јсп Скопје Archives - Република https://republika.mk/tema/jsp-skopje/ За подобро да се разбереме Tue, 29 Oct 2024 12:29:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png јсп Скопје Archives - Република https://republika.mk/tema/jsp-skopje/ 32 32 ЈСП Скопје: Нов начин на плаќање на билет преку бројот 185 и нова апликација „Skopjebus“ https://republika.mk/vesti/skopje/jsp-skopje-nov-nachin-na-plakane-na-bilet-preku-brojot-185-i-nova-aplikatsija-skopjebus/ Tue, 29 Oct 2024 12:29:34 +0000 https://republika.mk/?p=832058

Од вчера, понеделник 28.10.2024 година, стартуваше новиот начин на плаќање на билет за едно возење преку бројот 185, со СМС порака, информираат од ЈСП Скопје.

Напоменуваат дека цената на билетот не се менува, останува 40 денари со вклучен ДДВ.

Начинот за новото плаќање е следен:

  • Патникот од својот мобилен телефон врти на бројот 185 при што слуша „бип“ сигнал и говорна порака „Купивте билет за едно возење со цена 40 ден. во HH:MM“
  • При вртење на бројот 185 не е потребно телефонот да се приближува до валидаторот.
  • Наплата се врши во истиот момент кога корисникот го завртил бројот 185 и го слушнал „бип“ сигналот без разлика дали е докрај исслушана говорната порака.
  • На мобилниот телефон стигнува потврдна СМС порака во која ќе пишува „Купивте билет за едно возење со цена 40 ден. во HH:MM“ .

Доколку патникот има проблем со телефонската сметка можно е да ги добие следниве пораки:

  • Трансакцијата е неуспешна, нематедоволно средства на вашата сметка
  • Трансакцијата е неуспешна, имате активирано забрана,  јавете се кај вашиот оператор
  • Веќе купивте возен билет, обидете се подоцна
  • Трансакцијата е неуспешна поради технички причини
  • Трансакцијатае неуспешна, имате надминат лимит за користење на оваа услуга

Oд ЈСП Скопје ги информираат корисниците дека функционирањето на старата мобилна апликација „Skopska“ ќе биде прекинато и истовремено почнувајќи од 30.10.2024 година ќе биде пуштена во функција новата мобилна апликација „Skopjebus“.

Истата, може да се превземе преку мобилните апликации Play Store за корисниците на Android уред и App Store за корисниците на iPhone.

Со инсталирањето и логирањето на новата апликација сите средства кои корисникот ги поседувал досега во паричникот, автоматски ќе бидат префрлени на неговата сметка во новата апликација. Упатството за новата апликација го добивате едноставно преку скенирање на QR кодот кој можете да го најдете во сите автобуси за градски превоз, што ќе ве однесе директно до локацијата со упатствата за користење.

The post ЈСП Скопје: Нов начин на плаќање на билет преку бројот 185 и нова апликација „Skopjebus“ appeared first on Република.

]]>

Од вчера, понеделник 28.10.2024 година, стартуваше новиот начин на плаќање на билет за едно возење преку бројот 185, со СМС порака, информираат од ЈСП Скопје. Напоменуваат дека цената на билетот не се менува, останува 40 денари со вклучен ДДВ.   Начинот за новото плаќање е следен:
  • Патникот од својот мобилен телефон врти на бројот 185 при што слуша „бип“ сигнал и говорна порака „Купивте билет за едно возење со цена 40 ден. во HH:MM“
  • При вртење на бројот 185 не е потребно телефонот да се приближува до валидаторот.
  • Наплата се врши во истиот момент кога корисникот го завртил бројот 185 и го слушнал „бип“ сигналот без разлика дали е докрај исслушана говорната порака.
  • На мобилниот телефон стигнува потврдна СМС порака во која ќе пишува „Купивте билет за едно возење со цена 40 ден. во HH:MM“ .
Доколку патникот има проблем со телефонската сметка можно е да ги добие следниве пораки:
  • Трансакцијата е неуспешна, нематедоволно средства на вашата сметка
  • Трансакцијата е неуспешна, имате активирано забрана,  јавете се кај вашиот оператор
  • Веќе купивте возен билет, обидете се подоцна
  • Трансакцијата е неуспешна поради технички причини
  • Трансакцијатае неуспешна, имате надминат лимит за користење на оваа услуга
Oд ЈСП Скопје ги информираат корисниците дека функционирањето на старата мобилна апликација „Skopska“ ќе биде прекинато и истовремено почнувајќи од 30.10.2024 година ќе биде пуштена во функција новата мобилна апликација „Skopjebus“. Истата, може да се превземе преку мобилните апликации Play Store за корисниците на Android уред и App Store за корисниците на iPhone. Со инсталирањето и логирањето на новата апликација сите средства кои корисникот ги поседувал досега во паричникот, автоматски ќе бидат префрлени на неговата сметка во новата апликација. Упатството за новата апликација го добивате едноставно преку скенирање на QR кодот кој можете да го најдете во сите автобуси за градски превоз, што ќе ве однесе директно до локацијата со упатствата за користење.

The post ЈСП Скопје: Нов начин на плаќање на билет преку бројот 185 и нова апликација „Skopjebus“ appeared first on Република.

]]>
Ревизијата потврди дека ЈСП „Скопје“ не е во состојба да обезбеди квалитетни и навремени услуги, ќе ги послушаат ли препораките? https://republika.mk/vesti/skopje/revizijata-potvrdi-deka-jsp-skopje-ne-e-vo-sostojba-da-obezbedi-kvalitetni-i-navremeni-uslugi-ke-gi-poslushaat-li-preporakite/ Tue, 29 Oct 2024 08:54:43 +0000 https://republika.mk/?p=831922

Државниот завод за ревизија го објави извештајот за извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Јавното сообраќајно претпријатие „СКОПЈЕ ‘‘ Скопје, за 2023 година, во кој даваат неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи на ЈСП и се заклучува дека јавното претпријатие не е во состојба да обезбеди квалитетни и навремени услуги на граѓаните на град Скопје.

Констатирани се состојби, неправилности и неусогласености во работењето на ЈСП и поради нивното значење изразивме неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2023 година и за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставени политики. Со ревизијата е утврдено дека Владата нема донесено одлуки за одобрување на средства од буџетот на Министерството за образование и наука (МОН) за покривање на трошоците за бесплатен градски превоз на редовните студенти на државните универзитети за учебните години 2022/2023 и 2023/2024. Поради тоа, во буџетот на МОН не се предвидени средства за оваа намена, додека јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ продолжува да ја исполнува својата законска обврска за бесплатен јавен превоз, но безнадомест. Недостигот на средства од МОН влијае на континуитетот на услугата, се посочува во Извештајот.

Во однос на плаќањето на надоместокот за извршениот превоз, ЈСП „Скопје“, се додава, во континуитет не ја исполнува обврската за исплата на аконтативната/конечната пресметка за претходниот месец, 15 дена по приемот на фактурата. Заклучно со 31.12.2023 година, претпријатието има неподмирени обврски кон овластените превозници во вкупен износ од 93.254 илјади денари, што може да создаде дополнителни потешкотии во понатамошното работење на правните субјекти ангажирани во јавниот превоз. Поради ненавремено плаќање, превозниците работат со намален капацитет и не можат да обезбедат превоз на линијата во договорениот обем, што значи дека не го задоволуваат потребниот капацитет од најмалку 80 отсто во текот на месецот.

Поради ненавремено плаќање на фактурите за секоја испорака на гориво, понатаму се наведува, склучена е неповолна спогодба за плаќање на долгот на рати, во која е предвидено пресметување на казнена камата што е 50 проценти повисока од стапката на законската казнена камата. Оваа одредбане е предвидена во договорот за јавна набавка. Во текот на ревизијата, по барање на ЈСП „Скопје“, доверителот има доставено одобрение за намалување на пресметаната камата за 50 проценти, што изнесува 12.583 илјади денари.

Во 2021 година, ЈСП „СКОПЈЕ“ има склучено договор и анекс за обезбедување комуникациска инфраструктура и Е-Cloud платформа за системот на јавен градски транспорт, вреден 142.466 илјади денари, односно 2.316.520 евра. Со ревизијата констатирани биле значителни слабости во исполнувањето на обврските.

Имено, во првиот член на договорот, обврската за целосно и постојано функционирање на системот не е исполнета, што резултира со губење на сигналот и проблеми во следењето на возилата. Дополнително, функционалната надградба, вклучително и воведувањето на електронски билети и апликации за паметни телефони, не е реализирана во рок, што предизвикувала поплаки од патници за повеќекратна наплата на билети. И покрај неисполнувањето наобврските од страна на економскиот оператор, ЈСП„СКОПЈЕ“ не преземало мерки за активирање на банкарската гаранција и не ја искористило можноста за наплата на казни. Како резултат на ваквата состојба, претпријатието има претрпено финансиски загуби и платено фактури во износ од 30.854 илјади денари за нецелосно извршени услуги, без да добие соодветна вредност за вложените средства, стои во Ревизорскиот извештај.

Во 2013 година, посочуваат од ДЗР, Владата со одлука го доделува објектот „Милениумски крст“ на Град Скопје за трајно користење без надомест. Иако Советот на Град Скопје не е сопственик на објектот, донесува одлука за давање на трајно користење на ЈСП „СКОПЈЕ“, што не е во согласност со законските одредби од Законот за локаланата самоуправа и Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и ствари во општинска сопственост. Според договорот, ЈСП „СКОПЈЕ“ се обврзува да го финансира и одржува објектот, како и да го промовира како значајно туристичко место на градот. Во 2014 година, бидејќи објектот е во фаза на градба, ЈСП има потпишано договор за адаптација со вредност од 69.698 илјади денари по принципот „клуч во раце“. Но, поради непредвидени работи, биле склучени: договор за надворешни скали за објектот во вредност од 1.741 илјади денари, два анекси за продолжување на рокот на изведба, рок кој е истечен заклучно со месец јули 2018 година и анекс за непредвидени работи во вкупна вредност од 2.598 илјади денари. Со ревизијата констатирано е дека од 2018 до 2024 година објектот нема технички прием и не е пуштен во употреба, иако дел од него се користи, што доведува до руинирање на објектот и ја загрозува неговата наменска употреба.

Евидентирањето на материјалните средства не се врши врз основа на објективната вредност на земјиштето и зградите по нивна пазарна вредност утврдена со проценка од страна на професионално квалификувани проценители, а не запишувањето на правото на сопственост на
градежните објекти и не обезбедувањето потврда на правото на сопственост на јавното претпријатие врз истите влијае на реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2023 година и имотот со кој располага претпријатието.

Во насока на обврската за заштита и унапредување на добрата од општ интерес и деловната политика на јавното претпријатие, ревизорите констатирале дека во текот на 2023 година, извршен е отпис на обврски постари од три години во износ од 2.788 илјади денари, за кои не е
донесена посебна одлука за отпис од страна на УО. Констатирани се неправилности во начинот на утврдување и пресметка на бруто платата на вработените поради неправилна примена на законските прописи и колективниот договор со кои се регулира начинот на пресметка и исплата на плата и надоместоци на плата.

