книги Archives - Република https://republika.mk/tema/knigi/ За подобро да се разбереме Fri, 18 Oct 2024 19:58:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png книги Archives - Република https://republika.mk/tema/knigi/ 32 32 Љутков: Во претходните седум-осум години голем дел од проектите се делени „од ракав“ https://republika.mk/vesti/makedonija/lutkov-vo-prethodnite-sedum-osum-godini-golem-del-od-proektite-se-deleni-od-rakav/ Fri, 18 Oct 2024 19:58:26 +0000 https://republika.mk/?p=828633

Министерството за култура и туризам ќе направи попис на книгите печатени од издавачките проекти до 2017 година и на сите сувенири произведени во рамки на проектот „Скопје 2014“ кои се чуваат по подруми и депоа. Извештајот ќе биде презентиран на седница на Влада за да се одлучи каде тие ќе бидат распределени.

Министерот Зоран Љутков, во гостување во Дневникот на ТВ Сител, рече дека нивната дистрибуција била стопирана во 2017 година, кога СДСМ ја презел власта, и дека тој ќе се заложи тие книги да излезат на виделина.

Државниот завод за ревизија (ДЗР) во извештај за 2023 година што го објави пред три дена, наведе дека без попис и дистрибуција има стотици илјади примероци кои потекнуваат од 17 капитални проекти за печатење книги реализирани помеѓу 2009 и 2019 година.

Љутков бил известен дека милион и пол книги од овие проекти се сместени во депоата во НУБ „Св. Климент Охридски“, а во Музејот на Македонија се складирани стотици илјади сувенири од проектот „Скопје 2014“.

Без основ се затворени во депоата. До 2017 година имало начин како тие книги и сувенири да се дистрибуираат. Но, во 2017-2018, при преземањето на власта од Социјалдемократскиот сојуз, стопирани се сите проекти. Имаме план, во наредниот период ќе добиеме извештај, бидејќи се пребројуваат сувенирите, и уште еднаш ќе направиме попис и на книгите, јас ќе поднесам информација на Влада и ќе донесеме одлука дали тие ќе одат во библиотеките, дали ќе одат како подароци... При првата посета на НУБ реков дека јас овие книги ќе ги извадам на виделина. Гревота е книги со таков квалитет, такви класици, таква белетристика, литература од секаков вид, да стои затворена, рече Љутков.

ДЗР во објавениот извештај за работата на Министерството за култура во 2023 наведе и дека 318 милиони денари биле исплатени за културни проекти, без јасно дефинирани критериуми за распределба.

Звучи страшно, веројатно таков ќе биде извештајот и до половината за 2024 година зашто ги имавме истите критики и за конкурсот што беше објавен во 2024. Бидејќи реално, во претходните седум-осум години немаме јасно дефинирани правила и критериуми како се делат проектите од национален интерес и затоа сме реагирале дека голем дел од проектите се делени „од ракав“. И веројатно од тие причини извештајот е точен и конкретен, изјави министерот.

За новиот Конкурс за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2025, кој е во тек и трае до крајот на месецов, посочи дека точно ќе се знае кој за што може да конкурира зашто, како што рече Љутков, се поставени јасни правила и критериуми, бодување и се определени максималните суми. Љутков нагласи и дека 18 дена по објавувањето на конкурсот, немало реакции за новините во начинот на финансирањето на проектите.

За да се контролираат дадените средства, проектите не само што ќе бидат избрани, туку ќе има и евалуација за реализацијата, а вработените во Министерството одблиску ќе го следат процесот. Наредната недела ќе ги објават и членовите на комисиите кои ќе ги одобрат проектите и понатаму ќе ги следат.

The post Љутков: Во претходните седум-осум години голем дел од проектите се делени „од ракав“ appeared first on Република.

]]>

Министерството за култура и туризам ќе направи попис на книгите печатени од издавачките проекти до 2017 година и на сите сувенири произведени во рамки на проектот „Скопје 2014“ кои се чуваат по подруми и депоа. Извештајот ќе биде презентиран на седница на Влада за да се одлучи каде тие ќе бидат распределени. Министерот Зоран Љутков, во гостување во Дневникот на ТВ Сител, рече дека нивната дистрибуција била стопирана во 2017 година, кога СДСМ ја презел власта, и дека тој ќе се заложи тие книги да излезат на виделина. Државниот завод за ревизија (ДЗР) во извештај за 2023 година што го објави пред три дена, наведе дека без попис и дистрибуција има стотици илјади примероци кои потекнуваат од 17 капитални проекти за печатење книги реализирани помеѓу 2009 и 2019 година. Љутков бил известен дека милион и пол книги од овие проекти се сместени во депоата во НУБ „Св. Климент Охридски“, а во Музејот на Македонија се складирани стотици илјади сувенири од проектот „Скопје 2014“.
Без основ се затворени во депоата. До 2017 година имало начин како тие книги и сувенири да се дистрибуираат. Но, во 2017-2018, при преземањето на власта од Социјалдемократскиот сојуз, стопирани се сите проекти. Имаме план, во наредниот период ќе добиеме извештај, бидејќи се пребројуваат сувенирите, и уште еднаш ќе направиме попис и на книгите, јас ќе поднесам информација на Влада и ќе донесеме одлука дали тие ќе одат во библиотеките, дали ќе одат како подароци... При првата посета на НУБ реков дека јас овие книги ќе ги извадам на виделина. Гревота е книги со таков квалитет, такви класици, таква белетристика, литература од секаков вид, да стои затворена, рече Љутков.
ДЗР во објавениот извештај за работата на Министерството за култура во 2023 наведе и дека 318 милиони денари биле исплатени за културни проекти, без јасно дефинирани критериуми за распределба.
Звучи страшно, веројатно таков ќе биде извештајот и до половината за 2024 година зашто ги имавме истите критики и за конкурсот што беше објавен во 2024. Бидејќи реално, во претходните седум-осум години немаме јасно дефинирани правила и критериуми како се делат проектите од национален интерес и затоа сме реагирале дека голем дел од проектите се делени „од ракав“. И веројатно од тие причини извештајот е точен и конкретен, изјави министерот.
За новиот Конкурс за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2025, кој е во тек и трае до крајот на месецов, посочи дека точно ќе се знае кој за што може да конкурира зашто, како што рече Љутков, се поставени јасни правила и критериуми, бодување и се определени максималните суми. Љутков нагласи и дека 18 дена по објавувањето на конкурсот, немало реакции за новините во начинот на финансирањето на проектите. За да се контролираат дадените средства, проектите не само што ќе бидат избрани, туку ќе има и евалуација за реализацијата, а вработените во Министерството одблиску ќе го следат процесот. Наредната недела ќе ги објават и членовите на комисиите кои ќе ги одобрат проектите и понатаму ќе ги следат.

The post Љутков: Во претходните седум-осум години голем дел од проектите се делени „од ракав“ appeared first on Република.

]]>
Промоција на книги и концерт утре на Скопско лето https://republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-knigi-i-kontsert-utre-na-skopsko-leto/ Wed, 24 Jul 2024 09:41:04 +0000 https://republika.mk/?p=799781

Во рамки на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“ утре, 25 јули (четврток), со почеток во 12 часот во Сули ан ќе се одржи промоција на книгите „Огне“ и „Време за желби“ на авторката Виолета Наумовска.

Промотори на настанот се проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска, Братислав Димитров и Горјан Петрески.

Вечерта пак, со почеток во 20:30ч. во Музеј на македонската борба, првпат пред македонската публика концерт ќе одржи пијанистот Симо Шишевиќ (Црна Гора/Велика Британија).

Со зборовите на проф. Гордон Фергус Томпсон од RCM-Royal College of Music, Шишевиќ „е еден талентиран пијанист чија дисциплина и посветеност се втемелени. Тој веќе ги поседува корените на силен виртуозо, неговата техника, интелектуална љубопитност и музикалност инспирираат софистицирани интерпретации“.

Симо Шишевиќ е класичен концертен пијанист од Црна Гора. Пораснал во Бар, Црна Гора каде што почнал да свири пијано на свои шест години. Неодамна дипломирал на BMus (Hons) програмата на Кралскиот Колеџ за музика во Лондон со Прва класа почести, прво со познатиот пијанист Гордон Фергус-Томпсон и неодамна со познатиот британски професор Џон Брн.
Студирал чембало две години во Кралскиот колеџ за музика под признатата чембалистка Џејн Чепмен и фортепијано со Џефри Говиер. Досега Шишевиќ имал многу ангажмани, концерти, рецитали, фестивали. Има освоено многу национални и меѓународни натпревари и присуствувал на мастеркласи со истакнати пијанисти и професори по пијано. Тој исто така е композитор и студира диригирање. Репертоарот на Шишевиќ се движи од раниот барок до современа музика.

