Во само неколку часа, два различни ставови. ЗНМ и ССНМ преку соопштение бараат извинување од Богдан Илиевски, пред камерата на Алфа спуштање на топката. Откако претходно побараа кривична одговорност поради објавата на Фејсбук и реакциите под неа, во која Илиевски сподели кратко видео од интервју од друга телевизија на кое пишуваше само „Добро, зошто?“.
Преку соопштение денеска побараа извинување на новинарот и автор на емисија на Алфа, велејќи дека станува збор за јавна личност од национална телевизија.
Очекуваме Богдан Илиевски јавно да ѝ се извини на Лепа Џундева за веруваме ненамерниот потег од негова страна кој предизвика неприфатливи коментари кои се насочени кон неа во изминатите денови на социјалните мрежи. Тоа ќе биде потег кој ќе придонесе во смирување на непотребната тензија која настана, како и гест кој неминовно ќе го поздравиме, се вели во соопштението од ССНМ и ЗНМ.
Во писмената реакција на ЗНМ не е објаснето како е дојдено до заклучокот дека Богдан Илиевски имал, како што се тврди, „јасна намера“ да поттикне говор на омраза и закани кон новинарката. Обврска на тој што некого обвинува дека сторил кривично или друго со закон казниво дело, е да докажува. Во случајот, докажувањето на „јасната намера“ е клучно. Проблемот очигледно е во тоа што е буквално невозможно во двата збора во Богдановиот коментар да се детектира било каква, а најмалку „јасна намера“.
Само неколку часа по објавувањето на ова соопштение, сосем друга реторика на првиот човек на ЗНМ. Младен Чадиковски вели воопшто не мислеле на Илиевски, туку за еден од коментарите под неговата објава.
Значи сакам да расчистиме една работа, пријавата на ЗНМ до Министерството за внатрешни работи е за коментарот, односно за лицето од коментарот оставен под постот кој што беше напишан, а не за Богдан Илиевски. Само сакам да дополнам, бидејќи на некој начин тоа се спинуваше во јавноста, што навистина не е добро или се создаде недоразбирање во јавноста, еве добра прилика сега тоа да го расчистиме, изјави Чадиковски.
Но, и самите објави на ЗНМ поттикнуваат говор на омраза. Пред неколку дена токму на оваа тема на нивниот профил на социјалните мрежи имаше коментар кој гласеше „Тој Богдан, Бетмен треба да биде запален на клада“. Првиот човек на ЗНМ вели дека не реагирале се уште, бидејќи коментарот бил кратко објавен, па го виделе многу доцна.
Јас проверив утрово со моите колеги од канцеларијата, бидејќи ние сите постови кои што содржат говор на омраза ги бришеме веднаш. Според нашите сознанија тој коментар стоел само една минута и веројатно поставувачот самиот го избришал. (ЗНАЧИ НЕМАТЕ ПРИЈАВА?) Не, тој коментар ние го немаме видено, го видовме отпосле, меѓутоа ќе го пријавиме и го осудуваме јавно секој говор на омраза, изјави Чадиковски.
Инаку, Илиевски најави дека ќе ги тужи ЗНМ и ССНМ за клевета откако го обвинија за наводно поттикнување говор на омраза. Вели сакаат да воведат цензура и полиција на мислите, поради тоа бара симболична оштета од 1984 евра, како насловот на познатиот дистописки роман на Џорџ Орвел, во кој слободата на мислата и слободата на говорот се забранети.
https://republika.mk/vesti/makedonija/bogdan-ilievski-sega-ne-me-goni-sdsm-tuku-znm-i-ssnm/
https://republika.mk/vesti/makedonija/sluchajot-dobro-zoshto-znm-se-odnesuva-kako-teledelegirana-struktura-na-narachani-progoni-smeta-advokatot-dukovski/?fbclid=IwZXh0bgNhZW0CMTAAAR39CPQio3g1hO216fSs_bWPBHo6ASXgsOoqvnwEIx4fb11VbMvwYAlHbRw_aem_ARa9fWW4ZZOd0ZSkSnCVPO_CF8zlRs9VlPipf3SxPea0nIrEBOR9GOss0tq0gTtIrAM2V9L-6obrQtpSEXHrkYD_
The post ЗНМ и ССНМ преку соопштение бараат извинување од Богдан Илиевски, потоа ја спуштија топката appeared first on Република.
]]>Очекуваме Богдан Илиевски јавно да ѝ се извини на Лепа Џундева за веруваме ненамерниот потег од негова страна кој предизвика неприфатливи коментари кои се насочени кон неа во изминатите денови на социјалните мрежи. Тоа ќе биде потег кој ќе придонесе во смирување на непотребната тензија која настана, како и гест кој неминовно ќе го поздравиме, се вели во соопштението од ССНМ и ЗНМ.Во писмената реакција на ЗНМ не е објаснето како е дојдено до заклучокот дека Богдан Илиевски имал, како што се тврди, „јасна намера“ да поттикне говор на омраза и закани кон новинарката. Обврска на тој што некого обвинува дека сторил кривично или друго со закон казниво дело, е да докажува. Во случајот, докажувањето на „јасната намера“ е клучно. Проблемот очигледно е во тоа што е буквално невозможно во двата збора во Богдановиот коментар да се детектира било каква, а најмалку „јасна намера“. Само неколку часа по објавувањето на ова соопштение, сосем друга реторика на првиот човек на ЗНМ. Младен Чадиковски вели воопшто не мислеле на Илиевски, туку за еден од коментарите под неговата објава.
Значи сакам да расчистиме една работа, пријавата на ЗНМ до Министерството за внатрешни работи е за коментарот, односно за лицето од коментарот оставен под постот кој што беше напишан, а не за Богдан Илиевски. Само сакам да дополнам, бидејќи на некој начин тоа се спинуваше во јавноста, што навистина не е добро или се создаде недоразбирање во јавноста, еве добра прилика сега тоа да го расчистиме, изјави Чадиковски.Но, и самите објави на ЗНМ поттикнуваат говор на омраза. Пред неколку дена токму на оваа тема на нивниот профил на социјалните мрежи имаше коментар кој гласеше „Тој Богдан, Бетмен треба да биде запален на клада“. Првиот човек на ЗНМ вели дека не реагирале се уште, бидејќи коментарот бил кратко објавен, па го виделе многу доцна.
Јас проверив утрово со моите колеги од канцеларијата, бидејќи ние сите постови кои што содржат говор на омраза ги бришеме веднаш. Според нашите сознанија тој коментар стоел само една минута и веројатно поставувачот самиот го избришал. (ЗНАЧИ НЕМАТЕ ПРИЈАВА?) Не, тој коментар ние го немаме видено, го видовме отпосле, меѓутоа ќе го пријавиме и го осудуваме јавно секој говор на омраза, изјави Чадиковски.Инаку, Илиевски најави дека ќе ги тужи ЗНМ и ССНМ за клевета откако го обвинија за наводно поттикнување говор на омраза. Вели сакаат да воведат цензура и полиција на мислите, поради тоа бара симболична оштета од 1984 евра, како насловот на познатиот дистописки роман на Џорџ Орвел, во кој слободата на мислата и слободата на говорот се забранети. https://republika.mk/vesti/makedonija/bogdan-ilievski-sega-ne-me-goni-sdsm-tuku-znm-i-ssnm/ https://republika.mk/vesti/makedonija/sluchajot-dobro-zoshto-znm-se-odnesuva-kako-teledelegirana-struktura-na-narachani-progoni-smeta-advokatot-dukovski/?fbclid=IwZXh0bgNhZW0CMTAAAR39CPQio3g1hO216fSs_bWPBHo6ASXgsOoqvnwEIx4fb11VbMvwYAlHbRw_aem_ARa9fWW4ZZOd0ZSkSnCVPO_CF8zlRs9VlPipf3SxPea0nIrEBOR9GOss0tq0gTtIrAM2V9L-6obrQtpSEXHrkYD_
The post ЗНМ и ССНМ преку соопштение бараат извинување од Богдан Илиевски, потоа ја спуштија топката appeared first on Република.
]]>Слобода на говор да, но говор на омраза не! Вака може да се сублимира ставот на адвокатот Сашко Дуковски за делувањето на ЗНМ и ССНМ по статусот на Богдан Илиевски Бетмен, автор и водител на ноќната емисија „Вечерно шоу на Богдан Илиевски“.
Во кусиот коментар под објавата на Илиевски, во која тој ги коментира постапките на новинарските здруженија, адвокатот Дуковски пишува:
Мислам три работи:
1. Има една работа, уставно загарантирана што се нарекува слобода на говор.
2. Како тоа Богдан Илиевски е „водител на ноќна емисијата“, а не е новинар и тој, па не треба и него да го заштитите?
3. Што има до странски институции да се обраќате?
4. Знаете што е говор на омраза - очигледно не.
5. ЗНМ, престанете еднаш да бидете наместо наменска новинарска организација, теледиригирана структура на нарачани прогони.
Уште еднаш, прочитајте што е говор на омраза пред да пишувате вакви будалаштини.
