иселување Archives - Република https://republika.mk/tema/iseluvanje/ За подобро да се разбереме Thu, 03 Oct 2024 18:54:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png иселување Archives - Република https://republika.mk/tema/iseluvanje/ 32 32 Јаневска: Ако продолжи Владата вака да функционира, очекувам дека бројот на иселувања ќе се намали https://republika.mk/vesti/makedonija/janevska-ako-prodolzhi-vladata-vaka-da-funktsionira-ochekuvam-deka-brojot-na-iseluvana-ke-se-namali/ Thu, 03 Oct 2024 18:54:58 +0000 https://republika.mk/?p=822394

Министерството ќе направи сѐ за да ги задржи студентите. Даваме стипендии, водиме грижа за студентскиот стандард. Во првите сто дена сме на добар пат.

Ако продолжи Владата вака да функционира, очекувам дека и бројот на иселувања ќе се намали. Ова вечерва на телевизија „Сител“ го изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска.

– Имав средба со раководства на универзитети, за да го подобриме квалитетот на образование. Сите сме согласни дека треба да се менува законот за високо образование, критериумите треба да се зајакнат.

Тргнуваме од предлозите на академската заедница, потоа би интервенирало Министерството.

Треба трудови со импакт фактори, треба проекти со Европската Унија, со истражувачки центри, вмрежување во европски мрежи на универзитети, верувам дека сето тоа ќе го постигнеме со тек на време.

Но, ќе треба и промени во нашите студиски програми, да им станат поатрактивни на студентите. Да ги подготват за пазарот на трудот, подвлече министерката.

Таа најави сериозна анализа на потребите на пазарот на труд.

Притоа, појасни дека квотите за упис ќе се одредуваат според потребите на пазарот на труд, ќе се стипендираат дефицитарните струки со соодветно обврзување, одреден дел од својот работен век да се вложи во сопствената држава.

Министерката рече дека определениот број образовни асистенти се влезени во училиштата, функционираат.

– Слушнав од неколку родители дека некаде недостасуваат, ќе распишеме дополнителен конкурс за одреден број, да дополниме, колку што дозволува буџетот.

За следна година ќе определиме повисок процент на средства, рече Јаневска.

Во врска со најавен протест на образовни асистенти, кои не добиле паричен надоместок со месеци, рече дека редовно примаат, но, дека таа не е виновна за она што се случувало пред оваа влада, имало наследено неисплатени обврски.

– Асистентите воопшто да не се вознемируваат, редовно ќе си примаат тоа што им следува, подвлече Јаневска. Таа истакна дека е навистина многу задоволна од начинот на којшто комуницираат со СОНК.

– Јас ги разбирам нивните ставови, па дури и благите закани дека ќе има протести или евентуално, штрајкови, тоа е нивна работа, како што наша работа е пак да се грижиме за буџетот како влада на државата и да го правиме она што е можно со тој буџет, истакна Јаневска.

Притоа, додаде дека имале неколку состаноци со претставници на СОНК, со премиерот, со министерката за финансии, министерот за економија, советникот за социјални партнери.

– Разговаравме неколку можности, како да направиме за да бидат задоволни наставниците.

Мислам дека ќе се најдеме во блиска иднина на една повеќегодишна развојна програма би рекла, каде ние како влада би се обврзале на постојано покачување на платите на наставниците до одредена сума на нето бруто плата, односно, она што тие го бараат во однос на основната или просечната плата.

Сеедно, како и да се договориме, методологијата ќе се изработи. Но, сѐ уште ни треба извесен период за да се доусогласиме и да видиме што ќе се случува и овој месец со буџетот.

Очекувам дека ќе имаме некакви позитивни исходи во блиска иднина, рече министерката.  Јаневска истакна и дека Националната комисија за учебници има многу работа.

– Новиот директор на Педагошката служба ме информираше дека имаат деветстотини заостанати предмети, тоа се авторски тимови, рецензии и така натаму.

Бирото за развој на образованието веќе работи на новите наставни програми за седмо и осмо одделение. Тие беа на јавна расправа, сега ги анализираат забелешките.

Договорени сме во текот на идната недела да имаме средба, ние не се мешаме во стручноста, но, да си размениме информации и продолжуваме со реформите на наставните планови и програми, на спроведување на едносменска и по можност, целодневна настава што е можно во повисоки одделенија, правиме анализи и планови за доградба на училници, изградба на училишта, нагласи Јаневска.

Таа изрази надеж дека општините ќе го искористат повикот за капитални инвестиции за вложување во образовната инфраструктура.

– Оние двесте и педесет милијарди што ќе влезат во општините за доградба на училишта и подобрување на инфраструктурата за образование, ќе градиме и спортски сали, значи големи промени очекуваме.

Но, се разбира, ден за ден, месец за месец, за да стигнеме до целта, подвлече Јаневска.

The post Јаневска: Ако продолжи Владата вака да функционира, очекувам дека бројот на иселувања ќе се намали appeared first on Република.

]]>

Министерството ќе направи сѐ за да ги задржи студентите. Даваме стипендии, водиме грижа за студентскиот стандард. Во првите сто дена сме на добар пат.
  Ако продолжи Владата вака да функционира, очекувам дека и бројот на иселувања ќе се намали. Ова вечерва на телевизија „Сител“ го изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска.   – Имав средба со раководства на универзитети, за да го подобриме квалитетот на образование. Сите сме согласни дека треба да се менува законот за високо образование, критериумите треба да се зајакнат. Тргнуваме од предлозите на академската заедница, потоа би интервенирало Министерството.   Треба трудови со импакт фактори, треба проекти со Европската Унија, со истражувачки центри, вмрежување во европски мрежи на универзитети, верувам дека сето тоа ќе го постигнеме со тек на време. Но, ќе треба и промени во нашите студиски програми, да им станат поатрактивни на студентите. Да ги подготват за пазарот на трудот, подвлече министерката.   Таа најави сериозна анализа на потребите на пазарот на труд. Притоа, појасни дека квотите за упис ќе се одредуваат според потребите на пазарот на труд, ќе се стипендираат дефицитарните струки со соодветно обврзување, одреден дел од својот работен век да се вложи во сопствената држава.   Министерката рече дека определениот број образовни асистенти се влезени во училиштата, функционираат. – Слушнав од неколку родители дека некаде недостасуваат, ќе распишеме дополнителен конкурс за одреден број, да дополниме, колку што дозволува буџетот. За следна година ќе определиме повисок процент на средства, рече Јаневска. Во врска со најавен протест на образовни асистенти, кои не добиле паричен надоместок со месеци, рече дека редовно примаат, но, дека таа не е виновна за она што се случувало пред оваа влада, имало наследено неисплатени обврски. – Асистентите воопшто да не се вознемируваат, редовно ќе си примаат тоа што им следува, подвлече Јаневска. Таа истакна дека е навистина многу задоволна од начинот на којшто комуницираат со СОНК. – Јас ги разбирам нивните ставови, па дури и благите закани дека ќе има протести или евентуално, штрајкови, тоа е нивна работа, како што наша работа е пак да се грижиме за буџетот како влада на државата и да го правиме она што е можно со тој буџет, истакна Јаневска. Притоа, додаде дека имале неколку состаноци со претставници на СОНК, со премиерот, со министерката за финансии, министерот за економија, советникот за социјални партнери. – Разговаравме неколку можности, како да направиме за да бидат задоволни наставниците. Мислам дека ќе се најдеме во блиска иднина на една повеќегодишна развојна програма би рекла, каде ние како влада би се обврзале на постојано покачување на платите на наставниците до одредена сума на нето бруто плата, односно, она што тие го бараат во однос на основната или просечната плата. Сеедно, како и да се договориме, методологијата ќе се изработи. Но, сѐ уште ни треба извесен период за да се доусогласиме и да видиме што ќе се случува и овој месец со буџетот. Очекувам дека ќе имаме некакви позитивни исходи во блиска иднина, рече министерката.  Јаневска истакна и дека Националната комисија за учебници има многу работа. – Новиот директор на Педагошката служба ме информираше дека имаат деветстотини заостанати предмети, тоа се авторски тимови, рецензии и така натаму. Бирото за развој на образованието веќе работи на новите наставни програми за седмо и осмо одделение. Тие беа на јавна расправа, сега ги анализираат забелешките. Договорени сме во текот на идната недела да имаме средба, ние не се мешаме во стручноста, но, да си размениме информации и продолжуваме со реформите на наставните планови и програми, на спроведување на едносменска и по можност, целодневна настава што е можно во повисоки одделенија, правиме анализи и планови за доградба на училници, изградба на училишта, нагласи Јаневска. Таа изрази надеж дека општините ќе го искористат повикот за капитални инвестиции за вложување во образовната инфраструктура. – Оние двесте и педесет милијарди што ќе влезат во општините за доградба на училишта и подобрување на инфраструктурата за образование, ќе градиме и спортски сали, значи големи промени очекуваме. Но, се разбира, ден за ден, месец за месец, за да стигнеме до целта, подвлече Јаневска.

The post Јаневска: Ако продолжи Владата вака да функционира, очекувам дека бројот на иселувања ќе се намали appeared first on Република.

