Филозофски филмски фестивал Archives - Република https://republika.mk/tema/filozofski-filmski-festival/ За подобро да се разбереме Tue, 04 Jun 2024 08:10:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Филозофски филмски фестивал Archives - Република https://republika.mk/tema/filozofski-filmski-festival/ 32 32 Пет долгометражни и 16 кратки филмови во официјалните селекции на 14. Филозофски филмски фестивал од 7-13 јуни во Кинотека https://republika.mk/scena/film/pet-dolgometrazhni-i-16-kratki-filmovi-vo-ofitsijalnite-selektsii-na-14-filozofski-filmski-festival-od-7-13-juni-vo-kinoteka/ Tue, 04 Jun 2024 08:10:46 +0000 https://republika.mk/?p=784556

Филозофскиот филмски фестивал (ФФФ) годинава по 14. пат ќе се одржи од 7-13 јуни во Кинотеката на Македонија и во негови рамки ќе бидат прикажани повеќе од 35 филмови во повеќе категории, ќе има излагања и вовед во некои од филмовите, како и предавање на еден од гостите. Организатори на фестивалот се Филозофското друштво на Македонија во соработка со Филозофскиот факултет во Скопје и Кинотеката на Македонија.

Мотото на овогодинешното издание на ФФФ е „Неред меѓу редови“ и е инспирирано од американската експериментална режисерка со украинско потекло, Маја Дерен (1917-1961), која, како што велат од организацијата, и 60 години по нејзината смрт ќе зборува дека и уметноста е кореографирана од потенок конец, танц на рамнотежа, возвишен акт на балансирање меѓу хаосот и редот.

Богатата филмска програма е организирана во повеќе програмски сегменти и тоа: Ревијална програма: филм-философијаПридружна програма (со фокус на Дерен)Едукативна програма и две компетитивни програми: Официјална селекција на долгометражни филмови и Официјална селекција на краткометражни филмови.

Она што е новина во овогодинешната програма е сегментот на Селекција на видеоесеи, избрани од Ивана Мирчевска, македонска интердисциплинарна уметница.

„Видеоесеите се од различна природа, дискутираат теми кои покриваат необични нешта како утробите на китовите, перифериите на градот, маргините на интернетот, трансформациите на глината…“, наведе Виктор Јованоски, координатор на Придружната програма, на вчерашната прес-конференција.

Проекциите во рамките на Придружната програма, Селекцијата на краткометражни филмови и Селекцијата на видеоесеи ќе бидат бесплатни, додека билетите за другите филмови ќе чинат 150 денари.

Гостин оваа година на фестивалот ќе биде српскиот филозоф Иван Миленковиќ, кој на 10 јуни (понеделник) со почеток од 12 часот на Филозофскиот факултет во слушална 8 ќе одржи предавање на темата „Кантовата недруштвена друштвеност“, односно ќе зборува за прашањата на филозофот Имануел Кант за тоа како да се формира заедница која ќе опстане и покрај постојаните конфликти, и покрај отпорот што луѓето го негуваат против заедницата.

Додека пак, жири-комисијата која ќе одлучува кој ќе ја добие наградата „Златен був“ е составена од Славица Србиновска, професорка на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет во Скопје, Иван Миленковиќ, гостинот од Србија, и Јане Спасиќ, македонски филмски и театарски режисер.

„Официјалната селекција на долгометражни филмови и фестивалот ќе ги отвориме овој петок (7 јуни) со ‘Затвори ги очите’ од Виктор Ерисе, еден режисер кој има митска кариера, како што велат некои критичари. Во 50 години филмско творештво ова е неговото четврто долгометражно филмско остварување“, најави Ана Дишлиеска-Митова, директорка на Фестивалот.

Проекцијата на овој филм, а со тоа и фестивалот, ќе започне од 20:30 часот во летното кино „Мирно лето“ во Кинотеката.

Вториот ден, односно во сабота (8 јуни) во Кинотека со почеток од 18 часот ќе биде прикажана Придружната програма, односно видеоесеите „Мрежи на попладнето“, „На копно“, „Студија на кореографија за камера“, „Ритуал во преобразено време“, „Размисли за насилството“ и „Продорното око на ноќта“ на Маја Дерен, во кои присутните ќе ги воведе Ивана Мирчевска.

Додека пак, од 21 часот во летното кино ќе се прикаже долгометражниот филм на Раду Жуде „Не очекувај премногу од крајот на светот“.

„Во филмот на Раду Жуде станува збор за една социјална критика на неправедноста, нехуманоста и апсурдноста на современиот капитализам. Овој филм, како што вели Жуде, на самиот почеток е во разговор со еден постар романски филм ‘Ангела продолжува напред’ на Лучијан Брату, снимен во 80тите“, откри директорката.

Дополнително, во овој сегмент во исто време и на исто место ќе се прикажат и филмовите „Во лушпата на Златниот кожурец“ од режисерот Тјен Ан Фам (9 јуни), „Прозаични стихови“ од Али Асгари (10 јуни) и „Граѓанинот светец“ од Тинатин Кајришвили (11 јуни).

Селектор на овие долгометражни филмови е професорот Кирил Трајчев со кого, како што вели директорката на Фестивалот, соработуваат веќе со години. Овие 5 филмски остварувања од последните 2 години доаѓаат од Шпанија, Романија, Виетнам, Иран и Грузија.

Темите кои нас нѐ интересираат се за сеќавањата и идентитетот, социјална критика на капитализмот, или на авторитарноста, моќта и контролата во општествата, како на пример Иранското, но и темите на верата и на смртта“, додава Дишлиеска-Митова за овој дел од програмата.

Понатаму, во неделата (9 јуни) од 18 часот во Кинотека ќе се прикаже првата половина од Официјалната селекција на краткометражни филмови. Во овој сегмент за првиот ден се одбрани филмовите „Montanea“ од Шарлот Луј, „15 минути“ од Себастијан Немо Арансибија, „Промена“ од Амали Марија Нилсен, „Мониста“ од Рафаела Камело, „Маден“ од Малин Ингрид Јохансон, „Силуета“ од Сава Доломанов, „На автопатот на едно скршено срце“ од Никос Кирицис и „Големата експлозија“ од Карлос Сегундо.

Додека пак, наредниот ден во исто време и на исто место ќе се прикажат останатите краткометражни филмови „Чучуе / Си беше еднаш…“ од режисерот Амартеи Армар, „Лимоново дрво“ од Рејчел Волден, „Ништо од сето тоа“ од Патрисио Мартинез, „Неемиц / И подолго од засекогаш“ од Јудаџит Басу, „Жими мајка и да ми умре најмилото“ од Сам Манакса, „Тло“ од Педро Варгас, „Сеќавања на една празна куќа“ од Бруно Карниде и „Мојата девојка“ од Кавтар Јунис.

„Овие 16 краткометражни филмови доаѓаат од повеќе земји. Имаме филмови од Франција, Чиле, Данска, Бразил, Шветска, Чешка, Грција, Гана, САД, Аргентина, Шпанија, Индија, Филипи, Португалија, Египет и сите се во конкуренција за наградата за најдобар краткометражен филм според жири комисијата, но и според публиката“, наведе Андреј Медиќ, координатор на Фестивалот.

Тој нагласи и дека во оваа селекција се доделува и едно специјално признание „Стефан Сидовски-Сидо“ кое ФФФ го воведе пред неколку години во чест на професорот Сидо кој долги години беше дел од тимот на Фестивалот. А филмот кој ќе ја освои оваа награда ќе добие и уметничка слика од македонската уметница Соња Чингарова Фотева.

„Сите овие филмови се продуцирани минатата година, односно 2022-2023, и  најголемиот дел од нив ги имале своите премиери на некои од најпрестижните филмски фестивали, како Канскиот филмски фестивал“, додаде Медиќ.

Среда (12 јуни) од 18 часот ќе биде прикажана Селекцијата на видеоесеи, која ги вклучува „Периферија“ од Бо Мајбаум, „На црвената, бојата на вжарената земја“ од Ника Печарина, „Механика на флуиди“ од Гала Ернандес Лопес и „Длабоко во окото и стомакот: дел I“ од Сем Вилијамс.

Како што вели координаторот на фестивалот, Ревијалната програма е една од стожерите на фестивалот затоа што овде е филозофското во филмот или филмското во филозофијата. Во нејзини рамки годинава ќе се прикажат филмовите „Убавината на порокот“ од Живко Николиќ за кој излагање ќе има Миленковиќ на 11 јуни од 18 часот во Кинотека, „И сепак Лоренс“ од Гзавие Долан во кој професорката Слободанка Марковска ќе ја воведе публиката на 12 јуни од 21 часот во „Мирно лето“.

Фестивалот ќе се затвори на 13 јуни со почеток во 20:30 часот во „Мирно лето“ со доделување на наградите и филмот на Чарли Чаплин „Златната треска“, за кој излагање ќе има гостинот Стивен Фридман од САД.

Едукативната програма веќе се реализираше преку прикажување на средношколската видеолектира „Али: Стравот ја јаде душата“ од Рајнер Вернер Фасбиндер и работилници за млади и деца со Атанас Чупоски и Мартин Поповски за што беа доделени и награди.

Исто така, како вовед во Придружната програма беше прикажан и филмот „Во огледалото на Маја Дерен“ од Мартина Кудлачек, со излагање на Мирчевска.

Повеќе детали за 14. Филозофски филмски фестивал може да најдете на следниов линк.

 

The post Пет долгометражни и 16 кратки филмови во официјалните селекции на 14. Филозофски филмски фестивал од 7-13 јуни во Кинотека appeared first on Република.

]]>

Филозофскиот филмски фестивал (ФФФ) годинава по 14. пат ќе се одржи од 7-13 јуни во Кинотеката на Македонија и во негови рамки ќе бидат прикажани повеќе од 35 филмови во повеќе категории, ќе има излагања и вовед во некои од филмовите, како и предавање на еден од гостите. Организатори на фестивалот се Филозофското друштво на Македонија во соработка со Филозофскиот факултет во Скопје и Кинотеката на Македонија. Мотото на овогодинешното издание на ФФФ е „Неред меѓу редови“ и е инспирирано од американската експериментална режисерка со украинско потекло, Маја Дерен (1917-1961), која, како што велат од организацијата, и 60 години по нејзината смрт ќе зборува дека и уметноста е кореографирана од потенок конец, танц на рамнотежа, возвишен акт на балансирање меѓу хаосот и редот. Богатата филмска програма е организирана во повеќе програмски сегменти и тоа: Ревијална програма: филм-философијаПридружна програма (со фокус на Дерен)Едукативна програма и две компетитивни програми: Официјална селекција на долгометражни филмови и Официјална селекција на краткометражни филмови. Она што е новина во овогодинешната програма е сегментот на Селекција на видеоесеи, избрани од Ивана Мирчевска, македонска интердисциплинарна уметница. „Видеоесеите се од различна природа, дискутираат теми кои покриваат необични нешта како утробите на китовите, перифериите на градот, маргините на интернетот, трансформациите на глината…“, наведе Виктор Јованоски, координатор на Придружната програма, на вчерашната прес-конференција. Проекциите во рамките на Придружната програма, Селекцијата на краткометражни филмови и Селекцијата на видеоесеи ќе бидат бесплатни, додека билетите за другите филмови ќе чинат 150 денари. Гостин оваа година на фестивалот ќе биде српскиот филозоф Иван Миленковиќ, кој на 10 јуни (понеделник) со почеток од 12 часот на Филозофскиот факултет во слушална 8 ќе одржи предавање на темата „Кантовата недруштвена друштвеност“, односно ќе зборува за прашањата на филозофот Имануел Кант за тоа како да се формира заедница која ќе опстане и покрај постојаните конфликти, и покрај отпорот што луѓето го негуваат против заедницата. Додека пак, жири-комисијата која ќе одлучува кој ќе ја добие наградата „Златен був“ е составена од Славица Србиновска, професорка на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет во Скопје, Иван Миленковиќ, гостинот од Србија, и Јане Спасиќ, македонски филмски и театарски режисер. „Официјалната селекција на долгометражни филмови и фестивалот ќе ги отвориме овој петок (7 јуни) со ‘Затвори ги очите’ од Виктор Ерисе, еден режисер кој има митска кариера, како што велат некои критичари. Во 50 години филмско творештво ова е неговото четврто долгометражно филмско остварување“, најави Ана Дишлиеска-Митова, директорка на Фестивалот. Проекцијата на овој филм, а со тоа и фестивалот, ќе започне од 20:30 часот во летното кино „Мирно лето“ во Кинотеката. Вториот ден, односно во сабота (8 јуни) во Кинотека со почеток од 18 часот ќе биде прикажана Придружната програма, односно видеоесеите „Мрежи на попладнето“, „На копно“, „Студија на кореографија за камера“, „Ритуал во преобразено време“, „Размисли за насилството“ и „Продорното око на ноќта“ на Маја Дерен, во кои присутните ќе ги воведе Ивана Мирчевска. Додека пак, од 21 часот во летното кино ќе се прикаже долгометражниот филм на Раду Жуде „Не очекувај премногу од крајот на светот“. „Во филмот на Раду Жуде станува збор за една социјална критика на неправедноста, нехуманоста и апсурдноста на современиот капитализам. Овој филм, како што вели Жуде, на самиот почеток е во разговор со еден постар романски филм ‘Ангела продолжува напред’ на Лучијан Брату, снимен во 80тите“, откри директорката. Дополнително, во овој сегмент во исто време и на исто место ќе се прикажат и филмовите „Во лушпата на Златниот кожурец“ од режисерот Тјен Ан Фам (9 јуни), „Прозаични стихови“ од Али Асгари (10 јуни) и „Граѓанинот светец“ од Тинатин Кајришвили (11 јуни). Селектор на овие долгометражни филмови е професорот Кирил Трајчев со кого, како што вели директорката на Фестивалот, соработуваат веќе со години. Овие 5 филмски остварувања од последните 2 години доаѓаат од Шпанија, Романија, Виетнам, Иран и Грузија. Темите кои нас нѐ интересираат се за сеќавањата и идентитетот, социјална критика на капитализмот, или на авторитарноста, моќта и контролата во општествата, како на пример Иранското, но и темите на верата и на смртта“, додава Дишлиеска-Митова за овој дел од програмата. Понатаму, во неделата (9 јуни) од 18 часот во Кинотека ќе се прикаже првата половина од Официјалната селекција на краткометражни филмови. Во овој сегмент за првиот ден се одбрани филмовите „Montanea“ од Шарлот Луј, „15 минути“ од Себастијан Немо Арансибија, „Промена“ од Амали Марија Нилсен, „Мониста“ од Рафаела Камело, „Маден“ од Малин Ингрид Јохансон, „Силуета“ од Сава Доломанов, „На автопатот на едно скршено срце“ од Никос Кирицис и „Големата експлозија“ од Карлос Сегундо. Додека пак, наредниот ден во исто време и на исто место ќе се прикажат останатите краткометражни филмови „Чучуе / Си беше еднаш…“ од режисерот Амартеи Армар, „Лимоново дрво“ од Рејчел Волден, „Ништо од сето тоа“ од Патрисио Мартинез, „Неемиц / И подолго од засекогаш“ од Јудаџит Басу, „Жими мајка и да ми умре најмилото“ од Сам Манакса, „Тло“ од Педро Варгас, „Сеќавања на една празна куќа“ од Бруно Карниде и „Мојата девојка“ од Кавтар Јунис. „Овие 16 краткометражни филмови доаѓаат од повеќе земји. Имаме филмови од Франција, Чиле, Данска, Бразил, Шветска, Чешка, Грција, Гана, САД, Аргентина, Шпанија, Индија, Филипи, Португалија, Египет и сите се во конкуренција за наградата за најдобар краткометражен филм според жири комисијата, но и според публиката“, наведе Андреј Медиќ, координатор на Фестивалот. Тој нагласи и дека во оваа селекција се доделува и едно специјално признание „Стефан Сидовски-Сидо“ кое ФФФ го воведе пред неколку години во чест на професорот Сидо кој долги години беше дел од тимот на Фестивалот. А филмот кој ќе ја освои оваа награда ќе добие и уметничка слика од македонската уметница Соња Чингарова Фотева. „Сите овие филмови се продуцирани минатата година, односно 2022-2023, и  најголемиот дел од нив ги имале своите премиери на некои од најпрестижните филмски фестивали, како Канскиот филмски фестивал“, додаде Медиќ. Среда (12 јуни) од 18 часот ќе биде прикажана Селекцијата на видеоесеи, која ги вклучува „Периферија“ од Бо Мајбаум, „На црвената, бојата на вжарената земја“ од Ника Печарина, „Механика на флуиди“ од Гала Ернандес Лопес и „Длабоко во окото и стомакот: дел I“ од Сем Вилијамс. Како што вели координаторот на фестивалот, Ревијалната програма е една од стожерите на фестивалот затоа што овде е филозофското во филмот или филмското во филозофијата. Во нејзини рамки годинава ќе се прикажат филмовите „Убавината на порокот“ од Живко Николиќ за кој излагање ќе има Миленковиќ на 11 јуни од 18 часот во Кинотека, „И сепак Лоренс“ од Гзавие Долан во кој професорката Слободанка Марковска ќе ја воведе публиката на 12 јуни од 21 часот во „Мирно лето“. Фестивалот ќе се затвори на 13 јуни со почеток во 20:30 часот во „Мирно лето“ со доделување на наградите и филмот на Чарли Чаплин „Златната треска“, за кој излагање ќе има гостинот Стивен Фридман од САД. Едукативната програма веќе се реализираше преку прикажување на средношколската видеолектира „Али: Стравот ја јаде душата“ од Рајнер Вернер Фасбиндер и работилници за млади и деца со Атанас Чупоски и Мартин Поповски за што беа доделени и награди. Исто така, како вовед во Придружната програма беше прикажан и филмот „Во огледалото на Маја Дерен“ од Мартина Кудлачек, со излагање на Мирчевска. Повеќе детали за 14. Филозофски филмски фестивал може да најдете на следниов линк.  

The post Пет долгометражни и 16 кратки филмови во официјалните селекции на 14. Филозофски филмски фестивал од 7-13 јуни во Кинотека appeared first on Република.

]]>
Шпанскиот филм „Затвори ги очите“ ќе го отвори 14-тото издание на Филозофскиот филмски фестивал https://republika.mk/scena/film/shpanskiot-film-zatvori-gi-ochite-ke-go-otvori-14-toto-izdanie-na-filozofskiot-filmski-festival/ Sat, 01 Jun 2024 08:31:10 +0000 https://republika.mk/?p=783785

Шпанскиот филм „Затвори ги очите“ од реномираниот шпански режисер Виктор Ерисе, ќе го отвори 14 тото издание на Филозофскиот филмски фестивал, кое ќе се случи на 7. јуни со почеток во 20:30 часот во Летно кино „Мирно лето“, Кинотека на Македонија.

Филмот е обезбеден во соработка со Шпанската амбасада, а пред проекцијата ќе се обрати Амбасадорот на Шпанија во Скопје, Н. Е. Хосе Луис Лосано Гарсија.

„Затвори ги очите“ е богат и вдахновено поетски филм кој, според зборовите на самиот режисер, е нежна ода за идентитетот и сеќавањето. Едноставната елеганција на филмскиот ракопис и препознатливо одмерениот, многуслоен наратив се уште една потврда на фактот дека Ерисе одамна си има резервирано место во вишите редови на европскиот режисерски пантеон: и на 83 години, 31 година по неговиот последен филм, демонстрира вештина на стар мајстор и свежина на талентиран дебитант. Првото му дава за право да сними длабок филм за загубата и минатото; второто, пак, храброст да експериментира со структурата за да избегне фетишизација на тагата и да се фокусира на она што следува по неа – реакцијата, справувањето, спомените.

Едновремено јасен и енигматичен во разврската, „Затвори ги очите“ комуницира и на метасинематичко ниво. Постапката „филм во филм“ овде не е искористена само како декоративно наративно средство, туку и како суштински коментар на актот на снимање. Меѓу идентитетот и сеќавањата – ни предочува Ерисе – веќе стотина години стои и еден нивен чудесен посредник: филмот, неуморниот чувар на неповратното. „Личноста е повеќе од сеќавање за самата личност,“ забележува на едно место еден од протагонистите во „Затвори ги очите“. И филмот, се чини, е повеќе од сеќавање за филмот: често тој знае и повеќе од оној кој го снимил. Минатото како да е секогаш тука: особено она што е заборавено; не само што тоа не е мртво (би рекол Фокнер) туку – не е ниту минато.

