хоспитализиран Archives - Република https://republika.mk/tema/hospitaliziran/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Nov 2024 08:39:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png хоспитализиран Archives - Република https://republika.mk/tema/hospitaliziran/ 32 32 Мората со сериозна траума на главата пренесен во болница https://republika.mk/sport/fudbal/morata-so-seriozna-trauma-na-glavata-prenesen-vo-bolnitsa/ Thu, 07 Nov 2024 21:47:15 +0000 https://republika.mk/?p=835265

Шпанскиот напаѓач на Милан, Алваро Мората е хоспитализиран поради повреда на главата за време на клупски тренинг, соопшти италијанскиот клуб.

Мората на утринскиот тренинг претрпе сериозна траума на главата при судир со соиграч. Веднаш беше пренесен во болница, каде резултатот од магнетната резонанца беше негативен, но ќе остане на опсервација во болницата, како што налага протоколот во слични случаи, соопшти Милан.

Според италијанскиот печат, капитенот на шпанската репрезентација се повредил при судир со српскиот дефанзивец Страхиња Павловиќ. Се претпоставува дека нема да настапи на натпреварот од 12. коло на италијанскиот шампионат в сабота против Каљари.

Откако ова лето се врати во Серија А од Атлетико Мадрид, Мората (32) постигна три голови на 12 натпревари во сите натпреварувања, вклучително и еден во победата на Милан со 3-1 во Лигата на шампиони над Реал Мадрид во вторникот.

The post Мората со сериозна траума на главата пренесен во болница appeared first on Република.

]]>

Шпанскиот напаѓач на Милан, Алваро Мората е хоспитализиран поради повреда на главата за време на клупски тренинг, соопшти италијанскиот клуб.
Мората на утринскиот тренинг претрпе сериозна траума на главата при судир со соиграч. Веднаш беше пренесен во болница, каде резултатот од магнетната резонанца беше негативен, но ќе остане на опсервација во болницата, како што налага протоколот во слични случаи, соопшти Милан.
Според италијанскиот печат, капитенот на шпанската репрезентација се повредил при судир со српскиот дефанзивец Страхиња Павловиќ. Се претпоставува дека нема да настапи на натпреварот од 12. коло на италијанскиот шампионат в сабота против Каљари. Откако ова лето се врати во Серија А од Атлетико Мадрид, Мората (32) постигна три голови на 12 натпревари во сите натпреварувања, вклучително и еден во победата на Милан со 3-1 во Лигата на шампиони над Реал Мадрид во вторникот.

The post Мората со сериозна траума на главата пренесен во болница appeared first on Република.

]]>
Елтон Џон е итно хоспитализиран, колабирал во својата вила во Ница https://republika.mk/scena/muzika/elton-dhon-e-itno-hospitaliziran-kolabiral-vo-svojata-vila-vo-nitsa/ Tue, 29 Aug 2023 08:49:00 +0000 https://republika.mk/?p=676816

Елтон Џон е итно хоспитализиран во неделата вечерта откако колабирал во својата вила во Ница.

Музичката легенда (76) била префрлена на ортопедскиот оддел на болничкиот центар „Принцес Грејс“ во Монако каде бил прегледан од страна на лекарите.

Портпаролот на Елтон Џон потврдил за MailOnline дека тој бил отпуштен денеска рано наутро и сега е вратен дома „со добро здравје“.

Во соопштението стои: „Можеме да потврдиме дека по падот во неговиот дом на југот на Франција вчера, Елтон ја посети локалната болница како мерка на претпазливост. По прегледот, тој веднаш беше отпуштен утрово и сега е вратен дома и е во добра здравствена состојба“.

Елтон го помина летото во Франција со својот сопруг Дејвид Фурниш и нивните два сина, откако ја заврши турнејата „Farewell Fellows Brick Road“ во јули.

Последен пат беше виден како ужива во релаксирачки ден на својата суперјахта со многу пријатели во Сент Тропе на 22 август.

The post Елтон Џон е итно хоспитализиран, колабирал во својата вила во Ница appeared first on Република.

