Српската православна црква (СПЦ) донира 100.000 евра за најзагрозените семејства од поплавите во Босна и Херцеговина.
Српскиот патријарх Порфирије дал наредба на Религиозното добротворно старателство во Белград, добротворна организација која работи во рамките на СПЦ, да испрати еднократна финансиска помош во износ од 100.000 евра за најзагрозените семејства од поплавите во БиХ преку Епархијата Захум и Херцеговина.
https://republika.mk/vesti/balkan/apokaliptichni-stseni-vo-bih-dvaeset-litsa-mrtvi-bremena-zhena-go-izgubi-bebeto-vodata-nosi-kuki-polni-so-luge-vojkata-na-noze/
Од Српската православна црква соопштија дека помошта ќе се дели без разлика на верската и националната припадност на настраданите.
The post Помош од СПЦ од 100.000 евра за најзагрозените семејства од поплавите во Босна и Херцеговина appeared first on Република.
]]>The post Помош од СПЦ од 100.000 евра за најзагрозените семејства од поплавите во Босна и Херцеговина appeared first on Република.
]]>,,Со оглед на тоа дека се ближат избори и веројатно изјавата на Пендаровски дека офицерите не смеат да реагираат и на штипење и изјавата на Ковачевски дека го нема Артан Груби да го крене микрофонот многу повеќе ја брануваат јавноста од настаните во образованието. Но она што се случува во образованието секако е многу поважно од гафовите или смислените изјави на овие двајца политичари во заминување, рече на денешната прес-конференција Весна Јаневска, од Комисијата за обрзование на ВМРО-ДПМНЕ.
Студентите бараат навремени исплати на стипендиите, дигитализација на универзитетите и замислете лифтовите да функционираат.
Во Тетово токму сега им текнало да го преименуваат текстилното училиште од „Гоце Стојчевски“ во „Кард Гега“.
Одредени училишта со одредени директори токму сега одлучија да ги одведат учениците во посета на претседателот Пендаровски иако имаат можност да ги одведат и во Собрание. Злоупотреба? Одлучете сами.
Наставници реагираат дека ученици не одат на настава поради рамазанските пости. Во секуларна држава ученици не одат на настава заради верски обврски? Министре, претпоследни се на ПИСА, сакате да бидат последни?
Родители се жалат дека учениците со попреченост и посебни образовни потреби се занемарени и дискриминирани во регуларните паралелки. Ниту се интегрирани во одделението, ниту поедини наставници им обрнуваат внимание. Ги обучивте наставниците, колку пари потрошивте?
Регионалниот центар за средно стручно образование во Куманово 4 години спроведува онлајн настава. На пример фармацевт годинава завршува средно стручно образование во Регионален центар за средно стручно образование кој нема клупи, столчиња и табли, а не пак лаборатории. Министре знаете?
Дополнително Ви ја споделувам информацијата која вели дека едно училиште од Куманово дозволило 6 дневна екскурзија на наставничките по повод 8 Март. Шест дена децата губат настава и нормално е родителите да реагираат. Се прашувам по кој закон и кој дозволил вакво нешто. На 8 Март во 12 часот јас лично ги видов вработените од МОН како со куферчиња и патни торби чекаат автобус да ги носи на прослава. Го прашувам министерот Шаќири кој ја плати екскурзијата во Струга и дали со тие средства, дури и да биле спонзорство не можеше да докупи барем уште една смарт табла, а според бројот на дамите кои ги видов пред МОН можел да купи многу повеќе од една.
После се министре Шаќири, Ве прашувам дали е вистина дека висок службеник во МОН (патем кадар на СДСМ) ги повикува вработените и ги прашува за кого ќе гласаат. Ако е вистина што преземавте во врска со тоа?
Повторувам, висок службеник прашува вработени за кого ќе гласаат, шеф свои подредени. Вистина ли е?
Доволно е, нема повеќе да набројувам.
Навистина се ближат избори и добро е, зошто со вакво образование не последни во регионот и во Европа, ќе станеме последни во светот.
Министре се уште сте министер и наближувањето на изборите не Ве амнестира од одговорноста. Уште малку почитувани, само уште малку.
Важно е да имаме силно образование и ќе го имаме”, изјави Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.
The post Јаневска: Финансиска помош за основците и средношколците нема од декември appeared first on Република.
