горан стефановски Archives - Република https://republika.mk/tema/goran-stefanovski/ За подобро да се разбереме Sun, 09 Jun 2024 15:38:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png горан стефановски Archives - Република https://republika.mk/tema/goran-stefanovski/ 32 32 Промоции, презентации и претстави во чест на Горан Стефановски на МТФ „Војдан Чернодрински“ https://republika.mk/vesti/kultura/promotsii-prezentatsii-i-pretstavi-vo-chest-na-goran-stefanovski-na-mtf-vojdan-chernodrinski/ Sun, 09 Jun 2024 15:38:36 +0000 https://republika.mk/?p=785964

Многу активности, промоции, презентации, претстави ќе бидат дел од програмата посветена на Горан Стефановски што ќе се реализира денеска во текот на цел ден во рамките на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“. Горан Стефановски годинава е Автор во фокус на фестивалот.
Почнувајќи од 10 часот во киното „Мис Стон“, ќе биде изведена претставата „Јане Задрогаз“, а во неа играат учесниците на едукативните работилници во рамките на програмата „Чернодрински за деца“, што се реализираше во текот на измината година. Предводени од режисерот Милош Б. Андоновски и „Театар за сите“, а под менторство на актерите Игор Трпчески и Илија Волчески, млади театарски ентузијасти, заедно со професори-ментори од прилепските гимназии цела година учеа и креираа. Во истиот термин ќе биде отворена и Детската зона, поддржана од фондацијата „Чекор по чекор“.

Во 11 часот ќе следуваат промоции на театарска и театролошка литература. И денес на програмата се разговорите на тркалезната маса, овојпат за претставата „Иванов“, што синоќа ја изведе Македонскиот народен театар во рамките на официјалната селекција.

Во 13 часот во фоајето на Центарот за култура, публиката ќе дознае повеќе за неодамна формираната фондација „Горан Стефановски“ на Факултет за драмски уметности – Скопје при Универзитетот „Кирил и Методиј“. Исто така ќе следува и презентација на наградата „Горан Стефановски“, што ја востановува Драмскиот театар од Скопје.

Публиката во Прилеп ќе може да слушне повеќе и за аудиодрамите на Горан Стефановски, што ги реализира платформата „Самоглас“. Станува збор за три драми – „Диво месо“, „Гоце“ и „Дупло дно“.

Во продукција на ФДУ во 18.30 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе биде прикажан филм посветен на Стефановски. Две претстави што се дел од програмата на третиот фестивалски ден, вечерва ќе бидат според текстот „Црна дупка“ на Стефановски. Во 20 часот ќе гостуваат актерите од Театарот „Антон Панов“ од Струмица, во претстава што ја режираше Љупчо Ѓоргиевски. Улогите ги толкуваат: Васил Михаил, Танкица Стојанова, Анкица Бенинова, Јасмина Вучкова, Кире Ѓоргиев, Елисавета Бончева, Коста Ангов, Ангелина Тренчева-Ангелова, Јулија Милкова, Стојан Велков-Трн, Илија Младенов и Теодора Арсов.

Во 22 часот – следува дипломската претстава на студенти од ФДУ.

На вториот фестивалски ден на тркалезната маса што се организира во чест на претставите од официјалната програма, се разговараше со екипата на претставата „Хеда Габлер“ во режија на Васил Христов. Екипата на Драмски театар истакна колку е важно што воопшто се организираат овие средби во кои може да се разговара за театарот, да се споделуваат мислења.

Вечерта пак, публиката со голем аплауз ги награди актерите од претставата „Иванов“ во режија на Зоја Бузалковска. Во утринските часови детски џагор и креации го красат делот на Саат-кулата во Прилеп каде многу дечиња креираат и се дружат. Гости на фестивалот беа и 40-ина деца од Актерската школа на Весна Петрушевска, кои настапија со „Стапица“ според Горан Стефановски.

Вчера започна и првата работилница во рамките на придружната програма на фестивалот, што ја води драматургот Ана Ристоска-Трпеноска.

фото: МТФ „Војдан Чернодрински“

The post Промоции, презентации и претстави во чест на Горан Стефановски на МТФ „Војдан Чернодрински“ appeared first on Република.

]]>

Многу активности, промоции, презентации, претстави ќе бидат дел од програмата посветена на Горан Стефановски што ќе се реализира денеска во текот на цел ден во рамките на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“. Горан Стефановски годинава е Автор во фокус на фестивалот. Почнувајќи од 10 часот во киното „Мис Стон“, ќе биде изведена претставата „Јане Задрогаз“, а во неа играат учесниците на едукативните работилници во рамките на програмата „Чернодрински за деца“, што се реализираше во текот на измината година. Предводени од режисерот Милош Б. Андоновски и „Театар за сите“, а под менторство на актерите Игор Трпчески и Илија Волчески, млади театарски ентузијасти, заедно со професори-ментори од прилепските гимназии цела година учеа и креираа. Во истиот термин ќе биде отворена и Детската зона, поддржана од фондацијата „Чекор по чекор“. Во 11 часот ќе следуваат промоции на театарска и театролошка литература. И денес на програмата се разговорите на тркалезната маса, овојпат за претставата „Иванов“, што синоќа ја изведе Македонскиот народен театар во рамките на официјалната селекција. Во 13 часот во фоајето на Центарот за култура, публиката ќе дознае повеќе за неодамна формираната фондација „Горан Стефановски“ на Факултет за драмски уметности – Скопје при Универзитетот „Кирил и Методиј“. Исто така ќе следува и презентација на наградата „Горан Стефановски“, што ја востановува Драмскиот театар од Скопје. Публиката во Прилеп ќе може да слушне повеќе и за аудиодрамите на Горан Стефановски, што ги реализира платформата „Самоглас“. Станува збор за три драми – „Диво месо“, „Гоце“ и „Дупло дно“. Во продукција на ФДУ во 18.30 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе биде прикажан филм посветен на Стефановски. Две претстави што се дел од програмата на третиот фестивалски ден, вечерва ќе бидат според текстот „Црна дупка“ на Стефановски. Во 20 часот ќе гостуваат актерите од Театарот „Антон Панов“ од Струмица, во претстава што ја режираше Љупчо Ѓоргиевски. Улогите ги толкуваат: Васил Михаил, Танкица Стојанова, Анкица Бенинова, Јасмина Вучкова, Кире Ѓоргиев, Елисавета Бончева, Коста Ангов, Ангелина Тренчева-Ангелова, Јулија Милкова, Стојан Велков-Трн, Илија Младенов и Теодора Арсов. Во 22 часот – следува дипломската претстава на студенти од ФДУ. На вториот фестивалски ден на тркалезната маса што се организира во чест на претставите од официјалната програма, се разговараше со екипата на претставата „Хеда Габлер“ во режија на Васил Христов. Екипата на Драмски театар истакна колку е важно што воопшто се организираат овие средби во кои може да се разговара за театарот, да се споделуваат мислења. Вечерта пак, публиката со голем аплауз ги награди актерите од претставата „Иванов“ во режија на Зоја Бузалковска. Во утринските часови детски џагор и креации го красат делот на Саат-кулата во Прилеп каде многу дечиња креираат и се дружат. Гости на фестивалот беа и 40-ина деца од Актерската школа на Весна Петрушевска, кои настапија со „Стапица“ според Горан Стефановски. Вчера започна и првата работилница во рамките на придружната програма на фестивалот, што ја води драматургот Ана Ристоска-Трпеноска. фото: МТФ „Војдан Чернодрински“

The post Промоции, презентации и претстави во чест на Горан Стефановски на МТФ „Војдан Чернодрински“ appeared first on Република.

]]>
Горан Стефановски- автор во фокус на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп https://republika.mk/vesti/kultura/goran-stefanovski-avtor-vo-fokus-na-58-mtf-vojdan-chernodrinski-prilep/ Fri, 10 May 2024 11:54:32 +0000 https://republika.mk/?p=776789

Автор во фокус - Горан Стефановски или во контекст на современиот пристап во третирањето на театарот денес.

Концептот „Ново читање“ ги опфаќа двете потпрограми: „Новото читање на драмите од авторот во фокус - Горан Стефановски“ и „Ново читање на класиците“.
Во потпрограмата „Новото читање на драмите од авторот на фокус – Горан Стефановски“, селектирани се:

1.„Дупло дно“ во режија на Наташа Поплавска, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп;
2.„Диво месо“ во режија на Мартин Кочовски, продукција на Албански театар - Скопје;
3.„Демонот од Дебар
Маало“ во режија на Наташа Поплавска, продукција на Центар за култура „Ацо Шопов“ – Штип;
4.„Црна дупка“ во режија на Љупчо Ѓорѓиевски, продукција на ЦК „Антон Панов“ – Струмица.

За време на фестивалот ќе се одржи еден ден комплетно посветен на Авторот во фокус - Горан Стефановски, на кој ќе се презентираат сите актуелности поврзани со зачувувањето на ликот и делото на Горан Стефановски во македонската култура.

Во рамките на работилиниците кои ќе се одржат во текот на Фестивалот, работилницата за читање на Горан Стефаноски ќе ја води проф. д-р Јелена Лужина.

The post Горан Стефановски- автор во фокус на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп appeared first on Република.

]]>

Автор во фокус - Горан Стефановски или во контекст на современиот пристап во третирањето на театарот денес. Концептот „Ново читање“ ги опфаќа двете потпрограми: „Новото читање на драмите од авторот во фокус - Горан Стефановски“ и „Ново читање на класиците“. Во потпрограмата „Новото читање на драмите од авторот на фокус – Горан Стефановски“, селектирани се: 1.„Дупло дно“ во режија на Наташа Поплавска, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп; 2.„Диво месо“ во режија на Мартин Кочовски, продукција на Албански театар - Скопје; 3.„Демонот од Дебар Маало“ во режија на Наташа Поплавска, продукција на Центар за култура „Ацо Шопов“ – Штип; 4.„Црна дупка“ во режија на Љупчо Ѓорѓиевски, продукција на ЦК „Антон Панов“ – Струмица. За време на фестивалот ќе се одржи еден ден комплетно посветен на Авторот во фокус - Горан Стефановски, на кој ќе се презентираат сите актуелности поврзани со зачувувањето на ликот и делото на Горан Стефановски во македонската култура. Во рамките на работилиниците кои ќе се одржат во текот на Фестивалот, работилницата за читање на Горан Стефаноски ќе ја води проф. д-р Јелена Лужина.

The post Горан Стефановски- автор во фокус на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп appeared first on Република.

]]>
Духот на Горан Стефановски во Тирана https://republika.mk/vesti/kultura/duhot-na-goran-stefanovski-vo-tirana/ Sun, 05 May 2024 09:21:41 +0000 https://republika.mk/?p=774429

Албанскиот театар од Скопје на покана од Културно - информативниот центар на Република Македонија, во Тирана ја изведе претставата „Диво Месо“ од Горан Стефановски во режија на Мартин Кочовски.

Духот од Горан Стефановски во неговиот текст, неговата модерност и актуелност на вистински начин ја почувствува тиранската публика во театарот АРТурбина, благодарение на маестралната игра на глумците од Албанскиот театар Скопје, сцените се редеа како на филм. Публиката имаше впечаток, како денес во Тирана да се случиле настаните од пиесата. Час и половина, публиката со големо внимание и во потполна тишина го следеше секој збор од текстот и актерската игра на нашите актери, кои на крајот, беа наградени со огромен и долг аплауз, соопштија од Културно - информативниот центар.

Директорот на КИЦ Златко Ориѓански, потсетува дека текстот „Диво Месо“ од Горан Стефановски, е напишан и изведен далечната 1979 година.

За својата драма Горан Стефановски ќе каже: „Кога ја пишував пиесата „Диво месо“ мислев дека таа се однесува на минатото. Сега гледам дека се однесувала на иднината“.

По претставата, нашите актери, заедно со своите колеги од тиранските театри беа во посета на македонскиот Културно Информативен центар, каде до доцна во ноќта се разговараше за претставата и текстот на Горан Стефановски, посочува Ориѓански.

Културно - информативниот центар во Тирана на 10 и 12 мај, продолжува со својте активности. На Тиранскиот џез фестивал ќе настапат ПМГ Џез СЕТСТАТ и новоформираниот биг бенд, НАЦИОНАЛЕН ЏЕЗ ОРКЕСТАР од Скопје.

The post Духот на Горан Стефановски во Тирана appeared first on Република.

]]>

Албанскиот театар од Скопје на покана од Културно - информативниот центар на Република Македонија, во Тирана ја изведе претставата „Диво Месо“ од Горан Стефановски во режија на Мартин Кочовски.
Духот од Горан Стефановски во неговиот текст, неговата модерност и актуелност на вистински начин ја почувствува тиранската публика во театарот АРТурбина, благодарение на маестралната игра на глумците од Албанскиот театар Скопје, сцените се редеа како на филм. Публиката имаше впечаток, како денес во Тирана да се случиле настаните од пиесата. Час и половина, публиката со големо внимание и во потполна тишина го следеше секој збор од текстот и актерската игра на нашите актери, кои на крајот, беа наградени со огромен и долг аплауз, соопштија од Културно - информативниот центар.
Директорот на КИЦ Златко Ориѓански, потсетува дека текстот „Диво Месо“ од Горан Стефановски, е напишан и изведен далечната 1979 година. За својата драма Горан Стефановски ќе каже: „Кога ја пишував пиесата „Диво месо“ мислев дека таа се однесува на минатото. Сега гледам дека се однесувала на иднината“.
По претставата, нашите актери, заедно со своите колеги од тиранските театри беа во посета на македонскиот Културно Информативен центар, каде до доцна во ноќта се разговараше за претставата и текстот на Горан Стефановски, посочува Ориѓански.
Културно - информативниот центар во Тирана на 10 и 12 мај, продолжува со својте активности. На Тиранскиот џез фестивал ќе настапат ПМГ Џез СЕТСТАТ и новоформираниот биг бенд, НАЦИОНАЛЕН ЏЕЗ ОРКЕСТАР од Скопје.

