фарма Archives - Република https://republika.mk/tema/farma/ За подобро да се разбереме Thu, 25 Jan 2024 08:57:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фарма Archives - Република https://republika.mk/tema/farma/ 32 32 Канаѓанец со осум деца се пресилил во Русија за повторно да ја изгради фармата што ја имал во Канада https://republika.mk/vesti/svet/kanaganets-so-osum-detsa-se-presilil-vo-rusija-za-povtorno-da-ja-izgradi-farmata-shto-ja-imal-vo-kanada/ Thu, 25 Jan 2024 08:57:11 +0000 https://republika.mk/?p=736464

Еден Канаѓанец, заедно со своето семејство и осумте деца се преселил во рускиот регион Нижни Новгород за да изгради фарма.

Во последните петнаесет години, Аренд Феинстра (39) одгледува говеда во Канада, а поседува и фарма за козјо млеко. Пред околу две недели неговото семејство се преселило во Нижни Новгород.

Овде, во регионот Нижни Новгород, се надеваме дека ќе ја обновиме нашата семејна фарма и ќе ја зголемиме. Ќе почнеме да работиме и во малопродажба, користејќи ги сите вештини што ги научивме со текот на годините. Исто така, би сакале да создадеме дополнителни работни места и да го споделиме нашето знаење“, вели Феинстра за одлуката да ја напуштата Канада и да се преселат во Русија.

На прашањето зошто го избрал регионот Нижни Новгород, Феинстра вели дека тоа е „одлично место за одгледување деца во традиционална култура“.

Се чувствуваме безбедни во регионот Нижни Новгород. Тука има и доволно земја за земјоделство и за офгледување стока“, додава Канаѓанецот.

The post Канаѓанец со осум деца се пресилил во Русија за повторно да ја изгради фармата што ја имал во Канада appeared first on Република.

]]>

Еден Канаѓанец, заедно со своето семејство и осумте деца се преселил во рускиот регион Нижни Новгород за да изгради фарма. Во последните петнаесет години, Аренд Феинстра (39) одгледува говеда во Канада, а поседува и фарма за козјо млеко. Пред околу две недели неговото семејство се преселило во Нижни Новгород.
Овде, во регионот Нижни Новгород, се надеваме дека ќе ја обновиме нашата семејна фарма и ќе ја зголемиме. Ќе почнеме да работиме и во малопродажба, користејќи ги сите вештини што ги научивме со текот на годините. Исто така, би сакале да создадеме дополнителни работни места и да го споделиме нашето знаење“, вели Феинстра за одлуката да ја напуштата Канада и да се преселат во Русија.
На прашањето зошто го избрал регионот Нижни Новгород, Феинстра вели дека тоа е „одлично место за одгледување деца во традиционална култура“.
Се чувствуваме безбедни во регионот Нижни Новгород. Тука има и доволно земја за земјоделство и за офгледување стока“, додава Канаѓанецот.

The post Канаѓанец со осум деца се пресилил во Русија за повторно да ја изгради фармата што ја имал во Канада appeared first on Република.

]]>
„Тешко и морничаво беше наоѓањето на телото“, вели екипата на Брза помош која пронајде починат маж на фарма во Прилеп https://republika.mk/vesti/crna-hronika/teshko-i-mornichavo-beshe-naoganeto-na-teloto-veli-ekipata-na-brza-pomosh-koja-pronajde-pochinat-mazh-na-farma-vo-prilep/ Wed, 17 Jan 2024 15:12:41 +0000 https://republika.mk/?p=734072

Прилепчанец на 80-годишна возраст претпладнето е пронајден мртов во двор на фарма на периферијата на Пирлеп, крај стариот пат за Битола. Итната медицинска помош констатирала смрт, но и дека делови од неговото тело биле изедени од свињи. Увид направија полицијата и основен јавен обвинител кој нареди обдукција за да се констатираат причините на смртта на прилепчанецот.

Екипата на Итната медицинска помош повикот го добила околу 11 часот.

Кога стигнавме до фармата, тешко беше пристапно, но со помош на полицијата влеговме во дворот и го пронајдовме телото на прилепчанецот, роден во 1943 година. Но сликата беше тешка и морничава. Имаше изедени делови од телото од свињи, десното стапало, делови од лицето, вратот, од градниот кош. Претпоставка е дека починал последните два дена, но обдукцијата ќе ги открие причините. Повикот за интервенција го добивме од комунален работник кого го замолил синот на починатиот го замолил да се јави, зашто изутрината го пронашол. Според кажувањето, тој татка си го немал видено една недела, а соседите велат дека последно го виделе во понеделникот, објаснува доктор Софија Ристеска од службата за Итна помош од Прилеп, која интервенирала на местото.

Од Основното јавно обвинителство велат дека е наредена обдукција и други детали за случајот немаат.

На увид на местото бевме околу 12 часот. Итната помош констатира смрт и наредив обдукција на телото на починатиот за да се констатираат причините за смртта. Телото на починатиот го пронашол неговиот син, изјави основниот јавен обвинител Лидија Салатоска Илиеска.

The post „Тешко и морничаво беше наоѓањето на телото“, вели екипата на Брза помош која пронајде починат маж на фарма во Прилеп appeared first on Република.

