фабрика Archives - Република https://republika.mk/tema/fabrika/ За подобро да се разбереме Wed, 09 Oct 2024 06:50:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фабрика Archives - Република https://republika.mk/tema/fabrika/ 32 32 Нова фабрика во Градско ќе донесе над 100 вработувања https://republika.mk/zivot/kariera/nova-fabrika-vo-gradsko-ke-donese-nad-100-vrabotuvana/ Tue, 08 Oct 2024 14:23:04 +0000 https://republika.mk/?p=824338

Кавадаречката фирма за челични цевки Стил-М АБЦ ДООЕЛ во ноември стартува со производство во нова фабрика во Општината Градско.

Станува збор за инвестиција од 10 милиони евра, а во истата се планира да се вработат околу 100 лица од Градско и Тиквешијата.

Како што објави градоначалникот Киро Нацков, се бараат работници од неколку профили:

The post Нова фабрика во Градско ќе донесе над 100 вработувања appeared first on Република.

]]>

Кавадаречката фирма за челични цевки Стил-М АБЦ ДООЕЛ во ноември стартува со производство во нова фабрика во Општината Градско. Станува збор за инвестиција од 10 милиони евра, а во истата се планира да се вработат околу 100 лица од Градско и Тиквешијата. Како што објави градоначалникот Киро Нацков, се бараат работници од неколку профили:

The post Нова фабрика во Градско ќе донесе над 100 вработувања appeared first on Република.

]]>
Голем пожар во фабрика на „ајфон“ https://republika.mk/vesti/svet/golem-pozhar-vo-fabrika-na-ajfon/ Sat, 28 Sep 2024 10:48:40 +0000 https://republika.mk/?p=820514

Голем пожар избувна денеска во фабриката за „ајфон“ на компанијата „Тата“ во индиската држава Тамил Наду, јавуваат индиските медиуми.

„Во моментот на пожарот на смена биле околу 1.500 работници“, пишува Индија тудеј.

Пожарот најпрвин започнал во фабриката за боење додатоци за мобилни телефони, а потоа се проширил.

Противпожарните екипи работат на гаснење на пожарот и евакуација на вработените. Според досегашните информации, во пожарот нема повредени.

Поради пожарот, производството во фабриката е прекинато, а компанијата „Тата електроникс“ соопшти дека ги истражува причините за пожарот.

The post Голем пожар во фабрика на „ајфон“ appeared first on Република.

]]>

Голем пожар избувна денеска во фабриката за „ајфон“ на компанијата „Тата“ во индиската држава Тамил Наду, јавуваат индиските медиуми. „Во моментот на пожарот на смена биле околу 1.500 работници“, пишува Индија тудеј. Пожарот најпрвин започнал во фабриката за боење додатоци за мобилни телефони, а потоа се проширил. Противпожарните екипи работат на гаснење на пожарот и евакуација на вработените. Според досегашните информации, во пожарот нема повредени. Поради пожарот, производството во фабриката е прекинато, а компанијата „Тата електроникс“ соопшти дека ги истражува причините за пожарот.

The post Голем пожар во фабрика на „ајфон“ appeared first on Република.

]]>
Фолксваген планира да затвори фабрики во Германија за прв пат во историјата https://republika.mk/vesti/svet/folksvagen-planira-da-zatvori-fabriki-vo-germanija-za-prv-pat-vo-istorijata/ Sat, 07 Sep 2024 07:23:04 +0000 https://republika.mk/?p=813956

Најголемиот германски производител на автомобили, Фолксваген, планира да затвори една фабрика за автомобили и барем уште еден помал индустриски капацитет кој произведува резервни делови, објавува „Блумберг“. Тоа ќе биде прв случај во историјата, Фолксваген да затвора фабрики што се наоѓаат на германско тло.

Европската автомобилска индустрија е во многу тешка и сериозна ситуација. Економското опкружување стана уште потешко и нови играчи доаѓаат во Европа. Германија како место за водење бизнис се повеќе заостанува во однос на конкурентноста“, објаснува извршниот директор на Фолксваген, Оливер Блуме.

Главните причини кои се наведуваат во текстот се порастот на трошоците за енергија, логистика и работна сила. Ниската побарувачка за електричните возила на групацијата во Кина, исто така, одигра улога. Медиумите пишуваат дека поради затворањето на фабриките се заканува конфликт меѓу Фолксваген и германските синдикати.

The post Фолксваген планира да затвори фабрики во Германија за прв пат во историјата appeared first on Република.

]]>

Најголемиот германски производител на автомобили, Фолксваген, планира да затвори една фабрика за автомобили и барем уште еден помал индустриски капацитет кој произведува резервни делови, објавува „Блумберг“. Тоа ќе биде прв случај во историјата, Фолксваген да затвора фабрики што се наоѓаат на германско тло.
Европската автомобилска индустрија е во многу тешка и сериозна ситуација. Економското опкружување стана уште потешко и нови играчи доаѓаат во Европа. Германија како место за водење бизнис се повеќе заостанува во однос на конкурентноста“, објаснува извршниот директор на Фолксваген, Оливер Блуме.
Главните причини кои се наведуваат во текстот се порастот на трошоците за енергија, логистика и работна сила. Ниската побарувачка за електричните возила на групацијата во Кина, исто така, одигра улога. Медиумите пишуваат дека поради затворањето на фабриките се заканува конфликт меѓу Фолксваген и германските синдикати.

The post Фолксваген планира да затвори фабрики во Германија за прв пат во историјата appeared first on Република.

]]>
Во Унгарија отворена најголемата фабрика за зелен водород во регионот https://republika.mk/vesti/svet/vo-ungarija-otvorena-najgolemata-fabrika-za-zelen-vodorod-vo-regionot/ Fri, 12 Apr 2024 18:14:46 +0000 https://republika.mk/?p=765508

Групацијата МОЛ ја отвори најголемата зелена водородна електрана во Централна и Источна Европа во Сасаломбата, Унгарија, со капацитет од 10 мегавати.