]]>
Израелски министер: Војната е можност да се охрабри „доброволното иселување“ на Палестинците од Газа https://republika.mk/vesti/svet/izraelski-minister-vojnata-e-mozhnost-da-se-ohrabri-dobrovolnoto-iseluvane-na-palestintsite-od-gaza/ Mon, 01 Jan 2024 20:18:28 +0000 https://republika.mk/?p=728756

Израелскиот министер за национална безбедност, Итамар Бен Гвир, изрази поддршка за раселувањето на Палестинците од Појасот Газа во странство, велејќи дека војната претставува „можност за фокусирање на охрабрувањето на миграцијата на жителите“ на палестинска територија.

Бен Гвир, на состанокот на неговата ултрадесничарска партија Окма Јехудит (Еврејски сили), порача дека таквата политика ќе овозможи враќање на жителите во израелските погранични области и еврејските доселеници во Газа евакуирани во 2005 година, оценувајќи дека тоа е „исправно, праведно морално и хумано решение“.

Неколку израелски пратеници, вклучувајќи и членови на кабинетот, вршат притисок на, како што велат, „доброволното раселување“ на Палестинците од Газа, што е отфрлено од меѓународната заедница.

The post Израелски министер: Војната е можност да се охрабри „доброволното иселување“ на Палестинците од Газа appeared first on Република.

]]>

Израелскиот министер за национална безбедност, Итамар Бен Гвир, изрази поддршка за раселувањето на Палестинците од Појасот Газа во странство, велејќи дека војната претставува „можност за фокусирање на охрабрувањето на миграцијата на жителите“ на палестинска територија. Бен Гвир, на состанокот на неговата ултрадесничарска партија Окма Јехудит (Еврејски сили), порача дека таквата политика ќе овозможи враќање на жителите во израелските погранични области и еврејските доселеници во Газа евакуирани во 2005 година, оценувајќи дека тоа е „исправно, праведно морално и хумано решение“. Неколку израелски пратеници, вклучувајќи и членови на кабинетот, вршат притисок на, како што велат, „доброволното раселување“ на Палестинците од Газа, што е отфрлено од меѓународната заедница.

The post Израелски министер: Војната е можност да се охрабри „доброволното иселување“ на Палестинците од Газа appeared first on Република.

]]>
Земјава се празни: Минатата година над 53.000 Македонци се преселиле во Германија https://republika.mk/vesti/makedonija/zemjava-se-prazni-minatata-godina-nad-53-000-makedontsi-se-preselile-vo-germanija/ Sat, 16 Sep 2023 10:08:07 +0000 https://republika.mk/?p=682382

Само во 2022 година над 53.000 наши граѓани се преселиле во Германија. Во 2021 година пак, над 32.000 Македонци се преселиле во Германија, каде според последниот попис од 2022 година живееле 222.000 нашинци, објави Институтот за јавна политика „Арбен Џафери“.

Цели семејства од Македонија се почесто се решаваат да заминат во Германија и таму да го продолжат животот. Од сите градови на земјава се случува масовно иселување во потрага по подобар стандард и достоинствен живот.

Така на пример, од Неготино и Кавадарци пред три години во Германија се преселиле неколку семејства, кои сега живеат во мало место во близина на Дортмунд, а во меѓувреме успеале да им помогнат на повеќе нивни сограѓани и да им обезбедат работа и сместување, па така нивниот број годинава значително се зголемил.

Дел од нив за ,,Фокус” појаснуваат дека со олеснувањето на процедурите за остварување на право за работа во Германија им се пружила шанса која не сакале да ја пропуштат. Најчесто прво мажите заминувале во Германија, а откако ќе обезбеделе работа и сместување, по нив доаѓале и сопругите и децата.

The post Земјава се празни: Минатата година над 53.000 Македонци се преселиле во Германија appeared first on Република.

]]>

Само во 2022 година над 53.000 наши граѓани се преселиле во Германија. Во 2021 година пак, над 32.000 Македонци се преселиле во Германија, каде според последниот попис од 2022 година живееле 222.000 нашинци, објави Институтот за јавна политика „Арбен Џафери“. Цели семејства од Македонија се почесто се решаваат да заминат во Германија и таму да го продолжат животот. Од сите градови на земјава се случува масовно иселување во потрага по подобар стандард и достоинствен живот. Така на пример, од Неготино и Кавадарци пред три години во Германија се преселиле неколку семејства, кои сега живеат во мало место во близина на Дортмунд, а во меѓувреме успеале да им помогнат на повеќе нивни сограѓани и да им обезбедат работа и сместување, па така нивниот број годинава значително се зголемил. Дел од нив за ,,Фокус” појаснуваат дека со олеснувањето на процедурите за остварување на право за работа во Германија им се пружила шанса која не сакале да ја пропуштат. Најчесто прво мажите заминувале во Германија, а откако ќе обезбеделе работа и сместување, по нив доаѓале и сопругите и децата.

The post Земјава се празни: Минатата година над 53.000 Македонци се преселиле во Германија appeared first on Република.

]]>
За џабе ги оставаа чевлите пред Влада: 77.000 млади ја напуштиле Македонија под власт на СДСМ https://republika.mk/vesti/makedonija/za-dhabe-gi-ostavaa-chevlite-pred-vlada-77-000-mladi-ja-napushtile-makedonija-pod-vlast-na-sdsm/ Fri, 11 Aug 2023 08:44:23 +0000 https://republika.mk/?p=671020

Иселувањето од Македонија, посебно на младите е зголемено со доаѓањето на власт на СДСМ. Ова се заклучува од последната анализа „Младите и пописот на населението“ и „Финансирање на младинските политики“ кои беа промовирани во рамки на конференцијата „Младински состојби и финансирање на младинските политики во Македонија”, организирана од Фондацијата за демократија на Вестминстер (ВФД).

Таму се наведува дека за шест проценти се намалил бројот на младите луѓе во Македонија меѓу два пописа од 2002 до 2021. Проценките се дека над 77.000 млади лица кои се родени во државата, заминале во странство последните години.

Ова е во целосна спротивност што СДСМ го тврдеше кога беше во опозиција. Нивните пароли тогаш беа „за „живот во Македонија“, „да ги задржиме младите дома“ и сл.

СДСМ опозицииска дури и организираше перформанс пред Владата во кој оставаа чевли и патики пред Владата кој требаше да го симболизира иселувањето под тогашната власт.

Злоупотребата на младите од страна се случува и во актуелните политички случувања. Нивната мантра е дека мора да прифатиме уставни промени за младите да не се иселуваат а младите луѓе беа во фокусот и на илинденскиот говор на претседателот Пендаровски.

The post За џабе ги оставаа чевлите пред Влада: 77.000 млади ја напуштиле Македонија под власт на СДСМ appeared first on Република.

]]>

Иселувањето од Македонија, посебно на младите е зголемено со доаѓањето на власт на СДСМ. Ова се заклучува од последната анализа „Младите и пописот на населението“ и „Финансирање на младинските политики“ кои беа промовирани во рамки на конференцијата „Младински состојби и финансирање на младинските политики во Македонија”, организирана од Фондацијата за демократија на Вестминстер (ВФД). Таму се наведува дека за шест проценти се намалил бројот на младите луѓе во Македонија меѓу два пописа од 2002 до 2021. Проценките се дека над 77.000 млади лица кои се родени во државата, заминале во странство последните години. Ова е во целосна спротивност што СДСМ го тврдеше кога беше во опозиција. Нивните пароли тогаш беа „за „живот во Македонија“, „да ги задржиме младите дома“ и сл. СДСМ опозицииска дури и организираше перформанс пред Владата во кој оставаа чевли и патики пред Владата кој требаше да го симболизира иселувањето под тогашната власт. Злоупотребата на младите од страна се случува и во актуелните политички случувања. Нивната мантра е дека мора да прифатиме уставни промени за младите да не се иселуваат а младите луѓе беа во фокусот и на илинденскиот говор на претседателот Пендаровски.        

The post За џабе ги оставаа чевлите пред Влада: 77.000 млади ја напуштиле Македонија под власт на СДСМ appeared first on Република.

]]>
Шаќири: Ги мотивираме компаниите да ги задржат младите кадри во земјава https://republika.mk/vesti/makedonija/shakiri-gi-motivirame-kompaniite-da-gi-zadrzhat-mladite-kadri-vo-zemjava/ Wed, 29 Mar 2023 13:58:11 +0000 https://republika.mk/?p=625137

Ние како Влада постојано работиме на подобрување на квалитетот на животот, особено на младите, истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири на денешната јавна дебата на тема „Иселување на млади со високо образование: Дали РСМ подготвува работна сила за земјите од ЕУ?“.

Нагласувајќи ја важноста на дебатата, организирана од Форумот за промени во образованието, Шаќири посочи дека некои студии, како онаа на Светската банка од 2020 година, покажуваат дека има зголемен обем на миграција на здравствената работна сила од нашата земја, од Србија и Хрватска во Германија.

- Заедно со Министерството за економија изработуваме пакет мерки. Во делот на тие пакет економски мерки, да најдеме начин како да ги мотивираме компаниите да го задржат кадарот што го завршил практичното образование. Но, исто така и како да најдеме начин освен мотивација, дел од платите да бидат повисоки од постоечките што се нудат на пазарот за вработување, појасни Шаќири.

Одговарајќи на новинарско прашање, тој истакна дека првпат оваа година имаме веќе сто одобрени наслови за учебници за предмети во стручното образование.

- Благодарен сум на Националната комисија, што овој период има одобрено повеќе од сто наслови од различни стручни предмети, рече Шаќири.

