Повеќе луѓе загинаа откако три ракети погодија железничка станица во источна Украина, оштетувајќи згради и шини, соопшти Државната украинска железница.

Во соопштението не се наведени детали за бројот на жртвите, ниту за локацијата на нападот.

Најмалку четири лица загинаа денеска во руски артилериски напад, а уште толку се повредени на пункт за дистрибуција на хуманитарна помош додека руските војници бомбардираа градови и железничка инфраструктура во источниот дел на Украина, соопштија локалните власти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.