The post Духот на Горан Стефановски во Тирана appeared first on Република.

]]>
Битолчани за Горан Стефановски: Две битолски уметници Дијана Колонџоска и Ленче К.Јагоридовска направија читална посветена на македонскиот Шекспир https://republika.mk/vesti/kultura/bitolchani-za-goran-stefanovski-dve-bitolski-umetnitsi-dijana-kolondhoska-i-lenche-k-jagoridovska-napravija-chitalna-posvetena-na-makedonskiot-shekspir/ Mon, 29 Apr 2024 08:08:08 +0000 https://republika.mk/?p=772092

На 27 април 1952 година, во Битола е роден големиот македонски драматург Горан Стефановски.

Две битолски уметници, Дијана Колонџоска и Ленче К.Јагоридовска обединети во заеднички проект  „Цртај на македонски јазик“, одлучија на Универзитетската библиотека „Св.Климент Охридски“ во Битола да им направат читална посветена на македонскиот Шекспир. Локацијата на читалната, е само на 200 метри оддалеченост од куќата на ул. Београдска во која се родил Горан Стефановски.

За овој проект добија поддршка од Министерството за култура и соодветен простор од битолската библиотека и деновиве ги прават последните подготовки за нејзино отворање кое е најавено за средината на месец мај.

Читалната ,,Горан Стефановски#  ќе биде естетски уреден простор, пријатно место за читање, а тематиката е македонскиот израз  преку цитати од ликовите на драмите на нашиот Горан. Тој, како вечен поборник за идентитетот, секогаш реално зборувал и со убав разбирлив начин ја прикажувал состојбата во нашата држава. Во неговите драми  се занимава со проблемот на македонското прашање во доцниот XIX век и идентитетот на нацијата. Со тоа Стефановски пораснал во очите на сите нас, посебно. На крајот, тоа се тие некои наши внатрешни идентитети, преиспитувања на истите и  има една реченица која вели: Домот е таму каде што боли! Постхумно ова е начин да докажиме дека ќе добие спомен дом, едно „засолниште’’ за неговите моќни мисли.”, вели Дијана Колонџовска.

Читалната е лоцирана на последниот кат од библиотеката и е комплетно осмислен проект со мурали, мебел и книги кои ќе ги имаат на располагање читателите.

Неговите интимни мисли кои успеа тој да ги сподели на хартија со нас, беа главната инспирација во создавањето на концептот на просторот. Неговите цитати се апсолутно безвременски. Тие звучат подеднакво актуелно како пред 30 и кусур година, така и денес. Нашиот проект “Цртај на македонски јазик” идеално се вклопува со култната ТВ-серија за деца, а по неа и сликовницата „Бушава азбука“ на Горан Стефановски, со илустрации на Душан Петричиќ и е идеален за нагласување и акцентирање на македонската азбука. Со „бушавите букви“ растеа генерации и генерации, учејќи го македонскиот јазик и скапоцените подзаборавени, архаични зборчиња кои се одраз на неповторливата македонска книжевност, култура и традиција, изјави Јагоридовска која е исто така дел од овој проект.

Инаку, ова е трет проект на иницијаторот на Манифестацијата  “Цртај на македонски јазик”. Првиот проект е муралот во Демир Хисар во чест  на Петре М.Андреевски кој потекнува од демирхисарското село Слоештица, насловен ,,Те љубам на кирилица''.

Овај проект доби многу на публицитет и доволен мотив за да можам да продолжам да работам на оваа манифестација која е за афирмација на македонскиот јазик и македонските вредности воопшто. Вториот проект беше во Битола во една од читалните на НУУБ,,Климент Охридски ‘’- Битола насловена како ,,Прочитај ме имам нешто да  ти кажам, вели Дијана.

Двете уметници се во контакт со синот на Горан Стефановски, кој живее во Белград и планираат промоцијата на читалната да ја направат со детали кои му значеа на неговиот татко. Датата на официјалното отворање ќе биде објавена наскоро.

Горан Стефановски е роден е во Битола, на улицата Београдска бр.5 во куќата на семејството Зиса, која ја делеле родителите на Горан, со познатото актерско битолско семејство Чоревски. Браќата Благој и Борис Чоревски се сеќаваат дека тие живееле на долниот кат, а Стефановски живееле на горниот кат. Биле многу блиски, па поканата да ја делат куќата била идеја на битолскиот актерски познат пар Трајко и Ратка Чоревски.

Во Народниот театар во Битола, Горан ги направил првите детски чекори во периодот кога татко му, Мирко Стефановски беше и актер и кратко време и директор. А неговата мајка Нада, била актерка. Замислете го тоа мало љубопитно дете низ стариот театар во Битола, несвесно дека во една блиска иднина, дури 9 негови претстави ќе бидат поставени во овој театарски храм, ќе доживуваат бројни изведби пред преполно гледалише, ќе добиваат награди на фестивали и ќе го слават неговото име.

Неговата последна средба пред смртта, а со асоцијациите на Битола и детството. беа во Лондон, кога нашиот битолски театар го играше Шекспир во славниот Глоуб театар. Горан, со група од битолските актери, после претставата во еден лондонски паб покрај Темза, се сеќаваше на Битола и на своето детство.

The post Битолчани за Горан Стефановски: Две битолски уметници Дијана Колонџоска и Ленче К.Јагоридовска направија читална посветена на македонскиот Шекспир appeared first on Република.

Изложба на фотографии и премиера на „Црна дупка“ за 75-от роденден на Театарот „Антон Панов“ од Струмица https://republika.mk/vesti/izlozhba-na-fotografii-i-premiera-na-tsrna-dupka-za-75-ot-rodenden-na-teatarot-anton-panov-od-strumitsa/ Fri, 19 Apr 2024 08:16:18 +0000 https://republika.mk/?p=767892

Театарот „Антон Панов“ од Струмица вечерва ќе го одбележи големиот јубилеј – 75 години постоење, со премиера на претставата „Црна дупка“ од Горан Стефановски во режија на Љупчо Ѓоргиевски. На премиерата, во 19.30 часот ќе претходи изложба на фотографии од Сречко Гунчев, насловена „75 години НТ „Антон Панов“.

Режисерот на претствата Љупчо Ѓоргиевски и актерската екипа на прес-конфренцијата говореа за претставата, која од нејзиното објавување во осумдесеттите години на минатиот век по четврти пат се поставува на сцена на професионален театар.

Како што истакна режисерот, претставата е истражување на тоа што како изведбен потенцијал го содржи текстот на Горан, на можностите што ги нуди неговата необична и зачудна драматуршка структура. Затоа, кога се разговарало што да се избере за јубилејот, тој ја предложил пиесата на Стефановски.

Се определивме за „Црна дупка“ бидејќи на некоја начин сметам дека е многу актуелна во овој момент за состојбата во која се наоѓаме.Кога велиме „Црна дупка“ не се однесува на термин од нашата галаксија и универзумот како појава, туку се однесува на една црна дупка во нашето живеење.Во таа смисла оваа пиеса спаѓа во постмодернистичиот период на Горан Стефановски, по „Диво месо“, по „Лет во место“ и други и бара еден поинаков пристап, рече режисерот Ѓоргиевски.

Актерот Васил Михаил, кој ја толкува улогата на Силјан, смета дека претставата е многу модерна, современа и пулсира со денешницата.

Овој текст од наша гледна точка не е воопшто лесен за поставување и затоа малку е поставуван на сцените на професионалните театри во државата. Беше предизвик да се работи овој текст и се надевам дека публиката ќе го прифати и претставата ќе комуницира со неа, рече Михаил.

Во преставата освен Васил Михаил, настапуваат Танкица Стојанова, Анкица Бенинова, Јасмина Вучкова, Кире Ѓоргиев, Елисавета Бончева, Коста Ангов, Ангелина Тренчева-Ангелова, Јулија Милкова, Стојан Велков-Трн, Илија Младенов и Теодора Арсов. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимите на Андреј Ѓоргиевски, а композитор е Сашко Костов.

The post Изложба на фотографии и премиера на „Црна дупка“ за 75-от роденден на Театарот „Антон Панов“ од Струмица appeared first on Република.

]]>

Театарот „Антон Панов“ од Струмица вечерва ќе го одбележи големиот јубилеј – 75 години постоење, со премиера на претставата „Црна дупка“ од Горан Стефановски во режија на Љупчо Ѓоргиевски. На премиерата, во 19.30 часот ќе претходи изложба на фотографии од Сречко Гунчев, насловена „75 години НТ „Антон Панов“. Режисерот на претствата Љупчо Ѓоргиевски и актерската екипа на прес-конфренцијата говореа за претставата, која од нејзиното објавување во осумдесеттите години на минатиот век по четврти пат се поставува на сцена на професионален театар. Како што истакна режисерот, претставата е истражување на тоа што како изведбен потенцијал го содржи текстот на Горан, на можностите што ги нуди неговата необична и зачудна драматуршка структура. Затоа, кога се разговарало што да се избере за јубилејот, тој ја предложил пиесата на Стефановски.
Се определивме за „Црна дупка“ бидејќи на некоја начин сметам дека е многу актуелна во овој момент за состојбата во која се наоѓаме.Кога велиме „Црна дупка“ не се однесува на термин од нашата галаксија и универзумот како појава, туку се однесува на една црна дупка во нашето живеење.Во таа смисла оваа пиеса спаѓа во постмодернистичиот период на Горан Стефановски, по „Диво месо“, по „Лет во место“ и други и бара еден поинаков пристап, рече режисерот Ѓоргиевски.
Актерот Васил Михаил, кој ја толкува улогата на Силјан, смета дека претставата е многу модерна, современа и пулсира со денешницата.
Овој текст од наша гледна точка не е воопшто лесен за поставување и затоа малку е поставуван на сцените на професионалните театри во државата. Беше предизвик да се работи овој текст и се надевам дека публиката ќе го прифати и претставата ќе комуницира со неа, рече Михаил.
Во преставата освен Васил Михаил, настапуваат Танкица Стојанова, Анкица Бенинова, Јасмина Вучкова, Кире Ѓоргиев, Елисавета Бончева, Коста Ангов, Ангелина Тренчева-Ангелова, Јулија Милкова, Стојан Велков-Трн, Илија Младенов и Теодора Арсов. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимите на Андреј Ѓоргиевски, а композитор е Сашко Костов.    

The post Изложба на фотографии и премиера на „Црна дупка“ за 75-от роденден на Театарот „Антон Панов“ од Струмица appeared first on Република.

]]>
Струмички театар одбележува 75 години од постоењето со изложба на фотографии и премиера на „Црна дупка“ од Горан Стефановски https://republika.mk/vesti/kultura/strumichki-teatar-odbelezhuva-75-godini-od-postoeneto-so-izlozhba-na-fotografii-i-premiera-na-tsrna-dupka-od-goran-stefanovski/ Wed, 17 Apr 2024 12:19:26 +0000 https://republika.mk/?p=767146

Со изложба на театарски фотографии и преимера на претставата „Црна дупка“ од Горан Стефановски, Народниот театар „Антон Панов“ од Струмица в петок ќе одбележи 75 години од постоењето.

Како што информираа од Театарот, изложбата на фотографии е со наслов „75 години НТ „Антон Панов“ од Сречко Гунчев, а постановката на драмата на Стефановски е во режија на Љупчо Ѓоргиевски. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимите на Андреј Ѓоргиевски, а композитор е Сашко Костов.

Инаку, Струмичкиот народен театар почнал официјално со работа на 1 мај 1949 година, а прва претстава поставен на сцената била „Бегалка“ од Васил Иљоски, во режија на Димитар Колчаков.

The post Струмички театар одбележува 75 години од постоењето со изложба на фотографии и премиера на „Црна дупка“ од Горан Стефановски appeared first on Република.

]]>

Со изложба на театарски фотографии и преимера на претставата „Црна дупка“ од Горан Стефановски, Народниот театар „Антон Панов“ од Струмица в петок ќе одбележи 75 години од постоењето. Како што информираа од Театарот, изложбата на фотографии е со наслов „75 години НТ „Антон Панов“ од Сречко Гунчев, а постановката на драмата на Стефановски е во режија на Љупчо Ѓоргиевски. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимите на Андреј Ѓоргиевски, а композитор е Сашко Костов. Инаку, Струмичкиот народен театар почнал официјално со работа на 1 мај 1949 година, а прва претстава поставен на сцената била „Бегалка“ од Васил Иљоски, во режија на Димитар Колчаков.  

The post Струмички театар одбележува 75 години од постоењето со изложба на фотографии и премиера на „Црна дупка“ од Горан Стефановски appeared first on Република.

