лажни дојави Archives - Република https://republika.mk/tema/lazni-dojavi/ За подобро да се разбереме Sun, 22 Oct 2023 06:39:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png лажни дојави Archives - Република https://republika.mk/tema/lazni-dojavi/ 32 32 Стравот тера на поинаков поглед на светот: Зголемен бројот на неточни и лажни терористички закани во Белгија по нападот во Брисел https://republika.mk/vesti/svet/stravot-tera-na-poinakov-pogled-na-svetot-zgolemen-brojot-na-netochni-i-lazhni-teroristichki-zakani-vo-belgija-po-napadot-vo-brisel/ Sun, 22 Oct 2023 06:39:29 +0000 https://republika.mk/?p=693768

По нападот во Брисел, што се случи во понеделникот навечер и во кој мигрант од Тунис уби двајца шведски фудбалски навивачи, белгиската полиција евидентира експоненцијален раст на лажни терористички закани во земјата, објави „Брисел Тајмс“.

Според полицијата, иако ваквата појава е очекувана, тие сепак мора ги проверуваат сите пријави.

Веќе го доживеавме ова со лажни аларми по нападите во Брисел во 2016 година, изјави претставник на полицијата за државната телевизија РТБФ.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, меѓу лажните пријави биле и тие дека е виден вооружен човек во трамвај во Брисел, потоа дека е забележан маж кој на себе носи елек со експлозив додека со комби вози низ бриселските улици, како и закани за поставени бомби во Институтот „Сент Мари“ во градот Лувиер и во неколку училишта во провинцијата Фламански Брабант. По извршените полициски проверки утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Полицијата потсетува дека дури и кога станува збор за лажни пријави тие мора да ги следат процедурите, па така биле спроведени евакуации на присутните во Институтот „Сент Мари“ и во училиштата за кои биле примени дојави за поставени бомби.

Според белгиското законодавство, лицата кои упатуваат лажни закани за поставени бомби може да се соочат со затворска казна во траење од три месеци до две години и парична казна до 1.800 евра, како и да ги платат судските трошоци кои може да бидат значителни.

Според професорот по социјална психологија на Бриселскиот слободен универзитет (УЛБ), Оливие Клајн, појавите на лажни пријави по напад како оној во понеделникот се „природна реакција на настанот“.

Нападите поттикнуваат поинаков поглед за светот. Тие не тераат да го гледаме светот повеќе од аголот на заканите и нештата околу нас ги толкуваме според оваа рамка... Многу повеќе ја толкуваме реалноста од аголот на опасноста и заканата, изјави Клајн за РТБФ.

Според него, научните студии покажуваат дека кога „умот е во таква рамка, тоа може да не наведе да ја прецениме опасноста што ја носат сосема безопасни работи“, а тоа исто така ги поттикнува и расните стереотипи.

Студиите во САД покажуваат дека постои тенденција многу почесто да се замисли пиштол во рацете на црнец отколку на белец, додава Клајн.

The post Стравот тера на поинаков поглед на светот: Зголемен бројот на неточни и лажни терористички закани во Белгија по нападот во Брисел appeared first on Република.

]]>

По нападот во Брисел, што се случи во понеделникот навечер и во кој мигрант од Тунис уби двајца шведски фудбалски навивачи, белгиската полиција евидентира експоненцијален раст на лажни терористички закани во земјата, објави „Брисел Тајмс“. Според полицијата, иако ваквата појава е очекувана, тие сепак мора ги проверуваат сите пријави.
Веќе го доживеавме ова со лажни аларми по нападите во Брисел во 2016 година, изјави претставник на полицијата за државната телевизија РТБФ.
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, меѓу лажните пријави биле и тие дека е виден вооружен човек во трамвај во Брисел, потоа дека е забележан маж кој на себе носи елек со експлозив додека со комби вози низ бриселските улици, како и закани за поставени бомби во Институтот „Сент Мари“ во градот Лувиер и во неколку училишта во провинцијата Фламански Брабант. По извршените полициски проверки утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Полицијата потсетува дека дури и кога станува збор за лажни пријави тие мора да ги следат процедурите, па така биле спроведени евакуации на присутните во Институтот „Сент Мари“ и во училиштата за кои биле примени дојави за поставени бомби. Според белгиското законодавство, лицата кои упатуваат лажни закани за поставени бомби може да се соочат со затворска казна во траење од три месеци до две години и парична казна до 1.800 евра, како и да ги платат судските трошоци кои може да бидат значителни. Според професорот по социјална психологија на Бриселскиот слободен универзитет (УЛБ), Оливие Клајн, појавите на лажни пријави по напад како оној во понеделникот се „природна реакција на настанот“.
Нападите поттикнуваат поинаков поглед за светот. Тие не тераат да го гледаме светот повеќе од аголот на заканите и нештата околу нас ги толкуваме според оваа рамка... Многу повеќе ја толкуваме реалноста од аголот на опасноста и заканата, изјави Клајн за РТБФ.
Според него, научните студии покажуваат дека кога „умот е во таква рамка, тоа може да не наведе да ја прецениме опасноста што ја носат сосема безопасни работи“, а тоа исто така ги поттикнува и расните стереотипи.
Студиите во САД покажуваат дека постои тенденција многу почесто да се замисли пиштол во рацете на црнец отколку на белец, додава Клајн.

The post Стравот тера на поинаков поглед на светот: Зголемен бројот на неточни и лажни терористички закани во Белгија по нападот во Брисел appeared first on Република.

