Продлабочување на соработката и нови заеднички локални активности со Амбасадата на САД во РСМ – ова го договоривме на вчерашната средба со амбасадорката на САД во РСМ, Н.Е. Кејт Мари Брнз, соопшти градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски на својот фејсбук профил.

Имав можност на амбасадорката лично да ѝ ги претставам моите заложби и планови за функционирање на општината, со кои значително ќе го подобриме животот на граѓаните во Општина Центар, особено во делот на екологијата и транспарентноста.

Ѝ благодарам на амбасадорката Брнз за денешната средба, која е чекор напред во продлабочување и соработката на Општина Центар со Амбасадата на САД во РСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.