Кејт Мари Брнз Archives - Република https://republika.mk/tema/kejt-mari-brnz/ За подобро да се разбереме Tue, 06 Sep 2022 17:19:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Кејт Мари Брнз Archives - Република https://republika.mk/tema/kejt-mari-brnz/ 32 32 Проштална средба на Џафери со американската амбасадорка https://republika.mk/vesti/makedonija/proshtalna-sredba-na-dzaferi-so-amerikanskata-ambasadorka/ Tue, 06 Sep 2022 18:57:21 +0000 https://republika.mk/?p=548072

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, во неговиот Кабинет ја прими на проштална средба амбасадорката на САД во Македонија, Кејт Мари Брнз.

Како што соопшти собраниската прес-служба, Џафери и се заблагодариl на амбасадорката Брнз за нејзината значајна улога во унапредувањето на политичките процеси во земјата, како и за силната поддршка на процесот на интеграција во НАТО и ЕУ во текот на нејзиниот мандат, истакнувајќи дека Македонија и САД негуваат извонредни билатерални односи.

Амбасадорката Брнз истакнала дека во текот на нејзиното извршување на функцијата беа донесени неколку клучни одлуки во земјата и се случило членството во НАТО.

Таа изразила задоволство од можноста да биде дел од прогресот на земјата во целина и на Собранието. При тоа, го оценила како мошне успешно водството на Собранието од страна на претседателот Џафери и неговите напори да го подигне значењето на Собранието како законодавна власт и да ја зацврсти неговата независност. Брнз додала дека сите се импресионирани од постигнувањата на Македонија и нејзините перформанси како членка во НАТО.

На средбата, претседателот Џафери и врачил на амбасадорката Брнз признание за нејзиниот целокупен придонес и и посака успех во нејзините идни професионални предизвици.

The post Проштална средба на Џафери со американската амбасадорка appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, во неговиот Кабинет ја прими на проштална средба амбасадорката на САД во Македонија, Кејт Мари Брнз. Како што соопшти собраниската прес-служба, Џафери и се заблагодариl на амбасадорката Брнз за нејзината значајна улога во унапредувањето на политичките процеси во земјата, како и за силната поддршка на процесот на интеграција во НАТО и ЕУ во текот на нејзиниот мандат, истакнувајќи дека Македонија и САД негуваат извонредни билатерални односи. Амбасадорката Брнз истакнала дека во текот на нејзиното извршување на функцијата беа донесени неколку клучни одлуки во земјата и се случило членството во НАТО. Таа изразила задоволство од можноста да биде дел од прогресот на земјата во целина и на Собранието. При тоа, го оценила како мошне успешно водството на Собранието од страна на претседателот Џафери и неговите напори да го подигне значењето на Собранието како законодавна власт и да ја зацврсти неговата независност. Брнз додала дека сите се импресионирани од постигнувањата на Македонија и нејзините перформанси како членка во НАТО. На средбата, претседателот Џафери и врачил на амбасадорката Брнз признание за нејзиниот целокупен придонес и и посака успех во нејзините идни професионални предизвици.

The post Проштална средба на Џафери со американската амбасадорка appeared first on Република.

]]>
Брнз: Во Македонија недостасува одговорност и транспарентност, има непотизам и институционална дисфункција https://republika.mk/vesti/makedonija/brnz-vo-makedonija-nedostasuva-odgovornost-i-transparentnost-ima-nepotizam-i-institucionalna-disfunkcija/ Tue, 30 Aug 2022 12:35:35 +0000 https://republika.mk/?p=545649

САД ве поддржуваат да продолжите со реформите дури и кога тие предизвикуваат одредени политички поделби зашто силна, демократска и инклузивна Северна :Македонија е столб за просперитетот на Западен Балкан – рече денеска американската амбасадорка Кејт Мари Брнз во обраќањето по потпишувањето на амандманот на Договорот за грант за партнерство во Министерството за финансии.