]]>
Лажни се дојавите за бомби во училишта во Скопје и во Прилеп и во Охридскиот суд https://republika.mk/vesti/crna-hronika/lazhni-se-dojavite-za-bombi-vo-uchilishta-vo-skopje-i-vo-prilep-i-vo-ohridskiot-sud/ Mon, 27 Feb 2023 13:38:52 +0000 https://republika.mk/?p=613771

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 21 средно и 11 основни училишта на подрачјето на Скопје, едно основно училиште во Прилеп и Основниот суд во Охрид, по добиените пораки на електронски адреси со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

The post Лажни се дојавите за бомби во училишта во Скопје и во Прилеп и во Охридскиот суд appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 21 средно и 11 основни училишта на подрачјето на Скопје, едно основно училиште во Прилеп и Основниот суд во Охрид, по добиените пораки на електронски адреси со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.  

The post Лажни се дојавите за бомби во училишта во Скопје и во Прилеп и во Охридскиот суд appeared first on Република.

]]>
МВР: Лажни се денешните дојави за бомби во училиштата https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-lazhni-se-deneshnite-dojavi-za-bombi-vo-uchilishtata/ Thu, 09 Feb 2023 16:24:21 +0000 https://republika.mk/?p=607031

По денешните дојави за бомби, во 19 училишта, од МВР информираат дека се завршени проверките и станува збор за лажни закани.

-Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека денеска (09.02.2023) во 15.55 часот завршија сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 13 основни и 6 средни училишта во Скопје по добиените пораки на електронски адреси со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, велат од МВР.

The post МВР: Лажни се денешните дојави за бомби во училиштата appeared first on Република.

]]>

По денешните дојави за бомби, во 19 училишта, од МВР информираат дека се завршени проверките и станува збор за лажни закани. -Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека денеска (09.02.2023) во 15.55 часот завршија сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 13 основни и 6 средни училишта во Скопје по добиените пораки на електронски адреси со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, велат од МВР.

The post МВР: Лажни се денешните дојави за бомби во училиштата appeared first on Република.

]]>
Лажни се пријавите за наводно поставени бомби во училишта во Скопје, завршија сите потребни проверки https://republika.mk/vesti/crna-hronika/lazni-se-prijavite-za-navodno-postaveni-bombi-vo-uchilishta-vo-skopje-zavrshija-site-potrebni-proverki/ Wed, 14 Dec 2022 11:35:47 +0000 https://republika.mk/?p=585525

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје, кои добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

The post Лажни се пријавите за наводно поставени бомби во училишта во Скопје, завршија сите потребни проверки appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје, кои добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

The post Лажни се пријавите за наводно поставени бомби во училишта во Скопје, завршија сите потребни проверки appeared first on Република.

]]>
Лажни пријавите за бомби во кавадаречки училишта https://republika.mk/vesti/makedonija/lazni-prijavite-za-bombi-vo-kavadarechki-uchilishta/ Mon, 05 Dec 2022 12:59:07 +0000 https://republika.mk/?p=582218

Лажни биле пријавите за бомби во кавадаречки училишта, информираше попладнево портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев.

Направени се сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Кавадарци, дека на електронските адреси на училиштата, била испратена закана за поставена експлозивна направа. Утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и по извршени проверки, утврдено е дека станува збор за лажни пријави, нагласи Самарџиев.

The post Лажни пријавите за бомби во кавадаречки училишта appeared first on Република.

Заканите за бомби пристигаат на адреси на професорите, дел од „испраќачите“ се ученици https://republika.mk/vesti/makedonija/zakanite-za-bombi-pristigaat-na-adresi-na-profesorite-del-od-isprakjachite-se-uchenici/ Thu, 17 Nov 2022 10:11:47 +0000 https://republika.mk/?p=574822

Заканите за поставени бомби во средните училишта пристигнуваат на адреса на професори, тврдат извори на Република. Според нив дел од професорите добиваат пораки на нивна меил адреса дека има поставено експлозивна направа во зградата.

-Првата дојава кога беше, ние како професори не знаевме за што станува збор. Влегоа униформирани лица и ни рекоа дека има полициска вежба, да ја напуштиме зградата. Излеговме надвор и стоејќи пред врата запрашав еден од полицајците колку време ќе трае целата вежба, да знам дали имам време да седнам од спротива кафе да испијам. Тогаш полицаецот ми рече - ма каква вежба, дојава за бомба има, тргнете се настрана. Веќе за следната дојава се направи поголема паника меѓу професорите. Колешка, професорка, побара да се види со директорот на училиштето да разговара. Добила на меил порака за поставена бомба во зградата на училиштето. Директорот не сакал да посочи дали тоа се случува и кај други професори, или таа е единствената, по што колешката отиде во полициска станица. Оттаму ѝ кажале дека главно заканите стигаат на адреси на професори, но дека изборот очигледно е сосема случаен, дека не е намерно испратена таа закана кај неа - ни раскажа професорка од скопска гимназија која сакаше да остане анонимна.

Околу приведувањето на Никола Николовски како осомничено лице за дојавите за бомби, таа вели дека било траги-комично кога добиле порака од претпоставените дали имаат ученик со такво име и презиме, а воедно бил посочен и телефонскиот број кој бил оставен во пораката за наводно поставената бомба.