]]>

Прилепчанец на 80-годишна возраст претпладнето е пронајден мртов во двор на фарма на периферијата на Пирлеп, крај стариот пат за Битола. Итната медицинска помош констатирала смрт, но и дека делови од неговото тело биле изедени од свињи. Увид направија полицијата и основен јавен обвинител кој нареди обдукција за да се констатираат причините на смртта на прилепчанецот. Екипата на Итната медицинска помош повикот го добила околу 11 часот.
Кога стигнавме до фармата, тешко беше пристапно, но со помош на полицијата влеговме во дворот и го пронајдовме телото на прилепчанецот, роден во 1943 година. Но сликата беше тешка и морничава. Имаше изедени делови од телото од свињи, десното стапало, делови од лицето, вратот, од градниот кош. Претпоставка е дека починал последните два дена, но обдукцијата ќе ги открие причините. Повикот за интервенција го добивме од комунален работник кого го замолил синот на починатиот го замолил да се јави, зашто изутрината го пронашол. Според кажувањето, тој татка си го немал видено една недела, а соседите велат дека последно го виделе во понеделникот, објаснува доктор Софија Ристеска од службата за Итна помош од Прилеп, која интервенирала на местото.
Од Основното јавно обвинителство велат дека е наредена обдукција и други детали за случајот немаат.
На увид на местото бевме околу 12 часот. Итната помош констатира смрт и наредив обдукција на телото на починатиот за да се констатираат причините за смртта. Телото на починатиот го пронашол неговиот син, изјави основниот јавен обвинител Лидија Салатоска Илиеска.

The post „Тешко и морничаво беше наоѓањето на телото“, вели екипата на Брза помош која пронајде починат маж на фарма во Прилеп appeared first on Република.

]]>
Околу 100 мали прасиња изгореа во пожар на фарма во Штипско https://republika.mk/vesti/crna-hronika/okolu-100-mali-prasinja-izgorea-vo-pozar-na-farma-vo-shtipsko/ Fri, 22 Jul 2022 08:22:07 +0000 https://republika.mk/?p=532035

Во штипското село Долани изгоре свињарска фарма. Во пожарот изгореле околу 100 прасиња, а биле спасени осум големи свињи и околу 100 мали.

Командирот на ТППЕ Штип, Дарко Коцев за МИА изјавил дека пожарот се случил синоќа во 21:30 часот, а го гаснеле десет пожарникари со три противпожарни возила.

Засега не се знае која е причината за настанатиот пожар. На терен ќе излезе полициска екипа за да се утврди како настанал пожарот.

The post Околу 100 мали прасиња изгореа во пожар на фарма во Штипско appeared first on Република.

]]>

Во штипското село Долани изгоре свињарска фарма. Во пожарот изгореле околу 100 прасиња, а биле спасени осум големи свињи и околу 100 мали. Командирот на ТППЕ Штип, Дарко Коцев за МИА изјавил дека пожарот се случил синоќа во 21:30 часот, а го гаснеле десет пожарникари со три противпожарни возила. Засега не се знае која е причината за настанатиот пожар. На терен ќе излезе полициска екипа за да се утврди како настанал пожарот.

The post Околу 100 мали прасиња изгореа во пожар на фарма во Штипско appeared first on Република.

]]>
Ким ќе испрати високи функционери да работат на фарми https://republika.mk/vesti/svet/kim-kje-isprati-visoki-funkcioneri-da-rabotat-na-farmi/ Thu, 05 May 2022 14:55:57 +0000 https://republika.mk/?p=498139

Cеверна Кореја ќе ги распореди владините функционери, вработените во претпријатијата и фабриките да работат на фармите ширум земјата за да се спречат загубите поради сушата.

Медиумите во земјата објавија дека службениците ќе се приклучат во борбата во регионите кои се погодени со сушата.

Штом пристигнат, ќе почнат со работа заедно со фармерите и ќе се борат со природната непогода - наведуваат медиумите.

The post Ким ќе испрати високи функционери да работат на фарми appeared first on Република.

]]>

Cеверна Кореја ќе ги распореди владините функционери, вработените во претпријатијата и фабриките да работат на фармите ширум земјата за да се спречат загубите поради сушата. Медиумите во земјата објавија дека службениците ќе се приклучат во борбата во регионите кои се погодени со сушата.
Штом пристигнат, ќе почнат со работа заедно со фармерите и ќе се борат со природната непогода - наведуваат медиумите.

The post Ким ќе испрати високи функционери да работат на фарми appeared first on Република.

]]>
Пронајдени 15 мигранти во напуштена фарма на автопатот Куманово- Табановце https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pronajdeni-15-migranti-vo-napushtena-farma-na-avtopatot-kumanovo-tabanovce/ Mon, 07 Feb 2022 12:38:33 +0000 https://republika.mk/?p=455127

Вчера во 13:40 часот на исклучувањето за с.Речица, Кумановско, на автопатот Куманово-Табановце, во објекти на поранешна фарма, полициски службеници од Национална единица за спречување на криумчарење на мигранти и трговија со луѓе пронашле 15 мигранти.

Двајца од нив биле приведени поради сомнение дека се организатори, односно дека вршат криумчарење. Тие биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Останатите лица се сместени во Прифатниот центар за странци во Скопје и во прифатниот центар во Табановце. За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.

The post Пронајдени 15 мигранти во напуштена фарма на автопатот Куманово- Табановце appeared first on Република.

]]>

Вчера во 13:40 часот на исклучувањето за с.Речица, Кумановско, на автопатот Куманово-Табановце, во објекти на поранешна фарма, полициски службеници од Национална единица за спречување на криумчарење на мигранти и трговија со луѓе пронашле 15 мигранти. Двајца од нив биле приведени поради сомнение дека се организатори, односно дека вршат криумчарење. Тие биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка. Останатите лица се сместени во Прифатниот центар за странци во Скопје и во прифатниот центар во Табановце. За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.

The post Пронајдени 15 мигранти во напуштена фарма на автопатот Куманово- Табановце appeared first on Република.

]]>