Поради необезбедена согласност на Годишните планови за вработување на ЈСП „СКОПЈЕ“ од страна на Советот на Град Скопје, потребата од човечки ресурси, јавното претпријатие ја обезбедува со ангажирање на 221 лице даватели на услуги/возачи кои треба да ја вршат
основната дејност, во континуитет и за период подолг од две години, за кои во 2023 година се евидентирани расходи во износ од 81.805 илјади денари. Ваквата состојба укажува на намалена транспарентност при вработувањето, субјективност во изборот на лица и повластена положба во постапката на нивно ангажирање, како и непостојаност на кадарот кој треба да ги извршува редовните работни задачи во претпријатието.

Со увид во начинот и постапката на остварување на приходите по основ на давање на користење на земјиште, деловен простор и урбана опрема со кои располага ЈСП „СКОПЈЕ“, ревизијата утврди нетранспарентност во постапките при давање во закуп на недвижните ствари, што влијае на помалку остварени приходи по овој основ. Договорите за изнајмување се склучени без: обезбедена согласност од страна на Советот на Град Скопје, спроведена постапка за електронско јавно наддавање, објaвен јавен повик, формирана комисија и извршена проценка за утврдување на почетната цена за јавно наддавање, се констатира во узвештајот.

Иако финансиските показателите на ЈСП Турс „СКОПЈЕ“, укажуваат на постоење на материјална неизвесност за способноста на друштвото да продолжи со рентабилно работење во континуитет, ЈСП „СКОПЈЕ“ како основач на ЈСП Турс „СКОПЈЕ“, во континуитет преку позајмици ги покрива редовните трошоци од неговото работење, но истите не се вратени, така што на крајот на 2023 година, по овој основ има искажано побарувања од 21.731 илјади денари.

Остварениот коефициент помеѓу трошокот и приходот по километар за неколку години наназад (графикон бр.2) покажува однос 2:1, односно на 2 денари остварен трошок по километар се остварува 1 денар приход (од превоз) по километар, што има големо влијание на солвентноста и ликвидноста на претпријатието.

Во 2022 и 2023 година вкупните инвестиции во основни средства се движат околу 4.000 илјади денари и се однесуваат на набавка на разна опрема, но не е инвестирано во подобрување на возниот парк, што претставува основа за дејноста на претпријатието. Со состојба на 31.12.2023 година просечната старост на возниот парк изнесува 12,05 години. И покрај субвенционирањето од страна на основачот - Град Скопје во вкупен износ од 673.870 илјади денари, односно 10.957.235 евра, ЈСП„СКОПЈЕ“ не е во можност да ги постигне стратешките цели за одржлив урбан транспортен систем и развој на јавниот градски превоз во Скопје.

Ревизијата истакнува дека се потребни активности насочени кон отстранување на тешкотиите и проблемите кои подолг период се присутни во работењето на претпријатието, кон обезбедување на континуитет во функционирање на дејноста, подобрување на квалитетот и ефикасноста во извршувањето на јавниот превоз, подигање на еколошките стандарди, односно кон остварување на мисијата на претпријатието, обезбедување на квалитетни, навремени, сигурни и во континуитет услуги. За надминување на утврдените состојби дадени се препораки со цел преземање на мерки и активности од страна на надлежните институции и одговорни лица, се заклучува во Извештајот на ДЗР за ЈСП Скопје. 

The post Ревизијата потврди дека ЈСП „Скопје“ не е во состојба да обезбеди квалитетни и навремени услуги, ќе ги послушаат ли препораките? appeared first on Република.

]]>

Државниот завод за ревизија го објави извештајот за извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Јавното сообраќајно претпријатие „СКОПЈЕ ‘‘ Скопје, за 2023 година, во кој даваат неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи на ЈСП и се заклучува дека јавното претпријатие не е во состојба да обезбеди квалитетни и навремени услуги на граѓаните на град Скопје.
Констатирани се состојби, неправилности и неусогласености во работењето на ЈСП и поради нивното значење изразивме неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2023 година и за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставени политики. Со ревизијата е утврдено дека Владата нема донесено одлуки за одобрување на средства од буџетот на Министерството за образование и наука (МОН) за покривање на трошоците за бесплатен градски превоз на редовните студенти на државните универзитети за учебните години 2022/2023 и 2023/2024. Поради тоа, во буџетот на МОН не се предвидени средства за оваа намена, додека јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ продолжува да ја исполнува својата законска обврска за бесплатен јавен превоз, но безнадомест. Недостигот на средства од МОН влијае на континуитетот на услугата, се посочува во Извештајот.
Во однос на плаќањето на надоместокот за извршениот превоз, ЈСП „Скопје“, се додава, во континуитет не ја исполнува обврската за исплата на аконтативната/конечната пресметка за претходниот месец, 15 дена по приемот на фактурата. Заклучно со 31.12.2023 година, претпријатието има неподмирени обврски кон овластените превозници во вкупен износ од 93.254 илјади денари, што може да создаде дополнителни потешкотии во понатамошното работење на правните субјекти ангажирани во јавниот превоз. Поради ненавремено плаќање, превозниците работат со намален капацитет и не можат да обезбедат превоз на линијата во договорениот обем, што значи дека не го задоволуваат потребниот капацитет од најмалку 80 отсто во текот на месецот. Поради ненавремено плаќање на фактурите за секоја испорака на гориво, понатаму се наведува, склучена е неповолна спогодба за плаќање на долгот на рати, во која е предвидено пресметување на казнена камата што е 50 проценти повисока од стапката на законската казнена камата. Оваа одредбане е предвидена во договорот за јавна набавка. Во текот на ревизијата, по барање на ЈСП „Скопје“, доверителот има доставено одобрение за намалување на пресметаната камата за 50 проценти, што изнесува 12.583 илјади денари. Во 2021 година, ЈСП „СКОПЈЕ“ има склучено договор и анекс за обезбедување комуникациска инфраструктура и Е-Cloud платформа за системот на јавен градски транспорт, вреден 142.466 илјади денари, односно 2.316.520 евра. Со ревизијата констатирани биле значителни слабости во исполнувањето на обврските.
Имено, во првиот член на договорот, обврската за целосно и постојано функционирање на системот не е исполнета, што резултира со губење на сигналот и проблеми во следењето на возилата. Дополнително, функционалната надградба, вклучително и воведувањето на електронски билети и апликации за паметни телефони, не е реализирана во рок, што предизвикувала поплаки од патници за повеќекратна наплата на билети. И покрај неисполнувањето наобврските од страна на економскиот оператор, ЈСП„СКОПЈЕ“ не преземало мерки за активирање на банкарската гаранција и не ја искористило можноста за наплата на казни. Како резултат на ваквата состојба, претпријатието има претрпено финансиски загуби и платено фактури во износ од 30.854 илјади денари за нецелосно извршени услуги, без да добие соодветна вредност за вложените средства, стои во Ревизорскиот извештај.
Во 2013 година, посочуваат од ДЗР, Владата со одлука го доделува објектот „Милениумски крст“ на Град Скопје за трајно користење без надомест. Иако Советот на Град Скопје не е сопственик на објектот, донесува одлука за давање на трајно користење на ЈСП „СКОПЈЕ“, што не е во согласност со законските одредби од Законот за локаланата самоуправа и Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и ствари во општинска сопственост. Според договорот, ЈСП „СКОПЈЕ“ се обврзува да го финансира и одржува објектот, како и да го промовира како значајно туристичко место на градот. Во 2014 година, бидејќи објектот е во фаза на градба, ЈСП има потпишано договор за адаптација со вредност од 69.698 илјади денари по принципот „клуч во раце“. Но, поради непредвидени работи, биле склучени: договор за надворешни скали за објектот во вредност од 1.741 илјади денари, два анекси за продолжување на рокот на изведба, рок кој е истечен заклучно со месец јули 2018 година и анекс за непредвидени работи во вкупна вредност од 2.598 илјади денари. Со ревизијата констатирано е дека од 2018 до 2024 година објектот нема технички прием и не е пуштен во употреба, иако дел од него се користи, што доведува до руинирање на објектот и ја загрозува неговата наменска употреба. Евидентирањето на материјалните средства не се врши врз основа на објективната вредност на земјиштето и зградите по нивна пазарна вредност утврдена со проценка од страна на професионално квалификувани проценители, а не запишувањето на правото на сопственост на градежните објекти и не обезбедувањето потврда на правото на сопственост на јавното претпријатие врз истите влијае на реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2023 година и имотот со кој располага претпријатието. Во насока на обврската за заштита и унапредување на добрата од општ интерес и деловната политика на јавното претпријатие, ревизорите констатирале дека во текот на 2023 година, извршен е отпис на обврски постари од три години во износ од 2.788 илјади денари, за кои не е донесена посебна одлука за отпис од страна на УО. Констатирани се неправилности во начинот на утврдување и пресметка на бруто платата на вработените поради неправилна примена на законските прописи и колективниот договор со кои се регулира начинот на пресметка и исплата на плата и надоместоци на плата. Поради необезбедена согласност на Годишните планови за вработување на ЈСП „СКОПЈЕ“ од страна на Советот на Град Скопје, потребата од човечки ресурси, јавното претпријатие ја обезбедува со ангажирање на 221 лице даватели на услуги/возачи кои треба да ја вршат основната дејност, во континуитет и за период подолг од две години, за кои во 2023 година се евидентирани расходи во износ од 81.805 илјади денари. Ваквата состојба укажува на намалена транспарентност при вработувањето, субјективност во изборот на лица и повластена положба во постапката на нивно ангажирање, како и непостојаност на кадарот кој треба да ги извршува редовните работни задачи во претпријатието. Со увид во начинот и постапката на остварување на приходите по основ на давање на користење на земјиште, деловен простор и урбана опрема со кои располага ЈСП „СКОПЈЕ“, ревизијата утврди нетранспарентност во постапките при давање во закуп на недвижните ствари, што влијае на помалку остварени приходи по овој основ. Договорите за изнајмување се склучени без: обезбедена согласност од страна на Советот на Град Скопје, спроведена постапка за електронско јавно наддавање, објaвен јавен повик, формирана комисија и извршена проценка за утврдување на почетната цена за јавно наддавање, се констатира во узвештајот.
Иако финансиските показателите на ЈСП Турс „СКОПЈЕ“, укажуваат на постоење на материјална неизвесност за способноста на друштвото да продолжи со рентабилно работење во континуитет, ЈСП „СКОПЈЕ“ како основач на ЈСП Турс „СКОПЈЕ“, во континуитет преку позајмици ги покрива редовните трошоци од неговото работење, но истите не се вратени, така што на крајот на 2023 година, по овој основ има искажано побарувања од 21.731 илјади денари.
Остварениот коефициент помеѓу трошокот и приходот по километар за неколку години наназад (графикон бр.2) покажува однос 2:1, односно на 2 денари остварен трошок по километар се остварува 1 денар приход (од превоз) по километар, што има големо влијание на солвентноста и ликвидноста на претпријатието. Во 2022 и 2023 година вкупните инвестиции во основни средства се движат околу 4.000 илјади денари и се однесуваат на набавка на разна опрема, но не е инвестирано во подобрување на возниот парк, што претставува основа за дејноста на претпријатието. Со состојба на 31.12.2023 година просечната старост на возниот парк изнесува 12,05 години. И покрај субвенционирањето од страна на основачот - Град Скопје во вкупен износ од 673.870 илјади денари, односно 10.957.235 евра, ЈСП„СКОПЈЕ“ не е во можност да ги постигне стратешките цели за одржлив урбан транспортен систем и развој на јавниот градски превоз во Скопје.
Ревизијата истакнува дека се потребни активности насочени кон отстранување на тешкотиите и проблемите кои подолг период се присутни во работењето на претпријатието, кон обезбедување на континуитет во функционирање на дејноста, подобрување на квалитетот и ефикасноста во извршувањето на јавниот превоз, подигање на еколошките стандарди, односно кон остварување на мисијата на претпријатието, обезбедување на квалитетни, навремени, сигурни и во континуитет услуги. За надминување на утврдените состојби дадени се препораки со цел преземање на мерки и активности од страна на надлежните институции и одговорни лица, се заклучува во Извештајот на ДЗР за ЈСП Скопје. 