Добивме вибер порака дали имаме ученик со име и презиме Никола Николовски и притоа да го има телефонскиот број кој беше посочен во истата порака. Тоа е бројот кој бил оставен во самата порака, заедно со името и презимето. Таква комбинација на име и презиме не е ретка, но се испостави дека учениците со тоа име и презиме го немаат тој мобилен телефон. Многу набрзо слушнавме на телевизија дека е приведено лицето Никола Николовски. Имаше и порака од меил кој ги имаше податоците на еден ученик, но по направената проверка беше констатирано дека не се работи за тоа лице. Но, за него немаше фама, како што се направи за Никола Николовски - додава професорката.

Таа вели дека и меѓу професорите и меѓу учениците се создава паника.

Дел од учениците во тие денови кога имаше чести дојави за поставени бомби не доаѓаа во училиште. Некои родители не дозволуваа децата да одат на училиште, а некои пак, секако, ја користеа ситуацијата, под изговор дека им е страв за нивниот живот, не се појавуваа. Но има и професори кои се во паника. Дел имаат отворено боледувавања и не доаѓаат на работа. Реално, ова со заканите направи хаос со часовите - коментира професорката.

Помина речиси еден месец од првата дојава за поставени бомби во средни училишта во Скопје, а освен бламирањето со приведувањето на Никола Николовски, сѐ чини нема ништо конкретно. Нови дојави се случуваат секој втор ден. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера изјави дека знаат од кои земји доаѓаат мејловите и дека „детално ги утврдуваат фактите“.

Има неколку карактеристики, сите се лажни, но по секоја мора да се постапува според протоколот. Сега постои и посебна европска конвенција за сајбер криминал за проценка на нивото на закана и тоа заедно го работиме. Содржините на мејловите се различни. Со терористи преговори нема, а кога има лажна најава, нема да што да разговараме и ги преземавме сите неопходни мерки. Заканата се појавува среда, четврток и петок и во една смена на училишта. Тоа се дел од работите кои се анализаираат. истагата е многу комплексна, не зошто учествуваат многу оддели од МВР, туку е сложена зошто ги утврдуваме ИП адресите. Се праќаат од надвор Хрватска, Швајцарија, се креираат виртуелни мејлови. Сите интернет провајдери кои можат да воспостават ваква конекција мора да дадат одговори и тие ги проследуваме до секторот за тероризам, вели Спасовски.

The post Заканите за бомби пристигаат на адреси на професорите, дел од „испраќачите“ се ученици appeared first on Република.

Ковачки: Три недели МВР не може да открие кој стои зад лажните бомби https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-tri-nedeli-mvr-ne-moze-da-otkrie-koj-stoi-zad-laznite-bombi/ Thu, 17 Nov 2022 08:04:40 +0000 https://republika.mk/?p=574730

Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во македонското собрание во вечерашното гостување во емисијата Само вистина на телевизија Канал 5 вели дека Министерството за внатрешни работи не може три седмици да открие кој стој позади лажните дојави за бомби во училиштата и создава страв кај граѓаните бидејќи наместо да се занимава со тоа, се занимава со криминал и корупција.

На ист начин како што се случува во Mинистерството за одбрана се случува и во Mинистерството за внатрешни работи. Вие не можете да очекувате три недели некој лажно да пријавува и да прави хаос во училиштата, да создава немир и страв кај учениците и родителите, да го прекинува образовниот процес, а да не откриете што се случува и кој стои позади тоа. Но, тоа е така бидејќи во МВР наместо да се занимаваат со овие работи, се занима со криминал. Во МВР врие од корупција и МВР е главно за организација и продажба на дрога, изјави Ковачки и додаде дека и бившата јавна обвинителка го потврдила тоа кога изјавила дека акцијата за апсење на лица и е пробиена од МВР.

Во државата никогаш немало поголема распространетост на дрогата и тоа треба сите да го знаат. Под прекратија на МВР односно на високи структури на министерството и тоа беше потврдено дури и од самата јавна обвинителка Вилма Русковска кога требаше да се апсат поедини структури, акцијата беше пробиена, рече тој.

Според Ковачки, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски мора веднаш да си поднесе оставка и да се реформира целиот безбедносен сектор.

Тоа што се случува ваков хаос во државата во однос на безбедноста и да не можат да откријат три седмици, тогаш треба веднаш да си поднесат оставка и веднаш длабока реформа на тој сектор, заклучи Ковачки.

The post Ковачки: Три недели МВР не може да открие кој стои зад лажните бомби appeared first on Република.

]]>

Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во македонското собрание во вечерашното гостување во емисијата Само вистина на телевизија Канал 5 вели дека Министерството за внатрешни работи не може три седмици да открие кој стој позади лажните дојави за бомби во училиштата и создава страв кај граѓаните бидејќи наместо да се занимава со тоа, се занимава со криминал и корупција. На ист начин како што се случува во Mинистерството за одбрана се случува и во Mинистерството за внатрешни работи. Вие не можете да очекувате три недели некој лажно да пријавува и да прави хаос во училиштата, да создава немир и страв кај учениците и родителите, да го прекинува образовниот процес, а да не откриете што се случува и кој стои позади тоа. Но, тоа е така бидејќи во МВР наместо да се занимаваат со овие работи, се занима со криминал. Во МВР врие од корупција и МВР е главно за организација и продажба на дрога, изјави Ковачки и додаде дека и бившата јавна обвинителка го потврдила тоа кога изјавила дека акцијата за апсење на лица и е пробиена од МВР.
Во државата никогаш немало поголема распространетост на дрогата и тоа треба сите да го знаат. Под прекратија на МВР односно на високи структури на министерството и тоа беше потврдено дури и од самата јавна обвинителка Вилма Русковска кога требаше да се апсат поедини структури, акцијата беше пробиена, рече тој.
Според Ковачки, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски мора веднаш да си поднесе оставка и да се реформира целиот безбедносен сектор. Тоа што се случува ваков хаос во државата во однос на безбедноста и да не можат да откријат три седмици, тогаш треба веднаш да си поднесат оставка и веднаш длабока реформа на тој сектор, заклучи Ковачки.

