лајка Archives - Република https://republika.mk/tema/lajka/ За подобро да се разбереме Sat, 15 Jun 2024 06:57:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png лајка Archives - Република https://republika.mk/tema/lajka/ 32 32 Над 50 волонтери со цртежи ќе го разубавуваат стационарот за бездомни кучиња „Лајка“ https://republika.mk/vesti/skopje/nad-50-volonteri-so-tsrtezhi-ke-go-razubavuvaat-statsionarot-za-bezdomni-kuchina-lajka/ Sat, 15 Jun 2024 06:57:09 +0000 https://republika.mk/?p=787730

Настан „Да го разубавиме светот на кучињата, да ја обиме Лајка“ ќе се одржи денеска во стационарот за бездомни куќиња ЈП „Лајка“ Скопје.

Над 50 волонтери во периодот од 10 до 14 часот ќе учествуваат во боење на боксовите и реквизитите на претпријатието и уредување на околината.

Активноста е во рамки на проектот „Унапредување на благосостојбата на животните преку волонтерство” под покровителство на Амбасадата на САД во Скопје.

The post Над 50 волонтери со цртежи ќе го разубавуваат стационарот за бездомни кучиња „Лајка“ appeared first on Република.

]]>

Настан „Да го разубавиме светот на кучињата, да ја обиме Лајка“ ќе се одржи денеска во стационарот за бездомни куќиња ЈП „Лајка“ Скопје. Над 50 волонтери во периодот од 10 до 14 часот ќе учествуваат во боење на боксовите и реквизитите на претпријатието и уредување на околината. Активноста е во рамки на проектот „Унапредување на благосостојбата на животните преку волонтерство” под покровителство на Амбасадата на САД во Скопје.  

The post Над 50 волонтери со цртежи ќе го разубавуваат стационарот за бездомни кучиња „Лајка“ appeared first on Република.

]]>
„Република“ повлекува информација – извинување до Лајка и директорката Пешева https://republika.mk/vesti/skopje/republika-povlekuva-informatsija-izvinuvane-do-lajka-i-direktorkata-pesheva/ Fri, 27 Oct 2023 10:10:03 +0000 https://republika.mk/?p=695506

„Република“ ја повлекува веста со наслов Кирков: Арсовска и Пешева препродаваат препарати за миленици на црно поради објавување на информација во која е застапена само едната страна, односно не е земена изјава од Јавното претпријатие за благосостојба на животните скитници Лајка и директорката Радмила Пешева. Се работи за пренесен фејсбук статус на Стефан Кирков без притоа „Република“ да даде дополнителни коментари и информации. Се работи за тврдење на Кирков, но сепак, по барање на Лајка и директорката Пешева, веста ја повлекуваме во целост.

Во својата реакција Јавното претпријатие за бвлагосостојба на животните скитници Лајка тврдат дека обвинувањата упатени од Кирков а се целосно неточни, манипулативни, паушални и незасновани на било каков доказ, и како такви директно биле насочени кон омаловажување на претпријатието и вработените.

Имено, како што велат од претпријатието, кутиите кои што биле поставени од страна на Лајка биле празни и поставени на штандот како рекламен материјал на барање на сопонзорот ВЕТПРОМЕТ ДООЕЛ, во знак на благодарност за донацијата која ја добило претпријатието непосредно пред настанот, за што можеле да потврдат истите согласно изјавата со бр.0302-281 од 17.10.2023.

„Република“ се извинува на претпријатијето и личностите кои се споменати во текстот, а чија страна не е застапена во објавената вест.

The post „Република“ повлекува информација – извинување до Лајка и директорката Пешева appeared first on Република.

]]>

„Република“ ја повлекува веста со наслов Кирков: Арсовска и Пешева препродаваат препарати за миленици на црно поради објавување на информација во која е застапена само едната страна, односно не е земена изјава од Јавното претпријатие за благосостојба на животните скитници Лајка и директорката Радмила Пешева. Се работи за пренесен фејсбук статус на Стефан Кирков без притоа „Република“ да даде дополнителни коментари и информации. Се работи за тврдење на Кирков, но сепак, по барање на Лајка и директорката Пешева, веста ја повлекуваме во целост. Во својата реакција Јавното претпријатие за бвлагосостојба на животните скитници Лајка тврдат дека обвинувањата упатени од Кирков а се целосно неточни, манипулативни, паушални и незасновани на било каков доказ, и како такви директно биле насочени кон омаловажување на претпријатието и вработените. Имено, како што велат од претпријатието, кутиите кои што биле поставени од страна на Лајка биле празни и поставени на штандот како рекламен материјал на барање на сопонзорот ВЕТПРОМЕТ ДООЕЛ, во знак на благодарност за донацијата која ја добило претпријатието непосредно пред настанот, за што можеле да потврдат истите согласно изјавата со бр.0302-281 од 17.10.2023. „Република“ се извинува на претпријатијето и личностите кои се споменати во текстот, а чија страна не е застапена во објавената вест.

The post „Република“ повлекува информација – извинување до Лајка и директорката Пешева appeared first on Република.

]]>
Тим на „Лајка“ заловува бездомни кучиња во општина Аеродром https://republika.mk/vesti/skopje/tim-na-lajka-zalovuva-bezdomni-kuchina-vo-opshtina-aerodrom/ Wed, 16 Aug 2023 07:51:03 +0000 https://republika.mk/?p=672572

Скопје, 16 август 2023 (МИА) - Tим на ЈП Лајка неделава беше на неколку локации во општина Аеродром за спроведување на стратешкото заловување на бездомни кучиња и нивен хуман третман.