The post Ревизијата потврди дека ЈСП „Скопје“ не е во состојба да обезбеди квалитетни и навремени услуги, ќе ги послушаат ли препораките? appeared first on Република.

]]>
Средношколците ќе ги добијат бесплатните билети во матичните училишта https://republika.mk/vesti/skopje/srednoshkoltsite-ke-gi-dobijat-besplatnite-bileti-vo-matichnite-uchilishta/ Thu, 29 Aug 2024 12:06:26 +0000 https://republika.mk/?p=811235

Учениците од прва година средно образование кои ги исполнуваат условите за бесплатен превоз (ученици во средни училишта чиј основач е Град Скопје) билетите ќе ги добијат во матичните училишта. Всушност, сега ќе им бидат дадени времени билети, кои во меѓувреме ќе бидат заменети со „Скопска“, информираат од ЈСП Скопје.

Учениците од повисоките одделенија, во случај да имаат потреба од нова персонализирана електронска картичка „Скопска“ (поради изгубена картичка и слично), нова/дупликат можат да обезбедат во кој било центар за персонализација на ЈСП Скопје.

Притоа, неопходно е да достават потврда од училиште и да платат еднократен надомест од 200 ден за изработка на картичката.

Средношколските билети за бесплатно користење на јавен превоз, важат за сите линии (градски и приградски) во период од 05 до 24 часот, односно, единствено не важат за користење на ноќни линии.

The post Средношколците ќе ги добијат бесплатните билети во матичните училишта appeared first on Република.

]]>

Учениците од прва година средно образование кои ги исполнуваат условите за бесплатен превоз (ученици во средни училишта чиј основач е Град Скопје) билетите ќе ги добијат во матичните училишта. Всушност, сега ќе им бидат дадени времени билети, кои во меѓувреме ќе бидат заменети со „Скопска“, информираат од ЈСП Скопје. Учениците од повисоките одделенија, во случај да имаат потреба од нова персонализирана електронска картичка „Скопска“ (поради изгубена картичка и слично), нова/дупликат можат да обезбедат во кој било центар за персонализација на ЈСП Скопје. Притоа, неопходно е да достават потврда од училиште и да платат еднократен надомест од 200 ден за изработка на картичката. Средношколските билети за бесплатно користење на јавен превоз, важат за сите линии (градски и приградски) во период од 05 до 24 часот, односно, единствено не важат за користење на ноќни линии.

The post Средношколците ќе ги добијат бесплатните билети во матичните училишта appeared first on Република.

]]>
Недостигаат 40 автобуси за пополнување на летниот возен ред, а не сме ни од далеку близу до покривање на зимскиот https://republika.mk/vesti/skopje/nedostigaat-40-avtobusi-za-popolnuvane-na-letniot-vozen-red-a-ne-sme-ni-od-daleku-blizu-do-pokrivane-na-zimskiot/ Sat, 17 Aug 2024 08:11:39 +0000 https://republika.mk/?p=807417

Директорот на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Драги Кушовски во интервју за МИА потврди дека во моментов сообраќаат недоволен број на автобуси за пополнување на возниот ред и ги повика институциите да излезат во пресрет за обнова на возниот парк на ЈСП.

Возниот ред се менува во зависност од тоа со колку автобуси располага ЈСП на дневна основа, вели Кушовски, посочувајќи дека претпријатието се соочува со недостиг од 40 автобуси за пополнување на летниот возен ред. Во моментов, вели, ЈСП располага со околу 190 автобуси, а за да биде пополнет летниот возен ред потребни се 235 автобуси.

Се надевам дека институциите ќе најдат сили да му помогнат на ЈСП, бидејќи со овој возен парк со кој што располагаме не можеме да го покриеме постоечкиот зимски возен ред. Ние не сме ни од далеку близу да го покриеме тој зимски возен ред. Правиме некои оптимизации во рамките на претпријатието, не знам дали ќе имаме доволно време да се почне со оптимизации на возни редови и не знам дали ќе имаме доволно време да ги направиме до 1 септември, бидејќи секоја оптимизација на возен ред мора да помине преку Советот на Град Скопје, рече Кушовски.

Прашан зошто дисплеите на автобуските постојки не го покажуваат точниот возен ред, Кушовски вели согласно интерните акти, ЈСП не може да направи промена на возниот ред.

Не можеме, согласно интерните акти, бидејќи возниот ред се утврдува преку Совет на Град Скопје и ЈСП не може сам да направи промена на возниот ред. Може да даде предлог до секторот сообраќај до Град Скопје и после до Советот за тој возен ред се прифати. Ние тоа го правиме во моментов, јас сум само еден месец тука, но сакам тоа квалитетно да биде направено, да не биде само направено дека нешто сме сработиле за да може да го дадеме предлогот понатаму, рече Кушовски.

Директорот тврди дека сите автобуси кои сообраќаат се технички исправни, поминуваат технички преглед на шест месеци и редовно се проверуваат во базите на ЈСП, но како што рече, возниот парк е стар повеќе од 13 години и тековно може да се случи каков било дефект.

Сите автобуси поминуваат технички преглед на шест месеци и редовно се проверуваат основните работи во нашите бази. Но сите ние сме учесници во сообраќајот и знаеме дека со возен парк стар 13 години и повеќе, тековно може да ни се случи каков било дефект, на кои секојдневно се менуваат и возачи и сообраќаат по многу километри на дневна основа и затоа кажувам автобуси кои што во моментот имаат круцијални дефекти, како што се кочници, според моите информации кои што ги добивам од службите не се пуштаат во сообраќај. За светло или некоја гребнатинка која што настанала во текот на возењето може да се случат такви работи, рече Кушовски.

За изјавите на вработените возачи во ЈСП, дека во сообраќај се пуштаат автобуси со дефект и покрај тоа што го пријавуваат дефектот, Кушовски порача да не се даваат паушални изјави кои што се непотврдени и ги повика сите вработени кои што имаат проблем да се обратат кај него, бидејќи, како што рече, создавање на таква слика во јавноста никому не оди во прилог.

Во врска со настанот кај ТЦ „Мавровка“, кога автобус на ЈСП удри во жардињера, за што возачот тврдеше дека несреќата се случила поради дефект на кој било посочувано подолго време, Кушовски нагласи дека тоа треба да се остави на истрагата, во која се вклучени, како што посочи и Обвинителство и Министерството за внатрешни работи и со која треба да се утврди кои се причините кои што довеле до таа несреќа.

Одговорно тврдам дека не е точно дека возилото од сообраќајката кај Мавровка недела дена претходно возело на линија Водно, тоа има возено на Водно два пати оваа година, и тоа, за периодот по Новата година кога е малку поголема фреквенцијата како помошно возило и на 2 мај. Значи дека недела дена претходно тоа возило возело на Водно не е точно. Да оставиме на истрагата, таму е вклучено и Обвинителство и Министерството за внатрешни работи и да видиме кои се причините кои што довеле до таа несреќа. Дали се тие кои што се изнесени во јавноста или можеби ќе излезат други причини, вели Кушовски.

Поголемиот дел од автобусите, директорот тврди дека имаат клима. Вели се работи за незначителен број автобуси за кои се чека поправка на климите и тие, додава, сообраќаат во раните утрински часови.

Во поголемиот дел, над 90 отсто од автобусите имаат клима. Имаме неколку автобуси за кои што чекаме климите да се поправат, но тоа е незначителен број и тие обично ги пуштаме во раните утрински часови да сообраќаат, додека температурите уште не се високи, за да можеме да испочитуваме барем дел од возниот ред, рече директорот.

Во врска со најавите од страна на премиерот Христијан Мицкоски, дека ќе ги разгледа можностите за одземање на ингеренциите на јавните претпријатија кои што се под надлежност на Град Скопје и решавање на проблемите за јавниот градски превоз, Кушовски рече дека се работи за наследени проблеми и дека „мора да се тргне од некоја точка“.

Проблемите не потекнуваат од сега, тие се наследени проблеми и не се наследени од пред година, две, ниту три години, туку од многу поодамна. Не се вршела навремена обнова на возниот парк на самото претпријатие, се работело како што се работело и гледаме тоа каде довело. Наша цел е тие работи барем да ги стопираме и да не тонат надолу, туку да почнеме малку по малку да се движиме во нагорна линија, вели Кушовски.

Прашан како ЈСП да стигне до самоодржливост, директорот посочи дека мора институциите да излезат во пресрет за обнова на возниот парк, притоа со домаќинско и одговорно работење, ЈСП тековно да може да ги сервисира обврските.

Претпријатието има свои обврски, додаде, но и свои барања од институции и приватни компании кои треба да се плаќаат редовно за да може да претпријатието да функционира.

ЈСП има обврски, но има и побарувања и од институции и од приватни компании, тука треба нашите побарувања да бидат наплатени, да почнат да се плаќаат редовно за да можеме ние самите да функционираме. Голем дел во сервисирањето на нашите обврски имаат приходите од самото претпријатие, кои што мора да ги зголемиме и работиме на тоа да бидат истите зголемени, подвлече Кушовски.

Упати апел до граѓаните да плаќаат билет при употреба на јавниот превоз, додека оние кои веќе имаат да ги валидираат своите билети.

Апелирам до граѓаните за нивната свесност дека мора да ги плаќаат своите билети во автобусите при возењето и да ги валидираат оние кои што имаат билети, дали се бесплатни или платени да прават валидации, а оние кои што немаат да си купуваат билет, порача Кушовски.

The post Недостигаат 40 автобуси за пополнување на летниот возен ред, а не сме ни од далеку близу до покривање на зимскиот appeared first on Република.

