фајзер Archives - Република https://republika.mk/tema/fajzer/ За подобро да се разбереме Tue, 19 Nov 2024 16:33:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фајзер Archives - Република https://republika.mk/tema/fajzer/ 32 32 „Фајзер“: Антимикробната отпорност убива 1,3 милиони луѓе ширум светот секоја година https://republika.mk/zivot/zdravje/fajzer-antimikrobnata-otpornost-ubiva-1-3-milioni-luge-shirum-svetot-sekoja-godina/ Tue, 19 Nov 2024 16:33:56 +0000 https://republika.mk/?p=839674

Во светот, околу 1,3 милиони луѓе годишно умираат од антимикробна резистенција (АМР), односно отпорност на телото на антибиотици, и поради тоа, Генералното собрание на Обединетите нации донесе декларација со која се предвидува намалување на смртноста за 10 отсто до 2030 година, соопшти денеска фармацевтската компанија „Фајзер“, по повод Светската недела за подигање на свеста за антимикробната отпорност.

Таа политичка декларација на ОН беше поддржана од земјите членки, како и од членките на Европската унија, и со тоа се обврзаа на конкретни процедури за решавање на антимикробната отпорност.

Светската недела на свеста за АМР се одбележува од 18 до 24 ноември под слоганот „Биди и ти дел од промената!“, а граѓаните се поканети одговорно да ги користат антибиотиците.

-Околу 35.000 луѓе умираат во Европската економска област. Доколку овој предизвик не се реши веднаш на вистински начин, тој број би можел да достигне загрижувачки 390.000 смртни случаи годишно во европскиот регион до 2050 година, се вели во соопштението.

Наведено е дека АМР ја чини ЕУ повеќе од 11 милијарди евра годишно, а се проценува дека здравствените системи на глобално ниво ќе ги чини уште една милијарда долари годишно до 2050 година.

Во Европа, како што се наведува, секоја петта бактериска инфекција е отпорна на антибиотици, додека во некои земји-членки оваа бројка е 40 проценти.

Европската комисија, исто така, ја препозна сериозноста на антимикробната резистенција за здравјето на населението и во борбата против овој отпор ја вклучи својата најголема реформа на законодавството на ЕУ за лекови во последните 20 години.

-Комисијата е за намалување на употребата на антибиотици и им препорачува на земјите-членки утврдување соодветни национални цели - намалување на потрошувачката на антибиотици во ЕУ за 20 отсто до 2030 година, се наведува во соопштението.

Антибиотиците и антимикробните лекови, како што е објаснето, престануваат да делуваат поради прекумерна и неправилна употреба, бидејќи бактериите развиваат отпорност кон нив. Се додава дека овие лекови не треба да се користат во борбата против вирусните инфекции, бидејќи не се ефикасни, туку само против бактериски инфекции.

Констатирано е дека имунизацијата е клучен начин за спречување на инфекции, проследена со одговорно однесување, хигиена, едукација и одговорно препишување и употреба на антимикробни лекови, како и управување со антимикробната резистенција.

The post „Фајзер“: Антимикробната отпорност убива 1,3 милиони луѓе ширум светот секоја година appeared first on Република.

]]>

Во светот, околу 1,3 милиони луѓе годишно умираат од антимикробна резистенција (АМР), односно отпорност на телото на антибиотици, и поради тоа, Генералното собрание на Обединетите нации донесе декларација со која се предвидува намалување на смртноста за 10 отсто до 2030 година, соопшти денеска фармацевтската компанија „Фајзер“, по повод Светската недела за подигање на свеста за антимикробната отпорност. Таа политичка декларација на ОН беше поддржана од земјите членки, како и од членките на Европската унија, и со тоа се обврзаа на конкретни процедури за решавање на антимикробната отпорност. Светската недела на свеста за АМР се одбележува од 18 до 24 ноември под слоганот „Биди и ти дел од промената!“, а граѓаните се поканети одговорно да ги користат антибиотиците.
-Околу 35.000 луѓе умираат во Европската економска област. Доколку овој предизвик не се реши веднаш на вистински начин, тој број би можел да достигне загрижувачки 390.000 смртни случаи годишно во европскиот регион до 2050 година, се вели во соопштението.
Наведено е дека АМР ја чини ЕУ повеќе од 11 милијарди евра годишно, а се проценува дека здравствените системи на глобално ниво ќе ги чини уште една милијарда долари годишно до 2050 година. Во Европа, како што се наведува, секоја петта бактериска инфекција е отпорна на антибиотици, додека во некои земји-членки оваа бројка е 40 проценти. Европската комисија, исто така, ја препозна сериозноста на антимикробната резистенција за здравјето на населението и во борбата против овој отпор ја вклучи својата најголема реформа на законодавството на ЕУ за лекови во последните 20 години.
-Комисијата е за намалување на употребата на антибиотици и им препорачува на земјите-членки утврдување соодветни национални цели - намалување на потрошувачката на антибиотици во ЕУ за 20 отсто до 2030 година, се наведува во соопштението.
Антибиотиците и антимикробните лекови, како што е објаснето, престануваат да делуваат поради прекумерна и неправилна употреба, бидејќи бактериите развиваат отпорност кон нив. Се додава дека овие лекови не треба да се користат во борбата против вирусните инфекции, бидејќи не се ефикасни, туку само против бактериски инфекции. Констатирано е дека имунизацијата е клучен начин за спречување на инфекции, проследена со одговорно однесување, хигиена, едукација и одговорно препишување и употреба на антимикробни лекови, како и управување со антимикробната резистенција.

The post „Фајзер“: Антимикробната отпорност убива 1,3 милиони луѓе ширум светот секоја година appeared first on Република.

]]>
„Фајзер“ ја тужи Полска поради вакцините против корона https://republika.mk/vesti/svet/fajzer-ja-tuzhi-polska-poradi-vaktsinite-protiv-korona/ Fri, 24 Nov 2023 11:54:05 +0000 https://republika.mk/?p=715879

Американскиот фармацевтски гигант „Фајзер“ ја тужи полската влада поради ненаплатени 60 милиони дози од вакцината против ковид-19 што ја разви со „БионТек“. Тужбата, која доаѓа додека Полска се подготвува за промена на власта по изборите во октомври, ја означува кулминацијата на 19-месечната битка меѓу Варшава и „Фајзер“ околу преголемите дози вакцини.

„Политико“ пишува дека корените на конфликтот може да се бараат назад до енормниот договор за 1,1 милијарди дози што Европската комисија го потпиша со „Фајзер“ во 2021 година.

„Фајзер и БионТек се обидуваат да ја натераат Полска да ги исполни своите обврски во врска со нарачките за вакцината против ковид-19 дадени од полската влада како дел од нивниот договор за снабдување на Европската унија потпишан во мај 2021 година“, рече портпаролот на „Фајзер“, додавајќи дека „БионТек“, исто така, се приклучува кон постапката.