]]>
Македонското друштво „Илинден“-Тирана достави барање за поставување спомен плоча во село Ербеле зa Горан Стефановски https://republika.mk/vesti/kultura/makedonskoto-drushtvo-ilinden-tirana-dostavi-barane-za-postavuvane-spomen-plocha-vo-selo-erbele-za-goran-stefanovski/ Tue, 27 Feb 2024 13:03:11 +0000 https://republika.mk/?p=748918

Македонското друштво “Илинден“-Тирана бара од општина Дебар и Советот на град Дебар во село Ербеле, Административна единица Маќеларе, општина Дебар, да биде поставена спомен плоча за истакнатиот македонски драмски автор Горан Стефановски, по потекло од цело Ербеле, во чест на Македонско националното малцинство кои живеат во селото, во Административна единица Маќеларе.

Стефановски потекнува од селото Ербеле - неговиот дедо Стрезо и неговара баба Алтана живееле во ова село до преселбара во Скопје кофа имаат изградено една од првите куќи во Дебар Маало. Големо влијание врз творештвото на Стефановски имаше тикму потеклото од овој крај и семејната историја. Тој постојано се интересирал и барал историјата на корените на своето семејство и со семејството го посетувал селото Ербеле. Минатата година, за ова беше посветен и фељтон.

Комеморативната плоча за Стефановски во селото Ербеле, на три јазици, ќе биде контакт точка за мултикултурните врски меѓу Албанија и Македонија и поттикнување на понатамошни проекти за соработка во културната сфера и ќе помогне да се афирмира село Ербеле како пример за соживот и мултикултурализам.

Содржината на плочата ќе биде на албански, македонски и англиски јазик ќе биде следнава:

„Сите живи суштества се раѓаат со инстинкт за преживување. Пајаците, за да преживеат, ткаат мрежи. Луѓето, за да преживеат, ткаат приказни. За нас нема ништо поважно од овие приказни. Тие се сржта на нашиот живот, ’рбетот на нашиот идентитет.“

Горан Стефановски

Од селото Ербеле се семејните корени на истакнатиот македонски драмски автор, академик Горан Стефановски (1952-2018).

The post Македонското друштво „Илинден“-Тирана достави барање за поставување спомен плоча во село Ербеле зa Горан Стефановски appeared first on Република.

Објавен прв текст за корените на Горан Стефановски од Иван Антоновски https://republika.mk/vesti/kultura/objaven-prv-tekst-za-korenite-na-goran-stefanovski-od-ivan-antonovski/ Wed, 03 May 2023 08:52:15 +0000 https://republika.mk/?p=636352

Објавен е прв текст кој е резултат на истражување за семејните корени на култниот драмски автор и есеист Горан Стефановски. Автор на текстот е Иван Антоновски, асистент на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ од Скопје.

Во текстот се посочува дека корените на Стефановски се од селото Ербеле, на територијата на денешна Албанија, од каде неговите предци, во 1920 година емигрираат во скопското Дебар Маало. Тој содржи многу сведоштва и информации кои за првпат се претставуваат пред пошироката јавност и отвора многу прашања кои упатуваат кон нови интерпретативни рамништа во вреднувањето и анализирањето на драмите на Горан Стефановски.

[caption id="attachment_636355" align="alignnone" width="768"] Горан Стефановски со синот Игор
Фото: Иван Антоновски[/caption]

Минатата година, во издание на ИК „Полица“ беше објавена книгата на Антоновски, „Идентитетот е приказна“ – прва книга за есеистиката на Горан Стефановски.

The post Објавен прв текст за корените на Горан Стефановски од Иван Антоновски appeared first on Република.

]]>

Објавен е прв текст кој е резултат на истражување за семејните корени на култниот драмски автор и есеист Горан Стефановски. Автор на текстот е Иван Антоновски, асистент на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ од Скопје. Во текстот се посочува дека корените на Стефановски се од селото Ербеле, на територијата на денешна Албанија, од каде неговите предци, во 1920 година емигрираат во скопското Дебар Маало. Тој содржи многу сведоштва и информации кои за првпат се претставуваат пред пошироката јавност и отвора многу прашања кои упатуваат кон нови интерпретативни рамништа во вреднувањето и анализирањето на драмите на Горан Стефановски. [caption id="attachment_636355" align="alignnone" width="768"] Горан Стефановски со синот Игор
Фото: Иван Антоновски[/caption] Минатата година, во издание на ИК „Полица“ беше објавена книгата на Антоновски, „Идентитетот е приказна“ – прва книга за есеистиката на Горан Стефановски.

The post Објавен прв текст за корените на Горан Стефановски од Иван Антоновски appeared first on Република.

]]>
Промоција на „Мала книга на стапици“ од Горан Стефановски https://republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-mala-kniga-na-stapitsi-od-gorann-stefanovski/ Wed, 12 Apr 2023 12:16:51 +0000 https://republika.mk/?p=630189

Денеска во 19,30 часот Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје организира промоција на „Мака книга на стапици“ од македонскиот писател и драматург Горан Стефановски, во издание на „ТРИ“.

Промотори се драматургот Сашко Насев и актерката Весна Петрушевска.

„Оваа книга е малечок алат, инструмент кој можете да го користите на ваш начин. Алатот, се разбира, не работи сам по себе. Тој мора да се користи за да биде корисен, и мора да се научи како да се користи. Овој ’драматуршки‘ инструмент нема да напише драми за вас, но може да ви помогне вие да напишете драми. Алатот е едноставен, но тој се користи за создавање сложена магија, рекол Горан Стефановски.

Горан Стефановски е еден од најистакнатите писатели на современата македонска книжевност. Со култните драми „Диво месо“, „Лет во место“, „Јане Задрогаз“, „Тетовирани души“, „Демонот од Дебар Маало“ и многу други, закитен со големи награди како што се „Стале Попов“, „11 Октомври“, „Војдан Чернодрински“, обожаван од македонската и светската публика – тој е многу повеќе од драматург и учител.

The post Промоција на „Мала книга на стапици“ од Горан Стефановски appeared first on Република.

]]>

Денеска во 19,30 часот Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје организира промоција на „Мака книга на стапици“ од македонскиот писател и драматург Горан Стефановски, во издание на „ТРИ“. Промотори се драматургот Сашко Насев и актерката Весна Петрушевска. „Оваа книга е малечок алат, инструмент кој можете да го користите на ваш начин. Алатот, се разбира, не работи сам по себе. Тој мора да се користи за да биде корисен, и мора да се научи како да се користи. Овој ’драматуршки‘ инструмент нема да напише драми за вас, но може да ви помогне вие да напишете драми. Алатот е едноставен, но тој се користи за создавање сложена магија, рекол Горан Стефановски. Горан Стефановски е еден од најистакнатите писатели на современата македонска книжевност. Со култните драми „Диво месо“, „Лет во место“, „Јане Задрогаз“, „Тетовирани души“, „Демонот од Дебар Маало“ и многу други, закитен со големи награди како што се „Стале Попов“, „11 Октомври“, „Војдан Чернодрински“, обожаван од македонската и светската публика – тој е многу повеќе од драматург и учител.

The post Промоција на „Мала книга на стапици“ од Горан Стефановски appeared first on Република.

]]>
„Три“ со ново издание на „Мала книга на стапици“ од великанот Горан Стефановски https://republika.mk/vesti/kultura/tri-so-novo-izdanie-na-mala-kniga-na-stapitsi-od-velikanot-goran-stefanovski/ Fri, 10 Mar 2023 14:34:37 +0000 https://republika.mk/?p=618210

Во „Три“ пристигна ново издание на „Мала книга на стапици“ од великанот Горан Стефановски – значајно име со кое сите се гордееме.

„Горан Стефановски уште одамна ни даде инструмент и ни покажа како да свириме. Ни даде алат и ни кажа како да го користиме. Ни напиша рецепт за приготвување добри драми. Повелете влезете во дијалог со мајсторот на мислата, кој може да нè научи како да поставуваме стапици (а ние никогаш да не се фаќаме во нив), вели издавачот.

Горан Стефановски е еден од најистакнатите писатели на современата македонска книжевност. Со култните драми „Диво месо“, „Лет во место“, „Јане Задрогаз“, „Тетовирани души“, „Демонот од Дебар Маало“ и многу други, закитен со големи награди како што се „Стале Попов“, „11 Октомври“, „Војдан Чернодрински“, обожаван од македонската и светската публика – тој е многу повеќе од драматург и учител. Тој е човек за кој сме благодарни што сме го имале меѓу себе, како најнаш, когошто ќе го носиме во срцата, во театрите, низ страниците на новонапишаните книги.

Онака како што пиесите не се пишуваат туку се прават, така и големите луѓе не се создаваат, тие се раѓаат. Таков е и Горан Стефановски – автор кој засекогаш го промени текот на македонската книжевност. А благодарение на ваквите помагала што ни ги остави во наследство, тој продолжува да ги обучува идните писатели, носители на иднината на домашната литература“, велат од „Три“.

The post „Три“ со ново издание на „Мала книга на стапици“ од великанот Горан Стефановски appeared first on Република.

]]>

Во „Три“ пристигна ново издание на „Мала книга на стапици“ од великанот Горан Стефановски – значајно име со кое сите се гордееме. „Горан Стефановски уште одамна ни даде инструмент и ни покажа како да свириме. Ни даде алат и ни кажа како да го користиме. Ни напиша рецепт за приготвување добри драми. Повелете влезете во дијалог со мајсторот на мислата, кој може да нè научи како да поставуваме стапици (а ние никогаш да не се фаќаме во нив), вели издавачот. Горан Стефановски е еден од најистакнатите писатели на современата македонска книжевност. Со култните драми „Диво месо“, „Лет во место“, „Јане Задрогаз“, „Тетовирани души“, „Демонот од Дебар Маало“ и многу други, закитен со големи награди како што се „Стале Попов“, „11 Октомври“, „Војдан Чернодрински“, обожаван од македонската и светската публика – тој е многу повеќе од драматург и учител. Тој е човек за кој сме благодарни што сме го имале меѓу себе, како најнаш, когошто ќе го носиме во срцата, во театрите, низ страниците на новонапишаните книги.
Онака како што пиесите не се пишуваат туку се прават, така и големите луѓе не се создаваат, тие се раѓаат. Таков е и Горан Стефановски – автор кој засекогаш го промени текот на македонската книжевност. А благодарение на ваквите помагала што ни ги остави во наследство, тој продолжува да ги обучува идните писатели, носители на иднината на домашната литература“, велат од „Три“.
 
The post „Три“ со ново издание на „Мала книга на стапици“ од великанот Горан Стефановски appeared first on Република.

]]>
„Пајаците, за да преживеат, ткаат мрежи. Луѓето, за да преживеат, ткаат приказни“: Нови преводи на пораката на Горан Стефановски https://republika.mk/vesti/kultura/pajatsite-za-da-prezhiveat-tkaat-mrezhi-lug-eto-za-da-prezhiveat-tkaat-prikazni-novi-prevodi-na-porakata-na-goran-stefanovski/ Wed, 08 Feb 2023 21:57:17 +0000 https://republika.mk/?p=606701

„Сите живи суштества се раѓаат со инстинкт за преживување. Пајаците, за да преживеат, ткаат мрежи. Луѓето, за да преживеат, ткаат приказни. За нас нема ништо поважно од овие приказни. Тие се сржта на нашиот живот, ‘рбетот на нашиот идентитет.“ Оваа порака на Горан Стефановски, која минатата година беше преведена на сите јазици на Европската Унија, ќе биде преведена на уште неколку други јазици, меѓу кои и на виетнамски, корејски, турски, руски и српски.

Пораката на Стефановски минатата година беше преведена на јазиците на ЕУ по повод 70 години од неговото раѓање, со проект на Делегацијата на ЕУ во Скопје и во соработка со Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ).

-Преводите на тестаменталната порака на истакнатиот македонски драмски автор и есеист ќе бидат објавени деновиве и во видеоформат. Веќе се очекуваат и уште неколку други преводи…Должни сме македонските културни достоинства да ги вреднуваме и афирмирме постојано, а не само тогаш кога се случуваат одредени јубилеи кои се значајни за македонската култура. Затоа и не запревме со активностите кои ги остваривме во чест на Стефановски во 2022. – годината кога се навршија 70 години од неговото раѓање, туку продолжуваме и понатаму, како впрочем и со афирмацијата и вреднувањето на творештвото на сите македонски автори чиешто творештво и се изучува во рамките на наставата на странски универзитети, соопшти МСМЈЛК при УКИМ.

Петнаесет од преводите, како што наведува, биле подготвени од учесници на школите на Семинарот, Меѓународната научна конференција и на работилниците, и со нив симболично, во пресрет на новогодишните и божиќните празници, беше украсено и Горановото Дебар Маало. Овие преводи беа промовирани и во видеоформат.

-Сега, со преводите кои ќе ги објави МСМЈЛК при УКИМ, оваа порака на Стефановски ќе биде достапна и на јазици кои се говорат надвор од ЕУ, вклучително и на јазици кои се говорат воопшто надвор од Европа. Преводите ќе се објавуваат на страницата на МСМЈЛК при УКИМ на социјалнта мрежа Фејсбук (https://www.facebook.com/msmjlk), при што пораката на Стефановски ќе биде претставена со прочит на преведувачите од странство – студенти по македонистика на странските универзитети и соработници на МСМЈЛК при УКИМ. Денес, веќе е и објавен првиот превод на пораката – од македонски на виетнамски јазик, соопшти Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ.

