-za-zmiite-od-avstralija-mucunski-da-ja-iskosi-trevata-a-ne-da-obvinuva-gragjani/ Sat, 27 Aug 2022 21:24:05 +0000 https://republika.mk/?p=544809

Неискосените тревници по метро и половина и расфрланиот шут и отпад низ урбаните делови на Аеродром се резултата од неработа на градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ, обвинуваат од СДСМ.

Тимчо Муцунски покрај тоа што не ја извршува својата работа и не се грижи за општина Аеродром, сега граѓаните ги обвинува дека шират лажни вести. Еве неколку фотографии од општина Аеродром. Или и за овие фотографии Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ ќе тврдат дека се од Австралија? Дали ѓубрето и шутот од фотографиите се од Австралија, од Гугл или сепак се од Аеродром?

Неискосените тревници, неисчистениот шут, предизвикуваат појави на змии, за кои со право реагираат граѓаните затоа што се опасност пред се по децата кои секојдневно се во парковите и спортските игралишта низ Аеродром. Нашите сограѓани од општина Аеродром знаат со какви состојби се соочуваат во секојдневното функционирање низ населбите во општината.

Муцунски да се зафати со работа, да ја коси тревата и да ја одржува хигиената, наместо да ги напаѓа граѓаните дека манипулираат, не соодветен е ваквиот однос на општината кон своите сограѓани, велат од владејачката партија.

The post СДСМ се навреди за „змиите од Австралија“: Муцунски да ја искоси тревата, а не да обвинува граѓани appeared first on Република.

]]>

Неискосените тревници по метро и половина и расфрланиот шут и отпад низ урбаните делови на Аеродром се резултата од неработа на градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ, обвинуваат од СДСМ.
Тимчо Муцунски покрај тоа што не ја извршува својата работа и не се грижи за општина Аеродром, сега граѓаните ги обвинува дека шират лажни вести. Еве неколку фотографии од општина Аеродром. Или и за овие фотографии Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ ќе тврдат дека се од Австралија? Дали ѓубрето и шутот од фотографиите се од Австралија, од Гугл или сепак се од Аеродром?   Неискосените тревници, неисчистениот шут, предизвикуваат појави на змии, за кои со право реагираат граѓаните затоа што се опасност пред се по децата кои секојдневно се во парковите и спортските игралишта низ Аеродром. Нашите сограѓани од општина Аеродром знаат со какви состојби се соочуваат во секојдневното функционирање низ населбите во општината.   Муцунски да се зафати со работа, да ја коси тревата и да ја одржува хигиената, наместо да ги напаѓа граѓаните дека манипулираат, не соодветен е ваквиот однос на општината кон своите сограѓани, велат од владејачката партија.

The post СДСМ се навреди за „змиите од Австралија“: Муцунски да ја искоси тревата, а не да обвинува граѓани appeared first on Република.

]]>
Привлечноста на лошите вести https://republika.mk/zivot/psihologija/privlechnosta-na-loshite-vesti/ Thu, 09 Jun 2022 17:00:03 +0000 https://republika.mk/?p=513276

Само лоши вести во последно време, нели? Секојдневно се повеќе сме разочарани од тоа што го читаме по медиумите, од она што го гледаме на телевизија. Многумина дури и свесно избегнуваат да следат вести, чувствувајќи апатија и летаргија поради огромната количина на негативна содржина која влијае стресно и вознемирувачки (негативните психолошки ефекти од негативните медиумски содржини станаа посебно евидентни за време на корона пандемијата). Таквата содржина ја пасивизира и демотивира јавноста и со тоа сериозно го поткопува општеството. Пасивни, апатични и демотивирани луѓе, не создаваат продуктивно и благодетно општество. Но дали светот објективно станува поопасен или има и некое друго, психолошко објаснување зошто негативните, односно лошите вести доминираат во јавниот дискурс? Во оваа колумна ќе се обидеме да го одгатнеме проблемот низ феноменот наречен „пристрасност кон негативното“ според кој негативните содржини имаат поголем ефект врз човечките психолошки процеси од позитивните/неутралните содржини со ист интензитет.