Министерот информира дека се обезбедени буџетски средства за учебниците во основното образование, за дел во средното образование и првпат после десет годни и 26 имаме печатени учебници во стручното образование.

- А, вака како што ќе почнеме, сега сме понапредни заради тоа што имаме веќе одобрени учебници за прво, второ, трето, четврто, петто, а во постапка сме за шесто одделение. Очекувам добар дел и од учебниците во средно образование, да не кажам поголемиот дел од тие што се одобрени, да бидат испечатени, рече Шаќири/

Тој истакна дека за следната година нема да недостасува ниту еден учебник за основното и средното образование и сите ќе бидат доставени навремено од 1 септемвр

The post Шаќири: Ги мотивираме компаниите да ги задржат младите кадри во земјава appeared first on Република.

Мицкоски: Луѓето си одат од Македонија затоа што не чувствуваат перспектива, затоа што се лажени и крадени со години, ќе ставиме крај на тоа https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-lugeto-si-odat-od-makedonija-zatoa-shto-ne-chuvstvuvaat-perspektiva-zatoa-shto-se-lazheni-i-kradeni-so-godini-ke-stavime-kraj-na-toa/ Thu, 23 Mar 2023 19:19:55 +0000 https://republika.mk/?p=623006

Луѓето денес си одат затоа што партиски се бираат обвинители, затоа што има граѓани од прв ред, од втор ред, многу празни места па сите останати, прво се ДУИ, па СДСМ, многу места па сите останати. Луѓе си одат затоа што чувствуваат дека нема правда, се чувствуваат обесправени. Луѓе си одат затоа што уште им е во сеќавање билбордот за референдумот – бесплатно здравство, европско образование, уште им е тоа во сеќавање на луѓето, затоа што сме ги лажеле луѓето, затоа луѓето си одат“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

Мицкоски додаде дека луѓето си одат од земјава бидејќи се чувствуваат изманипулирано и излажано.

32 години ги лажеме, затоа што Македонија кога во 90-тата стануваше држава која што се бори за независност, па станува независна итн. постоеше оптимизам дека конечно сме свои на своето, дека нема да одговараме пред други центри, дека ние Македонците конечно заедно со останатите наши сограѓани добивме своја независна држава во срцето на Балканот. Денеска повеќе од три децении од тогаш ако ги прашате луѓето зошто си одат, затоа што чувствуваат дека немаат перспектива, затоа што се лажени, крадени, тоа е проблемот“, појасни претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека на разочарувањето на граѓаните ќе се стави крај, кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт.

The post Мицкоски: Луѓето си одат од Македонија затоа што не чувствуваат перспектива, затоа што се лажени и крадени со години, ќе ставиме крај на тоа appeared first on Република.

Зајкова: И додека ние се расправаме за уставните измени, секој ден по еден млад човек си оди од државата https://republika.mk/vesti/makedonija/zajkova-i-dodeka-nie-se-raspravame-za-ustavnite-izmeni-sekoj-den-po-eden-mlad-chovek-si-odi-od-drzhavata/ Thu, 02 Feb 2023 12:10:03 +0000 https://republika.mk/?p=603810

Не може ликот, делото на Гоце Делчев да ни служи за некоја си партиска реторика и добивање на некои поени, заради играње со емоции на луѓето, затоа што секој наш сограѓанин знае дека Гоце Делчев, претставува еден од најголемите ако не и најголем македонски револуционер и национален херој, рече претседателката на Либерално-демократската партија Моника Зајкова во вчерашното гостување на „24 анализа“ на 24 вести.

Најмалку Гоце Делчев треба да е она прашање кое што не разединува како народ, туку напротив треба да не спојува, и како народ и да не држи заедно како земја. Не сметам, дека некој треба да издвојува поени на ликот и делото на Гоце, туку да видиме што може да направиме заедно за овој лик и дело секогаш да има достоинствено одбележување и да биде запаметено. Ги будиме емоциите на луѓето и тоа може да се квалификува како поттикнување на говор на омраза, додаде Зајкова.

Во однос на забраните на влез на бугарски политичари таа вели дека дури и во земји на ЕУ на пример заради ширење на антисемитизам и навредливи изјави кон минатото или пак сломофобија, што е еднаква на фашизмот.

Можеме да кажеме дека секој кој што го навредува македонскиот народ, македонскиот јазик, македонската држава, што е исто така казниво со закон, има забрана за влез, и не може Европска Унија тука да ни каже дека ние сме помалку европски, затоа што веќе постојат примери од Холандија, која што е членка на ЕУ, или пак Британија, додава таа.

Зајкова вели дека само треба да внимаваме, да не даваме ветер во грб и на она што значи да се даде адут дека утре треба да ја блокираат европската интеграција во делот на малцинските права.

Затоа, треба многу одмерено државата да реагира на кои провокации како ќе одговори. Нормално, дека ние имаме повисока одговорност како власт во овој дел меѓутоа, видовме во изминатите денови со сите случаи во делот со Бугарија дека постојат и странски влијанија, кои што свесно сакаат да ја блокираат македонската интеграција, на кои што не им одговара Македонија да стане правна членка на унијата. И сега, ние ако сите партии велиме дека сме заедно за Европската Унија, дајте сите заедно да го помогнеме тој пат, а не уште толку да предизвикуваме тензии кои што знаеме дека можат да им бидат ветер во грб на нашите соседи, утре во делот на малцинските права и што сме постигнале, повторно ние, закочени во место. Но, сега, не не блокирал никој, туку сами, себе внатре се блокираме, заклучува Зајкова.

Taa во однос на уставните измени вели дека тие не треба да бидат решение на политичките партии, туку, на пратениците и секој пратеник врз основа на своето убедување и визија како треба да се развива државата, и која е иднината на оваа држава, и дали носи подобро на граѓаните, тоа што граѓаните го избрале, треба така да се води и по тоа убедување да донесе одлука дали ќе поддржи или не.

А уставните измени, никој не ја замајува јавноста дека значат веднаш интеграции, туку значат без политичка одлука да се започнат поглавја, а токму тогаш клучот е во наши раце, и од нас зависи како ќе ги движиме европските потези. И додека ние се расправаме за уставните измени, секој ден по еден млад човек си оди од држават, вели Зајкова.

Таа вели дека секој еден граѓанин со кој што ќе поразговарате на улица, или во кафуле, или било каде, ќе ви каже дека го мачат истите прашања, каков воздух дише, дали има ефикасен сервис на јавните услуги, дали има ефикасен јавен превоз.

Во земјава има очајна партиска политика 30 години, затоа што граѓаните ако излезете и ги прашате ќе ви речат доста ни е веќе од празните флоскули на ВМРО, ДУИ, СДСМ, вие вака раководевте, вие онака. Токму затоа ни треба забрзан развој на државата бидејќи демографијата на крајот ќе не убие од тоа напаѓајќи се, кој сме и што сме. Ајде да зборуваме за подобар живот, да им презентираме на граѓаните дека буџетот повеќе нема да се троши за исплата на паушали и надоместоци на луѓе кои што седат во членови на управен одбор на комисии. Дека, нема да има злоупотреба на службени возила, дека од утре ќе се намалат ПМ честичките кои што ги внесуваме, дека ќе има подобар здравствен систем, додава таа.

Во однос на проширувањето на коалицијата со Алијанса на Албанците, ЛДП во рамки на Централниот одбор, дебатата се одвивала така дека не треба да се разговара дали тоа ќе значи проширување врз  основа на  пол, род, етничка припадност, меѓутоа, какви програмски цели нуди на граѓаните и што значи за државата и каков е кадровскиот потенцијал, поточно да се цени квалитет и да се разговара за квалитетот на програмите и кадрите, а не само за партиските цели.

Како правник можам да кажам дека потфрли секоја влада, изминатите 30 години, затоа што со многу помали чекори, можевме да го реформираме правосудниот систем. Се изнаслушавме и за ветинг во правосудниот систем кој што ако ги прашате европските комесари, јас имав прилика да се сретнам со европскиот комесар за правда, Дидиeр, кој што доаѓа од редовите на АЛДЕ. Тие не се за ветинг, меѓутоа сметаат дека државите имаат механизми како да го реформираат правосудниот систем.  Од реформи во судскиот совет, реформи во судската администрација, одговорност на судии, па дури и во она што највеќе не загрижува, а тоа е застареноста на кривичните дела, рече Зајкова.

ЛДП има кадри кои што учествувале и во креирање на тие стратегии за реформи на правосудството и за реформи во делот на антикорупцијата.

Треба да бидеме искрени и да и кажеме на јавноста дека за да има реформи крупни во правосудниот систем не треба да бидат блокирани законите од областа на правосудство со месеци во матичните комисии, во кои што се наоѓаат. Затоа што ние, имаме закони кои што се донесени согласно стратегијата за реформи во правосудството и кои што се блокирани од ВМРО-ДПМНЕ, вели Зајкова.

Според неа за реформи во правосуден систем очигледно само зборуваме, 30 години никој не сака да направи ништо и очигледно на некого му одговара ваквиот хаос во правосудството со цел да нема одговорност, или секогаш гледаме дека кога едните се во опозиција го критикуваат правосудството, па кога ќе дојдат на власт забораваат на реформите кои што треба да ги спроведуваат во оваа област.

