конференција Archives - Република https://republika.mk/tema/konferencija/ За подобро да се разбереме Tue, 05 Nov 2024 09:39:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png конференција Archives - Република https://republika.mk/tema/konferencija/ 32 32 Следете во живо: Министерот Љутков на конференција за развој на креативниот туризам во Македонија https://republika.mk/vesti/kultura/sledete-vo-zhivo-ministerot-lutkov-na-konferentsija-za-razvoj-na-kreativniot-turizam-vo-makedonija/ Tue, 05 Nov 2024 09:39:31 +0000 https://republika.mk/?p=834263

Првата јавна дискусија која има за цел да ги расчлени и расветли сегментите кои се однесуваат на обединување на културата и туризмот која е востановена неодамна во ресорот на Министерството за култура и туризам. Воедно таа има за цел да ги обедини сите чинители кои со своите искуства можат да допринесат во насока на раст и одржлив развој на оваа тема. Конференцијата за развој на креативен туризам ја организира Skopje Design week 2024 во соработка со Министерството за култура.

Конференцијата се одржува денес (5 ноември) со почеток во 10 часот на која воведно излагање ќе има министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

 

The post Следете во живо: Министерот Љутков на конференција за развој на креативниот туризам во Македонија appeared first on Република.

]]>

Првата јавна дискусија која има за цел да ги расчлени и расветли сегментите кои се однесуваат на обединување на културата и туризмот која е востановена неодамна во ресорот на Министерството за култура и туризам. Воедно таа има за цел да ги обедини сите чинители кои со своите искуства можат да допринесат во насока на раст и одржлив развој на оваа тема. Конференцијата за развој на креативен туризам ја организира Skopje Design week 2024 во соработка со Министерството за култура. Конференцијата се одржува денес (5 ноември) со почеток во 10 часот на која воведно излагање ќе има министерот за култура и туризам Зоран Љутков.  

The post Следете во живо: Министерот Љутков на конференција за развој на креативниот туризам во Македонија appeared first on Република.

]]>
Конференција 75 години НАТО https://republika.mk/vesti/svet/konferentsija-75-godini-nato/ Tue, 05 Nov 2024 06:51:48 +0000 https://republika.mk/?p=834226

Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, како и поддршка на нашата сестринска фондација од Брисел, Центарот за Европски студии Вилфред Мартенс организира конференција на високо ниво, по повод одбележување на 75-годишнината од формирањето на Алијансата „НАТО - 75 Години единство, соработка и колективна одбрана: Безбедносни предизвици за Европа“.

Настанот, како што соопшти Фондацијата, ќе се одржи во големиот амфитеатар на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Предвидено е конференцијата да ја отвори министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, а учество со свои излагања во рамки на конференцијата ќе имаат министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, како и амбасадорките на САД и Германија, Анџела Агелер и Петра Дрекслер.

Иницијативата, како што се најавува, ќе собере на едно место високи државни чинители, претставници на меѓународната заедница, експерти од областа на одбраната, безбедноста и меѓународните односи од земјата како и од регионот, кои заеднички ќе дискутираат за актуелните безбедносни предизвици кои ја засегаат Европа и регионот, како и за неопходноста од поинтензивна соработка во услови на сè понеизвесни безбедносни и геополитички околности.

The post Конференција 75 години НАТО appeared first on Република.

]]>

Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, како и поддршка на нашата сестринска фондација од Брисел, Центарот за Европски студии Вилфред Мартенс организира конференција на високо ниво, по повод одбележување на 75-годишнината од формирањето на Алијансата „НАТО - 75 Години единство, соработка и колективна одбрана: Безбедносни предизвици за Европа“. Настанот, како што соопшти Фондацијата, ќе се одржи во големиот амфитеатар на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Предвидено е конференцијата да ја отвори министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, а учество со свои излагања во рамки на конференцијата ќе имаат министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, како и амбасадорките на САД и Германија, Анџела Агелер и Петра Дрекслер. Иницијативата, како што се најавува, ќе собере на едно место високи државни чинители, претставници на меѓународната заедница, експерти од областа на одбраната, безбедноста и меѓународните односи од земјата како и од регионот, кои заеднички ќе дискутираат за актуелните безбедносни предизвици кои ја засегаат Европа и регионот, како и за неопходноста од поинтензивна соработка во услови на сè понеизвесни безбедносни и геополитички околности.

The post Конференција 75 години НАТО appeared first on Република.

]]>
Експерти од САД, ЕУ, регионот и Македонија во Скопје ќе дискутираат за пролиферацијата на напредното конвенционално оружје https://republika.mk/vesti/makedonija/eksperti-od-sad-eu-regionot-i-makedonija-vo-skopje-ke-diskutiraat-za-proliferatsijata-na-naprednoto-konventsionalno-oruzhje/ Thu, 03 Oct 2024 09:31:26 +0000 https://republika.mk/?p=822129

Во организација на Стејт департментот и регионалната иницијатива „Балканската безбедносна мрежа“ (БСН) денеска и утре во Скопје ќе се одржува конференција за влијанието на пролиферацијата на напредно конвенционално оружје (АКЦ) на регионалната и меѓународната безбедност, како и за стратегиите на соработка за зајакнување на контролата, намалување на зависноста и наоѓање одржливи алтернативи.

Kонференцијата треба да ја отвори заменик-министерот за надворешни работи Зоран Димитровски, а учесници се експерти од САД, ЕУ, регионот и земјата.

Дводневната конференцијата вклучуваа експертски панел дискусии со детална анализа на пролиферацијата на напредно конвенционално оружје и стоките со двојна намена со фокус на режимите на меѓународна контрола вклучувајќи ги санкциите на ЕУ и САД, како и специфични предизвици од оваа област кои произлегуваат од руската инвазија на Украина. Ќе се разгледаат студии на случаи – примери од регионот за последиците од кршењето на санкциите преку ре-извоз на технологии со двојна намена со воена намена.

Покрај тоа ќе се направи увид од регионот со преглед на трендовите на диверзификација и модернизација на вооружените сили на Црна Гора, Србија, Словенија, Македонија и други земји во регионот, со посебен осврт на преминувањето од стари ACW со советско/руско потекло на други решенија. Фокус ќе се стави на значењето на информирањето на јавноста за споменатите теми и улогата на стратешките комуникации во борбата против дезинформациите во областа на напредното конвенционално оружје.

За време на дводневната конференција ќе се одржи и панел дискусија на тема „Надвор од претседателските избори: Стратешкиот императив на одбранбената модернизација и соработка„ Слично како неодамнешните избори во Македонија и низ целата евроатлантска сфера, претстојните претседателски избори во САД се набљудуваат со мешавина на неизвесност и исчекување. Надвор од непосредните, изборните промени, трајните стратешки императиви остануваат константни. Основите на политиките за национална безбедност и одбрана – засновани на долгорочно планирање и заеднички интереси.

Во ерата обележана со оживувањето на конкуренцијата на големите сили и војната на европско тло, императивот за модернизација на нашите национални одбранбени способности и продлабочување на координацијата меѓу сојузниците никогаш не бил повитален. Зборувајќи од регионален аспект, немаше да се реши ниту еден проблем на Балканот во последните три децении, доколку САД и Европа не беа синхронизирани. Важно за стабилноста на трансатлантската заедница е кохезијата меѓу партнерите.

Собирот е наменет за претставници на државни институции, академската заедница, истражувачки и научни институции, невладини организации, медиуми и други заинтересирани страни. Цел на конференцијата е размена на знаења во областа на пролиферацијата на ACW и стратегиите на диверзификација преку собирање на домашни, регионални и меѓународни експерти и други заинтересирани страни, информираат организаторите.

Национален координатор на проектот на Балканската безбедносна мрежа за Македонија е универзитетскиот професор по безбедност Марјан Ѓуровски.

Придобивки од проектот се обезбедување детален увид во предизвиците на пролиферацијата на напредно конвенционално оружје во регионалниот и меѓународниот контекст, согледување на меѓународните напори за зајакнување на контролата и намалување на зависноста, запознавање со националните, регионалните и меѓународните искуства во намалувањето на зависноста и наоѓањето на одржливи алтернативи во областа на напредно конвенционално оружје, можности за вмрежување и градење партнерства, се наведува во најавата.

The post Експерти од САД, ЕУ, регионот и Македонија во Скопје ќе дискутираат за пролиферацијата на напредното конвенционално оружје appeared first on Република.

]]>

Во организација на Стејт департментот и регионалната иницијатива „Балканската безбедносна мрежа“ (БСН) денеска и утре во Скопје ќе се одржува конференција за влијанието на пролиферацијата на напредно конвенционално оружје (АКЦ) на регионалната и меѓународната безбедност, како и за стратегиите на соработка за зајакнување на контролата, намалување на зависноста и наоѓање одржливи алтернативи. Kонференцијата треба да ја отвори заменик-министерот за надворешни работи Зоран Димитровски, а учесници се експерти од САД, ЕУ, регионот и земјата. Дводневната конференцијата вклучуваа експертски панел дискусии со детална анализа на пролиферацијата на напредно конвенционално оружје и стоките со двојна намена со фокус на режимите на меѓународна контрола вклучувајќи ги санкциите на ЕУ и САД, како и специфични предизвици од оваа област кои произлегуваат од руската инвазија на Украина. Ќе се разгледаат студии на случаи – примери од регионот за последиците од кршењето на санкциите преку ре-извоз на технологии со двојна намена со воена намена. Покрај тоа ќе се направи увид од регионот со преглед на трендовите на диверзификација и модернизација на вооружените сили на Црна Гора, Србија, Словенија, Македонија и други земји во регионот, со посебен осврт на преминувањето од стари ACW со советско/руско потекло на други решенија. Фокус ќе се стави на значењето на информирањето на јавноста за споменатите теми и улогата на стратешките комуникации во борбата против дезинформациите во областа на напредното конвенционално оружје. За време на дводневната конференција ќе се одржи и панел дискусија на тема „Надвор од претседателските избори: Стратешкиот императив на одбранбената модернизација и соработка„ Слично како неодамнешните избори во Македонија и низ целата евроатлантска сфера, претстојните претседателски избори во САД се набљудуваат со мешавина на неизвесност и исчекување. Надвор од непосредните, изборните промени, трајните стратешки императиви остануваат константни. Основите на политиките за национална безбедност и одбрана – засновани на долгорочно планирање и заеднички интереси. Во ерата обележана со оживувањето на конкуренцијата на големите сили и војната на европско тло, императивот за модернизација на нашите национални одбранбени способности и продлабочување на координацијата меѓу сојузниците никогаш не бил повитален. Зборувајќи од регионален аспект, немаше да се реши ниту еден проблем на Балканот во последните три децении, доколку САД и Европа не беа синхронизирани. Важно за стабилноста на трансатлантската заедница е кохезијата меѓу партнерите.
Собирот е наменет за претставници на државни институции, академската заедница, истражувачки и научни институции, невладини организации, медиуми и други заинтересирани страни. Цел на конференцијата е размена на знаења во областа на пролиферацијата на ACW и стратегиите на диверзификација преку собирање на домашни, регионални и меѓународни експерти и други заинтересирани страни, информираат организаторите.
Национален координатор на проектот на Балканската безбедносна мрежа за Македонија е универзитетскиот професор по безбедност Марјан Ѓуровски.
Придобивки од проектот се обезбедување детален увид во предизвиците на пролиферацијата на напредно конвенционално оружје во регионалниот и меѓународниот контекст, согледување на меѓународните напори за зајакнување на контролата и намалување на зависноста, запознавање со националните, регионалните и меѓународните искуства во намалувањето на зависноста и наоѓањето на одржливи алтернативи во областа на напредно конвенционално оружје, можности за вмрежување и градење партнерства, се наведува во најавата.

The post Експерти од САД, ЕУ, регионот и Македонија во Скопје ќе дискутираат за пролиферацијата на напредното конвенционално оружје appeared first on Република.

]]>
Лимани: Флоскулите: „иднината е на младите” и „светот останува на младите” треба конечно да се претворат во дела, приоритет на оваа Влада е да обезбеди сигурни и добро платени работни места за младите луѓе во Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/limani-floskulite-idninata-e-na-mladite-i-svetot-ostanuva-na-mladite-treba-konechno-da-se-pretvorat-vo-dela-prioritet-na-ovaa-vlada-e-da-obezbedi-sigurni-i-dobro-plateni-rabotni-mesta-za-mladite-luge/ Mon, 12 Aug 2024 11:12:35 +0000 https://republika.mk/?p=805803

По повод Меѓународниот ден на младите – 12 Август, министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани учествуваше на конференцијата „Општините пријател на младите - Mладинското учество во фокус“, финансиран од Европската Унија, а имплементиран од Националниот младински совет на Македонија заедно со партнерите.

Честитајќи го Меѓународниот денот на младите, министерот Лимани порача:

„Сакам да го истакнам моето убедување дека флоскулите: „иднината е на младите” и „светот останува на младите” треба конечно да се претворат во дела. И не дека само „иднината е на младите“, туку и сегашноста е на младите. Затоа што денес ги креираме политиките и од она што денес ќе го креираме зависи каква иднина ќе имаат следните генерации. Да започнеме од сегашноста, од денес!“

Тој го поздрави проектот  „Заедници инклузивни за млади“, и  го посочи значењето на истиот  бидејќи целта на овој проект е подобрување на локалното владеење преку зголемена инклузивност и општествено влијание на младите во локалниот демократски живот.

„Како министер за социјална политика, демографија и млади во чија надлежност се и политиките за младите, убеден сум дека видливоста на младите во општеството и нивната вклученост во носењето на одлуките ќе ја подигнеме на едно повисоко ниво,“ истакна Лимани.

Министерот додаде дека, младите се во фокусот на Програмата за работа на Владата за 2024-2028 година, каде што се потенцира  нејзината силна посветеност во создавањето на општество во кое младите ќе можат да напредуваат. Притоа,  истакна и дека Владата цели кон  создавање на неопходни услови за младите од Македонија да градат иднина дома, нивно зајакнување преку образование и развој на вештини, поттикнување на младинското учество во процесите на донесување одлуки и промоција на претприемништвото и иновациите.

„Приоритет на оваа Влада е да обезбеди сигурни и добро платени работни места за младите луѓе во Македонија. Преку креирање на подобра бизнис клима и  отворање на  работни места,“ заклучи Лимани.

 

 

The post Лимани: Флоскулите: „иднината е на младите” и „светот останува на младите” треба конечно да се претворат во дела, приоритет на оваа Влада е да обезбеди сигурни и добро платени работни места за младите луѓе во Македонија appeared first on Република.

]]>

По повод Меѓународниот ден на младите – 12 Август, министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани учествуваше на конференцијата „Општините пријател на младите - Mладинското учество во фокус“, финансиран од Европската Унија, а имплементиран од Националниот младински совет на Македонија заедно со партнерите.

Честитајќи го Меѓународниот денот на младите, министерот Лимани порача:

„Сакам да го истакнам моето убедување дека флоскулите: „иднината е на младите” и „светот останува на младите” треба конечно да се претворат во дела. И не дека само „иднината е на младите“, туку и сегашноста е на младите. Затоа што денес ги креираме политиките и од она што денес ќе го креираме зависи каква иднина ќе имаат следните генерации. Да започнеме од сегашноста, од денес!“

Тој го поздрави проектот  „Заедници инклузивни за млади“, и  го посочи значењето на истиот  бидејќи целта на овој проект е подобрување на локалното владеење преку зголемена инклузивност и општествено влијание на младите во локалниот демократски живот.

