Колумна Archives - Република https://republika.mk/tema/kolumna/ За подобро да се разбереме Sat, 05 Oct 2024 08:30:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Колумна Archives - Република https://republika.mk/tema/kolumna/ 32 32 Дупките на земјината топка https://republika.mk/kolumni/dupkite-na-zemjinata-topka/ Sat, 05 Oct 2024 08:30:14 +0000 https://republika.mk/?p=822969

Петар Поп-Арсов

Живееме во време на сериозни глобални и континентални промени. Време во кое се ставени на испит сите придобивки и постигнувања кои во вид на интегративни процеси го обликуваа светскиот поредок и меѓународните односи по Втората светска војна и потоа. Ако падот на Берлин ја претставуваше почетокот на првата фаза на интегративните процеси во Европа и светот, падот на Берлинскиот ѕид и железната завеса беа почетокот на втората фаза на интеграцијата на европскиот континет.

Можеби некој за деведесетите години ќе рече дека биле години на дезинтеграција, распаѓање на Варшавскиот пакт, СССР или СФРЈ, но факт е дека тоа беше само пукање на вештачки создаваниот меур кој некогаш мораше да пукне поради општествените и економските закономерности. Токму таквата дезинтеграција претставуваше акцелератор на новата фаза на интеграција на европско тло во кое секоја од земјите си го најде своето место. Германија се обедини, поранешните земји членки на Варшавскиот пакт се интегрираа во НАТО и ЕУ. Истото се однесува и на дел од државите од поранешна СФРЈ. Земјите кои се оформија по распадот на СССР се во слична ситуација. Дел веќе се во НАТО и ЕУ, а дел се претенденти и кандидати за членство во овие сојузи.

Независно од тоа што интегративните процеси на европскиот континент, особено во поглед на зачленувањето во ЕУ сè уште не се комплетирани, за европските земји постои уште една организација која што го артикулира нивниот интерес. Советот на Европа, организацијата која што во себе го интегрираше целиот континент. Токму Советот на Европа е најголемата додадена вредност која на државите кои се формираа во деведесетите години им создаде простор и услови за повисок стадиум на меѓусебна интеграција. Советот на Европа беше организацијата која дезинтегративните процеси и процесите на распаѓање ги трансформираше во интегративни и здружувачки.

Како е сега?

Какви се процесите на глобално ниво, но особено на европскиот континент кој е наш приоритетен интерес?!

Она што требаше да претставува одамна завршена работа во поглед на полноправното членство во ЕУ на Македонија, Србија и Црна Гора е далеку од крајната цел. Тешко е да се прогнозира крајниот исход од процесот, а уште потешко датумот на целосната интеграција на овие земји. Албанија има некој напредок, иако до пред само две-три години негодувавме поради тоа што како држава бевме ставени во ист пакет на интеграции со западниот сосед. Тогаш постоеше чувство дека Македонија е далеку пред Албанија, чувство кое што се засноваше на долготрајниот и упорен процес на усогласување на македонското со европското законодавство и на бројните позитивни оценки на Европската комисија за подготвеноста на земјата да го започне процесот на преговори.

Не е целта на текстов да навлегуваме во суштината и причините за тоа зошто Македонија, Србија и Црна Гора сè уште се заглавени во процесот на ЕУ интеграциите, туку да го илустрираме моментот на забавена интеграција која многу лесно може да се претвори во процес дезинтеграција.

Во Европа се води жестока и крвава војна. Русија веќе е надвор од Советот на Европа, исклучена токму поради војната во Украина. Тоа е приказна за себе која трае и се развива и која има глобални импликации. Војната во Украина го стави на тест единството на западните сојузници од ЕУ и НАТО, но истовремено влијаеше на забрзано меѓусебно  приближување и интегрирање на други земји во светот кои во тоа ја видоа својата шанса да ги зајакнат сопствените позиции и да ја предизвикаат американската и европската економско-политичка и воена доминација.

Како што секогаш се случува, процесите на дезинтеграција создаваат услови за отворање на нови процеси на интеграција, за што сведочи новата глобална структура која се формираше и расне под името БРИКС. Оваа структура е резултат на новонастанатите состојби во светот, но првенствено како израз на незадоволство поради сеприсутната доминација на западниот свет врз сите глобалнообединувачки меѓународни организации.

Во последниве години земјите од БРИКС, но и земјите од африканскиот континент, вршат сериозен притисок врз Организацијата на обединети нации за спроведување на темелни реформи, тврдејќи дека постои претерана и несоодветна доминација од страна на глобалниот запад, особено во Советот за безбедност. Независно од фактот што Русија и Кина се две од петте земји кои имаат право на вето во рамки на Советот за безбедност, правото на вето кое што го имаат трите преостанати земји, САД, Франција и Обединетото кралство, во останатиот дел од светот се доживува како „несоодветна и неправична застапеност“ во највлијателниот орган на ОН.

Земјите од БРИКС долго време се залагаат за реформирање на структурите на меѓународно управување, вклучително и Обединетите нации. Тие постојано изразуваат загриженост во однос на сегашните системи на глобално владеење тврдејќи дека истите не ја одразуваат соодветно геополитичката и економската реалност на 21 век.

Овој став го застапуваат неколку земји од БРИКС кои сметаат дека нивната застапеност во бројот на глобалното население и економскиот придонес треба да биде соодветно валоризиран во меѓународните институции. Тука поконкретно се мисли на Советот за безбедност на ОН каде што Бразил, Индија и Јужна Африка немаат постојани место. Земјите на БРИКС многу често ги напаѓаат и критикуваат постоечките системи на меѓународно управување тврдејќи дека овие системи  ги фаворизираат западните земји, особено во процесите на донесувањето на одлуки во политички и финансиски организации како што се ОН и Меѓународниот монетарен фонд. Ова чувство е поткрепено со перцепцијата дека геополитичките и економските интереси на западните земји се приоритетни пред оние на незападните земји, особено во критичните области како што се човековите права, меѓународната безбедност и глобалните економски политики.

Русија и Кина се земјите кои постојано изразуваат негодување поради примената на двојни стандарди. Тие сметаат дека нивните домашни политики во однос на заштитата на човековите права се следат под микроскоп, за разлика од третманот на сличните прашања во западните земји. Тие тврдат дека западните земји често се залагаат за заштита на човекови права во странство, додека ги занемаруваат прекршувањата во нивниот двор.

Дополнително на позициите на земјите од БРИКС, педесет и четири африкански земји кои што претставуваат скоро 30% од членките на ООН, исто така немаат постојано место во Советот за безбедност. Oва точка на несогласување ги поттикнува овие нации да бараат поголемо влијание во процесите на донесување одлуки во ООН со цел нивното колективно, демографско и регионално значење да биде соодветно претставено. Исто така, африканските земји ја критикуваат и доминацијата на западот во големите глобални финансиски институции како што се  Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка. Нив ги сметаат за организации кои ги маргинализираат економиите во развој.

Дали ваквото незадоволство кај голем дел од земјите членки на ООН ќе поттикне процес на дезинтеграција и нивно напуштање на оваа стожерна меѓународна организација на глобално ниво?

Праксата говори за тоа дека до сега такво нешто се нема случено. До денеска неколку земји флертувале со идејата за напуштање на ООН, најмногу заради изразување на незадоволство. Такви се случаите со Индонезија од 1965 година, Филипините од 2016, па дури и САД преку Американскиот акт за обновување на суверенитетот од 2017 година.

Сепак, до ден денешен не се превземени конкретни акции, а ваквите активности од поедини политичари или групи во рамки на споменатите земји се толкуваат како симболични гестови без суштинска политичка и правна завршница. Ваквите примери укажуваат на тоа дека заканите за повлекување од ООН се користат повеќе како алатки за постигнување домашни и меѓународни политички цели отколку како индикатори за реалните промени во политиката.

Така беше до сега! Како ќе биде понатаму, останува да видиме?!

Исклучувањето/напуштањето на Русија од/на Советот на Европа укажува на тоа дека е помината црвената линија и дека опасност од создавање на поголеми пукнатини во рамки на меѓународните организации сепак постои. Кокетирањето на НАТО членката, Турција, и нејзината апликација за членство во БРИКС говори за тоа дека блефирањето и декларативноста можат многу лесно да бидат заменети со конкретни чекори. Сето тоа може да има сериозно влијание врз постоечките меѓународни односи и да оди во правец на создавање на сосема нов поредок.

И како круна на се, можната ескалација на војната на Блискиот исток може сериозно да ги забрза овие процеси. Во такви услови кошкањата во рамки на меѓународните организации ќе претставува вистинска премија за светот и човештвото во споредба со евентуалната ескалација до степен на трета светска војна.

Затоа, колку и да изгледа минорно и безначајно македонското интегрирање во Европската унија во споредба со големите игри и движења на глобусот, истото треба да се менаџира со исклучителна сериозност, како од наша, така и од европска страна. Издвојувањето на Македонија од Албанија и оставањето во чекалната може да создаде мала, но слаба точка во европската политика. За зачувување на регионалната и пошироката стабилност на земјината топка треба да се води грижа за сите точки колку и да изгледаат малечки. Сепак, на крајот од денот секоја топка може да биде дупната само во една, малечка точка.

The post Дупките на земјината топка appeared first on Република.

]]>

Петар Поп-Арсов

Живееме во време на сериозни глобални и континентални промени. Време во кое се ставени на испит сите придобивки и постигнувања кои во вид на интегративни процеси го обликуваа светскиот поредок и меѓународните односи по Втората светска војна и потоа. Ако падот на Берлин ја претставуваше почетокот на првата фаза на интегративните процеси во Европа и светот, падот на Берлинскиот ѕид и железната завеса беа почетокот на втората фаза на интеграцијата на европскиот континет. Можеби некој за деведесетите години ќе рече дека биле години на дезинтеграција, распаѓање на Варшавскиот пакт, СССР или СФРЈ, но факт е дека тоа беше само пукање на вештачки создаваниот меур кој некогаш мораше да пукне поради општествените и економските закономерности. Токму таквата дезинтеграција претставуваше акцелератор на новата фаза на интеграција на европско тло во кое секоја од земјите си го најде своето место. Германија се обедини, поранешните земји членки на Варшавскиот пакт се интегрираа во НАТО и ЕУ. Истото се однесува и на дел од државите од поранешна СФРЈ. Земјите кои се оформија по распадот на СССР се во слична ситуација. Дел веќе се во НАТО и ЕУ, а дел се претенденти и кандидати за членство во овие сојузи. Независно од тоа што интегративните процеси на европскиот континент, особено во поглед на зачленувањето во ЕУ сè уште не се комплетирани, за европските земји постои уште една организација која што го артикулира нивниот интерес. Советот на Европа, организацијата која што во себе го интегрираше целиот континент. Токму Советот на Европа е најголемата додадена вредност која на државите кои се формираа во деведесетите години им создаде простор и услови за повисок стадиум на меѓусебна интеграција. Советот на Европа беше организацијата која дезинтегративните процеси и процесите на распаѓање ги трансформираше во интегративни и здружувачки. Како е сега? Какви се процесите на глобално ниво, но особено на европскиот континент кој е наш приоритетен интерес?! Она што требаше да претставува одамна завршена работа во поглед на полноправното членство во ЕУ на Македонија, Србија и Црна Гора е далеку од крајната цел. Тешко е да се прогнозира крајниот исход од процесот, а уште потешко датумот на целосната интеграција на овие земји. Албанија има некој напредок, иако до пред само две-три години негодувавме поради тоа што како држава бевме ставени во ист пакет на интеграции со западниот сосед. Тогаш постоеше чувство дека Македонија е далеку пред Албанија, чувство кое што се засноваше на долготрајниот и упорен процес на усогласување на македонското со европското законодавство и на бројните позитивни оценки на Европската комисија за подготвеноста на земјата да го започне процесот на преговори. Не е целта на текстов да навлегуваме во суштината и причините за тоа зошто Македонија, Србија и Црна Гора сè уште се заглавени во процесот на ЕУ интеграциите, туку да го илустрираме моментот на забавена интеграција која многу лесно може да се претвори во процес дезинтеграција. Во Европа се води жестока и крвава војна. Русија веќе е надвор од Советот на Европа, исклучена токму поради војната во Украина. Тоа е приказна за себе која трае и се развива и која има глобални импликации. Војната во Украина го стави на тест единството на западните сојузници од ЕУ и НАТО, но истовремено влијаеше на забрзано меѓусебно  приближување и интегрирање на други земји во светот кои во тоа ја видоа својата шанса да ги зајакнат сопствените позиции и да ја предизвикаат американската и европската економско-политичка и воена доминација. Како што секогаш се случува, процесите на дезинтеграција создаваат услови за отворање на нови процеси на интеграција, за што сведочи новата глобална структура која се формираше и расне под името БРИКС. Оваа структура е резултат на новонастанатите состојби во светот, но првенствено како израз на незадоволство поради сеприсутната доминација на западниот свет врз сите глобалнообединувачки меѓународни организации. Во последниве години земјите од БРИКС, но и земјите од африканскиот континент, вршат сериозен притисок врз Организацијата на обединети нации за спроведување на темелни реформи, тврдејќи дека постои претерана и несоодветна доминација од страна на глобалниот запад, особено во Советот за безбедност. Независно од фактот што Русија и Кина се две од петте земји кои имаат право на вето во рамки на Советот за безбедност, правото на вето кое што го имаат трите преостанати земји, САД, Франција и Обединетото кралство, во останатиот дел од светот се доживува како „несоодветна и неправична застапеност“ во највлијателниот орган на ОН. Земјите од БРИКС долго време се залагаат за реформирање на структурите на меѓународно управување, вклучително и Обединетите нации. Тие постојано изразуваат загриженост во однос на сегашните системи на глобално владеење тврдејќи дека истите не ја одразуваат соодветно геополитичката и економската реалност на 21 век. Овој став го застапуваат неколку земји од БРИКС кои сметаат дека нивната застапеност во бројот на глобалното население и економскиот придонес треба да биде соодветно валоризиран во меѓународните институции. Тука поконкретно се мисли на Советот за безбедност на ОН каде што Бразил, Индија и Јужна Африка немаат постојани место. Земјите на БРИКС многу често ги напаѓаат и критикуваат постоечките системи на меѓународно управување тврдејќи дека овие системи  ги фаворизираат западните земји, особено во процесите на донесувањето на одлуки во политички и финансиски организации како што се ОН и Меѓународниот монетарен фонд. Ова чувство е поткрепено со перцепцијата дека геополитичките и економските интереси на западните земји се приоритетни пред оние на незападните земји, особено во критичните области како што се човековите права, меѓународната безбедност и глобалните економски политики. Русија и Кина се земјите кои постојано изразуваат негодување поради примената на двојни стандарди. Тие сметаат дека нивните домашни политики во однос на заштитата на човековите права се следат под микроскоп, за разлика од третманот на сличните прашања во западните земји. Тие тврдат дека западните земји често се залагаат за заштита на човекови права во странство, додека ги занемаруваат прекршувањата во нивниот двор. Дополнително на позициите на земјите од БРИКС, педесет и четири африкански земји кои што претставуваат скоро 30% од членките на ООН, исто така немаат постојано место во Советот за безбедност. Oва точка на несогласување ги поттикнува овие нации да бараат поголемо влијание во процесите на донесување одлуки во ООН со цел нивното колективно, демографско и регионално значење да биде соодветно претставено. Исто така, африканските земји ја критикуваат и доминацијата на западот во големите глобални финансиски институции како што се  Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка. Нив ги сметаат за организации кои ги маргинализираат економиите во развој. Дали ваквото незадоволство кај голем дел од земјите членки на ООН ќе поттикне процес на дезинтеграција и нивно напуштање на оваа стожерна меѓународна организација на глобално ниво? Праксата говори за тоа дека до сега такво нешто се нема случено. До денеска неколку земји флертувале со идејата за напуштање на ООН, најмногу заради изразување на незадоволство. Такви се случаите со Индонезија од 1965 година, Филипините од 2016, па дури и САД преку Американскиот акт за обновување на суверенитетот од 2017 година. Сепак, до ден денешен не се превземени конкретни акции, а ваквите активности од поедини политичари или групи во рамки на споменатите земји се толкуваат како симболични гестови без суштинска политичка и правна завршница. Ваквите примери укажуваат на тоа дека заканите за повлекување од ООН се користат повеќе како алатки за постигнување домашни и меѓународни политички цели отколку како индикатори за реалните промени во политиката. Така беше до сега! Како ќе биде понатаму, останува да видиме?! Исклучувањето/напуштањето на Русија од/на Советот на Европа укажува на тоа дека е помината црвената линија и дека опасност од создавање на поголеми пукнатини во рамки на меѓународните организации сепак постои. Кокетирањето на НАТО членката, Турција, и нејзината апликација за членство во БРИКС говори за тоа дека блефирањето и декларативноста можат многу лесно да бидат заменети со конкретни чекори. Сето тоа може да има сериозно влијание врз постоечките меѓународни односи и да оди во правец на создавање на сосема нов поредок. И како круна на се, можната ескалација на војната на Блискиот исток може сериозно да ги забрза овие процеси. Во такви услови кошкањата во рамки на меѓународните организации ќе претставува вистинска премија за светот и човештвото во споредба со евентуалната ескалација до степен на трета светска војна. Затоа, колку и да изгледа минорно и безначајно македонското интегрирање во Европската унија во споредба со големите игри и движења на глобусот, истото треба да се менаџира со исклучителна сериозност, како од наша, така и од европска страна. Издвојувањето на Македонија од Албанија и оставањето во чекалната може да создаде мала, но слаба точка во европската политика. За зачувување на регионалната и пошироката стабилност на земјината топка треба да се води грижа за сите точки колку и да изгледаат малечки. Сепак, на крајот од денот секоја топка може да биде дупната само во една, малечка точка.

The post Дупките на земјината топка appeared first on Република.

]]>
Тешки одлуки ни претстојат https://republika.mk/kolumni/teshki-odluki-ni-pretstojat/ Wed, 25 Sep 2024 20:46:39 +0000 https://republika.mk/?p=819663

Ристо Никовски

Почитувани читатели, отсега ќе се дружиме. На моја иницијатива, редакцијата прифати да ги објавува моите колумни. Тие се подарок за вас.

Теми има премногу. Во принцип, тоа е лошо за народот. И изборот не е тежок. Членството во Унијата е предолго на маса и, по многу што – клучно. Со право, народот сака да станеме дел од неа ама работите не одат во таа насока. Речиси сите индикатори покажуваат и докажуваат дека тоа е долгорочна цел којашто, многу лесно, може да биде и недостижна.

Причините се бројни. Клучно е што Унијата уште долго нема да се шири. Факт е дека 62 проценти од Французите и 61 процент од Германците се против проширувањето! Кој нивни политичар ќе прима нови држави, ако народот е против?

Воопшто не е случајно што токму францускиот претседател, Макрон, го прекина проширувањето. Првиот мотив беше реформирање на самата Унија, што е неспорно потребно, а втор беа длабоки промени на процесот на преговарање. Рамката е суштински редефинирана, и тешко е да се замисли дека некој од сегашните кандидати ќе успее да ја апсолвира. Токму затоа беа измислени и измените.

Ако не е така, зошто беше формирана Европска политичка заедница, во која членуваат сите кандидати заедно со членките на ЕУ, или 40-тина држави? Веќе беа одржани четири средби. Ако тоа не е „втора лига“, што може да биде? Потврда дека нема да има проширување се и четирите столба, коишто за кандидатите ги одреди Фон Дер Лајен  - поширок пристап до заедничкиот пазар, регионална соработка, длабоки реформи и повеќе пари од фондовите.

Македонија треба да прави се’ што е потребно за да стане членка на ЕУ. Тоа е наш траен интерес, без оглед какви политики ќе тера Брисел. Унијата е цивилизациски дострел, и нема да се распадне. Меѓутоа, мора да се избориме за нормални, легални и принципиелни услови и критериуми, како и за сите други земји. Мора да прекинеме со постојаното виткање на ‘рбетот, секогаш кога нѐ силуваат со ултиматуми. Брисел, пречесто ги користи во однос на Македонија.

Нашиот интерес за ЕУ е повеќе димензионален. Најважни се вредностите коишто зрачат од Унијата, и со чија помош полесно ќе ги спроведеме и ние. Тоа го очекуваат сите наши граѓани. Срамно е да се бара камшикар. Тоа покажува  неспособност.

Членството во Унијата носи и големи финансиски средства. Само девет од членките се нето контрибутори, додека 18 се нето корисници на фондовите. Најголеми финансиери се Германија со 25,5 милијарди евра годишно, Франција со 12,4 и Холандија со 6,9. Далеку најголем корисник е Полска со 11,9  милијарди евра годишно, а следуваат Грција со 4,3, Унгарија со 4,2 и Романија со 4,1. Бугарија годишно добива 1,73 милијарди евра а Хрватска 1,74. Така, директно се стимулира развојот на овие земји.

Унијата е и огромен пазар. Еврото и Шенген зоната, пак, обезбедуваат и безброј други погодности за членките.

Мораме максимално да се ангажираме за членство во ЕУ, меѓутоа, во никој случај по секоја цена, како до сега. Бугарската политика, дека Македонија може во ЕУ, ама без македонизмот, поточно без Македонците, што се чини дека е прифатено и од Брисел - не смее да биде опција. Таа е и навредлива и понижувачка, а ја загрозува и безбедноста на целиот Балкан а, со тоа, и на Европа. Чувајќи ги сопствените интереси, ние ги чуваме и пошироките.

По крајно погрешните политики, коишто цело време ги води ЕУ кон Македонија, воопшто не треба да зачудува сериозниот пораст на нашиот евро скептицизам. Чудно е дури што е тој се’ уште на толку ниско ниво!? По се’ што ни направија, логично би било да премине и 80 проценти! Тоа е нов доказ за високата трпеливост и толерантност на македонскиот народ, што не е баш секогаш за фалење.

На патот кон Брисел, моментално сме оставени во тесен ќор-сокак. Бугарија е само формален блокатор. Најсериозниот предизвик за Македонија е фактот што и негирањето на Атина на нашето име, и најновите будалштини на Софија, се дел од пошироки интереси на меѓународниот фактор. Двете соседни земји имаат и свои апсурдни политики, произлезени од стари и излитени историски синдроми, свои калкулации и долгогодишни аспирации, ама сега се главно компатибилни алатки во туѓи раце и играат по туѓа музика.

Затоа се и толку успешни, иако вината е пред се’ наша бидејќи досегашната власт беше спремна на невидени и незамисливи капитулации и историски предавства. Токму како резултат на улогата на меѓународниот фактор, во преговарачката рамка се внесени сите максимални барања на Бугарија, коишто се налудничави и немаат никаква врска со вредностите на Унијата, вклучувајќи ги и ткн. копенхашки критериуми.

Во јавноста многу често се спомнува ткн. „француски предлог“, како причина за сите наши сегашни проблеми, иако  малку кој разбира што значи тоа. Во првата половина на 2022 година, со Советот на ЕУ претседаваше Париз. Тоа беше по неколку бугарски блокади на нашите преговори за членство. Претходно, во име на ЕУ, излез бараа Германија и Португалија, ама без успех. Тоа беше уште поголем предизвик за Франција. Нивниот „предлог“, всушност, е преговарачката рамка, којашто беа должни да ја подготват, заедно со другите три документи. Сите тие беа презентирани на првата меѓувладина конференција, и за нас се катастрофални и крајно неприфатливи. Друг предлог - нема.

Преговарачката рамка, Париз ја прецизира со Софија. Потоа, вршеа притисок и ние да се сложиме. Следуваше формален договор меѓу премиерите Ковачевски и Петков, којшто беше финализиран во вториот предавнички протокол со Бугарија, потпишан од Б. Османи, на 17 јули 2022 година, во Софија. Со протоколот, којшто е обичен записник, официјализирани беа сите бугарски небулози, веќе внесени во преговарачката рамка - ултиматум за уставни промени, главна улога на историската комисија во нашите преговори за ЕУ... Протоколот е многу пострашен од самиот договор за (не)пријателство. По два дена, на 19 јули, следуваше меѓувладината конференција, на која Македонија беше скршена, а власта се фалеше, поточно лажеше, дека ги започнала преговорите.

Деновиве, во Брисел, место со предлог за одложена примена на уставните промени, што не може да помине, премиерот Мицкоски многу добро објасни дека според договорот за (не)пријателство со Бугарија – немаме обврска за промена на Уставот! По долго време, Македонија аргументирано ги бранеше своите фундаментални интереси, ставајќи јасно на знаење што бара и што очекува. Нормална е реакцијата на Брисел дека – „преземените обврски мора да се спроведат“, ама договорот не беше спомнат, и не е јасно од каде произлегуваат тие обврски! Се најдоа во тесно!

Не треба да имаме никакви илузии дека било Брисел, а уште помалку Софија, лесно ќе се откажат од нашите претходни, безумни и самоуништувачки отстапки. Тие ќе инсистираат на нив, а наше е да ги увериме дека тоа што го  прифатила претходната власт е неспроведливо во пракса, неприфатливо за македонската држава и народ, а го руши и угледот на ЕУ бидејќи ги игнорира нивните основни вредности.

Сега мора да следува офанзива на широко објаснување на нашите позиции и во Брисел, и во Вашингтон, и кај сите членки на ЕУ. Треба да бараме најширока поддршка, преку сите неспорни факти и аргументи коишто ги имаме. Бидејќи и сето тоа нема да ги промени политиките на Брисел, зошто и тој е под притисок, на крајот, сепак, ќе мора ние да преземеме радикален чекор за да излеземе од ќор-сокакот, во којшто самите се доведовме.

Тоа е можно само со откажување на вториот протокол, којшто никој не го спомнува бидејќи е незамисливо преговарачка рамка да се повикува на некаков записник, како во нашиов случај. Без протоколот, во вода ќе паднат и преговарачката рамка, преку која никогаш нема да влеземе во ЕУ, ултиматумот за уставни промени... Само така ќе можеме, на нормален начин, да тргнеме кон ЕУ.

По кој знае кој пат, повторни сме ние на потег.

The post Тешки одлуки ни претстојат appeared first on Република.

]]>

Ристо Никовски

Почитувани читатели, отсега ќе се дружиме. На моја иницијатива, редакцијата прифати да ги објавува моите колумни. Тие се подарок за вас. Теми има премногу. Во принцип, тоа е лошо за народот. И изборот не е тежок. Членството во Унијата е предолго на маса и, по многу што – клучно. Со право, народот сака да станеме дел од неа ама работите не одат во таа насока. Речиси сите индикатори покажуваат и докажуваат дека тоа е долгорочна цел којашто, многу лесно, може да биде и недостижна. Причините се бројни. Клучно е што Унијата уште долго нема да се шири. Факт е дека 62 проценти од Французите и 61 процент од Германците се против проширувањето! Кој нивни политичар ќе прима нови држави, ако народот е против? Воопшто не е случајно што токму францускиот претседател, Макрон, го прекина проширувањето. Првиот мотив беше реформирање на самата Унија, што е неспорно потребно, а втор беа длабоки промени на процесот на преговарање. Рамката е суштински редефинирана, и тешко е да се замисли дека некој од сегашните кандидати ќе успее да ја апсолвира. Токму затоа беа измислени и измените. Ако не е така, зошто беше формирана Европска политичка заедница, во која членуваат сите кандидати заедно со членките на ЕУ, или 40-тина држави? Веќе беа одржани четири средби. Ако тоа не е „втора лига“, што може да биде? Потврда дека нема да има проширување се и четирите столба, коишто за кандидатите ги одреди Фон Дер Лајен  - поширок пристап до заедничкиот пазар, регионална соработка, длабоки реформи и повеќе пари од фондовите. Македонија треба да прави се’ што е потребно за да стане членка на ЕУ. Тоа е наш траен интерес, без оглед какви политики ќе тера Брисел. Унијата е цивилизациски дострел, и нема да се распадне. Меѓутоа, мора да се избориме за нормални, легални и принципиелни услови и критериуми, како и за сите други земји. Мора да прекинеме со постојаното виткање на ‘рбетот, секогаш кога нѐ силуваат со ултиматуми. Брисел, пречесто ги користи во однос на Македонија. Нашиот интерес за ЕУ е повеќе димензионален. Најважни се вредностите коишто зрачат од Унијата, и со чија помош полесно ќе ги спроведеме и ние. Тоа го очекуваат сите наши граѓани. Срамно е да се бара камшикар. Тоа покажува  неспособност. Членството во Унијата носи и големи финансиски средства. Само девет од членките се нето контрибутори, додека 18 се нето корисници на фондовите. Најголеми финансиери се Германија со 25,5 милијарди евра годишно, Франција со 12,4 и Холандија со 6,9. Далеку најголем корисник е Полска со 11,9  милијарди евра годишно, а следуваат Грција со 4,3, Унгарија со 4,2 и Романија со 4,1. Бугарија годишно добива 1,73 милијарди евра а Хрватска 1,74. Така, директно се стимулира развојот на овие земји. Унијата е и огромен пазар. Еврото и Шенген зоната, пак, обезбедуваат и безброј други погодности за членките. Мораме максимално да се ангажираме за членство во ЕУ, меѓутоа, во никој случај по секоја цена, како до сега. Бугарската политика, дека Македонија може во ЕУ, ама без македонизмот, поточно без Македонците, што се чини дека е прифатено и од Брисел - не смее да биде опција. Таа е и навредлива и понижувачка, а ја загрозува и безбедноста на целиот Балкан а, со тоа, и на Европа. Чувајќи ги сопствените интереси, ние ги чуваме и пошироките. По крајно погрешните политики, коишто цело време ги води ЕУ кон Македонија, воопшто не треба да зачудува сериозниот пораст на нашиот евро скептицизам. Чудно е дури што е тој се’ уште на толку ниско ниво!? По се’ што ни направија, логично би било да премине и 80 проценти! Тоа е нов доказ за високата трпеливост и толерантност на македонскиот народ, што не е баш секогаш за фалење. На патот кон Брисел, моментално сме оставени во тесен ќор-сокак. Бугарија е само формален блокатор. Најсериозниот предизвик за Македонија е фактот што и негирањето на Атина на нашето име, и најновите будалштини на Софија, се дел од пошироки интереси на меѓународниот фактор. Двете соседни земји имаат и свои апсурдни политики, произлезени од стари и излитени историски синдроми, свои калкулации и долгогодишни аспирации, ама сега се главно компатибилни алатки во туѓи раце и играат по туѓа музика. Затоа се и толку успешни, иако вината е пред се’ наша бидејќи досегашната власт беше спремна на невидени и незамисливи капитулации и историски предавства. Токму како резултат на улогата на меѓународниот фактор, во преговарачката рамка се внесени сите максимални барања на Бугарија, коишто се налудничави и немаат никаква врска со вредностите на Унијата, вклучувајќи ги и ткн. копенхашки критериуми. Во јавноста многу често се спомнува ткн. „француски предлог“, како причина за сите наши сегашни проблеми, иако  малку кој разбира што значи тоа. Во првата половина на 2022 година, со Советот на ЕУ претседаваше Париз. Тоа беше по неколку бугарски блокади на нашите преговори за членство. Претходно, во име на ЕУ, излез бараа Германија и Португалија, ама без успех. Тоа беше уште поголем предизвик за Франција. Нивниот „предлог“, всушност, е преговарачката рамка, којашто беа должни да ја подготват, заедно со другите три документи. Сите тие беа презентирани на првата меѓувладина конференција, и за нас се катастрофални и крајно неприфатливи. Друг предлог - нема. Преговарачката рамка, Париз ја прецизира со Софија. Потоа, вршеа притисок и ние да се сложиме. Следуваше формален договор меѓу премиерите Ковачевски и Петков, којшто беше финализиран во вториот предавнички протокол со Бугарија, потпишан од Б. Османи, на 17 јули 2022 година, во Софија. Со протоколот, којшто е обичен записник, официјализирани беа сите бугарски небулози, веќе внесени во преговарачката рамка - ултиматум за уставни промени, главна улога на историската комисија во нашите преговори за ЕУ... Протоколот е многу пострашен од самиот договор за (не)пријателство. По два дена, на 19 јули, следуваше меѓувладината конференција, на која Македонија беше скршена, а власта се фалеше, поточно лажеше, дека ги започнала преговорите. Деновиве, во Брисел, место со предлог за одложена примена на уставните промени, што не може да помине, премиерот Мицкоски многу добро објасни дека според договорот за (не)пријателство со Бугарија – немаме обврска за промена на Уставот! По долго време, Македонија аргументирано ги бранеше своите фундаментални интереси, ставајќи јасно на знаење што бара и што очекува. Нормална е реакцијата на Брисел дека – „преземените обврски мора да се спроведат“, ама договорот не беше спомнат, и не е јасно од каде произлегуваат тие обврски! Се најдоа во тесно! Не треба да имаме никакви илузии дека било Брисел, а уште помалку Софија, лесно ќе се откажат од нашите претходни, безумни и самоуништувачки отстапки. Тие ќе инсистираат на нив, а наше е да ги увериме дека тоа што го  прифатила претходната власт е неспроведливо во пракса, неприфатливо за македонската држава и народ, а го руши и угледот на ЕУ бидејќи ги игнорира нивните основни вредности. Сега мора да следува офанзива на широко објаснување на нашите позиции и во Брисел, и во Вашингтон, и кај сите членки на ЕУ. Треба да бараме најширока поддршка, преку сите неспорни факти и аргументи коишто ги имаме. Бидејќи и сето тоа нема да ги промени политиките на Брисел, зошто и тој е под притисок, на крајот, сепак, ќе мора ние да преземеме радикален чекор за да излеземе од ќор-сокакот, во којшто самите се доведовме. Тоа е можно само со откажување на вториот протокол, којшто никој не го спомнува бидејќи е незамисливо преговарачка рамка да се повикува на некаков записник, како во нашиов случај. Без протоколот, во вода ќе паднат и преговарачката рамка, преку која никогаш нема да влеземе во ЕУ, ултиматумот за уставни промени... Само така ќе можеме, на нормален начин, да тргнеме кон ЕУ. По кој знае кој пат, повторни сме ние на потег.

The post Тешки одлуки ни претстојат appeared first on Република.

]]>
Историското значење на Првото заседание на АСНОМ https://republika.mk/kolumni/istoriskoto-znachene-na-prvoto-zasedanie-na-asnom/ Thu, 01 Aug 2024 11:03:52 +0000 https://republika.mk/?p=802279

Проф. д-р Никола Жежов

Секој народ во современата човечка цивилизација ги бара своите корени во историјата. Македонскиот народ несомнено и неспорно има длабоки историски корени и своето постоење во семејството на народите го има оформено врз основа на сплет на општествено- политички процеси назад низ вековите. Децениските борби на македонскиот народ го достигнале својот врв преку втемелувањето на неговата државност на 2 август 1944 година, на Вториот македонски Илинден кој се случил како континуиитет на првата илинденска генерација на борци за слободата на Македонија и идеалите на Илинденското востание во 1903 година. Одржувањето на Првото заседание на Антифашистичкото Собрание на Народното Ослободување на Македонија (АСНОМ) било подготвувано околу една година, уште со формирањето на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ на чело со Методија Андонов- Ченто, тело кое ги извршило сите неопходни организациски работи за чинот на конституирањето на современата македонска држава. АСНОМ својата активност ја засновувал на одлуките на Второто заседание на АВНОЈ од ноември 1943 година каде македонскиот народ бил признаен како посебен народ, а Македонија билаоформена како федеративна единица во рамките на новосоздадената југословенска федерација. Целиот овој историски процес не бил случаен или вештачки наметнат, туку се должел на учеството на македонскиот народ во Народно Ослободителната Војна (НОВ), со свои посебни воени единици, со македонски Главен Штаб кој формално се наоѓал под раководство на Врховниот Штаб на НОВЈ на чело со Јосип Броз Тито. И покрај формалното раководење од страна на НОВ на Југославија, македонското народно ослободително движење, самостојно ги водело борбите за ослободување на делот од Македонија што се конституирал како рамноправна република во рамките на авнојска Југославија. Напоредно со борбата на Македонците во федеративна Југославија, организирана антифашистичка и ослободителна војна воделе и Македонците во Егејскиот и Пиринскиот дел на Македонија со конечна цел за присоединување кон федерална Македонија или создавање на обединета македонска држава во федерација на држави на балканските народи. Идејата за создавање на обединета Македонија во нејзините етнички и географски граници, заради констелацијата на односите помеѓу големите сили по Втората светска војна, не успеала и македонскиот народ своја државност извојувал само како федеративен статус во рамките на Демократска Федерална Југославија и таквиот чин бил остварен согласно одлуките на Првото заседание на АСНОМ.

Првото заседание на АСНОМ започнало и било отворено на 2 август 1944 година во манастирот „Св. Прохор Пчински“ од страна на најстариот делегат Панко Брашнаров со емотивни зборови во кои го поздравувал создавањето на македонската држава, истакнувајќи ги границите на етногеографска Македонија, онака како што ги замислувале и се бореле македонските револуционери од илинденската генерацијаборци во македонското револуционерно движење. На заседанието биле поканети 116 делегати од сите делови на Македонија, а пристигнале и учествувале мнозинство од избраните членови на заседанието со што на настанот му бил даден целосен легитимитет. Одлуките што делегатите на Првото заседание на АСНОМ ги изгласале имале државотворен карактер и Македонија ја дефинирале како рамноправна република во рамките на новата југословенска држава. Македонија ги добила сите елементи на државност што како чин било прифатено со огромен ентузијазам како од делегатите, така и од присутниот насобран народ кој со радост ја поздравувал секоја одлука и решение на заседанието. Неколку донесени решенија, одлуки и документи ги поставиле основите на државноста на Македонија. Решението за прогласување на АСНОМ за врховно, законодавно и извршно телона државната власт во Демократска Федерална Македонија бил еден од најважните асномски документи. Ова решение му префрлило такви ингеренции на АСНОМ кои соодветствувале со надлежности на влада се до датумот на формирањето на првата влада на федерална Македонија во април 1945 година. За потребите на функционирање како влада, решението на АСНОМ дефинирало создавање на Президиум со повеќе поверенства кои функционирале како министерства и ги опфаќале сите сфери на општествено- политичкото живеење во Демократска Федерална Македонија. За претседател на Президиумот на АСНОМ бил избран Методија Андонов- Ченто. Декларацијата за основните права на граѓаните во Македонија била изгласана по примерот на Француската боржуаска револуција од 1789 година и таа ги регулирала слободата на говорот, правото на национална припадност, правото на движење, правото на глас, за прв пати правото на глас на жените, правото на вероисповед и правото на приватна сопственост. Со овој документ, АСНОМ пред македонскиот народ и останатите националности во Македонија ја претставувал новоформираната држава не само како држава со социјалистичко општествено уредување, туку и како држава со примеси на граѓанскополитичко уредување. Големо влијание за ова имал и Владимир Полежиновски, доктор по правни науки со западно образование кој бил еден од авторите на поголемиот дел од документите изгласани и усвоени на заседанието на АСНОМ. Решението за воведување на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава бил документ од историско значење за Македонија и македонскиот народ затоа што за прв пат се признавало постоењето на македонскиот јазик, за чиешто кодифицирање и целосно оформување со сите норми работела и посебна комисија избрана на заседанието. Решението за прогласување на 2 август, Илинден за државен празник на Македонија означувало континуитет на борбата на македонскиот народ за создавање на сопствена национална држава и го поврзувало АСНОМ со идеалите и целите на Илинденското востание од 1903 година, за што впрочем, во списокот на делегати на заседанието биле вклучени и македонски револуционери од предилинденскиот и илинденскиот период. Меѓу најзначајните документи на Првото заседание на АСНОМ бил и Манифестот упатен до сите Македонци, до националностите во Македонија во кој се објаснувале целите на АСНОМ и борбата на НОД и документ со кои се објавувало создавањето на Македонија како дел од преуредената југословенска федерација.

Сите овие изгласани и усвоени решенија и документи на Првото заседание на АСНОМ ги поставиле основите, темелот на новосоздадената македонска држава која во тој момент се определила за заеднички соживот со останатите народи и републики во федерална Југославија. Градењето на Македонија како федеративна република во рамките на Југославија, иако било прифатено со големо воодушевување од Македонците и националностите во Македонија, одело споро, тешко, како што впрочем е секаде во светот кога се создаваат нови држави. Во временскиот период од околу 5 децении кога Македонија била членка на југословенската федерација, неколку главни принципи и начела биле водечки за нејзиниот опстој и за нејзиното целосно подготвување за независност во почетокот на 90тите години на XX век. Прво, тогашната генерација на македонски борци, дејци и револуционери, се издигнала високо над самата себеси и идеалот за создавање на држава со името Македонија го ставила над нејзините идеолошки определби и личните интереси. Тоа се покажало како вистинско решение за создавањето и градењето на Македонија. Иако, пред Првото заседание на АСНОМ комунистите биле водечката политичка сила во борбата на македонскиот народ во текот на Втората светска војна, тоа не им пречело да ги поканат и останатите македонски дејци и револуционери кои не биле комунисти, а со друга политичка идеологија- да се вклучат во АСНОМ и во градењето на темелите на државата. Ако на заседанието на АСНОМ како делегати биле избрани комунисти, членови на Комунистичката партија како: Љупчо Арсов, Лилјана Чаловска, Вера Ацева, Страхил Гигов, Цветко Узуновски, за делегати биле избрани и личности од илинденската генерација на борци како: Панко Брашнаров и Димитар Влахов. За една иста цел, создавање на македонска држава, разговарале и биле делегати на АСНОМ и луѓе од различни професии и со различно образование: делегат бил Владимир Полежиновски, доктор по правни науки, но и Александар Петровски, кројач по професија; делегат на АСНОМ бил Иван Раднански, земјоделец, а член на заседанието бил и Венко Марковски, поет и писател. Меѓу делегатите имало студенти, земјоделци, банкари, адвокати, фабрички работници, професори, но сите нив ги обединувала една заедничка цел: создавање на држава со име Македонија. Решенијата на АСНОМ како делегати ги поддржале и изгласале и припадници на националностите во Македонија: Ќемал Аголи, Камбер Асан, Ќемал Сејфула, Исак Сион. И за нив било идеал создавањето на Македонија, иако тогаш како федеративна република во рамките на Југославија. Во работата на АСНОМ се вклучиле и биле избрани како делегати и Македонци од Егејскиот и Пиринскиот дел на Македонија: Васил Василев, Васил Ивановски, Атанас Великов, Димитри Манџовски, Димитар Влахов. Првото заседание на АСНОМ претставувало едно сеопшто македонско собрание кое во своите редови ги обединувало луѓето за една заедничка цел, без разлика на националноста, верата и професијата.

Втората важна придобивка е што со АСНОМ, македонскиот народ и националностите во Македонија СЕ ИЗБОРИЈА, а не добија, држава со името Македонија, без разлика на различните идеолошки одредници кои стоеја во различни форми пред нејзиното име во текот на 46 годишното постоење на државата во таква форма. Решанијата и документите на АСНОМ го верификувале тоа што било скапо платено, со многу загинати и жртви во текот на Втората светска војна. Никој не и ја подарил слободата и државноста на Македонија во рамките на Југославија, туку тие придобивки биле извојувани со учество во НОВ, а доказ за тоа е фактот што последниот непријателски војник ја напуштил македонската територија со завршните борбени операции кои ги водела македонската војска на чело со нејзиниот воен командант Михајло Апостолски.

Третото важно обележје е антифашистичкиот карактер на борбата на македонскиот народ и националностите кои преку  народно ослободителното движење се бореле како рамноправни членови на Антихитлеровската коалиција предводена од САД, Велика Британија и Советскиот Сојуз, а признание за тоа било учеството на членовите на американската и англиската воена мисија на Првото заседание на АСНОМ со што дефакто и дејуре се извршило меѓународно признавање на Македонија, иако во тоа време федерална единица на Југославија.

Затоа, на Првото заседание на АСНОМ треба да гледаме како на настан кој ја обликуваше денешната современа реалност на Македонија. АСНОМ ја оформил Македонија како држава, со сите нејзини институции од сите сегменти на општествено- политичкиот, економскиот и културниот живот и без разлика на бројните слабости и проблеми што се составен дел на новоформирани држави, ја подготвил и го обезбедил патот кон нејзиното осамостојување во 1991 година. 80 години државност, погледнато наназад и не е така мал период затоа што Македонија помина низ многу премрежија, тешки ситуации, кризи, економски потешкотии, негирања и обиди за нејзино редефинирање. И покрај сѐ, решенијата и одлуките на Првото заседание на АСНОМ, сеуште се темелот и на денешна Република Македонија. Во името на тоа, АСНОМ треба да биде пример за понатамошниот развој на идните македонски генерации. Македонската историја е исполнета со многу настани, трагични датуми, денови на хероизам и на истрајност, но и на мудрост. Првото заседание на АСНОМ е еден од историските примери на семакедонското национално единство и чин на наднационално обединување, заедништво и на Македонците со останатите националности во Македонија: Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци...АСНОМ е успешната македонска приказна која пред 80 години станала реалност затоа што тогашната генерација го почувствувала историскиот момент за тоа и создала македонска држава која денеска е основата за постоењето на Република Македонија. Да им го пренесеме Асномскиот пример на сегашните македонски генерации и да ги научиме како се гради, но и како се чува една држава која сме ја создале со многу жртви и страдања. Нека Илинден и АСНОМ бидат првите историски лекции за македонските ученици, за да тие создадат поуспешна и подобра иднина за Македонија.

 

Честит празник Илинден!

Нека е вечен споменот за двата македонски Илиндена!

Нека е вечна Македонија!

The post Историското значење на Првото заседание на АСНОМ appeared first on Република.

