Клиника за токсикологија Archives - Република https://republika.mk/tema/klinika-za-toksikologija/ За подобро да се разбереме Fri, 12 Jul 2024 10:42:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Клиника за токсикологија Archives - Република https://republika.mk/tema/klinika-za-toksikologija/ 32 32 Тошковски: Кривична пријава против организациската директорка од Токсикологија, Бесија Иљази https://republika.mk/vesti/crna-hronika/toshkovski-krivichna-prijava-protiv-organizatsiskata-direktorka-od-toksikologija-besija-ilazi/ Fri, 12 Jul 2024 10:42:04 +0000 https://republika.mk/?p=796118

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Единица за корупција во соработка со Одделот за криминалистичка полиција, поднесе кривична пријава против Б.И. (29) од Тетово, заради постоење на основано сомнение дека сторила кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, предвидено и казниво по член 353 ст.3 и ст.1 од Кривичниот законик, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Пријавената Б.И. во својство на в.д. организациски директор на Јавна здравствена установа – Универзитетска клиника за токсикологија, пречекорувајќи ги своите службени овластувања во период од 14.02.2024 до 24.06.2024, а со намера да овозможи противправна имотна корист за 17 лица, на 15.05.2024 склучила 15 договори за дело со 15 лица кои биле работно ангажирани на Универзитетската клиника за токсикологија (и други лица без регулиран правен основ за нивно присуство на клиниката), по што, ретроактивно, за лицата наводно работно ангажирани, за месеците април и мај 2024 година издала два платни налози и извршила исплата на месечен надомест за наводниот работен ангажман во вкупен износ од 659 781 денари со вклучен персонален данок на доход.

Наведените исплати се извршени противправно, со што пријавената Б.И. ја оштетила ЈЗУ Универзитетска клиника за токсикологија за вкупен износ на извршените исплати со платен данок од 659 781 денари.

Согласно наведеното, пријавената извршила службени дејствија кои што не смеела да ги изврши, односно Б.И. сторила кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по чл.353 ст.3 вв.1 од КЗ, оштетувајќи ја Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за токсикологија за износ 659 781 денари.

The post Тошковски: Кривична пријава против организациската директорка од Токсикологија, Бесија Иљази appeared first on Република.

]]>

ДКСК: Незаконски разрешувањата на директорите на Токсикологија и Кардиохирургија https://republika.mk/zivot/zdravje/dksk-nezakonski-razreshuvanata-na-direktorite-na-toksikologija-i-kardiohirurgija/ Mon, 10 Jun 2024 11:37:08 +0000 https://republika.mk/?p=786216

Антикорупциска комисија ги прифати пријавите дека се неосновани разрешувањата на медицинскиот директор на Токсикологија и на директорот на државната Кардиохирургија од страна на министерот за здравство Илир Демири, констатирајќи дека со двете одлуки на министерот се прекршени Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси и Законот за здравствена заштита. Повреден е и Изборниот законик со оглед на тоа што во двата случаја директорите биле разрешени со решенија донесени (од 14 мај односно  27 мај) пред усвојувањето на заклучокот за завршување на изборите за пратеници во Собранието од 30 мај 2024.

ДКСК на денешната шеста седница соопшти и дека до надлежните органи ќе покрене иницијатива за одговорност на министерот за здравство.

За двете разрешувања – и за медицинскиот директор на  Токсикологија, д-р Данил Петровски, и за директорот на државната Кардиохирургија, Марјан Шокаровски, не биле почитувани процедурите за разрешување од функцијата односно требало да има предлози за разрешување од управните одбори до здравствените совети на овие установи.

Оформениот предмет по пријавата за Токсикологија го образложи Цвета Ристовска, член на ДКСК, која  посочи дека причина за разрешување на медицинскиот директор била „несовесно постапување“ и заради непродолжување на договорите на дело за 18 лица на Клиниката.

Притоа посочи дека иако на 30 април била изречена забрана на оваа ЈЗУ за пристап на лица без договори за вработување, единаесет здравствени работници продолжиле да се евидентираат во електронски систем без склучени договори.

На 23 мај при вонреден инспекциски надзор било утврдено дека се склучени договори на дело со 11 лица кои биле потпишани само од организацискиот директор, иако според Законот за здравствена заштита должноста ја извршуваат и медицинскиот и организацискиот директор.

Договорите за дело со 11-темина, како што посочи Ристовска, се склучени спротивно на член 109 став 2 од Законот за здравствена заштита, каде е наведено дека актите и финансиските документи се во заедничка надлежност на двајцата директори и тие заедно ги потпишуваат.

Од целокупната фактичка состојба, ДКСК утврди дека наводите се основани и донесе одлука која се однесува на двете состојби – дека од министерот е донесено решение за разрешување на директор кога се уште не е завршен избор за пратеници, како и дека од страна на организацискиот директор за потпишани договори со лица здравствени работници спротивно на член 109 став 2 од Законот за здравствена заштита, истакна Ристовска.

Антикорупциската комисија одлучи и дека е незаконски и неосновано разрешувањето на директорот на државната Кардиохирургија Марјан Шокаровски на 27 мај 2024, постапувајќи по пријава што до нив била поднесена ден подоцна.

Претседателката на ДКСК Татјана Димитровска соопшти дека пријавата е поднесена врз основа на повреда од Законот за спречување корупција и судир на интереси и на Изборен законик затоа што и во овој случај министерот го разрешил директорот пред 30 мај, кога е усвоен заклучокот за завршени Парламентарни избори.

Од фактичката состојба ДКДК утврди дека наводите се основани, дека со дејствијата на министерот за разрешување не се испочитувани забраните односно решението е донесено во период кога се уште не бил завршен изборот на пратеници, рече Димитровска.

И за овој предмет Антикорупциска констатира дека  постапката за разрешување не била спроведена согласно Законот за здравствена заштита бидејќи, рече таа, со здравствената установа управува Управен одбор кој доколку утврди некоја од основи за разрешување, за тоа го известува Здравствениот совет кој врз основа на тоа ја донесува иницијативата за разрешување на именуваниот пред истекот на неговиот мандат.

The post ДКСК: Незаконски разрешувањата на директорите на Токсикологија и Кардиохирургија appeared first on Република.