Од ЈП Лајка информираа дека заловувачкиот тим ќе ги посети Долно Лисиче, Горно Лисиче, Тодор Чангов, Лисиче, Ново Лисиче, Јане Сандански, Реонски центар, Бисер, Стар Аеродром, Мичурин и Острово.

Граѓаните од општина Аеродром можат да пријавуваат бездомни кучиња на 02 256 5859 / 071 219 925 или на [email protected].

The post Тим на „Лајка“ заловува бездомни кучиња во општина Аеродром appeared first on Република.

]]>

Скопје, 16 август 2023 (МИА) - Tим на ЈП Лајка неделава беше на неколку локации во општина Аеродром за спроведување на стратешкото заловување на бездомни кучиња и нивен хуман третман. Од ЈП Лајка информираа дека заловувачкиот тим ќе ги посети Долно Лисиче, Горно Лисиче, Тодор Чангов, Лисиче, Ново Лисиче, Јане Сандански, Реонски центар, Бисер, Стар Аеродром, Мичурин и Острово. Граѓаните од општина Аеродром можат да пријавуваат бездомни кучиња на 02 256 5859 / 071 219 925 или на [email protected].  

The post Тим на „Лајка“ заловува бездомни кучиња во општина Аеродром appeared first on Република.

]]>
Од денеска почна заловувањето бездомни кучиња во општина Аеродром https://republika.mk/vesti/skopje/od-deneska-pochna-zalovuvaneto-bezdomni-kuchina-vo-opshtina-aerodrom/ Mon, 17 Jul 2023 13:13:10 +0000 https://republika.mk/?p=662343

Од јавното претпријатие „Лајка“ известуваат дека од денеска нивниот заловувачкиот тим започнува со стратешко заловување на бездомни кучиња на територијата на општина Аеродром.

-Нашиот тим на заловувачи оваа недела ќе заловува во реоните: Долно Лисиче, Горно Лисиче, Тодор Чангов, населба Лисиче, Ново Лисиче, Јане Сандански, Реонски центар, Бисер, Стар Аеродром, Мичурин и Острово – соопштија од претпријатието.

Заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче кое што ќе го сретне во овие реони, а кое го нема поминато хуманиот третман.

Доколку граѓаните од гореспоменатите населби имаат бездомно куче кое сакаат да го посочат на тимовите, можат да се јават на телефонските броеви: 02 256 5859 / 071 219 925 или можат да пријават на [email protected]

The post Од денеска почна заловувањето бездомни кучиња во општина Аеродром appeared first on Република.

]]>

Од јавното претпријатие „Лајка“ известуваат дека од денеска нивниот заловувачкиот тим започнува со стратешко заловување на бездомни кучиња на територијата на општина Аеродром. -Нашиот тим на заловувачи оваа недела ќе заловува во реоните: Долно Лисиче, Горно Лисиче, Тодор Чангов, населба Лисиче, Ново Лисиче, Јане Сандански, Реонски центар, Бисер, Стар Аеродром, Мичурин и Острово – соопштија од претпријатието. Заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче кое што ќе го сретне во овие реони, а кое го нема поминато хуманиот третман. Доколку граѓаните од гореспоменатите населби имаат бездомно куче кое сакаат да го посочат на тимовите, можат да се јават на телефонските броеви: 02 256 5859 / 071 219 925 или можат да пријават на [email protected]  

The post Од денеска почна заловувањето бездомни кучиња во општина Аеродром appeared first on Република.

]]>
„Лајка“ ќе заловува бездомни кучиња во Чаир https://republika.mk/vesti/skopje/lajka-ke-zalovuva-bezdomni-kuchina-vo-chair/ Tue, 11 Jul 2023 09:34:53 +0000 https://republika.mk/?p=659977

Залувачкиот тим на ЈП Лајка, од вчера до 14 јули започна со стратешко заловување на кучиња во општина Чаир, односно во реоните на бул. „Цветан Димов“, ул. „Џон Кенеди“, ул. „Ферид Бајрам“, ул. „Дижонска“, ул. „Втора Македонска Бригада“...

Од ЈП Лајка информираат дека заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче коешто ќе го сретне во овие реони, а го нема поминато хуманиот третман.

Доколку граѓаните од гореспоменатите реони имаат бездомно куче кое сакаат да го посочат на тимовите, може да се јават на телефонските броеви 02 256 5859/ 071 219 925 или да пријават на [email protected], велат од ЈП Лајка.

The post „Лајка“ ќе заловува бездомни кучиња во Чаир appeared first on Република.

]]>

Залувачкиот тим на ЈП Лајка, од вчера до 14 јули започна со стратешко заловување на кучиња во општина Чаир, односно во реоните на бул. „Цветан Димов“, ул. „Џон Кенеди“, ул. „Ферид Бајрам“, ул. „Дижонска“, ул. „Втора Македонска Бригада“... Од ЈП Лајка информираат дека заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче коешто ќе го сретне во овие реони, а го нема поминато хуманиот третман.
Доколку граѓаните од гореспоменатите реони имаат бездомно куче кое сакаат да го посочат на тимовите, може да се јават на телефонските броеви 02 256 5859/ 071 219 925 или да пријават на [email protected], велат од ЈП Лајка.
 