Во чест на Стефановски минатата година беше и Втората зимска школа на МСМЈЛК при УКИМ, а посебно внимание на неговото творештво беше посветено и на 55. Летна школа, со одделно предавање и во рамките на лекторската настава по литература. На творештвото на Стефановски му беа посветени и есии на минатогодишната, 49. Меѓународна научна конференција, која беше и прв научен собир посветен на Горан Стефановски по неговото физичко заминување во 2018 година.

МСМЈЛК при УКИМ информира и дека годинава ќе објави преводи на дел од текстовите на Стефановски од книгата „Конзервирани импресии“, а ќе биде објавен и зборник со научноистражувачки трудови кои се однесуваат на неговото творештво и претставуваат негови нови исчитувања произлезени од минатогодишната Меѓународна научна конференција.

The post „Пајаците, за да преживеат, ткаат мрежи. Луѓето, за да преживеат, ткаат приказни“: Нови преводи на пораката на Горан Стефановски appeared first on Република.

]]>

„Сите живи суштества се раѓаат со инстинкт за преживување. Пајаците, за да преживеат, ткаат мрежи. Луѓето, за да преживеат, ткаат приказни. За нас нема ништо поважно од овие приказни. Тие се сржта на нашиот живот, ‘рбетот на нашиот идентитет.“ Оваа порака на Горан Стефановски, која минатата година беше преведена на сите јазици на Европската Унија, ќе биде преведена на уште неколку други јазици, меѓу кои и на виетнамски, корејски, турски, руски и српски. Пораката на Стефановски минатата година беше преведена на јазиците на ЕУ по повод 70 години од неговото раѓање, со проект на Делегацијата на ЕУ во Скопје и во соработка со Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ). -Преводите на тестаменталната порака на истакнатиот македонски драмски автор и есеист ќе бидат објавени деновиве и во видеоформат. Веќе се очекуваат и уште неколку други преводи…Должни сме македонските културни достоинства да ги вреднуваме и афирмирме постојано, а не само тогаш кога се случуваат одредени јубилеи кои се значајни за македонската култура. Затоа и не запревме со активностите кои ги остваривме во чест на Стефановски во 2022. – годината кога се навршија 70 години од неговото раѓање, туку продолжуваме и понатаму, како впрочем и со афирмацијата и вреднувањето на творештвото на сите македонски автори чиешто творештво и се изучува во рамките на наставата на странски универзитети, соопшти МСМЈЛК при УКИМ. Петнаесет од преводите, како што наведува, биле подготвени од учесници на школите на Семинарот, Меѓународната научна конференција и на работилниците, и со нив симболично, во пресрет на новогодишните и божиќните празници, беше украсено и Горановото Дебар Маало. Овие преводи беа промовирани и во видеоформат. -Сега, со преводите кои ќе ги објави МСМЈЛК при УКИМ, оваа порака на Стефановски ќе биде достапна и на јазици кои се говорат надвор од ЕУ, вклучително и на јазици кои се говорат воопшто надвор од Европа. Преводите ќе се објавуваат на страницата на МСМЈЛК при УКИМ на социјалнта мрежа Фејсбук (https://www.facebook.com/msmjlk), при што пораката на Стефановски ќе биде претставена со прочит на преведувачите од странство – студенти по македонистика на странските универзитети и соработници на МСМЈЛК при УКИМ. Денес, веќе е и објавен првиот превод на пораката – од македонски на виетнамски јазик, соопшти Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ. Во чест на Стефановски минатата година беше и Втората зимска школа на МСМЈЛК при УКИМ, а посебно внимание на неговото творештво беше посветено и на 55. Летна школа, со одделно предавање и во рамките на лекторската настава по литература. На творештвото на Стефановски му беа посветени и есии на минатогодишната, 49. Меѓународна научна конференција, која беше и прв научен собир посветен на Горан Стефановски по неговото физичко заминување во 2018 година. МСМЈЛК при УКИМ информира и дека годинава ќе објави преводи на дел од текстовите на Стефановски од книгата „Конзервирани импресии“, а ќе биде објавен и зборник со научноистражувачки трудови кои се однесуваат на неговото творештво и претставуваат негови нови исчитувања произлезени од минатогодишната Меѓународна научна конференција.  

The post „Пајаците, за да преживеат, ткаат мрежи. Луѓето, за да преживеат, ткаат приказни“: Нови преводи на пораката на Горан Стефановски appeared first on Република.

]]>
Објавено француско издание на есеите на Горан Стефановски, насловено „Пофалба на обратноста“ https://republika.mk/vesti/kultura/objaveno-frantsusko-izdanie-na-eseite-na-goran-stefanovski-nasloveno-pofalba-na-obratnosta/ Mon, 06 Feb 2023 10:26:38 +0000 https://republika.mk/?p=605362

Објавено е француско издание на есеите на Горан Стефановски, насловено „Пофалба на обратноста“ (Éloge du contraire) од францускиот издавач „За момент“.

Изданието е објавено по иницијатива на париската установа „Куќа на Европа и Истокот“ (Maison D’Europe et d’Orient), а со поддршка на францускиот Национален центар за книгата, македонското Министерство за култура и на Универзитетот Крајст Черч од Кентербери.

The post Објавено француско издание на есеите на Горан Стефановски, насловено „Пофалба на обратноста“ appeared first on Република.

Есеите на Горан Стефановски објавени на француски јазик https://republika.mk/vesti/kultura/eseite-na-goran-stefanovski-objaveni-na-frantsuski-jazik/ Wed, 25 Jan 2023 11:14:01 +0000 https://republika.mk/?p=600819

Објавено е француско издание на есеите на Горан Стефановски, насловено „Пофалба на обратноста“ (Éloge du contraire) од францускиот издавач „За момент“, соопшти Доминик Долмие, директор на француската издавачка куќа „За момент“.

Изданието е објавено по иницијатива на париската установа „Куќа на Европа и Истокот“ (Maison D’Europe et d’Orient), а со поддршка на францускиот Национален центар за книгата, македонското Министерство за култура и на Универзитетот Крајст Черч од Кентербери.

Францускиот издавач „За момент“ (L’espace d’un instant) објави избор од единаесет есеи на македонскиот писател Стефановски.

Од француската издавачка куќа информираат дека приредувач на изборот и автор на предговорот е универзитетскиот професор Иван Додовски, а преводот на француски јазик го направи Марија Бежановска. Изданието содржи и посебен осврт за Горан Стефановски од универзитетската професорка Фроса Пејоска-Бушеро.

Во предговорот на книгата, Иван Додовски посочува дека ова француско издание е уникатно, бидејќи содржи избрани есеистички текстови (повеќето во форма на беседа или јавно излагање) објавувани посебно, во последните две децении од животот на Горан Стефановски.

Тоа е период кога тој се свртува кон промислување на европскиот цивилизациски простор од перспективата на неговото претходно творечко искуство во македонски, југословенски и постјугословенски контекст, вели Додовски.

Тој истакнува дека светот на идеите од драмите на Горан Стефановски, е неизбежно присутен и во неговите есеи, кои претходно не биле објавени во една книга.

Некои од нив се ’пригодни говори‘ иако во нив нема ништо од клишето на пригодноста. Публиката на која ѝ се упатени овие обраќања е, главно, западноевропска. Исклучок прават пристапната беседа „Нашата приказна“, искажана во Скопје по повод приемот на Горан Стефановски за дописен член на Македонската академија на науките и уметностите, и есејот „Пофалба на обратноста“, кој е своевиден тестаментален текст напишан на фонот на драматичните политички превирања и внатрешни општествени конфликти во Македонија во 2015 година. Сите овие есеи лајтмотивски се проникнуваат, градејќи еден хипертекст за идентитетот како клучен, егзистенцијален топос на Горан Стефановски. Кој сум јас, кои сме ние? Кој е другиот, кои се другите? Како да се надминат стереотипите, овозможувајќи културни проникнувања внатре во европскиот цивилизациски простор? Горан Стефановски смета дека до одговорот на овие прашања може да се стигне преку деконструкција на спротивставената имагологија Исток-Запад, заклучува Додовски.

Важноста на дискурсот на Горан Стефановски, како што истакнува францускиот издавач, се состои во тоа дека „неговите опсервации и размисли се направени од позиција на ’патувачки егзил‘ и во нив ги сретнуваме Кафка, Тинтин и Пајо Паторот преку кои се нуди критика на внатрешните поделби во Европа, кои се закануваат да ја претворат во еден дистописки простор“.

Горан Стефановски (1952-2018) e најафирмираното име на современата македонска драма и автор на импозантен опус од 28 драми, шест сценски адаптации и повеќе сценарија за ТВ-драми и филмови. Тој е основач на Катедрата за драматургија на Факултетот за драмски уметности во Скопје, каде што предава сè до 1998 година. Потоа работел во Шведскиот институт за драмска уметност во Стокхолм, на Универзитетот Кент и на Универзитетот Крајст Черч во Кентербери.

The post Есеите на Горан Стефановски објавени на француски јазик appeared first on Република.

]]>

Објавено е француско издание на есеите на Горан Стефановски, насловено „Пофалба на обратноста“ (Éloge du contraire) од францускиот издавач „За момент“, соопшти Доминик Долмие, директор на француската издавачка куќа „За момент“. Изданието е објавено по иницијатива на париската установа „Куќа на Европа и Истокот“ (Maison D’Europe et d’Orient), а со поддршка на францускиот Национален центар за книгата, македонското Министерство за култура и на Универзитетот Крајст Черч од Кентербери. Францускиот издавач „За момент“ (L’espace d’un instant) објави избор од единаесет есеи на македонскиот писател Стефановски. Од француската издавачка куќа информираат дека приредувач на изборот и автор на предговорот е универзитетскиот професор Иван Додовски, а преводот на француски јазик го направи Марија Бежановска. Изданието содржи и посебен осврт за Горан Стефановски од универзитетската професорка Фроса Пејоска-Бушеро. Во предговорот на книгата, Иван Додовски посочува дека ова француско издание е уникатно, бидејќи содржи избрани есеистички текстови (повеќето во форма на беседа или јавно излагање) објавувани посебно, во последните две децении од животот на Горан Стефановски.
Тоа е период кога тој се свртува кон промислување на европскиот цивилизациски простор од перспективата на неговото претходно творечко искуство во македонски, југословенски и постјугословенски контекст, вели Додовски.
Тој истакнува дека светот на идеите од драмите на Горан Стефановски, е неизбежно присутен и во неговите есеи, кои претходно не биле објавени во една книга. Некои од нив се ’пригодни говори‘ иако во нив нема ништо од клишето на пригодноста. Публиката на која ѝ се упатени овие обраќања е, главно, западноевропска. Исклучок прават пристапната беседа „Нашата приказна“, искажана во Скопје по повод приемот на Горан Стефановски за дописен член на Македонската академија на науките и уметностите, и есејот „Пофалба на обратноста“, кој е своевиден тестаментален текст напишан на фонот на драматичните политички превирања и внатрешни општествени конфликти во Македонија во 2015 година. Сите овие есеи лајтмотивски се проникнуваат, градејќи еден хипертекст за идентитетот како клучен, егзистенцијален топос на Горан Стефановски. Кој сум јас, кои сме ние? Кој е другиот, кои се другите? Како да се надминат стереотипите, овозможувајќи културни проникнувања внатре во европскиот цивилизациски простор? Горан Стефановски смета дека до одговорот на овие прашања може да се стигне преку деконструкција на спротивставената имагологија Исток-Запад, заклучува Додовски. Важноста на дискурсот на Горан Стефановски, како што истакнува францускиот издавач, се состои во тоа дека „неговите опсервации и размисли се направени од позиција на ’патувачки егзил‘ и во нив ги сретнуваме Кафка, Тинтин и Пајо Паторот преку кои се нуди критика на внатрешните поделби во Европа, кои се закануваат да ја претворат во еден дистописки простор“. Горан Стефановски (1952-2018) e најафирмираното име на современата македонска драма и автор на импозантен опус од 28 драми, шест сценски адаптации и повеќе сценарија за ТВ-драми и филмови. Тој е основач на Катедрата за драматургија на Факултетот за драмски уметности во Скопје, каде што предава сè до 1998 година. Потоа работел во Шведскиот институт за драмска уметност во Стокхолм, на Универзитетот Кент и на Универзитетот Крајст Черч во Кентербери.

The post Есеите на Горан Стефановски објавени на француски јазик appeared first on Република.

]]>
Ги украсивме елките околу клупата на која седи Горан за да нѐ осветли неговата „искра што се измолкнува“, рече Дејвид Гир во Дебар Маало https://republika.mk/vesti/kultura/gi-ukrasivme-elkite-okolu-klupata-na-koja-sedi-goran-za-da-n-osvetli-negovata-iskra-shto-se-izmolknuva-reche-dejvid-gir-vo-debar-maalo/ Wed, 14 Dec 2022 22:27:11 +0000 https://republika.mk/?p=585763

Во чест на 70-годишнината од раѓањето на Горан Стефановски вечерва беше осветлен и украсен делот околу неговиот споменик во Дебар Маало.

На настанот пригодна реч одржа амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир, како и македонскиот книжевник Иван Антоновски. Присустуваше и синот на Горан, Игор Стефановски.