]]>Студентите бараат навремени исплати на стипендиите, дигитализација на универзитетите и замислете лифтовите да функционираат. Во Тетово токму сега им текнало да го преименуваат текстилното училиште од „Гоце Стојчевски“ во „Кард Гега“. Одредени училишта со одредени директори токму сега одлучија да ги одведат учениците во посета на претседателот Пендаровски иако имаат можност да ги одведат и во Собрание. Злоупотреба? Одлучете сами. Наставници реагираат дека ученици не одат на настава поради рамазанските пости. Во секуларна држава ученици не одат на настава заради верски обврски? Министре, претпоследни се на ПИСА, сакате да бидат последни? Родители се жалат дека учениците со попреченост и посебни образовни потреби се занемарени и дискриминирани во регуларните паралелки. Ниту се интегрирани во одделението, ниту поедини наставници им обрнуваат внимание. Ги обучивте наставниците, колку пари потрошивте? Регионалниот центар за средно стручно образование во Куманово 4 години спроведува онлајн настава. На пример фармацевт годинава завршува средно стручно образование во Регионален центар за средно стручно образование кој нема клупи, столчиња и табли, а не пак лаборатории. Министре знаете? Дополнително Ви ја споделувам информацијата која вели дека едно училиште од Куманово дозволило 6 дневна екскурзија на наставничките по повод 8 Март. Шест дена децата губат настава и нормално е родителите да реагираат. Се прашувам по кој закон и кој дозволил вакво нешто. На 8 Март во 12 часот јас лично ги видов вработените од МОН како со куферчиња и патни торби чекаат автобус да ги носи на прослава. Го прашувам министерот Шаќири кој ја плати екскурзијата во Струга и дали со тие средства, дури и да биле спонзорство не можеше да докупи барем уште една смарт табла, а според бројот на дамите кои ги видов пред МОН можел да купи многу повеќе од една. После се министре Шаќири, Ве прашувам дали е вистина дека висок службеник во МОН (патем кадар на СДСМ) ги повикува вработените и ги прашува за кого ќе гласаат. Ако е вистина што преземавте во врска со тоа? Повторувам, висок службеник прашува вработени за кого ќе гласаат, шеф свои подредени. Вистина ли е? Доволно е, нема повеќе да набројувам. Навистина се ближат избори и добро е, зошто со вакво образование не последни во регионот и во Европа, ќе станеме последни во светот. Министре се уште сте министер и наближувањето на изборите не Ве амнестира од одговорноста. Уште малку почитувани, само уште малку. Важно е да имаме силно образование и ќе го имаме”, изјави Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.
The post Јаневска: Финансиска помош за основците и средношколците нема од декември appeared first on Република.
]]>Шефицата на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), Одил Рено-Басо, ја опиша западната поддршка за Украина како „огромна“ и покрај неодамнешните украинските критики дека сојузниците на Киев не направиле доволно за да ја поддржат земјата опустошена од војната.
Финансиската помош на ЕУ е многу поголема во реална смисла од кој било Маршалов план по Втората светска војна во однос на процентот на поддршка од БДП“, изјави Рено-Басо за „Политико“.
Француската економистка упатува на големиот инвестициски план поврзан со поранешниот државен секретар на САД Џорџ Маршал за поддршка на реконструкцијата на 16 земји, главно во Западна Европа, кон крајот на 1940-тите.
Брисел и Вашингтон се најголемите финансиски поддржувачи на Украина за време на конфликтот, поделувајќи 27,5 милијарди евра и 22,9 милијарди евра, соодветно, од почетокот на војната во февруари 2022 година и крајот на минатата година.
Фактот што тие [Украина] 50 отсто од нивниот буџет го добија финансиран од надворешна поддршка е огромен“, вели Рено-Басо.
Таа ги отфрла критиките од некои поддржувачи на Украина дека пакетот помош на ЕУ е недоволен во споредба со седумгодишниот буџет на блокот од 1,074 трилиони евра.
Лидерите на ЕУ мора да поминат тенка линија помеѓу поддршката на Украина и финансирањето на домашните приоритети. Дури и да не изгледа огромно... во споредба со реалната маржа што лидерите на ЕУ ја имаат во нивниот буџет, да финансираат дополнителни мерки за својот народ, тоа не е лесна размена, вели Рено-Басо, додавајќи дека таа се соочила со слични проблеми во ЕБРД.
The post Шефицата на ЕБРД: Европската помош за Украина е поголема од кој било Маршалов план appeared first on Република.
]]>Финансиската помош на ЕУ е многу поголема во реална смисла од кој било Маршалов план по Втората светска војна во однос на процентот на поддршка од БДП“, изјави Рено-Басо за „Политико“.Француската економистка упатува на големиот инвестициски план поврзан со поранешниот државен секретар на САД Џорџ Маршал за поддршка на реконструкцијата на 16 земји, главно во Западна Европа, кон крајот на 1940-тите. Брисел и Вашингтон се најголемите финансиски поддржувачи на Украина за време на конфликтот, поделувајќи 27,5 милијарди евра и 22,9 милијарди евра, соодветно, од почетокот на војната во февруари 2022 година и крајот на минатата година.
Фактот што тие [Украина] 50 отсто од нивниот буџет го добија финансиран од надворешна поддршка е огромен“, вели Рено-Басо.Таа ги отфрла критиките од некои поддржувачи на Украина дека пакетот помош на ЕУ е недоволен во споредба со седумгодишниот буџет на блокот од 1,074 трилиони евра.
Лидерите на ЕУ мора да поминат тенка линија помеѓу поддршката на Украина и финансирањето на домашните приоритети. Дури и да не изгледа огромно... во споредба со реалната маржа што лидерите на ЕУ ја имаат во нивниот буџет, да финансираат дополнителни мерки за својот народ, тоа не е лесна размена, вели Рено-Басо, додавајќи дека таа се соочила со слични проблеми во ЕБРД.
The post Шефицата на ЕБРД: Европската помош за Украина е поголема од кој било Маршалов план appeared first on Република.
]]>Mинистерката за економија на Украина, Јулија Свириденко, за „Фајненшл Тајмс“ изјави дека без помош на Западот, 10 милиони пензионери во земјата нема да ги добијат пензиите навреме, а 500 илјади државни службеници и 1,4 милиони наставници нема да земаат плата.
Таа порача дека парите се потребни „итно“, а сумата изнесува 37 милијарди долари надворешна поддршка за годината.
Свириденко се надева дека ЕУ, сепак, ќе ја одобри поддршката во февруари и ќе ги обезбеди парите до крајот на март, но додаде дека тоа, сепак, можеби нема да биде доволно.
