Комисија за историски прашања Archives - Република https://republika.mk/tema/komisija-za-istoriski-prashanja/ За подобро да се разбереме Thu, 16 Feb 2023 08:59:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Комисија за историски прашања Archives - Република https://republika.mk/tema/komisija-za-istoriski-prashanja/ 32 32 Што ќе дадат сега? Македонската комисија за историја замина за Софија https://republika.mk/vesti/balkan/shto-ke-dadat-sega-makedonskata-komisija-za-istorija-zamina-za-sofija/ Thu, 16 Feb 2023 08:59:43 +0000 https://republika.mk/?p=609577

Во Софија денеска и утре треба да се одржи 22. состанок на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија.

Последниот состанок на комисијата беше на 17 и 18 ноември, исто така во Софија. Главна тема беше улогата и местото на Охридската архиепископија и начинот на кој таа е претставена во учебниците за VII одделение во Република Македонија.

Копретседателот од македонскиот дел на комисијата Драги Ѓоргиев, тогаш изјави дека на средбата имало позитивна и конструктивна атмосфера, меѓутоа договор не бил постигнат поради недоразбирања околу изворите и различното толкување на минатото.

Денешниот состанок на мешовитата комисија се одржува во атмосфера на тензии во односите меѓу Скопје и Софија кои кулминираа на 4 ферваури

Ѓоргиев, минатата недела оцени дека последните случувања во македонско-бугарските односи влијаат и на нејзината работа. Вели дека се забележува тенденција односите меѓу Скопје и Софија на одредени периоди циклично да бидат нападнати со цел да се наруши некој краток континуитет од мирен период.

The post Што ќе дадат сега? Македонската комисија за историја замина за Софија appeared first on Република.

]]>

Во Софија денеска и утре треба да се одржи 22. состанок на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија. Последниот состанок на комисијата беше на 17 и 18 ноември, исто така во Софија. Главна тема беше улогата и местото на Охридската архиепископија и начинот на кој таа е претставена во учебниците за VII одделение во Република Македонија. Копретседателот од македонскиот дел на комисијата Драги Ѓоргиев, тогаш изјави дека на средбата имало позитивна и конструктивна атмосфера, меѓутоа договор не бил постигнат поради недоразбирања околу изворите и различното толкување на минатото. Денешниот состанок на мешовитата комисија се одржува во атмосфера на тензии во односите меѓу Скопје и Софија кои кулминираа на 4 ферваури Ѓоргиев, минатата недела оцени дека последните случувања во македонско-бугарските односи влијаат и на нејзината работа. Вели дека се забележува тенденција односите меѓу Скопје и Софија на одредени периоди циклично да бидат нападнати со цел да се наруши некој краток континуитет од мирен период.

The post Што ќе дадат сега? Македонската комисија за историја замина за Софија appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Преговорите на историските комисии не треба да бидат критериум за влез во ЕУ https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-pregovorite-na-istoriskite-komisii-ne-treba-da-bidat-kriterium-za-vlez-vo-eu/ Thu, 10 Nov 2022 19:13:10 +0000 https://republika.mk/?p=572479

Ќе се борам преговорите на историската комисија да не бидат услов за приклучување на Македонија кон Европската Унија, како што впрочем било за сите држави. До ден денеска заседава Полско-Германската историска комисија, ова во неговото гостување во Само Интервју го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски зборувајќи за тоа како да се реши проблемот со Бугарија.

„Овој народ, граѓаните на Македонија од самото осамостојување со прифаќањето на времената референца, она срамно име кое што го имавме долги години, со промената на државното знаме, потоа со промената на Уставот, добиената хашка пресуда, која што потоа излезе дека не сме ја добиле бидејќи во меѓународното право важи правото на посилниот, потоа насилното менување на Уставот, насилното менување на името. Секогаш за нас постоеше само уште ова и вие сте ја завршиле задачата“ истакна Мицкоски.

Тој додаде и дека ова бугарско барање за внесување на Бугарите во Уставот исто така нема да биде последно барање на штета на Македонија и преговорите со ЕУ ќе се сведат на историски прашања кои Македонија ќе треба да ги исполнува за да не биде повторно блокирана.

„И ова не е само тоа затоа што после ова ќе влезете во ходник, не на маса, повторно во ходник со многу повторно затворени врати од кои секоја само по себе има свој предизвик. Па ќе го отворите средниот век, па ако не бил Самоил бугарски цар тогаш повторно блокада бидејќи вие погрешно ја толкувате историјата и не се придржувате на историските факти. Па ќе ве вратат на востанијата на Делјан, на Војтех, на Карпош. Потоа ќе ве однесат таму во времето на преродбениците“, потенцираше Мицкоски.

The post Мицкоски: Преговорите на историските комисии не треба да бидат критериум за влез во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Ќе се борам преговорите на историската комисија да не бидат услов за приклучување на Македонија кон Европската Унија, како што впрочем било за сите држави. До ден денеска заседава Полско-Германската историска комисија, ова во неговото гостување во Само Интервју го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски зборувајќи за тоа како да се реши проблемот со Бугарија. „Овој народ, граѓаните на Македонија од самото осамостојување со прифаќањето на времената референца, она срамно име кое што го имавме долги години, со промената на државното знаме, потоа со промената на Уставот, добиената хашка пресуда, која што потоа излезе дека не сме ја добиле бидејќи во меѓународното право важи правото на посилниот, потоа насилното менување на Уставот, насилното менување на името. Секогаш за нас постоеше само уште ова и вие сте ја завршиле задачата“ истакна Мицкоски. Тој додаде и дека ова бугарско барање за внесување на Бугарите во Уставот исто така нема да биде последно барање на штета на Македонија и преговорите со ЕУ ќе се сведат на историски прашања кои Македонија ќе треба да ги исполнува за да не биде повторно блокирана.
„И ова не е само тоа затоа што после ова ќе влезете во ходник, не на маса, повторно во ходник со многу повторно затворени врати од кои секоја само по себе има свој предизвик. Па ќе го отворите средниот век, па ако не бил Самоил бугарски цар тогаш повторно блокада бидејќи вие погрешно ја толкувате историјата и не се придржувате на историските факти. Па ќе ве вратат на востанијата на Делјан, на Војтех, на Карпош. Потоа ќе ве однесат таму во времето на преродбениците“, потенцираше Мицкоски.