Ги украсивме елките околу клупата на која седи Горан за да нѐ осветли неговата „искра што се измолкнува“. За да нѐ потсети дека „сѐ се движи. Птиците и јагулите, заедниците и поединците, атомите, молекулите. Постои миграција, во простор и време, ширење и мешање и повторно мешање на култури и форми и идеи. Тоа е суштинско нешто: метаморфоза, трансформација, спогодување и адаптација. Тоа е животот!“ – напишаа на фејсбук од Европската куќа во Скопје, кои и се организатори на настанот.

Стефановски е роден на 27 април 1952, а почина на 27 ноември 2018 на 66 години. Споменикот е поставен во Дебар Маало, во триаголниот парк спроти кафеаните „Наџак“ и „Идадија“. На 27 април 2019 во негова чест беше засаден чинар на тоа место.

Македонскиот писател и драматург почина на 66 години по кусо боледување во Кентербери, Англија, каде што живееше. Тој е автор на легендарните и популарни драми „Јане Задрогаз“, „Диво месо“, „Лет во место“, „Хај-Фај“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Црна дупка“, „Демонот од Дебар Маало“ и на најславната ТВ-серија во историјата на македонската продукција „Бушава азбука“.

фото: Europe House Skopje

The post Ги украсивме елките околу клупата на која седи Горан за да нѐ осветли неговата „искра што се измолкнува“, рече Дејвид Гир во Дебар Маало appeared first on Република.

]]>

Во чест на 70-годишнината од раѓањето на Горан Стефановски вечерва беше осветлен и украсен делот околу неговиот споменик во Дебар Маало. На настанот пригодна реч одржа амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир, како и македонскиот книжевник Иван Антоновски. Присустуваше и синот на Горан, Игор Стефановски.
Ги украсивме елките околу клупата на која седи Горан за да нѐ осветли неговата „искра што се измолкнува“. За да нѐ потсети дека „сѐ се движи. Птиците и јагулите, заедниците и поединците, атомите, молекулите. Постои миграција, во простор и време, ширење и мешање и повторно мешање на култури и форми и идеи. Тоа е суштинско нешто: метаморфоза, трансформација, спогодување и адаптација. Тоа е животот!“ – напишаа на фејсбук од Европската куќа во Скопје, кои и се организатори на настанот.
Стефановски е роден на 27 април 1952, а почина на 27 ноември 2018 на 66 години. Споменикот е поставен во Дебар Маало, во триаголниот парк спроти кафеаните „Наџак“ и „Идадија“. На 27 април 2019 во негова чест беше засаден чинар на тоа место. Македонскиот писател и драматург почина на 66 години по кусо боледување во Кентербери, Англија, каде што живееше. Тој е автор на легендарните и популарни драми „Јане Задрогаз“, „Диво месо“, „Лет во место“, „Хај-Фај“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Црна дупка“, „Демонот од Дебар Маало“ и на најславната ТВ-серија во историјата на македонската продукција „Бушава азбука“. фото: Europe House Skopje

The post Ги украсивме елките околу клупата на која седи Горан за да нѐ осветли неговата „искра што се измолкнува“, рече Дејвид Гир во Дебар Маало appeared first on Република.

]]>
Промоција на книгата „Идентитетот е приказна“ од Иван Антоновски https://republika.mk/vesti/kultura/promocija-na-knigata-identitetot-e-prikazna-od-ivan-antonovski/ Thu, 01 Dec 2022 09:36:46 +0000 https://republika.mk/?p=580403

Денеска, на први декември во 12 часот, ќе се одржи промоција на книгата „Идентитетот е приказна“ од Иван Антоновски, во изложбениот салон Галерија ’22 при Центарот за култура „Ацо Шопов“ Штип.

„Идентитетот е приказна“ е прва книга во која детално се анализира и вреднува есеистичкото творештво на Стефановски и се оценува како исклучително проучување и на полето на современата македонска книжевна наука и на полето на македонската култура.

Инаку, книгата „Идентитетот е приказна“ од Иван Антоновски, според оцените на универзитетскиот професор, писател и книжевен критичар Венко Андоновски е не само пионерско, туку и професионално, методолошки точно поставено проучување на есеистиката на Горан Стефановски.

The post Промоција на книгата „Идентитетот е приказна“ од Иван Антоновски appeared first on Република.

]]>

Денеска, на први декември во 12 часот, ќе се одржи промоција на книгата „Идентитетот е приказна“ од Иван Антоновски, во изложбениот салон Галерија ’22 при Центарот за култура „Ацо Шопов“ Штип. „Идентитетот е приказна“ е прва книга во која детално се анализира и вреднува есеистичкото творештво на Стефановски и се оценува како исклучително проучување и на полето на современата македонска книжевна наука и на полето на македонската култура. Инаку, книгата „Идентитетот е приказна“ од Иван Антоновски, според оцените на универзитетскиот професор, писател и книжевен критичар Венко Андоновски е не само пионерско, туку и професионално, методолошки точно поставено проучување на есеистиката на Горан Стефановски.

The post Промоција на книгата „Идентитетот е приказна“ од Иван Антоновски appeared first on Република.

]]>
Вонсериска промоција на првата книга за есеистиката на Горан Стефановски – „Идентитетот е приказна“ https://republika.mk/vesti/kultura/vonseriska-promocija-na-prvata-kniga-za-eseistikata-na-goran-stefanovski-identitetot-e-prikazna/ Sun, 16 Oct 2022 07:13:51 +0000 https://republika.mk/?p=561602

Просторот околу „Клупата на Горан Стефановски“ во Дебар Маало беше претесен за да ги собере сите присутни на промоцијата на книгата „Идентитетот е приказна“ од Иван Антоновски, објавена по повод 70 години од раѓањето на големиот драмски автор и есеист. Универзитетски професори, писатели, актери, режисери, продуценти, ликовни уметници, бизнисмени, политичари, новинари и активисти на граѓанскиот сектор, но најважно – бројни почитувачи на делото на Стефановски дојдоа да го поздрават објавувањето на книгата на Антоновски, кој е прва во која детално се анализира и вреднува неговото есеистичко творештво. Книгата на Антоновски е оценета како исклучително проучување и на полето на современата македонска книжевна наука и на полето на македонската култура, а присутните во долга редица чекаа за да дојдат до својот примерок.

Oва е првиот системски и систематизирачки пристап кон есеистичкиот опус на Горан Стефановски, обезбедувајќи го неопходното формално-критичко вреднување на еден заокружен корпус којшто е неформално валоризиран преку цитатното сеприсуство во дигиталниот и во културниот простор. Следствено, тоа е значаен влог и во рамките на она што авторот Антоновски го именува како горанологија - истакна во промотивната беседа, универзитетската професорка и книжевна критичарка, Марија Ѓорѓиева-Димова.

Таа меѓу другото напомена дека вешто избегнувајќи ги стапиците на тавтолошкото навраќање кон есеите на Стефановски, авторот Иван Антоновски успеал во шесте поглавја методолошки, структурно и стилски приемчиво да ги елаборира семантичките јазли во есеистичкото писмо на Стефановски, издигнувајќи го на рамниште на релевантен предмет на научен интерес и, следствено, придонесувајќи со своето истражување и во македонската книжевна наука.

„Идентитетот е приказна“ не е само книга во којашто се толкува есеистичкиот корпус на еден исклучителен и автентичен интелектуалец. Тоа е и книжевно-научна студија во вистинската смисла на зборот која проникливо, аналитично, аргументирано, но и полемички ги нотира актуелните состојби во книжевната наука, вклучително и македонската, давајќи конкретни предлози за понатамошни истражувања и во однос на есејот, вклучително и македонскиот, и во однос на есеистичкиот опус на Стефановски - нагласи Ѓорѓиева-Димова.

Инаку, водител на програмата беше актерот кој има остварено улоги во речиси сите изведби на драми на Горан Стефановски на македонската сцена – Благоја Чоревски, кој на сцената се појави со култната реплика од „Тетовирани души“: „Иднината никако да дојде, минатото никако да си отиде, а ние овде глумиме сегашност“, при што напомена дека е добро што во сегашноста што ја глумиме, и на ваков начин, достојно со одбележува јубилејот на Горан Стефановски – со прва книга за неговата есеистика.

Кога често се навраќам на многуте изведби на драмските текстови на Горан во кои имам играно, една од репликите што први ми доаѓаат на ум е една од „Диво месо“: „Денес сè се купува и продава. Дури и она кое луѓето мислат нема цена. Тоа обично е и најевтино.“ Но денес, овде, на штандот на издавачката куќа „Полица“ има нешто навистина вредно – книга важна за сите нас - нагласи Чоревски.

На промоцијата одекнаа и фрагменти од есеи на Стефановски со прочит на актерите Енџи Николоска и Никола Настоски, а беа изведени и фрагменти од театарската претстава „За нашиот Горан“ од младите актери од Актерската школа на Весна Петрушевска. Како што беше посочено на настанот, тие се претставници на генерациите заради кои сме обврзани да ги разбереме пораките од есеите на Горан Стефановски, а кои се анализирани во „Идентитетот е приказна“ од Иван Антоновски.

Меѓу другото, на промоцијата беше прочитан и освртот за оваа значајна книга од универзитетскиот професор, писател и книжевен критичар, Венко Андоновски, во кој тој нагласува дека конечно се случи едно не само пионерско, туку и професионално, методолошки точно поставено проучување на Горановата есеистика.

Со еден збор, сјајно напишана научна студија за светлината на нашата драмска книжевност и театар – Горан Стефановски – истакнува Андоновски во освртот.

Настанот беше поддржан од Општината Центар и со свое обраќање се вклучи и градоначалникот, Горан Герасимовски, при што меѓу другото и го цитираше Стефановски: „ни треба макотрпна работа за да ja утврдиме и ускладиме нашата автентична и суверена приказна.“

Посакувам и се надевам денешниов настан да се памети и како едно од културните збиднувања во центарот на Скопје во текот на оваа 2022 година, кога го чествуваме јубилејот, и како настан преку кој се промовира и остварува ново исчитување и вреднување на еден значаен дел од творештвото на нашиот Горан. Kнигата е дел од она што ќе остане и како едно од трајните обележја на јубилејната година, и како референца за нови исчитувања на Горановото творештво - истакна градоначалникот Герасимовски.

Во завршницата на настанот, пред многубројните присутни се обрати и авторот на „Идентитетот е приказна“, Иван Антоновски.

Она што како чувство за идентитет се носи во срцето не се чисти метафори, туку се обврски, ни порачуваше Горан. Затоа што идентитетот е приказна, но и работа и одговорност! Да се исчитаат неговите есеи беше и е обврска кон македонската книжевност и култура, посочи младиот, но докажан и искусен автор, Антоновски.

Есејот на Горан Стефановски, како што нагласи Антоновски, не завршува со три точки, туку со точка или извичник – со конкретна порака и заклучок! Според него, ако суштински ги разбереме Горановите пораки од есеите, тогаш и ќе успееме вистински да ја покажеме нашата приказна – нашата вистина за тоа кои сме биле, кои сме и кои сакаме да бидеме за однапред, како што би рекол Стефановски.

Во своето обраќање, Антоновски фрли ракавица кон книжевните проучувачи за натамошни исчитувања на есеистиката на Горан Стефановски.

Тезите заклучоци, во „Идентитетот е приказна“ ги поставив на мегдан – да бидат потврдени, оспорени или дополнети преку натамошни исчитувања. Впрочем, секоја теза заклучок од ова исчитување со себе носи и отворени прашања и едновремено е и отворен повик за натамошно исчитување – укажување дека исчитувањето на Горановата есеистика, ама и на Горановите драмски текстови не е завршено и дека треба и мора да продолжи- кажа авторот Антоновски.

Имајќи предвид дека првичната верзија на книгата „Идентитетот е приказна“ е негов одбранет магистерски труд посветен на идентитетските прашања и дилеми во есеите на Горан Стефановски, на сцената се појави и менторката на трудот, универзитетската професорка и книжевна критичарка, Весна Мојсова-Чепишевска. Како што истакна таа, Горан не можел да најде подобар соговорник од Иван Антоновски, затоа што ова колку што е дело на Иван Антоновски, толку е и провокација што тој ја нашол читајќи го Горан Стефановски.

По промоцијата, дури во долга редица присутните го чекаа својот примерок од „Идентитетот е приказна“ имаше и дружење со споделување спомени за Стефановски и коментирање за неговите есеи, овозможено од винарската визба „Тиквеш“ како поддржувач на настанот. Притоа, присутните можеа да слушнат и дел од пораките на Стефановски за идентитетот и слободата, но и познатите мелодии зад кои со текст стоеше токму тој.

Инаку, книгата „Идентитетот е приказна“ е објавена од издавачката куќа „Полица“, во соработка со Здружението за промоција и сочувување на културното наследство на Горан Стефановски, а како проект од национален интерес во културата за 2022 година, изданието, финансиски е поддржано од Министерството за култура.

The post Вонсериска промоција на првата книга за есеистиката на Горан Стефановски – „Идентитетот е приказна“ appeared first on Република.

