донации Archives - Република https://republika.mk/tema/donacii/ За подобро да се разбереме Sun, 10 Nov 2024 15:19:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png донации Archives - Република https://republika.mk/tema/donacii/ 32 32 До август АД МЕПСО имал 10 милиони денари повеќе донации и спонзорства од планираното https://republika.mk/vesti/ekonomija/do-avgust-ad-mepso-imal-10-milioni-denari-poveke-donatsii-i-sponzorstva-od-planiranoto/ Sun, 10 Nov 2024 15:42:23 +0000 https://republika.mk/?p=836126

АД МЕПСО денеска соопшти дека ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година.

Одлуката беше донесена едногласно, на седница на Управниот одбор на АД МЕПСО, предводен од генералниот директор Бурим Љатифи. Заеднички заклучок е дека трошоците и издатоците по оваа основа треба да се стопираат до следната 2025 година, кога овој процес ќе продолжи и понатаму да функционира, но на транспарентен начин и со детално почитување на критериумите предвидени за оваа намена, се наведува во денешното соопштение од АД МЕПСО.

На ваков чекор Управниот Одбор, како што се посочува во соопштението, се одлучил по анализата на долгата листа на донации и спонзорства и паричните средства кои биле доделени од почетокот на годината па се до доаѓање на новото раководство.

Сеопфатниот преглед на нашите служби покажа дека во првите седум месеци од 2024 година претходното раководство на Друштвото, кое наводно делувало согласно Законот за донации и спонзорства во јавни дејности, ја пречекорило финансиската програма за оваа година за речиси 10 милиони денари, велат од АД МЕПСО.

За новиот менаџерски тим, како што нагласуваат, единствен приоритет останува вложувањето исклучиво во продуктивни инвестиции кои се во насока на градење и управување на стабилен и доверлив електропреносен систем на најтранспарентен начин и отчетно.

The post До август АД МЕПСО имал 10 милиони денари повеќе донации и спонзорства од планираното appeared first on Република.

]]>

АД МЕПСО денеска соопшти дека ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година.
Одлуката беше донесена едногласно, на седница на Управниот одбор на АД МЕПСО, предводен од генералниот директор Бурим Љатифи. Заеднички заклучок е дека трошоците и издатоците по оваа основа треба да се стопираат до следната 2025 година, кога овој процес ќе продолжи и понатаму да функционира, но на транспарентен начин и со детално почитување на критериумите предвидени за оваа намена, се наведува во денешното соопштение од АД МЕПСО.
На ваков чекор Управниот Одбор, како што се посочува во соопштението, се одлучил по анализата на долгата листа на донации и спонзорства и паричните средства кои биле доделени од почетокот на годината па се до доаѓање на новото раководство.
Сеопфатниот преглед на нашите служби покажа дека во првите седум месеци од 2024 година претходното раководство на Друштвото, кое наводно делувало согласно Законот за донации и спонзорства во јавни дејности, ја пречекорило финансиската програма за оваа година за речиси 10 милиони денари, велат од АД МЕПСО.
За новиот менаџерски тим, како што нагласуваат, единствен приоритет останува вложувањето исклучиво во продуктивни инвестиции кои се во насока на градење и управување на стабилен и доверлив електропреносен систем на најтранспарентен начин и отчетно.

The post До август АД МЕПСО имал 10 милиони денари повеќе донации и спонзорства од планираното appeared first on Република.

]]>
Како македонските граѓани можат да донираат за настраданите во БиХ? https://republika.mk/zivot/servisi/kako-makedonskite-gragani-mozhat-da-doniraat-za-nastradanite-vo-bih/ Sat, 05 Oct 2024 10:21:00 +0000 https://republika.mk/?p=823012

Црвениот крст на Македонија ги повикува македонските граѓани и правни субјекти да донираат средства за настраданото население од интензивните врнежи во БиХ. Воедно информира дека од своите резерви издови 10.000 евра првична помош и стапи во контакт со Црвениот крст на Босна и Херцеговина. Согласно утврдените потреби, понудена е помош во материјално-технички и човечки ресурси за справување со последиците предизвикани од поплавите.

Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за справување со последиците од пожарите.

Може да се донираат и 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1.