„Затвори ги очите“ годинава беше учесник на многу фестивали ширум светот, а својата долго најавувана и нетрпеливо исчекувана премиера ја имаше лани, на Канскиот филмски фестивал.

The post Шпанскиот филм „Затвори ги очите“ ќе го отвори 14-тото издание на Филозофскиот филмски фестивал appeared first on Република.

]]>

Шпанскиот филм „Затвори ги очите“ од реномираниот шпански режисер Виктор Ерисе, ќе го отвори 14 тото издание на Филозофскиот филмски фестивал, кое ќе се случи на 7. јуни со почеток во 20:30 часот во Летно кино „Мирно лето“, Кинотека на Македонија. Филмот е обезбеден во соработка со Шпанската амбасада, а пред проекцијата ќе се обрати Амбасадорот на Шпанија во Скопје, Н. Е. Хосе Луис Лосано Гарсија. „Затвори ги очите“ е богат и вдахновено поетски филм кој, според зборовите на самиот режисер, е нежна ода за идентитетот и сеќавањето. Едноставната елеганција на филмскиот ракопис и препознатливо одмерениот, многуслоен наратив се уште една потврда на фактот дека Ерисе одамна си има резервирано место во вишите редови на европскиот режисерски пантеон: и на 83 години, 31 година по неговиот последен филм, демонстрира вештина на стар мајстор и свежина на талентиран дебитант. Првото му дава за право да сними длабок филм за загубата и минатото; второто, пак, храброст да експериментира со структурата за да избегне фетишизација на тагата и да се фокусира на она што следува по неа – реакцијата, справувањето, спомените. Едновремено јасен и енигматичен во разврската, „Затвори ги очите“ комуницира и на метасинематичко ниво. Постапката „филм во филм“ овде не е искористена само како декоративно наративно средство, туку и како суштински коментар на актот на снимање. Меѓу идентитетот и сеќавањата – ни предочува Ерисе – веќе стотина години стои и еден нивен чудесен посредник: филмот, неуморниот чувар на неповратното. „Личноста е повеќе од сеќавање за самата личност,“ забележува на едно место еден од протагонистите во „Затвори ги очите“. И филмот, се чини, е повеќе од сеќавање за филмот: често тој знае и повеќе од оној кој го снимил. Минатото како да е секогаш тука: особено она што е заборавено; не само што тоа не е мртво (би рекол Фокнер) туку – не е ниту минато. „Затвори ги очите“ годинава беше учесник на многу фестивали ширум светот, а својата долго најавувана и нетрпеливо исчекувана премиера ја имаше лани, на Канскиот филмски фестивал.

The post Шпанскиот филм „Затвори ги очите“ ќе го отвори 14-тото издание на Филозофскиот филмски фестивал appeared first on Република.

]]>
Филозофски филмски фестивал: „Во огледалото на Маја Дерен“ на 14 мај во МСУ https://republika.mk/scena/film/filozofski-filmski-festival-vo-ogledaloto-na-maja-deren-na-14-maj-vo-msu/ Thu, 09 May 2024 12:04:10 +0000 https://republika.mk/?p=776358

Оваа година, на 14. издание на Филозофскиот филмски фестивал, поголем дел од Придружната програма ќе биде посветен на американската авангардна режисерка Маја Дерен (1917-1961). Така, во рамките на Главната програма на Фестивалот (7-13 јуни) ќе бидат прикажани шест од нејзините видео есеи.

Како најава на ова, на 14. мај, во Музејот на современата уметност во Скопје (19:00 ч.), ќе биде прикажан документарен филм за режисерката Дерен. Традиционално, тоа ќе биде првата проекција на Фестивалот за годинава, односно најава за Главната програма. Односно, ќе имате можност да го погледнете филмот „Во огледалото на Маја Дерен“ (In the Mirror of Maya Deren, 2002, 104’) во режија на Мартина Кудлачек (Martina Kudlácek).

Родена во Киев во 1917, Маја Дерен е американска филмска авторка, поетеса, кореографка, фотографка, филмска теоретичарка и практикувач на хаитското вуду.

Филмскиот опусот на Маја Дерен ги побива сите категории. Нејзиниот комплексен и еклектичен филмски јазик, активно ја одбива категоризацијата и припадноста на нејзините филмови во движењата на надреализмот, формалзмот и структурализмот. Маја Дерен го користи медиумот на филмот со цел да открие нелинеарна перспектива на реалноста, како контрапункт на т.н „хоризонтална“ или линеарна драматична нарација фаворизирана од холивудските филмови. За неа сликите во движење се простор за изразување на емоционалните квалитети и длабочина преку поетско разбирање на филмскиот медиум во процеси кои таа ги опишува како „вертикални истражувања“.

Преку манипулирање на сликите во движење во форма на фантазмагорични црно-бели кратки филмови наречени „кинопоеми“, таа успеава да изгради простор во кој ритамот, движењето, субјективната психологија, навиките на перцепција и симултаната реалност стануваат вродени квалитети на филмскиот медиум и време.

Творештвото на Маја Дерен служи како архетипски пример за независност, чија што филмска пракса успева да ги избегние институционалните правила воспоставени во американската кинематографија. Влијанието на Дерен врз авангардниот филм е дотолку големо, што нејзиниот уметнички ангажман придонесува кон етаблирањето на експерименталниот филм како легитимна уметничка форма. Заедно со Јонас Мекас, Амос Вогел, и други, Дерен ги воспоставуваат критериумите и условите на независниот филм кои и денес остануваат со нас.

Како најава на овогодинешното издание на ФФФ со ќе имате можност да го погледнете филмот „Во огледалото на Маја Дерен“ (In the Mirror of Maya Deren, 2002, 104’) во режија на Мартина Кудлачек (Martina Kudlácek).

„Во огледалото на Маја Деран“ е долгометражен документарен филм кој го реконструира комплексниот живот, дело и уметнички ангажман на така наречената „мајка на авангардниот и експериментален филм“ - Маја Дерен. Инспириран од оглас објавен во рамките на киноархивот „Антологија“ (Anthology Film Archives) од страна на Јонас Мекас за систематизирање на депонираните филмски материјали на Маја Дерен, Мартина Кудлачек одлучува да се впушти во документаристичко истражување на повеќеслојното филмско наследство на Маја Дерен.

Документарецот ја исцртува биографската територија на Маја Дерен преку интервјуа со блиски познаници и соработници, воедно и важни актери во поствоената американска уметничка сцена. Интервјуата ги вклучуваат: Јонас Мекас, филмаџија и основач на Киноархивата „Антологија“, Александар Хамид (Alexander Hammid), фотограф и филмаџија од Чехословачка, нејзин сопруг и соработник во Мрежи на попладнето (Meshes of the Afternoon), танчерката Рита Кристиани (Rita Christiani) која се појавува во улогата на алтер егото на Маја Дерен во Ритуал во преобразено време (Ritual in Transfigured Time), и Катрин Дунхам (Katherine Dunham) меѓу останатите.

Покрај инсерти од филмовите на Маја Дерен, документарецот вклучува архивски материјали од нејзините предавања, работилници, материјали од етнографските истражувања на Хаити и практиките на вуду, преку кои го доближуваат контекстот, филмската филозофија и метод на пионерката на авангардниот филм.

The post Филозофски филмски фестивал: „Во огледалото на Маја Дерен“ на 14 мај во МСУ appeared first on Република.

]]>

Оваа година, на 14. издание на Филозофскиот филмски фестивал, поголем дел од Придружната програма ќе биде посветен на американската авангардна режисерка Маја Дерен (1917-1961). Така, во рамките на Главната програма на Фестивалот (7-13 јуни) ќе бидат прикажани шест од нејзините видео есеи.

Како најава на ова, на 14. мај, во Музејот на современата уметност во Скопје (19:00 ч.), ќе биде прикажан документарен филм за режисерката Дерен. Традиционално, тоа ќе биде првата проекција на Фестивалот за годинава, односно најава за Главната програма. Односно, ќе имате можност да го погледнете филмот „Во огледалото на Маја Дерен“ (In the Mirror of Maya Deren, 2002, 104’) во режија на Мартина Кудлачек (Martina Kudlácek).

Родена во Киев во 1917, Маја Дерен е американска филмска авторка, поетеса, кореографка, фотографка, филмска теоретичарка и практикувач на хаитското вуду.

Филмскиот опусот на Маја Дерен ги побива сите категории. Нејзиниот комплексен и еклектичен филмски јазик, активно ја одбива категоризацијата и припадноста на нејзините филмови во движењата на надреализмот, формалзмот и структурализмот. Маја Дерен го користи медиумот на филмот со цел да открие нелинеарна перспектива на реалноста, како контрапункт на т.н „хоризонтална“ или линеарна драматична нарација фаворизирана од холивудските филмови. За неа сликите во движење се простор за изразување на емоционалните квалитети и длабочина преку поетско разбирање на филмскиот медиум во процеси кои таа ги опишува како „вертикални истражувања“.

Преку манипулирање на сликите во движење во форма на фантазмагорични црно-бели кратки филмови наречени „кинопоеми“, таа успеава да изгради простор во кој ритамот, движењето, субјективната психологија, навиките на перцепција и симултаната реалност стануваат вродени квалитети на филмскиот медиум и време.

Творештвото на Маја Дерен служи како архетипски пример за независност, чија што филмска пракса успева да ги избегние институционалните правила воспоставени во американската кинематографија. Влијанието на Дерен врз авангардниот филм е дотолку големо, што нејзиниот уметнички ангажман придонесува кон етаблирањето на експерименталниот филм како легитимна уметничка форма. Заедно со Јонас Мекас, Амос Вогел, и други, Дерен ги воспоставуваат критериумите и условите на независниот филм кои и денес остануваат со нас.

Како најава на овогодинешното издание на ФФФ со ќе имате можност да го погледнете филмот „Во огледалото на Маја Дерен“ (In the Mirror of Maya Deren, 2002, 104’) во режија на Мартина Кудлачек (Martina Kudlácek).

„Во огледалото на Маја Деран“ е долгометражен документарен филм кој го реконструира комплексниот живот, дело и уметнички ангажман на така наречената „мајка на авангардниот и експериментален филм“ - Маја Дерен. Инспириран од оглас објавен во рамките на киноархивот „Антологија“ (Anthology Film Archives) од страна на Јонас Мекас за систематизирање на депонираните филмски материјали на Маја Дерен, Мартина Кудлачек одлучува да се впушти во документаристичко истражување на повеќеслојното филмско наследство на Маја Дерен.

Документарецот ја исцртува биографската територија на Маја Дерен преку интервјуа со блиски познаници и соработници, воедно и важни актери во поствоената американска уметничка сцена. Интервјуата ги вклучуваат: Јонас Мекас, филмаџија и основач на Киноархивата „Антологија“, Александар Хамид (Alexander Hammid), фотограф и филмаџија од Чехословачка, нејзин сопруг и соработник во Мрежи на попладнето (Meshes of the Afternoon), танчерката Рита Кристиани (Rita Christiani) која се појавува во улогата на алтер егото на Маја Дерен во Ритуал во преобразено време (Ritual in Transfigured Time), и Катрин Дунхам (Katherine Dunham) меѓу останатите.

Покрај инсерти од филмовите на Маја Дерен, документарецот вклучува архивски материјали од нејзините предавања, работилници, материјали од етнографските истражувања на Хаити и практиките на вуду, преку кои го доближуваат контекстот, филмската филозофија и метод на пионерката на авангардниот филм.

The post Филозофски филмски фестивал: „Во огледалото на Маја Дерен“ на 14 мај во МСУ appeared first on Република.

]]>
„Кралевите на светот“ и „Туки Буки“ вечерва на Филозофскиот филмски фестивал https://republika.mk/vesti/kultura/kralevite-na-svetot-i-tuki-buki-vecherva-na-filozofskiot-filmski-festival/ Sat, 03 Jun 2023 12:46:50 +0000 https://republika.mk/?p=647402

Киното „Мирно лето“ во Кинотеката, вчеравечер беше претесно да ги собере гостите и посетителите на отворањето на 13. издание на Филозофскиот филмски фестивал. Место повеќе се бараше за премиерната проекција на филмот „Некрстени денови“ на Иво Трајков, а со особено внимние беше проследен и музичкиот перформанс на Филип Букршлиев и Андреа Мирческа, емисари на новиот македонски бран на џез музика.

За „Некрстени денови“ филм кој плени со раскошна визуелност и со апокалиптичката приказна сместена во предворјето на Втората светска војна, публиката имаше можност за исцрпна дискусија со режисерот Трајков кој специјално за оваа пригода допатува од Чешка.

Од името на организаторот на Фестивалот, Филозофското друштво на Македонија поздравно обраќање имаше неговиот престедател, Љупчо Митковски. Тој потенцираше дека она што пред 13 години започна како иницијатива на неколкумина тогашни студенти на Институтот за филозофија коишто ги поврзуваше љубовта кон филмот и желбата да се има неформален простор да се дискутира и промислува за и околу филмот, низ годините се концептуализира и отелотвори во меѓународно препознатлив и автентичен Фестивал.

Во светот постојат едвај неколку фестивали со ваков предзнак, повеќето веќе згаснати, но само нашиот, благодарејќи на тимот непоправливи ентузијасти успеа да се закотви и да етаблира консеквентна програмска рамка. Затоа, не само ние, туку чинам дека и целата македонска културна јавност имаме поткрепени разлози да бидеме горди на овој факт што укажува на уникалност“, истакна Митковски.

Фестивалската програма продолжува денеска од 18.30 часот во Кинотеката со проекцијата на филм од официјалната селекција „Кралевите на светот“ (2022) на режисерката Лаура Мора, со која по филмот ќе биде организирана Q&A он лајн сесија.

Исто така од 21 часот во летното кино „Мирно лето“ во рамки на ревијалната програма ќе биде прикажан филмот од 1973 година „Туки Буки“ на „сенегалскиот Годар“, Џибраил Диоп Мамбети, а излагање за филмот и дискусија со присутната публика ќе има професорот Нил Кенеди.
Утре, в недела, како дел од официјалната селекција од 18.30 часот е филмот „План 75“ (2022) на Чие Хајакова. Од 21 часот пак во киното „Мирно лето“ како дел од ревијалната програма посветен на годинешниот фестивалски фокус кон Жан Лик Годар ќе биде прикажан „Во темнината на времето“. Потоа следуваат осум наслови од официјлната селекција на краткометражни филмови: „Сè по старо“, Лојд Ли Чои, „Над површината“, Јела Хаслер, „Ќебенцето“, Тепо Ајраксинен, „Бездомник“, Дајан Вејс, „За мене“, Али Асгари“, „Семка од авокадо“, Ари Зора“, „Второ лице“, Рита Барбоса, „Ноќна светлина“, Ким Торес.

Фестивалот е во организација на Филозофското друштво на Македонија во соработка со Филозофскиот факултет при УКИМ во Скопје и Кинотеката на Македонија. Институционални поддржувачи на ФФФ се Агенцијата за филм и Министерството за култура на Република Македонија. Годинава Ревијалната програма „Филм-философија“ се реализира во партнерство со МЕДИА Деск МК. Во подготовката на ова издание значајна поддршка дадоа Амбасадата на Кралството Шпанија во Скопје, Амбасадата на Република Полска во Скопје, Музејот на современата уметност Скопје, како и бројни други долгогодишни соработници и пријатели на Фестивалот.

The post „Кралевите на светот“ и „Туки Буки“ вечерва на Филозофскиот филмски фестивал appeared first on Република.

]]>

Киното „Мирно лето“ во Кинотеката, вчеравечер беше претесно да ги собере гостите и посетителите на отворањето на 13. издание на Филозофскиот филмски фестивал. Место повеќе се бараше за премиерната проекција на филмот „Некрстени денови“ на Иво Трајков, а со особено внимние беше проследен и музичкиот перформанс на Филип Букршлиев и Андреа Мирческа, емисари на новиот македонски бран на џез музика. За „Некрстени денови“ филм кој плени со раскошна визуелност и со апокалиптичката приказна сместена во предворјето на Втората светска војна, публиката имаше можност за исцрпна дискусија со режисерот Трајков кој специјално за оваа пригода допатува од Чешка. Од името на организаторот на Фестивалот, Филозофското друштво на Македонија поздравно обраќање имаше неговиот престедател, Љупчо Митковски. Тој потенцираше дека она што пред 13 години започна како иницијатива на неколкумина тогашни студенти на Институтот за филозофија коишто ги поврзуваше љубовта кон филмот и желбата да се има неформален простор да се дискутира и промислува за и околу филмот, низ годините се концептуализира и отелотвори во меѓународно препознатлив и автентичен Фестивал.
Во светот постојат едвај неколку фестивали со ваков предзнак, повеќето веќе згаснати, но само нашиот, благодарејќи на тимот непоправливи ентузијасти успеа да се закотви и да етаблира консеквентна програмска рамка. Затоа, не само ние, туку чинам дека и целата македонска културна јавност имаме поткрепени разлози да бидеме горди на овој факт што укажува на уникалност“, истакна Митковски.
Фестивалската програма продолжува денеска од 18.30 часот во Кинотеката со проекцијата на филм од официјалната селекција „Кралевите на светот“ (2022) на режисерката Лаура Мора, со која по филмот ќе биде организирана Q&A он лајн сесија. Исто така од 21 часот во летното кино „Мирно лето“ во рамки на ревијалната програма ќе биде прикажан филмот од 1973 година „Туки Буки“ на „сенегалскиот Годар“, Џибраил Диоп Мамбети, а излагање за филмот и дискусија со присутната публика ќе има професорот Нил Кенеди. Утре, в недела, како дел од официјалната селекција од 18.30 часот е филмот „План 75“ (2022) на Чие Хајакова. Од 21 часот пак во киното „Мирно лето“ како дел од ревијалната програма посветен на годинешниот фестивалски фокус кон Жан Лик Годар ќе биде прикажан „Во темнината на времето“. Потоа следуваат осум наслови од официјлната селекција на краткометражни филмови: „Сè по старо“, Лојд Ли Чои, „Над површината“, Јела Хаслер, „Ќебенцето“, Тепо Ајраксинен, „Бездомник“, Дајан Вејс, „За мене“, Али Асгари“, „Семка од авокадо“, Ари Зора“, „Второ лице“, Рита Барбоса, „Ноќна светлина“, Ким Торес. Фестивалот е во организација на Филозофското друштво на Македонија во соработка со Филозофскиот факултет при УКИМ во Скопје и Кинотеката на Македонија. Институционални поддржувачи на ФФФ се Агенцијата за филм и Министерството за култура на Република Македонија. Годинава Ревијалната програма „Филм-философија“ се реализира во партнерство со МЕДИА Деск МК. Во подготовката на ова издание значајна поддршка дадоа Амбасадата на Кралството Шпанија во Скопје, Амбасадата на Република Полска во Скопје, Музејот на современата уметност Скопје, како и бројни други долгогодишни соработници и пријатели на Фестивалот.

The post „Кралевите на светот“ и „Туки Буки“ вечерва на Филозофскиот филмски фестивал appeared first on Република.

]]>
„Годар: Човекот-филм“ вечерва во МСУ како најава за 13. издание на Филозофскиот филмски фестивал https://republika.mk/vesti/kultura/godar-chovekot-film-vecherva-vo-msu-kako-najava-za-13-izdanie-na-filozofskiot-filmski-festival/ Fri, 19 May 2023 09:26:15 +0000 https://republika.mk/?p=642572

Филозофскиот филмски фестивал информира дека вечерва со почеток во 20 часот, во Музејот на современата уметност (МСУ) Скопје ќе биде прикажан филмот „Годар: човекот-филм“, како најава на 13. издание на фестивалот кој ќе се одржува од 2 до 9 јуни во Кинотеката на Македонија.

„Годинешниот фокус на фестивалот е посветен на францускиот филмски великан Жан-Лик Годар. Проекцијата воедно ја акцентира максимата на овогодишното 13. фестивалско издание којашто гласи „Сè е филм, во множина“. Годинешната максима, „Сè e филм, во множина“, повторува една Годарова постапка – брзиот и неочекуван монтажен засек. Затоа и запирката, која не е чест гостин во слогани, тука ни се чини, e сосема посакуванa“, соопштува организаторот на Фестивалот.

