јелена јованова Archives - Република https://republika.mk/tema/jelena-jovanova/ За подобро да се разбереме Sat, 21 Sep 2024 08:20:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png јелена јованова Archives - Република https://republika.mk/tema/jelena-jovanova/ 32 32 Актерката Јелена Јованова по втор пат стана мајка https://republika.mk/scena/estrada/akterkata-jelena-jovanova-po-vtor-pat-stana-majka/ Sat, 21 Sep 2024 08:20:26 +0000 https://republika.mk/?p=818402

Актерката Јелена Јованова по втор пат стана мајка. Таа роди уште еден син, кој ќе се вика Тома.

Јелена и оваа бременост ја чуваше во тајност, како и претходната кога го роди синот Јаков, кој сега веќе безмалку има пет години.

Тајната на Јелена овојпат ја откри нејзиниот брат Гоце, кој на Фејсбук објави дека станал вујко.

Нека ни е живо и здраво, станав вујко по втор пат. Честито Јелена Јованова, напиша тој.

Јелена е мажена за хрватскиот актер Стјепан Периќ, со кој се запозна на снимањето на серијата „Тајни“. Љубовта ја крунисаа со брак во 2015 година со свадба во Загреб, исто така без многу помпи.

The post Актерката Јелена Јованова по втор пат стана мајка appeared first on Република.

]]>

Актерката Јелена Јованова по втор пат стана мајка. Таа роди уште еден син, кој ќе се вика Тома. Јелена и оваа бременост ја чуваше во тајност, како и претходната кога го роди синот Јаков, кој сега веќе безмалку има пет години.
Тајната на Јелена овојпат ја откри нејзиниот брат Гоце, кој на Фејсбук објави дека станал вујко.
Нека ни е живо и здраво, станав вујко по втор пат. Честито Јелена Јованова, напиша тој.
Јелена е мажена за хрватскиот актер Стјепан Периќ, со кој се запозна на снимањето на серијата „Тајни“. Љубовта ја крунисаа со брак во 2015 година со свадба во Загреб, исто така без многу помпи.

The post Актерката Јелена Јованова по втор пат стана мајка appeared first on Република.

]]>
Филмот „Нешто слатко“ во повеќе градови низ републиката https://republika.mk/scena/film/filmot-neshto-slatko-vo-poveke-gradovi-niz-republikata/ Thu, 21 Sep 2023 13:56:20 +0000 https://republika.mk/?p=683823

„Нешто слатко“ - романтичната и питката комедија со актерските ѕвезди: Сашко Коцев како Аце Мајсторовски и Јелена Јованова-Периќ во ликот на Каја, од премиерната проекција во мај 2023 година до сега, во кино салите и на отворено (летни кина), ширум нашата земја се прикажа пред повеќе од 7.000 задоволни гледачи.

Главниот дистрибутер во РСМ, ПРОЦЕС К ПРОДУКЦИЈА, им овозможува на гледачите проекцијата на филмот да ја гледаат во следните градови и термини: Пробиштип – Дом на култура „Злетовски Рудар“ – 22.9, Демир Хисар – Дом на култура „Илинден“ – 22.9, Прилеп – Дом на култура „Марко Цепенков“ – 25 и 26.9, Св. Николе – Дом на култура „Крсте Мисирков“ – 28.9, Кичево – Дом на култура „Кочо рацин“ – 28.9, Кратово – Дом на култура „Лазар Софијанов“ – 30.9, Куманово – септември (датумот ќе биде дополнително објавен), Охрид – Центар за култура „Григор Прличев“ – 4 и 5.10, Кавадарци – Дом на култура „Иван Мазов“ – во првата половина на октомври, Богданци – Дом на култура „Бранд Петрушев“ – во првата половина на октомври, Валандово – Дом на култура „25-ти Мај“ – исто така кон првата половина на октомври и во Крива Паланка – Центар за култура - по 10 октомври, а наскоро и во КИНО МИЛЕНИУМ, Скопје – кон крајот на септември и октомври.

Меѓу останатото филмот е прикажан во Cineplexx MK, Кино 3D Битола, Дом на млади Штип и Паркинг кино - Битола, како и на неколку фестивали.