Најпрво пред да продолжиме мора да предупредиме дека аргументацијата која следи никако не смее да се сфати како „релативизирање“ на објективно големиот број лоши вести кои во последните неколку години ги добиваме во континуитет во Република Македонија – од перверзната промена на името на државата, до секојдневните вести за корупцијата на власта, нефункционалниот здравствен и правосуден систем, европската бесперспективност, рушењето црни рекорди во корона пандемијата, дополнети со загрижувачката економска катастрофа која веќе почна да се случува судејќи по трендот на вртоглавато зголемување на инфлацијата и поскапувањето на цените на основните продукти и горивата. Целта на оваа колумна е да даде, преку научно разбирање на феноменот на лошите вести, малку од она што најмногу му недостига во моментов на македонското општество – надеж.

Секако дека постојат објективни метрици и индикатори според кои се мери квалитетот на животот, но сепак човечката психологија и расудувањето најчесто не се базираат на таквите објективни показатели, уште помалку на теоријата на веројатност и логиката. Најчесто нашата перцепција е субјективна и прагматична. Притоа, мора да забележиме дека под „субјективна“ не се подразбираат исклучиво неточност и грешки; понекогаш субјективното расудување може да биде и веродостојно на реалноста (иако најчесто не е). Субјективното, за разлика од објективното расудување, подразбира збир на еволуирани психолошки адаптации кои носат брзи и непрезицни заклучоци за она што се случува околу нас преку следење на едноставни правила (техничкиот збор е „хеуристика“) кои најчесто функционираат, независно дали се вистинити или не. Со други зборови, ние сме повеќе од волни да ја жртвуваме вистината за она што всушност ни носи некаква корист и ни овозможува да преживееме. Токму затоа негативните појави, настани, вести, предмети, растенија, животни – со една фраза „негативните стимули“ – имаат посебна психолошка вредност, предност и доминираат во однос на останатите, помалку опасните стимули бидејќи имаат најдиректен ефект во однос на нашето преживување. За да ја илустрираме доминантноста на негативното, помислете на тоа како една лебарка успева да ви ја расипе целата превкусна чинија доколку се најде во истата. Колку и да сте гладни, целата таа опојност и привлечност на јадењето, целата таа позитивна стимулација не може да го неутрализира и да надомести за негативниот ефект од несреќната лебарка. Во тој случај преферираме да останеме гладни отколку да продолжиме со јадењето (се разбира, зборуваме за релативно нормални животни околности и секако дека исклучок се екстремни случаи на изгладување во кои лебарката и не би делувала толку непријатно). Слично и со вестите: само една лоша вест во денот успева драстично да ја намали вредноста на сите позитивни вести во денот.

Истражувањата во психологијата јасно го покажуваат силното влијание на негативните информации. Поради нивната важност во еволуциска смисла, односно поради тоа што сигнализираат опасност, тие ги окупираат нашите сетила и механизмите на перцепција и во процесот на продукција и во косумирањето на истите. Ефектите се силни и кај авторите/новинарите/уредниците и самите медиумите како институции кои ги произведуваат содржините, но и кај публиката која е сензитизирана на лошите вести. На пример, една од досега најобемните меѓународни студии која ја истражува перцепцијата на негативните вести и која опфаќа 17 земји од повеќе континенти и околу 1150 учесници доаѓа до заклучокот дека ефектот на негативните вести е превалентен во повеќето култури и дека во просек, процесирањето негативна содржина повеќе го активира нервниот систем мерено физиолошки преку електричната спроводливост на кожата и варијабилноста на работата на срцето. Дополнително, се чини дека реактивноста на неврофизиолошко ниво е поголема кај женскиот дел од популацијата иако жените тежнеат да консумираат помалку вести. Заклучоците од двете студии за лошите вести на некој начин се очекувани, бидејќи во психологијата добро познато е дека негативните стимули се поефикасни во привлекувањето и задржувањето на нашето внимание – на пример, побрзо забележуваме гневно лице во толпа лица со среќен израз, а кога ситуацијата е обратна, односно кога се обидуваме да пронајдеме среќно лице во толпа гневни лица – тогаш потребно ни е подолго време (види ја оваа студија). Негативните стимули тежнеат да бидат и предмет на подлабоко и подолго процесирање, претставуваат посилни мотиватори во нашето однесување и трауматското искуство побрзо се стекнува и подолго се памти. Како илустрација, помислете на интензитетот со кој би бегале од питбул териер кој нѐ брка – веруваме ќе се сложите дека е далеку поголем од интензитетот со кој би ѝ пришле на супер-слатка чивава која нѐ привлекува.