„Како министер за социјална политика, демографија и млади во чија надлежност се и политиките за младите, убеден сум дека видливоста на младите во општеството и нивната вклученост во носењето на одлуките ќе ја подигнеме на едно повисоко ниво,“ истакна Лимани.

Министерот додаде дека, младите се во фокусот на Програмата за работа на Владата за 2024-2028 година, каде што се потенцира  нејзината силна посветеност во создавањето на општество во кое младите ќе можат да напредуваат. Притоа,  истакна и дека Владата цели кон  создавање на неопходни услови за младите од Македонија да градат иднина дома, нивно зајакнување преку образование и развој на вештини, поттикнување на младинското учество во процесите на донесување одлуки и промоција на претприемништвото и иновациите.

„Приоритет на оваа Влада е да обезбеди сигурни и добро платени работни места за младите луѓе во Македонија. Преку креирање на подобра бизнис клима и  отворање на  работни места,“ заклучи Лимани.

   

The post Лимани: Флоскулите: „иднината е на младите” и „светот останува на младите” треба конечно да се претворат во дела, приоритет на оваа Влада е да обезбеди сигурни и добро платени работни места за младите луѓе во Македонија appeared first on Република.

]]>
25 години постоење МОФ: Младинска конференција на тема „Образование и млади“ https://republika.mk/zivot/kariera/25-godini-postoene-mof-mladinska-konferentsija-na-tema-obrazovanie-i-mladi/ Fri, 07 Jun 2024 11:16:11 +0000 https://republika.mk/?p=785503

Младинскиот образовен форум (МОФ), денеска во Скопје организира конференција за образованието и младите по повод 25 години од основањето на организацијата.

Преку две панел дискусии, за време на настанот ќе направиме рефлексија за достигнувањата на организацијата и ќе дебатираме за иднината на образованието и улогата на младите во нашето општество. Говорници ќе бидат инспиративни панелисти кои биле или во моментов се дел од МОФ, наведуваат оргаизаторите.

На првиот панел „Иднината на образованието“ како говорници најавени се Мартин Галевски – истражувач во областа на образование, Анастасија Саша Тофоска – тренер по дебата во МОФ, Христина Божиновска Ѓикова – воспитувач во ДУЦОР „Партенија Зоографски“, Александар Николовски претседател на Универзитетско студетнско собрание на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, и новинарот Огнен Јанески.

„Улогата на младите во креирање на политики“ е тема на вториот панел каде ќе говорат: Дона Костуранова – директорка во земјата за Фондација за демократија на Вестимнстер, Ана Наумоска – локален координатор во МОФ – Струга, Марија Мирчевска – истражувач, Панде Ефтимов – програмски координатор на програмата Активизам во МОФ и Мариана Ангелова – генерален секретар на Национален младински совет на Македонија.

Со почеток од 20 часот ќе биде организирана роденденска забава со настап на диџеите Бесниот Витез и DDs.

Младински образовен форум е младинска заедница која создава простор за дебата, слободно изразување и младинско организирање, охрабрува активизам, ги штити и унапредува младиските права и политики. МОФ е основан во 1999 година и на национално ниво е активна во 21 град. Над 100 млади се членови на Генералното Собрание на МОФ, кои се активни во програмски и проектни активности. Во младинските центри на МОФ има повеќе од 2000 членови годишно кои се корисници на активностите во програмите: Дебата, Учиме право, Активизам, Новинарство и Истражување, наведуваат од МОФ.

 

The post 25 години постоење МОФ: Младинска конференција на тема „Образование и млади“ appeared first on Република.

]]>

Младинскиот образовен форум (МОФ), денеска во Скопје организира конференција за образованието и младите по повод 25 години од основањето на организацијата.
Преку две панел дискусии, за време на настанот ќе направиме рефлексија за достигнувањата на организацијата и ќе дебатираме за иднината на образованието и улогата на младите во нашето општество. Говорници ќе бидат инспиративни панелисти кои биле или во моментов се дел од МОФ, наведуваат оргаизаторите.
На првиот панел „Иднината на образованието“ како говорници најавени се Мартин Галевски – истражувач во областа на образование, Анастасија Саша Тофоска – тренер по дебата во МОФ, Христина Божиновска Ѓикова – воспитувач во ДУЦОР „Партенија Зоографски“, Александар Николовски претседател на Универзитетско студетнско собрание на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, и новинарот Огнен Јанески. „Улогата на младите во креирање на политики“ е тема на вториот панел каде ќе говорат: Дона Костуранова – директорка во земјата за Фондација за демократија на Вестимнстер, Ана Наумоска – локален координатор во МОФ – Струга, Марија Мирчевска – истражувач, Панде Ефтимов – програмски координатор на програмата Активизам во МОФ и Мариана Ангелова – генерален секретар на Национален младински совет на Македонија.
Со почеток од 20 часот ќе биде организирана роденденска забава со настап на диџеите Бесниот Витез и DDs. Младински образовен форум е младинска заедница која создава простор за дебата, слободно изразување и младинско организирање, охрабрува активизам, ги штити и унапредува младиските права и политики. МОФ е основан во 1999 година и на национално ниво е активна во 21 град. Над 100 млади се членови на Генералното Собрание на МОФ, кои се активни во програмски и проектни активности. Во младинските центри на МОФ има повеќе од 2000 членови годишно кои се корисници на активностите во програмите: Дебата, Учиме право, Активизам, Новинарство и Истражување, наведуваат од МОФ.  

The post 25 години постоење МОФ: Младинска конференција на тема „Образование и млади“ appeared first on Република.

]]>
Со завршна конференција заокружен проектот на ИКОМОС Македонија „Мониторинг на православното културно наследство“ https://republika.mk/vesti/kultura/so-zavrshna-konferentsija-zaokruzhen-proektot-na-ikomos-makedonija-monitoring-na-pravoslavnoto-kulturno-nasledstvo/ Wed, 05 Jun 2024 08:38:55 +0000 https://republika.mk/?p=784853

Во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје, со присуство на претставници на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА), државни институции, како и експерти за заштита на културно наследство, се одржа завршната конференција во организација на ИКОМОС Македонија, со што и официјалнo заврши проектот „Мониторинг на православното културно наследство“.

Конференцијата ја отвори претседателката на ИКОМОС Македонија, Кристина Бицева, која изрази задоволство од извршениот мониторинг со кој во периодот 2022-2023 година беше направен увид во состојбата на зачуваност на 707 православни цркви и манастири во сите осум епархии на МПЦ-ОА на територијата на нашата земја:  „Следејќи методологија која специјално наменски ја изготвивме за овој проект и користејќи унифицирани теренски обрасци, нашите теренски тимови изминаа 25.000км на терен, во 236 работни теренски денови низ сите градови, па сѐ до најоддалечените планински села мониторирајќи 707 цркви и манастири од кои 60 новоевидентирани, односно 55% од вкупното евидентирано христијанско сакрално наследство во националниот регистар на културно наследство“.

Сите теренски податоци за состојбата на секој мониториран објект се складирани во специјално дизајнирана база на податоци и истите се достапни за разгледување и пребарување на веб-сајтот www.monitoring.icomos.org.mk

Собраните податоци исто така беа предмет на статистичка обработка, анализа и компаративни студии и тие се сумирани во завршен извештај (публикација) до кој може да се пристапи овде.

Истиот (н.з. извештајот), покрај појаснувања на методолошкиот пристап, ги претставува генералните резултати од мониторингот и дава толкувања епархија по епархија. На крај, ги претставуваме нашите препораки кои сметаме дека се суштинскиот аспект од овој проект, а кои имаат за цел да ја унапредат заштитата на православните културни добра и се наменети за МПЦ-ОА како имател на овие добра, за надлежните институции за заштита на културното наследство, за верската заедница, како и препораки за зголемување на интерсекторската соработка“, појасни Бицева. Таа истовремено даде и општо видување на сумарните резултати: ... генерално, состојбата на зачуваност, автентичност и интегритет на црквите и манастирите во Македонија е добра или задоволителна во поглед на архитектурата, со нешто полоши вредности за состојбата на ѕидното сликарство, но дека за жал постојат и објекти кај кои е евидентирана лоша, па и катастрофална состојба“.

Свое обраќање имаше и Неговото Блаженство, г.г. Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски, кој се осврна на големото значење на православното културно наследство за македонскиот идентитет, но истовремено напомена дека „културното наследство не смее да служи само како можност за гордеење и пофалување со него, туку треба да претставува и должност за негово зачувување и пренесување на следните поколенија“.

Тој исто така изрази надеж дека и во иднина ИКОМОС Македонија ќе продолжи со своето дело за запазување и на црковното и на севкупното друго наше културно наследство и дека сето она што тие ќе го забележуваат и укажуваат ќе биде внимателно слушнато и  исполнето од државните институции за нашето вредно културно наследство да опстојува“.

Во рамките на конференцијата беа презентирани и две видеа – едното за постигнатите цели и резултати на проектот содржани во завршниот извештај, а другото со насоките за користење на базата на податоци. Истите можат да се погледнат на YouTube каналот на ИКОМОС Македонија.

Проектни резултати | Мониторинг на православното културно наследство | ИКОМОС МК

База на податоци | Мониторинг на православното културно наследство | ИКОМОС МК

Во вториот дел од конференцијата следеше панел дискусија во која учествуваа лидерите на петте теренски тимови: Зоран Павлов, Константин Анастасов, Мишко Тутковски, Цветанка Хаџи Пецова и Вероника Шендова. Тие ги претставија препораките за надлежни институции за заштита, за МПЦ-ОА, за верската заедница, за интерсекторските заедници, како и за системот на заштита на културното наследство во иднина.

Во дискусијата беше истакнато големото значење на спроведениот мониторинг, особено поради фактот што истражување од ваков обем не е направено со децении од страна на надлежните институции.

Нивна генерална препорака беше потребата од спроведување на редовна валоризација и ревалоризација на православното културно наследство со цел навремено преземање на стручни интервенции за негово сочувување. Од особена важност е и креирањето политики за одржлив развој кои ќе ја земат предвид специфичноста на ова „живо наследство“.

Беше истакнато дека заштитата и односот кон вредностите на овој вид наследство не се на задоволително ниво од стручен аспект и дека досегашната востановена институционална мрежа на заштита, правна регулатива и градење на финансиски политики не се доволно ефикасни. Се дадоа препораки за зголемување на соработката помеѓу сите чинители (надлежните институции, МПЦ-ОА и верската заедница) заради спречување на самоиницијативни, нестручни и неовластени интервенции, како и обезбедување соодветна стручна и поефикасна заштита.

Исто така беше нагласена потребата од едуцирани и стручни кадри кои посветено ќе работат и ќе ја следат потребата на споменикот“, од осовременување и примена на нови дигитални технологии следејќи ги светските практики, како и од учество на специјализирани компании и поединци кои доследно ќе ги спроведуваат протоколите за заштита при вршењето на заштитните интервенции врз спомениците на културата.

И, како што истакна еден од панелистите, овој мониторинг треба да претставува аларм за да го смениме нашиот однос кон ова наше заедничко културно наследство“.

За успешно спроведениот проект, ИКОМОС Македонија се заблагодари на сите стручни лица ангажирани во неговото спроведување и обработка на податоците, на МПЦ-ОА и неговото блаженство г-дин г-дин Стефан, на сите епархии и нивните надлежни назначени лица, како и верската заедница во секоја посетена црква за нивната соработка и на Православниот богословски факултет „Св.Климент Охридски“ - Скопје.

Проектот „Мониторинг на православното културно наследство“ беше во целост поддржан од Центарот за културно наследство на Стејт Департментот на САД, како дел од неговата Иницијатива за документирање на наследството на заедниците.

 

 

 

The post Со завршна конференција заокружен проектот на ИКОМОС Македонија „Мониторинг на православното културно наследство“ appeared first on Република.

]]>

Во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје, со присуство на претставници на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА), државни институции, како и експерти за заштита на културно наследство, се одржа завршната конференција во организација на ИКОМОС Македонија, со што и официјалнo заврши проектот „Мониторинг на православното културно наследство“. Конференцијата ја отвори претседателката на ИКОМОС Македонија, Кристина Бицева, која изрази задоволство од извршениот мониторинг со кој во периодот 2022-2023 година беше направен увид во состојбата на зачуваност на 707 православни цркви и манастири во сите осум епархии на МПЦ-ОА на територијата на нашата земја:  „Следејќи методологија која специјално наменски ја изготвивме за овој проект и користејќи унифицирани теренски обрасци, нашите теренски тимови изминаа 25.000км на терен, во 236 работни теренски денови низ сите градови, па сѐ до најоддалечените планински села мониторирајќи 707 цркви и манастири од кои 60 новоевидентирани, односно 55% од вкупното евидентирано христијанско сакрално наследство во националниот регистар на културно наследство“. Сите теренски податоци за состојбата на секој мониториран објект се складирани во специјално дизајнирана база на податоци и истите се достапни за разгледување и пребарување на веб-сајтот www.monitoring.icomos.org.mk Собраните податоци исто така беа предмет на статистичка обработка, анализа и компаративни студии и тие се сумирани во завршен извештај (публикација) до кој може да се пристапи овде. Истиот (н.з. извештајот), покрај појаснувања на методолошкиот пристап, ги претставува генералните резултати од мониторингот и дава толкувања епархија по епархија. На крај, ги претставуваме нашите препораки кои сметаме дека се суштинскиот аспект од овој проект, а кои имаат за цел да ја унапредат заштитата на православните културни добра и се наменети за МПЦ-ОА како имател на овие добра, за надлежните институции за заштита на културното наследство, за верската заедница, како и препораки за зголемување на интерсекторската соработка“, појасни Бицева. Таа истовремено даде и општо видување на сумарните резултати: ... генерално, состојбата на зачуваност, автентичност и интегритет на црквите и манастирите во Македонија е добра или задоволителна во поглед на архитектурата, со нешто полоши вредности за состојбата на ѕидното сликарство, но дека за жал постојат и објекти кај кои е евидентирана лоша, па и катастрофална состојба“. Свое обраќање имаше и Неговото Блаженство, г.г. Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски, кој се осврна на големото значење на православното културно наследство за македонскиот идентитет, но истовремено напомена дека „културното наследство не смее да служи само како можност за гордеење и пофалување со него, туку треба да претставува и должност за негово зачувување и пренесување на следните поколенија“. Тој исто така изрази надеж дека и во иднина ИКОМОС Македонија ќе продолжи со своето дело за запазување и на црковното и на севкупното друго наше културно наследство и дека сето она што тие ќе го забележуваат и укажуваат ќе биде внимателно слушнато и  исполнето од државните институции за нашето вредно културно наследство да опстојува“. Во рамките на конференцијата беа презентирани и две видеа – едното за постигнатите цели и резултати на проектот содржани во завршниот извештај, а другото со насоките за користење на базата на податоци. Истите можат да се погледнат на YouTube каналот на ИКОМОС Македонија. Проектни резултати | Мониторинг на православното културно наследство | ИКОМОС МК База на податоци | Мониторинг на православното културно наследство | ИКОМОС МК Во вториот дел од конференцијата следеше панел дискусија во која учествуваа лидерите на петте теренски тимови: Зоран Павлов, Константин Анастасов, Мишко Тутковски, Цветанка Хаџи Пецова и Вероника Шендова. Тие ги претставија препораките за надлежни институции за заштита, за МПЦ-ОА, за верската заедница, за интерсекторските заедници, како и за системот на заштита на културното наследство во иднина. Во дискусијата беше истакнато големото значење на спроведениот мониторинг, особено поради фактот што истражување од ваков обем не е направено со децении од страна на надлежните институции. Нивна генерална препорака беше потребата од спроведување на редовна валоризација и ревалоризација на православното културно наследство со цел навремено преземање на стручни интервенции за негово сочувување. Од особена важност е и креирањето политики за одржлив развој кои ќе ја земат предвид специфичноста на ова „живо наследство“. Беше истакнато дека заштитата и односот кон вредностите на овој вид наследство не се на задоволително ниво од стручен аспект и дека досегашната востановена институционална мрежа на заштита, правна регулатива и градење на финансиски политики не се доволно ефикасни. Се дадоа препораки за зголемување на соработката помеѓу сите чинители (надлежните институции, МПЦ-ОА и верската заедница) заради спречување на самоиницијативни, нестручни и неовластени интервенции, како и обезбедување соодветна стручна и поефикасна заштита. Исто така беше нагласена потребата од едуцирани и стручни кадри кои посветено ќе работат и ќе ја следат потребата на споменикот“, од осовременување и примена на нови дигитални технологии следејќи ги светските практики, како и од учество на специјализирани компании и поединци кои доследно ќе ги спроведуваат протоколите за заштита при вршењето на заштитните интервенции врз спомениците на културата. И, како што истакна еден од панелистите, овој мониторинг треба да претставува аларм за да го смениме нашиот однос кон ова наше заедничко културно наследство“. За успешно спроведениот проект, ИКОМОС Македонија се заблагодари на сите стручни лица ангажирани во неговото спроведување и обработка на податоците, на МПЦ-ОА и неговото блаженство г-дин г-дин Стефан, на сите епархии и нивните надлежни назначени лица, како и верската заедница во секоја посетена црква за нивната соработка и на Православниот богословски факултет „Св.Климент Охридски“ - Скопје. Проектот „Мониторинг на православното културно наследство“ беше во целост поддржан од Центарот за културно наследство на Стејт Департментот на САД, како дел од неговата Иницијатива за документирање на наследството на заедниците.      