Нарачани дози кои воопшто не беа потребни

Според полскиот весник Gazeta Prawa, „Фајзер“ покренала граѓанска постапка пред судот во Брисел бидејќи дозите биле купени преку заеднички договор за набавка на ЕУ, подготвен според белгискиот закон. Првото рочиште е закажано за 6 декември.

Во 2021 година, Комисијата потпиша договор со „Фајзер“ за до 1,8 милијарди дози од нејзината вакцина, од кои на крајот беа нарачани 1,1 милијарди дози. Овој договор за заедничко купување, постигнат од Комисијата во име на земјите од ЕУ, ги засени претходните набавки на вакцини од страна на блокот и ги поттикна другите производители на вакцини да се жалат дека тие се истиснати од пазарот.

Големината на договорот оттогаш е воденички камен околу вратот на Комисијата, а не само поради загриженоста за транспарентност бидејќи Фон дер Лејен одби да разговара за нејзината лична улога во преговорите. Земјите се договорно обврзани да купуваат дози кои, како што се испостави, не им биле потребни.

Во април 2022 година, тогашниот полски министер за здравство Адам Ниџиелски објави дека земјата престанала да прима пратки со вакцини. Тој рече дека Полска се повикала на клаузулата за виша сила во договорот, наведувајќи го финансискиот притисок предизвикан од приливот на бегалци од украинската војна и економското нарушување кое уследило.

The post „Фајзер“ ја тужи Полска поради вакцините против корона appeared first on Република.

]]>

Американскиот фармацевтски гигант „Фајзер“ ја тужи полската влада поради ненаплатени 60 милиони дози од вакцината против ковид-19 што ја разви со „БионТек“. Тужбата, која доаѓа додека Полска се подготвува за промена на власта по изборите во октомври, ја означува кулминацијата на 19-месечната битка меѓу Варшава и „Фајзер“ околу преголемите дози вакцини. „Политико“ пишува дека корените на конфликтот може да се бараат назад до енормниот договор за 1,1 милијарди дози што Европската комисија го потпиша со „Фајзер“ во 2021 година. „Фајзер и БионТек се обидуваат да ја натераат Полска да ги исполни своите обврски во врска со нарачките за вакцината против ковид-19 дадени од полската влада како дел од нивниот договор за снабдување на Европската унија потпишан во мај 2021 година“, рече портпаролот на „Фајзер“, додавајќи дека „БионТек“, исто така, се приклучува кон постапката. Нарачани дози кои воопшто не беа потребни Според полскиот весник Gazeta Prawa, „Фајзер“ покренала граѓанска постапка пред судот во Брисел бидејќи дозите биле купени преку заеднички договор за набавка на ЕУ, подготвен според белгискиот закон. Првото рочиште е закажано за 6 декември. Во 2021 година, Комисијата потпиша договор со „Фајзер“ за до 1,8 милијарди дози од нејзината вакцина, од кои на крајот беа нарачани 1,1 милијарди дози. Овој договор за заедничко купување, постигнат од Комисијата во име на земјите од ЕУ, ги засени претходните набавки на вакцини од страна на блокот и ги поттикна другите производители на вакцини да се жалат дека тие се истиснати од пазарот. Големината на договорот оттогаш е воденички камен околу вратот на Комисијата, а не само поради загриженоста за транспарентност бидејќи Фон дер Лејен одби да разговара за нејзината лична улога во преговорите. Земјите се договорно обврзани да купуваат дози кои, како што се испостави, не им биле потребни. Во април 2022 година, тогашниот полски министер за здравство Адам Ниџиелски објави дека земјата престанала да прима пратки со вакцини. Тој рече дека Полска се повикала на клаузулата за виша сила во договорот, наведувајќи го финансискиот притисок предизвикан од приливот на бегалци од украинската војна и економското нарушување кое уследило.

The post „Фајзер“ ја тужи Полска поради вакцините против корона appeared first on Република.

]]>
Нема Ковид – нема заработка: „Фајзер“ со двојно помали приходи поради намалена побарувачка за Ковид вакцините https://republika.mk/vesti/svet/nema-kovid-nema-zarabotka-fajzer-so-dvojno-pomali-prihodi-poradi-namalena-pobaruvachka-za-kovid-vaktsinite/ Wed, 02 Aug 2023 13:44:08 +0000 https://republika.mk/?p=667942

Американската фармацевтска компанија „Фајзер“ објави дека го затворила вториот квартал од оваа година со двојно помалку приходи во однос на истиот квартал лани, поради послабата побарувачка за вакцината и лекот за Ковид.

Приходите во вториот квартал се преполовени на 12,7 милијарди долари, при што приходите од продажбата на вакцината против Ковид изнесуваат 1,49 милијарди долари, што е пад од 83 отсто во споредба со 2022 година, додека продажбата на лекот за корона вирус „Пакскловид“ заработи само 143 милиони долари, во споредба со 8,1 милијарди во вториот квартал од минатата година, пренесува Хина.

„Фајзер“ го затвори кварталот со нето добивка од 2,33 милијарди долари, а во истиот период лани добивката изнесуваше 9,91 милијарди.

И покрај неколкуте краткорочни предизвици поврзани со приходите од поединечни производи, веруваме дека компанијата е добро позиционирана за забрзан раст на производи кои не се од корона вирус во втората половина од годината, вели финансискиот директор на „Фајзер“, Дејвид Дентон.

The post Нема Ковид – нема заработка: „Фајзер“ со двојно помали приходи поради намалена побарувачка за Ковид вакцините appeared first on Република.

]]>

Американската фармацевтска компанија „Фајзер“ објави дека го затворила вториот квартал од оваа година со двојно помалку приходи во однос на истиот квартал лани, поради послабата побарувачка за вакцината и лекот за Ковид.
Приходите во вториот квартал се преполовени на 12,7 милијарди долари, при што приходите од продажбата на вакцината против Ковид изнесуваат 1,49 милијарди долари, што е пад од 83 отсто во споредба со 2022 година, додека продажбата на лекот за корона вирус „Пакскловид“ заработи само 143 милиони долари, во споредба со 8,1 милијарди во вториот квартал од минатата година, пренесува Хина.
„Фајзер“ го затвори кварталот со нето добивка од 2,33 милијарди долари, а во истиот период лани добивката изнесуваше 9,91 милијарди.
И покрај неколкуте краткорочни предизвици поврзани со приходите од поединечни производи, веруваме дека компанијата е добро позиционирана за забрзан раст на производи кои не се од корона вирус во втората половина од годината, вели финансискиот директор на „Фајзер“, Дејвид Дентон.

The post Нема Ковид – нема заработка: „Фајзер“ со двојно помали приходи поради намалена побарувачка за Ковид вакцините appeared first on Република.

