Изјавата на министерот за образование дека нема пари за да се испечатат сите учебници за средно образование е доказ дека за СДС и ДУИ приоритет не е образованието и учениците, туку криминалните тендери на фирми блиски до власта. Власта имаше пари да префрли над 1 милион денари на братот на Груби, а нема за учебници, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Владата има пари да плати надзор од 22 милиони евра, поскап и до 7 пати споредено со други проекти, а нема за учебници. СДС и ДУИ имаат пари за тендерите во РЕК, а немаат за учебници. Власта има пари за приоритетите на Ковачевски и Груби, но нема за учениците, се наведува во партиското соопштение.

ВМРО-ДПМНЕ посочува дека потребни се промени.

Власта не е способна да ги реализира работите заради кои всушност постои, како нормално и достапно образование, а сака по секоја цена да остане месец повеќе. Која е целта на владеењето, ако не се способни да го одржат системот, а не пак да го унапредат? Потребни се промени, велат од партијата



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.