доналд туск Archives - Република https://republika.mk/tema/donald-tusk/ За подобро да се разбереме Sat, 09 Nov 2024 15:35:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png доналд туск Archives - Република https://republika.mk/tema/donald-tusk/ 32 32 Туск најави средби со Макрон, Стармер, Руте и лидерите на нордиските земји https://republika.mk/vesti/svet/tusk-najavi-sredbi-so-makron-starmer-rute-i-liderite-na-nordiskite-zemji/ Sat, 09 Nov 2024 15:47:01 +0000 https://republika.mk/?p=835908

Полскиот премиер Доналд Туск најави дека наскоро ќе се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Кир Стармер, генералниот секретар на НАТО Марк Руте и лидерите на нордиските и балтичките земји за да разговараат за трансатлантската соработка и војната во Украина.

Туск нагласи дека иднината на помошта за Украина е едно од клучните прашања со кои се соочува Европската унија, особено по победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД.

Трамп го критикуваше нивото на американската поддршка за Украина во војната, а пред изборите вети дека ќе стави крај на конфликтот пред да ја преземе функцијата, без да наведе детали како ќе го направи тоа.

- Нема сомнеж дека оваа нова политичка рамка е сериозен предизвик за сите, особено во контекст на можен крај на војната меѓу Русија и Украина, можеби преку договор меѓу претседателот на Русија и новиот претседател на САД, рече Туск.

Тој рече дека Макрон и Руте ќе ја посетат Варшава, како и дека ќе има средба со Стармер и дека ќе се одржи или во Варшава или во Лондон, а планира да се сретне и со лидерите на нордиските и балтичките земји во Стокхолм.

The post Туск најави средби со Макрон, Стармер, Руте и лидерите на нордиските земји appeared first on Република.

]]>

Полскиот премиер Доналд Туск најави дека наскоро ќе се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Кир Стармер, генералниот секретар на НАТО Марк Руте и лидерите на нордиските и балтичките земји за да разговараат за трансатлантската соработка и војната во Украина. Туск нагласи дека иднината на помошта за Украина е едно од клучните прашања со кои се соочува Европската унија, особено по победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД. Трамп го критикуваше нивото на американската поддршка за Украина во војната, а пред изборите вети дека ќе стави крај на конфликтот пред да ја преземе функцијата, без да наведе детали како ќе го направи тоа.
- Нема сомнеж дека оваа нова политичка рамка е сериозен предизвик за сите, особено во контекст на можен крај на војната меѓу Русија и Украина, можеби преку договор меѓу претседателот на Русија и новиот претседател на САД, рече Туск.
Тој рече дека Макрон и Руте ќе ја посетат Варшава, како и дека ќе има средба со Стармер и дека ќе се одржи или во Варшава или во Лондон, а планира да се сретне и со лидерите на нордиските и балтичките земји во Стокхолм.

The post Туск најави средби со Макрон, Стармер, Руте и лидерите на нордиските земји appeared first on Република.

]]>
Орбан обвини дека полската влада е поставена од ЕУ заради соборување на претходното раководство https://republika.mk/vesti/svet/orban-obvini-deka-polskata-vlada-e-postavena-od-eu-zaradi-soboruvane-na-prethodnoto-rakovodstvo/ Fri, 25 Oct 2024 15:17:19 +0000 https://republika.mk/?p=831038

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска ги обвини Европската Унија и полскиот премиер Доналд Туск за директно мешање во внатрешните работи на Полска, тврдејќи дека новата полска влада е „поставена“ од Брисел за да го собори претходното десничарско раководство.

Според Орбан, изборот на Туск и неговата коалиција е дел од поширок „план“ на ЕУ за менување на политичката сцена во земјите-членки кои не се согласуваат со нејзините политики.

- Не се работи за некаква тајна конспирација, туку за јавно објавен план кој има за цел да го собори секој режим што не одговара на интересите на Брисел, изјави Орбан, без да понуди конкретни докази за своите тврдења. Тој ја спореди ситуацијата со начинот на функционирање на поранешниот Советски сојуз, обвинувајќи ја ЕУ дека се обидува да поставува „марионетски влади“ во државите каде што го губи влијанието.

- Истото тоа се случува и кај нас – сакаат да го соборат нашиот суверенитет и да ја наметнат својата агенда врз нашиот народ. За нив сме само инструмент за спроведување на нивните планови, додаде Орбан.

Овие тврдења предизвикаа негативни реакции во ЕУ, од каде што го повикаа Орбан да престане со обвинувањата кои, според нив, служат само за дополнително поларизирање на унгарската јавност. Орбан, кој често ги критикува политиките на ЕУ и посебно Брисел, го користи сличниот наратив во својата реторика кога зборува за предизвиците со кои се соочува неговата влада

The post Орбан обвини дека полската влада е поставена од ЕУ заради соборување на претходното раководство appeared first on Република.

]]>

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска ги обвини Европската Унија и полскиот премиер Доналд Туск за директно мешање во внатрешните работи на Полска, тврдејќи дека новата полска влада е „поставена“ од Брисел за да го собори претходното десничарско раководство. Според Орбан, изборот на Туск и неговата коалиција е дел од поширок „план“ на ЕУ за менување на политичката сцена во земјите-членки кои не се согласуваат со нејзините политики.
- Не се работи за некаква тајна конспирација, туку за јавно објавен план кој има за цел да го собори секој режим што не одговара на интересите на Брисел, изјави Орбан, без да понуди конкретни докази за своите тврдења. Тој ја спореди ситуацијата со начинот на функционирање на поранешниот Советски сојуз, обвинувајќи ја ЕУ дека се обидува да поставува „марионетски влади“ во државите каде што го губи влијанието.
- Истото тоа се случува и кај нас – сакаат да го соборат нашиот суверенитет и да ја наметнат својата агенда врз нашиот народ. За нив сме само инструмент за спроведување на нивните планови, додаде Орбан. Овие тврдења предизвикаа негативни реакции во ЕУ, од каде што го повикаа Орбан да престане со обвинувањата кои, според нив, служат само за дополнително поларизирање на унгарската јавност. Орбан, кој често ги критикува политиките на ЕУ и посебно Брисел, го користи сличниот наратив во својата реторика кога зборува за предизвиците со кои се соочува неговата влада

The post Орбан обвини дека полската влада е поставена од ЕУ заради соборување на претходното раководство appeared first on Република.