]]>

Директорот на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Драги Кушовски во интервју за МИА потврди дека во моментов сообраќаат недоволен број на автобуси за пополнување на возниот ред и ги повика институциите да излезат во пресрет за обнова на возниот парк на ЈСП. Возниот ред се менува во зависност од тоа со колку автобуси располага ЈСП на дневна основа, вели Кушовски, посочувајќи дека претпријатието се соочува со недостиг од 40 автобуси за пополнување на летниот возен ред. Во моментов, вели, ЈСП располага со околу 190 автобуси, а за да биде пополнет летниот возен ред потребни се 235 автобуси.
Се надевам дека институциите ќе најдат сили да му помогнат на ЈСП, бидејќи со овој возен парк со кој што располагаме не можеме да го покриеме постоечкиот зимски возен ред. Ние не сме ни од далеку близу да го покриеме тој зимски возен ред. Правиме некои оптимизации во рамките на претпријатието, не знам дали ќе имаме доволно време да се почне со оптимизации на возни редови и не знам дали ќе имаме доволно време да ги направиме до 1 септември, бидејќи секоја оптимизација на возен ред мора да помине преку Советот на Град Скопје, рече Кушовски.
Прашан зошто дисплеите на автобуските постојки не го покажуваат точниот возен ред, Кушовски вели согласно интерните акти, ЈСП не може да направи промена на возниот ред.
Не можеме, согласно интерните акти, бидејќи возниот ред се утврдува преку Совет на Град Скопје и ЈСП не може сам да направи промена на возниот ред. Може да даде предлог до секторот сообраќај до Град Скопје и после до Советот за тој возен ред се прифати. Ние тоа го правиме во моментов, јас сум само еден месец тука, но сакам тоа квалитетно да биде направено, да не биде само направено дека нешто сме сработиле за да може да го дадеме предлогот понатаму, рече Кушовски.
Директорот тврди дека сите автобуси кои сообраќаат се технички исправни, поминуваат технички преглед на шест месеци и редовно се проверуваат во базите на ЈСП, но како што рече, возниот парк е стар повеќе од 13 години и тековно може да се случи каков било дефект.
Сите автобуси поминуваат технички преглед на шест месеци и редовно се проверуваат основните работи во нашите бази. Но сите ние сме учесници во сообраќајот и знаеме дека со возен парк стар 13 години и повеќе, тековно може да ни се случи каков било дефект, на кои секојдневно се менуваат и возачи и сообраќаат по многу километри на дневна основа и затоа кажувам автобуси кои што во моментот имаат круцијални дефекти, како што се кочници, според моите информации кои што ги добивам од службите не се пуштаат во сообраќај. За светло или некоја гребнатинка која што настанала во текот на возењето може да се случат такви работи, рече Кушовски.
За изјавите на вработените возачи во ЈСП, дека во сообраќај се пуштаат автобуси со дефект и покрај тоа што го пријавуваат дефектот, Кушовски порача да не се даваат паушални изјави кои што се непотврдени и ги повика сите вработени кои што имаат проблем да се обратат кај него, бидејќи, како што рече, создавање на таква слика во јавноста никому не оди во прилог. Во врска со настанот кај ТЦ „Мавровка“, кога автобус на ЈСП удри во жардињера, за што возачот тврдеше дека несреќата се случила поради дефект на кој било посочувано подолго време, Кушовски нагласи дека тоа треба да се остави на истрагата, во која се вклучени, како што посочи и Обвинителство и Министерството за внатрешни работи и со која треба да се утврди кои се причините кои што довеле до таа несреќа.
Одговорно тврдам дека не е точно дека возилото од сообраќајката кај Мавровка недела дена претходно возело на линија Водно, тоа има возено на Водно два пати оваа година, и тоа, за периодот по Новата година кога е малку поголема фреквенцијата како помошно возило и на 2 мај. Значи дека недела дена претходно тоа возило возело на Водно не е точно. Да оставиме на истрагата, таму е вклучено и Обвинителство и Министерството за внатрешни работи и да видиме кои се причините кои што довеле до таа несреќа. Дали се тие кои што се изнесени во јавноста или можеби ќе излезат други причини, вели Кушовски.
Поголемиот дел од автобусите, директорот тврди дека имаат клима. Вели се работи за незначителен број автобуси за кои се чека поправка на климите и тие, додава, сообраќаат во раните утрински часови.
Во поголемиот дел, над 90 отсто од автобусите имаат клима. Имаме неколку автобуси за кои што чекаме климите да се поправат, но тоа е незначителен број и тие обично ги пуштаме во раните утрински часови да сообраќаат, додека температурите уште не се високи, за да можеме да испочитуваме барем дел од возниот ред, рече директорот.
Во врска со најавите од страна на премиерот Христијан Мицкоски, дека ќе ги разгледа можностите за одземање на ингеренциите на јавните претпријатија кои што се под надлежност на Град Скопје и решавање на проблемите за јавниот градски превоз, Кушовски рече дека се работи за наследени проблеми и дека „мора да се тргне од некоја точка“.
Проблемите не потекнуваат од сега, тие се наследени проблеми и не се наследени од пред година, две, ниту три години, туку од многу поодамна. Не се вршела навремена обнова на возниот парк на самото претпријатие, се работело како што се работело и гледаме тоа каде довело. Наша цел е тие работи барем да ги стопираме и да не тонат надолу, туку да почнеме малку по малку да се движиме во нагорна линија, вели Кушовски.
Прашан како ЈСП да стигне до самоодржливост, директорот посочи дека мора институциите да излезат во пресрет за обнова на возниот парк, притоа со домаќинско и одговорно работење, ЈСП тековно да може да ги сервисира обврските. Претпријатието има свои обврски, додаде, но и свои барања од институции и приватни компании кои треба да се плаќаат редовно за да може да претпријатието да функционира.
ЈСП има обврски, но има и побарувања и од институции и од приватни компании, тука треба нашите побарувања да бидат наплатени, да почнат да се плаќаат редовно за да можеме ние самите да функционираме. Голем дел во сервисирањето на нашите обврски имаат приходите од самото претпријатие, кои што мора да ги зголемиме и работиме на тоа да бидат истите зголемени, подвлече Кушовски.
Упати апел до граѓаните да плаќаат билет при употреба на јавниот превоз, додека оние кои веќе имаат да ги валидираат своите билети.
Апелирам до граѓаните за нивната свесност дека мора да ги плаќаат своите билети во автобусите при возењето и да ги валидираат оние кои што имаат билети, дали се бесплатни или платени да прават валидации, а оние кои што немаат да си купуваат билет, порача Кушовски.

The post Недостигаат 40 автобуси за пополнување на летниот возен ред, а не сме ни од далеку близу до покривање на зимскиот appeared first on Република.

]]>
ВО ЖИВО: Изјава на претседателот на Синдикатот на вработените во ЈСП Скопје https://republika.mk/vesti/skopje/vo-zhivo-izjava-na-pretsedatelot-na-sindikatot-na-vrabotenite-vo-jsp-skopje/ Mon, 22 Jan 2024 09:48:32 +0000 https://republika.mk/?p=735367

Изјава на Миќо Стојановски, претседател на Синдикатот на вработените во ЈСП Скопје, кои од 9 часот изутринава стапија во штрајк поради неисплатена плата за декември. Членовите на Синдикатот ред просториите на град Скопје ќе го чекаат исходот од вонредната сендица на Советот на град Скопје, за исплата на субвенциите на ЈСП за декември, од што зависи дали ќе се нормализира одвивањето на јавниот градски превоз.

The post ВО ЖИВО: Изјава на претседателот на Синдикатот на вработените во ЈСП Скопје appeared first on Република.

Автобусите на ЈСП во понеделник нема да сообраќаат https://republika.mk/vesti/skopje/avtobusite-na-jsp-vo-ponedelnik-nema-da-soobrakaat/ Sat, 20 Jan 2024 17:43:06 +0000 https://republika.mk/?p=734987

Поради неисплатената плата за декември, автобусите на ЈСП од понеделник нема да сообраќаат, и покрај тоа што е закажана вонредна седница на Советот на Град Скопје, велат од Синдикатот на Јавното сообраќајно претпријатие. За можноста во понеделник изутрина да биде пуштен по еден автобус на сите линии, за превоз на учениците, бидејќи стартува второто полугодие од учебната година, од Синдикатот велат дека тоа ќе биде разгледано утре.

Претседателот на Синдикатот на ЈСП Миќо Стојановски во изјава за МИА нагласува дека тие опстојуваат на својата одлука дека нема да има јавен превоз в понеделник кога е закажана седницата на Советот на Градот, на која како единствена точка на дневен ред, треба да се гласа за субвенциите од 11 милиони евра за претпријатието.

-Утрото во понеделник во 4:30 часот ниту еден автобус нема да излезе од базите на претпријатието. Ако им беше битно на 45-те советници на Град Скопје да донесат одлука за субвенциите за ЈСП, тоа можеа да го сторат и вчера и денеска. Ние бараме плата за декември и редовна исплата на платите за 2024 година, дециден е Стојановски.

Прашан доколку во понеделник се донесе одлуката за субвенции на седницата на Советот на Град Скопје, дали истиот ден ќе биде воспоставен повторно јавниот превоз, тој посочува дека и доколку се донесе таа одлука, нејасна е процедурата оти не се знае кога ќе биде исплатена плата. Тој потсетува дека одлуката за субенциите на ЈСП досега три пати била на седница на Советот, и три пати била ескивирана.

-Доколку одлуката се донесе во понеделник во разумно време, за парите да можат да легнат на сметката на претпријатието, во вторник ќе има јавен превоз. Во спротивно, автобусите на ЈСП нема да возат ниту во вторник, вели првиот синдикалец во ЈСП.

The post Автобусите на ЈСП во понеделник нема да сообраќаат appeared first on Република.

]]>

Поради неисплатената плата за декември, автобусите на ЈСП од понеделник нема да сообраќаат, и покрај тоа што е закажана вонредна седница на Советот на Град Скопје, велат од Синдикатот на Јавното сообраќајно претпријатие. За можноста во понеделник изутрина да биде пуштен по еден автобус на сите линии, за превоз на учениците, бидејќи стартува второто полугодие од учебната година, од Синдикатот велат дека тоа ќе биде разгледано утре. Претседателот на Синдикатот на ЈСП Миќо Стојановски во изјава за МИА нагласува дека тие опстојуваат на својата одлука дека нема да има јавен превоз в понеделник кога е закажана седницата на Советот на Градот, на која како единствена точка на дневен ред, треба да се гласа за субвенциите од 11 милиони евра за претпријатието.
-Утрото во понеделник во 4:30 часот ниту еден автобус нема да излезе од базите на претпријатието. Ако им беше битно на 45-те советници на Град Скопје да донесат одлука за субвенциите за ЈСП, тоа можеа да го сторат и вчера и денеска. Ние бараме плата за декември и редовна исплата на платите за 2024 година, дециден е Стојановски.
Прашан доколку во понеделник се донесе одлуката за субвенции на седницата на Советот на Град Скопје, дали истиот ден ќе биде воспоставен повторно јавниот превоз, тој посочува дека и доколку се донесе таа одлука, нејасна е процедурата оти не се знае кога ќе биде исплатена плата. Тој потсетува дека одлуката за субенциите на ЈСП досега три пати била на седница на Советот, и три пати била ескивирана.
-Доколку одлуката се донесе во понеделник во разумно време, за парите да можат да легнат на сметката на претпријатието, во вторник ќе има јавен превоз. Во спротивно, автобусите на ЈСП нема да возат ниту во вторник, вели првиот синдикалец во ЈСП.