The post „Лајка“ ќе заловува бездомни кучиња во Чаир appeared first on Република.

]]>
„Лајка“ ќе заловува кучиња во Центар https://republika.mk/vesti/skopje/lajka-ke-zalovuva-kuchina-vo-tsentar/ Mon, 27 Mar 2023 09:40:03 +0000 https://republika.mk/?p=624166

Од Јавното претпријатие „Лајка“ информираат дека и оваа работна недела продолжуваат со стратешко заловување на кучиња скитиници низ општина Центар.

Нашиот тим на заловувачи оваа недела (27 - 31 март) ќе заловува во општина Центар. Заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче кое што ќе го сретне во овој реон а кое го нема поминато хуманиот третман. Заловувачкиот тим ќе ги посети следниве локации: бул. Илинденска, Градски парк, Клинички Центар, ул. Самоилова итн, пишува во соопштението на ЈП „Лајка“.

Доколку граѓаните од гореспоменатата општина имаат бездомно куче кое сакаат да го посочат на тимовите може да се јават на 02 256 5859 / 071 219 925 или пак да пријават на [email protected], но и сами да го донесат директно во ЈП „Лајка“.

The post „Лајка“ ќе заловува кучиња во Центар appeared first on Република.

Шестмина заловувачи на „Лајка“ секојдневно „се надмудруваат“ со уличните кучиња во Скопје https://republika.mk/vesti/skopje/shestmina-zalovuvachi-na-lajka-sekojdnevno-se-nadmudruvaat-so-ulichnite-kuchina-vo-skopje/ Sun, 12 Mar 2023 08:23:29 +0000 https://republika.mk/?p=618645

Од понеделникот ЈП „Лајка“ со шест заловувачи на терен почна акција за заловување на бездомните кучиња без ушна маркица на територија на Град Скопје со цел намалување на нивниот број. Заловувањето почна од Општина Аеродром, а ќе се одвива во континуитет и во останатите општини сè додека не се успее во што поголем број да се стерилизираат и кастрираат бездомните кучиња.

На првиот ден од акцијата заловувачите успеале да заловат 11 кучиња, а од нив, како што вели за МИА директорката на претпријатието Радмила Пешева, половина биле кучиња со сопственик, но нечипирани.

Во „Лајка“ има шест заловувачи кои работат со две возила во два тима, а заловуваат со сајли и со групни и подвижни кафези, како и со пушки за омамување (успивање). Засега тоа се расположливите алатки, а од „Лајка“ се надеваат дека во иднина ќе се збогатат со повеќе алатки и дека ќе бидат во можност да нарачаат и да се доопремат.

За кучињата кои се питоми, службата за заловување пристапува со поводник, а за оние подивите еден од заловувачите, ветеринарот Горан Ѓорѓиоски носи пушка со стреличка со анестезија, за да може полесно да ги фатат. Ѓорѓиоски е единствениот во „Лајка“ кој има дозвола за таква пушка, а останатите петмина, кучињата ги заловуваат или со сајла, метод кој се користи уште од времето на стационарот „Вардариште“, но и со поводник за кучињата кои се полесни за „фаќање“.

Екипата на МИА излезе на терен со заловувачите кои пробуваа да се надмудрат со дивите кучиња на територија на Општина Аеродром.

Во продолжение сторијата на МИА.

Со заловувачите се најдовме околу 10:30 часот кај „Лиса Центар“ во Ново Лисиче каде поразговаравме за начинот на кој ги заловуваат кучињата, колку време им е потребно, како и генерално за акцијата.

Во разговорот со нив ни беше укажано дека не може да се одреди временска рамка во однос на тоа колку време им е потребно да заловат куче, образложувајќи дека има питоми, но и диви и поагресивни кучиња. Кучињата се жива материја и не се предвидливи, велат заловувачите.

Двочасовните обиди да заловат пет кучиња кои граѓаните ги пријавиле за стерилизација тој ден не резултираа со успех.

Ветеринарот Воислав Димитровски, кој е поранешен директор на ЈП „Лајка“, а сега му помага на претпријатието, со мотор заврте круг околу соседните згради и за кратко време им јави на заловувачите дека трите кучиња кои ги бараме се наоѓаат позади автопералната во близина на трговскиот центар, по што екипата на МИА се упати кон местото, а заловувачите по опремата во возилото на „Лајка“.

Трите кучиња лежеа во тревникот спроти зградите, а ние пооддалечени застанавме да го проследиме процесот на заловување. Двајца од заловувачите Горан со пушка и Магдалена со поводник, скришно одзади нив, се приближија бавно за да не ги исплашат кучињата. Но, две од нив како да ги насетија и панично почнаа да бегаат кон зградите од каде им се изгуби трагата.

Додека МИА правеше фотографии од процесот на заловување, Димитровски повторно телефонски ги побара заловувачите повикувајќи ги кај „Лиса“ бидејќи таму нашол уште две други кучиња. Се упативме натаму каде уште еднаш ни се докажа дека работата на заловувачите не е така едноставна.

Директорката на „Лајка“ Пешева во изјавата за МИА нагласува дека со акцијата сакаат да почнат да работат плански по програмата „Залови, стерилизај, врати“. Тоа значи одење од општина по општина и што е можно повеќе нетретирани кучиња да го поминат третманот, да поминат тест за социјализација и да се вратат здрави на територија, а дел од нив и да вдомат. Со овој план треба да бидат опфатени сите општини на територија на Град Скопје.