]]>

Проф. д-р Никола Жежов

Секој народ во современата човечка цивилизација ги бара своите корени во историјата. Македонскиот народ несомнено и неспорно има длабоки историски корени и своето постоење во семејството на народите го има оформено врз основа на сплет на општествено- политички процеси назад низ вековите. Децениските борби на македонскиот народ го достигнале својот врв преку втемелувањето на неговата државност на 2 август 1944 година, на Вториот македонски Илинден кој се случил како континуиитет на првата илинденска генерација на борци за слободата на Македонија и идеалите на Илинденското востание во 1903 година. Одржувањето на Првото заседание на Антифашистичкото Собрание на Народното Ослободување на Македонија (АСНОМ) било подготвувано околу една година, уште со формирањето на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ на чело со Методија Андонов- Ченто, тело кое ги извршило сите неопходни организациски работи за чинот на конституирањето на современата македонска држава. АСНОМ својата активност ја засновувал на одлуките на Второто заседание на АВНОЈ од ноември 1943 година каде македонскиот народ бил признаен како посебен народ, а Македонија билаоформена како федеративна единица во рамките на новосоздадената југословенска федерација. Целиот овој историски процес не бил случаен или вештачки наметнат, туку се должел на учеството на македонскиот народ во Народно Ослободителната Војна (НОВ), со свои посебни воени единици, со македонски Главен Штаб кој формално се наоѓал под раководство на Врховниот Штаб на НОВЈ на чело со Јосип Броз Тито. И покрај формалното раководење од страна на НОВ на Југославија, македонското народно ослободително движење, самостојно ги водело борбите за ослободување на делот од Македонија што се конституирал како рамноправна република во рамките на авнојска Југославија. Напоредно со борбата на Македонците во федеративна Југославија, организирана антифашистичка и ослободителна војна воделе и Македонците во Егејскиот и Пиринскиот дел на Македонија со конечна цел за присоединување кон федерална Македонија или создавање на обединета македонска држава во федерација на држави на балканските народи. Идејата за создавање на обединета Македонија во нејзините етнички и географски граници, заради констелацијата на односите помеѓу големите сили по Втората светска војна, не успеала и македонскиот народ своја државност извојувал само како федеративен статус во рамките на Демократска Федерална Југославија и таквиот чин бил остварен согласно одлуките на Првото заседание на АСНОМ. Првото заседание на АСНОМ започнало и било отворено на 2 август 1944 година во манастирот „Св. Прохор Пчински“ од страна на најстариот делегат Панко Брашнаров со емотивни зборови во кои го поздравувал создавањето на македонската држава, истакнувајќи ги границите на етногеографска Македонија, онака како што ги замислувале и се бореле македонските револуционери од илинденската генерацијаборци во македонското револуционерно движење. На заседанието биле поканети 116 делегати од сите делови на Македонија, а пристигнале и учествувале мнозинство од избраните членови на заседанието со што на настанот му бил даден целосен легитимитет. Одлуките што делегатите на Првото заседание на АСНОМ ги изгласале имале државотворен карактер и Македонија ја дефинирале како рамноправна република во рамките на новата југословенска држава. Македонија ги добила сите елементи на државност што како чин било прифатено со огромен ентузијазам како од делегатите, така и од присутниот насобран народ кој со радост ја поздравувал секоја одлука и решение на заседанието. Неколку донесени решенија, одлуки и документи ги поставиле основите на државноста на Македонија. Решението за прогласување на АСНОМ за врховно, законодавно и извршно телона државната власт во Демократска Федерална Македонија бил еден од најважните асномски документи. Ова решение му префрлило такви ингеренции на АСНОМ кои соодветствувале со надлежности на влада се до датумот на формирањето на првата влада на федерална Македонија во април 1945 година. За потребите на функционирање како влада, решението на АСНОМ дефинирало создавање на Президиум со повеќе поверенства кои функционирале како министерства и ги опфаќале сите сфери на општествено- политичкото живеење во Демократска Федерална Македонија. За претседател на Президиумот на АСНОМ бил избран Методија Андонов- Ченто. Декларацијата за основните права на граѓаните во Македонија била изгласана по примерот на Француската боржуаска револуција од 1789 година и таа ги регулирала слободата на говорот, правото на национална припадност, правото на движење, правото на глас, за прв пати правото на глас на жените, правото на вероисповед и правото на приватна сопственост. Со овој документ, АСНОМ пред македонскиот народ и останатите националности во Македонија ја претставувал новоформираната држава не само како држава со социјалистичко општествено уредување, туку и како држава со примеси на граѓанскополитичко уредување. Големо влијание за ова имал и Владимир Полежиновски, доктор по правни науки со западно образование кој бил еден од авторите на поголемиот дел од документите изгласани и усвоени на заседанието на АСНОМ. Решението за воведување на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава бил документ од историско значење за Македонија и македонскиот народ затоа што за прв пат се признавало постоењето на македонскиот јазик, за чиешто кодифицирање и целосно оформување со сите норми работела и посебна комисија избрана на заседанието. Решението за прогласување на 2 август, Илинден за државен празник на Македонија означувало континуитет на борбата на македонскиот народ за создавање на сопствена национална држава и го поврзувало АСНОМ со идеалите и целите на Илинденското востание од 1903 година, за што впрочем, во списокот на делегати на заседанието биле вклучени и македонски револуционери од предилинденскиот и илинденскиот период. Меѓу најзначајните документи на Првото заседание на АСНОМ бил и Манифестот упатен до сите Македонци, до националностите во Македонија во кој се објаснувале целите на АСНОМ и борбата на НОД и документ со кои се објавувало создавањето на Македонија како дел од преуредената југословенска федерација. Сите овие изгласани и усвоени решенија и документи на Првото заседание на АСНОМ ги поставиле основите, темелот на новосоздадената македонска држава која во тој момент се определила за заеднички соживот со останатите народи и републики во федерална Југославија. Градењето на Македонија како федеративна република во рамките на Југославија, иако било прифатено со големо воодушевување од Македонците и националностите во Македонија, одело споро, тешко, како што впрочем е секаде во светот кога се создаваат нови држави. Во временскиот период од околу 5 децении кога Македонија била членка на југословенската федерација, неколку главни принципи и начела биле водечки за нејзиниот опстој и за нејзиното целосно подготвување за независност во почетокот на 90тите години на XX век. Прво, тогашната генерација на македонски борци, дејци и револуционери, се издигнала високо над самата себеси и идеалот за создавање на држава со името Македонија го ставила над нејзините идеолошки определби и личните интереси. Тоа се покажало како вистинско решение за создавањето и градењето на Македонија. Иако, пред Првото заседание на АСНОМ комунистите биле водечката политичка сила во борбата на македонскиот народ во текот на Втората светска војна, тоа не им пречело да ги поканат и останатите македонски дејци и револуционери кои не биле комунисти, а со друга политичка идеологија- да се вклучат во АСНОМ и во градењето на темелите на државата. Ако на заседанието на АСНОМ како делегати биле избрани комунисти, членови на Комунистичката партија како: Љупчо Арсов, Лилјана Чаловска, Вера Ацева, Страхил Гигов, Цветко Узуновски, за делегати биле избрани и личности од илинденската генерација на борци како: Панко Брашнаров и Димитар Влахов. За една иста цел, создавање на македонска држава, разговарале и биле делегати на АСНОМ и луѓе од различни професии и со различно образование: делегат бил Владимир Полежиновски, доктор по правни науки, но и Александар Петровски, кројач по професија; делегат на АСНОМ бил Иван Раднански, земјоделец, а член на заседанието бил и Венко Марковски, поет и писател. Меѓу делегатите имало студенти, земјоделци, банкари, адвокати, фабрички работници, професори, но сите нив ги обединувала една заедничка цел: создавање на држава со име Македонија. Решенијата на АСНОМ како делегати ги поддржале и изгласале и припадници на националностите во Македонија: Ќемал Аголи, Камбер Асан, Ќемал Сејфула, Исак Сион. И за нив било идеал создавањето на Македонија, иако тогаш како федеративна република во рамките на Југославија. Во работата на АСНОМ се вклучиле и биле избрани како делегати и Македонци од Егејскиот и Пиринскиот дел на Македонија: Васил Василев, Васил Ивановски, Атанас Великов, Димитри Манџовски, Димитар Влахов. Првото заседание на АСНОМ претставувало едно сеопшто македонско собрание кое во своите редови ги обединувало луѓето за една заедничка цел, без разлика на националноста, верата и професијата. Втората важна придобивка е што со АСНОМ, македонскиот народ и националностите во Македонија СЕ ИЗБОРИЈА, а не добија, држава со името Македонија, без разлика на различните идеолошки одредници кои стоеја во различни форми пред нејзиното име во текот на 46 годишното постоење на државата во таква форма. Решанијата и документите на АСНОМ го верификувале тоа што било скапо платено, со многу загинати и жртви во текот на Втората светска војна. Никој не и ја подарил слободата и државноста на Македонија во рамките на Југославија, туку тие придобивки биле извојувани со учество во НОВ, а доказ за тоа е фактот што последниот непријателски војник ја напуштил македонската територија со завршните борбени операции кои ги водела македонската војска на чело со нејзиниот воен командант Михајло Апостолски. Третото важно обележје е антифашистичкиот карактер на борбата на македонскиот народ и националностите кои преку  народно ослободителното движење се бореле како рамноправни членови на Антихитлеровската коалиција предводена од САД, Велика Британија и Советскиот Сојуз, а признание за тоа било учеството на членовите на американската и англиската воена мисија на Првото заседание на АСНОМ со што дефакто и дејуре се извршило меѓународно признавање на Македонија, иако во тоа време федерална единица на Југославија. Затоа, на Првото заседание на АСНОМ треба да гледаме како на настан кој ја обликуваше денешната современа реалност на Македонија. АСНОМ ја оформил Македонија како држава, со сите нејзини институции од сите сегменти на општествено- политичкиот, економскиот и културниот живот и без разлика на бројните слабости и проблеми што се составен дел на новоформирани држави, ја подготвил и го обезбедил патот кон нејзиното осамостојување во 1991 година. 80 години државност, погледнато наназад и не е така мал период затоа што Македонија помина низ многу премрежија, тешки ситуации, кризи, економски потешкотии, негирања и обиди за нејзино редефинирање. И покрај сѐ, решенијата и одлуките на Првото заседание на АСНОМ, сеуште се темелот и на денешна Република Македонија. Во името на тоа, АСНОМ треба да биде пример за понатамошниот развој на идните македонски генерации. Македонската историја е исполнета со многу настани, трагични датуми, денови на хероизам и на истрајност, но и на мудрост. Првото заседание на АСНОМ е еден од историските примери на семакедонското национално единство и чин на наднационално обединување, заедништво и на Македонците со останатите националности во Македонија: Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци...АСНОМ е успешната македонска приказна која пред 80 години станала реалност затоа што тогашната генерација го почувствувала историскиот момент за тоа и создала македонска држава која денеска е основата за постоењето на Република Македонија. Да им го пренесеме Асномскиот пример на сегашните македонски генерации и да ги научиме како се гради, но и како се чува една држава која сме ја создале со многу жртви и страдања. Нека Илинден и АСНОМ бидат првите историски лекции за македонските ученици, за да тие создадат поуспешна и подобра иднина за Македонија.   Честит празник Илинден! Нека е вечен споменот за двата македонски Илиндена! Нека е вечна Македонија!

The post Историското значење на Првото заседание на АСНОМ appeared first on Република.

]]>
Воената економија и нејзиниот вентил https://republika.mk/kolumni/voenata-ekonomija-i-nejziniot-ventil/ Wed, 05 Jun 2024 10:37:15 +0000 https://republika.mk/?p=784916

Петар Поп-Арсов

Ние во Македонија сме си преокупирани со нашите секојдневни проблеми и маки. Претежно сме фокусирани на домашната политика, меѓусебните расправии и кавгите со комшиите. Тоа некако највеќе ни лежи како активност. Не дека ние сме виновниците за таквите караници, но факт е дека сме во добра кондиција во овој спорт и немаме проблем да го прифатиме секој предизвик, па дури и најситната провокација.

Што се случува во светот, подалеку од Скопје, Софија, Атина, Тирана или Белград? Тоа некако недоволно го мобилизира и привлекува нашето внимание. Впрочем, тоа јасно се гледа и според понудата на информации и текстови во македонските медиуми. Се разбира, тоа е сосема пазарен пристап. Каква е побарувачката таква е и понудата.

Тема која што треба исклучително многу да нѐ интересира е војната во Украина. Секако дека има група на граѓани кои со внимание ја следат оваа тема, но сето тоа го прават преку алтернативни извори на информирање затоа што македонскиот медиумски простор во овој дел е или сиромашен или недоволно експониран за да го сврти вниманието кон оваа жешка тема.

Темата е исклучително интересна, ако воопшто може да се каже дека разурнувањата и губењето животи треба да се дефинираат како такви. Но, кога зборуваме за интересноста на овој конфликт не мислиме само на воениот аспект, туку и на развојот на политичките и економските случувања кои го инволвираат буквално целиот свет во овој конфликт. Независно од тоа што воените дејствија се дефинирано и ограничени на територијата на Украина, учесниците во судирот се далеку повеќе и далеку ги надминуваат границите на бојното поле.

Има многу интересни случувања и ставови презентирани во последно време, особено на политички план кои што го прават видлив новиот правец на движењето на настаните.

Особено интересни се ставовите на францускиот претседател Макрон. За потсетување, тој најпрвин ја имаше средба со Путин, некаде на почетокот на февруари 2022 година во Москва, непосредно пред руската инвазија на Украина. Уште се сеќаваме на онаа слика на двајцата претседатели седнати спротивните краеви на онаа долга маса во Кремљ. Вистинската цел и мотивите за тогашната посета на Макрон останаа нејасни, барем нејасни за оној видливиот дел на политичкиот спектар. Неговата посета беше бесполезна ако за цел имаше да го разубеди Путин од агресијата кон Украина.

Во меѓувреме Франција како значаен член на НАТО имаше забележителна улога во политичката, економската и воената поддршка на Украина. На почетокот на годинава, Макрон излезе со предлог да настапи прекин на огнот во Украина за време на оддржувањето на Олимписките игри кои ќе се оддржат ова лето во Париз. Овој предлог наиде на целосно игнорирање речиси од сите страни. Набргу потоа, Макрон имаше радикална промена во ставот и се заложи за испраќање на француски војници на територијата на Украина. Деновиве неговите заложби одат во правец да ѝ се дозволи на Украина да го користи оружјето и системите донирани од Франција за да гаѓа цели на територијата на Русија. Ваквото оружје би се користело за неутрализирање исклучиво на воени цели од кои е се напаѓа Украина, а во никој случај за таргетирање на други воени или цивилни цели.

Независно од последнава ограда во однос на цивилните цели, која што самиот Макрон ја постави, дозволата за користење на француското оружје да се користи за уништување на цели на територијата на Русија е нов и повисок степен на војната во Украина кој секако дека ќе предизвика негова зголемена, а можеби и проширена ескалација.

За разлика од експлицитноста на Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц во јавноста презентираше сличен став, но во повоздржана форма. Имено, тој не даде директа дозвола за користење на германското оружје за гаѓање на цели на територијата на Русија, но сепак, ставот презентиран од страна на Макрон го завитка во дипломатски целофан и потенцираше дека Украина треба да се брани се додека го почитува меѓународното право и условите дадени од земјите кои што ја снабдуваат со оружје. Во превод кажано, во моментов Германија не дава експлицитна дозвола за користење на германското оружје против цели на територијата на Русија, но нема ништо против тоа што Франција ќе дозволи таква употреба.

Ако го земеме во предвид и моментот дека Германија повеќе делува отколку што зборува, сосема е јасно кои би биле следните чекори на оваа земја и сосема е јасно дека овие чекори ќе водат во дополнителна ескалација на војната.

Британија во моментов стои некако во позадина. Таков е впечатокот гледано од аспект на политичката активност која што е видлива за јавноста, иако знаеме дека Британија имаше клучна улога во најкритичните моменти на овој судир. Постои мислење, впечаток, новински написи, па дури излегуваат и научни трудови дека поранешниот британски премиер, Борис Џонсон, ги минирал можностите за мировни преговори и мирно решавање на овој конфликт уште на самиот негов почеток. Ова не е мислење или став кој што доаѓа од Москва, туку нешто кое што е присутно во јавноста во самата Британија. Дали тоа е така или не, ќе покаже историјата, која што секако ќе ја пишуваат победниците.

Независно од моменталната активност на нејзините политички челници, официјалната политика на Обединетото Кралство во однос на војната во Украина останува на позициите дека владата обезбедува економска, хуманитарна и одбранбена воена помош за Украина и воведува дополнителни санкции за Русија. Секако дека британското стоење во позадина, германската „воздржаност“ и француската иницијативност се дел од еден заеднички систем кој функционира и се покажа како единствен и обединет во однос на војната во Украина. Улогите можат да се сменат, но, во моментов целта останува иста.

САД, иако претставуваат најголема политичка, економска и воена поддршка за Украина, во моментов нивниот фокус е поделен на повеќе исклучително важни страни.

Претседателските избори и домашните политички превирања се едната тема. Поранешниот претседател, Трамп, веќе е прогласен за виновен во спорот кој што се води против него, но тоа нема да го спречи да ја заврши трката за американски претседател, која според сите анкети има големи шанси и да ја добие.  Војната на Блискиот исток е исто така тема која сериозно го преокупира американското внимание. За Кина и ривалството што овие две земји меѓусебе го создадоа воопшто и не треба ниту да се коментира. Поголема е веројатноста да завршат сите воени судири и конфликти отколку што ќе му биде ставен крај на американско-кинеското ривалство на сите полиња.

Сите овие аспекти некако ја ставаат САД во втор план во однос на војната во Украина иако тоа секако дека не е случај. Ние само ја гледаме видливата компонента на војната во Украина и сликата која што можеме да ја составиме врз основа на информациите кои што доаќаат до нас. Но, секако дека САД имаат свои сојузници и „подизведувачи“ кои се подготвени да се активираат во вакви моменти како што тоа е случајот со Данска и Холандија кои изразија подготвеност да ѝ испорачаат на Украина борбени авиони Ф-16.

Интересен е моментот што овие авиони се способни да носат нуклеарно оружје, кој што факт дополнет со дозволата на Франција и уште неколку земји да дозволат да се гаѓаат цели на територијата на Русија, го вклучија алармот во Москва. Алармот е вклучен до тој степен што веќе почнаа заканите со нуклеарниот арсенал на Русија. Во исто време, успешните украински акции со беспилотни летала длабоко на територијата на Русија за онеспособување на радарските системи наменети за рана детекција на нуклеарни удари, извршија дополнителна мобилизација на овој план и говорат за тоа дека клучните нуклеарни сили во светот сериозно работат на ова прашање, многу повеќе отколку тоа што се споделува со јавноста.

Географската положба на овие радарски системи е таква да нивното онеспособување ја прави Русија слепа кон Персискиот залив при што југот на русија и буквално целата територија на Иран остануваат непокриени.  На овој начин доаѓаме до точка на контакт меќу двата постоечки судири во светот. Војната во Израел и Газа и војната во Украина. Оваа точка на спојување не води кон заклучок дека не постои изолираност меѓу овие два конфликта ниту пак постои изолираност меѓу било кој конфликт на оваа планета.

Путин веќе нареди да се спроведат воени вежби за користење на тактичко нуклеарно оружје на бојното поле која што наредба беше правдана како одговор на провокациите кои што најмногу доаѓаат од Париз и заканите за испраќање на воени трупи во Украина. Политичката моќ на Путин сега е уште поголема со почетокот на неговиот нов претседателски мандат.

Ако внимателно ги земеме во предвид сите информации кои што постепено ѝ се сервираат на јавноста и ако ги вкрстиме со случувањата на теренот, јасно може да заклучиме дека Европа и светот се далеку од посакуваниот мир. Напротив, мирот не само што е далеку туку војната е се поблиску. Развојот на настаните и постепените чекори кои што ги вршат двете страни, по правило секогаш во правец на зголемување на ескалацијата на судирот, укажуваат на тоа дека војната ќе потрае, ќе се зголеми, а можеби и прошири. Влогот станува се поголем и веќе светот оди кон точката од која враќањето назад ќе биде исклучително тешко.

Нашата преокупација со домашните теми нѐ држи по малку настрана од овој страшен судир, но тоа не значи дека земјата веќе не е инволвирана на ваков или онаков начин во истиот. Најзагрижувачки од сѐ е тоа што никој во светот не говори за прекин на огнот или за некакви мировни преговори. Загрижувачки е тоа што сѐ повеќе и повеќе европската економија оди во правец на воена економија кое што како процес на крајот од денот мора да има свој вентил за испуштање. Вентилот за испуштање на воената економија знаеме како изгледа. Сме учеле од историјата!

The post Воената економија и нејзиниот вентил appeared first on Република.

]]>

Петар Поп-Арсов

Ние во Македонија сме си преокупирани со нашите секојдневни проблеми и маки. Претежно сме фокусирани на домашната политика, меѓусебните расправии и кавгите со комшиите. Тоа некако највеќе ни лежи како активност. Не дека ние сме виновниците за таквите караници, но факт е дека сме во добра кондиција во овој спорт и немаме проблем да го прифатиме секој предизвик, па дури и најситната провокација. Што се случува во светот, подалеку од Скопје, Софија, Атина, Тирана или Белград? Тоа некако недоволно го мобилизира и привлекува нашето внимание. Впрочем, тоа јасно се гледа и според понудата на информации и текстови во македонските медиуми. Се разбира, тоа е сосема пазарен пристап. Каква е побарувачката таква е и понудата. Тема која што треба исклучително многу да нѐ интересира е војната во Украина. Секако дека има група на граѓани кои со внимание ја следат оваа тема, но сето тоа го прават преку алтернативни извори на информирање затоа што македонскиот медиумски простор во овој дел е или сиромашен или недоволно експониран за да го сврти вниманието кон оваа жешка тема. Темата е исклучително интересна, ако воопшто може да се каже дека разурнувањата и губењето животи треба да се дефинираат како такви. Но, кога зборуваме за интересноста на овој конфликт не мислиме само на воениот аспект, туку и на развојот на политичките и економските случувања кои го инволвираат буквално целиот свет во овој конфликт. Независно од тоа што воените дејствија се дефинирано и ограничени на територијата на Украина, учесниците во судирот се далеку повеќе и далеку ги надминуваат границите на бојното поле. Има многу интересни случувања и ставови презентирани во последно време, особено на политички план кои што го прават видлив новиот правец на движењето на настаните. Особено интересни се ставовите на францускиот претседател Макрон. За потсетување, тој најпрвин ја имаше средба со Путин, некаде на почетокот на февруари 2022 година во Москва, непосредно пред руската инвазија на Украина. Уште се сеќаваме на онаа слика на двајцата претседатели седнати спротивните краеви на онаа долга маса во Кремљ. Вистинската цел и мотивите за тогашната посета на Макрон останаа нејасни, барем нејасни за оној видливиот дел на политичкиот спектар. Неговата посета беше бесполезна ако за цел имаше да го разубеди Путин од агресијата кон Украина. Во меѓувреме Франција како значаен член на НАТО имаше забележителна улога во политичката, економската и воената поддршка на Украина. На почетокот на годинава, Макрон излезе со предлог да настапи прекин на огнот во Украина за време на оддржувањето на Олимписките игри кои ќе се оддржат ова лето во Париз. Овој предлог наиде на целосно игнорирање речиси од сите страни. Набргу потоа, Макрон имаше радикална промена во ставот и се заложи за испраќање на француски војници на територијата на Украина. Деновиве неговите заложби одат во правец да ѝ се дозволи на Украина да го користи оружјето и системите донирани од Франција за да гаѓа цели на територијата на Русија. Ваквото оружје би се користело за неутрализирање исклучиво на воени цели од кои е се напаѓа Украина, а во никој случај за таргетирање на други воени или цивилни цели. Независно од последнава ограда во однос на цивилните цели, која што самиот Макрон ја постави, дозволата за користење на француското оружје да се користи за уништување на цели на територијата на Русија е нов и повисок степен на војната во Украина кој секако дека ќе предизвика негова зголемена, а можеби и проширена ескалација. За разлика од експлицитноста на Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц во јавноста презентираше сличен став, но во повоздржана форма. Имено, тој не даде директа дозвола за користење на германското оружје за гаѓање на цели на територијата на Русија, но сепак, ставот презентиран од страна на Макрон го завитка во дипломатски целофан и потенцираше дека Украина треба да се брани се додека го почитува меѓународното право и условите дадени од земјите кои што ја снабдуваат со оружје. Во превод кажано, во моментов Германија не дава експлицитна дозвола за користење на германското оружје против цели на територијата на Русија, но нема ништо против тоа што Франција ќе дозволи таква употреба. Ако го земеме во предвид и моментот дека Германија повеќе делува отколку што зборува, сосема е јасно кои би биле следните чекори на оваа земја и сосема е јасно дека овие чекори ќе водат во дополнителна ескалација на војната. Британија во моментов стои некако во позадина. Таков е впечатокот гледано од аспект на политичката активност која што е видлива за јавноста, иако знаеме дека Британија имаше клучна улога во најкритичните моменти на овој судир. Постои мислење, впечаток, новински написи, па дури излегуваат и научни трудови дека поранешниот британски премиер, Борис Џонсон, ги минирал можностите за мировни преговори и мирно решавање на овој конфликт уште на самиот негов почеток. Ова не е мислење или став кој што доаѓа од Москва, туку нешто кое што е присутно во јавноста во самата Британија. Дали тоа е така или не, ќе покаже историјата, која што секако ќе ја пишуваат победниците. Независно од моменталната активност на нејзините политички челници, официјалната политика на Обединетото Кралство во однос на војната во Украина останува на позициите дека владата обезбедува економска, хуманитарна и одбранбена воена помош за Украина и воведува дополнителни санкции за Русија. Секако дека британското стоење во позадина, германската „воздржаност“ и француската иницијативност се дел од еден заеднички систем кој функционира и се покажа како единствен и обединет во однос на војната во Украина. Улогите можат да се сменат, но, во моментов целта останува иста. САД, иако претставуваат најголема политичка, економска и воена поддршка за Украина, во моментов нивниот фокус е поделен на повеќе исклучително важни страни. Претседателските избори и домашните политички превирања се едната тема. Поранешниот претседател, Трамп, веќе е прогласен за виновен во спорот кој што се води против него, но тоа нема да го спречи да ја заврши трката за американски претседател, која според сите анкети има големи шанси и да ја добие.  Војната на Блискиот исток е исто така тема која сериозно го преокупира американското внимание. За Кина и ривалството што овие две земји меѓусебе го создадоа воопшто и не треба ниту да се коментира. Поголема е веројатноста да завршат сите воени судири и конфликти отколку што ќе му биде ставен крај на американско-кинеското ривалство на сите полиња. Сите овие аспекти некако ја ставаат САД во втор план во однос на војната во Украина иако тоа секако дека не е случај. Ние само ја гледаме видливата компонента на војната во Украина и сликата која што можеме да ја составиме врз основа на информациите кои што доаќаат до нас. Но, секако дека САД имаат свои сојузници и „подизведувачи“ кои се подготвени да се активираат во вакви моменти како што тоа е случајот со Данска и Холандија кои изразија подготвеност да ѝ испорачаат на Украина борбени авиони Ф-16. Интересен е моментот што овие авиони се способни да носат нуклеарно оружје, кој што факт дополнет со дозволата на Франција и уште неколку земји да дозволат да се гаѓаат цели на територијата на Русија, го вклучија алармот во Москва. Алармот е вклучен до тој степен што веќе почнаа заканите со нуклеарниот арсенал на Русија. Во исто време, успешните украински акции со беспилотни летала длабоко на територијата на Русија за онеспособување на радарските системи наменети за рана детекција на нуклеарни удари, извршија дополнителна мобилизација на овој план и говорат за тоа дека клучните нуклеарни сили во светот сериозно работат на ова прашање, многу повеќе отколку тоа што се споделува со јавноста. Географската положба на овие радарски системи е таква да нивното онеспособување ја прави Русија слепа кон Персискиот залив при што југот на русија и буквално целата територија на Иран остануваат непокриени.  На овој начин доаѓаме до точка на контакт меќу двата постоечки судири во светот. Војната во Израел и Газа и војната во Украина. Оваа точка на спојување не води кон заклучок дека не постои изолираност меѓу овие два конфликта ниту пак постои изолираност меѓу било кој конфликт на оваа планета. Путин веќе нареди да се спроведат воени вежби за користење на тактичко нуклеарно оружје на бојното поле која што наредба беше правдана како одговор на провокациите кои што најмногу доаѓаат од Париз и заканите за испраќање на воени трупи во Украина. Политичката моќ на Путин сега е уште поголема со почетокот на неговиот нов претседателски мандат. Ако внимателно ги земеме во предвид сите информации кои што постепено ѝ се сервираат на јавноста и ако ги вкрстиме со случувањата на теренот, јасно може да заклучиме дека Европа и светот се далеку од посакуваниот мир. Напротив, мирот не само што е далеку туку војната е се поблиску. Развојот на настаните и постепените чекори кои што ги вршат двете страни, по правило секогаш во правец на зголемување на ескалацијата на судирот, укажуваат на тоа дека војната ќе потрае, ќе се зголеми, а можеби и прошири. Влогот станува се поголем и веќе светот оди кон точката од која враќањето назад ќе биде исклучително тешко. Нашата преокупација со домашните теми нѐ држи по малку настрана од овој страшен судир, но тоа не значи дека земјата веќе не е инволвирана на ваков или онаков начин во истиот. Најзагрижувачки од сѐ е тоа што никој во светот не говори за прекин на огнот или за некакви мировни преговори. Загрижувачки е тоа што сѐ повеќе и повеќе европската економија оди во правец на воена економија кое што како процес на крајот од денот мора да има свој вентил за испуштање. Вентилот за испуштање на воената економија знаеме како изгледа. Сме учеле од историјата!

The post Воената економија и нејзиниот вентил appeared first on Република.

]]>
Yaa-seen-it-all генерации и хербариум институции https://republika.mk/kolumni/yaa-seen-it-all-generatsii-i-herbarium-institutsii/ Thu, 30 May 2024 13:18:19 +0000 https://republika.mk/?p=783240

Васко Шутаров

Хербариумите од нашето детство

Чичко ми беше наставник по биологија во едно мало гратче на југот на Македонија и при крајот на школската година, кога е сè раззеленето и процветано, ги водеше учениците на настава во природа. Јас уште премал за на школо, а пресреќен дека ќе се дружам со поголеми ученици, се радував баш како што мало дете се радува на откривањето на природата. Многу години подоцна, разбравме дека сме биле вистински благословени деца, затоа што најубавите детски години сме ги поминале во игра и во освојување на природата! Ништо толку моќно не обединува и спојува, колку заедничкото откривање на природата!

Учениците на тие часови во природа собираа цвеќиња и билки и имаа задача од нив, до крајот на школската година да направат хербариуми, а чичко ми натоварен со еден куп папки, сите педантно врзани со врвки, ќе ги донесеше дома за да ги прегледа и оцени! Хербариумот, тој пресуван спој од бои, мириси и сончевина (нели секој цвет во својот корен чува светлина!), просто маѓепсуваше! Секој лист хартија, сам за себе беше и приказна и уметност и маѓија! А уште и наука- бидејќи сите тие собрани билки, внимателно пресувани, сушени и залепени на бел лист хартија, се класифицираа според видови, семејства и родови, со латинското име на билката, местото на собирање и името на ученикот-колекцонер.

Во сè што е природно (и кога е така откраднато од неа, исушено и изложено!) има нешто волшебно, вистинито и поучно, а цело наше детство беше токму такво!

Фрагментите од природата заробени во школските хербариуми се само делче од сеќавањата за природата и зеленилото од нашето детство! На прсти се броеја часовите одвоени за детска програма на единствениот телевизиски канал или програмите за деца на радиото, возрасните во семејствата беа постојано зафатени со работа, па не бевме прекорувани ако исчезневме и цело претпладне во природа, на некое од блиските ритчиња.

Оставени сами на себе со природата, учевме, според звуците и крајоликот низ кој движиме, во кое зеленило може да налетаме на гуштер или каде може да налетаме на некоја змија изложена на припек, распознававме спокоен пој, но и преплашен крик на птица, впивавме опој од расцветано полско цвеќе и ловевме „царски пеперутки“ со големи шарени крилја, за да ги донесеме дома и пуштиме повторно на слобода во нашите дворови. Слободата и безбедноста, тоа се првите денешни сеќавања за едно детство, поминато во склад со природата (или на денешниов модерен јазик кажано, аналогно со природата!)

Сите цветови и зеленила на една младост

Во социјализмот „со човечки лик“ ни помина и најголем дел од нашата младост, а природата никогаш не престана да биде наше прибежиште, кога требаше да се освојуваат, веќе други слободи од животот. И немаше потреба никој да нè подучува за разноразни „зелени агенди“, па секогаш сами си ги собиравме остатоците од нашиот, најчесто таен и ноќен престој меѓу борчињата на Вардарски Рид или меѓу врбите по крајбрежјето на Вардар!

Во младоста, за првпат се соочивме и со институциите и со бирократијата која одлучуваше за нашите слободи и за нашите животни судбини. Учевме трпеливо да чекаме, пред сите наши тогашни и подоцнежни, важни шалтери во животот.

И наместо природата, социјалистичката (и брутална!) архитектура од тогашните институции, стануваше наш втор дом! Имавме право и да критикуваме кога системот беше нефункционален и неправичен, но и тогаш, како и денес, ќе се изначекавме пред шалтери дури завршиме некоја работа! И денови, недели и месеци од нашите животи, поминаа чекајќи пред некакви неизбежни шалтери, за важни работи од нашите животи...

И тогаш, како и денес, така чекајќи, ќе се изнагледа(в)ме на саксиско цвеќе кое беше задолжителен декор во сите поважни институции од нашата младост - дали во пошта, на факултет, во библиотека или во читалница, во болница или во банка, на автобуска или во железничка станица, каде фокусна точка бил некој фикус во аголот. Социјализмот со човечки лик од нашата младост, така умешно знаеше да балансира помеѓу суровоста и стерилноста на бирократските амбиенти, облагородувајќи ги со зеленило, со нешто што навестува или потсетува на топлина и сплотеност со природата - и со нормалноста!

Се чини дека постоеше и сè уште постои тој премолчен договор според кој во болниците, училиштата, поштите, банките, комуналните претпријатија, всушност во сите шалтер-сали и јавни простори – саксиските зеленила, исто така јавни, да заземаат така важни места! Не е можно да се навлезе во историјата на овој феномен, бидејќи не е лесно да се најде конкретната врска со општествениот или културниот простор во кој се појавуваат толку силно овие социјалистички пејзажи, овие простори преполни со луѓе во работно време, да се претворат во топли ентериери - со цел да се прикрие нивната стерилна функционалност! Тој ненаметлив зелен дефокус, балансер помеѓу функционалното природно и помалку функционално општествено го преживеа и социјализмот и долгиот постсоцијалистички транзициски период и денес тврдокорно и жилаво вирее и кога институциите и установите тивко пропаѓаат - и однатре и однадвор!

И ден денешен, во многу установи и институции, кои никако не стасаа на ред да бидат модернизирани, како за инает на сите, сè уште опстојуваат социјалистичките саксии со украсни растенија и билки.

Фикуси, филадендрони, дифенбахии, бршлени, дрва на животот, шефлери, сансеверии (свекрвини јазици) или кактуси (карактеристични за транзицискиот период) пркосат на времето и жилаво опстојуваат и во услови на хибернација. Впрочем, како и мноштво установи и институции, и од државната управа и локалните самоуправи, кои вегетираат во вистинска хибернација, налик на зеленилото наследено од социјализмот! Таквите установи и институции некој од милост и со полно право ги нарекол, хербариум - институции!

.......................................................................................

Мала дигресија од зеленилата од нашата младост

Деновиве на социјалните мрежи се споделува еден текст, кој прилагоден на нашиве прилики би бил соодветен и за нашите хербариум-генерации: „родени сме во 40-50-60-тите години...и пораснавме во 50-60-70-тите години...студиравме во 60-70-80-тите години...се забавувавме во 70-80-90-тите години...се заветувавме на вечност, па го преоткривавме светот во 70-80-90-тите години...се стабилизиравме во 2000-тите...во 2010-тите станавме помудри...и еве веќе одлучно се движиме кон 2030 година... излегува дека сме живееле во осум различни децении.. во ДВЕ држави, во ДВА различни века и во ДВА различни милениуми...и поминавме од статични телефони-двојници, до видеоповици насекаде во светот....од кина и видеокасети преминавме на YouTube и Netflix, ..од винилни плочи до онлајн музика,.. од рачно напишани писма и машини за пишуваење, до е-пошта и WhatsApp. ...од фудбалски радиопреноси во живо, до црно-бела телевизија, па до HD TV…ги разработивме  првите компјутери, графички картички, флопи и дискови и сега имаме гигабајти и мегабајти во рака на нашите мобилни телефони и iPads...се вакциниравме редовно, често и во ист ден....и избегнавме полио, менингитис, грип H1N1 и  последно, ковид-19..... возевме ролшуи, трицикли, велосипеди, мопеди, бензински или дизел автомобили, а сега возиме хибридни или 100% електрични!“.

„Помладиве би можеле да нè класифицираат како „суштински“луѓе родени во тој свет во 1950-60-70-80-тите, кои имале аналогно детство и дигитална зрелост,  своевидна „Yaa-seen-all-in“-генерација која буквално живееше и виде сè, постојано прилагодувајќи се на сите можни „ПРОМЕНИ“!

Освен едни значајни промени кои никогаш не ги доживеавме, а кои требаше суштински да го променат на подобро квалитетот на нашите животи на -промените во хербариум-институциите со хибернирано социјалистичко зеленило, по аглите и скалите!

И еве нè повторно пред предизвикот наречен промени!

Ќе доживеат ли конечно и мојата и нашите „Yaa-seen-it-all“ генерации, (денес веќе сениори и во дигиталнава ера), а посебно денешниве млади родени со дигиталните уреди во раце (кои за хербариуми само од нас можат да чујат!), вистински квалитетни промени во животот, поврзани со системска и суштинска реформа, како и трансформација на институциите во модерни, дигитализирани и потполно функционални сервиси за граѓаните, кои ќе одговараат на предизвиците на времето во кое живееме?!

Оние кои подобро ги познаваат актуелните состојби во институциите, велат, дека новата власт која најави суштински реформи и јавна и транспарентна отчетност на јавната и државната администрација, ќе наиде на руини и дека ќе мора планини да поместува, за да се пресоздаде еден  институционален амбиент со здрави, нормални и модерни правила на игра, функционален и обединувачки систем од институции кој ќе ги почитува и практикува компетитивноста, меритократијата, нултата толеранција за корупција и постојаното унапредување на заштитата на интересите и достоинството на граѓаните и државата!

(Дали ќе се создаде потребното двотретинско парламентарно мнозинство кое би ја одразило и мнозинската волја на граѓаните за системски промени во органите на државната управа, ќе знаеме набргу, веќе за некој ден! И тоа ќе биде првиот, но не и еднократен реформски чин!)

Добро е да се редефинираат, рекомпонираат и да се создадат нови ресори, да се укинат позициите заменици-директори, со што во најмала рака ќе се намалат непродуктивните трошоци во работењето, добро е да се применат најдобрите европски практики и да се скратат најмалку 10 % од вкупниот број органи на државната управа, институции и јавни претпријатија (верувале или не, ги има 1.371 на број!) да се редуцираат на минимум гломазните управни и надзорни одбори и на установи и институции, со два-тројца вработени, да се воведе централизиран систем за заеднички административни, сметководствени и логистички работи, за институциите со слични или сродни надлежности-и да почне да се намалува армијата од директори и функционери кои со години непотребно (а веројатно и немилосрдно!), го оптоваруваа буџетот на држaвата.

Колку потполно атрофирани установи и институции (како хибернираното социјалистичко цвеќе во саксии!) ќе излезат на виделина, колку атрофирани „клати врата-земај плата“ вработени ќе бидат евидентирани, или колкав ќе биде бројот на регистрирани вработени кои само фигурираат, а воопшто не се појавуваат на работа (од балансерски или други „зелени причини“, на една партија која еднаш и еднократно се самопрогласи за „зелена“).

Ќе доживееме ли конечно и ние, кои ги поминавме и преживеавме сите промени, од аналогното детство и младост, до дигиталново зрело дома, а посебно младите генерации родени во дигиталново доба, со само неколку клика да си ги завршуваме обврските или со исто толку клика, да си ги завршуваме работите кои лесно, без дополнителни бирократски процедури и без долго фокусирање по фикусите во институциите се завршуваат-како во цел нормален и модерен свет?!

The post Yaa-seen-it-all генерации и хербариум институции appeared first on Република.