The post Ковачки: Три недели МВР не може да открие кој стои зад лажните бомби appeared first on Република.

]]>
Денешните пријави за бомби во скопските средни училишта се лажни, утврди МВР https://republika.mk/vesti/crna-hronika/deneshnite-prijavi-za-bombi-vo-skopskite-sredni-uchilishta-se-lazni-utvrdi-mvr/ Fri, 11 Nov 2022 12:51:14 +0000 https://republika.mk/?p=572755

Министерството за внатрешни работи информира дека денешните пријави за бомби се лажни.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, стои во соопштението од МВР.

На електронската адреса на четири училишта во Скопје утринава беше упатена закана за поставена експлозивна направа. Вакви пријави има во изминатиот период во дел од училиштата во главниот град кои по направените проверки е утврдено дека се лажни.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски неколкупати досега има изјавено дека имаат сознанија од каде се ипратени мејловите и дека се работи за хибридна закана.

The post Денешните пријави за бомби во скопските средни училишта се лажни, утврди МВР appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи информира дека денешните пријави за бомби се лажни.
Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, стои во соопштението од МВР.
На електронската адреса на четири училишта во Скопје утринава беше упатена закана за поставена експлозивна направа. Вакви пријави има во изминатиот период во дел од училиштата во главниот град кои по направените проверки е утврдено дека се лажни. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски неколкупати досега има изјавено дека имаат сознанија од каде се ипратени мејловите и дека се работи за хибридна закана.

The post Денешните пријави за бомби во скопските средни училишта се лажни, утврди МВР appeared first on Република.

]]>
Спасовски повторно има „добри сознанија“ кој ги испраќа мејловите за бомби во училиштата, а зборува и за приведувањето на Никола Николовски https://republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-povtorno-ima-dobri-soznanija-koj-gi-isprakja-mejlovite-za-bombi-vo-uchilishtata-a-zboruva-i-za-priveduvanjeto-na-nikola-nikolovski/ Fri, 11 Nov 2022 08:19:11 +0000 https://republika.mk/?p=572610

Министерот Спасовски во интервју за Алсат-М телевизија уште еднаш ги оцени лажните дојави за бомби како монструозен чин на хибридни закани и потенцираше дека многу е важен брз и ефикасен одговор на државата со своите партнери.

Ние ги започнавме опсежно сите истраги во овој дел, вклучени се сите институции коишто се грижат за националната безбедност и, секако, нашите меѓународни партнери. Во неколку правци одат истрагите. Имаме веќе добри сознанија од каде доаѓаат мејловите, на кој начин се испраќаат итн. Секако дека ќе ни треба и меѓународна правна помош за да можеме да ги потврдиме доказите и тоа е клучно кај вакви хибридни напади – да се обезбедат доказите, истакна министерот Спасовски.

Тој потенцираше дека полицијата мора да постапува по строго утврдени протоколи, да ги следи сите можни насоки кон кои води истрагата и во таа насока досега имаше приведени и две лица за кои се утврди дека нивните податоци и адреси биле злоупотребени, по што беа ослободени“, рече Спасовски, додавајќи: „Кога имате индиции тие мора да се испитаат, без разлика која е таа личност, на каква позиција се наоѓа, какви политички, верски и други убедувања има. Тоа е ирелевантно кога станува збор за истрага и кога се работи за безбедноста“.

За справување со хибридните закани и сајбер криминалот којшто зема замав и на глобално ниво, министерот Спасовски образложи дека веќе со години преку донесување на Стратегијата за борба со сајбер криминалот, која е во процес и на усогласување со НАТО стандардите, веќе имаме силна основа за ефикасна борба со овој вид криминал кој постојано се усовршува со развојот на информациските технологии.

Веќе имаше неколку напади на информациски системи на разни министерства, Заводот за статистика и други од кои сите беа одбиени и немаше предизвикано штета по губење на информациските податоци. Во таа насока со средства на ИПА, МВР го изгради информатичкиот Центар за заштита на податоците, кој што во суштина е тврдина за заштита на информациските системи и дигиталните податоци на институциите, а освен МВР го користат и можат да го користат сите институции, посочи министерот Спасовски во емисијата „Патот кон…“ на телевизијата Алсат -М.

The post Спасовски повторно има „добри сознанија“ кој ги испраќа мејловите за бомби во училиштата, а зборува и за приведувањето на Никола Николовски appeared first on Република.