]]>

Антикорупциска комисија ги прифати пријавите дека се неосновани разрешувањата на медицинскиот директор на Токсикологија и на директорот на државната Кардиохирургија од страна на министерот за здравство Илир Демири, констатирајќи дека со двете одлуки на министерот се прекршени Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси и Законот за здравствена заштита. Повреден е и Изборниот законик со оглед на тоа што во двата случаја директорите биле разрешени со решенија донесени (од 14 мај односно  27 мај) пред усвојувањето на заклучокот за завршување на изборите за пратеници во Собранието од 30 мај 2024.
ДКСК на денешната шеста седница соопшти и дека до надлежните органи ќе покрене иницијатива за одговорност на министерот за здравство.
За двете разрешувања – и за медицинскиот директор на  Токсикологија, д-р Данил Петровски, и за директорот на државната Кардиохирургија, Марјан Шокаровски, не биле почитувани процедурите за разрешување од функцијата односно требало да има предлози за разрешување од управните одбори до здравствените совети на овие установи. Оформениот предмет по пријавата за Токсикологија го образложи Цвета Ристовска, член на ДКСК, која  посочи дека причина за разрешување на медицинскиот директор била „несовесно постапување“ и заради непродолжување на договорите на дело за 18 лица на Клиниката. Притоа посочи дека иако на 30 април била изречена забрана на оваа ЈЗУ за пристап на лица без договори за вработување, единаесет здравствени работници продолжиле да се евидентираат во електронски систем без склучени договори. На 23 мај при вонреден инспекциски надзор било утврдено дека се склучени договори на дело со 11 лица кои биле потпишани само од организацискиот директор, иако според Законот за здравствена заштита должноста ја извршуваат и медицинскиот и организацискиот директор. Договорите за дело со 11-темина, како што посочи Ристовска, се склучени спротивно на член 109 став 2 од Законот за здравствена заштита, каде е наведено дека актите и финансиските документи се во заедничка надлежност на двајцата директори и тие заедно ги потпишуваат.
Од целокупната фактичка состојба, ДКСК утврди дека наводите се основани и донесе одлука која се однесува на двете состојби – дека од министерот е донесено решение за разрешување на директор кога се уште не е завршен избор за пратеници, како и дека од страна на организацискиот директор за потпишани договори со лица здравствени работници спротивно на член 109 став 2 од Законот за здравствена заштита, истакна Ристовска.
Антикорупциската комисија одлучи и дека е незаконски и неосновано разрешувањето на директорот на државната Кардиохирургија Марјан Шокаровски на 27 мај 2024, постапувајќи по пријава што до нив била поднесена ден подоцна. Претседателката на ДКСК Татјана Димитровска соопшти дека пријавата е поднесена врз основа на повреда од Законот за спречување корупција и судир на интереси и на Изборен законик затоа што и во овој случај министерот го разрешил директорот пред 30 мај, кога е усвоен заклучокот за завршени Парламентарни избори.
Од фактичката состојба ДКДК утврди дека наводите се основани, дека со дејствијата на министерот за разрешување не се испочитувани забраните односно решението е донесено во период кога се уште не бил завршен изборот на пратеници, рече Димитровска.
И за овој предмет Антикорупциска констатира дека  постапката за разрешување не била спроведена согласно Законот за здравствена заштита бидејќи, рече таа, со здравствената установа управува Управен одбор кој доколку утврди некоја од основи за разрешување, за тоа го известува Здравствениот совет кој врз основа на тоа ја донесува иницијативата за разрешување на именуваниот пред истекот на неговиот мандат.

The post ДКСК: Незаконски разрешувањата на директорите на Токсикологија и Кардиохирургија appeared first on Република.

]]>
Ако излезе ѓубрето наталожено по другите Клиники, Токсикологија ќе ви личи на оаза https://republika.mk/vesti/makedonija/ako-izleze-gubreto-natalozheno-po-drugite-kliniki-toksikologija-ke-vi-lichi-na-oaza/ Wed, 05 Jun 2024 10:21:30 +0000 https://republika.mk/?p=784910

Доктор Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија повика итно Клиничкиот центар да му се врати на вработените и на пациентите, а политиката да си ги тргне рацете на страна.

Трагично е и искрено премногу ме боли што УК Токсикологија секојдневно ги пополнува вестите на сите телевизии, но ако излезе на виделина "ѓубрето наталожено по другите Клиники", УК токсикологија ќе Ви личи на "еколошка оаза".
Затоа ВЕДНАШ споите го Клинички Центар во една нормална целина и вратете ги Клиниките на вработените и пациентите, а не на политичарите.
УТРЕ ЌЕ БИДЕ ПРЕДОЦНА!!!, вели Беќаровски/

The post Ако излезе ѓубрето наталожено по другите Клиники, Токсикологија ќе ви личи на оаза appeared first on Република.

]]>

Доктор Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија повика итно Клиничкиот центар да му се врати на вработените и на пациентите, а политиката да си ги тргне рацете на страна.
Трагично е и искрено премногу ме боли што УК Токсикологија секојдневно ги пополнува вестите на сите телевизии, но ако излезе на виделина "ѓубрето наталожено по другите Клиники", УК токсикологија ќе Ви личи на "еколошка оаза". Затоа ВЕДНАШ споите го Клинички Центар во една нормална целина и вратете ги Клиниките на вработените и пациентите, а не на политичарите. УТРЕ ЌЕ БИДЕ ПРЕДОЦНА!!!, вели Беќаровски/

The post Ако излезе ѓубрето наталожено по другите Клиники, Токсикологија ќе ви личи на оаза appeared first on Република.

]]>
Се подготвува тужба за мобингот кој се врши врз вработените на Токсикологија https://republika.mk/vesti/makedonija/se-podgotvuva-tuzhba-za-mobingot-koj-se-vrshi-vrz-vrabotenite-na-toksikologija/ Mon, 27 May 2024 08:57:26 +0000 https://republika.mk/?p=781975

Внимателно ја следиме состојбата на Клиниката за токсикологија, од каде ни пристигнуваат информации од неколку здравствени работници дека до нив се упатувани закани за откази, притисоци и елементи на класичен мобинг, велат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

Професионалните и чесни здравствени работници да бидат спокојни, ВМРО-ДПМНЕ многу скоро од денес ќе ги исправи овие неправди кон медицинските сестри и другиот кадар на Клиниката за токсикологија кој се соочува со елементи на мобинг. Во моментов, правен тим ги разгледува поплаките од здравствените работници кои пристигнаа до е-маилот на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ([email protected]) и се газгледува можноста за групна тужба за мобинг за чинителите. Ќе ставиме крај на дуализмот и самоволието со владеењето на клиниките, а со тоа и деградирањето на медицинскиот персонал. Апелираме дека сите вклучени во овие активности, ќе сносат одговорност, порачуваат од Комисијата.

The post Се подготвува тужба за мобингот кој се врши врз вработените на Токсикологија appeared first on Република.

Договорите за вработување на Токсикологија се невалидни, бидејќи се потпишани само од еден директор https://republika.mk/zivot/zdravje/dogovorite-za-vrabotuvane-na-toksikologija-se-nevalidni-bidejki-se-potpishani-samo-od-eden-direktor/ Wed, 22 May 2024 13:04:06 +0000 https://republika.mk/?p=780861

Државниот санитарен и здравствен испекторат извршил контрола на Клиниката за токсикологија во однос на договорите за работа при што констатирал дека договорите се со потпис од само еден директор.

Согласно законските одредби во однос на потпишувањето на акти, медицинскиот и организацискиот директор имаат заедничка надлежност и кај потпишувањето на договорите за вработување, отказни решенија, јавни набавки итн. Доколку овие акти се потпишани само од еден директор, согласно закон за здравствена заштита се сметаат за непотпишани, но, законодавецот не предвидел глоба по ова прашање – изјави денеска директорката на ДСЗИ Рената Младеновска.

Таа најави дека за ова ќе го информираат министерот за здравство кој треба да одлучи понатаму во однос на валидноста на договорите за работа.

Организациската директорка на Клиниката за токсикологија, Бесија Иљази во изјава за албански медиуми вчера кажа дека Клиниката има потреба од 18-те вработувања што предизвикаа превривања во јавноста.