]]>

Елтон Џон е итно хоспитализиран во неделата вечерта откако колабирал во својата вила во Ница. Музичката легенда (76) била префрлена на ортопедскиот оддел на болничкиот центар „Принцес Грејс“ во Монако каде бил прегледан од страна на лекарите.
Портпаролот на Елтон Џон потврдил за MailOnline дека тој бил отпуштен денеска рано наутро и сега е вратен дома „со добро здравје“.
Во соопштението стои: „Можеме да потврдиме дека по падот во неговиот дом на југот на Франција вчера, Елтон ја посети локалната болница како мерка на претпазливост. По прегледот, тој веднаш беше отпуштен утрово и сега е вратен дома и е во добра здравствена состојба“.
Елтон го помина летото во Франција со својот сопруг Дејвид Фурниш и нивните два сина, откако ја заврши турнејата „Farewell Fellows Brick Road“ во јули. Последен пат беше виден како ужива во релаксирачки ден на својата суперјахта со многу пријатели во Сент Тропе на 22 август.

The post Елтон Џон е итно хоспитализиран, колабирал во својата вила во Ница appeared first on Република.

]]>
Жарко Лаушевиќ итно хоспитализиран https://republika.mk/scena/film/zharko-laushevik-itno-hospitaliziran/ Tue, 22 Aug 2023 17:37:09 +0000 https://republika.mk/?p=674702

Актерот Жарко Лаушевиќ пред неколку дена бил примен во КБЦ „Бежанијска коса“ во Белград, дознава „24седам“.

Нарушената здравствена состојба на актерот од пред неколку месеци кулминирала во последните неколку дена, поради што бил итно хоспитализиран, а како што дознаваат, во моментов е на дополнителни испитувања.

Извор близок на актерот за порталот „24седам“ изјавил дека Лаушевиќ без разлика на ситуацијата не сакал да го пропушти продолжението на снимањето на серијата „Калкански кругови“ во текот на летото, на која работел во Аранѓеловац.

Во текот на викендот му биле извршени итни анализи на крвта, а понатамошниот тек на лекувањето ќе биде одреден врз основа на наодите.

Изворот за „24седам“ додава дека веста за здравствената состојба на Лаушевиќ се чува во строга тајност, за да се избегнат шпекулации во јавноста. Токму поради приватност тој се наоѓа во апартман во болницата „Бежанијска коса“, каде што за него се грижат голем број лекари и друг медицински персонал.

The post Жарко Лаушевиќ итно хоспитализиран appeared first on Република.

]]>

Актерот Жарко Лаушевиќ пред неколку дена бил примен во КБЦ „Бежанијска коса“ во Белград, дознава „24седам“. Нарушената здравствена состојба на актерот од пред неколку месеци кулминирала во последните неколку дена, поради што бил итно хоспитализиран, а како што дознаваат, во моментов е на дополнителни испитувања. Извор близок на актерот за порталот „24седам“ изјавил дека Лаушевиќ без разлика на ситуацијата не сакал да го пропушти продолжението на снимањето на серијата „Калкански кругови“ во текот на летото, на која работел во Аранѓеловац. Во текот на викендот му биле извршени итни анализи на крвта, а понатамошниот тек на лекувањето ќе биде одреден врз основа на наодите. Изворот за „24седам“ додава дека веста за здравствената состојба на Лаушевиќ се чува во строга тајност, за да се избегнат шпекулации во јавноста. Токму поради приватност тој се наоѓа во апартман во болницата „Бежанијска коса“, каде што за него се грижат голем број лекари и друг медицински персонал.  

The post Жарко Лаушевиќ итно хоспитализиран appeared first on Република.

]]>
Ван дер Сар е на интензивна нега во Сплит, имал крварење во мозокот! https://republika.mk/sport/fudbal/van-der-sar-e-na-intenzivna-nega-vo-split-imal-krvarene-vo-mozokot/ Fri, 07 Jul 2023 17:15:39 +0000 https://republika.mk/?p=659053

Еден од најдобрите голмани во историјата на холандскиот фудбал холандски Едвин ван дер Сар (52) моментно е на преглед на главата во КБЦ Сплит, на одделот за интензивна нега.