The post Филмот „Нешто слатко“ во повеќе градови низ републиката appeared first on Република.

]]>

„Нешто слатко“ - романтичната и питката комедија со актерските ѕвезди: Сашко Коцев како Аце Мајсторовски и Јелена Јованова-Периќ во ликот на Каја, од премиерната проекција во мај 2023 година до сега, во кино салите и на отворено (летни кина), ширум нашата земја се прикажа пред повеќе од 7.000 задоволни гледачи. Главниот дистрибутер во РСМ, ПРОЦЕС К ПРОДУКЦИЈА, им овозможува на гледачите проекцијата на филмот да ја гледаат во следните градови и термини: Пробиштип – Дом на култура „Злетовски Рудар“ – 22.9, Демир Хисар – Дом на култура „Илинден“ – 22.9, Прилеп – Дом на култура „Марко Цепенков“ – 25 и 26.9, Св. Николе – Дом на култура „Крсте Мисирков“ – 28.9, Кичево – Дом на култура „Кочо рацин“ – 28.9, Кратово – Дом на култура „Лазар Софијанов“ – 30.9, Куманово – септември (датумот ќе биде дополнително објавен), Охрид – Центар за култура „Григор Прличев“ – 4 и 5.10, Кавадарци – Дом на култура „Иван Мазов“ – во првата половина на октомври, Богданци – Дом на култура „Бранд Петрушев“ – во првата половина на октомври, Валандово – Дом на култура „25-ти Мај“ – исто така кон првата половина на октомври и во Крива Паланка – Центар за култура - по 10 октомври, а наскоро и во КИНО МИЛЕНИУМ, Скопје – кон крајот на септември и октомври. Меѓу останатото филмот е прикажан во Cineplexx MK, Кино 3D Битола, Дом на млади Штип и Паркинг кино - Битола, како и на неколку фестивали.

The post Филмот „Нешто слатко“ во повеќе градови низ републиката appeared first on Република.

]]>
Сакавме да направиме филм за првата и последната шанса во животот на човекот, вели Сашко Коцев пред премиерата на словенечкиот филм „Нешто слатко“ https://republika.mk/vesti/kultura/sakavme-da-napravime-film-za-prvata-i-poslednata-shansa-vo-zhivotot-na-chovekot-veli-sashko-kotsev-pred-premierata-na-slovenechkiot-film-neshto-slatko/ Fri, 05 May 2023 08:59:28 +0000 https://republika.mk/?p=637143

Македонските актери Сашко Коцев и Јелена Јованова ги играат главни улоги во словенечката романтична комедија „Нешто слатко“ (Nekaj Sladkega) во режија на ТВ-ѕвездата и стендап-актерот, Словенецот Тин Водопивец чија македонска премиера е закажана за утре, 6 мај, во 20 часот во скопското кино „Синаплекс“.

Коцев е и копродуцент на филмот, а заедно со сценаристката Уршка Мајдич се потпиша и на сценариото на комедијата. Јованова е копродуцент од Хрватска. Македонски партнер е „Процес К продукција“. Премиерата во Љубљана беше во февруари и оттогаш го виделе 10.000 луѓе.

[caption id="attachment_637203" align="alignnone" width="505"] Сакавме филмот да изгледа модерно, топло, камерата да е добра, да не се гледа дека е нискобуџетен, вели Видопивец[/caption]

Сакавме да направиме филм за првата и последната шанса во животот на човекот, за лажно и погрешно или какво било идеалаизирање и идеологизирање на луѓето, на некои одредени личности и за она што во светот прави и војни, а се вика пиар. Пиарот е нашето секојдневие, може да те направи и бог и просјак. Сите тие големи работи сакавме да ги ставиме во еден филм, но да го направиме тоа на еден питок начин, да го сместивме во жанрот ром-ком, романтична комедија, рече Коцев на вчерашната проекција за новинари.

Режисерот Водопивец, кој се појавува во филмот, вели дека идејата им била да направат филм за луѓето, кои кога ќе го гледаат, ќе заборават на сè.

Сакавме филмот да изгледа модерно, топло, камерата да е добра, да не се гледа дека е нискобуџетен, вели Видопивец, кој додава дека фимот немал да постои ако не бил Коцев, бидејќи филмот е пишуван за него.