The post Автобусите на ЈСП во понеделник нема да сообраќаат appeared first on Република.

]]>
Арсовска се премисли, сепак ќе се гради БРТ во Скопје https://republika.mk/vesti/skopje/arsovska-se-premisli-sepak-ke-se-gradi-brt-vo-skopje/ Thu, 09 Nov 2023 12:50:57 +0000 https://republika.mk/?p=699916

По две години отстранување на пречките на проектот предизвикани од претходното градско раководство, градот Скопје конечно ќе добие нов транспортен систем, се вели во денешното соопштение од Град Скопје.

Системот за Брз автобуски превоз доби зелено светло од меѓународните партнери со што започнува неговата реализација во главниот град. Проектот подразбира изградба на два нови терминали, на транспортни центри, обезбедување на непречено сообраќање на автобусите, како и набавка на нови еколошки автобуси кои користат ЦНГ. Во основниот идеен проект беа истакнати детектираните сериозни пречки за реализација кои благодарение на посветеноста и работата на градската администрација се надминати и со нивно отстранување се овозможува непречена реализација на овој проект. Градот Скопје и покрај сите блокади продолжува со заложбите кои ќе им овозможат на граѓаните модерен и навремен јавен градски превоз, надминувајќи ги проблемите со кои се соочува и ЈСП и граѓаните кога станува збор за градскиот превоз. Во нашите искрени заложби за модерен и еколошки градски превоз нема да не сопрат ниту блокадите во Советот на Град Скопје ниту структурните проблеми со кои се соочува ЈСП, а се наследени од претходните раководства на претпријатието. Новите еколошки автобуси и ревидираниот систем значително ќе го намалат сообраќајниот хаос во главниот град и ќе овозможат јавниот превоз да се одвива непречено, а доцнењето да биде минато. Затоа е важно се што е во интерес на граѓаните да се реализира, а тие да добијат градски превоз како што доликува на главниот град, се вели во соопштението.

The post Арсовска се премисли, сепак ќе се гради БРТ во Скопје appeared first on Република.

В петок и в сабота повеќе возила ќе сообраќаат на линиите 59, 59А и 59Б https://republika.mk/vesti/skopje/v-petok-i-v-sabota-poveke-vozila-ke-soobrakaat-na-liniite-59-59a-i-59b/ Thu, 02 Nov 2023 14:47:29 +0000 https://republika.mk/?p=697520

ЈСП Скопје во пресрет на верскиот празник Задушница, утре и задутре воведува дополнителен број автобуси на линиите 59, 59А и 59 Б, кои ќе сообраќаат од и кон гробишта Бутел.

„Утре и задутре на редовните линии 59 (Карпош 3 – Кучевишка бара – Гробишта Бутел), 59А (Ново Лисиче – Гробишта Бутел) и 59Б (Кисела Вода – Гробишта Бутел) ќе сообраќаат дополнителен број автобуси“, се наведува во соопштението од ЈСП Скопје.

The post В петок и в сабота повеќе возила ќе сообраќаат на линиите 59, 59А и 59Б appeared first on Република.

Јавниот превоз во Скопје во понеделник ќе сообраќа по неделен возен ред https://republika.mk/vesti/skopje/javniot-prevoz-vo-skopje-vo-ponedelnik-ke-soobraka-po-nedelen-vozen-red/ Fri, 20 Oct 2023 11:17:30 +0000 https://republika.mk/?p=693260

Поради државниот празник 23 Октомври - Ден на македонската револуционерна борба, во понеделник, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, ќе работат две билетарници, а Жичарницата ќе функционира вообичаено, соопштија попладнево од ЈСП Скопје.

Дежурни од осум до 14:00 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар - на излез и билетарницата во Ѓорче Петров. Жичарницата ќе работи од 10:00 до 18:00 часот, притоа 17:00 - 17:30 часот ќе биде последно возење од долу нагоре, односно во 17:45 часот е последно возење од горе надолу, се појаснува во соопштението.

The post Јавниот превоз во Скопје во понеделник ќе сообраќа по неделен возен ред appeared first on Република.

Валкани ќенефи, ни една маса за јадење: Очајни услови за вработените во ЈСП https://republika.mk/vesti/skopje/valkani-kenefi-ni-edna-masa-za-jadene-ochajni-uslovi-za-vrabotenite-vo-jsp/ Wed, 04 Oct 2023 13:45:38 +0000 https://republika.mk/?p=687912

Ѕидови што се распаѓаат, дотраена инсталација, запуштени санитарии се дел од секојдневната слика на вработените во ЈСП Скопје кои ги користат службените тоалети и дополнителните простории во базните станици во „Ѓорче Петров“ и во „Автокоманда“.

Црн наместо бел мијалник, расфрлани пластични шишиња по подот. Поцрнети полски тоалети. Во помошните простории крововите протекуваат, дел од прозорците се без стакла. Ваквата атмосфера трае со години и никој ништо не презема за да се подобрат условите за престој на возачите, механичарите и другите вработени во ЈСП.

„Плусинфо“ разговараше со неколку вработени во овие бази, кои испратија и фотографии и видеоснимки.

Погледнете ги тоалетите, ако може така да се наречат, и помошните простории што ние како вработени ги користиме во гаражата во „Ѓорче Петров“. Сигурен сум дека е слично или исто и во „Автокоманда“. Ниту е искречено со години, ниту има назначено хигиеничар да ги зачисти „ќенефите“. Тотална катастрофа е ова што се случува во претпријатието, вели возач кој сакаше да остане анонимен, бидејќи тврди дека дисциплинската комисија во ЈСП постојано ги казнува вработените од 10 до 30 отсто од платата од 3 до 6 месеци.

Повеќе на „Плусинфо

The post Валкани ќенефи, ни една маса за јадење: Очајни услови за вработените во ЈСП appeared first on Република.

]]>

Ѕидови што се распаѓаат, дотраена инсталација, запуштени санитарии се дел од секојдневната слика на вработените во ЈСП Скопје кои ги користат службените тоалети и дополнителните простории во базните станици во „Ѓорче Петров“ и во „Автокоманда“. Црн наместо бел мијалник, расфрлани пластични шишиња по подот. Поцрнети полски тоалети. Во помошните простории крововите протекуваат, дел од прозорците се без стакла. Ваквата атмосфера трае со години и никој ништо не презема за да се подобрат условите за престој на возачите, механичарите и другите вработени во ЈСП. „Плусинфо“ разговараше со неколку вработени во овие бази, кои испратија и фотографии и видеоснимки.
Погледнете ги тоалетите, ако може така да се наречат, и помошните простории што ние како вработени ги користиме во гаражата во „Ѓорче Петров“. Сигурен сум дека е слично или исто и во „Автокоманда“. Ниту е искречено со години, ниту има назначено хигиеничар да ги зачисти „ќенефите“. Тотална катастрофа е ова што се случува во претпријатието, вели возач кој сакаше да остане анонимен, бидејќи тврди дека дисциплинската комисија во ЈСП постојано ги казнува вработените од 10 до 30 отсто од платата од 3 до 6 месеци.
Повеќе на „Плусинфо

The post Валкани ќенефи, ни една маса за јадење: Очајни услови за вработените во ЈСП appeared first on Република.

]]>
ЈСП – Скопје објави оглас, се бараат возачи https://republika.mk/vesti/skopje/jsp-skopje-objavi-oglas-se-baraat-vozachi/ Tue, 19 Sep 2023 12:30:32 +0000 https://republika.mk/?p=683157

ЈСП „Скопје“ објави оглас за вработување на возачи. На веб страната на јавното претпријатие објавен е огласот за вработување, но во него не стои колку лица ќе се вработат.

Според огласот се бара кандидатите да имаат минимум завршено средно образование (IV степен), возачка дозвола Д категорија, работно искуство од минимум 2 години, флексибилност за работа во смени и професионално однесување. Кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

ОГЛАС ЗА ВОЗАЧ НА АВТОБУС (ЈАВЕН ПРЕВОЗ)

Потребни квалификации:

· Минимум завршено средно образование (IV степен);

· Флексибилност за работа во смени;

· Професионално однесување;

· Возачка дозвола Д категорија;

· Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност;

· Работно искуство од минимум 2 години.

Работни услови:

· Работно време: 40 часа неделно;

· Работното време се организира во три, односно четири смени (двосменски и двократно) и директно зависи од возниот ред на соодветната линија;

· Пауза во зависност од возниот ред на секоја линија;

· Со право на бенефициран стаж

Со пријавите на огласот кандидатите треба да достават:

- Диплома за завршено образование;

- Копија од возачка дозвола Д категорија;

- Доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

Потребната документација да се испрати најдоцна до 02.10.2023 год

The post ЈСП – Скопје објави оглас, се бараат возачи appeared first on Република.

]]>

ЈСП „Скопје“ објави оглас за вработување на возачи. На веб страната на јавното претпријатие објавен е огласот за вработување, но во него не стои колку лица ќе се вработат. Според огласот се бара кандидатите да имаат минимум завршено средно образование (IV степен), возачка дозвола Д категорија, работно искуство од минимум 2 години, флексибилност за работа во смени и професионално однесување. Кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност. ОГЛАС ЗА ВОЗАЧ НА АВТОБУС (ЈАВЕН ПРЕВОЗ) Потребни квалификации: · Минимум завршено средно образование (IV степен); · Флексибилност за работа во смени; · Професионално однесување; · Возачка дозвола Д категорија; · Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност; · Работно искуство од минимум 2 години. Работни услови: · Работно време: 40 часа неделно; · Работното време се организира во три, односно четири смени (двосменски и двократно) и директно зависи од возниот ред на соодветната линија; · Пауза во зависност од возниот ред на секоја линија; · Со право на бенефициран стаж Со пријавите на огласот кандидатите треба да достават: - Диплома за завршено образование; - Копија од возачка дозвола Д категорија; - Доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност. Потребната документација да се испрати најдоцна до 02.10.2023 год

The post ЈСП – Скопје објави оглас, се бараат возачи appeared first on Република.