The post Мицкоски: Преговорите на историските комисии не треба да бидат критериум за влез во ЕУ appeared first on Република.

]]>
„Ти ми даваш на мене, јас на тебе“: Македонската историската комисија на преговорите со Бугарија се однесувала како на пазар https://republika.mk/vesti/balkan/ti-mi-davash-na-mene-jas-na-tebe-makedonskata-istoriskata-komisija-na-pregovorite-so-bugarija-se-odnesuvala-kako-na-pazar/ Tue, 06 Sep 2022 14:11:34 +0000 https://republika.mk/?p=548012

Препораките од страна на  Македонија за бугарските учебници во голема мера се бесмислени и можеме да ги прифатиме без никаков проблем. Едноставно, колегите се обидуваа нешто да претстават против нашите барања, независно од тоа за што се работи.

Ова во текст за 24 часа го пишува, меѓу другото, членот на бугарскиот дел од заедничката истприска комисија Иван Илчев.

-За нивна жал, меѓутоа, за антиката и за средновековието тие нема што да претстават. И според мене, вистинските спорови ќе дојдат кога ќе стигнеме до 19-20 век. Работите пред тоа се 99,99 отсто јасни, вели Илчев.

Тој потсетува дека кога ги започнале разговорите негувал надеж дека членовите на заедничката комисија ќе влезат во научни дискусии.

-Но, се покажа нешто сосма друго-македонските колеги, меѓу кои има и некои признати историчари, на разговорите гледаа како на трговија на пазар-„ти ми даваш на мене, јас на тебе“. Бараа некаков баланс. И од барањето таков баланс се родија и нивните пет препораки, кои всушност не засегаат ништо суштествено во бугарските учебници по историја, пишува Илчев.

The post „Ти ми даваш на мене, јас на тебе“: Македонската историската комисија на преговорите со Бугарија се однесувала како на пазар appeared first on Република.

]]>

Препораките од страна на  Македонија за бугарските учебници во голема мера се бесмислени и можеме да ги прифатиме без никаков проблем. Едноставно, колегите се обидуваа нешто да претстават против нашите барања, независно од тоа за што се работи. Ова во текст за 24 часа го пишува, меѓу другото, членот на бугарскиот дел од заедничката истприска комисија Иван Илчев.
-За нивна жал, меѓутоа, за антиката и за средновековието тие нема што да претстават. И според мене, вистинските спорови ќе дојдат кога ќе стигнеме до 19-20 век. Работите пред тоа се 99,99 отсто јасни, вели Илчев.
Тој потсетува дека кога ги започнале разговорите негувал надеж дека членовите на заедничката комисија ќе влезат во научни дискусии.
-Но, се покажа нешто сосма друго-македонските колеги, меѓу кои има и некои признати историчари, на разговорите гледаа како на трговија на пазар-„ти ми даваш на мене, јас на тебе“. Бараа некаков баланс. И од барањето таков баланс се родија и нивните пет препораки, кои всушност не засегаат ништо суштествено во бугарските учебници по историја, пишува Илчев.

The post „Ти ми даваш на мене, јас на тебе“: Македонската историската комисија на преговорите со Бугарија се однесувала како на пазар appeared first on Република.

]]>
Чепреганов: Ова е некомпетентна комисија за историски прашања https://republika.mk/vesti/makedonija/chepreganov-ova-e-nekompetentna-komisija-za-istoriski-prashanja/ Tue, 16 Aug 2022 15:31:07 +0000 https://republika.mk/?p=541019

Ова е некомпетентна Комисија за историски прашања и таа некомпетентна Комисија донесе некомпетентни заклучоци кои ги подриваат македонскиот идентитет, јазик и култура.

Ова во разговор за ТВ24 денеска го изјави историчарот Тодор Чепреганов, откако Комисијата за историски и образовни прашања вчера ги соопшти усогласените препораки кои се однесуваат на подобрување на учебниците во Бугарија и во Македонија во врска со античкиот период, како и на заедничкото чествување на личности од Средниот век.

– Станува збор за некомпетентна Комисија за историски и образовни прашања која носи некомпетентни заклучоци. Со ваквите најнови одлуки силно се удира врз македонскиот национален идентитет и култура. Со ова се прави обид да се смени или да се избрише колективната меморија на македонскиот народ. Јас лично сум против за заедничко чествување на историски личности, оти заедничко чествување може да прави еден ист народ, а не два различни народа. Ние и Бугарите сме сосема различни народи. Во 10-вековната историја само 120 години сме имале каква-таква врска со Бугарите, и тоа кога тие биле окупатори – изјави Чепреганов.

The post Чепреганов: Ова е некомпетентна комисија за историски прашања appeared first on Република.