The post Со завршна конференција заокружен проектот на ИКОМОС Македонија „Мониторинг на православното културно наследство“ appeared first on Република.

]]>
„Паметно село“ во рамките на проектот „Are You Ready for Pelister” инспирираше иновативни пристапи за развој на НП Пелистер https://republika.mk/zivot/pametno-selo-vo-ramkite-na-proektot-are-you-ready-for-pelister-inspirirashe-inovativni-pristapi-za-razvoj-na-np-pelister/ Wed, 29 May 2024 08:18:30 +0000 https://republika.mk/?p=782640

Конференцијата „Smart Village“ во рамките на проектот “Are You Ready for Pelister” која се одржа на Пелистер, означи значајна пресвртница во патувањето кон повторно замислување на иднината на руралните заедници. Организатор беше ПРЕДА плус фондацијата, а за локација беше целно избран Националниот парк Пелистер. Настанот обедини различни лидери, иноватори и чинители на заедницата за да го истражат трансформативниот потенцијал на технологијата во обликувањето на еволутивната иднина на регионот.

„Како фондација која е посветена на регионалниот развој, длабоко сме инспирирани од потенцијалите на технологијата и нејзината примена во сите сфери на живеењето. Целта со денешната конференција ни беше да обезбедиме платформа за дискусија за иновативни пристапи за развој на НП Пелистер во многу клучни сегменти. Прифаќајќи го концептот на Smart Village, имаме за цел да ја искористиме технологијата за одржливи напори за зачувување кои имаат корист и за луѓето и за животната средина” - истакнаа од ПРЕДА плус фондацијата.

Поддршката на меѓународните донатори за оваа иницијатива ја нагласува нивната посветеност за градење отпорни заедници кои напредуваат во хармонија со природата. Во име на донаторите конференцијата ја отвори Билјана Георгиевска – Проектна менаџерка на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD 2), Програма за развој на Обединетите нации (УНДП). „Преку нашето партнерство со локалните чинители, ние сме посветени на обезбедување техничка помош, поддршка за финансирање и градење капацитети за проекти кои ги унапредуваат целите за одржлив развој во Пелистер и неговите околни села. Поддршката на УНДП за иницијативите „Паметно село“ ја нагласува нашата посветеност за градење отпорни заедници кои напредуваат во хармонија со природата„.

За визија на Битола поврзана со овој проект, зборуваше градоначалникот Д-р Тони Коњановски кој смета дека вакви иницијативи се клучни за нашата визија за иднината на градот и неговата околина, каде технологијата и одржливоста се спојуваат за да создадат енергична и инклузивна заедница.

„Како градоначалник на Битола, среќен сум што ќе учествувам на конференцијата и ќе ја дадам мојата поддршка на иницијативи кои промовираат одржлив развој и иновации во нашиот регион. Важно е што соработуваме со локални и меѓународни партнери за истражување на иновативни решенија за подобрување на квалитетот на животот на нашите жители, заштита на нашата животна средина и поттикнување на економскиот раст во нашите заедници„ - истакна тој.

На конференцијата Smart Village свои излагања имаа четворица истакнати експерти во нивните области.

- Елена Бошков-Ковач, ко-основач и директор на Blueprint Energy Solutions GmbH, Виена, Австрија, зборуваше за активното учество на жителите во енергетската транзиција за одржлива иднина, истакнувајќи дека транзицијата кон обновлива енергија не е само неопходност, тоа е можност да се изгради поодржлива и поотпорна иднина за сите. „Конференцијата обезбеди форум за истражување на иновативни решенија за забрзување на енергетската транзиција во Пелистер, од проекти за обновлива енергија во сопственост на заедницата до технологии за складирање енергија. Иницијативите Smart Village играат клучна улога во унапредувањето на решенијата за обновлива енергија кои го намалуваат влијанието врз животната средина и промовираат енергетска независност” - истакна таа.

Благојче Количоски, претставувајќи ја заедницата Pelister Tech, ја презентираше употребата на идните технологии за трансформативни цели.

“Дигиталното вклучување не е само обезбедување пристап до технологијата, тоа е за зајакнување на поединците и заедниците да напредуваат во дигиталната ера. Мора да ги истражуваме стратегиите за премостување на дигиталниот јаз во руралните области, од воспоставување мрежи во заедницата до нудење обука за дигитална писменост. Иницијативите Smart Village се од суштинско значење за обезбедување на правичен пристап до дигиталните ресурси и зајакнување на заедниците за целосно учество во дигиталната економија„ - изјави Количовски на конференцијата.

Проф. д-р. Илија Јолевски од Универзитетот „Свети Климент Охридски“ Битола се осврна на паметната мобилност. “Јас ќе презентирам еден реален проект за паметна мобилност кој ќе се реализира наскоро во Oпштина Битола, а ќе влијае на подобрувањето на квалитетот на живот и на потпелистерските села преку имплементација на паметни решенија во јавниот транспорт. На ваков начин се влијае на подобрување на транспортни услуги, поврзување на руралните места со градот и намалување на користењето на приватните автомобили, што доведува до помал сообраќај и помали емисии на јаглерод„ - истакна на почетокот Јолевски на својата презентација.

Последна панелистка беше архитектката Симона Мирчевска која го претстави својот концепт „Пелистер - дисперзиран музеј на природата“, придружен со изложба на мапи на самиот настан. Таа зборуваше за можностите да се направи интерактивен музеј под отворено небо, кој ќе раскажува приказни и искуства со користење на технологијата. “Mожеме да ги оживееме историјата и традициите на регионот на нови и возбудливи начини. Прифаќајќи го концептот Паметно село, можеме да предвидиме користење на технологијата за да го направиме културното наследство достапно за сите, надминувајќи ги физичките граници и збогатувајќи ја културната понуда на Пелистер и неговите околни села„ - истакна таа.

Настанот привлече внимание и кај властите и кај стручната јавност, но и кај бизнис секторот кој е во индустриите поврзани со дигитализација, а присутни беа студенти од ФИКТ и ученици од СОУ „Таки Даскалот”.

Основниот заклучок на конференцијата беше дека прифаќајќи го концептот на Smart Village, целта е целосно да ја искористиме технологијата за одржливи напори за зачувување кои имаат корист и за луѓето и за животната средина. Ваквата иницијативи се од суштинско значење за обезбедување на правичен пристап до дигиталните ресурси и зајакнување на заедниците за целосно учество во дигиталната економија.

Проектот Are You Ready for Pelister? на ПРЕДА Плус Фондација и се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и е кофинансиран од Општина Битола.

 

 

The post „Паметно село“ во рамките на проектот „Are You Ready for Pelister” инспирираше иновативни пристапи за развој на НП Пелистер appeared first on Република.

]]>

Конференцијата „Smart Village“ во рамките на проектот “Are You Ready for Pelister” која се одржа на Пелистер, означи значајна пресвртница во патувањето кон повторно замислување на иднината на руралните заедници. Организатор беше ПРЕДА плус фондацијата, а за локација беше целно избран Националниот парк Пелистер. Настанот обедини различни лидери, иноватори и чинители на заедницата за да го истражат трансформативниот потенцијал на технологијата во обликувањето на еволутивната иднина на регионот. „Како фондација која е посветена на регионалниот развој, длабоко сме инспирирани од потенцијалите на технологијата и нејзината примена во сите сфери на живеењето. Целта со денешната конференција ни беше да обезбедиме платформа за дискусија за иновативни пристапи за развој на НП Пелистер во многу клучни сегменти. Прифаќајќи го концептот на Smart Village, имаме за цел да ја искористиме технологијата за одржливи напори за зачувување кои имаат корист и за луѓето и за животната средина” - истакнаа од ПРЕДА плус фондацијата. Поддршката на меѓународните донатори за оваа иницијатива ја нагласува нивната посветеност за градење отпорни заедници кои напредуваат во хармонија со природата. Во име на донаторите конференцијата ја отвори Билјана Георгиевска – Проектна менаџерка на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD 2), Програма за развој на Обединетите нации (УНДП). „Преку нашето партнерство со локалните чинители, ние сме посветени на обезбедување техничка помош, поддршка за финансирање и градење капацитети за проекти кои ги унапредуваат целите за одржлив развој во Пелистер и неговите околни села. Поддршката на УНДП за иницијативите „Паметно село“ ја нагласува нашата посветеност за градење отпорни заедници кои напредуваат во хармонија со природата„. За визија на Битола поврзана со овој проект, зборуваше градоначалникот Д-р Тони Коњановски кој смета дека вакви иницијативи се клучни за нашата визија за иднината на градот и неговата околина, каде технологијата и одржливоста се спојуваат за да создадат енергична и инклузивна заедница. „Како градоначалник на Битола, среќен сум што ќе учествувам на конференцијата и ќе ја дадам мојата поддршка на иницијативи кои промовираат одржлив развој и иновации во нашиот регион. Важно е што соработуваме со локални и меѓународни партнери за истражување на иновативни решенија за подобрување на квалитетот на животот на нашите жители, заштита на нашата животна средина и поттикнување на економскиот раст во нашите заедници„ - истакна тој. На конференцијата Smart Village свои излагања имаа четворица истакнати експерти во нивните области. - Елена Бошков-Ковач, ко-основач и директор на Blueprint Energy Solutions GmbH, Виена, Австрија, зборуваше за активното учество на жителите во енергетската транзиција за одржлива иднина, истакнувајќи дека транзицијата кон обновлива енергија не е само неопходност, тоа е можност да се изгради поодржлива и поотпорна иднина за сите. „Конференцијата обезбеди форум за истражување на иновативни решенија за забрзување на енергетската транзиција во Пелистер, од проекти за обновлива енергија во сопственост на заедницата до технологии за складирање енергија. Иницијативите Smart Village играат клучна улога во унапредувањето на решенијата за обновлива енергија кои го намалуваат влијанието врз животната средина и промовираат енергетска независност” - истакна таа. Благојче Количоски, претставувајќи ја заедницата Pelister Tech, ја презентираше употребата на идните технологии за трансформативни цели. “Дигиталното вклучување не е само обезбедување пристап до технологијата, тоа е за зајакнување на поединците и заедниците да напредуваат во дигиталната ера. Мора да ги истражуваме стратегиите за премостување на дигиталниот јаз во руралните области, од воспоставување мрежи во заедницата до нудење обука за дигитална писменост. Иницијативите Smart Village се од суштинско значење за обезбедување на правичен пристап до дигиталните ресурси и зајакнување на заедниците за целосно учество во дигиталната економија„ - изјави Количовски на конференцијата. Проф. д-р. Илија Јолевски од Универзитетот „Свети Климент Охридски“ Битола се осврна на паметната мобилност. “Јас ќе презентирам еден реален проект за паметна мобилност кој ќе се реализира наскоро во Oпштина Битола, а ќе влијае на подобрувањето на квалитетот на живот и на потпелистерските села преку имплементација на паметни решенија во јавниот транспорт. На ваков начин се влијае на подобрување на транспортни услуги, поврзување на руралните места со градот и намалување на користењето на приватните автомобили, што доведува до помал сообраќај и помали емисии на јаглерод„ - истакна на почетокот Јолевски на својата презентација. Последна панелистка беше архитектката Симона Мирчевска која го претстави својот концепт „Пелистер - дисперзиран музеј на природата“, придружен со изложба на мапи на самиот настан. Таа зборуваше за можностите да се направи интерактивен музеј под отворено небо, кој ќе раскажува приказни и искуства со користење на технологијата. “Mожеме да ги оживееме историјата и традициите на регионот на нови и возбудливи начини. Прифаќајќи го концептот Паметно село, можеме да предвидиме користење на технологијата за да го направиме културното наследство достапно за сите, надминувајќи ги физичките граници и збогатувајќи ја културната понуда на Пелистер и неговите околни села„ - истакна таа. Настанот привлече внимание и кај властите и кај стручната јавност, но и кај бизнис секторот кој е во индустриите поврзани со дигитализација, а присутни беа студенти од ФИКТ и ученици од СОУ „Таки Даскалот”. Основниот заклучок на конференцијата беше дека прифаќајќи го концептот на Smart Village, целта е целосно да ја искористиме технологијата за одржливи напори за зачувување кои имаат корист и за луѓето и за животната средина. Ваквата иницијативи се од суштинско значење за обезбедување на правичен пристап до дигиталните ресурси и зајакнување на заедниците за целосно учество во дигиталната економија. Проектот Are You Ready for Pelister? на ПРЕДА Плус Фондација и се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и е кофинансиран од Општина Битола.    

The post „Паметно село“ во рамките на проектот „Are You Ready for Pelister” инспирираше иновативни пристапи за развој на НП Пелистер appeared first on Република.