]]>

Васко Шутаров

Хербариумите од нашето детство Чичко ми беше наставник по биологија во едно мало гратче на југот на Македонија и при крајот на школската година, кога е сè раззеленето и процветано, ги водеше учениците на настава во природа. Јас уште премал за на школо, а пресреќен дека ќе се дружам со поголеми ученици, се радував баш како што мало дете се радува на откривањето на природата. Многу години подоцна, разбравме дека сме биле вистински благословени деца, затоа што најубавите детски години сме ги поминале во игра и во освојување на природата! Ништо толку моќно не обединува и спојува, колку заедничкото откривање на природата! Учениците на тие часови во природа собираа цвеќиња и билки и имаа задача од нив, до крајот на школската година да направат хербариуми, а чичко ми натоварен со еден куп папки, сите педантно врзани со врвки, ќе ги донесеше дома за да ги прегледа и оцени! Хербариумот, тој пресуван спој од бои, мириси и сончевина (нели секој цвет во својот корен чува светлина!), просто маѓепсуваше! Секој лист хартија, сам за себе беше и приказна и уметност и маѓија! А уште и наука- бидејќи сите тие собрани билки, внимателно пресувани, сушени и залепени на бел лист хартија, се класифицираа според видови, семејства и родови, со латинското име на билката, местото на собирање и името на ученикот-колекцонер. Во сè што е природно (и кога е така откраднато од неа, исушено и изложено!) има нешто волшебно, вистинито и поучно, а цело наше детство беше токму такво! Фрагментите од природата заробени во школските хербариуми се само делче од сеќавањата за природата и зеленилото од нашето детство! На прсти се броеја часовите одвоени за детска програма на единствениот телевизиски канал или програмите за деца на радиото, возрасните во семејствата беа постојано зафатени со работа, па не бевме прекорувани ако исчезневме и цело претпладне во природа, на некое од блиските ритчиња. Оставени сами на себе со природата, учевме, според звуците и крајоликот низ кој движиме, во кое зеленило може да налетаме на гуштер или каде може да налетаме на некоја змија изложена на припек, распознававме спокоен пој, но и преплашен крик на птица, впивавме опој од расцветано полско цвеќе и ловевме „царски пеперутки“ со големи шарени крилја, за да ги донесеме дома и пуштиме повторно на слобода во нашите дворови. Слободата и безбедноста, тоа се првите денешни сеќавања за едно детство, поминато во склад со природата (или на денешниов модерен јазик кажано, аналогно со природата!) Сите цветови и зеленила на една младост Во социјализмот „со човечки лик“ ни помина и најголем дел од нашата младост, а природата никогаш не престана да биде наше прибежиште, кога требаше да се освојуваат, веќе други слободи од животот. И немаше потреба никој да нè подучува за разноразни „зелени агенди“, па секогаш сами си ги собиравме остатоците од нашиот, најчесто таен и ноќен престој меѓу борчињата на Вардарски Рид или меѓу врбите по крајбрежјето на Вардар! Во младоста, за првпат се соочивме и со институциите и со бирократијата која одлучуваше за нашите слободи и за нашите животни судбини. Учевме трпеливо да чекаме, пред сите наши тогашни и подоцнежни, важни шалтери во животот. И наместо природата, социјалистичката (и брутална!) архитектура од тогашните институции, стануваше наш втор дом! Имавме право и да критикуваме кога системот беше нефункционален и неправичен, но и тогаш, како и денес, ќе се изначекавме пред шалтери дури завршиме некоја работа! И денови, недели и месеци од нашите животи, поминаа чекајќи пред некакви неизбежни шалтери, за важни работи од нашите животи... И тогаш, како и денес, така чекајќи, ќе се изнагледа(в)ме на саксиско цвеќе кое беше задолжителен декор во сите поважни институции од нашата младост - дали во пошта, на факултет, во библиотека или во читалница, во болница или во банка, на автобуска или во железничка станица, каде фокусна точка бил некој фикус во аголот. Социјализмот со човечки лик од нашата младост, така умешно знаеше да балансира помеѓу суровоста и стерилноста на бирократските амбиенти, облагородувајќи ги со зеленило, со нешто што навестува или потсетува на топлина и сплотеност со природата - и со нормалноста! Се чини дека постоеше и сè уште постои тој премолчен договор според кој во болниците, училиштата, поштите, банките, комуналните претпријатија, всушност во сите шалтер-сали и јавни простори – саксиските зеленила, исто така јавни, да заземаат така важни места! Не е можно да се навлезе во историјата на овој феномен, бидејќи не е лесно да се најде конкретната врска со општествениот или културниот простор во кој се појавуваат толку силно овие социјалистички пејзажи, овие простори преполни со луѓе во работно време, да се претворат во топли ентериери - со цел да се прикрие нивната стерилна функционалност! Тој ненаметлив зелен дефокус, балансер помеѓу функционалното природно и помалку функционално општествено го преживеа и социјализмот и долгиот постсоцијалистички транзициски период и денес тврдокорно и жилаво вирее и кога институциите и установите тивко пропаѓаат - и однатре и однадвор! И ден денешен, во многу установи и институции, кои никако не стасаа на ред да бидат модернизирани, како за инает на сите, сè уште опстојуваат социјалистичките саксии со украсни растенија и билки. Фикуси, филадендрони, дифенбахии, бршлени, дрва на животот, шефлери, сансеверии (свекрвини јазици) или кактуси (карактеристични за транзицискиот период) пркосат на времето и жилаво опстојуваат и во услови на хибернација. Впрочем, како и мноштво установи и институции, и од државната управа и локалните самоуправи, кои вегетираат во вистинска хибернација, налик на зеленилото наследено од социјализмот! Таквите установи и институции некој од милост и со полно право ги нарекол, хербариум - институции! ....................................................................................... Мала дигресија од зеленилата од нашата младост Деновиве на социјалните мрежи се споделува еден текст, кој прилагоден на нашиве прилики би бил соодветен и за нашите хербариум-генерации: „родени сме во 40-50-60-тите години...и пораснавме во 50-60-70-тите години...студиравме во 60-70-80-тите години...се забавувавме во 70-80-90-тите години...се заветувавме на вечност, па го преоткривавме светот во 70-80-90-тите години...се стабилизиравме во 2000-тите...во 2010-тите станавме помудри...и еве веќе одлучно се движиме кон 2030 година... излегува дека сме живееле во осум различни децении.. во ДВЕ држави, во ДВА различни века и во ДВА различни милениуми...и поминавме од статични телефони-двојници, до видеоповици насекаде во светот....од кина и видеокасети преминавме на YouTube и Netflix, ..од винилни плочи до онлајн музика,.. од рачно напишани писма и машини за пишуваење, до е-пошта и WhatsApp. ...од фудбалски радиопреноси во живо, до црно-бела телевизија, па до HD TV…ги разработивме  првите компјутери, графички картички, флопи и дискови и сега имаме гигабајти и мегабајти во рака на нашите мобилни телефони и iPads...се вакциниравме редовно, често и во ист ден....и избегнавме полио, менингитис, грип H1N1 и  последно, ковид-19..... возевме ролшуи, трицикли, велосипеди, мопеди, бензински или дизел автомобили, а сега возиме хибридни или 100% електрични!“. „Помладиве би можеле да нè класифицираат како „суштински“луѓе родени во тој свет во 1950-60-70-80-тите, кои имале аналогно детство и дигитална зрелост,  своевидна „Yaa-seen-all-in“-генерација која буквално живееше и виде сè, постојано прилагодувајќи се на сите можни „ПРОМЕНИ“! Освен едни значајни промени кои никогаш не ги доживеавме, а кои требаше суштински да го променат на подобро квалитетот на нашите животи на -промените во хербариум-институциите со хибернирано социјалистичко зеленило, по аглите и скалите! И еве нè повторно пред предизвикот наречен промени! Ќе доживеат ли конечно и мојата и нашите „Yaa-seen-it-all“ генерации, (денес веќе сениори и во дигиталнава ера), а посебно денешниве млади родени со дигиталните уреди во раце (кои за хербариуми само од нас можат да чујат!), вистински квалитетни промени во животот, поврзани со системска и суштинска реформа, како и трансформација на институциите во модерни, дигитализирани и потполно функционални сервиси за граѓаните, кои ќе одговараат на предизвиците на времето во кое живееме?! Оние кои подобро ги познаваат актуелните состојби во институциите, велат, дека новата власт која најави суштински реформи и јавна и транспарентна отчетност на јавната и државната администрација, ќе наиде на руини и дека ќе мора планини да поместува, за да се пресоздаде еден  институционален амбиент со здрави, нормални и модерни правила на игра, функционален и обединувачки систем од институции кој ќе ги почитува и практикува компетитивноста, меритократијата, нултата толеранција за корупција и постојаното унапредување на заштитата на интересите и достоинството на граѓаните и државата! (Дали ќе се создаде потребното двотретинско парламентарно мнозинство кое би ја одразило и мнозинската волја на граѓаните за системски промени во органите на државната управа, ќе знаеме набргу, веќе за некој ден! И тоа ќе биде првиот, но не и еднократен реформски чин!) Добро е да се редефинираат, рекомпонираат и да се создадат нови ресори, да се укинат позициите заменици-директори, со што во најмала рака ќе се намалат непродуктивните трошоци во работењето, добро е да се применат најдобрите европски практики и да се скратат најмалку 10 % од вкупниот број органи на државната управа, институции и јавни претпријатија (верувале или не, ги има 1.371 на број!) да се редуцираат на минимум гломазните управни и надзорни одбори и на установи и институции, со два-тројца вработени, да се воведе централизиран систем за заеднички административни, сметководствени и логистички работи, за институциите со слични или сродни надлежности-и да почне да се намалува армијата од директори и функционери кои со години непотребно (а веројатно и немилосрдно!), го оптоваруваа буџетот на држaвата. Колку потполно атрофирани установи и институции (како хибернираното социјалистичко цвеќе во саксии!) ќе излезат на виделина, колку атрофирани „клати врата-земај плата“ вработени ќе бидат евидентирани, или колкав ќе биде бројот на регистрирани вработени кои само фигурираат, а воопшто не се појавуваат на работа (од балансерски или други „зелени причини“, на една партија која еднаш и еднократно се самопрогласи за „зелена“). Ќе доживееме ли конечно и ние, кои ги поминавме и преживеавме сите промени, од аналогното детство и младост, до дигиталново зрело дома, а посебно младите генерации родени во дигиталново доба, со само неколку клика да си ги завршуваме обврските или со исто толку клика, да си ги завршуваме работите кои лесно, без дополнителни бирократски процедури и без долго фокусирање по фикусите во институциите се завршуваат-како во цел нормален и модерен свет?!

The post Yaa-seen-it-all генерации и хербариум институции appeared first on Република.

]]>
Кога сметката ја плаќаат само оние кои што не можат да си платат https://republika.mk/kolumni/koga-smetkata-ja-plakaat-samo-onie-koi-shto-ne-mozhat-da-si-platat/ Tue, 28 May 2024 12:00:08 +0000 https://republika.mk/?p=782427

Петар Поп-Арсов

„... Македонија постигна ниво на подготвеност помеѓу одредено и умерено да го примени правото на ЕУ и европските стандарди во оваа област. Севкупно, не е постигнат напредок во зајакнувањето на судската независност и подобрувањето на правната рамка за заштита на фундаменталните права.“

„Во однос на судскиот систем, нивото на подготвеност на ... Македонија е помеѓу одредено и умерено. Во текот на извештајниот период не е постигнат напредок во областа на судството.“

„Во однос на спречувањето и борбата против корупцијата, нивото на подготвеност на земјата е помеѓу одредено и умерено. Не е постигнат напредок. Корупцијата останува распространета во многу области и претставува предмет на загриженост.“

Вака гласеше извештајот на Европската комисија за состојбите во македонското судство за 2023 година. Нема напредок во судството, земјата е неподготвена за примена на правото на ЕУ и европските стандарди, нема зајакнување на судската независнот. Она што ние го живеевме и преживувавме како граѓани, од ЕК само го ставија на хартија. А, хартијата трпи сѐ, нели?!

Па дури и овие оценки, кои патем кажано беа најлошите оценки кои што некогаш сме ги добиле како земја кандидат се нереално високи во однос на вистинската реалност. Терминот нема напредок слободно можеше да се супституира со реалниот термините има назадување, има стагнација, има колапс во македонското судство. Или состојбите во судството можеа да бидат опишани со уште посоодветна терминологија, како на пример: „Состојбата во судството е катастрофа! Судството во Македонија не е судство, тоа е легло на криминал и корупција!“

Тоа би била вистинската терминологија со која Европската комисија требаше да ги опише состојбите во македонското судство, а не таму со некои термини од типот немало напредок, бил слаб до умерен или „кај и да е, ќе биде“. Независно од тоа што оценките во извештајот за 2023 година се најлошите до сега, на нашиве судии треба да им се напише директно и конкретно.

Тие не знаат да читаат дипломатски јазик. Мислат дека народот е хартија, може да трпи сѐ, а европската терминологија во процесот на оценување е нешто таму во Брисел, далеку од овде.

Токму поради тоа, но и поради многу друго и многу трето и четврто дојдовме да го добиеме првиот практичен пример за криминалот и корупцијата во македонското судство. Токму поради многуте нешта кои владеат во судството добивме, ни помалку ни повеќе туку еден врховен судија да биде првиот кој беше инфлагранти фатен во злоупотреба на својата положба со кеш во раце. Добивме и врвен обвинител, кадар со исклучително и богато портфолио, кој е осомничен дека учествувал во истиот коруптивен скандал. Нивната спрега ја потврдуваа онаа народната „Кадија те тужи, кадија ти суди“.

Која власт ги натера да го направат криминалот за кој се осомничени? Се наоѓаме во период на транзиција на власта во кој реално никој нема целосна и цврста контрола над она што се нарекува извршна власт, а уште помалку власт која може да врши замешателство во судската власт која е бетонирана на сопствените позиции. Тоа беше пример на целосна независност на судството во вршењето на криминал и корупција.

Што да се каже?

Судијата над сите судии, народот, го кажа својот суд на тукушто завршените парламентарни и претседателски избори и им пресуди на виновниците на ниво на политика. Изборите се можноста да се направат корекции за сите недоследности и грешки што се случувале во мандатниот период на секоја извршна власт. Како потоа ќе се одвиваат процесите на ниво на правото и правдата за политичарите кои се огрешиле од законите, е друго ниво и друго прашање.

Се поставува прашањето, кој ќе ја донесе пресудата во однос на „независното“ судство кое е целосно оставено без сериозен и вистински контролен механизам? Механизам, кој во исто време ќе ја гарантира неговата независност и ќе ја контролира опасноста од појавата на недоследности, грешки и организирана форма на изигрување на законите.

Како да го направиме судството вистински независно?

Независно од политички влијанија, отпорно на криминални замешателства и контролирано на начин кој ќе овозможи негово ефикасно функционирање во полза на граѓаните? Ако темите поврзани со политичките влијанија и корупцијата во судството се постојано на дневен ред и постојано се зборува за нив, се поставува и прашањето, кога ќе почнеме да зборуваме за темата поврзана со самоволното кршење на законите од страна на судиите и обвинителите кога го прават онака, на своја рака, без политички влијанија?! Кога ќе почнеме да зборуваме за нивниот влог во рушењето на репутацијата на македонското судство? Кога ќе почнеме да ги бараме контролните механизми кои судската власт треба да ги има, онака како што ги имаат законодавната и извршната, во функција на граѓанскиот интерес?

Факт е дека досегашниот модел е нефункционален. Истиот или креира услови за политичко влијание во судството или го остава целосно надвор од контрола за да се прави сѐ што ќе се посака. Овој систем се покажа дека овозможува алиби, параван и заштита кај некои од судиите кои умешно ги користат и ги комбинираат двете најголеми слабости во македонското судство, политичкото влијание и корупцијата. Затскриени зад т.н. политички влијанија, стекнувајќи некаков „кредит кај оние од горе“, влегуваат во сериозни коруптивни зделки на сопствена рака и за сопствена корист.

Ќе речеме, чест на исклучоците, но тие се само исклучоци и толку!

Има ли решение за состојбите во судството, најболната точка во македонското општество?! Секако дека има! Но, некој треба да ги најде и примени! Да ги најде и примени час поскоро затоа што следниот извештај на Европската комисија ќе дојде многу бргу, независно од тоа што ноември и декември ни изгледаат многу далеку од сега.

А токму оние кои што најмогу придонесоа македонското судство да се „расцвета како пупка“ и да стаса до 1% доверба кај граѓаните, ќе бидат најгласните критичари за состојбите во судството. Играњето на картата на кратко паметење е вообичаена пракса во македонската политика и ќе биде сосема очекувано да се искористат состојбите во судството за прибирање на политички поени врз нереална основа.

Новата власт мора веднаш да пристапи кон реализација на сопствената програма во делот на судството. Тоа е програма за која што доби огромен број гласови и мнозинство мандати во Собранието. Какви мерки ќе примени и во кои рокови ќе ги спроведе реформите е прашање на политичка проценка. Какви и да бидат мерките тие мора да се фокусираат на неколку клучни момента.

Првиот е да се обезбеди и гарантира целосна независност на судството. Вториот е да се обезбеди демократски контролен механизам кој нема да дозволи независноста да се претвори во самоволие и неконтролирано легло на корупција. Третиот момент е сето тоа да се случи што е можно побргу.

Не можеме повеќе да живееме во земја во која што колку е поголем криминалот што си го направил, толку ти се поголеми шансите да се спасиш од затвор со коруптивни дејствија. Не можеме да живееме во земја во која сметката ја плаќаат само оние кои што не можат да си платат. Не можеме да живееме во земја, која демек започнала преговори со ЕУ или ќе преговара за влез во ЕУ, а има судство кое што е под сите стандарди.

Примерот со фаќањето на дело на судијата од Врховниот суд говори во прилог на погоре изнесените констатации. Законот не смее подеднакво да ги третира оние кои што прават, да кажеме „нормален“ криминал и за кој се пропишани соодветни казни, со оние кои што треба да казнуваат за таквиот криминал, судиите. Корумпираните судии преку коруптивни дејанија всушност го прават обратното и го амнестираат сторениот криминал со што нанесуваат штета на општеството зголемена на логаритамски експонент. Еден криминалец што сторил криминал од позиција на судија треба да добие двојно или тројно повисока казна од т.н. „обичен криминалец“, само затоа што ја изневерил довербата која што му ја дала државата и граѓаните.

Исто така, треба да се следат пресудите на Судот во Стразбур и секое поништување на пресудите на македонското судство заради несоодветна примена на постоечкото македонско законодавство треба веднаш да иницира постапка за утврдување на одговорност кај оние кои што донеле таква пресуда. Не можат граѓаните постојано да плаќаат огромни судски отштети преку буџетот на државата заради нестручност или корупција кај оние со огромни плати, судиите.

Нешто мора да се стори, под итно! Во спротивно, сите напори што ги правиме како земја и општество, сите избори, промени на влади, реформи, усогласувања на законодавството, меѓународни договори и преговори ќе бидат безвредни доколку во македонското судство владее корупцијата и принципот сметката ја плаќа само оној кој не може да си плати.

The post Кога сметката ја плаќаат само оние кои што не можат да си платат appeared first on Република.

]]>

Петар Поп-Арсов

„... Македонија постигна ниво на подготвеност помеѓу одредено и умерено да го примени правото на ЕУ и европските стандарди во оваа област. Севкупно, не е постигнат напредок во зајакнувањето на судската независност и подобрувањето на правната рамка за заштита на фундаменталните права.“ „Во однос на судскиот систем, нивото на подготвеност на ... Македонија е помеѓу одредено и умерено. Во текот на извештајниот период не е постигнат напредок во областа на судството.“ „Во однос на спречувањето и борбата против корупцијата, нивото на подготвеност на земјата е помеѓу одредено и умерено. Не е постигнат напредок. Корупцијата останува распространета во многу области и претставува предмет на загриженост.“ Вака гласеше извештајот на Европската комисија за состојбите во македонското судство за 2023 година. Нема напредок во судството, земјата е неподготвена за примена на правото на ЕУ и европските стандарди, нема зајакнување на судската независнот. Она што ние го живеевме и преживувавме како граѓани, од ЕК само го ставија на хартија. А, хартијата трпи сѐ, нели?! Па дури и овие оценки, кои патем кажано беа најлошите оценки кои што некогаш сме ги добиле како земја кандидат се нереално високи во однос на вистинската реалност. Терминот нема напредок слободно можеше да се супституира со реалниот термините има назадување, има стагнација, има колапс во македонското судство. Или состојбите во судството можеа да бидат опишани со уште посоодветна терминологија, како на пример: „Состојбата во судството е катастрофа! Судството во Македонија не е судство, тоа е легло на криминал и корупција!“ Тоа би била вистинската терминологија со која Европската комисија требаше да ги опише состојбите во македонското судство, а не таму со некои термини од типот немало напредок, бил слаб до умерен или „кај и да е, ќе биде“. Независно од тоа што оценките во извештајот за 2023 година се најлошите до сега, на нашиве судии треба да им се напише директно и конкретно. Тие не знаат да читаат дипломатски јазик. Мислат дека народот е хартија, може да трпи сѐ, а европската терминологија во процесот на оценување е нешто таму во Брисел, далеку од овде. Токму поради тоа, но и поради многу друго и многу трето и четврто дојдовме да го добиеме првиот практичен пример за криминалот и корупцијата во македонското судство. Токму поради многуте нешта кои владеат во судството добивме, ни помалку ни повеќе туку еден врховен судија да биде првиот кој беше инфлагранти фатен во злоупотреба на својата положба со кеш во раце. Добивме и врвен обвинител, кадар со исклучително и богато портфолио, кој е осомничен дека учествувал во истиот коруптивен скандал. Нивната спрега ја потврдуваа онаа народната „Кадија те тужи, кадија ти суди“. Која власт ги натера да го направат криминалот за кој се осомничени? Се наоѓаме во период на транзиција на власта во кој реално никој нема целосна и цврста контрола над она што се нарекува извршна власт, а уште помалку власт која може да врши замешателство во судската власт која е бетонирана на сопствените позиции. Тоа беше пример на целосна независност на судството во вршењето на криминал и корупција. Што да се каже? Судијата над сите судии, народот, го кажа својот суд на тукушто завршените парламентарни и претседателски избори и им пресуди на виновниците на ниво на политика. Изборите се можноста да се направат корекции за сите недоследности и грешки што се случувале во мандатниот период на секоја извршна власт. Како потоа ќе се одвиваат процесите на ниво на правото и правдата за политичарите кои се огрешиле од законите, е друго ниво и друго прашање. Се поставува прашањето, кој ќе ја донесе пресудата во однос на „независното“ судство кое е целосно оставено без сериозен и вистински контролен механизам? Механизам, кој во исто време ќе ја гарантира неговата независност и ќе ја контролира опасноста од појавата на недоследности, грешки и организирана форма на изигрување на законите. Како да го направиме судството вистински независно? Независно од политички влијанија, отпорно на криминални замешателства и контролирано на начин кој ќе овозможи негово ефикасно функционирање во полза на граѓаните? Ако темите поврзани со политичките влијанија и корупцијата во судството се постојано на дневен ред и постојано се зборува за нив, се поставува и прашањето, кога ќе почнеме да зборуваме за темата поврзана со самоволното кршење на законите од страна на судиите и обвинителите кога го прават онака, на своја рака, без политички влијанија?! Кога ќе почнеме да зборуваме за нивниот влог во рушењето на репутацијата на македонското судство? Кога ќе почнеме да ги бараме контролните механизми кои судската власт треба да ги има, онака како што ги имаат законодавната и извршната, во функција на граѓанскиот интерес? Факт е дека досегашниот модел е нефункционален. Истиот или креира услови за политичко влијание во судството или го остава целосно надвор од контрола за да се прави сѐ што ќе се посака. Овој систем се покажа дека овозможува алиби, параван и заштита кај некои од судиите кои умешно ги користат и ги комбинираат двете најголеми слабости во македонското судство, политичкото влијание и корупцијата. Затскриени зад т.н. политички влијанија, стекнувајќи некаков „кредит кај оние од горе“, влегуваат во сериозни коруптивни зделки на сопствена рака и за сопствена корист. Ќе речеме, чест на исклучоците, но тие се само исклучоци и толку! Има ли решение за состојбите во судството, најболната точка во македонското општество?! Секако дека има! Но, некој треба да ги најде и примени! Да ги најде и примени час поскоро затоа што следниот извештај на Европската комисија ќе дојде многу бргу, независно од тоа што ноември и декември ни изгледаат многу далеку од сега. А токму оние кои што најмогу придонесоа македонското судство да се „расцвета како пупка“ и да стаса до 1% доверба кај граѓаните, ќе бидат најгласните критичари за состојбите во судството. Играњето на картата на кратко паметење е вообичаена пракса во македонската политика и ќе биде сосема очекувано да се искористат состојбите во судството за прибирање на политички поени врз нереална основа. Новата власт мора веднаш да пристапи кон реализација на сопствената програма во делот на судството. Тоа е програма за која што доби огромен број гласови и мнозинство мандати во Собранието. Какви мерки ќе примени и во кои рокови ќе ги спроведе реформите е прашање на политичка проценка. Какви и да бидат мерките тие мора да се фокусираат на неколку клучни момента. Првиот е да се обезбеди и гарантира целосна независност на судството. Вториот е да се обезбеди демократски контролен механизам кој нема да дозволи независноста да се претвори во самоволие и неконтролирано легло на корупција. Третиот момент е сето тоа да се случи што е можно побргу. Не можеме повеќе да живееме во земја во која што колку е поголем криминалот што си го направил, толку ти се поголеми шансите да се спасиш од затвор со коруптивни дејствија. Не можеме да живееме во земја во која сметката ја плаќаат само оние кои што не можат да си платат. Не можеме да живееме во земја, која демек започнала преговори со ЕУ или ќе преговара за влез во ЕУ, а има судство кое што е под сите стандарди. Примерот со фаќањето на дело на судијата од Врховниот суд говори во прилог на погоре изнесените констатации. Законот не смее подеднакво да ги третира оние кои што прават, да кажеме „нормален“ криминал и за кој се пропишани соодветни казни, со оние кои што треба да казнуваат за таквиот криминал, судиите. Корумпираните судии преку коруптивни дејанија всушност го прават обратното и го амнестираат сторениот криминал со што нанесуваат штета на општеството зголемена на логаритамски експонент. Еден криминалец што сторил криминал од позиција на судија треба да добие двојно или тројно повисока казна од т.н. „обичен криминалец“, само затоа што ја изневерил довербата која што му ја дала државата и граѓаните. Исто така, треба да се следат пресудите на Судот во Стразбур и секое поништување на пресудите на македонското судство заради несоодветна примена на постоечкото македонско законодавство треба веднаш да иницира постапка за утврдување на одговорност кај оние кои што донеле таква пресуда. Не можат граѓаните постојано да плаќаат огромни судски отштети преку буџетот на државата заради нестручност или корупција кај оние со огромни плати, судиите. Нешто мора да се стори, под итно! Во спротивно, сите напори што ги правиме како земја и општество, сите избори, промени на влади, реформи, усогласувања на законодавството, меѓународни договори и преговори ќе бидат безвредни доколку во македонското судство владее корупцијата и принципот сметката ја плаќа само оној кој не може да си плати.

The post Кога сметката ја плаќаат само оние кои што не можат да си платат appeared first on Република.

]]>
Неодоливиот шарм на културната дипломатија https://republika.mk/kolumni/neodoliviot-sharm-na-kulturnata-diplomatija/ Thu, 23 May 2024 11:13:25 +0000 https://republika.mk/?p=781156

Васко Шутаров

Во втората половина од 19 век, Франција сè потешко се носи со стекнатиот имиџ на најголема светска империјална сила и во неколкувековната конкурентска борба со Британската империја почнува да потклекнува и да ја губи доминацијата. Француското колонијално царство било огромно и француските власти барале начин како да ги скратат огромните финансиски издатоци за управување на огромниот број колонизирани држави, распослани по сите светски меридијани. Тогашната француска одлука била и оригинална и визионерска  ̶  наместо да се трошат милијарди франци за испраќање војска, жандармерија и администрација во колонизираните земји, Франција преку вложувања и промоција во француската музика, јазик и литература, мода и кујна, ќе се обиде да ги освои срцата и умовите на народите кои се под нејзина колонијална управа!

Околу оваа генијална идеја се обединуваат тогашните најголеми француски умови: научникот Луј Пастер, писателите Жил Верн и Ернест Ренан, дипломатот и градител на Суецкиот канал, Фердинанд де Лесепс и сопственикот на најголемото француско книгоиздателство, Арман Колен. Во јули 1883 година се раѓа идејата, со која преку француската култура се креира најповолна и најпривлечна можна перцепција за Франција меѓу народите во светот и така се создава Алијанс Франсез! Денес, тоа е, сè уште, најраширената мрежа за културна дипломатија во светот!

(Франција, два века пред оваа важна културно-дипломатска одлука, била исклучително моќна дипломатска сила, а францускиот јазик бил дипломатски јазик, кој задолжително морале да го познаваат сите дипломати на тогашните светски сили. Но, кога од втората половина на 19 век, Франција веќе чувствува дека нејзината дипломатија не може да парира на тврдата моќ на веќе помоќните држави, ја измислува и станува родно место на културната дипломатија!)

Истата таа 1883 година, во Германија умира најголемиот композитор на тогашното време, Рихард Вагнер. Неговиот оригинален, интригантен и моќен музички опус е силно вграден во обединувањето и издигнувањето на германските држави во една нова и моќна држава, од непосредното соседство на Франција! По меѓусебната војна во 1870/71 година, во која Германија победува, на Французите им станува јасно, дека покрај Британија, ќе мора да се соочуваат и со тврдата моќ на железниот германски канцелар фон Бизмарк и освојувачкиот порив и моќта на новата голема европска и светска сила.

Франција, која низ годините што следеа потоа, никогаш не се откажа од употребата на тврда моќ во меѓународните односи, посебно во двете брутални светски војни токму против Германија, за свој постојан сојузник постојано ја имаше заводливата и функционална мека моќ на културната дипломатија.

(Британската дипломатија дури во 1934 година, следејќи го примерот на сеприсутната француска, но соочена најмногу со германската нацистичка и советската комунистичка пропаганда, го основа Британскиот совет како носител на британските културно-дипломатски акции во светот.)

По Втората светска војна, со разгорувањето на т.н. Студена војна меѓу двата политичко-идеолошки и културолошки модели на владеење и живеење, американската културна дипломатија станува водечка во процесите „на освојувања на срцата и умовите на народите“, посебно меѓу комунистичките држави, каде што доминира советската културна дипломатија. Француската културна дипломатија, покрај британската и германската (која во 50-тите години ги основа Гете-институтите), во чекор ја следат американската и успеваат само со привлечната и ненаметлива моќ на културата, да ги растопат решетките на „Железната завеса“. Културната дипломатија или меката моќ во меѓународните односи, беше пресудна за рушењето на Берлинскиот ѕид и за падот на комунизмот.

И веднаш потоа, токму културната дипломатија прва почнува да ги помирува различностите, да ги приближува и да ги препознава како единство во кое мора меѓусебно да се соработува и да се создаваат цврсти партнерски односи во промовирањето на заедничките вредности, идеи и концепти. Во еден таков геополитички контекст, беше сосем нормално и Ангела Меркел својот годишен одмор да го одредува според програмата на славниот Бајројт фестивал (посветен исклучиво на музиката на Вагнер), а нејзини специјални гости да бидат првите луѓе на француската, британската, американската и руската политика.

Вагнер и неговата моќна музика, кои некогаш беа музичка претходница на германската експанзионистичка политика, токму во Бајројт станаа средиште каде што културата, а посебно музиката, почна да се ослободува од секакво идеолошко или политичко партипри (фр. parti pris, однапред утврдено мислење)  и да обединуваат, како Бетовеновата „Ода на Радоста“!

................................................................................

Ние, Македонците, и нашата македонска култура никогаш не сме биле оставени надвор од доминантните европски и светски културно-дипломатски контексти и процеси, иако најдолго сме биле подложни на тврдата турска политичка моќ и голата верска и образовно-културна пропаганда од страна на веќе формираните соседски држави. Посуптилното културно-дипломатско влијание, може да се почувствува веќе кон крајот на 19 век, во судирот меѓу „а ла франга“ и „а ла турка“ во начинот на живеење меѓу помладите во градските средини, како судир помеѓу западниот стил (од модата, до архитектурата), наспроти ориенталниот, како резултат од долгото турско влијание.

Меѓу двете светски војни, тогашното Кралство Југославија се отвора кон Западот и преку Белград, во Македонија се чувствуваат влијанијата на француската, британската, американската и германската културна дипломатија.

Во Титова Југославија, пак, по раскинувањето на потесните врски со Сталин и блокот од комунистички држави, првото посериозно отворање кон Западот се случува преку културната дипломатија и преку генијалниот проект замислен  од писателот Мирослав Крлежа. Во 1953 година, во Гранд Пале во Париз е  отворена грандиозна изложба со икони и фрески од манастири во Србија, романтичарска скулптура од Далмација и познатите босански стеќци. Цел Париз (Tout-Paris!), со денови зборува за културното преоткривање на една балканска држава од мракот на комунистичкиот блок, која на западот му претставува непроценливо културно наследство, не помалку вредно од ренесансното!

(Македонија, која во првичната замисла за изложбата во Париз, требало да биде застапена токму со својата уникатна колекција од икони и фрески постари од делата на италијанската Ренесанса, сепак своето прво големо претставување во светот го има преку својот фолклор и фантастичниот прием на концертите на „Танец“, најпрво во Велика Британија, па подоцна низ подиумите на сите поголеми западни центри.)

Во 1974 година, во Скопје е отворен првиот странски културен центар во Македонија,  ̶   чиј друг, ако не францускиот! Тоа се години во кои се случува, можеби, и најинтензивната македонско-француска културна размена, благодарение и на профетскиот дух и на дипломатските вештини на нашиот голем поет Ацо Шопов, кој, како прв човек на тогашната Републичка комисија за културни врски со странство (своевиден пандан на денешниве институти за културна дипломатија), ја претставува македонската култура во Париз, на најрепрезентативен можен начин.

...............................................................

Годинава Франција ќе биде домаќин на Летните олимписки игри, па како што Британија во 2012 година направи културно-дипломатски спектакл при нивното затворање, се очекува годинава и на уште повпечатлив начин да го направи тоа и француската културна дипломатија. Тоа се држави со долга институционална меморија и средишта каде што се испреплетуваат мрежи од најдобрите и најмоќните светски културно-дипломатски акции. Веќе се знае дека кореограф на овој долгоочекуван настан ќе биде исклучителниот Мурад Мерзуки, познат по тоа што хип-хопот го внесе во светот на современата кореографија и од тоа направи врвна уметност.

Благодарение на Францускиот институт во Скопје и Танц-фестот на Рисима Рисимкин, неодамна и македонската публика, во рамките на одбележувањето на 50-годишниот јубилеј од основањето на институтот, беше дел од најдоброто во модерниот светски танц. Во еден неверојатен и просто совршен танцов, музички и визуелен амалгам, Французите ни одржаа лекција, како во само еден еден час, може да се обединат и да се спојат најдобрите музички традиции од сите меридијани и да бидат вградени во ритамот на модерниот уличен хип-хоп. Беше вистинска привилегија да се биде дел од премиерното прикажување на еден „Мозаик“ низ кој прозвучија и андалузиска гитара и келтска музика и црковна духовна музика и италијански канцони и перуански и африкански мотиви, амбиентални музички теми од музичкиот опус на Лори Андерсон и Брајан Ино и сето тоа заедно, вклопено во една фантастична естетска целина низ сите перспективи на модерниот хип-хоп.

Францускиот институт во Скопје, преку најдоброто од репертоарот на „кореографот-алхемичар“ Мерзуки, преку сцената на Македонскиот народен театар, за само еден час, успеа да ја пренесе македонската публика меѓу амбиентите на најмодерното и најмоќното во современиот танц. И можеше ли некој, во еден толку добро осмислен концепт, да ги сведе асоцијативно Французите само на актуелната политичка синтагма „француски предлог“ или да ѝ забележи на најстарата културна дипломатија во светот за претенциозност, додека со таква леснотија и елеганција, по којзнае кој пат нè убедуваше дека: „она што политиката го демонизира, културата може да го хуманизира и да го хармонизира!“

Само една вечер подоцна (случајно или не?!), бугарската културна дипломатија ја плени македонска оперска публика со „Валкира“ од Вагнер, во рамките на 52. мајски оперски вечери. Епската музичка драма од тетралогијата „Прстенот на Нибелунзите“ во изведба на Софиската опера и балет,  ̶  и публиката и музичката критика ги доживеаја како своевиден уметнички спектакл. Постановката на „Валкира“ ја режираше бугарскиот академик Пламен Карталов, кој е организатор и на познатиот фестивал посветен на Вагнер, на кој секое лето во Софија се собираат музички сладокусци и познати музички критичари од целиот свет. Сред вагнеровските височини на реткиот музички спектакл што ни го приредија бугарските уметници, вредеше ли некој да се занимава со примитивната демонстрација на дипломатија на мускули, на каква што сме изложени кога културата е стивната,  ̶  а политичарите кои сакаат и чувствуваат култура, се замолчани?!

............................................................................

Новоизбраната македонска претседателка Гордана Силјановска Давкова, тивко, без попма и фанфари, точно како што налага и како што дејствува културната дипломатија, беше дел од овој настан, како што, впрочем,  безброј пати била неизоставен посетител на секој значаен културен настан во македонската метропола. Македонија избра претседателка која сака и која препознава култура, а како научник го познава и значењето на меката моќ во меѓународните односи! Чуму чудење тогаш?!

Но, каква македонска културна дипломатија наследува Претседателката со преземањето на функцијата, ќе дознаеме деновиве со првиот важен меѓународен настан (културно-дипломатски во својата суштина!)  ̶ чествувањето на сесловенските просветители, Св. Кирил и Методиј во Рим!

Поклонението на гробот на Св. Кирил во базиликата „Сан Клементе“ во Рим првпат е организирано во 1969 година за 1100 години од смртта на Свети Кирил, и оттогаш секоја година на 24 мај се одбележува со највисоки почести. Низ изминативе 54 години, со поддршка од Министерството за култура, како држава сме организирале и фантастични изложби, како што беа „Македонските бронзи“, или „Словенските ракописи од Македонија од 13 до 19 век“ кои беа презентирани во Ватиканските музеи или изложбата „Македонска резба“ поставена во монументалниот простор на комплексот Виторијано во Рим! Што планирале и подготвиле за овој настан министрите за култура и за надворешни работи, во заминување, ќе видиме веќе утре, на 24 мај во Рим!

Она што со сигурност го знаеме е дека македонската културна дипломатија во 2024 година ќе ја нема ни пред, ни по одржувањето на Олимпијадата во Париз, ќе ја нема ни во Лондон, Берлин, Рим, Мадрид, Атина или Будимпешта, ќе ја нема ни во останатите важни европски метрополи и градови  ̶  седишта на важни меѓународни организации, ниту ќе ја има во трите европски метрополи на културата за 2024 година! Затоа што Бисера и Бујар, ниту знаеја како, ниту сакаа значајно некаде да нè има?! А, само во два дена, и Французите и Бугарите ни покажаа како и каде мора да нè има!

The post Неодоливиот шарм на културната дипломатија appeared first on Република.

]]>

Васко Шутаров

Во втората половина од 19 век, Франција сè потешко се носи со стекнатиот имиџ на најголема светска империјална сила и во неколкувековната конкурентска борба со Британската империја почнува да потклекнува и да ја губи доминацијата. Француското колонијално царство било огромно и француските власти барале начин како да ги скратат огромните финансиски издатоци за управување на огромниот број колонизирани држави, распослани по сите светски меридијани. Тогашната француска одлука била и оригинална и визионерска  ̶  наместо да се трошат милијарди франци за испраќање војска, жандармерија и администрација во колонизираните земји, Франција преку вложувања и промоција во француската музика, јазик и литература, мода и кујна, ќе се обиде да ги освои срцата и умовите на народите кои се под нејзина колонијална управа! Околу оваа генијална идеја се обединуваат тогашните најголеми француски умови: научникот Луј Пастер, писателите Жил Верн и Ернест Ренан, дипломатот и градител на Суецкиот канал, Фердинанд де Лесепс и сопственикот на најголемото француско книгоиздателство, Арман Колен. Во јули 1883 година се раѓа идејата, со која преку француската култура се креира најповолна и најпривлечна можна перцепција за Франција меѓу народите во светот и така се создава Алијанс Франсез! Денес, тоа е, сè уште, најраширената мрежа за културна дипломатија во светот! (Франција, два века пред оваа важна културно-дипломатска одлука, била исклучително моќна дипломатска сила, а францускиот јазик бил дипломатски јазик, кој задолжително морале да го познаваат сите дипломати на тогашните светски сили. Но, кога од втората половина на 19 век, Франција веќе чувствува дека нејзината дипломатија не може да парира на тврдата моќ на веќе помоќните држави, ја измислува и станува родно место на културната дипломатија!) Истата таа 1883 година, во Германија умира најголемиот композитор на тогашното време, Рихард Вагнер. Неговиот оригинален, интригантен и моќен музички опус е силно вграден во обединувањето и издигнувањето на германските држави во една нова и моќна држава, од непосредното соседство на Франција! По меѓусебната војна во 1870/71 година, во која Германија победува, на Французите им станува јасно, дека покрај Британија, ќе мора да се соочуваат и со тврдата моќ на железниот германски канцелар фон Бизмарк и освојувачкиот порив и моќта на новата голема европска и светска сила. Франција, која низ годините што следеа потоа, никогаш не се откажа од употребата на тврда моќ во меѓународните односи, посебно во двете брутални светски војни токму против Германија, за свој постојан сојузник постојано ја имаше заводливата и функционална мека моќ на културната дипломатија. (Британската дипломатија дури во 1934 година, следејќи го примерот на сеприсутната француска, но соочена најмногу со германската нацистичка и советската комунистичка пропаганда, го основа Британскиот совет како носител на британските културно-дипломатски акции во светот.) По Втората светска војна, со разгорувањето на т.н. Студена војна меѓу двата политичко-идеолошки и културолошки модели на владеење и живеење, американската културна дипломатија станува водечка во процесите „на освојувања на срцата и умовите на народите“, посебно меѓу комунистичките држави, каде што доминира советската културна дипломатија. Француската културна дипломатија, покрај британската и германската (која во 50-тите години ги основа Гете-институтите), во чекор ја следат американската и успеваат само со привлечната и ненаметлива моќ на културата, да ги растопат решетките на „Железната завеса“. Културната дипломатија или меката моќ во меѓународните односи, беше пресудна за рушењето на Берлинскиот ѕид и за падот на комунизмот. И веднаш потоа, токму културната дипломатија прва почнува да ги помирува различностите, да ги приближува и да ги препознава како единство во кое мора меѓусебно да се соработува и да се создаваат цврсти партнерски односи во промовирањето на заедничките вредности, идеи и концепти. Во еден таков геополитички контекст, беше сосем нормално и Ангела Меркел својот годишен одмор да го одредува според програмата на славниот Бајројт фестивал (посветен исклучиво на музиката на Вагнер), а нејзини специјални гости да бидат првите луѓе на француската, британската, американската и руската политика. Вагнер и неговата моќна музика, кои некогаш беа музичка претходница на германската експанзионистичка политика, токму во Бајројт станаа средиште каде што културата, а посебно музиката, почна да се ослободува од секакво идеолошко или политичко партипри (фр. parti pris, однапред утврдено мислење)  и да обединуваат, како Бетовеновата „Ода на Радоста“! ................................................................................ Ние, Македонците, и нашата македонска култура никогаш не сме биле оставени надвор од доминантните европски и светски културно-дипломатски контексти и процеси, иако најдолго сме биле подложни на тврдата турска политичка моќ и голата верска и образовно-културна пропаганда од страна на веќе формираните соседски држави. Посуптилното културно-дипломатско влијание, може да се почувствува веќе кон крајот на 19 век, во судирот меѓу „а ла франга“ и „а ла турка“ во начинот на живеење меѓу помладите во градските средини, како судир помеѓу западниот стил (од модата, до архитектурата), наспроти ориенталниот, како резултат од долгото турско влијание. Меѓу двете светски војни, тогашното Кралство Југославија се отвора кон Западот и преку Белград, во Македонија се чувствуваат влијанијата на француската, британската, американската и германската културна дипломатија. Во Титова Југославија, пак, по раскинувањето на потесните врски со Сталин и блокот од комунистички држави, првото посериозно отворање кон Западот се случува преку културната дипломатија и преку генијалниот проект замислен  од писателот Мирослав Крлежа. Во 1953 година, во Гранд Пале во Париз е  отворена грандиозна изложба со икони и фрески од манастири во Србија, романтичарска скулптура од Далмација и познатите босански стеќци. Цел Париз (Tout-Paris!), со денови зборува за културното преоткривање на една балканска држава од мракот на комунистичкиот блок, која на западот му претставува непроценливо културно наследство, не помалку вредно од ренесансното! (Македонија, која во првичната замисла за изложбата во Париз, требало да биде застапена токму со својата уникатна колекција од икони и фрески постари од делата на италијанската Ренесанса, сепак своето прво големо претставување во светот го има преку својот фолклор и фантастичниот прием на концертите на „Танец“, најпрво во Велика Британија, па подоцна низ подиумите на сите поголеми западни центри.) Во 1974 година, во Скопје е отворен првиот странски културен центар во Македонија,  ̶   чиј друг, ако не францускиот! Тоа се години во кои се случува, можеби, и најинтензивната македонско-француска културна размена, благодарение и на профетскиот дух и на дипломатските вештини на нашиот голем поет Ацо Шопов, кој, како прв човек на тогашната Републичка комисија за културни врски со странство (своевиден пандан на денешниве институти за културна дипломатија), ја претставува македонската култура во Париз, на најрепрезентативен можен начин. ............................................................... Годинава Франција ќе биде домаќин на Летните олимписки игри, па како што Британија во 2012 година направи културно-дипломатски спектакл при нивното затворање, се очекува годинава и на уште повпечатлив начин да го направи тоа и француската културна дипломатија. Тоа се држави со долга институционална меморија и средишта каде што се испреплетуваат мрежи од најдобрите и најмоќните светски културно-дипломатски акции. Веќе се знае дека кореограф на овој долгоочекуван настан ќе биде исклучителниот Мурад Мерзуки, познат по тоа што хип-хопот го внесе во светот на современата кореографија и од тоа направи врвна уметност. Благодарение на Францускиот институт во Скопје и Танц-фестот на Рисима Рисимкин, неодамна и македонската публика, во рамките на одбележувањето на 50-годишниот јубилеј од основањето на институтот, беше дел од најдоброто во модерниот светски танц. Во еден неверојатен и просто совршен танцов, музички и визуелен амалгам, Французите ни одржаа лекција, како во само еден еден час, може да се обединат и да се спојат најдобрите музички традиции од сите меридијани и да бидат вградени во ритамот на модерниот уличен хип-хоп. Беше вистинска привилегија да се биде дел од премиерното прикажување на еден „Мозаик“ низ кој прозвучија и андалузиска гитара и келтска музика и црковна духовна музика и италијански канцони и перуански и африкански мотиви, амбиентални музички теми од музичкиот опус на Лори Андерсон и Брајан Ино и сето тоа заедно, вклопено во една фантастична естетска целина низ сите перспективи на модерниот хип-хоп. Францускиот институт во Скопје, преку најдоброто од репертоарот на „кореографот-алхемичар“ Мерзуки, преку сцената на Македонскиот народен театар, за само еден час, успеа да ја пренесе македонската публика меѓу амбиентите на најмодерното и најмоќното во современиот танц. И можеше ли некој, во еден толку добро осмислен концепт, да ги сведе асоцијативно Французите само на актуелната политичка синтагма „француски предлог“ или да ѝ забележи на најстарата културна дипломатија во светот за претенциозност, додека со таква леснотија и елеганција, по којзнае кој пат нè убедуваше дека: „она што политиката го демонизира, културата може да го хуманизира и да го хармонизира!“ Само една вечер подоцна (случајно или не?!), бугарската културна дипломатија ја плени македонска оперска публика со „Валкира“ од Вагнер, во рамките на 52. мајски оперски вечери. Епската музичка драма од тетралогијата „Прстенот на Нибелунзите“ во изведба на Софиската опера и балет,  ̶  и публиката и музичката критика ги доживеаја како своевиден уметнички спектакл. Постановката на „Валкира“ ја режираше бугарскиот академик Пламен Карталов, кој е организатор и на познатиот фестивал посветен на Вагнер, на кој секое лето во Софија се собираат музички сладокусци и познати музички критичари од целиот свет. Сред вагнеровските височини на реткиот музички спектакл што ни го приредија бугарските уметници, вредеше ли некој да се занимава со примитивната демонстрација на дипломатија на мускули, на каква што сме изложени кога културата е стивната,  ̶  а политичарите кои сакаат и чувствуваат култура, се замолчани?! ............................................................................ Новоизбраната македонска претседателка Гордана Силјановска Давкова, тивко, без попма и фанфари, точно како што налага и како што дејствува културната дипломатија, беше дел од овој настан, како што, впрочем,  безброј пати била неизоставен посетител на секој значаен културен настан во македонската метропола. Македонија избра претседателка која сака и која препознава култура, а како научник го познава и значењето на меката моќ во меѓународните односи! Чуму чудење тогаш?! Но, каква македонска културна дипломатија наследува Претседателката со преземањето на функцијата, ќе дознаеме деновиве со првиот важен меѓународен настан (културно-дипломатски во својата суштина!)  ̶ чествувањето на сесловенските просветители, Св. Кирил и Методиј во Рим! Поклонението на гробот на Св. Кирил во базиликата „Сан Клементе“ во Рим првпат е организирано во 1969 година за 1100 години од смртта на Свети Кирил, и оттогаш секоја година на 24 мај се одбележува со највисоки почести. Низ изминативе 54 години, со поддршка од Министерството за култура, како држава сме организирале и фантастични изложби, како што беа „Македонските бронзи“, или „Словенските ракописи од Македонија од 13 до 19 век“ кои беа презентирани во Ватиканските музеи или изложбата „Македонска резба“ поставена во монументалниот простор на комплексот Виторијано во Рим! Што планирале и подготвиле за овој настан министрите за култура и за надворешни работи, во заминување, ќе видиме веќе утре, на 24 мај во Рим! Она што со сигурност го знаеме е дека македонската културна дипломатија во 2024 година ќе ја нема ни пред, ни по одржувањето на Олимпијадата во Париз, ќе ја нема ни во Лондон, Берлин, Рим, Мадрид, Атина или Будимпешта, ќе ја нема ни во останатите важни европски метрополи и градови  ̶  седишта на важни меѓународни организации, ниту ќе ја има во трите европски метрополи на културата за 2024 година! Затоа што Бисера и Бујар, ниту знаеја како, ниту сакаа значајно некаде да нè има?! А, само во два дена, и Французите и Бугарите ни покажаа како и каде мора да нè има!