Ѓоргиев ги нападна колегите историчари затоа што сакаат да знаат што работи комисијата со Бугарија и под кои услови https://republika.mk/vesti/makedonija/gjorgiev-gi-napadna-kolegite-istorichari-zatoa-shto-sakaat-da-znaat-shto-raboti-komisijata-so-bugarija-i-pod-koi-uslovi/ Fri, 29 Jul 2022 12:13:52 +0000 https://republika.mk/?p=534672

Копретседателот на македонскиот дел од заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања, академик проф.Драги Ѓоргиев, наместо самиот да ја преиспита својата улога, почна да се вади и да ги обвинува своите колеги историчари!?, анализира „Пресинг ТВ“.

Ова стана јасно по неговиот последен настап во емисијата Топ тема во кој меѓу другото се осврна и на реакциите во јавноста на македонските историчари околу вториот протокол на мѓувладината македонско-бугарска комисија, кој стана составен дел на францускиот предлог за симнување на бугарското вето и започнување на првата фаза од официјалниот почеток на преговорите на Република Македонија за членство во ЕУ. Притоа, чудно, го искористи терминот за личен научен и експертски интегритет, иако во јавноста никогаш не демантираше како стана член на МАНУ-се наведува во анализата.

Според академик Ѓоргиев, нападите и изјавите од страна на колеги историчари од земјава создале една непријатна атмосфера кон работата на Комисијата, и особено, како што додаде, во јавноста која не е директно запознаена со работата на Комисијата.

– Јас не знам на што се должи тоа, никогаш тие колеги не дошле да прашаат за што ние разговараме, кои се нашите намери, кои се нашите идеи за препораките. Нивните пишувања најчесто се изјави и тоа не од страна на македонски политичари, туку од бугарски. Доколку некој во Бугарија изјави тоа е апсолутна вистина и тие го земаат тоа како основа за свои пишувања, изјави Ѓоргиев, додавајќи дека таков бил случајот со објавувањето на вториот протокол од Бугарија.

И за да ја релативизира содржината на протоколот, појасни дека во делот за работата на историската комисија дваесет пати се употребува терминот „двете страни“, што значело дека има 99 отсто реципроцитет во нејзината работа.

Ако внимателно се следат настапите на академик Ѓоргиев може да се дојде до единствен заклучок дека неговите изјави во многу наликуваат на изјави на чист партиски војник.

Зашто, се уште се паметат неговите обиди за одбрана на поранешниот премиер Зоран Заев по излетите направени посебно во фамозното интервју за агенцијата БГНЕС, што сега се пренесуваат и на актуелниот наследник Димитар Ковачевски.

Само за илустрација, на пример, самиот нека си провери што изјави околу бугарската фашистичка окупација на Македонија, а што за тоа изјави во Топ тема.

Но, делот од настапот на академик Ѓоргиев, што се граничи со чиста дрскост и безобразие, е обвинувањето на македонските колеги историчари дека тие пишувале и настапувале врз основа на изјави на бугарски политичари и во тој контекст го споменува и вториот меѓувладин протокол, што е апсолутна невистина!

Македонските историчари преку нивното ледни нејзиниДруштво, преку младите историчари, преку Советот на Институтот за национална историја, чиј директор е, патем, самиот Ѓоргиев, реагираа на содржината на протоколот, што значи врз основа на документ, а не на изјави на бугарски политичари. Нивните реакции на бугарските колеги или на политичарите од другата страна на границата се сосема друга работа.

Но, за Ѓоргиев и ова не беше доволно, па отиде и чекор натаму. Место тој како копретседавач да ги повика своите колеги историчари и да ги запознае со работата на комисијата или да побара соработка и помош од нив, тој ги обвини дека тие никогаш не дошле да прашаат за што тие, како членови на комисијата, разговарале!

Прво, крајно симплифицирано, каде се видело некој непоканет да оди на гости? Второ, како како Комисија носеле решенија за личности од средниот век, без ниту еден медијавист? Трето, каде беше академик Ѓоргиев да реагира кога од членството во комисијата беа разрешени двајца угледни историчари, експерти за нивната област, од кои едниот јавно призна дека врз комисијата се врши политички притисок? За жал, Ѓоргиев молчеше, но затоа стана академик.

Само за потсетување, во преговорите со Македонија, Грција ангажираше тим од над 60 експерти од разни области, истото го направи и Бугарија подготвувајќи ја својата политика за односите со Македонија. Само Република Македонија настапува со свои партиски послушници, наместо со цели експертски тимови, иако станува збор за идентитетски прашања на Македонците.

The post Ѓоргиев ги нападна колегите историчари затоа што сакаат да знаат што работи комисијата со Бугарија и под кои услови appeared first on Република.