]]>
Туск: Полска привремено ќе го суспендира првото на азил https://republika.mk/vesti/svet/tusk-polska-privremeno-ke-go-suspendira-prvoto-na-azil/ Sat, 12 Oct 2024 14:29:21 +0000 https://republika.mk/?p=825927

Полска планира привремено да го суспендира правото на азил како дел од стратегијата за сузбивање на илегалната миграција во услови на тензии со Белорусија, која Варшава ја обвинува за испраќање мигранти во земјата.

- Еден од елементите на миграциската стратегија ќе биде привремено територијално суспендирање на правото на азил. Ќе го барам тоа, ќе барам признавање на оваа одлука во Европа. Тоа е затоа што многу добро знаеме како ова право го користат (Александар) Лукашенко, (Владимир) Путин, шверцерите и трговците со луѓе, и како ова право на азил се користи против самото постоење на тоа право, изјави денеска полскиот премиер Доналд Туск.

Во Полска миграцијата е важна тема од 2021 година, кога голем број луѓе, главно од Блиски Исток и од Африка, почнаа илегално да влегуваат од Белорусија во Полска. За Варшава и Европската Унија кризата е предизвикана од Минск и Москва. Русија и Белорусија ги отфрлаат ваквите обвинувања.

Туск најави дека стратегијата за миграција ќе биде претставена пред Владата на 15 октомври, на првата годишнина од изборите кои ја доведоа неговата коалиција на власт. Тој од преземањето на функцијата премиер во декември 2023 година, спроведува строга политика за илегалната миграција.

Парламентот на Полска во јули усвои закон со кој на безбедносните служби им олесни да користат оружје против мигрантите на границата со Белорусија.

The post Туск: Полска привремено ќе го суспендира првото на азил appeared first on Република.

]]>

Полска планира привремено да го суспендира правото на азил како дел од стратегијата за сузбивање на илегалната миграција во услови на тензии со Белорусија, која Варшава ја обвинува за испраќање мигранти во земјата.
- Еден од елементите на миграциската стратегија ќе биде привремено територијално суспендирање на правото на азил. Ќе го барам тоа, ќе барам признавање на оваа одлука во Европа. Тоа е затоа што многу добро знаеме како ова право го користат (Александар) Лукашенко, (Владимир) Путин, шверцерите и трговците со луѓе, и како ова право на азил се користи против самото постоење на тоа право, изјави денеска полскиот премиер Доналд Туск.
Во Полска миграцијата е важна тема од 2021 година, кога голем број луѓе, главно од Блиски Исток и од Африка, почнаа илегално да влегуваат од Белорусија во Полска. За Варшава и Европската Унија кризата е предизвикана од Минск и Москва. Русија и Белорусија ги отфрлаат ваквите обвинувања. Туск најави дека стратегијата за миграција ќе биде претставена пред Владата на 15 октомври, на првата годишнина од изборите кои ја доведоа неговата коалиција на власт. Тој од преземањето на функцијата премиер во декември 2023 година, спроведува строга политика за илегалната миграција. Парламентот на Полска во јули усвои закон со кој на безбедносните служби им олесни да користат оружје против мигрантите на границата со Белорусија.

The post Туск: Полска привремено ќе го суспендира првото на азил appeared first on Република.

]]>
Ако видите германски војници, не паничете, дојдоа да помогнат, смирува полскиот премиер https://republika.mk/vesti/svet/ako-vidite-germanski-vojnitsi-ne-panichete-dojdoa-da-pomognat-smiruva-polskiot-premier/ Thu, 19 Sep 2024 08:52:21 +0000 https://republika.mk/?p=817695

Најлошите поплави што ја погодија централна Европа во најмалку две децении оставија трага на уништување од Романија до Полска, со кал и урнатини во градовите, уништени мостови, потопени автомобили и оставајќи ги властите и луѓето со сметки за штети кои ќе се мерат во милијарди долари, пишува агенцијата Ројтерс.

Градовите јужно од Вроцлав, како што е Левин Брзески, веќе ја почувствуваа целата сила на поплавите, принудувајќи ги жителите да минуваат низ водата до половината или да бараат засолниште на покривите на влезовите на станбените блокови.

Германија се понуди да им помогне на Полјаците. Тоа беше можност за примеси на хумор во инаку незавидна ситуација. Така полскиот премиер Доналд Туск на хумористичен начин го најави доаѓањето на германски доброволци и војници, кои ќе им помогнат на Полјаците во санирањето на последиците од поплавите.

Ако видите германски војници, не паничете. Тие дојдоа да помогнат, рече тој.

Инвазијата на Полска од страна на германските војници на 1 септември 1939 година се смета за почеток на Втората светска војна.

The post Ако видите германски војници, не паничете, дојдоа да помогнат, смирува полскиот премиер appeared first on Република.

]]>

Најлошите поплави што ја погодија централна Европа во најмалку две децении оставија трага на уништување од Романија до Полска, со кал и урнатини во градовите, уништени мостови, потопени автомобили и оставајќи ги властите и луѓето со сметки за штети кои ќе се мерат во милијарди долари, пишува агенцијата Ројтерс. Градовите јужно од Вроцлав, како што е Левин Брзески, веќе ја почувствуваа целата сила на поплавите, принудувајќи ги жителите да минуваат низ водата до половината или да бараат засолниште на покривите на влезовите на станбените блокови. Германија се понуди да им помогне на Полјаците. Тоа беше можност за примеси на хумор во инаку незавидна ситуација. Така полскиот премиер Доналд Туск на хумористичен начин го најави доаѓањето на германски доброволци и војници, кои ќе им помогнат на Полјаците во санирањето на последиците од поплавите. Ако видите германски војници, не паничете. Тие дојдоа да помогнат, рече тој. Инвазијата на Полска од страна на германските војници на 1 септември 1939 година се смета за почеток на Втората светска војна.

The post Ако видите германски војници, не паничете, дојдоа да помогнат, смирува полскиот премиер appeared first on Република.

]]>
Туск: Ќе прогласиме состојба на елементарна непогода https://republika.mk/vesti/svet/tusk-ke-proglasime-sostojba-na-elementarna-nepogoda/ Sun, 15 Sep 2024 20:01:54 +0000 https://republika.mk/?p=816610

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека неговата влада ќе прогласи состојба на природна катастрофа додека се бори со разорните поплави.

„По консултациите со надлежните министри и служби, наредив подготовка на уредбата на Советот на министри за воведување состојба на природна катастрофа“, напиша Туск на X.