На концертот ќе бидат изведени дела од Брамс, Метнер, Рахманинов, Лист и Мариќ.

Билетите се во продажба на karti.com.mk.

Концертот е во соработка со Амбасадата на Црна Гора во Македонија.

 

The post Промоција на книги и концерт утре на Скопско лето appeared first on Република.

]]>

Во рамки на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“ утре, 25 јули (четврток), со почеток во 12 часот во Сули ан ќе се одржи промоција на книгите „Огне“ и „Време за желби“ на авторката Виолета Наумовска. Промотори на настанот се проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска, Братислав Димитров и Горјан Петрески. Вечерта пак, со почеток во 20:30ч. во Музеј на македонската борба, првпат пред македонската публика концерт ќе одржи пијанистот Симо Шишевиќ (Црна Гора/Велика Британија). Со зборовите на проф. Гордон Фергус Томпсон од RCM-Royal College of Music, Шишевиќ „е еден талентиран пијанист чија дисциплина и посветеност се втемелени. Тој веќе ги поседува корените на силен виртуозо, неговата техника, интелектуална љубопитност и музикалност инспирираат софистицирани интерпретации“. Симо Шишевиќ е класичен концертен пијанист од Црна Гора. Пораснал во Бар, Црна Гора каде што почнал да свири пијано на свои шест години. Неодамна дипломирал на BMus (Hons) програмата на Кралскиот Колеџ за музика во Лондон со Прва класа почести, прво со познатиот пијанист Гордон Фергус-Томпсон и неодамна со познатиот британски професор Џон Брн. Студирал чембало две години во Кралскиот колеџ за музика под признатата чембалистка Џејн Чепмен и фортепијано со Џефри Говиер. Досега Шишевиќ имал многу ангажмани, концерти, рецитали, фестивали. Има освоено многу национални и меѓународни натпревари и присуствувал на мастеркласи со истакнати пијанисти и професори по пијано. Тој исто така е композитор и студира диригирање. Репертоарот на Шишевиќ се движи од раниот барок до современа музика. На концертот ќе бидат изведени дела од Брамс, Метнер, Рахманинов, Лист и Мариќ. Билетите се во продажба на karti.com.mk. Концертот е во соработка со Амбасадата на Црна Гора во Македонија.  

The post Промоција на книги и концерт утре на Скопско лето appeared first on Република.

]]>
Основните училишта во Штип добија донација од 600 книги https://republika.mk/vesti/kultura/osnovnite-uchilishta-vo-shtip-dobija-donatsija-od-600-knigi/ Tue, 11 Jun 2024 07:50:48 +0000 https://republika.mk/?p=786455

Во рамките на кампањата за поттикнување на читачките навики „Читањето е супермоќ“, издавачката куќа „Арс Ламина“ донираше 600 изданија во основните училишта во Штип.
По реализацијата на едукативната презентација пред просветните работници од основните училишта во Општина Штип, „Арс Ламина“ донираше по сто книги и едукативни изданија за училишните библиотеки во шест училишта: ООУ „Ванчо Прке“, ООУ „Гоце Делчев“, ООУ „Димитар Влахов“, ООУ „Славејко Арсов“, ООУ „Тошо Арсов“ и ООУ „Страшо Пинџур“ – Карбинци.

– Со оваа донација, нашата цел е да ги збогатиме библиотечните фондови на училишните библиотеки и да ја продолжиме нашата мисија за поттикнување на читачките навики кај децата. Донацијата се состои од лектири и читанки од едицијата „Лесно читливо“, збирки, вежбанки и други дидактички и нагледни материјали. Благодарност до градоначалникот на Општина Штип – Иван Јорданов, и до раководителот на Одделение за образование, Роберт Аџипетров, кои го препознаа значењето на кампањата „Читањето е супермоќ“. Следниот период ќе продолжиме со презентации и во другите општини низ државата и со донации на книги во училиштата што ќе се вклучат во неа – велат од „Арс Ламина“.

Издавачката куќа „Арс Ламина“, на 15 јуни (сабота), со почеток во 11 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, ќе го организира литературно-музичкиот хепенинг „Читањето е супермоќ“, со кој ќе биде заокружена кампањата за поттикнување на читачките навики кај децата, за оваа учебна година.
На настанот ќе бидат наградени победниците на истоимениот литературен и ликовен конкурс „Читањето е супермоќ“, што беше спроведен во градинките и во основните училишта во целата држава.  Децата од градинките учествуваа со ликовни творби на тема „Во светот на приказните“, а учениците од основните училишта со ликовни и литературни творби на тема „Во светот на книгите“.

The post Основните училишта во Штип добија донација од 600 книги appeared first on Република.

]]>

Во рамките на кампањата за поттикнување на читачките навики „Читањето е супермоќ“, издавачката куќа „Арс Ламина“ донираше 600 изданија во основните училишта во Штип. По реализацијата на едукативната презентација пред просветните работници од основните училишта во Општина Штип, „Арс Ламина“ донираше по сто книги и едукативни изданија за училишните библиотеки во шест училишта: ООУ „Ванчо Прке“, ООУ „Гоце Делчев“, ООУ „Димитар Влахов“, ООУ „Славејко Арсов“, ООУ „Тошо Арсов“ и ООУ „Страшо Пинџур“ – Карбинци. – Со оваа донација, нашата цел е да ги збогатиме библиотечните фондови на училишните библиотеки и да ја продолжиме нашата мисија за поттикнување на читачките навики кај децата. Донацијата се состои од лектири и читанки од едицијата „Лесно читливо“, збирки, вежбанки и други дидактички и нагледни материјали. Благодарност до градоначалникот на Општина Штип – Иван Јорданов, и до раководителот на Одделение за образование, Роберт Аџипетров, кои го препознаа значењето на кампањата „Читањето е супермоќ“. Следниот период ќе продолжиме со презентации и во другите општини низ државата и со донации на книги во училиштата што ќе се вклучат во неа – велат од „Арс Ламина“. Издавачката куќа „Арс Ламина“, на 15 јуни (сабота), со почеток во 11 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, ќе го организира литературно-музичкиот хепенинг „Читањето е супермоќ“, со кој ќе биде заокружена кампањата за поттикнување на читачките навики кај децата, за оваа учебна година. На настанот ќе бидат наградени победниците на истоимениот литературен и ликовен конкурс „Читањето е супермоќ“, што беше спроведен во градинките и во основните училишта во целата држава.  Децата од градинките учествуваа со ликовни творби на тема „Во светот на приказните“, а учениците од основните училишта со ликовни и литературни творби на тема „Во светот на книгите“.

The post Основните училишта во Штип добија донација од 600 книги appeared first on Република.

]]>
Македонците од Пиринска Македонија испратија книги до Македонците во Албанија https://republika.mk/vesti/makedonija/makedontsite-od-pirinska-makedonija-ispratija-knigi-do-makedontsite-vo-albanija/ Mon, 20 May 2024 17:04:16 +0000 https://republika.mk/?p=780237

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, доби донација на книги од автори Македонци од Пиринска Македонија и од македонската емиграција во Бугарија, информираше Васил Стерјовски, претседател на партијата.

На наше големо задоволство добивме значајна донација на книги од автори Македонци од Пиринска Македонија и од македонската емиграција во Бугарија. Оваа мала „Пиринска библиотека“ ќе биде сместена во нашата канцеларија во Пустец и секој Македонец ќе може да се запознае со маките на македонскиот народ под Пирин, бескрајната борба за правда и слобода, како и со народната култура, традициите и животот на Македонците во Бугарија, рече Стерјовски.

Според него во оваа колекција се вклучени дела од познати имиња како поетот Никола Вапцаров, револуционерот Петар Манџуков, државникот Димитар Влахов, и писателот Борис Сандански, внук на Јане Сандански.

Исто така, додава, тука се и дела од основачот на обединетата македонска организација „Илинден“ и долгогодишен затвореник по бугарските затвори Стојан Георгиев, копретседателот на партијата ОМО Илинден-ПИРИН историчарот професор Стојко Стојков, како и делата на академиците Иван Катарџиев и Ѓорги Поп Атанасов, филозофот Стефан Влахов-Мицов и многу други.