Инвестицијата од 22 милиони евра ќе го направи производството на гориво поодржливо бидејќи фабриката ќе ги намали емисиите на јаглерод диоксид од рафинеријата Дунав за 25.000 тони. Компанија ќе може да произведува 1.600 тони чист, јаглеродно неутрален зелен водород годишно, а со воведувањето на оваа технологија ќе отвори ново поглавје во економијата на водородот.

Производството во новата фабрика ќе почне во втората половина од годинава. И МОЛ првенствено ќе користи зелен водород во сопствената мрежа, при производство на гориво.

Предвидено е изградба на фабрики за зелен водород во Риека и во Братислава.

Новата технологија постепено ќе го замени производствениот процес базиран на природен гас, кој во моментов претставува една шестина од вкупните емисии на јаглерод диоксид на компанијата со седиште во Будимпешта, која е активна во повеќе од 30 земји.

- Групацијата МОЛ достигна уште една пресвртница: сега можеме да произведуваме зелен водород без да испуштаме стакленички гасови. Со оваа технологија, постигнуваме намалување на емисиите што е еквивалентно на отстранување на околу 5.500 возила од патот преку ноќ. Денес нашата нова фабрика за зелен водород ги прави индустриските операции на МОЛ позелени, но утре ќе понуди решенија за целата индустрија и мобилноста на водородот. По Сасаломбата, ќе ја пренесеме технологијата во другите две производствени единици со цел да го направиме процесот на производство на гориво поодржлив во сите рафинерии на Групацијата МОЛ, изјави извршниот директор на компанијата, Јожеф Молнар.

The post Во Унгарија отворена најголемата фабрика за зелен водород во регионот appeared first on Република.

]]>

Групацијата МОЛ ја отвори најголемата зелена водородна електрана во Централна и Источна Европа во Сасаломбата, Унгарија, со капацитет од 10 мегавати. Инвестицијата од 22 милиони евра ќе го направи производството на гориво поодржливо бидејќи фабриката ќе ги намали емисиите на јаглерод диоксид од рафинеријата Дунав за 25.000 тони. Компанија ќе може да произведува 1.600 тони чист, јаглеродно неутрален зелен водород годишно, а со воведувањето на оваа технологија ќе отвори ново поглавје во економијата на водородот. Производството во новата фабрика ќе почне во втората половина од годинава. И МОЛ првенствено ќе користи зелен водород во сопствената мрежа, при производство на гориво. Предвидено е изградба на фабрики за зелен водород во Риека и во Братислава. Новата технологија постепено ќе го замени производствениот процес базиран на природен гас, кој во моментов претставува една шестина од вкупните емисии на јаглерод диоксид на компанијата со седиште во Будимпешта, која е активна во повеќе од 30 земји.
- Групацијата МОЛ достигна уште една пресвртница: сега можеме да произведуваме зелен водород без да испуштаме стакленички гасови. Со оваа технологија, постигнуваме намалување на емисиите што е еквивалентно на отстранување на околу 5.500 возила од патот преку ноќ. Денес нашата нова фабрика за зелен водород ги прави индустриските операции на МОЛ позелени, но утре ќе понуди решенија за целата индустрија и мобилноста на водородот. По Сасаломбата, ќе ја пренесеме технологијата во другите две производствени единици со цел да го направиме процесот на производство на гориво поодржлив во сите рафинерии на Групацијата МОЛ, изјави извршниот директор на компанијата, Јожеф Молнар.

The post Во Унгарија отворена најголемата фабрика за зелен водород во регионот appeared first on Република.

]]>
Пожар во француска фабрика, горат 900 тони литиумски батерии https://republika.mk/vesti/svet/pozhar-vo-frantsuska-fabrika-gorat-900-toni-litiumski-baterii/ Sun, 18 Feb 2024 20:03:09 +0000 https://republika.mk/?p=745467

Околу 900 тони литиумски батерии горат во фабрика за рециклирање батерии во јужна Франција, создавајќи облак од густ црн чад, соопштија денеска француските власти.

Пожарот избувна синоќа во магацин во сопственост на француската група за рециклирање СНАМ во Вивиез, северно од Тулуз, изјави локалниот советник Паскал Мазе на платформата Х.

Весникот „Монд“ објави дека околу 70 пожарникари се борат да го стават пожарот под контрола.

Литиумските батерии се од витално значење во електричните уреди од телефони до електрични автомобили

Во безбедносно известување се предупредува дека во случај на голем пожар, производите во фабриката веројатно би испуштале кадмиум. Кадмиумот е многу отровен и опасен за животната средина, но се наведува дека отровните испарувања не треба да претставуваат непосредна опасност по здравјето на жителите.

The post Пожар во француска фабрика, горат 900 тони литиумски батерии appeared first on Република.

]]>

Околу 900 тони литиумски батерии горат во фабрика за рециклирање батерии во јужна Франција, создавајќи облак од густ црн чад, соопштија денеска француските власти. Пожарот избувна синоќа во магацин во сопственост на француската група за рециклирање СНАМ во Вивиез, северно од Тулуз, изјави локалниот советник Паскал Мазе на платформата Х. Весникот „Монд“ објави дека околу 70 пожарникари се борат да го стават пожарот под контрола. Литиумските батерии се од витално значење во електричните уреди од телефони до електрични автомобили Во безбедносно известување се предупредува дека во случај на голем пожар, производите во фабриката веројатно би испуштале кадмиум. Кадмиумот е многу отровен и опасен за животната средина, но се наведува дека отровните испарувања не треба да претставуваат непосредна опасност по здравјето на жителите.

The post Пожар во француска фабрика, горат 900 тони литиумски батерии appeared first on Република.