ЗНМ и ССНМ упатија заедничко писмо до странските амбасади и организации во земјава со особена загриженост во контекст на интернет заканите и нападите врз новинарките. За новинарските здруженија во земјава постои „вознемирувачки тренд (кој) претставува сериозна закана за слободата на медиумите и ги поткопува демократските вредности и принципи што ги поддржуваат Македонија и нејзините меѓународни партнери. Дополнително ваквите притисоци создаваат чувство на несигурност и предизвикуваат самоцензура во медиумскиот простор“, стои меѓу другото во образложението од ЗНМ.
Загриженоста на ЗНМ и ССМ за „сериозна закана за слободата на медиумите“ доаѓа по Фејсбук коментарот на Илиевски: „Добро, зошто?“, проследен со фотоисечок од онлајн интервју на новинарката Лепа Џундева со пратеникот на Нова демократија Ангелос Сиригос.
Во Фејсбук објавата на Илиевски ЗНМ гледа закани и поттикнување на говор на омраза на социјалните мрежи кон колешката од ТВ24 и поради тоа ЗНМ го осудува Бетмен и му поднесува кривична пријава.
Според ЗНМ, „последен сериозен случај на закани и поттикнување на говор на омраза на социјалните мрежи беше со колешката Лепа Џундева од ТВ 24, а поврзано со нејзиното интервју со грчкиот пратеник Сиригос. Дел од ова интервју, извадено од контекст, на својот Фејсбук профил објави Богдан Илиевски, ТВ водител на вечерна емисија, со што поттикна говор на омраза и закани кои можат да доведат до насилство.“
Коментарот на Илиевски се однесува на благодарноста за одвоното време што му ја искажува новинарката на грчкиот пратеник, во која вели „овде во Скопје, Cеверна Македонија“.
Илиевски исто така најави судска постапка, во која, како што вели, ќе им даде шанса на ЗНМ и ССНМ да покажат целиот контекст и да како го извадил од контекст добредојдето на новинарката кон грчкиот пратеник.
Да покажат што и како сум извлекол од контекст, со цел да „поттикнам говор на омраза“, како што тврдат, вели Илиевски, кој денеска ги пријавил здруженијата на новинарите ЗНМ и ССНМ во Советот за етика во медиумите на Македонија, Судот на честа при ЗНМ, и во Комисијата за спречување и заштитата од дискриминацијата по основ на дискриминација од професионални и етнички побуди.
Исто така, Илиевски побарал од ЗНМ и ССНМ да му се извинат и да ја повлечат изјавата.
The post Случајот „Добро зошто?“: ЗНМ се однесува како теледелегирана структура на нарачани прогони, смета адвокатот Дуковски appeared first on Република.
]]>Мислам три работи: 1. Има една работа, уставно загарантирана што се нарекува слобода на говор. 2. Како тоа Богдан Илиевски е „водител на ноќна емисијата“, а не е новинар и тој, па не треба и него да го заштитите? 3. Што има до странски институции да се обраќате? 4. Знаете што е говор на омраза - очигледно не. 5. ЗНМ, престанете еднаш да бидете наместо наменска новинарска организација, теледиригирана структура на нарачани прогони. Уште еднаш, прочитајте што е говор на омраза пред да пишувате вакви будалаштини.ЗНМ и ССНМ упатија заедничко писмо до странските амбасади и организации во земјава со особена загриженост во контекст на интернет заканите и нападите врз новинарките. За новинарските здруженија во земјава постои „вознемирувачки тренд (кој) претставува сериозна закана за слободата на медиумите и ги поткопува демократските вредности и принципи што ги поддржуваат Македонија и нејзините меѓународни партнери. Дополнително ваквите притисоци создаваат чувство на несигурност и предизвикуваат самоцензура во медиумскиот простор“, стои меѓу другото во образложението од ЗНМ. Загриженоста на ЗНМ и ССМ за „сериозна закана за слободата на медиумите“ доаѓа по Фејсбук коментарот на Илиевски: „Добро, зошто?“, проследен со фотоисечок од онлајн интервју на новинарката Лепа Џундева со пратеникот на Нова демократија Ангелос Сиригос. Во Фејсбук објавата на Илиевски ЗНМ гледа закани и поттикнување на говор на омраза на социјалните мрежи кон колешката од ТВ24 и поради тоа ЗНМ го осудува Бетмен и му поднесува кривична пријава. Според ЗНМ, „последен сериозен случај на закани и поттикнување на говор на омраза на социјалните мрежи беше со колешката Лепа Џундева од ТВ 24, а поврзано со нејзиното интервју со грчкиот пратеник Сиригос. Дел од ова интервју, извадено од контекст, на својот Фејсбук профил објави Богдан Илиевски, ТВ водител на вечерна емисија, со што поттикна говор на омраза и закани кои можат да доведат до насилство.“ Коментарот на Илиевски се однесува на благодарноста за одвоното време што му ја искажува новинарката на грчкиот пратеник, во која вели „овде во Скопје, Cеверна Македонија“. Илиевски исто така најави судска постапка, во која, како што вели, ќе им даде шанса на ЗНМ и ССНМ да покажат целиот контекст и да како го извадил од контекст добредојдето на новинарката кон грчкиот пратеник.
Да покажат што и како сум извлекол од контекст, со цел да „поттикнам говор на омраза“, како што тврдат, вели Илиевски, кој денеска ги пријавил здруженијата на новинарите ЗНМ и ССНМ во Советот за етика во медиумите на Македонија, Судот на честа при ЗНМ, и во Комисијата за спречување и заштитата од дискриминацијата по основ на дискриминација од професионални и етнички побуди.Исто така, Илиевски побарал од ЗНМ и ССНМ да му се извинат и да ја повлечат изјавата.
The post Случајот „Добро зошто?“: ЗНМ се однесува како теледелегирана структура на нарачани прогони, смета адвокатот Дуковски appeared first on Република.
]]>Близу 90 од граѓаните детектираат говор на омраза во македонското општество кој главно се шири преку социјалните мрежи, а во најголема мерка е поттикнат од политиката, покажува последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
Според него 89,1 отсто од граѓаните рекле дека во Македонија е присутен говорот на омраза додека само 6 отсто не детектирале ваква појава.
Третина од граѓаните сметаат дека говорот на омраза бил поттикнат од политички убедувања, 20,5 отсто сметаат дека го поттикнала етничката припадност. 10,5 отсто детектирале говор на омраза поради физичкиот изглед, 7,5 отсто поради религиски убедувања и 5,5 отсто поради возраста.
Близу две третини од граѓаните или 64,2 отсто сметаат дека денес има повеќе говор на омраза отколку пред 5 години. 12,6 проценти забележале помалку говор на омраза денеска отколку пред 5 години додека 18,7 проценти не регистрирале никаква промена.
Дури 80 отсто од граѓаните сметаат дека политички партии поттикнуваат говор на омраза, а над 81 отсто дека партиите предизвикуваат поделби во општеството. Анализата на етничката структура на граѓаните кои давале одговори покажува дека и Македонците и етничките Албанци во мнозинство веруваат дека партиите поттикнуваат говор на омраза и креираат поделби со таа разлика што Македонците во значително поголемо мнозинство го изразуваат овој став. Ако за овие прашања меѓу 80 и 90 проценти Македонци сметаат дека партиите поттикнуваат говор на омраза и креираат поделби, таков став делат меѓу 40 и 50 проценти етнички Албанци.
Очекувано, близу 80 отсто се на ставот дека говорот на омраза се засилува во време на предизборна кампања. И тука етничката структура на испитаниците дава слични резултати, односно и Македонците и Албанците забележуваат засилен говор на омраза во предизборните кампањи со таа разлика што ваков став делат близу 90 проценти Македонци и само 44,7 проценти етнички Албанци, иако бројот на противници и во двете етнички заедници останува прилично низок.
Граѓаните, најчесто забележуваат говор на омраза врз база на етничка припадност. Ваков став делат 53,4 отсто. Следат политичките убедувања со 26,6 отсто и говорот на омраза во врска со религијата со 8,9 проценти.
И кај ова прашање етничките групи имаат прилично слични позиции. И Македонците и етничките Албанци во мнозинство како прва сфера во која забележуваат говор на омраза е етничката припадност.
Мнозинство граѓани или 58,3 проценти сметаат дека говорот на омраза најчесто се шири преку социјалните мрежи. Следат телевизијата со 27,6 отсто, веб сајтовите со 3,6 отсто и радиото и весниците со помалку од 1 процент. Очекувано, помладите повеќе говор на омраза детектираат на социјалните мрежи за разлика од повозрасните, иако во сите возрасни категории, мнозинството повеќе говор на омраза забележува на социјалните мрежи.
Сепак дури три четвртини од испитаниците директно или преку социјалните мрежи не сведочеле на говор на омраза насочен кон нив или некој нивни близок додека 20 отсто имале такво искуство.
Граѓаните се прилично поделени околу прашањето дали актуелните законски регулативи се доволни за да се намали или да се спречи говор на омраза. 43 отсто сметаат дека се доволни, 45,2 отсто дека не се доволни Поделбата ја прават различните ставови на Македонците и етничките Албанци.
Ако мнозинството Македонци смета дека законските регулативи не се доволни , мнозинството етнички Албанци е убедено во спротивното.