Состојбата на природна катастрофа ѝ дава на владата поголема контрола за да ги задржи и да се справи со последиците од катастрофата, што може да вклучува ограничување на одредени слободи и права.

Локалните власти во југозападна Полска итно апелираа до жителите да ги евакуираат своите домови бидејќи поплавите се закануваат да пробијат уште една брана.

Во видео објавено на неговата Фејсбук страница, градоначалникот на Прудник во провинцијата Ополе, Гжегож Завислак, главен началник на пожарникарите и локален функционер на Прудник, апелираше до жителите на селото Мошчанка, Лак Прудничка и делови од градот Прудник (население 21.237) веднаш да се евакуираат.

„Апелот е многу сериозен, не трошете време на дилеми, мора да си заминете. Доколку браната пукне ќе ви се уништат домовите и ќе ви се загрози животот“, изјави Радослав Рошковски, локален функционер од Прудник.

The post Туск: Ќе прогласиме состојба на елементарна непогода appeared first on Република.

]]>

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека неговата влада ќе прогласи состојба на природна катастрофа додека се бори со разорните поплави.
„По консултациите со надлежните министри и служби, наредив подготовка на уредбата на Советот на министри за воведување состојба на природна катастрофа“, напиша Туск на X.
Состојбата на природна катастрофа ѝ дава на владата поголема контрола за да ги задржи и да се справи со последиците од катастрофата, што може да вклучува ограничување на одредени слободи и права. Локалните власти во југозападна Полска итно апелираа до жителите да ги евакуираат своите домови бидејќи поплавите се закануваат да пробијат уште една брана. Во видео објавено на неговата Фејсбук страница, градоначалникот на Прудник во провинцијата Ополе, Гжегож Завислак, главен началник на пожарникарите и локален функционер на Прудник, апелираше до жителите на селото Мошчанка, Лак Прудничка и делови од градот Прудник (население 21.237) веднаш да се евакуираат.
„Апелот е многу сериозен, не трошете време на дилеми, мора да си заминете. Доколку браната пукне ќе ви се уништат домовите и ќе ви се загрози животот“, изјави Радослав Рошковски, локален функционер од Прудник.

The post Туск: Ќе прогласиме состојба на елементарна непогода appeared first on Република.

]]>
Туск: Полска ќе ја зајакне источната граница https://republika.mk/vesti/svet/tusk-polska-ke-ja-zajakne-istochnata-granitsa/ Sat, 11 May 2024 15:20:00 +0000 https://republika.mk/?p=777073

Полскиот премиер, Доналд Туск денеска изјави дека неговата земја започнува со работа за дополнително зајакнување на целата своја источна граница, бидејќи земјата се соочува со, како што рече, „хибридна војна“ поврзана со илегалната миграција од Белорусија, пренесоа британските медиуми.

Премиерот не даде дополнителни детали ниту за планираните акции ниту за средствата што треба да се доделат, но рече дека „нема ограничувања“ во однос на националната безбедност.

-Полско-белоруската граница е уникатно место поради притисокот на илегалната имиграција. Всушност, имаме работа со прогресивна хибридна војна, рече премиерот на средбата со граничарите и војниците на границата.

Туск нагласи оти не се сомнева дека цела Европа ќе инвестира во источната граница на Полска.

-Ова не е само граница на Полска, туку и на Европската Унија. Затоа, не се сомневам дека цела Европа ќе мора да инвестира во својата безбедност инвестирајќи во источната граница на Полска, рече Туск.

The post Туск: Полска ќе ја зајакне источната граница appeared first on Република.

]]>

Полскиот премиер, Доналд Туск денеска изјави дека неговата земја започнува со работа за дополнително зајакнување на целата своја источна граница, бидејќи земјата се соочува со, како што рече, „хибридна војна“ поврзана со илегалната миграција од Белорусија, пренесоа британските медиуми. Премиерот не даде дополнителни детали ниту за планираните акции ниту за средствата што треба да се доделат, но рече дека „нема ограничувања“ во однос на националната безбедност.
-Полско-белоруската граница е уникатно место поради притисокот на илегалната имиграција. Всушност, имаме работа со прогресивна хибридна војна, рече премиерот на средбата со граничарите и војниците на границата.
Туск нагласи оти не се сомнева дека цела Европа ќе инвестира во источната граница на Полска.
-Ова не е само граница на Полска, туку и на Европската Унија. Затоа, не се сомневам дека цела Европа ќе мора да инвестира во својата безбедност инвестирајќи во источната граница на Полска, рече Туск.

The post Туск: Полска ќе ја зајакне источната граница appeared first on Република.

]]>
Туск сака Полска да се вклучи во ПВО системот „Европски небесен штит“ https://republika.mk/vesti/svet/tusk-saka-polska-da-se-vkluchi-vo-pvo-sistemot-evropski-nebesen-shtit/ Tue, 16 Apr 2024 20:28:33 +0000 https://republika.mk/?p=766845

Полскиот премиер, Доналд Туск, изјави дека Полска мора да се приклучи на странските системи за противвоздушна одбрана, вклучувајќи го и проектот „Европски небесен штит“ на Германија, Велика Британија и Данска, кој ќе и помогне на Полска, со системите што ги добива од САД или ги развива сама, да го заштити небото со „железна купола“ каква што има Израел.

Полска мора да биде дел од неколку системи кои би направиле железна купола на полското небо. Ќе соработуваме во рамките на иницијативата 'Европски небесен штит'. Не ми пречи што главните иницијатори се Германците. Овде се и израелски компоненти. Ќе соработуваме со Британците, ќе го развиваме системот Пилица-Нарев-Висла. Се разбира, соработката со САД останува клучна“, изјави Туск по владина седница.

Дел од седницата се одржа зад затворени врати, а присуствуваа началникот на Генералштабот на полската армија, генерал Вјеслав Кукула и шефот на Бирото за национална безбедност, Јацек Шевјера, поради зголемените тензии и заканата од проширување на конфликтот на Блискиот Исток, каде што во Либан и Ирак во мировни мисии се и полски војници.

Ги прашав генералите и Шевјера како ја оценуваат одлуката да се приклучат на „Европскиот небесен штит“ и ми одговорија дека е штета што тоа не е направено порано и дека дефинитивно треба да се направи ако тоа биде додаток на нашиот воздушен одбранбен систем, а не алтернатива за нив“, изјави Туск.