Средства во странска валута може да се уплатат на следниот начин:

NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN

BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE

BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA

BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11

SWIFT CODE: KOBSMK2X

IBAN CODE: MK07300701000001228

-Ве повикуваме уште еднаш да ја покажеме нашата солидарниот да и им помогнеме на настраданите. Интензивните врнежи од дожд кои зафатија делови од БиХ предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, одземајќи човечки животи и огромни материјални штети. Повеќе од 20 станбени единици се целосно уништени, а животот и здравјето на стотици домаќинства се во голем ризик. Согласно досегашните информации изгубени се 24 животи и непознат број на исчезнати. Црвениот крст на Босна и Херцеговина, ги активираше сите расположливи капацитети, со цел спречување и ублажување на човековото страдање и заштита на животот, здравјето и човечкото достоинство. Согласно обемот и интензитетот на настаната катастрофа потребна е дополнителна помош и поддршка, наведува Црвениот крст.

The post Како македонските граѓани можат да донираат за настраданите во БиХ? appeared first on Република.

]]>

Црвениот крст на Македонија ги повикува македонските граѓани и правни субјекти да донираат средства за настраданото население од интензивните врнежи во БиХ. Воедно информира дека од своите резерви издови 10.000 евра првична помош и стапи во контакт со Црвениот крст на Босна и Херцеговина. Согласно утврдените потреби, понудена е помош во материјално-технички и човечки ресурси за справување со последиците предизвикани од поплавите. Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за справување со последиците од пожарите. Може да се донираат и 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1. Средства во странска валута може да се уплатат на следниот начин: NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11 SWIFT CODE: KOBSMK2X IBAN CODE: MK07300701000001228
-Ве повикуваме уште еднаш да ја покажеме нашата солидарниот да и им помогнеме на настраданите. Интензивните врнежи од дожд кои зафатија делови од БиХ предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, одземајќи човечки животи и огромни материјални штети. Повеќе од 20 станбени единици се целосно уништени, а животот и здравјето на стотици домаќинства се во голем ризик. Согласно досегашните информации изгубени се 24 животи и непознат број на исчезнати. Црвениот крст на Босна и Херцеговина, ги активираше сите расположливи капацитети, со цел спречување и ублажување на човековото страдање и заштита на животот, здравјето и човечкото достоинство. Согласно обемот и интензитетот на настаната катастрофа потребна е дополнителна помош и поддршка, наведува Црвениот крст.

The post Како македонските граѓани можат да донираат за настраданите во БиХ? appeared first on Република.

]]>
Внимавајте: Измамник собира донации во име на Дијана и си ги присвојува https://republika.mk/vesti/vnimavajte-izmamnik-sobira-donatsii-vo-ime-na-dijana-i-si-gi-prisvojuva/ Fri, 27 Sep 2024 14:28:50 +0000 https://republika.mk/?p=820340

Кон крајот на месец април бев контактирана од наш сограѓанин да му дадам дозвола да организира хуманитарни спортски натпревари на кои се собираа средства за моето лекување. Како на сите други повици за различни иницијативи со иста цел, да ми се помогне, дадов согласност и за овој кошаркарски турнир, пишува на Фејсбук, Дијана Димчевска Наумоска.

Во нејзиниот статус понатаму стои:
Пет месеци подоцна лицето ми има дадено само 500€, а доколку само дел од моите сознанија се точни, има земено многу повеќе.
Не само од наводните спортски натпревари туку и барајќи пари за мене од човек на човек, од врата на врата, од фирма до фирма...
Меѓу луѓето кои дале има и моја фамилија, познаници... кои лично ми се јавија за да ме известат.
Низ месеците мислев дека сето тоа е завршено, но тој продолжувал да собира пари во мое име.
Ова го објавувам со цел да не бидите измамени!
Доколку сите овие информации што стигаат до мене се вистините, можам да кажам дека:
Ова младо момче, наш сограѓанин
ВЕ ЛАЖЕ дека ми помага
ЈА ЗЛОУПОТРЕБУВА мојата болест
ВРШИ ИЗМАМА низ градот и околните села!
Јас сакав само да објавам за сите кои донираа преку него, да знаат каде завршиле нивните пари, а Господ си го има својот суд понатака.
Доколку сакате да помогнете за моето лекување, тоа може да го направите со донирање на мојата жиро сметка 200002512150321-Стопанска банка АД Скопје или преку апелите кои се споделени од моја страна. Ви благодарам на сите ♥️

The post Внимавајте: Измамник собира донации во име на Дијана и си ги присвојува appeared first on Република.