]]>
Девојка нападната од колега https://republika.mk/vesti/crna-hronika/devojka-napadnata-od-kolega/ Thu, 08 Feb 2024 12:28:09 +0000 https://republika.mk/?p=741834

Осумнаесетгодишната А.Н. од Гостивар вчера во 17 часот во СВР Тетово пријавила дека во фабриката во која работела во гостиварско Здуње физички била нападната од нејзиниот колега Х.Н..

Од СВР Тетово велат дека се расчистува и документира случајот.

The post Девојка нападната од колега appeared first on Република.

]]>

Осумнаесетгодишната А.Н. од Гостивар вчера во 17 часот во СВР Тетово пријавила дека во фабриката во која работела во гостиварско Здуње физички била нападната од нејзиниот колега Х.Н.. Од СВР Тетово велат дека се расчистува и документира случајот.

The post Девојка нападната од колега appeared first on Република.

]]>
Се затвора полската фабрика каде се произведуваше легендарната „пегла“ https://republika.mk/zivot/kariera/se-zatvora-polskata-fabrika-kade-se-proizveduvashe-legendarnata-pegla/ Tue, 16 Jan 2024 09:03:48 +0000 https://republika.mk/?p=733503

„Stellantis“ ја затвори традиционалната фабрика на „Fiat“ во полскиот град Биелско Биала, а без работа ќе останат 486 вработени – објави претседателката на синдикатот Солидарност Ванда Стржук, пренесува италијанската новинска агенција „ANSA“.

Станува збор за фабрика на некогашната компанија FSM (Fabryka Samochodów Małolitrażowych) која под договор со „Fiat“ уште во раните 70-ти од минатиот век го произведувала моделот „Fiat 126p“, кај нас познат како „пегла“.

Последните години оваа компанија била главно место за производство на дизелски мотори 1.3 мултиџет, што делумно и објаснува зошто се затвора.

Некои од 486-те отпуштени вработени би можеле да пронајдат работа во другите фабрики на „Stellantis“ во Полска.

 

The post Се затвора полската фабрика каде се произведуваше легендарната „пегла“ appeared first on Република.

]]>

„Stellantis“ ја затвори традиционалната фабрика на „Fiat“ во полскиот град Биелско Биала, а без работа ќе останат 486 вработени – објави претседателката на синдикатот Солидарност Ванда Стржук, пренесува италијанската новинска агенција „ANSA“. Станува збор за фабрика на некогашната компанија FSM (Fabryka Samochodów Małolitrażowych) која под договор со „Fiat“ уште во раните 70-ти од минатиот век го произведувала моделот „Fiat 126p“, кај нас познат како „пегла“. Последните години оваа компанија била главно место за производство на дизелски мотори 1.3 мултиџет, што делумно и објаснува зошто се затвора. Некои од 486-те отпуштени вработени би можеле да пронајдат работа во другите фабрики на „Stellantis“ во Полска.  

The post Се затвора полската фабрика каде се произведуваше легендарната „пегла“ appeared first on Република.

]]>
Пожар во фабриката за бои и лакови „Еуроком“ https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pozhar-vo-fabrikata-za-boi-i-lakovi-eurokom/ Wed, 22 Nov 2023 12:27:50 +0000 https://republika.mk/?p=715120

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, по првичната координација на ЦУК за опасниот пожар кај с. Фалише се упати во Тетовско, информираат од ЦУК.

Според пријавата за пожар во ЦУК, преку Единствениот број за итни повици 112 гори во фабриката за бои и лакови „Еуроком“.

[caption id="attachment_715121" align="aligncenter" width="1600"] Фото: ЦУК[/caption]

Пожарникарите од ТППЕ Тетово веднаш се излезени на терен. Од Ангелов е координирана помош од пожарникарите од Скопје, Гостивар, Велес и Куманово. Побарана е и помош од гостиварски приватни фирми коишто можат да помогнат со машинерија, бидејќи ситуацијата е алармантна за расчистување на материјалите што се во магацинот, а не се фатени од пожарот.

[caption id="attachment_715122" align="aligncenter" width="1600"] Фото: ЦУК[/caption]

Инаку, Ангелов координираше и за ангажман на хеликоптер од МВР, но временските услови во Тетово (густа магла) не дозволуваат гасење на пожар од воздух во овој момент.

Од ЦУК препорачуваат населението во линија на чадот од пожарот да ги затворат прозорците и да не пресстојуваат надвор, на отворено.

The post Пожар во фабриката за бои и лакови „Еуроком“ appeared first on Република.

]]>

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, по првичната координација на ЦУК за опасниот пожар кај с. Фалише се упати во Тетовско, информираат од ЦУК. Според пријавата за пожар во ЦУК, преку Единствениот број за итни повици 112 гори во фабриката за бои и лакови „Еуроком“. [caption id="attachment_715121" align="aligncenter" width="1600"] Фото: ЦУК[/caption] Пожарникарите од ТППЕ Тетово веднаш се излезени на терен. Од Ангелов е координирана помош од пожарникарите од Скопје, Гостивар, Велес и Куманово. Побарана е и помош од гостиварски приватни фирми коишто можат да помогнат со машинерија, бидејќи ситуацијата е алармантна за расчистување на материјалите што се во магацинот, а не се фатени од пожарот. [caption id="attachment_715122" align="aligncenter" width="1600"] Фото: ЦУК[/caption] Инаку, Ангелов координираше и за ангажман на хеликоптер од МВР, но временските услови во Тетово (густа магла) не дозволуваат гасење на пожар од воздух во овој момент. Од ЦУК препорачуваат населението во линија на чадот од пожарот да ги затворат прозорците и да не пресстојуваат надвор, на отворено.

The post Пожар во фабриката за бои и лакови „Еуроком“ appeared first on Република.