Тој предупреди дека благодарение на „железната купола“ и другите системи со неа, Израел успеал да собори над 90 отсто од ракетите од Иран, додека, на пример, Украина во слични големи напади од Русија успеала да собори само 30 отсто од проектилите и беспилотните летала.

The post Туск сака Полска да се вклучи во ПВО системот „Европски небесен штит“ appeared first on Република.

Туск: Почна нова ера на војни во Европа https://republika.mk/vesti/svet/tusk-pochna-nova-era-na-vojni-vo-evropa/ Fri, 29 Mar 2024 10:21:47 +0000 https://republika.mk/?p=760078

Премиерот на Полска, Доналд Туск изјави дека руската инвазија врз Украина пред помалку од две години вовела нова ера на војни во Европа.

Знам дека звучи депримирачки, особено за помладата генерација, но мораме да се навикнеме на фактот дека почна нова ера: предвоената ера. Не претерувам, секој ден станува се појасно. Не сакам никого да плашам, но војната повеќе не е концепт од минатото. Таа е реална и почна пред повеќе од две години изјави Туск за германскиот весник „Велт“.

Тој додаде дека „во моментот најзагрижувачко е тоа што буквално секое сценарио е можно. Не сме виделе ваква ситуација од 1945 година“.

Туск наведе дека е сведок на револуција во европскиот менталитет.

Никој повеќе не ја доведува во прашање потребата од заедничка одбрана. Погледнете ја Германија, каде што се случи огромен пресврт. Денес, ЦДУ и ГСДП се натпреваруваат кој од нив е попроукраински, истакна Туск.

Тој повика и на поконзистентна заштита на надворешните граници на ЕУ.

ЕУ во целина, како моќна организација, мора да биде ментално подготвена да се бори за безбедноста на нашите граници и територија, посочи Туск.

Рано утрово полските и сојузничките авиони беа ставени во состојба на готовност откако Русија изврши ракетни напади врз Украина.

The post Туск: Почна нова ера на војни во Европа appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Полска, Доналд Туск изјави дека руската инвазија врз Украина пред помалку од две години вовела нова ера на војни во Европа. Знам дека звучи депримирачки, особено за помладата генерација, но мораме да се навикнеме на фактот дека почна нова ера: предвоената ера. Не претерувам, секој ден станува се појасно. Не сакам никого да плашам, но војната повеќе не е концепт од минатото. Таа е реална и почна пред повеќе од две години изјави Туск за германскиот весник „Велт“. Тој додаде дека „во моментот најзагрижувачко е тоа што буквално секое сценарио е можно. Не сме виделе ваква ситуација од 1945 година“. Туск наведе дека е сведок на револуција во европскиот менталитет. Никој повеќе не ја доведува во прашање потребата од заедничка одбрана. Погледнете ја Германија, каде што се случи огромен пресврт. Денес, ЦДУ и ГСДП се натпреваруваат кој од нив е попроукраински, истакна Туск. Тој повика и на поконзистентна заштита на надворешните граници на ЕУ. ЕУ во целина, како моќна организација, мора да биде ментално подготвена да се бори за безбедноста на нашите граници и територија, посочи Туск. Рано утрово полските и сојузничките авиони беа ставени во состојба на готовност откако Русија изврши ракетни напади врз Украина.

The post Туск: Почна нова ера на војни во Европа appeared first on Република.

]]>
Туск: ЕК утре ќе ги одблокира фондовите за закрепнувањето на Полска https://republika.mk/vesti/svet/tusk-ek-utre-ke-gi-odblokira-fondovite-za-zakrepnuvaneto-na-polska/ Thu, 22 Feb 2024 15:49:09 +0000 https://republika.mk/?p=747098

Претставниците на Европската комисија утре ќе објават дека Брисел ги деблокира средствата за закрепнување на Полска од Ковид-19, изјави денеска полскиот премиер Доналд Туск.

„Утре ќе слушнеме од претставниците на Европската унија дека конечно се деблокирани средствата од Националниот план за закрепнување на Полска“, изјави Туск во Парламентот.

Полскиот министер за правда Адам Боднер во вторникот во Брисел го претстави акцискиот план „за обновување на владеењето на правото“, по осум години владеење на партијата „Право и правда“, за кој период за земјата беа замрзнати неколку милијарди евра во фондовите на ЕУ.

Европскиот комесар за правда Дидие Рејндерс изјави дека реакциите на состанокот на Советот за општи работи на ЕУ за акцискиот план за владеење на правото во Полска се многу позитивни.

Европската комисија задржа милијарди евра средства наменети за Полска поради загриженоста за судството.

Новиот полски премиер Доналд Туск вети дека ќе ја врати независноста на судството и ќе ослободи средства, но се соочува со отпор од поддржувачите и сојузниците на партијата Право и правда, вклучително и претседателот Анджеј Дуда и некои судии.

The post Туск: ЕК утре ќе ги одблокира фондовите за закрепнувањето на Полска appeared first on Република.

]]>

Претставниците на Европската комисија утре ќе објават дека Брисел ги деблокира средствата за закрепнување на Полска од Ковид-19, изјави денеска полскиот премиер Доналд Туск.
„Утре ќе слушнеме од претставниците на Европската унија дека конечно се деблокирани средствата од Националниот план за закрепнување на Полска“, изјави Туск во Парламентот.
Полскиот министер за правда Адам Боднер во вторникот во Брисел го претстави акцискиот план „за обновување на владеењето на правото“, по осум години владеење на партијата „Право и правда“, за кој период за земјата беа замрзнати неколку милијарди евра во фондовите на ЕУ. Европскиот комесар за правда Дидие Рејндерс изјави дека реакциите на состанокот на Советот за општи работи на ЕУ за акцискиот план за владеење на правото во Полска се многу позитивни. Европската комисија задржа милијарди евра средства наменети за Полска поради загриженоста за судството. Новиот полски премиер Доналд Туск вети дека ќе ја врати независноста на судството и ќе ослободи средства, но се соочува со отпор од поддржувачите и сојузниците на партијата Право и правда, вклучително и претседателот Анджеј Дуда и некои судии.

The post Туск: ЕК утре ќе ги одблокира фондовите за закрепнувањето на Полска appeared first on Република.

]]>
Полска: Европа мора да се обедини, немаме време https://republika.mk/vesti/svet/polska-evropa-mora-da-se-obedini-nemame-vreme/ Mon, 12 Feb 2024 11:38:18 +0000 https://republika.mk/?p=743188

Полскиот премиер Доналд Туск денеска ќе ги посети Франција и Германија, пренесува Ројтерс и посочува дека трите земји-членки на Европската унија сакаат уште поблиску да се поврзат како одговор на зголемените безбедносни ризици.