Филозофскиот филмски фестивал кој ја негува и промовира мисловната, филозофско-eстетичка димензија на седмата уметност, годинава ќе се одржи од 2-9 јуни во Кинотеката на Македонија. Во рамките на ова фестивалско издание е предвидено да бидат прикажани околу 40 филмови, 50-тина настани, ќе има 18 домашни и странски гости и 24 учесници на Втората интернационална конференција „Филозофија и филм“ којашто ќе се одржи во онлајн формат (25-ти и 26-ти мај).

Богатата фестивалска програма е организирана во: Ревијална програма: филм-философија реализирана во партнерство со МЕДИА Деск Мк, двете компетитивни програми: Официјална селекција на долгометражни филмови и Официјална селекција на краткометражни филмови, Придружна програма (со Фокус Годар), Едукативна програма и Интернационална конференција „Филозофија и филм“, а Фестивалот работи и на два издавачки проекти.

Фестивалот е во организација на Филозофското друштво на Македонија, и ќе се одржи со поддршка на Агенцијата за филм и Министерството за култура на Македонија, во соработка со Кинотеката на  Македонија, Филозофскиот факултет при УКИМ во Скопје, Амбасадата на Шпанија во Скопје, Амбасадата на Република Полска во Скопје, Музејот на современата уметност Скопје (ФФФ@МСУ), како и бројни други долгогодишни соработници и пријатели на Фестивалот.

The post „Годар: Човекот-филм“ вечерва во МСУ како најава за 13. издание на Филозофскиот филмски фестивал appeared first on Република.

]]>

Филозофскиот филмски фестивал информира дека вечерва со почеток во 20 часот, во Музејот на современата уметност (МСУ) Скопје ќе биде прикажан филмот „Годар: човекот-филм“, како најава на 13. издание на фестивалот кој ќе се одржува од 2 до 9 јуни во Кинотеката на Македонија.
„Годинешниот фокус на фестивалот е посветен на францускиот филмски великан Жан-Лик Годар. Проекцијата воедно ја акцентира максимата на овогодишното 13. фестивалско издание којашто гласи „Сè е филм, во множина“. Годинешната максима, „Сè e филм, во множина“, повторува една Годарова постапка – брзиот и неочекуван монтажен засек. Затоа и запирката, која не е чест гостин во слогани, тука ни се чини, e сосема посакуванa“, соопштува организаторот на Фестивалот.
Филозофскиот филмски фестивал кој ја негува и промовира мисловната, филозофско-eстетичка димензија на седмата уметност, годинава ќе се одржи од 2-9 јуни во Кинотеката на Македонија. Во рамките на ова фестивалско издание е предвидено да бидат прикажани околу 40 филмови, 50-тина настани, ќе има 18 домашни и странски гости и 24 учесници на Втората интернационална конференција „Филозофија и филм“ којашто ќе се одржи во онлајн формат (25-ти и 26-ти мај). Богатата фестивалска програма е организирана во: Ревијална програма: филм-философија реализирана во партнерство со МЕДИА Деск Мк, двете компетитивни програми: Официјална селекција на долгометражни филмови и Официјална селекција на краткометражни филмови, Придружна програма (со Фокус Годар), Едукативна програма и Интернационална конференција „Филозофија и филм“, а Фестивалот работи и на два издавачки проекти. Фестивалот е во организација на Филозофското друштво на Македонија, и ќе се одржи со поддршка на Агенцијата за филм и Министерството за култура на Македонија, во соработка со Кинотеката на  Македонија, Филозофскиот факултет при УКИМ во Скопје, Амбасадата на Шпанија во Скопје, Амбасадата на Република Полска во Скопје, Музејот на современата уметност Скопје (ФФФ@МСУ), како и бројни други долгогодишни соработници и пријатели на Фестивалот.

The post „Годар: Човекот-филм“ вечерва во МСУ како најава за 13. издание на Филозофскиот филмски фестивал appeared first on Република.

]]>
Филозофски филмски фестивал: Проекција на „Годар: човекот филм“ в петок во МСУ https://republika.mk/vesti/kultura/filozofski-filmski-festival-proektsija-na-godar-chovekot-film-v-petok-vo-msu/ Tue, 16 May 2023 09:28:22 +0000 https://republika.mk/?p=641270

Со мала воведна дискусија ќе започне проекцијата на филмот „Годар: Човекот филм“, која ќе се одржи во Музејот на современата уметност (МСУ) во рамки на овогодишното, тринаесетто издание на Филозофскиот филмски фестивал (ФФФ).

Актуелното издание на ФФФ оваа година е во фокусот на режисерот Жан Лик Годар, под мотото „Сè е филм, во множина“.

Бесплатната проекција ќе се одржи на 19 мај, петок, со почеток во 20 часот, а организаторите на ФФФ потенцираат дека режисерот на филмот „Годар: Човекот филм“, Сирил Лоти, вели дека „она што најмногу привлекува и мотивира кај Годар е тоа што тој допушта сè: ги ослободува режисерите да бидат смели, да експериментираат, да ги предизвикуваат навиките“.

„Маршрутата на Годар следи само една насока: постојано обновување на својата уметност. Креативниот чин го гледа како неопходен чин на критика и деконструкција. Годар во една прилика ќе рече: ‘секогаш поаѓам од негативното. Јас сум позитивен човек кој тргнува од негативното.’ Уметник кој неуморно се преосмислува и кој неизбежно се уништува“, објаснуваат од ФФФ.

Оттаму дополнуваат дека видео-портретот носи подалеку од клишеата на митот којшто некогаш станува и карикатура, за да сретнеме човек посентиментален отколку што изгледа, човек опседнат, а понекогаш и надминат од својата уметност.

„Годар: човекот-филм“ беше премиерно прикажан во програмата Филмски класици (Venice Classics) на Венецискиот филмски фестивал во 2022 година.

Филозофскиот филмски фестивал оваа ќе се одржи од 2 до 9 јуни во Кинотека. Ќе бидат прикажани 40-тина филмови, 50 настани, а ќе има 18 гости и 20 учесници на Втората интернационална конференција „Филозофија и филм“.

Организаторите посочуваат дека мотото е инспирирано од  францускиот филмски великан од новиот бран Жан-Лик Годар (1930-2022) за кого фестивалот подготвува специјален сегмент „Фокус Годар“.

The post Филозофски филмски фестивал: Проекција на „Годар: човекот филм“ в петок во МСУ appeared first on Република.

]]>

Со мала воведна дискусија ќе започне проекцијата на филмот „Годар: Човекот филм“, која ќе се одржи во Музејот на современата уметност (МСУ) во рамки на овогодишното, тринаесетто издание на Филозофскиот филмски фестивал (ФФФ). Актуелното издание на ФФФ оваа година е во фокусот на режисерот Жан Лик Годар, под мотото „Сè е филм, во множина“. Бесплатната проекција ќе се одржи на 19 мај, петок, со почеток во 20 часот, а организаторите на ФФФ потенцираат дека режисерот на филмот „Годар: Човекот филм“, Сирил Лоти, вели дека „она што најмногу привлекува и мотивира кај Годар е тоа што тој допушта сè: ги ослободува режисерите да бидат смели, да експериментираат, да ги предизвикуваат навиките“. „Маршрутата на Годар следи само една насока: постојано обновување на својата уметност. Креативниот чин го гледа како неопходен чин на критика и деконструкција. Годар во една прилика ќе рече: ‘секогаш поаѓам од негативното. Јас сум позитивен човек кој тргнува од негативното.’ Уметник кој неуморно се преосмислува и кој неизбежно се уништува“, објаснуваат од ФФФ. Оттаму дополнуваат дека видео-портретот носи подалеку од клишеата на митот којшто некогаш станува и карикатура, за да сретнеме човек посентиментален отколку што изгледа, човек опседнат, а понекогаш и надминат од својата уметност. „Годар: човекот-филм“ беше премиерно прикажан во програмата Филмски класици (Venice Classics) на Венецискиот филмски фестивал во 2022 година. Филозофскиот филмски фестивал оваа ќе се одржи од 2 до 9 јуни во Кинотека. Ќе бидат прикажани 40-тина филмови, 50 настани, а ќе има 18 гости и 20 учесници на Втората интернационална конференција „Филозофија и филм“. Организаторите посочуваат дека мотото е инспирирано од  францускиот филмски великан од новиот бран Жан-Лик Годар (1930-2022) за кого фестивалот подготвува специјален сегмент „Фокус Годар“.

The post Филозофски филмски фестивал: Проекција на „Годар: човекот филм“ в петок во МСУ appeared first on Република.

]]>
„Варша“ и „Клара Сола“ – добитници на наградата „Златен Був“ на 12. Филозофски филмски фестивал https://republika.mk/vesti/kultura/varsha-i-klara-sola-dobitnici-na-nagradata-zlaten-buv-na-12-filozofski-filmski-festival/ Fri, 10 Jun 2022 15:36:56 +0000 https://republika.mk/?p=513597

Најновото, 12. издание на Филозофскиот филмски фестивал заврши синоќа со традиционалното доделување на наградите за најдобрите филмови одредени според жирито и според публиката.

Наградата „Златен Був“ за најдобар краткометражен филм според жирито отиде во рацете на филмот „Варша“ во режија на Донија Бадир.

Сценаристички зрел, кинематографски заводлив, и содржински прониклив, „Варша“ е филм за пркосот, кој одново ги сопоставува релациите помеѓу светот и нашите мали закожурчени светови.Режисерката со иновативен авторски пристап на гледачот му пренесува „цитат“ од најфреквентните философски теми – што е слободата, стои во описот за наградата.

Специјалното признание „Стефан Сидовски – Сидо“ за краткометражен филм му припадна на филмот „Тивкиот човек“ на Нима Карти.

Во краткиот опис за филмот се вели; Философема за секој човек – Everyman, кој дневно се соочува со неемпатичноста и моралниот далтонизам. Ненаметливо ги поставува прашањата како да се загребе по задреманата совест и што е тоа што може да го вознемири денешниот човек.

Наградата „Златен Був“ за најдобар долгометражен филм според жирито доби филмот „Клара Сола“ и режисерката Натали Алварез Месен.

На симболичниот јазик на магичниот реализам, филмот впечатливо ја прикажува борбата на Клара за самоопределување, во која нејзиното искуство за природата е централно. Оттука е и изворот на филозофското значење и поетската новина на овој филм: длабока емпатија со сите живи нешта, се вели во описот.

„Златен Був“ за најдобар краткометражен филм според публика беше доделен на филмот „Бранка“ во режија на Акош К. Ковач, а за најдобар долгометражен филм според публиката беше доделен на филмот „По љубовта“ на Алем Кан.

The post „Варша“ и „Клара Сола“ – добитници на наградата „Златен Був“ на 12. Филозофски филмски фестивал appeared first on Република.

]]>

Најновото, 12. издание на Филозофскиот филмски фестивал заврши синоќа со традиционалното доделување на наградите за најдобрите филмови одредени според жирито и според публиката. Наградата „Златен Був“ за најдобар краткометражен филм според жирито отиде во рацете на филмот „Варша“ во режија на Донија Бадир.
Сценаристички зрел, кинематографски заводлив, и содржински прониклив, „Варша“ е филм за пркосот, кој одново ги сопоставува релациите помеѓу светот и нашите мали закожурчени светови.Режисерката со иновативен авторски пристап на гледачот му пренесува „цитат“ од најфреквентните философски теми – што е слободата, стои во описот за наградата.
Специјалното признание „Стефан Сидовски – Сидо“ за краткометражен филм му припадна на филмот „Тивкиот човек“ на Нима Карти. Во краткиот опис за филмот се вели; Философема за секој човек – Everyman, кој дневно се соочува со неемпатичноста и моралниот далтонизам. Ненаметливо ги поставува прашањата како да се загребе по задреманата совест и што е тоа што може да го вознемири денешниот човек. Наградата „Златен Був“ за најдобар долгометражен филм според жирито доби филмот „Клара Сола“ и режисерката Натали Алварез Месен.
На симболичниот јазик на магичниот реализам, филмот впечатливо ја прикажува борбата на Клара за самоопределување, во која нејзиното искуство за природата е централно. Оттука е и изворот на филозофското значење и поетската новина на овој филм: длабока емпатија со сите живи нешта, се вели во описот.
„Златен Був“ за најдобар краткометражен филм според публика беше доделен на филмот „Бранка“ во режија на Акош К. Ковач, а за најдобар долгометражен филм според публиката беше доделен на филмот „По љубовта“ на Алем Кан.

The post „Варша“ и „Клара Сола“ – добитници на наградата „Златен Був“ на 12. Филозофски филмски фестивал appeared first on Република.

]]>
12. Филозофски филмски фестивал завршува вечерва со доделувањето на наградите „Златен був“ https://republika.mk/vesti/kultura/12-filozofski-filmski-festival-zavrshuva-vecherva-so-dodeluvanjeto-na-nagradite-zlaten-buv/ Thu, 09 Jun 2022 11:56:35 +0000 https://republika.mk/?p=513154

Вечерва (9 јуни, 20:30) во Летното кино „Мирно лето“ завршува 12. издание на Филозофскиот филмски фестивал. По 8 денови дружење со филмот и философијата, тимот на Фестивалот ќе ги соопшти добитниците на наградите „Златен був“ за најдобрите филмови според жирито и според публиката, како и специјалното признание „Стефан Сидовски – Сидо“ во краткометражната селекција.
Последната вечер е намената и за уште една проекција од Ревијалната програма: Филм-философија, со проекција на филмот „Нешто корисно“ (Something Useful, 2017) на познатата турска режисерка Пелин Есмер.
Лејла, адвокатка и поетеса, оди на средба со пријателите од средното училиште по долгогодишно игнорирање на поканите за вакви дружби. Во возот кон Измир Лејла ја запознава Канан, млада студентка по медицина, којашто сонува да стане актерка и покрај поинаквите желби на нејзиното семејство. Нивното познанство ќе ги одведе во интересно патешествие за важноста на сопствениот избор, за радоста и грижата во поврзувањето со нова личност во животот, но и за важноста на уметноста во тешките моменти од животот.
Помеѓу останатите, филмот ја доби наградата за најдобро сценарио на Меѓународниот филмски фестивал во Талин, наградите FIPRESCI на Филмскиот фестивал во Истанбул, а потоа и наградите за најдобра режија, најдобро сценарио и најдобра актерка во Турција.
По филмот во Летното кино „Мирно лето“ ќе се одржат и првите ФФФ дијалози, нов сегмент во фестивалската програма којшто е конципиран да овозможи директна средба меѓу филмот и философијата, низ разговори (дијалози) на режисери и професори, истражувачи, филмолози или теоретичари на филмот. Вечерва, во овој сегмент ќе учествуваат режисерката Пелин Есмер (Pelin Esmer) и професорот Сердар Озтурк (Serdar Öztürk) од Турција. Публиката ќе има можност да го проследи дијалогот и дикретно да се вклучи во дискусијата со гостите присутни во Кинотеката.
Пелин Есмер е турска писателка и режисерка на играни и документарни филмови која има студирано социологија во Истанбул, а потоа целосно се посветува на филмската уметност. Есмер ја основа филмската компанија „Синефилм“ и од 2001 година ги снима нејзините независни филмови „Колекционер“, „Игра“, „10 до 11“, „Стражарска кула“, „Нешто корисно“ и „Кралицата Лир“ коишто се прикажувани на светски познатите фестивали: Сан Себастијан, Трибека, Торонто, Сараево, Ротердам, Талин итн. Во 2020 година MUBI Turkey и MUBI International ги претставија сите филмови на Есмер во Турција и во странство со ретроспективата насловена „Патување до срцето со Пелин Есмер“. Истата година, Истанбулскиот современ филмски музеј направи ретроспектива на филмовите на Есмер како дел од нивната серија „Средба со режисерите“.
Сердар Озтурк е професор на Катедрата за радио, телевизија и филм на Факултетот за комуникации при Универзитетот Анкара Хаџи Бајрам Вели (АХБВ) во Анкара, Турција. Тој во 2016 година го иницира публикувањето на реномираното академско списание The Journal of SineFilozofi. Проф. Озтурк, исто така, е претседател на Здружението за филм и филозофија во Турција. Фокусот на истражувањето на Озтурк е главно интердисциплинарен. Има објавено повеќе статии и дела за културната историја на Турција и за социологијата и филозофијата на филмот, објавени во национални и во меѓународни списанија. Дел од неговите публикации коишто ја истражуваат врската меѓу филозофијата и филмот се: Кинофилозофија: Патувањето кон соништата на Куросава (2016), Вовед кон Кино Филозофија (2018), и неодамна ја уредува книгата Археологија на борбата во филмовите на Кен Лоуч (2021).

The post 12. Филозофски филмски фестивал завршува вечерва со доделувањето на наградите „Златен був“ appeared first on Република.

]]>

Вечерва (9 јуни, 20:30) во Летното кино „Мирно лето“ завршува 12. издание на Филозофскиот филмски фестивал. По 8 денови дружење со филмот и философијата, тимот на Фестивалот ќе ги соопшти добитниците на наградите „Златен був“ за најдобрите филмови според жирито и според публиката, како и специјалното признание „Стефан Сидовски – Сидо“ во краткометражната селекција. Последната вечер е намената и за уште една проекција од Ревијалната програма: Филм-философија, со проекција на филмот „Нешто корисно“ (Something Useful, 2017) на познатата турска режисерка Пелин Есмер. Лејла, адвокатка и поетеса, оди на средба со пријателите од средното училиште по долгогодишно игнорирање на поканите за вакви дружби. Во возот кон Измир Лејла ја запознава Канан, млада студентка по медицина, којашто сонува да стане актерка и покрај поинаквите желби на нејзиното семејство. Нивното познанство ќе ги одведе во интересно патешествие за важноста на сопствениот избор, за радоста и грижата во поврзувањето со нова личност во животот, но и за важноста на уметноста во тешките моменти од животот. Помеѓу останатите, филмот ја доби наградата за најдобро сценарио на Меѓународниот филмски фестивал во Талин, наградите FIPRESCI на Филмскиот фестивал во Истанбул, а потоа и наградите за најдобра режија, најдобро сценарио и најдобра актерка во Турција. По филмот во Летното кино „Мирно лето“ ќе се одржат и првите ФФФ дијалози, нов сегмент во фестивалската програма којшто е конципиран да овозможи директна средба меѓу филмот и философијата, низ разговори (дијалози) на режисери и професори, истражувачи, филмолози или теоретичари на филмот. Вечерва, во овој сегмент ќе учествуваат режисерката Пелин Есмер (Pelin Esmer) и професорот Сердар Озтурк (Serdar Öztürk) од Турција. Публиката ќе има можност да го проследи дијалогот и дикретно да се вклучи во дискусијата со гостите присутни во Кинотеката. Пелин Есмер е турска писателка и режисерка на играни и документарни филмови која има студирано социологија во Истанбул, а потоа целосно се посветува на филмската уметност. Есмер ја основа филмската компанија „Синефилм“ и од 2001 година ги снима нејзините независни филмови „Колекционер“, „Игра“, „10 до 11“, „Стражарска кула“, „Нешто корисно“ и „Кралицата Лир“ коишто се прикажувани на светски познатите фестивали: Сан Себастијан, Трибека, Торонто, Сараево, Ротердам, Талин итн. Во 2020 година MUBI Turkey и MUBI International ги претставија сите филмови на Есмер во Турција и во странство со ретроспективата насловена „Патување до срцето со Пелин Есмер“. Истата година, Истанбулскиот современ филмски музеј направи ретроспектива на филмовите на Есмер како дел од нивната серија „Средба со режисерите“. Сердар Озтурк е професор на Катедрата за радио, телевизија и филм на Факултетот за комуникации при Универзитетот Анкара Хаџи Бајрам Вели (АХБВ) во Анкара, Турција. Тој во 2016 година го иницира публикувањето на реномираното академско списание The Journal of SineFilozofi. Проф. Озтурк, исто така, е претседател на Здружението за филм и филозофија во Турција. Фокусот на истражувањето на Озтурк е главно интердисциплинарен. Има објавено повеќе статии и дела за културната историја на Турција и за социологијата и филозофијата на филмот, објавени во национални и во меѓународни списанија. Дел од неговите публикации коишто ја истражуваат врската меѓу филозофијата и филмот се: Кинофилозофија: Патувањето кон соништата на Куросава (2016), Вовед кон Кино Филозофија (2018), и неодамна ја уредува книгата Археологија на борбата во филмовите на Кен Лоуч (2021).