За да програмата има успех, Пешева смета дека тоа треба да се прави во континуитет и масовно, редовно, секој ден, без престан.

Програмата подразбира дека на цела територија на Скопје, кучињата кога ќе бидат репродуктивно онеспособени, нивниот број во еден момент ќе запре, нема да има нови, а истите овие кучиња ќе ја штитат територијата од прилив на нови и непознати. Програмата е препорачана како економски исплатлива, бидејќи, како што појаснува Пешева, невозможно е со шест илјади кучиња (со колку што се шпекулира дека имаме) да се употреби политика на стационирање.

Според директорката на „Лајка“, бездомно куче живее од три до пет години и затоа се смета дека оваа програма за две до три години може да даде резултати доколку престане приливот на нови кучиња.

Таа уште еднаш го лоцира проблемот кај сопствениците.

Доколку луѓето не фрлаат нови и не произведуваат легла и со тоа што ние ќе стерилизираме, видливо ќе се намали бројот по три години. Затоа што кучињата се изложени на студ, на топло, страдаат во сообраќај, едноставно улично куче има во просек три до пет години животен век. И затоа се смета за хумана програма, дека едноставно ги оставате на слобода, а тие се сепак контролирани, не шират болест, не се размножуваат и стануваат дел од урбани маалски миленици, нагласува Пешева.

Таа апелира до сопствениците на кучиња, но и до општините да помогнат и да не се изземаат од нивната одговорност за борба со бездомната популација.

Општините треба да ги потсетуваат своите граѓани преку разни кампањи за своите обврски дека законска обврска е да се микрочипира миленикот, да се шета на поводник, по можност да не се размножува зашто секое едно куче кое оставило пород е комунален проблем, нагласува Пешева во изјавата за МИА.

Директорката на „Лајка“ вели дека кога би се заловувале 15 кучиња на ден нема да може да ги процесираат, затоа што капацитетот на стационарот е околу 120 бокса.

Во „Лајка“ е секогаш полно зашто кучињата се во некој дел од процесот – или чекаат крвна слика, тест за лишманија, постоперативно се држат или предоперативно, во секој случај повеќе од 15 дена гледаме да не останат, дури и пократко, по десет дена за да може брзо да работиме и повеќе кучиња да третираме, појаснува Пешева.

Во „Лајка“, како што рече, моментално има 160 кучиња, убави и здрави кои бараат дом. За секој човек кој сака да вдоми куче, во „Лајка“ има за сечиј вкус.

Луѓето го креираат проблемот, сите треба да бидеме подеднакво одговорни за да добиеме резултат, порачува Пешева, апелирајќи до граѓаните да пријавуваат нови кучиња на нивните локации.

The post Шестмина заловувачи на „Лајка“ секојдневно „се надмудруваат“ со уличните кучиња во Скопје appeared first on Република.