]]>

Министерот Спасовски во интервју за Алсат-М телевизија уште еднаш ги оцени лажните дојави за бомби како монструозен чин на хибридни закани и потенцираше дека многу е важен брз и ефикасен одговор на државата со своите партнери.
Ние ги започнавме опсежно сите истраги во овој дел, вклучени се сите институции коишто се грижат за националната безбедност и, секако, нашите меѓународни партнери. Во неколку правци одат истрагите. Имаме веќе добри сознанија од каде доаѓаат мејловите, на кој начин се испраќаат итн. Секако дека ќе ни треба и меѓународна правна помош за да можеме да ги потврдиме доказите и тоа е клучно кај вакви хибридни напади – да се обезбедат доказите, истакна министерот Спасовски.
Тој потенцираше дека полицијата мора да постапува по строго утврдени протоколи, да ги следи сите можни насоки кон кои води истрагата и во таа насока досега имаше приведени и две лица за кои се утврди дека нивните податоци и адреси биле злоупотребени, по што беа ослободени“, рече Спасовски, додавајќи: „Кога имате индиции тие мора да се испитаат, без разлика која е таа личност, на каква позиција се наоѓа, какви политички, верски и други убедувања има. Тоа е ирелевантно кога станува збор за истрага и кога се работи за безбедноста“. За справување со хибридните закани и сајбер криминалот којшто зема замав и на глобално ниво, министерот Спасовски образложи дека веќе со години преку донесување на Стратегијата за борба со сајбер криминалот, која е во процес и на усогласување со НАТО стандардите, веќе имаме силна основа за ефикасна борба со овој вид криминал кој постојано се усовршува со развојот на информациските технологии.
Веќе имаше неколку напади на информациски системи на разни министерства, Заводот за статистика и други од кои сите беа одбиени и немаше предизвикано штета по губење на информациските податоци. Во таа насока со средства на ИПА, МВР го изгради информатичкиот Центар за заштита на податоците, кој што во суштина е тврдина за заштита на информациските системи и дигиталните податоци на институциите, а освен МВР го користат и можат да го користат сите институции, посочи министерот Спасовски во емисијата „Патот кон…“ на телевизијата Алсат -М.

The post Спасовски повторно има „добри сознанија“ кој ги испраќа мејловите за бомби во училиштата, а зборува и за приведувањето на Никола Николовски appeared first on Република.

]]>
Лажните дојави во училиштата се правени „како по книга“, вели деканот на Факултетот за безбедност https://republika.mk/vesti/makedonija/laznite-dojavi-vo-uchilishtata-se-praveni-kako-po-kniga-veli-dekanot-na-fakultetot-za-bezbednost/ Thu, 10 Nov 2022 08:39:12 +0000 https://republika.mk/?p=572141

Деканот на Факултетот за безбедност проф. д-р Никола Дујовски изјави дека целта на лажните дојави за бомби во средните училишта е да се создаде страв и паника меѓу населението и оти не случајно се избираат училиштата. Ова, вели тој, е токму „како по книга” како се прави хибридна закана.

Овој тренд почна пред неколку месеци прво во Србија, Белград, Нови Сад потоа и Сараево. Еве сега и кај нас. Да, тоа е дел од закани коишто засега остануваат само во фаза на погрешно испратени пораки, меѓутоа полицијата има обврски и добро е што се постапува на тој начин. Децата и наставниците и сите присутни во училиштата мора веднаш да бидат евакуирани и однесени на безбедно и полицијата да ја провери секоја дојава за поставена бомба или каква било закана. Тоа се прави и ќе се прави во наредниот период. Министерството за внатрешни ги гради капацитетите да може да одговори на ваквите закани, да ги пресретне ваквите пораки, да ги анализира и да ги спречи едноставно, изјави професорот Дујовски за утринската програма на Македонската телевизија.

[caption id="attachment_572145" align="alignnone" width="835"] Не случајно се избираат училиштата, средните училишта воглавно, вели проф. д-р Никола Дујовски[/caption]

Намерите на луѓето кои ги праќаат овие пораки, истакнува деканот на Факултетот за безбедност, да предизвикуваат страв и паника кај населението се повеќе од евидентни.

Веројатно не е можно да се случи некаква поголема штета освен напишаната порака, но ние секако мора да бидеме претпазливи затоа што едноставно светот, а особено овој регион е многу чуствителен на таквите хибридни закани и на се друго што може да предизвика вознемиреност. Не случајно се избираат училиштата, средните училишта воглавно. Затоа што таму децата патуваат самостојно, родителите вообичаено не знаат каков е процесот додека децата се таму и ова е токму онака како по книга како се прави хибридна закана, вели Дујовски.

Според него, добро е што разменуваме информации во мрежата на НАТО бидејќи овие прашања не се само за Македонија, ниту пак сме ние единствена земја изложена на вакви притисоци и добро е да ги градиме нашите капацитети и натаму.

Се надевам дека овој тренд ќе се смири и се надевам дека институциите ќе се посветат на ниво на задачата, впрочем како и досега, рече деканот на Факултетот за безбедност.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера најави дека најголем дел од заканите за поставени бомби во средните училишта се лоцирани од каде доаѓаат и оти Министерството работи на заштита.

Вчера во Скопје во девет средни училишта имаше лажни дојави за поставени бомби.

The post Лажните дојави во училиштата се правени „како по книга“, вели деканот на Факултетот за безбедност appeared first on Република.

