Ова е некомпетентна Комисија за историски прашања и таа некомпетентна Комисија донесе некомпетентни заклучоци кои ги подриваат македонскиот идентитет, јазик и култура.

Ова во разговор за ТВ24 денеска го изјави историчарот Тодор Чепреганов, откако Комисијата за историски и образовни прашања вчера ги соопшти усогласените препораки кои се однесуваат на подобрување на учебниците во Бугарија и во Македонија во врска со античкиот период, како и на заедничкото чествување на личности од Средниот век.

– Станува збор за некомпетентна Комисија за историски и образовни прашања која носи некомпетентни заклучоци. Со ваквите најнови одлуки силно се удира врз македонскиот национален идентитет и култура. Со ова се прави обид да се смени или да се избрише колективната меморија на македонскиот народ. Јас лично сум против за заедничко чествување на историски личности, оти заедничко чествување може да прави еден ист народ, а не два различни народа. Ние и Бугарите сме сосема различни народи. Во 10-вековната историја само 120 години сме имале каква-таква врска со Бугарите, и тоа кога тие биле окупатори – изјави Чепреганов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.