Украина веќе се соочува со недостиг на готовина, а околу 5 милијарди долари исплатени од меѓународни донатори и кредитори во декември „нема да бидат доволни“ за покривање на потребите за трошење.
Според Свириденко, приоритет на владата ќе бидат одбраната и сервисирањето на долговите и затоа „постои огромен ризик од недоволно финансирање на одредени општествени сектори“.
Обидот привремено да се обезбедат пари преку внатрешни заеми или парично финансирање од Народната банка може да предизвика инфлација, да ја поткопа финансиската стабилност и на крајот да ја направи Украина уште позависна од странски средства.
The post Украина се жали дека без странска помош нема да може да исплати пензии и плати на службениците appeared first on Република.
]]>The post Украина се жали дека без странска помош нема да може да исплати пензии и плати на службениците appeared first on Република.
]]>300.000 денари финансиска помош од Општина Ѓорче Петров за Општина Делчево за санирање на последиците од синоќешното силно невреме, се вели во Фејсбук статусот на градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.
Солидарност со нашиот народ! Советниците на денешната седница донесоа итна одлука за помош на делчевскиот регион кој беше зафатен од силни врнежни што донесе поплавени подрачја. Општина Ѓорче Петров е првата скопска општина која експресно донесе одлука за помош на погоденото подрачје. Солидарноста е синоним за Ѓорче Петров, а покажувањето хуманост во вакви тешки моменти е големина на големите. Ние сме секогаш на страна на најголемата човечка особина и доблеста на еден поединец или колектив. Без разлика на партиска, верска или било каква друга разлика, во моменти на вакви непогоди, наша морална должност е на било каков начин да им помогнеме на нашите колеги. Благодарност до сите градоначалници и тимови од други општини кои на било каков начин учествуваат во помош на погоденото подрачје, истакна Стојкоски.
Нашата парола е „модерно, урбано и хумано“ и тоа никогаш не смееме да го заборавиме! Додава Стојкоски.
The post 300 илјади денари помош од Општина Ѓорче Петров за Делчево за санирање на последиците од невремето appeared first on Република.
]]>Солидарност со нашиот народ! Советниците на денешната седница донесоа итна одлука за помош на делчевскиот регион кој беше зафатен од силни врнежни што донесе поплавени подрачја. Општина Ѓорче Петров е првата скопска општина која експресно донесе одлука за помош на погоденото подрачје. Солидарноста е синоним за Ѓорче Петров, а покажувањето хуманост во вакви тешки моменти е големина на големите. Ние сме секогаш на страна на најголемата човечка особина и доблеста на еден поединец или колектив. Без разлика на партиска, верска или било каква друга разлика, во моменти на вакви непогоди, наша морална должност е на било каков начин да им помогнеме на нашите колеги. Благодарност до сите градоначалници и тимови од други општини кои на било каков начин учествуваат во помош на погоденото подрачје, истакна Стојкоски.Нашата парола е „модерно, урбано и хумано“ и тоа никогаш не смееме да го заборавиме! Додава Стојкоски.
The post 300 илјади денари помош од Општина Ѓорче Петров за Делчево за санирање на последиците од невремето appeared first on Република.
]]>Министерството за труд и социјална политика ги известува граѓаните, дека согласно Законот за финансиска подршка на ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза, списоците на корисници на финансиска поддршка согласно овој закон се објавени на веб страната на Министерството.
Паричните средства за корисниците на финансиска поддршка за справување со енергетската криза, ќе бидат исплатени на 13.03.2023 година.
На веб страната на Министерството за труд и социјална политика се објавени (корисници на правото на социјална сигурност на стари на лица, посебен додаток, надоместок заради попреченост, корисници на надоместок за помош и нега од друго лице со трајни промени во здравствената состојба без потреба од контролен преглед и не користат право на надоместок заради попреченост, како и самохраните родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош).
На веб страната на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија (корисници на пензија во висина не поголема од 11.525 денари месечно, односно во висина не поголема од 14.000 денари месечно, како и корисници на право на надоместок за телесно оштетување).
На веб страната на Агенцијата за вработување на Република Македонија (невработени лица – корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок).
Списокот се објавува со цел граѓаните да можат да извршат проверка, а доколку лицето не е на списокот, а смета дека ги исполнува условите како корисник на право, може да поднесе приговор до Комисијата за одлучување по приговори за финансиска поддршка при Министерството за труд и социјална политика, во рок од три дена од денот на објавувањето на списоците на корисници на финансиската поддршка.
Приговорот може да се поднесе преку архивата на Министерството за труд и социјална политика или преку електронската пошта: [email protected].
Списокот на корисници на паричните средства за финансиска поддршка за справување со енергетската криза, ќе биде отстранет од веб страната на Министерството за труд и социјална политика, веб страната на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија и веб страната на Агенцијата за вработување на Република Македонија, по истекот на три дена од денот на објавувањето.
Линк до списоците: http://bitly.ws/
The post МТСП ги објави списоците: Парите за справување со енергетската криза ќе бидат исплатени на 13 март appeared first on Република.
]]>The post МТСП ги објави списоците: Парите за справување со енергетската криза ќе бидат исплатени на 13 март appeared first on Република.