И така цело време не гледаме никакви суштински реформи кои што се преземаат, туку гледаме како од година во година само системот тоне, а точно е едно дека секој ден по некој млад човек ни се иселува од државата и тоа треба да не загрижува и треба веќе стварно за одредени ресори да најдеме консензус и стварно да направиме суштински реформи доколку сакаме да видиме реформираност, а не да збориме како е полна јавната администрација, ама и нас да ни одговара да ја полниме после тоа јавната администрација и да не направиме пресек, и да не зборуваме за квалитет. Како сеа од една перспектива да зборуваме дека не чини правосудниот систем, па после тоа да не партиципираме во реформите кои што треба да донесат подобар правосуден систем и многу е лесно цело време само да се напаѓаме, да нема апсолутно никакви конкретни резултати, заклучува Зајкова.

The post Зајкова: И додека ние се расправаме за уставните измени, секој ден по еден млад човек си оди од државата appeared first on Република.

Koсово се празни: Секој ден ден заминуваат по три автобуси со млади https://republika.mk/vesti/balkan/kosovo-se-prazni-sekoj-den-den-zaminuvaat-po-tri-avtobusi-so-mladi/ Mon, 30 Jan 2023 12:04:31 +0000 https://republika.mk/?p=602623

Шефот на ДСК, Љумир Абдизик загрижено откри дека при разговорите со странските дипломати разбрал дека само во 2022 година повеќе од 49.000 граѓани на  Косово добиле работни визи и се иселиле.

Секој ден по 134 луѓе го напушатаат Косово, објаснува политичарот.

„Нашите луѓе, вашите соседи, лекари, наставници, занаетчии, сите со кои го делите денот си заминуваат. Нашите градови се празни, нашите села исчезнуваат, цели јавни служби остануваат без работници и професионалци. Косово едноставно се празни и не можеме повеќе вака

The post Koсово се празни: Секој ден ден заминуваат по три автобуси со млади appeared first on Република.

]]>

Шефот на ДСК, Љумир Абдизик загрижено откри дека при разговорите со странските дипломати разбрал дека само во 2022 година повеќе од 49.000 граѓани на  Косово добиле работни визи и се иселиле. Секој ден по 134 луѓе го напушатаат Косово, објаснува политичарот.
„Нашите луѓе, вашите соседи, лекари, наставници, занаетчии, сите со кои го делите денот си заминуваат. Нашите градови се празни, нашите села исчезнуваат, цели јавни служби остануваат без работници и професионалци. Косово едноставно се празни и не можеме повеќе вака

The post Koсово се празни: Секој ден ден заминуваат по три автобуси со млади appeared first on Република.

]]>
Проф Спахиу: Повеќето млади не гледаат перспектива на Косово, по визната либерализација до 500.000 граѓани би можеле да заминат на Запад https://republika.mk/vesti/balkan/prof-spahiu-povekjeto-mladi-ne-gledaat-perspektiva-na-kosovo-po-viznata-liberalizacija-do-500-000-gragjani-bi-mozele-da-zaminat-na-zapad/ Sat, 08 Oct 2022 08:36:16 +0000 https://republika.mk/?p=558698

Професорот на Факултетот за политички науки во Приштина, Неџмедин Спахиу, оцени дека во првата година по усвојувањето на визната либерализација, Косово може да го напуштат до 500.000 граѓани.

Спахиу за агенцијата Бета изјави дека повеќето млади жители сакаат да заминат на Запад бидејќи не гледаат перспектива на Косово.

Речиси од секое семејство барем еден член живее и работи во земјите од Западна Европа. Доколку, како што е најавено, до крајот на годината Европската унија воведе визна либерализација за граѓаните на Косово, 100.000 граѓани ќе го напуштат Косово во првата само три до четири месеци, а во наредната година денови во неколку бранови уште 300.000–400.000 жители - оцени професорот Спахиу.

Според него, Косово ќе остане без работна сила, а бројот на студенти „кои ќе ги прекинат студиите за работа и ќе заминат на Запад“ ќе се преполови.

Покрај младите, Косово ќе го напуштат и слабо платените експерти. Кај граѓаните постои верување дека Косово не може да стане демократско општество во кое ќе се цени знаењето и стручноста. Секоја влада ги поставува неспособните и непрофесионалните на одговорни позиции, додека способните и образованите остануваат на маргините . Социјалните и економските проблеми со кои се соочуваат мнозинството жители на Косово се нерешливи за повеќето од нив, а единствениот излез е да заминат во земјите од Европската Унија - објасни Спахиу.

Само според податоците на Лекарската комора, во изминатите четири години од Косово во странство заминале 580 лекари.

Европската комисија вчера ја потврди препораката за укинување на визниот режим за граѓаните на Косово.

The post Проф Спахиу: Повеќето млади не гледаат перспектива на Косово, по визната либерализација до 500.000 граѓани би можеле да заминат на Запад appeared first on Република.

]]>

Професорот на Факултетот за политички науки во Приштина, Неџмедин Спахиу, оцени дека во првата година по усвојувањето на визната либерализација, Косово може да го напуштат до 500.000 граѓани. Спахиу за агенцијата Бета изјави дека повеќето млади жители сакаат да заминат на Запад бидејќи не гледаат перспектива на Косово.
Речиси од секое семејство барем еден член живее и работи во земјите од Западна Европа. Доколку, како што е најавено, до крајот на годината Европската унија воведе визна либерализација за граѓаните на Косово, 100.000 граѓани ќе го напуштат Косово во првата само три до четири месеци, а во наредната година денови во неколку бранови уште 300.000–400.000 жители - оцени професорот Спахиу.
Според него, Косово ќе остане без работна сила, а бројот на студенти „кои ќе ги прекинат студиите за работа и ќе заминат на Запад“ ќе се преполови.
Покрај младите, Косово ќе го напуштат и слабо платените експерти. Кај граѓаните постои верување дека Косово не може да стане демократско општество во кое ќе се цени знаењето и стручноста. Секоја влада ги поставува неспособните и непрофесионалните на одговорни позиции, додека способните и образованите остануваат на маргините . Социјалните и економските проблеми со кои се соочуваат мнозинството жители на Косово се нерешливи за повеќето од нив, а единствениот излез е да заминат во земјите од Европската Унија - објасни Спахиу.
Само според податоците на Лекарската комора, во изминатите четири години од Косово во странство заминале 580 лекари. Европската комисија вчера ја потврди препораката за укинување на визниот режим за граѓаните на Косово.

The post Проф Спахиу: Повеќето млади не гледаат перспектива на Косово, по визната либерализација до 500.000 граѓани би можеле да заминат на Запад appeared first on Република.

]]>
Анализа: Корупцијата главна причина за иселување на младите – 40% изјавиле дека ги мотивира да ја напуштат земјата https://republika.mk/vesti/makedonija/analiza-korupcijata-glavna-prichina-za-iseluvanje-na-mladite-40-izjavile-deka-gi-motivira-da-ja-napushtat-zemjata/ Sun, 17 Jul 2022 10:49:05 +0000 https://republika.mk/?p=530273

4 од 10 млади изјавиле дека ќе ја напуштат државата поради степенот на корупција, додека секоја трета млада личност изјавила дека токму корупцијата е главна мотивација да се приклучи и да придонесе во борбата против коруптивните дејства. Само 4% изјавиле дека ваквата состојба ги тера да станат дел од синџирот на корупцијата. Ова го покажа анализата направена од страна на Младинскиот сојуз во која учествуваа над 440 млади луѓе од целата земја.

Досегашната национална борба против корупцијата младите ја оценуваат со двојка (2), а охрабрува фактот што речиси две третини од нив (64%) изјавиле дека досега директно не учествувале во коруптивни активности. Прашани за тоа како ја идентификуваат корупцијата, младите испитаници во најголем процент изјавиле дека тоа претставува „пари во индекс за професорот/ката“ (57%), една третина дека тоа се партиските вработувања, а најмал процент дека тоа се „кафе и бонбониера за докторот“ (7%), односно „подарок во вредност до 1.000 денари“ (3%).

На младите корупцијата најмногу им пречи во сферите на правосудството (58%), здравството (27%) и државната администрација (18%), додека најмалку тоа го идентификуваат како проблем кај полицијата (7%). Речиси идентичен број од нив рекле дека се запознаени со каналите преку кои можат да се изборат против корупцијата со оние кои изјавиле дека немаат такви информации.

Исто така, за младите луѓе најважно е лидерите и лидерките да бидат решителни и праведни (над 50%), понатаму транспарентни (над 15%), а најмалку посакуваат да бидат авторитативни (6%).

„Очигледно е дека според оваа анализа корупцијата претставува еден од најголемите проблеми кој го нотираат младите луѓе, а како дел од решението е целосната посветеност кон градење на транспарентно општество. Промовирањето на младинската активност и подигањето на гласот на младите е нашата главна цел во реализацијата на овој Проект. Дополнително, преку ваквите и слични активности придонесуваме за подигање на знаењето и свеста помеѓу младите за важноста на процесите на транспарентност и отчетност во носењето на одлуки од страна на властите на национално и локално ниво“, вели Анелија Митрова, проектна координаторка во Младинскиот сојуз.

Анализата во која учествуваа над 440 млади луѓе е спроведена од страна на Младинскиот сојуз во периодот од април до јуни 2022 година, а со поддршка на Националниот демократски институт (НДИ) и НЕД.