Сепак, 70,6 отсто од анкетираните сметаат дека треба да се донесат построги закони за спречување на говорот на омраза додека 22 отсто се на ставот дека не треба, бидејќи тие би можеле да се злоупотребат.
Анкетата за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања врз репрезентативен примерок од 1078 испитаници во периодот од 21 до 24 март.
The post Македонските граѓани се отруени од говорот на омраза, покажува анкетата за „Детектор“ appeared first on Република.
]]>The post Македонските граѓани се отруени од говорот на омраза, покажува анкетата за „Детектор“ appeared first on Република.
]]>Компанијата за видеоигри „Епик“ воведе нова алатка за документирање злоупотреби, малтретирање или говор на омраза во популарната игра „Фортнајт“. Имено, играчите ќе имаат пристап до „гласовно известување“, т.е. континуирано снимање разговори во сегменти од пет минути, така што ќе можат да ги прикачат како доказ до модераторите ако пријавуваат лошо однесување.
За сите играчи на возраст под 18 години, оваа функција ќе биде вклучена автоматски.
Што се однесува до играчите постари од 18 години - тие ќе имаат поголема контрола врз новата функција. Во главните поставки на играта, можете да ја изберете опцијата „Секогаш вклучена“, што ќе важи за секој канал, или „Исклучено кога е можно“ - го оневозможува снимањето во каналите за забава.
„Епик“ вели дека аудиоснимките ќе се снимаат локално на уредот на корисникот. Доколку снимката биде потребна како доказ, корисникот треба да биде брз, бидејќи секоја нова снимка автоматски ја брише претходната. Ова значи дека може да се пријави само мамењето што се случило последните пет минути. Употребената, т.е. означена снимка ќе биде зачувана 14 дена.
Ако обвинетиот играч се пожали на оптужбата против него, снимката може да се зачува за дополнителни 14 дена. Сепак, „Епик“ ќе ја задржи снимката толку колку што е потребно и колку што, сепак, дозволуваат законите. Сличен потег претходно направија и „Активижн“, „Мајкрософт“ и „Сони“ - во борбата против непристојното однесување и злоупотреба на интернет. Оваа година, пак, „Икс-бокс“ воведе систем за испраќање аудиоснимки од 60 секунди со извештаи за злоупотреба во гласовните разговори.
The post „Фортнајт“ ќе воведе алатка за пријавување навреди, малтретирање и говор на омраза appeared first on Република.
]]>The post „Фортнајт“ ќе воведе алатка за пријавување навреди, малтретирање и говор на омраза appeared first on Република.
]]>„Навикнат сум на таков тип на закани петта година по ред и не е тоа нешто ново да мене ми се случува и на моето семејство, и тие се навикнуваат веќе на ваквите закани. Тоа е амбиентот во кој живееме во Македонија. Секоја недела по некое ново убиство, се закануваат на политичари луѓе кои не им е прв пат тоа знаете има и такви кои многу пати досега се заканувале“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при отворањето на политичката академија во организација на ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“ на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски додаде дека тој ќе се движи слободно и ќе продолжи да се движи слободно бидејќи не се чувствува дека на некој нешто му погрешил за да биде исплашен.
„Не сум пријавил во полиција и немам намера да пријавувам. Сум кажал многу пати во минатото дека јас сум единствен претседател на партија кој од државата нема обезбедување и покрај тоа што има загрозена безбедност, но сега нема да го прифатам и да ми го даде Спасовски или Зарко од Агенцијата за национална безбедност“, рече Мицкоски.
https://republika.mk/vesti/makedonija/zakanuvachot-kon-mitskoski-dobil-blagodarnitsa-od-pendarovski/
The post Мицкоски за заканите кон него: Ќе продолжам да се движам слободно, никому ништо не сум му згрешил за да се плашам appeared first on Република.
]]>„Не сум пријавил во полиција и немам намера да пријавувам. Сум кажал многу пати во минатото дека јас сум единствен претседател на партија кој од државата нема обезбедување и покрај тоа што има загрозена безбедност, но сега нема да го прифатам и да ми го даде Спасовски или Зарко од Агенцијата за национална безбедност“, рече Мицкоски.https://republika.mk/vesti/makedonija/zakanuvachot-kon-mitskoski-dobil-blagodarnitsa-od-pendarovski/
The post Мицкоски за заканите кон него: Ќе продолжам да се движам слободно, никому ништо не сум му згрешил за да се плашам appeared first on Република.
]]>Истото лице, кое во изборната кампања му се закануваше на кандидатот за гадоначалник на Прилеп Борче Јовечевски со „ќе си го најдеш и помалиот син во ендек фрлен како куче“, денеска испраќа закани по животот на малолетните деца на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Јавно ти испраќам порака, Христијан Мицкоски. Ако ти е мила фамилијата, седи си мирен, во спротивно ќе ги најдеш децата твои фрлени во некој канал како кучијна, пишува Роберт Тркалај, кој во описот на Фејсбук се претставува дека потекнува од родното село на Зоран Заев, Муртино.
Лицето Роберт има неколку профили на Фејсбук, Роберт Вретоски, Роберт Тркалај, Роберт Типчето..., но заканите се исти. Исти се и последиците што ги сноси - никакви.
https://republika.mk/vesti/makedonija/mu-vetile-vrabotuvanje-zakanuvachot-na-kandidatot-za-gradonachalnik-na-prilep-bil-pottiknat-od-sdsm/
Иако често читаме во полицискиот билтен дека МВР поднесува соодветни пријави против лица кои пишуваат закани или недолични содржини на социјалните мрежи, и по две години од заканите упатени до Јовчевски, полицијата не го спречува Роберт да се заканува во јавни објави на Фејсбук.
Не мора да сте му пријател на Роберт за да ги видите неговите закани, во кои и во двата случаја споменува деца. Овојпат малолетни. Неговите објави се јавни. Јавни се и објавите во кои Роберт ги споделува активностите на премиерот и на струмичкиот градоначалник.
Од друга страна, она што најмногу треба да биде јавно, видливо и забележливо, работата на Минситерството за внатрешни работи и на министерот Оливер Спасвски, не се гледа. Министерството на Спасовски е посебно чувствително на говор на омраза на социјалните мрежи, барем така се фали, но овој политички ангажиран профил и 2 часа од објавата не е блокоран, а против лицето не е поднесена кривична пријава.
За ширење говор на омраза и закани предвидена е кривична одговорност.
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика во координација со надлежното обвинителство континуирано презема мерки и активности за санкционирање на ширењето на говорот на омраза на социјалните мрежи, најчесто на Фејсбук. Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и понатаму ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи. Ги повикуваме сите граѓани ваквите случаи да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата [email protected], се фалеше МВР во слична ситуација.
За случајот со Јовчевски Роберт бил повикан во полиција на разговор и таму признал дека бил поттикнат од кандидат на советничката листа на СДСМ и дека од него му било ветено вработување. Сепак, како што гледате, истото лице и денеска шири говор на омраза и се заканува, а санкции нема. Освен тоа, на еден од профилите Роберт навел дека работи во Дрекселмајер во Кавадарци од јануари годинава.
[caption id="attachment_625741" align="alignnone" width="640"] Роверт од Муртино не губи време и во чекор ги следи објавите на профилот на премиерот Димитар Ковачевски за да ги сподели на својот профил (фотоисечок)[/caption]
Ниту пред две години ниту денес нема никаква реакција од невладините организации, борци за сечии права, но не и за правата на политичките неистомисленици. Нели, затоа што се (не)владини.
The post „Ќе ги најдеш децата твој фрлени во некој канал како кучијна“: Соселанец на Заев со смртни закани до децата на Мицкоски, Спасовски не реагира appeared first on Република.
]]>Јавно ти испраќам порака, Христијан Мицкоски. Ако ти е мила фамилијата, седи си мирен, во спротивно ќе ги најдеш децата твои фрлени во некој канал како кучијна, пишува Роберт Тркалај, кој во описот на Фејсбук се претставува дека потекнува од родното село на Зоран Заев, Муртино.Лицето Роберт има неколку профили на Фејсбук, Роберт Вретоски, Роберт Тркалај, Роберт Типчето..., но заканите се исти. Исти се и последиците што ги сноси - никакви. https://republika.mk/vesti/makedonija/mu-vetile-vrabotuvanje-zakanuvachot-na-kandidatot-za-gradonachalnik-na-prilep-bil-pottiknat-od-sdsm/ Иако често читаме во полицискиот билтен дека МВР поднесува соодветни пријави против лица кои пишуваат закани или недолични содржини на социјалните мрежи, и по две години од заканите упатени до Јовчевски, полицијата не го спречува Роберт да се заканува во јавни објави на Фејсбук. Не мора да сте му пријател на Роберт за да ги видите неговите закани, во кои и во двата случаја споменува деца. Овојпат малолетни. Неговите објави се јавни. Јавни се и објавите во кои Роберт ги споделува активностите на премиерот и на струмичкиот градоначалник. Од друга страна, она што најмногу треба да биде јавно, видливо и забележливо, работата на Минситерството за внатрешни работи и на министерот Оливер Спасвски, не се гледа. Министерството на Спасовски е посебно чувствително на говор на омраза на социјалните мрежи, барем така се фали, но овој политички ангажиран профил и 2 часа од објавата не е блокоран, а против лицето не е поднесена кривична пријава. За ширење говор на омраза и закани предвидена е кривична одговорност.