]]>

Копретседателот на македонскиот дел од заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања, академик проф.Драги Ѓоргиев, наместо самиот да ја преиспита својата улога, почна да се вади и да ги обвинува своите колеги историчари!?, анализира „Пресинг ТВ“.
Ова стана јасно по неговиот последен настап во емисијата Топ тема во кој меѓу другото се осврна и на реакциите во јавноста на македонските историчари околу вториот протокол на мѓувладината македонско-бугарска комисија, кој стана составен дел на францускиот предлог за симнување на бугарското вето и започнување на првата фаза од официјалниот почеток на преговорите на Република Македонија за членство во ЕУ. Притоа, чудно, го искористи терминот за личен научен и експертски интегритет, иако во јавноста никогаш не демантираше како стана член на МАНУ-се наведува во анализата.
Според академик Ѓоргиев, нападите и изјавите од страна на колеги историчари од земјава создале една непријатна атмосфера кон работата на Комисијата, и особено, како што додаде, во јавноста која не е директно запознаена со работата на Комисијата.
– Јас не знам на што се должи тоа, никогаш тие колеги не дошле да прашаат за што ние разговараме, кои се нашите намери, кои се нашите идеи за препораките. Нивните пишувања најчесто се изјави и тоа не од страна на македонски политичари, туку од бугарски. Доколку некој во Бугарија изјави тоа е апсолутна вистина и тие го земаат тоа како основа за свои пишувања, изјави Ѓоргиев, додавајќи дека таков бил случајот со објавувањето на вториот протокол од Бугарија.
И за да ја релативизира содржината на протоколот, појасни дека во делот за работата на историската комисија дваесет пати се употребува терминот „двете страни“, што значело дека има 99 отсто реципроцитет во нејзината работа. Ако внимателно се следат настапите на академик Ѓоргиев може да се дојде до единствен заклучок дека неговите изјави во многу наликуваат на изјави на чист партиски војник. Зашто, се уште се паметат неговите обиди за одбрана на поранешниот премиер Зоран Заев по излетите направени посебно во фамозното интервју за агенцијата БГНЕС, што сега се пренесуваат и на актуелниот наследник Димитар Ковачевски. Само за илустрација, на пример, самиот нека си провери што изјави околу бугарската фашистичка окупација на Македонија, а што за тоа изјави во Топ тема. Но, делот од настапот на академик Ѓоргиев, што се граничи со чиста дрскост и безобразие, е обвинувањето на македонските колеги историчари дека тие пишувале и настапувале врз основа на изјави на бугарски политичари и во тој контекст го споменува и вториот меѓувладин протокол, што е апсолутна невистина! Македонските историчари преку нивното ледни нејзиниДруштво, преку младите историчари, преку Советот на Институтот за национална историја, чиј директор е, патем, самиот Ѓоргиев, реагираа на содржината на протоколот, што значи врз основа на документ, а не на изјави на бугарски политичари. Нивните реакции на бугарските колеги или на политичарите од другата страна на границата се сосема друга работа. Но, за Ѓоргиев и ова не беше доволно, па отиде и чекор натаму. Место тој како копретседавач да ги повика своите колеги историчари и да ги запознае со работата на комисијата или да побара соработка и помош од нив, тој ги обвини дека тие никогаш не дошле да прашаат за што тие, како членови на комисијата, разговарале! Прво, крајно симплифицирано, каде се видело некој непоканет да оди на гости? Второ, како како Комисија носеле решенија за личности од средниот век, без ниту еден медијавист? Трето, каде беше академик Ѓоргиев да реагира кога од членството во комисијата беа разрешени двајца угледни историчари, експерти за нивната област, од кои едниот јавно призна дека врз комисијата се врши политички притисок? За жал, Ѓоргиев молчеше, но затоа стана академик.
Само за потсетување, во преговорите со Македонија, Грција ангажираше тим од над 60 експерти од разни области, истото го направи и Бугарија подготвувајќи ја својата политика за односите со Македонија. Само Република Македонија настапува со свои партиски послушници, наместо со цели експертски тимови, иако станува збор за идентитетски прашања на Македонците.

The post Ѓоргиев ги нападна колегите историчари затоа што сакаат да знаат што работи комисијата со Бугарија и под кои услови appeared first on Република.

]]>
Уште тоа го немаше: Ќе се формира „Комисија за историја во сенка“, ќе работи паралелно со постоечката https://republika.mk/vesti/balkan/ushte-toa-go-nemashe-kje-se-formira-komisija-za-istorija-vo-senka-kje-raboti-paralelna-so-postoechkata/ Fri, 06 May 2022 09:17:11 +0000 https://republika.mk/?p=498473

Бугарскиот историчарот Стефан Дечев најави формирање на заедничка бугарско-македонска „Комисија за историја во сенка“, која ќе работи паралелно со постојната Комисија за историски и образовни и која би требало да го трасира патот на преговарачкиот процес меѓу Бугарија и Македонија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Дечев, кој е член на новоформираниот Клуб за бугарско-македонско пријателство, во изјава за Бугарското национално радио (БНР) вели дека таа нова Комисија ќе има своја агенда, свој календар и свои состаноци и цели и ќе покаже дека не мора да има скандали по секоја средба на историчарите од двете земји.

Дечев изразува надеж дека членовите на „Комисијата во сенка“ ќе бидат подготвени за отворен дијалог.

– Целта е да се покаже дека е можно да се соберат луѓе од двете страни на границата и да се води искрен и плоден дијалог насочен кон сите области од животот, изјави Дечев, говорејќи за мисијата на Клубот за бугарско-македонско пријателство, кој брои повеќе од 120 членови.

Дечев најави и дека првиот јавен настан на новиот Клуб во Бугарија ќе се одржи на 16 мај.

Во врска со изјавите на претседателот на Бугарија, Румен Радев во однос на преговорите за членство на Македонија во ЕУ, Дечев оцени дека шефот на бугарската држава не тој што треба да кажува како стојат работите кога станува збор за историјата.

Според Дечев, бугарската позиција по прашањето на земјава постојано се менува и кога се следат медиумите во Софија и во Скопје се добива впечаток дека тие создаваат амбиент кој на краток рок не придонесува за промена на ставовите.