]]>

Деканот на Факултетот за безбедност проф. д-р Никола Дујовски изјави дека целта на лажните дојави за бомби во средните училишта е да се создаде страв и паника меѓу населението и оти не случајно се избираат училиштата. Ова, вели тој, е токму „како по книга” како се прави хибридна закана.
Овој тренд почна пред неколку месеци прво во Србија, Белград, Нови Сад потоа и Сараево. Еве сега и кај нас. Да, тоа е дел од закани коишто засега остануваат само во фаза на погрешно испратени пораки, меѓутоа полицијата има обврски и добро е што се постапува на тој начин. Децата и наставниците и сите присутни во училиштата мора веднаш да бидат евакуирани и однесени на безбедно и полицијата да ја провери секоја дојава за поставена бомба или каква било закана. Тоа се прави и ќе се прави во наредниот период. Министерството за внатрешни ги гради капацитетите да може да одговори на ваквите закани, да ги пресретне ваквите пораки, да ги анализира и да ги спречи едноставно, изјави професорот Дујовски за утринската програма на Македонската телевизија.
[caption id="attachment_572145" align="alignnone" width="835"] Не случајно се избираат училиштата, средните училишта воглавно, вели проф. д-р Никола Дујовски[/caption] Намерите на луѓето кои ги праќаат овие пораки, истакнува деканот на Факултетот за безбедност, да предизвикуваат страв и паника кај населението се повеќе од евидентни.
Веројатно не е можно да се случи некаква поголема штета освен напишаната порака, но ние секако мора да бидеме претпазливи затоа што едноставно светот, а особено овој регион е многу чуствителен на таквите хибридни закани и на се друго што може да предизвика вознемиреност. Не случајно се избираат училиштата, средните училишта воглавно. Затоа што таму децата патуваат самостојно, родителите вообичаено не знаат каков е процесот додека децата се таму и ова е токму онака како по книга како се прави хибридна закана, вели Дујовски.
Според него, добро е што разменуваме информации во мрежата на НАТО бидејќи овие прашања не се само за Македонија, ниту пак сме ние единствена земја изложена на вакви притисоци и добро е да ги градиме нашите капацитети и натаму.
Се надевам дека овој тренд ќе се смири и се надевам дека институциите ќе се посветат на ниво на задачата, впрочем како и досега, рече деканот на Факултетот за безбедност.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера најави дека најголем дел од заканите за поставени бомби во средните училишта се лоцирани од каде доаѓаат и оти Министерството работи на заштита. Вчера во Скопје во девет средни училишта имаше лажни дојави за поставени бомби.  

The post Лажните дојави во училиштата се правени „како по книга“, вели деканот на Факултетот за безбедност appeared first on Република.

]]>
Конечно открија: Пораките со лажни дојави за бомби во училиштата биле пратени однадвор https://republika.mk/vesti/crna-hronika/konechno-otkrija-porakite-so-lazni-dojavi-za-bombi-vo-uchilishtata-bile-prateni-odnadvor/ Sat, 29 Oct 2022 18:36:56 +0000 https://republika.mk/?p=567260

Пораките со лажните пријави за бомби во скопските средни училишта се пуштени од надвор од државата, изјави вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
– Имаме сериозни индиции за тоа како се одвива целиот тој процес и во тој дел работиме максимално посветено, со помош на нашите партнери, со цел да ги прекинеме овие монструозни чинови кои предизвикуваат вознемиреност кај граѓаните, рече Спасовски на гостувањето во дневникот на „Сител“.

Тој потенцираше дека сите капацитети на безбедносните служби, од почетокот на мандатот на ова раководство на МВР, се посветени кон сериозна заштита на граѓаните во сите сегменти, меѓу кои и во сајбер безбедноста.– Знаете дека имаше обиди за напади врз институциите, хакерски напади врз неколку институции во државата. Дури и при спроведувањето на пописот имаше сериозен хакерски напад на целиот систем којшто практично работеше во делот на спроведување на пописот, на неколку од министерствата итн. Тоа покажува само колку е потребно во делот на сајбер безбедноста да се преземат сите мерки и таа сајбер безбедност да ја зголемуваме преку јакнење на капацитетите материјално-технички, меѓутоа и на човечките ресурси, рече Спасовски.

Три дена во текот на неделата имаше лажни пријави за поставени експлозивни направи во неколку средни училишта во Скопје по што учениците беа евакуирани и се вршеа детални проверки од страна на екипите на МВР.

The post Конечно открија: Пораките со лажни дојави за бомби во училиштата биле пратени однадвор appeared first on Република.

Тасевски: Дојавите за бомби не доаѓаат од деца и осамени мастурбатори, туку од одредени центри на моќ, власта или странски тајни служби https://republika.mk/vesti/makedonija/tasevski-dojavite-za-bombi-ne-doagjaat-od-deca-i-osameni-masturbatori-tuku-od-odredeni-centri-na-mokj-vlasta-ili-stranski-tajni-sluzbi/ Fri, 28 Oct 2022 08:14:33 +0000 https://republika.mk/?p=566672

Никој не се заканува со бомби во школи за да откаже испрашување, тест или да ја смени директорката. Ниту пак го прави тоа зашто нема пари за греење па ај ќе направам паника за сите да седат дома, вели актерот Сашо Тасевски, според кој овие закани се нарачани и спроведени од „одредени центри на моќ, власта или странски тајни служби со асистенција на домашни предавници, петта колона“.