]]>Во тек е јавен оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за лица кои спаѓаат во категоријата ранливи потрошувачи на енергија за 2023 година
Со цел да се обезбеди заштита на лицата со ниски примања, согласно Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2023 година (“Службен весник на Република Македонија” бр. 291/22) (во натамошниот текст програма), Министерството за економија доделува финансиска поддршка на домаќинствата чиј вкупен нето доход кој подлежи на оданочување согласно Законот за данок на личен доход на месечно ниво на членовите на домаќинството во 2022 година (во натамошниот текст домаќинства) не го надминувал износот од:
– 19.000,00 денари за самец;
– 25.000,00 денари за домаќинство со два члена;
– 43.000,00 денари за домаќинство со пет члена и повеќе.
1.2 Доколку во домаќинствата од точка 1.1 член во домаќинството е и:
– корисник на правото на надоместок заради попреченост;
– самохран родител кој не е евидентиран корисник на гарантирана минимална помош и
– корисник на право на надоместок за телесно оштетување,
домаќинството ќе се смета за ранлив потрошувач со приоритет при доделување на финансиската поддршка.
1.3 Домаќинствата од точка 1.1 алинеи 1, 2 и 3 се стекнуваат со финансиска поддршка преку намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија во износ од 600,00 денари месечно, сметано од денот на поднесување на барањето.
1.4 Домаќинствата од точка 1.1 алинеи 4 и 5 се стекнуваат со финансиска поддршка преку намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија во износ од 800,00 денари месечно, сметано од денот на поднесување на барањето.
1.5 Доколку домаќинствата од точка 1.1 алинеи 1, 2 и 3 остварат заштеда од најмалку 10% од потрошената електрична енергија во тековниот месец споредено со истиот месец во претходната година, врз основа на податоците од универзалниот снабдувач, ќе се стекнат со финансиска поддршка преку намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија во дополнителен износ во висина од 200,00 денари.
1.6 Доколку домаќинствата од точка 1.1 алинеи 4 и 5 остварат заштеда од најмалку 10% од потрошената електрична енергија во тековниот месец споредено со истиот месец во претходната година, врз основа на податоците од универзалниот снабдувач, ќе се стекнат со финансиска поддршка преку намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија во дополнителен износ во висина од 300,00 денари.
1.7 Доделувањето на финансиската поддршка од овој оглас го врши Министерството за економија се до исцрпување на предвидените средства.
1.8 Домаќинствата од точка 1.1 се стекнуваат со финансиска поддршка со примена на принципот на најнизок вкупен нето доход на месечно ниво во домаќинството во 2022 година,
1.9 Домаќинствата од точка 1.2 од овој оглас се стекнуваат со финансиска поддршка без примена на принципот на најнизок вкупен нето доход на месечно ниво во домаќинството во 2022 година.
1.10 Доколку сите членови на домаќинството во 2022 година не оствариле доход нема да се стекнат со финансиска поддршка.
1.11 На ранливите потрошувачи на енергија согласно програмата коишто користат гарантирана минимална помош и остваруваат паричен додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството во согласност со член 42 од Законот за социјална заштита и старите лица согласно член 7 од Законот за социјална сигурност на стари лица не им следува финансиска поддршка од овој оглас.
1.12 Рокот за аплицирање по овој јавен оглас изнесува 30 дена сметано од денот на објавување на јавниот оглас.
Барање за искористување на финансиска поддршка за лицата со ниски примања
Право на учество на овој јавен оглас ќе имаат лицата со ниски примања од точка 1.1 од овој јавен оглас кои ќе поднесат Образец за барање за искористување на финансиска поддршка.
Барањето за искористување на финансиска поддршка се доставува на пополнет образец за барање кој може да се подигне во архивата на Министерството за економија или да се обезбеди преку интернет страната на Министерството: www.economy.gov.mk.
Со барањето за искористување на финансиската поддршка барателот до Министерството за економија задолжително ги доставува следните документи:
изјава заверена на нотар со која се потврдува дека целокупната приложена документација кон барањето е точна и веродостојна (образецот на изјавата ќе може да се подигне во архивата на Министерството за економија или да се обезбеди преку интернет страната на министерството: www.economy.gov.mk);
доказ за барателот и членовите на домаќинството на барателот во фотокопија (лична карта за полнолетни лица, извод од родени за малолетни лица, извод од венчани, потврда за развод или посмртница за член од домаќинството);
фотокопија од последната добиена сметка за 2022 година за потрошена електрична енергија во домаќинството;
лицата со ниски примања од точка 1.1 алинеја 1 (самец) од овој оглас доставуваат изјава заверена на нотар со која потврдуваат дека живеат сами и со која се потврдува дека целокупната приложена документација кон барањето е точна и веродостојна. Образецот на изјавата (ЗА САМЕЦ) може да се подигне во архивата на Министерството за економија или да се обезбеди преку интернет страната на министерството: www.economy.gov.mk; и
Доколку во домаќинствата од точка 1.1 член во домаќинството е и:
– корисник на правото на надоместок заради попреченост;
– самохран родител кој не е евидентиран корисник на гарантирана минимална помош и
– корисник на право на надоместок за телесно оштетување,
Со барањето за искористување на финансиската поддршка барателот до Министерството за економија задолжително ги доставува и следните документи
Потврда дека член на домаќинството е активен корисник на правото на надоместок заради попреченост и/или
Потврда за развод или посмртница за другиот родител или потврда за непознато или исчезнато лице за другиот родител и/или
Потврда дека член на домаќинството е активен корисник на право на надоместок за телесно оштетување.