Со оглед на тоа што војната во Украина ќе влезе во третата година и евентуалното враќање на Доналд Трамп во Белата куќа, и последователната сомнителна посветеност на САД кон НАТО алијансата, Варшава, Берлин и Париз сметаат дека военото единство е клучно.

„Европа мора да се обедини. Се работи за одговор на прашањето што ќе се случи ако победи Трамп. Немаме време, мораме да имаме поголеми капацитети на одбранбената индустрија“, рече извор во полската влада.

Истиот извор наведува дека на Европа итно и е потребно заедничко производство на оружје и дека Полска повеќе не ја блокира „стратешката автономија“ која има за цел да ја направи Европа помалку зависна од другите.

„Полската влада сега за прв пат вели дека зајакнувањето на европските безбедносни и одбранбени капацитети не е во конфликт со силно НАТО“, рече Дитмар Нитан, германски претставник задолжен за соработка со Полска.

Односите меѓу Полска и Германија се заладија за време на осумгодишното владеење на конзервативната ПиС, бидејќи таа десничарска полска партија го обвини Берлин за сите зла, од миграцијата до енергетската политика.

Но, со враќањето на Туск, поранешниот претседател на Европскиот совет, на чело на владата во Варшава, ќе биде полесно да се оживее „Вајмарскиот триаголник“, платформа започната во 1991 година за политичка соработка меѓу Германија, Франција и Полска.

По средбата на Туск со францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шулц ќе следат средби на министрите за надворешни работи на споменатите земји. Според француски дипломатски извор, ова е нов стимул на европскиот проект, важен во изборната година за Европа и за САД.

Според овој извор, главни теми на разговорот ќе бидат борбата против руските дезинформации и помошта за Украина, како и зајакнувањето на европската воена индустрија. Единствената чувствителна тема останува прашањето за германските воени репарации за Полска за уништувањето за време на Втората светска војна.

Своевремено ПиС бараше исплата на 1,3 милијарди евра, но Берлин одби. Новата полска влада се залага за „покреативно“ решение на проблемот.

The post Полска: Европа мора да се обедини, немаме време appeared first on Република.

]]>

Полскиот премиер Доналд Туск денеска ќе ги посети Франција и Германија, пренесува Ројтерс и посочува дека трите земји-членки на Европската унија сакаат уште поблиску да се поврзат како одговор на зголемените безбедносни ризици. Со оглед на тоа што војната во Украина ќе влезе во третата година и евентуалното враќање на Доналд Трамп во Белата куќа, и последователната сомнителна посветеност на САД кон НАТО алијансата, Варшава, Берлин и Париз сметаат дека военото единство е клучно.
„Европа мора да се обедини. Се работи за одговор на прашањето што ќе се случи ако победи Трамп. Немаме време, мораме да имаме поголеми капацитети на одбранбената индустрија“, рече извор во полската влада.
Истиот извор наведува дека на Европа итно и е потребно заедничко производство на оружје и дека Полска повеќе не ја блокира „стратешката автономија“ која има за цел да ја направи Европа помалку зависна од другите.
„Полската влада сега за прв пат вели дека зајакнувањето на европските безбедносни и одбранбени капацитети не е во конфликт со силно НАТО“, рече Дитмар Нитан, германски претставник задолжен за соработка со Полска.
Односите меѓу Полска и Германија се заладија за време на осумгодишното владеење на конзервативната ПиС, бидејќи таа десничарска полска партија го обвини Берлин за сите зла, од миграцијата до енергетската политика. Но, со враќањето на Туск, поранешниот претседател на Европскиот совет, на чело на владата во Варшава, ќе биде полесно да се оживее „Вајмарскиот триаголник“, платформа започната во 1991 година за политичка соработка меѓу Германија, Франција и Полска. По средбата на Туск со францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шулц ќе следат средби на министрите за надворешни работи на споменатите земји. Според француски дипломатски извор, ова е нов стимул на европскиот проект, важен во изборната година за Европа и за САД. Според овој извор, главни теми на разговорот ќе бидат борбата против руските дезинформации и помошта за Украина, како и зајакнувањето на европската воена индустрија. Единствената чувствителна тема останува прашањето за германските воени репарации за Полска за уништувањето за време на Втората светска војна. Своевремено ПиС бараше исплата на 1,3 милијарди евра, но Берлин одби. Новата полска влада се залага за „покреативно“ решение на проблемот.

The post Полска: Европа мора да се обедини, немаме време appeared first on Република.

]]>
Туск: Трамп донекаде е во право, Европа не смее да се потпира на САД https://republika.mk/vesti/svet/tusk-tramp-donekade-e-vo-pravo-evropa-ne-smee-da-se-potpira-na-sad/ Sun, 11 Feb 2024 19:59:52 +0000 https://republika.mk/?p=742969

Премиерот на Полска, Доналд Туск, денеска изјави дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп е во право за изјавата дека НАТО нема да ги брани членките кои го отежнуваат финансирањето, „бидејќи Европа не смее да се потпира на добрата волја на САД да ја брани, затоа што тоа порано или подоцна ќе заврши со катастрофа“.

– Често сум се спротивставувал на Доналд Трамп, но мора да признаеме дека тој е во право. Ако Европа не почне вистински да се грижи за својата безбедност во поголема мера, ако ја оставиме безбедноста на Европа само на добрата волја и подготвеноста на САД да ја брани, тогаш порано или подоцна тоа ќе заврши со катастрофа, истакна Туск.

Тој додаде дека Европа мора да стане свесна дека е неодржливо да биде економски и цивилизациски џин, а кога станува збор за одбраната да биде џуџе.

– Светот се промени. Денес сите ја гледаме оската на Русија, Кина, Иран, Северна Кореја, која донекаде не потсетува на времето на Студената војна. Како земја на граница со фронтот, мораме да ги разбудиме политичарите и општествата во Европа, да ја сфатат заедничката одбранбена политика како заедничка инвестиција. Европските пари мора да одат и во одбрана, наведе Туск.

Трамп синоќа изјави дека ќе ја охрабри Русија во случај да нападне членка на НАТО, која не ги плаќа своите сметки во Алијансата.

