јогурт Archives - Република https://republika.mk/tema/jogurt/ За подобро да се разбереме Thu, 26 Sep 2024 07:15:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png јогурт Archives - Република https://republika.mk/tema/jogurt/ 32 32 И бурекот и јогуртот треба да поевтинат, потсетува ДПИ https://republika.mk/vesti/ekonomija/i-burekot-i-jogurtot-treba-da-poevtinat-potsetuva-dpi/ Wed, 25 Sep 2024 13:25:36 +0000 https://republika.mk/?p=819580

Одлуката за ограничување на профитните маржи на трговците до 10 отсто ги опфаќа и бурекот и јогуртот и белите печива, потсети на денешната прес-конференција директорот на Државната пазарна инспекција, Горан Трајковски, откако граѓани се пожалиле дека нема поевтинување на бурекот и белите печива.

Имаше такви дилеми, но бурекчилниците се опфатени со одлуката за ограничување на маржата, и тоа според Законот за трговијата, член 3. Денес, инспекторите прават контроли во маркетите, утре се предвидени контроли на трговците на мало и на бурекчилниците, а задутре ќе ги контролираме трговците на големо. Трговците на големо ќе ги контролираме на крајот за да им оставиме време да ги потрошат резервите. Во одлуката за ограничување на маржата влегува и јогуртот, рече Трајковски.

The post И бурекот и јогуртот треба да поевтинат, потсетува ДПИ appeared first on Република.

]]>

Одлуката за ограничување на профитните маржи на трговците до 10 отсто ги опфаќа и бурекот и јогуртот и белите печива, потсети на денешната прес-конференција директорот на Државната пазарна инспекција, Горан Трајковски, откако граѓани се пожалиле дека нема поевтинување на бурекот и белите печива.
Имаше такви дилеми, но бурекчилниците се опфатени со одлуката за ограничување на маржата, и тоа според Законот за трговијата, член 3. Денес, инспекторите прават контроли во маркетите, утре се предвидени контроли на трговците на мало и на бурекчилниците, а задутре ќе ги контролираме трговците на големо. Трговците на големо ќе ги контролираме на крајот за да им оставиме време да ги потрошат резервите. Во одлуката за ограничување на маржата влегува и јогуртот, рече Трајковски.

The post И бурекот и јогуртот треба да поевтинат, потсетува ДПИ appeared first on Република.

]]>
Јогуртот може да го намали ризикот од дијабетес тип 2 https://republika.mk/zivot/zdravje/jogurtot-mozhe-da-go-namali-rizikot-od-dijabetes-tip-2/ Sat, 09 Mar 2024 16:53:34 +0000 https://republika.mk/?p=753072

Во одлуката која се донесува речиси пет години, американската Администрација за храна и лекови (ФДА) им дозволи на производителите на јогурт да наведат дека храната може да го намали ризикот од дијабетес тип 2, пренесува „Си-ен-ен“.

Одлуката од петокот го означува првото здравствено тврдење коешто федералната агенција го издаде за јогуртот, но е помалку моќна бидејќи, иако „подржана со научни докази, не го исполнува построгиот стандард“ на научниот консензус, соопшти ФДА.

„За да се осигура дека овие тврдења не се погрешни, тие мора да бидат проследени со одрекување од одговорност или со друг соодветен јазик за на потрошувачите точно да им се пренесе нивото на научни докази што го поддржуваат тврдењето.“

Во случајот на јогуртот, прифатено е дека, според ограничените научни докази, „редовното консумирање јогурт, најмалку 2 шолји (3 порции) неделно“, може да го намали ризикот од болеста, од која боледуваат околу 462 милиони луѓе во светот.

Врз основа на две студии, ФДА заклучила дека оваа препорачана количина јогурт е потребна за да се постигне наведениот ефект.

Направен од млеко ферментирано со бактерии или пробиотици Lactobacillus bulgaricus и Streptococcus thermophilus, јогуртот е богат со калциум, протеини, витамини од групата Б и минерали, вклучувајќи магнезиум, фосфор и калиум.