The post Уште тоа го немаше: Ќе се формира „Комисија за историја во сенка“, ќе работи паралелно со постоечката appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот историчарот Стефан Дечев најави формирање на заедничка бугарско-македонска „Комисија за историја во сенка“, која ќе работи паралелно со постојната Комисија за историски и образовни и која би требало да го трасира патот на преговарачкиот процес меѓу Бугарија и Македонија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Дечев, кој е член на новоформираниот Клуб за бугарско-македонско пријателство, во изјава за Бугарското национално радио (БНР) вели дека таа нова Комисија ќе има своја агенда, свој календар и свои состаноци и цели и ќе покаже дека не мора да има скандали по секоја средба на историчарите од двете земји. Дечев изразува надеж дека членовите на „Комисијата во сенка“ ќе бидат подготвени за отворен дијалог.
– Целта е да се покаже дека е можно да се соберат луѓе од двете страни на границата и да се води искрен и плоден дијалог насочен кон сите области од животот, изјави Дечев, говорејќи за мисијата на Клубот за бугарско-македонско пријателство, кој брои повеќе од 120 членови.
Дечев најави и дека првиот јавен настан на новиот Клуб во Бугарија ќе се одржи на 16 мај. Во врска со изјавите на претседателот на Бугарија, Румен Радев во однос на преговорите за членство на Македонија во ЕУ, Дечев оцени дека шефот на бугарската држава не тој што треба да кажува како стојат работите кога станува збор за историјата. Според Дечев, бугарската позиција по прашањето на земјава постојано се менува и кога се следат медиумите во Софија и во Скопје се добива впечаток дека тие создаваат амбиент кој на краток рок не придонесува за промена на ставовите.

The post Уште тоа го немаше: Ќе се формира „Комисија за историја во сенка“, ќе работи паралелно со постоечката appeared first on Република.

]]>
Македонија никогаш не била попонижена: Овдешните Бугари бараат да бидат дел од преговорите, претседателот на комисијата за историја со навреди за Македонците https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-nikogash-ne-bila-poponizena-ovdeshnite-bugari-baraat-da-bidat-del-od-pregovorite-pretsedatelot-na-komisijata-za-istorija-so-navredi-za-makedoncite/ Wed, 23 Mar 2022 12:00:33 +0000 https://republika.mk/?p=477134

Кој подобро би можел од македонските Бугари да ја убеди Софија дека нашата држава заслужува почеток на преговори?

Со ова прашање вчера лидерот на Граѓанско демократската унија, Петар Колев, го заврши својот фејсбук статус во кој побара учество на македонските Бугари во преговорите со Бугарија.

Како основен предуслов за се побара гарантирање во Уставот на рамноправност на македонските Бугари, но е нејзино спроведување во реалноста, што е клуч за решавање на отворените прашања. Колев е убеден дека таков чекор ќе ја врати довербата, ќе даде нов импулс на односите и ќе ја отвори и можноста за вклучување на Бугарите во македонскиот државен систем, нивно претставување во институциите на системот, а зошто да не и нивно вклучување во преговарачкиот процес од македонска страна.

https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-osmani-kje-pobara-otstranuvanje-na-pretsedatelot-na-bugarskata-komisija-za-istorija-poradi-navredi-kon-makedoncite/

Но, дали ваквата еуфорија на Колев е реалност или повеќе наликува на дилемата во насловот на трудот на претседателот Стево Пендаровски-„Бугарин националност или професија“, на што неодамна го потсетија бугарските медиуми?

На вакво вулгаризирање на работите навистина е тешко да се одговори. Зашто, по толку пизми, негирање, етикетирање, девалвирање, уривање на достоинството на Македонците од сите страни, па и од страна на македонските Бугари, илузорно е да се верува дека само со нивното ставање во Уставот преку ноќ ќе се смени и нивното и размислувањето на Македонците.

Па, само пред неколку дена, на 17 март, истиот Колев беше потписник на писмото, што седум здруженија и организации на македонските Бугари го испратија до претседателите и премиерите на Македонија и Бугарија. И во тоа писмо истиот Колев пишуваше нешто сосема друго. Инсистираше сите спорови да се решат сега, во светлината на руско-украинскиот спор беше против итен и безусловен почеток на преговорите и потсети на „клучната улога на Советскиот Сојуз во процесот на создавање на македонизмот и неговото насилно наметнување како државна политика во Бугарија и Југославија“. Истиот тој Колев во истото тоа писмо не ги ни спомена Македонците!

А, да не говориме за тоа што ставовите на овие седум здруженија и организации се разликуваат речиси дијаметрално од ставовите на други такви на македонските Бугари во Македонија.

Убаво е Колев да има желба македонските Бугари да учествуваат во преговорите со Бугарија и во право е кога вели дека не може никој подобро од нив да ја убеди Софија дека Македонија заслужува почеток на преговори за членство во ЕУ. Впрочем, 26 земји членки на ЕУ, освен 27-та, Бугарија, одамна се согласни со подготвеноста на Македонија.

Но, клучно е прашањето со кои и какви ставови македонските Бугари би учествувале во преговорите со Софија? Одеднаш ќе се согласат со етногенезата на Македонците, со македонизмот, со македонскиот јазик како посебен од бугарскиот, со постоење посебна македонска историја, „заедничката“ историја нема да ја читаат само како бугарска, ќе заборават на бугарскиот ревизионизам и шовинизам, ќе кренат раце од Гоце Делчев и плејадата револуционери, нема да ја сметаат Македонија како втора бугарска држава, ќе ја предомислат Софија да се откаже од нејзиниот територијален експанзионизам, ќе се согласат со тоа дека Бугарија имала нацистичка власт и била  окупатор, а не администратор за време на Втората светска војна…?

Не, ништо од ова нема да сменат. Само ќе им остане пизмата кон оваа генерација Македонци за век и векови!.

The post Македонија никогаш не била попонижена: Овдешните Бугари бараат да бидат дел од преговорите, претседателот на комисијата за историја со навреди за Македонците appeared first on Република.