The post 12. Филозофски филмски фестивал завршува вечерва со доделувањето на наградите „Златен був“ appeared first on Република.

]]>
Проекции на „Претпоследниот“ и „Хирошима, љубов моја“ во летното кино „Мирно лето“ https://republika.mk/vesti/kultura/proekcii-na-pretposledniot-i-hiroshima-ljubov-moja-vo-letnoto-kino-mirno-leto/ Wed, 08 Jun 2022 08:41:01 +0000 https://republika.mk/?p=512525

Во рамките на филмската програма на 12. ФФФ, во 18.30 ч. во Кинотека ќе се одржи репризна проекција на филмот „Претпоследниот“ (The Penultimate) од Официјалната селекција на долгометражни филмови, во режија на данскиот режисер Јонас Керуп Хјорт, којшто беше во Скопје минатата недела како гостин на Фестивалот.

Филмот премиерно е прикажан во долгометражната селекција на дебитантски филмови на Фестивалот „Црни Ноќи“ (Black Nights) во Талин. Во него е непознато како времето тече, но смртта е симбол на времето. Затоа смртта е толку далеку колку што е и близу. Филмот нè упатува на фактот дека никогаш целосно не сме сами, а истовремено и на човековата потреба за трансенденција во самиот животен лавиринт.
Потоа, во вечерниот термин од 21 ч. во Летното кино „Мирно лето“, ќе се одржи претпоследната проекција од Ревијалната програма: Филм-философија. Со воведно излагање на д-р Кица Колбе, публиката ќе може да го погледне незаборавниот филмски класик „Хирошима, љубов моја“ од францускиот режисер Ален Рене.
Француска актерка и јапонски архитект се вљубуваат за време на снимањето на антивоен филм во Хирошима. Нивната интензивна љубовна врска во поствоената Хирошима се прекршува низ нивните сеќавања за љубовта и страдањето. Мажот, кој ги загубил членовите на семејството за време на бомбардирањето на градот, и жената, која го загубила својот љубовник од младоста, германски војник, разговараат за личните и националните трауми предизвикани од големата војна.
Во овој прв игран филм на режисерот Алан Рене се чувствува неговиот маестрален документаристички стил, а филмот е почитуван и поради иновативната употреба на кратките флешбекови кои како да претставуваат искри од сеќавањата.
Филмот беше прикажан на Канскиот Фестивал во 1959 година, каде доби ФИПРЕСЦИ награда, ја доби и Наградата на Обединетите Нации на доделувањето на БАФТА наградите во 1961 година, а писателката Маргерит Дирас за овој филм беше номинирана за Оскар во 1961 година за најдобро сценарио.

The post Проекции на „Претпоследниот“ и „Хирошима, љубов моја“ во летното кино „Мирно лето“ appeared first on Република.

]]>

Во рамките на филмската програма на 12. ФФФ, во 18.30 ч. во Кинотека ќе се одржи репризна проекција на филмот „Претпоследниот“ (The Penultimate) од Официјалната селекција на долгометражни филмови, во режија на данскиот режисер Јонас Керуп Хјорт, којшто беше во Скопје минатата недела како гостин на Фестивалот. Филмот премиерно е прикажан во долгометражната селекција на дебитантски филмови на Фестивалот „Црни Ноќи“ (Black Nights) во Талин. Во него е непознато како времето тече, но смртта е симбол на времето. Затоа смртта е толку далеку колку што е и близу. Филмот нè упатува на фактот дека никогаш целосно не сме сами, а истовремено и на човековата потреба за трансенденција во самиот животен лавиринт. Потоа, во вечерниот термин од 21 ч. во Летното кино „Мирно лето“, ќе се одржи претпоследната проекција од Ревијалната програма: Филм-философија. Со воведно излагање на д-р Кица Колбе, публиката ќе може да го погледне незаборавниот филмски класик „Хирошима, љубов моја“ од францускиот режисер Ален Рене. Француска актерка и јапонски архитект се вљубуваат за време на снимањето на антивоен филм во Хирошима. Нивната интензивна љубовна врска во поствоената Хирошима се прекршува низ нивните сеќавања за љубовта и страдањето. Мажот, кој ги загубил членовите на семејството за време на бомбардирањето на градот, и жената, која го загубила својот љубовник од младоста, германски војник, разговараат за личните и националните трауми предизвикани од големата војна. Во овој прв игран филм на режисерот Алан Рене се чувствува неговиот маестрален документаристички стил, а филмот е почитуван и поради иновативната употреба на кратките флешбекови кои како да претставуваат искри од сеќавањата. Филмот беше прикажан на Канскиот Фестивал во 1959 година, каде доби ФИПРЕСЦИ награда, ја доби и Наградата на Обединетите Нации на доделувањето на БАФТА наградите во 1961 година, а писателката Маргерит Дирас за овој филм беше номинирана за Оскар во 1961 година за најдобро сценарио.

The post Проекции на „Претпоследниот“ и „Хирошима, љубов моја“ во летното кино „Мирно лето“ appeared first on Република.

]]>
Филозофскиот филмски фестивал вечерва со акустично неформално дружење со музиката на Андрија Хаџиќ https://republika.mk/vesti/kultura/filozofskiot-filmski-festival-vecherva-so-akustichno-neformalno-druzenje-so-muzikata-na-andrija-hadzikj/ Wed, 08 Jun 2022 07:59:06 +0000 https://republika.mk/?p=512484

Организаторите на годинешниот Филозофски филмски фестивал, најавија дека вечерва со почеток од 22.30 часот во кафе бар Мартини, ќе се одржи неформално фестивалско дружење со Андрија Хаџиќ (Funkier) од Србија.

Акустично и интимно, неофицијално пополека да го заокружуваме годинешното издание на Фестивалот.

Публиката која ќе биде присутна на проекциите тој ден во Кинотека (со покажана карта пред нарачките) и акредитираните од фестивалот имаат 20% на пијалоците и вафлите од нашите пријатели кафе бар Мартини.

Се надеваме се гледаме во што поголем број!, велат од Филозофскиот филмски фестивал.

The post Филозофскиот филмски фестивал вечерва со акустично неформално дружење со музиката на Андрија Хаџиќ appeared first on Република.

]]>

Организаторите на годинешниот Филозофски филмски фестивал, најавија дека вечерва со почеток од 22.30 часот во кафе бар Мартини, ќе се одржи неформално фестивалско дружење со Андрија Хаџиќ (Funkier) од Србија.

Акустично и интимно, неофицијално пополека да го заокружуваме годинешното издание на Фестивалот.

Публиката која ќе биде присутна на проекциите тој ден во Кинотека (со покажана карта пред нарачките) и акредитираните од фестивалот имаат 20% на пијалоците и вафлите од нашите пријатели кафе бар Мартини. Се надеваме се гледаме во што поголем број!, велат од Филозофскиот филмски фестивал.

The post Филозофскиот филмски фестивал вечерва со акустично неформално дружење со музиката на Андрија Хаџиќ appeared first on Република.

]]>
Филозофски филмски фестивал: Проекцијата на „Клара Сола“ на Натали Алварез Месен како дел од Официјалната селекција на долгометражни филмови https://republika.mk/vesti/kultura/filozofski-filmski-festival-proekcijata-na-klara-sola-na-natali-alvarez-mesen-kako-del-od-oficijalnata-selekcija-na-dolgometrazni-filmovi/ Tue, 07 Jun 2022 12:37:08 +0000 https://republika.mk/?p=512208

Денес, во рамките на Главната програма на 12. Филозофски филмски фестивал, со почеток во 18:30, публиката ќе може за прв пат во Македонија да ја проследи проекцијата на филмот „Клара Сола“ (Clara Sola, 2021) на Натали Алварез Месен како дел од Официјалната селекција на долгометражни филмови.
КЛАРА СОЛА премиерно беше прикажан во програмата „Кензен“ на Канскиот филмски фестивал во 2021 година, беше дел од селекциите и на BFI Лондонскиот филмски фестивал и Солунскиот филмски фестивал (Специјална награда од жирито) и е добитник на Наградата за најдобар игран филм и Најдобра актерка (Венди Чинчила Араја / Wendy Chinchilla Araya) на меѓународниот фестивал во Сао Паоло, Бразил.
Главната хероина Клара е вклештена во вкрстен оган помеѓу патерналистичкото однесување на семејството и инхибицијата на природните страсти и нагони. Обвиен во едно дискретно руво на магичниот реализам, овој дебитантски филм на костариканскo-шведската режисерка Натали Алварез Месен (алумна на Berlinale Talents, TIFF Filmmaker Lab и NYFF Artist Academy,) ни пренесува една интимна приказна за духовното будење и експлозијата на скриената и поттиснувана женска сексуалност на дистанцираната и помалку необична Клара.
Станува збор за провокативна филмска медитација за дискрепанцата меѓу конзервативноста на фолклорната традиција и религиозните стеги и ограничувања од една страна, и откривањето на интимната природа на жената ситуирана во едно секојдневие со крајно ограничувачки услови.
Вечерниот термин, од 21 часот, е резервиран за втората вечер од Официјалната селекција на краткометражни филмови. Публиката ќе има можност да погледне осум од вкупно шестнаесет селектирани филмови од тринаесет земји во светот. Публиката ќе има можност да гласа за секој од филмовите, а најдобриот краткометражен филм ќе го добие „Златниот Був“ за најдобар краткометражен филм според публика.
Главната програма на 12. Филозофски филмски фестивал трае до 9 јуни, а во рамките на останатите два дена публиката ќе може да проследи уште една проекција од Официјалната селекција на долгометражни филмови, репризното прикажување на данското филмско остварување „Претпоследниот“ на Јонас Керуп Хјорт кој беше гостин на фестивалот минатата недела (8 јуни, 18:30). Во рамките на Ревијалната програма: Филм-философија публиката ќе може да ги проследи филмовите „Хирошима, љубов моја“ (8 јуни, 21 часот) со воведно излагање на д-р Кица Колбе и Затворањето на Фестивалот со турскиот филм „Нешто корисно“ (9 јуни, 21 часот) на познатата турска режисерка Пелин Есмер, проследено со првите ФФФ дијалози со присуство во Скопје на режисерката и д-р Сердар Озтурк, универзитетски професор, претседател на здружението за филм и философија во Турција и главен и одговорен уредник на академското списание од областа на филм-философијата, The Journal of SineFilosofi.
На 8 јуни ќе се случат и два настани од Придружната програма: во 17 часот во Културно информативниот центар (КИЦ) ќе се одржи промоција на зборникот „Филозофија и филм“ кој произлезе како резултат на минатогодишната интернационална конференција „Филозофија и филм“, а на 8 јуни вечерта, во кафе-бар Мартини со почеток од 22:30 ќе се одржи и музички перформанс на Андрија Хаџиќ (Funkier) од Србија пред официјалното затворање на Фестивалот, неформална вечер на којашто се поканети сите гости и публиката на фестивалот.

The post Филозофски филмски фестивал: Проекцијата на „Клара Сола“ на Натали Алварез Месен како дел од Официјалната селекција на долгометражни филмови appeared first on Република.

]]>

Денес, во рамките на Главната програма на 12. Филозофски филмски фестивал, со почеток во 18:30, публиката ќе може за прв пат во Македонија да ја проследи проекцијата на филмот „Клара Сола“ (Clara Sola, 2021) на Натали Алварез Месен како дел од Официјалната селекција на долгометражни филмови. КЛАРА СОЛА премиерно беше прикажан во програмата „Кензен“ на Канскиот филмски фестивал во 2021 година, беше дел од селекциите и на BFI Лондонскиот филмски фестивал и Солунскиот филмски фестивал (Специјална награда од жирито) и е добитник на Наградата за најдобар игран филм и Најдобра актерка (Венди Чинчила Араја / Wendy Chinchilla Araya) на меѓународниот фестивал во Сао Паоло, Бразил. Главната хероина Клара е вклештена во вкрстен оган помеѓу патерналистичкото однесување на семејството и инхибицијата на природните страсти и нагони. Обвиен во едно дискретно руво на магичниот реализам, овој дебитантски филм на костариканскo-шведската режисерка Натали Алварез Месен (алумна на Berlinale Talents, TIFF Filmmaker Lab и NYFF Artist Academy,) ни пренесува една интимна приказна за духовното будење и експлозијата на скриената и поттиснувана женска сексуалност на дистанцираната и помалку необична Клара. Станува збор за провокативна филмска медитација за дискрепанцата меѓу конзервативноста на фолклорната традиција и религиозните стеги и ограничувања од една страна, и откривањето на интимната природа на жената ситуирана во едно секојдневие со крајно ограничувачки услови. Вечерниот термин, од 21 часот, е резервиран за втората вечер од Официјалната селекција на краткометражни филмови. Публиката ќе има можност да погледне осум од вкупно шестнаесет селектирани филмови од тринаесет земји во светот. Публиката ќе има можност да гласа за секој од филмовите, а најдобриот краткометражен филм ќе го добие „Златниот Був“ за најдобар краткометражен филм според публика. Главната програма на 12. Филозофски филмски фестивал трае до 9 јуни, а во рамките на останатите два дена публиката ќе може да проследи уште една проекција од Официјалната селекција на долгометражни филмови, репризното прикажување на данското филмско остварување „Претпоследниот“ на Јонас Керуп Хјорт кој беше гостин на фестивалот минатата недела (8 јуни, 18:30). Во рамките на Ревијалната програма: Филм-философија публиката ќе може да ги проследи филмовите „Хирошима, љубов моја“ (8 јуни, 21 часот) со воведно излагање на д-р Кица Колбе и Затворањето на Фестивалот со турскиот филм „Нешто корисно“ (9 јуни, 21 часот) на познатата турска режисерка Пелин Есмер, проследено со првите ФФФ дијалози со присуство во Скопје на режисерката и д-р Сердар Озтурк, универзитетски професор, претседател на здружението за филм и философија во Турција и главен и одговорен уредник на академското списание од областа на филм-философијата, The Journal of SineFilosofi. На 8 јуни ќе се случат и два настани од Придружната програма: во 17 часот во Културно информативниот центар (КИЦ) ќе се одржи промоција на зборникот „Филозофија и филм“ кој произлезе како резултат на минатогодишната интернационална конференција „Филозофија и филм“, а на 8 јуни вечерта, во кафе-бар Мартини со почеток од 22:30 ќе се одржи и музички перформанс на Андрија Хаџиќ (Funkier) од Србија пред официјалното затворање на Фестивалот, неформална вечер на којашто се поканети сите гости и публиката на фестивалот.

The post Филозофски филмски фестивал: Проекцијата на „Клара Сола“ на Натали Алварез Месен како дел од Официјалната селекција на долгометражни филмови appeared first on Република.

]]>
Филозофски филмски фестивал: Проекција на данскиот филм „Претпоследниот“и дискусија со режисерот Јонас Керуп Хјорт https://republika.mk/vesti/kultura/filozofski-filmski-festival-proekcija-na-danskiot-film-pretposledniot-i-diskusija-so-reziserot-jonas-kerup-hjort/ Fri, 03 Jun 2022 08:14:26 +0000 https://republika.mk/?p=510515

Во петок (3 јуни) со почеток во 18:30 часот во кинотечната сала во Кинотеката на Македонија, како дел од Официјалната селекција на долгометражни филмови, ќе се одржи проекција на данскиот филм „Претпоследниот“ (The Penultimate, 2020, 120’) премиерно прикажан во долгометражната селекција на дебитантки филмови на Фестивалот „Црни Ноќи“ (Black Nights) во Талин. По проекцијате публиката ќе има единствена можност да проследи Q&A и дискусија со режисерот на филмот Јонас Керуп Хјорт.

 

ПРЕТПОСЛЕДНИОТ е кафкијанска приказна за безначаен водоводен инспектор кој пристигнува во џиновска зграда за да ги регистрира водомерите на жителите. Пред да разбере што се случува, тој се наоѓа себеси заробен во лавиринт од пречки како „Алиса во земјата на НЕ-чудата“. Во неговиот обид да избега, перцепцијата на реалноста, рационалното и остатоците од неговото човечко постоење се превртени наопаку...

Сместен во мрачна дистописка и клаустрофобична атмосфера, овој филм со елементи на драма на апсурдот се наоѓа на линијата меѓу делата на Франц Кафка и Луис Керол. Дезориентацијата, збунетоста и изгубеноста на антихеројот од филмот во непознатиот и чуден свет се само дел од клучните елементи на долгометражниот филмски првенец на Јонас Керуп Хјорт. Преку специфичен хумор и алегорија, и притоа користејки минималистичка сценографија, данскиот режисер ни нуди едно гротескно патување во еден простор (објект) кој наликува на лавиринт.

Во самиот филм е непознато како времето тече. Но смртта е симбол на времето. Затоа смртта е толку далеку колку што е и близу. Филмот нè упатува на фактот дека никогаш целосно не сме сами, а истовремено и на човековата потреба за трансенденција во самиот животен лавиринт.

Јонас Керуп Хјорт е дански филмски режисер којшто работи во Копенхаген, Данска. Пред да се запише на Националната филмска школа во Данска, тој веќе има искуство во театар и како актер и како режисер. Во 2017 година дипломирал со наградуваното филмско остварување „За еден месец“ (In a Month), апсурдно и мрачно, визионерско истражување на човековото постоење. Филмот му ја донесе наградата FilmFunen Talent, неколку номинации на меѓународни фестивали за краток филм, како и три награди на Ekko Shortlist Awards. Тој го има напишано, режирано и монтирано неговиот прв долгометражен филм „Претпоследниот“ чијашто премиера беше во Талин.

 

Во останатиот дел од утрешната програма публиката ќе има можност да ги погледне и „По љубовта“ (After Love, 2020, 90’), дебитантски филм на Алем Кан кој премиерно беше прикажан во селекцијата „Недела на критиката“ на Канскиот филмски фестивал 2020, во 17 часот, како дел од Официјалната селекција на долгометражни филмови, а во вечерната програма, како дел од Ревијалната програма: Филм-философија, во 21 часот, ќе биде прикажан филмот „Млинот и крстот“ (The Mill and The Cross, 2011, 96’) на полскиот режисер Лех Мајевски, заедно со излагање на проф. д-р Владимир Мартиновски на тема „Едно платно – илјада приказни: меѓу ликовното дело и подвижните слики во филмот Млинот и крстот од Лех Мајевски“.

 

The post Филозофски филмски фестивал: Проекција на данскиот филм „Претпоследниот“и дискусија со режисерот Јонас Керуп Хјорт appeared first on Република.

]]>

Во петок (3 јуни) со почеток во 18:30 часот во кинотечната сала во Кинотеката на Македонија, како дел од Официјалната селекција на долгометражни филмови, ќе се одржи проекција на данскиот филм „Претпоследниот“ (The Penultimate, 2020, 120’) премиерно прикажан во долгометражната селекција на дебитантки филмови на Фестивалот „Црни Ноќи“ (Black Nights) во Талин. По проекцијате публиката ќе има единствена можност да проследи Q&A и дискусија со режисерот на филмот Јонас Керуп Хјорт.   ПРЕТПОСЛЕДНИОТ е кафкијанска приказна за безначаен водоводен инспектор кој пристигнува во џиновска зграда за да ги регистрира водомерите на жителите. Пред да разбере што се случува, тој се наоѓа себеси заробен во лавиринт од пречки како „Алиса во земјата на НЕ-чудата“. Во неговиот обид да избега, перцепцијата на реалноста, рационалното и остатоците од неговото човечко постоење се превртени наопаку... Сместен во мрачна дистописка и клаустрофобична атмосфера, овој филм со елементи на драма на апсурдот се наоѓа на линијата меѓу делата на Франц Кафка и Луис Керол. Дезориентацијата, збунетоста и изгубеноста на антихеројот од филмот во непознатиот и чуден свет се само дел од клучните елементи на долгометражниот филмски првенец на Јонас Керуп Хјорт. Преку специфичен хумор и алегорија, и притоа користејки минималистичка сценографија, данскиот режисер ни нуди едно гротескно патување во еден простор (објект) кој наликува на лавиринт. Во самиот филм е непознато како времето тече. Но смртта е симбол на времето. Затоа смртта е толку далеку колку што е и близу. Филмот нè упатува на фактот дека никогаш целосно не сме сами, а истовремено и на човековата потреба за трансенденција во самиот животен лавиринт. Јонас Керуп Хјорт е дански филмски режисер којшто работи во Копенхаген, Данска. Пред да се запише на Националната филмска школа во Данска, тој веќе има искуство во театар и како актер и како режисер. Во 2017 година дипломирал со наградуваното филмско остварување „За еден месец“ (In a Month), апсурдно и мрачно, визионерско истражување на човековото постоење. Филмот му ја донесе наградата FilmFunen Talent, неколку номинации на меѓународни фестивали за краток филм, како и три награди на Ekko Shortlist Awards. Тој го има напишано, режирано и монтирано неговиот прв долгометражен филм „Претпоследниот“ чијашто премиера беше во Талин.   Во останатиот дел од утрешната програма публиката ќе има можност да ги погледне и „По љубовта“ (After Love, 2020, 90’), дебитантски филм на Алем Кан кој премиерно беше прикажан во селекцијата „Недела на критиката“ на Канскиот филмски фестивал 2020, во 17 часот, како дел од Официјалната селекција на долгометражни филмови, а во вечерната програма, како дел од Ревијалната програма: Филм-философија, во 21 часот, ќе биде прикажан филмот „Млинот и крстот“ (The Mill and The Cross, 2011, 96’) на полскиот режисер Лех Мајевски, заедно со излагање на проф. д-р Владимир Мартиновски на тема „Едно платно – илјада приказни: меѓу ликовното дело и подвижните слики во филмот Млинот и крстот од Лех Мајевски“.  