Иљази увидела дека имаат потреба и затоа инсистирала да се направат договорите. Според неа, лицата работеле постојано и повеќе отколку што требало, дежурале, нешто што не било дозволено без договор.

Иљази вели дека се обидува максимално да го реши овој проблем.

Испратив барање до Министерството за здравство на 28 февруари, кое беше прифатено. Исто така и до Министерството за финансии. Добивме дозвола од Министерството за здравство дека слободно може да се направат договорите, вели Иљази.

Во изминатиот месец почнаа скандалите на Клиниката за токсикологија. Прво вработените преку писмо до медиумите, а потоа и на прес-конфренција укажаа дека директорка Иљази не зборува со нив на македонски јазик, не може да се разберат со неа и не дозволува да се вработат двајца дипломирани биолози и еден болничар, а е упорна да се вработат 18 лица на кои им истекоа договорите за дело на 31 декември 2023.

Министерот за здравство пред изборите најави, а одма после изборите го разреши медицинскиот директор Данил Петровски, а за организациската директорка Илјази рече дека ќе директорува сѐ додека не го прекрши законот.

The post Договорите за вработување на Токсикологија се невалидни, бидејќи се потпишани само од еден директор appeared first on Република.

]]>

Државниот санитарен и здравствен испекторат извршил контрола на Клиниката за токсикологија во однос на договорите за работа при што констатирал дека договорите се со потпис од само еден директор.
Согласно законските одредби во однос на потпишувањето на акти, медицинскиот и организацискиот директор имаат заедничка надлежност и кај потпишувањето на договорите за вработување, отказни решенија, јавни набавки итн. Доколку овие акти се потпишани само од еден директор, согласно закон за здравствена заштита се сметаат за непотпишани, но, законодавецот не предвидел глоба по ова прашање – изјави денеска директорката на ДСЗИ Рената Младеновска.
Таа најави дека за ова ќе го информираат министерот за здравство кој треба да одлучи понатаму во однос на валидноста на договорите за работа. Организациската директорка на Клиниката за токсикологија, Бесија Иљази во изјава за албански медиуми вчера кажа дека Клиниката има потреба од 18-те вработувања што предизвикаа превривања во јавноста. Иљази увидела дека имаат потреба и затоа инсистирала да се направат договорите. Според неа, лицата работеле постојано и повеќе отколку што требало, дежурале, нешто што не било дозволено без договор. Иљази вели дека се обидува максимално да го реши овој проблем.
Испратив барање до Министерството за здравство на 28 февруари, кое беше прифатено. Исто така и до Министерството за финансии. Добивме дозвола од Министерството за здравство дека слободно може да се направат договорите, вели Иљази.
Во изминатиот месец почнаа скандалите на Клиниката за токсикологија. Прво вработените преку писмо до медиумите, а потоа и на прес-конфренција укажаа дека директорка Иљази не зборува со нив на македонски јазик, не може да се разберат со неа и не дозволува да се вработат двајца дипломирани биолози и еден болничар, а е упорна да се вработат 18 лица на кои им истекоа договорите за дело на 31 декември 2023. Министерот за здравство пред изборите најави, а одма после изборите го разреши медицинскиот директор Данил Петровски, а за организациската директорка Илјази рече дека ќе директорува сѐ додека не го прекрши законот.

The post Договорите за вработување на Токсикологија се невалидни, бидејќи се потпишани само од еден директор appeared first on Република.

]]>
Организациската директорка на Клиниката за токсикологија која не комуницира на македонски јазик на вработените им забрани да даваат изјави на новинарите https://republika.mk/zivot/zdravje/organizatsiskata-direktorka-na-klinikata-za-toksikologija-koja-ne-komunitsira-na-makedonski-jazik-na-vrabotenite-im-zabrani-da-davaat-izjavi-na-novinarite/ Tue, 21 May 2024 11:17:53 +0000 https://republika.mk/?p=780474

Беса Илјази, организациската директорка на Клиниката за токсикологија, која не комуницира на македонски јазик, издаде наредба со која на вработените на клиниката им се забранува да даваат изјави на новинарите.

Во Наредбата, објавена на огласна табла пишува:

„Организацискиот директор донесе наредба за забрана за неовластено присуство, давање изјави за јавност преку интервјуа и свикување прес конференции. Се забранува неовластено свикување на конференции за печатени и електронски средства за информирање, давање интервјуа и слично, со што би се нанело штета на интересите и на угледот на клиниката. Средби со новинари само со претходно известување до в.д. организацискиот директор. Непочитувањето на оваа наредба подлежи на санкции“, пишува во Наредбата.

Во изминатиот месец почнаа скандалите на Клиниката за токсикологија. Прво вработените преку писмо до медиумите, а потоа и на прес-конфренција укажаа дека директорка Иљази не зборува со нив на македонски јазик, не може да се разберат со неа и не дозволува да се вработат двајца дипломирани биолози и еден болничар, а е упорна да се вработат 18 лица на кои им истекоа договорите за дело на 31 декември 2023.

Министерот за здравство пред изборите најави, а одма после изборите го разреши медицинскиот директор Данил Петровски, а за организациската директорка Илјази рече дека ќе директорува сѐ додека не го прекрши законот.

Државниот санитарен и здраввствен инспекторат (ДСЗИ) по вонредниот инспекциски надзор утврди дека 5 медицински сестри, 3 болничари, 1 лаборант и 2 биолози четири месеци незаконски работеле на Клиниката за токсикологија.

https://republika.mk/vesti/makedonija/demiri-ako-go-suspendirav-direktorot-na-toksikologija-pred-izbori-ke-go-sfatevte-toa-kako-politichka-kampana/

The post Организациската директорка на Клиниката за токсикологија која не комуницира на македонски јазик на вработените им забрани да даваат изјави на новинарите appeared first on Република.

]]>

Беса Илјази, организациската директорка на Клиниката за токсикологија, која не комуницира на македонски јазик, издаде наредба со која на вработените на клиниката им се забранува да даваат изјави на новинарите. Во Наредбата, објавена на огласна табла пишува:
„Организацискиот директор донесе наредба за забрана за неовластено присуство, давање изјави за јавност преку интервјуа и свикување прес конференции. Се забранува неовластено свикување на конференции за печатени и електронски средства за информирање, давање интервјуа и слично, со што би се нанело штета на интересите и на угледот на клиниката. Средби со новинари само со претходно известување до в.д. организацискиот директор. Непочитувањето на оваа наредба подлежи на санкции“, пишува во Наредбата.
Во изминатиот месец почнаа скандалите на Клиниката за токсикологија. Прво вработените преку писмо до медиумите, а потоа и на прес-конфренција укажаа дека директорка Иљази не зборува со нив на македонски јазик, не може да се разберат со неа и не дозволува да се вработат двајца дипломирани биолози и еден болничар, а е упорна да се вработат 18 лица на кои им истекоа договорите за дело на 31 декември 2023. Министерот за здравство пред изборите најави, а одма после изборите го разреши медицинскиот директор Данил Петровски, а за организациската директорка Илјази рече дека ќе директорува сѐ додека не го прекрши законот. Државниот санитарен и здраввствен инспекторат (ДСЗИ) по вонредниот инспекциски надзор утврди дека 5 медицински сестри, 3 болничари, 1 лаборант и 2 биолози четири месеци незаконски работеле на Клиниката за токсикологија. https://republika.mk/vesti/makedonija/demiri-ako-go-suspendirav-direktorot-na-toksikologija-pred-izbori-ke-go-sfatevte-toa-kako-politichka-kampana/

The post Организациската директорка на Клиниката за токсикологија која не комуницира на македонски јазик на вработените им забрани да даваат изјави на новинарите appeared first on Република.