]]>
Сиљановска Давкова се обрати на конференција во чест на 85 годишнината од раѓањето на професорот Ѓорѓи Марјановиќ https://republika.mk/vesti/makedonija/silanovska-davkova-se-obrati-na-konferentsija-vo-chest-na-85-godishninata-od-raganeto-na-profesorot-gorgi-marjanovik/ Tue, 28 May 2024 14:29:36 +0000 https://republika.mk/?p=782469

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати на конференцијата „Разговори со Ѓорѓи Марјановиќ“, организирана во чест на одбележувањето 85 години од раѓањето на професорот Ѓорѓи Марјановиќ, кој почина во 2022 година.

Говорејќи за професорот Марјановиќ, таа го нарече првото перо на југословенското кривично право, совест на правниот факултет и на општеството и луциден интелектуалец кој имаше чиста совест и критички став за секое општествено и политичко прашање.

Претседателката Сиљановска Давкова посочи дека за прашањето поврзано за името, професорот Марјановиќ укажуваше на апсурдноста на спорот.

„Осврнувајќи се на именувањето кон нас, велеше дека е несфатливо како може едно име да се користи на беџот, друго на столчето, трето во документите, четврто во говорната практика и велеше дека дискриминацијата не може да се практикува од Советот на Европа и дека некои нешта едноставно не се бранат“, рече во обраќањето претседателката.

Таа додаде дека професорот Марјановиќ и во надворешната политика бил остар и не поднесувал двојни стандарди кон македонскиот случај и велел дека треба да се стави крај на предрасудите кон Балканот. 

Претседателката истакна дека Марјановиќ отсекогаш укажувал на европските вредности, бил проевропски ориентиран, осврнувајќи се на негов труд од 1999 – та година, во којшто тој велел дека Македонија е 100 светлосни години далеку од правната држава и декa сѐ додека законите важат за едни, но не и за други, Европа нема да не прими без оглед на тоа колку убави закони прават владите на хартија.

Неговата политичка и животна цел, рече претседателката, беше од Македонија да направиме пристојно место за живеење и тоа го промовираше и во програмата на Лигата за демократија.

„Пристојно место за живеење е правната држава, заштитените слободи и права на човекот и граѓанинот, ограничена власт, значи силни институции, а не силни поединци, бидејќи која и да дојде власт треба да функционира државата“, рече  претседателката Сиљановска Давкова.

Таа додаде дека всушност професорот Марјановиќ ги промовирал Копенхагенските критериуми, како врвен приоритет на македонската држава, во време кога тоа не било официјално утврдено како Копенхагенски критериуми.

Конференцијата на тема: „Како Македонија може да стане пристојно место за живеење“, е во организација на фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“ и Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

За време на денешниот настан беа промовирани книгите „Собрани стручни трудови“ од Ѓорѓи Марјановиќ и „Разговори со професорот Ѓорѓи Марјановиќ“ од Бранко Секуловски.

The post Сиљановска Давкова се обрати на конференција во чест на 85 годишнината од раѓањето на професорот Ѓорѓи Марјановиќ appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати на конференцијата „Разговори со Ѓорѓи Марјановиќ“, организирана во чест на одбележувањето 85 години од раѓањето на професорот Ѓорѓи Марјановиќ, кој почина во 2022 година.

Говорејќи за професорот Марјановиќ, таа го нарече првото перо на југословенското кривично право, совест на правниот факултет и на општеството и луциден интелектуалец кој имаше чиста совест и критички став за секое општествено и политичко прашање.

Претседателката Сиљановска Давкова посочи дека за прашањето поврзано за името, професорот Марјановиќ укажуваше на апсурдноста на спорот.

„Осврнувајќи се на именувањето кон нас, велеше дека е несфатливо како може едно име да се користи на беџот, друго на столчето, трето во документите, четврто во говорната практика и велеше дека дискриминацијата не може да се практикува од Советот на Европа и дека некои нешта едноставно не се бранат“, рече во обраќањето претседателката.

Таа додаде дека професорот Марјановиќ и во надворешната политика бил остар и не поднесувал двојни стандарди кон македонскиот случај и велел дека треба да се стави крај на предрасудите кон Балканот. 

Претседателката истакна дека Марјановиќ отсекогаш укажувал на европските вредности, бил проевропски ориентиран, осврнувајќи се на негов труд од 1999 – та година, во којшто тој велел дека Македонија е 100 светлосни години далеку од правната држава и декa сѐ додека законите важат за едни, но не и за други, Европа нема да не прими без оглед на тоа колку убави закони прават владите на хартија.

Неговата политичка и животна цел, рече претседателката, беше од Македонија да направиме пристојно место за живеење и тоа го промовираше и во програмата на Лигата за демократија.

„Пристојно место за живеење е правната држава, заштитените слободи и права на човекот и граѓанинот, ограничена власт, значи силни институции, а не силни поединци, бидејќи која и да дојде власт треба да функционира државата“, рече  претседателката Сиљановска Давкова.

Таа додаде дека всушност професорот Марјановиќ ги промовирал Копенхагенските критериуми, како врвен приоритет на македонската држава, во време кога тоа не било официјално утврдено како Копенхагенски критериуми.

Конференцијата на тема: „Како Македонија може да стане пристојно место за живеење“, е во организација на фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“ и Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

За време на денешниот настан беа промовирани книгите „Собрани стручни трудови“ од Ѓорѓи Марјановиќ и „Разговори со професорот Ѓорѓи Марјановиќ“ од Бранко Секуловски.

The post Сиљановска Давкова се обрати на конференција во чест на 85 годишнината од раѓањето на професорот Ѓорѓи Марјановиќ appeared first on Република.

]]>
Концептот за паметни села ќе го револуционализира руралниот развој на Пелистер https://republika.mk/zivot/patuvanja/kontseptot-za-pametni-sela-ke-go-revolutsionalizira-ruralniot-razvoj-na-pelister/ Fri, 24 May 2024 17:19:38 +0000 https://republika.mk/?p=781471

Проектот „Are you ready for Pelister“ на ПРЕДА плус фондацијата ја најави претстојната конференција која во фокус го става ‘smart village’ концептот кој има глобален тренд, а која треба да се одржи на 27 мај 2024 година, во Информативниот центар на Националниот парк Пелистер. Овој настан ќе ги истакне иновативните пристапи кон руралниот развој преку технологијата и одржливоста, прикажувајќи ги колективните напори на Фондацијата ПРЕДА Плус и конзорциумот од партнери вклучувајќи ги општина Битола, Универзитетот Св. Климент Охридски Битола - Факултет за ИКТ Битола, Техника Пелистер и Ротари клуб Битола.

Зајакнувањето на руралните заедници и искористувањето на технологијата за инклузивен развој се централни теми на концептот на паметно село. Технологијата служи како моќна алатка за премостување на јазот помеѓу руралните и урбаните средини, осигурувајќи дека сите членови на заедницата имаат пристап до основните услуги и можности. Преку иновациите, можеме да создадеме иднина во која никој нема да остане зад себе” - истакнуваат од ПРЕДА.

 Паметните села претставуваат модерна парадигма во руралниот развој, користејќи технологија за подобрување на квалитетот на животот и промовирање на одржливост во руралните области. Во денешниот дигитален пејзаж, мора да се развиваат концепти за да ги задоволат потребите на нашите заедници. Иницијативите за паметни села нудат можност да се преиспитаат структурите на управување, да се зајакнат граѓаните и да се поттикне соработката помеѓу власите, бизнисите и жителите.

Со интегрирање на клучните елементи како технолошка инфраструктура, дигитални услуги, обновливи извори на енергија, земјоделски иновации, претприемништво, ангажман во заедницата и подобрување на квалитетот на животот, паметните села нудат холистички решенија за уникатните предизвици со кои се соочуваат руралните заедници.

 Конференцијата Smart Village ќе содржи презентации од четворица истакнати експерти во нивните области:

 - Елена Бошков-Ковач, ко-основач и директор на Blueprint Energy Solutions GmbH, Виена, Австрија, ќе зборува за активното учество на жителите во енергетската транзиција за одржлива иднина.

- Проф. д-р. Илија Јолевски од Универзитетот „Свети Климент Охридски“ Битола ќе се осврне на паметната мобилност.

- Благојче Количоски, претставувајќи ја заедницата Pelister Tech, ќе ја истражува употребата на идните технологии за трансформативни цели.

- Симона Мирчевска, архитект, ќе го претстави својот оригинален концепт „Пелистер - дисперзиран музеј на природата“, придружен со изложба на мапи на самиот настан.

Концептот на конференцијата Smart Village служи како платформа за засегнатите страни за размена на идеи, споделување на најдобрите практики и воспоставување соработка за градење паметни, еластични рурални заедници. Настанот директно треба да влијае на локалната заедница и локалните и националните власти, запознавајќи ги со принципите и потенцијалот на паметните села.

Are you ready for Pelister? е проект предводен од Фондацијата ПРЕДА Плус и имплементиран во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 - ReLOaD2, е финансиран од Европската Унија (ЕУ) и имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), со кофинансирање од Општина Битола

The post Концептот за паметни села ќе го револуционализира руралниот развој на Пелистер appeared first on Република.

]]>

Проектот „Are you ready for Pelister“ на ПРЕДА плус фондацијата ја најави претстојната конференција која во фокус го става ‘smart village’ концептот кој има глобален тренд, а која треба да се одржи на 27 мај 2024 година, во Информативниот центар на Националниот парк Пелистер. Овој настан ќе ги истакне иновативните пристапи кон руралниот развој преку технологијата и одржливоста, прикажувајќи ги колективните напори на Фондацијата ПРЕДА Плус и конзорциумот од партнери вклучувајќи ги општина Битола, Универзитетот Св. Климент Охридски Битола - Факултет за ИКТ Битола, Техника Пелистер и Ротари клуб Битола.

Зајакнувањето на руралните заедници и искористувањето на технологијата за инклузивен развој се централни теми на концептот на паметно село. Технологијата служи како моќна алатка за премостување на јазот помеѓу руралните и урбаните средини, осигурувајќи дека сите членови на заедницата имаат пристап до основните услуги и можности. Преку иновациите, можеме да создадеме иднина во која никој нема да остане зад себе” - истакнуваат од ПРЕДА.

 Паметните села претставуваат модерна парадигма во руралниот развој, користејќи технологија за подобрување на квалитетот на животот и промовирање на одржливост во руралните области. Во денешниот дигитален пејзаж, мора да се развиваат концепти за да ги задоволат потребите на нашите заедници. Иницијативите за паметни села нудат можност да се преиспитаат структурите на управување, да се зајакнат граѓаните и да се поттикне соработката помеѓу власите, бизнисите и жителите.

Со интегрирање на клучните елементи како технолошка инфраструктура, дигитални услуги, обновливи извори на енергија, земјоделски иновации, претприемништво, ангажман во заедницата и подобрување на квалитетот на животот, паметните села нудат холистички решенија за уникатните предизвици со кои се соочуваат руралните заедници.

 Конференцијата Smart Village ќе содржи презентации од четворица истакнати експерти во нивните области:

 - Елена Бошков-Ковач, ко-основач и директор на Blueprint Energy Solutions GmbH, Виена, Австрија, ќе зборува за активното учество на жителите во енергетската транзиција за одржлива иднина.

- Проф. д-р. Илија Јолевски од Универзитетот „Свети Климент Охридски“ Битола ќе се осврне на паметната мобилност.

- Благојче Количоски, претставувајќи ја заедницата Pelister Tech, ќе ја истражува употребата на идните технологии за трансформативни цели.

- Симона Мирчевска, архитект, ќе го претстави својот оригинален концепт „Пелистер - дисперзиран музеј на природата“, придружен со изложба на мапи на самиот настан.

Концептот на конференцијата Smart Village служи како платформа за засегнатите страни за размена на идеи, споделување на најдобрите практики и воспоставување соработка за градење паметни, еластични рурални заедници. Настанот директно треба да влијае на локалната заедница и локалните и националните власти, запознавајќи ги со принципите и потенцијалот на паметните села.

Are you ready for Pelister? е проект предводен од Фондацијата ПРЕДА Плус и имплементиран во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 - ReLOaD2, е финансиран од Европската Унија (ЕУ) и имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), со кофинансирање од Општина Битола

The post Концептот за паметни села ќе го револуционализира руралниот развој на Пелистер appeared first on Република.

]]>
Успешни професори, уметници, архитекти, стопанственици на втората конференција „Чувари на мудроста“ https://republika.mk/zivot/kariera/uspeshni-profesori-umetnitsi-arhitekti-stopanstvenitsi-na-vtorata-konferentsija-chuvari-na-mudrosta/ Tue, 21 May 2024 07:57:03 +0000 https://republika.mk/?p=780355

Успешни професори, уметници, архитекти, стопанственици ќе ги споделат своите животни и професионални искуства со младите на втората конференција „Чувари на мудроста“, која ќе се одржи на 11 јуни, во Младински културен центар во Скопје. Станува збор за несекојдневна можност на едно место да се чујат советите на дел од најискусните и најпочитуваните професионалци во нашата држава. Професорите Мишко Ралев, Радмил Поленаковиќ и Бобан Мисовски, претприемачите Нина Ангеловска и Петар Ниновски, теоретичарката на уметност Искра Гешоска, психологот Славица Гајдаѕис-Кнежевиќ се дел од учесниците кои ќе дискутираат на различни теми и ќе споделат мудри совети за кариерен развој.

Професор д-р Мишко Ралев, архитект, декан на Факултетот за архитектура и дизајн, како и претседател на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) најмногу се сеќава на едно кажување – совет кој се провлекувал од генерација во генерација. Така и тој, како млад асистент на Архитектонскиот факултет, го добил од неговите професори. „Советот буквално гласеше вака:  ’Да не дозволиш да ти се исушат рапитографите’.  А тоа значи дека само постојаната работа и трагањето по вистинските вредности се единствениот начин да се напредува. Од друга страна, познато е дека добар експерт не е оној кој знае сè, туку оној кој е подготвен постојано да учи“, истакнува Ралев.

Целата дискусија е замислена да се одвива во парови кои се од иста професија или со слична кариерна определба. Панелистите ќе ги споделат личните ставови и она во што веруваат. Публиката ќе има можност да слушне корисни совети за кариерен развој, но и за животната филозофија на говорниците од различни генерации.

Славица Гајдаѕис-Кнежевиќ, прим. д-р невропсихијатар, семеен и системски психотерапевт, истакнува дека меѓу највредните совети што ги добила е постојаната поддршка и верба во нејзините способности – „Ти можеш, умееш и ќе успееш. Биди истрајна и не откажувај се брзо!“ Понатаму, таа нагласува: „Во однос на советите – внимавам со општите совети до сите млади, бидејќи на тој начин покажувам дека не го почитувам богатството на нивните различности! Поблиско ми е правилото дека нема правило, па оттука, немам универзален совет до сите млади.

Можеби нешто што е најблиско до универзален совет е да се обидат да бидат во контакт со себе и да ги препознаат своите способности и предизвици, а ако не успеваат во тоа, да побараат стручна помош. И можеби следен чекор е да бидат креативни во барањето решенија за своите предизвици, зашто многу често заглавуваме токму поради тоа што повторуваме исти решенија, иако претходно не ни дале резултат!“

Втората по ред конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK е важна поддршка и инспирација за младите професионалци и претприемачи. Присутните на конференцијата ќе имаат можност да добијат и дополнителни стручни совети на работилниците за брендинг и бизнис-план за стартап компании, што ќе се спроведат во рамки на конференцијата.