]]>
Експлозија во фабрика за пиротехника кај Москва, 45 повредени https://republika.mk/vesti/svet/eksplozija-vo-fabrika-za-pirotehnika-kaj-moskva-45-povredeni-2/ Wed, 09 Aug 2023 12:40:38 +0000 https://republika.mk/?p=670422

Бројот на повредени во експлозијата во магацин со пиротехничка опрема, во фабриката Загорск во градот Сергиев Посад во близина на Москва, се искачи на 45, соопштија денеска локалните власти.

Вкупно 23 лица се хоспитализирани, од кои шест се на интензивна нега. Руски медиуми објавија дека несреќата не е предизвикана од напад со дрон, туку дека е одговорен „човечкиот фактор“.

Во експлозијата е уништен хангар со површина од 1.600 метри квадратни, кој бил закупен од приватна компанија на земјиштето на фабриката, а од силината на експлозијата пукнало стаклото на неколку куќи во близина на фабриката. Оптичко-механичката фабрика Загорск е водечки производител на оптички и електронски уреди што ги користат полицијата и здравствените работници.

The post Експлозија во фабрика за пиротехника кај Москва, 45 повредени appeared first on Република.

]]>

Бројот на повредени во експлозијата во магацин со пиротехничка опрема, во фабриката Загорск во градот Сергиев Посад во близина на Москва, се искачи на 45, соопштија денеска локалните власти. Вкупно 23 лица се хоспитализирани, од кои шест се на интензивна нега. Руски медиуми објавија дека несреќата не е предизвикана од напад со дрон, туку дека е одговорен „човечкиот фактор“. Во експлозијата е уништен хангар со површина од 1.600 метри квадратни, кој бил закупен од приватна компанија на земјиштето на фабриката, а од силината на експлозијата пукнало стаклото на неколку куќи во близина на фабриката. Оптичко-механичката фабрика Загорск е водечки производител на оптички и електронски уреди што ги користат полицијата и здравствените работници.

The post Експлозија во фабрика за пиротехника кај Москва, 45 повредени appeared first on Република.

]]>
Маск на Твитер: Тесла отвора мегафабрика во Кина https://republika.mk/vesti/svet/mask-na-tviter-tesla-otvora-megafabrika-vo-kina/ Mon, 10 Apr 2023 07:46:20 +0000 https://republika.mk/?p=629283

Американскиот автомобилски бренд „Тесла“ отвора мегафабрика во Шангај, соопшти на Твитер производителот на електрични автомобили.

Фабриката ќе може да произведува 10.000 мегабатерии годишно, многу големи батерии што се користат за складирање на електричната енергија доволна за широка потрошувачка. Компанијата ја најави новата фабрика со фотографија од потпишувањето на договорот во Кина.

„Тесла отвора фабрика за Мегапак (Megapack) во Шангај за да го надополни производството во фабриката во Калифорнија“, објави Илон Маск на Твитер.

Кинеската државна новинска агенција Ксинхуа, која прва ја објави веста, наведува дека производителот на електрични автомобили со работа ќе почне во третиот квартал од оваа година, додека производството ќе почне во вториот квартал на 2024 година.

„Тесла“ управува со мегафабрика во Латроп, Калифорнија, која може да произведе 10.000 единици Мегапак секоја година – што е еквивалент на складирана енергија од 40 гигават-часови.

The post Маск на Твитер: Тесла отвора мегафабрика во Кина appeared first on Република.

]]>

Американскиот автомобилски бренд „Тесла“ отвора мегафабрика во Шангај, соопшти на Твитер производителот на електрични автомобили. Фабриката ќе може да произведува 10.000 мегабатерии годишно, многу големи батерии што се користат за складирање на електричната енергија доволна за широка потрошувачка. Компанијата ја најави новата фабрика со фотографија од потпишувањето на договорот во Кина. „Тесла отвора фабрика за Мегапак (Megapack) во Шангај за да го надополни производството во фабриката во Калифорнија“, објави Илон Маск на Твитер. Кинеската државна новинска агенција Ксинхуа, која прва ја објави веста, наведува дека производителот на електрични автомобили со работа ќе почне во третиот квартал од оваа година, додека производството ќе почне во вториот квартал на 2024 година. „Тесла“ управува со мегафабрика во Латроп, Калифорнија, која може да произведе 10.000 единици Мегапак секоја година – што е еквивалент на складирана енергија од 40 гигават-часови.

The post Маск на Твитер: Тесла отвора мегафабрика во Кина appeared first on Република.

]]>
Касами: И фабриката за електрични возила беше промовирана како Коридор 8, па не се знае ни дали ќе почне да се гради https://republika.mk/vesti/makedonija/kasami-i-fabrikata-za-elektrichni-vozila-beshe-promovirana-kako-koridor-8-pa-ne-se-znae-ni-dali-ke-pochne-da-se-gradi/ Wed, 05 Apr 2023 13:34:27 +0000 https://republika.mk/?p=627556

Градоначалникот на Тетово Биљал Касами денеска изјави дека актуелната Влада нема капацитет да ги реализира најавените автопатски делници од Коридор 8, затоа што власта, вели, има многу проекти за тетовскиот регион кои останале само најава.

За вчерашното неприсуство на свеченоста за Коридор 8 не одговори дали Општината имала покана, но рече дека нема да присуствуваат на „свадбите без зет и невеста“ на Владата.

Нема да присуствуваме на никакви промоции на свадби без зетот и снаата, затоа што знаеме дека оваа влада е позната по тоа што прави такви свадби. Досега само во тетовскиот регион има промовирано три проекти кои нигде не се. Прво фабриката за електрични возила која пред изборите беше промовирана, никој не знае дали кога ќе почне да се стави камен темелник. Исто така, од самиот поранешен премиер во Тетово во изборна кампања беше промовирана инвестиција од 150 милиони евра. Исто од Еколог во делот на инвестиција на резиденцијални објекти, болница и такви работи, самиот премиер Заев го промовираше. Поранешниот министер за екологија промовираше инвестиција за Попова Шапка од над 150 000 000 евра, отиде министерот отиде инвестицијата, истакна Биљал Касами.