]]>
Вработените во Токсикологија во одбрана на д-р Беќаровски: Никогаш не навредувал колеги Албанци https://republika.mk/zivot/zdravje/vrabotenite-vo-toksikologija-vo-odbrana-na-d-r-bekarovski-nikogash-ne-navreduval-kolegi-albantsi/ Wed, 15 May 2024 11:48:26 +0000 https://republika.mk/?p=778338

Откако Министерството за здравство на социјалните мрежи сподели документ во кој има сериозни обвинувања за доктор Нико Беќаровски дека наводно ги навредувал вработените по национална основа, се огласи прво самиот Беќаровски, а по него и колегите од Клиниката кои имаат засновано работен однос на неопределено време со потпишана изјава со која ги демантираат наводите на колегите Албанци кои имаат истечени договори и не се повеќе вработени на Клиниката.

Ние, Вработените од УК за токсикологија со редовен заснован работен однос на неопределено време во целост ги демантираме наводите изнесени со Изјава од 26.04.2024 година на групи лица без статус на вработени во клиниката, а кои се однесуваат за наводно кажани навреди против Албанци од проф д-р Нико Беќаровски.

Најостро реагираме и ги демантираме информациите изјавени во неколку медиуми од Министерство за здравство и сме должни на јавноста да појасниме дека било какви навреди или притисоци на Албанци кои претходно беа ангажирани со договор за дело од страна на проф.д-р Нико Беќаровски не се упатени.

Доктор Нико Беќаровски е врвен професиналец кој повеќе од 10 години работи ургентна медицина и спасува човечки животи без разлика на етничката припадност или припадност на политичка партии, па поврзувањето неговото име со вакви невистини за политички цели е скандалозно и некоректно и поттикнува нетрпение по национална основа“, се вели во потпишаната изјава.

https://republika.mk/vesti/makedonija/d-r-bekarovski-cheka-izvinuvane-od-ministerot-demiri-se-nadevam-deka-objavata-e-bez-vashe-znaene-i-odobrenie/

https://republika.mk/zivot/zdravje/ministerot-za-zdravstvo-go-razreshi-meditsinskiot-direktor-na-toksikologija-d-r-danil-petrovski/

The post Вработените во Токсикологија во одбрана на д-р Беќаровски: Никогаш не навредувал колеги Албанци appeared first on Република.

]]>

Откако Министерството за здравство на социјалните мрежи сподели документ во кој има сериозни обвинувања за доктор Нико Беќаровски дека наводно ги навредувал вработените по национална основа, се огласи прво самиот Беќаровски, а по него и колегите од Клиниката кои имаат засновано работен однос на неопределено време со потпишана изјава со која ги демантираат наводите на колегите Албанци кои имаат истечени договори и не се повеќе вработени на Клиниката.
Ние, Вработените од УК за токсикологија со редовен заснован работен однос на неопределено време во целост ги демантираме наводите изнесени со Изјава од 26.04.2024 година на групи лица без статус на вработени во клиниката, а кои се однесуваат за наводно кажани навреди против Албанци од проф д-р Нико Беќаровски. Најостро реагираме и ги демантираме информациите изјавени во неколку медиуми од Министерство за здравство и сме должни на јавноста да појасниме дека било какви навреди или притисоци на Албанци кои претходно беа ангажирани со договор за дело од страна на проф.д-р Нико Беќаровски не се упатени. Доктор Нико Беќаровски е врвен професиналец кој повеќе од 10 години работи ургентна медицина и спасува човечки животи без разлика на етничката припадност или припадност на политичка партии, па поврзувањето неговото име со вакви невистини за политички цели е скандалозно и некоректно и поттикнува нетрпение по национална основа“, се вели во потпишаната изјава.
https://republika.mk/vesti/makedonija/d-r-bekarovski-cheka-izvinuvane-od-ministerot-demiri-se-nadevam-deka-objavata-e-bez-vashe-znaene-i-odobrenie/ https://republika.mk/zivot/zdravje/ministerot-za-zdravstvo-go-razreshi-meditsinskiot-direktor-na-toksikologija-d-r-danil-petrovski/

The post Вработените во Токсикологија во одбрана на д-р Беќаровски: Никогаш не навредувал колеги Албанци appeared first on Република.

]]>
ДСЗИ ќе издаде решение за забрана за доаѓање на работа на Токсикологија за здравствените работници на кои им истекол договорот за работа пред пет месеци https://republika.mk/zivot/zdravje/dszi-ke-izdade-reshenie-za-zabrana-za-doagane-na-rabota-na-toksikologija-za-zdravstvenite-rabotnitsi-na-koi-im-istekol-dogovorot-za-rabota-pred-pet-mesetsi/ Thu, 02 May 2024 11:16:39 +0000 https://republika.mk/?p=773378

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ќе издаде решение со кое на здравствените работници кои немаат договор за работа на Клиниката за токсикологија ќе им биде забранет пристап на Клиниката. Ваквиот чекор на ДСЗИ следува откако менаџментот на Клиниката не постапил по издаденото решение за опомена со наложени инспекциски мерки.

Како што денеска информираше директорката на ДСЗИ Рената Младеновска менаџментот на Клиниката не постапил по мерките што ги издал ДЗСИ, освен по една точка да се свика Управниот одбор.

Прашана како е можно да се појавуваат на работа лица кои немаат договор за работа, Младеновска упати одговорот да се бара кај менаџментот на Клиниката и кај Министерството за здравство.

ДСЗИ изврши контролен инспекциски надзор на Клиниката за токсикологија по издадено решение за опомена со наложени инспекциски мерки кои истото беа должни во рок од три дена да испратат писмено известување дали е постапено по истото решение, меѓутоа такво писмено известување не добивме. Со оглед на фактот дека на самиот надзор присуствуваа двајцата директори и медицинскиот и организацискиот беше доставена документација во однос на листи од електронска евиденција на работно време и контрола на пристап во просториите од истите документи ДСЗИ го констатираше следново: По точка 1 и 2 од решението издадено за опомена не се постапува, односно здравствените работници соработници коишто немаат договор за вработување, односно договорот им истекол на 31.12.2023 година истите се евидентираат и понатаму на Клиниката за токсикологија што значи дека под точка 1 и 2 не е постапено од решението, рече Младеновска.

Доколку не се постапи и по ова решение, Младеновска рече дека следуваат парични казни за организацискиот и за медицинскиот директор, како и за самата Клиника.