Влезот за сите студенти ќе биде бесплатен, со приложување студентска легитимација, но заради ограничениот број присутни, задолжително ќе биде пријавувањето преку следната онлајн форма: bit.ly/Конференција-ЧувариНаМудроста

 

The post Успешни професори, уметници, архитекти, стопанственици на втората конференција „Чувари на мудроста“ appeared first on Република.

]]>

Успешни професори, уметници, архитекти, стопанственици ќе ги споделат своите животни и професионални искуства со младите на втората конференција „Чувари на мудроста“, која ќе се одржи на 11 јуни, во Младински културен центар во Скопје. Станува збор за несекојдневна можност на едно место да се чујат советите на дел од најискусните и најпочитуваните професионалци во нашата држава. Професорите Мишко Ралев, Радмил Поленаковиќ и Бобан Мисовски, претприемачите Нина Ангеловска и Петар Ниновски, теоретичарката на уметност Искра Гешоска, психологот Славица Гајдаѕис-Кнежевиќ се дел од учесниците кои ќе дискутираат на различни теми и ќе споделат мудри совети за кариерен развој. Професор д-р Мишко Ралев, архитект, декан на Факултетот за архитектура и дизајн, како и претседател на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) најмногу се сеќава на едно кажување – совет кој се провлекувал од генерација во генерација. Така и тој, како млад асистент на Архитектонскиот факултет, го добил од неговите професори. „Советот буквално гласеше вака:  ’Да не дозволиш да ти се исушат рапитографите’.  А тоа значи дека само постојаната работа и трагањето по вистинските вредности се единствениот начин да се напредува. Од друга страна, познато е дека добар експерт не е оној кој знае сè, туку оној кој е подготвен постојано да учи“, истакнува Ралев. Целата дискусија е замислена да се одвива во парови кои се од иста професија или со слична кариерна определба. Панелистите ќе ги споделат личните ставови и она во што веруваат. Публиката ќе има можност да слушне корисни совети за кариерен развој, но и за животната филозофија на говорниците од различни генерации. Славица Гајдаѕис-Кнежевиќ, прим. д-р невропсихијатар, семеен и системски психотерапевт, истакнува дека меѓу највредните совети што ги добила е постојаната поддршка и верба во нејзините способности – „Ти можеш, умееш и ќе успееш. Биди истрајна и не откажувај се брзо!“ Понатаму, таа нагласува: „Во однос на советите – внимавам со општите совети до сите млади, бидејќи на тој начин покажувам дека не го почитувам богатството на нивните различности! Поблиско ми е правилото дека нема правило, па оттука, немам универзален совет до сите млади. Можеби нешто што е најблиско до универзален совет е да се обидат да бидат во контакт со себе и да ги препознаат своите способности и предизвици, а ако не успеваат во тоа, да побараат стручна помош. И можеби следен чекор е да бидат креативни во барањето решенија за своите предизвици, зашто многу често заглавуваме токму поради тоа што повторуваме исти решенија, иако претходно не ни дале резултат!“ Втората по ред конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK е важна поддршка и инспирација за младите професионалци и претприемачи. Присутните на конференцијата ќе имаат можност да добијат и дополнителни стручни совети на работилниците за брендинг и бизнис-план за стартап компании, што ќе се спроведат во рамки на конференцијата. Влезот за сите студенти ќе биде бесплатен, со приложување студентска легитимација, но заради ограничениот број присутни, задолжително ќе биде пријавувањето преку следната онлајн форма: bit.ly/Конференција-ЧувариНаМудроста  

The post Успешни професори, уметници, архитекти, стопанственици на втората конференција „Чувари на мудроста“ appeared first on Република.

]]>
Конференција „Стратегии во уметноста” https://republika.mk/vesti/kultura/konferentsija-strategii-vo-umetnosta/ Wed, 15 May 2024 15:53:03 +0000 https://republika.mk/?p=778313

Почнува петнаесетта сезона на „Креативен викенд” со конференцијата „Стратегии во уметноста”. На 15 мај во 19 часот, во „Котур”, ќе биде најавена петнаесеттата сезона на уметничката резиденција „Креативен викенд” во Лазарополе. Исто така, ќе бидат најавени и учесниците и програмата на првиот настан во оваа сезона, конференцијата насловена „Стратегии во уметноста”.

Целите на оваа конференција се да се види кој со што придонесува за уметничката сцена, да се укаже на слабостите и можните решенија, да се проговори за тоа што недостасува, и како би можела да се подобри инфраструктурата којашто им овозможува на уметниците подобар амбиент за нивното творење и поддршка на промоција на нивните дела во Македонија и надвор од неа.

 

Учесниците на оваа конференција творат комбинација на искуство и младост. Своите аргументи и идеи ќе ги споделат професорите и предавачите од Филолошки факултет, ФДУ, и ФЛУ, како и нивните студенти; издавачи со реноме како „Темплум”, но и нови како „Илика”, музичари со многу отсвирени концерти, како Филип Букуршлиев и Добрила и Дориан, но и талентираните „Алембик”, „Local Blue” и „Намуз” (Андреј Татарчевски и Кристијан Новковски). Друга битна карактеристика на содржината на програмата е присуството на независни и самоодржливи колективи, како што се „Партизанска штампа”, КСП Центар „Јадро” и „Кула”, од една, и претставници на институции и здруженија како ДЛУМ, Национална галерија, МСУ, Кинотека, Фото сојуз на Македонија, од друга страна. Покрај тоа, ќе стане збор и за новите простори како „Лабораториум”, „Аудиокултура” и други.

За своите искуства ќе нѐ информираат претставниците и учесниците на фестивалите „Стрип-трип”, „Графити фест”, Флип бук” и „Македокс”, фестивалот за фотографија „Зрно”, фестивалот Синестетика”, театарот „Сенки и облаци”, и колективите „Гола планина”, „Отров” и „Аксиома”. И покрај толку сеопфатна програма, сепак недостигаат танцот, дизајнот, модата… Следната година и овие области ќе бидат вклучени во дискусијата за создавање на подобри стратегии во уметноста.

 

Програмата ќе се одржува од 15 до 22 мај во „Котур”, „Илика”, СЦ „Дуња”, „Ла Кања”, „Монтажна галерија”, „Буква”, „Бруталиск” и „P INN” (Стара скопска чаршија). Првата и последната вечер ќе бидат зачинети со диџеј сесии на Балтик и Александар Ордев во „Котур” и Теа Шалдева и Андреа Салпе во „P INN”.

Пред 15 години ( 2010 -2024) во селото Лазарополе е основана неформалната уметничка резиденција ,,Креативен викенд” која ги отвори вратите за уметниците и стана пример за мултимедијална рурална уметничка резиденција. Главната идеја на оваа резиденција е да обезбеди комуникација помеѓу уметниците и да им овозможи да творат во природна и рурална средина со релаксирачки амбиент, со акцент на импровизација и експериментирање на уметничките форми.

 

,,Креативен викенд” е културно-уметничка платформа за комуникација и соработка помеѓу уметниците од македонската сцена и уметниците од странските уметнички сцени и се одржува во уметничката резиденција во село Лазарополе, во периодот од мај до октомври. „Креативен викенд” беше дом на познати уметници од Македонија, но и од Германија, Италија, Франција, Јапонија, Бразил, Шведска, Холандија, САД, Шпанија, Мексико, Австрија, Велика Британија, Полска, како и од земјите од регионот.

Програма за конференцијата „Стратегии во уметноста”:

15 мај, 2024, 19 часот во „Котур”
• Најава на 15-та сезона на „Креативен викенд”
(Владимир Мартиновски, Тони Димитров, Јован Ламбески, Живко Грозданоски, Сали Ертунц, Елена Пренџова)
Промо парти со Александар Ордев и Балтик

 

16 мај, 2024, 17 часот, кафе-книжарница „Илика”
• Книжевност и театар
Книжевност: Никола Гелевски (Темплум) , Лидија Капушевска-Дракулевска(Катедра за ОКК), Наташа Атанасова (Блен), Катерина Шекутковска (Илика), Александра Јуруковска (библиотека „Браќа Миладиновци”)
Театар: Зоја Бузалковска (ФДУ), Катерина Стефановска (Театар Сенки и облаци), Милош Андоновски, Бојан Трифуновски, Виктор Велевски
Концерти: Пијан Славеј
Јоана Ристеска

 

17 мај, 2024, 19 часот, СЦ „Дуња”
• Сито штампа, стрип и графити
Билјана Димитрова (Партизанска штампа), Ивана Мирчевска и Наташа Неделкова (Кула), Ѓорѓи Митревски (Еко свест, Партизанска штампа), Никола Темков (Стрип-трип), Младен Трендевски (Графити фест), Васко Цацаноски (СЦ Дуња), Билјана Кочоска, Јан Станков (јapan@mk)
Концерт на The Local Blue

 

18 мај, 2024, 20 часот, „Ла Кања”
• Музика и илустрации (на музички изданија од Аксиома и Шарла)
Вангел Ноневски (Аксиома), Виктор Танасковски (Синестетика), Марко Печеновиќ и Мартин Џорлев (Гола планина), Јоана Ристеска (Канал 103), Никола Николовски и Васил Јорданов (Отров)
Концерт на Намуз (Андреј Татарчевски и Кристијан Новковски)

 

19 мај, 2024, 17 часот, Монтажна галерија
• Инсталации, скулптури и архитектонски елементи (во амбиент на природа)
Анита Ивковиќ, Никола Узуновски, Филип Јовановски, Тома Димовски, Стеф Јакимовски, Доротеј Нешовски, Теа Дамјановска, Озбек Ајваз, Иво Лазароски (Архрид)
Концерт на Алембик

 

20 мај, 2024, 18 часот, кафе-книжарница „Буква”
• Филм и фотографија
Филм: Јане Алтипармаков, Иван Ивановски, Алек Василевски (Кинотека), Игор Иванов Изи, Дарко Набаков (Македокс), Жарко Иванов (Флип бук), Ана Василевска
Фотографија: Кирил Штрков, Зденко Петровски, Тоше Јанев, Дејан Колевски, Димитар Апостолов, Искра Трајчева, Јелена Белиќ
Концерт: Аксиотомик + lXgram + Добрила

 

21 мај, 2024, 17 часот, „Бруталиск”
• Институции, здруженија и простори
Институции и здруженија: Ана Франговска (Национална галерија, АИКА), Јана Манева-Чуповска (ДЛУМ), Владимир Јанчевски (МСУ), Ѓорѓе Јовановиќ (Јадро), Миле Ничевски
Простори: Марко Ковачевски и Никола Наумоски (Бруталиск), Јана Павловска, Искра Илиеска, Калина Дуковска (Лабораториум), Дарко Јовчевски (Котур), Веселин Теохаров (Аудиокултура)
Концерт на Филип Букуршлиев

 

22 мај, 2024, 20 часот, „P INN” (Стара скопска чаршија)
• Медиуми и настани
Сотир Трајков (Телма), Љупчо Јолевски (екс Радио Слободна Евопа), Тома Димовки (Канал 103), Биљана Стојановска (Нова Македонија), Бојан Шашевски (Радио МОФ), Елена Митреска (Окно), Весна Илиевска (умно.мк), Ана Чушкова (Дива лига), Артан Садиу (КРИК – фестивал за критичка култура, Контрапункт, Андреј Медиќ (Култура Бета, Филозофски филмски фестивал, Скопски поетски фестивал, Поетска епизода, Клинци)
Диџеј сесии на Теа Шалдева и Андреа Салпе

The post Конференција „Стратегии во уметноста” appeared first on Република.

]]>

Почнува петнаесетта сезона на „Креативен викенд” со конференцијата „Стратегии во уметноста”. На 15 мај во 19 часот, во „Котур”, ќе биде најавена петнаесеттата сезона на уметничката резиденција „Креативен викенд” во Лазарополе. Исто така, ќе бидат најавени и учесниците и програмата на првиот настан во оваа сезона, конференцијата насловена „Стратегии во уметноста”. Целите на оваа конференција се да се види кој со што придонесува за уметничката сцена, да се укаже на слабостите и можните решенија, да се проговори за тоа што недостасува, и како би можела да се подобри инфраструктурата којашто им овозможува на уметниците подобар амбиент за нивното творење и поддршка на промоција на нивните дела во Македонија и надвор од неа.   Учесниците на оваа конференција творат комбинација на искуство и младост. Своите аргументи и идеи ќе ги споделат професорите и предавачите од Филолошки факултет, ФДУ, и ФЛУ, како и нивните студенти; издавачи со реноме како „Темплум”, но и нови како „Илика”, музичари со многу отсвирени концерти, како Филип Букуршлиев и Добрила и Дориан, но и талентираните „Алембик”, „Local Blue” и „Намуз” (Андреј Татарчевски и Кристијан Новковски). Друга битна карактеристика на содржината на програмата е присуството на независни и самоодржливи колективи, како што се „Партизанска штампа”, КСП Центар „Јадро” и „Кула”, од една, и претставници на институции и здруженија како ДЛУМ, Национална галерија, МСУ, Кинотека, Фото сојуз на Македонија, од друга страна. Покрај тоа, ќе стане збор и за новите простори како „Лабораториум”, „Аудиокултура” и други. За своите искуства ќе нѐ информираат претставниците и учесниците на фестивалите „Стрип-трип”, „Графити фест”, Флип бук” и „Македокс”, фестивалот за фотографија „Зрно”, фестивалот Синестетика”, театарот „Сенки и облаци”, и колективите „Гола планина”, „Отров” и „Аксиома”. И покрај толку сеопфатна програма, сепак недостигаат танцот, дизајнот, модата… Следната година и овие области ќе бидат вклучени во дискусијата за создавање на подобри стратегии во уметноста.   Програмата ќе се одржува од 15 до 22 мај во „Котур”, „Илика”, СЦ „Дуња”, „Ла Кања”, „Монтажна галерија”, „Буква”, „Бруталиск” и „P INN” (Стара скопска чаршија). Првата и последната вечер ќе бидат зачинети со диџеј сесии на Балтик и Александар Ордев во „Котур” и Теа Шалдева и Андреа Салпе во „P INN”. Пред 15 години ( 2010 -2024) во селото Лазарополе е основана неформалната уметничка резиденција ,,Креативен викенд” која ги отвори вратите за уметниците и стана пример за мултимедијална рурална уметничка резиденција. Главната идеја на оваа резиденција е да обезбеди комуникација помеѓу уметниците и да им овозможи да творат во природна и рурална средина со релаксирачки амбиент, со акцент на импровизација и експериментирање на уметничките форми.   ,,Креативен викенд” е културно-уметничка платформа за комуникација и соработка помеѓу уметниците од македонската сцена и уметниците од странските уметнички сцени и се одржува во уметничката резиденција во село Лазарополе, во периодот од мај до октомври. „Креативен викенд” беше дом на познати уметници од Македонија, но и од Германија, Италија, Франција, Јапонија, Бразил, Шведска, Холандија, САД, Шпанија, Мексико, Австрија, Велика Британија, Полска, како и од земјите од регионот. Програма за конференцијата „Стратегии во уметноста”:
15 мај, 2024, 19 часот во „Котур”
• Најава на 15-та сезона на „Креативен викенд”
(Владимир Мартиновски, Тони Димитров, Јован Ламбески, Живко Грозданоски, Сали Ертунц, Елена Пренџова)
Промо парти со Александар Ордев и Балтик
 