Тој рече дека ваквите најави од централната власт се заради нивната неуспешност.

За нас како Движење Беса е еден од од најважните коридори, Коридорот 8, затоа што како што беше како што е веќе завршен Коридор 10 што го поврзува југот со северот исто така толку важен е и Коридорот 8 за исток-запад, но оваа Влада нема капацитет тоа да го реализира, а се ова што се прави веќе медиумите вие објавувате секојдневно дека целта е корумпирачка и дека не е целта да се реализира таквиот капитален проект, истакна Касами.

Тетовскиот градоначалник рече дека со централната власт Општина Тетово нема никаква соработка во областа на образованието, со полицијата, урбанизмот и културата и за тоа трпат граѓаните.

The post Касами: И фабриката за електрични возила беше промовирана како Коридор 8, па не се знае ни дали ќе почне да се гради appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Тетово Биљал Касами денеска изјави дека актуелната Влада нема капацитет да ги реализира најавените автопатски делници од Коридор 8, затоа што власта, вели, има многу проекти за тетовскиот регион кои останале само најава. За вчерашното неприсуство на свеченоста за Коридор 8 не одговори дали Општината имала покана, но рече дека нема да присуствуваат на „свадбите без зет и невеста“ на Владата.
Нема да присуствуваме на никакви промоции на свадби без зетот и снаата, затоа што знаеме дека оваа влада е позната по тоа што прави такви свадби. Досега само во тетовскиот регион има промовирано три проекти кои нигде не се. Прво фабриката за електрични возила која пред изборите беше промовирана, никој не знае дали кога ќе почне да се стави камен темелник. Исто така, од самиот поранешен премиер во Тетово во изборна кампања беше промовирана инвестиција од 150 милиони евра. Исто од Еколог во делот на инвестиција на резиденцијални објекти, болница и такви работи, самиот премиер Заев го промовираше. Поранешниот министер за екологија промовираше инвестиција за Попова Шапка од над 150 000 000 евра, отиде министерот отиде инвестицијата, истакна Биљал Касами.
Тој рече дека ваквите најави од централната власт се заради нивната неуспешност.
За нас како Движење Беса е еден од од најважните коридори, Коридорот 8, затоа што како што беше како што е веќе завршен Коридор 10 што го поврзува југот со северот исто така толку важен е и Коридорот 8 за исток-запад, но оваа Влада нема капацитет тоа да го реализира, а се ова што се прави веќе медиумите вие објавувате секојдневно дека целта е корумпирачка и дека не е целта да се реализира таквиот капитален проект, истакна Касами.
Тетовскиот градоначалник рече дека со централната власт Општина Тетово нема никаква соработка во областа на образованието, со полицијата, урбанизмот и културата и за тоа трпат граѓаните.

The post Касами: И фабриката за електрични возила беше промовирана како Коридор 8, па не се знае ни дали ќе почне да се гради appeared first on Република.

]]>
Најмалку двајца загинати, 12 исчезнати во експлозија во фабрика во Кина https://republika.mk/vesti/svet/najmalku-dvajtsa-zaginati-12-ischeznati-vo-eksplozija-vo-fabrika-vo-kina/ Mon, 16 Jan 2023 07:47:15 +0000 https://republika.mk/?p=597277

Најмалку две лица загинаа, а 12 се водат за исчезнати во голема експлозија во хемиска фабрика во североисточна Кина, пренесе АП.

34 лица се повредени во експлозија во предградието на градот Панџин во провинцијата Лиаонинг.

Локалната Влада покажа фотографии од густиот чад и оган што го зафати хемискиот комплекс.

 

The post Најмалку двајца загинати, 12 исчезнати во експлозија во фабрика во Кина appeared first on Република.

]]>

Најмалку две лица загинаа, а 12 се водат за исчезнати во голема експлозија во хемиска фабрика во североисточна Кина, пренесе АП. 34 лица се повредени во експлозија во предградието на градот Панџин во провинцијата Лиаонинг. Локалната Влада покажа фотографии од густиот чад и оган што го зафати хемискиот комплекс.  

The post Најмалку двајца загинати, 12 исчезнати во експлозија во фабрика во Кина appeared first on Република.

]]>
Автомобилот на синот на заменикот во МВР, Назим Буши, снимен и пред ограбена фабрика за марихуана https://republika.mk/vesti/crna-hronika/avtomobilot-na-sinot-na-zamenikot-vo-mvr-nazim-bushi-snimen-i-pred-ograbena-fabrika-za-marihuana/ Tue, 29 Nov 2022 17:10:50 +0000 https://republika.mk/?p=579719

Пролетта кога беше ограбена фабриката за марихуана во стечај, „5 леттерс“ во Крушево беше објавена фотографија од автомобилот на синот на заменик министерот за внатрешни работи Назим Буши.

Со истиот автомобил со вклучени нелегално поставени флешери, помладиот Буши во петокот бегал од полициски патроли, а откако бил сопрен полицајците што го проверувале излажале дека автомобилот е владин и во државна сопственост по што возачот е пуштен на Качанички пат, објави телевизијата „Телма“.

Фотографијата пак на аудито А6 паркирано пред фирмата 5 Леттерс во април беше дополнета со коментар дека е направена истиот ден кога од фирмата која беше во стечај се украдени 108 шишиња со масло од канабис вредно над 2 милиони евра.

https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-kako-vo-vremeto-na-eskobar-vo-fabrika-za-marihuana-blizu-krushevo-ukradeno-maslo-od-kanabis-vo-vrednost-od-dva-milioni-dolari/

Претходно во декември 2020-тата беше украдена марихуана од истата фабрика при што беше осомничен и роднина на заменик министерот Буши.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zaev-prvpat-slusha-deka-drogata-vo-krushevo-bil-blizok-rodnina-na-zamenik-ministerot-za-vnatreshni-bushi/

The post Автомобилот на синот на заменикот во МВР, Назим Буши, снимен и пред ограбена фабрика за марихуана appeared first on Република.