]]>
Дали е на повидок нов скандал? Фајзер сака за пола цена да им ги „шитне“ ковид вакцините на ЕУ https://republika.mk/vesti/svet/dali-e-na-povidok-nov-skandal-fajzer-saka-za-pola-tsena-da-im-gi-shitne-kovid-vaktsinite-na-eu/ Sun, 30 Apr 2023 13:27:37 +0000 https://republika.mk/?p=635509

Фајзер“ и „Бионтек“ дадоа нов предлог до ЕУ во врска со прекумерните количини на вакцини против коронавирус нарачани од Брисел, според кои земјите-членки би платиле половина цена, или околу 10 евра, за секоја од 70-те милиони дози од кои ЕУ се откажува, пишува денеска во „Фајненшл тајмс“.

Дополнително, измените на договорот ќе и овозможат на ЕУ да се префрли на понови вакцини прилагодени на „сите идни варијанти на Ковид-19“, се додава во написот.

ЕУ преговара со двете фармацевтски компании за намалување на бројот на дози на вакцината што Брисел се обврза да ја купи оваа година на не повеќе од 500 милиони, за возврат ЕУ да плати повисока цена по доза.

Разговорите доаѓаат во време кога Европската унија планира да ги разгледа законите кои ја регулираат фармацевтската индустрија вредна 148 милијарди долари. ЕУ се надева дека новата легислатива ќе може да ги оживее инвестициите и да го прошири пристапот до евтини лекови поради здравствените буџети на земјите-членки исцрпени од пандемијата.Засега нема конетар од Фајзер.

The post Дали е на повидок нов скандал? Фајзер сака за пола цена да им ги „шитне“ ковид вакцините на ЕУ appeared first on Република.

]]>

Фајзер“ и „Бионтек“ дадоа нов предлог до ЕУ во врска со прекумерните количини на вакцини против коронавирус нарачани од Брисел, според кои земјите-членки би платиле половина цена, или околу 10 евра, за секоја од 70-те милиони дози од кои ЕУ се откажува, пишува денеска во „Фајненшл тајмс“. Дополнително, измените на договорот ќе и овозможат на ЕУ да се префрли на понови вакцини прилагодени на „сите идни варијанти на Ковид-19“, се додава во написот. ЕУ преговара со двете фармацевтски компании за намалување на бројот на дози на вакцината што Брисел се обврза да ја купи оваа година на не повеќе од 500 милиони, за возврат ЕУ да плати повисока цена по доза. Разговорите доаѓаат во време кога Европската унија планира да ги разгледа законите кои ја регулираат фармацевтската индустрија вредна 148 милијарди долари. ЕУ се надева дека новата легислатива ќе може да ги оживее инвестициите и да го прошири пристапот до евтини лекови поради здравствените буџети на земјите-членки исцрпени од пандемијата.Засега нема конетар од Фајзер.

The post Дали е на повидок нов скандал? Фајзер сака за пола цена да им ги „шитне“ ковид вакцините на ЕУ appeared first on Република.

]]>
Урсула бара да си смениме Уставот: Како Фон дер Лајен „маткала“ со вакцините од Фајзер за 35 милијарди евра https://republika.mk/vesti/svet/ursula-bara-da-si-smenime-ustavot-kako-fon-der-lajen-matkala-so-vaktsinite-od-fajzer-za-35-milijardi-evra/ Mon, 20 Feb 2023 13:13:14 +0000 https://republika.mk/?p=611068

Претседателката на Европската комисија Урсула фон Дер Лајен е под голем притисок за набавката на вакцини за време на панедемијата со Ковид-19.

Конкретно, таа се терети дека на своја рака договарала набавка на вакцини од производителот „Фајзер“ -договор вреден 35 милијарди евра. За коресподенцијата со компанијата таа користела приватни пораки наместо како што е редот службени мејлови.

Претседателката засега нема одовор како една доза од вакцините кои чинеа 15,5 долари таа ги набавувала за 19. 5 и каде завршила разликата.

Европската комисија и ЕП засега ја штитат и се на став дека лични пораки не спаѓаат во обврска на транспарентност и немаат обврска да и ги побараат.

Но така не мисли „ Њујорк Тајмс“ кој поднесе тужба против Европската комисија затоа што  одбива да објави СМС пораки меѓу претседателката Урсула фон дер Лајен и извршниот директор на Фајзер Алберт Бурле.

 

The post Урсула бара да си смениме Уставот: Како Фон дер Лајен „маткала“ со вакцините од Фајзер за 35 милијарди евра appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Европската комисија Урсула фон Дер Лајен е под голем притисок за набавката на вакцини за време на панедемијата со Ковид-19. Конкретно, таа се терети дека на своја рака договарала набавка на вакцини од производителот „Фајзер“ -договор вреден 35 милијарди евра. За коресподенцијата со компанијата таа користела приватни пораки наместо како што е редот службени мејлови. Претседателката засега нема одовор како една доза од вакцините кои чинеа 15,5 долари таа ги набавувала за 19. 5 и каде завршила разликата. Европската комисија и ЕП засега ја штитат и се на став дека лични пораки не спаѓаат во обврска на транспарентност и немаат обврска да и ги побараат. Но така не мисли „ Њујорк Тајмс“ кој поднесе тужба против Европската комисија затоа што  одбива да објави СМС пораки меѓу претседателката Урсула фон дер Лајен и извршниот директор на Фајзер Алберт Бурле.  

The post Урсула бара да си смениме Уставот: Како Фон дер Лајен „маткала“ со вакцините од Фајзер за 35 милијарди евра appeared first on Република.

]]>
Фајзер со рекорден приход во 2022 година https://republika.mk/vesti/svet/fajzer-so-rekorden-prihod-vo-2022-godina/ Wed, 01 Feb 2023 13:47:01 +0000 https://republika.mk/?p=603434

Американската фармацевтска компанија Фајзер објави дека ја завршил 2022 година со најголем приход досега, благодарение на вакцината и лековите за Ковид-19, предупредувајќи истовремено дека очекува послаб резултат оваа година поради намалените случаи на инфекција со вирусот и резервите.

Приходите на Фајзер минатата година зголемени се за 23 отсто на 100,3 милијарди долари. Додека Нето добивката е зголемена за 43 проценти на 31,4 милијарди долари, соопшти компанијата.

Со исклучок на вакцината против Ковид-19 и лекот Пакскловид, приходите на Фајзер минатата година беа два отсто повисоки во споредба со 2021 година. Приходите од вакцините против коронавирусот и лекот Пакскловид беа 56,7 милијарди долари.

Во 2023 година, компанијата очекува значително помал приход од 67 до 71 милијарда долари, бидејќи се намалува заразата со коронавирусот, а голем број имаат резерви на вакцини и лекови.

 

The post Фајзер со рекорден приход во 2022 година appeared first on Република.