]]>

Од понеделникот ЈП „Лајка“ со шест заловувачи на терен почна акција за заловување на бездомните кучиња без ушна маркица на територија на Град Скопје со цел намалување на нивниот број. Заловувањето почна од Општина Аеродром, а ќе се одвива во континуитет и во останатите општини сè додека не се успее во што поголем број да се стерилизираат и кастрираат бездомните кучиња. На првиот ден од акцијата заловувачите успеале да заловат 11 кучиња, а од нив, како што вели за МИА директорката на претпријатието Радмила Пешева, половина биле кучиња со сопственик, но нечипирани. Во „Лајка“ има шест заловувачи кои работат со две возила во два тима, а заловуваат со сајли и со групни и подвижни кафези, како и со пушки за омамување (успивање). Засега тоа се расположливите алатки, а од „Лајка“ се надеваат дека во иднина ќе се збогатат со повеќе алатки и дека ќе бидат во можност да нарачаат и да се доопремат. За кучињата кои се питоми, службата за заловување пристапува со поводник, а за оние подивите еден од заловувачите, ветеринарот Горан Ѓорѓиоски носи пушка со стреличка со анестезија, за да може полесно да ги фатат. Ѓорѓиоски е единствениот во „Лајка“ кој има дозвола за таква пушка, а останатите петмина, кучињата ги заловуваат или со сајла, метод кој се користи уште од времето на стационарот „Вардариште“, но и со поводник за кучињата кои се полесни за „фаќање“. Екипата на МИА излезе на терен со заловувачите кои пробуваа да се надмудрат со дивите кучиња на територија на Општина Аеродром. Во продолжение сторијата на МИА. Со заловувачите се најдовме околу 10:30 часот кај „Лиса Центар“ во Ново Лисиче каде поразговаравме за начинот на кој ги заловуваат кучињата, колку време им е потребно, како и генерално за акцијата. Во разговорот со нив ни беше укажано дека не може да се одреди временска рамка во однос на тоа колку време им е потребно да заловат куче, образложувајќи дека има питоми, но и диви и поагресивни кучиња. Кучињата се жива материја и не се предвидливи, велат заловувачите. Двочасовните обиди да заловат пет кучиња кои граѓаните ги пријавиле за стерилизација тој ден не резултираа со успех. Ветеринарот Воислав Димитровски, кој е поранешен директор на ЈП „Лајка“, а сега му помага на претпријатието, со мотор заврте круг околу соседните згради и за кратко време им јави на заловувачите дека трите кучиња кои ги бараме се наоѓаат позади автопералната во близина на трговскиот центар, по што екипата на МИА се упати кон местото, а заловувачите по опремата во возилото на „Лајка“. Трите кучиња лежеа во тревникот спроти зградите, а ние пооддалечени застанавме да го проследиме процесот на заловување. Двајца од заловувачите Горан со пушка и Магдалена со поводник, скришно одзади нив, се приближија бавно за да не ги исплашат кучињата. Но, две од нив како да ги насетија и панично почнаа да бегаат кон зградите од каде им се изгуби трагата. Додека МИА правеше фотографии од процесот на заловување, Димитровски повторно телефонски ги побара заловувачите повикувајќи ги кај „Лиса“ бидејќи таму нашол уште две други кучиња. Се упативме натаму каде уште еднаш ни се докажа дека работата на заловувачите не е така едноставна. Директорката на „Лајка“ Пешева во изјавата за МИА нагласува дека со акцијата сакаат да почнат да работат плански по програмата „Залови, стерилизај, врати“. Тоа значи одење од општина по општина и што е можно повеќе нетретирани кучиња да го поминат третманот, да поминат тест за социјализација и да се вратат здрави на територија, а дел од нив и да вдомат. Со овој план треба да бидат опфатени сите општини на територија на Град Скопје. За да програмата има успех, Пешева смета дека тоа треба да се прави во континуитет и масовно, редовно, секој ден, без престан. Програмата подразбира дека на цела територија на Скопје, кучињата кога ќе бидат репродуктивно онеспособени, нивниот број во еден момент ќе запре, нема да има нови, а истите овие кучиња ќе ја штитат територијата од прилив на нови и непознати. Програмата е препорачана како економски исплатлива, бидејќи, како што појаснува Пешева, невозможно е со шест илјади кучиња (со колку што се шпекулира дека имаме) да се употреби политика на стационирање. Според директорката на „Лајка“, бездомно куче живее од три до пет години и затоа се смета дека оваа програма за две до три години може да даде резултати доколку престане приливот на нови кучиња. Таа уште еднаш го лоцира проблемот кај сопствениците.
Доколку луѓето не фрлаат нови и не произведуваат легла и со тоа што ние ќе стерилизираме, видливо ќе се намали бројот по три години. Затоа што кучињата се изложени на студ, на топло, страдаат во сообраќај, едноставно улично куче има во просек три до пет години животен век. И затоа се смета за хумана програма, дека едноставно ги оставате на слобода, а тие се сепак контролирани, не шират болест, не се размножуваат и стануваат дел од урбани маалски миленици, нагласува Пешева.
Таа апелира до сопствениците на кучиња, но и до општините да помогнат и да не се изземаат од нивната одговорност за борба со бездомната популација.
Општините треба да ги потсетуваат своите граѓани преку разни кампањи за своите обврски дека законска обврска е да се микрочипира миленикот, да се шета на поводник, по можност да не се размножува зашто секое едно куче кое оставило пород е комунален проблем, нагласува Пешева во изјавата за МИА.
Директорката на „Лајка“ вели дека кога би се заловувале 15 кучиња на ден нема да може да ги процесираат, затоа што капацитетот на стационарот е околу 120 бокса.
Во „Лајка“ е секогаш полно зашто кучињата се во некој дел од процесот – или чекаат крвна слика, тест за лишманија, постоперативно се држат или предоперативно, во секој случај повеќе од 15 дена гледаме да не останат, дури и пократко, по десет дена за да може брзо да работиме и повеќе кучиња да третираме, појаснува Пешева.
Во „Лајка“, како што рече, моментално има 160 кучиња, убави и здрави кои бараат дом. За секој човек кој сака да вдоми куче, во „Лајка“ има за сечиј вкус.
Луѓето го креираат проблемот, сите треба да бидеме подеднакво одговорни за да добиеме резултат, порачува Пешева, апелирајќи до граѓаните да пријавуваат нови кучиња на нивните локации.

The post Шестмина заловувачи на „Лајка“ секојдневно „се надмудруваат“ со уличните кучиња во Скопје appeared first on Република.

]]>
„Лајка“ останува без директор, оставка даде и Воислав Димитровски https://republika.mk/vesti/skopje/lajka-ostanuva-bez-direktor-ostavka-dade-i-voislav-dimitrovski/ Fri, 16 Sep 2022 09:24:25 +0000 https://republika.mk/?p=551322

Денеска оставка од функцијата в.д. директор на ЈП „Лајка“ поднесе и досегашиот директорот Воислав Димитровски. Тој во својата објуава на фејсбук објаснува дека поради недостиг на поддршка од страна на Град Скопје, претпријатието имало континуирано блокирани сметки и, каснење во исплатата на платите на вработените.

Димитровски вели дека го затекнал претпријатието во хаотична состојба без воспоставена структура, со недостаток на соодветен и нецелосно остручен кадар за работа на јавно претпријатие, со над 70 отсто заробен капацитет на прифатилиштето и со долг од над 10 милиони денари.

 Град Скопје со ребалансот на буџетот во 2022 година обезбеди 10 000 000 денари за ЈП Лајка за потешкотии во работењето, за кои веќе втор месец не се обезбедува мнозинство во Советот на Град Скопје да се доделат средствата на ЈП Лајка со цел да може да се врати во функција претпријатието и да врати веќе доспеани долгови. ЈП Лајка за остатокот од 2022 година има останати обезбедени средства од Град Скопје само 1 900 000 денари која е доволно да се исплатат само плата и комунални трошоци на претпријатието за само 1 месец, без финансии за храна лекови и потрошен материјал – вели досегашниот директор.