]]>
Скопје пред нов колапс? Град Скопје и ЈСП трет месец им доцнат со исплатата на приватниците https://republika.mk/vesti/skopje/skopje-pred-nov-kolaps-grad-skopje-i-jsp-tret-mesets-im-dotsnat-so-isplatata-na-privatnitsite/ Mon, 11 Sep 2023 14:13:37 +0000 https://republika.mk/?p=680957

Кратко траеше љубовта меѓу Град Скопје, ЈСП „Скопје“ и приватните превозници, бидејќи, како што дознава „Плусинфо“, јавното претпријатие не ја врши исплатата според договорената динамика. На приватниците им доцни исплатата за јуни, јули и за август. Авансот не се дава редовно, па поради тоа дел од нив најавуваат повторен штрајк доколку не се намират сметките.

Сопственик на приватен автобус во неформален разговор за „Плусинфо“ признава дека повторно е закочена исплатата и дека веќе цели три месеци не им е исплатен ниту еден денар на сметката.

Јас сум сопственик на приватен автобус и можам да кажам дека повторно започнаа проблемите со исплатата на парите од страна на ЈСП. Веќе ни доцнат повеќе од 3 месеци, а никој не ни кажува во што е проблемот. Ова е неприфатливо и неодговорно од ЈСП, кое е јавно претпријатие и треба да ги почитува своите обврски кон приватните превозници. Ние сме во многу тешка финансиска ситуација поради оваа задоцнета исплата. Имаме трошоци за гориво, сервис на возилата, осигурување, плата за возачите и за други работници. Ние не можеме да работиме без пари. Не можеме да ги задоволиме ниту своите потреби, ниту потребите на патниците, кои заслужуваат квалитетен и безбеден превоз, вели тој за порталот.

Сопственикот истакна дека во моментов бараат од ЈСП да им ги исплати сите пари што е можно поскоро.

Ако не го направат тоа, ние ќе бидеме принудени да престанеме со работа и повторно да штрајкуваме. Навистина не сакаме да дојде до тоа, бидејќи тоа би значело уште поголем хаос и незадоволство во јавниот превоз. Сакаме да работиме во партнерство со ЈСП „Скопје“ и да обезбедиме добар сервис за граѓаните, но за тоа треба да имаме фер и редовна исплата, ни изјави тој.

Повеќе на „Плусинфо“

The post Скопје пред нов колапс? Град Скопје и ЈСП трет месец им доцнат со исплатата на приватниците appeared first on Република.

]]>

Кратко траеше љубовта меѓу Град Скопје, ЈСП „Скопје“ и приватните превозници, бидејќи, како што дознава „Плусинфо“, јавното претпријатие не ја врши исплатата според договорената динамика. На приватниците им доцни исплатата за јуни, јули и за август. Авансот не се дава редовно, па поради тоа дел од нив најавуваат повторен штрајк доколку не се намират сметките. Сопственик на приватен автобус во неформален разговор за „Плусинфо“ признава дека повторно е закочена исплатата и дека веќе цели три месеци не им е исплатен ниту еден денар на сметката.
Јас сум сопственик на приватен автобус и можам да кажам дека повторно започнаа проблемите со исплатата на парите од страна на ЈСП. Веќе ни доцнат повеќе од 3 месеци, а никој не ни кажува во што е проблемот. Ова е неприфатливо и неодговорно од ЈСП, кое е јавно претпријатие и треба да ги почитува своите обврски кон приватните превозници. Ние сме во многу тешка финансиска ситуација поради оваа задоцнета исплата. Имаме трошоци за гориво, сервис на возилата, осигурување, плата за возачите и за други работници. Ние не можеме да работиме без пари. Не можеме да ги задоволиме ниту своите потреби, ниту потребите на патниците, кои заслужуваат квалитетен и безбеден превоз, вели тој за порталот.
Сопственикот истакна дека во моментов бараат од ЈСП да им ги исплати сите пари што е можно поскоро.
Ако не го направат тоа, ние ќе бидеме принудени да престанеме со работа и повторно да штрајкуваме. Навистина не сакаме да дојде до тоа, бидејќи тоа би значело уште поголем хаос и незадоволство во јавниот превоз. Сакаме да работиме во партнерство со ЈСП „Скопје“ и да обезбедиме добар сервис за граѓаните, но за тоа треба да имаме фер и редовна исплата, ни изјави тој.
Повеќе на „Плусинфо“

The post Скопје пред нов колапс? Град Скопје и ЈСП трет месец им доцнат со исплатата на приватниците appeared first on Република.

]]>
Вработените ќе штрајкуваат, автобусите на ЈСП утре ќе возат по редуциран возен ред https://republika.mk/vesti/skopje/vrabotenite-ke-shtrajkuvaat-avtobusite-na-jsp-utre-ke-vozat-po-redutsiran-vozen-red/ Mon, 10 Jul 2023 14:17:55 +0000 https://republika.mk/?p=659785

Автобусите на ЈСП утре ќе возат по редуциран возен ред, бидејќи вработените ќе штрајкуваат пред управната зграда на јавното претпријатие од 4.30 часот до 12.30 часот, изјави за МИА Елизабета Тошевска, претставник на Синдикатот Спајс при ЈСП.

Таа потенцира дека вработените ќе штрајкуваат поради, како што рече, неисполнетите барања и игнорантскиот однос на раководството на јавното претпријатие околу барањата содржани во Колективниот договор. Тошевска вели дека овој чекор го преземаат бидејќи нема усогласување на минималната плата со Колективниот договор на ниво на работодавач, односно зголемување за 2.170 денари за вработените во претпријатието, како и кршење на правата од работен однос и безбедност и здравје при работа.

Доколку никој од раководството на ЈСП не ги прими на разговор, како што најави, тие по 12.30 часот ќе си заминат дома и во Скопје пак ќе нема автобуси.

Причина за штрајкот е усогласување на минималната плата со Колективниот договор, неисплатата на прекувремени часови за прекувремена работа, неисплата на хранарина на работниците што работат навечер од 22 до 6 часот, дискриминација на помлад возач, луѓе кои се со лиценца и која важи секаде во светот, а тука се помлади возачи со години, рече Тошевска.

Таа информира дека во ЈСП вкупно се вработени 1.300 лица, а 600 се возачи.

The post Вработените ќе штрајкуваат, автобусите на ЈСП утре ќе возат по редуциран возен ред appeared first on Република.

]]>

Автобусите на ЈСП утре ќе возат по редуциран возен ред, бидејќи вработените ќе штрајкуваат пред управната зграда на јавното претпријатие од 4.30 часот до 12.30 часот, изјави за МИА Елизабета Тошевска, претставник на Синдикатот Спајс при ЈСП. Таа потенцира дека вработените ќе штрајкуваат поради, како што рече, неисполнетите барања и игнорантскиот однос на раководството на јавното претпријатие околу барањата содржани во Колективниот договор. Тошевска вели дека овој чекор го преземаат бидејќи нема усогласување на минималната плата со Колективниот договор на ниво на работодавач, односно зголемување за 2.170 денари за вработените во претпријатието, како и кршење на правата од работен однос и безбедност и здравје при работа. Доколку никој од раководството на ЈСП не ги прими на разговор, како што најави, тие по 12.30 часот ќе си заминат дома и во Скопје пак ќе нема автобуси.
Причина за штрајкот е усогласување на минималната плата со Колективниот договор, неисплатата на прекувремени часови за прекувремена работа, неисплата на хранарина на работниците што работат навечер од 22 до 6 часот, дискриминација на помлад возач, луѓе кои се со лиценца и која важи секаде во светот, а тука се помлади возачи со години, рече Тошевска.
Таа информира дека во ЈСП вкупно се вработени 1.300 лица, а 600 се возачи.  

The post Вработените ќе штрајкуваат, автобусите на ЈСП утре ќе возат по редуциран возен ред appeared first on Република.

]]>
Средношколците кои одат на пракса за летниот распуст ќе се возат бесплатно во ЈСП https://republika.mk/vesti/srednoshkoltsite-koi-odat-na-praksa-za-letniot-raspust-ke-se-vozat-besplatno-vo-jsp/ Fri, 09 Jun 2023 11:20:51 +0000 https://republika.mk/?p=649602

Средношколците кои ги исполнуваат условите за користење на бесплатен јавен превоз и оваа година ќе имаат право бесплатно да се возат за време на летниот распуст, соопшти ЈСП Скопје.

Правото на бесплатен превоз за време на претстојниот распуст е согласно Програмата за активностите на Град Скопје од областа на средното образование во 2023 година, која, меѓудругото, вели “со почетокот на 2023 година учениците од средните училишта на Град Скопје ќе имаат можност да користат бесплатен превоз и за време на зимскиот и летниот распуст и на овој начин непречено да ги извршуваат своите училишни обврски за посетување на феријална пракса и практикантска обука, велат до ЈСП.

The post Средношколците кои одат на пракса за летниот распуст ќе се возат бесплатно во ЈСП appeared first on Република.

За 60 дена Град Скопје мора да им обезбеди бесплатен јавен превоз и на студентите од приватните факултети https://republika.mk/vesti/skopje/za-60-dena-grad-skopje-mora-da-im-obezbedi-besplaten-javen-prevoz-i-na-studentite-od-privatnite-fakulteti/ Sat, 20 May 2023 11:43:49 +0000 https://republika.mk/?p=642960

Студентите од приватните факултети треба да користат бесплатен јавен градски превоз, одлучи Комисијата за спречување и заштита од дискриминација по поднесените претставки на студентите од приватните факултети.

Според мислењето на КСЗД, утврдено е директна продолжена дискриминација врз основа на личен и општествен статус, редовни студенти на приватни универзитети, извршена од град Скопје во областа пристап до добра и услуги во образованиот процес. Сметаме дека мислењето на Комисијата ќе вроди со плод и ние ќе можеме да користиме бесплатен превоз како нашите колеги од државните универзитети. Три години сум стипендист, а има исто така и многу други студенти кои се со стипендија, навистина ова за нас е големо олеснување и можам да кажам дека конечно правдата дојде на видело, изјави претседателката на студентско собрание на ФОН, Мила Петрушевска.

Според мислењето на Комисијата, Град Скопје има рок од 60 дена да иницира измени и дополнувањата на одлуката за давање на субвенција на ЈСП Скопје со кој ќе се утврди правото на бесплатен превоз и на студентите запишани на приватните универзитети, што значи дека треба да обезбедат средства, бесплатен превоз на сите редовни студенти и од државните и од приватните универзитети.

The post За 60 дена Град Скопје мора да им обезбеди бесплатен јавен превоз и на студентите од приватните факултети appeared first on Република.

Дел од автобусите на ЈСП утре ќе сообраќаат со изменет режим https://republika.mk/vesti/skopje/del-od-avtobusite-na-jsp-utre-ke-soobrakaat-so-izmenet-rezhim/ Sat, 06 May 2023 08:13:16 +0000 https://republika.mk/?p=637543

Поради одржување на улична трка „Халк Еко Скопје трча 10 км“ утре во периодот од 08 до 11:30 часот повеќе линии од јавниот градски превоз ќе имаат изменет режим на движење.

Од Јавното сообраќајно претпријатие информираат дека по изменета траса од вообичаената ќе сообраќаат линиите 2, 4, 7, 8, 15, 15А, 19, 21, 22, 22А, 32, 56, 56А, 59 и 60.