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика во координација со надлежното обвинителство континуирано презема мерки и активности за санкционирање на ширењето на говорот на омраза на социјалните мрежи, најчесто на Фејсбук. Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и понатаму ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи. Ги повикуваме сите граѓани ваквите случаи да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата [email protected], се фалеше МВР во слична ситуација.За случајот со Јовчевски Роберт бил повикан во полиција на разговор и таму признал дека бил поттикнат од кандидат на советничката листа на СДСМ и дека од него му било ветено вработување. Сепак, како што гледате, истото лице и денеска шири говор на омраза и се заканува, а санкции нема. Освен тоа, на еден од профилите Роберт навел дека работи во Дрекселмајер во Кавадарци од јануари годинава. [caption id="attachment_625741" align="alignnone" width="640"] Роверт од Муртино не губи време и во чекор ги следи објавите на профилот на премиерот Димитар Ковачевски за да ги сподели на својот профил (фотоисечок)[/caption] Ниту пред две години ниту денес нема никаква реакција од невладините организации, борци за сечии права, но не и за правата на политичките неистомисленици. Нели, затоа што се (не)владини.
The post „Ќе ги најдеш децата твој фрлени во некој канал како кучијна“: Соселанец на Заев со смртни закани до децата на Мицкоски, Спасовски не реагира appeared first on Република.
]]>Закон со којшто ќе се казнува говорот на омраза ќе бараат пратеничките во Собранието откако во јавноста се почесто се искажуваат навреди, дисквалификации, дискриминација и омаловажувања не само кон нив, туку воопшто кон жените. Ова ќе биде еден од заклучоците што треба да бидат усвоени на седницата на 8 Март во Собранието на која ќе се дискутира за напредокот на родовите прашања во изминатите дваесет години, откако постои и Клубот на пратенички.
Направено е многу во поглед на застапеноста на жените и унапредувањето на нивните права, но треба уште многу да се работи, сметаат пратеничките. Како еден од најактуелните прашања и најгорливо во моментов се посочува искажувањето говор на омраза во јавноста. Само пред една недела имаше два слични вакви инциденти и во Собранието, но завршија со извинување.
Генералната секретарка на Собранието и поранешна пратеничка, која е една од двигател на Клубот на пратенички, Цветанка Иванова во изјава за МИА вели дека говорот на омраза во јавноста треба да се казнува со закон. Говорот на омраза, дискредитацијата и дисквалификацијата, додава Иванова, го рушат нивото на комуникација во сите сфери.
-Кога сме кај говорот на омраза, тој е широко распространет, не само на социјалните мрежи. Сега напредокот на технологијата овозможува практично секој да може за секого да изнесе навреди, омаловажувања, дискредитација и дисквалификации, но уште пострашно е што се случува говор на омраза и на политичката сцена. Мислам дека час поскоро ова треба да запре затоа што говорот на омраза е говор против демократијата, не е само навреда на поединец, туку и навреда на демократијата зашто слободата на говорот е навистина основно човеково право, но треба да има граница, механизам со којшто сето ова ќе се регулира. Мислам дека потребно е жените да поработат на законско решение со кое што ќе се санкционира говорот на омраза во сите сфери на социјалните мрежи, на политичката говорница, на политичката сцена, и тоа би требало да им биде приоритет на жените политичарки, вели Иванова.
Укажува дека во овие моменти е потребна поголема солидарност меѓу жените од различни политички кампуси заеднички да осудат вербални напади или говор на омраза кон која било жена. Предупредува дека тоа не треба да го прават само жените, туку целото општество.
-Во овие моменти, за ова што сега моментално се случува, потребна е поголема женска солидарност на жените од политичките партии, политичките кампуси, да се издигнат, во одредени моменти кога е нападната некоја жена со говор на омраза. Да се издигнат над своите партиски идеолошки определби и да смогнат сили да осудуваат такви настани. Но не можат да го прават тоа само жените, потребно е цело општество, институциите координирано да настапуваат, да функционираат, власта да изрази цврст став против говорот на омраза. Медиумите исто така да дадат свој придонес околу намалување на говорот на омраза во јавните средства, потенцира Иванова.
Според неа, и политичките партии внатре треба да поработат суштински на родовото прашање и говорот на омраза затоа што, како што посочува, се деградира целото општество.
-Самиот говор на омраза и изречена дискредитација и дисквалификација, го руши нивото на комуникација во сите сфери. Мислам дека ова е сериозна општествена штетна појава и треба да се позанимаваме од различни аспекти да можеме да го регулираме тоа затоа што во ова време ги имаме сите алатки во раце и не значи дека со тие алатки можеме да правиме што сакаме, потенцира таа.
Лолита Ристова, претседателка на Клубот на пратенички во Собранието, зборувајќи за седницата посветена на дваесетгодишнината од основањето на Клубот, потенцира дека еден од заклучоците на оваа седница ќе се однесува токму на говорот на омраза.
- Тоа е нешто што не убива сите, посебно жените. Тоа е нешто коешто е многу насочено, многу токсично во еден период, кога социјалните медиуми земаат се поголем наплив и замав. Во овој дел мора да се воспостави законска регулација на интернет просторот и тоа ќе биде една од нашите следни заложби за коишто како пратенички ќе разговараме со новинарските здруженија, со сите оние коишто работат на пласирање на информации во јавноста, но и оние коишто прават на некој начин злоупотреба на овие медиуми за да пласираат негативни информации во јавноста. Мора да се санкционира тој дел и мора да се најде решение затоа што тоа е присутно. Присутно е, морам да кажам, и во рамки на Собранието, вели Ристова.
Според неа, Собранието мора да биде многу повеќе родово сензитивно, сензибилизирано, а говорот на омраза да биде заборавена работа без оглед на тоа колку и да се големи политичките аспирации и претензии за постигнување на одредени работи.
-Мора да постојат некои работи коишто се натпартиски, коишто допираат до етиката, до моралот и до интегритетот на личноста. Тука има можности за подобрување и во делот на Етичкиот кодекс и во делот на Деловникот за работа на Собранието, така што и во тој дел во иднина би сакале да бидеме насочени, вели Ристова.
Благица Ласовска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ и член на Клубот на пратенички во изјавата за МИА, вели дека правата на жените во изминатиот период се унапредени и во политиката и во општеството, но колку тоа се отсликува во реалноста се гледа во слободата што ја има во интернет просторот, но и внатре во Собранието, каде што, за жал, како што посочува, се случуваат инциденти.
-Не можам да кажам дека во изминатиот период правата на жените не биле унапредени, особено во политиката, генерално во општеството и со носење на закони итн., но колку тоа се отсликува во реалноста се слободата на интернет порталите, медиумите и внатре во самиот храм на демократијата. За жал, се случуваат инциденти за коишто нема враќање назад, а коишто не треба да се случуваат, бидејќи ние сме пример и треба да бидеме пример за останатите. Тоа е причината заради којашто голем број на жени не сакаат да се занимаваат со политика, а ние сакаме да ги привлечеме бидејќи тука се решава се – и здравство, и образование итн. Ги осудувам ваквите несакани појави, навреда, говор на омраза, вели Ласовска.
Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, додава пратеничката, има официјални реакции, а нејзиното лично мислење е дека не треба да се биде селективен во осудите.
- Треба да бидеме транспарентни во моментот кога се случува нешто, да застанеме сите, оти јас се сеќавам на такви времиња кога како Клуб на пратенички сме застанале заедно зад нападнатата жена дали е тоа пратеничка, министерка, која било жена, но морам да кажам дека има одредена селективност на која што работиме, истакнува Ласовска.
The post Пратеничките во Собранието бараат со закон да се казнува говорот на омраза appeared first on Република.
]]>- Тоа е нешто што не убива сите, посебно жените. Тоа е нешто коешто е многу насочено, многу токсично во еден период, кога социјалните медиуми земаат се поголем наплив и замав. Во овој дел мора да се воспостави законска регулација на интернет просторот и тоа ќе биде една од нашите следни заложби за коишто како пратенички ќе разговараме со новинарските здруженија, со сите оние коишто работат на пласирање на информации во јавноста, но и оние коишто прават на некој начин злоупотреба на овие медиуми за да пласираат негативни информации во јавноста. Мора да се санкционира тој дел и мора да се најде решение затоа што тоа е присутно. Присутно е, морам да кажам, и во рамки на Собранието, вели Ристова.Според неа, Собранието мора да биде многу повеќе родово сензитивно, сензибилизирано, а говорот на омраза да биде заборавена работа без оглед на тоа колку и да се големи политичките аспирации и претензии за постигнување на одредени работи. -Мора да постојат некои работи коишто се натпартиски, коишто допираат до етиката, до моралот и до интегритетот на личноста. Тука има можности за подобрување и во делот на Етичкиот кодекс и во делот на Деловникот за работа на Собранието, така што и во тој дел во иднина би сакале да бидеме насочени, вели Ристова. Благица Ласовска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ и член на Клубот на пратенички во изјавата за МИА, вели дека правата на жените во изминатиот период се унапредени и во политиката и во општеството, но колку тоа се отсликува во реалноста се гледа во слободата што ја има во интернет просторот, но и внатре во Собранието, каде што, за жал, како што посочува, се случуваат инциденти. -Не можам да кажам дека во изминатиот период правата на жените не биле унапредени, особено во политиката, генерално во општеството и со носење на закони итн., но колку тоа се отсликува во реалноста се слободата на интернет порталите, медиумите и внатре во самиот храм на демократијата. За жал, се случуваат инциденти за коишто нема враќање назад, а коишто не треба да се случуваат, бидејќи ние сме пример и треба да бидеме пример за останатите. Тоа е причината заради којашто голем број на жени не сакаат да се занимаваат со политика, а ние сакаме да ги привлечеме бидејќи тука се решава се – и здравство, и образование итн. Ги осудувам ваквите несакани појави, навреда, говор на омраза, вели Ласовска. Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, додава пратеничката, има официјални реакции, а нејзиното лично мислење е дека не треба да се биде селективен во осудите. - Треба да бидеме транспарентни во моментот кога се случува нешто, да застанеме сите, оти јас се сеќавам на такви времиња кога како Клуб на пратенички сме застанале заедно зад нападнатата жена дали е тоа пратеничка, министерка, која било жена, но морам да кажам дека има одредена селективност на која што работиме, истакнува Ласовска.