И сето наведено има за цел да потенцира две работи: дека не сме објективни расудувачи за реалноста и дека секогаш ќе бидеме пристрасни кон негативните стимули поради нивната исклучителна важност за нашето опстојување. Таквиот наш дизајн по дефиниција ќе води до тоа да лошите вести секогаш бидат „попривлечни“ и веројатно секогаш да доминираат во јавниот дискурс. Емпириски е потврдено дека тие се многу повеќе споделувани и предизвикуваат поголема ангажираност на социјалните мрежи од вестите со позитивна содржина и ова е независно од политичката ориентација, односно подеднакво важи и за лево- и за десно-ориентираните. Иако звучи парадоксално, анализата на состојбите низ рамката на пристрасноста кон негативното всушност има за цел да нѐ охрабри, да нѐ едуцира и да ни обрне внимание на нашата когнитивна архитектура која во најголем дел од времето се обидува да нѐ одржи во живот, без многу обѕири кон вистината. Да ни укаже на тоа дека постои асиметрија во однос на позитивните/негативните содржини во медиумите не поради тоа што светот станал полошо место за живеење (тоа се мери преку објективни параметри), туку дека честопати самите сме пристрасни и допринесуваме за таквата перцепција (не по наша вина, се разбира). Постои природна предиспозиција да бидеме „наштелувани“ кон негативното. Ако го сфатиме тој факт, веројатно во моментите кога ни е најтешко ќе нѐ расположи, ќе нѐ запре во падот низ вртоглавата спирала на апатичноста и летаргијата и најважно од сѐ, ќе ни помогне да сфатиме дека не е сѐ така црно – туку дека најчесто ни изгледа „поцрно“ отколку што реално е.

The post Привлечноста на лошите вести appeared first on Република.