]]>

Американската фармацевтска компанија Фајзер објави дека ја завршил 2022 година со најголем приход досега, благодарение на вакцината и лековите за Ковид-19, предупредувајќи истовремено дека очекува послаб резултат оваа година поради намалените случаи на инфекција со вирусот и резервите. Приходите на Фајзер минатата година зголемени се за 23 отсто на 100,3 милијарди долари. Додека Нето добивката е зголемена за 43 проценти на 31,4 милијарди долари, соопшти компанијата. Со исклучок на вакцината против Ковид-19 и лекот Пакскловид, приходите на Фајзер минатата година беа два отсто повисоки во споредба со 2021 година. Приходите од вакцините против коронавирусот и лекот Пакскловид беа 56,7 милијарди долари. Во 2023 година, компанијата очекува значително помал приход од 67 до 71 милијарда долари, бидејќи се намалува заразата со коронавирусот, а голем број имаат резерви на вакцини и лекови.  

The post Фајзер со рекорден приход во 2022 година appeared first on Република.

]]>
„Фајзер“ призна дека произвела варијанти на коронавирусот за да го тестира антивирусниот лек https://republika.mk/zivot/zdravje/fajzer-prizna-deka-proizvela-varijanti-na-koronavirusot-za-da-go-testira-antivirusniot-lek/ Mon, 30 Jan 2023 09:55:21 +0000 https://republika.mk/?p=602545

Американската фармацевтска компанија „Фајзер“ призна дека произвела варијанти на коронавирусот отпорни на третман за да го тестира својот антивирусен лек.

Во соопштението што го објавија на својата веб-страница, компанијата „Фајзер“ наведува дека не спровеле истражување за „добивање на функција“ – практика во која научниците го зголемуваат потенцијалот на вирусите.

Сепак, фармацевтскиот гигант призна дека ги комбинирал „спајк протеините“ на новите варијанти на вирусот со оригиналниот вид на Ковид за да тестира вакцини, но исто така создал мутации на вирусот за да го тестира Паксловид, антивирусен лек против Ковид-19.

Во ограничен број случаи, таков вирус може да се конструира за да се овозможи проценка на антивирусната активност во клетките, велат од компанијата, истакнувајќи дека процесот бил спроведен во безбедна лабораторија.

Тие додаваат дека имале за цел да создадат „отпорни соеви на вирусот“.

 

The post „Фајзер“ призна дека произвела варијанти на коронавирусот за да го тестира антивирусниот лек appeared first on Република.

]]>

Американската фармацевтска компанија „Фајзер“ призна дека произвела варијанти на коронавирусот отпорни на третман за да го тестира својот антивирусен лек. Во соопштението што го објавија на својата веб-страница, компанијата „Фајзер“ наведува дека не спровеле истражување за „добивање на функција“ – практика во која научниците го зголемуваат потенцијалот на вирусите. Сепак, фармацевтскиот гигант призна дека ги комбинирал „спајк протеините“ на новите варијанти на вирусот со оригиналниот вид на Ковид за да тестира вакцини, но исто така создал мутации на вирусот за да го тестира Паксловид, антивирусен лек против Ковид-19.
Во ограничен број случаи, таков вирус може да се конструира за да се овозможи проценка на антивирусната активност во клетките, велат од компанијата, истакнувајќи дека процесот бил спроведен во безбедна лабораторија.
Тие додаваат дека имале за цел да создадат „отпорни соеви на вирусот“.  

The post „Фајзер“ призна дека произвела варијанти на коронавирусот за да го тестира антивирусниот лек appeared first on Република.

]]>
Во Австрија вакцинирале со погрешни дози вакцини против коронавирус https://republika.mk/vesti/svet/vo-avstrija-vakcinirale-so-pogreshni-dozi-vakcini-protiv-koronavirus-2/ Thu, 03 Nov 2022 09:51:56 +0000 https://republika.mk/?p=569116

Неправилна етикета на картон во Австрија предизвика збунетост кај лекарите, поради што беа дадени погрешни дози на вакцини против коронавирусот.

Во пакетот вакцини на Фајзер пишувало дека се вакцини прилагодени на новиот сој BA.4 и BA.5, но се дози за стариот сој BA.1, јави јавниот сервис ОРФ.

Колку такви дози биле инјектирани засега е најасно. Погодени се граѓаните во провинцијата Долна Австрија.

The post Во Австрија вакцинирале со погрешни дози вакцини против коронавирус appeared first on Република.

]]>

Неправилна етикета на картон во Австрија предизвика збунетост кај лекарите, поради што беа дадени погрешни дози на вакцини против коронавирусот.
Во пакетот вакцини на Фајзер пишувало дека се вакцини прилагодени на новиот сој BA.4 и BA.5, но се дози за стариот сој BA.1, јави јавниот сервис ОРФ.
Колку такви дози биле инјектирани засега е најасно. Погодени се граѓаните во провинцијата Долна Австрија.

The post Во Австрија вакцинирале со погрешни дози вакцини против коронавирус appeared first on Република.

]]>
На Фон дер Лајен „случајно“ и се избришале пораките со газдата на Фајзер каде договара вакцини за 35 милијарди евра https://republika.mk/vesti/na-fon-der-lajen-sluchajno-i-se-izbrishale-porakite-so-gazdata-na-fajzer-kade-dogovara-vakcini-za-35-milijardi-evra/ Fri, 28 Oct 2022 15:39:03 +0000 https://republika.mk/?p=566921

Шефот на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, наводно, долго време се допишувала со првиот човек на Фајзер пред набавката на вакцини за ЕУ, беше објавено пред неколку месеци.

Но, тие разменети пораки не беа достапни на јавноста, што беше е критикувано и од омбудсманот на ЕУ.

Koга новинарите од Њујорк Тајмс ги побарале пораките од преписката оттаму одговориле дека претседателката ги избришала и оти не должна да ги чува.

Се работи за вакцини вредни 35 милијарди евра односно многу поголема количина од што им е потребна на нивните граѓани.

Но, истрага за овој случај не беше отворена.

The post На Фон дер Лајен „случајно“ и се избришале пораките со газдата на Фајзер каде договара вакцини за 35 милијарди евра appeared first on Република.

]]>

Шефот на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, наводно, долго време се допишувала со првиот човек на Фајзер пред набавката на вакцини за ЕУ, беше објавено пред неколку месеци. Но, тие разменети пораки не беа достапни на јавноста, што беше е критикувано и од омбудсманот на ЕУ. Koга новинарите од Њујорк Тајмс ги побарале пораките од преписката оттаму одговориле дека претседателката ги избришала и оти не должна да ги чува. Се работи за вакцини вредни 35 милијарди евра односно многу поголема количина од што им е потребна на нивните граѓани. Но, истрага за овој случај не беше отворена.

The post На Фон дер Лајен „случајно“ и се избришале пораките со газдата на Фајзер каде договара вакцини за 35 милијарди евра appeared first on Република.