The post Анализа: Корупцијата главна причина за иселување на младите – 40% изјавиле дека ги мотивира да ја напуштат земјата appeared first on Република.

]]>

4 од 10 млади изјавиле дека ќе ја напуштат државата поради степенот на корупција, додека секоја трета млада личност изјавила дека токму корупцијата е главна мотивација да се приклучи и да придонесе во борбата против коруптивните дејства. Само 4% изјавиле дека ваквата состојба ги тера да станат дел од синџирот на корупцијата. Ова го покажа анализата направена од страна на Младинскиот сојуз во која учествуваа над 440 млади луѓе од целата земја. Досегашната национална борба против корупцијата младите ја оценуваат со двојка (2), а охрабрува фактот што речиси две третини од нив (64%) изјавиле дека досега директно не учествувале во коруптивни активности. Прашани за тоа како ја идентификуваат корупцијата, младите испитаници во најголем процент изјавиле дека тоа претставува „пари во индекс за професорот/ката“ (57%), една третина дека тоа се партиските вработувања, а најмал процент дека тоа се „кафе и бонбониера за докторот“ (7%), односно „подарок во вредност до 1.000 денари“ (3%). На младите корупцијата најмногу им пречи во сферите на правосудството (58%), здравството (27%) и државната администрација (18%), додека најмалку тоа го идентификуваат како проблем кај полицијата (7%). Речиси идентичен број од нив рекле дека се запознаени со каналите преку кои можат да се изборат против корупцијата со оние кои изјавиле дека немаат такви информации. Исто така, за младите луѓе најважно е лидерите и лидерките да бидат решителни и праведни (над 50%), понатаму транспарентни (над 15%), а најмалку посакуваат да бидат авторитативни (6%). „Очигледно е дека според оваа анализа корупцијата претставува еден од најголемите проблеми кој го нотираат младите луѓе, а како дел од решението е целосната посветеност кон градење на транспарентно општество. Промовирањето на младинската активност и подигањето на гласот на младите е нашата главна цел во реализацијата на овој Проект. Дополнително, преку ваквите и слични активности придонесуваме за подигање на знаењето и свеста помеѓу младите за важноста на процесите на транспарентност и отчетност во носењето на одлуки од страна на властите на национално и локално ниво“, вели Анелија Митрова, проектна координаторка во Младинскиот сојуз. Анализата во која учествуваа над 440 млади луѓе е спроведена од страна на Младинскиот сојуз во периодот од април до јуни 2022 година, а со поддршка на Националниот демократски институт (НДИ) и НЕД.

The post Анализа: Корупцијата главна причина за иселување на младите – 40% изјавиле дека ги мотивира да ја напуштат земјата appeared first on Република.

]]>
За три месеци Македонија загубила 214.514 работоспособни луѓе https://republika.mk/vesti/makedonija/porazitelna-statistika-za-tri-meseci-makedonija-zagubila-214-514-rabotosposobni-lugje/ Mon, 06 Jun 2022 12:32:51 +0000 https://republika.mk/?p=511764

Или државната статистика лаже заради несовесно работење или за неполна година од Македонија се иселиле, избегале 220.000 луѓе, истакнува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

-Според извештајот за пазар на трудот, активно население, за првото тромесечие 2022 година, на која што има табела за вкупно работоспособно население, за четвртиот квартал минатата година, октомври – ноември – декември, запишани се 1.681.863 работоспособни во Македонија. За првиот квартал годинава, јануари – февруари – март, запишани се 1.467.349 луѓе! Тоа значи дека за неполна половина година, односно три месеци, Македонија загубила точно 214.514 работоспособни луѓе! Работна сила! Според статистика – од активно население, последниот квартал лани имало 937.482 лица коишто се водат за активни, односно 795.276 вработени. Веќе до март годинава, 811.197 активни, од коишто 691.498 вработени. Или 103.778 помалку вработени! Но, не расте бројот на невработените. Од 142.206 невработени до крајот на 2021 година, веќе до април има 119.699. Или 22.507 помалку. Вкупно 126.285 вработени или невработени, како што ги посочуваат „активно население“, рече тој.

Стоилковски сумираб дека за само три месеци, еден квартал, според статистика Македонија загубила, од неа избегале 214.514 работоспособни луѓе.

„Од нив 103.778 напуштиле работа. 22.507 коишто барале работа, како и 88.229 работоспособни луѓе коишто немале работа, а според СДСМ и ДУИ не барале работа!

Ова почитувани е загуба за само три месеци, ова е загуба со СДСМ и ДУИ. Ова е погром, ова е насилно прогонување, егзодус, на работоспособно население.

Ова е резултат на политичката манипулација само и само за гола власт, резултат на партизација, на криминалот, на корупцијата од власта. Додека СДСМ и ДУИ слават, над 214 илјади избегале од државата пред се заради економски причини! Ова е јасен показател за економската катастрофа и лагите од СДСМ и ДУИ, лагите за блескање, економски раст и лагите намалување на невработеноста.

Почитувани, премногу е! Придружете се на протест за промени, 18 јуни, во 20 часот пред Владата“ – повика Стоилковски!

The post За три месеци Македонија загубила 214.514 работоспособни луѓе appeared first on Република.

]]>

Или државната статистика лаже заради несовесно работење или за неполна година од Македонија се иселиле, избегале 220.000 луѓе, истакнува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
-Според извештајот за пазар на трудот, активно население, за првото тромесечие 2022 година, на која што има табела за вкупно работоспособно население, за четвртиот квартал минатата година, октомври – ноември – декември, запишани се 1.681.863 работоспособни во Македонија. За првиот квартал годинава, јануари – февруари – март, запишани се 1.467.349 луѓе! Тоа значи дека за неполна половина година, односно три месеци, Македонија загубила точно 214.514 работоспособни луѓе! Работна сила! Според статистика – од активно население, последниот квартал лани имало 937.482 лица коишто се водат за активни, односно 795.276 вработени. Веќе до март годинава, 811.197 активни, од коишто 691.498 вработени. Или 103.778 помалку вработени! Но, не расте бројот на невработените. Од 142.206 невработени до крајот на 2021 година, веќе до април има 119.699. Или 22.507 помалку. Вкупно 126.285 вработени или невработени, како што ги посочуваат „активно население“, рече тој.
Стоилковски сумираб дека за само три месеци, еден квартал, според статистика Македонија загубила, од неа избегале 214.514 работоспособни луѓе. „Од нив 103.778 напуштиле работа. 22.507 коишто барале работа, како и 88.229 работоспособни луѓе коишто немале работа, а според СДСМ и ДУИ не барале работа! Ова почитувани е загуба за само три месеци, ова е загуба со СДСМ и ДУИ. Ова е погром, ова е насилно прогонување, егзодус, на работоспособно население. Ова е резултат на политичката манипулација само и само за гола власт, резултат на партизација, на криминалот, на корупцијата од власта. Додека СДСМ и ДУИ слават, над 214 илјади избегале од државата пред се заради економски причини! Ова е јасен показател за економската катастрофа и лагите од СДСМ и ДУИ, лагите за блескање, економски раст и лагите намалување на невработеноста. Почитувани, премногу е! Придружете се на протест за промени, 18 јуни, во 20 часот пред Владата“ – повика Стоилковски!

The post За три месеци Македонија загубила 214.514 работоспособни луѓе appeared first on Република.

]]>
Пораз за сите: Две третини од младите во Македонија сакаат да се иселат, повеќе од 83 отсто не им веруваат на институциите https://republika.mk/vesti/makedonija/poraz-za-site-dve-tretini-od-mladite-vo-makedonija-sakaat-da-se-iselat-povekje-od-83-otsto-ne-im-veruvaat-na-instituciite/ Mon, 18 Apr 2022 14:28:55 +0000 https://republika.mk/?p=490139

Населението старее, а две третини од младите сакаат да се иселат од државата и доколку им се пружи приликата би го сториле тоа, затоа е потребна итна акција од страна на законодавната и извршната власт и политики кои ги решаваат проблемите на младите, но и политики кои доследно ќе се спроведуваат, беа дел од заклучоците на јавната дебата „Демографски трендови на младата популација“ што денеска се одржа во Собранието. Организатори на дебатата се Клубот за младински прашања и политики на Собранието, во соработка со граѓанските организации Реактор – Истражување во акција и Младински образовен форум, а со поддршка на Фондацијата за демократија Вестминстер.

Пратеничката од ЛДП, Моника Зајкова изјави дека дебатата произлезе од добиените бројки од пописот во делот што се однесува на младите.

Целта беше да овозможиме дискусија за податоците од пописот на населението, особено оние што се однесуваат на младите лица. Видовме дека тие бројки навистина се загрижувачки, дека населението старее, а процентот на младите луѓе кои својата иднина ја гледаат надвор од државата се повеќе се зголемува, изјави Зајкова.

Таа посочи дека итно треба да се види што може да за преземе со цел нашата држава да се направи атрактивна за младите.

Зајкова се осврнаа и на Стратегијата на млади, која засега ја немаме, односно е истечена, за националните стратегии кои се однесуваат на „одливот на мозоци“ или што може државата да направи за имплементација на важни закони кои ги засегаат младите, како законите за млади, за високо образование, за средно образование и за средно стручно образование.

Во текот на дебатата излагања имаа повеќе претставници од младинскиот граѓански сектор и од дел од институциите.

Истражувачот од Реактор, Блажен Малески посочи дека населението ни старее, а во 2002 младите сочинувале 23,8 отсто од вкупното население.