Трасата на движење на линиите: 2, 4, 21, 22, 22А, 32, 56, 56А и 60 во правец кон Ѓорче Петров ќе биде од ТЦ „Сити мол“ лево по улицата „Московска“, па десно по улицата „Војвода Васил Чакаларов“ и од Порта Влае, секоја ќе продолжи да сообраќа по својата вообичаена траса. Во обратна насока линиите ќе сообраќаат по својата вообичаена траса.

https://republika.mk/vesti/skopje/vo-nedela-po-sedmi-pat-ke-se-odrzhi-halkeko-skopje-trcha-10km/

Линијата 8 од мостот „Гоце Делчев“ по булеварот „ВМРО“ ќе продолжува по булеварот „Партизански одреди“ се до ТЦ „Сити мол“, потоа лево по ул. „Московска“, па десно по ул. „Војвода Васил Чакаларов“ и кај Порта Влае ќе продолжи кон своето почетно стојалиште. Во обратна насока се до Соборниот храм ќе сообраќа по бул. „Партизански одреди“, па по бул. „ВМРО“, преку мостот Гоце Делчев и ќе продолжува по својата вообичаена траса.

Линиите 7, 15, 15А, 19 и 59 во правец од Карпош 3 кон а Центар, ќе сообраќаат по ул. „Карпошово востание“, ул. „Бледски договор“, бул. „Партизански одреди“ од каде секоја ќе продолжува по својата вообичаена траса.

Линијата 15А ќе сообраќа како линија 15. Линиите 15, 15А и 19 за терминал во Карпош ќе го користат терминалот од линиите 7 и 59.

The post Дел од автобусите на ЈСП утре ќе сообраќаат со изменет режим appeared first on Република.

]]>

Поради одржување на улична трка „Халк Еко Скопје трча 10 км“ утре во периодот од 08 до 11:30 часот повеќе линии од јавниот градски превоз ќе имаат изменет режим на движење. Од Јавното сообраќајно претпријатие информираат дека по изменета траса од вообичаената ќе сообраќаат линиите 2, 4, 7, 8, 15, 15А, 19, 21, 22, 22А, 32, 56, 56А, 59 и 60. Трасата на движење на линиите: 2, 4, 21, 22, 22А, 32, 56, 56А и 60 во правец кон Ѓорче Петров ќе биде од ТЦ „Сити мол“ лево по улицата „Московска“, па десно по улицата „Војвода Васил Чакаларов“ и од Порта Влае, секоја ќе продолжи да сообраќа по својата вообичаена траса. Во обратна насока линиите ќе сообраќаат по својата вообичаена траса. https://republika.mk/vesti/skopje/vo-nedela-po-sedmi-pat-ke-se-odrzhi-halkeko-skopje-trcha-10km/ Линијата 8 од мостот „Гоце Делчев“ по булеварот „ВМРО“ ќе продолжува по булеварот „Партизански одреди“ се до ТЦ „Сити мол“, потоа лево по ул. „Московска“, па десно по ул. „Војвода Васил Чакаларов“ и кај Порта Влае ќе продолжи кон своето почетно стојалиште. Во обратна насока се до Соборниот храм ќе сообраќа по бул. „Партизански одреди“, па по бул. „ВМРО“, преку мостот Гоце Делчев и ќе продолжува по својата вообичаена траса. Линиите 7, 15, 15А, 19 и 59 во правец од Карпош 3 кон а Центар, ќе сообраќаат по ул. „Карпошово востание“, ул. „Бледски договор“, бул. „Партизански одреди“ од каде секоја ќе продолжува по својата вообичаена траса. Линијата 15А ќе сообраќа како линија 15. Линиите 15, 15А и 19 за терминал во Карпош ќе го користат терминалот од линиите 7 и 59.

The post Дел од автобусите на ЈСП утре ќе сообраќаат со изменет режим appeared first on Република.

]]>
ЈСП потсетува: Студентите да го заверат билетот за 2023 година https://republika.mk/vesti/skopje/jsp-potsetuva-studentite-da-go-zaverat-biletot-za-2023-godina/ Thu, 29 Dec 2022 07:03:58 +0000 https://republika.mk/?p=591247

Студентите да го продолжат/заверат билетот за 2023 година доколку сакаат да користат бесплатно јавен превоз и во текот на наредната година, апелира ЈСП.

Продолжувањето/заверувањето на билетот се врши во кој било центар за персонализација на ЈСП Скопје, со лично присуство на студентот кој треба да достави потврда за редовен студент издадена од акредитирана високообразовна установа (не постара од 30 дена), да приложи оригинал индекс со запишан зимски семестар и лична карта на увид.

На студентите/бруцоши од студентската 2022/2023 година, билетот автоматски им важи и за наредната календарска година.

Право на користење на студентски годишен билет за бесплатно користење на јавен превоз имаат сите редовни студенти на државните факултети во Град Скопје до додипломски студии (Прв циклус), без ограничување на возраста.

Единствено заверен/продолжен билет за тековната година е валиден документ за бесплатно користење на јавен превоз за посочената категорија студенти, не се признаваат индекс, потврда за студент или друга документација која служи за заверување на билетот.

The post ЈСП потсетува: Студентите да го заверат билетот за 2023 година appeared first on Република.

]]>

Студентите да го продолжат/заверат билетот за 2023 година доколку сакаат да користат бесплатно јавен превоз и во текот на наредната година, апелира ЈСП.
Продолжувањето/заверувањето на билетот се врши во кој било центар за персонализација на ЈСП Скопје, со лично присуство на студентот кој треба да достави потврда за редовен студент издадена од акредитирана високообразовна установа (не постара од 30 дена), да приложи оригинал индекс со запишан зимски семестар и лична карта на увид.
На студентите/бруцоши од студентската 2022/2023 година, билетот автоматски им важи и за наредната календарска година. Право на користење на студентски годишен билет за бесплатно користење на јавен превоз имаат сите редовни студенти на државните факултети во Град Скопје до додипломски студии (Прв циклус), без ограничување на возраста. Единствено заверен/продолжен билет за тековната година е валиден документ за бесплатно користење на јавен превоз за посочената категорија студенти, не се признаваат индекс, потврда за студент или друга документација која служи за заверување на билетот.

The post ЈСП потсетува: Студентите да го заверат билетот за 2023 година appeared first on Република.

]]>
Каква врска имаат „Пуцко петрол“, ЈСП и скопски сметководител во блокадата на Скопје? https://republika.mk/vesti/makedonija/kakva-vrska-imaat-pucko-petrol-jsp-i-skopski-smetkovoditel-vo-blokadata-na-skopje/ Tue, 06 Dec 2022 08:00:22 +0000 https://republika.mk/?p=582378

Ефектот од средбите Арсовска – Ковачевски е блокиран град, банкротирано ЈСП и сомнеж за провизии кои завршуваат во приватни џебови, обвинуваат утрово од ВМРО-ДПМНЕ, од каде објавуваат за нов криминал со скопското претрпијатие, фирмите на функционерот од Пласница и скопски сметководител.

Тендерот за набавка на нафта во ЈСП е потпишан од директорот Александар Стојковски, кадар на СДС, а фирма добитник е во сопственост на пратеник коалициски партнер на власта Пуцко Петрол.

Тендерот за набавка на нафта за ЈСП секогаш имал вклучен рабат од 6 денари. Дури и во времето на Шилегов. Сега со Арсовска нема.

Што се сменило сега во однос на години претходно? Нафтата се набавува на големо, а не на бензинска. А, цените кои ќе ги плаќа ЈСП според договорот за набавка тежок 27 милиони евра, се исти како во малопродажба.

Секој поголем потрошувач на горива добива рабат, тргнувајќи од транспортери до превозници. Само ЈСП, кој е најголем директен потрошувач во државата плаќа за 14.500.000 литри како да купува 50 литра.

Ваквиот договор со кој се сомневаме дека ЈСП се оштетува за над 1.4 милиони евра е потпишан од Александар Стојковски, директор на претпријатието, кадар на СДС.

Дали е точно дека нема попуст затоа што има провизии?

Која е улогата на блискиот сметководител на Данела Арсовска од Ѓорче Петров Драган Митковски Книга?

Дали и во чии приватни џебови завршија провизиите од попустот кој го нема.

Дали Драган Митковски Книга е главниот кадровик во Градот Скопје и ЈСП?

На кого треба да припадне приватниот превоз во градот Скопје?

Во моментот директорите во град Скопје на СДС, ДУИ и Левица, заедно со Данела Арсовска владеат со хаосот во град Скопје, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Каква врска имаат „Пуцко петрол“, ЈСП и скопски сметководител во блокадата на Скопје? appeared first on Република.

]]>

Ефектот од средбите Арсовска – Ковачевски е блокиран град, банкротирано ЈСП и сомнеж за провизии кои завршуваат во приватни џебови, обвинуваат утрово од ВМРО-ДПМНЕ, од каде објавуваат за нов криминал со скопското претрпијатие, фирмите на функционерот од Пласница и скопски сметководител.
Тендерот за набавка на нафта во ЈСП е потпишан од директорот Александар Стојковски, кадар на СДС, а фирма добитник е во сопственост на пратеник коалициски партнер на власта Пуцко Петрол. Тендерот за набавка на нафта за ЈСП секогаш имал вклучен рабат од 6 денари. Дури и во времето на Шилегов. Сега со Арсовска нема. Што се сменило сега во однос на години претходно? Нафтата се набавува на големо, а не на бензинска. А, цените кои ќе ги плаќа ЈСП според договорот за набавка тежок 27 милиони евра, се исти како во малопродажба. Секој поголем потрошувач на горива добива рабат, тргнувајќи од транспортери до превозници. Само ЈСП, кој е најголем директен потрошувач во државата плаќа за 14.500.000 литри како да купува 50 литра. Ваквиот договор со кој се сомневаме дека ЈСП се оштетува за над 1.4 милиони евра е потпишан од Александар Стојковски, директор на претпријатието, кадар на СДС. Дали е точно дека нема попуст затоа што има провизии? Која е улогата на блискиот сметководител на Данела Арсовска од Ѓорче Петров Драган Митковски Книга? Дали и во чии приватни џебови завршија провизиите од попустот кој го нема. Дали Драган Митковски Книга е главниот кадровик во Градот Скопје и ЈСП? На кого треба да припадне приватниот превоз во градот Скопје? Во моментот директорите во град Скопје на СДС, ДУИ и Левица, заедно со Данела Арсовска владеат со хаосот во град Скопје, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Каква врска имаат „Пуцко петрол“, ЈСП и скопски сметководител во блокадата на Скопје? appeared first on Република.