]]>
„Фајзер“ под истрага во Италија https://republika.mk/vesti/svet/fajzer-pod-istraga-vo-italija/ Fri, 28 Oct 2022 08:12:14 +0000 https://republika.mk/?p=566673

Италијанските даночни власти го истражуваат профитот пријавен од подружница на американскиот фармацевтски гигант Фајзер, производител на вакцината за Ковид-19, изјавија за Ројтерс два извори запознаени со ова прашање.

Проверките што ги спроведува финансиската полиција во Рим се административна ревизија, а не криминална истрага, а Фајзер сè уште не е известен за наодите, рекоа два од изворите.

На крајот од постапката, според италијанскиот закон, полицијата мора да ја извести компанијата и државната агенција за приходи за исходот, кои потоа изготвуваат уредба со која се прифаќа проценката и се плаќа проценетиот даночен долг.

Италијанските даночни власти редовно ги следат и истражуваат даноците што ги плаќа Фајзер и соработуваат во овие контроли и истраги, објави американската фармацевтска компанија.

Фајзер ги почитува законите и обврските кон италијанските даночни власти, се додава.

The post „Фајзер“ под истрага во Италија appeared first on Република.

]]>

Италијанските даночни власти го истражуваат профитот пријавен од подружница на американскиот фармацевтски гигант Фајзер, производител на вакцината за Ковид-19, изјавија за Ројтерс два извори запознаени со ова прашање. Проверките што ги спроведува финансиската полиција во Рим се административна ревизија, а не криминална истрага, а Фајзер сè уште не е известен за наодите, рекоа два од изворите. На крајот од постапката, според италијанскиот закон, полицијата мора да ја извести компанијата и државната агенција за приходи за исходот, кои потоа изготвуваат уредба со која се прифаќа проценката и се плаќа проценетиот даночен долг.
Италијанските даночни власти редовно ги следат и истражуваат даноците што ги плаќа Фајзер и соработуваат во овие контроли и истраги, објави американската фармацевтска компанија. Фајзер ги почитува законите и обврските кон италијанските даночни власти, се додава.

The post „Фајзер“ под истрага во Италија appeared first on Република.

]]>
Фајзер ќе ја зголемува цената на вакцината против Ковид во САД за да ги исполни прогнозите за приходите за 2023 година https://republika.mk/vesti/svet/fajzer-kje-ja-zgolemuva-cenata-na-vakcinata-protiv-kovid-vo-sad-za-da-gi-ispolni-prognozite-za-prihodite-za-2023-godina/ Fri, 21 Oct 2022 20:27:25 +0000 https://republika.mk/?p=564168

Американскиот фармацевтски гигант „Фајзер“ очекува четирикратно да ја зголеми цената на вакцината против Ковид-19 во САД, на 110 до 130 долари по доза, откако ќе заврши актуелната владина програма за набавки, изјави извршната директорка Ангела Лукин.

Американската влада во моментов плаќа околу 30 долари по доза, а се очекува пазарот да се префрли на приватно осигурување во 2023 година, откако ќе се укине вонредната состојба во здравството.

Лукин во четвртокот изјави дека очекува вакцината, која владата во моментов ја обезбедува на сите граѓани бесплатно, да биде достапна без надомест за граѓаните со приватно или државно осигурување.

Волстрит очекува такви покачувања на цените поради слабата побарувачка за вакцини против Ковид-19, што значи дека производителите ќе мора да ги зголемат цените за да ги исполнат прогнозите за приходите за 2023 година и понатаму.

Уверени сме дека цената на вакцината против Ковид-19 во САД ја одразува нејзината севкупна исплатливост и гарантира дека нема да има пречки за пристапот на пациентите - изјави Лукин.

Сè уште не е јасно каков пристап до вакцината ќе имаат луѓето без здравствено осигурување.

The post Фајзер ќе ја зголемува цената на вакцината против Ковид во САД за да ги исполни прогнозите за приходите за 2023 година appeared first on Република.

]]>

Американскиот фармацевтски гигант „Фајзер“ очекува четирикратно да ја зголеми цената на вакцината против Ковид-19 во САД, на 110 до 130 долари по доза, откако ќе заврши актуелната владина програма за набавки, изјави извршната директорка Ангела Лукин. Американската влада во моментов плаќа околу 30 долари по доза, а се очекува пазарот да се префрли на приватно осигурување во 2023 година, откако ќе се укине вонредната состојба во здравството. Лукин во четвртокот изјави дека очекува вакцината, која владата во моментов ја обезбедува на сите граѓани бесплатно, да биде достапна без надомест за граѓаните со приватно или државно осигурување. Волстрит очекува такви покачувања на цените поради слабата побарувачка за вакцини против Ковид-19, што значи дека производителите ќе мора да ги зголемат цените за да ги исполнат прогнозите за приходите за 2023 година и понатаму.
Уверени сме дека цената на вакцината против Ковид-19 во САД ја одразува нејзината севкупна исплатливост и гарантира дека нема да има пречки за пристапот на пациентите - изјави Лукин.
Сè уште не е јасно каков пристап до вакцината ќе имаат луѓето без здравствено осигурување.

The post Фајзер ќе ја зголемува цената на вакцината против Ковид во САД за да ги исполни прогнозите за приходите за 2023 година appeared first on Република.

]]>
Директорот на Фајзер се зарази со Ковид вторпат за два месеци https://republika.mk/vesti/svet/direktorot-na-fajzer-se-zarazi-so-kovid-vtorpat-za-dva-meseci/ Sun, 25 Sep 2022 16:41:26 +0000 https://republika.mk/?p=554125

Извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла (60) соопшти дека е позитивен на тестот за ковид по вторпат.

Се чувствувам добро и немам никакви симптоми, рече Бурла.

Во август Бурла за прв пат имаше коронавирус и почна да го пие лекот против Ковид-19 развиен од неговата компанија „Паксловид“.

Тој примил четири дози од вакцината против ковид развиена од Фајзер и германскиот партнер Бионтек.

Бурла рече дека сè уште не го примил новиот бивалентен бустер.

Не примив бивалентен бустер, ги следев упатствата на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) да чекам три месеци, бидејќи претходно имав ковид во средината на август, објасни Бурла.

Таканаречените бивалентни дози, развиени од Модерна и тимовите од Фајзер и Бопнтек, се насочени кон подсоевите на Омикрон БА. 5 и БА. 4, кои во моментов претставуваат 84,8 отсто од инфекциите со коронавирус во САД, спoред д најновите податоци.

 

The post Директорот на Фајзер се зарази со Ковид вторпат за два месеци appeared first on Република.