Единаесет здравствени работници и соработници во решението од ДСЗИ кои биле без никаков договор за вработување, откако договорите им истекле на 31 декември лани и понатаму се евидентирале во електронскиот систем за евиденција на работното време и контрола на пристап до просториите. Со евиденцијата на присуство во просториите на јавните здравствени установи не било постапено по точка 1 од решението.

Постапено било само по точка 4 - медицинскиот директор на Клиниката побарал од претседателот на УО да свика состанок, тој ги поканил членовите и денеска била закажана седница, а според добиените информации, морало да се постапува по решението издадено од страна на ДСЗИ.

Младеновска кажа дека о организациската директорка разговарале со преведувач бидејќи таа не го користи македонскиот јазик.

Вработени од Токсикологија преку писмо до медиумите реагираа за односот на в. д. организациската директорка Бесија Иљази, која меѓудругото не потпишува клучни документи. Во писмото пишуваше дека Клиниката веќе два месеца не е осигурана иако тоа е законска обврска. На прес-конфренцијата, лекари од стручниот колегиум на Токсикологија кажаа дека Иљази не дозволува да се вработат двајца дипломирани биолози и еден болничар. Но, затоа е упорна да се вработат 18 лица на кои им се истечени договорите за дело на 31 декември 2023. Тие кажаа дека Иљази не знае македонски јазик и не може да се разберат со неа и доаѓа на работа во 10 часот, а си оди во 14,30.

По прес-конфренцијата на лекарите од стручниот колегиум на Токсикологија, средба со новинарите имаше и министерот за здравство Илир Демири кој најави дека ќе го разреши медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија д-р Данил Петровски, а за економската директорка Бесија Иљази, вели дека нема констатирано ниту едно прекршување.

Неколку дена подоцна пукна цевка од парно на Токсикологија и беа поплавени речиси сите лекарски канцеларии на вториот кат, болнички соби на првиот кат, Одделението и сметководство, ходниците на приземјето, чекалната се до амбулантата на ОРЛ и дел од подрумските простории.

https://republika.mk/zivot/zdravje/na-toksikologija-poplaveni-lekarski-kantselarii-bolnichki-sobi-smetkovodstvo-ambulanta-na-orl-shtetata-dopolnitelno-ke-se-utvrduva/

https://republika.mk/vesti/makedonija/ekonomskata-direktorka-na-toksikologija-besija-ilazi-go-zgolemi-dolgot-na-klinikata-raboti-po-4-5-chasa-ne-potpishuva-kluchni-dokumenti-i-ne-znae-makedonski/

https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-za-zdravstvo-deneska-ke-go-razreshi-meditsinskiot-direktor-na-toksikologija-d-r-petrovski-a-za-ekonomskata-direktorka-ilazi-veli-nema-nitu-edno-prekrshuvane/

The post ДСЗИ ќе издаде решение за забрана за доаѓање на работа на Токсикологија за здравствените работници на кои им истекол договорот за работа пред пет месеци appeared first on Република.

]]>

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ќе издаде решение со кое на здравствените работници кои немаат договор за работа на Клиниката за токсикологија ќе им биде забранет пристап на Клиниката. Ваквиот чекор на ДСЗИ следува откако менаџментот на Клиниката не постапил по издаденото решение за опомена со наложени инспекциски мерки. Како што денеска информираше директорката на ДСЗИ Рената Младеновска менаџментот на Клиниката не постапил по мерките што ги издал ДЗСИ, освен по една точка да се свика Управниот одбор. Прашана како е можно да се појавуваат на работа лица кои немаат договор за работа, Младеновска упати одговорот да се бара кај менаџментот на Клиниката и кај Министерството за здравство.
ДСЗИ изврши контролен инспекциски надзор на Клиниката за токсикологија по издадено решение за опомена со наложени инспекциски мерки кои истото беа должни во рок од три дена да испратат писмено известување дали е постапено по истото решение, меѓутоа такво писмено известување не добивме. Со оглед на фактот дека на самиот надзор присуствуваа двајцата директори и медицинскиот и организацискиот беше доставена документација во однос на листи од електронска евиденција на работно време и контрола на пристап во просториите од истите документи ДСЗИ го констатираше следново: По точка 1 и 2 од решението издадено за опомена не се постапува, односно здравствените работници соработници коишто немаат договор за вработување, односно договорот им истекол на 31.12.2023 година истите се евидентираат и понатаму на Клиниката за токсикологија што значи дека под точка 1 и 2 не е постапено од решението, рече Младеновска.
Доколку не се постапи и по ова решение, Младеновска рече дека следуваат парични казни за организацискиот и за медицинскиот директор, како и за самата Клиника. Единаесет здравствени работници и соработници во решението од ДСЗИ кои биле без никаков договор за вработување, откако договорите им истекле на 31 декември лани и понатаму се евидентирале во електронскиот систем за евиденција на работното време и контрола на пристап до просториите. Со евиденцијата на присуство во просториите на јавните здравствени установи не било постапено по точка 1 од решението. Постапено било само по точка 4 - медицинскиот директор на Клиниката побарал од претседателот на УО да свика состанок, тој ги поканил членовите и денеска била закажана седница, а според добиените информации, морало да се постапува по решението издадено од страна на ДСЗИ. Младеновска кажа дека о организациската директорка разговарале со преведувач бидејќи таа не го користи македонскиот јазик. Вработени од Токсикологија преку писмо до медиумите реагираа за односот на в. д. организациската директорка Бесија Иљази, која меѓудругото не потпишува клучни документи. Во писмото пишуваше дека Клиниката веќе два месеца не е осигурана иако тоа е законска обврска. На прес-конфренцијата, лекари од стручниот колегиум на Токсикологија кажаа дека Иљази не дозволува да се вработат двајца дипломирани биолози и еден болничар. Но, затоа е упорна да се вработат 18 лица на кои им се истечени договорите за дело на 31 декември 2023. Тие кажаа дека Иљази не знае македонски јазик и не може да се разберат со неа и доаѓа на работа во 10 часот, а си оди во 14,30. По прес-конфренцијата на лекарите од стручниот колегиум на Токсикологија, средба со новинарите имаше и министерот за здравство Илир Демири кој најави дека ќе го разреши медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија д-р Данил Петровски, а за економската директорка Бесија Иљази, вели дека нема констатирано ниту едно прекршување. Неколку дена подоцна пукна цевка од парно на Токсикологија и беа поплавени речиси сите лекарски канцеларии на вториот кат, болнички соби на првиот кат, Одделението и сметководство, ходниците на приземјето, чекалната се до амбулантата на ОРЛ и дел од подрумските простории. https://republika.mk/zivot/zdravje/na-toksikologija-poplaveni-lekarski-kantselarii-bolnichki-sobi-smetkovodstvo-ambulanta-na-orl-shtetata-dopolnitelno-ke-se-utvrduva/ https://republika.mk/vesti/makedonija/ekonomskata-direktorka-na-toksikologija-besija-ilazi-go-zgolemi-dolgot-na-klinikata-raboti-po-4-5-chasa-ne-potpishuva-kluchni-dokumenti-i-ne-znae-makedonski/ https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-za-zdravstvo-deneska-ke-go-razreshi-meditsinskiot-direktor-na-toksikologija-d-r-petrovski-a-za-ekonomskata-direktorka-ilazi-veli-nema-nitu-edno-prekrshuvane/

The post ДСЗИ ќе издаде решение за забрана за доаѓање на работа на Токсикологија за здравствените работници на кои им истекол договорот за работа пред пет месеци appeared first on Република.