Благодарност за донацијата на ОМО Илинден-ПИРИН поддржани од „Комити“-Скопје и BIBLIOTHECA MACEDONICA. Се надеваме дека во иднина ќе развиваме поголема културна соработка меѓу Македонците во Албанија и Македонците во Бугарија, нагласи Стерјовски.

The post Македонците од Пиринска Македонија испратија книги до Македонците во Албанија appeared first on Република.

]]>

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, доби донација на книги од автори Македонци од Пиринска Македонија и од македонската емиграција во Бугарија, информираше Васил Стерјовски, претседател на партијата.
На наше големо задоволство добивме значајна донација на книги од автори Македонци од Пиринска Македонија и од македонската емиграција во Бугарија. Оваа мала „Пиринска библиотека“ ќе биде сместена во нашата канцеларија во Пустец и секој Македонец ќе може да се запознае со маките на македонскиот народ под Пирин, бескрајната борба за правда и слобода, како и со народната култура, традициите и животот на Македонците во Бугарија, рече Стерјовски.
Според него во оваа колекција се вклучени дела од познати имиња како поетот Никола Вапцаров, револуционерот Петар Манџуков, државникот Димитар Влахов, и писателот Борис Сандански, внук на Јане Сандански. Исто така, додава, тука се и дела од основачот на обединетата македонска организација „Илинден“ и долгогодишен затвореник по бугарските затвори Стојан Георгиев, копретседателот на партијата ОМО Илинден-ПИРИН историчарот професор Стојко Стојков, како и делата на академиците Иван Катарџиев и Ѓорги Поп Атанасов, филозофот Стефан Влахов-Мицов и многу други.
Благодарност за донацијата на ОМО Илинден-ПИРИН поддржани од „Комити“-Скопје и BIBLIOTHECA MACEDONICA. Се надеваме дека во иднина ќе развиваме поголема културна соработка меѓу Македонците во Албанија и Македонците во Бугарија, нагласи Стерјовски.

The post Македонците од Пиринска Македонија испратија книги до Македонците во Албанија appeared first on Република.

]]>
Некој ги краде ретките изданија на дела од руските класици од библиотеките ширум Европа https://republika.mk/vesti/svet/nekoj-gi-krade-retkite-izdanija-na-dela-od-ruskite-klasitsi-od-bibliotekite-shirum-evropa/ Fri, 03 May 2024 17:19:15 +0000 https://republika.mk/?p=773263

Повеќе од 170 ретки книги од руски писатели од 19 век се украдени од библиотеки низ Европа, пишува „Њујорк Тајмс“.

Ваквите кражби, првенствено се однесуваат на раните изданија на Пушкин, Лермонтов и Гогољ.

Според податоците на Европол, од 2022 година, книгите биле украдени првенствено од библиотеката на Универзитетот во Варшава (78 примероци), а меѓу другите и од библиотеките во Рига (17 книги со вкупна вредност од 440.000 евра), Минхен, Берлин и Париз.

Шемата за кражба е едноставна: непознати луѓе барале книги за да се запознаат со изданијата, а потоа ги менувале за висококвалитетни фалсификати. Мотивите за кражбите се уште не се прецизно утврдени.

The post Некој ги краде ретките изданија на дела од руските класици од библиотеките ширум Европа appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 170 ретки книги од руски писатели од 19 век се украдени од библиотеки низ Европа, пишува „Њујорк Тајмс“. Ваквите кражби, првенствено се однесуваат на раните изданија на Пушкин, Лермонтов и Гогољ. Според податоците на Европол, од 2022 година, книгите биле украдени првенствено од библиотеката на Универзитетот во Варшава (78 примероци), а меѓу другите и од библиотеките во Рига (17 книги со вкупна вредност од 440.000 евра), Минхен, Берлин и Париз. Шемата за кражба е едноставна: непознати луѓе барале книги за да се запознаат со изданијата, а потоа ги менувале за висококвалитетни фалсификати. Мотивите за кражбите се уште не се прецизно утврдени.

The post Некој ги краде ретките изданија на дела од руските класици од библиотеките ширум Европа appeared first on Република.

]]>
60 наслови од издавачката продукција на „Струшки вечери на поезијата“ од денеска во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ https://republika.mk/vesti/kultura/60-naslovi-od-izdavachkata-produktsija-na-strushki-vecheri-na-poezijata-od-deneska-vo-gradskata-biblioteka-braka-miladinovtsi/ Thu, 11 Apr 2024 12:44:32 +0000 https://republika.mk/?p=764985

„Струшки вечери на поезијата“ ѝ донираше на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ шеесеттина наслови од нивната богата издавачка продукција, кои сега се достапни и за читателите на Градската библиотека, информираат оттаму.

Изданијата добија посебна полица во Одделот за странска литература (популарниот Британски оддел) и ќе можат да се користат само во просториите на Библиотеката

Снежана Стојчевска, директорката на ГБСК и Тодорче Тасевски директорот на СВП, разговараа и за понатамошното збогатување на збирката, како и за идни соработки меѓу двете институции.

The post 60 наслови од издавачката продукција на „Струшки вечери на поезијата“ од денеска во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ appeared first on Република.

]]>

„Струшки вечери на поезијата“ ѝ донираше на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ шеесеттина наслови од нивната богата издавачка продукција, кои сега се достапни и за читателите на Градската библиотека, информираат оттаму.

Изданијата добија посебна полица во Одделот за странска литература (популарниот Британски оддел) и ќе можат да се користат само во просториите на Библиотеката

Снежана Стојчевска, директорката на ГБСК и Тодорче Тасевски директорот на СВП, разговараа и за понатамошното збогатување на збирката, како и за идни соработки меѓу двете институции.

The post 60 наслови од издавачката продукција на „Струшки вечери на поезијата“ од денеска во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ appeared first on Република.

]]>
Промоција на три книги од Гордана Каракашевска https://republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-tri-knigi-od-gordana-karakashevska/ Sat, 06 Apr 2024 16:23:46 +0000 https://republika.mk/?p=763170

Во рамките на богатата културна понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата 2028, вечер во Галеријата КО-РА при Јавната установа Дом на култура „Кочо Рацин“-Скопје, ќе бидат пртомовирани три книги од авторот Гордана Каракашевска под псевдонимот Ана Каракаш.

Станува збор за насловите „Сињор Џордано и...., „Скршен поет и други поеми“ и „Разголување“

Промотор и модератор на настанот е Елеонора Николовска, а стихови ќе чита: Елизабета К.Младеновска.

Промоцијата ќе почне во 18 часот во салон сутерен.

Во истиот салон во тек е групната изложба на дела по повод 2 Април - Светскиот ден на бајката и по повод Светскиот Ден на среќата - 20 Март, насловена „Бајката и бајковитото“ со поднаслов „Среќата - што е тоа“, наведуваат од Галеријата КО-РА.

The post Промоција на три книги од Гордана Каракашевска appeared first on Република.

]]>

Во рамките на богатата културна понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата 2028, вечер во Галеријата КО-РА при Јавната установа Дом на култура „Кочо Рацин“-Скопје, ќе бидат пртомовирани три книги од авторот Гордана Каракашевска под псевдонимот Ана Каракаш. Станува збор за насловите „Сињор Џордано и...., „Скршен поет и други поеми“ и „Разголување“ Промотор и модератор на настанот е Елеонора Николовска, а стихови ќе чита: Елизабета К.Младеновска. Промоцијата ќе почне во 18 часот во салон сутерен. Во истиот салон во тек е групната изложба на дела по повод 2 Април - Светскиот ден на бајката и по повод Светскиот Ден на среќата - 20 Март, насловена „Бајката и бајковитото“ со поднаслов „Среќата - што е тоа“, наведуваат од Галеријата КО-РА.

The post Промоција на три книги од Гордана Каракашевска appeared first on Република.

]]>
„Полска полица“ и во тетовската библиотека: Амбасадорот Гжелчик донираше 50 наслови од полски автори преведени на македонски јазик https://republika.mk/vesti/kultura/polska-politsa-i-vo-tetovskata-biblioteka-ambasadorot-gzhelchik-donirashe-50-naslovi-od-polski-avtori-prevedeni-na-makedonski-jazik/ Sun, 25 Feb 2024 13:51:35 +0000 https://republika.mk/?p=748118

Во посета на Националната установа библиотека „Кочо Рацин“ – Тетово вчера беше амбасадорот на Република Полска во Скопје, Кшиштоф Гжелчик и донираше 50 наслови од класична и современа литература од полски автори преведени на македонски јазик.