The post Филозофски филмски фестивал: Проекција на данскиот филм „Претпоследниот“и дискусија со режисерот Јонас Керуп Хјорт appeared first on Република.

]]>
12. Филозофски филмски фестивал почна со музички перформанс на Бранко Фолтин и проекција на „Додека трае војната“ https://republika.mk/vesti/kultura/12-filozofski-filmski-festival-pochna-so-muzichki-performans-na-branko-foltin-i-proekcija-na-dodeka-trae-vojnata/ Thu, 02 Jun 2022 10:15:29 +0000 https://republika.mk/?p=510099

Главната програма на 12. Филозофски филмски фестивал започна вчеравечер во Летното кино „Мирно лето“ со музичкиот перформанс на Бранко Фолтин кој покрај познатите „Пијан Славеј“, „Слободната љубов“ и „Парфем“ изведе две нови песни кои публиката имаше прилика за првпат да ги чуе вечерта, во соло, интимно, акустично издание на Бранко, а при крајот на перформансот на сцената се придружија и поетесите Ана Голејшка Џикова и Биљана Стојановска со кои заедно ја изведоа „За нас почнува живот“ на Даниела Панчетовиќ - Драган Ѓаконовски - Шпато како совршена увертира за почетокот на Фестивалот.


Во официјалниот дел пригодно се обрати директорката на Филозофскиот филмски фестивал, Ана Дишлиеска Митова, а свое обраќање имаше и Амбасадорот на Кралството Шпанија, Н.Е. Хосе Луис Лосано Гарсија.

 

Вечерта ја отвори младиот поет Андреј Медиќ Лазаревски со песната „Ги заборави ли промените во очите“ посветена токму на песната „Парфем“ од Бранко Фолтин.

По официјалното отворање, публиката можеше да ја проследи кусата увертира на професорката од Шпанија, експерт за Унамуно, Алисија Вилар Ескудеро, а потоа и да го погледне филмот „Додека трае војната“ на Алехандро Аменабар за шпанскиот филозоф и писател Мигуел де Унамуно. Вечерта беше заокружена со неформални дискусии за време на коктелот во дворот на Кинотека, a целиот настан беше организиран во соработка со Амбасадата на Кралството Шпанија во Скопје.

Вториот ден од фестивалската агенда во рамките на Главната програма на Филозофскиот филмски фестивал започнува во 12 часот со естетичко-филмолошката презентација на м-р Васил Михајлов на тема „Филмска објектологија (Моќта на невидливото)“, а ќе се одржи на Универзитетот „Еуропа Прима“.
Програмата продолжува попладнето, во 18.30, со проекција на филмот „Заклетвата на Хасан“ (Commitment Hasan, 2021, 147’) како прва проекција од Официјалната селекција на долгометражни филмови.


Кога Хасан ќе ја прими веста дека на неговиот имот наследен од татко му треба да се постави електричен столб, станува загрижен за својата животна иднина… „Заклетвата на Хасан“ е морална приказна која го осуетува лицемерието на семејствата на селските земјоделци и која покажува како гордоста може да надвладее над лицето на понижувањето. Претстоечкиот аџилак на Хасан, всушност е пригода за согледување на грешките од минатото и можност за патување до покајанието, пред сè, преку барањето прошка од сите оние на коишто им згрешил, а особено земањето благослов од човекот пред кого тој чувствува најголема вина – неговиот брат.
Филмот на Капланоглу беше прикажан во селекцијата „Извесен поглед“ на Канскиот филмски фестивал 2021, потоа на фестивалите во Чикаго и Карлови Вари, а добива и Награда за најдобар странски филм во Сао Паоло од филмските критичари.
Вечерта продолжува со Ревијалната програма: Филм-философија и со проекција на корејскиот филм на Хонг Ви-џонг, „Безгласен“, кој ќе биде проследен со излагање на писателката и филмолог м-р Снежана Младеновска Анѓелков која ќе даде свој осврт кон филмот и ќе поттикне дискусија со публиката.

Целата програма и повеќе информации се достапни на philosophicalfilmfestival.mk и на фестивалските социјални мрежи.

The post 12. Филозофски филмски фестивал почна со музички перформанс на Бранко Фолтин и проекција на „Додека трае војната“ appeared first on Република.

]]>

Главната програма на 12. Филозофски филмски фестивал започна вчеравечер во Летното кино „Мирно лето“ со музичкиот перформанс на Бранко Фолтин кој покрај познатите „Пијан Славеј“, „Слободната љубов“ и „Парфем“ изведе две нови песни кои публиката имаше прилика за првпат да ги чуе вечерта, во соло, интимно, акустично издание на Бранко, а при крајот на перформансот на сцената се придружија и поетесите Ана Голејшка Џикова и Биљана Стојановска со кои заедно ја изведоа „За нас почнува живот“ на Даниела Панчетовиќ - Драган Ѓаконовски - Шпато како совршена увертира за почетокот на Фестивалот. Во официјалниот дел пригодно се обрати директорката на Филозофскиот филмски фестивал, Ана Дишлиеска Митова, а свое обраќање имаше и Амбасадорот на Кралството Шпанија, Н.Е. Хосе Луис Лосано Гарсија.   Вечерта ја отвори младиот поет Андреј Медиќ Лазаревски со песната „Ги заборави ли промените во очите“ посветена токму на песната „Парфем“ од Бранко Фолтин. По официјалното отворање, публиката можеше да ја проследи кусата увертира на професорката од Шпанија, експерт за Унамуно, Алисија Вилар Ескудеро, а потоа и да го погледне филмот „Додека трае војната“ на Алехандро Аменабар за шпанскиот филозоф и писател Мигуел де Унамуно. Вечерта беше заокружена со неформални дискусии за време на коктелот во дворот на Кинотека, a целиот настан беше организиран во соработка со Амбасадата на Кралството Шпанија во Скопје. Вториот ден од фестивалската агенда во рамките на Главната програма на Филозофскиот филмски фестивал започнува во 12 часот со естетичко-филмолошката презентација на м-р Васил Михајлов на тема „Филмска објектологија (Моќта на невидливото)“, а ќе се одржи на Универзитетот „Еуропа Прима“. Програмата продолжува попладнето, во 18.30, со проекција на филмот „Заклетвата на Хасан“ (Commitment Hasan, 2021, 147’) како прва проекција од Официјалната селекција на долгометражни филмови. Кога Хасан ќе ја прими веста дека на неговиот имот наследен од татко му треба да се постави електричен столб, станува загрижен за својата животна иднина… „Заклетвата на Хасан“ е морална приказна која го осуетува лицемерието на семејствата на селските земјоделци и која покажува како гордоста може да надвладее над лицето на понижувањето. Претстоечкиот аџилак на Хасан, всушност е пригода за согледување на грешките од минатото и можност за патување до покајанието, пред сè, преку барањето прошка од сите оние на коишто им згрешил, а особено земањето благослов од човекот пред кого тој чувствува најголема вина – неговиот брат. Филмот на Капланоглу беше прикажан во селекцијата „Извесен поглед“ на Канскиот филмски фестивал 2021, потоа на фестивалите во Чикаго и Карлови Вари, а добива и Награда за најдобар странски филм во Сао Паоло од филмските критичари. Вечерта продолжува со Ревијалната програма: Филм-философија и со проекција на корејскиот филм на Хонг Ви-џонг, „Безгласен“, кој ќе биде проследен со излагање на писателката и филмолог м-р Снежана Младеновска Анѓелков која ќе даде свој осврт кон филмот и ќе поттикне дискусија со публиката. Целата програма и повеќе информации се достапни на philosophicalfilmfestival.mk и на фестивалските социјални мрежи.

The post 12. Филозофски филмски фестивал почна со музички перформанс на Бранко Фолтин и проекција на „Додека трае војната“ appeared first on Република.

]]>
Перформанс на Бранко Фолтин и Свечено отворање на 12. Филозофски филмски фестивал https://republika.mk/vesti/kultura/performans-na-branko-foltin-i-svecheno-otvoranje-na-12-filozofski-filmski-festival/ Wed, 01 Jun 2022 08:32:45 +0000 https://republika.mk/?p=509616

Со музички соло-перформанс на фронтменот на Фолтин, Бранислав Николов и со проекција на филмот „Додека трае војната“ (While at War, 2019) на Алехандро Аменабар за шпанскиот писател и философ Мигуел де Унамуно, започнува Главната програма на 12. издание на Филозофскиот филмски фестивал.

Со почеток во 20.30 часот во Летното кино „Мирно лето“ во Кинотеката на Македонија, публиката ќе може да ужива во музиката на еден од најактуелните музичари и перформери кај нас – Бранислав Николов. Во продолжение ќе следи проекцијата на шпанскиот филм „Додека трае војната“ посветен на писателот и философ Мигуел де Унамуно, како и на настаните во Шпанија во 1936 година. Како увертира на филмот, свое излагање ќе има професорката Алисиа Вилар Ескудеро (Alicia Villar Escudero) од Папскиот универзитет Комилас во Мадрид, Шпанија, а свое обраќање со анализа на филмот ќе има и Серхио Фернандез (Sergio Fernandez), шпански професор по философија. Како и Ретроспективата на Буњуел, што се одржа од 19 до 27-ми мај, така и овој настан е организиран во соработка со Амбасадата на Кралството Шпанија во Скопје. Во свечениот дел од отворањето поздравни обраќања ќе имаат Ана Дишлиеска Митова, директорка на Фестивалот и Н.Е. Хосе Луис Лосано Гарсија, амбасадор на Кралството Шпанија во Скопје.

Бранислав Николов е музички перформер, автор и пејач во групата Фолтин. Како дел од групата, зад себе има девет студиски изданија, музика за преку триесет театарски претстави и неколку филмови, меѓу кои, кандидатот за Оскар „Медена Земја“, интернационално наградуваните „Исцелител“, „Со Љубов“, "Cash & Marry" и други. Со концертни настапи и театарски претстави гостувал во над дваесет земји во светот.. За својата работа досега е повеќепати наградуван. Надвор од работата во групата, одржал концерт со Македонската филхармонија и објавил две поетски збирки („Креветизам и хоризонтала“, 2018 и „Срчки“, 2020).

„Додека трае војната“ (While at War, 2019, 107’) е историска драма во режија на Алехандро Аменабар базирана на вистински настани што се случуваат во првите месеци од Шпанската граѓанска војна, во летото 1936 година, кога националистите излегуваат на улиците на Саламанка за да се спротистават на новата левичарска влада. Мигуел де Унамуно, философ, писател и ректор на Универзитетот на Саламанка јавно ја поддржува воената интервенција на генералот Франко верувајќи дека тоа ќе му стави крај на хаосот во Шпанија. Откако еден по еден неговите колеги се обвинети и затворани, Унамуно верува дека може да го употреби своето влијание за ослободување на колегите. Иако е мудар и искусен, доцна сфаќа дека неговата земја влегува во фашистичкото мочуриште од кое нема да може да излезе следните неколку децении...

Филмот беше прикажан на Меѓународните филмски фестивали во Торонто, Сан Себастијан, Стокхолм, Токио, Солун и Москва и доби неколку награди Гоја.

Во рамките на Главната програма која ќе трае од 1 до 9-ти јуни, публиката ќе може да погледне 6 (шест) филмови во Ревијалната програма проследени со излагач за секој филм кој ќе развие и дискусија со публиката; потоа 5 (пет) филмови од долгометражната и 16 (шестнаесет) филмови од краткометражната компетитивна програма. Публиката ќе може да гласа за својот омилен филм кој ќе биде во трка за наградата „Златен Був“. Во Придружната програма ќе се одржат и презентација на естетичко-филмолошко истражување од страна на м-р Васил Михаил (2 јуни, 12.00, Универзитет „Еуропа Прима“), промоција на зборникот „Филозофија и филм“ (8 јуни, КИЦ) и уште еден музички настан (8 јуни, кафе-бар Мартини), каде што ќе настапи Андрија Хаџиќ (Funkier) од Србија.

Целосната програма со сите детали за филмовите и настаните е достапна на официјалната веб-страна на фестивалот: philosophicalfilmfestival.mk

The post Перформанс на Бранко Фолтин и Свечено отворање на 12. Филозофски филмски фестивал appeared first on Република.

]]>

Со музички соло-перформанс на фронтменот на Фолтин, Бранислав Николов и со проекција на филмот „Додека трае војната“ (While at War, 2019) на Алехандро Аменабар за шпанскиот писател и философ Мигуел де Унамуно, започнува Главната програма на 12. издание на Филозофскиот филмски фестивал. Со почеток во 20.30 часот во Летното кино „Мирно лето“ во Кинотеката на Македонија, публиката ќе може да ужива во музиката на еден од најактуелните музичари и перформери кај нас – Бранислав Николов. Во продолжение ќе следи проекцијата на шпанскиот филм „Додека трае војната“ посветен на писателот и философ Мигуел де Унамуно, како и на настаните во Шпанија во 1936 година. Како увертира на филмот, свое излагање ќе има професорката Алисиа Вилар Ескудеро (Alicia Villar Escudero) од Папскиот универзитет Комилас во Мадрид, Шпанија, а свое обраќање со анализа на филмот ќе има и Серхио Фернандез (Sergio Fernandez), шпански професор по философија. Како и Ретроспективата на Буњуел, што се одржа од 19 до 27-ми мај, така и овој настан е организиран во соработка со Амбасадата на Кралството Шпанија во Скопје. Во свечениот дел од отворањето поздравни обраќања ќе имаат Ана Дишлиеска Митова, директорка на Фестивалот и Н.Е. Хосе Луис Лосано Гарсија, амбасадор на Кралството Шпанија во Скопје. Бранислав Николов е музички перформер, автор и пејач во групата Фолтин. Како дел од групата, зад себе има девет студиски изданија, музика за преку триесет театарски претстави и неколку филмови, меѓу кои, кандидатот за Оскар „Медена Земја“, интернационално наградуваните „Исцелител“, „Со Љубов“, "Cash & Marry" и други. Со концертни настапи и театарски претстави гостувал во над дваесет земји во светот.. За својата работа досега е повеќепати наградуван. Надвор од работата во групата, одржал концерт со Македонската филхармонија и објавил две поетски збирки („Креветизам и хоризонтала“, 2018 и „Срчки“, 2020). „Додека трае војната“ (While at War, 2019, 107’) е историска драма во режија на Алехандро Аменабар базирана на вистински настани што се случуваат во првите месеци од Шпанската граѓанска војна, во летото 1936 година, кога националистите излегуваат на улиците на Саламанка за да се спротистават на новата левичарска влада. Мигуел де Унамуно, философ, писател и ректор на Универзитетот на Саламанка јавно ја поддржува воената интервенција на генералот Франко верувајќи дека тоа ќе му стави крај на хаосот во Шпанија. Откако еден по еден неговите колеги се обвинети и затворани, Унамуно верува дека може да го употреби своето влијание за ослободување на колегите. Иако е мудар и искусен, доцна сфаќа дека неговата земја влегува во фашистичкото мочуриште од кое нема да може да излезе следните неколку децении... Филмот беше прикажан на Меѓународните филмски фестивали во Торонто, Сан Себастијан, Стокхолм, Токио, Солун и Москва и доби неколку награди Гоја. Во рамките на Главната програма која ќе трае од 1 до 9-ти јуни, публиката ќе може да погледне 6 (шест) филмови во Ревијалната програма проследени со излагач за секој филм кој ќе развие и дискусија со публиката; потоа 5 (пет) филмови од долгометражната и 16 (шестнаесет) филмови од краткометражната компетитивна програма. Публиката ќе може да гласа за својот омилен филм кој ќе биде во трка за наградата „Златен Був“. Во Придружната програма ќе се одржат и презентација на естетичко-филмолошко истражување од страна на м-р Васил Михаил (2 јуни, 12.00, Универзитет „Еуропа Прима“), промоција на зборникот „Филозофија и филм“ (8 јуни, КИЦ) и уште еден музички настан (8 јуни, кафе-бар Мартини), каде што ќе настапи Андрија Хаџиќ (Funkier) од Србија. Целосната програма со сите детали за филмовите и настаните е достапна на официјалната веб-страна на фестивалот: philosophicalfilmfestival.mk

The post Перформанс на Бранко Фолтин и Свечено отворање на 12. Филозофски филмски фестивал appeared first on Република.

]]>
Филозофски филмски фестивал почнува со музички перформанс на Бранко Фолтин и проекција на „Додека трае војната“ https://republika.mk/vesti/kultura/filozofski-filmski-festival-pochnuva-so-muzichki-performans-na-branko-foltin-i-proekcija-na-dodeka-trae-vojnata/ Mon, 30 May 2022 17:16:57 +0000 https://republika.mk/?p=508927

Отворањето на главната програма на годинешното издание на Филозофскиот филмски фестивал е предвидено за в среда, со музички перформанс на Бранко Фолтин и проекција на „Додека трае војната“ (2019) од познатиот шпански режисер Алехандро Аменабар.

Од 2 јуни, па сè до затворањето на фестивалот, публиката ќе може да ужива во мноштво филмови што се дел од официјалните селекции на долгометражни и краткометражни филмови, од кои најголемиот дел ќе бидат премиерно прикажани во Македонија, како и во филмовите што се дел од ревијалната програма: Филм-филозофија, а кои ќе бидат придружени со излагања на видни професори, филозофи, филмски критичари, писатели – информираат организаторите на „Филозофски филмски фестивал“.

The post Филозофски филмски фестивал почнува со музички перформанс на Бранко Фолтин и проекција на „Додека трае војната“ appeared first on Република.

]]>

Отворањето на главната програма на годинешното издание на Филозофскиот филмски фестивал е предвидено за в среда, со музички перформанс на Бранко Фолтин и проекција на „Додека трае војната“ (2019) од познатиот шпански режисер Алехандро Аменабар. Од 2 јуни, па сè до затворањето на фестивалот, публиката ќе може да ужива во мноштво филмови што се дел од официјалните селекции на долгометражни и краткометражни филмови, од кои најголемиот дел ќе бидат премиерно прикажани во Македонија, како и во филмовите што се дел од ревијалната програма: Филм-филозофија, а кои ќе бидат придружени со излагања на видни професори, филозофи, филмски критичари, писатели – информираат организаторите на „Филозофски филмски фестивал“.

The post Филозофски филмски фестивал почнува со музички перформанс на Бранко Фолтин и проекција на „Додека трае војната“ appeared first on Република.