Постапка за доделување на финансиска поддршка
3.1 Барањето за искористување на финансиска поддршка заедно со потребната документација, барателите по пошта ќе го достават во ЗАТВОРЕН ПЛИК до Министерство за економија на адреса „Јуриј Гагарин“ бр.15, 1000 Скопје, со назнака – ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ПОТРОШЕНА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ЗА ЛИЦА СО НИСКИ ПРИМАЊА ЗА 2023 ГОДИНА, ИМЕ И ПРЕЗИМЕ И АДРЕСА НА БАРАТЕЛОТ И ЗАДОЛЖИТЕЛНО НАЗНАКА ЗА БРОЈ НА ЧЛЕНОВИ НА ДОМАЌИНСТВОТО (САМЕЦ, ДОМАЌИНСТВО СО ДВА ЧЛЕНА, ДОМАЌИНСТВО СО ТРИ ЧЛЕНА, ДОМАЌИНСТВО СО ЧЕТИРИ ЧЛЕНА, ДОМАЌИНСТВО СО ПЕТ ЧЛЕНА И ПОВЕЌЕ).
Лицата со ниски примања од точка 1.1 од овој оглас треба да достават уредно и комплетно барање со сите потребни документи наведени во точка 2.2 од овој оглас. Доколку поднесеното барање е неуредно и некомплетно, Комисијата, согласно член 39, став 3 од Законот за општа управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр. 124/2015) ќе се обрати до барателот и ќе бара во рок од 8 дена уредување и дополнување на барањето.
Едно лице може да поднесе само едно барање за финансиска поддршка на домаќинството.
НАПОМЕНА: Министерството за економија по службена должност преку Управата за јавни приходи и преку Министерството за труд и социјална политика ќе изврши проверка на податоците доставени од барателите по овој оглас (податоци за приматели на гарантирана минимална помош и податоци за вкупен нето доход).
4. Начин на остварување на правото на надоместок
За спроведување на активностите за реализација на финансиската поддршка од програмата, министерот за економија формира по една комисија за секоја од категориите од точка 1.1 од овој јавен оглас составена од по три члена и нивни заменици од редот на вработените во Министерството.
Лицата кои имаат поднесено барање, а немаат уредна и комплетна документација или на барање на Комисиите во предвидениот рок не ја доуредат или комплетираат поднесената документација нема да се стекнат со финансиска поддршка.
Списокот со лица кои се стекнале со финансиска поддршка согласно програмата (во натамошниот текст корисници на финансиска поддршка), се објавува на веб страната на Министерството.
Финансиската поддршка се доделува на месечно ниво по корисник во времетраење од 12 месеци.
Финансиската поддршка ќе отпочне да се реализира по објавување на списокот од точка 3 од овој дел, а вкупното намалување за периодот додека трае огласот ќе биде изразено во првата следна сметка за потрошена електрична енергија откога ќе почне да се реализира финансиската поддршка. Корисниците на финансиска поддршка преостанатиот дел од износот на сметката за претходниот месец го плаќаат во рокот за плаќање наведен на сметката.
Доколку корисникот на финансиска поддршка не го плати преостанатиот намален износ на две последователни сметки, на предлог на Комисиите од точка 4 потточка 1, Министерот донесува решение со кое се укинува решението за стекнување на финансиска поддршка и за истото Министерството го известува универзалниот снабдувач и корисникот.
Во врска со овој јавен оглас, сите заинтересирани лица може да се обратат на телефонскиот број 02 3093 531.
Во врска со барањата, како и нотарските изјави кои треба да се приложат, повеќе информации ТУКА!
The post Јавен оглас за финансиска поддршка за струја на ранливите потрошувачи appeared first on Република.
]]>The post Јавен оглас за финансиска поддршка за струја на ранливите потрошувачи appeared first on Република.
]]>Министерството за труд и социјална политика ги известува граѓаните, дека согласно Законот за финансиска поддршка на ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза, списоците на корисници на финансиска поддршка согласно овој закон се објавени на веб страната на Министерството.
Доколку, некои од граѓаните/корисници во категориите опфатени со овој закон, не се во списокот, а сметаат дека ги исполнуваат условите можат да поднесат приговор до Комисијата за одлучување по приговори за финансиска поддршка која ја формира министерката за труд и социјална политика, во рок од три дена од датумот на објавувањето на списоците на корисници на финансиската поддршка.
Комисијата, по поднесените приговори одлучува во рок од 15 дена од денот на поднесувањето на приговорот. Притоа, Комисијата за одобрените приговори доставува известување до подносителот и до институциите, а за одбиените приговори до подносителот. Рокот за приговор е 3 дена, сметано од 06.12.2022 година, заклучно со 09.12.2022 година.
Министерството за труд и социјална политика информира и дека, исплатата на финансиската поддршка, согласно овој закон, за корисниците на правата од социјалната и детската заштита ќе биде на 12.12.2022 година, а за корисниците на паричен надоместок по основ на невработеност, исплатата ќе биде на 14.12.2022 година. На корисниците на пензија и корисниците на правото на надоместок за телесно оштетување финансиската поддршка за месец декември е исплатена со исплатата на ноемвриската пензија.
Со цел подобра информираност на граѓаните, Министерството за труд и социјална политика потенцира дека исплатата на средствата кои се дел од финансиската поддршка согласно Законот за финансиска поддршка на ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза се исплаќаат одвоено од редовната месечна исплата на средствата кои произлегуваат од правата од социјална и детска заштита.