Во изминатиот период, како што објаснува, ЈП „Лајка“ поради тоа што немала финансиски средства за основно функционирање, правела акции за донации со цел да не се прекине воспоставеното темпо на работа за реализација на програмата и спроведување на хуман третман кај животните.

 Во ваква тешка финансиска состојба без реална подршка од страна на Град Скопје, како ВД директор на ЈП „Лајка“ заедно со тимот од ЈП „Лајка“ и со несебична подршка од страна на здруженијата и активистите успеавме да го зголемиме капацитетот на третирани кучиња со хуман третман за околу 40%, вдомувањата на кучиња се зголеми за 300%, според податок од МВР на ниво на Град Скопје има намалување на инциденти предизвикани од куче за 20% – вели меѓу другото во своето обраќање Димитровски.

The post „Лајка“ останува без директор, оставка даде и Воислав Димитровски appeared first on Република.

]]>

Денеска оставка од функцијата в.д. директор на ЈП „Лајка“ поднесе и досегашиот директорот Воислав Димитровски. Тој во својата објуава на фејсбук објаснува дека поради недостиг на поддршка од страна на Град Скопје, претпријатието имало континуирано блокирани сметки и, каснење во исплатата на платите на вработените. Димитровски вели дека го затекнал претпријатието во хаотична состојба без воспоставена структура, со недостаток на соодветен и нецелосно остручен кадар за работа на јавно претпријатие, со над 70 отсто заробен капацитет на прифатилиштето и со долг од над 10 милиони денари.
 
 Град Скопје со ребалансот на буџетот во 2022 година обезбеди 10 000 000 денари за ЈП Лајка за потешкотии во работењето, за кои веќе втор месец не се обезбедува мнозинство во Советот на Град Скопје да се доделат средствата на ЈП Лајка со цел да може да се врати во функција претпријатието и да врати веќе доспеани долгови. ЈП Лајка за остатокот од 2022 година има останати обезбедени средства од Град Скопје само 1 900 000 денари која е доволно да се исплатат само плата и комунални трошоци на претпријатието за само 1 месец, без финансии за храна лекови и потрошен материјал – вели досегашниот директор.
Во изминатиот период, како што објаснува, ЈП „Лајка“ поради тоа што немала финансиски средства за основно функционирање, правела акции за донации со цел да не се прекине воспоставеното темпо на работа за реализација на програмата и спроведување на хуман третман кај животните.
 Во ваква тешка финансиска состојба без реална подршка од страна на Град Скопје, како ВД директор на ЈП „Лајка“ заедно со тимот од ЈП „Лајка“ и со несебична подршка од страна на здруженијата и активистите успеавме да го зголемиме капацитетот на третирани кучиња со хуман третман за околу 40%, вдомувањата на кучиња се зголеми за 300%, според податок од МВР на ниво на Град Скопје има намалување на инциденти предизвикани од куче за 20% – вели меѓу другото во своето обраќање Димитровски.
 
The post „Лајка“ останува без директор, оставка даде и Воислав Димитровски appeared first on Република.

]]>
Се заловуваат бездомни кучиња во Аеродром https://republika.mk/vesti/skopje/se-zalovuvaat-bezdomni-kuchinja-vo-aerodrom/ Thu, 07 Apr 2022 12:59:28 +0000 https://republika.mk/?p=484776

Во соработка со општина Аеродром, заловувачките екипи на ЈП Лајка оваа недела ќе постапуваат на одредени локации во оваа скопска општина од каде најмногу имаме добиено пријави од граѓани.

Се постапува на локациите кај Универзитетот Американ Колеџ - Скопје, трговскиот центар Капитол и околу Железничката Станица.

Сите заловени кучиња ќе бидат загрижени во прифатилиштето на ЈП Лајка, каде ќе го поминат целиот хуман третман. По завршувањето на хуманиот третман ќе бидат објавени за вдомување на социјалните мрежи и веб страната на претпријатието. Оние кои нема да бидат вдомени по истекот на нивното време за престој во прифатилиштето на ЈП Лајка, ќе бидат вратени на матичната локација, информираа од „Лајка“.

Оттаму додаваат дека досега оваа акција ја има спроведено во скопските општини Кисела Вода, Карпош, а оваа недела делува и во Аеродром.

The post Се заловуваат бездомни кучиња во Аеродром appeared first on Република.

]]>

Во соработка со општина Аеродром, заловувачките екипи на ЈП Лајка оваа недела ќе постапуваат на одредени локации во оваа скопска општина од каде најмногу имаме добиено пријави од граѓани. Се постапува на локациите кај Универзитетот Американ Колеџ - Скопје, трговскиот центар Капитол и околу Железничката Станица. Сите заловени кучиња ќе бидат загрижени во прифатилиштето на ЈП Лајка, каде ќе го поминат целиот хуман третман. По завршувањето на хуманиот третман ќе бидат објавени за вдомување на социјалните мрежи и веб страната на претпријатието. Оние кои нема да бидат вдомени по истекот на нивното време за престој во прифатилиштето на ЈП Лајка, ќе бидат вратени на матичната локација, информираа од „Лајка“. Оттаму додаваат дека досега оваа акција ја има спроведено во скопските општини Кисела Вода, Карпош, а оваа недела делува и во Аеродром.

The post Се заловуваат бездомни кучиња во Аеродром appeared first on Република.