Овој потег доаѓа како одговор на петицијата од 2018 година поднесена од северноамериканската компанија за храна и пијалаци „Данон“. Поднесувањето на барањето ја навело ФДА да ги разгледа постојните истражувања за врската помеѓу јогуртот и дијабетес тип 2, се наведува во соопштението за печатот.

„Петицијата да се дозволи квалификуваното здравствено тврдење поврзано со дијабетес тип 2 да се појави на етикетите на јогуртот е поддржана со соодветни чекори и вклучуваше рецензирано истражување кое ја поддржува нивната петиција“, рекла д-р Каролин Пасерело, регистрирана диететичарка нутриционистка и инструкторка во факултетот за здравствени и рехабилитациски науки од Универзитетот во Питсбург.

Но, освен тоа што се ограничени, овие студии исто така „не се силни“, рекла Пасерело.

Начинот на кој е спроведено истражувањето „значи дека не можеме со сигурност да кажеме дека постои причинско-последична врска, туку поголема корелација помеѓу дијабетесот тип 2 и јогуртот“.

ФДА ретко донесува одлуки да ги дозволи овие типови на здравствени тврдења и во изминатата деценија тоа го направила за само 10 намирници, вклучително и какао во прав со висока содржина на флавоноли за намалување на ризикот од кардиоваскуларни болести и одредени производи од брусница за намалување на шансите за повторување на инфекции на уринарниот тракт кај жените.

Д-р Марион Нестле, професорка по исхрана, здрава храна и јавно здравје на Универзитетот во Њујорк, ја критикувала одлуката, прашувајќи: „Зошто кој било разумен човек би помислил дека сè што треба да направите за да спречите дијабетес тип 2 е да консумирате 2 шолји јогурт неделно?”.

Таа додала дека „сè што можеме да се надеваме е дека јогуртот е барем незасладен, но бидејќи е навистина тешко да се најде незасладен јогурт, ова им кажува на луѓето кои сакаат да избегнат дијабетес тип 2 дека засладените јогурти се добри за нив“.

„Според прегледот на студиите на ФДА, количината на шеќер во јогуртот не влијаела на резултатите. Затоа, за ФДА, шеќерот не е проблем“, додала Нестле.

Секој јогурт може да се повика на научното тврдење на ФДА сè додека ја користи точната формулација што ја одредила агенцијата, додала Нестле.

Високата потрошувачка на додаден шеќер е поврзана со поголем ризик од развој на дијабетес тип 2, според повеќе студии.

 

The post Јогуртот може да го намали ризикот од дијабетес тип 2 appeared first on Република.

