Консумирањето производ чиј состав позитивно влијае врз здравјето и организмот колку што е потребно толку е и ретко. Но, уште поретко е постоењето производи чиј ефект врз здравјето е докажан и потврден со клиничка студија, што е посебно потребно во услови на разновидни, но не и секогаш квалитетни прехранбени производи.

Јогуртот со пробиотици Баланс+ е токму еден од ретките ако не и единствен производ за чие позитивно влијание врз здравјето и процесите во организмот е направена клиничка студија. Оваа студија покажа дека Баланс+ поседува својства што обезбедуваат цела низа здравствени придобивки.

Една од главните придобивки е успешното регулирање на варењето на храната и дигестивниот тракт. Според оваа студија, за да се постигне совршен баланс во дигестивниот тракт потребно е во текот на десет дена дневно да се консумира по 500 грама од јогуртот поделен во две дози. Студијата е спроведена на повеќе испитаници меѓу кои и пациенти со функционални нарушувања на дигестивниот систем, и еднакво кај сите ги покажа позитивните ефекти од консумирањето Баланс+.

Покрај подобрувањето на работата на дигестивниот тракт како и проблемите во дигестивниот тракт, редовното консумирање на Баланс+ придонесува и за други аспекти на здравјето и благосостојбата на оние што редовно го консумираат. Го подобрува метаболизмот, влијае на варењето храната и расположението. Позитивно се одразува и на психичката состојба, како резултат на олеснување на тешкотиите при варењето на храната и чувството на подуеност.

Овие својства на Баланс+ произлегуваат од неговиот состав, комбинацијата од двете најкорисни пробиотски култури Lactobacillus acidophilus LA и Bifidobacterium BB заедно со пребиотикот олигофруктоза, којшто ја го засилува дејството на пробиотиците, заедно обединети во комплексот Bifido Digestio.

Редовното пиење на Баланс+ води и до намалување на индексот на телесна маса (BMI), а исто така се забележува разлика и во процентот на телесните масти коишто се намалуваат, како и на количината на вода во телото која се зголемува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.