Министерството информира и дека списоците се објавуваат согласно член 17, член 18, и член 19 од Законот за заштита на лични податоци, а во врска со член 5 од Законот за финансиска поддршка на ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза.
Линк до веб: http://bitly.ws/xuIM
The post Списоците на корисници на финансиска поддршка објавени на веб страницата на Министерството за труд и социјална политика appeared first on Република.
]]>The post Списоците на корисници на финансиска поддршка објавени на веб страницата на Министерството за труд и социјална политика appeared first on Република.
]]>Во услови на енергетска, економска криза и зголемена инфлација Градот Скопје донесе одлука со која ќе им помогне на најранливите категории на граѓани со средства во износ од 15 милиони денари.
Овие средства во вредност од 15 милиони денари граѓаните за кои истите се наменети ќе можат да ги искористат за плаќање на своите сметки за електрична енергија кои од месец во месец вртоглаво растат.
Станува збор за еднократна парична помош за социјално загрозени семејства кои во овие тешки времиња се најпогодени од кризата, велат од Градот.
Помошта е наменета за самохрани родители, пензионери со ниски месечни примања, деца без родители како и други ранливи категории на граѓани.
The post Финансиска помош за најранливите категории: Град Скопје ќе оддели 15 милиони денари appeared first on Република.
]]>Станува збор за еднократна парична помош за социјално загрозени семејства кои во овие тешки времиња се најпогодени од кризата, велат од Градот.Помошта е наменета за самохрани родители, пензионери со ниски месечни примања, деца без родители како и други ранливи категории на граѓани.
The post Финансиска помош за најранливите категории: Град Скопје ќе оддели 15 милиони денари appeared first on Република.
]]>Поминаа повеќе од месец дена од предлозите на Христијан Мицкоски и десетина дена од предлозите на пратеничката група со мерки за полесно справување со економската и енергетската криза на домаќинствата и стопанството. Владата, а и колегите од мнозинството предводено од ДУИ и СДСМ молчат како да не постојат иако еден дел ги прифатија. Ова го истакна на прес-конференција Бојан Стојаноски, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Стојаноски рече дека Владата го прифатила предлогот на Христијан Мицкоски снабдувањето на училиштата, здравствените установи и јавните водостопански претпријатија да плаќаат фиксна цена на електрична енергија неколкукратно пониска од пазарната цена. Владата прифатила да му помогне на дел од стопанството и со тоа прехранбената индустрија ќе добие фиксна цена на електрична енергија која е пониска од цената на слободниот пазар.
Пред 10-тина денови Пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија презентираше нов пакет на предлог мерки во интерес на граѓаните, а колегите сè уште немаат став по истите. Побаравме секој викенд до крајот на кризната состојба да е викенд без ДДВ за прехранбените производи. Побаравме да се врати мерката субвенциониран студентски оброк, но со износ од 160 денари дневно. Побаравме да се намалат акцизите на дизелот и бензинот. Побаравме да се одложи прогресивното оданочување за дополнителна една година. Побаравме да се даде финансиска поддршка на сите граѓаните на кои им е потребна, а не само на неколку илјади. За денес е закажана комисијата за финансирање и буџет на која единствена точка на дневен ред е Законот за финансиска поддршка на граѓаните. Пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата за обнова на Македонија поднесе 6 амандмани со кои бараме да се прошири опфатот на финансиската поддршка и за заборавените категории на граѓани, изјави Стојановски.
ВМРО-ДПМНЕ со амандманите предлага финансиска поддршка од 3.000 денари да има за сите самохрани родители, а не само за оние чии деца се на возраст до 7 години и се приматели на гарантирана минимална помош.
Бараме по 3.000 денари месечна финансиска поддршка за сите средношколци, деца без родители и родителска грижа, по 3.000 денари и за невработените лица кои се активни баратели на работа, како и за корисниците на гарантирана минимална помош. Дополнително сметаме дека поддршката за пензионерите е недоволна и не ги опфаќа сите и токму затоа бараме сите пензионери со примања до 18.000 денари да добијат месечна финансиска поддршка од 3.000 денари, тие што имаат до 30.000 денари да добијат 2.000 денари месечно, а останатите по 1.000 денари месечно.
За крај во услови на инфлација од 20%, а потрошувачка кошничка над 50 илјади денари која на месечно ниво се зголемува за најмалку 1.000 денари, Предлог-буџет за 2023 година од 5,3 милијарди евра, помош од 750 денари за лицата корисници на правото на надомест за телесна оштетеност е навреда. Најмалку што може да сторат колегите од мнозинството е заеднички да ја дуплираме помошта на 1.500 денари месечно за периодот до 30 април 2023 година.
Ова се амандманите на пратениците од ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија за денешната комисија. Пратениците од мнозинството да се изјаснат дали ќе бидат слепи послушници на власта или ќе работат во корист на граѓаните и Владата ќе мора да им даде финансиска поддршка на средношколците, децата без родители и родителска грижа, сите самохрани родители, сите пензионери, невработените лица кои се активни баратели на работа и корисниците на гарантирана минимална помош, додаде Стојаноски.
The post По 3.000 денари помош за средношколци, деца без родители и невработени, бара ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.