]]>

Само лоши вести во последно време, нели? Секојдневно се повеќе сме разочарани од тоа што го читаме по медиумите, од она што го гледаме на телевизија. Многумина дури и свесно избегнуваат да следат вести, чувствувајќи апатија и летаргија поради огромната количина на негативна содржина која влијае стресно и вознемирувачки (негативните психолошки ефекти од негативните медиумски содржини станаа посебно евидентни за време на корона пандемијата). Таквата содржина ја пасивизира и демотивира јавноста и со тоа сериозно го поткопува општеството. Пасивни, апатични и демотивирани луѓе, не создаваат продуктивно и благодетно општество. Но дали светот објективно станува поопасен или има и некое друго, психолошко објаснување зошто негативните, односно лошите вести доминираат во јавниот дискурс? Во оваа колумна ќе се обидеме да го одгатнеме проблемот низ феноменот наречен „пристрасност кон негативното“ според кој негативните содржини имаат поголем ефект врз човечките психолошки процеси од позитивните/неутралните содржини со ист интензитет. Најпрво пред да продолжиме мора да предупредиме дека аргументацијата која следи никако не смее да се сфати како „релативизирање“ на објективно големиот број лоши вести кои во последните неколку години ги добиваме во континуитет во Република Македонија – од перверзната промена на името на државата, до секојдневните вести за корупцијата на власта, нефункционалниот здравствен и правосуден систем, европската бесперспективност, рушењето црни рекорди во корона пандемијата, дополнети со загрижувачката економска катастрофа која веќе почна да се случува судејќи по трендот на вртоглавато зголемување на инфлацијата и поскапувањето на цените на основните продукти и горивата. Целта на оваа колумна е да даде, преку научно разбирање на феноменот на лошите вести, малку од она што најмногу му недостига во моментов на македонското општество – надеж. Секако дека постојат објективни метрици и индикатори според кои се мери квалитетот на животот, но сепак човечката психологија и расудувањето најчесто не се базираат на таквите објективни показатели, уште помалку на теоријата на веројатност и логиката. Најчесто нашата перцепција е субјективна и прагматична. Притоа, мора да забележиме дека под „субјективна“ не се подразбираат исклучиво неточност и грешки; понекогаш субјективното расудување може да биде и веродостојно на реалноста (иако најчесто не е). Субјективното, за разлика од објективното расудување, подразбира збир на еволуирани психолошки адаптации кои носат брзи и непрезицни заклучоци за она што се случува околу нас преку следење на едноставни правила (техничкиот збор е „хеуристика“) кои најчесто функционираат, независно дали се вистинити или не. Со други зборови, ние сме повеќе од волни да ја жртвуваме вистината за она што всушност ни носи некаква корист и ни овозможува да преживееме. Токму затоа негативните појави, настани, вести, предмети, растенија, животни – со една фраза „негативните стимули“ – имаат посебна психолошка вредност, предност и доминираат во однос на останатите, помалку опасните стимули бидејќи имаат најдиректен ефект во однос на нашето преживување. За да ја илустрираме доминантноста на негативното, помислете на тоа како една лебарка успева да ви ја расипе целата превкусна чинија доколку се најде во истата. Колку и да сте гладни, целата таа опојност и привлечност на јадењето, целата таа позитивна стимулација не може да го неутрализира и да надомести за негативниот ефект од несреќната лебарка. Во тој случај преферираме да останеме гладни отколку да продолжиме со јадењето (се разбира, зборуваме за релативно нормални животни околности и секако дека исклучок се екстремни случаи на изгладување во кои лебарката и не би делувала толку непријатно). Слично и со вестите: само една лоша вест во денот успева драстично да ја намали вредноста на сите позитивни вести во денот. Истражувањата во психологијата јасно го покажуваат силното влијание на негативните информации. Поради нивната важност во еволуциска смисла, односно поради тоа што сигнализираат опасност, тие ги окупираат нашите сетила и механизмите на перцепција и во процесот на продукција и во косумирањето на истите. Ефектите се силни и кај авторите/новинарите/уредниците и самите медиумите како институции кои ги произведуваат содржините, но и кај публиката која е сензитизирана на лошите вести. На пример, една од досега најобемните меѓународни студии која ја истражува перцепцијата на негативните вести и која опфаќа 17 земји од повеќе континенти и околу 1150 учесници доаѓа до заклучокот дека ефектот на негативните вести е превалентен во повеќето култури и дека во просек, процесирањето негативна содржина повеќе го активира нервниот систем мерено физиолошки преку електричната спроводливост на кожата и варијабилноста на работата на срцето. Дополнително, се чини дека реактивноста на неврофизиолошко ниво е поголема кај женскиот дел од популацијата иако жените тежнеат да консумираат помалку вести. Заклучоците од двете студии за лошите вести на некој начин се очекувани, бидејќи во психологијата добро познато е дека негативните стимули се поефикасни во привлекувањето и задржувањето на нашето внимание – на пример, побрзо забележуваме гневно лице во толпа лица со среќен израз, а кога ситуацијата е обратна, односно кога се обидуваме да пронајдеме среќно лице во толпа гневни лица – тогаш потребно ни е подолго време (види ја оваа студија). Негативните стимули тежнеат да бидат и предмет на подлабоко и подолго процесирање, претставуваат посилни мотиватори во нашето однесување и трауматското искуство побрзо се стекнува и подолго се памти. Како илустрација, помислете на интензитетот со кој би бегале од питбул териер кој нѐ брка – веруваме ќе се сложите дека е далеку поголем од интензитетот со кој би ѝ пришле на супер-слатка чивава која нѐ привлекува. И сето наведено има за цел да потенцира две работи: дека не сме објективни расудувачи за реалноста и дека секогаш ќе бидеме пристрасни кон негативните стимули поради нивната исклучителна важност за нашето опстојување. Таквиот наш дизајн по дефиниција ќе води до тоа да лошите вести секогаш бидат „попривлечни“ и веројатно секогаш да доминираат во јавниот дискурс. Емпириски е потврдено дека тие се многу повеќе споделувани и предизвикуваат поголема ангажираност на социјалните мрежи од вестите со позитивна содржина и ова е независно од политичката ориентација, односно подеднакво важи и за лево- и за десно-ориентираните. Иако звучи парадоксално, анализата на состојбите низ рамката на пристрасноста кон негативното всушност има за цел да нѐ охрабри, да нѐ едуцира и да ни обрне внимание на нашата когнитивна архитектура која во најголем дел од времето се обидува да нѐ одржи во живот, без многу обѕири кон вистината. Да ни укаже на тоа дека постои асиметрија во однос на позитивните/негативните содржини во медиумите не поради тоа што светот станал полошо место за живеење (тоа се мери преку објективни параметри), туку дека честопати самите сме пристрасни и допринесуваме за таквата перцепција (не по наша вина, се разбира). Постои природна предиспозиција да бидеме „наштелувани“ кон негативното. Ако го сфатиме тој факт, веројатно во моментите кога ни е најтешко ќе нѐ расположи, ќе нѐ запре во падот низ вртоглавата спирала на апатичноста и летаргијата и најважно од сѐ, ќе ни помогне да сфатиме дека не е сѐ така црно – туку дека најчесто ни изгледа „поцрно“ отколку што реално е.