Денеска имаме 17,8 отсто млади од вкупниот број на граѓани. Односно, 150.000 млади помалку имаме во 2022, што укажува на сериозна демографска промена. Од она што можеме да го видиме од првичните податоци, 10.5 отсто од младите (15-29 години) заминале од државата и не се резидентно население. Вкупно 53.900 млади не се повеќе во земјата. Можеме да забележиме тренд на база на податоци од оние што биле млади во 2002 година, денеска би имале 35 до 49 години, 100.000 си заминале. Односно 20,8 отсто од оние кои биле млади во 2002 година заминале и не се денеска во државата, изјави Малески.

Извршната директорка на Младинскиот образовен форум (МОФ), Теодора Столевска посочи дека младинските организации со години спроведуваат истражувања и апелираат дека младите сакаат да се иселат од државата, а пописот, како што рече, ни потврди дека голем број веќе се отселиле.

Според последното истражување на Фондацијата за демократија Вестминстер, две третини од младите сакаат да се иселат од државата и доколку им се пружи приликата би се иселиле од неа. Ваквите ставови се засновани на неквалитетното образование кои младите го добиваат во државата, големата стапка на невработеност кај младите и ниските примања кои младите ги имаат. Дополнително треба да се напомене дека прашањата кои се однесуваат на младите, иако значајни, не се единствени причини пораки кои младите се иселуваат. Високата стапка на корупција не доведе во ситуација каде повеќе од 83 отсто од младите не им веруваат на институциите, рече Столевска.

Таа информира дека покрај нискиот квалитет на образование и ниските примања, квалитетот на здравството, животната средина и социо-политичките услови се дополнителни причини поради кои младите си заминуваат од државата.

Потребна ни е итна акција од страна на законодавната и извршната власт. Ни требаат политики кои ги решаваат овие проблеми на младите, но и политики кои доследно ќе се спроведуваат, нагласи Столевска.

Дел од граѓанските организации ги претставија проблемите со кои се соочуваат младите, почнувајќи од основно, средно и високо образование. Ги наведоа лошите хигиенски услови во училиштата, застарените образовни програми, начинот на сместување во студентски домови, потребата од поголема пракса пред првото вработување и потребата од работа и поголеми плати. Според нив, во некои општини има службеници за млади кои не си ја вршат својата функција.

Предлозите и препораките од дебатата ќе бидат сублимирани во рамки на една работна група и претставени до извршната власт. Се очекува за неколку месеци да се одржи расправа и да се види што се преземало во меѓувреме за младинските политики.

The post Пораз за сите: Две третини од младите во Македонија сакаат да се иселат, повеќе од 83 отсто не им веруваат на институциите appeared first on Република.

]]>

Населението старее, а две третини од младите сакаат да се иселат од државата и доколку им се пружи приликата би го сториле тоа, затоа е потребна итна акција од страна на законодавната и извршната власт и политики кои ги решаваат проблемите на младите, но и политики кои доследно ќе се спроведуваат, беа дел од заклучоците на јавната дебата „Демографски трендови на младата популација“ што денеска се одржа во Собранието. Организатори на дебатата се Клубот за младински прашања и политики на Собранието, во соработка со граѓанските организации Реактор – Истражување во акција и Младински образовен форум, а со поддршка на Фондацијата за демократија Вестминстер. Пратеничката од ЛДП, Моника Зајкова изјави дека дебатата произлезе од добиените бројки од пописот во делот што се однесува на младите.
Целта беше да овозможиме дискусија за податоците од пописот на населението, особено оние што се однесуваат на младите лица. Видовме дека тие бројки навистина се загрижувачки, дека населението старее, а процентот на младите луѓе кои својата иднина ја гледаат надвор од државата се повеќе се зголемува, изјави Зајкова.
Таа посочи дека итно треба да се види што може да за преземе со цел нашата држава да се направи атрактивна за младите. Зајкова се осврнаа и на Стратегијата на млади, која засега ја немаме, односно е истечена, за националните стратегии кои се однесуваат на „одливот на мозоци“ или што може државата да направи за имплементација на важни закони кои ги засегаат младите, како законите за млади, за високо образование, за средно образование и за средно стручно образование. Во текот на дебатата излагања имаа повеќе претставници од младинскиот граѓански сектор и од дел од институциите. Истражувачот од Реактор, Блажен Малески посочи дека населението ни старее, а во 2002 младите сочинувале 23,8 отсто од вкупното население.
Денеска имаме 17,8 отсто млади од вкупниот број на граѓани. Односно, 150.000 млади помалку имаме во 2022, што укажува на сериозна демографска промена. Од она што можеме да го видиме од првичните податоци, 10.5 отсто од младите (15-29 години) заминале од државата и не се резидентно население. Вкупно 53.900 млади не се повеќе во земјата. Можеме да забележиме тренд на база на податоци од оние што биле млади во 2002 година, денеска би имале 35 до 49 години, 100.000 си заминале. Односно 20,8 отсто од оние кои биле млади во 2002 година заминале и не се денеска во државата, изјави Малески.
Извршната директорка на Младинскиот образовен форум (МОФ), Теодора Столевска посочи дека младинските организации со години спроведуваат истражувања и апелираат дека младите сакаат да се иселат од државата, а пописот, како што рече, ни потврди дека голем број веќе се отселиле.
Според последното истражување на Фондацијата за демократија Вестминстер, две третини од младите сакаат да се иселат од државата и доколку им се пружи приликата би се иселиле од неа. Ваквите ставови се засновани на неквалитетното образование кои младите го добиваат во државата, големата стапка на невработеност кај младите и ниските примања кои младите ги имаат. Дополнително треба да се напомене дека прашањата кои се однесуваат на младите, иако значајни, не се единствени причини пораки кои младите се иселуваат. Високата стапка на корупција не доведе во ситуација каде повеќе од 83 отсто од младите не им веруваат на институциите, рече Столевска.
Таа информира дека покрај нискиот квалитет на образование и ниските примања, квалитетот на здравството, животната средина и социо-политичките услови се дополнителни причини поради кои младите си заминуваат од државата.
Потребна ни е итна акција од страна на законодавната и извршната власт. Ни требаат политики кои ги решаваат овие проблеми на младите, но и политики кои доследно ќе се спроведуваат, нагласи Столевска.
Дел од граѓанските организации ги претставија проблемите со кои се соочуваат младите, почнувајќи од основно, средно и високо образование. Ги наведоа лошите хигиенски услови во училиштата, застарените образовни програми, начинот на сместување во студентски домови, потребата од поголема пракса пред првото вработување и потребата од работа и поголеми плати. Според нив, во некои општини има службеници за млади кои не си ја вршат својата функција. Предлозите и препораките од дебатата ќе бидат сублимирани во рамки на една работна група и претставени до извршната власт. Се очекува за неколку месеци да се одржи расправа и да се види што се преземало во меѓувреме за младинските политики.

The post Пораз за сите: Две третини од младите во Македонија сакаат да се иселат, повеќе од 83 отсто не им веруваат на институциите appeared first on Република.

]]>
Пописот не покажа каде исчезнаа 600.000 иселени од фабриката за лаги на СДСМ https://republika.mk/vesti/makedonija/popisot-ne-pokaza-kade-ischeznaa-600-000-iseleni-od-fabrikata-za-lagi-na-sdsm/ Thu, 31 Mar 2022 10:11:42 +0000 https://republika.mk/?p=481275

Она што можеше да се очекува и се оствари. Во Македонија живеат нешто над 1.8 милиони жители, иако голем број на граѓани останаа непопишани бидејќи попишувачите едноставно не дојдоа кај нив дома или пак тие бојкотираа, се плашеа од короната...

Oна што паѓа во очи кога ќе се види бројката од 1.832,696 попишани граѓани е главниот адут на СДСМ кога беше во опозиција е дека за време на режимот 600.000 граѓани се иселиле од државата. Иселувањето беше главна тема на изборите во 2017 година, а во знак на протест пред владата се оставаа и чевли кои ги симболизираа иселените.

Но, по се изгледа пописот ги обу чевлите од перформансот на СДСМ пред Владата во 2016 година и тие се десеткуваа. За какви 600.000 заминати зборуваше СДСМ изминативе години, кога пописот што го организраа, покажува дека во последниве 20 години бројот на жители во Македонија се намалил за околу 180.000?! Секако, тука е и намалениот наталитет. И да не заборавиме, во овие 20 години, 8 години на власт е СДСМ.

Не е само подобрата работа и парите причина за иселување на младите од државата. Трендовите за напуштање во последните години се и од неекономски причини – им пречи загадувањето, политиката, корупцијата, а во време на отворен свет и кога нема бариери за миграции, младите лесно си одат без да се двоумат.

За разлика од бројките фрлени од ракав со кои СДСМ со години се обидува да направи драма, официјалните податоци на Евростат велат дека од Западен Балкан во земјите на ЕУ само минатата година се отселиле 228.000 жители. Од нив 24.300 се од Македонија. Најмногу луѓе се отселиле во Германија (11.500), а потоа следуваат Италија и Словенија. Процентуално изразено, бројот на заминувања од Македонија сочинува 2,1 отсто од вкупниот број жители.

Една анализа на Мрежата за спречување на одливот на мозоци, Национална стратегија за соработка и спречување на одливот на млади и висококвалитетни кадри 2013-2020 е имплементирана само 11 проценти, односно не се спроведува.