The post Пратеничките во Собранието бараат со закон да се казнува говорот на омраза appeared first on Република.
]]>Говорот на омраза е смртоносна закана за либералните демократии во Европа, изјави денеска словачката претседателка Зузана Чапутова на церемонија во Германија, јави ДПА.
– Премногу често нашите влади во Европа не успеваат да ги имплементираат сопствените правила за борба против оние кои шират омраза, рече Чапутова за време на нејзиниот говор на церемонијата во Франкфурт каде што и беше врачена наградата за одбрана на слободата на Фондацијата Фридрих Науман.
Говорот на омраза често има смртоносни резултати, истакна словачката претседателка, наведувајќи го како пример нападот на геј бар во Братислава минатиот месец, во кој две лица загинаа, а едно беше тешко повредено.
Говорот на омраза и поттикнување насилство се нелегални и на интернет, категорична е Зузана Чапутова.
Чапутова, која е претседателка на нејзината земја од 2019 година, исто така рече дека руската војна против Украина, која беснее во непосредна близина на Словачка, не е само обид да се избрише Украина како суверена држава, туку е и напад врз заедница на слободни луѓе, пренесува ДПА.
The post Говорот на омраза е смртоносна закана за Европа, вели претседателката на Словачка appeared first on Република.
]]>Говорот на омраза и поттикнување насилство се нелегални и на интернет, категорична е Зузана Чапутова.Чапутова, која е претседателка на нејзината земја од 2019 година, исто така рече дека руската војна против Украина, која беснее во непосредна близина на Словачка, не е само обид да се избрише Украина како суверена држава, туку е и напад врз заедница на слободни луѓе, пренесува ДПА.
The post Говорот на омраза е смртоносна закана за Европа, вели претседателката на Словачка appeared first on Република.
]]>Социјалистичката партија на Македонија веќе укажа на последиците од понижувачкиот бугарски Протокол кој за министерот за правда Тупанчевски бил прилично апстрактен, а говорот на омраза не треба да се поврзува со Бугарија, велат од партијата како реакција на изјавата на министерот за првада Никола Тупанчески.
https://republika.mk/vesti/makedonija/tupancheski-govorot-na-omraza-ne-sekogash-treba-da-go-vrzuvame-za-bugarija/
Според Тупанчевски наставките во новиот Кривичен Законик, поврзани со кривичната одредба и кои посочуваат на омраза предизвикана „врз основа на закон или ратификуван меѓународен договор“ се меѓународна пракса, но не биле поврзани со настаните во нашата држава.
Го потсетуваме министерот Тупанчевски дека оваа одреда со непроменет текст постои во Кривичниот Законик, меѓутоа едностраноста и селективноста на министерот не му дозволуваат да признае дека воопшто и не постоел оваков билатерален Протокол кој остава простор за слободно толкување на говорот на омраза.
Како секој министер во Владата на СДС и ДУИ и Тупанчевски го одобрува ваквиот Протокол, но и тој не размислува за последиците кои се случуваат или ќе се случат.
Дотолку повеќе што Тупанчевски, како министер за правда и професор по кривично право, укажува на широкото толкување на Протоколот и на фактот што истиот ќе предизвика класична цензура, велат од СПМ.
Нагласуваат дека не е проблематична меѓународната усогласеност на одредбата за омраза во Кривичниот Законик, проблем е меѓународниот преседан и меѓународната неусогласеност на
Протоколот кој Тупанчевски упорно го поддржува.
Оттаму прашањето е кога Тупанчевски зборува за националните институции кои ќе одлучуват дали постои или не говор на омраза, мисли на институциите во кои само 8% од граѓаните имаат доверба или можеби ќе може да објасни како на база на неправедниот Протокол ќе спроведува правда во Македонија.
Со целата почит кон академската професија на министерот би било добро да престане со бламирањето.
Барем да го сачува достоинството, ако не сопственото, тогаш на научната институцијата која ја преставува и конечно, штотуку поставен, да си поднесе оставка од должноста министер за правда.
Социјалистичката партија на Македонија укажува дека ова е само еден мал дел од проблемите кои ќе произлезат од квинслишкиот протокол со Бугарија. Пошироката јавност дополнително ќе стане свесна за тежината на сидрото кое е обесено околу Македонија со потпишувањето на овој срамен Протокол и последиците кои произлегуваат од него, велат од партијата.
The post СПМ до Тупанчески: Јавноста ќе стане свесна за тежината на сидрото кое е обесено околу Македонија со потпишувањето на овој срамен Протокол appeared first on Република.
]]>Според Тупанчевски наставките во новиот Кривичен Законик, поврзани со кривичната одредба и кои посочуваат на омраза предизвикана „врз основа на закон или ратификуван меѓународен договор“ се меѓународна пракса, но не биле поврзани со настаните во нашата држава. Го потсетуваме министерот Тупанчевски дека оваа одреда со непроменет текст постои во Кривичниот Законик, меѓутоа едностраноста и селективноста на министерот не му дозволуваат да признае дека воопшто и не постоел оваков билатерален Протокол кој остава простор за слободно толкување на говорот на омраза. Како секој министер во Владата на СДС и ДУИ и Тупанчевски го одобрува ваквиот Протокол, но и тој не размислува за последиците кои се случуваат или ќе се случат. Дотолку повеќе што Тупанчевски, како министер за правда и професор по кривично право, укажува на широкото толкување на Протоколот и на фактот што истиот ќе предизвика класична цензура, велат од СПМ.Нагласуваат дека не е проблематична меѓународната усогласеност на одредбата за омраза во Кривичниот Законик, проблем е меѓународниот преседан и меѓународната неусогласеност на Протоколот кој Тупанчевски упорно го поддржува.
Оттаму прашањето е кога Тупанчевски зборува за националните институции кои ќе одлучуват дали постои или не говор на омраза, мисли на институциите во кои само 8% од граѓаните имаат доверба или можеби ќе може да објасни како на база на неправедниот Протокол ќе спроведува правда во Македонија. Со целата почит кон академската професија на министерот би било добро да престане со бламирањето. Барем да го сачува достоинството, ако не сопственото, тогаш на научната институцијата која ја преставува и конечно, штотуку поставен, да си поднесе оставка од должноста министер за правда. Социјалистичката партија на Македонија укажува дека ова е само еден мал дел од проблемите кои ќе произлезат од квинслишкиот протокол со Бугарија. Пошироката јавност дополнително ќе стане свесна за тежината на сидрото кое е обесено околу Македонија со потпишувањето на овој срамен Протокол и последиците кои произлегуваат од него, велат од партијата.
The post СПМ до Тупанчески: Јавноста ќе стане свесна за тежината на сидрото кое е обесено околу Македонија со потпишувањето на овој срамен Протокол appeared first on Република.
]]>Преку Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, здружението на граѓани ДЕЛА од Скопје кое е формирано пред една година а чија една од целите е популаризација на Договорот за добрососедство со Бугарија, бара да се утврди дискриминација по основ на етничка припадност, во мислења објавени на социјалните мрежи. Претставка до Комисијата за објавени десетина фејсбук статуси, здружението поднело против активистот и водител Богдан Илиевски за споделени мислења поврзани со Бугарија и бугарски политичари, пренесува Канал 5.
Проблемот во случајот е што мислењето станува проблем, изнесено мислење станува проблем за некои луѓе односно се прави еден вид на обид за цензура. И особено проблематично е што тоа во моментов се прави преку еден механизам говор на омраза или заштита од дискриминација по етничка основа која сметам дека е веројатно една показна вежба како нас ќе ни изгледа иднината, бидејќи тие механизми сега ќе ги има во преговарачката рамка, вели Илиевски за телевизијата.
Истото здружение тврди дека има дискриминација по етничка основа од страна на српскиот културно информативен центар СПОНА од Скопје, во текст на Фејсбук посветен на настраданите Срби во Сурдулица и околината како резултат на воените злосторства на бугарските вооружени окупациски сили во 1915 и 1918та.