Хрватските медиуми пренесуваат дека таму Ван дер Сар е примен по мозочно крварење и дека е задржан на опсервација. Тој пристигна во болницата придружуван од сопругата Анемари.

Засега не е познато дали Ван дер Сар пристигнал во болница по повреда на главата или откако му се слошило, но познато е дека по силни главоболки и одредени невролошки нарушувања со хеликоптер бил префрлен од Хвар во КБЦ Сплит. Наскоро треба да се утврди што точно доведе до здравствените проблеми.

Веста ја потврди и холандскиот фудбалски клуб Ајакс на Твитер. Неговата состојба е стабилна, пренесуваат од клубот

The post Ван дер Сар е на интензивна нега во Сплит, имал крварење во мозокот! appeared first on Република.

]]>

Еден од најдобрите голмани во историјата на холандскиот фудбал холандски Едвин ван дер Сар (52) моментно е на преглед на главата во КБЦ Сплит, на одделот за интензивна нега. Хрватските медиуми пренесуваат дека таму Ван дер Сар е примен по мозочно крварење и дека е задржан на опсервација. Тој пристигна во болницата придружуван од сопругата Анемари. Засега не е познато дали Ван дер Сар пристигнал во болница по повреда на главата или откако му се слошило, но познато е дека по силни главоболки и одредени невролошки нарушувања со хеликоптер бил префрлен од Хвар во КБЦ Сплит. Наскоро треба да се утврди што точно доведе до здравствените проблеми. Веста ја потврди и холандскиот фудбалски клуб Ајакс на Твитер. Неговата состојба е стабилна, пренесуваат од клубот

The post Ван дер Сар е на интензивна нега во Сплит, имал крварење во мозокот! appeared first on Република.

]]>
Лекарите на Том Сајзер велат дека нема надеж, семејството на актерот размислува дали да го исклучи од апаратите https://republika.mk/scena/film/lekarite-na-tom-sajzer-velat-deka-nema-nadezh-semejstvoto-na-akterot-razmisluva-dali-da-go-iskluchi-od-aparatite/ Tue, 28 Feb 2023 10:34:37 +0000 https://republika.mk/?p=614171

Том Сајзмор (61) беше итно хоспитализиран пред повеќе од една недела, откако претрпел мозочна аневризма во својот дом.

Бидејќи докторите задолжени за неговото закрепнување рекле дека нема надеж, семејството на актерот во моментов одлучува дали да го исклучи од апаратите кои го одржуваат Том во живот.

Денеска лекарите го известија неговото семејство дека повеќе нема надеж. Семејството сега одлучува за крај на неговиот живот, а понатамошното соопштение ќе биде објавено во среда. Ве молиме за приватност за членовите на неговото семејство во овој тежок момент кои сакаат да им се заблагодарат на сите на пораките за поддршка и молитвите кои ги примија. Ова беше тешко време за нив“, се огласи во понеделникот менаџерот на Том, Чарлс Лаго, во соопштението кое го објави „Си-Ен-Ен“.

Имено, Сајзмор во неделата, на 19-ти февруари, доживеа мозочна аневризма поради која, во критична состојба, бил веднаш хоспитализиран.

Од тој ден Том е во критична состојба, во кома и на интензивна нега, истакнал неговиот менаџер.

The post Лекарите на Том Сајзер велат дека нема надеж, семејството на актерот размислува дали да го исклучи од апаратите appeared first on Република.

Ратко Младиќ во лоша здравствена состојба, хоспитализиран е во Хаг https://republika.mk/vesti/balkan/ratko-mladikj-vo-losha-zdravstvena-sostojba-hospitaliziran-e-vo-hag/ Sun, 11 Sep 2022 16:03:49 +0000 https://republika.mk/?p=549784

Поранешниот воен командант на босанските Срби, Ратко Младиќ, кој отслужува доживотна казна затвор во Хаг за воени злосторства, е хоспитализиран и е во „лоша здравствена состојба“, изјави неговиот син Дарко Младиќ за АФП.