]]>

Извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла (60) соопшти дека е позитивен на тестот за ковид по вторпат.
Се чувствувам добро и немам никакви симптоми, рече Бурла.
Во август Бурла за прв пат имаше коронавирус и почна да го пие лекот против Ковид-19 развиен од неговата компанија „Паксловид“. Тој примил четири дози од вакцината против ковид развиена од Фајзер и германскиот партнер Бионтек. Бурла рече дека сè уште не го примил новиот бивалентен бустер.
Не примив бивалентен бустер, ги следев упатствата на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) да чекам три месеци, бидејќи претходно имав ковид во средината на август, објасни Бурла.
Таканаречените бивалентни дози, развиени од Модерна и тимовите од Фајзер и Бопнтек, се насочени кон подсоевите на Омикрон БА. 5 и БА. 4, кои во моментов претставуваат 84,8 отсто од инфекциите со коронавирус во САД, спoред д најновите податоци.  

The post Директорот на Фајзер се зарази со Ковид вторпат за два месеци appeared first on Република.

]]>
Ќе ја прифати ли Македонија? EMA официјално прпорача нова бустер доза на Фајзер https://republika.mk/vesti/svet/kje-ja-prifati-li-makedonija-ema-oficijalno-prporacha-nova-buster-doza-na-fajzer/ Mon, 12 Sep 2022 20:23:42 +0000 https://republika.mk/?p=550169

Европската агенција за лекови (ЕМА) ја препорача бустер вакцината против варијантата омикрон на коронавирусот БА. 4/5, неколку дена откако одобри две вакцини против постарата варијанта БА.1.

Станува збор за т.н двовалентна вакцина на Фајзер и Бионтек, која ги таргетира и BA. 4/5 и оригиналниот вид на коронавирус кој првпат се појави во Кина во декември 2019 година.

Додека постоечките вакцини обезбедуваат добра заштита од хоспитализација и смрт, со еволуцијата на вирусот, нивната ефикасност во заштитата од инфекција се намали. Претходно овој месец, EMA ја одобри вакцината на Фајзер/Бионтек и Модерна против варијантата БА. 1.

Европските власти во последниве месеци навестија дека прво треба да се користи вакцина против постарата варијанта БА. 1, имајќи предвид дека се доцни со развојот на оние кои конкретно ги таргетираат варијантите на omicron БА. 4/5

The post Ќе ја прифати ли Македонија? EMA официјално прпорача нова бустер доза на Фајзер appeared first on Република.

]]>

Европската агенција за лекови (ЕМА) ја препорача бустер вакцината против варијантата омикрон на коронавирусот БА. 4/5, неколку дена откако одобри две вакцини против постарата варијанта БА.1. Станува збор за т.н двовалентна вакцина на Фајзер и Бионтек, која ги таргетира и BA. 4/5 и оригиналниот вид на коронавирус кој првпат се појави во Кина во декември 2019 година. Додека постоечките вакцини обезбедуваат добра заштита од хоспитализација и смрт, со еволуцијата на вирусот, нивната ефикасност во заштитата од инфекција се намали. Претходно овој месец, EMA ја одобри вакцината на Фајзер/Бионтек и Модерна против варијантата БА. 1. Европските власти во последниве месеци навестија дека прво треба да се користи вакцина против постарата варијанта БА. 1, имајќи предвид дека се доцни со развојот на оние кои конкретно ги таргетираат варијантите на omicron БА. 4/5

The post Ќе ја прифати ли Македонија? EMA официјално прпорача нова бустер доза на Фајзер appeared first on Република.

]]>
„Модерна“ ги тужи „Фајзер“ и „Бионтек“ за вакцината мРНА https://republika.mk/zivot/zdravje/moderna-gi-tuzi-fajzer-i-biontek-za-vakcinata-mrna/ Fri, 26 Aug 2022 13:19:09 +0000 https://republika.mk/?p=544486

Фармацевтската компанија „Модерна“ ги тужи „Фајзер“ и нејзиниот германски партнер „Бионтек“ за кршење на патент во развојот на првата вакцина против ковид-19 во САД, тврдејќи дека тие ја копирале технологијата што „Модерна“ ја развила повеќе години пред пандемијата.

Тужбата, со која се бара неодредена парична отштета, е поднесена во американскиот Окружен суд во Масачусетс и Регионалниот суд во Дизелдорф, Германија, соопшти денеска „Модерна“.

Ги поднесуваме овие тужби за да ја заштитиме иновативната мРНА технолошка платформа што први ја развивме, инвестиравме милијарди долари во создавањето и ја патентиравме во текот на деценијата што претходеше на пандемијата на ковид-19, рече извршниот директор на „Модерна“, Стив Банселс во изјавата.

 

The post „Модерна“ ги тужи „Фајзер“ и „Бионтек“ за вакцината мРНА appeared first on Република.

]]>

Фармацевтската компанија „Модерна“ ги тужи „Фајзер“ и нејзиниот германски партнер „Бионтек“ за кршење на патент во развојот на првата вакцина против ковид-19 во САД, тврдејќи дека тие ја копирале технологијата што „Модерна“ ја развила повеќе години пред пандемијата. Тужбата, со која се бара неодредена парична отштета, е поднесена во американскиот Окружен суд во Масачусетс и Регионалниот суд во Дизелдорф, Германија, соопшти денеска „Модерна“.
Ги поднесуваме овие тужби за да ја заштитиме иновативната мРНА технолошка платформа што први ја развивме, инвестиравме милијарди долари во создавањето и ја патентиравме во текот на деценијата што претходеше на пандемијата на ковид-19, рече извршниот директор на „Модерна“, Стив Банселс во изјавата.
 

The post „Модерна“ ги тужи „Фајзер“ и „Бионтек“ за вакцината мРНА appeared first on Република.

]]>
Примил четири дози: И директорот на Фајзер фати корона https://republika.mk/vesti/svet/i-direktorot-na-fajzer-fati-korona/ Mon, 15 Aug 2022 15:30:45 +0000 https://republika.mk/?p=540606

Главниот извршен директор на компанијата Фајзер, Алберт Бурла денеска информираше дека е позитивен на Ковид-19 и оти има многу благи симптоми.

Шеесетгодишниот Бурла појасни дека почнал терапија со употреба на компанискиот лек против Ковид-19, Пакловид. Како што тој додаде, согласно мерките на претпазливост за јавно здравје, се наоѓа во изолација.

Бурла е уверен дека ќе закрепне за брзо време.

Тој примил четири дози вакцина развиена од Фајзер и германскиот партнер Бионтек.

Изминатите месеци неколку американски јавни личности беа позитивни на коронавирусот, вклучувајќи го претседателот на САД, Џо Бајден, како и неговиот главен медицински советник, доктор Ентони Фаучи

The post Примил четири дози: И директорот на Фајзер фати корона appeared first on Република.