16 мај, 2024, 17 часот, кафе-книжарница „Илика”
• Книжевност и театар
Книжевност: Никола Гелевски (Темплум) , Лидија Капушевска-Дракулевска(Катедра за ОКК), Наташа Атанасова (Блен), Катерина Шекутковска (Илика), Александра Јуруковска (библиотека „Браќа Миладиновци”)
Театар: Зоја Бузалковска (ФДУ), Катерина Стефановска (Театар Сенки и облаци), Милош Андоновски, Бојан Трифуновски, Виктор Велевски
Концерти: Пијан Славеј
Јоана Ристеска
 
17 мај, 2024, 19 часот, СЦ „Дуња”
• Сито штампа, стрип и графити
Билјана Димитрова (Партизанска штампа), Ивана Мирчевска и Наташа Неделкова (Кула), Ѓорѓи Митревски (Еко свест, Партизанска штампа), Никола Темков (Стрип-трип), Младен Трендевски (Графити фест), Васко Цацаноски (СЦ Дуња), Билјана Кочоска, Јан Станков (јapan@mk)
Концерт на The Local Blue
 
18 мај, 2024, 20 часот, „Ла Кања”
• Музика и илустрации (на музички изданија од Аксиома и Шарла)
Вангел Ноневски (Аксиома), Виктор Танасковски (Синестетика), Марко Печеновиќ и Мартин Џорлев (Гола планина), Јоана Ристеска (Канал 103), Никола Николовски и Васил Јорданов (Отров)
Концерт на Намуз (Андреј Татарчевски и Кристијан Новковски)
 
19 мај, 2024, 17 часот, Монтажна галерија
• Инсталации, скулптури и архитектонски елементи (во амбиент на природа)
Анита Ивковиќ, Никола Узуновски, Филип Јовановски, Тома Димовски, Стеф Јакимовски, Доротеј Нешовски, Теа Дамјановска, Озбек Ајваз, Иво Лазароски (Архрид)
Концерт на Алембик
 
20 мај, 2024, 18 часот, кафе-книжарница „Буква”
• Филм и фотографија
Филм: Јане Алтипармаков, Иван Ивановски, Алек Василевски (Кинотека), Игор Иванов Изи, Дарко Набаков (Македокс), Жарко Иванов (Флип бук), Ана Василевска
Фотографија: Кирил Штрков, Зденко Петровски, Тоше Јанев, Дејан Колевски, Димитар Апостолов, Искра Трајчева, Јелена Белиќ
Концерт: Аксиотомик + lXgram + Добрила
 
21 мај, 2024, 17 часот, „Бруталиск”
• Институции, здруженија и простори
Институции и здруженија: Ана Франговска (Национална галерија, АИКА), Јана Манева-Чуповска (ДЛУМ), Владимир Јанчевски (МСУ), Ѓорѓе Јовановиќ (Јадро), Миле Ничевски
Простори: Марко Ковачевски и Никола Наумоски (Бруталиск), Јана Павловска, Искра Илиеска, Калина Дуковска (Лабораториум), Дарко Јовчевски (Котур), Веселин Теохаров (Аудиокултура)
Концерт на Филип Букуршлиев
 
22 мај, 2024, 20 часот, „P INN” (Стара скопска чаршија)
• Медиуми и настани
Сотир Трајков (Телма), Љупчо Јолевски (екс Радио Слободна Евопа), Тома Димовки (Канал 103), Биљана Стојановска (Нова Македонија), Бојан Шашевски (Радио МОФ), Елена Митреска (Окно), Весна Илиевска (умно.мк), Ана Чушкова (Дива лига), Артан Садиу (КРИК – фестивал за критичка култура, Контрапункт, Андреј Медиќ (Култура Бета, Филозофски филмски фестивал, Скопски поетски фестивал, Поетска епизода, Клинци)
Диџеј сесии на Теа Шалдева и Андреа Салпе

The post Конференција „Стратегии во уметноста” appeared first on Република.

]]>
Бојана Јанева од МСУ-Скопје на Меѓународна музејска конференција за заштита на културното наследство https://republika.mk/vesti/kultura/bojana-janeva-od-msu-skopje-na-megunarodna-muzejska-konferentsija-za-zashtita-na-kulturnoto-nasledstvo/ Sat, 04 May 2024 12:51:55 +0000 https://republika.mk/?p=774150

Кустос водичот Бојана Јанева од нашиот Музеј на современата уметност – Скопје беше избрана од Управниот одбор на Балканската мрежа на музеи да земе учество на годинашната Меѓународна музејска конференција за заштита на културното наследство во време на криза, која се одржа во Тиват, Црна Гора.

„Ми претставуваше голема чест што бев избрана да ја претставам работата на Одделот за едукација и стручно водење при МСУ-Скопје, каде зборував за мојата музејска пракса при водење музејски тури пред поширока публика. Особено сум задоволна и благодарна за реакциите на моите колеги од другите музеи во регионот по претставувањето, со кои почнавме да договараме можни соработки и продлабочена размена на знаење, искуства и споделени музејски пракси.“, вели Јанева.

The post Бојана Јанева од МСУ-Скопје на Меѓународна музејска конференција за заштита на културното наследство appeared first on Република.

]]>

Кустос водичот Бојана Јанева од нашиот Музеј на современата уметност – Скопје беше избрана од Управниот одбор на Балканската мрежа на музеи да земе учество на годинашната Меѓународна музејска конференција за заштита на културното наследство во време на криза, која се одржа во Тиват, Црна Гора. „Ми претставуваше голема чест што бев избрана да ја претставам работата на Одделот за едукација и стручно водење при МСУ-Скопје, каде зборував за мојата музејска пракса при водење музејски тури пред поширока публика. Особено сум задоволна и благодарна за реакциите на моите колеги од другите музеи во регионот по претставувањето, со кои почнавме да договараме можни соработки и продлабочена размена на знаење, искуства и споделени музејски пракси.“, вели Јанева.

The post Бојана Јанева од МСУ-Скопје на Меѓународна музејска конференција за заштита на културното наследство appeared first on Република.

]]>
Македонија е пример во регионот за имплементирање на родова рамноправност https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-e-primer-vo-regionot-za-implementirane-na-rodova-ramnopravnost/ Mon, 15 Apr 2024 11:56:38 +0000 https://republika.mk/?p=766322

Претседателот на Владата на Република Македонија Талат Џафери, денеска учествуваше и се обрати на Меѓународниот форум за жени, мир и безбедност што се одржува во Приштина, Република Косово.

Во продолжение е интегралното обраќање на премиерот Џафери:

„Денеска сме тука поради еден значаен повод, и би рекол големо достигнување за регионот. За мене е чест да сум дел од овој настан кој ќе придонесе за реализација на оваа одлична иницијатива, односно, Регионалниот центар за извонредност за жени, мир и безбедност.

И ние во Република Македонија, сме силно посветени на имплементирањето на агендата Жени, мир и безбедност. Како активна земја членка на НАТО, го поддржуваме имплементирањето на оваа политика низ трите основни цели на Алијансата и за таа цел го усогласивме и нашиот Национален акциски план со сродните иницијативи.

Уште поважно, ние и суштински ги имплементираме трите принципи на интеграција, инклузивност и интегритет во нашата секојдневна работа и во политиките кои ги носиме. Бидејќи, суштината е она што секојдневно нѐ води при носењето на политичките одлуки кои имаат една единствена цел, а тоа е да ги исполнуваат стандардите за постигнување на родова еднаквост.

Легислативата е исклучително значаен дел од тој процес, затоа што ја дава рамката со која се обезбедува застапеноста. Таков е вториот Национален акциски план (НАП) на Република Македонија за имплементација на Резолуцијата 1325 усвоен во 2020 година, како петгодишен стратешки план за постигнување на вистинска родова еднаквост, интеграција и транспарентност на национално ниво.

Но, легислативата е само еден сегмент од нашата поголема, повисока политика. Неспорно е дека, родовите теми во Македонија, во голема мера добиваат простор и стануваат еден од приоритетите преку реформите кои Владата почна да ги имплементира во 2017 година и непосредно пред нашето полноправно членство во НАТО. Тие реформи, се случија пред сѐ во начинот на кој размислуваме за родовата димензија и ја инкорпорираме во секоја политика.

Без разлика дали тоа претставува Истанбулската конвенција, социјалната реформа, Едно општество за сите и серија други политики кои ги имплементира нашата Влада, или пак фокусот се насочува кон жените во безбедносниот сектор, заедничка цел на сите нив е целосна инклузија, со овозможување на простор кој води до реална родова рамноправност.

Во оваа насока, можам да кажам дека ние сме позитивен пример. Министерството за одбрана на Република Македонија го води одлична министерка, на која и претходеше исто така друга извонредна министерка за одбрана. Претседателот на државата има аѓутантка, а постигнат е и значителен напредок во бројот на жени застапени во Армијата, чијшто број се има удвоено во последниве десет години. Во истото министерство, од вкупниот број вработени административни службеници на раководни позиции, 49 % се жени. Имаме осум жени со чин полковник, што е бројка која до пред една декада беше нула, или еден.

Почитувани присутни,

Агендата за жени, мир и безбедност беше исто така еден од приоритетите за време на нашето претседавање со ОБСЕ минатата година. Со цел афирмирање на ваквата политика, организиравме повеќе настани на највисоко ниво на оваа тема.

Со ова, сакам да истакнам дека сме на одличен пат. Иако имаме уште многу за одење на тој пат, траекторијата на движење е утврдена и моја заложба е и ќе биде да останеме на истата.

Знам дека според една од феминистичките теории за мирот се смета дека тоа е постојан процес на кој треба да се работи, а не цел која треба да биде постигната. И јас се согласувам со оваа теорија и врз истата ја базирам и родовата еднаквост во безбедноста.

Војната во Украина е силен потсетник за неопходноста од активното вклучување на жените во сите области за спречување конфликти и во заложбите за градење на мир, стабилност и безбедност. Нивниот придонес е неопходен и во адаптирањето на политиките кон новата реалност.

Токму затоа, ние, како кредибилна членка на НАТО, го поддржуваме пристапот на Алијансата да се даде поголемо значење на политиката за Жени, мир и безбедност. Тоа значи поголемо претставување и учество на жените во цивилните и воени операции и мисии на НАТО, но и поголема промоција на родовата еднаквост како израз на нашите заеднички демократски вредности“.

 

The post Македонија е пример во регионот за имплементирање на родова рамноправност appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија Талат Џафери, денеска учествуваше и се обрати на Меѓународниот форум за жени, мир и безбедност што се одржува во Приштина, Република Косово. Во продолжение е интегралното обраќање на премиерот Џафери: „Денеска сме тука поради еден значаен повод, и би рекол големо достигнување за регионот. За мене е чест да сум дел од овој настан кој ќе придонесе за реализација на оваа одлична иницијатива, односно, Регионалниот центар за извонредност за жени, мир и безбедност. И ние во Република Македонија, сме силно посветени на имплементирањето на агендата Жени, мир и безбедност. Како активна земја членка на НАТО, го поддржуваме имплементирањето на оваа политика низ трите основни цели на Алијансата и за таа цел го усогласивме и нашиот Национален акциски план со сродните иницијативи. Уште поважно, ние и суштински ги имплементираме трите принципи на интеграција, инклузивност и интегритет во нашата секојдневна работа и во политиките кои ги носиме. Бидејќи, суштината е она што секојдневно нѐ води при носењето на политичките одлуки кои имаат една единствена цел, а тоа е да ги исполнуваат стандардите за постигнување на родова еднаквост. Легислативата е исклучително значаен дел од тој процес, затоа што ја дава рамката со која се обезбедува застапеноста. Таков е вториот Национален акциски план (НАП) на Република Македонија за имплементација на Резолуцијата 1325 усвоен во 2020 година, како петгодишен стратешки план за постигнување на вистинска родова еднаквост, интеграција и транспарентност на национално ниво. Но, легислативата е само еден сегмент од нашата поголема, повисока политика. Неспорно е дека, родовите теми во Македонија, во голема мера добиваат простор и стануваат еден од приоритетите преку реформите кои Владата почна да ги имплементира во 2017 година и непосредно пред нашето полноправно членство во НАТО. Тие реформи, се случија пред сѐ во начинот на кој размислуваме за родовата димензија и ја инкорпорираме во секоја политика. Без разлика дали тоа претставува Истанбулската конвенција, социјалната реформа, Едно општество за сите и серија други политики кои ги имплементира нашата Влада, или пак фокусот се насочува кон жените во безбедносниот сектор, заедничка цел на сите нив е целосна инклузија, со овозможување на простор кој води до реална родова рамноправност. Во оваа насока, можам да кажам дека ние сме позитивен пример. Министерството за одбрана на Република Македонија го води одлична министерка, на која и претходеше исто така друга извонредна министерка за одбрана. Претседателот на државата има аѓутантка, а постигнат е и значителен напредок во бројот на жени застапени во Армијата, чијшто број се има удвоено во последниве десет години. Во истото министерство, од вкупниот број вработени административни службеници на раководни позиции, 49 % се жени. Имаме осум жени со чин полковник, што е бројка која до пред една декада беше нула, или еден. Почитувани присутни, Агендата за жени, мир и безбедност беше исто така еден од приоритетите за време на нашето претседавање со ОБСЕ минатата година. Со цел афирмирање на ваквата политика, организиравме повеќе настани на највисоко ниво на оваа тема. Со ова, сакам да истакнам дека сме на одличен пат. Иако имаме уште многу за одење на тој пат, траекторијата на движење е утврдена и моја заложба е и ќе биде да останеме на истата. Знам дека според една од феминистичките теории за мирот се смета дека тоа е постојан процес на кој треба да се работи, а не цел која треба да биде постигната. И јас се согласувам со оваа теорија и врз истата ја базирам и родовата еднаквост во безбедноста. Војната во Украина е силен потсетник за неопходноста од активното вклучување на жените во сите области за спречување конфликти и во заложбите за градење на мир, стабилност и безбедност. Нивниот придонес е неопходен и во адаптирањето на политиките кон новата реалност. Токму затоа, ние, како кредибилна членка на НАТО, го поддржуваме пристапот на Алијансата да се даде поголемо значење на политиката за Жени, мир и безбедност. Тоа значи поголемо претставување и учество на жените во цивилните и воени операции и мисии на НАТО, но и поголема промоција на родовата еднаквост како израз на нашите заеднички демократски вредности“.  

The post Македонија е пример во регионот за имплементирање на родова рамноправност appeared first on Република.

]]>
Раштимана двоглава делегација во Минхен: Отидоа и премиерот и претседателот, а таму беше и Османи https://republika.mk/vesti/makedonija/rasshtimana-delegatsija-vo-minhen-spored-diplomatskite-pravila-na-megunarodna-konferentsija-odi-ili-pretsedatelot-na-drzhavata-ili-premierot-nikako-zaedno/ Sun, 18 Feb 2024 09:14:01 +0000 https://republika.mk/?p=745283

Расштимана делегација во Минхен.Со овие зборови пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски го коментира на Фејсбук настанот на кој присуствуваше и македонска делегација на безбедносната конференција во Минхен на која главни теми беа руската агресија врз Украина и ситуацијата на Блискиот Исток.