Ова е само терминолошки детектирање на еден случај кога доаѓа оваа претставка, во еден актуелен политички миг во Македонија и апсолутно симболички тој ја одразува актуелната состојба. Јас така и го доживувам. Ова е се случуваат чувствителни историски моменти во Македонија, изјави Милутин Станчиќ од СПОНА.
Од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација велат дека од досега 13 вакви претставки дел се отфрлаат, кај дел утврдиле дека нема дискриминација а останатите се во тек. Се слушаат двете страни и се носат заклучоци базирани на факти и аргументи, а не и тужби.
-Одлуките на Комисијата се две. Носиме мислења, или утврдуваме дискриминација, односно и вознемирувачкиот говор е облик на дискриминација, или не утврдуваме. Доколку утврдиме носиме препорака за отстранување на повредата на правото на еднаквост, вели Весна Бендевска од КСЗД.
Токму претставките за Илиевски и СПОНА се во тек, затоа од Комисијата засега не ги коментираат. Но велат дека говорот на омраза е кривично дело по кое постапува обвинителството а тие само по дискриминација вклучувајќи го и вознемирувачкиот говор.
Членот 9 исто така е поврзан со вознемирувачки говор и предвидува секое повикување и поттикнување и инструкција за дискриминација особено на јавните социјални мрежи и тоа исто така е форма и облик на вознемирувачки говор, вели Бендевска.
Српското здружение СПОНА , Илиевски но и уште неколку други лица против кои се поднесени вакви претставки имаат уште неколку дена рок да одговорат пред комисијата да донесе заклучок.
The post Десетици пријави за наводен говор на омраза против Бугарите, меѓу нив и за Богдан Илиевски appeared first on Република.
]]>Проблемот во случајот е што мислењето станува проблем, изнесено мислење станува проблем за некои луѓе односно се прави еден вид на обид за цензура. И особено проблематично е што тоа во моментов се прави преку еден механизам говор на омраза или заштита од дискриминација по етничка основа која сметам дека е веројатно една показна вежба како нас ќе ни изгледа иднината, бидејќи тие механизми сега ќе ги има во преговарачката рамка, вели Илиевски за телевизијата.Истото здружение тврди дека има дискриминација по етничка основа од страна на српскиот културно информативен центар СПОНА од Скопје, во текст на Фејсбук посветен на настраданите Срби во Сурдулица и околината како резултат на воените злосторства на бугарските вооружени окупациски сили во 1915 и 1918та.
Ова е само терминолошки детектирање на еден случај кога доаѓа оваа претставка, во еден актуелен политички миг во Македонија и апсолутно симболички тој ја одразува актуелната состојба. Јас така и го доживувам. Ова е се случуваат чувствителни историски моменти во Македонија, изјави Милутин Станчиќ од СПОНА.Од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација велат дека од досега 13 вакви претставки дел се отфрлаат, кај дел утврдиле дека нема дискриминација а останатите се во тек. Се слушаат двете страни и се носат заклучоци базирани на факти и аргументи, а не и тужби.
-Одлуките на Комисијата се две. Носиме мислења, или утврдуваме дискриминација, односно и вознемирувачкиот говор е облик на дискриминација, или не утврдуваме. Доколку утврдиме носиме препорака за отстранување на повредата на правото на еднаквост, вели Весна Бендевска од КСЗД.Токму претставките за Илиевски и СПОНА се во тек, затоа од Комисијата засега не ги коментираат. Но велат дека говорот на омраза е кривично дело по кое постапува обвинителството а тие само по дискриминација вклучувајќи го и вознемирувачкиот говор.
Членот 9 исто така е поврзан со вознемирувачки говор и предвидува секое повикување и поттикнување и инструкција за дискриминација особено на јавните социјални мрежи и тоа исто така е форма и облик на вознемирувачки говор, вели Бендевска.Српското здружение СПОНА , Илиевски но и уште неколку други лица против кои се поднесени вакви претставки имаат уште неколку дена рок да одговорат пред комисијата да донесе заклучок.
The post Десетици пријави за наводен говор на омраза против Бугарите, меѓу нив и за Богдан Илиевски appeared first on Република.
]]>- Државите ја потврдуваат обврската за преземање на мерки против секој вид на говор на омраза и ги определуваат министерствата за надворешни работи за контакт и за информирање на надлежните институции за заедничко идентификување на такви случаи, во написи на јавни згради и споменици, текстови во учебници и учебни програми, како и во јавниот простор.
– Државите ќе создадат, без одложување, соодветна процедура и конкретни чекори за преземање на брзи и ефективни мерки при идентификување на такви случаи.
– Двете држави ќе преземат ефикасни мерки за превенирање на недобронамерна пропаганда од страна на институции и агенции и ќе обесхрабруваат активности на приватни субјекти, насочени кон поттикнување на насилство, омраза или други слични активности, кои би наштетиле на нивните односи.“
Ова е делот од Протоколот за т.н. говор на омраза, што го потпишаа министрите за надворешни работи на Македонија и на Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска.
Министерот Османи на средбата со новинарите некако многу лесно мина врз оваа содржина, објаснувајќи дека македонските судови ќе бидат тие, што ќе им судат на граѓаните, а меѓу нив и новинарите, врз основа на општопознатата дефиниција за говор на омраза.
Настрана тоа што ваквите одредби содржат низа нејаснотии, како на пример дефинирањето на поимите „јавен простор“ или „недобронамерна пропаганда“, што може да се протолкува како отворена цензура, клучно е прашањето дали македонските судови ќе не судат за говор на омраза кога се практикува македонизмот или кога се станува во негова одбрана? Зашто, за бугарската страна македонизмот е нешто најгрдо, најлошо, најнеприфатливо нешто!
Речиси нема бугарски историчар или актуелен политичар, кој не се нафрлил врз македонизмот. Претседателот Румен Радев, на пример, беше првиот кој го искористи терминот „воинствен македонизам“ за кој, нели, нема место во Европската Унија.
Војн Божинов, пак, историчар од БАН, во интервју за БНР во емисијата „12+3“ од 9 ноември 2020 година отиде чекор натаму, па изјави дека „македонизмот е расистичка теорија“. Проф.Трендафил Митев во интервју за Труд од 22.12.2020 година ќе изјави дека „македонизмот е политичко чудовиште“. Во Бугарија нема медиум, кој речиси секојдневно не го користи терминот „северномакедонски“ или „северномакедонци“.
Ќе смее ли да се користи историска литература, како на пример Петко Славејков, кој за „македонистите“ пишувал дека се глупави деца?!
Или ќе може ли да се користи цитат од книгата на Димитрис Ливаниос со наслов „Македонското прашање-Велика Британија и Јужен Балкан 1939-1949 “ во кој стои:„…Во 1920 година еден македонски селанец го изјавил следното пред бугарскиот амбасадор во Белград, Коста Тодоров:„Во име на Бога, не не ослободувајте повеќе. Не ослободивте од се што имавме. Ако некој пак почне да не ослободува, ние ќе бидеме првите штоќе се побуниме против него. Случувањата во областа по 1945 година, како што ќе видиме, покажале дека таквите процени биле базирани на факти и го потврдуваат гледиштето дека „бугарофилските“ тенденции на населението за време на годините меѓу војните повеќе се должеле на бруталното српско владеење, отколку на бугарските националистички чувства…“.
И ако новинарите или воопшто граѓаните реагираат на ваквата терминологија во медиумите или во литературата на социјалните мрежи ќе бидат ли гонети за говор на омраза кон Бугарија и Бугарите?! За што?! Само затоа што сакаат да го одбранат македонизмот, кој е нераскинлив од Македонците!
The post Апсурди: Нашите судови ќе ни судат за говор на омраза што за Бугарите македонизмот е „расистичка теорија“? appeared first on Република.