]]>

Пролетта кога беше ограбена фабриката за марихуана во стечај, „5 леттерс“ во Крушево беше објавена фотографија од автомобилот на синот на заменик министерот за внатрешни работи Назим Буши. Со истиот автомобил со вклучени нелегално поставени флешери, помладиот Буши во петокот бегал од полициски патроли, а откако бил сопрен полицајците што го проверувале излажале дека автомобилот е владин и во државна сопственост по што возачот е пуштен на Качанички пат, објави телевизијата „Телма“. Фотографијата пак на аудито А6 паркирано пред фирмата 5 Леттерс во април беше дополнета со коментар дека е направена истиот ден кога од фирмата која беше во стечај се украдени 108 шишиња со масло од канабис вредно над 2 милиони евра. https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-kako-vo-vremeto-na-eskobar-vo-fabrika-za-marihuana-blizu-krushevo-ukradeno-maslo-od-kanabis-vo-vrednost-od-dva-milioni-dolari/ Претходно во декември 2020-тата беше украдена марихуана од истата фабрика при што беше осомничен и роднина на заменик министерот Буши. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zaev-prvpat-slusha-deka-drogata-vo-krushevo-bil-blizok-rodnina-na-zamenik-ministerot-za-vnatreshni-bushi/

The post Автомобилот на синот на заменикот во МВР, Назим Буши, снимен и пред ограбена фабрика за марихуана appeared first on Република.

]]>
Груби објави дека во Тетово ќе се произведуваат електрични возила, Владата ќе вложи 130 милиони евра https://republika.mk/vesti/ekonomija/grubi-objavi-deka-vo-tetovo-kje-se-proizveduvaat-elektrichni-vozila-vladata-kje-vlozi-130-milioni-evra/ Thu, 11 Aug 2022 10:36:37 +0000 https://republika.mk/?p=539042

Првиот вицепремиер Артан Груби објави дека домашната интернационална компанија „Еколог“ ќе произведува електрични возила во Тетово.

На годишнината на Охридскиот мировен договор, во Сабота на 13 август, ќе го поставиме камен-темелникот на новата фабрика со современа технологија за производство на електрични возила во Технолошко-индустриската развојна зона во Тетово.
На денешната седница на Владата ја одобривме државната помош за реализација на оваа инвестиција во износ од 130 милиони евра со што ќе се отворат 900 нови работни места, напиша тој.

The post Груби објави дека во Тетово ќе се произведуваат електрични возила, Владата ќе вложи 130 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Првиот вицепремиер Артан Груби објави дека домашната интернационална компанија „Еколог“ ќе произведува електрични возила во Тетово.
На годишнината на Охридскиот мировен договор, во Сабота на 13 август, ќе го поставиме камен-темелникот на новата фабрика со современа технологија за производство на електрични возила во Технолошко-индустриската развојна зона во Тетово. На денешната седница на Владата ја одобривме државната помош за реализација на оваа инвестиција во износ од 130 милиони евра со што ќе се отворат 900 нови работни места, напиша тој.

The post Груби објави дека во Тетово ќе се произведуваат електрични возила, Владата ќе вложи 130 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Затворена фабрика за производство на канабис за медицински цели во Струга https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zatvorena-fabrika-za-proizvodstvo-na-kanabis-za-medicinski-celi-vo-struga/ Sat, 16 Jul 2022 14:56:24 +0000 https://republika.mk/?p=530024

Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека во Струга е затворена фабрика за производство на канабис за медицински цели и спречено е производство на дрога вредна пет милиони евра. Акцијата е спроведена вчера во објект во селото Дрслаица во општина Струга.

– При контролата е констатирано дека инсталираниот видео надзор не го покрива целиот објект и правниот објект не е заштитен (ограден според прописите, има оштетувања на повеќе места на жичаната ограда на која се констатирани отвори со моќност за непречен влез и излез од правното лице). Исто така пронајдени се 3442 засадени растенија канабис кои се одгледуваат во надворешни услови, без соодветна атмосферска заштита, што е спротивно на условите и прописите во Законот за контрола на опојни дроги, а правното лице има пријавено дека засадиле 4304 растенија, соопшти МВР.

При извршената контрола пронајдени се уште 1007 растенија канабис и расад со растенија канабис кои се засадени во надворешна парцела, за која правното лице има добиено само дозвола за проширување, но не и за засадување на растенија од канабис. Констатирани се и бројни неправилности во однос на известувања за кадарот, просторот и начинот на работење.

– Од извршениот увид и контрола во правниот субјект е констатирано дека има вишок на неевидентирани засадени растенија канабис, што е исто така спротивно на Законот за контрола на опојни дроги. Констатирано е дека правното лице во повеќе сегменти одгледува канабис за медицински цели во услови спротивни на прописите. Од страна на Комисијата беше составен записник за констатирана состојба, изготвен записник за претрес и известен е Јавен обвинител од ОЈО Струга, по чии насоки сите предмети се одземени, се наведува во соопштението.

Од страна на СВР Охрид до Основното јавно обвинителство во Струга ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело од Законот за контрола на опојни дроги и од Кривичниот законик.

Според експертите од Министерството за здравство, доколку овие растенија биле оставени да произведат цвет, би се добиле околу 2,5 тони канабис кои доколку би се продале на црниот пазар, би донеле противправна имотна корист од пет милиони евра.Два дена по ред, МВР во координација со Министерството за здравство презема мерки за спречување на недозволената трговија со дрога.