]]>

Кон крајот на месец април бев контактирана од наш сограѓанин да му дадам дозвола да организира хуманитарни спортски натпревари на кои се собираа средства за моето лекување. Како на сите други повици за различни иницијативи со иста цел, да ми се помогне, дадов согласност и за овој кошаркарски турнир, пишува на Фејсбук, Дијана Димчевска Наумоска. Во нејзиниот статус понатаму стои: Пет месеци подоцна лицето ми има дадено само 500€, а доколку само дел од моите сознанија се точни, има земено многу повеќе. Не само од наводните спортски натпревари туку и барајќи пари за мене од човек на човек, од врата на врата, од фирма до фирма... Меѓу луѓето кои дале има и моја фамилија, познаници... кои лично ми се јавија за да ме известат. Низ месеците мислев дека сето тоа е завршено, но тој продолжувал да собира пари во мое име. Ова го објавувам со цел да не бидите измамени! Доколку сите овие информации што стигаат до мене се вистините, можам да кажам дека: Ова младо момче, наш сограѓанин ВЕ ЛАЖЕ дека ми помага ЈА ЗЛОУПОТРЕБУВА мојата болест ВРШИ ИЗМАМА низ градот и околните села! Јас сакав само да објавам за сите кои донираа преку него, да знаат каде завршиле нивните пари, а Господ си го има својот суд понатака. Доколку сакате да помогнете за моето лекување, тоа може да го направите со донирање на мојата жиро сметка 200002512150321-Стопанска банка АД Скопје или преку апелите кои се споделени од моја страна. Ви благодарам на сите ♥️

The post Внимавајте: Измамник собира донации во име на Дијана и си ги присвојува appeared first on Република.

]]>
МЕПСО давал донации за портали, фитнес клуб, школа за танц… https://republika.mk/vesti/makedonija/mepso-daval-donatsii-za-portali-fitnes-klub-shkola-za-tants/ Wed, 28 Aug 2024 07:17:25 +0000 https://republika.mk/?p=810747

Иако за годинава за спонзорства и донации државната компанија МЕПСО планирала да потроши 12.300.000 денари, до јуни годинава за тоа се потрошиле 22.712.500 денари, нешто повеќе од 10 милиони денари од планираното. „МКД.мк“ чекаше повеќе од еден месец на одговорите на прашањата за критериумите на распределбата на парите за донации и спонзорства и за причината за пречекорувањето на предвидениот фонд. Одговор нема.

Според документите кои ги доби поратолот, на листата од 33 поделени донации и спонзорства, најбројни се спортските клубови, а најголем дел од парите биле доделени на затворот Идризово во Скопје (5.945.000 денари), на Здравствениот дом Скопје (2.900.000 денари) и на ЈЗУ Мајка Тереза (2.767.500 денари).

Сепак, останува нејасно според кои критериуми МЕПСО доделил 400 илјади денари, на пример на Здружението за слобода на говор и професионално известување Брианион од Демир Хисар. Ова здружение се јавува како издавач на порталите sportm.mk, 4news.mk, sofra.mk и onix.mk.

На листата е и Здружението на граѓани за промоција 22 Нентор кое во февруари годинава добило 120.000 денари. 22 Ноември е Ден на азбуката на албанскиот јазик.

За дел од примателите на донациите, како на пример СЕСОН и ОФ на Македонија на интернет не може да се најдат никакви податоци.

Картинг клубот Рено од МЕПСО како донација доби 150.000 денари. Школото за танц Прима данца во април добило 300.000 денари како спонзорство.

МЕПСО дало пари и за филмаџиите - друштвото за филмска и аудиовизуелна продукција ПИК продукција од Прилеп добило 300.000 денари донација.

И она што е најинтересно, а тоа е како менаџменот на МЕПСО може да ја образложи донацијата за фитнес клубот Динамикс од Кичево од 200 илајди денари.

Извор: МКД.мк

The post МЕПСО давал донации за портали, фитнес клуб, школа за танц… appeared first on Република.

]]>

Иако за годинава за спонзорства и донации државната компанија МЕПСО планирала да потроши 12.300.000 денари, до јуни годинава за тоа се потрошиле 22.712.500 денари, нешто повеќе од 10 милиони денари од планираното. „МКД.мк“ чекаше повеќе од еден месец на одговорите на прашањата за критериумите на распределбата на парите за донации и спонзорства и за причината за пречекорувањето на предвидениот фонд. Одговор нема. Според документите кои ги доби поратолот, на листата од 33 поделени донации и спонзорства, најбројни се спортските клубови, а најголем дел од парите биле доделени на затворот Идризово во Скопје (5.945.000 денари), на Здравствениот дом Скопје (2.900.000 денари) и на ЈЗУ Мајка Тереза (2.767.500 денари). Сепак, останува нејасно според кои критериуми МЕПСО доделил 400 илјади денари, на пример на Здружението за слобода на говор и професионално известување Брианион од Демир Хисар. Ова здружение се јавува како издавач на порталите sportm.mk, 4news.mk, sofra.mk и onix.mk. На листата е и Здружението на граѓани за промоција 22 Нентор кое во февруари годинава добило 120.000 денари. 22 Ноември е Ден на азбуката на албанскиот јазик. За дел од примателите на донациите, како на пример СЕСОН и ОФ на Македонија на интернет не може да се најдат никакви податоци. Картинг клубот Рено од МЕПСО како донација доби 150.000 денари. Школото за танц Прима данца во април добило 300.000 денари како спонзорство. МЕПСО дало пари и за филмаџиите - друштвото за филмска и аудиовизуелна продукција ПИК продукција од Прилеп добило 300.000 денари донација. И она што е најинтересно, а тоа е како менаџменот на МЕПСО може да ја образложи донацијата за фитнес клубот Динамикс од Кичево од 200 илајди денари. Извор: МКД.мк