Во изминатите седум-осум години оваа стратегија била само парче хартија која е зафрлена во фиоките, институциите не знаат дека постои, нема меѓуинституционална комуникација и заедничко дејствување. Проблемот е реален, постои и треба суштински да му се пристапи, велат од Мрежата.

Она што навистина треба да ги загрижува СДСМ е намалувањето на работоспособното население во последните години. Најновите податоци од Државниот завод за статистика, кои се заклучно со последниот квартал на 2021 година, покажуваат на исклучително негативни движења на пазарот на труд од почетокот на ковид кризата.

За прв пат во историјата има намалување на бројот на лица на возраст од 15 до 79 години, што покажува дека исчезнуваме како нација.

Речиси 10.000 починати лица од пандемијата, иселувањето на младите и падот на наталитетот се рефлектираа во намалување на вкупното работоспособно население за 3.373 лица од првиот квартал на 2020 година до последниот квартал на 2021 година.

Наталитет е голем проблем во цела Европа, со исклучок на 2-3 земји како Ирска и Турција, но затоа европските земји работат на стимулација. Во Македонија власта не покажа интерес за подмладокот.

The post Пописот не покажа каде исчезнаа 600.000 иселени од фабриката за лаги на СДСМ appeared first on Република.

]]>

Она што можеше да се очекува и се оствари. Во Македонија живеат нешто над 1.8 милиони жители, иако голем број на граѓани останаа непопишани бидејќи попишувачите едноставно не дојдоа кај нив дома или пак тие бојкотираа, се плашеа од короната... Oна што паѓа во очи кога ќе се види бројката од 1.832,696 попишани граѓани е главниот адут на СДСМ кога беше во опозиција е дека за време на режимот 600.000 граѓани се иселиле од државата. Иселувањето беше главна тема на изборите во 2017 година, а во знак на протест пред владата се оставаа и чевли кои ги симболизираа иселените. Но, по се изгледа пописот ги обу чевлите од перформансот на СДСМ пред Владата во 2016 година и тие се десеткуваа. За какви 600.000 заминати зборуваше СДСМ изминативе години, кога пописот што го организраа, покажува дека во последниве 20 години бројот на жители во Македонија се намалил за околу 180.000?! Секако, тука е и намалениот наталитет. И да не заборавиме, во овие 20 години, 8 години на власт е СДСМ. Не е само подобрата работа и парите причина за иселување на младите од државата. Трендовите за напуштање во последните години се и од неекономски причини – им пречи загадувањето, политиката, корупцијата, а во време на отворен свет и кога нема бариери за миграции, младите лесно си одат без да се двоумат. За разлика од бројките фрлени од ракав со кои СДСМ со години се обидува да направи драма, официјалните податоци на Евростат велат дека од Западен Балкан во земјите на ЕУ само минатата година се отселиле 228.000 жители. Од нив 24.300 се од Македонија. Најмногу луѓе се отселиле во Германија (11.500), а потоа следуваат Италија и Словенија. Процентуално изразено, бројот на заминувања од Македонија сочинува 2,1 отсто од вкупниот број жители. Една анализа на Мрежата за спречување на одливот на мозоци, Национална стратегија за соработка и спречување на одливот на млади и висококвалитетни кадри 2013-2020 е имплементирана само 11 проценти, односно не се спроведува.
Во изминатите седум-осум години оваа стратегија била само парче хартија која е зафрлена во фиоките, институциите не знаат дека постои, нема меѓуинституционална комуникација и заедничко дејствување. Проблемот е реален, постои и треба суштински да му се пристапи, велат од Мрежата.
Она што навистина треба да ги загрижува СДСМ е намалувањето на работоспособното население во последните години. Најновите податоци од Државниот завод за статистика, кои се заклучно со последниот квартал на 2021 година, покажуваат на исклучително негативни движења на пазарот на труд од почетокот на ковид кризата. За прв пат во историјата има намалување на бројот на лица на возраст од 15 до 79 години, што покажува дека исчезнуваме како нација. Речиси 10.000 починати лица од пандемијата, иселувањето на младите и падот на наталитетот се рефлектираа во намалување на вкупното работоспособно население за 3.373 лица од првиот квартал на 2020 година до последниот квартал на 2021 година. Наталитет е голем проблем во цела Европа, со исклучок на 2-3 земји како Ирска и Турција, но затоа европските земји работат на стимулација. Во Македонија власта не покажа интерес за подмладокот.    

The post Пописот не покажа каде исчезнаа 600.000 иселени од фабриката за лаги на СДСМ appeared first on Република.

]]>
Бројките покажуваат: Намалувањето на невработеноста е последица на масовното иселување https://republika.mk/vesti/ekonomija/brojkite-pokazuvaat-namaluvanjeto-na-nevrabotenosta-e-posledica-na-masovnoto-iseluvanje/ Sun, 06 Mar 2022 13:42:17 +0000 https://republika.mk/?p=468509

Најновите податоци од Анкетата на работна сила на Државниот завод за статистика кои се заклучно со последниот квартал на 2021 година покажуваат на исклучително негативни движења на пазарот на труд од почетокот на кризата со КОВИД-19. Тврдењата на Владата дека се намалува стапката на невработеност заради успешните политики е изместена вистина или пак чисто непознавање на состојбите на пазарот на труд. Стапката на невработеностсе намалува зошто невработените се префрлаат во неактивни, односно стануваат демотивирани да бараат работа, се иселуваат или пак некои од нив го загубија својот живот заради пандемијата со КОВИД-19, напоменуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

За прв пат во историјата имаме намалување на работоспособното население (лица на возраст од 15 до 79 години), што покажува дека ИСЧЕЗНУВАМЕ КАКО НАЦИЈА. Данокот од 9.075 починати лица заради неуспешното справување на здравствените властисо пандемијата, паралелно со повеќегодишниот тренд на иселување од државата, особено на младите и соопаѓачката стапка на наталитет за коишто ништо не направи оваа Влада, се рефлектирааза прв пат во намалување на вкупното работоспособно население за 3.373 лица од првиот квартал на 2020 година до последниот квартал на 2021 година.

Притоа, од почетокот на пандемијата имаме значајно намалување на активното население (збир од вработени и невработени лица), но затоа бројот на неактивните лица значајно се зголемува. Активното население се намалува за 30.251 лица, при намалување на бројот на вработените за 15.830 и на невработенитеза 14.421. Остатокот од вкупното работоспособно население се неактивните лица чиј број е зголем за 26.878, што покажува дека лицата кои останале без работа и кои биле невработени и пред кризата, сите се префрлаат во неактивни односно не бараат работа. Затоа стапката на активност од 57,4% во првиот квартал на 2020 година се сведе на 55,7% во последниот квартал на 2021 година, додека стапката на невработеност од 16,2% на 15,2%.

Стапката на невработеност е сооднос помеѓу невработените и активното население. Бројот на невработени во првиот квартал на 2020 година изнесувал 156,627, додека во последниот квартал на 2021 година 142.206, што е намалување за 9,2%. Бројот на активни лица за овој период од 967,733 се свел на 937.482 лица, што е намалување за 3,1%. Поинтензивиот пад на бројот на невработени од бројот на активно население ја прави стапката на невработеност да се намалува. Но, тоа е само пресметка, а каква е суштината. Дали намалувањето на невработените е зошто истите нашле работа? Не.

Во услови кога БРОЈОТ НА ВРАБОТЕНИ СЕ НАМАЛУВА, намалувањето кајневработените НЕ е зошто истите наоѓаат работа и се вработуваат, туку заради тоа што се префрлаат во неактивнит.естануваат демотивирани да бараат работа (надвор од пресметката на стапката на невработеност), се иселуваат или го загубија својот живот заради пандемијата со ковид-19. Каде гледа Владата успешни политики?

Но, уште повеќе загрижува фактот што намалувањето на вработените е исклучиво во приватниот сектор, каде бројот е намален за 27.996 лица, додека бројот на вработени во субјекти со друга сопственост е зголемен 12.166 лица. Според ДЗС во друга сопственост влегуваат:мешовита, задружна и државна сопственост. Првите два облика на сопственост се малку застапени во нашата држава, што значи дека промените во друга сопственост во најголем дел се рефлексија на движењата на вработените во јавниот сектор. Така, бројот на вработени во јавна управа и одбрана од почетокот на пандемијата е зголемен за 8.093 лица, во здравствена и социјална заштита за 4.856 лица и во дејноста снабдување со вода, отстранување на отпадни води за 3.908 лица. Намалување на бројот на вработени има во државното образование за 803 лица и во дејноста снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1.736 лица. Ако се соберат сите овие дејности кои во најголем дел се во јавен сектор, тогаш од почетокот на кризата со ковид-19 до крајот на 2021 година вработените во јавниот сектор се зголемиле за околу 14.300 лица.Наспроти заложбата да се отвараат работни места во приватниот сектор, Влада интензивно запослува во јавниот сектор. Економските последици од владеењето на оваа Влада скапо нѐ чинат, а ќе ги чуствуваат и идните генерации!

The post Бројките покажуваат: Намалувањето на невработеноста е последица на масовното иселување appeared first on Република.