]]>- Државите ја потврдуваат обврската за преземање на мерки против секој вид на говор на омраза и ги определуваат министерствата за надворешни работи за контакт и за информирање на надлежните институции за заедничко идентификување на такви случаи, во написи на јавни згради и споменици, текстови во учебници и учебни програми, како и во јавниот простор. – Државите ќе создадат, без одложување, соодветна процедура и конкретни чекори за преземање на брзи и ефективни мерки при идентификување на такви случаи. – Двете држави ќе преземат ефикасни мерки за превенирање на недобронамерна пропаганда од страна на институции и агенции и ќе обесхрабруваат активности на приватни субјекти, насочени кон поттикнување на насилство, омраза или други слични активности, кои би наштетиле на нивните односи.“Ова е делот од Протоколот за т.н. говор на омраза, што го потпишаа министрите за надворешни работи на Македонија и на Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска. Министерот Османи на средбата со новинарите некако многу лесно мина врз оваа содржина, објаснувајќи дека македонските судови ќе бидат тие, што ќе им судат на граѓаните, а меѓу нив и новинарите, врз основа на општопознатата дефиниција за говор на омраза. Настрана тоа што ваквите одредби содржат низа нејаснотии, како на пример дефинирањето на поимите „јавен простор“ или „недобронамерна пропаганда“, што може да се протолкува како отворена цензура, клучно е прашањето дали македонските судови ќе не судат за говор на омраза кога се практикува македонизмот или кога се станува во негова одбрана? Зашто, за бугарската страна македонизмот е нешто најгрдо, најлошо, најнеприфатливо нешто! Речиси нема бугарски историчар или актуелен политичар, кој не се нафрлил врз македонизмот. Претседателот Румен Радев, на пример, беше првиот кој го искористи терминот „воинствен македонизам“ за кој, нели, нема место во Европската Унија. Војн Божинов, пак, историчар од БАН, во интервју за БНР во емисијата „12+3“ од 9 ноември 2020 година отиде чекор натаму, па изјави дека „македонизмот е расистичка теорија“. Проф.Трендафил Митев во интервју за Труд од 22.12.2020 година ќе изјави дека „македонизмот е политичко чудовиште“. Во Бугарија нема медиум, кој речиси секојдневно не го користи терминот „северномакедонски“ или „северномакедонци“. Ќе смее ли да се користи историска литература, како на пример Петко Славејков, кој за „македонистите“ пишувал дека се глупави деца?! Или ќе може ли да се користи цитат од книгата на Димитрис Ливаниос со наслов „Македонското прашање-Велика Британија и Јужен Балкан 1939-1949 “ во кој стои:„…Во 1920 година еден македонски селанец го изјавил следното пред бугарскиот амбасадор во Белград, Коста Тодоров:„Во име на Бога, не не ослободувајте повеќе. Не ослободивте од се што имавме. Ако некој пак почне да не ослободува, ние ќе бидеме првите штоќе се побуниме против него. Случувањата во областа по 1945 година, како што ќе видиме, покажале дека таквите процени биле базирани на факти и го потврдуваат гледиштето дека „бугарофилските“ тенденции на населението за време на годините меѓу војните повеќе се должеле на бруталното српско владеење, отколку на бугарските националистички чувства…“. И ако новинарите или воопшто граѓаните реагираат на ваквата терминологија во медиумите или во литературата на социјалните мрежи ќе бидат ли гонети за говор на омраза кон Бугарија и Бугарите?! За што?! Само затоа што сакаат да го одбранат македонизмот, кој е нераскинлив од Македонците!
The post Апсурди: Нашите судови ќе ни судат за говор на омраза што за Бугарите македонизмот е „расистичка теорија“? appeared first on Република.
]]>Идентификување и преземање мерки против говор на омраза во натписи на јавни згради и споменици, текстови во учебници и учебни програми, како и во јавниот простор ќе биде обврска на министерствата за надворешни работи на Бугарија и Македонија кои ќе ги контактираат и информираат надлежните институции за заедничко идентификување на таквите случаи.
Ова, меѓу другото е предвидено во текстот на Протоколот кој денеска беше потпишан меѓу нашата држава и Бугарија. Министерот за надворешни работи Бујар Османи на брифинг со новинарите по враќањето од Софија го презентираше Протоколот за кој рече дека во текот на денот ќе биде јавно објавен.
Во него, дополнително за говорот на омраза е предвидено дека државите ќе преземат ефикасни мерки за превенирање на недобронамерна пропаганда од страна на институции и агенции и ќе обесхрабруваат активности на приватни субјекти, насочени кон поттикнување на насилство, омраза или други слични активности, кои би наштетиле на нивните односи.
Двете држави преку дипломатски канали меѓу министерствата за надворешни работи да продолжат да разменуваат информации во врска со говор на омраза, идентификувани натписи и знаци на јавни згради и споменици, текстови во учебници и учебни материјали како и во јавниот простор на територијата на другата држава и да информираат во разумен рок за преземање активности од соодветната држава за неодложно отстранување на идентификувани случаи на говор на омраза, се наведува во Протоколот.
Македонија и Бугарија треба да гарантираат дека државното финансирање на нови книги, документарни изданија и списанија, филмови и друга уметничка продукција при што секој субјект финансиран од државата ќе потврди преку јасна и обврзувачка изјава дека ќе го следи со неопходното внимание прашањето за неприфаќање на сите форми на говор на омраза. Непочитување на оваа должност ќе претставува основа за прекин на понатамошното државно финансирање на ваквиот субјект.
Министерот Османи појасни дека преку овие точки во Протоколот мининстерствата ќе го следат трендот и доколку увидат дека некој намерно провоцира, ќе ги информираат надлежните институции дека некој намерно провоцира и прави пропаганда.
Никој не смее да поддржи говор на омраза. Ниту тие кон нас, ниту ние кон нив, нагласи Османи.
Прашан дали ќе има реакција за некои зборови како „фашистички”, министерот рече дека тоа е работа на заедничката Комисија за историски прашања. Во однос на тоа доколку стигне нота од Министерството за надворешни работи на Бугарија за некој споменик каде што пишува фашистички окупатор, Османи рече дека кај нас ќе се реагира според нашиот закон за говор на омраза.
The post Министерствата за надворешни работи на Македонија и Бугарија ќе ги алармираат институциите за говорот на омраза appeared first on Република.
]]>Двете држави преку дипломатски канали меѓу министерствата за надворешни работи да продолжат да разменуваат информации во врска со говор на омраза, идентификувани натписи и знаци на јавни згради и споменици, текстови во учебници и учебни материјали како и во јавниот простор на територијата на другата држава и да информираат во разумен рок за преземање активности од соодветната држава за неодложно отстранување на идентификувани случаи на говор на омраза, се наведува во Протоколот.Македонија и Бугарија треба да гарантираат дека државното финансирање на нови книги, документарни изданија и списанија, филмови и друга уметничка продукција при што секој субјект финансиран од државата ќе потврди преку јасна и обврзувачка изјава дека ќе го следи со неопходното внимание прашањето за неприфаќање на сите форми на говор на омраза. Непочитување на оваа должност ќе претставува основа за прекин на понатамошното државно финансирање на ваквиот субјект. Министерот Османи појасни дека преку овие точки во Протоколот мининстерствата ќе го следат трендот и доколку увидат дека некој намерно провоцира, ќе ги информираат надлежните институции дека некој намерно провоцира и прави пропаганда.
Никој не смее да поддржи говор на омраза. Ниту тие кон нас, ниту ние кон нив, нагласи Османи.Прашан дали ќе има реакција за некои зборови како „фашистички”, министерот рече дека тоа е работа на заедничката Комисија за историски прашања. Во однос на тоа доколку стигне нота од Министерството за надворешни работи на Бугарија за некој споменик каде што пишува фашистички окупатор, Османи рече дека кај нас ќе се реагира според нашиот закон за говор на омраза.
The post Министерствата за надворешни работи на Македонија и Бугарија ќе ги алармираат институциите за говорот на омраза appeared first on Република.
]]>Сценаристот Божидар Божиновски алијас Мр Моџо килингтон, дежурен шегобиец на Фејсбук, овојпат со смртно сериозна, драматична објава за катастрофалните последици од францускиот предлог.
„’Страните ја потврдуваат својата посветеност да преземат мерки против појави на говор на омраза и ги назначуваат министерствата за надворешни работи како контакт-точки за заедничка идентификација на такви случаи во натписите на јавни згради и споменици, текстови во учебници и наставни програми и во медиумите (вклучително и онлајн и социјалните медиуми)’ – протоколот.
„Целата антифашистичка борба ќе е говор на омраза. Споменот на жртвите ќе е говор на омраза. Споменот на депортираните Евреи ќе е говор на омраза. Повторно ѝ ја отсекувате главата на Дуња, повторно го мачите Страшо, повторно ги убивате децата од Ваташа, повторно ги товарате Евреите во возови на смртта. Повторно ги убивате сите жртви за Македонија. Крвта ви е на рацете, нема да се мие. Со бришењето на историјата не станувате предавници само на оваа генерација, туку и фашистички соработници кои им ги прикриваат злоделата“, вели Божиновски.
The post Целата антифашистичка борба, споменот на депортираните Евреи ќе е говор на омраза! Повторно ѝ ја отсекувате главата на Дуња appeared first on Република.
]]>The post Целата антифашистичка борба, споменот на депортираните Евреи ќе е говор на омраза! Повторно ѝ ја отсекувате главата на Дуња appeared first on Република.
]]>Не запира поранешниот пратеник и градоначалник Петре Шилегов да шири „смешки“ по интернет.
Откако остана без функции, Шилегов редовно се интересира за актуелните теми и го искажува својот став, главно со зајадливи и навредливи зборови. Денеска фокус на интерсот на бившиот градоначалник е вчерашното насилие во Собранието.
https://republika.mk/vesti/makedonija/koga-nema-odgovornost-vaka-kje-si-poigruvaat-shilegov-izdava-pod-zakup-prostor-za-sedishte/
Со оглед на тоа што владее селективна казнивост за објавите на Фејсбук, не е чудо што Шилегов може слободно да се „шегува“, без да одговара за говор на омраза.
The post Шегобиецот Шилегов: Милошоски да го напушти Собранието, двапати му падна косата до сеа appeared first on Република.
]]>The post Шегобиецот Шилегов: Милошоски да го напушти Собранието, двапати му падна косата до сеа appeared first on Република.
]]>Македонското Министерство за надворешни работи бара од официјална Софија да ги осуди експлицитниот говор на омраза и територијалните претензии кон Македонија како непримерен акт кон соседна пријателска држава.