Донирањето книги од полски автори на полиците во македонските библиотеки, е со цел популаризација на полската литература меѓу македонските читатели. Координатор на проектот е сопругата на амбасадорот, Јоланта Гжелчик, информираа од библиотеката.

Носител на проектот е Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје.

The post „Полска полица“ и во тетовската библиотека: Амбасадорот Гжелчик донираше 50 наслови од полски автори преведени на македонски јазик appeared first on Република.

]]>

Во посета на Националната установа библиотека „Кочо Рацин“ – Тетово вчера беше амбасадорот на Република Полска во Скопје, Кшиштоф Гжелчик и донираше 50 наслови од класична и современа литература од полски автори преведени на македонски јазик. Донирањето книги од полски автори на полиците во македонските библиотеки, е со цел популаризација на полската литература меѓу македонските читатели. Координатор на проектот е сопругата на амбасадорот, Јоланта Гжелчик, информираа од библиотеката. Носител на проектот е Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје.

The post „Полска полица“ и во тетовската библиотека: Амбасадорот Гжелчик донираше 50 наслови од полски автори преведени на македонски јазик appeared first on Република.

]]>
Oбезбедени 60-тина наслови на Брајово писмо за децата со оштетен вид во Кисела Вода https://republika.mk/vesti/skopje/obezbedeni-60-tina-naslovi-na-brajovo-pismo-za-detsata-so-oshteten-vid-vo-kisela-voda/ Thu, 04 Jan 2024 14:40:32 +0000 https://republika.mk/?p=729675

Денес кога Светскиот ден на Брајовото писмо одбележува значаен 200-годишен јубилеј, за училиштето за слепи лица ДУРМДОВ „Димитар Влахов” обезбедивме нови книги напишани со Брајова азбука, кои децата ќе ги добијат веднаш по враќањето од распуст напиша градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓеивски на социјалните мрежи.

Тој посочи дека ова се прави веќе трета година по ред и со задоволство може да каже дека библиотеката е опремена со 60-тина вакви наслови. Книгите напишани со Брајово писмо се изработуваат на посебна хартија, со специјални печатачи, што ги прави исклучително скапи и тешко достапни за родителите на слепите ученици.

Достапноста на литература, за нив значи подобар образовен пат и остварување на правото за еднакви можности со сите останати граѓани. Годинава се одлучивме да им ги донираме повеќетомните изданија ,,Алиса во земјата на чудата” и ,,Петар Пан”, светски популарни книги, со што им овозможуваме исто литературно доживување како и со останатите лица кои не се соочени со предизвиците од оштетен вид“ напиша Ѓорѓиевски.

 

The post Oбезбедени 60-тина наслови на Брајово писмо за децата со оштетен вид во Кисела Вода appeared first on Република.

]]>

Денес кога Светскиот ден на Брајовото писмо одбележува значаен 200-годишен јубилеј, за училиштето за слепи лица ДУРМДОВ „Димитар Влахов” обезбедивме нови книги напишани со Брајова азбука, кои децата ќе ги добијат веднаш по враќањето од распуст напиша градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓеивски на социјалните мрежи. Тој посочи дека ова се прави веќе трета година по ред и со задоволство може да каже дека библиотеката е опремена со 60-тина вакви наслови. Книгите напишани со Брајово писмо се изработуваат на посебна хартија, со специјални печатачи, што ги прави исклучително скапи и тешко достапни за родителите на слепите ученици.
Достапноста на литература, за нив значи подобар образовен пат и остварување на правото за еднакви можности со сите останати граѓани. Годинава се одлучивме да им ги донираме повеќетомните изданија ,,Алиса во земјата на чудата” и ,,Петар Пан”, светски популарни книги, со што им овозможуваме исто литературно доживување како и со останатите лица кои не се соочени со предизвиците од оштетен вид“ напиша Ѓорѓиевски.
 

The post Oбезбедени 60-тина наслови на Брајово писмо за децата со оштетен вид во Кисела Вода appeared first on Република.

]]>
Новогодишна елка висока 12 метри направена од рачно насликани книги поставена во Лондон https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/novogodishna-elka-visoka-12-metri-napravena-od-rachno-naslikani-knigi-postavena-vo-london/ Tue, 07 Nov 2023 11:30:50 +0000 https://republika.mk/?p=699145

Почнува одбројувањето до Божиќ,  само седум недели не делат од 25 декември и ширум светот се палат светилките и се украсуваат дрвјата. Можеби не оние дома, но јавните простори секако почнуваат да изгледаат празнично.

Оваа недела, станицата Сент Панкрас, големата викторијанска зграда во централен Лондон, го отвора својот имагинативен божиќен приказ: „дрво“ високо 12 метри направено од рачно насликани книги.

@christmas.in.london A book lovers DREAM! The St Pancras Christmas tree is up and decorated with 3,800 books and also includes cubby holes to listen to audio books 🥰🎄📚✨ 📍St Pancras Train Station #christmasinlondon #stpancrasinternational #stpancrasstation #booktok #booktokuk #hatchards #londonbookshops #christmaslondon #londonchristmasdisplays #londonchristmastrees #whattodoinlondon ♬ Christmas (Baby Please Come Home) - Darlene Love

The post Новогодишна елка висока 12 метри направена од рачно насликани книги поставена во Лондон appeared first on Република.

]]>

Почнува одбројувањето до Божиќ,  само седум недели не делат од 25 декември и ширум светот се палат светилките и се украсуваат дрвјата. Можеби не оние дома, но јавните простори секако почнуваат да изгледаат празнично. Оваа недела, станицата Сент Панкрас, големата викторијанска зграда во централен Лондон, го отвора својот имагинативен божиќен приказ: „дрво“ високо 12 метри направено од рачно насликани книги.
@christmas.in.london A book lovers DREAM! The St Pancras Christmas tree is up and decorated with 3,800 books and also includes cubby holes to listen to audio books 🥰🎄📚✨ 📍St Pancras Train Station #christmasinlondon #stpancrasinternational #stpancrasstation #booktok #booktokuk #hatchards #londonbookshops #christmaslondon #londonchristmasdisplays #londonchristmastrees #whattodoinlondon ♬ Christmas (Baby Please Come Home) - Darlene Love

The post Новогодишна елка висока 12 метри направена од рачно насликани книги поставена во Лондон appeared first on Република.

]]>
Изложба на слики и книги од Паскал Гилевски во „Матица ексклузив“ https://republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-na-sliki-i-knigi-od-paskal-gilevski-vo-matitsa-ekskluziv/ Wed, 04 Oct 2023 10:56:25 +0000 https://republika.mk/?p=687811

На 05.10.2023 во 12.00 часот во мултимедијалниот културен центар Матица Ексклузив во Скопје ќе се отвори изложба на слики на академскиот сликар, писател и преведувач Паскал Гилевски, создадени во изминатите шеесет години. По овој повод ќе бидат изложени триесет негови слики и сто и педесет книги преведени на македонски јазик од унгарски, грчки и француски јазик. Изложбата ќе ја отвори Зоран Младеновски, историчар на уметноста.

Она што претставува особен, своевиден придонес  за нашата ликовна сцена, е неговиот неуморен ангажман околу организирањето на изложбите на Друштвото на ликовните уметници на Македонија, како и учеството во афирмацијата на македонската уметност на симпозиумите организирани од страна на АИКА (Меѓународно здружение на ликовни критичари), чиј секретар беше неколку години.

Своите знаења и искуства, својот начин на размислување и толкување на ликовниот феномен, Паскал Гилевски ги искажа во есеистичката книга “Толкување на уметноста“, објавена 1977 година, прво издание од таков вид кај нас, во која се обиде од различни аспекти, комплексно, да го осознае и протолкува чинот на уметничкото создавање, натамошниот независен живот и егзистенцијата на едно уметничко дело.

Во 1985 година, на годишната изложба на ДЛУМ, Паскал Гилевски ја доби најзначајната награда за сликарство „Лазар Личеноски“. За неговото творештво пишувале: Гане Тодоровски, Матеја Матевски, Анте Поповски, Луан Старова и други. Тој е добитник и на високото француско одликување „Витез на уметноста и литературата“.

The post Изложба на слики и книги од Паскал Гилевски во „Матица ексклузив“ appeared first on Република.