]]>

Во одлуката која се донесува речиси пет години, американската Администрација за храна и лекови (ФДА) им дозволи на производителите на јогурт да наведат дека храната може да го намали ризикот од дијабетес тип 2, пренесува „Си-ен-ен“. Одлуката од петокот го означува првото здравствено тврдење коешто федералната агенција го издаде за јогуртот, но е помалку моќна бидејќи, иако „подржана со научни докази, не го исполнува построгиот стандард“ на научниот консензус, соопшти ФДА. „За да се осигура дека овие тврдења не се погрешни, тие мора да бидат проследени со одрекување од одговорност или со друг соодветен јазик за на потрошувачите точно да им се пренесе нивото на научни докази што го поддржуваат тврдењето.“ Во случајот на јогуртот, прифатено е дека, според ограничените научни докази, „редовното консумирање јогурт, најмалку 2 шолји (3 порции) неделно“, може да го намали ризикот од болеста, од која боледуваат околу 462 милиони луѓе во светот. Врз основа на две студии, ФДА заклучила дека оваа препорачана количина јогурт е потребна за да се постигне наведениот ефект. Направен од млеко ферментирано со бактерии или пробиотици Lactobacillus bulgaricus и Streptococcus thermophilus, јогуртот е богат со калциум, протеини, витамини од групата Б и минерали, вклучувајќи магнезиум, фосфор и калиум. Овој потег доаѓа како одговор на петицијата од 2018 година поднесена од северноамериканската компанија за храна и пијалаци „Данон“. Поднесувањето на барањето ја навело ФДА да ги разгледа постојните истражувања за врската помеѓу јогуртот и дијабетес тип 2, се наведува во соопштението за печатот. „Петицијата да се дозволи квалификуваното здравствено тврдење поврзано со дијабетес тип 2 да се појави на етикетите на јогуртот е поддржана со соодветни чекори и вклучуваше рецензирано истражување кое ја поддржува нивната петиција“, рекла д-р Каролин Пасерело, регистрирана диететичарка нутриционистка и инструкторка во факултетот за здравствени и рехабилитациски науки од Универзитетот во Питсбург. Но, освен тоа што се ограничени, овие студии исто така „не се силни“, рекла Пасерело. Начинот на кој е спроведено истражувањето „значи дека не можеме со сигурност да кажеме дека постои причинско-последична врска, туку поголема корелација помеѓу дијабетесот тип 2 и јогуртот“. ФДА ретко донесува одлуки да ги дозволи овие типови на здравствени тврдења и во изминатата деценија тоа го направила за само 10 намирници, вклучително и какао во прав со висока содржина на флавоноли за намалување на ризикот од кардиоваскуларни болести и одредени производи од брусница за намалување на шансите за повторување на инфекции на уринарниот тракт кај жените. Д-р Марион Нестле, професорка по исхрана, здрава храна и јавно здравје на Универзитетот во Њујорк, ја критикувала одлуката, прашувајќи: „Зошто кој било разумен човек би помислил дека сè што треба да направите за да спречите дијабетес тип 2 е да консумирате 2 шолји јогурт неделно?”. Таа додала дека „сè што можеме да се надеваме е дека јогуртот е барем незасладен, но бидејќи е навистина тешко да се најде незасладен јогурт, ова им кажува на луѓето кои сакаат да избегнат дијабетес тип 2 дека засладените јогурти се добри за нив“. „Според прегледот на студиите на ФДА, количината на шеќер во јогуртот не влијаела на резултатите. Затоа, за ФДА, шеќерот не е проблем“, додала Нестле. Секој јогурт може да се повика на научното тврдење на ФДА сè додека ја користи точната формулација што ја одредила агенцијата, додала Нестле. Високата потрошувачка на додаден шеќер е поврзана со поголем ризик од развој на дијабетес тип 2, според повеќе студии.  

The post Јогуртот може да го намали ризикот од дијабетес тип 2 appeared first on Република.

]]>
Состојка која ве одржува сити и ви помага да изгубите тежина! https://republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/sostojka-koja-ve-odrzhuva-siti-i-vi-pomaga-da-izgubite-tezhina/ Sat, 10 Feb 2024 21:03:22 +0000 https://republika.mk/?p=742631

Ако барате нутритивни опции за исхрана кои ќе ви помогнат да ослабете и воедно да ја задоволите вашата ситост, продолжете да читате.

Многумина од нас веќе знаат за бројните придобивки што јогуртот ги нуди во нашата исхрана. Со оглед на тоа што јогуртот се произведува со ферментација на млеко од одредени активни микроорганизми, тој е меѓу најхранливите намирници бидејќи е богат со многу хранливи материи кои покриваат многу од потребите на организмот. Во следните редови има релевантни докази кои ќе ве убедат.

Идеален за слабеење и согорување на маснотии

Постојат различни студии кои го истакнуваат јогуртот како идеален избор на храна за слабеење, бидејќи има способност да согорува масти, особено околу стомакот. Научна студија покажа дека луѓето кои консумирале 3 пати јогурт дневно како дел од диетата со ограничени калории изгубиле 60% повеќе телесни масти и 22% повеќе тежина од оние кои не консумирале јогурт. Ова главно се должи на протеините и калциумот добиени преку млечните производи со малку маснотии. Накратко, економична суперхрана идеална за слабеење.

Богат е со протеини

200 мл јогурт може да обезбеди до 12 грама протеини. Бидејќи е богат извор на протеини, јогуртот исто така го подобрува вашиот метаболизам и на тој начин ви помага да согорите повеќе калории во текот на денот. Протеините помагаат и при слабеење со тоа што ве одржуваат сити подолго време, согорувате масти и калории, а истовремено го регулирате вашиот апетит, што на крајот ќе ви помогне да изгубите тежина.