The post Привлечноста на лошите вести appeared first on Република.

]]>
Думата изгласа воведување кривична одговорност за „ширење лажни вести за операциите на руската војска“ https://republika.mk/vesti/svet/dumata-izglasa-voveduvanje-krivichna-odgovornost-za-shirenje-lazni-vesti-za-operaciite-na-ruskata-vojska/ Fri, 04 Mar 2022 08:48:37 +0000 https://republika.mk/?p=467530

Руската Државна дума денеска, едногласно, веднаш во второ и трето читање, го усвои предлог-законот за воведување кривична одговорност за ширење на лажни информации во врска со вооружените сили (ВС) на Руската Федерација, јави ТАСС.

Свесното ширење на лажни информации за вооружените сили на Руската Федерација под маската на веродостојни пораки се казнува со парична казна од 700.000 до 1,5 милиони рубљи или со казна затвор до три години, се предвидува со новиот закон. (една рубља=0,0083 евра)

За ширење фалсификат користејќи службена положба, од група лица или група лица со вештачко создавање докази на обвинителството, казната ќе биде од пет до 10 години затвор. Доколку намерно лажните информации предизвикале тешки последици, се предвидува казна затвор од 10 до 15 години.

Државната дума воведе и прекршочна одговорност за дискредитација на вооружените сили на РФ. Законот предвидува воведување одговорност за јавните повици за спречување на употребата на вооружените сили на РФ. Доколку овие дејствија не содржат кривично казниво дело, тогаш казната за граѓаните ќе биде од 30 илјади до 50 илјади рубли, за службениците – од 100 илјади до 200 илјади рубли, за правните лица – од 300 илјади до 500 илјади рубли.

Ако дејствијата насочени кон дискредитација на вооружените сили на Руската Федерација се придружени со повици за незаконски дејствија и создаваат закана за штета по животот и (или) здравјето на граѓаните и јавната безбедност, тогаш е глоба од 50 илјади до 100 илјади рубли за граѓани, за службеници од 200 илјади до 300 илјади рубли, за правни лица – од 500 илјади до еден милион рубли.

Доколку делото повторно се изврши во рок од една година, тогаш ќе се побара кривична одговорност. Државната дума на денешната седница ги направи и неопходните измени во Кривичниот законик на Руската Федерација.

Државната дума, исто така, едногласно, веднаш во второ и трето читање, го усвои предлог-законот, кој вклучува криминализирање на повици за воведување странски санкции против Русија, јави руската државна агенција ТАСС.

The post Думата изгласа воведување кривична одговорност за „ширење лажни вести за операциите на руската војска“ appeared first on Република.