]]>

На 05.10.2023 во 12.00 часот во мултимедијалниот културен центар Матица Ексклузив во Скопје ќе се отвори изложба на слики на академскиот сликар, писател и преведувач Паскал Гилевски, создадени во изминатите шеесет години. По овој повод ќе бидат изложени триесет негови слики и сто и педесет книги преведени на македонски јазик од унгарски, грчки и француски јазик. Изложбата ќе ја отвори Зоран Младеновски, историчар на уметноста. Она што претставува особен, своевиден придонес  за нашата ликовна сцена, е неговиот неуморен ангажман околу организирањето на изложбите на Друштвото на ликовните уметници на Македонија, како и учеството во афирмацијата на македонската уметност на симпозиумите организирани од страна на АИКА (Меѓународно здружение на ликовни критичари), чиј секретар беше неколку години. Своите знаења и искуства, својот начин на размислување и толкување на ликовниот феномен, Паскал Гилевски ги искажа во есеистичката книга “Толкување на уметноста“, објавена 1977 година, прво издание од таков вид кај нас, во која се обиде од различни аспекти, комплексно, да го осознае и протолкува чинот на уметничкото создавање, натамошниот независен живот и егзистенцијата на едно уметничко дело. Во 1985 година, на годишната изложба на ДЛУМ, Паскал Гилевски ја доби најзначајната награда за сликарство „Лазар Личеноски“. За неговото творештво пишувале: Гане Тодоровски, Матеја Матевски, Анте Поповски, Луан Старова и други. Тој е добитник и на високото француско одликување „Витез на уметноста и литературата“.

The post Изложба на слики и книги од Паскал Гилевски во „Матица ексклузив“ appeared first on Република.

]]>
Издавачкиот центар „Три“ донира 1000 книги на македонските библиотеки https://republika.mk/vesti/kultura/izdavachkiot-tsentar-tri-donira-1000-knigi-na-makedonskite-biblioteki/ Fri, 11 Aug 2023 08:55:45 +0000 https://republika.mk/?p=671041

По повод своето 1 000 издание, одбележувајќи го овој јубилеј, Издавачкиот центар ТРИ, донираше 1 000 наслови на три библиотеки: Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Битола, „Григор Прличев“ во Охрид и „Гоце Делчев“ во Гевгелија.

Оваа донација, информираат од Издавачкиот Центар ТРИ, ќе ги збогати бибилиотеките со наслови што заслужуваат да бидат читани и ќе ја зацврсти врската меѓу книгите и читателите, со тоа што ќе им овозможат на читателите од своите градови поголема достапност до донираните наслови од домашната и светската литература.

Станува збор за книги од истакнати автори кои ја продолжуваат традицијата на македонската квалитетна книжевност, и за темелници во светската класика, како и за современи модерни дела, велат од тимот на издавачката куќа.

 

The post Издавачкиот центар „Три“ донира 1000 книги на македонските библиотеки appeared first on Република.

]]>

По повод своето 1 000 издание, одбележувајќи го овој јубилеј, Издавачкиот центар ТРИ, донираше 1 000 наслови на три библиотеки: Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Битола, „Григор Прличев“ во Охрид и „Гоце Делчев“ во Гевгелија. Оваа донација, информираат од Издавачкиот Центар ТРИ, ќе ги збогати бибилиотеките со наслови што заслужуваат да бидат читани и ќе ја зацврсти врската меѓу книгите и читателите, со тоа што ќе им овозможат на читателите од своите градови поголема достапност до донираните наслови од домашната и светската литература.
Станува збор за книги од истакнати автори кои ја продолжуваат традицијата на македонската квалитетна книжевност, и за темелници во светската класика, како и за современи модерни дела, велат од тимот на издавачката куќа.
 

The post Издавачкиот центар „Три“ донира 1000 книги на македонските библиотеки appeared first on Република.

]]>
Бил Гејтс препорачува сите да ги прочитаат овие три книги https://republika.mk/vesti/svet/bil-gejts-preporachuva-site-da-gi-prochitaat-ovie-tri-knigi/ Thu, 10 Aug 2023 18:41:49 +0000 https://republika.mk/?p=670907

Бил Гејтс е страствен љубител на книгата. Тој вели дека бројот на книги што ги прочитал надминува неколку илјади.

Колку читањето книги го смета како важен фактор за постигнување успех и напредок зборува и фактот дека тоа е услов за секој работник во неговата компанија, да прочита три книги за кои Гејтс смета дека се ненадминливи дела.

Според него, во овие книги ќе ја најдете мотивацијата и волјата да продолжите напред. Вашите поглед на светот ќе се променат од корен.

Ако Бил Гејтс ги препорача, веруваме дека навистина вреди да се одвои време за нив.

Со години велам дека книгата „Подобри ангели на нашата природа“ од Стивен Пинкер е најдобрата книга што ја прочитав во последните десет години. Ова парче го препорачувам на сите. Пинкер користи широко истражување за да потврди дека живееме во најмирољубиво време во човечката историја. Никогаш не сум видел толку јасно да објаснувања за напредокот, вели Гејтс.

Книгата „Факти: 10 причини кои објаснуваат дека имаме лоши погледи на светот – работите се многу подобри отколку што мислите“, од Андреа Ханс Рослинг е неговиот втор избор.

Оваа книга нуди радикално различно објаснување за глобалните трендови и десетте нагони што ја менуваат нашата перспектива.

Ја препорачувам оваа книга од денот кога беше објавена. Ханс ни дава радикално различно основно разбирање на вистината за светот, како животот генерално се менува на подобро и што треба да се подобри. Авторот, исто така, презентира незаборавни анегдоти од неговиот живот. Тој е еден брилијантен човек и ова е една од најдобрите книги што некогаш сум ги прочитал“, вели Гејтс.

„Сè се случува со причина“, Кејт Баулер е неговиот трет избор.

Кога на авторот на оваа книга ѝ бил дијагностициран рак на дебелото црево во фаза четири, таа се обидела да открие што довело до тоа.

Резултатот е срцепаречки, но изненадувачки забавни мемоари на вера и помирување со сопствената смртност“, објаснува Гејтс.

The post Бил Гејтс препорачува сите да ги прочитаат овие три книги appeared first on Република.

]]>

Бил Гејтс е страствен љубител на книгата. Тој вели дека бројот на книги што ги прочитал надминува неколку илјади. Колку читањето книги го смета како важен фактор за постигнување успех и напредок зборува и фактот дека тоа е услов за секој работник во неговата компанија, да прочита три книги за кои Гејтс смета дека се ненадминливи дела. Според него, во овие книги ќе ја најдете мотивацијата и волјата да продолжите напред. Вашите поглед на светот ќе се променат од корен. Ако Бил Гејтс ги препорача, веруваме дека навистина вреди да се одвои време за нив.
Со години велам дека книгата „Подобри ангели на нашата природа“ од Стивен Пинкер е најдобрата книга што ја прочитав во последните десет години. Ова парче го препорачувам на сите. Пинкер користи широко истражување за да потврди дека живееме во најмирољубиво време во човечката историја. Никогаш не сум видел толку јасно да објаснувања за напредокот, вели Гејтс.
Книгата „Факти: 10 причини кои објаснуваат дека имаме лоши погледи на светот – работите се многу подобри отколку што мислите“, од Андреа Ханс Рослинг е неговиот втор избор. Оваа книга нуди радикално различно објаснување за глобалните трендови и десетте нагони што ја менуваат нашата перспектива.
Ја препорачувам оваа книга од денот кога беше објавена. Ханс ни дава радикално различно основно разбирање на вистината за светот, како животот генерално се менува на подобро и што треба да се подобри. Авторот, исто така, презентира незаборавни анегдоти од неговиот живот. Тој е еден брилијантен човек и ова е една од најдобрите книги што некогаш сум ги прочитал“, вели Гејтс.
„Сè се случува со причина“, Кејт Баулер е неговиот трет избор. Кога на авторот на оваа книга ѝ бил дијагностициран рак на дебелото црево во фаза четири, таа се обидела да открие што довело до тоа.
Резултатот е срцепаречки, но изненадувачки забавни мемоари на вера и помирување со сопствената смртност“, објаснува Гејтс.

The post Бил Гејтс препорачува сите да ги прочитаат овие три книги appeared first on Република.