]]>
На Токсикологија поплавени лекарски канцеларии, болнички соби, сметководство, амбуланта на ОРЛ, штетата дополнително ќе се утврдува https://republika.mk/zivot/zdravje/na-toksikologija-poplaveni-lekarski-kantselarii-bolnichki-sobi-smetkovodstvo-ambulanta-na-orl-shtetata-dopolnitelno-ke-se-utvrduva/ Fri, 26 Apr 2024 11:33:46 +0000 https://republika.mk/?p=771382

Поплавени се речиси сите лекарски канцеларии на вториот кат, болнички соби на првиот кат, Одделението и сметководство, ходниците на приземјето, чекалната се до амбулантата на ОРЛ и дел од подрумските простории. Штетата дополнително ќе се утврдува, информира денеска медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, Данил Петровски, по поплавата што се случила синоќа.

Тој истакна дека поплавата се случила ноќеска во еден часот по полноќ.

Пукна радијатор во една лекарска канцеларија на вториот кат на Клиниката. Дежурната екипа веднаш ја повикала техничката служба за одржување на парно, но не успеале да го допрат истекот на водата во следните четириесетина минути, додаде Петровски.

Вработени од Клиниката претходно изјавија дека ноќеска пукнала цевка од парно поради што биле поплавени простории во обектот. Според нив, повеќе од два часа биле поплавени просториите, а проблем е тоа што Клиниката не е осигурена.

Од Министерството за здравство за МИА потврдија дека ноќеска имало пукната цевка од парно и дека проблемот е веднаш саниран.

Нема штета, се е повторно вратено во функција, велат од Министерството за здравство за МИА.

Во понеделникот лекари од Клиниката алармираат дека се соочуваат со проблеми во работењето и дека главен проблем во моментот е доекипирањето на лабораторијата. Посочија дека било барано да се вработат двајца лаборанти и еден болничар, за да може да се функционира. Истакнаа дека се соочуваат со отпор и несоработка од страна на новоназначената организациска директорка која инсистирала да бидат примени сите 18 лица кои претходно биле примени со договор на дело, а на кои им истекол договорот.

Министерот за здравство Илир Демири најави дека ќе го разреши медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, Данил Петровски, а во врска со работењето на економската директорка рече дека нема констатирано ниту едно прекршување на право.

The post На Токсикологија поплавени лекарски канцеларии, болнички соби, сметководство, амбуланта на ОРЛ, штетата дополнително ќе се утврдува appeared first on Република.

]]>

Поплавени се речиси сите лекарски канцеларии на вториот кат, болнички соби на првиот кат, Одделението и сметководство, ходниците на приземјето, чекалната се до амбулантата на ОРЛ и дел од подрумските простории. Штетата дополнително ќе се утврдува, информира денеска медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, Данил Петровски, по поплавата што се случила синоќа. Тој истакна дека поплавата се случила ноќеска во еден часот по полноќ.
Пукна радијатор во една лекарска канцеларија на вториот кат на Клиниката. Дежурната екипа веднаш ја повикала техничката служба за одржување на парно, но не успеале да го допрат истекот на водата во следните четириесетина минути, додаде Петровски.
Вработени од Клиниката претходно изјавија дека ноќеска пукнала цевка од парно поради што биле поплавени простории во обектот. Според нив, повеќе од два часа биле поплавени просториите, а проблем е тоа што Клиниката не е осигурена. Од Министерството за здравство за МИА потврдија дека ноќеска имало пукната цевка од парно и дека проблемот е веднаш саниран.
Нема штета, се е повторно вратено во функција, велат од Министерството за здравство за МИА.
Во понеделникот лекари од Клиниката алармираат дека се соочуваат со проблеми во работењето и дека главен проблем во моментот е доекипирањето на лабораторијата. Посочија дека било барано да се вработат двајца лаборанти и еден болничар, за да може да се функционира. Истакнаа дека се соочуваат со отпор и несоработка од страна на новоназначената организациска директорка која инсистирала да бидат примени сите 18 лица кои претходно биле примени со договор на дело, а на кои им истекол договорот. Министерот за здравство Илир Демири најави дека ќе го разреши медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, Данил Петровски, а во врска со работењето на економската директорка рече дека нема констатирано ниту едно прекршување на право.

The post На Токсикологија поплавени лекарски канцеларии, болнички соби, сметководство, амбуланта на ОРЛ, штетата дополнително ќе се утврдува appeared first on Република.

]]>
Беќаровски си оди, вонредна инспекција покажа дека 11 лица „работеле“ без важечки договор и без соодветно образование на Токсикологија https://republika.mk/vesti/makedonija/bekarovski-si-odi-vonredna-inspektsija-pokazha-deka-11-litsa-rabotele-bez-vazhechki-dogovor-i-bez-soodvetno-obrazovanie-na-toksikologija/ Tue, 23 Apr 2024 18:35:24 +0000 https://republika.mk/?p=769782

Единаесет лица незаконски работеле со пациенти и давале здравствени услуги, иако биле без договори за ангажман, а дел од нив и без соодветно образование, покажа вонредниот инспекциски надзор на Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ) во Клиниката за токсикологија по добиената претставка од вработени.

Станува збор за пет медицински сестри, тројца болничари, двајца биолози и еден лаборант.

https://republika.mk/vesti/makedonija/demiri-vo-odbrana-na-organizatsiskata-direktorka-na-toksikologija-toj-rekol-da-ne-se-davaat-izjavi-ama-ne-kazha-dali-mozhe-izjavi-na-albanski/

Клиниката има рок од пет дена за поправање на утврдените недостатоци по што ќе следува нова контрола од ДЗСИ.

Издадено е решение за да се преземат следните мерки – здравствени услуги на Клиниката да се укажуваат од здравствени работници и соработници кои имаат важечки договори, здравствени услуги да се укажуваат од здравствени работници кои имаат соодветно образование, согласно закон. Медицинскиот и организацискиот директор да ги извршуваат непречено обврските од самостојна, а особено заедничка надлежност, изјави докторка Рената Младеновска, директорка на ДСЗИ.

Министертвото за здравство и министерот Демири засега воопшто не ги земаат предвид реакциите на поголемиот дел вработените за однесувањето на организациската директорка Бесија Иљази. Тие посочија дека ниту комуницирала бидејќи не знаела македонски, и не почитувала одлуки на стручниот колегиум. На вчерашната прес-конференција зборуваше само на албански јазик, по што новинарите од македонските медиуми ја напуштија салата.

Затоа, пак, беше најавена смена на медицинскиот директор на Токсикологија, доктор Данил Петровски, кој најверојатно ќе одговара зошто 18 лица кои оделе на работа четири месеци не добиле плата, иако ниеден од нив немал важечки договор и немало зошто да доаѓа на клиника.

https://republika.mk/vesti/makedonija/koj-shto-saka-si-pravi-lekari-od-toksikologija-alarmiraat-za-haos-na-klinikata/

По сите случувања последните месеци, познатиот доктор од Токсикологија, Нико Беќаровски, најави дека ќе ја напушти клиниката.