]]>

Руската Државна дума денеска, едногласно, веднаш во второ и трето читање, го усвои предлог-законот за воведување кривична одговорност за ширење на лажни информации во врска со вооружените сили (ВС) на Руската Федерација, јави ТАСС.
Свесното ширење на лажни информации за вооружените сили на Руската Федерација под маската на веродостојни пораки се казнува со парична казна од 700.000 до 1,5 милиони рубљи или со казна затвор до три години, се предвидува со новиот закон. (една рубља=0,0083 евра)
За ширење фалсификат користејќи службена положба, од група лица или група лица со вештачко создавање докази на обвинителството, казната ќе биде од пет до 10 години затвор. Доколку намерно лажните информации предизвикале тешки последици, се предвидува казна затвор од 10 до 15 години. Државната дума воведе и прекршочна одговорност за дискредитација на вооружените сили на РФ. Законот предвидува воведување одговорност за јавните повици за спречување на употребата на вооружените сили на РФ. Доколку овие дејствија не содржат кривично казниво дело, тогаш казната за граѓаните ќе биде од 30 илјади до 50 илјади рубли, за службениците – од 100 илјади до 200 илјади рубли, за правните лица – од 300 илјади до 500 илјади рубли. Ако дејствијата насочени кон дискредитација на вооружените сили на Руската Федерација се придружени со повици за незаконски дејствија и создаваат закана за штета по животот и (или) здравјето на граѓаните и јавната безбедност, тогаш е глоба од 50 илјади до 100 илјади рубли за граѓани, за службеници од 200 илјади до 300 илјади рубли, за правни лица – од 500 илјади до еден милион рубли. Доколку делото повторно се изврши во рок од една година, тогаш ќе се побара кривична одговорност. Државната дума на денешната седница ги направи и неопходните измени во Кривичниот законик на Руската Федерација. Државната дума, исто така, едногласно, веднаш во второ и трето читање, го усвои предлог-законот, кој вклучува криминализирање на повици за воведување странски санкции против Русија, јави руската државна агенција ТАСС.

The post Думата изгласа воведување кривична одговорност за „ширење лажни вести за операциите на руската војска“ appeared first on Република.

]]>
Стејт департмент: Кремљ води жесток напад врз слободата на медиумите https://republika.mk/vesti/svet/stejt-department-kremlj-vodi-zestok-napad-vrz-slobodata-na-mediumite/ Thu, 03 Mar 2022 16:22:26 +0000 https://republika.mk/?p=467252

Кремљ води жесток напад врз слободата на медиумите и постапките на Москва да се лаже и задушува вистината за бруталната инвазија во Украина се засилуваат, обвини американскиот Стејт департмент. 

Генералното обвинителство на Русија во вторникот побара регулаторот Роскомнадзор да ги затвори двата независни електронски медиуми „Ехо на Москва“ и „Дожд“, со тоа што го ограничи пристапот на нивните сајтови и забрани емитување. 

Според Стејт департментот, властите во Русија исто така прават пречки за платформите на Твитер, Фејсбук и Инстаграм, од каде независни информации и мислења црпат десетици милиони руски граѓани, јави дописникот на МИА од Вашингтон. 

Во петок, рускиот Парламент контролиран од Кремљ, се подготвува да изгласа закон според кој „неофицијалното“ известување за руската инвазија на Украина ќе биде казниво со драконски казни до 15 години затвор. 

– Рускиот народ не ја избра оваа војна. Неа ја избра Путин. Тие имаат право да знаат за убиствата, страдањата и уривањето што ги предизвика нивната влада во Украина, изјави портпаролот Нед Прајс. 

Според него, „народот на Русија исто така има право да дознае за човечките жртви на таа бесмислена војна дадени од нивните сопствени војници“. 

САД го повикаа Путин и неговата влада да се почитуваат меѓународните обврски и ветувања, веднаш да го запрат крвопролевањето, да ја изнесат војската од територијата на Украина и да ги почитуваат човековите права и основните граѓански слободи. 

The post Стејт департмент: Кремљ води жесток напад врз слободата на медиумите appeared first on Република.