]]>
Филозофскиот филмски фестивал ја затвора Ретроспективата Буњуел вечерва со проекција на „Тој мрачен предмет на желбата“ https://republika.mk/vesti/kultura/filozofskiot-filmski-festival-ja-zatvora-retrospektivata-bunjuel-vecherva-so-proekcija-na-toj-mrachen-predmet-na-zelbata/ Fri, 27 May 2022 11:09:08 +0000 https://republika.mk/?p=507605

Вечерва ја затвораме Ретроспективата Буњуел и го гледаме последниот филм ТОЈ МРАЧЕН ПРЕДМЕТ НА ЖЕЛБАТА (Cet obscur objet du desir/ Ese oscuro objeto del deseo/ That Obscure Object of Desire, 1977, FR/ES, 102’)

По филмот публиката ќе има можност да чуе излагање на проф. д-р Јасна Котеска, „Тој мрачен предмет на желбите: Психоаналитички поглед врз светот на Буњуел“
Последниот филм на Буњуел, реализиран според романот на Пјер Луи, во соработка со сценаристот Жан-Клод Кариер и продуцентот Серж Силберман, раскажан во форма на ретроспекција, повторно е дело што дистрибуира значења на повеќе нивоа. Така, врската меѓу двата главни лика – богатиот средовечен Французин Матје, кого извонредно го интерпретира Фернандо Реј, и младата собарка, сиромашната Шпанка Кончита, има класни карактеристики затоа што тој е богат буржуј, а таа девојка од народот, и ним соодветни психолошки карактеристики претставени преку садомазохистичката врска во која Матје никако не може да оствари задоволување на своите сексуални и романтични страсти кон девојката што постојано го предизвикува. Истовремено, во конфронтација се и моралната и половата поставеност на ликовите - Матје настапува од позиција на машка и богаташка привилегираност, додека Кончита постојано се одмаздува. Тие некомпатибилности ги симболизираат атентатите на анархистите, а разликите меѓу поранешниот и денешниот свет ги нагласуваат многу функционални ретроспекции, како и иронискиот поглед на авторот.
Во филмот речиси целосно отсуствува музика, а куриозитет е тоа што ликот на Кончита го толкуваат две актерки, Анхела Молина и Карол Буке, откако Марија Шнајдер го напушта снимањето, но тоа само уште повеќе ја засилува филмската нарација. Филмот бил номиниран за „Оскар“ за странски филм, но не го добил, иако бил извонредно прифатен од филмските критичари.

ЈАСНА КОТЕСКА е македонска писателка, филозоф и редовен професор по хуманистика на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Таа е авторка на 12 книги за Зигмунд Фројд, Сорен Кјеркегор, за комунизмот, санитарноста, објавени во Вашингтон, Торонто, Љубљана, Белград, Софија и Скопје. Дел од нејзините книги се „Кјеркегор за конзумеризмот“ (2016, Торонто и Љубљана), „Фројдовска читанка, рана психоанализа 1893-1899“ (2013, Скопје), „Комунистичка интима“ (2008, 2022, Скопје; 2014, Вашингтон), добитник на Финеганова листа од 30 најзначајни книги за 2015 година од Европското здружение на писатели, и „Санитарна енигма“ (2006, 2021 Скопје; 2012 Софија). Таа е главен уредник на едицијата „Collection Aut“ на Тринити Колеџот во Торонто и на Централно-европскиот истражувачки центар за Сорен Кјеркегор (ЦЕРИ-СК) во Љубљана. Котеска е член на Филозофското друштво на Македонија, Независните писатели на Македонија, како и на бројни меѓународни организации и одбори.

The post Филозофскиот филмски фестивал ја затвора Ретроспективата Буњуел вечерва со проекција на „Тој мрачен предмет на желбата“ appeared first on Република.

]]>

Вечерва ја затвораме Ретроспективата Буњуел и го гледаме последниот филм ТОЈ МРАЧЕН ПРЕДМЕТ НА ЖЕЛБАТА (Cet obscur objet du desir/ Ese oscuro objeto del deseo/ That Obscure Object of Desire, 1977, FR/ES, 102’)

По филмот публиката ќе има можност да чуе излагање на проф. д-р Јасна Котеска, „Тој мрачен предмет на желбите: Психоаналитички поглед врз светот на Буњуел“
Последниот филм на Буњуел, реализиран според романот на Пјер Луи, во соработка со сценаристот Жан-Клод Кариер и продуцентот Серж Силберман, раскажан во форма на ретроспекција, повторно е дело што дистрибуира значења на повеќе нивоа. Така, врската меѓу двата главни лика – богатиот средовечен Французин Матје, кого извонредно го интерпретира Фернандо Реј, и младата собарка, сиромашната Шпанка Кончита, има класни карактеристики затоа што тој е богат буржуј, а таа девојка од народот, и ним соодветни психолошки карактеристики претставени преку садомазохистичката врска во која Матје никако не може да оствари задоволување на своите сексуални и романтични страсти кон девојката што постојано го предизвикува. Истовремено, во конфронтација се и моралната и половата поставеност на ликовите - Матје настапува од позиција на машка и богаташка привилегираност, додека Кончита постојано се одмаздува. Тие некомпатибилности ги симболизираат атентатите на анархистите, а разликите меѓу поранешниот и денешниот свет ги нагласуваат многу функционални ретроспекции, како и иронискиот поглед на авторот.
Во филмот речиси целосно отсуствува музика, а куриозитет е тоа што ликот на Кончита го толкуваат две актерки, Анхела Молина и Карол Буке, откако Марија Шнајдер го напушта снимањето, но тоа само уште повеќе ја засилува филмската нарација. Филмот бил номиниран за „Оскар“ за странски филм, но не го добил, иако бил извонредно прифатен од филмските критичари.

ЈАСНА КОТЕСКА е македонска писателка, филозоф и редовен професор по хуманистика на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Таа е авторка на 12 книги за Зигмунд Фројд, Сорен Кјеркегор, за комунизмот, санитарноста, објавени во Вашингтон, Торонто, Љубљана, Белград, Софија и Скопје. Дел од нејзините книги се „Кјеркегор за конзумеризмот“ (2016, Торонто и Љубљана), „Фројдовска читанка, рана психоанализа 1893-1899“ (2013, Скопје), „Комунистичка интима“ (2008, 2022, Скопје; 2014, Вашингтон), добитник на Финеганова листа од 30 најзначајни книги за 2015 година од Европското здружение на писатели, и „Санитарна енигма“ (2006, 2021 Скопје; 2012 Софија). Таа е главен уредник на едицијата „Collection Aut“ на Тринити Колеџот во Торонто и на Централно-европскиот истражувачки центар за Сорен Кјеркегор (ЦЕРИ-СК) во Љубљана. Котеска е член на Филозофското друштво на Македонија, Независните писатели на Македонија, како и на бројни меѓународни организации и одбори.

The post Филозофскиот филмски фестивал ја затвора Ретроспективата Буњуел вечерва со проекција на „Тој мрачен предмет на желбата“ appeared first on Република.

]]>
Филозофски филмски фестивал: „Дневникот на една собарка“ вечерва во рамките на Ретроспективата Буњуел https://republika.mk/vesti/kultura/filozofski-filmski-festival-dnevnikot-na-edna-sobarka-vecherva-vo-ramkite-na-retrospektivata-bunjuel/ Mon, 23 May 2022 12:49:14 +0000 https://republika.mk/?p=505986

Вечерва, со почеток во 21 часот, во кинотечната сала на Кинотека на Македонија продолжува Ретроспективата Буњуел, а на програмата е ДНЕВНИКОТ НА ЕДНА СОБАРКА (1964, 97').

По филмот ќе следува излагањето „Поглед низ клучалката во перверзиите на буржоазијата: Од дневникот на Мирбо до атипичниот реализам на Буњуел“ на Златко Ѓелески.

Криминалистички филм, прв во низата филмови во кои Буњуел до крајот на кариерата соработува со продуцентот Серж Силберман и сценаристот Жан-Клод Кариер, а работен e според истоимениот роман на францускиот писател Октав Мирбо. Критиката го смета за едно од најреалистичните остварувања на режисерот, во кое отсуствуваат надреалистичните и фантастичните елементи од претходните, но и од следните филмови. Централен лик во приказната е атрактивната Селестин, која ја игра француската актерка Жана Моро, која од Париз доаѓа да работи како слугинка во замок на богат брачен пар во внатрешноста и таму се запознава со низа впечатливи ликови. Повторно сатиричен и критички настроен кон богатата граѓанска класа и кон екстремните политички ставови, Буњуел во филмот ги проблематизира и корупцијата, насилството, сексуалните опсесии и перверзии, како и чинот на силување и убиство.

ЗЛАТКО ЃЕЛЕСКИ е писател, филмски, музички и книжевен критичар. Дипломира на катедрата за општа и компаративна книжевност при факултетот „Блаже Конески“ во Скопје и од 2008 активно се занимава со филмска критика. Дигиталните филмски рецензии ги објавува на веб-страницата „Мувис.мк“, а печатените во: „Кошмар“ „Граѓански“, „Кинопис“, „Филм плус“, „Филмски печат“. Водител е на филмските радио емисии „Danse Macabre“ и „ТВ 103“ на радио Канал 103. Добитник е на наградата за најдобра филмска критика на филмскиот фестивал „Синедејс“ во 2013. Режисер е на кратките филмови ОД ДРУГАТА СТРАНА и МЕМОАРИ и организатор на ревијата на хорор филмови „Мрак Фест“. Член бил на жири комисии на неколку филмски фестивали: „Синедејс“, „Филмај“, „Мобил фестивал“ и „Филозофски филмски фестивал“. Водител е на јутјуб емисиите: „Видеологија“ и „Ревизија“. Во 2021 ја објави неговата прва збирка на филмски есеи и рецензии „Видеологија (2019-2020)“ во издание на ПНВ Публикации.

The post Филозофски филмски фестивал: „Дневникот на една собарка“ вечерва во рамките на Ретроспективата Буњуел appeared first on Република.

]]>

Вечерва, со почеток во 21 часот, во кинотечната сала на Кинотека на Македонија продолжува Ретроспективата Буњуел, а на програмата е ДНЕВНИКОТ НА ЕДНА СОБАРКА (1964, 97').

По филмот ќе следува излагањето „Поглед низ клучалката во перверзиите на буржоазијата: Од дневникот на Мирбо до атипичниот реализам на Буњуел“ на Златко Ѓелески.

Криминалистички филм, прв во низата филмови во кои Буњуел до крајот на кариерата соработува со продуцентот Серж Силберман и сценаристот Жан-Клод Кариер, а работен e според истоимениот роман на францускиот писател Октав Мирбо. Критиката го смета за едно од најреалистичните остварувања на режисерот, во кое отсуствуваат надреалистичните и фантастичните елементи од претходните, но и од следните филмови. Централен лик во приказната е атрактивната Селестин, која ја игра француската актерка Жана Моро, која од Париз доаѓа да работи како слугинка во замок на богат брачен пар во внатрешноста и таму се запознава со низа впечатливи ликови. Повторно сатиричен и критички настроен кон богатата граѓанска класа и кон екстремните политички ставови, Буњуел во филмот ги проблематизира и корупцијата, насилството, сексуалните опсесии и перверзии, како и чинот на силување и убиство.

ЗЛАТКО ЃЕЛЕСКИ е писател, филмски, музички и книжевен критичар. Дипломира на катедрата за општа и компаративна книжевност при факултетот „Блаже Конески“ во Скопје и од 2008 активно се занимава со филмска критика. Дигиталните филмски рецензии ги објавува на веб-страницата „Мувис.мк“, а печатените во: „Кошмар“ „Граѓански“, „Кинопис“, „Филм плус“, „Филмски печат“. Водител е на филмските радио емисии „Danse Macabre“ и „ТВ 103“ на радио Канал 103. Добитник е на наградата за најдобра филмска критика на филмскиот фестивал „Синедејс“ во 2013. Режисер е на кратките филмови ОД ДРУГАТА СТРАНА и МЕМОАРИ и организатор на ревијата на хорор филмови „Мрак Фест“. Член бил на жири комисии на неколку филмски фестивали: „Синедејс“, „Филмај“, „Мобил фестивал“ и „Филозофски филмски фестивал“. Водител е на јутјуб емисиите: „Видеологија“ и „Ревизија“. Во 2021 ја објави неговата прва збирка на филмски есеи и рецензии „Видеологија (2019-2020)“ во издание на ПНВ Публикации.

The post Филозофски филмски фестивал: „Дневникот на една собарка“ вечерва во рамките на Ретроспективата Буњуел appeared first on Република.

]]>
Филозофскиот филмски фестивал, вечерва во летното кино „Мирно лето“ во Кинотека ја отвора Ретроспективата Буњуел https://republika.mk/vesti/kultura/filozofskiot-filmski-festival-vecherva-vo-letnoto-kino-mirno-leto-vo-kinoteka-ja-otvora-retrospektivata-bunjuel/ Thu, 19 May 2022 14:34:36 +0000 https://republika.mk/?p=504439

Филозофскиот филмски фестивал, вечерва (19 мај), со почеток во 21 часот во летното кино „Мирно лето“ во Кинотеката на Македонија ја отвора Ретроспективата Буњуел. На првата ретроспективна вечер ќе се одржи проекција на три краткометражните филмови на Луис Буњуел: АНДАЛУЗИСКИ ПЕС (1929), ЗЕМЈА БЕЗ ЛЕБ (1932) и СИМОН ПУСТИНИКОТ (1965).

 

Пред проекцијата, поздравни обраќања ќе имаат директорката на Филозофскиот филмски фестивал, Ана Дишлиеска Митова и амбасадорот на Кралството Шпанија во Скопје, Н.Е. Хосе Луис Лосано Гарсија. По проекцијата е предвидено излагање на м-р Ернесто Хедереро дел Кампо (Шпанија) на тема: „Буњуел и шпанската култура“, како и дискусија со присутната публика.

 

Во рамките на РЕТРОСПЕКТИВАТА БУЊУЕЛ ќе бидат прикажани 9 филмови во 7 фестивалски вечери, односно Така, наредните денови во склоп на програмата на Ретроспективата ќе можат да се погледнат и филмовите: ВИРИДИЈАНА (1961), АНГЕЛОТ ИСТРЕБУВАЧ (1962), ДНЕВНИКОТ НА ЕДНА СОБАРКА (1964), УБАВИЦАТА НА ДЕНОТ (1967), ДИСКРЕТНИОТ ШАРМ НА БУРЖОАЗИЈАТА (1972) и ТОЈ МРАЧЕН ПРЕДМЕТ НА ЖЕЛБАТА (1977). Секоја вечер е предвиден и соодветен вовед или излагање од еминентни професори или професионалци од областа на филмот, философијата, филм-философијата, уметноста, филмската критика итн. Па така, публиката ќе има можност да дискутира и со: Стојан Синадинов (филмски критичар и соработник на Кинотеката), Луис Мартин Ариас (професор по филм, историја на филм, комуникација и аудиовизуелна индустрија на Универзитетот во Ваљадолид, Шпанија), Златко Ѓелески (писател и филмски, музички и книжевен критичар), Даријан Пејовски (македонски режисер), м-р Мариглен Демири (философ и активист), проф д-р Јасна Котеска (писателка, философ и редовна професорка по хуманистика на УКИМ). 

 

Сите настани од РЕТРОСПЕКТИВАТА БУЊУЕЛ ќе се одржат во Кинотека со почеток во 21 часот. 

The post Филозофскиот филмски фестивал, вечерва во летното кино „Мирно лето“ во Кинотека ја отвора Ретроспективата Буњуел appeared first on Република.

]]>

Филозофскиот филмски фестивал, вечерва (19 мај), со почеток во 21 часот во летното кино „Мирно лето“ во Кинотеката на Македонија ја отвора Ретроспективата Буњуел. На првата ретроспективна вечер ќе се одржи проекција на три краткометражните филмови на Луис Буњуел: АНДАЛУЗИСКИ ПЕС (1929), ЗЕМЈА БЕЗ ЛЕБ (1932) и СИМОН ПУСТИНИКОТ (1965).   Пред проекцијата, поздравни обраќања ќе имаат директорката на Филозофскиот филмски фестивал, Ана Дишлиеска Митова и амбасадорот на Кралството Шпанија во Скопје, Н.Е. Хосе Луис Лосано Гарсија. По проекцијата е предвидено излагање на м-р Ернесто Хедереро дел Кампо (Шпанија) на тема: „Буњуел и шпанската култура“, како и дискусија со присутната публика.   Во рамките на РЕТРОСПЕКТИВАТА БУЊУЕЛ ќе бидат прикажани 9 филмови во 7 фестивалски вечери, односно Така, наредните денови во склоп на програмата на Ретроспективата ќе можат да се погледнат и филмовите: ВИРИДИЈАНА (1961), АНГЕЛОТ ИСТРЕБУВАЧ (1962), ДНЕВНИКОТ НА ЕДНА СОБАРКА (1964), УБАВИЦАТА НА ДЕНОТ (1967), ДИСКРЕТНИОТ ШАРМ НА БУРЖОАЗИЈАТА (1972) и ТОЈ МРАЧЕН ПРЕДМЕТ НА ЖЕЛБАТА (1977). Секоја вечер е предвиден и соодветен вовед или излагање од еминентни професори или професионалци од областа на филмот, философијата, филм-философијата, уметноста, филмската критика итн. Па така, публиката ќе има можност да дискутира и со: Стојан Синадинов (филмски критичар и соработник на Кинотеката), Луис Мартин Ариас (професор по филм, историја на филм, комуникација и аудиовизуелна индустрија на Универзитетот во Ваљадолид, Шпанија), Златко Ѓелески (писател и филмски, музички и книжевен критичар), Даријан Пејовски (македонски режисер), м-р Мариглен Демири (философ и активист), проф д-р Јасна Котеска (писателка, философ и редовна професорка по хуманистика на УКИМ).    Сите настани од РЕТРОСПЕКТИВАТА БУЊУЕЛ ќе се одржат во Кинотека со почеток во 21 часот. 

The post Филозофскиот филмски фестивал, вечерва во летното кино „Мирно лето“ во Кинотека ја отвора Ретроспективата Буњуел appeared first on Република.

]]>
12. Филозофски филмски фестивал со проекција на 40 филмови, 50 настани и 20 домашни и интернационални гости https://republika.mk/vesti/kultura/12-filozofski-filmski-festival-so-proekcija-na-40-filmovi-50-nastani-i-20-domashni-i-internacionalni-gosti/ Tue, 17 May 2022 17:26:35 +0000 https://republika.mk/?p=503450

Со проекција на 40-тина филмови, 50-тина настани и 20-тина домашни и интернационални гости, Филозофското друштво на Македонија и тимот на Филозофскиот филмски фестивал (12. ФФФ) го најавија 12-тото издание на Фестивалот чијашто Главна програма ќе се одржи од 1-ви до 9-ти јуни, а пред тоа придружена и со традиционалната Ретроспектива, годинава на филмскиот корифеј Луис Буњуел од 19-ти до 27-ми мај во Кинотеката на Македонија.

По минатогодишното хибридно издание, годинава Филозофскиот филмски фестивал се враќа речиси целосно со физичко издание. Фестивалот ќе се одржи пред големото платно на кинотечната сала во Кинотеката, како и во Летното кино „Мирно лето“, во дворот на Кинотеката на Македонија.

Годинешното, 12. издание на Филозофскиот филмски фестивал е во знакот на надреализмот. Некаде помеѓу сонот и реалноста, сопоставувајќи ги имагинарното и стварното, поигрувајќи си со логичното и илогичното, и овозможувајќи го будењето на сонот преку филмската уметност и филозофијата во едно надреалистичко (ре)осмислување на светот, годинава Филозофскиот филмски фестивал повторно ќе го разбуди сонот (и сонувањето, во најубавата смисла) низ филмот и философијата и ќе ја побуди имагинацијата да се нурне низ нови себе-откривања и толкувања на соновното, но и (не)реалното.

Фестивалот е поделен на шест сегменти: Ретроспектива Буњуел, Ревијална програма: филм-философија, Официјална селекција на долгометражни филмови и Официјална селекција на краткометражни филмови (обете со компетитивен карактер), Едукативна програма (составена од Средношколската видео лектира, Работилници за млади и Фил(м)ософија за деца) и Придружна програма.