The post Неодоливиот шарм на културната дипломатија appeared first on Република.

]]>
Уметноста на возможното https://republika.mk/kolumni/umetnosta-na-vozmozhnoto/ Fri, 17 May 2024 21:20:08 +0000 https://republika.mk/?p=779338

Петар Поп-Арсов

Изборите завршија, резултатите ги знаеме. Ги знаеме победниците и поразените. Бројките се јасни, а математичките комбинации лесно предвидливи. Во моментов на сите страни се прават анализи за исходот од изборите и предвидувања за понатамошниот тек за случувањата во македонската политика.

Но, политиката не е само обична математика која што претставува особено формална и егзактна научна дисциплина. Политиката не се состои само во обични бројки и едноставни математички операции на собирање и одземање. Таа е нешто сосема поинакво, нешто кое што често пати се коси со логиката и остантите математички закономерности. Политиката е, како што би рекол Бизмарк,  уметност на возможното.

И тоа не е сѐ!

Таа е и нешто друго. Политиката е и нешто кое што се поистоветува со најстариот занает со што и се дава оној вообичаен негативен контекст при нејзиното поимање. Без разлика дали е наука, уметност или занает, таа е неизбежна и присутна во сите сегменти од нашето живеење.

Сепак, во овој текст не би се плеткале ниту со математиките ниту со старите занаети. Ќе направиме обид да се задржиме на „уметноста“, која што како таква ќе ни послужи како еден вид на подлога за да одгатнеме кои беа супстанцијалните причини кои што доведоа до ваквиот исход на македонските парламентарни избори.

Уметноста пред сѐ!

Таков е животот на нас уметниците..., а барем да бевме уметници!

Ќе започнеме од ЗНАМ, па ќе одиме нагоре по ред, од ниско кон високо.

ЗНАМ ја искористи својата шанса?! Или можеби не?! Повеќе би рекле дека одговорот е под б), отколку под а), но тоа е прашање на субјективна перцепција. На што се заснова субјективноста во перцепцијата дека ЗНАМ не ја искористи својата шанса отколку дека ја искористи?

Има неколку причини и параметри кои не водат кон таков заклучок. ЗНАМ уште од почетокот имаше исклучително празна и плодна политичка почва која што му беше препуштена од „постариот брат“, СДСМ. Ако на почетокот на разидувањето на челниците на овие партии, чие што гласачко тело, патем кажано, претставува еден заеднички базен на гласови, беа личните битки помѓу Димитриевски и Спасовски, во продолжение тие добија идеолошко-политичка димензија. Ваквото идеолошко-политичко разединување одеше по онаа стара македонска линија на поделби, при што СДСМ доброволно прифати да ја игра улогата на оние што од историјата ги познаваме како врховисти, а челниците и поединците од ЗНАМ, кои што дотогаш беа на истата страна со постариот брат, како последица на конфликтот Димитриевски-Спасовски ја искористија приликата да го сменат наративот и со извесно временско издолжување да скокнат во времето на АСНОМ и тука да го изградат своето најсилно утврдување.

И така, ЗНАМ доби своја политичка физиономија која што беше сосема спротивна од онаа на СДСМ на Заев, Спасовски, Ковачевски и останатите. Сосема спротивна која што навистина имаше можност да ги преполови гласовите од истиот базен и да ги стави на свое конто.

Но, тоа не се случи! Не се случи, иако првиот круг од претседателските избори навестуваше можност дека ЗНАМ ќе освои многу повеќе гласови отколку тоа што беше перцепирано низ призмата на македонскиот политички стереотип.

Кои беа причините?

Можеби непрепознатливата кадровка понуда?! Недоволно разгранетата мрежа на оперативни структури и општински организации?! Колективната меморија на македонските граѓани која што ја помнат поврзаноста на структурите на ЗНАМ со прапочетоците и имплеметација на политиките на Заев?! Програмската понуда или политиката на “one man show”?!

Веројатно од сѐ по нешто! Сума сумарум, тоа беше одлука на македонските граѓани кои на ниво на индивидуална уметничка проценка со елементи на математичка пресметка го „наградија“ ЗНАМ со шест пратенички мандати.

Левица сепак направи одреден камбек после неуспехот во првиот круг од претседателските избори. Резултатот на оваа партија е збир на повеќе параметри и кој повеќе говори за расположението и револтот на македонските граѓани во однос на внатрешното и надворешното битисување на државата отколку што е производ на некоја политичка понуда која што нуди перспектива. Левица е антипод на се она што е меинстрим политика и претставува издувен вентил за одредена група на граѓани кои што во оваа партија можат да пронајдат прибежиште во кое можат да ги обединат своите гласови. Гласови, претежно засновани на антагонизам, но сепак гласови и луѓе кои што се реалност во државата и кои што ја искористија можноста да ја упатат својата порака, опомена или како и да ја дефинираме нивната одлука кон сите од внатре и од надвор.

Можеби ќе имаа уште поголем успех да не беа оние нејасни идеолошко-политички егзибиции и испади на раководството кои што ги гледавме во континуитет последнава година, но тоа е. Не се мали, веројатно знаат што прават.

Коалицијата ВРЕДИ го претставува најголемото освежување на македонската политичка сцена. Речиси беше непоимливо да се очекува пораз на ДУИ кои во минативе дваесетина и кусур години имаа доминација кај албанските гласачи. Веројатно клучен фактор во албанската гласачка равенка беше експлицитната поддршка која што оваа коалиција ја доби од косовскиот премиер, Курти, со што се даде сериозен импулс во рововската пресметка помеѓу овие два политички блока. Колку што не држи сеќавањето, ова беше првата јасна и недвосмислена поддршка на еден сериозен центар на политичка моќ од албанскиот свет кој отворено застана контра Али Ахмети.

Гласовите ги добија, мандатите исто така. Останува да се надеваме дека ќе покажат политичка зрелост со која ќе бидат цврст и доверлив партнер во идната влада. Останува да очекуваме дека нема да ја направат грешката на ДПА од периодот помеѓу 2006 и 2008 година, која со својата политичка нестабилност му ја направи најголемата услуга на ДУИ враќајќи го повторно на власт. Потлитичката конзистентност и стабилност која што се очекува од ВРЕДИ е неопходна за нормално функционирање на влада та и државата, но во исто време е потребна да му овозможи доволен период на ДУИ да ги направи потребните реформи во сопствените редови како партија во опозиција.

СДСМ доживеа колапс! Како и зошто, не би сакале да се повторуваме. А, убаво им се нудеше можност, па дури и барања од опозицијата за оддржување на предвремени парламентарни избори минатата есен. Беа напишани безброј текстови и колумни за нивните погрешни политики кои тие самите не сакаа да ги видат. Сега имаат доволно време за сопственото преиспитување, нека се вратат малку нананзад, нека прочитаат па можеби ќе ја најдат раскрсницата на која што тргнаа во погрешна насока. Барем да беше една раскрсница!

На овие избори ДУИ покажа дека има сериозно влијание во севкупната македонска политичка сцена. Не само кај албанските гласачи, туку и поширокои. Како прво, ДУИ успеа да ги привлече во својата коалиција довчерашните лути противници Тачи и Села, но исто така за прв пат формираше коалиција со политички партии кои се репрезенти на Ромите и Турците. Бројот на гласови што оваа коалиција ги освои е респектабилен, но во исто време е показател дека ДУИ не е ексклузивниот и најголемиот претставник на гласачите Албанци во Македонија. Сепак, ДУИ покажа дека пред изборите имаше сериозен коалиционен капацитет и дека имаше бројни алатки на располагање кои придонесоа да бидат привлечени голем број на гласови на нивното конто.

Во исто време, ДУИ покажа дека има влијание и кај гласачите Македонци, но во обратна смисла. Имено, националистичките скандирања и провокации на Ахмети пред првиот круг претседателски и бојкотот во вториот круг, претставуваа сериозен стимуланс и поттикт за значителен број на гласачи Македонци кои масовно излегоа за да придонесат во постигнувањето на цензусот. Токму тие гласачи, кои во најголем број ја дадоа поддршката на кандидатските листи на ВМРО-ДПМНЕ (што може да се види од резултатите), се додадената вредност на гласови на контото на ВМРО-ДПМНЕ кои што беа мотивирани токму од ДУИ. Данке ДУИ!

ВМРО-ДПМНЕ имаше многу сериозна и темелна кампања, поткрепена со богата програмска понуда. Постепено и континуирано го градеше својот политички рејтинг кој што процес траеше буквално до самото затворање на гласачките места. Партијата претходно успеа да одолее на неколку замки кои што и беа поставени од СДСМ, меѓудругото и онаа од минатата пролет кога на лидерска средба на ВМРО-ДПМНЕ му беше понудено да влезе во некаква широка коалиција предводена од СДСМ. Тоа беше моментот кога ВМРО-ДПМНЕ дефинитивно ја презеде целосната иницијатива на македонската политичка сцена и кога започна сериозниот и очигледен раст на поддршката од страна на македонските граѓани кон оваа партија. Сето останато што следуваше се одвиваше како по книга, а резултатот е очигледен.

Тој резултат е голем успех и голема обврска која што стои пред оваа партија. Првите реакции и однесување на оние кадри од ВМРО-ДПМНЕ, кои што се визибилни за јавноста, се приземни, скромни, конзистентни и охрабрувачки. Партијата има искуство со артикулирање на волјата на граѓаните и нејзиното имплементирање во сопствените политики, но и искуство во водење на процесите во интерес на државата и граѓаните под притисокот и влијанието кое што произлегува од надворешните и внатрешните политички околности.

ВМРО-ДПМНЕ ја има диригентската палка во своите раце и во никој случај не смее да се откаже од интерпретирање ниту на песната Заветна, ниту на Одата на радоста. Постојаното оставање на овие две песни на сопствениот репертоар ќе ја оддржуваат оваа партија долго време на пол позиција во македонската политика. Тоа ќе биде сериозен предизвик и вистинска уметност, но мора да се тера во тој правец.

Уметноста оди пред науката. Тоа што уметноста го загонетнува, подоцна или многу подоцна науката го објаснува и докажува. На крајот од денот секоја уметност се претвора во наука и може да биде објаснета преку научни методи. Да биде објаснета исто онака како што можат да бидат измерени и математички објаснети пропорциите на делата на Да Винчи, фреквенцијата на нотите на Бетовен или емотивните бранови предизвикани од текстот на Барбаровски. Политиката е спој на науката и уметноста, а нејзините резултати треба да се перцепираат исклучиво како математички прецизна уметност.

За останатото, треба да се засукаат ракавите!

The post Уметноста на возможното appeared first on Република.

]]>

Петар Поп-Арсов

Изборите завршија, резултатите ги знаеме. Ги знаеме победниците и поразените. Бројките се јасни, а математичките комбинации лесно предвидливи. Во моментов на сите страни се прават анализи за исходот од изборите и предвидувања за понатамошниот тек за случувањата во македонската политика. Но, политиката не е само обична математика која што претставува особено формална и егзактна научна дисциплина. Политиката не се состои само во обични бројки и едноставни математички операции на собирање и одземање. Таа е нешто сосема поинакво, нешто кое што често пати се коси со логиката и остантите математички закономерности. Политиката е, како што би рекол Бизмарк,  уметност на возможното. И тоа не е сѐ! Таа е и нешто друго. Политиката е и нешто кое што се поистоветува со најстариот занает со што и се дава оној вообичаен негативен контекст при нејзиното поимање. Без разлика дали е наука, уметност или занает, таа е неизбежна и присутна во сите сегменти од нашето живеење. Сепак, во овој текст не би се плеткале ниту со математиките ниту со старите занаети. Ќе направиме обид да се задржиме на „уметноста“, која што како таква ќе ни послужи како еден вид на подлога за да одгатнеме кои беа супстанцијалните причини кои што доведоа до ваквиот исход на македонските парламентарни избори. Уметноста пред сѐ! Таков е животот на нас уметниците..., а барем да бевме уметници! Ќе започнеме од ЗНАМ, па ќе одиме нагоре по ред, од ниско кон високо. ЗНАМ ја искористи својата шанса?! Или можеби не?! Повеќе би рекле дека одговорот е под б), отколку под а), но тоа е прашање на субјективна перцепција. На што се заснова субјективноста во перцепцијата дека ЗНАМ не ја искористи својата шанса отколку дека ја искористи? Има неколку причини и параметри кои не водат кон таков заклучок. ЗНАМ уште од почетокот имаше исклучително празна и плодна политичка почва која што му беше препуштена од „постариот брат“, СДСМ. Ако на почетокот на разидувањето на челниците на овие партии, чие што гласачко тело, патем кажано, претставува еден заеднички базен на гласови, беа личните битки помѓу Димитриевски и Спасовски, во продолжение тие добија идеолошко-политичка димензија. Ваквото идеолошко-политичко разединување одеше по онаа стара македонска линија на поделби, при што СДСМ доброволно прифати да ја игра улогата на оние што од историјата ги познаваме како врховисти, а челниците и поединците од ЗНАМ, кои што дотогаш беа на истата страна со постариот брат, како последица на конфликтот Димитриевски-Спасовски ја искористија приликата да го сменат наративот и со извесно временско издолжување да скокнат во времето на АСНОМ и тука да го изградат своето најсилно утврдување. И така, ЗНАМ доби своја политичка физиономија која што беше сосема спротивна од онаа на СДСМ на Заев, Спасовски, Ковачевски и останатите. Сосема спротивна која што навистина имаше можност да ги преполови гласовите од истиот базен и да ги стави на свое конто. Но, тоа не се случи! Не се случи, иако првиот круг од претседателските избори навестуваше можност дека ЗНАМ ќе освои многу повеќе гласови отколку тоа што беше перцепирано низ призмата на македонскиот политички стереотип. Кои беа причините? Можеби непрепознатливата кадровка понуда?! Недоволно разгранетата мрежа на оперативни структури и општински организации?! Колективната меморија на македонските граѓани која што ја помнат поврзаноста на структурите на ЗНАМ со прапочетоците и имплеметација на политиките на Заев?! Програмската понуда или политиката на “one man show”?! Веројатно од сѐ по нешто! Сума сумарум, тоа беше одлука на македонските граѓани кои на ниво на индивидуална уметничка проценка со елементи на математичка пресметка го „наградија“ ЗНАМ со шест пратенички мандати. Левица сепак направи одреден камбек после неуспехот во првиот круг од претседателските избори. Резултатот на оваа партија е збир на повеќе параметри и кој повеќе говори за расположението и револтот на македонските граѓани во однос на внатрешното и надворешното битисување на државата отколку што е производ на некоја политичка понуда која што нуди перспектива. Левица е антипод на се она што е меинстрим политика и претставува издувен вентил за одредена група на граѓани кои што во оваа партија можат да пронајдат прибежиште во кое можат да ги обединат своите гласови. Гласови, претежно засновани на антагонизам, но сепак гласови и луѓе кои што се реалност во државата и кои што ја искористија можноста да ја упатат својата порака, опомена или како и да ја дефинираме нивната одлука кон сите од внатре и од надвор. Можеби ќе имаа уште поголем успех да не беа оние нејасни идеолошко-политички егзибиции и испади на раководството кои што ги гледавме во континуитет последнава година, но тоа е. Не се мали, веројатно знаат што прават. Коалицијата ВРЕДИ го претставува најголемото освежување на македонската политичка сцена. Речиси беше непоимливо да се очекува пораз на ДУИ кои во минативе дваесетина и кусур години имаа доминација кај албанските гласачи. Веројатно клучен фактор во албанската гласачка равенка беше експлицитната поддршка која што оваа коалиција ја доби од косовскиот премиер, Курти, со што се даде сериозен импулс во рововската пресметка помеѓу овие два политички блока. Колку што не држи сеќавањето, ова беше првата јасна и недвосмислена поддршка на еден сериозен центар на политичка моќ од албанскиот свет кој отворено застана контра Али Ахмети. Гласовите ги добија, мандатите исто така. Останува да се надеваме дека ќе покажат политичка зрелост со која ќе бидат цврст и доверлив партнер во идната влада. Останува да очекуваме дека нема да ја направат грешката на ДПА од периодот помеѓу 2006 и 2008 година, која со својата политичка нестабилност му ја направи најголемата услуга на ДУИ враќајќи го повторно на власт. Потлитичката конзистентност и стабилност која што се очекува од ВРЕДИ е неопходна за нормално функционирање на влада та и државата, но во исто време е потребна да му овозможи доволен период на ДУИ да ги направи потребните реформи во сопствените редови како партија во опозиција. СДСМ доживеа колапс! Како и зошто, не би сакале да се повторуваме. А, убаво им се нудеше можност, па дури и барања од опозицијата за оддржување на предвремени парламентарни избори минатата есен. Беа напишани безброј текстови и колумни за нивните погрешни политики кои тие самите не сакаа да ги видат. Сега имаат доволно време за сопственото преиспитување, нека се вратат малку нананзад, нека прочитаат па можеби ќе ја најдат раскрсницата на која што тргнаа во погрешна насока. Барем да беше една раскрсница! На овие избори ДУИ покажа дека има сериозно влијание во севкупната македонска политичка сцена. Не само кај албанските гласачи, туку и поширокои. Како прво, ДУИ успеа да ги привлече во својата коалиција довчерашните лути противници Тачи и Села, но исто така за прв пат формираше коалиција со политички партии кои се репрезенти на Ромите и Турците. Бројот на гласови што оваа коалиција ги освои е респектабилен, но во исто време е показател дека ДУИ не е ексклузивниот и најголемиот претставник на гласачите Албанци во Македонија. Сепак, ДУИ покажа дека пред изборите имаше сериозен коалиционен капацитет и дека имаше бројни алатки на располагање кои придонесоа да бидат привлечени голем број на гласови на нивното конто. Во исто време, ДУИ покажа дека има влијание и кај гласачите Македонци, но во обратна смисла. Имено, националистичките скандирања и провокации на Ахмети пред првиот круг претседателски и бојкотот во вториот круг, претставуваа сериозен стимуланс и поттикт за значителен број на гласачи Македонци кои масовно излегоа за да придонесат во постигнувањето на цензусот. Токму тие гласачи, кои во најголем број ја дадоа поддршката на кандидатските листи на ВМРО-ДПМНЕ (што може да се види од резултатите), се додадената вредност на гласови на контото на ВМРО-ДПМНЕ кои што беа мотивирани токму од ДУИ. Данке ДУИ! ВМРО-ДПМНЕ имаше многу сериозна и темелна кампања, поткрепена со богата програмска понуда. Постепено и континуирано го градеше својот политички рејтинг кој што процес траеше буквално до самото затворање на гласачките места. Партијата претходно успеа да одолее на неколку замки кои што и беа поставени од СДСМ, меѓудругото и онаа од минатата пролет кога на лидерска средба на ВМРО-ДПМНЕ му беше понудено да влезе во некаква широка коалиција предводена од СДСМ. Тоа беше моментот кога ВМРО-ДПМНЕ дефинитивно ја презеде целосната иницијатива на македонската политичка сцена и кога започна сериозниот и очигледен раст на поддршката од страна на македонските граѓани кон оваа партија. Сето останато што следуваше се одвиваше како по книга, а резултатот е очигледен. Тој резултат е голем успех и голема обврска која што стои пред оваа партија. Првите реакции и однесување на оние кадри од ВМРО-ДПМНЕ, кои што се визибилни за јавноста, се приземни, скромни, конзистентни и охрабрувачки. Партијата има искуство со артикулирање на волјата на граѓаните и нејзиното имплементирање во сопствените политики, но и искуство во водење на процесите во интерес на државата и граѓаните под притисокот и влијанието кое што произлегува од надворешните и внатрешните политички околности. ВМРО-ДПМНЕ ја има диригентската палка во своите раце и во никој случај не смее да се откаже од интерпретирање ниту на песната Заветна, ниту на Одата на радоста. Постојаното оставање на овие две песни на сопствениот репертоар ќе ја оддржуваат оваа партија долго време на пол позиција во македонската политика. Тоа ќе биде сериозен предизвик и вистинска уметност, но мора да се тера во тој правец. Уметноста оди пред науката. Тоа што уметноста го загонетнува, подоцна или многу подоцна науката го објаснува и докажува. На крајот од денот секоја уметност се претвора во наука и може да биде објаснета преку научни методи. Да биде објаснета исто онака како што можат да бидат измерени и математички објаснети пропорциите на делата на Да Винчи, фреквенцијата на нотите на Бетовен или емотивните бранови предизвикани од текстот на Барбаровски. Политиката е спој на науката и уметноста, а нејзините резултати треба да се перцепираат исклучиво како математички прецизна уметност. За останатото, треба да се засукаат ракавите!

The post Уметноста на возможното appeared first on Република.

]]>
Македонци, родољуби, со демократска борба и соодветен одговор – со 62, можен е ресет и опстој на македонската држава и Македонците! https://republika.mk/kolumni/makedontsi-rodolubi-so-demokratska-borba-i-soodveten-odgovor-so-62-mozhen-e-reset-i-opstoj-na-makedonskata-drzhava-i-makedontsite/ Thu, 02 May 2024 17:27:38 +0000 https://republika.mk/?p=773569

Д-р Драган Попоски

Да се зачува македонската меморија и македонската темелна размисла. Иднината треба да се гради врз историските и животните сознанија вградени во патриотизмот. Македонецот треба да биде активен чинител, а негде и бескомпромисен, во одбраната на своите природни и историски права, во својата градба и надградба.

Преку историските фалсификати на инородните народи на Балканот (Грците доселени во VIII век с.е. од североисточна Африка; Бугарите доселени во VI-VII век од Татарстан кај реката Волга; Албанците насилно преселени од кавкаска Албанија во време на Османлиското царство, особено во XVIII – XIX век), ним им се даваат, или тие присвојуваат, туѓи историски вредности и димензии.

Задкарпатската теорија за преселба на Словените на Балканскиот (Македонскиот) Полуостров во V – VI век, не е поткрепена со никакви материјални докази или преданија. Тоа е историска лага! Таа теорија ја форсира Германецот Јохан Густав Дројзен, советник на грчкиот крал во 1856 година, за да го воздигне хеленизмот на сметка на македонизмот. Таа Берлинска школа, на која припаѓал и Дројзен, во 2011 год. е укината како анахрона, како извор на историски фалсификати и срам за германската историска наука.
Првата Призренска лига, со цели за формирање на Голема Албанија, се совпаѓа со Берлинскиот конгрес во 1878 год., кој го раководи Ото Фон Бизмарк. Тој, од германски интерес, изразува наклоност кон албанската идеја и во 1912 год. формирана е држава Албанија на Балканот, после онаа античка Албанија на Кавказот и Каспиското море, со богата историја и култура, денес поделена помеѓу соседните држави.

Во април 1941 год., фашистичка Италија ја окупира западна Македонија. На 14 јули, истата година, со италијански декрет, овој дел од Македонија е анектиран кон Албанија. Во септември 1943 год. одржана е Втората призренска лига со истите цели – формирање Голема Албанија. Настанува ужасен период за Македонците во западна Македонија. Покрај албанизацијата, раселени се и преку 28.000 Македонци.

Со вековни стремежи, борби и жртви, во Втората светска војна, во НОБ, со македонски воени сили, во 1944 год. ослободен е вардарскиот дел на Македонија и формирана е Народна Република Македонија која пристапи во Федеративна Народна Република Југославија.

Со дисолуцијата на Југославија и референдумот од 8 септември 1991 год., Македонија стана самостојна суверена држава. Како таква, Македонија не им одговара на соседните држави со инородни народи на Балканот, кои во континуитет пројавуваат негаторски и окупаторски интереси. Само по 30 години самостојност, Македонија станува држава со многу изгубени вредности. Таа се руши и однадвор и одвнатре!

Добро е и потребно меѓусебно познавање на граѓаните во Република Македонија, но и мудро е да се негува и надградува соживотот, спротивно на етничките, верските и партиските нетолеранции кои не создаваат просперитет и благосостоба.

Во 2001 год., САД и НАТО застанаа во одбрана и подршка на терористичката воена албанска структура ОНА (УЧК) од Косово, со цели за окупација на македонски територии. Тие извршија воени злосторства врз одбранбените македонски сили и цивилното население. За таквите злодела тие не понесоа одговорност! САД, држави членки на НАТО и Судот во Хаг, тие злосторства ги релативизираа, иако тие не застаруваат. Наместо злосторниците да бидат во затвор, подржателите им овозможија, по “демократски“ пат, да формираат политичка партија ДУИ, на чело со водачот на ОНА –Али Ахмети, и да продолжат да ја остваруваат воената цел, сега со други средства и методи. Денес, таа партија владее со Македонија. Тоа што не го постигнаа на воено поле во 2001 год.-распарчување и освојување на делови од Македонија, сега тоа го остваруваат по “демократски“ пат со девизата:Колку полошо во државата, толку подобро се остварува нашата цел- да ја нема Македонија и Македонците!

Создаден е апардхејд на европска почва.
Потребен е демократски одговор на Македонците и Родољубите за одбрана и ресетирање на државата. Следејки го историскиот начин на создавање и рушење на држави, Македонија, Македонците и сите Родољуби, тоа треба да го превенираат, пред се со демократски средства на изборите - со 62!

Поранешниот германски амбасадор во Македонија, Ханс Лотер Ште-пан, ќе напише: “ ...народ кој се бори за својата држава, мора да е подготвен да плати и одредена цена “. Лотар уште нагласува: “ На Брисел, во крајна линија, сеедно му е дали Македонија ќе опстани или не како држава“.

Со Охридскиот рамковен договор од август 2001 год., Македонија се губи како држава на Македонците. Тој уште посилно ги разделува етнитетите на македонските граѓани, спротивно на декларативните цели на Договорот.

Новата општинска распределба од 2004 год., подржана од САД и ЕУ, уште повеќе ги провоцира етничките поделби. Објаснувањата, дека новата општинска распределба ќе создаде функционални општини со побрз економски раст, социјален развој и подобар живот, не се остварија. Напротив. Сега, во општини со мнозинско албанско население, како “плен“ од војната на ОНА против Македонија, и владеењето на ДУИ , не смее да има градоначалник Македонец ! Во таквите општини се игнорира македонското државно знаме, а се вее знаме на друга држава – Албанија! Знамето покажува чива е територијата! Се игнорира македонскиот јазик, македонските закони, не се плаќаат даноци, се узурпира државното земјиште на “ легален“ начин. Се најавува и бара обединување на „албанските општини“ и федера-лизација на Македонија, а потоа, по “демократски“ пат да се формира трета албанска држава на Балканот, со следен чекор - создавање на Голема Албанија. Членови на ДУИ, на високи позиции во партијата и државата, изразуваат незадоволство што сеуште во „нивните албански“ општини има македонски енклави (населби, села)!

Со новата општинска распределба се растури природната општин- ска целина, силно се раскина македонското компактно ткиво и се про-мена етничкиот состав на општините.

Предлогот за асоцијација на “албанските општини“, не е антиамерикански, антиевропски, тој е антимакедонски!
По “демократски“ пат ДУИ две децении го кочеше пописот на насе-лението во Македонија! Разбирливо зошто. Постотокот на Албанците во Македонија не се совпаѓаше со искажаното во Рамковниот договор. По-писот во 2021 год., не е изведен по меѓународните правила и тој е необјективен- манипулации со резидентното и нерезидентното населе-ние. Само во периодот по земјотресот во Скопје, во 1963 год., многу- бројни Албанци од Косово и Србија се доселуваат во Скопје. Се промени етничката структура на градот. Во времето на Киро Глигоров (1991-1999) и Бранко Црвенковски ( 2004-2009), издадени се 150.000 пасоши на Албанци од Косово. Создадена е етничка структура за пописни, изборни и други манипулации.

Македонската држава и општествен систем, раководена од оваа власт, се руши на секое поле и води кон распад на државата. Тоа им одговара на целите на Албанија и Бугарија. ОНА на Али Ахмети, сега трансформирана во политичка партија ДУИ, во дослух со Грција и Бугарија, со домашните квислинзи и марионети Зоран Заев и Димитар Ковачевски, диригирани од големите Заштитници, ја остварува својата цел. Министри, вицепремиери, спикерот на Собранието на Македонија, градначалници и други функционери – Албанци, штитат други, а не македонски интереси. Тоа е особено видливо и нагласено од страна на спикерот на Собранието Талат Џафери, министерот за надворешни работи Бујар Османи, вицепремиерот Артан Груби, министерот за образование Јетон Шакири...

Со приказот на ТВ медиумите како во службените простории во Министерството за политички систем, министри-Албанци играат фудбал и кошарка, тие јасно искажуваат омаловажување на Македонија, дриблање на Македонците и другите Родољуби со порака: Ви покажуваме кои сме и што можеме, вие сте никои и за никаде!

Потребен е на изборите соодветен демократски одговор - со 62 !

Под оваа власт, без согласност на Македонците, сменето е името на државата, а со тое е извршен духовен геноцид врз Македонците. Името на државата Македонија е идентитетот на Македонците. Во променетиот Устав , Македонците се именувани само како граѓани на Република Македонија- тие се обезимени! Тоа го урива духот на Македонците и другите Родољуби во вербата во себе, во своите можности и стремежи за престиж, за соработка со другите народи и држави на секое поле: научно, економско, културно, спортско...
Со таквата промена на Уставот, државата Македонија остана без конститутивен народ, што создава правна подлога и можност за поделба и освојувања од страна на соседните држави. Се поништи АСНОМ, се поништи Референдумот од 8-ми септември 1991 год. !
Тоа не им пречи на САД, на ЕУ, тоа им пречи на Македонците кои ја губат унитарната држава. Потребен е ресет на државата – со 62!
Македонија ќе станеше членка на НАТО и без да го промени името. Во тоа време, во таа геостратегиска констелација, приоритет на САД и НАТО беше македонската територија. Нашата власт не покажа умешност, желба и тактика за да се зачува името. Предавствата, денес кај нас, станаа системска “ вредност“ !
Со демократска постапка и соодветен одговор на изборите, таа системска “вредност“ треба да се сруши - со 62!
Денес Македонија има ненародна, неспособна, антимакедонска власт . СДСМ во коалиција со ДУИ , ги поврзува антимакедонизмот, анти-патриотизмот, беззаконието, корупцијата и криминалот, со тенденција да се урниса и подели Македонија помеѓу Бугарија и Албанија. Нашето членство во НАТО не е гаранција за македонскиот опстанок. И Бугарија, и Албанија се членки на НАТО. НАТО не ќе има потреба да го активира чл. 5 од Нато договорот зошто македонската територија, тогаш на други земји, и понатака ќе остане воен полигон на НАТО.
НАТО, САД, ЕУ не губат ништо. Ние Македонците, и другите Родољуби, ја губиме македонската држава и татковина! Да ги спречиме – со 62!
Нашата вазалска поставеност кон стратегискиот партнер САД, кој ја подржуваше ОНА , сега ДУИ, и новата општинска распределба, кој изразува “немоќ“ на влијание врз ДУИ за стабилизација и сеопшт напредок на Македонија, како и влијание за зачленување на Македонија во ЕУ, само го покажува неговиот стратегиски интерес, а не и заштита на македонскиот интерес.
Историчарот Лазар Лазаров, во 1999 год. изнесува: Точно пред половина век, САД предлагаат Албанија да се подели на Грција, Србија, Македонија и Црна Гора. Тито го одбил овој предлог.

Стратегиските интереси се менуваат. Соживотот на граѓаните на Македонија е вистинската вредност која заеднички треба да ја негуваме и браниме и на изборите - со 62!
Македонија е во Европа и се стреми да стане членка на ЕУ уште од нејзиното осамостојување. Ако тоа не е можно, а времето тоа го покажува, треба да се бараат алтернативи. ЕУ е наш стремеж само со копенхашките критериуми и разумно време за асоцијација. Без алтенативноста е пропаѓање во времето и илузијата, слепа улица, тапкање во место, тонење – губење на државноста. Алтернатива е и Македонија, со европски вредности, да асоцира со други земји и меѓународни корпуси, каде ќе постојат меѓусебни уважувања и интереси.

Нашата прва и најважна алтернатива е Македонија, во неа да ги вградиме позитивните европски вредности преку демократската избор-на постапка – со 62!

Бадентеровиот принцип треба да замине во историјата. Ако таков принцип претставува општествена вредност и други држави ќе го применувале. Балансерот, исто. Професионалните и човековите вредности на граѓанинот треба да бидат приоритетни критериуми во секој изборен процес и активности.

Македонскиот јазик, како државен јазик, е битен фактор кој го обединува граѓанството во целата држава. Истото го практикува и Албанија со албанскиот јазик. Наметнувањето на албанскиот јазик во Македонија, и тој како државен јазик, претставува јазична окупација на македонскиот простор. Новиот Закон за јазиците наложуваше санкции од 5.000 евра ако не се знае , употребува и говори албанскиот јазик, но не наложуваше санкции ако не се знае, говори и употребува македонскиот јазик! Големиот Американец Ноам Чомски ќе запише: “... јазичните битки им предходат на воените битки“!

Со соодветен демократски одговор да се превенира војната!
На Македонија и е потребен општествен систем кој ќе создава вредности и благосостојба, сигурност за сите граѓани, а не поделби.
Македонци, Родољуби, без разлика на партиската припадност, или неопределеност, обединете се во демократската борба на изборите и дајте го соодветниот демократски одговор за ресет и опстој на Македонија, Македонците и Родољубите - со 62!

Потребен е историски пресврт. Гласајте за тие кои не ги распродаваат македонските национални вредности, кои не ја рушат државата одвнатре, кои ќе го повратат македонското, родољубивото, човеково достоинство и гордост. Малцинствата, рамноправни со Македонците, се наши почитувани животни сопатници, малцинско богатство со кое споделуваме заеднички судбини и вредности.

Да не бидеме слепи и наивни, да ја следиме македонската мемо-рија и македонскиот милениумски континуитет – со 62!
Во Европа, во светот, постојат и доста помали држави од Македонија, но се меѓународно уважувани поради идентитетското самодокажување и неговата одбрана, поради нивниот успешен општествен, културен и економски развој, поради љубовта што ја имаат кон татковината и спремноста за неа и да гинат.

Логиката на делови од меѓународниот фактор е:

Ако самите Македонци не си ја бранат државата, историјата, јазикот, културата, своите исконски идентитетски белези, ако не продуцираат развој, материјални и духовни вредности – таквите држави и народи немора ни да постојат!

Македонци, Родољуби, со соодветен демократски одговор да ја решаваме македонската и нашата судбина преку демократски избори со резултат кој ветува просперитет, ресет и опстој на македонската држава – со 62!

Во една прилика, во почетокот на развојот на политичкиот плурализам кај нас, пред триесетина години, во Охрид (18 јануари 2024) реков:

Македонија да е и колиба, а сега ќе биде самостојна држава, треба и со оружје да ја браниме!

The post Македонци, родољуби, со демократска борба и соодветен одговор – со 62, можен е ресет и опстој на македонската држава и Македонците! appeared first on Република.

]]>

Д-р Драган Попоски

Да се зачува македонската меморија и македонската темелна размисла. Иднината треба да се гради врз историските и животните сознанија вградени во патриотизмот. Македонецот треба да биде активен чинител, а негде и бескомпромисен, во одбраната на своите природни и историски права, во својата градба и надградба. Преку историските фалсификати на инородните народи на Балканот (Грците доселени во VIII век с.е. од североисточна Африка; Бугарите доселени во VI-VII век од Татарстан кај реката Волга; Албанците насилно преселени од кавкаска Албанија во време на Османлиското царство, особено во XVIII – XIX век), ним им се даваат, или тие присвојуваат, туѓи историски вредности и димензии. Задкарпатската теорија за преселба на Словените на Балканскиот (Македонскиот) Полуостров во V – VI век, не е поткрепена со никакви материјални докази или преданија. Тоа е историска лага! Таа теорија ја форсира Германецот Јохан Густав Дројзен, советник на грчкиот крал во 1856 година, за да го воздигне хеленизмот на сметка на македонизмот. Таа Берлинска школа, на која припаѓал и Дројзен, во 2011 год. е укината како анахрона, како извор на историски фалсификати и срам за германската историска наука. Првата Призренска лига, со цели за формирање на Голема Албанија, се совпаѓа со Берлинскиот конгрес во 1878 год., кој го раководи Ото Фон Бизмарк. Тој, од германски интерес, изразува наклоност кон албанската идеја и во 1912 год. формирана е држава Албанија на Балканот, после онаа античка Албанија на Кавказот и Каспиското море, со богата историја и култура, денес поделена помеѓу соседните држави. Во април 1941 год., фашистичка Италија ја окупира западна Македонија. На 14 јули, истата година, со италијански декрет, овој дел од Македонија е анектиран кон Албанија. Во септември 1943 год. одржана е Втората призренска лига со истите цели – формирање Голема Албанија. Настанува ужасен период за Македонците во западна Македонија. Покрај албанизацијата, раселени се и преку 28.000 Македонци. Со вековни стремежи, борби и жртви, во Втората светска војна, во НОБ, со македонски воени сили, во 1944 год. ослободен е вардарскиот дел на Македонија и формирана е Народна Република Македонија која пристапи во Федеративна Народна Република Југославија. Со дисолуцијата на Југославија и референдумот од 8 септември 1991 год., Македонија стана самостојна суверена држава. Како таква, Македонија не им одговара на соседните држави со инородни народи на Балканот, кои во континуитет пројавуваат негаторски и окупаторски интереси. Само по 30 години самостојност, Македонија станува држава со многу изгубени вредности. Таа се руши и однадвор и одвнатре! Добро е и потребно меѓусебно познавање на граѓаните во Република Македонија, но и мудро е да се негува и надградува соживотот, спротивно на етничките, верските и партиските нетолеранции кои не создаваат просперитет и благосостоба. Во 2001 год., САД и НАТО застанаа во одбрана и подршка на терористичката воена албанска структура ОНА (УЧК) од Косово, со цели за окупација на македонски територии. Тие извршија воени злосторства врз одбранбените македонски сили и цивилното население. За таквите злодела тие не понесоа одговорност! САД, држави членки на НАТО и Судот во Хаг, тие злосторства ги релативизираа, иако тие не застаруваат. Наместо злосторниците да бидат во затвор, подржателите им овозможија, по “демократски“ пат, да формираат политичка партија ДУИ, на чело со водачот на ОНА –Али Ахмети, и да продолжат да ја остваруваат воената цел, сега со други средства и методи. Денес, таа партија владее со Македонија. Тоа што не го постигнаа на воено поле во 2001 год.-распарчување и освојување на делови од Македонија, сега тоа го остваруваат по “демократски“ пат со девизата:Колку полошо во државата, толку подобро се остварува нашата цел- да ја нема Македонија и Македонците! Создаден е апардхејд на европска почва. Потребен е демократски одговор на Македонците и Родољубите за одбрана и ресетирање на државата. Следејки го историскиот начин на создавање и рушење на држави, Македонија, Македонците и сите Родољуби, тоа треба да го превенираат, пред се со демократски средства на изборите - со 62! Поранешниот германски амбасадор во Македонија, Ханс Лотер Ште-пан, ќе напише: “ ...народ кој се бори за својата држава, мора да е подготвен да плати и одредена цена “. Лотар уште нагласува: “ На Брисел, во крајна линија, сеедно му е дали Македонија ќе опстани или не како држава“. Со Охридскиот рамковен договор од август 2001 год., Македонија се губи како држава на Македонците. Тој уште посилно ги разделува етнитетите на македонските граѓани, спротивно на декларативните цели на Договорот. Новата општинска распределба од 2004 год., подржана од САД и ЕУ, уште повеќе ги провоцира етничките поделби. Објаснувањата, дека новата општинска распределба ќе создаде функционални општини со побрз економски раст, социјален развој и подобар живот, не се остварија. Напротив. Сега, во општини со мнозинско албанско население, како “плен“ од војната на ОНА против Македонија, и владеењето на ДУИ , не смее да има градоначалник Македонец ! Во таквите општини се игнорира македонското државно знаме, а се вее знаме на друга држава – Албанија! Знамето покажува чива е територијата! Се игнорира македонскиот јазик, македонските закони, не се плаќаат даноци, се узурпира државното земјиште на “ легален“ начин. Се најавува и бара обединување на „албанските општини“ и федера-лизација на Македонија, а потоа, по “демократски“ пат да се формира трета албанска држава на Балканот, со следен чекор - создавање на Голема Албанија. Членови на ДУИ, на високи позиции во партијата и државата, изразуваат незадоволство што сеуште во „нивните албански“ општини има македонски енклави (населби, села)! Со новата општинска распределба се растури природната општин- ска целина, силно се раскина македонското компактно ткиво и се про-мена етничкиот состав на општините. Предлогот за асоцијација на “албанските општини“, не е антиамерикански, антиевропски, тој е антимакедонски! По “демократски“ пат ДУИ две децении го кочеше пописот на насе-лението во Македонија! Разбирливо зошто. Постотокот на Албанците во Македонија не се совпаѓаше со искажаното во Рамковниот договор. По-писот во 2021 год., не е изведен по меѓународните правила и тој е необјективен- манипулации со резидентното и нерезидентното населе-ние. Само во периодот по земјотресот во Скопје, во 1963 год., многу- бројни Албанци од Косово и Србија се доселуваат во Скопје. Се промени етничката структура на градот. Во времето на Киро Глигоров (1991-1999) и Бранко Црвенковски ( 2004-2009), издадени се 150.000 пасоши на Албанци од Косово. Создадена е етничка структура за пописни, изборни и други манипулации. Македонската држава и општествен систем, раководена од оваа власт, се руши на секое поле и води кон распад на државата. Тоа им одговара на целите на Албанија и Бугарија. ОНА на Али Ахмети, сега трансформирана во политичка партија ДУИ, во дослух со Грција и Бугарија, со домашните квислинзи и марионети Зоран Заев и Димитар Ковачевски, диригирани од големите Заштитници, ја остварува својата цел. Министри, вицепремиери, спикерот на Собранието на Македонија, градначалници и други функционери – Албанци, штитат други, а не македонски интереси. Тоа е особено видливо и нагласено од страна на спикерот на Собранието Талат Џафери, министерот за надворешни работи Бујар Османи, вицепремиерот Артан Груби, министерот за образование Јетон Шакири... Со приказот на ТВ медиумите како во службените простории во Министерството за политички систем, министри-Албанци играат фудбал и кошарка, тие јасно искажуваат омаловажување на Македонија, дриблање на Македонците и другите Родољуби со порака: Ви покажуваме кои сме и што можеме, вие сте никои и за никаде! Потребен е на изборите соодветен демократски одговор - со 62 ! Под оваа власт, без согласност на Македонците, сменето е името на државата, а со тое е извршен духовен геноцид врз Македонците. Името на државата Македонија е идентитетот на Македонците. Во променетиот Устав , Македонците се именувани само како граѓани на Република Македонија- тие се обезимени! Тоа го урива духот на Македонците и другите Родољуби во вербата во себе, во своите можности и стремежи за престиж, за соработка со другите народи и држави на секое поле: научно, економско, културно, спортско... Со таквата промена на Уставот, државата Македонија остана без конститутивен народ, што создава правна подлога и можност за поделба и освојувања од страна на соседните држави. Се поништи АСНОМ, се поништи Референдумот од 8-ми септември 1991 год. ! Тоа не им пречи на САД, на ЕУ, тоа им пречи на Македонците кои ја губат унитарната држава. Потребен е ресет на државата – со 62! Македонија ќе станеше членка на НАТО и без да го промени името. Во тоа време, во таа геостратегиска констелација, приоритет на САД и НАТО беше македонската територија. Нашата власт не покажа умешност, желба и тактика за да се зачува името. Предавствата, денес кај нас, станаа системска “ вредност“ ! Со демократска постапка и соодветен одговор на изборите, таа системска “вредност“ треба да се сруши - со 62! Денес Македонија има ненародна, неспособна, антимакедонска власт . СДСМ во коалиција со ДУИ , ги поврзува антимакедонизмот, анти-патриотизмот, беззаконието, корупцијата и криминалот, со тенденција да се урниса и подели Македонија помеѓу Бугарија и Албанија. Нашето членство во НАТО не е гаранција за македонскиот опстанок. И Бугарија, и Албанија се членки на НАТО. НАТО не ќе има потреба да го активира чл. 5 од Нато договорот зошто македонската територија, тогаш на други земји, и понатака ќе остане воен полигон на НАТО. НАТО, САД, ЕУ не губат ништо. Ние Македонците, и другите Родољуби, ја губиме македонската држава и татковина! Да ги спречиме – со 62! Нашата вазалска поставеност кон стратегискиот партнер САД, кој ја подржуваше ОНА , сега ДУИ, и новата општинска распределба, кој изразува “немоќ“ на влијание врз ДУИ за стабилизација и сеопшт напредок на Македонија, како и влијание за зачленување на Македонија во ЕУ, само го покажува неговиот стратегиски интерес, а не и заштита на македонскиот интерес. Историчарот Лазар Лазаров, во 1999 год. изнесува: Точно пред половина век, САД предлагаат Албанија да се подели на Грција, Србија, Македонија и Црна Гора. Тито го одбил овој предлог. Стратегиските интереси се менуваат. Соживотот на граѓаните на Македонија е вистинската вредност која заеднички треба да ја негуваме и браниме и на изборите - со 62! Македонија е во Европа и се стреми да стане членка на ЕУ уште од нејзиното осамостојување. Ако тоа не е можно, а времето тоа го покажува, треба да се бараат алтернативи. ЕУ е наш стремеж само со копенхашките критериуми и разумно време за асоцијација. Без алтенативноста е пропаѓање во времето и илузијата, слепа улица, тапкање во место, тонење – губење на државноста. Алтернатива е и Македонија, со европски вредности, да асоцира со други земји и меѓународни корпуси, каде ќе постојат меѓусебни уважувања и интереси. Нашата прва и најважна алтернатива е Македонија, во неа да ги вградиме позитивните европски вредности преку демократската избор-на постапка – со 62! Бадентеровиот принцип треба да замине во историјата. Ако таков принцип претставува општествена вредност и други држави ќе го применувале. Балансерот, исто. Професионалните и човековите вредности на граѓанинот треба да бидат приоритетни критериуми во секој изборен процес и активности. Македонскиот јазик, како државен јазик, е битен фактор кој го обединува граѓанството во целата држава. Истото го практикува и Албанија со албанскиот јазик. Наметнувањето на албанскиот јазик во Македонија, и тој како државен јазик, претставува јазична окупација на македонскиот простор. Новиот Закон за јазиците наложуваше санкции од 5.000 евра ако не се знае , употребува и говори албанскиот јазик, но не наложуваше санкции ако не се знае, говори и употребува македонскиот јазик! Големиот Американец Ноам Чомски ќе запише: “... јазичните битки им предходат на воените битки“! Со соодветен демократски одговор да се превенира војната! На Македонија и е потребен општествен систем кој ќе создава вредности и благосостојба, сигурност за сите граѓани, а не поделби. Македонци, Родољуби, без разлика на партиската припадност, или неопределеност, обединете се во демократската борба на изборите и дајте го соодветниот демократски одговор за ресет и опстој на Македонија, Македонците и Родољубите - со 62! Потребен е историски пресврт. Гласајте за тие кои не ги распродаваат македонските национални вредности, кои не ја рушат државата одвнатре, кои ќе го повратат македонското, родољубивото, човеково достоинство и гордост. Малцинствата, рамноправни со Македонците, се наши почитувани животни сопатници, малцинско богатство со кое споделуваме заеднички судбини и вредности. Да не бидеме слепи и наивни, да ја следиме македонската мемо-рија и македонскиот милениумски континуитет – со 62! Во Европа, во светот, постојат и доста помали држави од Македонија, но се меѓународно уважувани поради идентитетското самодокажување и неговата одбрана, поради нивниот успешен општествен, културен и економски развој, поради љубовта што ја имаат кон татковината и спремноста за неа и да гинат. Логиката на делови од меѓународниот фактор е:
Ако самите Македонци не си ја бранат државата, историјата, јазикот, културата, своите исконски идентитетски белези, ако не продуцираат развој, материјални и духовни вредности – таквите држави и народи немора ни да постојат!
Македонци, Родољуби, со соодветен демократски одговор да ја решаваме македонската и нашата судбина преку демократски избори со резултат кој ветува просперитет, ресет и опстој на македонската држава – со 62! Во една прилика, во почетокот на развојот на политичкиот плурализам кај нас, пред триесетина години, во Охрид (18 јануари 2024) реков:
Македонија да е и колиба, а сега ќе биде самостојна држава, треба и со оружје да ја браниме!