Според амбасадорката Брнз, еден од најголемите предизвици со кои се соочува Македонија е корупцијата која го поткопува доброто владеење и ја саботира економската конкурентност. Владините претставници, напомена таа, мора да одговорат на предизвиците, да ги исполнат очекувањата на јавноста и стандардите за членство во ЕУ.

– Од независноста на Македонија во 1991 година, САД ја поддржуваат вашата цел да станете  демократска земја, која се заснова на владеење на правото и на еднакви можности за сите граѓани. Знаеме дека ова ќе биде предизвик зашто недостига одговорност, транспарентност. Сето тоа има потенцијал да ја одвлече Македонија од патеката на нејзиниот напредок. Владините претставници мора да одговорат на овие предизвици, да ги исполнат очекувањата на јавноста и стандардите за членство во ЕУ – рече Брнз.

Претходно, министерот за финансии Фатмир Бесими и директорката на УСАИД во Македонија Џери Дајбл го потпишаа амандманот на Договорот за грант за партнерство за развој со што земјава доби дополнителни 10,3 милиони долари поддршка од САД за демократско општество и конкурентна економија.

Таа потсети дека половина од поддршката на УСАИД преку Договорот за грант за партнерство за развој, се фокусира на борбата против корупцијата.

– Македонија може да стане попросперитетна, доброуправувана и поотпорна држава и затоа ќе продолжиме да ја даваме нашата поддршка, со нетрпение очекувајќи да видиме на кој начин ќе се врати оваа инвестиција -, подвлече амбасадорката.

Амбасадорката Брнз нагласи дека амандманот што денеска беше потпишан отвора ново поглавје во билатералните односи меѓу двете земји.

– Надоврзувајќи се на нашиот билатерален стратешки дијалог од јуни, ова отвора ново поглавје во нашите билатерални односи и ги прецизира нашите идни области на соработка. Стратешкиот дијалог, првиот меѓу САД и Македонија, го означи првиот чекор во обновениот, зајакнатиот дијалог меѓу двајцата посветени партенри кои сега работат рамо до рамо во продлабочување на соработката. Работиме заеднички за да ги идентификуваме областите во кои е најпотребна нашата соработка. САД целосно го поддржуваат членството на Македонија во ЕУ. Овој грант дефинитивно ќе помогне да се зајакнат напорите на земјата во обликувањето на иднината на целиот Западен Балкан – истакна Брнз.

The post Брнз: Во Македонија недостасува одговорност и транспарентност, има непотизам и институционална дисфункција appeared first on Република.

]]>

САД ве поддржуваат да продолжите со реформите дури и кога тие предизвикуваат одредени политички поделби зашто силна, демократска и инклузивна Северна :Македонија е столб за просперитетот на Западен Балкан – рече денеска американската амбасадорка Кејт Мари Брнз во обраќањето по потпишувањето на амандманот на Договорот за грант за партнерство во Министерството за финансии. Според амбасадорката Брнз, еден од најголемите предизвици со кои се соочува Македонија е корупцијата која го поткопува доброто владеење и ја саботира економската конкурентност. Владините претставници, напомена таа, мора да одговорат на предизвиците, да ги исполнат очекувањата на јавноста и стандардите за членство во ЕУ.
– Од независноста на Македонија во 1991 година, САД ја поддржуваат вашата цел да станете  демократска земја, која се заснова на владеење на правото и на еднакви можности за сите граѓани. Знаеме дека ова ќе биде предизвик зашто недостига одговорност, транспарентност. Сето тоа има потенцијал да ја одвлече Македонија од патеката на нејзиниот напредок. Владините претставници мора да одговорат на овие предизвици, да ги исполнат очекувањата на јавноста и стандардите за членство во ЕУ – рече Брнз.
Претходно, министерот за финансии Фатмир Бесими и директорката на УСАИД во Македонија Џери Дајбл го потпишаа амандманот на Договорот за грант за партнерство за развој со што земјава доби дополнителни 10,3 милиони долари поддршка од САД за демократско општество и конкурентна економија. Таа потсети дека половина од поддршката на УСАИД преку Договорот за грант за партнерство за развој, се фокусира на борбата против корупцијата.
– Македонија може да стане попросперитетна, доброуправувана и поотпорна држава и затоа ќе продолжиме да ја даваме нашата поддршка, со нетрпение очекувајќи да видиме на кој начин ќе се врати оваа инвестиција -, подвлече амбасадорката.
Амбасадорката Брнз нагласи дека амандманот што денеска беше потпишан отвора ново поглавје во билатералните односи меѓу двете земји.
– Надоврзувајќи се на нашиот билатерален стратешки дијалог од јуни, ова отвора ново поглавје во нашите билатерални односи и ги прецизира нашите идни области на соработка. Стратешкиот дијалог, првиот меѓу САД и Македонија, го означи првиот чекор во обновениот, зајакнатиот дијалог меѓу двајцата посветени партенри кои сега работат рамо до рамо во продлабочување на соработката. Работиме заеднички за да ги идентификуваме областите во кои е најпотребна нашата соработка. САД целосно го поддржуваат членството на Македонија во ЕУ. Овој грант дефинитивно ќе помогне да се зајакнат напорите на земјата во обликувањето на иднината на целиот Западен Балкан – истакна Брнз.