Хронолошки, пред Главната програма, во периодот од 19-ти до 27-ми мај ќе се одржи ретроспектива посветена на еден од најголемите шпански синеасти од минатиот век, Луис Буњуел. Ретроспективата се одржува во соработка со Амбасадата на Кралството Шпанија во Скопје и Кинотеката на Македонија и во нејзини рамки ќе се прикажат девет филмови на Буњуел од кои три краткометражни и среднометражни филмови предвидени за првата вечер и уште шест негови долгометражни филмски остварувања. На 19 мај, со почеток во 21 часот и со излагање на заменикот амбасадор на Кралството Шпанија во Скопје, м-р Ернесто Хередеро дел Кампо, ќе  биде отворена првата ретроспективна вечер со проекција на филмовите АНДАЛУЗИСКИ ПЕС (1929), ЗЕМЈА БЕЗ ЛЕБ (1932) и СИМОН ПУСТИНИКОТ (1965). Понатаму низ деновите предвидени за Ретроспективата свои проекции ќе имаат и филмовите: ВИРИДИЈАНА (1961), АНГЕЛОТ ИСТРЕБУВАЧ (1962), ДНЕВНИКОТ НА ЕДНА СОБАРКА (1964), УБАВИЦАТА НА ДЕНОТ (1967), ДИСКРЕТНИОТ ШАРМ НА БУРЖОАЗИЈАТА (1972) и ТОЈ МРАЧЕН ПРЕДМЕТ НА ЖЕЛБАТА (1977). Секоја вечер е предвиден и соодветен вовед или излагање од еминентни професори или професионалци од областа на филмот, философијата, филм-философијата, уметноста, филмската критика итн. Па така, публиката ќе има можност да дискутира и со: Стојан Синадинов (филмски критичар и соработник на Кинотеката), Луис Мартин Ариас (професор по филм, историја на филм, комуникација и аудиовизуелна индустрија на Универзитетот во Ваљадолид, Шпанија), Златко Ѓелески (писател и филмски, музички и книжевен критичар), Даријан Пејовски (македонски режисер), м-р Мариглен Демири (философ и активист), проф д-р Јасна Котеска (писателка, философ и редовна професорка по хуманистика на УКИМ).

Отворањето, пак, на Главната програма на 1-ви јуни ќе започне со музички перформанс на БРАНКО ФОЛТИН како дел од придружната програма на 12. ФФФ.. По официјалното отворање публиката ќе има можност да го погледне филмот ДОДЕКА ТРАЕ ВОЈНАТА (While at War, 2019) на шпанскиот режисер Алехандро Аменабар и со излагања на проф. д-р Алисија Вилар Ескудеро и проф д-р Серхио Фернандез, професори по философија од Шпанија, а сето ова како дел од Ревијалната програма: филм-философија. Исто така, во текот на вечерните проекции на Фестивалот, во рамките на истата програма, публиката ќе има можност да ги погледне и корејскиот филм БЕЗГЛАСЕН (Voice of Silence, 2020) со воведно излагање на м-р Снежана Младеновска Анѓелков (писателка, есеистка, авторка/монтажерка на документарни филмови и репортажи), понатаму ФРАНКЕНШТАЈН (Frankenstein, 1931) со излагање на Тијана Петковска (м-р по философски науки и познавач од областа на естетиката на филмот). Публиката ќе има можност да го види и филмот МЛИНОТ И КРСТОТ (The Mill and The Cros, 2011) заедно со излагањето на проф. д-р Владимир Мартиновски (поет, прозаист, книжевен критичар, преведувач и универзитетски професор), филмот ХИРОШИМА, ЉУБОВ МОЈА (Hiroshima, My Love / Hiroshima, mon amour, 1959) со излагање на д-р Кица Колбе (философина и писателка), како и филмот за затворање на 12. ФФФ, НЕШТО КОРИСНО (Something Useful, 2017) на турската режисерка Пелин Есмер чииишто филмови имаат играно на светски познатите фестивали: Сан Себастијан, Трибека, Торонто, Сараево, Ротердам, Талин итн., проследено со првиот ФФФ дијалог во рамките на Фестивалот, помеѓу режисерката на филмот и професорот Сердар Озтурк од Турција.

Во рамките на Официјалната селекција на долгометражни филмови и во трка за еден од фестивалските „Златни бувови“ за најдобар филм според жирито и според публиката, ќе се натпреваруваат пет филмови: ЗАКЛЕТВАТА НА ХАСАН (Commitment Hasan, 2021) во режија на турскиот режисер Семих Капланоглу (Semih Kaplanoğlu), филм кој беше прикажан во селекцијата „Извесен поглед“ на Кан 2021 и кој претставува топла, морална прикaзна од турската конематографија којшто ги третира и прашањата за човековата деструкција на неговата непосредна животна средина; КЛАРА СОЛА (Clara Sola, 2021) во режија на Натали Алварез Месен (Nathalie Álvarez Mesén), интимна приказна за духовното будење на помалку необичната Клара, филм кој беше дел од „Кензен“ програмата на Кан 2021; КОСТА БРАВА, ЛИБАН (Costa Brava, Lebanon, 2021) во режија на Мунија Акл (Mounia Akl), со Надин Лабаки (Хаос / Capernaum) во една од главните улоги, и приказна за едно семејство коешто се обидува да креира утописка заедница надвор од урбаната џунгла; ПО ЉУБОВТА (After Love, 2020) во режија на Алем Кан (Aleem Khan), филм кој нè води на трогателно патување низ загубата, тагата и потрагата по идентитетот, прикажан на Канскиот филмски фестивал 2020; и данскиот филм ПРЕТПОСЛЕДНИОТ (The Penultimate / Den Næstsidste, 2020) во режија на Јонас Керуп Хјорт (Jonas Kærup Hjort), филм кој премиерно беше прикажан на Меѓународниот фестивал „Црни ноќи“ во Талин, а сместен во дистописка и клаустрофобична атмосфера со елементи на драма на апсурдот на линијата меѓу делата на Франц Кафка и Луис Керол.

Во Официјалната селекција на краткометражни филмови годинава има 16 филмски остварувања од повеќе држави: Велика Британија, Германија, Данска, Иран, Либан, Литванија, Македонија, Полска, Португалија, Србија, Унгарија, Франција и Чешка. Фестивалската публика ќе има прилика да го погледне и СЕВЕРЕН ПОЛ (North Pole, 2021) во режија на македонската режисерка Марија Апчевска, филм кој премиерно беше прикажан во официјалната селекција на Канскиот филмски фестивал, има учествувано на повеќе од 40 меѓународни фестивали,  а беше номиниран и за Европските филмски награди (ЕФА).

Годинешните жири комисии за официјалните селекции повторно се составени од домашни и меѓународни експерти и познавачи од областа на филмот и философијата. Жирито за долгометражните филмови е во состав: Сердар Озтурк (Турција), професор на Катедрата за радио, телевизија и филм на Факултетот за Комуникации при Универзитетот Анкара Хаџи Бајрам Вели (АХБВ) во Анкара, Турција. Тој е и издавач на The Journal of SineFilozofi, едно од ретките научни трансдисциплинарни списанија од областа на филмот и философијата; Кица Колбе (Македонија/Германија) која е писателка на романи, есеи и филмски критики и философина со поле на интерес од областа на естетиката; и Тони Гламчевски (Македонија/Франција) кој е новинар, преведувач и толкувач, предавач на Европскиот аудиовизулен институт во Нанси (ИЕЦА) и претседател на Меѓународниот филмски фестивал во Нанси, Франција. Жирито за краткометражни филмови е во состав на: Васко Маглешов, новинар, филмски критичар и известувач од повеќе домашни фестивали; Тамара Тасевска, македонски истражувач, предавач и автор од областа на филм-философијата, постколонијалната феминистичка кинематографија и интермедијалноста, базирана во Њујорк, САД; и Ѓорѓи Јаневски, слободен медиумски и културен работник кој делува на полето на аудио-визуелната и радио документаристиката, а работи и како филмски критичар, музички промотер, куратор и е учесник во локалната независна сцена. Селектори се професорот од МСУ „Г. Р. Державин“, м-р Кирил Трајчев за долгометражната селекција и д-р Дејан Здравков, д-р по философски науки со поле на интерес од областа на естетиката и антропологијата, како селектор за селекцијата на краткометражните филмови.

Богатата Едукативна програма започна долго пред официјалниот почеток на Фестивалот. По едногодишна пауза, годинава повторно се одржа Средношколската видео лектира. Од 6-ти до 11-ти април во Младинскиот културен центар во Скопје за учениците од Скопје, Велес и Куманово и низ повеќе регионални културни или академски центри во Штип, Неготино, Битола, Гевгелија и Охрид се одржаа проекции на филмот 12 ГНЕВНИ ЛУЃЕ (Twelve Аngry Man, 1957) на Сидни Ламет. Во рамките на настанот во Скопје свое излагање имаше проф. д-р Ана Димишковска која ги воведе учениците во годинешната тема за есејот „Правдата, гневот и предрасудите: Како да се суди непристрасно?“. Вклучени беа 15 професори од средните училишта, учество земаа околу 350 ученици од 16 училишта, пристигнати се 36 есеи на конкурсот, а од нив, трочлена стручна комисија во состав: проф. д-р Слободанка Марковска, Стефан Видиков и Марко Касапов, ќе ги одбере трите најдобри филмософски есеи за ова издание.

Во рамките на Едукативната програма на 7-ми и 14-ти мај во Кинотеката на Македонија се одржа и работилницата „Естетика на филмскиот јазик“ под менторство на проф. д-р Атанас Чупоски (филмолог, писател и режисер) во чиишто рамки заинтересираните ученици (17-19 години) имаа можност да имаат средба, дискусија и читање на филмска приказна. Покрај оваа работилница, во Скопје, Свети Николе, Велес, Тетово и Кавадарци се одржаа и младински работилници од областа на филм-философијата под менторство на повеќе професори по философија (м-р Кирил Трајчев, Владимир Ѓуровиќ, д-р Вангел Ноневски, д-р Бошко Караџов, м-р Мариглен Демири, м-р Љатиф Мустафа и Стефан Видиков).

Годинава, продолжи и уште еден од фестивалските редовни сегменти од Едукативната програма – Фил(м)ософија за деца. Оваа година на VoD платформата Cinesquare во периодот од 20-27 мај онлајн ќе може да се погледне анимираниот филм ДЕТЕТО ФАНТОМ (Phantom Boy, 2015), a дел од децата низ целата земја коишто ќе го изгледаат филмот ќе можат да се вклучат и на онлајн работилницата со д-р Мартин Поповски, реализатор на програми за философија со деца. Исто така, на 25-ти мај Поповски ќе одржи и физичка работилница со истиот филм и ќе поттикне философски разговор инспириран од филмот со учениците од три основни училишта во Скопје во Кинотеката на Македонија. Како специјален дел од Едукативната програма се и трите работилници со проф. д-р Томас Вартенберг кој е истакнат американски професор на колеџот Маунт Холиоки во САД чии главни области на интерес се естетиката, философијата на филмот и философијата со деца. Вартенберг ќе одржи три онлајн настани, од кои два се од отворен тип: Отворено предавање од областа на философијата со деца и работа преку филм и Работилница наменета за наставници и друг образовен кадар, студенти и родители кои се заинтересирани за развојот на критичката рефлексија и креативната мисла кај децата. Покрај ова, тој ќе изведе и практична демонстрација со ученици од Американското училиште НОВА во Скопје.

Како дел од Придружната програма на фестивалот и ФФФ Doc. сегментот, на 14 мај 2022 се случи и кино проекција, во соработка со Амбасадата на Кралството Шпанија во Скопје, Музејот на современата уметност Скопје и Кинотеката на Македонија, на филмот ГЕНЕРАЦИЈА: БУЊУЕЛ, ЛОРКА, ДАЛИ (Generación: Buñuel, Lorca, Dalí, 2018) во режија на Хавиер Еспада (Javier Espada) и Алберт Монтон (Albert Montón). На настанот се обрати Амбасадорот на Кралството Шпанија во Скопје, Н.Е. Хосе Луис Лосано Гарсија, а свое излагање имаше истакнатиот македонски философ и естетичар, проф. д-р Иван Џепароски од Филозофскиот факултет при УКИМ. Покрај овој настан, во рамките на Придружната програма, на 2 јуни во 12:00 на Универзитетот „Еуропа Прима“ ќе се одржи презентација на истражување од областа на естетиката на филмот: „Филмска објектологија (Моќта на невидливото)“ од страна на м-р Васил Михајлов. На 8 јуни, пак, во кафе-барот „Мартини“ со почеток во 22:30 ќе се одржи музички перформанс на Андрија Хаџиќ, музички изведувач од Србија.

Свеченото отворање на Главната програма на фестивалот ќе се случи на 1-ви јуни во 20:30 со музички перформанс на БРАНКО ФОЛТИН во Летното кино „Мирно лето“ на Кинотеката. Крајот на фестивалот, на 9-ти јуни, очекувано ќе биде означен со пригоден настан, пред последната фестивалска проекција, на кој ќе бидат доделени наградите за најдобрите филмови од двете селекции.

12-то издание на Филозофскиот филмски фестивал се реализира во ко-организација со Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и во соработка со Кинотеката на Македонија. Институционални покровители се Министерството за култура, Агенцијата за филм и Градот Скопје, а програмите се овозможени преку соработките со Амбасадата на Кралството Шпанија во Скопје, Универзитетот “Еуропа Прима“, Факултетот за драмски уметности (ФДУ), Младинскиот културен центар (МКЦ), Музејот на современата уметност (МСУ), Културно информативниот центар (КИЦ), Францускиот институт, Cinesquare, Узенгија, Училница, Култура Бета и спонзорите Горска, Камник, Аз-Буки, Хотел Цара, Дукат, Мартини. Медиумски покровители на фестивалот се Телевизија 24, Наша ТВ, ТВ Шења, 103-ка, Нова Македонија, Слободен Печат, Окно, Скала магазин и Умно.

 

За повеќе информации посетете ја Интернет страницата на Фестивалот www.philosophicalfilmfestival.mk, ФБ страницата: Филозофски филмски фестивал или Instagram профилот: philosophical.film.festival.

 

 

The post 12. Филозофски филмски фестивал со проекција на 40 филмови, 50 настани и 20 домашни и интернационални гости appeared first on Република.