The post Затворена фабрика за производство на канабис за медицински цели во Струга appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека во Струга е затворена фабрика за производство на канабис за медицински цели и спречено е производство на дрога вредна пет милиони евра. Акцијата е спроведена вчера во објект во селото Дрслаица во општина Струга. – При контролата е констатирано дека инсталираниот видео надзор не го покрива целиот објект и правниот објект не е заштитен (ограден според прописите, има оштетувања на повеќе места на жичаната ограда на која се констатирани отвори со моќност за непречен влез и излез од правното лице). Исто така пронајдени се 3442 засадени растенија канабис кои се одгледуваат во надворешни услови, без соодветна атмосферска заштита, што е спротивно на условите и прописите во Законот за контрола на опојни дроги, а правното лице има пријавено дека засадиле 4304 растенија, соопшти МВР. При извршената контрола пронајдени се уште 1007 растенија канабис и расад со растенија канабис кои се засадени во надворешна парцела, за која правното лице има добиено само дозвола за проширување, но не и за засадување на растенија од канабис. Констатирани се и бројни неправилности во однос на известувања за кадарот, просторот и начинот на работење. – Од извршениот увид и контрола во правниот субјект е констатирано дека има вишок на неевидентирани засадени растенија канабис, што е исто така спротивно на Законот за контрола на опојни дроги. Констатирано е дека правното лице во повеќе сегменти одгледува канабис за медицински цели во услови спротивни на прописите. Од страна на Комисијата беше составен записник за констатирана состојба, изготвен записник за претрес и известен е Јавен обвинител од ОЈО Струга, по чии насоки сите предмети се одземени, се наведува во соопштението. Од страна на СВР Охрид до Основното јавно обвинителство во Струга ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело од Законот за контрола на опојни дроги и од Кривичниот законик. Според експертите од Министерството за здравство, доколку овие растенија биле оставени да произведат цвет, би се добиле околу 2,5 тони канабис кои доколку би се продале на црниот пазар, би донеле противправна имотна корист од пет милиони евра.Два дена по ред, МВР во координација со Министерството за здравство презема мерки за спречување на недозволената трговија со дрога.

The post Затворена фабрика за производство на канабис за медицински цели во Струга appeared first on Република.

]]>
Пукање во фабрика во Америка, 23 годишен маж уби тројца колеги https://republika.mk/vesti/svet/pukanje-vo-fabrika-vo-amerika-23-godishen-maz-ubi-trojca-kolegi/ Fri, 10 Jun 2022 07:15:40 +0000 https://republika.mk/?p=513415

Најмалку три лица загинаа, а едно е тешко повредено кога вооружен напаѓач отвори оган врз своите колеги во фабрика во северниот дел на Мериленд, САД.

23-годишниот напаѓач, кој полицијата не го идентификуваше, подоцна беше ранет во размена на оган со силите на редот додека се обидуваше да избега со автомобил, изјави на прес-конференција шерифот на округот Вашингтон Даглас Мулендор.

Осомничениот е префрлен во локална болница поради прострелни рани во најновата серија масовни престрелки што ги погодија САД.

Мулендор одби да ги соопшти околностите или можните мотиви за нападот, но рече дека напаѓачот и сите негови жртви биле вработени во компанијата Columbia Machine во Смитсбург, северен Мериленд, во близина на државната граница на Пенсилванија.

Тој рече дека напаѓачот користел полуавтоматски пиштол.

Компанијата доставува опрема за производство на бетон на клиенти во над 100 земји.

Канцелариите на Федералното истражно биро (ФБИ) во Балтимор и американското биро за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви соопштија дека испратиле агенти на местото на настанот.

The post Пукање во фабрика во Америка, 23 годишен маж уби тројца колеги appeared first on Република.

]]>

Најмалку три лица загинаа, а едно е тешко повредено кога вооружен напаѓач отвори оган врз своите колеги во фабрика во северниот дел на Мериленд, САД. 23-годишниот напаѓач, кој полицијата не го идентификуваше, подоцна беше ранет во размена на оган со силите на редот додека се обидуваше да избега со автомобил, изјави на прес-конференција шерифот на округот Вашингтон Даглас Мулендор. Осомничениот е префрлен во локална болница поради прострелни рани во најновата серија масовни престрелки што ги погодија САД. Мулендор одби да ги соопшти околностите или можните мотиви за нападот, но рече дека напаѓачот и сите негови жртви биле вработени во компанијата Columbia Machine во Смитсбург, северен Мериленд, во близина на државната граница на Пенсилванија. Тој рече дека напаѓачот користел полуавтоматски пиштол. Компанијата доставува опрема за производство на бетон на клиенти во над 100 земји. Канцелариите на Федералното истражно биро (ФБИ) во Балтимор и американското биро за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви соопштија дека испратиле агенти на местото на настанот.

The post Пукање во фабрика во Америка, 23 годишен маж уби тројца колеги appeared first on Република.

]]>
Пензионерка ќе запалела фабрика во Битола со отпушок од цигара https://republika.mk/vesti/crna-hronika/penzionerka-kje-zapalela-fabrika-vo-bitola-so-otpushok-od-cigara/ Sun, 10 Apr 2022 15:49:56 +0000 https://republika.mk/?p=486285

Голема трагедија е избегната со последни напори вчера во Битола, откако повозрасна жена фрлила догорче од цигара во нива, предизвикувајќи пожар, кој потоа се проширил на фабрика во близина, а при гаснењето бил повреден чуварот на објектот, соопшти МВР.

На 09.04.2022 околу 15.30 часот во СВР Битола, В.А.(77) од Битола пријавила дека околу 15.30 часот во нејзина нива на ул.„Индустриска” настанал пожар од отпушок од цигара кој го фрлила, но пожарот не успеала да го изгасне. Според пријавеното, пожарот се проширил на соседната фабрика, а при обид да го изгасне пожарот, со повреди се здобил М.Ѓ.(29), вработен како обезбедување, велат од полицијата.