35 години бев најголем борец за здрав јавен здравствен сектор. Дон Кихот конечно го напушта оклопот. Време е во некоја од приватните болници да се отвори Одделение за детоксикација и клиничка токсикологија. Бројот на консументи на психоактивни супстанции секојдневно расте, напиша кратко на ФБ профилот д-р Беќаровски.

The post Беќаровски си оди, вонредна инспекција покажа дека 11 лица „работеле“ без важечки договор и без соодветно образование на Токсикологија appeared first on Република.

]]>

Единаесет лица незаконски работеле со пациенти и давале здравствени услуги, иако биле без договори за ангажман, а дел од нив и без соодветно образование, покажа вонредниот инспекциски надзор на Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ) во Клиниката за токсикологија по добиената претставка од вработени. Станува збор за пет медицински сестри, тројца болничари, двајца биолози и еден лаборант. https://republika.mk/vesti/makedonija/demiri-vo-odbrana-na-organizatsiskata-direktorka-na-toksikologija-toj-rekol-da-ne-se-davaat-izjavi-ama-ne-kazha-dali-mozhe-izjavi-na-albanski/ Клиниката има рок од пет дена за поправање на утврдените недостатоци по што ќе следува нова контрола од ДЗСИ.
Издадено е решение за да се преземат следните мерки – здравствени услуги на Клиниката да се укажуваат од здравствени работници и соработници кои имаат важечки договори, здравствени услуги да се укажуваат од здравствени работници кои имаат соодветно образование, согласно закон. Медицинскиот и организацискиот директор да ги извршуваат непречено обврските од самостојна, а особено заедничка надлежност, изјави докторка Рената Младеновска, директорка на ДСЗИ.
Министертвото за здравство и министерот Демири засега воопшто не ги земаат предвид реакциите на поголемиот дел вработените за однесувањето на организациската директорка Бесија Иљази. Тие посочија дека ниту комуницирала бидејќи не знаела македонски, и не почитувала одлуки на стручниот колегиум. На вчерашната прес-конференција зборуваше само на албански јазик, по што новинарите од македонските медиуми ја напуштија салата. Затоа, пак, беше најавена смена на медицинскиот директор на Токсикологија, доктор Данил Петровски, кој најверојатно ќе одговара зошто 18 лица кои оделе на работа четири месеци не добиле плата, иако ниеден од нив немал важечки договор и немало зошто да доаѓа на клиника. https://republika.mk/vesti/makedonija/koj-shto-saka-si-pravi-lekari-od-toksikologija-alarmiraat-za-haos-na-klinikata/ По сите случувања последните месеци, познатиот доктор од Токсикологија, Нико Беќаровски, најави дека ќе ја напушти клиниката.
35 години бев најголем борец за здрав јавен здравствен сектор. Дон Кихот конечно го напушта оклопот. Време е во некоја од приватните болници да се отвори Одделение за детоксикација и клиничка токсикологија. Бројот на консументи на психоактивни супстанции секојдневно расте, напиша кратко на ФБ профилот д-р Беќаровски.

The post Беќаровски си оди, вонредна инспекција покажа дека 11 лица „работеле“ без важечки договор и без соодветно образование на Токсикологија appeared first on Република.

]]>
Економската директорка на Клиниката за токсикологија одби да зборува на македонски јазик, новинарите ја напуштија салата https://republika.mk/vesti/makedonija/ekonomskata-direktorka-na-klinikata-za-toksikologija-odbi-da-zboruva-na-makedonki-jazik-novinarite-ja-napushtija-salata/ Mon, 22 Apr 2024 12:57:28 +0000 https://republika.mk/?p=769315

Економската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази денеска пред новинарите се обратила на албански јазик, одбивајќи да зборува на македонски јазик или пак тоа што го зборува да биде преведено.

По овој нејзин настап, новинарите Македонци демонстративно ја напуштиле салата.

За новоназначената економска директорка на Клиниката за токсикологија веќе беше објавено дека не знае македонски јазик, па кога мора да соработува со колегите има преведувачи.

Медиумите претходно објавија дека таа на работа доаѓа со својот татко кој постојано е со неа како да е нејзино обезбедување.

Инаку, Илјази не дозволува да се вработат двајца дипломирани биолози и еден болничар, а упорно турка да се вработат 18 лица на кои им истекоа договорите за дело на 31.12.2023.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ekonomskata-direktorka-na-toksikologija-besija-ilazi-go-zgolemi-dolgot-na-klinikata-raboti-po-4-5-chasa-ne-potpishuva-kluchni-dokumenti-i-ne-znae-makedonski/

The post Економската директорка на Клиниката за токсикологија одби да зборува на македонски јазик, новинарите ја напуштија салата appeared first on Република.

]]>

Економската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази денеска пред новинарите се обратила на албански јазик, одбивајќи да зборува на македонски јазик или пак тоа што го зборува да биде преведено. По овој нејзин настап, новинарите Македонци демонстративно ја напуштиле салата. За новоназначената економска директорка на Клиниката за токсикологија веќе беше објавено дека не знае македонски јазик, па кога мора да соработува со колегите има преведувачи. Медиумите претходно објавија дека таа на работа доаѓа со својот татко кој постојано е со неа како да е нејзино обезбедување. Инаку, Илјази не дозволува да се вработат двајца дипломирани биолози и еден болничар, а упорно турка да се вработат 18 лица на кои им истекоа договорите за дело на 31.12.2023. https://republika.mk/vesti/makedonija/ekonomskata-direktorka-na-toksikologija-besija-ilazi-go-zgolemi-dolgot-na-klinikata-raboti-po-4-5-chasa-ne-potpishuva-kluchni-dokumenti-i-ne-znae-makedonski/

The post Економската директорка на Клиниката за токсикологија одби да зборува на македонски јазик, новинарите ја напуштија салата appeared first on Република.

]]>
Економската директорка на Токсикологија, Бесија Иљази, го зголеми долгот на Клиниката, работи по 4,5 часа, не потпишува клучни документи и не знае македонски https://republika.mk/vesti/makedonija/ekonomskata-direktorka-na-toksikologija-besija-ilazi-go-zgolemi-dolgot-na-klinikata-raboti-po-4-5-chasa-ne-potpishuva-kluchni-dokumenti-i-ne-znae-makedonski/ Sun, 21 Apr 2024 13:26:53 +0000 https://republika.mk/?p=768881

В.Д. организациската директорка на Клиниката за токсикологија, Бесија Иљази, го зголеми долгот на инстутуцијата, не доаѓа на работа и не потпишува клучни документи, се дел од проблемите за кои преку писмо до медиумите реагираа вработени од оваа Клиника.

Иљази беше назначена на 14 февруари, на ден пред формирање техничка влада, а вработените реагираат дека била поставена иако не ги исполнува условите пропишани со закон за директори, и оттогаш се случува дезорганизација, а не организација.