]]>
Објавена книгата „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ – разговори што Влада Урошевиќ и Владимир Јанковски ги воделе повеќе од дваесет години https://republika.mk/vesti/kultura/objavena-knigata-kabinet-na-chuda-so-zidovi-od-ogledala-razgovori-shto-vlada-uroshevik-i-vladimir-jankovski-gi-vodele-poveke-od-dvaeset-godini/ Thu, 10 Aug 2023 10:17:08 +0000 https://republika.mk/?p=670694

Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ ги содржи разговорите што Влада Урошевиќ и Владимир Јанковски ги воделе во временски опсег поголем од дваесет години. Интересно, оваа книга е точно 800-та книга во издание на издавачката куќа „Антолог.

Првиот дел од книгата, „Огледало за загатката“, опфаќа дијалози водени во 2002 и 2003 година, вториот дел претставува еден подолг разговор од 2015 година, а последниот дел, „Кабинет на чуда“, разговори од 2023 година.

На овие страници се допрени најголемиот дел од творечките преокупации на Урошевиќ, а авторот се обидува преку дијалогот за поетиката на писателот да долови и елементи од неговата личност, живот и односот кон современиците.

Во книгата Урошевиќ дава свое видување на некои од главните преокупации во сопственото творештво: првичните поттици за пишување, детството како голема тема во литературата, опседнатоста со градот, необичните простори, куќата како топос, летото и медитеранските теми, алхемијата, поетиката на надреализмот, љубовта кон сликарството и интересот за светот и животот на инсектите и, воопшто, животните, различните цивилизации и култури. Исто така, може да се прочита неговата лична перспектива за македонската книжевност од крајот на педесеттите години, а интересни се и неговите лични согледувања и мини портрети за некои од најзначајните македонски писатели кои биле негови современици, пријатели или соработници.    

 

Книгата може да се чита и како панорама на книжевните опсесии на Урошевиќ и како портрет на еден човек кој својата егзистенција нераскинливо ја преплетувал со книжевноста и, воопшто, со уметноста.

 

The post Објавена книгата „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ – разговори што Влада Урошевиќ и Владимир Јанковски ги воделе повеќе од дваесет години appeared first on Република.

]]>

Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ ги содржи разговорите што Влада Урошевиќ и Владимир Јанковски ги воделе во временски опсег поголем од дваесет години. Интересно, оваа книга е точно 800-та книга во издание на издавачката куќа „Антолог.

Првиот дел од книгата, „Огледало за загатката“, опфаќа дијалози водени во 2002 и 2003 година, вториот дел претставува еден подолг разговор од 2015 година, а последниот дел, „Кабинет на чуда“, разговори од 2023 година.

На овие страници се допрени најголемиот дел од творечките преокупации на Урошевиќ, а авторот се обидува преку дијалогот за поетиката на писателот да долови и елементи од неговата личност, живот и односот кон современиците.

Во книгата Урошевиќ дава свое видување на некои од главните преокупации во сопственото творештво: првичните поттици за пишување, детството како голема тема во литературата, опседнатоста со градот, необичните простори, куќата како топос, летото и медитеранските теми, алхемијата, поетиката на надреализмот, љубовта кон сликарството и интересот за светот и животот на инсектите и, воопшто, животните, различните цивилизации и култури. Исто така, може да се прочита неговата лична перспектива за македонската книжевност од крајот на педесеттите години, а интересни се и неговите лични согледувања и мини портрети за некои од најзначајните македонски писатели кои биле негови современици, пријатели или соработници.    

 

Книгата може да се чита и како панорама на книжевните опсесии на Урошевиќ и како портрет на еден човек кој својата егзистенција нераскинливо ја преплетувал со книжевноста и, воопшто, со уметноста.

 

The post Објавена книгата „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ – разговори што Влада Урошевиќ и Владимир Јанковски ги воделе повеќе од дваесет години appeared first on Република.

]]>
Фестивалот „300 Работи, Триста“ од 10 до 12 август во Битола, филмови, книги, изложби… https://republika.mk/vesti/kultura/festivalot-300-raboti-trista-od-10-do-12-avgust-vo-bitola-filmovi-knigi-izlozhbi/ Thu, 10 Aug 2023 07:08:26 +0000 https://republika.mk/?p=670582

Фестивалот “300 Работи, Триста“ е една од поистакнатите културни манифестации во Битола и регионот, која веќе привлекува бројни посетители и учесници. Досега, фестивалот ја имаше честа да прими повеќе од 180 уметници од различни делови на светот, меѓу кои и  Србија, Албанија, Франција, Италија, Грција, Шпанија, Чешка, Словачка, Естонија, Финска, Индија, Р. Кина, САД, Канада и други.

Оваа богата и разновидна лепеза на уметници ја чини оваа манифестација една значајна културна одредница која го збогатува културното битисување на Битола. Официјалното отварање на фестивалот ќе биде на 10 август во 20 часот со битолската премиера на филмот „Некрстени денови“ (Ballad of Piargy, 2022), дело на нашиот познат и признат режисер Иво Трајков, во киното Манаки.

На 11 август во Офицерскиот дом со почеток од 20:00 часот ќе биде промовирана Книгата – „Прирачник за сценаристот: Водич на писателот за сценарио за документарни и играни филмови“ на Игор Трајковски Фоја, рецензенти Иво Трајкв, Томаш Петрањ, Антонио Митриќески, и Сашо Кокаланов. Промотер на книгата е нашиот познат глумец Марјан Георгиевски.

Покрај промоцијата на оваа дело, ќе биде отворена и изложбата на уметнички дела со наслов: ЛИМИНАЛ, од младата и преспективна авторка, Јана Танчевска. Овој настан музички ќе биде збогатен со музички изведби на Николче Петкоски.

Затварањето на фестивалот ќе биде на 12 август со проекција на краткометражниот игран филм „Синиот час” по сценарио и во режија на Ана Јакимска во 20 часот, во просторот пред Радост. Покрај филмот ќе биде промовирана и книгата – „Колегиумски записник 010“, збирка на литературни дела, фотографии, дизајни и цртежи. Овој зборник е продолжение на низата „Колегиумски записници и тоа: 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8 и 9. Во просторот ќе има изложба на фотографии, ликовни дела, секако со посебен акцент на младата публика и дебитанските автори. Целиот настан ќе биде музички пропратен со настап во живо на Box Beater.

The post Фестивалот „300 Работи, Триста“ од 10 до 12 август во Битола, филмови, книги, изложби… appeared first on Република.

]]>

Фестивалот “300 Работи, Триста“ е една од поистакнатите културни манифестации во Битола и регионот, која веќе привлекува бројни посетители и учесници. Досега, фестивалот ја имаше честа да прими повеќе од 180 уметници од различни делови на светот, меѓу кои и  Србија, Албанија, Франција, Италија, Грција, Шпанија, Чешка, Словачка, Естонија, Финска, Индија, Р. Кина, САД, Канада и други. Оваа богата и разновидна лепеза на уметници ја чини оваа манифестација една значајна културна одредница која го збогатува културното битисување на Битола. Официјалното отварање на фестивалот ќе биде на 10 август во 20 часот со битолската премиера на филмот „Некрстени денови“ (Ballad of Piargy, 2022), дело на нашиот познат и признат режисер Иво Трајков, во киното Манаки. На 11 август во Офицерскиот дом со почеток од 20:00 часот ќе биде промовирана Книгата – „Прирачник за сценаристот: Водич на писателот за сценарио за документарни и играни филмови“ на Игор Трајковски Фоја, рецензенти Иво Трајкв, Томаш Петрањ, Антонио Митриќески, и Сашо Кокаланов. Промотер на книгата е нашиот познат глумец Марјан Георгиевски. Покрај промоцијата на оваа дело, ќе биде отворена и изложбата на уметнички дела со наслов: ЛИМИНАЛ, од младата и преспективна авторка, Јана Танчевска. Овој настан музички ќе биде збогатен со музички изведби на Николче Петкоски. Затварањето на фестивалот ќе биде на 12 август со проекција на краткометражниот игран филм „Синиот час” по сценарио и во режија на Ана Јакимска во 20 часот, во просторот пред Радост. Покрај филмот ќе биде промовирана и книгата – „Колегиумски записник 010“, збирка на литературни дела, фотографии, дизајни и цртежи. Овој зборник е продолжение на низата „Колегиумски записници и тоа: 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8 и 9. Во просторот ќе има изложба на фотографии, ликовни дела, секако со посебен акцент на младата публика и дебитанските автори. Целиот настан ќе биде музички пропратен со настап во живо на Box Beater.

The post Фестивалот „300 Работи, Триста“ од 10 до 12 август во Битола, филмови, книги, изложби… appeared first on Република.