The post МЕПСО давал донации за портали, фитнес клуб, школа за танц… appeared first on Република.

]]>
Да го вратиме Матео дома! https://republika.mk/zivot/da-go-vratime-mateo-doma/ Wed, 05 Jun 2024 20:28:07 +0000 https://republika.mk/?p=785089

Матео од Скопје кој има две годинки е итно пренесен и хоспитализиран во “Институт за здраствену заштиту мајке и детета Србија“ под дијагноза Syndroma haemolyticouaremica D 59.3. Семејството апелира добронамерните луѓе да помогнат со донирање парични средства за Матео да може да се врати дома, откако ќе биде спроведена дијализата како резултат на акутната промена на бубрезите!

Малиот Матео боледува од болест која доведува до брзо откажување на функцијата на бубрезите, хемолитичка анемија и намалување на бројот на тромбоцитите. Со оглед на сериозноста на дијагнозата, како и последиците од истата по краткиот престој во Систина малиот Матео е однесен во Србија каде лекувањето продолжува. Во моментот состојбата се подобрува, но финансиите кои се потребни се превисоки за семејството да може да ги подмири. Семејството е одбиено од ФЗО!

Сите хумани луѓе што сакаат да донираат парични средства за малиот Матео може да го направат тоа преку Ecrowd.mk платформата.

The post Да го вратиме Матео дома! appeared first on Република.

]]>

Матео од Скопје кој има две годинки е итно пренесен и хоспитализиран во “Институт за здраствену заштиту мајке и детета Србија“ под дијагноза Syndroma haemolyticouaremica D 59.3. Семејството апелира добронамерните луѓе да помогнат со донирање парични средства за Матео да може да се врати дома, откако ќе биде спроведена дијализата како резултат на акутната промена на бубрезите! Малиот Матео боледува од болест која доведува до брзо откажување на функцијата на бубрезите, хемолитичка анемија и намалување на бројот на тромбоцитите. Со оглед на сериозноста на дијагнозата, како и последиците од истата по краткиот престој во Систина малиот Матео е однесен во Србија каде лекувањето продолжува. Во моментот состојбата се подобрува, но финансиите кои се потребни се превисоки за семејството да може да ги подмири. Семејството е одбиено од ФЗО! Сите хумани луѓе што сакаат да донираат парични средства за малиот Матео може да го направат тоа преку Ecrowd.mk платформата.

The post Да го вратиме Матео дома! appeared first on Република.

]]>
Лични предмети на Анте Поповски и Матеја Матевски од денеска пред посетителите на Музејот на македонската борба за самостојност https://republika.mk/vesti/kultura/lichni-predmeti-na-ante-popovski-i-mateja-matevski-od-deneska-pred-posetitelite-na-muzejot-na-makedonskata-borba-za-samostojnost/ Fri, 31 May 2024 09:21:12 +0000 https://republika.mk/?p=783428

Донации на лични фондови на Анте Поповски и на Матеја Матевски синоќа беа промовирани
во НУ Музеј на македонската борба за самостојност.

Благодарение на соработката со семејствата Поповски и Матевски, музејот ги збогатува
фондовите со подарени материјали за еминентните претставници на втората генерација македонски книжевници чии дела оставија силен печат врз општествената и културната сцена во втората половина на 20. век, беше потенцирано синоќа на свеченоста.

 

На промоцијата се обратија Ана Китановиќ, в.д. директор и автор, м-р Данијела Трајкова Крстиќ, виш кустос и автор, како и Александар Поповски, син на Анте Поповски и Денко Матевски, син на Матеја Матевски.

Голема благодарност до семејствата за укажаната доверба во Музејот на македонската борба, донирајќи материјали што претставуваат значајно дополнување на музејскиот фонд, рекоа од Музејот на македонската борба.