Богат е со калциум

Калциумот најчесто се поврзува со здравјето на коските. Сепак, калциумот е неопходен и за подобрување на процесот на термогенеза (енергијата што ја користиме за варење на храната) што дополнително го подобрува нашиот метаболизам. Само една чаша јогурт може да ги обезбеди речиси 50% од нашите дневни потреби за калциум. Така, јогуртот не само што го подобрува здравјето на коските и забите, туку помага и во управувањето со нашата тежина.

Го зајакнува здравјето на дигестивниот систем

Непастеризираните видови јогурт имаат висока концентрација на добри бактерии или пробиотици (Bifidobacteria и Lactobacillus), за кои е познато дека го подобруваат здравјето на цревата. Лошото здравје на цревата и лошото варење се поврзани со зголемување на телесната тежина и често се причините за тешкото слабеење.

И покрај тоа што го подобруваат варењето и ги третираат симптомите на вознемирен стомак, овие својства на јогуртот ќе го подобрат варењето и во исто време ќе помогнат во губење на тежината.

The post Состојка која ве одржува сити и ви помага да изгубите тежина! appeared first on Република.

]]>

Ако барате нутритивни опции за исхрана кои ќе ви помогнат да ослабете и воедно да ја задоволите вашата ситост, продолжете да читате. Многумина од нас веќе знаат за бројните придобивки што јогуртот ги нуди во нашата исхрана. Со оглед на тоа што јогуртот се произведува со ферментација на млеко од одредени активни микроорганизми, тој е меѓу најхранливите намирници бидејќи е богат со многу хранливи материи кои покриваат многу од потребите на организмот. Во следните редови има релевантни докази кои ќе ве убедат. Идеален за слабеење и согорување на маснотии Постојат различни студии кои го истакнуваат јогуртот како идеален избор на храна за слабеење, бидејќи има способност да согорува масти, особено околу стомакот. Научна студија покажа дека луѓето кои консумирале 3 пати јогурт дневно како дел од диетата со ограничени калории изгубиле 60% повеќе телесни масти и 22% повеќе тежина од оние кои не консумирале јогурт. Ова главно се должи на протеините и калциумот добиени преку млечните производи со малку маснотии. Накратко, економична суперхрана идеална за слабеење. Богат е со протеини 200 мл јогурт може да обезбеди до 12 грама протеини. Бидејќи е богат извор на протеини, јогуртот исто така го подобрува вашиот метаболизам и на тој начин ви помага да согорите повеќе калории во текот на денот. Протеините помагаат и при слабеење со тоа што ве одржуваат сити подолго време, согорувате масти и калории, а истовремено го регулирате вашиот апетит, што на крајот ќе ви помогне да изгубите тежина. Богат е со калциум Калциумот најчесто се поврзува со здравјето на коските. Сепак, калциумот е неопходен и за подобрување на процесот на термогенеза (енергијата што ја користиме за варење на храната) што дополнително го подобрува нашиот метаболизам. Само една чаша јогурт може да ги обезбеди речиси 50% од нашите дневни потреби за калциум. Така, јогуртот не само што го подобрува здравјето на коските и забите, туку помага и во управувањето со нашата тежина. Го зајакнува здравјето на дигестивниот систем Непастеризираните видови јогурт имаат висока концентрација на добри бактерии или пробиотици (Bifidobacteria и Lactobacillus), за кои е познато дека го подобруваат здравјето на цревата. Лошото здравје на цревата и лошото варење се поврзани со зголемување на телесната тежина и често се причините за тешкото слабеење. И покрај тоа што го подобруваат варењето и ги третираат симптомите на вознемирен стомак, овие својства на јогуртот ќе го подобрат варењето и во исто време ќе помогнат во губење на тежината.

The post Состојка која ве одржува сити и ви помага да изгубите тежина! appeared first on Република.

]]>
Баланс во исхраната за подобро здравје – потврдено со клиничка студија https://republika.mk/zivot/zdravje/balans-vo-ishranata-za-podobro-zdravje-potvrdeno-so-klinichka-studija/ Mon, 23 Jan 2023 14:03:45 +0000 https://republika.mk/?p=600048

Консумирањето производ чиј состав позитивно влијае врз здравјето и организмот колку што е потребно толку е и ретко. Но, уште поретко е постоењето производи чиј ефект врз здравјето е докажан и потврден со клиничка студија, што е посебно потребно во услови на разновидни, но не и секогаш квалитетни прехранбени производи.