Екипа на Територијалната противпожарна единица Битола го изгаснала пожарот. Увид извршила екипа од СВР Битола и се работи на расчистување на случајот, по што ќе следува поднесок, додаваат од МВР.

The post Пензионерка ќе запалела фабрика во Битола со отпушок од цигара appeared first on Република.

]]>

Голема трагедија е избегната со последни напори вчера во Битола, откако повозрасна жена фрлила догорче од цигара во нива, предизвикувајќи пожар, кој потоа се проширил на фабрика во близина, а при гаснењето бил повреден чуварот на објектот, соопшти МВР.
На 09.04.2022 околу 15.30 часот во СВР Битола, В.А.(77) од Битола пријавила дека околу 15.30 часот во нејзина нива на ул.„Индустриска” настанал пожар од отпушок од цигара кој го фрлила, но пожарот не успеала да го изгасне. Според пријавеното, пожарот се проширил на соседната фабрика, а при обид да го изгасне пожарот, со повреди се здобил М.Ѓ.(29), вработен како обезбедување, велат од полицијата.
Екипа на Територијалната противпожарна единица Битола го изгаснала пожарот. Увид извршила екипа од СВР Битола и се работи на расчистување на случајот, по што ќе следува поднесок, додаваат од МВР.

The post Пензионерка ќе запалела фабрика во Битола со отпушок од цигара appeared first on Република.

]]>
Украина: Ракетирана железничка станица во источниот дел од земјата https://republika.mk/vesti/svet/ukraina-raketirana-zeleznichka-stanica-vo-istochniot-del-od-zemjata/ Wed, 06 Apr 2022 20:25:46 +0000 https://republika.mk/?p=484397

Повеќе луѓе загинаа откако три ракети погодија железничка станица во источна Украина, оштетувајќи згради и шини, соопшти Државната украинска железница.

Во соопштението не се наведени детали за бројот на жртвите, ниту за локацијата на нападот.

Најмалку четири лица загинаа денеска во руски артилериски напад, а уште толку се повредени на пункт за дистрибуција на хуманитарна помош додека руските војници бомбардираа градови и железничка инфраструктура во источниот дел на Украина, соопштија локалните власти.

The post Украина: Ракетирана железничка станица во источниот дел од земјата appeared first on Република.

]]>

Повеќе луѓе загинаа откако три ракети погодија железничка станица во источна Украина, оштетувајќи згради и шини, соопшти Државната украинска железница. Во соопштението не се наведени детали за бројот на жртвите, ниту за локацијата на нападот. Најмалку четири лица загинаа денеска во руски артилериски напад, а уште толку се повредени на пункт за дистрибуција на хуманитарна помош додека руските војници бомбардираа градови и железничка инфраструктура во источниот дел на Украина, соопштија локалните власти.

The post Украина: Ракетирана железничка станица во источниот дел од земјата appeared first on Република.

]]>
Изгоре фирма за училишен и канцелариски мебел во Волково https://republika.mk/vesti/crna-hronika/izgore-firma-za-uchilishen-i-kancelariski-mebel-vo-volkovo/ Wed, 06 Apr 2022 12:06:03 +0000 https://republika.mk/?p=484063

Пожар избувна денеска во компанија за производство на училишен и канцелариски мебел во скопската населба Волково.

Од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје за МИА информираа дека пожарот е локализиран и се работи на догасување. Интервенирано е со четири возила и девет пожарникари.

Пожарот не е проширен на околните куќи и нема жртви. Причинета е материјална штета која допрва ќе се утврдува.

The post Изгоре фирма за училишен и канцелариски мебел во Волково appeared first on Република.

]]>

Пожар избувна денеска во компанија за производство на училишен и канцелариски мебел во скопската населба Волково. Од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје за МИА информираа дека пожарот е локализиран и се работи на догасување. Интервенирано е со четири возила и девет пожарникари. Пожарот не е проширен на околните куќи и нема жртви. Причинета е материјална штета која допрва ќе се утврдува.

The post Изгоре фирма за училишен и канцелариски мебел во Волково appeared first on Република.

]]>
Киев: Две лица загинаа во гранатирање на фабриката „Антонов“ https://republika.mk/vesti/svet/kiev-dve-lica-zaginaa-vo-granatiranje-na-fabrikata-antonov/ Mon, 14 Mar 2022 08:10:35 +0000 https://republika.mk/?p=472369

Две лица загинаа откако руските војници ја погодија административната зграда и фабриката „Антонов“, соопшти градската државна управа на Киев на Телеграм.
Таму се пожарникари, здравствени работници, персонал од други служби.

Според првичните податоци, во гранатирањето загинаа две лица, а евакуирани се околу 70, се наведува во објавата на Телеграм.

Како што јавија странски медиуми, утрово околу пет часот, артилериска граната погодила станбен блок о девет ката во квартот Оболонски. Пожар ја зафатил зградата.

The post Киев: Две лица загинаа во гранатирање на фабриката „Антонов“ appeared first on Република.

]]>

Две лица загинаа откако руските војници ја погодија административната зграда и фабриката „Антонов“, соопшти градската државна управа на Киев на Телеграм. Таму се пожарникари, здравствени работници, персонал од други служби. Според првичните податоци, во гранатирањето загинаа две лица, а евакуирани се околу 70, се наведува во објавата на Телеграм. Како што јавија странски медиуми, утрово околу пет часот, артилериска граната погодила станбен блок о девет ката во квартот Оболонски. Пожар ја зафатил зградата.

The post Киев: Две лица загинаа во гранатирање на фабриката „Антонов“ appeared first on Република.

]]>