]]>

Главниот извршен директор на компанијата Фајзер, Алберт Бурла денеска информираше дека е позитивен на Ковид-19 и оти има многу благи симптоми. Шеесетгодишниот Бурла појасни дека почнал терапија со употреба на компанискиот лек против Ковид-19, Пакловид. Како што тој додаде, согласно мерките на претпазливост за јавно здравје, се наоѓа во изолација. Бурла е уверен дека ќе закрепне за брзо време. Тој примил четири дози вакцина развиена од Фајзер и германскиот партнер Бионтек. Изминатите месеци неколку американски јавни личности беа позитивни на коронавирусот, вклучувајќи го претседателот на САД, Џо Бајден, како и неговиот главен медицински советник, доктор Ентони Фаучи

The post Примил четири дози: И директорот на Фајзер фати корона appeared first on Република.

]]>
Генералниот директор на „Фајзер“ е позитивен на Ковид-19 https://republika.mk/vesti/svet/generalniot-direktor-na-fajzer-e-pozitiven-na-kovid-19/ Mon, 15 Aug 2022 13:23:31 +0000 https://republika.mk/?p=540556

Главниот извршен директор на „Фајзер“, Алберт Бурла, објави дека е позитивен на Ковид-19 и дека има многу благи симптоми.

Бурла (60) соопшти дека почнал со терапија со користење на антиковидовиот лек на компанијата „Пакловид“ и дека согласно мерките на претпазливост за јавното здравје е во изолација.

Уверен сум дека брзо ќе закрепнам - се вели во соопштението на Бурла.

Бурла прими четири дози од вакцината против Ковид развиена од „Фајзер“ и нејзиниот германски партнер „БиоНТек“.

Неколку американски јавни личности беа позитивни на корона вирусот во последните неколку месеци, вклучително и американскиот претседател Џо Бајден и неговиот главен медицински советник, д-р Ентони Фаучи, потсетува „Ројтерс“.

Бајден помина повеќе од две недели изолиран во Белата куќа откако во два наврати беше позитивен на тестот за ковид-19.

„Пакловид“ е лек за корона вирус кој се користи за лекување на луѓе со висок ризик, како што се повозрасни пациенти.

The post Генералниот директор на „Фајзер“ е позитивен на Ковид-19 appeared first on Република.

]]>

Главниот извршен директор на „Фајзер“, Алберт Бурла, објави дека е позитивен на Ковид-19 и дека има многу благи симптоми. Бурла (60) соопшти дека почнал со терапија со користење на антиковидовиот лек на компанијата „Пакловид“ и дека согласно мерките на претпазливост за јавното здравје е во изолација.
Уверен сум дека брзо ќе закрепнам - се вели во соопштението на Бурла.
Бурла прими четири дози од вакцината против Ковид развиена од „Фајзер“ и нејзиниот германски партнер „БиоНТек“. Неколку американски јавни личности беа позитивни на корона вирусот во последните неколку месеци, вклучително и американскиот претседател Џо Бајден и неговиот главен медицински советник, д-р Ентони Фаучи, потсетува „Ројтерс“. Бајден помина повеќе од две недели изолиран во Белата куќа откако во два наврати беше позитивен на тестот за ковид-19. „Пакловид“ е лек за корона вирус кој се користи за лекување на луѓе со висок ризик, како што се повозрасни пациенти.

The post Генералниот директор на „Фајзер“ е позитивен на Ковид-19 appeared first on Република.

]]>
„Фајзер“ бележи поголем профит од очекувањата на аналитичарите https://republika.mk/vesti/svet/fajzer-belezi-pogolem-profit-od-ochekuvanjata-na-analiticharite/ Thu, 28 Jul 2022 15:32:38 +0000 https://republika.mk/?p=534342

Добивката на американската фармацевтска и биотехнолошка корпорација „Фајзер“ во вториот квартал од годинава се зголемил над проценките на аналитичарите.

Како што објавија од компанијата, добивката се зголемила на 9,91 милијарди долари или 1,73 долари по акција, од 5,56 милијарди долари или 0,98 долари по акција во вториот квартал минатата година.

„Фајзер“, исто така, извести за приспособена заработувачка од 11,66 милијарди долари или 2,04 долари по акција, за истиот период.

Аналитичарите во просек очекуваа компанијата да заработи 1,80 долари по акција, според податоците собрани од Томсон Ројтерс. Проценките на аналитичарите обично исклучуваат посебни ставки.

Приходите на компанијата во вториот квартал скокнаа за 46,8 отсто на 27,74 милијарди долари од 18,90 милијарди долари во истиот период минатата година.

The post „Фајзер“ бележи поголем профит од очекувањата на аналитичарите appeared first on Република.

]]>

Добивката на американската фармацевтска и биотехнолошка корпорација „Фајзер“ во вториот квартал од годинава се зголемил над проценките на аналитичарите. Како што објавија од компанијата, добивката се зголемила на 9,91 милијарди долари или 1,73 долари по акција, од 5,56 милијарди долари или 0,98 долари по акција во вториот квартал минатата година. „Фајзер“, исто така, извести за приспособена заработувачка од 11,66 милијарди долари или 2,04 долари по акција, за истиот период. Аналитичарите во просек очекуваа компанијата да заработи 1,80 долари по акција, според податоците собрани од Томсон Ројтерс. Проценките на аналитичарите обично исклучуваат посебни ставки. Приходите на компанијата во вториот квартал скокнаа за 46,8 отсто на 27,74 милијарди долари од 18,90 милијарди долари во истиот период минатата година.

The post „Фајзер“ бележи поголем профит од очекувањата на аналитичарите appeared first on Република.

]]>
КЗБ препорачува четврта доза вакцина против ковид со „Фајзер“ или „Модерна“, треба да има четири месеци пауза меѓу третата и четвртата https://republika.mk/zivot/zdravje/kzb-preporachuva-chetvrta-doza-vakcina-protiv-kovid-so-fajzer-ili-moderna-treba-da-ima-chetiri-meseci-pauza-megju-tretata-i-chetvrtata/ Wed, 06 Jul 2022 11:48:42 +0000 https://republika.mk/?p=524769

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок ги разгледа заклучоците од Националната комисија за имунизација, во врска со почеток на вакцинација со четврта доза на вакцина против КОВИД-19.

Четврта доза може да примат лицата над 18 годишна возраст, кои примиле три дози вакцина против Ковид-19. Граѓаните од денес можат да се обратат во вакциналните пунктови, за што не е потребно закажување.

Вакцинацијата со четврта доза е предвидено да се спроведува со мРНА вакцина на Фајзер или Модерна. Препорачаното растојание меѓу трета и четврта, односно бустер доза е најмалку четири месеци.

Вакцинацијата со четврта доза посебно се препорачува кај хронично болни, пациенти на дијализа, трансплантирани, онколошки пациенти, имунокомпромитирани и пациенти кои примаат имуносупресивна и имуномодулаторна терапија за која било индикација и кај лица над 60 години.

Вакцинацијата е најдобра превентивна мерка за заштита од потешка форма на вирусот Ковид 19. Државата располага со доволни количини вакцини, кои се безбедни и ефикасни и ги повикуваме граѓаните да се имунизираат во вакциналните пунктови со вакцина против Ковид-19, со цел да стекнат дополнителен имунитет, велат од Министерствтото за здравство.