The post Македонци, родољуби, со демократска борба и соодветен одговор – со 62, можен е ресет и опстој на македонската држава и Македонците! appeared first on Република.

]]>
Последниот впечаток за претседателот https://republika.mk/kolumni/posledniot-vpechatok-za-pretsedatelot/ Mon, 22 Apr 2024 10:43:47 +0000 https://republika.mk/?p=769249

Петар Поп-Арсов

Влегуваме во последните неколку часа од предизборната кампања за првиот круг од претеседателските избори. Што е направено, направено е! Што е кажано, веќе е кажано! Овие неколку часа нема ништо да сменат во расположението на гласачите, ниту пак ќе сменат нешто кое што ќе му овозможи на некој од кандидатите некаков значителен исчекор во трката за влез во вториот круг. Резултатите од првото полувреме веќе се лесно предвидливи.

Да бидеме искрени, впечаток е дека самата кампања повеќе одеше во правец на мотивирање и поттикнување на гласачите да излезат на избори отколку да се направи некоја спектакуларна промена на односот на гласовите и расположението кое што го имавме како слика уште во раната фаза на започнување на изборниот процес.

Какви ќе бидат резултатите од претседателските избори? Обично се онакви какви што се гледа на прв поглед... освен ако нема сериозен изборен инженеринг кој ќе ги наруши демократските закономерности. Не постои втора шанса за оставање на првиот впечаток и тој секогаш е најсилен.

Тој прв впечаток, чија што нулта точка за овие избори би ја ставиле некаде во моментот на изборот на техничката влада, е акумулиран со месеци и со години помеѓу два изборни циклуса. Тој впечаток не е производ на некаква илузија или имагинарна перцепција создадена во периодот на борбата за стартните позиции пред изборите или создаден во самата кампања. Тоа е впечаток кој стои како жиг, како отпечаток врз нас и нашата свест за се она што сме го преживеале во текот на претходните неколку години за време на конкретнава и добро позната власт.

Тоа не е впечаток кој лесно може да се избрише со неколку телевизиски спота, неколку мудрости искажани на митинг или дебата. Тоа не е впечаток кој ќе го снема под силната светлина на митингашките рефлектори. Тоа е впечаток кој се однесува на нас самите, на нашите животи, на животите на нашите семејства и перспективата на нашите деца.

Нашите претставници, пратениците и претседателот не ги избираме заради нив, туку заради нас. Впечатокот кој што го имаме за работата на секоја власт е впечаток кој што претставува наш патоказ за тоа како треба да се определиме и гласаме со цел да го заштитиме нашиот личен и колективен интерес како граѓани на оваа држава. Тоа што државата е таква и така устроена за да најголемиот поединечен бенефит го имаат оние за кои што гласаме, е посебно прашање за дискусија и анализа, но вистинскиот интерес и бенефит од било кои избори треба да оди на конто на граѓаните.

Затоа, повторно ќе кажеме дека кампањските и декларативни изјави од типот „јас сум за Европа“, а во сито време од Европа и ЕУ не видовме ништо освен злоупотреба на европското знаменце, или пак изјавите од типот „додека бев претседател не крадев“, при што корупцијата и криминалот доживеаа вистинска ренесанса, се тешко лицемерие кое не може и не смее да го смени вистинскиот впечатокот за оваа власт, во пакет, претседател и влада.

Ако претседателот не крадел, како што вели самиот, зошто дозоли сите останати да крадат и да создадат перцепција и чувство дека сме најкорумпираната и најкриминалната држава?! Ако е толкав борец за ЕУ и нејзините стандарди, зошто потпиша и дозволи да поминат огромен број на закони со злоупотреба на европското знаменце?! Ако е толкав борец за правото и правдата, зошто дозволи и учествуваше во урнисување на довербата во судството?! Ако е вистински претседател на сите граѓани, зошто дозволува министерот за надворешни работи да турка партиска агенда во надворешната политика на Македонија на очиглед на сите нас, токму во периодов пред изборите?!

Таква инертност и незаинтересираност на еден шеф на државата, кој во исто време бара втор мандат, е нешто кое до сега никогаш не сме го имале како впечаток на ниту едни претходни избори!

Многу прашања можат да му се постават на актуелниот претседател, но сите одговори ќе водат во ист правец. Македонија имаше инертен и незаинтересиран претседател без никакво чувство за емпатија кон граѓаните на државата која што му дадоа да ја води. Имавме претседател кој се однесуваше како апаратчик, бирократ и државен службеник кој одработува за неговата месечна плата. Претседател кој не вложи ништо свое, ниту остави печат по кој ќе го паметиме.

Како врв на сѐ, засрамувачки беше впечатокот кој се стекна од вчерашната телевизиска дебата на која токму претседателот беше најинфериорната личност во споредба со сите останати кандидати во однос на сите прашања кои се од интерес на државата и граѓаните, а се во надлежност на претседателот. Кандидатот кој најмногу треба да знае, кој треба да е инволвиран во сите теми, кој всушност сѐ уште е „татко на нацијата“, беше најнезаинтересираната личност за сѐ она што се случуваше околу него.

Тоа е последениот впечаток за него, потполно ист како оној првиот!

The post Последниот впечаток за претседателот appeared first on Република.

]]>

Петар Поп-Арсов

Влегуваме во последните неколку часа од предизборната кампања за првиот круг од претеседателските избори. Што е направено, направено е! Што е кажано, веќе е кажано! Овие неколку часа нема ништо да сменат во расположението на гласачите, ниту пак ќе сменат нешто кое што ќе му овозможи на некој од кандидатите некаков значителен исчекор во трката за влез во вториот круг. Резултатите од првото полувреме веќе се лесно предвидливи. Да бидеме искрени, впечаток е дека самата кампања повеќе одеше во правец на мотивирање и поттикнување на гласачите да излезат на избори отколку да се направи некоја спектакуларна промена на односот на гласовите и расположението кое што го имавме како слика уште во раната фаза на започнување на изборниот процес. Какви ќе бидат резултатите од претседателските избори? Обично се онакви какви што се гледа на прв поглед... освен ако нема сериозен изборен инженеринг кој ќе ги наруши демократските закономерности. Не постои втора шанса за оставање на првиот впечаток и тој секогаш е најсилен. Тој прв впечаток, чија што нулта точка за овие избори би ја ставиле некаде во моментот на изборот на техничката влада, е акумулиран со месеци и со години помеѓу два изборни циклуса. Тој впечаток не е производ на некаква илузија или имагинарна перцепција создадена во периодот на борбата за стартните позиции пред изборите или создаден во самата кампања. Тоа е впечаток кој стои како жиг, како отпечаток врз нас и нашата свест за се она што сме го преживеале во текот на претходните неколку години за време на конкретнава и добро позната власт. Тоа не е впечаток кој лесно може да се избрише со неколку телевизиски спота, неколку мудрости искажани на митинг или дебата. Тоа не е впечаток кој ќе го снема под силната светлина на митингашките рефлектори. Тоа е впечаток кој се однесува на нас самите, на нашите животи, на животите на нашите семејства и перспективата на нашите деца. Нашите претставници, пратениците и претседателот не ги избираме заради нив, туку заради нас. Впечатокот кој што го имаме за работата на секоја власт е впечаток кој што претставува наш патоказ за тоа како треба да се определиме и гласаме со цел да го заштитиме нашиот личен и колективен интерес како граѓани на оваа држава. Тоа што државата е таква и така устроена за да најголемиот поединечен бенефит го имаат оние за кои што гласаме, е посебно прашање за дискусија и анализа, но вистинскиот интерес и бенефит од било кои избори треба да оди на конто на граѓаните. Затоа, повторно ќе кажеме дека кампањските и декларативни изјави од типот „јас сум за Европа“, а во сито време од Европа и ЕУ не видовме ништо освен злоупотреба на европското знаменце, или пак изјавите од типот „додека бев претседател не крадев“, при што корупцијата и криминалот доживеаа вистинска ренесанса, се тешко лицемерие кое не може и не смее да го смени вистинскиот впечатокот за оваа власт, во пакет, претседател и влада. Ако претседателот не крадел, како што вели самиот, зошто дозоли сите останати да крадат и да создадат перцепција и чувство дека сме најкорумпираната и најкриминалната држава?! Ако е толкав борец за ЕУ и нејзините стандарди, зошто потпиша и дозволи да поминат огромен број на закони со злоупотреба на европското знаменце?! Ако е толкав борец за правото и правдата, зошто дозволи и учествуваше во урнисување на довербата во судството?! Ако е вистински претседател на сите граѓани, зошто дозволува министерот за надворешни работи да турка партиска агенда во надворешната политика на Македонија на очиглед на сите нас, токму во периодов пред изборите?! Таква инертност и незаинтересираност на еден шеф на државата, кој во исто време бара втор мандат, е нешто кое до сега никогаш не сме го имале како впечаток на ниту едни претходни избори! Многу прашања можат да му се постават на актуелниот претседател, но сите одговори ќе водат во ист правец. Македонија имаше инертен и незаинтересиран претседател без никакво чувство за емпатија кон граѓаните на државата која што му дадоа да ја води. Имавме претседател кој се однесуваше како апаратчик, бирократ и државен службеник кој одработува за неговата месечна плата. Претседател кој не вложи ништо свое, ниту остави печат по кој ќе го паметиме. Како врв на сѐ, засрамувачки беше впечатокот кој се стекна од вчерашната телевизиска дебата на која токму претседателот беше најинфериорната личност во споредба со сите останати кандидати во однос на сите прашања кои се од интерес на државата и граѓаните, а се во надлежност на претседателот. Кандидатот кој најмногу треба да знае, кој треба да е инволвиран во сите теми, кој всушност сѐ уште е „татко на нацијата“, беше најнезаинтересираната личност за сѐ она што се случуваше околу него. Тоа е последениот впечаток за него, потполно ист како оној првиот!

The post Последниот впечаток за претседателот appeared first on Република.

]]>
Јасно свртување вдесно https://republika.mk/kolumni/jasno-svrtuvane-vdesno/ Mon, 18 Mar 2024 18:03:24 +0000 https://republika.mk/?p=756027

Петар Поп-Арсов

Веќе постојано повторуваме дека 2024 е изборна година речиси во целиот свет. Да бидеме поконкретни и попрецизни, оваа е годината на избори во светот во кој што припаѓаме, за кој што сме заинтересирани, економски поврзани и културно интегрирани. Избори има во земјите кои што имаат глобално влијание насекаде низ светот, вклучително и врз нас и нашата држава како дел од глобалната заедница.

Избори ќе има во САД, во Европската унија, избори имаше во Русија. Дури и во Украина, земјата во која се води жестока војна, според некоја логика и демократски ред 2024 би требало да биде изборна година. Избори има и тука на Балканот. Во Србија завршија, во Хрватска се подготвуваат исто како што се подготвуваат и кај нас во Македонија.

Ако ништо друго, ќе биде интересно во текот на целата година.

Во Русија изборите завршија вчера. Што да се каже, а да се остане коректен и аналитички непристрасен? Резултатите се очекувани, без изненадувања. Проследени со несвојствено голема доза на рамнодушност кај западноевропските земји, која оди до граници на незаинтересираност и немоќ во нивната вообичаена пракса да дадат свој придонес и влијание врз демократските процеси во довчерашната земја членка на Советот на Европа, Русија.
Каде отиде светот за само две години?!

И во САД се одвива сѐ „според планот“. И таму нема никакви изненадувања во поглед на финалистите кои што ќе го трчаат последниот круг. Речиси е извесна повторната пресметка меѓу двата американски претседатела, сегашниот Бајден и поранешниот Трамп.

Американските избори, навидум имаат посериозно влијание врз внатрешната и надворешната политика на земјата за разлика од тоа што беше случај со Русија. Според она што е видливо може да забележиме дека во највисоките американски институции се проблематизира воената поддршка на Украина и се намалува испораката на воена опрема, оружје и муниција, иако според интензитетот на судирите во Украина тоа во пракса не изгледа така. Дали се работи само за предизборно прегрупирање или за суштинска промена во американската политика, ќе може да видиме дури по есенските избори. До тогаш американското внимание ќе биде растегнато помеѓу внатрешните состојби во Америка, преку замрзнатите тензиите меѓу Кина и Тајван, одмрзнатите судири во Газа и Јемен, па се до војната која врие во Украина.

И во Европа ќе има избори. Најинтересни ќе бидат оние за избор на пратеници за новиот состав на Европскиот парламент. До сега Европа се однесуваше прилично комотно и лагодно. Малку лево, малку десно, три напред, две назад, сега ние, утре вие, па потоа заедно во коалиција. Така некако изгледаше периодичното менување на власт на умерената десница и умерената левица.

Но како ќе биде сега?

Испитувањата на јавното мнение ширум земјите членки на ЕУ говори за тоа дека изборите за Европскиот парламент во 2024 година ќе доведат до големо поместување кон десно во многу земји членки на ЕУ. Повеќе популистички и радикално десничарски партии ќе добијат свои места во Европскиот парламент, додека партиите од левиот центар и зелените ќе загубат значителен дел од гласовите.

Според прогнозите на релевантни истражувачи на јавното мнение, речиси половина од местата во ЕП ќе ги заземат европратеници кои припаѓаат на партии кои не се дел од т.н. „супер голема коалиција“ на трите центристички групи претставени преку Европската народна партија (EPP), Европските социјалисти (PES) и Обновена Европа (порано познати како ALDE). Десничарската коалиција на демохристијани, конзервативци и европратеници од радикалната десница би можела за прв пат да се појави како мнозинство во Европскиот парламент. Тоа е сериозно и остро вртење кон десно кое е испровоцирано од досегашната политика актуелната европска политичка елита.

Се поставува прашањето, дали Европа ќе остане истата онаа која што ја познававме и кон која се стремиме уште од почетокот на нашата самостојност како држава? Дали европската нерешителност, во поглед на проширувањето на ЕУ кон Балканот, ќе се претвори во целосна европска неспособност да го стори тоа исклучиво како последица на политичките промени кои што ќе настанат таму? Постои можност, да не кажеме опасност, изборите за пратеници во Европскиот парламент да и го одземат на ЕУ „морковот и стапот“ кој што како алатка со години и децении беше користен во односите со земјите од Балканот. Веќе ќе нема ниту морков ниту стап, не затоа што некој таму во Брисел не сака да го има, туку затоа што не може повеќе да го има.
Ниту уставните измени, ниту признавањето на Косово, реформите, борбата против корупцијата или пак исполнувањето на копенхашките критериуми ќе бидат доволни за Европа да смогне внатрешна сила со која ќе им овозможи непречена интеграција на балканските земји во ЕУ. Тешко ќе се пронајде онаа златна средина која на Европа ќе и овозможи да се справи самата со себе во услови кога е растргната помеѓу две крајности, подготовката за Олимписките игри во Париз и подготовката за војна во Украина.

Од тие причини е сосема разбирлива иницијативата на неколкуте американски сенатори кои поднесоа Предлог резолуција за поддршка на Соединетите Американски Држави за пристапување на Македонија во Европската Унија. Тие со Резолуцијата ги повикуваат претседателот и државниот секретар на САД, како и нивните европски сојузници да се залагаат за отворање на првиот преговарачки кластер на Европската унија со Македонија без дополнителни билатерални услови.

Ако ги земеме во предвид претходно посочените предвидувања за исходот на изборите за Европскиот парламент, може слободно да кажеме дека оваа инцијатива во американскиот Сенат е сосема логична и укажува на тоа дека ова се последните моменти кога Македонија може да ги започне преговорите со ЕУ. Дали и кога ќе ги заврши, тоа е сосема друго прашање. Овде зборуваме за обичен почеток на преговорите со кој ќе се прати политичка порака дека на Македонија се гледа како на дел од европското семејство. Понатамошниот процес на преговори со ЕУ, такава каква што ќе биде после изборите во 2024, е приказна за себе, веројатно многу покомплицирана од онаа која што ја гледавме до сега.

Доаѓаме и до изборите кај нас. Тука работите се значително појасни, особено во однос на поддршката на македонските гласачи на политиките кои земјата ја држат на европскиот пат. Десницата има значителна предност и најголеми шанси за победа на изборите и формирање на влада. Тоа е истата онаа десница која прва го проектираше европскиот пат на земјата како државен субјект во кој што живеат суверен народ и граѓани. Тоа е истата онаа десница чија што влада беше оценета како влада под чие што водство земјата ги исполни сите критериуми за почеток на преговорите со ЕУ уште во 2009 година.

Значи нема непознати, нема изненадувања, нема доминација на антиевропски политички екстреми како што тоа е случај во самата Европа. Затоа, може уште еднаш да кажеме, Резолуцијата на американскиот сенат во однос на Македонија е нешто логично, нешто најмалку што може да се направи за земјата која што на своја штета даде сериозна жртва со прифаќањето на сите оние договори со кои даде сериозен придонес, пред сѐ, за мирот и стабилноста во овој дел на Европа и особено за задоволување на нерационалните и неевропски политики кои ни беа наметнувани од земјите членки на самата ЕУ.

The post Јасно свртување вдесно appeared first on Република.

]]>

Петар Поп-Арсов

Веќе постојано повторуваме дека 2024 е изборна година речиси во целиот свет. Да бидеме поконкретни и попрецизни, оваа е годината на избори во светот во кој што припаѓаме, за кој што сме заинтересирани, економски поврзани и културно интегрирани. Избори има во земјите кои што имаат глобално влијание насекаде низ светот, вклучително и врз нас и нашата држава како дел од глобалната заедница. Избори ќе има во САД, во Европската унија, избори имаше во Русија. Дури и во Украина, земјата во која се води жестока војна, според некоја логика и демократски ред 2024 би требало да биде изборна година. Избори има и тука на Балканот. Во Србија завршија, во Хрватска се подготвуваат исто како што се подготвуваат и кај нас во Македонија. Ако ништо друго, ќе биде интересно во текот на целата година. Во Русија изборите завршија вчера. Што да се каже, а да се остане коректен и аналитички непристрасен? Резултатите се очекувани, без изненадувања. Проследени со несвојствено голема доза на рамнодушност кај западноевропските земји, која оди до граници на незаинтересираност и немоќ во нивната вообичаена пракса да дадат свој придонес и влијание врз демократските процеси во довчерашната земја членка на Советот на Европа, Русија. Каде отиде светот за само две години?! И во САД се одвива сѐ „според планот“. И таму нема никакви изненадувања во поглед на финалистите кои што ќе го трчаат последниот круг. Речиси е извесна повторната пресметка меѓу двата американски претседатела, сегашниот Бајден и поранешниот Трамп. Американските избори, навидум имаат посериозно влијание врз внатрешната и надворешната политика на земјата за разлика од тоа што беше случај со Русија. Според она што е видливо може да забележиме дека во највисоките американски институции се проблематизира воената поддршка на Украина и се намалува испораката на воена опрема, оружје и муниција, иако според интензитетот на судирите во Украина тоа во пракса не изгледа така. Дали се работи само за предизборно прегрупирање или за суштинска промена во американската политика, ќе може да видиме дури по есенските избори. До тогаш американското внимание ќе биде растегнато помеѓу внатрешните состојби во Америка, преку замрзнатите тензиите меѓу Кина и Тајван, одмрзнатите судири во Газа и Јемен, па се до војната која врие во Украина. И во Европа ќе има избори. Најинтересни ќе бидат оние за избор на пратеници за новиот состав на Европскиот парламент. До сега Европа се однесуваше прилично комотно и лагодно. Малку лево, малку десно, три напред, две назад, сега ние, утре вие, па потоа заедно во коалиција. Така некако изгледаше периодичното менување на власт на умерената десница и умерената левица. Но како ќе биде сега? Испитувањата на јавното мнение ширум земјите членки на ЕУ говори за тоа дека изборите за Европскиот парламент во 2024 година ќе доведат до големо поместување кон десно во многу земји членки на ЕУ. Повеќе популистички и радикално десничарски партии ќе добијат свои места во Европскиот парламент, додека партиите од левиот центар и зелените ќе загубат значителен дел од гласовите. Според прогнозите на релевантни истражувачи на јавното мнение, речиси половина од местата во ЕП ќе ги заземат европратеници кои припаѓаат на партии кои не се дел од т.н. „супер голема коалиција“ на трите центристички групи претставени преку Европската народна партија (EPP), Европските социјалисти (PES) и Обновена Европа (порано познати како ALDE). Десничарската коалиција на демохристијани, конзервативци и европратеници од радикалната десница би можела за прв пат да се појави како мнозинство во Европскиот парламент. Тоа е сериозно и остро вртење кон десно кое е испровоцирано од досегашната политика актуелната европска политичка елита. Се поставува прашањето, дали Европа ќе остане истата онаа која што ја познававме и кон која се стремиме уште од почетокот на нашата самостојност како држава? Дали европската нерешителност, во поглед на проширувањето на ЕУ кон Балканот, ќе се претвори во целосна европска неспособност да го стори тоа исклучиво како последица на политичките промени кои што ќе настанат таму? Постои можност, да не кажеме опасност, изборите за пратеници во Европскиот парламент да и го одземат на ЕУ „морковот и стапот“ кој што како алатка со години и децении беше користен во односите со земјите од Балканот. Веќе ќе нема ниту морков ниту стап, не затоа што некој таму во Брисел не сака да го има, туку затоа што не може повеќе да го има. Ниту уставните измени, ниту признавањето на Косово, реформите, борбата против корупцијата или пак исполнувањето на копенхашките критериуми ќе бидат доволни за Европа да смогне внатрешна сила со која ќе им овозможи непречена интеграција на балканските земји во ЕУ. Тешко ќе се пронајде онаа златна средина која на Европа ќе и овозможи да се справи самата со себе во услови кога е растргната помеѓу две крајности, подготовката за Олимписките игри во Париз и подготовката за војна во Украина. Од тие причини е сосема разбирлива иницијативата на неколкуте американски сенатори кои поднесоа Предлог резолуција за поддршка на Соединетите Американски Држави за пристапување на Македонија во Европската Унија. Тие со Резолуцијата ги повикуваат претседателот и државниот секретар на САД, како и нивните европски сојузници да се залагаат за отворање на првиот преговарачки кластер на Европската унија со Македонија без дополнителни билатерални услови. Ако ги земеме во предвид претходно посочените предвидувања за исходот на изборите за Европскиот парламент, може слободно да кажеме дека оваа инцијатива во американскиот Сенат е сосема логична и укажува на тоа дека ова се последните моменти кога Македонија може да ги започне преговорите со ЕУ. Дали и кога ќе ги заврши, тоа е сосема друго прашање. Овде зборуваме за обичен почеток на преговорите со кој ќе се прати политичка порака дека на Македонија се гледа како на дел од европското семејство. Понатамошниот процес на преговори со ЕУ, такава каква што ќе биде после изборите во 2024, е приказна за себе, веројатно многу покомплицирана од онаа која што ја гледавме до сега. Доаѓаме и до изборите кај нас. Тука работите се значително појасни, особено во однос на поддршката на македонските гласачи на политиките кои земјата ја држат на европскиот пат. Десницата има значителна предност и најголеми шанси за победа на изборите и формирање на влада. Тоа е истата онаа десница која прва го проектираше европскиот пат на земјата како државен субјект во кој што живеат суверен народ и граѓани. Тоа е истата онаа десница чија што влада беше оценета како влада под чие што водство земјата ги исполни сите критериуми за почеток на преговорите со ЕУ уште во 2009 година. Значи нема непознати, нема изненадувања, нема доминација на антиевропски политички екстреми како што тоа е случај во самата Европа. Затоа, може уште еднаш да кажеме, Резолуцијата на американскиот сенат во однос на Македонија е нешто логично, нешто најмалку што може да се направи за земјата која што на своја штета даде сериозна жртва со прифаќањето на сите оние договори со кои даде сериозен придонес, пред сѐ, за мирот и стабилноста во овој дел на Европа и особено за задоволување на нерационалните и неевропски политики кои ни беа наметнувани од земјите членки на самата ЕУ.

The post Јасно свртување вдесно appeared first on Република.

]]>
Фаталната привлечност на културната дипломатија https://republika.mk/kolumni/fatalnata-privlechnost-na-kulturnata-diplomatija/ Fri, 15 Mar 2024 09:16:54 +0000 https://republika.mk/?p=755055

Васко Шутаров

Во почетокот на октомври 1989 година, британскиот амбасадор во тогашна Западна Германија, пишува депеша до Форин Офисот во Лондон, дека според негови проценки, Берлинскиот ѕид нема сигурно да падне барем уште цела деценија, а можеби и деценија и пол!

Веќе на 9 ноември 1989,  ѕидот кој физички го раздвојуваше источниот од западниот Берлин полни дваесет и осум години и еден ден, сепак, падна! Ѕидот и комунистичкиот Исток не паднаа пред моќта на западното модерно вооружување, туку под налетот на незадржливата, ненаметлива, а толку привлечна моќ на западните слободи и права, економската благосостојба, културата на живеење, како и пред уметноста, филмот и забавата преку кои тие идеи и вредности беа промовирани.

Холивуд и Харвард, Кока Кола и Мекдоналдс, Мајкрософт и Ем-Ти-Ви, џезот, рок и поп-културата, Битлси, Стоунси, Дорси, хипи-движењето, џинсот и слободите во модното изразување, раскошната понуда на автомобилската индустрија, блескавата привлечност на индустријата за забава, а сето тоа заедно спакувано како единствен продукт,  наречен културна дипломатија, ги собра ловориките на победата на капиталистичкиот Запад, наспроти комунистичкиот Исток!

Денес, триесетина години потоа, најдобрите поуки и лекции од културно-дипломатската победа во Студената војна, најлесно ги заборавија  победниците, а посебно САД, каде веднаш по паѓањето на комунистичката завеса, беше распуштена федералната агенција за промоција на културните вредности на американското општество! Големата победа над комунизмот, САД ги натера да поверуваат дека еднаш освоените срца и умови на народите и државите, вечно ќе бидат освоени и вечно ќе им бидат наклонети!

Денес, брзорастечките економии од Далечниот Исток одлично ги владеат најдобрите културно-дипломатски лекции и во склад со своите традиции ги модернизираат и ги интензивираат освојувањата на светот, најнапред преку културата. Јужна Кореја, Јапонија, Виетнам, Индија, Сингапур, но посебно Кина, денес ги раскажуваат своите најдобри приказни за себе, преку инструментите и алатките на културната дипломатија. „Мекото е сила“,   мисла од древниот кинески филозоф Лао Це, денес претставува девиза, преку која културната дипломатија станува претходница на секоја нова кинеска економска офанзива во светот.

Денес, веќе читаме дека Кинезите мудро инвестираат во купување холивудски студија и ненаметливо, но стратешки добро осмислено, ја освојуваат американската филмска индустрија, која низ целиот 20 век беше најмоќното оружје на американската културна дипломатија за стекнување симпатии и наклонетост ширум светот. Па некаде ќе прочитаме, дека ни филмските „Оскари“ веќе не се тоа што беа, дека планетарната милионска гледаност на церемонијата на доделување „Оскари“ од година во година паѓа или дека Америка не е повеќе моќна да произведува ѕвезди, како некогаш!

За волја на вистината, за време на короната (што е своевиден парадокс!),  гледаноста на „Оскарите“ падна и под психолошката бариера од 10 милиони гледачи, па следната година требаше да се случи шамарот на Вил Смит за повторно да порасне интересот, но и да се пробудат подзаспаните американските режисери, за да го вратат некогашниот сјај на американскиот филм и најсјajната церемонија за доделување филмски награди! Впрочем, „Оскарите“, покрај Супер Боулот, се најмоќното и најгледаното американско шоу - и нели така треба да остане, засекогаш?!

И повторно, за волја на вистината, Американците минатата и оваа година, создадоа исклучително моќна филмска продукција, која од милост некој веќе ја нарече, „Проект Барбенхајмер“!  „Барби“ и „Опенхајмер“ се филмски хитови на годината и филмска посвета кон планетарно најпопуларната американска кукла и кон таткото на американската атомска бомба, „американскиот Прометеј“, како што го нарекувааа американскиот физичар Роберт Опенхајмер.

Големото филмско враќање на Американците како лидери во културната дипломатија, симболички го означи и филмското екранизирање на животот на еден од најголемите американски композитори, диригенти и пијанисти на минатиот век, Леонард Бернштајн, со филмот „Маестро“, но и симболичното враќање на црвениот филмски тепих на еден вистински потомок на Индијанците, преку актерката од филмот „Убијците на цветната месечина“, Лили Гледстоун.

Американската мека моќ, најмоќно емитирана преку филмската уметност, се врати кон своите корени и големи брендови, но на крај (потполно фројдовски!), го овенча со најголема оскаровска слава филмот „Опенхајмер“, како своевиден романтичарски ламент кон времињата на неприкосновената американска тврда моќ, изразена преку политичката, економската и воено-атомската сила која ја имаа САД

(Зад заслепувачката филмска магија и блескавите спектакли посветени на филмот, Американците отсекогаш емитирале многу јасни и разбирливи пораки за цел свет, а нели моќта на културната дипломатија се состои токму во тоа, да допре и да освои што поширок круг срца и умови ширум светот, на наједноставен и најразбирлив јазик за сите!)

За оние филмски сладокусци кои очекуваат правда и правичност, доделувањето на „Оскарите“ не се вистинското место за тоа! Нели е доволно да се потсетиме, дека најголемите и најобожувани филмски актери меѓу двете светски војни Чарли Чаплин и Грета Гарбо никогаш не беа наградени со „Оскар“, дека убедливо најдобриот филм на сите времиња „Граѓанинот Кејн“ не доби ниту една статуетка, дека истиот касмет ги следеше филмските великани Алфред Хичкок, Стенли Кјубрик, Ричард Бартон, Кери Грант, Питер О Тул, Миа Фароу, Роберт Мичам, Бредли Купер што го глумеше Леонард Бернштајн, но најмногу големата Глен Клоуз, која и покрај 8-те номинации, никогаш нема добиено златна статуетка!

......................................................................................................

Глен Клоуз, несомнено, е исклучителен феномен на американската филмска индустрија и препознатлив амблем на нејзината културна дипломатија. „Ме споредуваат со Мерил Стрип, ќе каже во една прилика, но никогаш тоа не се случи и во ноќта кога се доделуваа Оскарите.“

Глен Клоуз беше на врвот на својата слава, со брилијантните улоги во „Фаталната привлечност“ и „Опасните врски“, филмови кои и фатално и опасно ја заведуваа и освојуваа публиката и зад комунистичката железна завеса, во втората половина од 80-тите години од минатиот век! Денес, филмските сладокусци низ цел свет, со леснотија ќе се сетат и на нејзините неповторливо одиграни улоги како Круела Де Вил  во „101 Далматинец“ или феноменалната трансформација во машки лик, во филмот „Алберт Нобс“, а театарските сладокусци ќе се сетат барем на дузина неповторливи ликови кои Клоуз успеа да ги донесе на штиците кои живот значат!

„Што уште треба да направи Глен Клоуз за да добие Оскар“, се прашуваа милиони љубители на филмот во 2019 година, кога беше повторно апсолутен фаворит за улогата во филмот „Дружина“, но наградата повторно ù беше одземена, овојпат од Оливија Колман за улогата во филмот „Миленичката“. „Твитер“ таа ноќ просто гореше од коментари: „Глен Клоуз повторно изгуби, можно ли е ова?“ Оливија Колман, својот поздравен оскаровски говор ù го посвети на Глен Клоуз: „Ти отсекогаш беше мој идол и не сакав вечерва ова да се случи! Мислам дека си неверојатна и знам дека многу те сакам!“

Глен Клоуз веќе неколку години по ред не игра големи филмски улоги, но затоа апсолутно добро ги разбира правилата на шоу-бизнисот и успева непогрешливо да го украде големото американско шоу, и кога губи! Разбирајќи ја моќта на гледаноста на најинтересните кратки фрагменти од минута и половина, наспроти повеќечасовното досадно филмско бдеење додека се чекаат главните филмски награди, Глен Клоуз во 2019 година со заводлив „тверк“ (и покрај позните години!), успеа да го украде шоуто- оскаровското „губитништво“ не ја спречи ни за момент, да остане голема и да продолжи да мами аплаузи од милионска публика ширум светот.

Да се остане велик и да се продолжи да се раскажува сопствената приказна и кога си постојан губитник, можат само најголемите уметници! Tоа е Глен Клоуз, која во својата долга филмска кариера виртузозно играше улоги и на крајно окрутни и исклучително лукави жени, па често знаеше да каже: „Мора да им верувате и мора да ги сакате своите улоги и кога никој друг не ги сака!“

И на последново оскаровско издание оваа 2024 година, Глен Клоуз блесна силно, покажувајќи му на светот дека и во пресрет на својот 77 роденден, кој ќе го слави за некој ден, на 19 март, е во полна животна и актерска форма и дека светот може допрва од неа да очекува брилијантни филмски улоги, кои еден ден сигурно ќе станат неизоставен дел од секоја филмска енциклопедија.

Годинава Клоуз се претстави со сосем мала улога во кратко промотивно видео, пред оскаровската церемонија, во кое на познати филмски уметници им беше поставувано прашањето „кој филм посебно ги инспирира да посакаат да патуваат во некоја земја“?

„Има филм, се вика ‘Пред дождот’. Снимен е во Македонија! Очигледно е многу стара и многу нешта се имаат случено во таа земја. Никогаш потоа, не излезе од моите мисли“.

Големата Глен Клоуз, како на дланка на светот му ја понуди Македонија, за која, благодарејќи на филмската приказна и магичните пејзажи од Мариово и Охрид, стекнала неизбришлива претстава како за стара земја, во која се случувале толку многу работи!  И уште, стекнувајќи претстава за земја со модерна филмска уметност, која умешно раскажува свои приказни, како со филмот „Пред дождот“.

Каков моќен маркетиншки подарок за една држава и за земја која во годините  по „Дождот“, а посебно последниве години, доживеа толку многу губитништва и разочарувања на меѓународната политичка и културна сцена! И истовремено, каква добра културно-дипломатска поука, од најупатената жива актерка за тоа, дека треба да се биде и да се остане голем и кога ништо во светот не ти е наклонето и не ти оди во прилог! Но, „мора да им верувате и мора да ги сакате своите улоги и кога никој друг не ги сака!“

Македонија не е држава со голема политичка, економска, воена, демографска или туристичка моќ, преку која би се позиционирала подобро на меѓународната политичка мапа, но со добро осмислена, постојана и продорна културна дипломатија може да биде и повеќе видлива и повеќе допадлива и повеќе препознатлива, секаде во светот!

Последниве седум изгубени години, македонската приказна во светот ја раскажуваа само нашите соседи, еднаш јужниот, а во продолжение на истата приказна и источниот! Нема понепријатна позиција во меѓународни рамки, од аспект на културната дипломатија, кога светот ве препознава само по една работа, која истовремено претставува и тешко решлив меѓународен проблем!

Да имавме власт, каква што веќе полни седум години немаме, најмалку што требаше веднаш да се направи, ќе беше изразувањето гест на благодарност кон големата американска актерка за овој голем културно-дипломатски дар што пред милионски светски аудиториум ù го посвети на Македонија! И заедно со честитката за нејзиниот скорешен роденден, да беше и официјално поканета да ја посети Македонија, да ги види одблизу пејзажите кои трајно ù се врежале во мислите, да ги запознае одблизу и Мариово и Охрид, (но и пејзажите од „Медената земја“ за кои исто така сигурно знае!), да ги запознае луѓето, но и природните и културните убавини со кои е дарувана оваа навистина стара земја, во која многу работи сè уште живо се случуваат. Многу малку треба, ако вистински се сака, да се постигне нешто вредно!

Тоа би бил првокласен културно-дипломатски настан, за кој ќе разбере целата светска јавност! Бидејќи, културната дипломатија го може тоа, на најдобар и наједноставен начин -и да руши ѕидови и бариери, кога мора, но и да гради трајни мостови на пријателство и наклонетост, кога сака! Глен Клоуз, сакаше и подаде рака! Македонијо, на потег си ти!

Среќен роденден и добре дојде дома, госпоѓо Клоуз!

The post Фаталната привлечност на културната дипломатија appeared first on Република.

]]>

Васко Шутаров

Во почетокот на октомври 1989 година, британскиот амбасадор во тогашна Западна Германија, пишува депеша до Форин Офисот во Лондон, дека според негови проценки, Берлинскиот ѕид нема сигурно да падне барем уште цела деценија, а можеби и деценија и пол! Веќе на 9 ноември 1989,  ѕидот кој физички го раздвојуваше источниот од западниот Берлин полни дваесет и осум години и еден ден, сепак, падна! Ѕидот и комунистичкиот Исток не паднаа пред моќта на западното модерно вооружување, туку под налетот на незадржливата, ненаметлива, а толку привлечна моќ на западните слободи и права, економската благосостојба, културата на живеење, како и пред уметноста, филмот и забавата преку кои тие идеи и вредности беа промовирани. Холивуд и Харвард, Кока Кола и Мекдоналдс, Мајкрософт и Ем-Ти-Ви, џезот, рок и поп-културата, Битлси, Стоунси, Дорси, хипи-движењето, џинсот и слободите во модното изразување, раскошната понуда на автомобилската индустрија, блескавата привлечност на индустријата за забава, а сето тоа заедно спакувано како единствен продукт,  наречен културна дипломатија, ги собра ловориките на победата на капиталистичкиот Запад, наспроти комунистичкиот Исток! Денес, триесетина години потоа, најдобрите поуки и лекции од културно-дипломатската победа во Студената војна, најлесно ги заборавија  победниците, а посебно САД, каде веднаш по паѓањето на комунистичката завеса, беше распуштена федералната агенција за промоција на културните вредности на американското општество! Големата победа над комунизмот, САД ги натера да поверуваат дека еднаш освоените срца и умови на народите и државите, вечно ќе бидат освоени и вечно ќе им бидат наклонети! Денес, брзорастечките економии од Далечниот Исток одлично ги владеат најдобрите културно-дипломатски лекции и во склад со своите традиции ги модернизираат и ги интензивираат освојувањата на светот, најнапред преку културата. Јужна Кореја, Јапонија, Виетнам, Индија, Сингапур, но посебно Кина, денес ги раскажуваат своите најдобри приказни за себе, преку инструментите и алатките на културната дипломатија. „Мекото е сила“,   мисла од древниот кинески филозоф Лао Це, денес претставува девиза, преку која културната дипломатија станува претходница на секоја нова кинеска економска офанзива во светот. Денес, веќе читаме дека Кинезите мудро инвестираат во купување холивудски студија и ненаметливо, но стратешки добро осмислено, ја освојуваат американската филмска индустрија, која низ целиот 20 век беше најмоќното оружје на американската културна дипломатија за стекнување симпатии и наклонетост ширум светот. Па некаде ќе прочитаме, дека ни филмските „Оскари“ веќе не се тоа што беа, дека планетарната милионска гледаност на церемонијата на доделување „Оскари“ од година во година паѓа или дека Америка не е повеќе моќна да произведува ѕвезди, како некогаш! За волја на вистината, за време на короната (што е своевиден парадокс!),  гледаноста на „Оскарите“ падна и под психолошката бариера од 10 милиони гледачи, па следната година требаше да се случи шамарот на Вил Смит за повторно да порасне интересот, но и да се пробудат подзаспаните американските режисери, за да го вратат некогашниот сјај на американскиот филм и најсјajната церемонија за доделување филмски награди! Впрочем, „Оскарите“, покрај Супер Боулот, се најмоќното и најгледаното американско шоу - и нели така треба да остане, засекогаш?! И повторно, за волја на вистината, Американците минатата и оваа година, создадоа исклучително моќна филмска продукција, која од милост некој веќе ја нарече, „Проект Барбенхајмер“!  „Барби“ и „Опенхајмер“ се филмски хитови на годината и филмска посвета кон планетарно најпопуларната американска кукла и кон таткото на американската атомска бомба, „американскиот Прометеј“, како што го нарекувааа американскиот физичар Роберт Опенхајмер. Големото филмско враќање на Американците како лидери во културната дипломатија, симболички го означи и филмското екранизирање на животот на еден од најголемите американски композитори, диригенти и пијанисти на минатиот век, Леонард Бернштајн, со филмот „Маестро“, но и симболичното враќање на црвениот филмски тепих на еден вистински потомок на Индијанците, преку актерката од филмот „Убијците на цветната месечина“, Лили Гледстоун. Американската мека моќ, најмоќно емитирана преку филмската уметност, се врати кон своите корени и големи брендови, но на крај (потполно фројдовски!), го овенча со најголема оскаровска слава филмот „Опенхајмер“, како своевиден романтичарски ламент кон времињата на неприкосновената американска тврда моќ, изразена преку политичката, економската и воено-атомската сила која ја имаа САД (Зад заслепувачката филмска магија и блескавите спектакли посветени на филмот, Американците отсекогаш емитирале многу јасни и разбирливи пораки за цел свет, а нели моќта на културната дипломатија се состои токму во тоа, да допре и да освои што поширок круг срца и умови ширум светот, на наједноставен и најразбирлив јазик за сите!) За оние филмски сладокусци кои очекуваат правда и правичност, доделувањето на „Оскарите“ не се вистинското место за тоа! Нели е доволно да се потсетиме, дека најголемите и најобожувани филмски актери меѓу двете светски војни Чарли Чаплин и Грета Гарбо никогаш не беа наградени со „Оскар“, дека убедливо најдобриот филм на сите времиња „Граѓанинот Кејн“ не доби ниту една статуетка, дека истиот касмет ги следеше филмските великани Алфред Хичкок, Стенли Кјубрик, Ричард Бартон, Кери Грант, Питер О Тул, Миа Фароу, Роберт Мичам, Бредли Купер што го глумеше Леонард Бернштајн, но најмногу големата Глен Клоуз, која и покрај 8-те номинации, никогаш нема добиено златна статуетка! ...................................................................................................... Глен Клоуз, несомнено, е исклучителен феномен на американската филмска индустрија и препознатлив амблем на нејзината културна дипломатија. „Ме споредуваат со Мерил Стрип, ќе каже во една прилика, но никогаш тоа не се случи и во ноќта кога се доделуваа Оскарите.“ Глен Клоуз беше на врвот на својата слава, со брилијантните улоги во „Фаталната привлечност“ и „Опасните врски“, филмови кои и фатално и опасно ја заведуваа и освојуваа публиката и зад комунистичката железна завеса, во втората половина од 80-тите години од минатиот век! Денес, филмските сладокусци низ цел свет, со леснотија ќе се сетат и на нејзините неповторливо одиграни улоги како Круела Де Вил  во „101 Далматинец“ или феноменалната трансформација во машки лик, во филмот „Алберт Нобс“, а театарските сладокусци ќе се сетат барем на дузина неповторливи ликови кои Клоуз успеа да ги донесе на штиците кои живот значат! „Што уште треба да направи Глен Клоуз за да добие Оскар“, се прашуваа милиони љубители на филмот во 2019 година, кога беше повторно апсолутен фаворит за улогата во филмот „Дружина“, но наградата повторно ù беше одземена, овојпат од Оливија Колман за улогата во филмот „Миленичката“. „Твитер“ таа ноќ просто гореше од коментари: „Глен Клоуз повторно изгуби, можно ли е ова?“ Оливија Колман, својот поздравен оскаровски говор ù го посвети на Глен Клоуз: „Ти отсекогаш беше мој идол и не сакав вечерва ова да се случи! Мислам дека си неверојатна и знам дека многу те сакам!“ Глен Клоуз веќе неколку години по ред не игра големи филмски улоги, но затоа апсолутно добро ги разбира правилата на шоу-бизнисот и успева непогрешливо да го украде големото американско шоу, и кога губи! Разбирајќи ја моќта на гледаноста на најинтересните кратки фрагменти од минута и половина, наспроти повеќечасовното досадно филмско бдеење додека се чекаат главните филмски награди, Глен Клоуз во 2019 година со заводлив „тверк“ (и покрај позните години!), успеа да го украде шоуто- оскаровското „губитништво“ не ја спречи ни за момент, да остане голема и да продолжи да мами аплаузи од милионска публика ширум светот. Да се остане велик и да се продолжи да се раскажува сопствената приказна и кога си постојан губитник, можат само најголемите уметници! Tоа е Глен Клоуз, која во својата долга филмска кариера виртузозно играше улоги и на крајно окрутни и исклучително лукави жени, па често знаеше да каже: „Мора да им верувате и мора да ги сакате своите улоги и кога никој друг не ги сака!“ И на последново оскаровско издание оваа 2024 година, Глен Клоуз блесна силно, покажувајќи му на светот дека и во пресрет на својот 77 роденден, кој ќе го слави за некој ден, на 19 март, е во полна животна и актерска форма и дека светот може допрва од неа да очекува брилијантни филмски улоги, кои еден ден сигурно ќе станат неизоставен дел од секоја филмска енциклопедија. Годинава Клоуз се претстави со сосем мала улога во кратко промотивно видео, пред оскаровската церемонија, во кое на познати филмски уметници им беше поставувано прашањето „кој филм посебно ги инспирира да посакаат да патуваат во некоја земја“? „Има филм, се вика ‘Пред дождот’. Снимен е во Македонија! Очигледно е многу стара и многу нешта се имаат случено во таа земја. Никогаш потоа, не излезе од моите мисли“. Големата Глен Клоуз, како на дланка на светот му ја понуди Македонија, за која, благодарејќи на филмската приказна и магичните пејзажи од Мариово и Охрид, стекнала неизбришлива претстава како за стара земја, во која се случувале толку многу работи!  И уште, стекнувајќи претстава за земја со модерна филмска уметност, која умешно раскажува свои приказни, како со филмот „Пред дождот“. Каков моќен маркетиншки подарок за една држава и за земја која во годините  по „Дождот“, а посебно последниве години, доживеа толку многу губитништва и разочарувања на меѓународната политичка и културна сцена! И истовремено, каква добра културно-дипломатска поука, од најупатената жива актерка за тоа, дека треба да се биде и да се остане голем и кога ништо во светот не ти е наклонето и не ти оди во прилог! Но, „мора да им верувате и мора да ги сакате своите улоги и кога никој друг не ги сака!“ Македонија не е држава со голема политичка, економска, воена, демографска или туристичка моќ, преку која би се позиционирала подобро на меѓународната политичка мапа, но со добро осмислена, постојана и продорна културна дипломатија може да биде и повеќе видлива и повеќе допадлива и повеќе препознатлива, секаде во светот! Последниве седум изгубени години, македонската приказна во светот ја раскажуваа само нашите соседи, еднаш јужниот, а во продолжение на истата приказна и источниот! Нема понепријатна позиција во меѓународни рамки, од аспект на културната дипломатија, кога светот ве препознава само по една работа, која истовремено претставува и тешко решлив меѓународен проблем! Да имавме власт, каква што веќе полни седум години немаме, најмалку што требаше веднаш да се направи, ќе беше изразувањето гест на благодарност кон големата американска актерка за овој голем културно-дипломатски дар што пред милионски светски аудиториум ù го посвети на Македонија! И заедно со честитката за нејзиниот скорешен роденден, да беше и официјално поканета да ја посети Македонија, да ги види одблизу пејзажите кои трајно ù се врежале во мислите, да ги запознае одблизу и Мариово и Охрид, (но и пејзажите од „Медената земја“ за кои исто така сигурно знае!), да ги запознае луѓето, но и природните и културните убавини со кои е дарувана оваа навистина стара земја, во која многу работи сè уште живо се случуваат. Многу малку треба, ако вистински се сака, да се постигне нешто вредно! Тоа би бил првокласен културно-дипломатски настан, за кој ќе разбере целата светска јавност! Бидејќи, културната дипломатија го може тоа, на најдобар и наједноставен начин -и да руши ѕидови и бариери, кога мора, но и да гради трајни мостови на пријателство и наклонетост, кога сака! Глен Клоуз, сакаше и подаде рака! Македонијо, на потег си ти! Среќен роденден и добре дојде дома, госпоѓо Клоуз!