А можеби сите тие елементи делуваат заедно со власта, доколку е квислиншка. Може да биде вклучена и шестата колона или екстремната емиграција.
Целта е да се предизвика страв кај населението со цел да се спроведе некој поголем план на негова штета. Воведување на екстремни мерки божем за негова заштита, скратување на неговите слободи, скратување на способноста да мисли критички... Оти кога смртно ќе исплашиш некого, тој не може логички да мисли што му се случува, па можеш лесно да го манипулираш или да го натераш да прифати нешто што во нормална состојба никогаш не би го прифатил.
Особено ако му се заканиш по животот на неговите деца.
Е сега целта на заканите може да биде и дестабилизација на власта. Да се покаже колку е неспособна да одржува мир и безбедност и да се бара нејзина брза смена.
Но, моја претпоставка е дека зад заканите со бомби стои власта под диригентската палка на странски непријателски служби кои намерно создаваат паника меѓу нас за да го кренат нивото на нивната контрола и манипулација над нас како би го спровеле до крај својот план.
Мирна спора федерализација и поделба на Македонија, без тоа да го запали балканското буре барут.
Сега они го читаат ефектот на заканите во јавноста. Ако проценат дека не задоволува, ќе детонираат и вистинска бомба во некое школо. За почеток кога нема ученици во школото. Третата фаза би им била прав масакр.
Доколку пак, зад заканите стојат некои исламски екстремисти во џихад, не би се заканиле. Бомбите би пукнале без најава.
Затоа не верувам дека џихадисти се во прашање.
Ова со заканите е масло на власта по наредба и план на странци или нечиј план за уцена и дестабилизација на власта, за да се принуди да го истурка до крај она што го ветила на странците. Видовте Обиџуко каков театар правеше? Затворени улици полиција, специјалци на секое ќоше. Мисли глупи сме ко него.
Значи, дојавите за бомби не доаѓаат од деца и осамени мастурбатори што не опнале жена у животот. Тука да бидеме на чисто, порача Тасевски.

The post Тасевски: Дојавите за бомби не доаѓаат од деца и осамени мастурбатори, туку од одредени центри на моќ, власта или странски тајни служби appeared first on Република.

]]>

Никој не се заканува со бомби во школи за да откаже испрашување, тест или да ја смени директорката. Ниту пак го прави тоа зашто нема пари за греење па ај ќе направам паника за сите да седат дома, вели актерот Сашо Тасевски, според кој овие закани се нарачани и спроведени од „одредени центри на моќ, власта или странски тајни служби со асистенција на домашни предавници, петта колона“.
А можеби сите тие елементи делуваат заедно со власта, доколку е квислиншка. Може да биде вклучена и шестата колона или екстремната емиграција. Целта е да се предизвика страв кај населението со цел да се спроведе некој поголем план на негова штета. Воведување на екстремни мерки божем за негова заштита, скратување на неговите слободи, скратување на способноста да мисли критички... Оти кога смртно ќе исплашиш некого, тој не може логички да мисли што му се случува, па можеш лесно да го манипулираш или да го натераш да прифати нешто што во нормална состојба никогаш не би го прифатил. Особено ако му се заканиш по животот на неговите деца. Е сега целта на заканите може да биде и дестабилизација на власта. Да се покаже колку е неспособна да одржува мир и безбедност и да се бара нејзина брза смена. Но, моја претпоставка е дека зад заканите со бомби стои власта под диригентската палка на странски непријателски служби кои намерно создаваат паника меѓу нас за да го кренат нивото на нивната контрола и манипулација над нас како би го спровеле до крај својот план. Мирна спора федерализација и поделба на Македонија, без тоа да го запали балканското буре барут. Сега они го читаат ефектот на заканите во јавноста. Ако проценат дека не задоволува, ќе детонираат и вистинска бомба во некое школо. За почеток кога нема ученици во школото. Третата фаза би им била прав масакр. Доколку пак, зад заканите стојат некои исламски екстремисти во џихад, не би се заканиле. Бомбите би пукнале без најава. Затоа не верувам дека џихадисти се во прашање. Ова со заканите е масло на власта по наредба и план на странци или нечиј план за уцена и дестабилизација на власта, за да се принуди да го истурка до крај она што го ветила на странците. Видовте Обиџуко каков театар правеше? Затворени улици полиција, специјалци на секое ќоше. Мисли глупи сме ко него. Значи, дојавите за бомби не доаѓаат од деца и осамени мастурбатори што не опнале жена у животот. Тука да бидеме на чисто, порача Тасевски.

The post Тасевски: Дојавите за бомби не доаѓаат од деца и осамени мастурбатори, туку од одредени центри на моќ, власта или странски тајни служби appeared first on Република.

]]>
Голема акција на српската полиција: Дојавите за лажни бомби доаѓале од Полска, Украина, Гамбија, Русија https://republika.mk/vesti/balkan/golema-akcija-na-srpskata-policija-dojavite-za-lazni-bombi-doagjale-od-polska-ukkraina-gambija-rusija/ Wed, 18 May 2022 20:39:05 +0000 https://republika.mk/?p=504049

Министерството за внатрешни работи на Србија, во соработка со Обвинителството за организиран криминал и Вишото јавно обвинителство, Специјалното обвинителство за борба против високотехнолошкиот криминал, идентификуваше вкупно 19 електронски адреси – 18 адреси на Gmail и една ProtonMail адреса на е-пошта на различни локации.

Утврдено е дека осум такви закани дошле од Полска, четири од Гамбија, по две од Иран и Нигерија и по една од Украина, Словенија и Русија.

Припадниците на српската полиција идентификувале и лице кое во текот на вчерашниот ден преку телефон упатило закани со иста содржина.