Јогуртот со пробиотици Баланс+ е токму еден од ретките ако не и единствен производ за чие позитивно влијание врз здравјето и процесите во организмот е направена клиничка студија. Оваа студија покажа дека Баланс+ поседува својства што обезбедуваат цела низа здравствени придобивки.

Една од главните придобивки е успешното регулирање на варењето на храната и дигестивниот тракт. Според оваа студија, за да се постигне совршен баланс во дигестивниот тракт потребно е во текот на десет дена дневно да се консумира по 500 грама од јогуртот поделен во две дози. Студијата е спроведена на повеќе испитаници меѓу кои и пациенти со функционални нарушувања на дигестивниот систем, и еднакво кај сите ги покажа позитивните ефекти од консумирањето Баланс+.

Покрај подобрувањето на работата на дигестивниот тракт како и проблемите во дигестивниот тракт, редовното консумирање на Баланс+ придонесува и за други аспекти на здравјето и благосостојбата на оние што редовно го консумираат. Го подобрува метаболизмот, влијае на варењето храната и расположението. Позитивно се одразува и на психичката состојба, како резултат на олеснување на тешкотиите при варењето на храната и чувството на подуеност.

Овие својства на Баланс+ произлегуваат од неговиот состав, комбинацијата од двете најкорисни пробиотски култури Lactobacillus acidophilus LA и Bifidobacterium BB заедно со пребиотикот олигофруктоза, којшто ја го засилува дејството на пробиотиците, заедно обединети во комплексот Bifido Digestio.

Редовното пиење на Баланс+ води и до намалување на индексот на телесна маса (BMI), а исто така се забележува разлика и во процентот на телесните масти коишто се намалуваат, како и на количината на вода во телото која се зголемува.

The post Баланс во исхраната за подобро здравје – потврдено со клиничка студија appeared first on Република.

]]>

Консумирањето производ чиј состав позитивно влијае врз здравјето и организмот колку што е потребно толку е и ретко. Но, уште поретко е постоењето производи чиј ефект врз здравјето е докажан и потврден со клиничка студија, што е посебно потребно во услови на разновидни, но не и секогаш квалитетни прехранбени производи. Јогуртот со пробиотици Баланс+ е токму еден од ретките ако не и единствен производ за чие позитивно влијание врз здравјето и процесите во организмот е направена клиничка студија. Оваа студија покажа дека Баланс+ поседува својства што обезбедуваат цела низа здравствени придобивки. Една од главните придобивки е успешното регулирање на варењето на храната и дигестивниот тракт. Според оваа студија, за да се постигне совршен баланс во дигестивниот тракт потребно е во текот на десет дена дневно да се консумира по 500 грама од јогуртот поделен во две дози. Студијата е спроведена на повеќе испитаници меѓу кои и пациенти со функционални нарушувања на дигестивниот систем, и еднакво кај сите ги покажа позитивните ефекти од консумирањето Баланс+. Покрај подобрувањето на работата на дигестивниот тракт како и проблемите во дигестивниот тракт, редовното консумирање на Баланс+ придонесува и за други аспекти на здравјето и благосостојбата на оние што редовно го консумираат. Го подобрува метаболизмот, влијае на варењето храната и расположението. Позитивно се одразува и на психичката состојба, како резултат на олеснување на тешкотиите при варењето на храната и чувството на подуеност. Овие својства на Баланс+ произлегуваат од неговиот состав, комбинацијата од двете најкорисни пробиотски култури Lactobacillus acidophilus LA и Bifidobacterium BB заедно со пребиотикот олигофруктоза, којшто ја го засилува дејството на пробиотиците, заедно обединети во комплексот Bifido Digestio. Редовното пиење на Баланс+ води и до намалување на индексот на телесна маса (BMI), а исто така се забележува разлика и во процентот на телесните масти коишто се намалуваат, како и на количината на вода во телото која се зголемува.

The post Баланс во исхраната за подобро здравје – потврдено со клиничка студија appeared first on Република.