]]>

Најновите податоци од Анкетата на работна сила на Државниот завод за статистика кои се заклучно со последниот квартал на 2021 година покажуваат на исклучително негативни движења на пазарот на труд од почетокот на кризата со КОВИД-19. Тврдењата на Владата дека се намалува стапката на невработеност заради успешните политики е изместена вистина или пак чисто непознавање на состојбите на пазарот на труд. Стапката на невработеностсе намалува зошто невработените се префрлаат во неактивни, односно стануваат демотивирани да бараат работа, се иселуваат или пак некои од нив го загубија својот живот заради пандемијата со КОВИД-19, напоменуваат од ВМРО-ДПМНЕ. За прв пат во историјата имаме намалување на работоспособното население (лица на возраст од 15 до 79 години), што покажува дека ИСЧЕЗНУВАМЕ КАКО НАЦИЈА. Данокот од 9.075 починати лица заради неуспешното справување на здравствените властисо пандемијата, паралелно со повеќегодишниот тренд на иселување од државата, особено на младите и соопаѓачката стапка на наталитет за коишто ништо не направи оваа Влада, се рефлектирааза прв пат во намалување на вкупното работоспособно население за 3.373 лица од првиот квартал на 2020 година до последниот квартал на 2021 година. Притоа, од почетокот на пандемијата имаме значајно намалување на активното население (збир од вработени и невработени лица), но затоа бројот на неактивните лица значајно се зголемува. Активното население се намалува за 30.251 лица, при намалување на бројот на вработените за 15.830 и на невработенитеза 14.421. Остатокот од вкупното работоспособно население се неактивните лица чиј број е зголем за 26.878, што покажува дека лицата кои останале без работа и кои биле невработени и пред кризата, сите се префрлаат во неактивни односно не бараат работа. Затоа стапката на активност од 57,4% во првиот квартал на 2020 година се сведе на 55,7% во последниот квартал на 2021 година, додека стапката на невработеност од 16,2% на 15,2%.
Стапката на невработеност е сооднос помеѓу невработените и активното население. Бројот на невработени во првиот квартал на 2020 година изнесувал 156,627, додека во последниот квартал на 2021 година 142.206, што е намалување за 9,2%. Бројот на активни лица за овој период од 967,733 се свел на 937.482 лица, што е намалување за 3,1%. Поинтензивиот пад на бројот на невработени од бројот на активно население ја прави стапката на невработеност да се намалува. Но, тоа е само пресметка, а каква е суштината. Дали намалувањето на невработените е зошто истите нашле работа? Не.
Во услови кога БРОЈОТ НА ВРАБОТЕНИ СЕ НАМАЛУВА, намалувањето кајневработените НЕ е зошто истите наоѓаат работа и се вработуваат, туку заради тоа што се префрлаат во неактивнит.естануваат демотивирани да бараат работа (надвор од пресметката на стапката на невработеност), се иселуваат или го загубија својот живот заради пандемијата со ковид-19. Каде гледа Владата успешни политики? Но, уште повеќе загрижува фактот што намалувањето на вработените е исклучиво во приватниот сектор, каде бројот е намален за 27.996 лица, додека бројот на вработени во субјекти со друга сопственост е зголемен 12.166 лица. Според ДЗС во друга сопственост влегуваат:мешовита, задружна и државна сопственост. Првите два облика на сопственост се малку застапени во нашата држава, што значи дека промените во друга сопственост во најголем дел се рефлексија на движењата на вработените во јавниот сектор. Така, бројот на вработени во јавна управа и одбрана од почетокот на пандемијата е зголемен за 8.093 лица, во здравствена и социјална заштита за 4.856 лица и во дејноста снабдување со вода, отстранување на отпадни води за 3.908 лица. Намалување на бројот на вработени има во државното образование за 803 лица и во дејноста снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1.736 лица. Ако се соберат сите овие дејности кои во најголем дел се во јавен сектор, тогаш од почетокот на кризата со ковид-19 до крајот на 2021 година вработените во јавниот сектор се зголемиле за околу 14.300 лица.Наспроти заложбата да се отвараат работни места во приватниот сектор, Влада интензивно запослува во јавниот сектор. Економските последици од владеењето на оваа Влада скапо нѐ чинат, а ќе ги чуствуваат и идните генерации!

The post Бројките покажуваат: Намалувањето на невработеноста е последица на масовното иселување appeared first on Република.

]]>
Курти загрижен поради заминувањето на младите од Косово https://republika.mk/vesti/balkan/kurti-zagrizen-poradi-zaminuvanjeto-na-mladite-od-kosovo/ Fri, 18 Feb 2022 12:12:43 +0000 https://republika.mk/?p=460404

Косовскиот премиер, Албин Курти, оцени дека заминувањето на младите од Косово е многу загрижувачки и оти тоа прашање властите се обидуваат да го решат со борба против корупцијата.

Курти вели дека трендот на одлив на млади продолжува од година во година, а како најчеста причина за тоа ја наведува невработеноста.

Недостигот на работни места, а особено вработувањето во одредени професии за млади, влијаеше тие да се иселат од Косово. Со борбата против криминалот и корупцијата со цел да се зголеми кредибилитетот во коректни и правични институции, ние се обидуваме да ги задржиме младите во Косово - вели Курти.

Само во јануари околу 48.000 косовски граѓани поднеле барање за работни визи во европските земји.

The post Курти загрижен поради заминувањето на младите од Косово appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер, Албин Курти, оцени дека заминувањето на младите од Косово е многу загрижувачки и оти тоа прашање властите се обидуваат да го решат со борба против корупцијата. Курти вели дека трендот на одлив на млади продолжува од година во година, а како најчеста причина за тоа ја наведува невработеноста.
Недостигот на работни места, а особено вработувањето во одредени професии за млади, влијаеше тие да се иселат од Косово. Со борбата против криминалот и корупцијата со цел да се зголеми кредибилитетот во коректни и правични институции, ние се обидуваме да ги задржиме младите во Косово - вели Курти.
Само во јануари околу 48.000 косовски граѓани поднеле барање за работни визи во европските земји.

The post Курти загрижен поради заминувањето на младите од Косово appeared first on Република.

]]>
Речиси 200.000 луѓе постари од 30 години во БиХ живеат со своите родители https://republika.mk/vesti/balkan/rechisi-200-000-lugje-postari-od-30-godini-vo-bih-ziveat-so-svoite-roditeli/ Mon, 24 Jan 2022 21:52:27 +0000 https://republika.mk/?p=448946

Податоците на Агенцијата за статистика на БиХ покажуваат дека во земјата има голем број невработени млади лица, а речиси 200.000 од нив на возраст од над 30 години живеат со своите родители.

Истовремено, повеќето млади луѓе на возраст над 25 години, кои неодамна ја напуштиле Босна и Херцеговина, емигрирале во земјите на Европската Унија.

Немаме податоци колку млади луѓе во изминатиот период ја напуштиле БиХ, но според податоците на земјите-домаќини, Босанците најчесто се иселуваат во државите од ЕУ (Германија, Хрватска, Австрија, Словенија, итн.) - соопшти Агенцијата.

Кога станува збор за невработеноста кај младите, Анкетата за работна сила спорведена во 2020 година покажува дека најголем број се оние на возраст од 20 до 24 години со завршено средно образование. Најголемиот број млади кои завршиле виша школа, факултет, магистерски и докторат, а се невработени, се на возраст од 25 до 29 години.

Истражувањето покажува и дека голем број млади луѓе кои се невработени (на возраст од 20 до 39 години) имаат завршено само основно или се без училиште.

Од Агенцијата напоменуваат дека станува збор за податоци од Анкетата за работна сила, која се спроведува согласно регулативите на ЕУ и не треба да се споредуваат со податоци од евиденцијата на Заводот за вработување поради методолошки разлики.

Според податоците од пописот на населението, домаќинствата и становите од 2013 година, од вкупниот број лица на возраст од 30 и повеќе години, 186.090 живеат со своите родители. Во оваа бројка се вклучени лицата кои живеат со двајцата родители или само со еден - велат од Агенцијата за статистика на БиХ.

The post Речиси 200.000 луѓе постари од 30 години во БиХ живеат со своите родители appeared first on Република.

]]>

Податоците на Агенцијата за статистика на БиХ покажуваат дека во земјата има голем број невработени млади лица, а речиси 200.000 од нив на возраст од над 30 години живеат со своите родители. Истовремено, повеќето млади луѓе на возраст над 25 години, кои неодамна ја напуштиле Босна и Херцеговина, емигрирале во земјите на Европската Унија.
Немаме податоци колку млади луѓе во изминатиот период ја напуштиле БиХ, но според податоците на земјите-домаќини, Босанците најчесто се иселуваат во државите од ЕУ (Германија, Хрватска, Австрија, Словенија, итн.) - соопшти Агенцијата.
Кога станува збор за невработеноста кај младите, Анкетата за работна сила спорведена во 2020 година покажува дека најголем број се оние на возраст од 20 до 24 години со завршено средно образование. Најголемиот број млади кои завршиле виша школа, факултет, магистерски и докторат, а се невработени, се на возраст од 25 до 29 години. Истражувањето покажува и дека голем број млади луѓе кои се невработени (на возраст од 20 до 39 години) имаат завршено само основно или се без училиште. Од Агенцијата напоменуваат дека станува збор за податоци од Анкетата за работна сила, која се спроведува согласно регулативите на ЕУ и не треба да се споредуваат со податоци од евиденцијата на Заводот за вработување поради методолошки разлики.