Коцев и Водопивец се познаваат одамана, преку нивните стенд-ап настапи по фестивали во Словенија, Србија, Македонија и, како што вели Коцев, отсекогаш имале чувство дека имаат ист вкус за работите. Дури и исти филмови разменувале.

Отсекогаш беше идејата Коцев да биде главниот лик, не знам кој би можел да одглуми паралелно две улоги, тоа за него беше целосна шизофренија. Кога го гледам филмот, забележувам мини грешки, бидејќи имавме микро-буџет, Американците би кажале без буџет, вели Водопивец, кој раскажа дека за време на снимањето кога и да сакале нешто да заштедат во и така малиот буџет, им се случувале пехови кои подоцна ги чинеле повеќе пари отколку што било планирано.

Коцев кажа дека продукциски морале да прават многу компромиси и поради ковид-пандемијата и протоколите, но и поради неочекуваните откажување на спонзорите.

Сите ќе кажат ова е комерцијален филм, така? Јас велам: Што значи комерцијален филм? Низ годините комерцијален станал термин кој звучи потценувачки. Секој филм треба да биде комерцијален. Публиката ќе дојде и ќе ужива во филмот и после ќе оди на пијачка. Најтешко во филмот, додека работевме ми беше кога преку ден имав сцени и од едниот и од другиот лик. Се работеше со многу млада екипа на којашто и значеше да биде дел од еден игран филм, но мислам дека сите ги оправдаа очекувањата. Според мене, најјаката алка беше директорот на фотографија, којшто е професор по камера и фотографија на факултетот за драмски уметности во Љубљана. Кога снимаш филм со мал буџет, целата своја имагинација, својата креативност ти е на максимум. Кога си лежерен, со голем буџет, тоа може да биде и малку погубно за уметникот, вели Коцев.

Како што беше кажано вчера, по премиерата во Скопје, се планира филмот да игра и во Битола, Кочани, Велес и во Свети Николе.

The post Сакавме да направиме филм за првата и последната шанса во животот на човекот, вели Сашко Коцев пред премиерата на словенечкиот филм „Нешто слатко“ appeared first on Република.

]]>

Македонските актери Сашко Коцев и Јелена Јованова ги играат главни улоги во словенечката романтична комедија „Нешто слатко“ (Nekaj Sladkega) во режија на ТВ-ѕвездата и стендап-актерот, Словенецот Тин Водопивец чија македонска премиера е закажана за утре, 6 мај, во 20 часот во скопското кино „Синаплекс“. Коцев е и копродуцент на филмот, а заедно со сценаристката Уршка Мајдич се потпиша и на сценариото на комедијата. Јованова е копродуцент од Хрватска. Македонски партнер е „Процес К продукција“. Премиерата во Љубљана беше во февруари и оттогаш го виделе 10.000 луѓе. [caption id="attachment_637203" align="alignnone" width="505"] Сакавме филмот да изгледа модерно, топло, камерата да е добра, да не се гледа дека е нискобуџетен, вели Видопивец[/caption]
Сакавме да направиме филм за првата и последната шанса во животот на човекот, за лажно и погрешно или какво било идеалаизирање и идеологизирање на луѓето, на некои одредени личности и за она што во светот прави и војни, а се вика пиар. Пиарот е нашето секојдневие, може да те направи и бог и просјак. Сите тие големи работи сакавме да ги ставиме во еден филм, но да го направиме тоа на еден питок начин, да го сместивме во жанрот ром-ком, романтична комедија, рече Коцев на вчерашната проекција за новинари.
Режисерот Водопивец, кој се појавува во филмот, вели дека идејата им била да направат филм за луѓето, кои кога ќе го гледаат, ќе заборават на сè.
Сакавме филмот да изгледа модерно, топло, камерата да е добра, да не се гледа дека е нискобуџетен, вели Видопивец, кој додава дека фимот немал да постои ако не бил Коцев, бидејќи филмот е пишуван за него.
Коцев и Водопивец се познаваат одамана, преку нивните стенд-ап настапи по фестивали во Словенија, Србија, Македонија и, како што вели Коцев, отсекогаш имале чувство дека имаат ист вкус за работите. Дури и исти филмови разменувале.
Отсекогаш беше идејата Коцев да биде главниот лик, не знам кој би можел да одглуми паралелно две улоги, тоа за него беше целосна шизофренија. Кога го гледам филмот, забележувам мини грешки, бидејќи имавме микро-буџет, Американците би кажале без буџет, вели Водопивец, кој раскажа дека за време на снимањето кога и да сакале нешто да заштедат во и така малиот буџет, им се случувале пехови кои подоцна ги чинеле повеќе пари отколку што било планирано.
Коцев кажа дека продукциски морале да прават многу компромиси и поради ковид-пандемијата и протоколите, но и поради неочекуваните откажување на спонзорите.
Сите ќе кажат ова е комерцијален филм, така? Јас велам: Што значи комерцијален филм? Низ годините комерцијален станал термин кој звучи потценувачки. Секој филм треба да биде комерцијален. Публиката ќе дојде и ќе ужива во филмот и после ќе оди на пијачка. Најтешко во филмот, додека работевме ми беше кога преку ден имав сцени и од едниот и од другиот лик. Се работеше со многу млада екипа на којашто и значеше да биде дел од еден игран филм, но мислам дека сите ги оправдаа очекувањата. Според мене, најјаката алка беше директорот на фотографија, којшто е професор по камера и фотографија на факултетот за драмски уметности во Љубљана. Кога снимаш филм со мал буџет, целата своја имагинација, својата креативност ти е на максимум. Кога си лежерен, со голем буџет, тоа може да биде и малку погубно за уметникот, вели Коцев.
Како што беше кажано вчера, по премиерата во Скопје, се планира филмот да игра и во Битола, Кочани, Велес и во Свети Николе.      