]]>
Д-р Пановски: Нема голема опасност од афлатоксинот во млечните производи https://republika.mk/zivot/zdravje/d-r-panovski-nema-golema-opasnost-od-aflatoksinot-vo-mlechnite-proizvodi/ Tue, 22 Nov 2022 07:43:53 +0000 https://republika.mk/?p=576753

Нема опасност од поголемата концентрација на афлатоксинот во млекото. Тој токсин секогаш го има во мали концентрации, но треба многу, многу да се конзумира, за да се појави реакција кај човекот, смирува проф. д-р Никола Пановски, микробиолог и претседател на Мултисекторката комисија за контрола на антимикробна резистенција по последните информации за повлечени од продажба на млечни производи со повисока концентрација на афлатоксини.

https://republika.mk/zivot/zdravje/ushte-eden-proizvod-so-aflatoksini-jogurtot-balans-se-povlekuva-od-pazarot-vratete-go-vednash-dokolku-ste-go-kupile/

Афлатоксинот го произведеува мувлата, која се вика аспрегилус флавус (Aspergillus flavus). Од тука доаѓа името афла. Таа се наоѓа во предели со влажни услови, а често знае да се најде во силосите каде што се чува житото. Потоа, ако го дадат тоа жито на кравите, најчесто пченка, се случува во млекото на кравите да се јави тој токсин во поголеми концентрации. Тој токсин секогаш го има во мали концентрации, но треба многу, многу да се конзумира, па за да се појави реакција кај човекот. Граѓаните нека не се плашат, да си речат: леле, испив една чаша, сега што ќе ми стане. Ништо нема да им стане. Треба години, години да го пијат, па да се покаже некаков симптом, вели Пановски за МКД.мк.

The post Д-р Пановски: Нема голема опасност од афлатоксинот во млечните производи appeared first on Република.

]]>

Нема опасност од поголемата концентрација на афлатоксинот во млекото. Тој токсин секогаш го има во мали концентрации, но треба многу, многу да се конзумира, за да се појави реакција кај човекот, смирува проф. д-р Никола Пановски, микробиолог и претседател на Мултисекторката комисија за контрола на антимикробна резистенција по последните информации за повлечени од продажба на млечни производи со повисока концентрација на афлатоксини. https://republika.mk/zivot/zdravje/ushte-eden-proizvod-so-aflatoksini-jogurtot-balans-se-povlekuva-od-pazarot-vratete-go-vednash-dokolku-ste-go-kupile/
Афлатоксинот го произведеува мувлата, која се вика аспрегилус флавус (Aspergillus flavus). Од тука доаѓа името афла. Таа се наоѓа во предели со влажни услови, а често знае да се најде во силосите каде што се чува житото. Потоа, ако го дадат тоа жито на кравите, најчесто пченка, се случува во млекото на кравите да се јави тој токсин во поголеми концентрации. Тој токсин секогаш го има во мали концентрации, но треба многу, многу да се конзумира, па за да се појави реакција кај човекот. Граѓаните нека не се плашат, да си речат: леле, испив една чаша, сега што ќе ми стане. Ништо нема да им стане. Треба години, години да го пијат, па да се покаже некаков симптом, вели Пановски за МКД.мк.

The post Д-р Пановски: Нема голема опасност од афлатоксинот во млечните производи appeared first on Република.

]]>
Уште еден производ со афлатоксини: Јогуртот Баланс + се повлекува од пазарот, вратете го веднаш доколку сте го купиле! https://republika.mk/zivot/zdravje/ushte-eden-proizvod-so-aflatoksini-jogurtot-balans-se-povlekuva-od-pazarot-vratete-go-vednash-dokolku-ste-go-kupile/ Mon, 21 Nov 2022 08:04:35 +0000 https://republika.mk/?p=576314

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека се повлекува од пазарот небезбеден производ БАЛAНС +, ферментиран млечен производ, во пакување од 1 килограм.

Причините се неусогласена концентрација на афлатоксини со македонските прописи, поради што овој производ е потенцијален ризик по здравјето на луѓето. Афлатоксините се токсични и се едни од најканцерогените познати соединенија. По влегувањето во организмот, можат да бидат метаболизирани во црниот дроб.