]]>
Кадар на СДС, поставен од Арсовска го потпиша тендерот во четири очи за набавката на гориво за 118 денари по литар https://republika.mk/vesti/skopje/kadar-na-sds-postaven-od-arsovska-go-potpisha-tenderot-vo-chetiri-ochi-za-nabavkata-na-gorivo-za-118-denari-po-litar/ Wed, 30 Nov 2022 13:59:09 +0000 https://republika.mk/?p=580075

Кадар на СДСМ, поставен од Данела Арсовска го потпиша тендерот во четири очи за набавката на гориво за 118 денари по литар, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Директорот на ЈСП е кадар на СДС. За тоа сведочат и фотографиите на Александар Стојковски во штабот на СДС.

Стојковски е кадар на Ковачевски и Зечевиќ назначен од Арсовска.

Тоа е тајната коалиција СДС - Арсовска. Кадарот на СДС Стојковски го потпиша тендерот од 27 милиони евра.

Токму ваквите матни зделки со СДС и криминогеноста на Арсовска беше една од причините за повлекување на поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за Арсовска, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Кадар на СДС, поставен од Арсовска го потпиша тендерот во четири очи за набавката на гориво за 118 денари по литар appeared first on Република.

]]>

Кадар на СДСМ, поставен од Данела Арсовска го потпиша тендерот во четири очи за набавката на гориво за 118 денари по литар, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Директорот на ЈСП е кадар на СДС. За тоа сведочат и фотографиите на Александар Стојковски во штабот на СДС. Стојковски е кадар на Ковачевски и Зечевиќ назначен од Арсовска. Тоа е тајната коалиција СДС - Арсовска. Кадарот на СДС Стојковски го потпиша тендерот од 27 милиони евра. Токму ваквите матни зделки со СДС и криминогеноста на Арсовска беше една од причините за повлекување на поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за Арсовска, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Кадар на СДС, поставен од Арсовска го потпиша тендерот во четири очи за набавката на гориво за 118 денари по литар appeared first on Република.

]]>
Андоновски: Зошто до сега не се исплатени 90 милиони денари достасани долгови до двата приватни превозници и кога овие пари ќе се исплатат? https://republika.mk/vesti/skopje/andonovski-zoshto-do-sega-ne-se-isplateni-90-milioni-denari-dostasani-dolgovi-do-dvata-privatni-prevoznici-i-koga-ovie-pari-kje-se-isplatat/ Mon, 28 Nov 2022 15:59:48 +0000 https://republika.mk/?p=579295

Зошто до сега не се исплатени 90 милиони денари достасани долгови до двата приватни превозници и кога овие пари ќе се исплатат, го праша советникот од ВМРО-ДПМНЕ Стефан Андоновски на денешната седница за поставување на советнички прашања директорот на ЈСП Скопје откако поради неисплатен долг од страна на јавното претпријатие кон приватните превозници ситуацијата резултираше со блокирање на скопските улици.

Андоновски додаде дека според информациите со кои располагаат фактурите кои се доставени од приватниците превозници до јавното сообраќајно претпријатие Скопје не се спорни и со само тоа доколку приватните превозни го тужат ЈСП тогаш долгот кој во моментот како што рече е најголем во историјата достигнува скоро 2 милиони евра, ќе треба претпријатието да плати и пенали и судска казна.

Овие две прашања ги поставувам затоа што ме интересира кога ќе се реши проблемот, а проблемот се состои од три дела. Првиот дел, фактурите кои што приватните превозници ги имаат кон ЈСП не се спорни, спрема нив не е изјавен никаков негативен коментар, не е изјавена никаква забелешка. ЈСП ги прифатило врз основа на своите извештаи и извештаите на мониторинг центарот на Град Скопје и како такви тие се водат како долг на ЈСП кон овие превозници. Сумата наскоро достасува до 2 милиони евра. Доколку овие приватни превозници го тужат ЈСП тука ќе дојде да плаче директорот на ЈСП следната година дека му требаат субвенции за потешкотии во работењето зошто нема да може да го отплати ниту главниот долг ниту пак долгот по судската одлука, бидејќи повторно ќе кажам фактурите не се спорни, рече тој.

Андоновски ја искоментира изјавата на градоначалничката Арсовска која кажа дека приватните превозни не пријавиле продажба на билети, а парите завршувале во нечиј џеб, потенцирајќи дека чим Арсовска не поднела кривична пријава очигледно е дека фактурите на приватните превозници се веродостојни.

Ако биле спорни фактурите после онаа прес конференција на градоначалничката очекував да си поднесе кривична пријава во МВР и договорниот однос кој што го објасни помеѓу ЈСП и приватните превозници да си го решава и пред граѓанскиот суд, да рече мене овие приватни превозници ме лажат, продаваат карти, во исто време ми ги бараат мене парите, јас фактурите не ги признавам и поради тоа си поднесувам тужба пред надлежниот граѓански суд. Но, тоа не се случи, фактурите се очигледно неспорни според нашите информации, и мене ме интересира дали ќе треба и пенали да плаќаме следната година. Затоа што договорниот однос помеѓу ЈСП и приватните превозници нас како совет не не интересира, ама парите кои ќе се побараат од Советот, од граѓаните од буџетот многу ме интересира дали ќе бидат само за потешкотии во работењето само да исплатат плати или ќе бидат и за судски казни и пенали кои што сигурно ќе достасаат затоа што ќе си поднесат луѓето тужба, изјави Андоновски.

Андоновски потенцираше дека има целосна блокада на системот и мора да се изнајде соодветно решение, укажувајќи дека граѓаните чекаат и по неколку часа автобус, како и дека има шпекулации дека се тераат вработените од ЈСП да работат и по две смени за да ги покријат линиите и на приватните превозници.

Второ, кое што произлегува и зошто овој договор нас треба да не интересира е бидејќи оваа сума која што се должи е двојно повисоко од било кога ЈСП му должела на некој приватен превозник. Значи и досега постоеле долгови и тие се решавале тековно и сега прв пат сумата достасува 2 милиони евра и таа е за прв пат волку голема во историјата на соработката помеѓу градот и било кој превозник во било каква форма, нагласи Андоновски.

И третото кое што е најважно, во Скопје не постои правилен јавен автобуски превоз. Во моментот граѓаните чекаат по час, час и половина на најавен автобус кој што треба да стигне за 5 минути. Во Скопје во моментот линиите кои што беа покривани од приватни превозници со три, четири или пет автобуси сега се покриваат само со еден. Има шпекулации и новинарски извештаи дека се тераат вработени да работат и под две семени од ЈСП ги покријат овие линии на било каков начин. Но, очигледно е дека не ги покриваат доволно добро, едно заради бројката на автобуси, и второ заради тоа што имаме блокада на системот, дециден е Андоновски.

The post Андоновски: Зошто до сега не се исплатени 90 милиони денари достасани долгови до двата приватни превозници и кога овие пари ќе се исплатат? appeared first on Република.

]]>

Зошто до сега не се исплатени 90 милиони денари достасани долгови до двата приватни превозници и кога овие пари ќе се исплатат, го праша советникот од ВМРО-ДПМНЕ Стефан Андоновски на денешната седница за поставување на советнички прашања директорот на ЈСП Скопје откако поради неисплатен долг од страна на јавното претпријатие кон приватните превозници ситуацијата резултираше со блокирање на скопските улици. Андоновски додаде дека според информациите со кои располагаат фактурите кои се доставени од приватниците превозници до јавното сообраќајно претпријатие Скопје не се спорни и со само тоа доколку приватните превозни го тужат ЈСП тогаш долгот кој во моментот како што рече е најголем во историјата достигнува скоро 2 милиони евра, ќе треба претпријатието да плати и пенали и судска казна. Овие две прашања ги поставувам затоа што ме интересира кога ќе се реши проблемот, а проблемот се состои од три дела. Првиот дел, фактурите кои што приватните превозници ги имаат кон ЈСП не се спорни, спрема нив не е изјавен никаков негативен коментар, не е изјавена никаква забелешка. ЈСП ги прифатило врз основа на своите извештаи и извештаите на мониторинг центарот на Град Скопје и како такви тие се водат како долг на ЈСП кон овие превозници. Сумата наскоро достасува до 2 милиони евра. Доколку овие приватни превозници го тужат ЈСП тука ќе дојде да плаче директорот на ЈСП следната година дека му требаат субвенции за потешкотии во работењето зошто нема да може да го отплати ниту главниот долг ниту пак долгот по судската одлука, бидејќи повторно ќе кажам фактурите не се спорни, рече тој. Андоновски ја искоментира изјавата на градоначалничката Арсовска која кажа дека приватните превозни не пријавиле продажба на билети, а парите завршувале во нечиј џеб, потенцирајќи дека чим Арсовска не поднела кривична пријава очигледно е дека фактурите на приватните превозници се веродостојни.
Ако биле спорни фактурите после онаа прес конференција на градоначалничката очекував да си поднесе кривична пријава во МВР и договорниот однос кој што го објасни помеѓу ЈСП и приватните превозници да си го решава и пред граѓанскиот суд, да рече мене овие приватни превозници ме лажат, продаваат карти, во исто време ми ги бараат мене парите, јас фактурите не ги признавам и поради тоа си поднесувам тужба пред надлежниот граѓански суд. Но, тоа не се случи, фактурите се очигледно неспорни според нашите информации, и мене ме интересира дали ќе треба и пенали да плаќаме следната година. Затоа што договорниот однос помеѓу ЈСП и приватните превозници нас како совет не не интересира, ама парите кои ќе се побараат од Советот, од граѓаните од буџетот многу ме интересира дали ќе бидат само за потешкотии во работењето само да исплатат плати или ќе бидат и за судски казни и пенали кои што сигурно ќе достасаат затоа што ќе си поднесат луѓето тужба, изјави Андоновски.
Андоновски потенцираше дека има целосна блокада на системот и мора да се изнајде соодветно решение, укажувајќи дека граѓаните чекаат и по неколку часа автобус, како и дека има шпекулации дека се тераат вработените од ЈСП да работат и по две смени за да ги покријат линиите и на приватните превозници.
Второ, кое што произлегува и зошто овој договор нас треба да не интересира е бидејќи оваа сума која што се должи е двојно повисоко од било кога ЈСП му должела на некој приватен превозник. Значи и досега постоеле долгови и тие се решавале тековно и сега прв пат сумата достасува 2 милиони евра и таа е за прв пат волку голема во историјата на соработката помеѓу градот и било кој превозник во било каква форма, нагласи Андоновски. И третото кое што е најважно, во Скопје не постои правилен јавен автобуски превоз. Во моментот граѓаните чекаат по час, час и половина на најавен автобус кој што треба да стигне за 5 минути. Во Скопје во моментот линиите кои што беа покривани од приватни превозници со три, четири или пет автобуси сега се покриваат само со еден. Има шпекулации и новинарски извештаи дека се тераат вработени да работат и под две семени од ЈСП ги покријат овие линии на било каков начин. Но, очигледно е дека не ги покриваат доволно добро, едно заради бројката на автобуси, и второ заради тоа што имаме блокада на системот, дециден е Андоновски.
 
The post Андоновски: Зошто до сега не се исплатени 90 милиони денари достасани долгови до двата приватни превозници и кога овие пари ќе се исплатат? appeared first on Република.

]]>