The post Фаталната привлечност на културната дипломатија appeared first on Република.

]]>
Црвената боја на победникот https://republika.mk/kolumni/tsrvenata-boja-na-pobednikot/ Fri, 08 Mar 2024 14:02:07 +0000 https://republika.mk/?p=752710

Петар Поп-Арсов

Живееме во ера на перцепција. Постојано се трудиме за себе да создадеме перцепција кај другите дека сме убави, паметни, насмеани, нашетани, начитани, па дури најадени и напиени. Такво е времето. Ние сме лидери во светот во оваа област, особено на социјалните мрежи. Нема ништо лошо во тоа... освен кога ќе се претера со разно разни филтри кои ја менуваат реалноста.

Така е и во политиката. Зачестени анкети, испитување на јавното мислење, мерење на рејтинзите на поединци и политичките партии. Тое е веќе класика за периодот пред секои избори во Македонија. И тука сме на светско ниво, особено ако судиме според нашата посветеност кон оваа предизборна активност. Не сакаме никакви изненадувања и неизвесност. Веќе е нормално да ги знаеме резултатите однапред. Наликуваме на млад брачен пар кој со примена на достигнувањата на современата медицина уште во најраната фаза на бременост го дознава полот на сопственото бебе, две, три или повеќе како во некои случаи.

Ништо не е поразлично и со нашиве политички анкети. Моќта на „ултразвукот“ на анкетите уште во рана фаза може да го детерминира полот на победникот, односно дали ќе биде жена или маж. Може да ја проектира и бројката на освоени пратенички мандати, а со тоа и идната власт во државата. Навистина интересна алатка која во втор план ја става и потиснува директната комуникација меѓу луѓето, размената на мислења, информации, меѓусебното убедување, озборувањето, фалењето и критикувањето. Веќе нема смисла да се расправаме и убедуваме за политиката на родендени, слави и други семејни собири кое што во минатото беше национален спорт во Македонија.

Дали е добро или лошо, нормално или ненормално, тоа е сосема друго прашање чиј што одговор не е приоритет на овој текст. Нас нѐ интересираат анкетите и влијанието кое што тие го имаат врз севкупниот изборен процес, особено врз профилирањето на мислењето на одредена група на граѓани.

Начинот според кој се определуваат граѓаните на изборите може да го поделиме во неколку групи. Не дека не постојат и други облици и модели според кои граѓаните се определуваат на изборите, но нас нѐ интересираат оние најкарактеристичните кои ќе не доведат до групата која што е предмет на инетерес на овој текст.

Во првата група може да ги ставиме оние граѓани кои цврсто ја поддржуваат сопствената политичка опција со која се идентификуваат. Тие безрезервно стојат зад партијата и во добро и во лошо. Нив не ги интересира ниту политичката, ниту кадровската понуда. Независно од тоа дали во основата на ваквата фанатична поддршка стои идеологијата, личната и семејната традиција, идентификацијата со конкретната политичка опција, чувството за припадност и верност кон клубот за кој што навивам или пак е нешто сосема десетто, може слободно да кажеме дека оваа група претставува база врз која се гради и надополнува вкупната поддршка која што ја има една политичка опција.

Втората група, која произлегува од првата, се луѓе кои што во основа се поддржувачи на политичката опција со која се идентификуваат, но сепак внимателно ја следат нивната политичка и кадровска понуда. Тие се оние граѓани кои даваат силна поддршка на партијата за која што гласаат во случај кога им се погодени споменатите параметри. Но, во случај да се незадоволни од политиките и кадрите на партијата за која што гласаат, во таков случај тие повеќе се подготвени за апстиненција отколку да ја поддржат спротивната опција или некои трети алтернативни опции.

Во третата група би можеле да ги сместиме оние кои секогаш гласаат против. Немаат некои посебни афинитети кон никого, но во принцип секогаш го поддржуваат оној кој искреирал перцепција дека е најмногу против политичката опција која и оди на нерви на оваа група на гласачи. Од оваа група на гласачи не може да се очекуваат рационални одлуки или поддршка за конкретни политики кои се нудат како опција за подобар просперитет на државата. Тие едноставно функционираат и се определуваат врз база на антагонизам и се подготвени да гласаат дури и за политичка опција кој нема ништо во својата понуда, освен критики кон политичките противници.

Четвртата група се оние кои што се позиционирани во центарот. Некои навистина веруваат и се надеваат дека постои можност за создавање на сериозна политичка структура во центарот како трета или алтернативна опција на двете доминантни политички опции во Македонија. Други пак едноставо се плашат да зачекорат во подлабоките политички води и едноставно се држат во средината како некој вид комфорна зона во која ризиците кои што постојат се најмали.

Петтата може да ја дефинираме како група на неопределените. Овие граѓани навистина себе си се доживуваат како неопределени. Тие внимателно ја следат политичката и кадровската понуда. Тие ја ценат работата на досегашната власт и прават проценка за работата на идната. Овие луѓе не се оптеретени со чувство на обврска кон некоја од политичките опции ниту пак со чувството на обврска кон самите себе заради некаков континуитет или традиција во гласањето. Едноставно гласаат за оној кој што сметаат дека е подобар или во најмала рака дека е помалку лош. Ова е групата која што е „најскапа“ и која што најтешко се придобива. За да се добие поддршката на овие луѓе треба да се испорачаат конкретни резултати или да се има конкретна понуда. Политичката опција која што успеала да ја придобие оваа група на граѓани на своја страна, независно од тоа колкава е нејзината процентуална застапеност во однос на останатите групи, е сигурен победник на изборите.

Конечно доаѓаме до групата која што е инспирација за текстот на оваа колумна. Групата на граѓани која што е таргет во овој период на пред кампања. Луѓето кои што секогаш го поддржуваат победникот. Да, тие се тука меѓу нас, дел од нас, наши пријатели, другари, роднини. Тие не се неопределени. Тие секогаш се определени и секогаш стојат на една страна, на страната на победникот. Овие граѓани се најопределената од сите определени групи на гласачи во македонското општество која никогаш не ја менува страната, страната на победникот.

Тоа е исклучително растеглива група во која на исто место може да ги сместиме оние најзагрозените со оние најбогатите. Во оваа група за жал спаѓаат луѓето кои што се борат за егзистенција на дневна основа и чиј што опстанок зависи од помошта, вработувањето или било каква поддршка која доаѓа од институциите и структурите на власта. Едноставно немаат избор. Но, тука се и оние кои постојано се борат и очекуваат да искористат и добијат дополнителни привилегии од секоја власт. Тие луѓе постојат, без разлика дали се позиционирани во рамки на државната администрација или во рамки на приватниот бизнис кој што има релација со институциите на власта. Себе си секогаш се претставуваат како „професионалци“, „експерти“ и оние кои заслужуваат да ја добијат наклонетоста од секоја власт. На останатите гледаат како на партиски вработувања или политички наметнати кадри кои им се мешаат во „бизнисот“, иако и самите во еден момент влегле во игра преку партиските механизми.

Тука се и најбогатите, оние кои работат со државни тендери и чии што бизниси буквално се закачени на државниот буџет. Информацијата за тоа кој ќе биде победникот на изборите за овие луѓе е прашање на живот или смрт. Тие се исклучително зависни од тоа дали ќе бидат блиски до власта, особено со извршната и судската кои во Македонија се реални власти, за разлика од законодавната.

Поставеноста и функционирањето на македонското општество во толкава мера е изместено од нормалниот колосек што е сосема природно постоењето на оваа група на граѓани и гласачи. Тие едноставно постојат и се реалност. Некои оправдано заради основни потреби, некои неоправдано заради добивање на „леб преку погача“. Но, сепак се тука! Секоја власт преку својот начин на работење може дополнително да го стимулира зголемувањето на оваа група, особено ако работењето е неуспешно и штетно како во случај на актуелната владејачка гарнитура.

Од тие причини може да кажеме дека во моментиве на предкампања е сосема разбирлива тенденцијата на политичките партии да создадат перцепција за себе дека се победници на претстојните избори. Сосема е разбирливо ползувањето на алатката наречена анкета и испитување на јавното мнение. Тоа е легитимен пристап за привлекување на одредена целна група чии што гласови можат да создат дополнителна вредност и разлика во гласови во полза на едната или другата страна.

По се изгледа дека перцепцијата за тоа кој ќе биде победникот ќе има свое значајно место во вкупниот изборен резултат. Ултразвучната метода на откривање на полот на бебето во голема мера ќе влијае на тоа каква ќе биде бојата на првите алишта на новороденчето, црвена или сина. Слично е и во македонската политика. Како што гледаме ултразвукот на македонските анкети говори дека бојата на победникот ќе биде црвена, онака како што прилега за една жена.

Нека е среќен 8 Март!

The post Црвената боја на победникот appeared first on Република.

]]>

Петар Поп-Арсов

Живееме во ера на перцепција. Постојано се трудиме за себе да создадеме перцепција кај другите дека сме убави, паметни, насмеани, нашетани, начитани, па дури најадени и напиени. Такво е времето. Ние сме лидери во светот во оваа област, особено на социјалните мрежи. Нема ништо лошо во тоа... освен кога ќе се претера со разно разни филтри кои ја менуваат реалноста. Така е и во политиката. Зачестени анкети, испитување на јавното мислење, мерење на рејтинзите на поединци и политичките партии. Тое е веќе класика за периодот пред секои избори во Македонија. И тука сме на светско ниво, особено ако судиме според нашата посветеност кон оваа предизборна активност. Не сакаме никакви изненадувања и неизвесност. Веќе е нормално да ги знаеме резултатите однапред. Наликуваме на млад брачен пар кој со примена на достигнувањата на современата медицина уште во најраната фаза на бременост го дознава полот на сопственото бебе, две, три или повеќе како во некои случаи. Ништо не е поразлично и со нашиве политички анкети. Моќта на „ултразвукот“ на анкетите уште во рана фаза може да го детерминира полот на победникот, односно дали ќе биде жена или маж. Може да ја проектира и бројката на освоени пратенички мандати, а со тоа и идната власт во државата. Навистина интересна алатка која во втор план ја става и потиснува директната комуникација меѓу луѓето, размената на мислења, информации, меѓусебното убедување, озборувањето, фалењето и критикувањето. Веќе нема смисла да се расправаме и убедуваме за политиката на родендени, слави и други семејни собири кое што во минатото беше национален спорт во Македонија. Дали е добро или лошо, нормално или ненормално, тоа е сосема друго прашање чиј што одговор не е приоритет на овој текст. Нас нѐ интересираат анкетите и влијанието кое што тие го имаат врз севкупниот изборен процес, особено врз профилирањето на мислењето на одредена група на граѓани. Начинот според кој се определуваат граѓаните на изборите може да го поделиме во неколку групи. Не дека не постојат и други облици и модели според кои граѓаните се определуваат на изборите, но нас нѐ интересираат оние најкарактеристичните кои ќе не доведат до групата која што е предмет на инетерес на овој текст. Во првата група може да ги ставиме оние граѓани кои цврсто ја поддржуваат сопствената политичка опција со која се идентификуваат. Тие безрезервно стојат зад партијата и во добро и во лошо. Нив не ги интересира ниту политичката, ниту кадровската понуда. Независно од тоа дали во основата на ваквата фанатична поддршка стои идеологијата, личната и семејната традиција, идентификацијата со конкретната политичка опција, чувството за припадност и верност кон клубот за кој што навивам или пак е нешто сосема десетто, може слободно да кажеме дека оваа група претставува база врз која се гради и надополнува вкупната поддршка која што ја има една политичка опција. Втората група, која произлегува од првата, се луѓе кои што во основа се поддржувачи на политичката опција со која се идентификуваат, но сепак внимателно ја следат нивната политичка и кадровска понуда. Тие се оние граѓани кои даваат силна поддршка на партијата за која што гласаат во случај кога им се погодени споменатите параметри. Но, во случај да се незадоволни од политиките и кадрите на партијата за која што гласаат, во таков случај тие повеќе се подготвени за апстиненција отколку да ја поддржат спротивната опција или некои трети алтернативни опции. Во третата група би можеле да ги сместиме оние кои секогаш гласаат против. Немаат некои посебни афинитети кон никого, но во принцип секогаш го поддржуваат оној кој искреирал перцепција дека е најмногу против политичката опција која и оди на нерви на оваа група на гласачи. Од оваа група на гласачи не може да се очекуваат рационални одлуки или поддршка за конкретни политики кои се нудат како опција за подобар просперитет на државата. Тие едноставно функционираат и се определуваат врз база на антагонизам и се подготвени да гласаат дури и за политичка опција кој нема ништо во својата понуда, освен критики кон политичките противници. Четвртата група се оние кои што се позиционирани во центарот. Некои навистина веруваат и се надеваат дека постои можност за создавање на сериозна политичка структура во центарот како трета или алтернативна опција на двете доминантни политички опции во Македонија. Други пак едноставо се плашат да зачекорат во подлабоките политички води и едноставно се држат во средината како некој вид комфорна зона во која ризиците кои што постојат се најмали. Петтата може да ја дефинираме како група на неопределените. Овие граѓани навистина себе си се доживуваат како неопределени. Тие внимателно ја следат политичката и кадровската понуда. Тие ја ценат работата на досегашната власт и прават проценка за работата на идната. Овие луѓе не се оптеретени со чувство на обврска кон некоја од политичките опции ниту пак со чувството на обврска кон самите себе заради некаков континуитет или традиција во гласањето. Едноставно гласаат за оној кој што сметаат дека е подобар или во најмала рака дека е помалку лош. Ова е групата која што е „најскапа“ и која што најтешко се придобива. За да се добие поддршката на овие луѓе треба да се испорачаат конкретни резултати или да се има конкретна понуда. Политичката опција која што успеала да ја придобие оваа група на граѓани на своја страна, независно од тоа колкава е нејзината процентуална застапеност во однос на останатите групи, е сигурен победник на изборите. Конечно доаѓаме до групата која што е инспирација за текстот на оваа колумна. Групата на граѓани која што е таргет во овој период на пред кампања. Луѓето кои што секогаш го поддржуваат победникот. Да, тие се тука меѓу нас, дел од нас, наши пријатели, другари, роднини. Тие не се неопределени. Тие секогаш се определени и секогаш стојат на една страна, на страната на победникот. Овие граѓани се најопределената од сите определени групи на гласачи во македонското општество која никогаш не ја менува страната, страната на победникот. Тоа е исклучително растеглива група во која на исто место може да ги сместиме оние најзагрозените со оние најбогатите. Во оваа група за жал спаѓаат луѓето кои што се борат за егзистенција на дневна основа и чиј што опстанок зависи од помошта, вработувањето или било каква поддршка која доаѓа од институциите и структурите на власта. Едноставно немаат избор. Но, тука се и оние кои постојано се борат и очекуваат да искористат и добијат дополнителни привилегии од секоја власт. Тие луѓе постојат, без разлика дали се позиционирани во рамки на државната администрација или во рамки на приватниот бизнис кој што има релација со институциите на власта. Себе си секогаш се претставуваат како „професионалци“, „експерти“ и оние кои заслужуваат да ја добијат наклонетоста од секоја власт. На останатите гледаат како на партиски вработувања или политички наметнати кадри кои им се мешаат во „бизнисот“, иако и самите во еден момент влегле во игра преку партиските механизми. Тука се и најбогатите, оние кои работат со државни тендери и чии што бизниси буквално се закачени на државниот буџет. Информацијата за тоа кој ќе биде победникот на изборите за овие луѓе е прашање на живот или смрт. Тие се исклучително зависни од тоа дали ќе бидат блиски до власта, особено со извршната и судската кои во Македонија се реални власти, за разлика од законодавната. Поставеноста и функционирањето на македонското општество во толкава мера е изместено од нормалниот колосек што е сосема природно постоењето на оваа група на граѓани и гласачи. Тие едноставно постојат и се реалност. Некои оправдано заради основни потреби, некои неоправдано заради добивање на „леб преку погача“. Но, сепак се тука! Секоја власт преку својот начин на работење може дополнително да го стимулира зголемувањето на оваа група, особено ако работењето е неуспешно и штетно како во случај на актуелната владејачка гарнитура. Од тие причини може да кажеме дека во моментиве на предкампања е сосема разбирлива тенденцијата на политичките партии да создадат перцепција за себе дека се победници на претстојните избори. Сосема е разбирливо ползувањето на алатката наречена анкета и испитување на јавното мнение. Тоа е легитимен пристап за привлекување на одредена целна група чии што гласови можат да создат дополнителна вредност и разлика во гласови во полза на едната или другата страна. По се изгледа дека перцепцијата за тоа кој ќе биде победникот ќе има свое значајно место во вкупниот изборен резултат. Ултразвучната метода на откривање на полот на бебето во голема мера ќе влијае на тоа каква ќе биде бојата на првите алишта на новороденчето, црвена или сина. Слично е и во македонската политика. Како што гледаме ултразвукот на македонските анкети говори дека бојата на победникот ќе биде црвена, онака како што прилега за една жена. Нека е среќен 8 Март!

The post Црвената боја на победникот appeared first on Република.

]]>
Од безгласна кукла до жена на милениумот https://republika.mk/kolumni/od-bezglasna-kukla-do-zhena-na-mileniumot/ Fri, 08 Mar 2024 09:25:12 +0000 https://republika.mk/?p=752545

Васко Шутаров

Во едни далеку поскромни детства од денешниве, светот не ни се нудеше на дланка и до него не секогаш стигнувавме лесно! Но, тој свет ни се отвораше непогрешливо точно, кога доаѓаше вистинско време за тоа!

И во тие, далеку поскромни времиња од денешниве, ниту дома, ниту на училиште, не слушнавме дека во стекнувањата животни знаења и определби, треба да се одредуваме „за запад или за исток, за север или за југ!“! Нас подеднакво и дома и на училиште, нè учеа само на емпатија и солидарност со цел свет, што тогаш го мечтаевме со ширум отворени очи!

И со отворени очи сонувавме за освојувања и на Истокот и на Западот, патувајќи со Марко Поло, со Колумбо и со Магелан, со чиста и со ништо неоптоварена детска мечта!

И денес со отворени очи можам да го доловам ликот и гласот на мојата стамена и лична учителка, секогаш облечена во добро скроен дводелен костум, како нè поттикнува да знаеме повеќе од она што го бараше задолжителното градиво: „Читајте весници, гледајте вести, никогаш не заспивајте без новопрочитана страница од книга!“

Ништо позначајно и ништо поубаво, кога на деца од најрана возраст им се всадува љубов и за дополнителни знаења за мајчиниот јазик и за историјата и за културата на својот народ, но и за здравата храна и здравиот начин на живот, а патем и широко им се отвораат хоризонти, од далечниот Исток, до далечниот Запад, фино скокоткајќи ја дечјата фантазија и за јапонското обожување на расцветано црешово гранче, за уништувањето на славните цивилизации на Маите и Инките или за моќните жени во политиката, како на пример за Индира Ганди, на која мојата учителка, вистински ù се воодушевуваше!

И така осознаваме од многу мали, за бесценети животни поуки! Најпрво, колку важна може да биде животната лекција, кога жена со воодушевување говори за друга жена! И денес пред очи ја гледам, со каков вознес ни ја опишува убавината на индиската жена олицетворена во Индира Ганди, жената со препознатливиот седефен прамен во косата и длабоко замислените топли очи, како се внесува во опишувањето на традиционалното индиско сари, како говори за храброста на една жена да им се спротивстави на моќните мажи кои сакаат поделби во државата, но најмногу за мудроста на жената политичар, цврсто решена да стави крај на постојаните години на глад и сиромаштија, во втората по бројност нација во светот!

Денес Индија е уште помоќна држава од времето на Индира Ганди и претставува исклучително важен глобален фактор на меѓународната политичка сцена, но се прашувам на колкумина третоодделенци нешто ќе им значи името на актуелниот индиски премиер Нарендра Моди?! Или, да бидеме пореални - на колкумина студенти од третите години на студиите од политички науки во државата, јасна им е улогата, која благодарејќи посебно на Индира Ганди, Индија ја има во светов, денес?!

(Не беше така неодамна, кога слушнав, дека ќе се реконструира дел од улицата „Инди Раганди“ во Шуто Оризари, во Скопје!)

Она што посебно заслужува благодарност кон оние далечни и поскромни времиња од денешниве, тоа е длабоко стекнатата потреба од нови знаења, потреба не само од постојани нови откривања, туку и критички преоткривања на веќе стекнатите знаења! Денес, стануваме и повеќе свесни за тоа, со каков благодат сме биле дарувани,  кога сме биле воспитувани и образовани не само да бидеме „навртки и завртки“ за потребите на еден глобален пазарен механизам и за привилегијата толку години потоа, да се негува критички ум кон сè она што е препорачливо секојдневно да се голта како неприкосновена вистина, од која било страна на светот и да доаѓала!

Така и вистината за обожуваната жена политичар од моето детство, за која уште во трето одделение пишувавме осмомартовски домашни задачи, низ годиниве станува сè повеќе критичка, повеќеслојна и никогаш до крај исцрпена вистина! Денес, после толку многу сознанија за Индира Ганди, можеби најдолго одѕвонува вистината за неа, напишана од славната италијанска новинарка Оријана Фалачи: „ Ѝ се восхитувам, но не ù завидувам и не би сакала да бидам во нејзината кожа!“

Да бидеш полни 15 години премиер и да владееш со земја со толку длабока историја и традиција, земја со огромно мноштво од различни култури, религии, етнички групи, јазици и идеологии, често и длабоко поделени меѓу себе, уште и да успееш сето тоа непомирливо мноштво да го обединиш и да го модернизираш, тоа е епско дело, за повеќе од еден обичен човечки живот!

„Би била подготвена и да умрам служејќи ѝ на својата земја. Ако умрев во служба на нацијата, ќе се гордеев со тоа! И секоја капка од мојата крв, сигурна сум во тоа, ќе придонесеше за растот на оваа земја!“ - така зборуваше на едно од своите последни патувања низ Индија, Индира Ганди!

Жените понекогаш одат многу далеку! Но, другите слушаат само кога одите предалеку!

Списанието „Тајм“ ја вклучи Индира Ганди во 100-те најмоќни жени што го одбележаа 20 век, а во онлајн-анкета организирана од Би-Би-Си во 1999 година, беше прогласена за „жена на милениумот“. Колку далеку отиде од сите, па успеа во својата татковина да биде глас што се слуша и што обединува, а секаде во светот, глас што се слуша и почитува, во епохата што денес историјата ја именува со нејзиното име!

Како ќерка на Џавахарлал Нехру, првиот премиер на независна Индија, уште како девојче се вклучила во борбата за индиска независност од британската колонијална власт, создавајќи моќна и бројна организација од 60.000  девојчиња и момчиња, наречена „Бригада на Мајмуните“! Организацијата била најсигурна мрежа за пренесување пораки помеѓу борците за независност-децата во нивните школски чанти ги пренесувале скиците за сите големи мирни протестни акции, водени од Махатма Ганди и Џавахарлал Нехру.

Грижејќи се од мала и за својата болна мајка, во потрага по лек за неа патувала низ Европа, најнапред во Швајцарија, а потоа и во Англија, каде запишува студии во Оксфорд. Во Лондон и се вљубува во младиот новинар Фероз Ганди, со кого ја врзува и страстната борба за независност на Индија. За време на Втората светска војна поради британските обвинувања за антидржавна активност и двајцата поминуваат 13 месеци во затвор!

Со сопругот поминуваат и бурни 18 години во брак, во кој ги добиваат синовите Раџив и Санџај. Храброто влетување во брак, против кого биле сите (бидејќи тој бил припадник на заратустризмот, а таа, во духот на хинду-традицијата не била ветена за него), завршил многу порано пред формалниот развод, поради постојаните неверства од сопругот. Тогаш Индира, во една прилика, ќе се довери: „Сега можам да продолжам да бидам верна сопруга, но само на Индија!

Осум години стекнувала политичко искуство во кабинетот на татка си, а кога тој се наоѓал пред тешки политички одлуки, барал совети само од неа. Тоа била сосем доволна причина доминантните мажи од Конгресната партија, на која ù таа припаѓала, малициозно да почнат да ја нарекуваат „немата кукла од кабинетот на премиерот!“.

Во 1960 година умира нејзиниот поранешен сопруг, а четири години подоцна го губи и татка си! („Татко ми беше државник, јас сум жена-политичар! Татко ми беше светец. Јас не сум!“) Во истата таа 1964 година, Индира Ганди станала министерка за информации и владин портпарол. Во јануари 1966 година станува премиер на Индија и со мал прекин, од 1977 до 1980, останува на таа функција до атентатот, во 1984 година!

Зошто Индира беше светилник и икона, за гладните и обесправените ширум светот, во втората половина од минатиот век?

Најнапред, заради непоколебливата решеност да ја започне и спроведе до крај т.н. „зелена револуција“ (1967-1978), преку која успева да ја трансформира сиромашната Индија, од земја на постојана глад, во земја која може да ги покрие сопствените потреби за храна и уште, да извезува храна! „Светот бара резултати! Не кажувајте им на другите за вашите породилни болки. Покажете му го на светот вашето дете!“ - ќе каже Индира, по спроведувањето на оваа комплексна, но комплетно успешна политичка и социјална акција.

Индира Ганди ја нарекуваа и „Железната лејди“, затоа што беше бескомпромисен борец за укинување на традиционалните кастински привилегии на махараџите, борец против секој обид за поделби и отцепувања на делови од Индија, борец за национализација на сите големи банки, но и големите нафтени компании со странски капитал! Индира имаше и свои „железни мани“, па и денес се спомнува авторитарното гушење на протестите на опозицијата и воведувањето вонредна состојба (токму во време на извојуваната воена победа против Пакистан!), а посебно се спомнува контроверзната кампања за стерилизирање на преку 7 милиони мажи, во години на борба против демографската експлозија и неконтролираното зголемување на бројноста на индиското население!

На меѓународен план, Индира Ганди беше синоним за бескомпромисен борец за заштита на индискиот интегритет и суверенитет. „Не постои сила која може да ми влијае или да ме скрши, кога треба да го бранам националниот интерес на Индија. Тоа кај мене не поминува!“, ќе изјави по посетата на САД во 1971 година,. Од таа историска средба во Вашингтон, набргу ќе протече  во јавноста разговор што го водат американскиот претседател Никсон и Хенри Кисинџер: „Оваа мала лисица нè излажа, каква лукава вештица од жена!“

Кога во 1980 година повторно триумфално се враќа на власт, доживува уште една огромна лична загуба! Во необјаснета до крај авионска несреќа, го губи постариот син, кого долги години го подготвува за свој наследник во политиката. „И кога хоризонтот е најцрн, божествена инспирација ќе ти го покаже патот, каде и како да се оди понатаму“, ќе изјави непосредно по загубата на синот!

Последната животна битка за зачувување на интегритетот на Индија, Индира Ганди ја плаќа со сопствениот живот! Милитантно крило на Сиките кои бараат отцепување од Индија, се крие во „Златниот храм“ во Пенџаб, а Индира Ганди праќа војска да го задуши бунтот! Во храмот е пронајден цел арсенал од оружје, како од американско, така и од кинеско производство! Индира Ганди станува потполно свесна дека совладувајќи ги Сиките, посредно војува и со двете моќни светски сили!

Само неколку месеци подоцна, подготвувајќи се за интервју со славниот Питер Јустинов, одлучува во последен момент да го соблече заштитниот панцир што го носела (женското око во огледалото забележало, дека со панцирот телото изгледа премногу заоблено!) Двајца Сики, кои и покрај предупредувањата ги оставила во својата лична гарда, од градината на резиденцијата, испукале во неа 40 куршуми, од кои 23 завршиле во нејзиното тело!

Силно претчувствувала дека може да се случи тоа: „Ако умрам со насилна смрт, како што некои стравуваат, а неколкумина заговараат, знам дека насилството ќе биде во мислите и постапките на убијците, а не во моето умирање“.

.......................................................................................

По трагите на сеќавањата од едни дамнешни времиња, кога далеку поскромно, но многу почовечно и поискрено го славевме 8 Март, не можев а да не се сетам на славната политичарка Индира Ганди, која велеше: „Сите мои игри беа политички, а јас, како и Јованка Орлеанка, постојано бев запалена на клада!“

The post Од безгласна кукла до жена на милениумот appeared first on Република.

]]>

Васко Шутаров

Во едни далеку поскромни детства од денешниве, светот не ни се нудеше на дланка и до него не секогаш стигнувавме лесно! Но, тој свет ни се отвораше непогрешливо точно, кога доаѓаше вистинско време за тоа! И во тие, далеку поскромни времиња од денешниве, ниту дома, ниту на училиште, не слушнавме дека во стекнувањата животни знаења и определби, треба да се одредуваме „за запад или за исток, за север или за југ!“! Нас подеднакво и дома и на училиште, нè учеа само на емпатија и солидарност со цел свет, што тогаш го мечтаевме со ширум отворени очи! И со отворени очи сонувавме за освојувања и на Истокот и на Западот, патувајќи со Марко Поло, со Колумбо и со Магелан, со чиста и со ништо неоптоварена детска мечта! И денес со отворени очи можам да го доловам ликот и гласот на мојата стамена и лична учителка, секогаш облечена во добро скроен дводелен костум, како нè поттикнува да знаеме повеќе од она што го бараше задолжителното градиво: „Читајте весници, гледајте вести, никогаш не заспивајте без новопрочитана страница од книга!“ Ништо позначајно и ништо поубаво, кога на деца од најрана возраст им се всадува љубов и за дополнителни знаења за мајчиниот јазик и за историјата и за културата на својот народ, но и за здравата храна и здравиот начин на живот, а патем и широко им се отвораат хоризонти, од далечниот Исток, до далечниот Запад, фино скокоткајќи ја дечјата фантазија и за јапонското обожување на расцветано црешово гранче, за уништувањето на славните цивилизации на Маите и Инките или за моќните жени во политиката, како на пример за Индира Ганди, на која мојата учителка, вистински ù се воодушевуваше! И така осознаваме од многу мали, за бесценети животни поуки! Најпрво, колку важна може да биде животната лекција, кога жена со воодушевување говори за друга жена! И денес пред очи ја гледам, со каков вознес ни ја опишува убавината на индиската жена олицетворена во Индира Ганди, жената со препознатливиот седефен прамен во косата и длабоко замислените топли очи, како се внесува во опишувањето на традиционалното индиско сари, како говори за храброста на една жена да им се спротивстави на моќните мажи кои сакаат поделби во државата, но најмногу за мудроста на жената политичар, цврсто решена да стави крај на постојаните години на глад и сиромаштија, во втората по бројност нација во светот! Денес Индија е уште помоќна држава од времето на Индира Ганди и претставува исклучително важен глобален фактор на меѓународната политичка сцена, но се прашувам на колкумина третоодделенци нешто ќе им значи името на актуелниот индиски премиер Нарендра Моди?! Или, да бидеме пореални - на колкумина студенти од третите години на студиите од политички науки во државата, јасна им е улогата, која благодарејќи посебно на Индира Ганди, Индија ја има во светов, денес?! (Не беше така неодамна, кога слушнав, дека ќе се реконструира дел од улицата „Инди Раганди“ во Шуто Оризари, во Скопје!) Она што посебно заслужува благодарност кон оние далечни и поскромни времиња од денешниве, тоа е длабоко стекнатата потреба од нови знаења, потреба не само од постојани нови откривања, туку и критички преоткривања на веќе стекнатите знаења! Денес, стануваме и повеќе свесни за тоа, со каков благодат сме биле дарувани,  кога сме биле воспитувани и образовани не само да бидеме „навртки и завртки“ за потребите на еден глобален пазарен механизам и за привилегијата толку години потоа, да се негува критички ум кон сè она што е препорачливо секојдневно да се голта како неприкосновена вистина, од која било страна на светот и да доаѓала! Така и вистината за обожуваната жена политичар од моето детство, за која уште во трето одделение пишувавме осмомартовски домашни задачи, низ годиниве станува сè повеќе критичка, повеќеслојна и никогаш до крај исцрпена вистина! Денес, после толку многу сознанија за Индира Ганди, можеби најдолго одѕвонува вистината за неа, напишана од славната италијанска новинарка Оријана Фалачи: „ Ѝ се восхитувам, но не ù завидувам и не би сакала да бидам во нејзината кожа!“ Да бидеш полни 15 години премиер и да владееш со земја со толку длабока историја и традиција, земја со огромно мноштво од различни култури, религии, етнички групи, јазици и идеологии, често и длабоко поделени меѓу себе, уште и да успееш сето тоа непомирливо мноштво да го обединиш и да го модернизираш, тоа е епско дело, за повеќе од еден обичен човечки живот! „Би била подготвена и да умрам служејќи ѝ на својата земја. Ако умрев во служба на нацијата, ќе се гордеев со тоа! И секоја капка од мојата крв, сигурна сум во тоа, ќе придонесеше за растот на оваа земја!“ - така зборуваше на едно од своите последни патувања низ Индија, Индира Ганди! Жените понекогаш одат многу далеку! Но, другите слушаат само кога одите предалеку! Списанието „Тајм“ ја вклучи Индира Ганди во 100-те најмоќни жени што го одбележаа 20 век, а во онлајн-анкета организирана од Би-Би-Си во 1999 година, беше прогласена за „жена на милениумот“. Колку далеку отиде од сите, па успеа во својата татковина да биде глас што се слуша и што обединува, а секаде во светот, глас што се слуша и почитува, во епохата што денес историјата ја именува со нејзиното име! Како ќерка на Џавахарлал Нехру, првиот премиер на независна Индија, уште како девојче се вклучила во борбата за индиска независност од британската колонијална власт, создавајќи моќна и бројна организација од 60.000  девојчиња и момчиња, наречена „Бригада на Мајмуните“! Организацијата била најсигурна мрежа за пренесување пораки помеѓу борците за независност-децата во нивните школски чанти ги пренесувале скиците за сите големи мирни протестни акции, водени од Махатма Ганди и Џавахарлал Нехру. Грижејќи се од мала и за својата болна мајка, во потрага по лек за неа патувала низ Европа, најнапред во Швајцарија, а потоа и во Англија, каде запишува студии во Оксфорд. Во Лондон и се вљубува во младиот новинар Фероз Ганди, со кого ја врзува и страстната борба за независност на Индија. За време на Втората светска војна поради британските обвинувања за антидржавна активност и двајцата поминуваат 13 месеци во затвор! Со сопругот поминуваат и бурни 18 години во брак, во кој ги добиваат синовите Раџив и Санџај. Храброто влетување во брак, против кого биле сите (бидејќи тој бил припадник на заратустризмот, а таа, во духот на хинду-традицијата не била ветена за него), завршил многу порано пред формалниот развод, поради постојаните неверства од сопругот. Тогаш Индира, во една прилика, ќе се довери: „Сега можам да продолжам да бидам верна сопруга, но само на Индија!“ Осум години стекнувала политичко искуство во кабинетот на татка си, а кога тој се наоѓал пред тешки политички одлуки, барал совети само од неа. Тоа била сосем доволна причина доминантните мажи од Конгресната партија, на која ù таа припаѓала, малициозно да почнат да ја нарекуваат „немата кукла од кабинетот на премиерот!“. Во 1960 година умира нејзиниот поранешен сопруг, а четири години подоцна го губи и татка си! („Татко ми беше државник, јас сум жена-политичар! Татко ми беше светец. Јас не сум!“) Во истата таа 1964 година, Индира Ганди станала министерка за информации и владин портпарол. Во јануари 1966 година станува премиер на Индија и со мал прекин, од 1977 до 1980, останува на таа функција до атентатот, во 1984 година! Зошто Индира беше светилник и икона, за гладните и обесправените ширум светот, во втората половина од минатиот век? Најнапред, заради непоколебливата решеност да ја започне и спроведе до крај т.н. „зелена револуција“ (1967-1978), преку која успева да ја трансформира сиромашната Индија, од земја на постојана глад, во земја која може да ги покрие сопствените потреби за храна и уште, да извезува храна! „Светот бара резултати! Не кажувајте им на другите за вашите породилни болки. Покажете му го на светот вашето дете!“ - ќе каже Индира, по спроведувањето на оваа комплексна, но комплетно успешна политичка и социјална акција. Индира Ганди ја нарекуваа и „Железната лејди“, затоа што беше бескомпромисен борец за укинување на традиционалните кастински привилегии на махараџите, борец против секој обид за поделби и отцепувања на делови од Индија, борец за национализација на сите големи банки, но и големите нафтени компании со странски капитал! Индира имаше и свои „железни мани“, па и денес се спомнува авторитарното гушење на протестите на опозицијата и воведувањето вонредна состојба (токму во време на извојуваната воена победа против Пакистан!), а посебно се спомнува контроверзната кампања за стерилизирање на преку 7 милиони мажи, во години на борба против демографската експлозија и неконтролираното зголемување на бројноста на индиското население! На меѓународен план, Индира Ганди беше синоним за бескомпромисен борец за заштита на индискиот интегритет и суверенитет. „Не постои сила која може да ми влијае или да ме скрши, кога треба да го бранам националниот интерес на Индија. Тоа кај мене не поминува!“, ќе изјави по посетата на САД во 1971 година,. Од таа историска средба во Вашингтон, набргу ќе протече  во јавноста разговор што го водат американскиот претседател Никсон и Хенри Кисинџер: „Оваа мала лисица нè излажа, каква лукава вештица од жена!“ Кога во 1980 година повторно триумфално се враќа на власт, доживува уште една огромна лична загуба! Во необјаснета до крај авионска несреќа, го губи постариот син, кого долги години го подготвува за свој наследник во политиката. „И кога хоризонтот е најцрн, божествена инспирација ќе ти го покаже патот, каде и како да се оди понатаму“, ќе изјави непосредно по загубата на синот! Последната животна битка за зачувување на интегритетот на Индија, Индира Ганди ја плаќа со сопствениот живот! Милитантно крило на Сиките кои бараат отцепување од Индија, се крие во „Златниот храм“ во Пенџаб, а Индира Ганди праќа војска да го задуши бунтот! Во храмот е пронајден цел арсенал од оружје, како од американско, така и од кинеско производство! Индира Ганди станува потполно свесна дека совладувајќи ги Сиките, посредно војува и со двете моќни светски сили! Само неколку месеци подоцна, подготвувајќи се за интервју со славниот Питер Јустинов, одлучува во последен момент да го соблече заштитниот панцир што го носела (женското око во огледалото забележало, дека со панцирот телото изгледа премногу заоблено!) Двајца Сики, кои и покрај предупредувањата ги оставила во својата лична гарда, од градината на резиденцијата, испукале во неа 40 куршуми, од кои 23 завршиле во нејзиното тело! Силно претчувствувала дека може да се случи тоа: „Ако умрам со насилна смрт, како што некои стравуваат, а неколкумина заговараат, знам дека насилството ќе биде во мислите и постапките на убијците, а не во моето умирање“. ....................................................................................... По трагите на сеќавањата од едни дамнешни времиња, кога далеку поскромно, но многу почовечно и поискрено го славевме 8 Март, не можев а да не се сетам на славната политичарка Индира Ганди, која велеше: „Сите мои игри беа политички, а јас, како и Јованка Орлеанка, постојано бев запалена на клада!“

The post Од безгласна кукла до жена на милениумот appeared first on Република.

]]>
Трговија со она што е мое, исто како да е негово! https://republika.mk/kolumni/trgovija-so-ona-shto-e-moe-isto-kako-da-e-negovo/ Tue, 27 Feb 2024 15:19:18 +0000 https://republika.mk/?p=749007

Петар Поп-Арсов

Трката започна!

Тргна собирањето на потписи од страна на претендентите за кандити за претседател на државата. За почеток некој собрал повеќе, некој помалку, некој не собрал речиси ништо. Секој со својата среќа, знаење, можности и политички капацитет. Тоа е, трка како трка. Не победува оној што започнал и истрчал како прв, туку оној што завршил како таков. Како и да е, ова е добро загревање на јавноста во пресрет на финалната пресметка која што ќе следи.