The post Брнз: Во Македонија недостасува одговорност и транспарентност, има непотизам и институционална дисфункција appeared first on Република.

]]>
Брнз: САД ја поздравуваат дискусијата за францускиот предлог во земјава https://republika.mk/vesti/makedonija/brnz-sad-ja-pozdravuvaat-diskusijata-za-francuskiot-predlog-vo-zemjava/ Mon, 04 Jul 2022 07:00:48 +0000 https://republika.mk/?p=523377

САД ја поздравуваат дискусијата во Македонија за ревидираниот предлог за почеток на преговори, порача синоќа американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнз.

-САД ја поздравуваат дискусијата во Македонија за ревидираниот предлог на ЕУ за старт на преговорите, признавајќи ја важноста на македонскиот јазик и идентитет, порача Брнз во објавата на Фејсбук страницата на американската Амбасада.

Долго време ја поддржуваме иднината на Македонија во ЕУ и сега гледаме пат за придвижување нанапред, истакна Брнз.

The post Брнз: САД ја поздравуваат дискусијата за францускиот предлог во земјава appeared first on Република.

]]>

САД ја поздравуваат дискусијата во Македонија за ревидираниот предлог за почеток на преговори, порача синоќа американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнз.

-САД ја поздравуваат дискусијата во Македонија за ревидираниот предлог на ЕУ за старт на преговорите, признавајќи ја важноста на македонскиот јазик и идентитет, порача Брнз во објавата на Фејсбук страницата на американската Амбасада. Долго време ја поддржуваме иднината на Македонија во ЕУ и сега гледаме пат за придвижување нанапред, истакна Брнз.

The post Брнз: САД ја поздравуваат дискусијата за францускиот предлог во земјава appeared first on Република.

]]>
Герасимовски на средба со американската амбасадорка Кејт Мари Брнз https://republika.mk/vesti/skopje/gerasimovski-na-sredba-so-amerikanskata-ambasadorka-kejt-mari-brnz/ Wed, 02 Mar 2022 09:46:55 +0000 https://republika.mk/?p=466351

Продлабочување на соработката и нови заеднички локални активности со Амбасадата на САД во РСМ - ова го договоривме на вчерашната средба со амбасадорката на САД во РСМ, Н.Е. Кејт Мари Брнз, соопшти градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски на својот фејсбук профил.

Имав можност на амбасадорката лично да ѝ ги претставам моите заложби и планови за функционирање на општината, со кои значително ќе го подобриме животот на граѓаните во Општина Центар, особено во делот на екологијата и транспарентноста.

Ѝ благодарам на амбасадорката Брнз за денешната средба, која е чекор напред во продлабочување и соработката на Општина Центар со Амбасадата на САД во РСМ.

The post Герасимовски на средба со американската амбасадорка Кејт Мари Брнз appeared first on Република.