Дополнително, од АХВ известуваат дека количествата што се повлекуваат не биле наменети за македонскиот пазар.

Се повлекуваат пакувањата со Сериски број/лот: 28.11.22, односно рок на употреба до 28 ноември.

Производител е AD IMLEK, Industrijsko naselje bb,11231 Padinska Skela, Republika Srbija.

Производот во земјава е дистрибуиран од Млекара АД Битола, Ѓурчин Наумов Пљакот бр.1, 7000 Битола, Република Македонија.

Крајните потрошувачи кои гo имаат купено горенаведениoт производ со посочениот сериски број/лот, истиот да нe гo консумираат и да гo вратат на местото од каде гo купиле, порачува АХВ.

The post Уште еден производ со афлатоксини: Јогуртот Баланс + се повлекува од пазарот, вратете го веднаш доколку сте го купиле! appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека се повлекува од пазарот небезбеден производ БАЛAНС +, ферментиран млечен производ, во пакување од 1 килограм. Причините се неусогласена концентрација на афлатоксини со македонските прописи, поради што овој производ е потенцијален ризик по здравјето на луѓето. Афлатоксините се токсични и се едни од најканцерогените познати соединенија. По влегувањето во организмот, можат да бидат метаболизирани во црниот дроб. Дополнително, од АХВ известуваат дека количествата што се повлекуваат не биле наменети за македонскиот пазар. Се повлекуваат пакувањата со Сериски број/лот: 28.11.22, односно рок на употреба до 28 ноември. Производител е AD IMLEK, Industrijsko naselje bb,11231 Padinska Skela, Republika Srbija. Производот во земјава е дистрибуиран од Млекара АД Битола, Ѓурчин Наумов Пљакот бр.1, 7000 Битола, Република Македонија. Крајните потрошувачи кои гo имаат купено горенаведениoт производ со посочениот сериски број/лот, истиот да нe гo консумираат и да гo вратат на местото од каде гo купиле, порачува АХВ.

The post Уште еден производ со афлатоксини: Јогуртот Баланс + се повлекува од пазарот, вратете го веднаш доколку сте го купиле! appeared first on Република.

]]>
АХВ: Токсичен јогурт се повлекува од пазарот – присутни канцерогени материи https://republika.mk/vesti/ekonomija/ahv-toksichen-jogurt-se-povlekuva-od-pazarot-prisutni-kancerogeni-materii/ Sun, 20 Nov 2022 20:27:52 +0000 https://republika.mk/?p=576261

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека се повлекува од пазарот небезбеден производ БАЛAНС +, ферментиран млечен производ, во пакување од 1 килограм.

Причините се неусогласена концентрација на афлатоксини со македонските прописи, поради што овој производ е потенцијален ризик по здравјето на луѓето. Афлатоксините се токсични и се едни од најканцерогените познати соединенија. По влегувањето во организмот, можат да бидат метаболизирани во црниот дроб.

Дополнително, од АХВ известуваат дека количествата што се повлекуваат не биле наменети за македонскиот пазар.

Се повлекуваат пакувањата со Сериски број/лот: 28.11.22, односно рок на употреба до 28 ноември.

Производител е AD IMLEK, Industrijsko naselje bb,11231 Padinska Skela, Republika Srbija.

Производот во земјава е дистрибуиран од Млекара АД Битола, Ѓурчин Наумов Пљакот бр.1, 7000 Битола, Република Македонија.

Крајните потрошувачи кои гo имаат купено горенаведениoт производ со посочениот сериски број/лот, истиот да нe гo консумираат и да гo вратат на местото од каде гo купиле, порачува АХВ.