]]>
Ако ова ви стои пред врата повикувате беда и несреќа https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/ako-ova-vi-stoi-pred-vrata-povikuvate-beda-i-nesreka/ Mon, 19 Jun 2023 12:07:31 +0000 https://republika.mk/?p=653111

Бидејќи се има позитивно дејство, одредени предмети привлекуваат беда и несреќа, а исто така и положбата на одредени работи во куќата.

Чевли пред вратата

Без разлика дали се наредени пред влезната врата или која било друга врата, овие предмети се вистински „енергетски вампири“, особено ако се валкани.

Куп стари хартии и книги

Ако ги соберете, чувајте ги на полиците. Расфрлани низ просторот, овие предмети ќе донесат лоша енергија.

Скршени садови

Скршените садови носат лоша енергија на оној што ги користи, тврдат експертите за фенг шуи. Користењето такви јадења може да влијае на кариерата или финансиите.

Место за седење или спиење под гредата

Дрвените греди се еден од омилените дизајнерски елементи кои често ги гледаме во домовите. Меѓутоа, доколку поставите кревет под овој детаљ, знајте дека отровните стрели од негативна енергија се насочени кон вас, објаснуваат експертите за фенг шуи.

Празни тегли

На сите ни се случува да исчезнат нашите залихи од најнеопходната храна, но никогаш не треба да дозволите теглите во кои чувате ориз, сол и шеќер да бидат целосно празни. Полиците со празни тегли во кујната влијаат на среќата и хармонијата во семејството.

The post Ако ова ви стои пред врата повикувате беда и несреќа appeared first on Република.

]]>

Бидејќи се има позитивно дејство, одредени предмети привлекуваат беда и несреќа, а исто така и положбата на одредени работи во куќата. Чевли пред вратата Без разлика дали се наредени пред влезната врата или која било друга врата, овие предмети се вистински „енергетски вампири“, особено ако се валкани. Куп стари хартии и книги Ако ги соберете, чувајте ги на полиците. Расфрлани низ просторот, овие предмети ќе донесат лоша енергија. Скршени садови Скршените садови носат лоша енергија на оној што ги користи, тврдат експертите за фенг шуи. Користењето такви јадења може да влијае на кариерата или финансиите. Место за седење или спиење под гредата Дрвените греди се еден од омилените дизајнерски елементи кои често ги гледаме во домовите. Меѓутоа, доколку поставите кревет под овој детаљ, знајте дека отровните стрели од негативна енергија се насочени кон вас, објаснуваат експертите за фенг шуи. Празни тегли На сите ни се случува да исчезнат нашите залихи од најнеопходната храна, но никогаш не треба да дозволите теглите во кои чувате ориз, сол и шеќер да бидат целосно празни. Полиците со празни тегли во кујната влијаат на среќата и хармонијата во семејството.

The post Ако ова ви стои пред врата повикувате беда и несреќа appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Шаќири вели дека владата нема пари за учебници, а има за тендери на братот на Груби https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-shakiri-veli-deka-vladata-nema-pari-za-uchebnitsi-a-ima-za-tenderi-na-bratot-na-grubi/ Mon, 27 Mar 2023 06:49:18 +0000 https://republika.mk/?p=624024

Изјавата на министерот за образование дека нема пари за да се испечатат сите учебници за средно образование е доказ дека за СДС и ДУИ приоритет не е образованието и учениците, туку криминалните тендери на фирми блиски до власта. Власта имаше пари да префрли над 1 милион денари на братот на Груби, а нема за учебници, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Владата има пари да плати надзор од 22 милиони евра, поскап и до 7 пати споредено со други проекти, а нема за учебници. СДС и ДУИ имаат пари за тендерите во РЕК, а немаат за учебници. Власта има пари за приоритетите на Ковачевски и Груби, но нема за учениците, се наведува во партиското соопштение.

ВМРО-ДПМНЕ посочува дека потребни се промени.

Власта не е способна да ги реализира работите заради кои всушност постои, како нормално и достапно образование, а сака по секоја цена да остане месец повеќе. Која е целта на владеењето, ако не се способни да го одржат системот, а не пак да го унапредат? Потребни се промени, велат од партијата

The post ВМРО-ДПМНЕ: Шаќири вели дека владата нема пари за учебници, а има за тендери на братот на Груби appeared first on Република.

]]>

Изјавата на министерот за образование дека нема пари за да се испечатат сите учебници за средно образование е доказ дека за СДС и ДУИ приоритет не е образованието и учениците, туку криминалните тендери на фирми блиски до власта. Власта имаше пари да префрли над 1 милион денари на братот на Груби, а нема за учебници, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Владата има пари да плати надзор од 22 милиони евра, поскап и до 7 пати споредено со други проекти, а нема за учебници. СДС и ДУИ имаат пари за тендерите во РЕК, а немаат за учебници. Власта има пари за приоритетите на Ковачевски и Груби, но нема за учениците, се наведува во партиското соопштение. ВМРО-ДПМНЕ посочува дека потребни се промени. Власта не е способна да ги реализира работите заради кои всушност постои, како нормално и достапно образование, а сака по секоја цена да остане месец повеќе. Која е целта на владеењето, ако не се способни да го одржат системот, а не пак да го унапредат? Потребни се промени, велат од партијата

The post ВМРО-ДПМНЕ: Шаќири вели дека владата нема пари за учебници, а има за тендери на братот на Груби appeared first on Република.

]]>
МОН: Новите учебници за основно образование се набавуваат и распределуваат согласно потребите на општините https://republika.mk/vesti/makedonija/mon-novite-uchebnitsi-za-osnovno-obrazovanie-se-nabavuvaat-i-raspredeluvaat-soglasno-potrebite-na-opshtinite/ Fri, 10 Feb 2023 09:04:17 +0000 https://republika.mk/?p=607249

Новите учебници за основно образование се набавуваат и распределуваат согласно искажаните потреби на општините, информираат од Министерството за образование и наука.

Министерството за образование и наука цени дека неосновано се повикуваат родителите на ученици од основните училишта во општина Тетово да потпишат петиција до МОН со која се бара обезбедување на учебници и корекција на содржински забелешки во истите најдоцна до 28 февруари. Не би сакале да веруваме дека се работи за иницијатива на политички центар и затоа со граѓаните споделуваме повеќе информации за процесот на набавка и испорака на учебници, се наведува во соопштението.

Од МОН потсетуваат дека во тек е реформа на националниот образовен систем во делот на основното образование, која подразбира етапна изработка на нови наставни планови и програми врз основа на кои се изработуваат и нови учебници.

Минатата учебна година беа опфатени прво и трето одделение, а годинава второ и четврто одделение. Учебниците кои се изработени, одобрени и набавени по сите предмети од овие одделенија, а согласно искажаните потреби на училиштата пред почетокот на учебната година, се веќе испорачани и се користат од страна на учениците. Дополнително во тек е испорака на учебници по одредени предмети, за кои постапките за одобрување завршија подоцна од предвиденото време, посочуваат од МОН.

Во другите одделенија нема нови учебници, затоа што, како што нагласуваат од МОН, реформата предвидува нивен опфат во следните учебни години.

Остануваат да важат постојните учебници, кои согласно законските прописи се користат најмногу пет години и од тие причини не се печатат нови количини по одредени предмети и тоа најчесто по ликовно, музичко и техничко образование, потенцираат од Министерството.

Според податоците, како што велат од МОН, општина Тетово оваа учебна година добила најголем тираж на учебници, споредбено со тоа што е побарано од локалната самоуправа. Поточно, од побараните 52.884 учебници, испорачани се 42.000 учебници (79,4 отсто). Претходната учебна година соодносот е 45.563 побарани и 20.440 испорачани учебници (44,8 проценти), додека во 2020-2021 година побарани се 84.575 примероци, а испорачани се 39.725 учебници (43 отсто). Најголем дел од испорачаните учебници се целосно нови, изготвени согласно новите наставни програми кои ги предвидува реформата.

Од МОН истакнуваат дека за учебната 2023/2024 ќе има нови наставни програми за трето и шесто одделение и врз основа на истите ќе се изработат и нови учебници. Постапките, како што се додаваат, се отпочнати и се очекува навремена испорака и тираж кој ќе ги задоволи потребите на сите училишта согласно бројот на ученици.

Со оглед на комплексноста на процесот на реформирање, бројни се и предизвиците, но со залагање на сите чинители, тие се надминуваат. Квалитетен систем на образование не се гради преку ноќ, ниту без совладување на проблеми. Апелираме до сите локални самоуправи, образовни установи и воопшто до граѓаните да се вклучат партнерски и да дадат свој придонес, со цел реформата успешно да биде заокружена, информираат од Министерство за образование и наука.