]]>

Со проекција на 40-тина филмови, 50-тина настани и 20-тина домашни и интернационални гости, Филозофското друштво на Македонија и тимот на Филозофскиот филмски фестивал (12. ФФФ) го најавија 12-тото издание на Фестивалот чијашто Главна програма ќе се одржи од 1-ви до 9-ти јуни, а пред тоа придружена и со традиционалната Ретроспектива, годинава на филмскиот корифеј Луис Буњуел од 19-ти до 27-ми мај во Кинотеката на Македонија. По минатогодишното хибридно издание, годинава Филозофскиот филмски фестивал се враќа речиси целосно со физичко издание. Фестивалот ќе се одржи пред големото платно на кинотечната сала во Кинотеката, како и во Летното кино „Мирно лето“, во дворот на Кинотеката на Македонија. Годинешното, 12. издание на Филозофскиот филмски фестивал е во знакот на надреализмот. Некаде помеѓу сонот и реалноста, сопоставувајќи ги имагинарното и стварното, поигрувајќи си со логичното и илогичното, и овозможувајќи го будењето на сонот преку филмската уметност и филозофијата во едно надреалистичко (ре)осмислување на светот, годинава Филозофскиот филмски фестивал повторно ќе го разбуди сонот (и сонувањето, во најубавата смисла) низ филмот и философијата и ќе ја побуди имагинацијата да се нурне низ нови себе-откривања и толкувања на соновното, но и (не)реалното. Фестивалот е поделен на шест сегменти: Ретроспектива Буњуел, Ревијална програма: филм-философија, Официјална селекција на долгометражни филмови и Официјална селекција на краткометражни филмови (обете со компетитивен карактер), Едукативна програма (составена од Средношколската видео лектира, Работилници за млади и Фил(м)ософија за деца) и Придружна програма. Хронолошки, пред Главната програма, во периодот од 19-ти до 27-ми мај ќе се одржи ретроспектива посветена на еден од најголемите шпански синеасти од минатиот век, Луис Буњуел. Ретроспективата се одржува во соработка со Амбасадата на Кралството Шпанија во Скопје и Кинотеката на Македонија и во нејзини рамки ќе се прикажат девет филмови на Буњуел од кои три краткометражни и среднометражни филмови предвидени за првата вечер и уште шест негови долгометражни филмски остварувања. На 19 мај, со почеток во 21 часот и со излагање на заменикот амбасадор на Кралството Шпанија во Скопје, м-р Ернесто Хередеро дел Кампо, ќе  биде отворена првата ретроспективна вечер со проекција на филмовите АНДАЛУЗИСКИ ПЕС (1929), ЗЕМЈА БЕЗ ЛЕБ (1932) и СИМОН ПУСТИНИКОТ (1965). Понатаму низ деновите предвидени за Ретроспективата свои проекции ќе имаат и филмовите: ВИРИДИЈАНА (1961), АНГЕЛОТ ИСТРЕБУВАЧ (1962), ДНЕВНИКОТ НА ЕДНА СОБАРКА (1964), УБАВИЦАТА НА ДЕНОТ (1967), ДИСКРЕТНИОТ ШАРМ НА БУРЖОАЗИЈАТА (1972) и ТОЈ МРАЧЕН ПРЕДМЕТ НА ЖЕЛБАТА (1977). Секоја вечер е предвиден и соодветен вовед или излагање од еминентни професори или професионалци од областа на филмот, философијата, филм-философијата, уметноста, филмската критика итн. Па така, публиката ќе има можност да дискутира и со: Стојан Синадинов (филмски критичар и соработник на Кинотеката), Луис Мартин Ариас (професор по филм, историја на филм, комуникација и аудиовизуелна индустрија на Универзитетот во Ваљадолид, Шпанија), Златко Ѓелески (писател и филмски, музички и книжевен критичар), Даријан Пејовски (македонски режисер), м-р Мариглен Демири (философ и активист), проф д-р Јасна Котеска (писателка, философ и редовна професорка по хуманистика на УКИМ). Отворањето, пак, на Главната програма на 1-ви јуни ќе започне со музички перформанс на БРАНКО ФОЛТИН како дел од придружната програма на 12. ФФФ.. По официјалното отворање публиката ќе има можност да го погледне филмот ДОДЕКА ТРАЕ ВОЈНАТА (While at War, 2019) на шпанскиот режисер Алехандро Аменабар и со излагања на проф. д-р Алисија Вилар Ескудеро и проф д-р Серхио Фернандез, професори по философија од Шпанија, а сето ова како дел од Ревијалната програма: филм-философија. Исто така, во текот на вечерните проекции на Фестивалот, во рамките на истата програма, публиката ќе има можност да ги погледне и корејскиот филм БЕЗГЛАСЕН (Voice of Silence, 2020) со воведно излагање на м-р Снежана Младеновска Анѓелков (писателка, есеистка, авторка/монтажерка на документарни филмови и репортажи), понатаму ФРАНКЕНШТАЈН (Frankenstein, 1931) со излагање на Тијана Петковска (м-р по философски науки и познавач од областа на естетиката на филмот). Публиката ќе има можност да го види и филмот МЛИНОТ И КРСТОТ (The Mill and The Cros, 2011) заедно со излагањето на проф. д-р Владимир Мартиновски (поет, прозаист, книжевен критичар, преведувач и универзитетски професор), филмот ХИРОШИМА, ЉУБОВ МОЈА (Hiroshima, My Love / Hiroshima, mon amour, 1959) со излагање на д-р Кица Колбе (философина и писателка), како и филмот за затворање на 12. ФФФ, НЕШТО КОРИСНО (Something Useful, 2017) на турската режисерка Пелин Есмер чииишто филмови имаат играно на светски познатите фестивали: Сан Себастијан, Трибека, Торонто, Сараево, Ротердам, Талин итн., проследено со првиот ФФФ дијалог во рамките на Фестивалот, помеѓу режисерката на филмот и професорот Сердар Озтурк од Турција. Во рамките на Официјалната селекција на долгометражни филмови и во трка за еден од фестивалските „Златни бувови“ за најдобар филм според жирито и според публиката, ќе се натпреваруваат пет филмови: ЗАКЛЕТВАТА НА ХАСАН (Commitment Hasan, 2021) во режија на турскиот режисер Семих Капланоглу (Semih Kaplanoğlu), филм кој беше прикажан во селекцијата „Извесен поглед“ на Кан 2021 и кој претставува топла, морална прикaзна од турската конематографија којшто ги третира и прашањата за човековата деструкција на неговата непосредна животна средина; КЛАРА СОЛА (Clara Sola, 2021) во режија на Натали Алварез Месен (Nathalie Álvarez Mesén), интимна приказна за духовното будење на помалку необичната Клара, филм кој беше дел од „Кензен“ програмата на Кан 2021; КОСТА БРАВА, ЛИБАН (Costa Brava, Lebanon, 2021) во режија на Мунија Акл (Mounia Akl), со Надин Лабаки (Хаос / Capernaum) во една од главните улоги, и приказна за едно семејство коешто се обидува да креира утописка заедница надвор од урбаната џунгла; ПО ЉУБОВТА (After Love, 2020) во режија на Алем Кан (Aleem Khan), филм кој нè води на трогателно патување низ загубата, тагата и потрагата по идентитетот, прикажан на Канскиот филмски фестивал 2020; и данскиот филм ПРЕТПОСЛЕДНИОТ (The Penultimate / Den Næstsidste, 2020) во режија на Јонас Керуп Хјорт (Jonas Kærup Hjort), филм кој премиерно беше прикажан на Меѓународниот фестивал „Црни ноќи“ во Талин, а сместен во дистописка и клаустрофобична атмосфера со елементи на драма на апсурдот на линијата меѓу делата на Франц Кафка и Луис Керол. Во Официјалната селекција на краткометражни филмови годинава има 16 филмски остварувања од повеќе држави: Велика Британија, Германија, Данска, Иран, Либан, Литванија, Македонија, Полска, Португалија, Србија, Унгарија, Франција и Чешка. Фестивалската публика ќе има прилика да го погледне и СЕВЕРЕН ПОЛ (North Pole, 2021) во режија на македонската режисерка Марија Апчевска, филм кој премиерно беше прикажан во официјалната селекција на Канскиот филмски фестивал, има учествувано на повеќе од 40 меѓународни фестивали,  а беше номиниран и за Европските филмски награди (ЕФА). Годинешните жири комисии за официјалните селекции повторно се составени од домашни и меѓународни експерти и познавачи од областа на филмот и философијата. Жирито за долгометражните филмови е во состав: Сердар Озтурк (Турција), професор на Катедрата за радио, телевизија и филм на Факултетот за Комуникации при Универзитетот Анкара Хаџи Бајрам Вели (АХБВ) во Анкара, Турција. Тој е и издавач на The Journal of SineFilozofi, едно од ретките научни трансдисциплинарни списанија од областа на филмот и философијата; Кица Колбе (Македонија/Германија) која е писателка на романи, есеи и филмски критики и философина со поле на интерес од областа на естетиката; и Тони Гламчевски (Македонија/Франција) кој е новинар, преведувач и толкувач, предавач на Европскиот аудиовизулен институт во Нанси (ИЕЦА) и претседател на Меѓународниот филмски фестивал во Нанси, Франција. Жирито за краткометражни филмови е во состав на: Васко Маглешов, новинар, филмски критичар и известувач од повеќе домашни фестивали; Тамара Тасевска, македонски истражувач, предавач и автор од областа на филм-философијата, постколонијалната феминистичка кинематографија и интермедијалноста, базирана во Њујорк, САД; и Ѓорѓи Јаневски, слободен медиумски и културен работник кој делува на полето на аудио-визуелната и радио документаристиката, а работи и како филмски критичар, музички промотер, куратор и е учесник во локалната независна сцена. Селектори се професорот од МСУ „Г. Р. Державин“, м-р Кирил Трајчев за долгометражната селекција и д-р Дејан Здравков, д-р по философски науки со поле на интерес од областа на естетиката и антропологијата, како селектор за селекцијата на краткометражните филмови. Богатата Едукативна програма започна долго пред официјалниот почеток на Фестивалот. По едногодишна пауза, годинава повторно се одржа Средношколската видео лектира. Од 6-ти до 11-ти април во Младинскиот културен центар во Скопје за учениците од Скопје, Велес и Куманово и низ повеќе регионални културни или академски центри во Штип, Неготино, Битола, Гевгелија и Охрид се одржаа проекции на филмот 12 ГНЕВНИ ЛУЃЕ (Twelve Аngry Man, 1957) на Сидни Ламет. Во рамките на настанот во Скопје свое излагање имаше проф. д-р Ана Димишковска која ги воведе учениците во годинешната тема за есејот „Правдата, гневот и предрасудите: Како да се суди непристрасно?“. Вклучени беа 15 професори од средните училишта, учество земаа околу 350 ученици од 16 училишта, пристигнати се 36 есеи на конкурсот, а од нив, трочлена стручна комисија во состав: проф. д-р Слободанка Марковска, Стефан Видиков и Марко Касапов, ќе ги одбере трите најдобри филмософски есеи за ова издание. Во рамките на Едукативната програма на 7-ми и 14-ти мај во Кинотеката на Македонија се одржа и работилницата „Естетика на филмскиот јазик“ под менторство на проф. д-р Атанас Чупоски (филмолог, писател и режисер) во чиишто рамки заинтересираните ученици (17-19 години) имаа можност да имаат средба, дискусија и читање на филмска приказна. Покрај оваа работилница, во Скопје, Свети Николе, Велес, Тетово и Кавадарци се одржаа и младински работилници од областа на филм-философијата под менторство на повеќе професори по философија (м-р Кирил Трајчев, Владимир Ѓуровиќ, д-р Вангел Ноневски, д-р Бошко Караџов, м-р Мариглен Демири, м-р Љатиф Мустафа и Стефан Видиков). Годинава, продолжи и уште еден од фестивалските редовни сегменти од Едукативната програма – Фил(м)ософија за деца. Оваа година на VoD платформата Cinesquare во периодот од 20-27 мај онлајн ќе може да се погледне анимираниот филм ДЕТЕТО ФАНТОМ (Phantom Boy, 2015), a дел од децата низ целата земја коишто ќе го изгледаат филмот ќе можат да се вклучат и на онлајн работилницата со д-р Мартин Поповски, реализатор на програми за философија со деца. Исто така, на 25-ти мај Поповски ќе одржи и физичка работилница со истиот филм и ќе поттикне философски разговор инспириран од филмот со учениците од три основни училишта во Скопје во Кинотеката на Македонија. Како специјален дел од Едукативната програма се и трите работилници со проф. д-р Томас Вартенберг кој е истакнат американски професор на колеџот Маунт Холиоки во САД чии главни области на интерес се естетиката, философијата на филмот и философијата со деца. Вартенберг ќе одржи три онлајн настани, од кои два се од отворен тип: Отворено предавање од областа на философијата со деца и работа преку филм и Работилница наменета за наставници и друг образовен кадар, студенти и родители кои се заинтересирани за развојот на критичката рефлексија и креативната мисла кај децата. Покрај ова, тој ќе изведе и практична демонстрација со ученици од Американското училиште НОВА во Скопје. Како дел од Придружната програма на фестивалот и ФФФ Doc. сегментот, на 14 мај 2022 се случи и кино проекција, во соработка со Амбасадата на Кралството Шпанија во Скопје, Музејот на современата уметност Скопје и Кинотеката на Македонија, на филмот ГЕНЕРАЦИЈА: БУЊУЕЛ, ЛОРКА, ДАЛИ (Generación: Buñuel, Lorca, Dalí, 2018) во режија на Хавиер Еспада (Javier Espada) и Алберт Монтон (Albert Montón). На настанот се обрати Амбасадорот на Кралството Шпанија во Скопје, Н.Е. Хосе Луис Лосано Гарсија, а свое излагање имаше истакнатиот македонски философ и естетичар, проф. д-р Иван Џепароски од Филозофскиот факултет при УКИМ. Покрај овој настан, во рамките на Придружната програма, на 2 јуни во 12:00 на Универзитетот „Еуропа Прима“ ќе се одржи презентација на истражување од областа на естетиката на филмот: „Филмска објектологија (Моќта на невидливото)“ од страна на м-р Васил Михајлов. На 8 јуни, пак, во кафе-барот „Мартини“ со почеток во 22:30 ќе се одржи музички перформанс на Андрија Хаџиќ, музички изведувач од Србија. Свеченото отворање на Главната програма на фестивалот ќе се случи на 1-ви јуни во 20:30 со музички перформанс на БРАНКО ФОЛТИН во Летното кино „Мирно лето“ на Кинотеката. Крајот на фестивалот, на 9-ти јуни, очекувано ќе биде означен со пригоден настан, пред последната фестивалска проекција, на кој ќе бидат доделени наградите за најдобрите филмови од двете селекции. 12-то издание на Филозофскиот филмски фестивал се реализира во ко-организација со Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и во соработка со Кинотеката на Македонија. Институционални покровители се Министерството за култура, Агенцијата за филм и Градот Скопје, а програмите се овозможени преку соработките со Амбасадата на Кралството Шпанија во Скопје, Универзитетот “Еуропа Прима“, Факултетот за драмски уметности (ФДУ), Младинскиот културен центар (МКЦ), Музејот на современата уметност (МСУ), Културно информативниот центар (КИЦ), Францускиот институт, Cinesquare, Узенгија, Училница, Култура Бета и спонзорите Горска, Камник, Аз-Буки, Хотел Цара, Дукат, Мартини. Медиумски покровители на фестивалот се Телевизија 24, Наша ТВ, ТВ Шења, 103-ка, Нова Македонија, Слободен Печат, Окно, Скала магазин и Умно.   За повеќе информации посетете ја Интернет страницата на Фестивалот www.philosophicalfilmfestival.mk, ФБ страницата: Филозофски филмски фестивал или Instagram профилот: philosophical.film.festival.    

The post 12. Филозофски филмски фестивал со проекција на 40 филмови, 50 настани и 20 домашни и интернационални гости appeared first on Република.

]]>
12. издание на Филозофскиот филмски фестивал во знакот на надреализамот и шпанскиот генијален автор и режисер, Луис Буњуел https://republika.mk/vesti/kultura/12-izdanie-na-filozofskiot-filmski-festival-vo-znakot-na-nadrealizamot-i-shpanskiot-genijalen-avtor-i-reziser-luis-bunjuel/ Fri, 13 May 2022 10:28:04 +0000 https://republika.mk/?p=501844

Под мотото „Будење на сонот“, годинешното 12. издание на Филозофскиот филмски фестивал (ФФФ) ќе биде обележано во знакот на надреализамот и шпанскиот генијален автор и режисер, Луис Буњуел. Веќе втора година, во соработка со Музејот на современата уметност, Фестивалот ја организира ФФФ@МСУ проекцијата на документарен филм – во просториите на Музејот, годинава на 14-ти мај (сабота) во 12.00 часот – којашто ќе ја најави годинешната богата програма на Фестивалот. Во соработка со Музејот на современата уметност Скопје, Амбасадата на Кралството Шпанија во Скопје и Кинотеката на Македонија, годинешниот избор падна на документарниот филм „ГЕНЕРАЦИЈА: БУЊУЕЛ, ЛОРКА, ДАЛИ“ (Generación: Buñuel, Lorca, Dalí, 2018) во режија на Хавиер Еспада и Алберт Монтон.

„ГЕНЕРАЦИЈА: БУЊУЕЛ, ЛОРКА, ДАЛИ“ е документарен филм којшто ја раскажува приказната за незавршената биографија на Макс Ауб (Max Aub), посветена не само на Буњуел, туку и на целата Генерација ‘27 со златната тројка Буњуел-Лорка-Дали како стожер на шпанската култура од XX век. Луис Буњуел, Салвадор Дали и Федерико Гарсија Лорка – млади и бистри, интелигентни и весели, имаа проект за модернизација на земјата, визија за промена којашто секогаш беше придружена со насмевка, шега и генијалност. Но, тие ја претрпеа и трагедијата на војната којашто ги обележа и нив и целата нивна генерација. Некои беа убиени, како Лорка. Други беа принудени да отидат во егзил, како Буњуел. А некои, како Дали, мораа повторно да се реосмислат преку карикатура, понекогаш брилијантна, понекогаш срамна, за да преживеат.

Во 1967 година, издавачката куќа Агилар побара од Ауб да ја напише биографијата на колегата од мексиканската генерација и егзил: филмскиот режисер Луис Буњуел. Кога Ауб умира на 22 јули 1972, на своето биро остава 5.000 страници напишани на машина, резултат на незавршен проект кој ја надминуваше типичната биографија и ја одразуваше синтезата на цела генерација шпански уметници чиишто животи беа обележани од три војни и прогонство кое траеше повеќе од 30 години. Овој хетероген сет на материјали ја одразуваше и модерната концепција на Ауб за наративниот жанр: лик конструиран од мозаик од различни визии и разнородни материјали.

Филмското матине кое воедно е и најава за Ретроспективата Буњуел во рамките на Фестивалот (19-27 мај, Кинотека) ќе се одржи на 14 мај (сабота), со почеток од 12:00 часот, во Музејот на современата уметност Скопје. На настанот ќе се обратат Слаѓан Пенев од Филозофскиот филмски фестивал, амбасадорот на Шпанија во Скопје, Н.Е. Хосе Луис Лосано Гарсија и проф. д-р Иван Џепароски од Филозофскиот факултет во Скопје со воведно излагање. Влезот е бесплатен, во рамките на капацитетот на аудиториумот во Музејот на современата уметност Скопје.

РЕТРОСПЕКТИВАТА БУЊУЕЛ ќе се одвива од 19-27 мај во Кинотека, со почеток на проекции во 21 ч. Во нејзините рамки ќе бидат прикажани филмовите:

19 мај - Краткометражна вечер

АНДАЛУЗИСКИ ПЕС (1929)

ЗЕМЈА БЕЗ ЛЕБ (1932)

СИМОН ПУСТИНИКОТ (1965)

излагање (дискусија): м-р Ернесто Хедереро дел Кампо (Шпанија)

наслов на излагање: „Буњуел и шпанската култура“

20 мај - ВИРИДИЈАНА (1961)

излагање (дискусија): Стојан Синадинов

наслов на излагање: „Виридијана: невиност без заштита“

21 мај - АНГЕЛОТ ИСТРЕБУВАЧ (1962)

излагање (дискусија): проф. д-р Луис Мартин Ариас (Шпанија)

наслов на излагање: „Философска анализа на филмот Ангелот истребувач

23 мај - ДНЕВНИКОТ НА ЕДНА СОБАРКА (1964)

излагање (дискусија): Златко Ѓелески

наслов на излагање: „Поглед низ клучалката во перверзиите на буржоазијата:

Од дневникот на Мирбо до атипичниот реализам на Буњуел“

25 мај - УБАВИЦАТА НА ДЕНОТ (1967)

излагање (дискусија): Даријан Пејовски

наслов на излагање: „Убавицата на денот: Надреализам во конвенционално филмско раскажување“

26 мај - ДИСКРЕТНИОТ ШАРМ НА БУРЖОАЗИЈАТА (1972)

излагање (дискусија): м-р Мариглен Демири

наслов на излагање: „Буржоазијата, демократијата и народот“

27 мај - ТОЈ МРАЧЕН ПРЕДМЕТ НА ЖЕЛБАТА (1977)

излагање (дискусија): проф. д-р Јасна Котеска

наслов на излагање: „Тој мрачен предмет на желбите: Психоаналитички поглед врз светот на Буњуел“

 

The post 12. издание на Филозофскиот филмски фестивал во знакот на надреализамот и шпанскиот генијален автор и режисер, Луис Буњуел appeared first on Република.

]]>

Под мотото „Будење на сонот“, годинешното 12. издание на Филозофскиот филмски фестивал (ФФФ) ќе биде обележано во знакот на надреализамот и шпанскиот генијален автор и режисер, Луис Буњуел. Веќе втора година, во соработка со Музејот на современата уметност, Фестивалот ја организира ФФФ@МСУ проекцијата на документарен филм – во просториите на Музејот, годинава на 14-ти мај (сабота) во 12.00 часот – којашто ќе ја најави годинешната богата програма на Фестивалот. Во соработка со Музејот на современата уметност Скопје, Амбасадата на Кралството Шпанија во Скопје и Кинотеката на Македонија, годинешниот избор падна на документарниот филм „ГЕНЕРАЦИЈА: БУЊУЕЛ, ЛОРКА, ДАЛИ“ (Generación: Buñuel, Lorca, Dalí, 2018) во режија на Хавиер Еспада и Алберт Монтон. „ГЕНЕРАЦИЈА: БУЊУЕЛ, ЛОРКА, ДАЛИ“ е документарен филм којшто ја раскажува приказната за незавршената биографија на Макс Ауб (Max Aub), посветена не само на Буњуел, туку и на целата Генерација ‘27 со златната тројка Буњуел-Лорка-Дали како стожер на шпанската култура од XX век. Луис Буњуел, Салвадор Дали и Федерико Гарсија Лорка – млади и бистри, интелигентни и весели, имаа проект за модернизација на земјата, визија за промена којашто секогаш беше придружена со насмевка, шега и генијалност. Но, тие ја претрпеа и трагедијата на војната којашто ги обележа и нив и целата нивна генерација. Некои беа убиени, како Лорка. Други беа принудени да отидат во егзил, како Буњуел. А некои, како Дали, мораа повторно да се реосмислат преку карикатура, понекогаш брилијантна, понекогаш срамна, за да преживеат. Во 1967 година, издавачката куќа Агилар побара од Ауб да ја напише биографијата на колегата од мексиканската генерација и егзил: филмскиот режисер Луис Буњуел. Кога Ауб умира на 22 јули 1972, на своето биро остава 5.000 страници напишани на машина, резултат на незавршен проект кој ја надминуваше типичната биографија и ја одразуваше синтезата на цела генерација шпански уметници чиишто животи беа обележани од три војни и прогонство кое траеше повеќе од 30 години. Овој хетероген сет на материјали ја одразуваше и модерната концепција на Ауб за наративниот жанр: лик конструиран од мозаик од различни визии и разнородни материјали. Филмското матине кое воедно е и најава за Ретроспективата Буњуел во рамките на Фестивалот (19-27 мај, Кинотека) ќе се одржи на 14 мај (сабота), со почеток од 12:00 часот, во Музејот на современата уметност Скопје. На настанот ќе се обратат Слаѓан Пенев од Филозофскиот филмски фестивал, амбасадорот на Шпанија во Скопје, Н.Е. Хосе Луис Лосано Гарсија и проф. д-р Иван Џепароски од Филозофскиот факултет во Скопје со воведно излагање. Влезот е бесплатен, во рамките на капацитетот на аудиториумот во Музејот на современата уметност Скопје. РЕТРОСПЕКТИВАТА БУЊУЕЛ ќе се одвива од 19-27 мај во Кинотека, со почеток на проекции во 21 ч. Во нејзините рамки ќе бидат прикажани филмовите: 19 мај - Краткометражна вечер АНДАЛУЗИСКИ ПЕС (1929) ЗЕМЈА БЕЗ ЛЕБ (1932) СИМОН ПУСТИНИКОТ (1965) излагање (дискусија): м-р Ернесто Хедереро дел Кампо (Шпанија) наслов на излагање: „Буњуел и шпанската култура“ 20 мај - ВИРИДИЈАНА (1961) излагање (дискусија): Стојан Синадинов наслов на излагање: „Виридијана: невиност без заштита“ 21 мај - АНГЕЛОТ ИСТРЕБУВАЧ (1962) излагање (дискусија): проф. д-р Луис Мартин Ариас (Шпанија) наслов на излагање: „Философска анализа на филмот Ангелот истребувач“ 23 мај - ДНЕВНИКОТ НА ЕДНА СОБАРКА (1964) излагање (дискусија): Златко Ѓелески наслов на излагање: „Поглед низ клучалката во перверзиите на буржоазијата: Од дневникот на Мирбо до атипичниот реализам на Буњуел“ 25 мај - УБАВИЦАТА НА ДЕНОТ (1967) излагање (дискусија): Даријан Пејовски наслов на излагање: „Убавицата на денот: Надреализам во конвенционално филмско раскажување“ 26 мај - ДИСКРЕТНИОТ ШАРМ НА БУРЖОАЗИЈАТА (1972) излагање (дискусија): м-р Мариглен Демири наслов на излагање: „Буржоазијата, демократијата и народот“ 27 мај - ТОЈ МРАЧЕН ПРЕДМЕТ НА ЖЕЛБАТА (1977) излагање (дискусија): проф. д-р Јасна Котеска наслов на излагање: „Тој мрачен предмет на желбите: Психоаналитички поглед врз светот на Буњуел“  

The post 12. издание на Филозофскиот филмски фестивал во знакот на надреализамот и шпанскиот генијален автор и режисер, Луис Буњуел appeared first on Република.

]]>