The post АХВ: Токсичен јогурт се повлекува од пазарот – присутни канцерогени материи appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека се повлекува од пазарот небезбеден производ БАЛAНС +, ферментиран млечен производ, во пакување од 1 килограм. Причините се неусогласена концентрација на афлатоксини со македонските прописи, поради што овој производ е потенцијален ризик по здравјето на луѓето. Афлатоксините се токсични и се едни од најканцерогените познати соединенија. По влегувањето во организмот, можат да бидат метаболизирани во црниот дроб. Дополнително, од АХВ известуваат дека количествата што се повлекуваат не биле наменети за македонскиот пазар. Се повлекуваат пакувањата со Сериски број/лот: 28.11.22, односно рок на употреба до 28 ноември. Производител е AD IMLEK, Industrijsko naselje bb,11231 Padinska Skela, Republika Srbija. Производот во земјава е дистрибуиран од Млекара АД Битола, Ѓурчин Наумов Пљакот бр.1, 7000 Битола, Република Македонија. Крајните потрошувачи кои гo имаат купено горенаведениoт производ со посочениот сериски број/лот, истиот да нe гo консумираат и да гo вратат на местото од каде гo купиле, порачува АХВ.

The post АХВ: Токсичен јогурт се повлекува од пазарот – присутни канцерогени материи appeared first on Република.

]]>
Потврдено: овој производ е број 1 за снижување на крвниот притисок https://republika.mk/zivot/zdravje/potvrdeno-ovoj-proizvod-e-broj-1-za-snizuvanje-na-krvniot-pritisok/ Sat, 22 Jan 2022 18:29:26 +0000 https://republika.mk/?p=448186

Многу луѓе страдаат од повишен крвен притисок, што дополнително и значително го зголемува ризикот од кариоваскуларни болести. Млечните производи содржат микронутритиенти, како калциум, магнезиум и калиум во траги, кои се вклучени во регулацијата на нивото на притисокот.

Јогуртот содржи млечни протеини и добри бактерии кои го потткнуваат ослободувањето на други корисни протеини заслужни за правилно функционирање на метаболизмот.

Неодамнешни истражувања потврдија дека пиењето 170 мл. јогурт со ниска масленост, три пати неделно, го намалува крвниот притисок.

Доколку имате проблем со притисокот и одлучите да го следите овој совет, за да не ви здодее едноличноста во конзумирањето вметнете ги следните додатоци.

– Во јогуртот додадете 80 грама ситно сечкана или изрендана крставица, кромид во прав и една лажичка копар. Ова комбинација го намалува и холестеролот.

– Помешајте 2 супени лажици пире од тиква, морско оревче, 2 – 3 коцки чоколадо. Придобивки од тиквата, морското оревче и коцките чоколадо се подобрена меморија и забрзана работа на мозокот.

– Измешајте јогурт и 1 супена лажица чиа семе и една зрела банана, исечкана на парчиња. Ќе внесете многу влакна, антиоксиданси и протеини со кои освен нормализирање на крвниот притисок, ќе ја подобрите и фигурата.

The post Потврдено: овој производ е број 1 за снижување на крвниот притисок appeared first on Република.

]]>

Многу луѓе страдаат од повишен крвен притисок, што дополнително и значително го зголемува ризикот од кариоваскуларни болести. Млечните производи содржат микронутритиенти, како калциум, магнезиум и калиум во траги, кои се вклучени во регулацијата на нивото на притисокот. Јогуртот содржи млечни протеини и добри бактерии кои го потткнуваат ослободувањето на други корисни протеини заслужни за правилно функционирање на метаболизмот. Неодамнешни истражувања потврдија дека пиењето 170 мл. јогурт со ниска масленост, три пати неделно, го намалува крвниот притисок. Доколку имате проблем со притисокот и одлучите да го следите овој совет, за да не ви здодее едноличноста во конзумирањето вметнете ги следните додатоци. – Во јогуртот додадете 80 грама ситно сечкана или изрендана крставица, кромид во прав и една лажичка копар. Ова комбинација го намалува и холестеролот. – Помешајте 2 супени лажици пире од тиква, морско оревче, 2 – 3 коцки чоколадо. Придобивки од тиквата, морското оревче и коцките чоколадо се подобрена меморија и забрзана работа на мозокот. – Измешајте јогурт и 1 супена лажица чиа семе и една зрела банана, исечкана на парчиња. Ќе внесете многу влакна, антиоксиданси и протеини со кои освен нормализирање на крвниот притисок, ќе ја подобрите и фигурата.

The post Потврдено: овој производ е број 1 за снижување на крвниот притисок appeared first on Република.

]]>