]]>

Кој подобро би можел од македонските Бугари да ја убеди Софија дека нашата држава заслужува почеток на преговори?
Со ова прашање вчера лидерот на Граѓанско демократската унија, Петар Колев, го заврши својот фејсбук статус во кој побара учество на македонските Бугари во преговорите со Бугарија. Како основен предуслов за се побара гарантирање во Уставот на рамноправност на македонските Бугари, но е нејзино спроведување во реалноста, што е клуч за решавање на отворените прашања. Колев е убеден дека таков чекор ќе ја врати довербата, ќе даде нов импулс на односите и ќе ја отвори и можноста за вклучување на Бугарите во македонскиот државен систем, нивно претставување во институциите на системот, а зошто да не и нивно вклучување во преговарачкиот процес од македонска страна. https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-osmani-kje-pobara-otstranuvanje-na-pretsedatelot-na-bugarskata-komisija-za-istorija-poradi-navredi-kon-makedoncite/ Но, дали ваквата еуфорија на Колев е реалност или повеќе наликува на дилемата во насловот на трудот на претседателот Стево Пендаровски-„Бугарин националност или професија“, на што неодамна го потсетија бугарските медиуми? На вакво вулгаризирање на работите навистина е тешко да се одговори. Зашто, по толку пизми, негирање, етикетирање, девалвирање, уривање на достоинството на Македонците од сите страни, па и од страна на македонските Бугари, илузорно е да се верува дека само со нивното ставање во Уставот преку ноќ ќе се смени и нивното и размислувањето на Македонците.
Па, само пред неколку дена, на 17 март, истиот Колев беше потписник на писмото, што седум здруженија и организации на македонските Бугари го испратија до претседателите и премиерите на Македонија и Бугарија. И во тоа писмо истиот Колев пишуваше нешто сосема друго. Инсистираше сите спорови да се решат сега, во светлината на руско-украинскиот спор беше против итен и безусловен почеток на преговорите и потсети на „клучната улога на Советскиот Сојуз во процесот на создавање на македонизмот и неговото насилно наметнување како државна политика во Бугарија и Југославија“. Истиот тој Колев во истото тоа писмо не ги ни спомена Македонците!
А, да не говориме за тоа што ставовите на овие седум здруженија и организации се разликуваат речиси дијаметрално од ставовите на други такви на македонските Бугари во Македонија. Убаво е Колев да има желба македонските Бугари да учествуваат во преговорите со Бугарија и во право е кога вели дека не може никој подобро од нив да ја убеди Софија дека Македонија заслужува почеток на преговори за членство во ЕУ. Впрочем, 26 земји членки на ЕУ, освен 27-та, Бугарија, одамна се согласни со подготвеноста на Македонија. Но, клучно е прашањето со кои и какви ставови македонските Бугари би учествувале во преговорите со Софија? Одеднаш ќе се согласат со етногенезата на Македонците, со македонизмот, со македонскиот јазик како посебен од бугарскиот, со постоење посебна македонска историја, „заедничката“ историја нема да ја читаат само како бугарска, ќе заборават на бугарскиот ревизионизам и шовинизам, ќе кренат раце од Гоце Делчев и плејадата револуционери, нема да ја сметаат Македонија како втора бугарска држава, ќе ја предомислат Софија да се откаже од нејзиниот територијален експанзионизам, ќе се согласат со тоа дека Бугарија имала нацистичка власт и била  окупатор, а не администратор за време на Втората светска војна…? Не, ништо од ова нема да сменат. Само ќе им остане пизмата кон оваа генерација Македонци за век и векови!.  

The post Македонија никогаш не била попонижена: Овдешните Бугари бараат да бидат дел од преговорите, претседателот на комисијата за историја со навреди за Македонците appeared first on Република.

]]>
Додека историчарите зад затворени врати расправаат за историја, народот кажа „НЕ“ за бугарските уцени https://republika.mk/vesti/makedonija/dodeka-istoricharite-zad-zatvoreni-vrati-raspravaat-za-istorija-narodot-kaza-ne-za-bugarskite-uceni/ Fri, 25 Feb 2022 07:15:44 +0000 https://republika.mk/?p=463534

Денеска продолжува состанокот на Комисијата за историја меѓу Бугарија и Македонија. Нема речиси никакви официјални информации што се говорело во Софија и дали има некаков напредок.

Главна точка требаше да биде цар Самоил, за кого Бугарија бара секаде да биде наведено дека е бугарски владетел.

И ако историчарите не сакаат да обелоденат што преговараат и договараат, граѓаните кажаа што мислат.

Голем дел од нив не се расположени за прифаќање на бугарските барања, особено оние што се однесуваат на јазичните и идентитетските прашања, дури и ако тоа би значело деблокирање на евроинтегративниот процес, покажува анализата на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон ЕУ.

Власта пак е упорна да потпише нов договор со Бугарија.

Нашата цел е сите прашања за кои се разговара со Бугарија да ги ставиме во еден сеопфатен документ, за да нема нови барања по патот и да имаме писмени гаранции кои се наши обврски, а кои бугарски, изјави вчера вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ.

Според него, од интерес на земјата е детално да бидат дефинирани барањата и да бидат посведочени од ЕУ, за да може да ги имплементираме и кога ќе го завршиме тоа, да се тргне блокадата низ сите фази од преговорите.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пак побара цврсти гаранции од ЕУ за заштита на македонскиот идентитет.

Петков ќе барал од Брисел гаранции за внесување на бугарското малцинство во македонскиот Устав. Тогаш, и ние бараме, од Брисел и официјална Софија, гаранција за македонскиот јазик, народ и идентитет. Гаранција дека до денот на зачленувањето на Македонија во ЕУ, на ниту една друга земја членка нема да ѝ пречат истите овие нешта, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

The post Додека историчарите зад затворени врати расправаат за историја, народот кажа „НЕ“ за бугарските уцени appeared first on Република.