The post Сакавме да направиме филм за првата и последната шанса во животот на човекот, вели Сашко Коцев пред премиерата на словенечкиот филм „Нешто слатко“ appeared first on Република.

]]>
Јелена Јованова и Сашко Коцев на црвен килим во Љубљана: Премиера на филмот „Нешто слатко“ https://republika.mk/scena/film/jelena-jovanova-i-sashko-kotsev-na-tsrven-kilim-vo-lublana-premiera-na-filmot-neshto-slatko/ Fri, 10 Feb 2023 21:47:20 +0000 https://republika.mk/?p=607600

Во Љубљана се одржа премиерата на словенечката романтична комедија „Nekaj sladkega“ (Нешто слатко), а главните улоги ги играат Јелена Јованова-Периќ и Сашко Коцев во режија на стенд ап-комичарот Тин Водопивец.

https://www.youtube.com/watch?v=cBhp2SgIRK0&t=7s

„Нешто слатко“ е романтична комедија. Тоа е филм полн со пресврти и забавни заплети. Кариерата на организаторката на маркетинг конференција виси на конец кога нејзиниот главен адут, маркетинг гуру од Македонија, го пропушта својот лет. За да избегне катастрофа, таа го заменува со локален слаткар кој изгледа исто како него – се вели во најавата на филмот.

Јелена ја игра главната женска улога Каја, додека Сашко Коцев го игра главниот машки лик – Аце кој е маркетер од Македонија. Коцев е сопродуцент на филмот, а заедно со сценаристката Уршка Мајдич работеше и на сценариото. Јованова е сопродуцент од Хрватска.

Во „Нешто слатко“ зборувам хрватски и малку словенечки јазик. Се одлучивме за таа варијанта од едноставна причина што многу Хрвати работат во Словенија, па присуството на хрватскиот во секојдневниот живот овде не е воопшто нов и чуден – вели Јованова.

The post Јелена Јованова и Сашко Коцев на црвен килим во Љубљана: Премиера на филмот „Нешто слатко“ appeared first on Република.

]]>

Во Љубљана се одржа премиерата на словенечката романтична комедија „Nekaj sladkega“ (Нешто слатко), а главните улоги ги играат Јелена Јованова-Периќ и Сашко Коцев во режија на стенд ап-комичарот Тин Водопивец. https://www.youtube.com/watch?v=cBhp2SgIRK0&t=7s