Дарко Младиќ во кус телефонски разговор за Франс прес во Белград ја потврди информацијата за локалните медиуми. Тој им кажал дека поранешниот генерал е хоспитализиран поради неговата кревка здравствена состојба. Прво беше во цивилната болница во Хаг, а од четвртокот е во затворската здравствена установа на Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови (MTPI) со седиште во Хаг.

Неговото здравје е лошо. Во Србија е подготвен тим од лекари кои би можеле да одат да го видат, но сè уште не знаеме дали ќе им биде дозволено. Ќе побараме дозвола овие лекари да го прегледаат“, изјави Младиќ за АФП.

На прашањето на АФП да ја коментира информацијата, службите на МТПИ одговориле дека „не можат да коментираат за здравствената состојба на уапсениот бидејќи се работи за доверливи информации“.

The post Ратко Младиќ во лоша здравствена состојба, хоспитализиран е во Хаг appeared first on Република.

]]>

Поранешниот воен командант на босанските Срби, Ратко Младиќ, кој отслужува доживотна казна затвор во Хаг за воени злосторства, е хоспитализиран и е во „лоша здравствена состојба“, изјави неговиот син Дарко Младиќ за АФП. Дарко Младиќ во кус телефонски разговор за Франс прес во Белград ја потврди информацијата за локалните медиуми. Тој им кажал дека поранешниот генерал е хоспитализиран поради неговата кревка здравствена состојба. Прво беше во цивилната болница во Хаг, а од четвртокот е во затворската здравствена установа на Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови (MTPI) со седиште во Хаг.
Неговото здравје е лошо. Во Србија е подготвен тим од лекари кои би можеле да одат да го видат, но сè уште не знаеме дали ќе им биде дозволено. Ќе побараме дозвола овие лекари да го прегледаат“, изјави Младиќ за АФП.
На прашањето на АФП да ја коментира информацијата, службите на МТПИ одговориле дека „не можат да коментираат за здравствената состојба на уапсениот бидејќи се работи за доверливи информации“.

The post Ратко Младиќ во лоша здравствена состојба, хоспитализиран е во Хаг appeared first on Република.

]]>
Чубаис во болница: На највисокиот функционер на Кремљ кој поднесе оставка поради војната во Украина одеднаш му се вкочаниле рацете и нозете https://republika.mk/vesti/svet/chubais-vo-bolnica-na-najvisokiot-funkcioner-na-kremlj-koj-podnese-ostavka-poradi-vojnata-vo-ukraina-odednash-mu-se-vkochanile-racete-i-nozete/ Mon, 01 Aug 2022 08:02:26 +0000 https://republika.mk/?p=535578

Висок функционер на Путин, кој даде отказ на функцијата и ја напушти Русија во знак на протест против Украина, итно е префрлен на интензивна нега откако ненадејно доживеа акутна вкочанетост во рацете и нозете.

Специјалисти во костуми „хазмат“ ја прегледале просторијата каде што се заболел Анатолиј Чубаис (67) во неодредена западна земја во Европа.

Извештајот дојде од новинарката Ксенија Собчак, поранешен руски претседателски кандидат.

Првичната дијагноза е Гилен-Баре синдром, но истрагите сѐ уште се во тек по повторените случаи кога непријателите на Путин биле отруени.

Собчак изјави: „Во овој случај, дијагнозата може да се промени“.

Таа рече дека „собата во која се наоѓал Чубаис кога се чувствувал лошо ја прегледале специјалисти во костуми за хемиска заштита. Полицијата ги испраша сите сведоци“.

Неговата сопруга Авдотја Смирнова (56), филмски режисер, изјавила дека состојбата на Чубаис е „нестабилна“, рече Собчак.

Стана лошо, наеднаш рацете и нозете се вкочанија.

Самиот Чубаис беше цитиран како рекол: „Јас сум хоспитализиран во една од европските клиники со дијагноза на Гилен-Баре синдром. Состојба со умерена тежина, стабилна“.