]]>

Кремљ води жесток напад врз слободата на медиумите и постапките на Москва да се лаже и задушува вистината за бруталната инвазија во Украина се засилуваат, обвини американскиот Стејт департмент.  Генералното обвинителство на Русија во вторникот побара регулаторот Роскомнадзор да ги затвори двата независни електронски медиуми „Ехо на Москва“ и „Дожд“, со тоа што го ограничи пристапот на нивните сајтови и забрани емитување.  Според Стејт департментот, властите во Русија исто така прават пречки за платформите на Твитер, Фејсбук и Инстаграм, од каде независни информации и мислења црпат десетици милиони руски граѓани, јави дописникот на МИА од Вашингтон.  Во петок, рускиот Парламент контролиран од Кремљ, се подготвува да изгласа закон според кој „неофицијалното“ известување за руската инвазија на Украина ќе биде казниво со драконски казни до 15 години затвор. 
– Рускиот народ не ја избра оваа војна. Неа ја избра Путин. Тие имаат право да знаат за убиствата, страдањата и уривањето што ги предизвика нивната влада во Украина, изјави портпаролот Нед Прајс. 
Според него, „народот на Русија исто така има право да дознае за човечките жртви на таа бесмислена војна дадени од нивните сопствени војници“.  САД го повикаа Путин и неговата влада да се почитуваат меѓународните обврски и ветувања, веднаш да го запрат крвопролевањето, да ја изнесат војската од територијата на Украина и да ги почитуваат човековите права и основните граѓански слободи. 

The post Стејт департмент: Кремљ води жесток напад врз слободата на медиумите appeared first on Република.

]]>
Небензја: Се шират лажни вести за Русија, украинските националисти распоредуваат ударно оружје во станбени области https://republika.mk/vesti/svet/nebenzja-se-shirat-lazni-vesti-za-rusija-ukrainskite-nacionalisti-rasporeduvaat-udarno-oruzje-vo-stanbeni-oblasti/ Tue, 01 Mar 2022 07:30:28 +0000 https://republika.mk/?p=465536

Русија ќе одговори на протерувањето на нејзините дипломати од постојаната мисија во ОН, изјави постојаниот претставник на Русија во ОН Василиј Небензја.

Според него, неаргументираните обвинувања од страна на САД дека членовите на руската мисија наводно биле ангажирани во разузнавачки активности се само изговор. И сето тоа изгледа неубедливо.

Во врска со ситуацијата во Украина, Небензја истакна дека ОН не забележуваат случаи на кршење на хуманитарното право од страна на локалните радикали.

Искрено, лажните видеа се земаат здраво за готово, а веродостојните снимки се сметаат за непотврдени, рече тој.

Сега во информативниот простор има огромен број лажни вести, со помош на кои сакаат да ни ја положат одговорноста за она што го прави самата Украина. Овој тек на валкани лаги реплицирани во западните медиуми, за жал, стана опасен знак на нашето време. Но, сигурно е познато дека украинските националисти распоредуваат ударно оружје во станбени области, што е директно кршење на меѓународното хуманитарно право, рече Небензја.

Бран лажни вести стигна дури и до ѕидовите на Генералното собрание. Таму, претставник на Киев мавташе од говорницата со лист со лажна кореспонденција, пренесувајќи ја како порака од руски службеник до семејството. Небрнзја ја прекина оваа лошо извежбана претстава и потсети на вистинските причини за кризата.

Според Василиј Небензја, украинските власти со години ги саботирале директните обврски од договорите од Минск и наместо дијалог, војувале против сопствените граѓани.

The post Небензја: Се шират лажни вести за Русија, украинските националисти распоредуваат ударно оружје во станбени области appeared first on Република.