Поточно, од нејзиното назначување за помалку од два месеца долгот на клиниката го зголеми за приближно два милиона денари, со дневно работно време од 4 часа и 30 минути, поточно на работа доаѓа во 10 часот, а работното време ѝ завршува во 14:30. Исто така, клиниката нема спроведено постапка за осигурување на имот, осигурување на скапата медицинска опрема и осигурување од лекарска грешка, бидејќи в. д. директорката не сака да потпише затоа што не е прифатен нејзиниот брокер за осигурување и моментално Клиниката два месеца не е осигурана иако за тоа сме со закон обврзани. Поради одбивање да потпише согласност за договор на дело за двајца дипломирани биолози, токсиколошката лабораторија веќе два месеца не врши валидација на издадените резултати“, се вели во писмото.

Минатиот месец медиумите објавија дека новоназначената економска директорка на Клиниката за токсикологија, Иљази не знае македонски јазик, па кога мора да соработува со колегите, преведувачи ѝ се двете секретарки вработени во оваа клиника.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ekonomskata-direktorka-na-toksikologija-ne-znae-makedonski-na-rabota-doaga-so-tatko/

Како што неофицијално дознава „СДК.мк“ од извори на Клиниката, медицинскиот директор, д-р Данил Петровски трпи големи притисоци од министерот за здравство Илир Демири да потпише вработување на 18 лица на кои им истекле договорите на дело на 31.12.2023. Директорот одбивал да потпише, согласно насоките од Министерството за финансии, дека Македонија е во изборен период и дека треба да се почитуваат забраните утврдени во член 8-а и 8-б од Изборниот законик и член 34 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси. Сите спроведени или неспроведени активности за време на предизборниот период се одговорност на одговорните лица во соодветните институции.

The post Економската директорка на Токсикологија, Бесија Иљази, го зголеми долгот на Клиниката, работи по 4,5 часа, не потпишува клучни документи и не знае македонски appeared first on Република.

]]>

В.Д. организациската директорка на Клиниката за токсикологија, Бесија Иљази, го зголеми долгот на инстутуцијата, не доаѓа на работа и не потпишува клучни документи, се дел од проблемите за кои преку писмо до медиумите реагираа вработени од оваа Клиника. Иљази беше назначена на 14 февруари, на ден пред формирање техничка влада, а вработените реагираат дека била поставена иако не ги исполнува условите пропишани со закон за директори, и оттогаш се случува дезорганизација, а не организација.
Поточно, од нејзиното назначување за помалку од два месеца долгот на клиниката го зголеми за приближно два милиона денари, со дневно работно време од 4 часа и 30 минути, поточно на работа доаѓа во 10 часот, а работното време ѝ завршува во 14:30. Исто така, клиниката нема спроведено постапка за осигурување на имот, осигурување на скапата медицинска опрема и осигурување од лекарска грешка, бидејќи в. д. директорката не сака да потпише затоа што не е прифатен нејзиниот брокер за осигурување и моментално Клиниката два месеца не е осигурана иако за тоа сме со закон обврзани. Поради одбивање да потпише согласност за договор на дело за двајца дипломирани биолози, токсиколошката лабораторија веќе два месеца не врши валидација на издадените резултати“, се вели во писмото.
Минатиот месец медиумите објавија дека новоназначената економска директорка на Клиниката за токсикологија, Иљази не знае македонски јазик, па кога мора да соработува со колегите, преведувачи ѝ се двете секретарки вработени во оваа клиника. https://republika.mk/vesti/makedonija/ekonomskata-direktorka-na-toksikologija-ne-znae-makedonski-na-rabota-doaga-so-tatko/ Како што неофицијално дознава „СДК.мк“ од извори на Клиниката, медицинскиот директор, д-р Данил Петровски трпи големи притисоци од министерот за здравство Илир Демири да потпише вработување на 18 лица на кои им истекле договорите на дело на 31.12.2023. Директорот одбивал да потпише, согласно насоките од Министерството за финансии, дека Македонија е во изборен период и дека треба да се почитуваат забраните утврдени во член 8-а и 8-б од Изборниот законик и член 34 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси. Сите спроведени или неспроведени активности за време на предизборниот период се одговорност на одговорните лица во соодветните институции.

The post Економската директорка на Токсикологија, Бесија Иљази, го зголеми долгот на Клиниката, работи по 4,5 часа, не потпишува клучни документи и не знае македонски appeared first on Република.

]]>
Со поставување на некомпетентни кадри, СДС и ДУИ го вратија терциерното здравство назад за неколку децении, реагираат од ВМРО ДПМНЕ https://republika.mk/vesti/makedonija/so-postavuvane-na-nekompetentni-kadri-sds-i-dui-go-vratija-tertsiernoto-zdravstvo-nazad-za-nekolku-detsenii-reagiraat-od-vmro-dpmne/ Tue, 24 Oct 2023 11:35:17 +0000 https://republika.mk/?p=694520

Клиниката за токсикологија е пример за непочитување на стандардите со раководењето на универзитетските клиники. Тоа е резултат на меѓупартиски пазар направен на шверцерски начин, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Компетентноста на директорот Генц Селмани кој е специјалист од областа на семејна медицина се доведува во прашање и здравствените работници кои се професионалци со право прашуваат како доктор по семејна медицина води Клиника која претставува највисоко ниво здравствена заштита. Ова е особено актуелно поради неодамнешниот случај на затруени пациенти со пестициди кои треба да се лечат на Клиниката за токсикологија.

Го потсетуваме Селмани на неговата изјава „ќе си покаже времето дали сум или не компетентен“ кој нема преземено ниту една активност за подобрување на состојбата на Клиниката, а здравствен персонал продолжува да заминува.

На УК за токсикологија, пациентите и натаму не се третирани во соодветни услови и наместо во нови и натаму добиваат здравствена услуга во стар објект.

Поради ваквиот паушален и несериозен пристап како кон здравствените работници, така и кон пациентите потребно е да се преземе одговорност и истиот да ја напушти директорската позиција, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Со поставување на некомпетентни кадри, СДС и ДУИ го вратија терциерното здравство назад за неколку децении, реагираат од ВМРО ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

Клиниката за токсикологија е пример за непочитување на стандардите со раководењето на универзитетските клиники. Тоа е резултат на меѓупартиски пазар направен на шверцерски начин, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Компетентноста на директорот Генц Селмани кој е специјалист од областа на семејна медицина се доведува во прашање и здравствените работници кои се професионалци со право прашуваат како доктор по семејна медицина води Клиника која претставува највисоко ниво здравствена заштита. Ова е особено актуелно поради неодамнешниот случај на затруени пациенти со пестициди кои треба да се лечат на Клиниката за токсикологија.
Го потсетуваме Селмани на неговата изјава „ќе си покаже времето дали сум или не компетентен“ кој нема преземено ниту една активност за подобрување на состојбата на Клиниката, а здравствен персонал продолжува да заминува. На УК за токсикологија, пациентите и натаму не се третирани во соодветни услови и наместо во нови и натаму добиваат здравствена услуга во стар објект. Поради ваквиот паушален и несериозен пристап како кон здравствените работници, така и кон пациентите потребно е да се преземе одговорност и истиот да ја напушти директорската позиција, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
 
The post Со поставување на некомпетентни кадри, СДС и ДУИ го вратија терциерното здравство назад за неколку децении, реагираат од ВМРО ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>