]]>Пред 10-тина денови Пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија презентираше нов пакет на предлог мерки во интерес на граѓаните, а колегите сè уште немаат став по истите. Побаравме секој викенд до крајот на кризната состојба да е викенд без ДДВ за прехранбените производи. Побаравме да се врати мерката субвенциониран студентски оброк, но со износ од 160 денари дневно. Побаравме да се намалат акцизите на дизелот и бензинот. Побаравме да се одложи прогресивното оданочување за дополнителна една година. Побаравме да се даде финансиска поддршка на сите граѓаните на кои им е потребна, а не само на неколку илјади. За денес е закажана комисијата за финансирање и буџет на која единствена точка на дневен ред е Законот за финансиска поддршка на граѓаните. Пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата за обнова на Македонија поднесе 6 амандмани со кои бараме да се прошири опфатот на финансиската поддршка и за заборавените категории на граѓани, изјави Стојановски.ВМРО-ДПМНЕ со амандманите предлага финансиска поддршка од 3.000 денари да има за сите самохрани родители, а не само за оние чии деца се на возраст до 7 години и се приматели на гарантирана минимална помош.
Бараме по 3.000 денари месечна финансиска поддршка за сите средношколци, деца без родители и родителска грижа, по 3.000 денари и за невработените лица кои се активни баратели на работа, како и за корисниците на гарантирана минимална помош. Дополнително сметаме дека поддршката за пензионерите е недоволна и не ги опфаќа сите и токму затоа бараме сите пензионери со примања до 18.000 денари да добијат месечна финансиска поддршка од 3.000 денари, тие што имаат до 30.000 денари да добијат 2.000 денари месечно, а останатите по 1.000 денари месечно.За крај во услови на инфлација од 20%, а потрошувачка кошничка над 50 илјади денари која на месечно ниво се зголемува за најмалку 1.000 денари, Предлог-буџет за 2023 година од 5,3 милијарди евра, помош од 750 денари за лицата корисници на правото на надомест за телесна оштетеност е навреда. Најмалку што може да сторат колегите од мнозинството е заеднички да ја дуплираме помошта на 1.500 денари месечно за периодот до 30 април 2023 година.
Ова се амандманите на пратениците од ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија за денешната комисија. Пратениците од мнозинството да се изјаснат дали ќе бидат слепи послушници на власта или ќе работат во корист на граѓаните и Владата ќе мора да им даде финансиска поддршка на средношколците, децата без родители и родителска грижа, сите самохрани родители, сите пензионери, невработените лица кои се активни баратели на работа и корисниците на гарантирана минимална помош, додаде Стојаноски.
The post По 3.000 денари помош за средношколци, деца без родители и невработени, бара ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.
]]>Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, по самитот на ЕУ, изјави дека Европската Унија планира да обезбедува помош од 1,5 милијарди евра месечно за Украина во 2023 година за поддршка на таа земја во војната.
Фон дер Лајен на прес-конференција порача дека тоа ќе биде „предвидлив, стабилен и сигурен прилив на приходи“ и додаде дека министрите за финансии на ЕУ се задолжени да развијат соодветен механизам за давање пари на Украина.
На самитот, кој меѓу другото се занимаваше и со војната во Украина, балтичките земји побараа формирање специјален суд за злосторства за време на војната што почна на крајот на февруари.
The post Фон дер Лајен побара од ЕУ да обезбедува помош од 1,5 милијарди евра месечно за Украина appeared first on Република.
]]>The post Фон дер Лајен побара од ЕУ да обезбедува помош од 1,5 милијарди евра месечно за Украина appeared first on Република.
]]>Премиерот на Украина Денис Шмигал, соопшти дека земјата добила финансиска помош од две милијарди евра од Европската Унија.
Дополнителните финансиски средства ќе помогнат да се покријат итните буџетски трошоци, особено за социјални и хуманитарни потреби - објави Шмигал на Телеграм.
Тоа е прва транша од пакетот од пет милијарди евра, усвоен по воената операција покрената од Русија.
The post Украина се пофали дека добила две милијарди евра од ЕУ appeared first on Република.
]]>Дополнителните финансиски средства ќе помогнат да се покријат итните буџетски трошоци, особено за социјални и хуманитарни потреби - објави Шмигал на Телеграм.Тоа е прва транша од пакетот од пет милијарди евра, усвоен по воената операција покрената од Русија.
The post Украина се пофали дека добила две милијарди евра од ЕУ appeared first on Република.
]]>Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека колку повеќе финансиски средства таа земја добива како поддршка од меѓународните донатори, толку побрзо ќе заврши војната.
Зеленски истакна дека се потребни 38 милијарди долари за да се затвори проценетиот буџетски дефицит за следната година.
Kолку повеќе помош добива Украина сега, толку побрзо ќе ставиме крај на руската војна и толку побрзо и посигурно ќе гарантираме дека таква сурова војна нема да се прошири во другите земји, рече Зеленски во онлајн обраќањето на форумот за време на годишниот состанок на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка во Вашингтон.
The post Зеленски: Колку повеќе пари добива Украина, толку побрзо ќе заврши војната appeared first on Република.
]]>Kолку повеќе помош добива Украина сега, толку побрзо ќе ставиме крај на руската војна и толку побрзо и посигурно ќе гарантираме дека таква сурова војна нема да се прошири во другите земји, рече Зеленски во онлајн обраќањето на форумот за време на годишниот состанок на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка во Вашингтон.
The post Зеленски: Колку повеќе пари добива Украина, толку побрзо ќе заврши војната appeared first on Република.
]]>Европската Комисија предложи да се испорача нова транша макрофинансиска помош за Украина во износ од пет милијарди евра, јави дописничката на МИА од Брисел.