На неговата изјава реагираа генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

– Секоја сугестија дека сојузниците нема да се бранат меѓусебно ја поткопува безбедноста на сите нас, вклучително и на САД, и ги изложува американските и европските војници на зголемен ризик, наведе Столтенберг

Во меѓувреме, на изјавата на Трамп реагираше и претседателот на Европски совет, Шарл Мишел.

– Трансатлантската алијанса ја поддржува безбедноста и просперитетот на Американците, Канаѓаните и Европејците веќе 75 години. Невнимателните изјави за безбедноста и солидарноста на НАТО од членот пет им служат само на интересите на Путин и не носат ниту повеќе безбедност, ниту повеќе мир во светот, напиша Мишел на мрежата Икс.

Тој додаде дека невнимателните изјави за безбедноста и солидарноста на НАТО се во корист на рускиот претседател Владимир Путин и „не носат ниту повеќе безбедност, ниту повеќе мир во светот“.

Трамп е фаворит за републикански претседателски кандидат на изборите што се закажани во ноември.

Според членот пет од Повелбата на НАТО, членките се обврзуваат да ја бранат секоја нација во блокот што е нападната.

The post Туск: Трамп донекаде е во право, Европа не смее да се потпира на САД appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Полска, Доналд Туск, денеска изјави дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп е во право за изјавата дека НАТО нема да ги брани членките кои го отежнуваат финансирањето, „бидејќи Европа не смее да се потпира на добрата волја на САД да ја брани, затоа што тоа порано или подоцна ќе заврши со катастрофа“.
– Често сум се спротивставувал на Доналд Трамп, но мора да признаеме дека тој е во право. Ако Европа не почне вистински да се грижи за својата безбедност во поголема мера, ако ја оставиме безбедноста на Европа само на добрата волја и подготвеноста на САД да ја брани, тогаш порано или подоцна тоа ќе заврши со катастрофа, истакна Туск.
Тој додаде дека Европа мора да стане свесна дека е неодржливо да биде економски и цивилизациски џин, а кога станува збор за одбраната да биде џуџе.
– Светот се промени. Денес сите ја гледаме оската на Русија, Кина, Иран, Северна Кореја, која донекаде не потсетува на времето на Студената војна. Како земја на граница со фронтот, мораме да ги разбудиме политичарите и општествата во Европа, да ја сфатат заедничката одбранбена политика како заедничка инвестиција. Европските пари мора да одат и во одбрана, наведе Туск.
Трамп синоќа изјави дека ќе ја охрабри Русија во случај да нападне членка на НАТО, која не ги плаќа своите сметки во Алијансата. На неговата изјава реагираа генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.
– Секоја сугестија дека сојузниците нема да се бранат меѓусебно ја поткопува безбедноста на сите нас, вклучително и на САД, и ги изложува американските и европските војници на зголемен ризик, наведе Столтенберг
Во меѓувреме, на изјавата на Трамп реагираше и претседателот на Европски совет, Шарл Мишел.
– Трансатлантската алијанса ја поддржува безбедноста и просперитетот на Американците, Канаѓаните и Европејците веќе 75 години. Невнимателните изјави за безбедноста и солидарноста на НАТО од членот пет им служат само на интересите на Путин и не носат ниту повеќе безбедност, ниту повеќе мир во светот, напиша Мишел на мрежата Икс.
Тој додаде дека невнимателните изјави за безбедноста и солидарноста на НАТО се во корист на рускиот претседател Владимир Путин и „не носат ниту повеќе безбедност, ниту повеќе мир во светот“. Трамп е фаворит за републикански претседателски кандидат на изборите што се закажани во ноември. Според членот пет од Повелбата на НАТО, членките се обврзуваат да ја бранат секоја нација во блокот што е нападната.

The post Туск: Трамп донекаде е во право, Европа не смее да се потпира на САД appeared first on Република.

]]>
Туск: Локалните избори во Полска ќе се одржат на 7 април https://republika.mk/vesti/svet/tusk-lokalnite-izbori-vo-polska-ke-se-odrzhat-na-7-april/ Tue, 16 Jan 2024 11:25:19 +0000 https://republika.mk/?p=733577

Локалните избори во Полска ќе се одржат на 7 април, а вториот круг ќе се одржи на 21 април, соопшти на прес-конференција полскиот премиер Доналд Туск, пренесе полската новинска агенција ПАП.

-Денеска одлучив да донесам уредба, која формално треба да биде испратена до Централната изборна комисија заедно со изборниот календар, но одлуката е веќе донесена, рече премиерот.

Според Изборниот законик на Полска, изборите мора да се одржат помеѓу 31 март и 23 април 2024 година.

The post Туск: Локалните избори во Полска ќе се одржат на 7 април appeared first on Република.

]]>

Локалните избори во Полска ќе се одржат на 7 април, а вториот круг ќе се одржи на 21 април, соопшти на прес-конференција полскиот премиер Доналд Туск, пренесе полската новинска агенција ПАП. -Денеска одлучив да донесам уредба, која формално треба да биде испратена до Централната изборна комисија заедно со изборниот календар, но одлуката е веќе донесена, рече премиерот. Според Изборниот законик на Полска, изборите мора да се одржат помеѓу 31 март и 23 април 2024 година.

The post Туск: Локалните избори во Полска ќе се одржат на 7 април appeared first on Република.

]]>
По гласањето за доверба, Доналд Туск се очекува да стане нов премиер на Полска https://republika.mk/vesti/svet/po-glasaneto-za-doverba-donald-tusk-se-ochekuva-da-stane-nov-premier-na-polska/ Mon, 11 Dec 2023 12:16:41 +0000 https://republika.mk/?p=721740

Поранешниот претседател на Европскиот совет, Доналд Туск, се очекува да биде назначен за премиер на Полска, за време на седницата на парламентот која треба да ја плени нацијата.

Полска, членка на Европската унија и НАТО, забележа невидено ниво на интерес за работата на законодавниот дом откако изборите на 15 октомври му дадоа мнозинство на широкиот сојуз на партиите на проевропската унија на чело со Туск, пишува Ројтерс.

Одредени снимки од седниците привлекоа повеќе од милион гледачи на Јутуб, а едно кино во Варшава дури одлучи да ја емитува сесијата на големото платно. Билетите веднаш беа распродадени.

„Понеделник и вторник се два од најважните денови во полската историја од 1989 година“, рече Михал Кобоско, заменик-шеф на партијата „Полска 2050“, која е дел од коалицијата подготвена да ја преземе власта, мислејќи на годината кога заврши комунистичкото владеење.