The post Голема акција на српската полиција: Дојавите за лажни бомби доаѓале од Полска, Украина, Гамбија, Русија appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи на Србија, во соработка со Обвинителството за организиран криминал и Вишото јавно обвинителство, Специјалното обвинителство за борба против високотехнолошкиот криминал, идентификуваше вкупно 19 електронски адреси – 18 адреси на Gmail и една ProtonMail адреса на е-пошта на различни локации. Утврдено е дека осум такви закани дошле од Полска, четири од Гамбија, по две од Иран и Нигерија и по една од Украина, Словенија и Русија. Припадниците на српската полиција идентификувале и лице кое во текот на вчерашниот ден преку телефон упатило закани со иста содржина.

The post Голема акција на српската полиција: Дојавите за лажни бомби доаѓале од Полска, Украина, Гамбија, Русија appeared first on Република.

]]>
Повторно паника во Белград, овојпат дојави за бомби во трговски центри https://republika.mk/vesti/balkan/povtorno-panika-vo-belgrad-ovojpat-dojavi-za-bombi-vo-trgovski-centri/ Wed, 11 May 2022 17:01:52 +0000 https://republika.mk/?p=501124

Во неколку белградски трговски центри за помалку од половина час биле пријавени дојави за бомби, соопшти српското МВР.

Станува збор за трговскиот центар ТЦ Рајиќева и ТЦ Биг во Раковица. Како што пишуваат српските медиуми, МВР добиле дојава и за поставена бомба во трговскиот центар во Бањица.

Екипите се на терен и засега немаме повеќе информации, соопшти полицијата.

Од српското МВР велат дека добиле дојава за поставена бомба, по што наредиле сите веднаш да го напуштат трговскиот центар. Во моментов е во тек евакуацијата на сите клиенти и вработени.

Околу трговскиот центар Рајиќево се собраа голем број луѓе кои чекаат нови информации за експлозивната направа.

На крајот на минатиот месец беа евакуирани училиштата по лажни дојави за бомби.

The post Повторно паника во Белград, овојпат дојави за бомби во трговски центри appeared first on Република.

]]>

Во неколку белградски трговски центри за помалку од половина час биле пријавени дојави за бомби, соопшти српското МВР. Станува збор за трговскиот центар ТЦ Рајиќева и ТЦ Биг во Раковица. Како што пишуваат српските медиуми, МВР добиле дојава и за поставена бомба во трговскиот центар во Бањица.
Екипите се на терен и засега немаме повеќе информации, соопшти полицијата.
Од српското МВР велат дека добиле дојава за поставена бомба, по што наредиле сите веднаш да го напуштат трговскиот центар. Во моментов е во тек евакуацијата на сите клиенти и вработени. Околу трговскиот центар Рајиќево се собраа голем број луѓе кои чекаат нови информации за експлозивната направа. На крајот на минатиот месец беа евакуирани училиштата по лажни дојави за бомби.

The post Повторно паника во Белград, овојпат дојави за бомби во трговски центри appeared first on Република.

]]>
Сите ученици на улица откако дојава за бомба добиле 22 училишта низ Белград https://republika.mk/vesti/balkan/site-uchenici-na-ulica-otkako-dojava-za-bomba-dobile-22-uchilishta-niz-belgrad/ Fri, 29 Apr 2022 11:11:58 +0000 https://republika.mk/?p=495232

По дојавите на подментнати бомби во 22 белградски училишта, полицијата досега извршила увид во девет училишта на територијата на Белград и утврдила дека се работи за лажни дојави дека во нив била поставена бомба, а увидите продолжуваат, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи, јави дописиникот на МИА од Белград.

Контрадиверзантски проверки се извршени во три училишта во општина Звездара, четири во Раковица и две училишта во општината Стар град.

Министерството за образование, наука и технолошки развој претходно соопшти дека дваесетина училишта во Белград добиле циркуларна електронска пошта за поставена бомба, за што веднаш биле известени МВР и БИА.

Слична ситуација се случи пред неколку дена во соседна Црна Гора. Нашата полиција прво ќе ги испита заканите, а децата и вработените нема да бидат вратени во училниците додека полицијата не потврди дека е безбедно, што е приоритет, изјави министерот за образование Бранко Ружиќ.

Од МВР соопштија дека од превентивни причини проверки се прават и во училиштата кои немаат дојави за подметнатаи бомби.

Министерството за образование, наука и технолошки развој ќе ја информира јавноста за развојот на состојбите.

The post Сите ученици на улица откако дојава за бомба добиле 22 училишта низ Белград appeared first on Република.

]]>

По дојавите на подментнати бомби во 22 белградски училишта, полицијата досега извршила увид во девет училишта на територијата на Белград и утврдила дека се работи за лажни дојави дека во нив била поставена бомба, а увидите продолжуваат, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи, јави дописиникот на МИА од Белград. Контрадиверзантски проверки се извршени во три училишта во општина Звездара, четири во Раковица и две училишта во општината Стар град. Министерството за образование, наука и технолошки развој претходно соопшти дека дваесетина училишта во Белград добиле циркуларна електронска пошта за поставена бомба, за што веднаш биле известени МВР и БИА.
Слична ситуација се случи пред неколку дена во соседна Црна Гора. Нашата полиција прво ќе ги испита заканите, а децата и вработените нема да бидат вратени во училниците додека полицијата не потврди дека е безбедно, што е приоритет, изјави министерот за образование Бранко Ружиќ.
Од МВР соопштија дека од превентивни причини проверки се прават и во училиштата кои немаат дојави за подметнатаи бомби. Министерството за образование, наука и технолошки развој ќе ја информира јавноста за развојот на состојбите.

The post Сите ученици на улица откако дојава за бомба добиле 22 училишта низ Белград appeared first on Република.

]]>