]]>

Русија ќе одговори на протерувањето на нејзините дипломати од постојаната мисија во ОН, изјави постојаниот претставник на Русија во ОН Василиј Небензја. Според него, неаргументираните обвинувања од страна на САД дека членовите на руската мисија наводно биле ангажирани во разузнавачки активности се само изговор. И сето тоа изгледа неубедливо. Во врска со ситуацијата во Украина, Небензја истакна дека ОН не забележуваат случаи на кршење на хуманитарното право од страна на локалните радикали.
Искрено, лажните видеа се земаат здраво за готово, а веродостојните снимки се сметаат за непотврдени, рече тој. Сега во информативниот простор има огромен број лажни вести, со помош на кои сакаат да ни ја положат одговорноста за она што го прави самата Украина. Овој тек на валкани лаги реплицирани во западните медиуми, за жал, стана опасен знак на нашето време. Но, сигурно е познато дека украинските националисти распоредуваат ударно оружје во станбени области, што е директно кршење на меѓународното хуманитарно право, рече Небензја.
Бран лажни вести стигна дури и до ѕидовите на Генералното собрание. Таму, претставник на Киев мавташе од говорницата со лист со лажна кореспонденција, пренесувајќи ја како порака од руски службеник до семејството. Небрнзја ја прекина оваа лошо извежбана претстава и потсети на вистинските причини за кризата. Според Василиј Небензја, украинските власти со години ги саботирале директните обврски од договорите од Минск и наместо дијалог, војувале против сопствените граѓани.

The post Небензја: Се шират лажни вести за Русија, украинските националисти распоредуваат ударно оружје во станбени области appeared first on Република.

]]>
ЕФН: Не се борите против лажните вести со затворањетона РТ и Спутник во ЕУ https://republika.mk/vesti/svet/efn-ne-se-borite-protiv-laznite-vesti-so-zatvoranjetona-rt-i-sputnik-vo-eu-ne-e-najdobra-strategija-protiv-laznite-vesti/ Mon, 28 Feb 2022 10:08:55 +0000 https://republika.mk/?p=465123

Откако Европската Унија вчера најави дека на руските медиуми поддржани од власта ќе им биде забрането да емитуваат на европско тло, Европската федерација на новинари (ЕФН) предупредува дека ова може да биде контрапродуктивно, јави дописничката на МИА од Брисел.

Војната во Украина е и информациска војна, посочи шефот на ЕУ дипломатијата, Жозеп Борел.

За Европската Унија е неприфатливо да се шири пропагандата на рускиот претседател на нејзината територија, и од денеска ЕУ работи на техничките детали да им се забрани емитување во Европа на РТ и Спутник. Ваква мерка беше преземена веќе во Германија пред неколку недели, по што Русија одговори со забрана за Дојче Веле.

Ризикот од политиката на цензура се исто така последиците што може да се очекуваат во Русија, како што видовме со затворањето на Дојче Веле како одговор на затворањето на РТ во Германија. Резултатот на овој чин беше осиромашување на медиумскиот плурализам во Русија. Руските граѓани таму го изгубија правото на пристап до информации емитувани од Дојче Веле. Тоа е жално, вели Рикардо Гутиерез, генерален секретар на Европската федерација на новинари за МИА.

Федерацијата вели дека е свесна оти информациите кои произлегуваат од медиуми финансирани од Кремљ се во служба на таа власт, но за бранителите на слободата на говор во Европа, затворања и забрани не се соодветен одговор за борба против дезинформации и пропаганда.

Затворањето на еден медиум не ни се чини како најдобар начин за борба против дезинформации и пропаганда. Овој чин на цензура може да има целосно контрапродуктивен ефект кај оние кои ги следат овие медиуми. Подобро е според нас да се спречи дезинформацијата на пропагандистичките медиуми преку изложување на нивните погрешни факти или лошиот квалитет на нивното новинарство, преку докажување на отсуството на нивната финансиска и оперативна независност, преку укажување дека се во служба на владините интереси и дека го презираат јавниот интерес, додава Европската федерација на новинари.

Понатаму оттаму додаваат дека самиот чин на затворање на медиуми е “сериозен“.

Да се затвори медиум е сериозен чин, кој мора да се темели на солидна законска база, избегнувајќи секаква арбитрарност. Предизвикот на демократиите е борбата против дезинформациите истовремено зачувувајќи ја слободата на изразување. За ЕФН, други стратегии треба да се поддржат: зголемена поддршка за независното новинарство, промоција на медиумскиот плурализам, промоција на медиумското образование за сите, зголемена транспарентност на оние кои ја имаат моќта, додава генералниот секретар на организацијата за МИА.

The post ЕФН: Не се борите против лажните вести со затворањетона РТ и Спутник во ЕУ appeared first on Република.