„Сериозни теми, сериозен протокол со присуство на делегации од многу држави. Но, само една делегација личи на расштиман оркестар – за жал, тоа е македонската делегација. Имено, според дипломатските правила, една држава на меѓународна конференција не може истовремено да ја претставуваат претседателот на државата и премиерот, бидејќи и двајцата го имаат највисокиот ранг – шеф на држава и шеф на влада. Како шеф на делегацијата оди или претседателот, или оди премиерот, но никако двајцата заедно. Во случајот со Македонија, на конференцијата во Минхен, присутен е и Претседателот Пендаровски, а истовремено таму е и техничкиот премиер Талат Џафери. Двајцата имаат по неколку соработници во нивна придружба. Згора на тоа, со група свои соработници таму е и министерот за надворешни Османи, оној кој би требало да му укаже на премиерот дека двоглави делегации на една иста конференција не праќаат ниту државите кои служат за потсмев на меѓународата сцена“, напиша Милошоски на социјалните мрежи.

Тој додава дека оваа дипломатска грешка го открива непознавањето на протоколот од страна на техничкиот премиер, но истовремено е и недомаќинското триплирање на буџетските трошоци.

„Двоглавото претставување ќе биде за потсмев кај другите делегации кои лесно ќе забележат дека во Македонија не постои координација меѓу трите кабинети (Претседател, Премиер, МНР) кои се задолжени за надворешната политика. Замислете колку бил зачуден британецот Сер Стјуарт Пич, специјен пратеник за Западниот Балкан, кого и претседателот Пендаровски и техничкиот премиер Џафери го сретнаа на две одвоени средби, како патувањето до Минхен да им е последното патување во кариерата. Или можеби Сер Стјуарт Пич веќе знае дека во Македонија кавгата за казината на ДУИ со “европско знаменце” е побитна од координацијата меѓу претседателот, премиерот и министерот за надворешни за нормално меѓународно претставување на државата?!“, стои во статусот на Милошоски на ФБ.

 

 

The post Раштимана двоглава делегација во Минхен: Отидоа и премиерот и претседателот, а таму беше и Османи appeared first on Република.

]]>

Расштимана делегација во Минхен.Со овие зборови пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски го коментира на Фејсбук настанот на кој присуствуваше и македонска делегација на безбедносната конференција во Минхен на која главни теми беа руската агресија врз Украина и ситуацијата на Блискиот Исток.
„Сериозни теми, сериозен протокол со присуство на делегации од многу држави. Но, само една делегација личи на расштиман оркестар – за жал, тоа е македонската делегација. Имено, според дипломатските правила, една држава на меѓународна конференција не може истовремено да ја претставуваат претседателот на државата и премиерот, бидејќи и двајцата го имаат највисокиот ранг – шеф на држава и шеф на влада. Како шеф на делегацијата оди или претседателот, или оди премиерот, но никако двајцата заедно. Во случајот со Македонија, на конференцијата во Минхен, присутен е и Претседателот Пендаровски, а истовремено таму е и техничкиот премиер Талат Џафери. Двајцата имаат по неколку соработници во нивна придружба. Згора на тоа, со група свои соработници таму е и министерот за надворешни Османи, оној кој би требало да му укаже на премиерот дека двоглави делегации на една иста конференција не праќаат ниту државите кои служат за потсмев на меѓународата сцена“, напиша Милошоски на социјалните мрежи.
Тој додава дека оваа дипломатска грешка го открива непознавањето на протоколот од страна на техничкиот премиер, но истовремено е и недомаќинското триплирање на буџетските трошоци.
„Двоглавото претставување ќе биде за потсмев кај другите делегации кои лесно ќе забележат дека во Македонија не постои координација меѓу трите кабинети (Претседател, Премиер, МНР) кои се задолжени за надворешната политика. Замислете колку бил зачуден британецот Сер Стјуарт Пич, специјен пратеник за Западниот Балкан, кого и претседателот Пендаровски и техничкиот премиер Џафери го сретнаа на две одвоени средби, како патувањето до Минхен да им е последното патување во кариерата. Или можеби Сер Стјуарт Пич веќе знае дека во Македонија кавгата за казината на ДУИ со “европско знаменце” е побитна од координацијата меѓу претседателот, премиерот и министерот за надворешни за нормално меѓународно претставување на државата?!“, стои во статусот на Милошоски на ФБ.
   

The post Раштимана двоглава делегација во Минхен: Отидоа и премиерот и претседателот, а таму беше и Османи appeared first on Република.

]]>
Џафери од Минхенската безбедносна конференција: Глобалниот мир и обезбедувањето фер и демократски избори за над 2 милијарди граѓани е приоритет на Владите од светот https://republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-od-minhenskata-bezbednosna-konferentsija-globalniot-mir-i-obezbeduvaneto-fer-i-demokratski-izbori-za-nad-2-milijardi-gragani-e-prioritet-na-vladite-od-svetot/ Fri, 16 Feb 2024 12:30:55 +0000 https://republika.mk/?p=744879

Денеска, претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери ја започна својата агенда на годинешната Минхенска безбедносна конференција. Пред првите билатерални средби премиерот Џафери изјави:

„Од денес до недела се наоѓаме во Минхен заради следење на работите на Минхенската конференција за безбедност. Секако дека значењето на оваа конференција е во доменот на актуелните случувања во гео-стратешките и геополитичките случувања во светот. Фокусот главно се претпоставува дека ќе биде состојбата во Украина и секако проследена со состојбите во Блискиот Исток. Пропратно, тема ќе биде безбедноста и одбраната во Европа и улогата на Европа во тој контекст.

Секако значењето на конференцијата и како проследување на темата ќе биде и фактот дека во повеќе од 65 земји во светот, преку 2 милијарди граѓани ќе имаат можност на избори да ја искажат својата волја и секако дека тоа е од посебен интерес за да се обезбедат соодветни демократски предуслови за слободни, фер избори од кои ќе произлегуваат новите институции во соодветните држави.

Во оваа ситуација ќе ја имам можноста соодветно да имам и билатерални средби со повеќе колеги од другите земји кои учествуваат на конференцијата.

Оттука, пораката за соодветна соработка со сите нив и по однос на нашата состојба со документите ќе биде една од темите за која што ќе се разменуваат мислења со колегите со кои ќе ја имам можноста да поразговараме билатерално.“

 

The post Џафери од Минхенската безбедносна конференција: Глобалниот мир и обезбедувањето фер и демократски избори за над 2 милијарди граѓани е приоритет на Владите од светот appeared first on Република.

]]>

Денеска, претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери ја започна својата агенда на годинешната Минхенска безбедносна конференција. Пред првите билатерални средби премиерот Џафери изјави: „Од денес до недела се наоѓаме во Минхен заради следење на работите на Минхенската конференција за безбедност. Секако дека значењето на оваа конференција е во доменот на актуелните случувања во гео-стратешките и геополитичките случувања во светот. Фокусот главно се претпоставува дека ќе биде состојбата во Украина и секако проследена со состојбите во Блискиот Исток. Пропратно, тема ќе биде безбедноста и одбраната во Европа и улогата на Европа во тој контекст. Секако значењето на конференцијата и како проследување на темата ќе биде и фактот дека во повеќе од 65 земји во светот, преку 2 милијарди граѓани ќе имаат можност на избори да ја искажат својата волја и секако дека тоа е од посебен интерес за да се обезбедат соодветни демократски предуслови за слободни, фер избори од кои ќе произлегуваат новите институции во соодветните држави. Во оваа ситуација ќе ја имам можноста соодветно да имам и билатерални средби со повеќе колеги од другите земји кои учествуваат на конференцијата. Оттука, пораката за соодветна соработка со сите нив и по однос на нашата состојба со документите ќе биде една од темите за која што ќе се разменуваат мислења со колегите со кои ќе ја имам можноста да поразговараме билатерално.“  

The post Џафери од Минхенската безбедносна конференција: Глобалниот мир и обезбедувањето фер и демократски избори за над 2 милијарди граѓани е приоритет на Владите од светот appeared first on Република.

]]>
Видео од втората годишна конференција на Унија на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ https://republika.mk/vesti/makedonija/video-od-vtorata-godishna-konferentsija-na-unija-na-veterani-na-vmro-dpmne/ Sun, 01 Oct 2023 13:24:23 +0000 https://republika.mk/?p=686828

Следете ја втората годишна конференција на Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ со тема „Традиција која обврзува за иднината која доаѓа!“:

The post Видео од втората годишна конференција на Унија на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

Следете ја втората годишна конференција на Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ со тема „Традиција која обврзува за иднината која доаѓа!“:

The post Видео од втората годишна конференција на Унија на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>
Во Скопје ќе се одржи „Министерска конференција на Западен Балкан за квалитет и обезбедување квалитет во високото образование“ https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-skopje-ke-se-odrzhi-ministerska-konferentsija-na-zapaden-balkan-za-kvalitet-i-obezbeduvane-kvalitet-vo-visokoto-obrazovanie/ Sun, 24 Sep 2023 11:39:44 +0000 https://republika.mk/?p=684672

Министерството за образование и наука на Македонија и Секретаријатот на иницијативата за образовни реформи во Југоисточна Европа ERI SEE на 26 и 27 септември во Скопје, организираат „Министерска конференција на Западен Балкан за квалитет и обезбедување квалитет во високото образование“.

На конференцијата со над 80 учесници, ќе се обратат и министрите за образование од Македонија, Србија, Црна Гора, заменик министерот за образование на Литванија, како и директорот на Иницијативата за образовни реформи, директори на агенциите за високо образование на Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија и Молдавија и еминентни претставници на академската заедница од Европската унија.

Место на одржување на меѓународната конференција е хотелот „Double Tree Hilton“, со почеток на 26.9.2023 година во 9:30 часот.

The post Во Скопје ќе се одржи „Министерска конференција на Западен Балкан за квалитет и обезбедување квалитет во високото образование“ appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука на Македонија и Секретаријатот на иницијативата за образовни реформи во Југоисточна Европа ERI SEE на 26 и 27 септември во Скопје, организираат „Министерска конференција на Западен Балкан за квалитет и обезбедување квалитет во високото образование“. На конференцијата со над 80 учесници, ќе се обратат и министрите за образование од Македонија, Србија, Црна Гора, заменик министерот за образование на Литванија, како и директорот на Иницијативата за образовни реформи, директори на агенциите за високо образование на Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија и Молдавија и еминентни претставници на академската заедница од Европската унија. Место на одржување на меѓународната конференција е хотелот „Double Tree Hilton“, со почеток на 26.9.2023 година во 9:30 часот.

The post Во Скопје ќе се одржи „Министерска конференција на Западен Балкан за квалитет и обезбедување квалитет во високото образование“ appeared first on Република.

]]>
Mакедонистичките научни вистини и македонскиот збор и натаму ќе одекнуваат низ светот https://republika.mk/vesti/kultura/makedonistichkite-nauchni-vistini-i-makedonskiot-zbor-i-natamu-ke-odeknuvaat-niz-svetot/ Tue, 05 Sep 2023 08:03:57 +0000 https://republika.mk/?p=678863

Нови истражувања и заклучоци за македонскиот јазик, литература и култура. Од истражувачи од Кина, Австралија, Шведска, Турција, Австрија, Франција, Полска, Чешка, Унгарија, Русија, Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Косово, како и од истражувачи од нашата земја. Сите едногласно порачаа: македонистичките научни вистини и македонскиот збор и натаму ќе одекнуваат низ светот. Со нови лингвистички, книжевни и културолошки анализи на делата на Крсте Мисирков и Ацо Шопов, кои веќе ќе бидат референци во меѓународната академска средина. Со важни, нови отворени прашања за македонскиот јазик, литература и култура наспрема другите јазици, литератури и култури, со примена на најсовремени методолошки пристапи. Остварени се и нови контакти, презентирани се идеи за продллабочување на соработката меѓу македонските и странските македонисти, балканисти и слависти, преку кои афирмацијата на македонистиката во меѓународни рамки ќе е уште посилна. И клучно – има нови генерации истражувачи од странство за кои македонистиката е и ќе биде научен предизвик. Со своите презентирани истражувања, тие укажаа: странската македонистичка научна мисла има големи перспективи.

Ова се само дел од првичните резултати од 50. Меѓународна научна конференција на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ), која во неделата, на 3 септември успешно заврши, во Охрид. Очекуваното дека ова јубилејно издание на Конференцијата ќе е и влог во иднината и дека ќе донесе клучни референци за македонистиката и нови научни предизвици, се оствари. Се потврди дека достоинствено продолжува развојот на конференцијата за јазик, литература и култура со најдолга традиција во регионот.

По свеченото отворање и по пленарната сесија на која своите реферати ги изложија повеќемина истакнати истражувачи од земјата и од странство, од петокот – 1 септември до неделата – 3 септември 2023 година, на Конференцијата, паралелно се одвиваше работата на лингвистичката секција и на секцијата за литература и култура, преку сесии за кои беа пријавени околу 70 нови научни трудови.

Централните теми на Конференцијата, како што беше и најавено беа делата на великаните Крсте Мисирков и Ацо Шопов, по повод значајните јубилеи – 120 години од објавувањето на книгата „За македонцките работи“ на Мисирков и 100 години од раѓањето на Шопов.

Во рамките на сесиите и на двете секции се претставија многу значајни нови согледби за делото на Мисирков, кои произлегуваат од нови истражувања на домашните и странските истражувачи, а се од голема важност за македонистичките научни вистини. Многу нови и извонредно интересни истражувања беа презентирани и за творештвото на Шопов, на кое му беа посветени голем дел од рефератите. Меѓу другото, покрај новите проучувања за јазикот на поезијата на Шопов, на Конференцијата, преку одделни истражувања се оствари и навраќање кон некои негови подзаборавени дела, како и кон дела на кои досега не им било посветено научно истражување, додека во исто време значајно се надградија и постојните научни исчитувања за некои сегменти од неговото творештво. Преку живи дискусии и расправи околу неговата поезија, препевите на неговата поезија на други јазици и неговите препеви на југословенски и светски автори на македонски јазик, на Конференцијата, во научните расправи и се оствари обид за научно коригирање на некои претходни залучоци, и клучно – за првпат се презентираа некои проучувања за материјали за Шопов и од странските книжевни архиви.

На Конференцијата беа опфатени и традициналните теми „Македонскиот јазик наспроти другите јазици“ и „Македонската литература и култура наспрема другите литератури и култури“, коишто веќе со години овозможуваат низ научна диоптрија да се коментираат спецификите и посебноста на македонскиот јазичен, литературен и севкупно културен идентитет. Интересот за овие теми се потврди и преку ова јубилејно, конференциско издание, при што во некои од сесиите учетвуваа исклучиво странски истражувачи кои со студиозен пристап афирмираа нови важни научни предизвици што потврдуваат дека македонскиот јазик, литература и култура се факт и предизвик за светската наука, како што беше нагласено и на отворањето на Конференцијата.