Предвидени се вкупно девет милијарди евра макрофинансиска поддршка за земјата од страна на ЕУ. Испратени се една милијарда евра во август, a наскоро треба да пристигнат уште три милијарди од првата транша. Со втората транша Киев ќе ја добие целосната ветена макрофинансиска помош од ЕУ.
Украина исто така добива и друг вид финансиска помош од ЕУ, вклучително итен заем од 1,2 милијарди евра. Се очекува вкупната помош од ЕУ од почетокот на војната да достигне 10 милијарди евра. Киев добива и хуманитарна и вооружена помош од ЕУ.
Предлогот на Комисијата треба да го одобрат Европскиот Парламент и Советот на ЕУ.
The post ЕУ предлага нов пакет финансиска помош за Украина од пет милијарди евра appeared first on Република.
]]>The post ЕУ предлага нов пакет финансиска помош за Украина од пет милијарди евра appeared first on Република.
]]>Договори за финансиска помош ќе бидат потпишани со 280 компании кои влегуваат во инвестициски циклус од околу 145 милиони евра и ќе креираат повеќе од 3.700 работни места.
Станува збор за компании кои во 2021 година инвестирале околу 50 милиони евра и креирале над 1.500 нови работни места. За првпат државната помош ќе се исплаќа во две транши со што им се помага на компаниите за зачувување на нивната ликвидност, а поголем процент од поддршката добиваат компании кои инвестираат во помалку развиените планиски региони. Годинава, повеќе од 70 проценти од компаниите се надвор од најразвиениот Скопски регион, а има и 22 компании кои аплицирале за финансиска поддршка за истражување и развој.
Нашите компании уште еднаш покажаа колку се агилни и во овие тешки времиња инвестираат во подобрување на нивната конкуретност, нивните продукти и воведување на нови производствени линии, истакна вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи на денешната прес-конференција во Владата.
Преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции во изминатите пет години, колку што се спроведува ова законско решение, склучени се вкупно 633 договори. Дел од договорите, околу 20-тина, се раскинати поради неисполнување на обврските.
Договорите за финансиска поддршка кога се склучуваат, имаат договорни обврски. Секоја инвестиција има рок од инвестициски циклус од неколку години и процент на исполнетот. Ги следиме сите и соодветно на тоа постапуваме. Има инвеститори кои заради одредени причини, а една од причините може да биде и Ковид, прекинуваат со своите инвестиции и бараат прекин на договорот и таму нема пенали. Има 15 договори во кои имаме побарано едностранпрекин од наша страна бидејќи инвеститорот не реализирал дел од инвестицијата, појасни Битиќи.
Според министерот за економија Крешник Бектеши, како резултат на олеснетите критериуми и проширувањето на видовите на финансиска помош, денес се потпишуваат договори со 280 компании.
Од 2018 година се до денес, ако правиме споредба со она што е направено претходно, може да видиме дека над 50 милиони евра се дадени само преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите, рече Бектеши.
Во моментот се работи и на новата стратегија за паметна специјализација со која, според Бектеши, ќе се идентификуваат главните сектори кои можат да имаат додадена вредност.
The post 280 компании ќе добијат пари од државата appeared first on Република.
]]>Нашите компании уште еднаш покажаа колку се агилни и во овие тешки времиња инвестираат во подобрување на нивната конкуретност, нивните продукти и воведување на нови производствени линии, истакна вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи на денешната прес-конференција во Владата.Преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции во изминатите пет години, колку што се спроведува ова законско решение, склучени се вкупно 633 договори. Дел од договорите, околу 20-тина, се раскинати поради неисполнување на обврските.
Договорите за финансиска поддршка кога се склучуваат, имаат договорни обврски. Секоја инвестиција има рок од инвестициски циклус од неколку години и процент на исполнетот. Ги следиме сите и соодветно на тоа постапуваме. Има инвеститори кои заради одредени причини, а една од причините може да биде и Ковид, прекинуваат со своите инвестиции и бараат прекин на договорот и таму нема пенали. Има 15 договори во кои имаме побарано едностранпрекин од наша страна бидејќи инвеститорот не реализирал дел од инвестицијата, појасни Битиќи.Според министерот за економија Крешник Бектеши, како резултат на олеснетите критериуми и проширувањето на видовите на финансиска помош, денес се потпишуваат договори со 280 компании.
Од 2018 година се до денес, ако правиме споредба со она што е направено претходно, може да видиме дека над 50 милиони евра се дадени само преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите, рече Бектеши.Во моментот се работи и на новата стратегија за паметна специјализација со која, според Бектеши, ќе се идентификуваат главните сектори кои можат да имаат додадена вредност.
The post 280 компании ќе добијат пари од државата appeared first on Република.
]]>Владата на Србија одлучи дека сите млади државјани на Србија кои имаат меѓу 16 и 29 години во моментот на аплицирање, кои имаат живеалиште на територијата на Србија и валидна лична карта, а кои не добиле пари со првата финансиска помош во јануари, ќе можат да аплицираат за 100 евра финансиска поддршка во периодот од 16 до 31 мај 2022 година.
Од друга страна, младите кои веќе добиле 100 евра финансиска поддршка на почетокот на февруари, нема да мора повторно да аплицираат, бидејќи ќе им се исплаќа автоматски.
The post Српската влада повторно ќе им дава по 100 евра на младите од 16 до 29 години appeared first on Република.
]]>The post Српската влада повторно ќе им дава по 100 евра на младите од 16 до 29 години appeared first on Република.
]]>