 

The post КЗБ препорачува четврта доза вакцина против ковид со „Фајзер“ или „Модерна“, треба да има четири месеци пауза меѓу третата и четвртата appeared first on Република.

]]>

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок ги разгледа заклучоците од Националната комисија за имунизација, во врска со почеток на вакцинација со четврта доза на вакцина против КОВИД-19. Четврта доза може да примат лицата над 18 годишна возраст, кои примиле три дози вакцина против Ковид-19. Граѓаните од денес можат да се обратат во вакциналните пунктови, за што не е потребно закажување. Вакцинацијата со четврта доза е предвидено да се спроведува со мРНА вакцина на Фајзер или Модерна. Препорачаното растојание меѓу трета и четврта, односно бустер доза е најмалку четири месеци. Вакцинацијата со четврта доза посебно се препорачува кај хронично болни, пациенти на дијализа, трансплантирани, онколошки пациенти, имунокомпромитирани и пациенти кои примаат имуносупресивна и имуномодулаторна терапија за која било индикација и кај лица над 60 години.
Вакцинацијата е најдобра превентивна мерка за заштита од потешка форма на вирусот Ковид 19. Државата располага со доволни количини вакцини, кои се безбедни и ефикасни и ги повикуваме граѓаните да се имунизираат во вакциналните пунктови со вакцина против Ковид-19, со цел да стекнат дополнителен имунитет, велат од Министерствтото за здравство.
 

The post КЗБ препорачува четврта доза вакцина против ковид со „Фајзер“ или „Модерна“, треба да има четири месеци пауза меѓу третата и четвртата appeared first on Република.

]]>
ФДА: Вакцината на Фајзер против ковид безбедна и ефикасна за мали деца https://republika.mk/zivot/zdravje/fda-vakcinata-na-fajzer-protiv-kovid-bezbedna-i-efikasna-za-mali-deca/ Mon, 13 Jun 2022 08:59:37 +0000 https://republika.mk/?p=514377

Експерти од американската Администрација за храна и лекови (ФДА) објавија дека вакцината Фајзер/Бајонтек против Ковид-19 е безбедна и ефикасна за деца од шест месеци до четири години.

Експертите изјавија дека нема настан што би укажал дека вакцината не е безбедна за употреба кај мали деца.

Анализата на податоците од клиничкото испитување спроведено од „Фајзер“ беше објавена во пресрет на состанокот на надворешните советници на ФДА на 15 јуни. Мислењето на овие експерти ќе биде одлучувачко за одлуката на агенцијата.

Податоците од десет случаи, во време кога омикрон беше доминантна варијанта на коронавирусот, покажаа дека вакцината била 80,3 отсто ефикасна кај групата деца на возраст под пет години.

Вакцинацијата на деца против Ковид-19 на таа возраст не е одобрена во повеќето делови на светот. Нејасно е колку родители ќе ги вакцинираат своите деца, бидејќи интересот бил мал за групата од пет до единаесет години.

 

The post ФДА: Вакцината на Фајзер против ковид безбедна и ефикасна за мали деца appeared first on Република.

]]>

Експерти од американската Администрација за храна и лекови (ФДА) објавија дека вакцината Фајзер/Бајонтек против Ковид-19 е безбедна и ефикасна за деца од шест месеци до четири години. Експертите изјавија дека нема настан што би укажал дека вакцината не е безбедна за употреба кај мали деца. Анализата на податоците од клиничкото испитување спроведено од „Фајзер“ беше објавена во пресрет на состанокот на надворешните советници на ФДА на 15 јуни. Мислењето на овие експерти ќе биде одлучувачко за одлуката на агенцијата. Податоците од десет случаи, во време кога омикрон беше доминантна варијанта на коронавирусот, покажаа дека вакцината била 80,3 отсто ефикасна кај групата деца на возраст под пет години. Вакцинацијата на деца против Ковид-19 на таа возраст не е одобрена во повеќето делови на светот. Нејасно е колку родители ќе ги вакцинираат своите деца, бидејќи интересот бил мал за групата од пет до единаесет години.  

The post ФДА: Вакцината на Фајзер против ковид безбедна и ефикасна за мали деца appeared first on Република.

]]>
„Фајзер“ очекува годишен приход од 54 милијарди долари од вакцината и таблетите против Ковид-19 https://republika.mk/vesti/svet/fajzer-ochekuva-godishen-prihod-od-54-milijardi-dolari-od-vakcinata-i-tabletite-protiv-kovid-19/ Wed, 04 May 2022 06:46:02 +0000 https://republika.mk/?p=497228

Американскиот фармацевтски гигант Фајзер ги потврди проценките за годишните приходи од вакцината и таблетите против Ковид-19, првпат откако се пуштени во продажба.

Компанијата соопшти дека очекува 22 милијарди долари од продажбата на антивирусните апчиња Паксловид оваа година. Досега истакнаа дека оваа проценка се заснова само на мал дел од нивните производствени капацитети годинава.

Приходите од вакцината што ја изработија во соработка со германскиот БиоНТек треба да изнесуваат 32 милијарди долари, согласно сегашната прогноза.

Тие благо ја намалија прогнозата за овогодинешната приспособена добивка, од 6,35 до 6,55 – на 6,25 до 6,45 долари по акција, поради трошоците за аквизиции и клучните плаќања. Нивно вклучување во прогнозите од повеќе фармацевтски компании побарала Американската комисија за хартии од вредност.

Извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла ја истакна зголемената побарувачка за Паксловид во САД во изминатиот период.

The post „Фајзер“ очекува годишен приход од 54 милијарди долари од вакцината и таблетите против Ковид-19 appeared first on Република.

]]>

Американскиот фармацевтски гигант Фајзер ги потврди проценките за годишните приходи од вакцината и таблетите против Ковид-19, првпат откако се пуштени во продажба. Компанијата соопшти дека очекува 22 милијарди долари од продажбата на антивирусните апчиња Паксловид оваа година. Досега истакнаа дека оваа проценка се заснова само на мал дел од нивните производствени капацитети годинава. Приходите од вакцината што ја изработија во соработка со германскиот БиоНТек треба да изнесуваат 32 милијарди долари, согласно сегашната прогноза. Тие благо ја намалија прогнозата за овогодинешната приспособена добивка, од 6,35 до 6,55 – на 6,25 до 6,45 долари по акција, поради трошоците за аквизиции и клучните плаќања. Нивно вклучување во прогнозите од повеќе фармацевтски компании побарала Американската комисија за хартии од вредност. Извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла ја истакна зголемената побарувачка за Паксловид во САД во изминатиот период.

The post „Фајзер“ очекува годишен приход од 54 милијарди долари од вакцината и таблетите против Ковид-19 appeared first on Република.

]]>