Националистичката партија Право и правда (ПиС) на актуелниот премиер Матеуш Моравјецки беше прва на изборите, а претседателот Анджеј Дуда, сојузник на ПиС, му го даде првиот удар за формирање влада на досегашниот премиер Матеуш Моравјецки.

Сепак, ова изгледа речиси невозможно бидејќи Моравјецки нема мнозинство, а сите други партии ја отфрлија можноста за соработка со ПиС, чии осум години на власт беа обележани со бројни спорови со Европската унија за прашања, вклучително и независност на судството, кои доведоа до финансиски средства од милијарди. замрзнати.

Моравјецки во понеделник ќе одржи говор пред комората, по што ќе биде изгласана доверба. Иако неговите надежи да остане премиер изгледаат мали, пратеникот на ПиС Радослав Фогиел вели дека неговиот говор ќе биде шанса да ја претстави визијата на партијата за нацијата.

„Ова ќе биде многу добра рамка за нашите идни политички потфати, покажувајќи им на нашите гласачи што сакаме да постигнеме и ако навистина некој друг биде избран за премиер, ова ќе биде многу добар начин да се прават споредби“, рече тој.

ПиС се обиде да ја спротивстави својата мешавина на конзервативни општествени вредности и левичарски економски политики со либералната програма на Туск, за која вели дека е задолжена за странските интереси и рамнодушна кон благосостојбата на помалку богатите Полјаци.

Ако Моравјецки го загуби гласањето, работата за избор на нов премиер ќе падне на парламентот, каде Туск ја има поддршката од јасно мнозинство. Тој потоа ќе се обрати пред комората во вторник.

The post По гласањето за доверба, Доналд Туск се очекува да стане нов премиер на Полска appeared first on Република.

]]>

Поранешниот претседател на Европскиот совет, Доналд Туск, се очекува да биде назначен за премиер на Полска, за време на седницата на парламентот која треба да ја плени нацијата. Полска, членка на Европската унија и НАТО, забележа невидено ниво на интерес за работата на законодавниот дом откако изборите на 15 октомври му дадоа мнозинство на широкиот сојуз на партиите на проевропската унија на чело со Туск, пишува Ројтерс. Одредени снимки од седниците привлекоа повеќе од милион гледачи на Јутуб, а едно кино во Варшава дури одлучи да ја емитува сесијата на големото платно. Билетите веднаш беа распродадени.
„Понеделник и вторник се два од најважните денови во полската историја од 1989 година“, рече Михал Кобоско, заменик-шеф на партијата „Полска 2050“, која е дел од коалицијата подготвена да ја преземе власта, мислејќи на годината кога заврши комунистичкото владеење.
Националистичката партија Право и правда (ПиС) на актуелниот премиер Матеуш Моравјецки беше прва на изборите, а претседателот Анджеј Дуда, сојузник на ПиС, му го даде првиот удар за формирање влада на досегашниот премиер Матеуш Моравјецки. Сепак, ова изгледа речиси невозможно бидејќи Моравјецки нема мнозинство, а сите други партии ја отфрлија можноста за соработка со ПиС, чии осум години на власт беа обележани со бројни спорови со Европската унија за прашања, вклучително и независност на судството, кои доведоа до финансиски средства од милијарди. замрзнати. Моравјецки во понеделник ќе одржи говор пред комората, по што ќе биде изгласана доверба. Иако неговите надежи да остане премиер изгледаат мали, пратеникот на ПиС Радослав Фогиел вели дека неговиот говор ќе биде шанса да ја претстави визијата на партијата за нацијата.
„Ова ќе биде многу добра рамка за нашите идни политички потфати, покажувајќи им на нашите гласачи што сакаме да постигнеме и ако навистина некој друг биде избран за премиер, ова ќе биде многу добар начин да се прават споредби“, рече тој.
ПиС се обиде да ја спротивстави својата мешавина на конзервативни општествени вредности и левичарски економски политики со либералната програма на Туск, за која вели дека е задолжена за странските интереси и рамнодушна кон благосостојбата на помалку богатите Полјаци. Ако Моравјецки го загуби гласањето, работата за избор на нов премиер ќе падне на парламентот, каде Туск ја има поддршката од јасно мнозинство. Тој потоа ќе се обрати пред комората во вторник.

The post По гласањето за доверба, Доналд Туск се очекува да стане нов премиер на Полска appeared first on Република.

]]>
Туск: Доаѓам во Брисел со задача да го вратам местото на Полска во ЕУ https://republika.mk/vesti/svet/tusk-doagam-vo-brisel-so-zadacha-da-go-vratam-mestoto-na-polska-vo-eu/ Wed, 25 Oct 2023 11:20:46 +0000 https://republika.mk/?p=694895

Поранешниот и најверојатно идниот полски премиер Доналд Туск денеска пристигна во Брисел, каде кажа дека доаѓа со мисија да го врати местото на неговата земја во ЕУ.

Пред речиси 10 години, во мојот прв говор како претседател на Европскиот совет, реков дека дојдов во Брисел со чувство за мисија, а тоа можам да го повторам и денеска. Денешната мисија е враќање на местото на мојата земја во Европа и зајакнување на ЕУ, рече Туск.

Резултатите од изборите во Полска јасно покажаа дека демократијата, владеењето на правото, слободата на говорот, европското единство се многу важни за нашите граѓани. Горд сум на моите сонародници – тие докажаа дека не треба да надвладеат антидемократските и антиевропските сили, додаде тој.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, најави дека нејзиниот разговор со Туск денеска ќе влијае на обезбедувањето средства од европскиот буџет за Варшава, поддршката за Украина и стабилноста на економијата на ЕУ.

Рекордна излезност на изборите во Полска претходно овој месец покажа дека Полјаците се силно посветени на демократијата, рече таа.

The post Туск: Доаѓам во Брисел со задача да го вратам местото на Полска во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Поранешниот и најверојатно идниот полски премиер Доналд Туск денеска пристигна во Брисел, каде кажа дека доаѓа со мисија да го врати местото на неговата земја во ЕУ. Пред речиси 10 години, во мојот прв говор како претседател на Европскиот совет, реков дека дојдов во Брисел со чувство за мисија, а тоа можам да го повторам и денеска. Денешната мисија е враќање на местото на мојата земја во Европа и зајакнување на ЕУ, рече Туск. Резултатите од изборите во Полска јасно покажаа дека демократијата, владеењето на правото, слободата на говорот, европското единство се многу важни за нашите граѓани. Горд сум на моите сонародници – тие докажаа дека не треба да надвладеат антидемократските и антиевропските сили, додаде тој. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, најави дека нејзиниот разговор со Туск денеска ќе влијае на обезбедувањето средства од европскиот буџет за Варшава, поддршката за Украина и стабилноста на економијата на ЕУ. Рекордна излезност на изборите во Полска претходно овој месец покажа дека Полјаците се силно посветени на демократијата, рече таа.