]]>

Просторот околу „Клупата на Горан Стефановски“ во Дебар Маало беше претесен за да ги собере сите присутни на промоцијата на книгата „Идентитетот е приказна“ од Иван Антоновски, објавена по повод 70 години од раѓањето на големиот драмски автор и есеист. Универзитетски професори, писатели, актери, режисери, продуценти, ликовни уметници, бизнисмени, политичари, новинари и активисти на граѓанскиот сектор, но најважно – бројни почитувачи на делото на Стефановски дојдоа да го поздрават објавувањето на книгата на Антоновски, кој е прва во која детално се анализира и вреднува неговото есеистичко творештво. Книгата на Антоновски е оценета како исклучително проучување и на полето на современата македонска книжевна наука и на полето на македонската култура, а присутните во долга редица чекаа за да дојдат до својот примерок.
Oва е првиот системски и систематизирачки пристап кон есеистичкиот опус на Горан Стефановски, обезбедувајќи го неопходното формално-критичко вреднување на еден заокружен корпус којшто е неформално валоризиран преку цитатното сеприсуство во дигиталниот и во културниот простор. Следствено, тоа е значаен влог и во рамките на она што авторот Антоновски го именува како горанологија - истакна во промотивната беседа, универзитетската професорка и книжевна критичарка, Марија Ѓорѓиева-Димова.
Таа меѓу другото напомена дека вешто избегнувајќи ги стапиците на тавтолошкото навраќање кон есеите на Стефановски, авторот Иван Антоновски успеал во шесте поглавја методолошки, структурно и стилски приемчиво да ги елаборира семантичките јазли во есеистичкото писмо на Стефановски, издигнувајќи го на рамниште на релевантен предмет на научен интерес и, следствено, придонесувајќи со своето истражување и во македонската книжевна наука.
„Идентитетот е приказна“ не е само книга во којашто се толкува есеистичкиот корпус на еден исклучителен и автентичен интелектуалец. Тоа е и книжевно-научна студија во вистинската смисла на зборот која проникливо, аналитично, аргументирано, но и полемички ги нотира актуелните состојби во книжевната наука, вклучително и македонската, давајќи конкретни предлози за понатамошни истражувања и во однос на есејот, вклучително и македонскиот, и во однос на есеистичкиот опус на Стефановски - нагласи Ѓорѓиева-Димова.
Инаку, водител на програмата беше актерот кој има остварено улоги во речиси сите изведби на драми на Горан Стефановски на македонската сцена – Благоја Чоревски, кој на сцената се појави со култната реплика од „Тетовирани души“: „Иднината никако да дојде, минатото никако да си отиде, а ние овде глумиме сегашност“, при што напомена дека е добро што во сегашноста што ја глумиме, и на ваков начин, достојно со одбележува јубилејот на Горан Стефановски – со прва книга за неговата есеистика.
Кога често се навраќам на многуте изведби на драмските текстови на Горан во кои имам играно, една од репликите што први ми доаѓаат на ум е една од „Диво месо“: „Денес сè се купува и продава. Дури и она кое луѓето мислат нема цена. Тоа обично е и најевтино.“ Но денес, овде, на штандот на издавачката куќа „Полица“ има нешто навистина вредно – книга важна за сите нас - нагласи Чоревски.
На промоцијата одекнаа и фрагменти од есеи на Стефановски со прочит на актерите Енџи Николоска и Никола Настоски, а беа изведени и фрагменти од театарската претстава „За нашиот Горан“ од младите актери од Актерската школа на Весна Петрушевска. Како што беше посочено на настанот, тие се претставници на генерациите заради кои сме обврзани да ги разбереме пораките од есеите на Горан Стефановски, а кои се анализирани во „Идентитетот е приказна“ од Иван Антоновски. Меѓу другото, на промоцијата беше прочитан и освртот за оваа значајна книга од универзитетскиот професор, писател и книжевен критичар, Венко Андоновски, во кој тој нагласува дека конечно се случи едно не само пионерско, туку и професионално, методолошки точно поставено проучување на Горановата есеистика. Со еден збор, сјајно напишана научна студија за светлината на нашата драмска книжевност и театар – Горан Стефановски – истакнува Андоновски во освртот. Настанот беше поддржан од Општината Центар и со свое обраќање се вклучи и градоначалникот, Горан Герасимовски, при што меѓу другото и го цитираше Стефановски: „ни треба макотрпна работа за да ja утврдиме и ускладиме нашата автентична и суверена приказна.“
Посакувам и се надевам денешниов настан да се памети и како едно од културните збиднувања во центарот на Скопје во текот на оваа 2022 година, кога го чествуваме јубилејот, и како настан преку кој се промовира и остварува ново исчитување и вреднување на еден значаен дел од творештвото на нашиот Горан. Kнигата е дел од она што ќе остане и како едно од трајните обележја на јубилејната година, и како референца за нови исчитувања на Горановото творештво - истакна градоначалникот Герасимовски.
Во завршницата на настанот, пред многубројните присутни се обрати и авторот на „Идентитетот е приказна“, Иван Антоновски. Она што како чувство за идентитет се носи во срцето не се чисти метафори, туку се обврски, ни порачуваше Горан. Затоа што идентитетот е приказна, но и работа и одговорност! Да се исчитаат неговите есеи беше и е обврска кон македонската книжевност и култура, посочи младиот, но докажан и искусен автор, Антоновски. Есејот на Горан Стефановски, како што нагласи Антоновски, не завршува со три точки, туку со точка или извичник – со конкретна порака и заклучок! Според него, ако суштински ги разбереме Горановите пораки од есеите, тогаш и ќе успееме вистински да ја покажеме нашата приказна – нашата вистина за тоа кои сме биле, кои сме и кои сакаме да бидеме за однапред, како што би рекол Стефановски. Во своето обраќање, Антоновски фрли ракавица кон книжевните проучувачи за натамошни исчитувања на есеистиката на Горан Стефановски.
Тезите заклучоци, во „Идентитетот е приказна“ ги поставив на мегдан – да бидат потврдени, оспорени или дополнети преку натамошни исчитувања. Впрочем, секоја теза заклучок од ова исчитување со себе носи и отворени прашања и едновремено е и отворен повик за натамошно исчитување – укажување дека исчитувањето на Горановата есеистика, ама и на Горановите драмски текстови не е завршено и дека треба и мора да продолжи- кажа авторот Антоновски.
Имајќи предвид дека првичната верзија на книгата „Идентитетот е приказна“ е негов одбранет магистерски труд посветен на идентитетските прашања и дилеми во есеите на Горан Стефановски, на сцената се појави и менторката на трудот, универзитетската професорка и книжевна критичарка, Весна Мојсова-Чепишевска. Како што истакна таа, Горан не можел да најде подобар соговорник од Иван Антоновски, затоа што ова колку што е дело на Иван Антоновски, толку е и провокација што тој ја нашол читајќи го Горан Стефановски. По промоцијата, дури во долга редица присутните го чекаа својот примерок од „Идентитетот е приказна“ имаше и дружење со споделување спомени за Стефановски и коментирање за неговите есеи, овозможено од винарската визба „Тиквеш“ како поддржувач на настанот. Притоа, присутните можеа да слушнат и дел од пораките на Стефановски за идентитетот и слободата, но и познатите мелодии зад кои со текст стоеше токму тој. Инаку, книгата „Идентитетот е приказна“ е објавена од издавачката куќа „Полица“, во соработка со Здружението за промоција и сочувување на културното наследство на Горан Стефановски, а како проект од национален интерес во културата за 2022 година, изданието, финансиски е поддржано од Министерството за култура.

The post Вонсериска промоција на првата книга за есеистиката на Горан Стефановски – „Идентитетот е приказна“ appeared first on Република.

]]>
На Клупата на Горан Стефановски во Дебар Маало: Промоција на книгата „Идентитетот е приказна“ https://republika.mk/vesti/kultura/na-klupata-na-goran-stefanovski-vo-debar-maalo-promocija-na-knigata-identitetot-e-prikazna/ Sat, 15 Oct 2022 08:56:39 +0000 https://republika.mk/?p=561361

По повод 70 години од раѓањето на нашиот голем драмски писател Горан Стефановски, денеска ќе се одржи промоција на книгата „Идентитетот е приказна“ од Иван Антоновски.

„Идентитетот е приказна“ е прва книга во која детално се анализира и вреднува есеистичкото творештво на Стефановски и се оценува како исклучително проучување и на полето на современата македонска книжевна наука и на полето на македонската култура.

Промоторка на книгата ќе биде проф. д-р Марија Ѓорѓиева-Димова, а водител на промоцијата ќе биде актерот Благоја Чоревски, кој има остварено улоги во речиси сите изведби на драми на Горан Стефановски на нашата театарска сцена.

На настанот ќе се слушнат и фрагменти од есеите на Стефановски, кои ќе ги читаат актерите Енџи Николоска и Никола Настоски. Исто така, ќе бидат прочитани и фрагменти од неговиот последен, тестаментален есеј – „Искрата што се измолкнува (наративи помеѓу чеканот и наковалната)“, објавен меѓу кориците на „Идентитетот е приказна“.

Со изведба на фрагменти од театарската претстава „За нашиот Горан“, на промоцијата ќе учествуваат и деца од Актерската школа на Весна Петрушевска, како претставници на генерациите заради кои денес треба да се разберат голем дел од пораките во есеите на Стефановски, анализирани во книгата.

Објавувањето на оваа книга е остварено во соработка со Здружението за промоција и зачувување на културното наследство на Горан Стефановски, а со поддршка од Министерството за култура, како проект од национален интерес.

Промоцијата на книгата „Идентитетот е приказна“ е со поддршка од Општината Центар и на настанот ќе се обрати и градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски.

Во рамките на настанот е предвидено и дружење на присутните со споделување спомени за Горан Стефановски и разговори за книгата „Идентитетот е приказна“, овозможено со поддршка од винарската визба „Тиквеш“.

Инаку, книгата „Идентитетот е приказна“ од Иван Антоновски, според оцените на универзитетскиот професор, писател и книжевен критичар Венко Андоновски е не само пионерско, туку и професионално, методолошки точно поставено проучување на есеистиката на Горан Стефановски.

– Студијата на Антоновски е методолошки чиста, инвентивна, јасна и дескриптивно-остензивна. Со еден збор, сјајно напишана научна студија за светлината на нашата драмска книжевност и театар – Горан Стефановски. – истакнува Андоновски во изданието.

Според оцените на универзитетската професорка и книжевна критичарка, Весна Мојсова-Чепишевска, книгата „Идентитетот е приказна“ е студиозна и високо книжевно-критичка анализа на есеистичкото творештво на Горан Стефановски, која покажува дека тоа творештво може да се чита од повеќе аспекти релевантни не само за книжевната наука, туку и за културологијата во поширока рамка, а кои се веќе референтни и за македонската книжевна историја.

– Низ еден извонреден дијалог со есеите на Стефановски засилен со исклучителен број научно-истражувачки места, оваа книга дава одличен импулс во книжевно-теориските истражувања на некои актуелни и нови теми и проблеми на македонското творештво. Верувам дека оваа книга ќе поттикне и нови согледби за оваа проблематика, како и дека ќе поттикне и отвори низа други прашања кои може да станат појдовни точки за некои понатамошни, нови истражувања на полето на македонската книжевност и македонската култура.“ – констатира Мојсова-Чепишевска.

Настанот во сабота, крај „Клупата на Горан Стефановски“ ќе биде прва промоција на книгата „Идентитетот е приказна“ откако таа веќе е достапна за читателите во книжарницата на „Полица“ во Скопје, а наскоро ќе биде достапна и во другите поголеми книжарници во земјата.

The post На Клупата на Горан Стефановски во Дебар Маало: Промоција на книгата „Идентитетот е приказна“ appeared first on Република.

]]>

По повод 70 години од раѓањето на нашиот голем драмски писател Горан Стефановски, денеска ќе се одржи промоција на книгата „Идентитетот е приказна“ од Иван Антоновски. „Идентитетот е приказна“ е прва книга во која детално се анализира и вреднува есеистичкото творештво на Стефановски и се оценува како исклучително проучување и на полето на современата македонска книжевна наука и на полето на македонската култура. Промоторка на книгата ќе биде проф. д-р Марија Ѓорѓиева-Димова, а водител на промоцијата ќе биде актерот Благоја Чоревски, кој има остварено улоги во речиси сите изведби на драми на Горан Стефановски на нашата театарска сцена. На настанот ќе се слушнат и фрагменти од есеите на Стефановски, кои ќе ги читаат актерите Енџи Николоска и Никола Настоски. Исто така, ќе бидат прочитани и фрагменти од неговиот последен, тестаментален есеј – „Искрата што се измолкнува (наративи помеѓу чеканот и наковалната)“, објавен меѓу кориците на „Идентитетот е приказна“. Со изведба на фрагменти од театарската претстава „За нашиот Горан“, на промоцијата ќе учествуваат и деца од Актерската школа на Весна Петрушевска, како претставници на генерациите заради кои денес треба да се разберат голем дел од пораките во есеите на Стефановски, анализирани во книгата. Објавувањето на оваа книга е остварено во соработка со Здружението за промоција и зачувување на културното наследство на Горан Стефановски, а со поддршка од Министерството за култура, како проект од национален интерес. Промоцијата на книгата „Идентитетот е приказна“ е со поддршка од Општината Центар и на настанот ќе се обрати и градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски. Во рамките на настанот е предвидено и дружење на присутните со споделување спомени за Горан Стефановски и разговори за книгата „Идентитетот е приказна“, овозможено со поддршка од винарската визба „Тиквеш“. Инаку, книгата „Идентитетот е приказна“ од Иван Антоновски, според оцените на универзитетскиот професор, писател и книжевен критичар Венко Андоновски е не само пионерско, туку и професионално, методолошки точно поставено проучување на есеистиката на Горан Стефановски. – Студијата на Антоновски е методолошки чиста, инвентивна, јасна и дескриптивно-остензивна. Со еден збор, сјајно напишана научна студија за светлината на нашата драмска книжевност и театар – Горан Стефановски. – истакнува Андоновски во изданието. Според оцените на универзитетската професорка и книжевна критичарка, Весна Мојсова-Чепишевска, книгата „Идентитетот е приказна“ е студиозна и високо книжевно-критичка анализа на есеистичкото творештво на Горан Стефановски, која покажува дека тоа творештво може да се чита од повеќе аспекти релевантни не само за книжевната наука, туку и за културологијата во поширока рамка, а кои се веќе референтни и за македонската книжевна историја. – Низ еден извонреден дијалог со есеите на Стефановски засилен со исклучителен број научно-истражувачки места, оваа книга дава одличен импулс во книжевно-теориските истражувања на некои актуелни и нови теми и проблеми на македонското творештво. Верувам дека оваа книга ќе поттикне и нови согледби за оваа проблематика, како и дека ќе поттикне и отвори низа други прашања кои може да станат појдовни точки за некои понатамошни, нови истражувања на полето на македонската книжевност и македонската култура.“ – констатира Мојсова-Чепишевска. Настанот во сабота, крај „Клупата на Горан Стефановски“ ќе биде прва промоција на книгата „Идентитетот е приказна“ откако таа веќе е достапна за читателите во книжарницата на „Полица“ во Скопје, а наскоро ќе биде достапна и во другите поголеми книжарници во земјата.  