Иако кандидатурите сè уште немаат добиено официјална форма, веќе се наѕира списокот на кандидати кои ќе се најдат на гласачкото ливче. Уште од сега се гледа кои ќе бидат финалисти, кои ќе бидат протагонисти со секундарни политички цели, а кои ќе останат само авантуристи со нереални амбиции.

Ако од оваа анализа ги изземеме најсериозните кандидати за влез во вториот круг на претседателските избори, што е тоа што би можеле да го кажеме за останатите? Првото нешто е дека тука навистина има политички ликови зад кои во моментов стои сериозна и респектабилна маса на гласови која ќе биде одлучувачка за конечниот исход на претседателските избори. Не дека бројот на овие гласови може на некој од кандидатите да му овозможи барем да се понадева дека ќе влезе во вториот круг, но кумулативно гледано токму гласовите кои во првиот круг ќе отидат кај недобитните кандидати, ќе бидат гласови кои што ќе одлучуваат во вториот круг.

Второто нешто кое што треба да се каже е тоа дали личниот и политичкиот капацитет на овие кандидати ќе претставува кохерентна целина со партиите кои што ги кандидираат и истите ќе ги оправдаат очекувањата или пак можеби ќе придонесат во нагорна или надолна насока во однос на моментално проектираните резултати?! Не се исклучени ниту позитивни, ниту пак негативни изненадувања кај поедини кандидати. Тоа останува да го видиме на самиот изборен ден од првиот круг.

Трето, со исклучок на кандидатот на ДУИ, сите останати кандидати се насочени кон привлекување на опозициски расположените гласачи. Очигледно е дека кандидатите за претседател на државата го чувствуваат опозициското расположение кај гласачите и затоа повеќето од нив се насочени токму кон овие гласови. Тоа е сосема разбирливо од причини што (покрај интуитивниот впечаток што го имаме како граѓани за доминација на опозициското расположение) сето тоа е поткрепено со релевантни истражувања на јавното мнение од страна на професионални агенции чии што истражувања се засноваат на научни методи.

Четврто, независно од тоа од кој политички базен на гласови кандидатите ја црпат својата поддршка (овде се мисли на онаа генерална поделба на двата блока кои што историски ги предводат ВМРО и СДСМ), се поставува прашањето дали во вториот круг ќе имаме природно враќање на гласачите во традиционалниот табор? Ќе има враќање или пак анимозитетот, незадоволството и нетрпеливоста се пораснати до таа мера што казната веќе е неизбежна. Факт е дека постојат незадоволни гласачи од политиките кои што ги води партијата која редовно и традиционално ја поддржувале и токму овие гласачи се цел на неколку кандидати чии што политички партии успешно ги артикулираа и привлекуваа на свое конто. Оваа констатација особено се однесува на македонскиот блок на гласачи. Албанскиот блок на гласачи има свои закономерности кои бараат посебен пристап при правењето на било каква анализа за потенцијалните резултати кои најмалку ќе зависат од кандидатите кои ќе влезат во вториот круг.

Како и да е, ако се суди според динамиката на собирање на потписи, навистина ќе имаме сериозна бројка на кандидати кои што ќе трчаат на претседателските избори. Започнавме да наликуваме на француските претседателски избори каде што двата финалисти во вториот круг се резултат на трка на десетина па и повеќе кандидати од првиот круг. Со тоа правиме отклон од изборната трка во 2019 година кога со трите понудени кандидати македонските наликуваа на американските претседателски избори.

Шегата на страна. Далеку сме и од САД и од Франција. Македонските претседателски избори се неспоредливи ниту со американските, ниту со француските. Неспоредливи се ниту според важноста и ингеренциите на избраниот претседател, ниту според начинот на спроведување и етничката поделба на кандидати и контигенти на гласови кои постојат во Македонија, а кои во САД и Франција се незамислива заради нивните концепти на државно уредување. Но, факт е дека сличноста со Франција на овие избори ќе биде исклучително голема, особено при пренасочувањето на гласовите во вториот круг.

Токму можноста за пренасочување на гласови на кандидатите кои што во моментов собираат потписи, заедно со можноста да ги разбудат и мобилизираат своите гласачи за парламентраните избори кои што ќе следат, се најголемиот политички мотив за претендентите за претседателски кандидат. Секундарниот ефект кој што произлегува од нивната кандидатура всушност е нивната примарна политичка цел. Трговија со политичко влијание во сопствена полза.

Трговија со она што е мое, исто како да е негово!

Токму на исполнување на таквата цел ќе се сведе целата активност на повеќето преденти кои во моментов собираат потписи за претседателска кандидатура. Навистина, да се соберат десет илјади потиси претставува сериозен успех за секого. Давањето потпис за поддршка на нечија кандидатура е повисок стадиум на поддршка од оној кој што се изразува со давањето глас на изборите. На изборите сите гласаме зад параванот со загарантирана тајност, но во однос на ставањето потпис на нечија кандидатура, секој што се одлучил на таков чекор, се легитримира со име и презиме. Од тие причини може слободно да се заклучи дека македонските граѓани се активно  инволвирани во исклучително голем процент во политичките токови во пресрет на претстојните претседателски и парламентарни избори.

Според досегашната динамика на собирање потписи нема да бидеме изненадени доколку над шеесет илјади граѓани го стават својот потпис за еден од кандидатите и тоа без да ги сметаме кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ кои оваа бројка можат да ја кренат до стотина илјади доколку решат да собираат потписи за сопствените кандидати. Тоа претставува директно инволвирање на повеќе од 10% на активните гласачи кои обично излегуваат на изборните процеси. Тоа значи дека македонското општество и македонската политичка сцена се сериозно сензибилизирани и дека постои сериозна граѓанска мобилизација за промени во државата.

Дали таквата сензибилизираност, опозициско расположение и мобилизација за промени ќе биде правилно канализирана и соодветно валоризирана, во голема мера ќе зависи од политичките вештини на учесниците на претстојните избори?! Дали јасно изразената народна волја за промени која што постои во моментов ќе добие своја верификација на изборите кои што следат, ќе зависи од повеќе фактори, меѓудругото и од влијанието на бројните кандидати во претседателската трка?!

Трговијата со политичко влијание и досега беше присутна на македонската политичка сцена, но овој пат таквата трговија може да биде клучна за целокупниот исход на изборите. Ако дозволиме некој да тргува со она што е мое, исто како да е негово, самите ќе си бидеме виновни и самите ќе им го фрлиме појасот за спасување на давениците од власта. Ние ќе бидеме тие кои што ќе им ја пружат последната сламка за спас.

Можноста за избор е убава можност, кандидатите си се кандидати и тие како такви ѝ се потребни на една нормална демократија. Но сепак, фокусот си е фокус! Тоа е исклучително потребно за една држава и демократија како нашата... далеку од нормалните!

The post Трговија со она што е мое, исто како да е негово! appeared first on Република.

]]>

Петар Поп-Арсов

Трката започна! Тргна собирањето на потписи од страна на претендентите за кандити за претседател на државата. За почеток некој собрал повеќе, некој помалку, некој не собрал речиси ништо. Секој со својата среќа, знаење, можности и политички капацитет. Тоа е, трка како трка. Не победува оној што започнал и истрчал како прв, туку оној што завршил како таков. Како и да е, ова е добро загревање на јавноста во пресрет на финалната пресметка која што ќе следи. Иако кандидатурите сè уште немаат добиено официјална форма, веќе се наѕира списокот на кандидати кои ќе се најдат на гласачкото ливче. Уште од сега се гледа кои ќе бидат финалисти, кои ќе бидат протагонисти со секундарни политички цели, а кои ќе останат само авантуристи со нереални амбиции. Ако од оваа анализа ги изземеме најсериозните кандидати за влез во вториот круг на претседателските избори, што е тоа што би можеле да го кажеме за останатите? Првото нешто е дека тука навистина има политички ликови зад кои во моментов стои сериозна и респектабилна маса на гласови која ќе биде одлучувачка за конечниот исход на претседателските избори. Не дека бројот на овие гласови може на некој од кандидатите да му овозможи барем да се понадева дека ќе влезе во вториот круг, но кумулативно гледано токму гласовите кои во првиот круг ќе отидат кај недобитните кандидати, ќе бидат гласови кои што ќе одлучуваат во вториот круг. Второто нешто кое што треба да се каже е тоа дали личниот и политичкиот капацитет на овие кандидати ќе претставува кохерентна целина со партиите кои што ги кандидираат и истите ќе ги оправдаат очекувањата или пак можеби ќе придонесат во нагорна или надолна насока во однос на моментално проектираните резултати?! Не се исклучени ниту позитивни, ниту пак негативни изненадувања кај поедини кандидати. Тоа останува да го видиме на самиот изборен ден од првиот круг. Трето, со исклучок на кандидатот на ДУИ, сите останати кандидати се насочени кон привлекување на опозициски расположените гласачи. Очигледно е дека кандидатите за претседател на државата го чувствуваат опозициското расположение кај гласачите и затоа повеќето од нив се насочени токму кон овие гласови. Тоа е сосема разбирливо од причини што (покрај интуитивниот впечаток што го имаме како граѓани за доминација на опозициското расположение) сето тоа е поткрепено со релевантни истражувања на јавното мнение од страна на професионални агенции чии што истражувања се засноваат на научни методи. Четврто, независно од тоа од кој политички базен на гласови кандидатите ја црпат својата поддршка (овде се мисли на онаа генерална поделба на двата блока кои што историски ги предводат ВМРО и СДСМ), се поставува прашањето дали во вториот круг ќе имаме природно враќање на гласачите во традиционалниот табор? Ќе има враќање или пак анимозитетот, незадоволството и нетрпеливоста се пораснати до таа мера што казната веќе е неизбежна. Факт е дека постојат незадоволни гласачи од политиките кои што ги води партијата која редовно и традиционално ја поддржувале и токму овие гласачи се цел на неколку кандидати чии што политички партии успешно ги артикулираа и привлекуваа на свое конто. Оваа констатација особено се однесува на македонскиот блок на гласачи. Албанскиот блок на гласачи има свои закономерности кои бараат посебен пристап при правењето на било каква анализа за потенцијалните резултати кои најмалку ќе зависат од кандидатите кои ќе влезат во вториот круг. Како и да е, ако се суди според динамиката на собирање на потписи, навистина ќе имаме сериозна бројка на кандидати кои што ќе трчаат на претседателските избори. Започнавме да наликуваме на француските претседателски избори каде што двата финалисти во вториот круг се резултат на трка на десетина па и повеќе кандидати од првиот круг. Со тоа правиме отклон од изборната трка во 2019 година кога со трите понудени кандидати македонските наликуваа на американските претседателски избори. Шегата на страна. Далеку сме и од САД и од Франција. Македонските претседателски избори се неспоредливи ниту со американските, ниту со француските. Неспоредливи се ниту според важноста и ингеренциите на избраниот претседател, ниту според начинот на спроведување и етничката поделба на кандидати и контигенти на гласови кои постојат во Македонија, а кои во САД и Франција се незамислива заради нивните концепти на државно уредување. Но, факт е дека сличноста со Франција на овие избори ќе биде исклучително голема, особено при пренасочувањето на гласовите во вториот круг. Токму можноста за пренасочување на гласови на кандидатите кои што во моментов собираат потписи, заедно со можноста да ги разбудат и мобилизираат своите гласачи за парламентраните избори кои што ќе следат, се најголемиот политички мотив за претендентите за претседателски кандидат. Секундарниот ефект кој што произлегува од нивната кандидатура всушност е нивната примарна политичка цел. Трговија со политичко влијание во сопствена полза. Трговија со она што е мое, исто како да е негово! Токму на исполнување на таквата цел ќе се сведе целата активност на повеќето преденти кои во моментов собираат потписи за претседателска кандидатура. Навистина, да се соберат десет илјади потиси претставува сериозен успех за секого. Давањето потпис за поддршка на нечија кандидатура е повисок стадиум на поддршка од оној кој што се изразува со давањето глас на изборите. На изборите сите гласаме зад параванот со загарантирана тајност, но во однос на ставањето потпис на нечија кандидатура, секој што се одлучил на таков чекор, се легитримира со име и презиме. Од тие причини може слободно да се заклучи дека македонските граѓани се активно  инволвирани во исклучително голем процент во политичките токови во пресрет на претстојните претседателски и парламентарни избори. Според досегашната динамика на собирање потписи нема да бидеме изненадени доколку над шеесет илјади граѓани го стават својот потпис за еден од кандидатите и тоа без да ги сметаме кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ кои оваа бројка можат да ја кренат до стотина илјади доколку решат да собираат потписи за сопствените кандидати. Тоа претставува директно инволвирање на повеќе од 10% на активните гласачи кои обично излегуваат на изборните процеси. Тоа значи дека македонското општество и македонската политичка сцена се сериозно сензибилизирани и дека постои сериозна граѓанска мобилизација за промени во државата. Дали таквата сензибилизираност, опозициско расположение и мобилизација за промени ќе биде правилно канализирана и соодветно валоризирана, во голема мера ќе зависи од политичките вештини на учесниците на претстојните избори?! Дали јасно изразената народна волја за промени која што постои во моментов ќе добие своја верификација на изборите кои што следат, ќе зависи од повеќе фактори, меѓудругото и од влијанието на бројните кандидати во претседателската трка?! Трговијата со политичко влијание и досега беше присутна на македонската политичка сцена, но овој пат таквата трговија може да биде клучна за целокупниот исход на изборите. Ако дозволиме некој да тргува со она што е мое, исто како да е негово, самите ќе си бидеме виновни и самите ќе им го фрлиме појасот за спасување на давениците од власта. Ние ќе бидеме тие кои што ќе им ја пружат последната сламка за спас. Можноста за избор е убава можност, кандидатите си се кандидати и тие како такви ѝ се потребни на една нормална демократија. Но сепак, фокусот си е фокус! Тоа е исклучително потребно за една држава и демократија како нашата... далеку од нормалните!

The post Трговија со она што е мое, исто како да е негово! appeared first on Република.

]]>
Проблемот е решен, граѓаните се криви! https://republika.mk/kolumni/problemot-e-reshen-graganite-se-krivi/ Mon, 19 Feb 2024 14:36:55 +0000 https://republika.mk/?p=745776

Петар Поп-Арсов

„Проблемот е решен!“, рече Оливер Спасовски во неговото последно телевизиско гостување во врска со промента на личните документи и продолжи да „аргументира“ во негов стил.

Човекот е надвор од реалноста. Како да живее во друг свет, во друга земја или на друга планета. Како да не гледа што се случува со процесот на промената на личните документи и како да не постои никаква емпатија со граѓаните кои се заглавени во лавиринтите на домашното и меѓународното право. Од интервјуто се стекна впечаток дека тој во ниту еден момнетн да влегол во положбата на еден обичен граѓанин кој секојдневно се бори за егзистенција. Како сосема да заборавил дека немаат сите дипломатски пасоши, немаат можност да извадат докумнети преку ред или преку врски, или пак моќ во секој момент да го направат она што тој го можеше.

Заборавил и дека развиениот и организиран свет кон кој се стремиме, функционира врз принципот на владеење на правото, а не врз принципот на владеење на правно-политичките импровизации. Светот функционира врз база на дефинирани правни норми, особено на оние кои имаат меѓународен карактер. Она што функционира кај нас врз база на дефинирани или импровизирани законски норми, не функционира во меѓународниот правен систем. Оливер Спасовски тоа ниту го антиципирал во минатото ниту пак го гледа во сегашноста. За него проблемот е решен. Тој не  е виновен, ниту пак одговорен.

Народот си е крив!

Вака некако се одвиваше интервјуто на поранешниот долгогодишен министер за внатрешни работи во владите на неколку поранешни премиери. Дури и самиот беше технички премиер за време на спроведувањето на изборниот процес во 2020 година. Запрепастувачки беше да се слуша размислувањето на еден ваков политичар, кој бил на исклучително одговорни и сложени позиции. Шокантно и за неверување беше да се восприема неговата логика со која очајнички се бореше да не убеди дека тој е оној добриот, а некои други се лошите, дури и самите граѓани кои останале со старите лични документи.

Се поставува прашањето, зошто воопшто излезе на тоа интервју? Што сакаше да постигне со тоа гостување во услови кога перцепцијата за тоа дека Оливер Спасовски е најодговорниот човек за целиот овој хаос во државата, е бетонирана?! Со кој памет се појави пред „раздразнетиот“ новинар кој ја искористи животната шанса да го направи своето најпредаторско интервју во кариерата?! Буквално го раскина соговорникот со наједноставни аргументи кои предизвикаа чувство самите да се срамиме од она што го слушавме од Оливер по онаа народната... „ме отепа туѓата срамота“.

По се изгледа дека Оливер Спасовски сѐ уште живее во она бајковито време на распродажбата на државните интереси. Време кога тој имаше метеорски успон во политичка кариера. Тој изгледа верува и се надева дека тој успон би можел да продолжи и сега со добивање на кандидатурата за претседател на државата и запоседнување на вилата на Водно?! Зарем Спасовски навистина живее во друг свет и не сфаќа што (не)сработа и во каква незавидна положба нѐ доведе како граѓани, па се одважи да излезе на интервју за да не убедува дека ние самите сме си криви?!

Не би ги повторувал сите оние аргументи кои што беа употребени од страна на новинарот со цел да му се илустрира на Оливер што всушност тој направил во текот на своето министерување во врска со процесот на промената на документите. Имаше безброј поенти кои беа сублимација на сето она што го слушаме од граѓаните кои се соочуваат со овој, за Спасовски „решен проблем“. Ќе се заддржам само на една поента и заклучок која произлегува од одговорот и одбраната на Оливер во однос на кривичната пријава која што ја доби заради издавање на несоодветни докумнети во периодот од 2019  до јули 2021 година, со што нанел штета на државниот и личниот буџет на граѓаните.

Оливер Спасовски е посочен со прст и со кривична пријава дека загубил цели две години во процесот на замена на документите при што издавал невалидни документи за кои знаел дека рокот на важноста истекува многу порано од рокот наведен во документот кој што бил издаван. Интересна беше неговата аргументација во врска со оваа злоупотреба на службената положба од негова страна. Тој се брани дека при замента на личните документи загубил драгоцено време со цел да ја сочека имплементацијата на Законот за јазици за потоа да започне со издавањето на новите обрасци.

Оливер требало да знае барем една работа!

Преспанскиот договор има меѓународна димензија, а Законот за јазици, не! Промената на личните документи согласно Преспанскиот договор има импликација врз македонските граѓани насекаде во светот, а Законот за јазици само дома. Преспанскиот договор кој што го испреговара и потпиша гарнитурата на Спасовски, е депониран во ООН и како таков е составен дел од меѓународното право. Законот за јазици е дел од домашните политички вратоломии и слабости на политиката на СДСМ и нема никаква врска со меѓународните стандарди, особено не со оние соддржани во одредбите од Европската повелба за регионални и малцински јазици на Советот на Европа. Со непримената на законот за јазици во патните документи граѓаните сега немаше да бидат враќани од граничните премини. Но, со непримента на одредбите од Преспанскиот договор во делот на патните исправи, македонските граѓани буквално се притвореници во сопствената земја и земјите во кои се затекнале на 12ти февруари. Сето тоа благодарение на политиките и неспособноста на актуелната власт.

Тука е суштината и најголемата слабост во аргументацијата и одбраната на Спасовски. Тој имал обврска да постапува според словото на законот, а не да го чека исполнувањето на „Тиранската платформа“ како политичка обврска на СДСМ. Паралелната имплементација на Преспанскиот договор и „Тиранската платформа“ во однос на личните документи е политички мотивирана одлука од која бенефит имал токму Оливер Спасовски и неговата партија. Неговиот политички бенефит, заради опстанок на владите во кои партиципираше, денес претставува загуба за македонските граѓани, како од материјален аспект така и од аспект на граѓанските права.

Оливер Спасовски е од Куманово. Ние во Куманово го познаваме него само како партиски апаратчик. Човекот од партиските штабови. Тој не е познат како културен или спортски работник, ниту пак како некој спортист, уметник или пак како хуманитарец или активист во невладиниот сектор. Не го познаваме ниту како угледен правник, адвокат или судија кој подоцна станал врвен политичар. Оливер знаеме ниту „од град“, улица или од кафана. Оливер Спасовски е класичен партиски активист, кој освен во рамки на партискиот живот тој нема друга социјална димензија препознатлива за граѓаните.

Тука лежи одговорот зошто Оливер Спасовски излезе на ова самоубиствено интервју. Тука лежи одговорот зошто тој нема никаква емпатија кон своите сограѓани. Тука е одговорот зошто тој мисли дека нема никаква вина и одговорност во неговите постапки како министер. Неговата партиска ограниченост го оневозможува да види колку е крив и колкава штета им нанел на македонските граѓани. Тој дури не е ни свесен што направил, односно не направил.

По се изгледа дека освен за органите на прогонот, работа ќе се отвори и за психолозите и социолозите со цел да утврдат како се доведовме во оваа состојба и каде е излезот од неа?! Ова е сериозен проблем на македонското општество и македонската држава. Учеството на партиски апаратчици во највисоките политички кругови, на луѓе без никаков дополнителен општествен или социјален бекграунд се покажа како опција која нѐ води во состојба од која трпиме штета како држава, но и како поединци. Продолжувањето на ваквата пракса на поставување на асоцијални и еднодимензијални кадри на врвните политички функции во државата само ќе ја потврди констатацијата на Спасовски... граѓаните се криви!

The post Проблемот е решен, граѓаните се криви! appeared first on Република.

]]>

Петар Поп-Арсов

„Проблемот е решен!“, рече Оливер Спасовски во неговото последно телевизиско гостување во врска со промента на личните документи и продолжи да „аргументира“ во негов стил. Човекот е надвор од реалноста. Како да живее во друг свет, во друга земја или на друга планета. Како да не гледа што се случува со процесот на промената на личните документи и како да не постои никаква емпатија со граѓаните кои се заглавени во лавиринтите на домашното и меѓународното право. Од интервјуто се стекна впечаток дека тој во ниту еден момнетн да влегол во положбата на еден обичен граѓанин кој секојдневно се бори за егзистенција. Како сосема да заборавил дека немаат сите дипломатски пасоши, немаат можност да извадат докумнети преку ред или преку врски, или пак моќ во секој момент да го направат она што тој го можеше. Заборавил и дека развиениот и организиран свет кон кој се стремиме, функционира врз принципот на владеење на правото, а не врз принципот на владеење на правно-политичките импровизации. Светот функционира врз база на дефинирани правни норми, особено на оние кои имаат меѓународен карактер. Она што функционира кај нас врз база на дефинирани или импровизирани законски норми, не функционира во меѓународниот правен систем. Оливер Спасовски тоа ниту го антиципирал во минатото ниту пак го гледа во сегашноста. За него проблемот е решен. Тој не  е виновен, ниту пак одговорен. Народот си е крив! Вака некако се одвиваше интервјуто на поранешниот долгогодишен министер за внатрешни работи во владите на неколку поранешни премиери. Дури и самиот беше технички премиер за време на спроведувањето на изборниот процес во 2020 година. Запрепастувачки беше да се слуша размислувањето на еден ваков политичар, кој бил на исклучително одговорни и сложени позиции. Шокантно и за неверување беше да се восприема неговата логика со која очајнички се бореше да не убеди дека тој е оној добриот, а некои други се лошите, дури и самите граѓани кои останале со старите лични документи. Се поставува прашањето, зошто воопшто излезе на тоа интервју? Што сакаше да постигне со тоа гостување во услови кога перцепцијата за тоа дека Оливер Спасовски е најодговорниот човек за целиот овој хаос во државата, е бетонирана?! Со кој памет се појави пред „раздразнетиот“ новинар кој ја искористи животната шанса да го направи своето најпредаторско интервју во кариерата?! Буквално го раскина соговорникот со наједноставни аргументи кои предизвикаа чувство самите да се срамиме од она што го слушавме од Оливер по онаа народната... „ме отепа туѓата срамота“. По се изгледа дека Оливер Спасовски сѐ уште живее во она бајковито време на распродажбата на државните интереси. Време кога тој имаше метеорски успон во политичка кариера. Тој изгледа верува и се надева дека тој успон би можел да продолжи и сега со добивање на кандидатурата за претседател на државата и запоседнување на вилата на Водно?! Зарем Спасовски навистина живее во друг свет и не сфаќа што (не)сработа и во каква незавидна положба нѐ доведе како граѓани, па се одважи да излезе на интервју за да не убедува дека ние самите сме си криви?! Не би ги повторувал сите оние аргументи кои што беа употребени од страна на новинарот со цел да му се илустрира на Оливер што всушност тој направил во текот на своето министерување во врска со процесот на промената на документите. Имаше безброј поенти кои беа сублимација на сето она што го слушаме од граѓаните кои се соочуваат со овој, за Спасовски „решен проблем“. Ќе се заддржам само на една поента и заклучок која произлегува од одговорот и одбраната на Оливер во однос на кривичната пријава која што ја доби заради издавање на несоодветни докумнети во периодот од 2019  до јули 2021 година, со што нанел штета на државниот и личниот буџет на граѓаните. Оливер Спасовски е посочен со прст и со кривична пријава дека загубил цели две години во процесот на замена на документите при што издавал невалидни документи за кои знаел дека рокот на важноста истекува многу порано од рокот наведен во документот кој што бил издаван. Интересна беше неговата аргументација во врска со оваа злоупотреба на службената положба од негова страна. Тој се брани дека при замента на личните документи загубил драгоцено време со цел да ја сочека имплементацијата на Законот за јазици за потоа да започне со издавањето на новите обрасци. Оливер требало да знае барем една работа! Преспанскиот договор има меѓународна димензија, а Законот за јазици, не! Промената на личните документи согласно Преспанскиот договор има импликација врз македонските граѓани насекаде во светот, а Законот за јазици само дома. Преспанскиот договор кој што го испреговара и потпиша гарнитурата на Спасовски, е депониран во ООН и како таков е составен дел од меѓународното право. Законот за јазици е дел од домашните политички вратоломии и слабости на политиката на СДСМ и нема никаква врска со меѓународните стандарди, особено не со оние соддржани во одредбите од Европската повелба за регионални и малцински јазици на Советот на Европа. Со непримената на законот за јазици во патните документи граѓаните сега немаше да бидат враќани од граничните премини. Но, со непримента на одредбите од Преспанскиот договор во делот на патните исправи, македонските граѓани буквално се притвореници во сопствената земја и земјите во кои се затекнале на 12ти февруари. Сето тоа благодарение на политиките и неспособноста на актуелната власт. Тука е суштината и најголемата слабост во аргументацијата и одбраната на Спасовски. Тој имал обврска да постапува според словото на законот, а не да го чека исполнувањето на „Тиранската платформа“ како политичка обврска на СДСМ. Паралелната имплементација на Преспанскиот договор и „Тиранската платформа“ во однос на личните документи е политички мотивирана одлука од која бенефит имал токму Оливер Спасовски и неговата партија. Неговиот политички бенефит, заради опстанок на владите во кои партиципираше, денес претставува загуба за македонските граѓани, како од материјален аспект така и од аспект на граѓанските права. Оливер Спасовски е од Куманово. Ние во Куманово го познаваме него само како партиски апаратчик. Човекот од партиските штабови. Тој не е познат како културен или спортски работник, ниту пак како некој спортист, уметник или пак како хуманитарец или активист во невладиниот сектор. Не го познаваме ниту како угледен правник, адвокат или судија кој подоцна станал врвен политичар. Оливер знаеме ниту „од град“, улица или од кафана. Оливер Спасовски е класичен партиски активист, кој освен во рамки на партискиот живот тој нема друга социјална димензија препознатлива за граѓаните. Тука лежи одговорот зошто Оливер Спасовски излезе на ова самоубиствено интервју. Тука лежи одговорот зошто тој нема никаква емпатија кон своите сограѓани. Тука е одговорот зошто тој мисли дека нема никаква вина и одговорност во неговите постапки како министер. Неговата партиска ограниченост го оневозможува да види колку е крив и колкава штета им нанел на македонските граѓани. Тој дури не е ни свесен што направил, односно не направил. По се изгледа дека освен за органите на прогонот, работа ќе се отвори и за психолозите и социолозите со цел да утврдат како се доведовме во оваа состојба и каде е излезот од неа?! Ова е сериозен проблем на македонското општество и македонската држава. Учеството на партиски апаратчици во највисоките политички кругови, на луѓе без никаков дополнителен општествен или социјален бекграунд се покажа како опција која нѐ води во состојба од која трпиме штета како држава, но и како поединци. Продолжувањето на ваквата пракса на поставување на асоцијални и еднодимензијални кадри на врвните политички функции во државата само ќе ја потврди констатацијата на Спасовски... граѓаните се криви!

The post Проблемот е решен, граѓаните се криви! appeared first on Република.

]]>
Фаталната привлечност на илузијата https://republika.mk/kolumni/fatalnata-privlechnost-na-iluzijata/ Mon, 19 Feb 2024 09:37:15 +0000 https://republika.mk/?p=745609

Васко Шутаров

Нема поголема животна заводница од илузијата! Прва се појавува во нашите животи уште во колевка, бдеејќи над нашите глави и низ животот подоцна, никогаш не престанува да лебди околу нас и да нè следи низ сите наши животни патеки! И кога воопшто не ја забележуваме и кога потполно забораваме на неа, таа е сеприсутна и не нè остава никогаш сами! Илузијата е многу повеќе присутна во нашите животи, отколку ние можеме да претпоставиме, да замислиме и да си признаеме!

Веројатно не постои човек кој е вакциниран од илузии и секој од нас си има некоја своја илузија: дека е добар, дека е паметен, дека е убав и привлечен, дека е сакан, дека е самостоен или дека е силен! Илузијата совршено си го отвора патот кон секој човек, негувајќи ја неговата потреба да верува во себе, да верува во некои свои идеи и цели, да им верува на другите луѓе, како да се совршени, иако животот непрестано дели лекции  дека таквите совршенства или се сосем ретки или воопшто ги нема! Но, потребата од тоа совршенство е посилна од сè!

Во светот без илузии, човекот е странец“ - така пишуваше Албер Ками! Томас Елиот  подучуваше дека „човекот како суштество не поднесува многу реалност!“ И Волтер се прашуваше, „што ако на човек му ги одземеме илузиите-какво задоволство тогаш би му оставиле?“ 

Да, затоа илузиите нè следат и остануваат за цел живот наши верни следбеници (потрајни и поверни од оние кои тековно не следат на социјалните мрежи!) нè заведуваат и нè освојуваат, за да можеме полесно да се носиме, како со нашата сопствена несовршеност, така и со несовршенствата на светот што нè опкружува. Убавината на привидот од излузијата ни дозволува поубаво и полесно да живееме, а нејзината улога во однос на нашите реални животи и нашата реална стварност е првенствено корективна. И, секако- разубавувачка!

Во средината на 80-те години од минатиот век кога започнував да студирам политика, учевме дека политиката е уметност (умешност, вештина) за остварување на можното! Оваа позната мисла од Ото фон Бизмарк, која оригинално гласи: „Политиката е уметност на можното, на достижното-уметност на следното  најдобро“ во тие години беше најшироко прифатена како доминантна дефиниција за политиката, како од светската, така и од тогашната југословенска политичка наука.

Оваа дефиниција за политиката беше сеопшто прифатена во еден геополитички контекст во кој доминираше реалполитиката- меѓународна политика ослободена од секакви морални, вредносни и идеолошки скрупули,  заради остварување на најдобрите можности и предности за себе,  во одреден простор и време!  Бизмарк, германскиот обединител и нејзин прв канцелар бил несомнено и прв, кој реално во пракса, ја остварил своевидната уметност на постигнување на можното и од неа создал дефиниција-парадигма за многу следни генерации политиколози и политичари.

(Само да знаел колку лесно на неа ќе се налепат и цела армија политиканти,  децении потоа?!)

Но, уметноста или умешноста во остварувањето на достижното можно во оригиналната бизмаркова мисла има и свој втор дел, со кој заокружува целина, а тоа е уметноста во остварувањето на следното најдобро-она од пределите на невозможното! Во студентските превирања од крајот на 60-те во Париз, а во југословенските нешто подоцна, паролата која раздвижуваше стотици илјади студенти гласеше: „Да бидеме реални, да го бараме неможнотo!“, инспирирана токму од најсуштинското во бизмарковата дефиниција на политиката.

Во тие години на студентско учење за политиката, предметот Основи на политиката“ покрај познатиот проф. Јово Марјановиќ, почна да го предава и тогаш младиот проф. Драган Симеуновиќ, а бизмарковата дефиниција за политиката и тој ја имаше за свое научно кредо- со сите сечива на критичната мисла кои тогашната политичка мисла можеше да ги поседува, а да биде признаена! Денес проф. Симеуновиќ е академик и прво име на српската политиколошка мисла,  а  за  политиката зборува од еден сосем друг агол на гледање! Дефиницијата за политиката која последниве неколку години тој ја промовира, гласи: политиката како уметност на илузијата! Интригантно како за интелектуалец кој во науката и во политичката мисла и пракса, поминал скоро сè, или народски кажано-и сито и решето!

Благодарејќи на илузијата, уметноста и политиката, кои имаат малку заеднички допирни точки, се наоѓаат во ист тек на мисли и во ист ред на дефинирање - колку и неприродно да изгледа тоа! Како велеше славниот нигериски поет, нобеловецот Воле Сојинка:  Политиката демонизира - културата хуманизира!

Со илузиите или со пределите на неможното се занимаваат и уметностите и политичките науки и пракси, иако реално само една професија можеме да ја наречеме вистински илузионистичка ! Магионичарите за разлика од политичарите, со многу суптилност,  внимание и посветеност ги изведуваат своите илузионистички трикови и претстави и нивните аплаузи никогаш не се изнудени на сила!

Човекот сака илузии и сака да верува во чуда, посебно кога тие изгледаат стварно и кога се поврзани со реалноста! Таа длабоко вкоренета човекова потреба за разубавување на стварноста со илузии е родното место каде се создаваат и уметноста и политиката, иако во својата природа и суштина двете, имаат различни цели и исходи.

Допирот од Микеланџело, насмевката  од Леонардо, развратот на куртизаните од Тулуз Лотрек, сјајот на ѕвезденото небо од Ван Гог, создаваат илузија на вечност, а во потрага по слична таква илузија се наоѓа и политиката, за да ги направи своите потези и акции, исто така трајни и вечни! Проф. Симеуновиќ во своите размисли за политиката како уметност на илузијата ќе каже: „како што на уметноста илузионизмот и претставува суштинска потреба, така и на политиката повеќе важна и е илузијата отколку реалноста, но од сосем други причини-политичарите само илузијата може во потполност да ја поседуваат и со неа да манипулираат, бидејќи реалноста најчесто им бега од раце!“

Додека уметноста само нуди и ненаметливо заведува, за да ни го разубави или облагороди животот и прави да се чувствуваме добро и убаво, политиката со помош на илузијата, наметливо се нуди да ги исполни нашите животи со добрина и убавина, но во голема мера мислејќи прво на себе! Илузијата во политиката, најчесто се остварува како привид или како измама! Ако политичарите ветуваат големи добра и секакви чуда и во тоа вистински веруваат, а зад тоа не се крие првенствено личен интерес, кога не ги остваруваат ветувањата за подобро и поубаво, велиме дека илузијата добила форма на привид! Ако зад ветувањата и креирањата илузии се крие само корист и личен интерес, таквата илузија добива формат, кој на сите светски јазици се нарекува-измама! Историјата нè учи, дека политиката многу повеќе ја користела уметноста на илузијата како измама, отколку како привид!

Неспорно е дека за освојувањето и доживувањето на среќата, како личната, така и колективната, потребно е одредено отсуство на разум! (разум разбран, како рацио). И секоја илузија бара одредено отсуство на разум и тогаш, заедно со таквата среќа, создаваат еден прилично складен пар!

Илузијата и потрагата по среќата се нешто што нè придружува цел живот, нешто што ни е потребно во секое животно доба, бидејќи така полесно ја поднесуваме несовршеноста во нашите животи. Имено, живееме во несовршен свет и упорно бараме совршенство, убавина, добрина, радости, возбуди, спокојства!  Оттука, копнеејќи по таквите добра, човекот е склон да користи разни илузии, за да го надомести она што го нема!

(како што духот не е во Јас и Ти, туку струи меѓу мене и тебе, според Мартин Бубер, така исто е и со илузиите, тие стануваат помоќни кога се општоприфатени, кога струјат меѓу нас и вас- и кога стануваат колективни!)

И затоа, една од најтешките и најнеблагодарни работи на овој свет е дезилузионизмот-критичкото препознавање и отргнување од личните и колективни илузии, посебно оние кои ги генерира политиката во сите животни полиња-и како привид  и како измама!  Среќа е кога и преку политичката мисла, таквите илузии се разобличуват и се отргнуваат што подалеку од себе, посебно кога носат мноштво лични и колективни трауми и несреќи!

..................................................................................................................................................

Како што ќе ја отргнеме што подалеку од себе и за многу бргу, илузијата која создаде убедливо најмногу лични и колективни трауми и несреќи во поновата македонска историја- дека имаме власт која работи во интерес на македонските граѓани, а притоа уште и промовира илузија дека е единствена опција која се бори за европски вредности и принципи на работа?!

Или кога ќе се отргнеме од илузијата и привидот, дека воопшто имаме пилот и стручен екипаж во авионот, што нè вози наваму-натаму, како политичка власт?!

Или илузијата и измамата дека уште имаме нормална воздушна контрола на летање?!

Или илузијата со која под превезот на декларативните заложби за Европа без граници и Отворен Балкан, ни се случува тешка измама, со која половина од македонското население принудно е затворено во државен притвор- без преседан во Европа и модерниов свет!

Или измамата со која под превезот на илузијата за уставната норма дека сме социјална држава која се стреми кон благосостојба за секого, најмалку половина од населението стана делумно или целосно осиромашено?!

Или измамата дека сè уште некој ги штити и ги негува уставно гарантираните особености, историското и културното наследство на македонскиот народ и дека ги штити правата и интересите на нашите државјани кои живеат или престојуваат во странство- така, како што за нив се грижат актуелната министерка за култура, министерот за надворешни работи или неговиот амбасадор во Италија, на пример?!

Или илузијата и измамата дека сè уште имаме држава и власт, (унитарна и унисона!), кога се во прашање грижата за потребите и интересите на граѓаните или кога се во прашање врвните национални и државни интереси?

Или илузијата дека Уставен суд е надлежен за уставно гарантираното право за слобода на движење на граѓаните или дека кој било суд, некогаш или за нешто, може да казни некој политичар, функционер или обичен партиски член на партијата ДУИ, ако се огрешил од македонското законодавство?!

Или илузијата и измамата, дека под превезот на перманентна грижа за потребите и интересите на граѓаните, првенствено се врши постојано дисциплинарање, ограничувања на слободите и правата, како и понижувања од секаков вид-од кои се позачестеното понижување на мнозинскиот народ да се чувствува како гостин или граѓанин од втор ред во сопствената држава, кое претставува една од најтешките измами од „фабриката за илузии“ на оваа власт, на заминување?!

Ако може да се зборува за среќа во сеприсутната илузија со која политиката ги исполни во потполност нашите животи, тоа се оние мали моменти на среќа во кои ја разобличуваме и и ја игнорираме фаталната привлечност на политичката илузија која ни носи само трауми, несреќи и мизерија!

The post Фаталната привлечност на илузијата appeared first on Република.

]]>

Васко Шутаров

Нема поголема животна заводница од илузијата! Прва се појавува во нашите животи уште во колевка, бдеејќи над нашите глави и низ животот подоцна, никогаш не престанува да лебди околу нас и да нè следи низ сите наши животни патеки! И кога воопшто не ја забележуваме и кога потполно забораваме на неа, таа е сеприсутна и не нè остава никогаш сами! Илузијата е многу повеќе присутна во нашите животи, отколку ние можеме да претпоставиме, да замислиме и да си признаеме! Веројатно не постои човек кој е вакциниран од илузии и секој од нас си има некоја своја илузија: дека е добар, дека е паметен, дека е убав и привлечен, дека е сакан, дека е самостоен или дека е силен! Илузијата совршено си го отвора патот кон секој човек, негувајќи ја неговата потреба да верува во себе, да верува во некои свои идеи и цели, да им верува на другите луѓе, како да се совршени, иако животот непрестано дели лекции  дека таквите совршенства или се сосем ретки или воопшто ги нема! Но, потребата од тоа совршенство е посилна од сè! Во светот без илузии, човекот е странец“ - така пишуваше Албер Ками! Томас Елиот  подучуваше дека „човекот како суштество не поднесува многу реалност!“ И Волтер се прашуваше, „што ако на човек му ги одземеме илузиите-какво задоволство тогаш би му оставиле?“  Да, затоа илузиите нè следат и остануваат за цел живот наши верни следбеници (потрајни и поверни од оние кои тековно не следат на социјалните мрежи!) нè заведуваат и нè освојуваат, за да можеме полесно да се носиме, како со нашата сопствена несовршеност, така и со несовршенствата на светот што нè опкружува. Убавината на привидот од излузијата ни дозволува поубаво и полесно да живееме, а нејзината улога во однос на нашите реални животи и нашата реална стварност е првенствено корективна. И, секако- разубавувачка! Во средината на 80-те години од минатиот век кога започнував да студирам политика, учевме дека политиката е уметност (умешност, вештина) за остварување на можното! Оваа позната мисла од Ото фон Бизмарк, која оригинално гласи: „Политиката е уметност на можното, на достижното-уметност на следното  најдобро“ во тие години беше најшироко прифатена како доминантна дефиниција за политиката, како од светската, така и од тогашната југословенска политичка наука. Оваа дефиниција за политиката беше сеопшто прифатена во еден геополитички контекст во кој доминираше реалполитиката- меѓународна политика ослободена од секакви морални, вредносни и идеолошки скрупули,  заради остварување на најдобрите можности и предности за себе,  во одреден простор и време!  Бизмарк, германскиот обединител и нејзин прв канцелар бил несомнено и прв, кој реално во пракса, ја остварил своевидната уметност на постигнување на можното и од неа создал дефиниција-парадигма за многу следни генерации политиколози и политичари. (Само да знаел колку лесно на неа ќе се налепат и цела армија политиканти,  децении потоа?!) Но, уметноста или умешноста во остварувањето на достижното можно во оригиналната бизмаркова мисла има и свој втор дел, со кој заокружува целина, а тоа е уметноста во остварувањето на следното најдобро-она од пределите на невозможното! Во студентските превирања од крајот на 60-те во Париз, а во југословенските нешто подоцна, паролата која раздвижуваше стотици илјади студенти гласеше: „Да бидеме реални, да го бараме неможнотo!“, инспирирана токму од најсуштинското во бизмарковата дефиниција на политиката. Во тие години на студентско учење за политиката, предметот Основи на политиката“ покрај познатиот проф. Јово Марјановиќ, почна да го предава и тогаш младиот проф. Драган Симеуновиќ, а бизмарковата дефиниција за политиката и тој ја имаше за свое научно кредо- со сите сечива на критичната мисла кои тогашната политичка мисла можеше да ги поседува, а да биде признаена! Денес проф. Симеуновиќ е академик и прво име на српската политиколошка мисла,  а  за  политиката зборува од еден сосем друг агол на гледање! Дефиницијата за политиката која последниве неколку години тој ја промовира, гласи: политиката како уметност на илузијата! Интригантно како за интелектуалец кој во науката и во политичката мисла и пракса, поминал скоро сè, или народски кажано-и сито и решето! Благодарејќи на илузијата, уметноста и политиката, кои имаат малку заеднички допирни точки, се наоѓаат во ист тек на мисли и во ист ред на дефинирање - колку и неприродно да изгледа тоа! Како велеше славниот нигериски поет, нобеловецот Воле Сојинка:  Политиката демонизира - културата хуманизира! Со илузиите или со пределите на неможното се занимаваат и уметностите и политичките науки и пракси, иако реално само една професија можеме да ја наречеме вистински илузионистичка ! Магионичарите за разлика од политичарите, со многу суптилност,  внимание и посветеност ги изведуваат своите илузионистички трикови и претстави и нивните аплаузи никогаш не се изнудени на сила! Човекот сака илузии и сака да верува во чуда, посебно кога тие изгледаат стварно и кога се поврзани со реалноста! Таа длабоко вкоренета човекова потреба за разубавување на стварноста со илузии е родното место каде се создаваат и уметноста и политиката, иако во својата природа и суштина двете, имаат различни цели и исходи. Допирот од Микеланџело, насмевката  од Леонардо, развратот на куртизаните од Тулуз Лотрек, сјајот на ѕвезденото небо од Ван Гог, создаваат илузија на вечност, а во потрага по слична таква илузија се наоѓа и политиката, за да ги направи своите потези и акции, исто така трајни и вечни! Проф. Симеуновиќ во своите размисли за политиката како уметност на илузијата ќе каже: „како што на уметноста илузионизмот и претставува суштинска потреба, така и на политиката повеќе важна и е илузијата отколку реалноста, но од сосем други причини-политичарите само илузијата може во потполност да ја поседуваат и со неа да манипулираат, бидејќи реалноста најчесто им бега од раце!“ Додека уметноста само нуди и ненаметливо заведува, за да ни го разубави или облагороди животот и прави да се чувствуваме добро и убаво, политиката со помош на илузијата, наметливо се нуди да ги исполни нашите животи со добрина и убавина, но во голема мера мислејќи прво на себе! Илузијата во политиката, најчесто се остварува како привид или како измама! Ако политичарите ветуваат големи добра и секакви чуда и во тоа вистински веруваат, а зад тоа не се крие првенствено личен интерес, кога не ги остваруваат ветувањата за подобро и поубаво, велиме дека илузијата добила форма на привид! Ако зад ветувањата и креирањата илузии се крие само корист и личен интерес, таквата илузија добива формат, кој на сите светски јазици се нарекува-измама! Историјата нè учи, дека политиката многу повеќе ја користела уметноста на илузијата како измама, отколку како привид! Неспорно е дека за освојувањето и доживувањето на среќата, како личната, така и колективната, потребно е одредено отсуство на разум! (разум разбран, како рацио). И секоја илузија бара одредено отсуство на разум и тогаш, заедно со таквата среќа, создаваат еден прилично складен пар! Илузијата и потрагата по среќата се нешто што нè придружува цел живот, нешто што ни е потребно во секое животно доба, бидејќи така полесно ја поднесуваме несовршеноста во нашите животи. Имено, живееме во несовршен свет и упорно бараме совршенство, убавина, добрина, радости, возбуди, спокојства!  Оттука, копнеејќи по таквите добра, човекот е склон да користи разни илузии, за да го надомести она што го нема! (како што духот не е во Јас и Ти, туку струи меѓу мене и тебе, според Мартин Бубер, така исто е и со илузиите, тие стануваат помоќни кога се општоприфатени, кога струјат меѓу нас и вас- и кога стануваат колективни!) И затоа, една од најтешките и најнеблагодарни работи на овој свет е дезилузионизмот-критичкото препознавање и отргнување од личните и колективни илузии, посебно оние кои ги генерира политиката во сите животни полиња-и како привид  и како измама!  Среќа е кога и преку политичката мисла, таквите илузии се разобличуват и се отргнуваат што подалеку од себе, посебно кога носат мноштво лични и колективни трауми и несреќи! .................................................................................................................................................. Како што ќе ја отргнеме што подалеку од себе и за многу бргу, илузијата која создаде убедливо најмногу лични и колективни трауми и несреќи во поновата македонска историја- дека имаме власт која работи во интерес на македонските граѓани, а притоа уште и промовира илузија дека е единствена опција која се бори за европски вредности и принципи на работа?! Или кога ќе се отргнеме од илузијата и привидот, дека воопшто имаме пилот и стручен екипаж во авионот, што нè вози наваму-натаму, како политичка власт?! Или илузијата и измамата дека уште имаме нормална воздушна контрола на летање?! Или илузијата со која под превезот на декларативните заложби за Европа без граници и Отворен Балкан, ни се случува тешка измама, со која половина од македонското население принудно е затворено во државен притвор- без преседан во Европа и модерниов свет! Или измамата со која под превезот на илузијата за уставната норма дека сме социјална држава која се стреми кон благосостојба за секого, најмалку половина од населението стана делумно или целосно осиромашено?! Или измамата дека сè уште некој ги штити и ги негува уставно гарантираните особености, историското и културното наследство на македонскиот народ и дека ги штити правата и интересите на нашите државјани кои живеат или престојуваат во странство- така, како што за нив се грижат актуелната министерка за култура, министерот за надворешни работи или неговиот амбасадор во Италија, на пример?! Или илузијата и измамата дека сè уште имаме држава и власт, (унитарна и унисона!), кога се во прашање грижата за потребите и интересите на граѓаните или кога се во прашање врвните национални и државни интереси? Или илузијата дека Уставен суд е надлежен за уставно гарантираното право за слобода на движење на граѓаните или дека кој било суд, некогаш или за нешто, може да казни некој политичар, функционер или обичен партиски член на партијата ДУИ, ако се огрешил од македонското законодавство?! Или илузијата и измамата, дека под превезот на перманентна грижа за потребите и интересите на граѓаните, првенствено се врши постојано дисциплинарање, ограничувања на слободите и правата, како и понижувања од секаков вид-од кои се позачестеното понижување на мнозинскиот народ да се чувствува како гостин или граѓанин од втор ред во сопствената држава, кое претставува една од најтешките измами од „фабриката за илузии“ на оваа власт, на заминување?! Ако може да се зборува за среќа во сеприсутната илузија со која политиката ги исполни во потполност нашите животи, тоа се оние мали моменти на среќа во кои ја разобличуваме и и ја игнорираме фаталната привлечност на политичката илузија која ни носи само трауми, несреќи и мизерија!