]]>
Димитровски: Раководството на Шилегов го заглавиле ЈП „Лајка“ во долг од над 10 милиони денари https://republika.mk/vesti/skopje/dimitrovski-rakovodstvoto-na-shilegov-go-zaglavile-jp-lajka-vo-dolg-od-nad-10-milioni-denari/ Tue, 05 Apr 2022 12:28:03 +0000 https://republika.mk/?p=483610

Директорот на ЈП „Лајка“, Воислав Димитровски, на денешната прес-конференција го обвини претходното раководство дека претпријатието го оставило во големи долгови. Како што изјави тој, претходното градско раководство и раководството на ЈП „Лајка“ натрупало долгови на претпријатието во износ од 10 милиони денари за неполни две години.

Долговите се настанати поради ненавремено сервисирање на исплатите кон добавувачите на медицински материјали, опрема, храна за кучињата, поради луксузирање на претходното раководство на изнајмување на возила, ангажирање на ПР-лица, фотографи и други трошоци. Системот на финансирање на ЈП „Лајка“ не бил соодветно дизајниран при основањето на претпријатието, планираната обврска за месечен надоместок од општините во град Скопје за 2021 година бил 20 000 000 денари од кои помалку од половина биле наплатени. Дополнително на ова проблемот со бездомните кучиња во Град Скопје не бил третиран од претходните власти цели 2 години до ставањето во употреба на прифатилиштето во втората половина на 2020 година. Заради бавното реновирање на објектот на ЈП „Лајка“ и немање на алтернативна стратегија за решавање на проблемот и знаејќи го процесот на природна прогресија, овој период предизвикал сериозно зголемување на популацијата на бездомни кучиња во градот - изјави Димитровски.

Според Ревизорскиот извештај, како што истакна, само за 2021 година склучени се 76 авторски договори за ангажирани лица, за кои само за 6 има извештај за извршени услуги, за сите останати само договор.

Дополнително биле исплаќани пари на лица и склучени 36 договори за нивно ангажирање без наведување на потребата за кои се исплатени над милиони и пол денари, како и 21 договор за технички услуги без наведување на потребата за ангажирање.

Во следниве неколку дена ќе излеземе во јавноста со изнесување точни факти за ангажманите на овие лица и вршени услуги со законски нерегуларности кои биле направени од претходното раководство на ЈП ‘Лајка’. Факт е дека претпријатието е заглавено поради непродуктивни трошоци, ангажирање лица за кои се трошеле милиони, како и неисплаќање на услугите од страна на општините. Ова недомаќинско работење на претходното раководство придонело за милионските долгови. Морам да истакна дека голема лага е дека во ЈП ‘Лајка’ нема хуман третман на уличните кучиња, напротив, кучињата се третираат на најсоодветен начин. За споредба за 4 месеци вдомени од ЈП ‘Лајка’ се 139 кучиња, колку што претходното раководство вдомило за 18 месеци - рече Димитровски.

Тој додаде дека треба да се знае дека со ваква наследена тешка и заробена состојба на прифатилиштето, тешката финансиска состојба, немање можност за набавка на основни средства на функционирање, ЈП ‘Лајка’ во изминатите 4 месеци ги удвоила бројките на третирани кучиња на хуман начин за единица период, и овој процент ќе го зголемуваат во иднина.

The post Димитровски: Раководството на Шилегов го заглавиле ЈП „Лајка“ во долг од над 10 милиони денари appeared first on Република.

]]>

Директорот на ЈП „Лајка“, Воислав Димитровски, на денешната прес-конференција го обвини претходното раководство дека претпријатието го оставило во големи долгови. Како што изјави тој, претходното градско раководство и раководството на ЈП „Лајка“ натрупало долгови на претпријатието во износ од 10 милиони денари за неполни две години.
Долговите се настанати поради ненавремено сервисирање на исплатите кон добавувачите на медицински материјали, опрема, храна за кучињата, поради луксузирање на претходното раководство на изнајмување на возила, ангажирање на ПР-лица, фотографи и други трошоци. Системот на финансирање на ЈП „Лајка“ не бил соодветно дизајниран при основањето на претпријатието, планираната обврска за месечен надоместок од општините во град Скопје за 2021 година бил 20 000 000 денари од кои помалку од половина биле наплатени. Дополнително на ова проблемот со бездомните кучиња во Град Скопје не бил третиран од претходните власти цели 2 години до ставањето во употреба на прифатилиштето во втората половина на 2020 година. Заради бавното реновирање на објектот на ЈП „Лајка“ и немање на алтернативна стратегија за решавање на проблемот и знаејќи го процесот на природна прогресија, овој период предизвикал сериозно зголемување на популацијата на бездомни кучиња во градот - изјави Димитровски.
Според Ревизорскиот извештај, како што истакна, само за 2021 година склучени се 76 авторски договори за ангажирани лица, за кои само за 6 има извештај за извршени услуги, за сите останати само договор. Дополнително биле исплаќани пари на лица и склучени 36 договори за нивно ангажирање без наведување на потребата за кои се исплатени над милиони и пол денари, како и 21 договор за технички услуги без наведување на потребата за ангажирање.
Во следниве неколку дена ќе излеземе во јавноста со изнесување точни факти за ангажманите на овие лица и вршени услуги со законски нерегуларности кои биле направени од претходното раководство на ЈП ‘Лајка’. Факт е дека претпријатието е заглавено поради непродуктивни трошоци, ангажирање лица за кои се трошеле милиони, како и неисплаќање на услугите од страна на општините. Ова недомаќинско работење на претходното раководство придонело за милионските долгови. Морам да истакна дека голема лага е дека во ЈП ‘Лајка’ нема хуман третман на уличните кучиња, напротив, кучињата се третираат на најсоодветен начин. За споредба за 4 месеци вдомени од ЈП ‘Лајка’ се 139 кучиња, колку што претходното раководство вдомило за 18 месеци - рече Димитровски.
Тој додаде дека треба да се знае дека со ваква наследена тешка и заробена состојба на прифатилиштето, тешката финансиска состојба, немање можност за набавка на основни средства на функционирање, ЈП ‘Лајка’ во изминатите 4 месеци ги удвоила бројките на третирани кучиња на хуман начин за единица период, и овој процент ќе го зголемуваат во иднина.

