САД ја поздравуваат дискусијата во Македонија за ревидираниот предлог за почеток на преговори, порача синоќа американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнз.

САД ја поздравуваат дискусијата во Македонија за ревидираниот предлог на ЕУ за старт на преговорите, признавајќи ја важноста на македонскиот јазик и идентитет, порача Брнз во објавата на Фејсбук страницата на американската Амбасада.

Долго време ја поддржуваме иднината на Македонија во ЕУ и сега гледаме пат за придвижување нанапред, истакна Брнз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.