The post Фаталната привлечност на илузијата appeared first on Република.

]]>
Технички премиер за целосна слика на криминално-партискиот апартхејд https://republika.mk/kolumni/tehnichki-premier-za-tselosna-slika-na-kriminalno-partiskiot-aparthejd/ Tue, 30 Jan 2024 12:58:47 +0000 https://republika.mk/?p=738609

Петар Поп-Арсов

Демократија, систем на државно уредување во кој управува мала избрана група во името на сите луѓе согласно нивната волја. Во светот постојат многу демократски модели на управување поради што за некого многу полесно ќе биде да дефинира што не е, отколку што навистина е тоа што го поимаме или замислуваме како демократија. Тоа е еден несовршен модел на управување со државите кој постојано покажува дека сѐ уште нема подобар и посоодветен кој ќе го штити интересот на човекот.

„Испробани се, и ќе бидат испробани многу форми на владеење  во овој свет на грев и јад. Никој не се преправа дека демократијата е совршена или сеопфатна. Навистина, веќе беше кажано дека демократијата е најлошата форма на владеење, со исклучок на сите други облици кои беа испробани претходно и во меѓувреме.“ (Винстон Черчил)

Најдобра не е, подобра нема!

Демократијата секако дека не е диктатура или автократија, односно владеење на еден човек. Не е ниту пак олигархија, кога управува еден мал дел од општеството. Демократијата не би требало да се поима ниту како брутална мајоризација на мнозинството над малцинството ако тоа подразбира дека интересите на малцинството комплетно би биле игнорирани. Уште помалку, демократијата не смее да се поима како апардхејд во кој мацлинството владее со мнозинството. Тука не се мисли само на етничките малцинства кои што во Македонија имаат ексклузивитет над терминот „малцинство“. Овде се мисли на малцинството граѓани кои што се припадници, поддржувачи и гласачи на опозицијата.

Како што може да забележиме многу е полесно да се каже каква не треба да биде демократијата отколку да го конципираме и доследно примениме моделот кој сметаме дека токму тоа е тоа, демократија.

Ова се години во кои го живееме уникатниот модел на македонската демократија. Да беа само години, добро ќе беше. Се работи за децении во кои преживеавме циклуси и циклуси на сѐ она што претходно го посочивме како антидемократија. Сѐ уште нѐ држи сеќавањето на тоа како поминувавме низ ерите на олигархија, клептократија, авторитарност, анархија и неспособност, па се до апардхејдов како актуелен модел на македонската демократија. И сето тоа го нарекувавме демократија. Да, тоа навистина изгледа како демократија од точката на гледање на оние кои што во моментот се, или во моментите кога биле на власт. За сите останати, за жал, важат претходно набројаните термини.

Сепак, интересен е фактот што во сите тие периоди на развојот на македонската демократија, секој од нас бил во позиција да гледа на нештата од двете спротивни перспективи, при што секогаш бил убеден дека е во право. Некогаш сметал дека во Македонија се практицира демократија, а некогаш диктатура. Тоа се тие двојни аршни на поимање кои секогаш ни пречат кога се на наша штета... и обратно.

Тоа е, се учиме во движење.

Навистина, имаше и периоди на блесоци на македонската демократија, онаква каква што навистина треба да биде. Но, тие блесоци беа краткотрајни и секогаш ставани под контрола на некоја нова, понапредна и надградена форма на супресија на демократските механизми. Секогаш се наоѓаше нов модел, пософистициран од претходниот, модел кој имаше за цел да ги маскира дивергентните иновации и да ги прикаже како најнпредни демократски решенија.

Така е и сега, во моментов!

Го добивме првиот Албанец премиер, технички! Октроиран, наметнат и нелегитимен. Веројатно и нелегален со оглед на тоа што законот налага техничкиот премиер да биде даден од редовите на најголемата владејачка партија. Всушност тој и не е првиот Албанец премиер, туку е првиот премиер од ДУИ. Во СДСМ има членови кои се етнички Албанци и кои можеа да ја задоволат нормата на квазидемократскиот закон за „Пржинска влада“. Но, поентата беше ДУИ да го даде премиерот со цел да се задоволи еден политички договор меѓу Заев и Ахмети. Договор направен зад затворени врати и спротивно на демократската волја на граѓаните. Тоа се тие, меки државни удари кои постојано ја дисквалификуваа и дисквалификуваат демократијата како систем на уредување на македонското општество.

Апартхејдот доби отворена форма и целосна визибилност. Тука не се мисли на апартхејд на расна или етничка основа. Ова е криминално-партиски апартхејд на една политичка партија, ДУИ, која благодарение на слабостите на конфигурацијата на македонската политичка сцена, како и отсуството на политичка волја и сила кај партиите со најголема поддршка кај македонските гласачи,  ја приграби контролата на државата во свои раце. Тој криминално-партиски апартхејд уништува сѐ пред себе. Ја уништува политичката и бизнис клима во државата. Ја наметнува корупцијата како начин на решавање на потребите на граѓаните. Тоа е криминално-партиски апартхејд кој со особен интерес и задоволство уништува сѐ што припаѓа на албанскиот политички блок кој што е контра ДУИ. Дури го уништува и она од внатре, во партијата, сѐ што се спротивставува на криминално-партискиот модел на апардхејд.

Верувам дека мнозинството Македонци немаат ништо против, Македонија некогаш да добие легитимно избран етнички Албанец за премиер. Човек, интегриран во македонското општество, политичар кој никој нема да го гледа според неговата етничка припадност, туку како кадар способен да ја води државата. Тоа ќе биде првиот вистински премиер од албанска етничка припадност.

Овој што е сега, тој е трагичен лик. Лик кој ќе го паметиме како премиер наметнат на сила. Како плод на политички уцени и недемократски договор врз партиско-мафијашка основа. Човек кој учествуваше во создавањето на проблемот и кој постојано учествува како единствен и незаменлив ексклузивец на сите врвни  функции во државата. Лик, чија што единствена амбиција е кога ќе се пензионира да седне во локалната селска чајџилница и да евоцира спомени за тоа како тој некогаш бил сѐ она што бил. Таков ни додели нашата демократија.

Не дека и во минатото не сме гледале поставување на премиери кои не трчале на изборите во својство на кандидати за таа функција, или пак немало поставување на министри кои никогаш не излегле на избори како кандидати ниту пак добиле еден глас од народот. Не дека и во минатото на министерските фотељи не беа поставувани ликови кои беа вадени од фиока (со исклучок на еден нивни дел кој секогаш остануваше во фиока заради „безбедносни причини“) и кои немаа превземено никаква обврска кон гласачите. Некои од нив ја искористија шансата и за среќа се покажаа и како квалитетни и успешни во својата работа, но поголемиот дел се веќе одамна заборавени.

Сепак, ваквите примери на деструкција во македонската демократија, во споредба со ова што го гледаме денес, се многу помали и со значително помал негативен импакт. Независно од тоа што секое изместување од демократските процеси претставува форма на мек државен удар, тие сепак се ултра меки во споредба со „цврстината“ на последниов државен удар кој како процес беше започнат со „Тиранската платформа“, а кој во моментов ја исполнува својата зацртана цел... благодарение на Заев и Ковачевски, оф корс.

Самите сме си криви! Буквално самите или како што би рекол Џорџ Бернард Шо: „Демократијата е нешто кое што гарантира дека нема да бидеме управувани подобро отколку што заслужуваме“.

Решението ќе го бараме на претстојните избори. Секако дека ќе го најдеме, ако ништо друго барем до следната иновација во македонската демократија. А, кога сме кај решенијата, има една многу мудра мисла на еден познат „колега“ на нашиов технички.

„Не можеме да ги решиме нашите проблеми со истиот начин на размислување што го користевме за да ги создадеме“. - Алберт Ајнштајн

The post Технички премиер за целосна слика на криминално-партискиот апартхејд appeared first on Република.

]]>

Петар Поп-Арсов

Демократија, систем на државно уредување во кој управува мала избрана група во името на сите луѓе согласно нивната волја. Во светот постојат многу демократски модели на управување поради што за некого многу полесно ќе биде да дефинира што не е, отколку што навистина е тоа што го поимаме или замислуваме како демократија. Тоа е еден несовршен модел на управување со државите кој постојано покажува дека сѐ уште нема подобар и посоодветен кој ќе го штити интересот на човекот. „Испробани се, и ќе бидат испробани многу форми на владеење  во овој свет на грев и јад. Никој не се преправа дека демократијата е совршена или сеопфатна. Навистина, веќе беше кажано дека демократијата е најлошата форма на владеење, со исклучок на сите други облици кои беа испробани претходно и во меѓувреме.“ (Винстон Черчил) Најдобра не е, подобра нема! Демократијата секако дека не е диктатура или автократија, односно владеење на еден човек. Не е ниту пак олигархија, кога управува еден мал дел од општеството. Демократијата не би требало да се поима ниту како брутална мајоризација на мнозинството над малцинството ако тоа подразбира дека интересите на малцинството комплетно би биле игнорирани. Уште помалку, демократијата не смее да се поима како апардхејд во кој мацлинството владее со мнозинството. Тука не се мисли само на етничките малцинства кои што во Македонија имаат ексклузивитет над терминот „малцинство“. Овде се мисли на малцинството граѓани кои што се припадници, поддржувачи и гласачи на опозицијата. Како што може да забележиме многу е полесно да се каже каква не треба да биде демократијата отколку да го конципираме и доследно примениме моделот кој сметаме дека токму тоа е тоа, демократија. Ова се години во кои го живееме уникатниот модел на македонската демократија. Да беа само години, добро ќе беше. Се работи за децении во кои преживеавме циклуси и циклуси на сѐ она што претходно го посочивме како антидемократија. Сѐ уште нѐ држи сеќавањето на тоа како поминувавме низ ерите на олигархија, клептократија, авторитарност, анархија и неспособност, па се до апардхејдов како актуелен модел на македонската демократија. И сето тоа го нарекувавме демократија. Да, тоа навистина изгледа како демократија од точката на гледање на оние кои што во моментот се, или во моментите кога биле на власт. За сите останати, за жал, важат претходно набројаните термини. Сепак, интересен е фактот што во сите тие периоди на развојот на македонската демократија, секој од нас бил во позиција да гледа на нештата од двете спротивни перспективи, при што секогаш бил убеден дека е во право. Некогаш сметал дека во Македонија се практицира демократија, а некогаш диктатура. Тоа се тие двојни аршни на поимање кои секогаш ни пречат кога се на наша штета... и обратно. Тоа е, се учиме во движење. Навистина, имаше и периоди на блесоци на македонската демократија, онаква каква што навистина треба да биде. Но, тие блесоци беа краткотрајни и секогаш ставани под контрола на некоја нова, понапредна и надградена форма на супресија на демократските механизми. Секогаш се наоѓаше нов модел, пософистициран од претходниот, модел кој имаше за цел да ги маскира дивергентните иновации и да ги прикаже како најнпредни демократски решенија. Така е и сега, во моментов! Го добивме првиот Албанец премиер, технички! Октроиран, наметнат и нелегитимен. Веројатно и нелегален со оглед на тоа што законот налага техничкиот премиер да биде даден од редовите на најголемата владејачка партија. Всушност тој и не е првиот Албанец премиер, туку е првиот премиер од ДУИ. Во СДСМ има членови кои се етнички Албанци и кои можеа да ја задоволат нормата на квазидемократскиот закон за „Пржинска влада“. Но, поентата беше ДУИ да го даде премиерот со цел да се задоволи еден политички договор меѓу Заев и Ахмети. Договор направен зад затворени врати и спротивно на демократската волја на граѓаните. Тоа се тие, меки државни удари кои постојано ја дисквалификуваа и дисквалификуваат демократијата како систем на уредување на македонското општество. Апартхејдот доби отворена форма и целосна визибилност. Тука не се мисли на апартхејд на расна или етничка основа. Ова е криминално-партиски апартхејд на една политичка партија, ДУИ, која благодарение на слабостите на конфигурацијата на македонската политичка сцена, како и отсуството на политичка волја и сила кај партиите со најголема поддршка кај македонските гласачи,  ја приграби контролата на државата во свои раце. Тој криминално-партиски апартхејд уништува сѐ пред себе. Ја уништува политичката и бизнис клима во државата. Ја наметнува корупцијата како начин на решавање на потребите на граѓаните. Тоа е криминално-партиски апартхејд кој со особен интерес и задоволство уништува сѐ што припаѓа на албанскиот политички блок кој што е контра ДУИ. Дури го уништува и она од внатре, во партијата, сѐ што се спротивставува на криминално-партискиот модел на апардхејд. Верувам дека мнозинството Македонци немаат ништо против, Македонија некогаш да добие легитимно избран етнички Албанец за премиер. Човек, интегриран во македонското општество, политичар кој никој нема да го гледа според неговата етничка припадност, туку како кадар способен да ја води државата. Тоа ќе биде првиот вистински премиер од албанска етничка припадност. Овој што е сега, тој е трагичен лик. Лик кој ќе го паметиме како премиер наметнат на сила. Како плод на политички уцени и недемократски договор врз партиско-мафијашка основа. Човек кој учествуваше во создавањето на проблемот и кој постојано учествува како единствен и незаменлив ексклузивец на сите врвни  функции во државата. Лик, чија што единствена амбиција е кога ќе се пензионира да седне во локалната селска чајџилница и да евоцира спомени за тоа како тој некогаш бил сѐ она што бил. Таков ни додели нашата демократија. Не дека и во минатото не сме гледале поставување на премиери кои не трчале на изборите во својство на кандидати за таа функција, или пак немало поставување на министри кои никогаш не излегле на избори како кандидати ниту пак добиле еден глас од народот. Не дека и во минатото на министерските фотељи не беа поставувани ликови кои беа вадени од фиока (со исклучок на еден нивни дел кој секогаш остануваше во фиока заради „безбедносни причини“) и кои немаа превземено никаква обврска кон гласачите. Некои од нив ја искористија шансата и за среќа се покажаа и како квалитетни и успешни во својата работа, но поголемиот дел се веќе одамна заборавени. Сепак, ваквите примери на деструкција во македонската демократија, во споредба со ова што го гледаме денес, се многу помали и со значително помал негативен импакт. Независно од тоа што секое изместување од демократските процеси претставува форма на мек државен удар, тие сепак се ултра меки во споредба со „цврстината“ на последниов државен удар кој како процес беше започнат со „Тиранската платформа“, а кој во моментов ја исполнува својата зацртана цел... благодарение на Заев и Ковачевски, оф корс. Самите сме си криви! Буквално самите или како што би рекол Џорџ Бернард Шо: „Демократијата е нешто кое што гарантира дека нема да бидеме управувани подобро отколку што заслужуваме“. Решението ќе го бараме на претстојните избори. Секако дека ќе го најдеме, ако ништо друго барем до следната иновација во македонската демократија. А, кога сме кај решенијата, има една многу мудра мисла на еден познат „колега“ на нашиов технички. „Не можеме да ги решиме нашите проблеми со истиот начин на размислување што го користевме за да ги создадеме“. - Алберт Ајнштајн

The post Технички премиер за целосна слика на криминално-партискиот апартхејд appeared first on Република.

]]>
Одговорноста мора да има адреса! https://republika.mk/kolumni/odgovornosta-mora-da-ima-adresa/ Mon, 22 Jan 2024 17:44:58 +0000 https://republika.mk/?p=735621

Петар Поп-Арсов

Чекор по чекор, ден по ден, лека-полека влегуваме во финалете. Влегуваме во самата завршница на она што со нетрпение го очекувавме. Доаѓаме до разрешницата на равенката со повеќе непознати која ни беше наметна како неизбежна обврска за решавање. Кој ќе биде победникот?

Не, не зборувам за тековното Европското првенство во ракомет на кое Македонија зеде учество и редовно учествува на секое првенство како дел од европската ракометна елита. Не зборувам за успесите и „неуспесите“ на оние најдобрите кои што ги имаме во спортот. Тоа е онаа убавата страна на животот и веселата страна на математиката и равенките со повеќе непознати.

Зборувам за друг „спорт“ и за други „спортисти“. За оние што играат на мали голчиња. За политиката и политичарите. За изборите кои треба да дадат одговор барем на едно од многуте прашања. Ќе остане ли ракометот и ракометната репрезентација единствената светла точка која одамна е дел од европската ракометна унија, или можеби и државата ќе собере сила да покаже квалитет и стандард со кој ќе го добие европскиот билет во еден правец и конечно да мрдне
од дното?
Ќе видиме по изборите!

Минатата година имаше неколку прашања околу кои се кршеа политичките копја. Едно од нив беше прашањето дали изборите ќе бидат предвремени или редовни. Таа дилема е расчистена, изборите се редовни. Премиерот Ковачевски некако дотурка до крајот на својот октроиран мандат. Тоа всушност беше неговата ултимативна цел. Приказните за европска Македонија, почеток на преговорите со ЕУ, борбата со корупцијата и криминалот беа само гола реторика за да се остане уште некој ден на власт. Тоа им е сосема јасно на оние кои што го познаваат. Впрочем и праксата ја докажа оваа констатација. Резултат или било какво постигнување од него и неговиот премиерски мандат, нема!

Втората непозната се однесуваше на тоа дали претседателските и парламентарните избори ќе одат заедно или одвоено. И тоа е расчистено. За среќа и за помал трошок на народните пари, пратениците и претседателот ќе ги избираме во ист ден. А, сосема малку недостасуваше оваа власт да се заинати и да одлучи поинаку.

Последната непозната за која уште постојат неизвесност и нејаснотии во јавноста е тоа дали ќе има „Пржинска влада“ и во каков состав? Токму ова прашање е можеби клучното прашање кое ќе ја определи почетната интонација на сѐ она што потоа ќе следи. Ова е прашањето кое може да биде game changer на јасната траекторија по која се движи предизборниот процес со релативно јасно предвидливи изборни резултати.

Граѓаните се против оваа власт! Независно од тоа дали мнозинството од нив се определени за најголемиот опозиционен блок, или пак помал дел даваат поддршка на помалите опозициони партии, констатација е дека власта нема доверба кај народот. Впечаток е дека значителен дел од гласачите овој пат ќе гласаат против, против власта, а тие не се малку. Затоа е сосема легитимно прашањето, каков бенефит може да има некој што ќе учествува во оваа власт и влада до изборите, макар тоа било и само технички? Каков политички бенефит може да има некој чии што министри ќе положат заклетва под лидерство на Талат Џафери, спикерот кој што ги кршеше и прекрши сите демократски процедури во Собранието?!
Да ги загуби оние кои што по секоја цена ќе гласаат против секаква форма на власт благодарение на анимозитетот создаден од Ковачевски, Заев, Пендаровски, Спасовски, Талат, Груби, Османи и останатите?!

„Пржинската влада“ им одговара на губитниците, на оние кои што немаат поддршака во народот и на оние кои што бараат начин да ги заобиколат правилата на функционирање на една демократија. Така беше во 2016 година, така е и сега. Токму затоа Ковачевски и неговите толку силно притискаат и инсистираат оваа влада да биде повторно формирана. Токму затоа Ковачевски е најзаинтересираниот и најактивниот протеже на „Пржинската влада“.

Техничката влада ќе му овозможи на Ковачевски макар и минимален простор на опозиционо делување во неговата реторика, додека во исто време ќе ја има речиси целата контрола над извршната власт. Ковачевски покажа дека е „прљав“ играч кој воопшто не се грижи за штетата која што им ја прави на државата и граѓаните. Тој бескрупулозно ќе ја искористи можноста за лов во матнотијата која неминовно ќе се создаде со самото формирање на техничката влада.

Затоа Ковачевски ја „плаши“ опозицијата и се заканува дека ќе останат празни министерските места на ВМРО-ДПМНЕ во кабинетот на Џафери (кадарот на СДСМ за технички премиер) доколку пратениците на оваа партија не гласаат за избор на „Пржинската влада“. Големото чудо! Законска обврска на најголемата парламентарна опозиција е да даде предлог кандидати, но никаде во законот не пишува дека пратеникот како индивидуа треба и да гласа вака или онака. Не пишува ниту дека евентуално избраниот министер не смее да си даде оставка веднаш по евентуалниот избор во Собранието. Има безброј можности за превенирање на политичката штета која што со себе ја носи „Пржинската влада. Заблуда е да се помисли дека некакви министри со технички ограничен мандат, изолирани во четирите ѕида на министерските кабинети, опкружени со кадри и структури на сегашната власт ќе можат нешто корисно да сработат или пак да спречат нешто што сегашнава влада го наумила и веќе испланирала. Залудно е да мислиме дека некојси министер за внатрешни, од редовите на сегашната опозиција, ќе може да се носи со структурите поставени од Оливер Спасовски, кој што во периодот до изборите ќе раководи од сенка. Да бидеме реални, техничките министри и заменици не можеа ништо да сторат ниту на изборите во 2016 година доколку веќе претходно не беше испланирано „Пржинската влада“ да биде параван и форма зад која ќе се случи трансфер на власта спротивно на волјата на граѓаните.

Ќе биде сериозен политички чекор назад секоја помисла или потег со кој МВР или други владини ресори да бидат инволвирани во изборен поткуп или изборни нерегуларности. Добро организирана партиска структура може да биде одличен механизам за спречување на секаков обид за поткуп или фалсификување на изборите. Тоа е единствената сила врз која опозицијата може да се потпре и да го истурка процесот до крај. МВР нека си ја брка својата законска обврска, а активности кои би биле спротивно на законот и народната волја ќе бидат соодветно санкционирани.

Пржинската влада“ не и доликува на една земја членка на НАТО. Ваквата влада не е решение за демократијата во една земја која претендира да стане членка на ЕУ. Таквата влада ќе се претвори само во изговор, споделена одговорност, стимулирање и легитимирање на изборните нерегуларности, токму спротивно на она за што и беше предвидена.

„Пржинската влада“ е надмината форма во демократските процеси во Македонија и истата треба да биде оставена да потоне заедно со владата на Ковачевски.
Одговорноста мора да има адреса!

The post Одговорноста мора да има адреса! appeared first on Република.

]]>

Петар Поп-Арсов

Чекор по чекор, ден по ден, лека-полека влегуваме во финалете. Влегуваме во самата завршница на она што со нетрпение го очекувавме. Доаѓаме до разрешницата на равенката со повеќе непознати која ни беше наметна како неизбежна обврска за решавање. Кој ќе биде победникот? Не, не зборувам за тековното Европското првенство во ракомет на кое Македонија зеде учество и редовно учествува на секое првенство како дел од европската ракометна елита. Не зборувам за успесите и „неуспесите“ на оние најдобрите кои што ги имаме во спортот. Тоа е онаа убавата страна на животот и веселата страна на математиката и равенките со повеќе непознати. Зборувам за друг „спорт“ и за други „спортисти“. За оние што играат на мали голчиња. За политиката и политичарите. За изборите кои треба да дадат одговор барем на едно од многуте прашања. Ќе остане ли ракометот и ракометната репрезентација единствената светла точка која одамна е дел од европската ракометна унија, или можеби и државата ќе собере сила да покаже квалитет и стандард со кој ќе го добие европскиот билет во еден правец и конечно да мрдне од дното? Ќе видиме по изборите! Минатата година имаше неколку прашања околу кои се кршеа политичките копја. Едно од нив беше прашањето дали изборите ќе бидат предвремени или редовни. Таа дилема е расчистена, изборите се редовни. Премиерот Ковачевски некако дотурка до крајот на својот октроиран мандат. Тоа всушност беше неговата ултимативна цел. Приказните за европска Македонија, почеток на преговорите со ЕУ, борбата со корупцијата и криминалот беа само гола реторика за да се остане уште некој ден на власт. Тоа им е сосема јасно на оние кои што го познаваат. Впрочем и праксата ја докажа оваа констатација. Резултат или било какво постигнување од него и неговиот премиерски мандат, нема! Втората непозната се однесуваше на тоа дали претседателските и парламентарните избори ќе одат заедно или одвоено. И тоа е расчистено. За среќа и за помал трошок на народните пари, пратениците и претседателот ќе ги избираме во ист ден. А, сосема малку недостасуваше оваа власт да се заинати и да одлучи поинаку. Последната непозната за која уште постојат неизвесност и нејаснотии во јавноста е тоа дали ќе има „Пржинска влада“ и во каков состав? Токму ова прашање е можеби клучното прашање кое ќе ја определи почетната интонација на сѐ она што потоа ќе следи. Ова е прашањето кое може да биде game changer на јасната траекторија по која се движи предизборниот процес со релативно јасно предвидливи изборни резултати. Граѓаните се против оваа власт! Независно од тоа дали мнозинството од нив се определени за најголемиот опозиционен блок, или пак помал дел даваат поддршка на помалите опозициони партии, констатација е дека власта нема доверба кај народот. Впечаток е дека значителен дел од гласачите овој пат ќе гласаат против, против власта, а тие не се малку. Затоа е сосема легитимно прашањето, каков бенефит може да има некој што ќе учествува во оваа власт и влада до изборите, макар тоа било и само технички? Каков политички бенефит може да има некој чии што министри ќе положат заклетва под лидерство на Талат Џафери, спикерот кој што ги кршеше и прекрши сите демократски процедури во Собранието?! Да ги загуби оние кои што по секоја цена ќе гласаат против секаква форма на власт благодарение на анимозитетот создаден од Ковачевски, Заев, Пендаровски, Спасовски, Талат, Груби, Османи и останатите?! „Пржинската влада“ им одговара на губитниците, на оние кои што немаат поддршака во народот и на оние кои што бараат начин да ги заобиколат правилата на функционирање на една демократија. Така беше во 2016 година, така е и сега. Токму затоа Ковачевски и неговите толку силно притискаат и инсистираат оваа влада да биде повторно формирана. Токму затоа Ковачевски е најзаинтересираниот и најактивниот протеже на „Пржинската влада“. Техничката влада ќе му овозможи на Ковачевски макар и минимален простор на опозиционо делување во неговата реторика, додека во исто време ќе ја има речиси целата контрола над извршната власт. Ковачевски покажа дека е „прљав“ играч кој воопшто не се грижи за штетата која што им ја прави на државата и граѓаните. Тој бескрупулозно ќе ја искористи можноста за лов во матнотијата која неминовно ќе се создаде со самото формирање на техничката влада. Затоа Ковачевски ја „плаши“ опозицијата и се заканува дека ќе останат празни министерските места на ВМРО-ДПМНЕ во кабинетот на Џафери (кадарот на СДСМ за технички премиер) доколку пратениците на оваа партија не гласаат за избор на „Пржинската влада“. Големото чудо! Законска обврска на најголемата парламентарна опозиција е да даде предлог кандидати, но никаде во законот не пишува дека пратеникот како индивидуа треба и да гласа вака или онака. Не пишува ниту дека евентуално избраниот министер не смее да си даде оставка веднаш по евентуалниот избор во Собранието. Има безброј можности за превенирање на политичката штета која што со себе ја носи „Пржинската влада. Заблуда е да се помисли дека некакви министри со технички ограничен мандат, изолирани во четирите ѕида на министерските кабинети, опкружени со кадри и структури на сегашната власт ќе можат нешто корисно да сработат или пак да спречат нешто што сегашнава влада го наумила и веќе испланирала. Залудно е да мислиме дека некојси министер за внатрешни, од редовите на сегашната опозиција, ќе може да се носи со структурите поставени од Оливер Спасовски, кој што во периодот до изборите ќе раководи од сенка. Да бидеме реални, техничките министри и заменици не можеа ништо да сторат ниту на изборите во 2016 година доколку веќе претходно не беше испланирано „Пржинската влада“ да биде параван и форма зад која ќе се случи трансфер на власта спротивно на волјата на граѓаните. Ќе биде сериозен политички чекор назад секоја помисла или потег со кој МВР или други владини ресори да бидат инволвирани во изборен поткуп или изборни нерегуларности. Добро организирана партиска структура може да биде одличен механизам за спречување на секаков обид за поткуп или фалсификување на изборите. Тоа е единствената сила врз која опозицијата може да се потпре и да го истурка процесот до крај. МВР нека си ја брка својата законска обврска, а активности кои би биле спротивно на законот и народната волја ќе бидат соодветно санкционирани. Пржинската влада“ не и доликува на една земја членка на НАТО. Ваквата влада не е решение за демократијата во една земја која претендира да стане членка на ЕУ. Таквата влада ќе се претвори само во изговор, споделена одговорност, стимулирање и легитимирање на изборните нерегуларности, токму спротивно на она за што и беше предвидена. „Пржинската влада“ е надмината форма во демократските процеси во Македонија и истата треба да биде оставена да потоне заедно со владата на Ковачевски. Одговорноста мора да има адреса!

The post Одговорноста мора да има адреса! appeared first on Република.

]]>
Опозиција на самите себе https://republika.mk/kolumni/opozitsija-na-samite-sebe/ Thu, 11 Jan 2024 09:13:46 +0000 https://republika.mk/?p=731829

Петар Поп-Арсов

Годинава започна сосема нормално. Како и секоја претходна.

Со скандал!

Со инцидент, кошкање, тепачка, со терористички напад! Кој како милува да гледа на настаните. Има за сечиј вкус. Тоа беше еден вообичаен почеток на една македонска година.

Случувањата во М-НАВ повторно ја обединија нацијата. Ако за ништо друго, барем вниманието ни го обединија во една точка за полесно да го поминеме празничниот вакум меѓу Нова Година и Божиќ. Ако зборуваме реално, дисконтинуитетот на случувања во тие два-три дена знае да предизвика сериозна апстененцијална криза и болка кај сите оние кои што се навлечени на вообичаениот континуитет на афери и скандали од годината што е зад нас. Така е секоја година.

За среќа, со оваа власт никогаш не е досадно. Има одговор на сѐ! Секогаш е подготвена да се надмине себе си, со нови и нови креативни возбудувања. За момент можеби помисливме дека до крајот на нивниот политички мандат (пред почетокот на оној техничкиот) ќе немаме тема на која ќе можаме да им упатиме уште некоја критика, но, „за среќа“ нѐ демантираа.

И како по правило секогаш е крив некој друг или во најмала рака некој забеган поединец или помала група од нивните редови. Нивниот систем на владеење никогаш не е крив! Оваа власт е „безгрешна“. Тие секогаш имаат решение, системско решение. Тоа е терминот кој што задолжително мора прв да биде научен од секој новопечен министер на оваа власт и користен во секоја прилика до крајот на неговиот мандат во случаите кога нема да знаат да дадат конкретен одговор за конкретен проблем.

Во очекување на некое ново системско решение во однос на М-НАВ, ќе се задоволиме со почетните оценки и критики кои што ги упатија Пендаровски и Ковачевски кон оваа институција. Претседателот и премиерот добија простор да критикуваат! Фасцинантно! Оние, најодговорните од власта, Пендаровски и Ковачевски критикуваат таму некоја институција во која токму тие поставуаат и разрешуваат директори. Навистина тоа е една „бесрамна“ институција! За секоја критика!

Пендаровски дава генерална оценка за состојбите во М-НАВ со констатација дека на оваа институција и е потребен генерален ремонт. За разлика од него, Ковачевски кој што претходно побара ремот во Судскиот совет, во случајот со М-НАВ отиде во детали, лоцирајќи го проблемот во семејниот карактер на оваа институција. Човекот без никакво чувство на срам, речиси во исто време додека разрешуваше и поставуваше директори на М-НАВ на седница на неговата влада, изјави дека институцијата е загадена со семјни вработувања до трето колено.

Не дека во врска со семејната испреплетеност Ковачевски не е во право, но што стори во врска со тоа за да не биде така?! Дали како премиер на владата стори нешто да ја сузбие оваа појава? Дали на новопоставените директори им даде насоки како да го решат проблемот кој што самиот го дијагностицираше?  Разговараше ли во врска со инцидетот, тепачката или терористичкиот напад (што и да е) со своите коалициони партнери од ДУИ? Разговараше ли со идниот прв Албанец технички премиер (такво е комплетното име на функцијата) на кој ќе му го отстапи премиерското столче? Го праша ли зошто неговите отишле да тепаат?

Или можеби ништо од тоа?! Изјава како изјава, колку да се каже нешто во јавноста и да се префрли вината и одговорноста на друг?! Ковачевски и Пендаровски почувствуваа можност за критика и веднаш ја упатија според принципот плукаме во височина.

Зарем Ковачевски не гледа дека цела Македонија, сите атрактивни државни институции ни се претворени во семејни фирми?! Непотизмот владее во сите општествени пори и истиот не може да дојде на дневен ред за критика и решавање од огромниот криминал и корупција кои доминираат како доминантен вирус во нашата домашна епидемија. Непотизмот е тука, меѓу нас, но се поставува прашањето зошто до сега не беше кажан ниту збор на оваа тема од страна на највисоките владини претставници? Зошто не беше превземен ниту еден чекор за да се превенира и сузбие појавата на создавање на семејни дувла во рамки на македонските институции за време на мандатот на Ковачевски?

Ковачевски веројатно мисли дека со една лицемерна изјава ќе ја испере сета своја одговорност за проблемите кои што дозволи да се напластуваат во негово време. Тој се надева дека со една манипулативна изјава ќе се огради од партиските вработувања во високопрофесионалните институции, како што е М-НАВ.

Кога веќе ги спомнавме професионалците, ред е да кажеме дека и тие, „професионалците“, некогаш биле вработени преку партиски или лични ургенции на моќни фигури во државава (со исклучок на вистинските експерти). Зарем може некој нормален, чесен и стручен да се вработи туку-така во оваа наша земја, без да има поддршка „од горе“? Тука зборувам општо, за сите државни институции, не само за М-НАВ. Тоа што во меѓувреме во овие кадри биле вложени огромни финансии за да стекнат знаења и вештини со кои дел од нив успеале да се профилираат во експерти корисни за државата, не значи дека некогаш, на нивните почетоци, не биле партиски и семејни кадри. Тоа е македонската реалност.

За жал, мал е процентот на кадри во државните институции кои имаат вистинска амбиција да научат нешто и да се издвојат од масата административци кои функционираат по принципот „клати врата, земај плата“. Оваа констатација не е ниту нова, ниту пак е од вчера. Од вчера е откритието на Пендаровски и Ковачевски дека состојбата во македонските институции е за ремонт. Тие двајцата од вчера се ставија во нова улога, опозиција на власта. Опозиција на самите себе. Од вчера започнаа да се критикуваат за нештата кои што самите не ги сработале. Нивните вчерашни изјави се потврда за она што најдобро знаат да го работат, критизерство и лицемерие. Тие изјави ја детерминираат нивната природна средина и припадност, опозицијата. Тоа е доказ дека тие најдобро се чувствуваат во опозиција, онаму каде што нема да мораат да сработат нешто, ниту пак да сносат некаква одговорност. Одговорноста и обврските кои што со себе ги носи власта се терет за нив.

Проблемот во Македонија не е само во М-НАВ, Судскиот совет или во третиот ешалон како што беше на времето. Проблемот е сеприсутен, насекаде околу нас. Пендаровски и Ковачевски се во право. Навистина е потребен ремонтот како што велат. Но, не само парцијално како што тие велат, туку по цела вертикала и хоризонтала на државата, почнувајќи од нив двајцата.

The post Опозиција на самите себе appeared first on Република.

]]>

Петар Поп-Арсов

Годинава започна сосема нормално. Како и секоја претходна. Со скандал! Со инцидент, кошкање, тепачка, со терористички напад! Кој како милува да гледа на настаните. Има за сечиј вкус. Тоа беше еден вообичаен почеток на една македонска година. Случувањата во М-НАВ повторно ја обединија нацијата. Ако за ништо друго, барем вниманието ни го обединија во една точка за полесно да го поминеме празничниот вакум меѓу Нова Година и Божиќ. Ако зборуваме реално, дисконтинуитетот на случувања во тие два-три дена знае да предизвика сериозна апстененцијална криза и болка кај сите оние кои што се навлечени на вообичаениот континуитет на афери и скандали од годината што е зад нас. Така е секоја година. За среќа, со оваа власт никогаш не е досадно. Има одговор на сѐ! Секогаш е подготвена да се надмине себе си, со нови и нови креативни возбудувања. За момент можеби помисливме дека до крајот на нивниот политички мандат (пред почетокот на оној техничкиот) ќе немаме тема на која ќе можаме да им упатиме уште некоја критика, но, „за среќа“ нѐ демантираа. И како по правило секогаш е крив некој друг или во најмала рака некој забеган поединец или помала група од нивните редови. Нивниот систем на владеење никогаш не е крив! Оваа власт е „безгрешна“. Тие секогаш имаат решение, системско решение. Тоа е терминот кој што задолжително мора прв да биде научен од секој новопечен министер на оваа власт и користен во секоја прилика до крајот на неговиот мандат во случаите кога нема да знаат да дадат конкретен одговор за конкретен проблем. Во очекување на некое ново системско решение во однос на М-НАВ, ќе се задоволиме со почетните оценки и критики кои што ги упатија Пендаровски и Ковачевски кон оваа институција. Претседателот и премиерот добија простор да критикуваат! Фасцинантно! Оние, најодговорните од власта, Пендаровски и Ковачевски критикуваат таму некоја институција во која токму тие поставуаат и разрешуваат директори. Навистина тоа е една „бесрамна“ институција! За секоја критика! Пендаровски дава генерална оценка за состојбите во М-НАВ со констатација дека на оваа институција и е потребен генерален ремонт. За разлика од него, Ковачевски кој што претходно побара ремот во Судскиот совет, во случајот со М-НАВ отиде во детали, лоцирајќи го проблемот во семејниот карактер на оваа институција. Човекот без никакво чувство на срам, речиси во исто време додека разрешуваше и поставуваше директори на М-НАВ на седница на неговата влада, изјави дека институцијата е загадена со семјни вработувања до трето колено. Не дека во врска со семејната испреплетеност Ковачевски не е во право, но што стори во врска со тоа за да не биде така?! Дали како премиер на владата стори нешто да ја сузбие оваа појава? Дали на новопоставените директори им даде насоки како да го решат проблемот кој што самиот го дијагностицираше?  Разговараше ли во врска со инцидетот, тепачката или терористичкиот напад (што и да е) со своите коалициони партнери од ДУИ? Разговараше ли со идниот прв Албанец технички премиер (такво е комплетното име на функцијата) на кој ќе му го отстапи премиерското столче? Го праша ли зошто неговите отишле да тепаат? Или можеби ништо од тоа?! Изјава како изјава, колку да се каже нешто во јавноста и да се префрли вината и одговорноста на друг?! Ковачевски и Пендаровски почувствуваа можност за критика и веднаш ја упатија според принципот плукаме во височина. Зарем Ковачевски не гледа дека цела Македонија, сите атрактивни државни институции ни се претворени во семејни фирми?! Непотизмот владее во сите општествени пори и истиот не може да дојде на дневен ред за критика и решавање од огромниот криминал и корупција кои доминираат како доминантен вирус во нашата домашна епидемија. Непотизмот е тука, меѓу нас, но се поставува прашањето зошто до сега не беше кажан ниту збор на оваа тема од страна на највисоките владини претставници? Зошто не беше превземен ниту еден чекор за да се превенира и сузбие појавата на создавање на семејни дувла во рамки на македонските институции за време на мандатот на Ковачевски? Ковачевски веројатно мисли дека со една лицемерна изјава ќе ја испере сета своја одговорност за проблемите кои што дозволи да се напластуваат во негово време. Тој се надева дека со една манипулативна изјава ќе се огради од партиските вработувања во високопрофесионалните институции, како што е М-НАВ. Кога веќе ги спомнавме професионалците, ред е да кажеме дека и тие, „професионалците“, некогаш биле вработени преку партиски или лични ургенции на моќни фигури во државава (со исклучок на вистинските експерти). Зарем може некој нормален, чесен и стручен да се вработи туку-така во оваа наша земја, без да има поддршка „од горе“? Тука зборувам општо, за сите државни институции, не само за М-НАВ. Тоа што во меѓувреме во овие кадри биле вложени огромни финансии за да стекнат знаења и вештини со кои дел од нив успеале да се профилираат во експерти корисни за државата, не значи дека некогаш, на нивните почетоци, не биле партиски и семејни кадри. Тоа е македонската реалност. За жал, мал е процентот на кадри во државните институции кои имаат вистинска амбиција да научат нешто и да се издвојат од масата административци кои функционираат по принципот „клати врата, земај плата“. Оваа констатација не е ниту нова, ниту пак е од вчера. Од вчера е откритието на Пендаровски и Ковачевски дека состојбата во македонските институции е за ремонт. Тие двајцата од вчера се ставија во нова улога, опозиција на власта. Опозиција на самите себе. Од вчера започнаа да се критикуваат за нештата кои што самите не ги сработале. Нивните вчерашни изјави се потврда за она што најдобро знаат да го работат, критизерство и лицемерие. Тие изјави ја детерминираат нивната природна средина и припадност, опозицијата. Тоа е доказ дека тие најдобро се чувствуваат во опозиција, онаму каде што нема да мораат да сработат нешто, ниту пак да сносат некаква одговорност. Одговорноста и обврските кои што со себе ги носи власта се терет за нив. Проблемот во Македонија не е само во М-НАВ, Судскиот совет или во третиот ешалон како што беше на времето. Проблемот е сеприсутен, насекаде околу нас. Пендаровски и Ковачевски се во право. Навистина е потребен ремонтот како што велат. Но, не само парцијално како што тие велат, туку по цела вертикала и хоризонтала на државата, почнувајќи од нив двајцата.

The post Опозиција на самите себе appeared first on Република.

]]>