The post Туск: Доаѓам во Брисел со задача да го вратам местото на Полска во ЕУ appeared first on Република.

]]>
До крајот на годината цената на лебот ќе скокне до небо, предупредува Доналд Туск https://republika.mk/vesti/svet/do-krajot-na-godinata-cenata-na-lebot-kje-skokne-do-nebo-predupreduva-donald-tusk/ Fri, 01 Apr 2022 08:41:36 +0000 https://republika.mk/?p=481798

Цената на лебот во Полска до крајот на оваа година би можела да се зголеми за четири пати.

Ваквата црна прогноза ја дава шефот на опозициската партија, Граѓанска платформа, поранешниот премиер на Полска, Доналд Туск.

Многу е загрижувачки што лебот, дури и најевтиниот, може да чини 10 злоти (околу 2,5 долари) до крајот на оваа година. Од ова се крева коса... На крајот на краиштата, ние сме свесни што значи тоа насекаде за сите Полјаци без исклучок - изјави Туск за радио станицата „Полсат њуз“.

Според ТАСС, во моментов цената на обичен леб со тежина од 0,5 килограми во Полска варира на околу 2,2-2,6 злоти.

Поради растечките цени на лебот и пекарските производи, Туск ја повика владата да организира поддршка за полските земјоделски производители.

The post До крајот на годината цената на лебот ќе скокне до небо, предупредува Доналд Туск appeared first on Република.

]]>

Цената на лебот во Полска до крајот на оваа година би можела да се зголеми за четири пати. Ваквата црна прогноза ја дава шефот на опозициската партија, Граѓанска платформа, поранешниот премиер на Полска, Доналд Туск.
Многу е загрижувачки што лебот, дури и најевтиниот, може да чини 10 злоти (околу 2,5 долари) до крајот на оваа година. Од ова се крева коса... На крајот на краиштата, ние сме свесни што значи тоа насекаде за сите Полјаци без исклучок - изјави Туск за радио станицата „Полсат њуз“.
Според ТАСС, во моментов цената на обичен леб со тежина од 0,5 килограми во Полска варира на околу 2,2-2,6 злоти. Поради растечките цени на лебот и пекарските производи, Туск ја повика владата да организира поддршка за полските земјоделски производители.  

The post До крајот на годината цената на лебот ќе скокне до небо, предупредува Доналд Туск appeared first on Република.

]]>
Туск: Секоја отстапка кон Русија ќе биде искористена против нас https://republika.mk/vesti/svet/tusk-sekoja-otstapka-kon-rusija-kje-bide-iskoristena-protiv-nas/ Thu, 10 Mar 2022 19:09:25 +0000 https://republika.mk/?p=470876

Поранешниот претседател на Европскиот совет, Доналд Туск, се изјасни против каква било форма на отстапки кон Русија во обидот да се запре војната во Украина.

Секоја наша слабост, секоја наша отстапка ќе биде искористена против нас. Колку се построги санкциите, толку е поголема нашата солидарност со Украина, толку е поголема шансата да се избегне најлошото сценарио, а тоа е војна на наша територија - изјави Туск.

Говорејќи пред средбата на лидерите на земјите од ЕУ, претседателот на Европската народна партија порача дека европското „помирување“ со Русија во изминатата деценија е „можеби најголемата геополитичка грешка“.

The post Туск: Секоја отстапка кон Русија ќе биде искористена против нас appeared first on Република.

Доналд Туск испрати честитка до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски https://republika.mk/vesti/makedonija/donald-tusk-isprati-chestitka-do-pretsedatelot-na-vmro-dpmne-hristijan-mickoski/ Thu, 13 Jan 2022 18:27:28 +0000 https://republika.mk/?p=444308

Претседателот на ЕПП, Доналд Туск, испрати честитка до Христијан Мицкоски, за реизборот како претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Сакам срдечно да ви честитам за реизборот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ на Конгресот на партијата.

По многу успешните локални избори на кои ВМРО-ДПМНЕ победи во повеќето градови – вклучувајќи ги и силните резултати во главниот град Скопје – убеден сум дека и вашиот реизбор ќе придонесе за вбризгување на нова енергија во партијата.

Мило ми што се запознав и со новата партиска доктрина која што беше усвоена на Конгресот, која се фокусира на најважните предизвици со кои се соочува земјата, а тоа се борбата против корупцијата и потребата од дигитализација и реформи за зајакнување на економскиот развој на земјата и нејзино придвижување на Европскиот пат, кои што се клучни столбови за иднината.

Убеден сум дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да води силна и конструктивна опозиција, што ќе овозможи да си ја врати поранешната сила на идните парламентарни избори, а притоа сметам на вас, да продолжите да се држите до европските и вредностите на ЕПП.

Ви посакувам успех во новиот мандат - се наведува во честитката на Туск до Мицкоски..

The post Доналд Туск испрати честитка до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ЕПП, Доналд Туск, испрати честитка до Христијан Мицкоски, за реизборот како претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Сакам срдечно да ви честитам за реизборот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ на Конгресот на партијата.   По многу успешните локални избори на кои ВМРО-ДПМНЕ победи во повеќето градови – вклучувајќи ги и силните резултати во главниот град Скопје – убеден сум дека и вашиот реизбор ќе придонесе за вбризгување на нова енергија во партијата.   Мило ми што се запознав и со новата партиска доктрина која што беше усвоена на Конгресот, која се фокусира на најважните предизвици со кои се соочува земјата, а тоа се борбата против корупцијата и потребата од дигитализација и реформи за зајакнување на економскиот развој на земјата и нејзино придвижување на Европскиот пат, кои што се клучни столбови за иднината.   Убеден сум дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да води силна и конструктивна опозиција, што ќе овозможи да си ја врати поранешната сила на идните парламентарни избори, а притоа сметам на вас, да продолжите да се држите до европските и вредностите на ЕПП.   Ви посакувам успех во новиот мандат - се наведува во честитката на Туск до Мицкоски..

The post Доналд Туск испрати честитка до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски appeared first on Република.

]]>