]]>

Денеска продолжува состанокот на Комисијата за историја меѓу Бугарија и Македонија. Нема речиси никакви официјални информации што се говорело во Софија и дали има некаков напредок. Главна точка требаше да биде цар Самоил, за кого Бугарија бара секаде да биде наведено дека е бугарски владетел. И ако историчарите не сакаат да обелоденат што преговараат и договараат, граѓаните кажаа што мислат. Голем дел од нив не се расположени за прифаќање на бугарските барања, особено оние што се однесуваат на јазичните и идентитетските прашања, дури и ако тоа би значело деблокирање на евроинтегративниот процес, покажува анализата на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон ЕУ. Власта пак е упорна да потпише нов договор со Бугарија.
Нашата цел е сите прашања за кои се разговара со Бугарија да ги ставиме во еден сеопфатен документ, за да нема нови барања по патот и да имаме писмени гаранции кои се наши обврски, а кои бугарски, изјави вчера вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ.
Според него, од интерес на земјата е детално да бидат дефинирани барањата и да бидат посведочени од ЕУ, за да може да ги имплементираме и кога ќе го завршиме тоа, да се тргне блокадата низ сите фази од преговорите. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пак побара цврсти гаранции од ЕУ за заштита на македонскиот идентитет.
Петков ќе барал од Брисел гаранции за внесување на бугарското малцинство во македонскиот Устав. Тогаш, и ние бараме, од Брисел и официјална Софија, гаранција за македонскиот јазик, народ и идентитет. Гаранција дека до денот на зачленувањето на Македонија во ЕУ, на ниту една друга земја членка нема да ѝ пречат истите овие нешта, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
 
The post Додека историчарите зад затворени врати расправаат за историја, народот кажа „НЕ“ за бугарските уцени appeared first on Република.

]]>
МНР: Ставовите на копретседателите на Комисијата не се државни позиции https://republika.mk/vesti/makedonija/mnr-stavovite-na-kopretsedatelite-na-komisijata-ne-se-drzavni-pozicii/ Thu, 03 Feb 2022 20:10:17 +0000 https://republika.mk/?p=453809

Работата на Заедничката Комисија за историски и образовни прашања, преставува важен елемент за исполнување на Договорот за пријателство од 2017 година. По последните јавни настапи на претставниците на Заедничката Комисија за историски и образовни прашања, сакаме да потенцираме дека работата на Комисијата претставува нераздвоен дел од имплементацијата на Договорот за пријателство од 2017 година, соопшти вечерва Министерството за надворешни работи.

Соодветно на најновата иницијатива на двете држави, потврдена во рамки на заедничката седница на двете Влади, за проширување и продлабочување на меѓусебната соработка во сите области, се додава во соопштението од МНР, ја поздравуваме одлуката на двата копретседатели на Комисијата за интензивирање на динамиката на работата на Комисијата, со цел надминување на разликите за најчувствителните прашања.

Ја разбираме потребата на членовите на Комисијата, особено на нивните копретседатели, јавно да ги изложуваат нивните погледи и ставови, но истите притоа не треба да се толкуваат како државни позиции, ниту, пак, како дел од политичките ставови на двете Влади. Оттука двете Влади уште еднаш ги повикуваат сите фактори, вклучувајќи ги тука и членовите на Комисијата за историски прашања, за одржување на веќе договорената динамика на активности, која соодветствува со новиот интензитет на засилена комуникација меѓу двете држави, со цел да се искористи новиот моментум за соодветно надминување на разликите меѓу двете земји и откочување на процесот на европски интеграции, стои во соопштението од МНР на Македонија.

Директорот на прес-центарот на бугарското Министерство за надворешни работи Митко Димитров денеска на посебен брифинг по повод неодамнешните јавни изјави на копретседателот на Заедничката комисија за историски и образовни прашања од страна на  Македонија, истакна дека нејзината активност е суштински елемент на имплементацијата на Договорот од 2017 година и има за цел да ги надмине стереотипите од минатото.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Димитров, како независни научници и експерти, членовите на Комисијата имаат право да ги кажат своите ставови, но тоа не ги обврзува владите на двете земји да носат одредени одлуки. Личното мислење на членовите на комисијата не соодветствува со ставот на двете земји, додаде портпаролот на бугарското МНР.

-Ја поддржуваме подготвеноста на двете страни за интензивирање на контактите на Комисијата. Ги повикуваме членовите на Комисијата да работат плодно. Министрите за надворешни работи како политичари изразуваат подготвеност јавно да ги поддржат напорите на Комисијата, вклучително и со заедничко одбележување значајни личности и настани од двете земји, додаде Димитров.

The post МНР: Ставовите на копретседателите на Комисијата не се државни позиции appeared first on Република.