The post На Клупата на Горан Стефановски во Дебар Маало: Промоција на книгата „Идентитетот е приказна“ appeared first on Република.

]]>
По повод 70 години од раѓањето на Горан Стефановски објавена е „Идентитетот е приказна“ од Иван Антоновски https://republika.mk/vesti/kultura/po-povod-70-godini-od-ragjanjeto-na-goran-stefanovski-objavena-e-identitetot-e-prikazna-od-ivan-antonovski/ Tue, 04 Oct 2022 08:55:26 +0000 https://republika.mk/?p=557145

По повод 70 години од раѓањето на Горан Стефановски, издавачката куќа „Полица“ ја објави книгата „Идентитетот е приказна“ од Иван Антоновски. Ова е прва книга во која детално се анализира и вреднува есеистичкото творештво на Стефановски и во македонската книжевна наука надоместува прочит и вреднување на исклучително важен дел од опусот на еден од најзначајните македонски автори.

Покрај научната студија на Антоновски, во книгата, која е издадена во соработка со Здружението за промоција и зачувување на културното наследство на Горан Стефановски, објавен е и последниот, тестаментален есеј на Стефановски – „Искрата што се измолкнува (наративи помеѓу чеканот и наковалната)“.

–Еве, конечно, едно не само пионерско, туку и професионално, методолошки точно поставено проучување на Горановата есеистика. Имено, таа методолошка „десетка во целта“ лежи во сфаќањето на Иван Антоновски дека „есејот на Горан Стефановски може да биде метажанр“ во однос на неговите пиеси. Кај големите автори, впрочем, есејот е секогаш метажанр на нивната уметност: доволно е да се сетиме на Милан Кундера и на неговата есеистика, но и на неговите есеистички фрактали инкорпорирани во неговите романи. Кај Горан Стефановски е исто: сите негови драми се, всушност, есеи за идентитетот (прекодирани генолошки во драмска форма), што значи – приказни што инвестираат во идентитетските темели на македонската култура. Еднакво, и есеите му се драматизирани размисли над идентитетот и над драмскиот чин воопшто, пишува за оваа книга, универзитетскиот професор, писател и книжевен критичар, Венко Андоновски.

Според неговите оцени, во „Идентитетот е приказна“, Иван Антоновски беспрекорно ја покажува таа семио-осмоза меѓу драмите и есеите на Стефановски.

Неговата студија е методолошки чиста, инвентивна, јасна и дескриптивно-остензивна. Со еден збор, сјајно напишана научна студија за светлината на нашата драмска книжевност и театар – Горан Стефановски, истакнува Андоновски во изданието.

Во книгата Антоновски констатира дека есеистичкиот текст на Стефановски со своите особености ги надминува досегашните теориски одредби за есејот, по што користи хибриден теориско-критички пристап за да може да се дојде до можни, но и реални одговори на дел од низата прашања отворени со оваа прва толку темелна анализа на есеистиката на големиот македонски драмски писател, но и есеист.

Тој не само што во книгата лесно, ама прецизно ги вткајува користените извори и претходните теориски прочити клучни за анализа на есеистички текстови, туку и постојано води исклучително мудар и провокативен дијалог со големиот промислувач Горан Стефановски. И како што е нагласено во рецензијата на книгата, „ова израснува во дијалог на (книжевен) син и татко!“ Срцевината на книгата се поглавјето во кое се третира поетиката на есеите на Стефановски, при што од Антоновски тие, за првпат се класифицирани како одделен тип есеј (што би можело да биде предмет и на вистински полемики) и поглавјето во кое се истражува, односно објаснува поимот „Идентитетот е приказна…“.

Антоновски, потоа, вниманието го насочува и кон одделни прашања и дилеми поврзани со идентитетот, присутни во есејот на Стефановски, претставувајќи ги и преку своевиден мини-каталог.

Оваа студиозна и високо книжевно-критичка анализа на есеистичкото творештво на Горан Стефановски покажува дека тоа творештво може да се чита од повеќе аспекти, коишто се релевантни не само за книжевната наука, туку и за културологијата во поширока рамка, а кои се веќе референтни и за македонската книжевна историја, посочува во рецензијата за книгата, универзитетската професорка и книжевна критичарка, Весна Мојсова-Чепишевска.

Според нејзините оцени, книгата „Идентитетот е приказна“ од Иван Антоновски е исклучително проучување и на полето на современата македонска книжевна наука и на полето на македонската култура.

Низ еден извонреден дијалог со есеите на Стефановски засилен со исклучителен број научно-истражувачки места, оваа книга дава одличен импулс во книжевно-теориските истражувања на некои актуелни и нови теми и проблеми на македонското творештво. Верувам дека оваа книга ќе поттикне и нови согледби за ова проблематика, како и дека ќе поттикне и отвори низа други прашања кои може да станат појдовни точки за некои понатамошни, нови истражувања на полето на македонската книжевност и македонската култура, констатира Мојсова-Чепишевска.

Инаку, Иван Антоновски е млад, но искусен и докажан автор, кој зад себе веќе има неколку публикации, а од крајот на 2021 година е асистент на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ. Првичната верзија на книгата „Идентитетот е приказна“ беше негов магистерски труд, со кој оствари обид за прочит и вреднување на есеистиката на Горан Стефановски.

Објавувањето на книгата „Идентитетот е приказна“ е остварено со поддршка од Министерството за култура.

Книгата веќе е достапна за читателите во книжарницата на „Полица“ во Скопје, а наскоро ќе ја има и во другите поголеми книжарници во земјата.

The post По повод 70 години од раѓањето на Горан Стефановски објавена е „Идентитетот е приказна“ од Иван Антоновски appeared first on Република.

]]>

По повод 70 години од раѓањето на Горан Стефановски, издавачката куќа „Полица“ ја објави книгата „Идентитетот е приказна“ од Иван Антоновски. Ова е прва книга во која детално се анализира и вреднува есеистичкото творештво на Стефановски и во македонската книжевна наука надоместува прочит и вреднување на исклучително важен дел од опусот на еден од најзначајните македонски автори. Покрај научната студија на Антоновски, во книгата, која е издадена во соработка со Здружението за промоција и зачувување на културното наследство на Горан Стефановски, објавен е и последниот, тестаментален есеј на Стефановски – „Искрата што се измолкнува (наративи помеѓу чеканот и наковалната)“.
–Еве, конечно, едно не само пионерско, туку и професионално, методолошки точно поставено проучување на Горановата есеистика. Имено, таа методолошка „десетка во целта“ лежи во сфаќањето на Иван Антоновски дека „есејот на Горан Стефановски може да биде метажанр“ во однос на неговите пиеси. Кај големите автори, впрочем, есејот е секогаш метажанр на нивната уметност: доволно е да се сетиме на Милан Кундера и на неговата есеистика, но и на неговите есеистички фрактали инкорпорирани во неговите романи. Кај Горан Стефановски е исто: сите негови драми се, всушност, есеи за идентитетот (прекодирани генолошки во драмска форма), што значи – приказни што инвестираат во идентитетските темели на македонската култура. Еднакво, и есеите му се драматизирани размисли над идентитетот и над драмскиот чин воопшто, пишува за оваа книга, универзитетскиот професор, писател и книжевен критичар, Венко Андоновски.
Според неговите оцени, во „Идентитетот е приказна“, Иван Антоновски беспрекорно ја покажува таа семио-осмоза меѓу драмите и есеите на Стефановски.
Неговата студија е методолошки чиста, инвентивна, јасна и дескриптивно-остензивна. Со еден збор, сјајно напишана научна студија за светлината на нашата драмска книжевност и театар – Горан Стефановски, истакнува Андоновски во изданието.
Во книгата Антоновски констатира дека есеистичкиот текст на Стефановски со своите особености ги надминува досегашните теориски одредби за есејот, по што користи хибриден теориско-критички пристап за да може да се дојде до можни, но и реални одговори на дел од низата прашања отворени со оваа прва толку темелна анализа на есеистиката на големиот македонски драмски писател, но и есеист. Тој не само што во книгата лесно, ама прецизно ги вткајува користените извори и претходните теориски прочити клучни за анализа на есеистички текстови, туку и постојано води исклучително мудар и провокативен дијалог со големиот промислувач Горан Стефановски. И како што е нагласено во рецензијата на книгата, „ова израснува во дијалог на (книжевен) син и татко!“ Срцевината на книгата се поглавјето во кое се третира поетиката на есеите на Стефановски, при што од Антоновски тие, за првпат се класифицирани како одделен тип есеј (што би можело да биде предмет и на вистински полемики) и поглавјето во кое се истражува, односно објаснува поимот „Идентитетот е приказна…“. Антоновски, потоа, вниманието го насочува и кон одделни прашања и дилеми поврзани со идентитетот, присутни во есејот на Стефановски, претставувајќи ги и преку своевиден мини-каталог.
Оваа студиозна и високо книжевно-критичка анализа на есеистичкото творештво на Горан Стефановски покажува дека тоа творештво може да се чита од повеќе аспекти, коишто се релевантни не само за книжевната наука, туку и за културологијата во поширока рамка, а кои се веќе референтни и за македонската книжевна историја, посочува во рецензијата за книгата, универзитетската професорка и книжевна критичарка, Весна Мојсова-Чепишевска.
Според нејзините оцени, книгата „Идентитетот е приказна“ од Иван Антоновски е исклучително проучување и на полето на современата македонска книжевна наука и на полето на македонската култура.
Низ еден извонреден дијалог со есеите на Стефановски засилен со исклучителен број научно-истражувачки места, оваа книга дава одличен импулс во книжевно-теориските истражувања на некои актуелни и нови теми и проблеми на македонското творештво. Верувам дека оваа книга ќе поттикне и нови согледби за ова проблематика, како и дека ќе поттикне и отвори низа други прашања кои може да станат појдовни точки за некои понатамошни, нови истражувања на полето на македонската книжевност и македонската култура, констатира Мојсова-Чепишевска.
Инаку, Иван Антоновски е млад, но искусен и докажан автор, кој зад себе веќе има неколку публикации, а од крајот на 2021 година е асистент на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ. Првичната верзија на книгата „Идентитетот е приказна“ беше негов магистерски труд, со кој оствари обид за прочит и вреднување на есеистиката на Горан Стефановски. Објавувањето на книгата „Идентитетот е приказна“ е остварено со поддршка од Министерството за култура. Книгата веќе е достапна за читателите во книжарницата на „Полица“ во Скопје, а наскоро ќе ја има и во другите поголеми книжарници во земјата.  

The post По повод 70 години од раѓањето на Горан Стефановски објавена е „Идентитетот е приказна“ од Иван Антоновски appeared first on Република.

]]>
Прв голем научен собир посветен на Иљоски, Стефановски и граматиката од Конески, по повод значајните јубилеи https://republika.mk/vesti/kultura/prv-golem-nauchen-sobir-posveten-na-iljoski-stefanovski-i-gramatikata-od-koneski-po-povod-znachajnite-jubilei/ Sat, 03 Sep 2022 13:55:00 +0000 https://republika.mk/?p=547093

Осумдесетина македонисти, слависти и балканисти од над 20 институции од земјата и од странство ќе учествуваат на 49. Меѓународна научна конференција на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ), којашто утре и задутре ќе се одржи во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид. Најголемиот дел од нив ќе ги изложат резултатите од своите истражувања на носечките теми на Конференцијата – творештвото на Васил Иљоски и творештвото на Горан Стефановски, по повод јубилеите – 120 години од раѓањето на Иљоски и 70 години од раѓањето на Стефановски, како и „Граматиката на македонскиот литературен јазик“ од Блаже Конески, по повод 70 години од нејзиното објавување. Впрочем, годинешното издание на традиционалната конференција на МСМЈЛК при УКИМ е и прв голем научен собир на којшто годинава акцент се става на творештвото на Иљоски и Стефановски, како и на граматиката од Конески, по повод значајните јубилеи.