The post Димитровски: Раководството на Шилегов го заглавиле ЈП „Лајка“ во долг од над 10 милиони денари appeared first on Република.

]]>
„Aнима мунди“ ќе бара одговорност за секое убиено куче во „Лајка“ https://republika.mk/vesti/skopje/anima-mundi-kje-bara-odgovornost-za-sekoe-ubieno-kuche-vo-lajka/ Fri, 21 Jan 2022 20:35:46 +0000 https://republika.mk/?p=447948

„Анима мунди“ испрати информација до медиумите во која се вели дека бараат итен инспекциски надзор во JП „Лајка“ и констатирање на фактичка состојба колку кучиња се убиени и зошто, дали одлуки за убивање носела претходната директорка и кога имало можност за вдомување на куче, дали е лажирана провала во стационарот, со цел да исчезнат документи од работењето на „Лајка“, проверка и на безбедносните камери, како и ревизија на сите продуцирани документи од работата во време на мандатот на таа директорка.

„Во ноември минатата година доставивме барање за информации од јавен карактер каде наш интерес се еутаназираните животни за време на мандатот на сега разрешената директорка на Тина Петрушевска. Барањето го доставивме поради индиции и наши сомнежи во точноста на податоците објавени во годишните извештаи за работа – прикажани 15 еутаназирани кучиња, додека во јавноста се јавуваа примери за убиени мирни маалски миленици и самоволието на директорка лично да одлучува дали некое куче ќе биде убиено- потенцираме, дури и во случаи кога за него постои вдомувач кој би го земал на сопствена одговорност“, соопштуваат од „Анима мунди““.

Во соопштението се наведува дека тој период коинцидира со пријава за провала во стационарот, кога во ноември минатата година поранешната директорка пријавила провала во стационарот.

„Прашуваме, кој има интерес да провалува и што би крадел во стационар за кучиња? Прашуваме, дали пријава на провала пред нејзино разрешување е обид за прикажување на кражба на документација? Бараме надлежните да ја проверат информацијата според која во ЈП ‘Лајка’ се исчезнати класери со документи во однос на животните и финансиското работење. Ги упатуваме на проверка на сите сигурносни камери и обезбедувањето на Лајка“, пишува во соопштението на Анима мунди и се нагласува дека нема да се отстапи од барање одговорност за секое куче.

The post „Aнима мунди“ ќе бара одговорност за секое убиено куче во „Лајка“ appeared first on Република.

Муцунски по посета на ЈП „Лајка“: Системски ќе го решиме проблемот со кучињата скитници https://republika.mk/vesti/skopje/mucunski-po-poseta-na-jp-lajka-sistemski-kje-go-reshime-problemot-so-kuchinjata-skitnici/ Mon, 17 Jan 2022 14:05:36 +0000 https://republika.mk/?p=445921

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, денеска се сретна со в.д. директорот на јавното претпријатие „Лајка", Воислав Димитровски, со кого разговараа за решавање на еден од најголемите проблеми на аеродромци – бездомните кучиња.

Денеска имаме чест и задоволство да разговараме за проблемот со бездомните кучиња, кој претставува предизвик за сите жители на нашата општина од гледна точка на нивно безбедно живеење. Бездомните кучиња во одредени делови од нашата општина претставуваат сериозен безбедносен ризик за граѓаните од сите возрасни категории“, изјави градоначалникот Муцунски по посетата на ЈП „Лајка“.

Тој посочи дека Општина Аеродром бара во периодот што доаѓа во соработка со Градот Скопје и со ЈП „Лајка“ системско решение што ќе биде долгорочно и во интерес на граѓаните.

Свесни сме дека новиот директор го стекна претпријатието во една тешка состојба, како финансиска, така и организациска и техничка, но според тоа што го видов денеска, тој е апсолутно амбициозен и има вистинска намера да ја претвори „Лајка“ повторно во сервис на граѓаните“, додаде Муцунски со уверување дека во најбрз можен рок и овој проблем на аеродромци ќе биде решен.

В.д. директорот на „Лајка", Димитровски, рече дека му ја претставил на градоначалникот целокупната работа на прифатилиштето.

Разговаравме за можност за понатамошна дополнителна соработка, да видиме кои точно локации во Општина Аеродром се приоритетни, а исто така разговаравме и за стратегија за решавање на проблемот со бездомните кучиња во рамки на самата општина“, изјави Димитровски. Безбедноста на аеродромцие на прво место, порачаа Муцунски и Димитровски.

The post Муцунски по посета на ЈП „Лајка“: Системски ќе го решиме проблемот со кучињата скитници appeared first on Република.