]]>

Работата на Заедничката Комисија за историски и образовни прашања, преставува важен елемент за исполнување на Договорот за пријателство од 2017 година. По последните јавни настапи на претставниците на Заедничката Комисија за историски и образовни прашања, сакаме да потенцираме дека работата на Комисијата претставува нераздвоен дел од имплементацијата на Договорот за пријателство од 2017 година, соопшти вечерва Министерството за надворешни работи. Соодветно на најновата иницијатива на двете држави, потврдена во рамки на заедничката седница на двете Влади, за проширување и продлабочување на меѓусебната соработка во сите области, се додава во соопштението од МНР, ја поздравуваме одлуката на двата копретседатели на Комисијата за интензивирање на динамиката на работата на Комисијата, со цел надминување на разликите за најчувствителните прашања.
Ја разбираме потребата на членовите на Комисијата, особено на нивните копретседатели, јавно да ги изложуваат нивните погледи и ставови, но истите притоа не треба да се толкуваат како државни позиции, ниту, пак, како дел од политичките ставови на двете Влади. Оттука двете Влади уште еднаш ги повикуваат сите фактори, вклучувајќи ги тука и членовите на Комисијата за историски прашања, за одржување на веќе договорената динамика на активности, која соодветствува со новиот интензитет на засилена комуникација меѓу двете држави, со цел да се искористи новиот моментум за соодветно надминување на разликите меѓу двете земји и откочување на процесот на европски интеграции, стои во соопштението од МНР на Македонија.
Директорот на прес-центарот на бугарското Министерство за надворешни работи Митко Димитров денеска на посебен брифинг по повод неодамнешните јавни изјави на копретседателот на Заедничката комисија за историски и образовни прашања од страна на  Македонија, истакна дека нејзината активност е суштински елемент на имплементацијата на Договорот од 2017 година и има за цел да ги надмине стереотипите од минатото. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Димитров, како независни научници и експерти, членовите на Комисијата имаат право да ги кажат своите ставови, но тоа не ги обврзува владите на двете земји да носат одредени одлуки. Личното мислење на членовите на комисијата не соодветствува со ставот на двете земји, додаде портпаролот на бугарското МНР.
-Ја поддржуваме подготвеноста на двете страни за интензивирање на контактите на Комисијата. Ги повикуваме членовите на Комисијата да работат плодно. Министрите за надворешни работи како политичари изразуваат подготвеност јавно да ги поддржат напорите на Комисијата, вклучително и со заедничко одбележување значајни личности и настани од двете земји, додаде Димитров.

The post МНР: Ставовите на копретседателите на Комисијата не се државни позиции appeared first on Република.

]]>
Бугарско МНР: Личното мислење на членовите на Комисијата за историски прашања не соодветствува со ставот на двете земји https://republika.mk/vesti/makedonija/bugarsko-mnr-lichnoto-mislenje-na-chlenovite-na-komisijata-za-istoriski-prashanja-ne-soodvetstvuva-so-stavot-na-dvete-zemji/ Thu, 03 Feb 2022 20:08:21 +0000 https://republika.mk/?p=453808

Директорот на прес-центарот на бугарското Министерство за надворешни работи Митко Димитров денеска на посебен брифинг по повод неодамнешните јавни изјави на копретседателот на Заедничката комисија за историски и образовни прашања од страна на Република Македонија, рече дека нејзината активност е суштински елемент на имплементацијата на Договорот од 2017 година и има за цел да ги надмине стереотипите од минатото.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Димитров, заедничкото разбирање на двете земји и постигнувањето конкретни резултати било истакнато од двете влади на 25 јануари. Како независни научници и експерти, членовите на Комисијата имаат право да ги кажат своите ставови, но тоа не ги обврзува владите на двете земји да носат одредени одлуки, изјави портпаролот на бугарското МНР.

Според Димитров, личното мислење на членовите на комисијата не соодветствува со ставот на двете земји.

-Ја поддржуваме подготвеноста на двете страни за интензивирање на контактите на Комисијата. Ги повикуваме членовите на Комисијата да работат плодно. Министрите за надворешни работи како политичари изразуваат подготвеност јавно да ги поддржат напорите на Комисијата, вклучително и со заедничко одбележување значајни личности и настани од двете земји, додаде Димитров.

Тој додаде дека министерката за надворешни работи на Бугарија Теодора Генчовска утре ќе ја посети Република Македонија и ќе положи цвеќе на централната свеченост по повод 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, заедно со македонската министерка за култура.

Бугарската министерка Генчовска ја информирала Каролина Едштадлер, која е сојузна министерка за ЕУ, за работата што ја направила бугарската влада за интензивирање на дијалогот со Македонија. Едштадлер и честиташе на Бугарија за преземените чекори, информира портпаролот на бугарското МНР Димитров.

The post Бугарско МНР: Личното мислење на членовите на Комисијата за историски прашања не соодветствува со ставот на двете земји appeared first on Република.

]]>

Директорот на прес-центарот на бугарското Министерство за надворешни работи Митко Димитров денеска на посебен брифинг по повод неодамнешните јавни изјави на копретседателот на Заедничката комисија за историски и образовни прашања од страна на Република Македонија, рече дека нејзината активност е суштински елемент на имплементацијата на Договорот од 2017 година и има за цел да ги надмине стереотипите од минатото. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Димитров, заедничкото разбирање на двете земји и постигнувањето конкретни резултати било истакнато од двете влади на 25 јануари. Како независни научници и експерти, членовите на Комисијата имаат право да ги кажат своите ставови, но тоа не ги обврзува владите на двете земји да носат одредени одлуки, изјави портпаролот на бугарското МНР. Според Димитров, личното мислење на членовите на комисијата не соодветствува со ставот на двете земји.
-Ја поддржуваме подготвеноста на двете страни за интензивирање на контактите на Комисијата. Ги повикуваме членовите на Комисијата да работат плодно. Министрите за надворешни работи како политичари изразуваат подготвеност јавно да ги поддржат напорите на Комисијата, вклучително и со заедничко одбележување значајни личности и настани од двете земји, додаде Димитров.
Тој додаде дека министерката за надворешни работи на Бугарија Теодора Генчовска утре ќе ја посети Република Македонија и ќе положи цвеќе на централната свеченост по повод 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, заедно со македонската министерка за култура. Бугарската министерка Генчовска ја информирала Каролина Едштадлер, која е сојузна министерка за ЕУ, за работата што ја направила бугарската влада за интензивирање на дијалогот со Македонија. Едштадлер и честиташе на Бугарија за преземените чекори, информира портпаролот на бугарското МНР Димитров.

The post Бугарско МНР: Личното мислење на членовите на Комисијата за историски прашања не соодветствува со ставот на двете земји appeared first on Република.

]]>