The post МОН: Новите учебници за основно образование се набавуваат и распределуваат согласно потребите на општините appeared first on Република.

]]>

Новите учебници за основно образование се набавуваат и распределуваат согласно искажаните потреби на општините, информираат од Министерството за образование и наука. Министерството за образование и наука цени дека неосновано се повикуваат родителите на ученици од основните училишта во општина Тетово да потпишат петиција до МОН со која се бара обезбедување на учебници и корекција на содржински забелешки во истите најдоцна до 28 февруари. Не би сакале да веруваме дека се работи за иницијатива на политички центар и затоа со граѓаните споделуваме повеќе информации за процесот на набавка и испорака на учебници, се наведува во соопштението. Од МОН потсетуваат дека во тек е реформа на националниот образовен систем во делот на основното образование, која подразбира етапна изработка на нови наставни планови и програми врз основа на кои се изработуваат и нови учебници. Минатата учебна година беа опфатени прво и трето одделение, а годинава второ и четврто одделение. Учебниците кои се изработени, одобрени и набавени по сите предмети од овие одделенија, а согласно искажаните потреби на училиштата пред почетокот на учебната година, се веќе испорачани и се користат од страна на учениците. Дополнително во тек е испорака на учебници по одредени предмети, за кои постапките за одобрување завршија подоцна од предвиденото време, посочуваат од МОН. Во другите одделенија нема нови учебници, затоа што, како што нагласуваат од МОН, реформата предвидува нивен опфат во следните учебни години. Остануваат да важат постојните учебници, кои согласно законските прописи се користат најмногу пет години и од тие причини не се печатат нови количини по одредени предмети и тоа најчесто по ликовно, музичко и техничко образование, потенцираат од Министерството. Според податоците, како што велат од МОН, општина Тетово оваа учебна година добила најголем тираж на учебници, споредбено со тоа што е побарано од локалната самоуправа. Поточно, од побараните 52.884 учебници, испорачани се 42.000 учебници (79,4 отсто). Претходната учебна година соодносот е 45.563 побарани и 20.440 испорачани учебници (44,8 проценти), додека во 2020-2021 година побарани се 84.575 примероци, а испорачани се 39.725 учебници (43 отсто). Најголем дел од испорачаните учебници се целосно нови, изготвени согласно новите наставни програми кои ги предвидува реформата. Од МОН истакнуваат дека за учебната 2023/2024 ќе има нови наставни програми за трето и шесто одделение и врз основа на истите ќе се изработат и нови учебници. Постапките, како што се додаваат, се отпочнати и се очекува навремена испорака и тираж кој ќе ги задоволи потребите на сите училишта согласно бројот на ученици. Со оглед на комплексноста на процесот на реформирање, бројни се и предизвиците, но со залагање на сите чинители, тие се надминуваат. Квалитетен систем на образование не се гради преку ноќ, ниту без совладување на проблеми. Апелираме до сите локални самоуправи, образовни установи и воопшто до граѓаните да се вклучат партнерски и да дадат свој придонес, со цел реформата успешно да биде заокружена, информираат од Министерство за образование и наука.

The post МОН: Новите учебници за основно образование се набавуваат и распределуваат согласно потребите на општините appeared first on Република.

]]>
Украина отстрани милиони книги од народните библиотеки како дел од акцијата за „дерусификација“ https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/ukraina-otstrani-milioni-knigi-od-narodnite-biblioteki-kako-del-od-aktsijata-za-derusifikatsija/ Wed, 08 Feb 2023 09:53:30 +0000 https://republika.mk/?p=606375

Украина отстрани милиони книги од народните библиотеки како дел од акцијата за „дерусификација“

Имаше насоки за повлекување на книги од автори кои ја поддржаа вооружената агресија на Русија против Украина, изјави Евгенија Кравчук, украинска пратеничка која е заменик-шеф на парламентарната Комисија за хуманитарна и информативна политика.

Има список на такви автори кои се санкционирани. Општо земено, односот на книги на украински и руски јазик во библиотеките е прилично тажен. Затоа сега зборуваме за потребата да се обноват збирките и да се купат книги на украински јазик што е можно поскоро, додаде таа.

Од ноември минатата година, 19 милиони книги се отстранети од народните библиотеки по иницијатива на Министерството за култура за повлекување на „одредени видови книги“.

Украинскиот Парламент тврди дека 44 отсто од книгите во народните библиотеки сè уште се на руски, додека останатите се на украински и на други јазици.

The post Украина отстрани милиони книги од народните библиотеки како дел од акцијата за „дерусификација“ appeared first on Република.

]]>

Украина отстрани милиони книги од народните библиотеки како дел од акцијата за „дерусификација“
Имаше насоки за повлекување на книги од автори кои ја поддржаа вооружената агресија на Русија против Украина, изјави Евгенија Кравчук, украинска пратеничка која е заменик-шеф на парламентарната Комисија за хуманитарна и информативна политика. Има список на такви автори кои се санкционирани. Општо земено, односот на книги на украински и руски јазик во библиотеките е прилично тажен. Затоа сега зборуваме за потребата да се обноват збирките и да се купат книги на украински јазик што е можно поскоро, додаде таа.
Од ноември минатата година, 19 милиони книги се отстранети од народните библиотеки по иницијатива на Министерството за култура за повлекување на „одредени видови книги“. Украинскиот Парламент тврди дека 44 отсто од книгите во народните библиотеки сè уште се на руски, додека останатите се на украински и на други јазици.

The post Украина отстрани милиони книги од народните библиотеки како дел од акцијата за „дерусификација“ appeared first on Република.

]]>
Промоција на нови книги од академик Нада Поп-Јорданова https://republika.mk/vesti/kultura/promocija-na-novi-knigi-od-akademik-nada-pop-jordanova/ Thu, 24 Nov 2022 08:54:19 +0000 https://republika.mk/?p=577635

Во мултимедијалниот културен центар Матица Ексклузив од Скопје, на 25. 11. 2022 година (петок) во 12.00 часот ќе се одржи промоција на новите книги на академик Нада Поп Јорданова „Медицината во сликарството (една слика вреди илјада зборови) и „Генијалност и/или лудило -големите композитори и нивните ментални болести“. За овие две ретки изданија ќе говорат академик Васко Ташковски и проф. д-р Јане Коџобашија.

 

Академик Нада Поп-Јорданова била редовен професор по медицина, медицинска психологија и етика, невропсихологија и развојна психологија.

Целиот работен век го поминала на Клиниката за детски болести, лекувајќи деца со разни педијатриски и психолошки проблеми.

Покрај со лекарска практика, се занимавала со едукација на студенти, постдипломци и докторанти. Последниве години, како член на  МАНУ, исклучиво се занимава со научни истражувања од областа на невронауката.

Досега објавила 20 книги на македонски јазик, неколку поглавја во странски книги на англиски јазик, како и многу статии во дневните весници.

Член е на неколку академии: Светската, Европската, Њујоршката академија за наука и уметност, а за редовен член на МАНУ избрана е во 2012 година.

The post Промоција на нови книги од академик Нада Поп-Јорданова appeared first on Република.

]]>

Во мултимедијалниот културен центар Матица Ексклузив од Скопје, на 25. 11. 2022 година (петок) во 12.00 часот ќе се одржи промоција на новите книги на академик Нада Поп Јорданова „Медицината во сликарството (една слика вреди илјада зборови) и „Генијалност и/или лудило -големите композитори и нивните ментални болести“. За овие две ретки изданија ќе говорат академик Васко Ташковски и проф. д-р Јане Коџобашија.   Академик Нада Поп-Јорданова била редовен професор по медицина, медицинска психологија и етика, невропсихологија и развојна психологија. Целиот работен век го поминала на Клиниката за детски болести, лекувајќи деца со разни педијатриски и психолошки проблеми. Покрај со лекарска практика, се занимавала со едукација на студенти, постдипломци и докторанти. Последниве години, како член на  МАНУ, исклучиво се занимава со научни истражувања од областа на невронауката. Досега објавила 20 книги на македонски јазик, неколку поглавја во странски книги на англиски јазик, како и многу статии во дневните весници. Член е на неколку академии: Светската, Европската, Њујоршката академија за наука и уметност, а за редовен член на МАНУ избрана е во 2012 година.

The post Промоција на нови книги од академик Нада Поп-Јорданова appeared first on Република.

]]>