Реакцијата на МНР се однесува на однесувањето на дел од бугарските пратеници, кои на вчерашната седница беа со натписи „Македонија е Бугарија“, а пораката беше и усмено пренесена од собраниската говорница.
Таквите пораки се противни на европските демократски вредности, но и противни на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и не придонесуваат во негувањето на принципите и духот на Договорот. Очекуваме официјалните претставници на Бугарија да го осудат експлицитниот говор на омраза и територијалните претензии кон Македонија како непримерен акт кон соседна пријателска држава - велат од МНР.
Вчера во бугарскиот парламент беше изгласана поддршка за францускиот предлог за одблокирање на македонските евроинтеграции, но под четири услови, еден од нив е внесување на двостраниот протокол за спроведување на Договорот за добрососедство во Преговарачката рамка, што е неприфатливо за македонската страна.
https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-e-bugarija-bugarskite-pratenici-so-transparenti-na-sednica/
Швајцарскиот весник „Ноје Цирхер Цајтунг“ (НЦЦ) вчера објави анализа за застојот во проширувањето на ЕУ и како најдобар пример за тоа го истакна случајот на Македонија, која е кандидат од 2005 година.
И оттогаш земјата е уценувана од ЕУ-членките. Грција ја натера да си го смени името во Cеверна Македонија. Тукушто го стори тоа, дојде Бугарија и побара Македонците да признаат дека не се вистинска нација, туку дека во основа се Бугари - се вели во анализата.
Швајцарскиот весник се осврна и на твитот на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, кој кажа дека сите бугарски барања се внесени во преговарачката рамка за Македонија.
Комесарот за проширување на ЕУ Оливер Вархеји ги прогласи бугарските уцени за сериозен приговор. Тоа не значи ништо друго освен дека Македонија мора да го прифати бугарскиот поглед на историјата, доколку сака да се приближи до Унијата. Тоа е рецептот на Путин за однос кон соседите, но поелегантен, без тенкови - пишува НЦЦ.
The post МНР бара официјална Софија да ги осуди говорот на омраза и територијалните претензии искажани во бугарското собрание appeared first on Република.
]]>Таквите пораки се противни на европските демократски вредности, но и противни на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и не придонесуваат во негувањето на принципите и духот на Договорот. Очекуваме официјалните претставници на Бугарија да го осудат експлицитниот говор на омраза и територијалните претензии кон Македонија како непримерен акт кон соседна пријателска држава - велат од МНР.Вчера во бугарскиот парламент беше изгласана поддршка за францускиот предлог за одблокирање на македонските евроинтеграции, но под четири услови, еден од нив е внесување на двостраниот протокол за спроведување на Договорот за добрососедство во Преговарачката рамка, што е неприфатливо за македонската страна. https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-e-bugarija-bugarskite-pratenici-so-transparenti-na-sednica/ Швајцарскиот весник „Ноје Цирхер Цајтунг“ (НЦЦ) вчера објави анализа за застојот во проширувањето на ЕУ и како најдобар пример за тоа го истакна случајот на Македонија, која е кандидат од 2005 година.
И оттогаш земјата е уценувана од ЕУ-членките. Грција ја натера да си го смени името во Cеверна Македонија. Тукушто го стори тоа, дојде Бугарија и побара Македонците да признаат дека не се вистинска нација, туку дека во основа се Бугари - се вели во анализата.Швајцарскиот весник се осврна и на твитот на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, кој кажа дека сите бугарски барања се внесени во преговарачката рамка за Македонија.
Комесарот за проширување на ЕУ Оливер Вархеји ги прогласи бугарските уцени за сериозен приговор. Тоа не значи ништо друго освен дека Македонија мора да го прифати бугарскиот поглед на историјата, доколку сака да се приближи до Унијата. Тоа е рецептот на Путин за однос кон соседите, но поелегантен, без тенкови - пишува НЦЦ.
The post МНР бара официјална Софија да ги осуди говорот на омраза и територијалните претензии искажани во бугарското собрание appeared first on Република.
]]>Македонија ќе треба да ги следи објавите во медиумите и на социјалните мрежи за „говор на омраза“ и редовно да ја информира Бугарија за преземените мерки, според двостраниот Протокол, објавен од бугарските медиуми. Протоколот, кој треба да се потпише од министерствата за надворешни работи на двете земји, е внесен во Преговарачката рамка за Македонија, предложена од Франција.
Двете земји ќе продолжат да разменуваат преку дипломатски канали меѓу министерствата за надворешни работи информации односно појави на говор на омраза, идентификувани на натписи и табли на општествени згради и споменици, текстови во учебници и учебни материјали, како и во медиумскиот простор, вклучувајќи ги онлајн и социјалните медиуми, на територијата на другата земја и да информираат во разумен рок за преземените дејствија од соодветната земја за отстранување без одложување на идентификуваните случаи на говор на омраза во јавниот простор, се вели во Протоколот.
Понатаму, според Протоколот, Македонија зема обврска и да следи дали книгите, списанијата, филмовите, музиката и друга уметничка продукција, која е финансирана од државата, се во согласност со Договорот за добрососедство.
Двете земји гарантираат дека државното финансирање на нови книги, документарни изданија и списанија, филмови и друга уметничка продуkција, споменици на културата и чествувања ќе се спроведува во духот на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, се вели во Протоколот.
Премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција на 20 јуни кажа дека Протоколот не е нов документ и во него нема нови услови, туку е само статус и понатамошни чекори во однос на спроведувањето на Договорот за добрососедство.
Тој протокол се потпишува на ниво на министерства за надворешни работи и кажува до која фаза сме стигнати и што е наредно. Тоа не е документ, нов договор во кој се додава нешто, кажа Ковачевски.
The post Сите да замолчат: Говорот на омраза на социјалните мрежи влегува во преговарачката рамка за Македонија appeared first on Република.
]]>The post Сите да замолчат: Говорот на омраза на социјалните мрежи влегува во преговарачката рамка за Македонија appeared first on Република.
]]>Министерот Бујар Османи во вечерашното интервју на „Само интервју“ рече дека министерствата за надворешни работи на Македонија и Бугарија ќе го следат говорот на омраза.
Се обидуваме да бидеме попрецизни. Има еден параграф од тоа што го договараме дека двете земји ќе утврдат институција која ќе го следи говорот на омраза. Инсистирав точно да кажеме која институција, за да не доведеме во ситуација утре, да речеме „не беше таа институција“. Земам банален пример, меѓутоа чисто ви кажувам начинот на кој што функционираме, информира министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
Тој вели дека утврдиле двете министерства за надворешни работи на Македонија и Бугарија да бидат тие институции и точно ги напишале министерствата.
Да не оставиме простор за ралзични интерпрентации, точно поучени од искуството на овие различни интерпретации на Договорот. Има билатерален протокол кој што ги решава прашањата од типот на говор на омраза, пристап до архиви, работата на Историската комисија и имате прашања од пакетот на преговарачката рамка, појасни Османи.
The post Министерствата за надворешни работи на Бугарија и Македонија ќе следат говор на омраза appeared first on Република.
]]>Се обидуваме да бидеме попрецизни. Има еден параграф од тоа што го договараме дека двете земји ќе утврдат институција која ќе го следи говорот на омраза. Инсистирав точно да кажеме која институција, за да не доведеме во ситуација утре, да речеме „не беше таа институција“. Земам банален пример, меѓутоа чисто ви кажувам начинот на кој што функционираме, информира министерот за надворешни работи, Бујар Османи.Тој вели дека утврдиле двете министерства за надворешни работи на Македонија и Бугарија да бидат тие институции и точно ги напишале министерствата.
Да не оставиме простор за ралзични интерпрентации, точно поучени од искуството на овие различни интерпретации на Договорот. Има билатерален протокол кој што ги решава прашањата од типот на говор на омраза, пристап до архиви, работата на Историската комисија и имате прашања од пакетот на преговарачката рамка, појасни Османи.
The post Министерствата за надворешни работи на Бугарија и Македонија ќе следат говор на омраза appeared first on Република.
]]>Твитер мора да ги открие сите детали за начините за борба против говорот на омраза што е присутен на таа „онлајн“ платформа во Франција, одлучи Апелацискиот суд во Париз.
Судот пресуди во корист на лоби-групите, вклучително и Здружението на француски еврејски студенти (УЕЈФ), СОС расизам и СОС хомофобија, кои велат дека социјалната мрежа не прави доволно за сузбивање на говорот на омраза.
Пресудата ја потврди одлуката на понискиот суд од јули кога на Твитер му беше наредено да дозволи целосен пристап до сите релевантни документи кои се однесуваат на напорите на компанијата против говорот на омраза, вклучувајќи го бројот, националноста, локацијата и јазикот на вработените задолжени за модерирање на содржината на француската верзија на платформата.
Според пресудата, Твитер мора да плати по 1.500 евра на секоја од шесте оштетени страни.
Политиката на Твитер за говор на омраза им забранува на корисниците да промовираат насилство, закани, но и напади врз луѓе врз основа на нивната раса, религија, родов идентитет или попреченост и други форми на дискриминација.
The post Твитер во Франција изгуби судски случај за говор на омраза и ќе мора да плати казна appeared first on Република.
]]>The post Твитер во Франција изгуби судски случај за говор на омраза и ќе мора да плати казна appeared first on Република.
]]>