Клучно е што по презентациите на научните трудови, во сите сесии се одвиваа и плодотворни дискусии, преку кои се отворија и низа други, нови прашања, се воспоставија нови тези, но и се препознаа конкретни можности за натамошни заеднички научни истражувања на македонските и странските истражувачи, со кои македонистиката ќе биде уште повидлива на меѓународен план. Притоа, особено значајно е што во тие дискусии учествуваа и нови странски истражувачи.

Како што веќе беше најавено, трудовите презентирани на 50. Меѓународна научна конференција на МСМЈЛК при УКИМ ќе бидат објавени во зборник, којшто се очекува да биде една од најзначајните научни публикации објавени кај нас изминатиов период.

Конференцијата на МСМЈЛК при УКИМ беше дел и од националната програма „2023, Година во чест на Ацо Шопов“ под покровителство на претседателот на државата, а се организираше и со финансиска поддршка од Министерството за култура.

The post Mакедонистичките научни вистини и македонскиот збор и натаму ќе одекнуваат низ светот appeared first on Република.

]]>

Нови истражувања и заклучоци за македонскиот јазик, литература и култура. Од истражувачи од Кина, Австралија, Шведска, Турција, Австрија, Франција, Полска, Чешка, Унгарија, Русија, Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Косово, како и од истражувачи од нашата земја. Сите едногласно порачаа: македонистичките научни вистини и македонскиот збор и натаму ќе одекнуваат низ светот. Со нови лингвистички, книжевни и културолошки анализи на делата на Крсте Мисирков и Ацо Шопов, кои веќе ќе бидат референци во меѓународната академска средина. Со важни, нови отворени прашања за македонскиот јазик, литература и култура наспрема другите јазици, литератури и култури, со примена на најсовремени методолошки пристапи. Остварени се и нови контакти, презентирани се идеи за продллабочување на соработката меѓу македонските и странските македонисти, балканисти и слависти, преку кои афирмацијата на македонистиката во меѓународни рамки ќе е уште посилна. И клучно – има нови генерации истражувачи од странство за кои македонистиката е и ќе биде научен предизвик. Со своите презентирани истражувања, тие укажаа: странската македонистичка научна мисла има големи перспективи. Ова се само дел од првичните резултати од 50. Меѓународна научна конференција на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ), која во неделата, на 3 септември успешно заврши, во Охрид. Очекуваното дека ова јубилејно издание на Конференцијата ќе е и влог во иднината и дека ќе донесе клучни референци за македонистиката и нови научни предизвици, се оствари. Се потврди дека достоинствено продолжува развојот на конференцијата за јазик, литература и култура со најдолга традиција во регионот. По свеченото отворање и по пленарната сесија на која своите реферати ги изложија повеќемина истакнати истражувачи од земјата и од странство, од петокот – 1 септември до неделата – 3 септември 2023 година, на Конференцијата, паралелно се одвиваше работата на лингвистичката секција и на секцијата за литература и култура, преку сесии за кои беа пријавени околу 70 нови научни трудови. Централните теми на Конференцијата, како што беше и најавено беа делата на великаните Крсте Мисирков и Ацо Шопов, по повод значајните јубилеи – 120 години од објавувањето на книгата „За македонцките работи“ на Мисирков и 100 години од раѓањето на Шопов. Во рамките на сесиите и на двете секции се претставија многу значајни нови согледби за делото на Мисирков, кои произлегуваат од нови истражувања на домашните и странските истражувачи, а се од голема важност за македонистичките научни вистини. Многу нови и извонредно интересни истражувања беа презентирани и за творештвото на Шопов, на кое му беа посветени голем дел од рефератите. Меѓу другото, покрај новите проучувања за јазикот на поезијата на Шопов, на Конференцијата, преку одделни истражувања се оствари и навраќање кон некои негови подзаборавени дела, како и кон дела на кои досега не им било посветено научно истражување, додека во исто време значајно се надградија и постојните научни исчитувања за некои сегменти од неговото творештво. Преку живи дискусии и расправи околу неговата поезија, препевите на неговата поезија на други јазици и неговите препеви на југословенски и светски автори на македонски јазик, на Конференцијата, во научните расправи и се оствари обид за научно коригирање на некои претходни залучоци, и клучно – за првпат се презентираа некои проучувања за материјали за Шопов и од странските книжевни архиви. На Конференцијата беа опфатени и традициналните теми „Македонскиот јазик наспроти другите јазици“ и „Македонската литература и култура наспрема другите литератури и култури“, коишто веќе со години овозможуваат низ научна диоптрија да се коментираат спецификите и посебноста на македонскиот јазичен, литературен и севкупно културен идентитет. Интересот за овие теми се потврди и преку ова јубилејно, конференциско издание, при што во некои од сесиите учетвуваа исклучиво странски истражувачи кои со студиозен пристап афирмираа нови важни научни предизвици што потврдуваат дека македонскиот јазик, литература и култура се факт и предизвик за светската наука, како што беше нагласено и на отворањето на Конференцијата. Клучно е што по презентациите на научните трудови, во сите сесии се одвиваа и плодотворни дискусии, преку кои се отворија и низа други, нови прашања, се воспоставија нови тези, но и се препознаа конкретни можности за натамошни заеднички научни истражувања на македонските и странските истражувачи, со кои македонистиката ќе биде уште повидлива на меѓународен план. Притоа, особено значајно е што во тие дискусии учествуваа и нови странски истражувачи. Како што веќе беше најавено, трудовите презентирани на 50. Меѓународна научна конференција на МСМЈЛК при УКИМ ќе бидат објавени во зборник, којшто се очекува да биде една од најзначајните научни публикации објавени кај нас изминатиов период. Конференцијата на МСМЈЛК при УКИМ беше дел и од националната програма „2023, Година во чест на Ацо Шопов“ под покровителство на претседателот на државата, а се организираше и со финансиска поддршка од Министерството за култура.

The post Mакедонистичките научни вистини и македонскиот збор и натаму ќе одекнуваат низ светот appeared first on Република.

]]>
МЕФ23: Иднината е во обновливите извори на енергија https://republika.mk/vesti/ekonomija/mef23-idninata-e-vo-obnovlivite-izvori-na-energija/ Tue, 30 May 2023 18:02:11 +0000 https://republika.mk/?p=646234

Започна шестиот Македонскиот енергетски форум – МЕФ23 во Скопје. Иднината е во обновливите извори на енергија, децидни беа сите говорници на отворањето на овогодинешниот форум. Форумот од година во година расте и ги опфаќа сите важните теми од полето на енергетиката. Темата на овогодинешниот МЕФ23 е „Подобрување на триаголникот ‘Политики - Финансиска - Енергетска технологија’ за енергетска отпорност и зелена транзиција“.

"Чест ми е што сум покровител на овој регионален форум, каде бизнис заедницата, академијата и владите од регионот се на исто место и дискутираат за иднината на енергетиката и обновливите извори на енергија," изјави вицепремиерот Фатмир Битиќи.

"За нашата влада, јасен е изборот што го правиме за енергетиката, а истовремено тоа е и многу добро за бизнисот. Со овозможувањето на либерализација на енергетскиот пазар, Македонија стана енергетски лидер во Западниот Балкан, особено во користењето на обновливи извори на енергетика," додаде Битиќи.

"Итно да се дејствува за диверзификација на енергетските ресурси", порача американската амбасадорка во државава Анџела Агелер на отворањето на шестото издание на МЕФ Енергетскиот Форум 2023.

Мартин Викерс, претставник на Велика Британија за енергетика во Западниот Балкан, потврди дека обновливите извори на енергија се јасна иднина и се приоритет за Велика Британија. "Гледам дека има многу амбициозни цели поставени од Владата на Македонија и гледам дека тие цели полека се остваруваат," истакна Викерс.

"Денеска, се потсетив колку тешка зима имавме кога беше во прашање енергијата и целата енергетска криза. Заедно ја поминавме целата криза и си помогнавме едни на други. Ве охрабруваме да продолжите и да ги завршите сите законски измени за енергетска ефикасност оваа година, не само за да осигураме безбедна иднина и заштита од следните кризи, туку и да можете да ги отворите новите фондови на ЕУ.", изјави Џулијан Васало, заменик амбасадор на ЕУ во Македонија.

Македонскиот енергетски форум продолжува денес и утре, со нови дискусии и сесии посветени на проблемите и возможностите пред енергетскиот сектор. МЕФ е заедничка иницијатива на ЗИП Институт, Владата на Република Македонија и Делегацијата на ЕУ во Македонија.

Форумот започна во 2018 година како иницијатива којашто требаше да поттикне редовен формален дијалог за различни теми поврзани со енергетиката, да придонесе за разјаснување на интересите на инвеститорите во енергетиката во овој регион и да понуди алтернативни решенија во поглед на геостратегиските енергетски позиции.

The post МЕФ23: Иднината е во обновливите извори на енергија appeared first on Република.

]]>

Започна шестиот Македонскиот енергетски форум – МЕФ23 во Скопје. Иднината е во обновливите извори на енергија, децидни беа сите говорници на отворањето на овогодинешниот форум. Форумот од година во година расте и ги опфаќа сите важните теми од полето на енергетиката. Темата на овогодинешниот МЕФ23 е „Подобрување на триаголникот ‘Политики - Финансиска - Енергетска технологија’ за енергетска отпорност и зелена транзиција“. "Чест ми е што сум покровител на овој регионален форум, каде бизнис заедницата, академијата и владите од регионот се на исто место и дискутираат за иднината на енергетиката и обновливите извори на енергија," изјави вицепремиерот Фатмир Битиќи. "За нашата влада, јасен е изборот што го правиме за енергетиката, а истовремено тоа е и многу добро за бизнисот. Со овозможувањето на либерализација на енергетскиот пазар, Македонија стана енергетски лидер во Западниот Балкан, особено во користењето на обновливи извори на енергетика," додаде Битиќи. "Итно да се дејствува за диверзификација на енергетските ресурси", порача американската амбасадорка во државава Анџела Агелер на отворањето на шестото издание на МЕФ Енергетскиот Форум 2023. Мартин Викерс, претставник на Велика Британија за енергетика во Западниот Балкан, потврди дека обновливите извори на енергија се јасна иднина и се приоритет за Велика Британија. "Гледам дека има многу амбициозни цели поставени од Владата на Македонија и гледам дека тие цели полека се остваруваат," истакна Викерс. "Денеска, се потсетив колку тешка зима имавме кога беше во прашање енергијата и целата енергетска криза. Заедно ја поминавме целата криза и си помогнавме едни на други. Ве охрабруваме да продолжите и да ги завршите сите законски измени за енергетска ефикасност оваа година, не само за да осигураме безбедна иднина и заштита од следните кризи, туку и да можете да ги отворите новите фондови на ЕУ.", изјави Џулијан Васало, заменик амбасадор на ЕУ во Македонија. Македонскиот енергетски форум продолжува денес и утре, со нови дискусии и сесии посветени на проблемите и возможностите пред енергетскиот сектор. МЕФ е заедничка иницијатива на ЗИП Институт, Владата на Република Македонија и Делегацијата на ЕУ во Македонија. Форумот започна во 2018 година како иницијатива којашто требаше да поттикне редовен формален дијалог за различни теми поврзани со енергетиката, да придонесе за разјаснување на интересите на инвеститорите во енергетиката во овој регион и да понуди алтернативни решенија во поглед на геостратегиските енергетски позиции.

The post МЕФ23: Иднината е во обновливите извори на енергија appeared first on Република.

]]>
Конференција „Македонска современа сликовница“ на „Литера“ во Музејот на град Скопје https://republika.mk/vesti/kultura/konferentsija-makedonska-sovremena-slikovnitsa-na-litera-vo-muzejot-na-grad-skopje/ Thu, 25 May 2023 07:42:54 +0000 https://republika.mk/?p=644411

Македонската современа сликовница ќе биде во фокусот на конференцијата што Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера 2023“ ја организира денеска во Музејот на град Скопје.

Како што соопштуваат организаторите, конференцијата ќе биде составена од два панела, а е дел од програмата на петтото издание на фестивалот, што годинава се одржува под мотото „Свет со љубов“.

Каде е позиционирана македонската современа сликовница денес? Кои се најголемите предизвици на илустраторите, кои на писателите, кои пак на издавачите? Ова се само дел од прашањата што ќе бидат начнати на конференцијата на која ќе дебатираат истакнати илустратори, професори, писатели, издавачи.

Првиот панел насловен „Од точка до илустрација“ ќе биде фокусиран на тоа какви визуелни приказни раскажуваме денес. На панелот ќе учествуваат илустраторот Димче Исаиловски, мултимедијалната уметница и деканка на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ, Славица Јанешлиева, мултимедијалната уметница од Хрватска, Николина Манојловиќ Врачар, Софија Семенпеева, графички уметник. Модератор е проф. д-р Марија Ветероска од Факултетот за дизајн и мултимедија ФОН.

Вториот панел „Од буква до приказна“ ќе биде посветен на текстот во сликовниците, а учесниците ќе се осврнат на тоа како се создава приказна, како се пакува во финален продукт, кои се најголемите предизвици за издавачите. Организаторите како учесници на панелот ја најавуваат министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, писателката Бистра Георгиева, Ника Гавровска, авторка и издавач „Гаврош“, Бојан Саздов од Издавачката куќа ТРИ и претседател на Македонската асоцијација на издавачи.

Главен поддржувач на фестивалот „Литера“ е Министерството за култура.

The post Конференција „Македонска современа сликовница“ на „Литера“ во Музејот на град Скопје appeared first on Република.

]]>

Македонската современа сликовница ќе биде во фокусот на конференцијата што Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера 2023“ ја организира денеска во Музејот на град Скопје. Како што соопштуваат организаторите, конференцијата ќе биде составена од два панела, а е дел од програмата на петтото издание на фестивалот, што годинава се одржува под мотото „Свет со љубов“.
Каде е позиционирана македонската современа сликовница денес? Кои се најголемите предизвици на илустраторите, кои на писателите, кои пак на издавачите? Ова се само дел од прашањата што ќе бидат начнати на конференцијата на која ќе дебатираат истакнати илустратори, професори, писатели, издавачи.
Првиот панел насловен „Од точка до илустрација“ ќе биде фокусиран на тоа какви визуелни приказни раскажуваме денес. На панелот ќе учествуваат илустраторот Димче Исаиловски, мултимедијалната уметница и деканка на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ, Славица Јанешлиева, мултимедијалната уметница од Хрватска, Николина Манојловиќ Врачар, Софија Семенпеева, графички уметник. Модератор е проф. д-р Марија Ветероска од Факултетот за дизајн и мултимедија ФОН. Вториот панел „Од буква до приказна“ ќе биде посветен на текстот во сликовниците, а учесниците ќе се осврнат на тоа како се создава приказна, како се пакува во финален продукт, кои се најголемите предизвици за издавачите. Организаторите како учесници на панелот ја најавуваат министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, писателката Бистра Георгиева, Ника Гавровска, авторка и издавач „Гаврош“, Бојан Саздов од Издавачката куќа ТРИ и претседател на Македонската асоцијација на издавачи. Главен поддржувач на фестивалот „Литера“ е Министерството за култура.

The post Конференција „Македонска современа сликовница“ на „Литера“ во Музејот на град Скопје appeared first on Република.

]]>