„Поаѓајќи од речиси полувековната традиција на оваа конференција, во рамките на нашата мисија како Семинар, ние имаме и обврска да поттикнуваме на истражувања и научни потфати на македонските и странските истражувачи, коишто ќе фрлат нова светлина врз клучните остварувања за македонскиот јазик, литература и култура, притоа отворајќи нови теми и презентирајќи нови научни согледби и заклучоци. Драго ни е што годинава, следејќи ја традицијата одделно внимание да се посветува на остварувањата поврзани со значајни јубилеи, по долг период од речиси две децении, вниманието на книжевната наука повторно ќе го свртиме и кон опусот на Васил Иљоски. Со трудовите коишто ќе бидат презентирани ќе се случат нови исчитувања и вреднувања на творештвото на Иљоски, а за првпат ќе бидат презентирани и некои негови досега непознати остварувања. Но, исто толку е важно и што за првпат по заокружувањето на опусот на Горан Стефановски, на научна конференција ќе се случи ново научно осврнување на неговиот опус, при што покрај новите исчитувања на неговите драмски текстови и нивното вреднување како пресвртен чин во историјата на македонската драма ќе се говори за Стефановски и како културен деец и придвижник, имајќи ги предвид и неговите есеистички текстови, но и неговата мисла и ерудиција заведочена во неговиот јавен настап.“ – истакнува директорката на МСМЈЛК при УКИМ, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска.

Овие јубилеи, меѓу другото, беа во фокусот и на 55. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ којашто заврши вчера, но како што напоменува Мојсова-Чепишевска, преку Меѓународната научна конференција, МСМЈЛК при УКИМ ќе оствари влог и во испишувањето на новите страници на македонската книжевна историја.

„’Граматиката на македонскиот литературен јазик’ од Блаже Конески е дело-темелник, не само за нашата лингвистика, туку и за нашиот идентитет. Затоа, иако минатата година, по повод 100 години од неговото раѓање, Конференцијата во целост му беше посветена на Конески, важно е што и годинава му посветуваме одделно внимание, во рамките на лингвистичката секција. Конески е нулта точка на нашата култура и ние сме должни во рамките на научната актива да му посветуваме внимание не само поводно, туку суштински, темелито, со постојани навраќања... Затоа, драго ни е што преку оваа, 49. Меѓународна научна конференција, уште еднаш ќе се потврди дека е така, имајќи ги предвид новите научни трудови на колегите-лингвисти, коишто ќе бидат презентирани.“ – нагласува директорката на МСМЈЛК при УКИМ.

Инаку, на Конференцијата ќе бидат опфатени и традициналните теми „Македонскиот јазик наспроти другите јазици“ и „Македонската литература и култура наспрема другите литератури и култури“, коишто како што нагласува Мојсова-Чепишевска, овозможуваат низ научна диоптрија да се коментираат спецификите и посебноста на македонскиот јазичен, литературен и севкупно културен идентитет.

Свеченото отворање на Конференцијата ќе се одржи утре, при што ќе биде промовиран и зборникот од минагодоишното издание на Конференција, во којшто на речиси 650 страници се објавени научни трудови од близу 50 научници и истражувачи – за делото на Блаже Конески и за македонскиот јазик, литература и култура. Впрочем, овој зборник е еден од најобемните посветени на Конески, објавени изминатиов период. Промотори на Зборникот ќе бидат минатогодишните координатори на секциите на Конференцијата, проф. д-р Станислава-Сташа Тофоска и проф. д-р Трајче Стамески.

На свеченото отворање ќе биде промовирана и книгата „Македонская литература XX-начала XXI века. Очерки истории“ од академик Ала Шешкен, којашто важи за еден од најдобрите странски познавачи на современата македонска книжевност. Оваа најнова книга на Шешкен е знчаен прилог за македонската книжевна историја. За неа, промотивна реч ќе одржи проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска. Претходно, книгата беше промовирана и на 55. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ.

По отворањето, на Конференцијата, паралелно ќе се одвива работата на лингвистичката секција и на секцијата за литература и култура. Во текот на првиот конференциски ден, акцент ќе биде ставен на темите поврзани со граматиката од Конески и опусот на Иљоски и Стефановски, како и на теми поврзани со јазикот во драмските текстови, со коишто ќе се оствари и лингвистички влог во вреднувањето на достинствата на македонската драма. Во текот на вториот конференциски ден, вниманието ќе биде насочено кон традиционалните теми „Македонскиот јазик наспроти другите јазици“ и „Македонската литература и култура наспрема другите литератури и култури“. Клучно, на Конференцијата се очекува и плодотворна дискусија којашто ќе мотивира и на натамошни научни потфати.

Кооординаторки на лингвистичката секција на Конференцијата се проф. д-р Елена Јованова-Грујовска и проф. д-р Лидија Тантуровска од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, а на секцијата за литература и култура, координаторка е проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева од Институтот за македонска литература.

Од Конференцијата ќе биде објавен и зборник, којшто се очекува да биде една од најзначајните научни публикации за делото на културните дејци коишто се во фокусот на ова конференциско издание.

The post Прв голем научен собир посветен на Иљоски, Стефановски и граматиката од Конески, по повод значајните јубилеи appeared first on Република.

]]>

Осумдесетина македонисти, слависти и балканисти од над 20 институции од земјата и од странство ќе учествуваат на 49. Меѓународна научна конференција на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ), којашто утре и задутре ќе се одржи во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид. Најголемиот дел од нив ќе ги изложат резултатите од своите истражувања на носечките теми на Конференцијата – творештвото на Васил Иљоски и творештвото на Горан Стефановски, по повод јубилеите – 120 години од раѓањето на Иљоски и 70 години од раѓањето на Стефановски, како и „Граматиката на македонскиот литературен јазик“ од Блаже Конески, по повод 70 години од нејзиното објавување. Впрочем, годинешното издание на традиционалната конференција на МСМЈЛК при УКИМ е и прв голем научен собир на којшто годинава акцент се става на творештвото на Иљоски и Стефановски, како и на граматиката од Конески, по повод значајните јубилеи.
„Поаѓајќи од речиси полувековната традиција на оваа конференција, во рамките на нашата мисија како Семинар, ние имаме и обврска да поттикнуваме на истражувања и научни потфати на македонските и странските истражувачи, коишто ќе фрлат нова светлина врз клучните остварувања за македонскиот јазик, литература и култура, притоа отворајќи нови теми и презентирајќи нови научни согледби и заклучоци. Драго ни е што годинава, следејќи ја традицијата одделно внимание да се посветува на остварувањата поврзани со значајни јубилеи, по долг период од речиси две децении, вниманието на книжевната наука повторно ќе го свртиме и кон опусот на Васил Иљоски. Со трудовите коишто ќе бидат презентирани ќе се случат нови исчитувања и вреднувања на творештвото на Иљоски, а за првпат ќе бидат презентирани и некои негови досега непознати остварувања. Но, исто толку е важно и што за првпат по заокружувањето на опусот на Горан Стефановски, на научна конференција ќе се случи ново научно осврнување на неговиот опус, при што покрај новите исчитувања на неговите драмски текстови и нивното вреднување како пресвртен чин во историјата на македонската драма ќе се говори за Стефановски и како културен деец и придвижник, имајќи ги предвид и неговите есеистички текстови, но и неговата мисла и ерудиција заведочена во неговиот јавен настап.“ – истакнува директорката на МСМЈЛК при УКИМ, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска.
Овие јубилеи, меѓу другото, беа во фокусот и на 55. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ којашто заврши вчера, но како што напоменува Мојсова-Чепишевска, преку Меѓународната научна конференција, МСМЈЛК при УКИМ ќе оствари влог и во испишувањето на новите страници на македонската книжевна историја.
„’Граматиката на македонскиот литературен јазик’ од Блаже Конески е дело-темелник, не само за нашата лингвистика, туку и за нашиот идентитет. Затоа, иако минатата година, по повод 100 години од неговото раѓање, Конференцијата во целост му беше посветена на Конески, важно е што и годинава му посветуваме одделно внимание, во рамките на лингвистичката секција. Конески е нулта точка на нашата култура и ние сме должни во рамките на научната актива да му посветуваме внимание не само поводно, туку суштински, темелито, со постојани навраќања... Затоа, драго ни е што преку оваа, 49. Меѓународна научна конференција, уште еднаш ќе се потврди дека е така, имајќи ги предвид новите научни трудови на колегите-лингвисти, коишто ќе бидат презентирани.“ – нагласува директорката на МСМЈЛК при УКИМ.
Инаку, на Конференцијата ќе бидат опфатени и традициналните теми „Македонскиот јазик наспроти другите јазици“ и „Македонската литература и култура наспрема другите литератури и култури“, коишто како што нагласува Мојсова-Чепишевска, овозможуваат низ научна диоптрија да се коментираат спецификите и посебноста на македонскиот јазичен, литературен и севкупно културен идентитет. Свеченото отворање на Конференцијата ќе се одржи утре, при што ќе биде промовиран и зборникот од минагодоишното издание на Конференција, во којшто на речиси 650 страници се објавени научни трудови од близу 50 научници и истражувачи – за делото на Блаже Конески и за македонскиот јазик, литература и култура. Впрочем, овој зборник е еден од најобемните посветени на Конески, објавени изминатиов период. Промотори на Зборникот ќе бидат минатогодишните координатори на секциите на Конференцијата, проф. д-р Станислава-Сташа Тофоска и проф. д-р Трајче Стамески. На свеченото отворање ќе биде промовирана и книгата „Македонская литература XX-начала XXI века. Очерки истории“ од академик Ала Шешкен, којашто важи за еден од најдобрите странски познавачи на современата македонска книжевност. Оваа најнова книга на Шешкен е знчаен прилог за македонската книжевна историја. За неа, промотивна реч ќе одржи проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска. Претходно, книгата беше промовирана и на 55. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ. По отворањето, на Конференцијата, паралелно ќе се одвива работата на лингвистичката секција и на секцијата за литература и култура. Во текот на првиот конференциски ден, акцент ќе биде ставен на темите поврзани со граматиката од Конески и опусот на Иљоски и Стефановски, како и на теми поврзани со јазикот во драмските текстови, со коишто ќе се оствари и лингвистички влог во вреднувањето на достинствата на македонската драма. Во текот на вториот конференциски ден, вниманието ќе биде насочено кон традиционалните теми „Македонскиот јазик наспроти другите јазици“ и „Македонската литература и култура наспрема другите литератури и култури“. Клучно, на Конференцијата се очекува и плодотворна дискусија којашто ќе мотивира и на натамошни научни потфати. Кооординаторки на лингвистичката секција на Конференцијата се проф. д-р Елена Јованова-Грујовска и проф. д-р Лидија Тантуровска од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, а на секцијата за литература и култура, координаторка е проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева од Институтот за македонска литература. Од Конференцијата ќе биде објавен и зборник, којшто се очекува да биде една од најзначајните научни публикации за делото на културните дејци коишто се во фокусот на ова конференциско издание.

The post Прв голем научен собир посветен на Иљоски, Стефановски и граматиката од Конески, по повод значајните јубилеи appeared first on Република.

]]>
Во театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп премиера на „Дупло дно“ од Горан Стефановски https://republika.mk/vesti/kultura/vo-teatarot-vojdan-chernodrinski-vo-prilep-premiera-na-duplo-dno-od-goran-stefanovski/ Fri, 27 May 2022 07:40:57 +0000 https://republika.mk/?p=507455

Вечерва во 20 часот на сцената од театарот „Војдан Чернодрински“ премиерно ќе биде изведена претставата „Дупло дно“ од Горан Стефановски, во режија, дизајн на сцена и костими на Наташа Поплавска.

Ова и трета соработка на Поплавска со прилепскиот театар, и втор текст од Стефановски што го поставува на сцената од театарот.

Композитор на музиката е Ристо Вртев, кој првпат соработува со прилепскиот театар, драматург е Ивана Нелковска, за дизјанот на светлото е задолжен Милчо Александров, а автор на плакатот е Бојана Артиновска – Трпческа.

Во претставата играат Катерина Клинческа Чакмакоска, Даниела Иваноска, Димитар Ѓорѓиевски, Игор Трпчески, Зоран Иваноски, Михајло Миленкоски, а музичари се Томе Темелкоски, Методија Костоски, Ана Митоска и Филип Јездиќ.

The post Во театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп премиера на „Дупло дно“ од Горан Стефановски appeared first on Република.

]]>

Вечерва во 20 часот на сцената од театарот „Војдан Чернодрински“ премиерно ќе биде изведена претставата „Дупло дно“ од Горан Стефановски, во режија, дизајн на сцена и костими на Наташа Поплавска. Ова и трета соработка на Поплавска со прилепскиот театар, и втор текст од Стефановски што го поставува на сцената од театарот. Композитор на музиката е Ристо Вртев, кој првпат соработува со прилепскиот театар, драматург е Ивана Нелковска, за дизјанот на светлото е задолжен Милчо Александров, а автор на плакатот е Бојана Артиновска – Трпческа. Во претставата играат Катерина Клинческа Чакмакоска, Даниела Иваноска, Димитар Ѓорѓиевски, Игор Трпчески, Зоран Иваноски, Михајло Миленкоски, а музичари се Томе Темелкоски, Методија Костоски, Ана Митоска и Филип Јездиќ.  

The post Во театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп премиера на „Дупло дно“ од Горан Стефановски appeared first on Република.

]]>