Синдромот Гилен-Баре се случува кога сопствениот имунолошки систем на една личност им наштетува на нервите на телото. Оваа штета предизвикува мускулна слабост, а понекогаш и парализа.

Чубаис поднесе оставка од функцијата специјален пратеник на Путин во меѓународните организации во март – и ја напушти Русија да живее во егзил во знак на протест поради војната.

Тој се смета за највисокиот руски функционер кој поднесе оставка поради оваа причина.

Тој е поранешен вицепремиер кој ја предводеше приватизацијата на руската економија по падот на комунизмот во владата на Борис Елцин.

Тој остана клучен играч под Путин – и од 1998 до 2008 година беше на чело на рускиот државен монопол за електрична енергија РАО УЕС.

The post Чубаис во болница: На највисокиот функционер на Кремљ кој поднесе оставка поради војната во Украина одеднаш му се вкочаниле рацете и нозете appeared first on Република.

]]>

Висок функционер на Путин, кој даде отказ на функцијата и ја напушти Русија во знак на протест против Украина, итно е префрлен на интензивна нега откако ненадејно доживеа акутна вкочанетост во рацете и нозете.
Специјалисти во костуми „хазмат“ ја прегледале просторијата каде што се заболел Анатолиј Чубаис (67) во неодредена западна земја во Европа. Извештајот дојде од новинарката Ксенија Собчак, поранешен руски претседателски кандидат.
Првичната дијагноза е Гилен-Баре синдром, но истрагите сѐ уште се во тек по повторените случаи кога непријателите на Путин биле отруени. Собчак изјави: „Во овој случај, дијагнозата може да се промени“. Таа рече дека „собата во која се наоѓал Чубаис кога се чувствувал лошо ја прегледале специјалисти во костуми за хемиска заштита. Полицијата ги испраша сите сведоци“. Неговата сопруга Авдотја Смирнова (56), филмски режисер, изјавила дека состојбата на Чубаис е „нестабилна“, рече Собчак. Стана лошо, наеднаш рацете и нозете се вкочанија. Самиот Чубаис беше цитиран како рекол: „Јас сум хоспитализиран во една од европските клиники со дијагноза на Гилен-Баре синдром. Состојба со умерена тежина, стабилна“. Синдромот Гилен-Баре се случува кога сопствениот имунолошки систем на една личност им наштетува на нервите на телото. Оваа штета предизвикува мускулна слабост, а понекогаш и парализа. Чубаис поднесе оставка од функцијата специјален пратеник на Путин во меѓународните организации во март – и ја напушти Русија да живее во егзил во знак на протест поради војната. Тој се смета за највисокиот руски функционер кој поднесе оставка поради оваа причина. Тој е поранешен вицепремиер кој ја предводеше приватизацијата на руската економија по падот на комунизмот во владата на Борис Елцин. Тој остана клучен играч под Путин – и од 1998 до 2008 година беше на чело на рускиот државен монопол за електрична енергија РАО УЕС.  

The post Чубаис во болница: На највисокиот функционер на Кремљ кој поднесе оставка поради војната во Украина одеднаш му се вкочаниле рацете и нозете appeared first on Република.

]]>
Боки 13 хоспитализиран, можно е да биде опериран https://republika.mk/vesti/crna-hronika/boki-13-hospitaliziran-mozno-e-da-bide-operiran/ Mon, 25 Jul 2022 16:51:32 +0000 https://republika.mk/?p=533103

Бојан Јовановски е хоспитализиран во Градската болница „Св. Наум Охридски“ објави А1 он. Се размислува да се преземе оперативен зафат поради влошената здравствена состојба.

Целиот текст овде.

The post Боки 13 хоспитализиран, можно е да биде опериран appeared first on Република.

]]>

Бојан Јовановски е хоспитализиран во Градската болница „Св. Наум Охридски“ објави А1 он. Се размислува да се преземе оперативен зафат поради влошената здравствена состојба. Целиот текст овде.

The post Боки 13 хоспитализиран, можно е да биде опериран appeared first on Република.

]]>