Преку Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, здружението на граѓани ДЕЛА од Скопје кое е формирано пред една година а чија една од целите е популаризација на Договорот за добрососедство со Бугарија, бара да се утврди дискриминација по основ на етничка припадност, во мислења објавени на социјалните мрежи. Претставка до Комисијата за објавени десетина фејсбук статуси, здружението поднело против активистот и водител Богдан Илиевски за споделени мислења поврзани со Бугарија и бугарски политичари, пренесува Канал 5.

Проблемот во случајот е што мислењето станува проблем, изнесено мислење станува проблем за некои луѓе односно се прави еден вид на обид за цензура. И особено проблематично е што тоа во моментов се прави преку еден механизам говор на омраза или заштита од дискриминација по етничка основа која сметам дека е веројатно една показна вежба како нас ќе ни изгледа иднината, бидејќи тие механизми сега ќе ги има во преговарачката рамка, вели Илиевски за телевизијата.

Истото здружение тврди дека има дискриминација по етничка основа од страна на српскиот културно информативен центар СПОНА од Скопје, во текст на Фејсбук посветен на настраданите Срби во Сурдулица и околината како резултат на воените злосторства на бугарските вооружени окупациски сили во 1915 и 1918та.

Ова е само терминолошки детектирање на еден случај кога доаѓа оваа претставка, во еден актуелен политички миг во Македонија и апсолутно симболички тој ја одразува актуелната состојба. Јас така и го доживувам. Ова е се случуваат чувствителни историски моменти во Македонија, изјави Милутин Станчиќ од СПОНА.

Од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација велат дека од досега 13 вакви претставки дел се отфрлаат, кај дел утврдиле дека нема дискриминација а останатите се во тек. Се слушаат двете страни и се носат заклучоци базирани на факти и аргументи, а не и тужби.

-Одлуките на Комисијата се две. Носиме мислења, или утврдуваме дискриминација, односно и вознемирувачкиот говор е облик на дискриминација, или не утврдуваме. Доколку утврдиме носиме препорака за отстранување на повредата на правото на еднаквост, вели Весна Бендевска од КСЗД.

Токму претставките за Илиевски и СПОНА се во тек, затоа од Комисијата засега не ги коментираат. Но велат дека говорот на омраза е кривично дело по кое постапува обвинителството а тие само по дискриминација вклучувајќи го и вознемирувачкиот говор.

Членот 9 исто така е поврзан со вознемирувачки говор и предвидува секое повикување и поттикнување и инструкција за дискриминација особено на јавните социјални мрежи и тоа исто така е форма и облик на вознемирувачки говор, вели Бендевска.

Српското здружение СПОНА , Илиевски но и уште неколку други лица против кои се поднесени вакви претставки имаат уште неколку дена рок да одговорат пред комисијата да донесе заклучок.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.