Анте Поповски (1931, Лазарополе – 2003, Скопје) е македонски книжевник, поет и есеист,
публицист, сценарист, продуцент, преведувач, општественик и академик. Како член на МАНУ и
Светската академија на поезијата на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО), се профилира како еден од афирматорите на македонска книжевна и културна сцена на национално, но и на меѓународно ниво.

Ако изборот на предметите ја искажува душата на еден човек, ако според изгледот на неговата соба може да се суди за неговата душа, тогаш ние како семејство сме среќни што неговата душа од денес ќе живее во колективната душа на македонскиот народ, на најсветлите негови синови. Неговите предмети не се веќе само наши, туку на Македонија, за која живееше. Затоа, Анте, татко наш, имај вечен живот под покривот на небесна Македонија, истакна, меѓу другото, Александар, синот на Анте Поповски, по повод отворањето на постојаната поставка во Музејот на македонската борба за самостојност посветена на Анте Поповски.

По овој повод на настанот беше прочитана пораката од писателот Венко Андоновски.

Се сеќаваш ли Анте, кога првпат летав со авион со тебе во Варшава, на писателски конгрес, како младо момче штотуку зачекорено во книжевноста, на кое ти му пружаше книжевна поддршка и му го држеше стравот во авионот, водејќи упорно разговор за да престанам да мислам на летот? Тогаш од Варшава ми купи еден мал часовник и една стара мапа на Македонија, што ја пронајдовме во една антикварница. Е па, драг Анте, бидејќи имаше опсесија од собирање часовници и стари мапи на Македонија, се радувам што твоето време од денес ќе се мери со исконското време од старите мапи од наша Македонија, и тоа во Музејот на македонската борба, единственото место достојно да го собере твоето време, твојата љубов кон отечеството и твојата светска, а македонска поезија, химна на светлината на човештвото. И особено се радувам што ова твое селење во вечноста на македонската светлина се случува токму на денот кога она момче што го држеше за рака во авионот за Варшава, денес полни 60 лета. Со љубов, Твој Венко.

Матеја Матевски (1929, Истанбул, Турција – 2018, Скопје) е значајна личност во македонската современа литература и култура, поет на европската лирика, есеист, новинар, преведувач, литературен и театарски критичар. Истакнат општественик и член на МАНУ од 1970 година со значаен придонес во областа на книжевноста и културата на Македонија.

Денко Матевски се заблагодари на сите присутни и рече дека не е убеден дека го бидува за обраќање пред публика како неговиот татко, но дека ќе се обиде.

Иницијативата почната со претходната директорка на Музејот на македонската борба, Даниела Николова во целост се реализираше со професионалниот тим на Музејот и актуелната директорка Ана Китановиќ. Ние како семејство во иднина сме подготвени да ја надградиме и прошириме оваа донација на Матеја Матевски. На музејот му посакувам да истрае со овој проект и да отвори повеќе простор за други наши значајни творци кои со своите дела имаат придонес во борбата за афирмација на македонскиот јазик и култура во светот, рече Матевски.

The post Лични предмети на Анте Поповски и Матеја Матевски од денеска пред посетителите на Музејот на македонската борба за самостојност appeared first on Република.

]]>

Донации на лични фондови на Анте Поповски и на Матеја Матевски синоќа беа промовирани во НУ Музеј на македонската борба за самостојност.
Благодарение на соработката со семејствата Поповски и Матевски, музејот ги збогатува фондовите со подарени материјали за еминентните претставници на втората генерација македонски книжевници чии дела оставија силен печат врз општествената и културната сцена во втората половина на 20. век, беше потенцирано синоќа на свеченоста.
  На промоцијата се обратија Ана Китановиќ, в.д. директор и автор, м-р Данијела Трајкова Крстиќ, виш кустос и автор, како и Александар Поповски, син на Анте Поповски и Денко Матевски, син на Матеја Матевски.
Голема благодарност до семејствата за укажаната доверба во Музејот на македонската борба, донирајќи материјали што претставуваат значајно дополнување на музејскиот фонд, рекоа од Музејот на македонската борба.
Анте Поповски (1931, Лазарополе – 2003, Скопје) е македонски книжевник, поет и есеист, публицист, сценарист, продуцент, преведувач, општественик и академик. Како член на МАНУ и Светската академија на поезијата на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО), се профилира како еден од афирматорите на македонска книжевна и културна сцена на национално, но и на меѓународно ниво.
Ако изборот на предметите ја искажува душата на еден човек, ако според изгледот на неговата соба може да се суди за неговата душа, тогаш ние како семејство сме среќни што неговата душа од денес ќе живее во колективната душа на македонскиот народ, на најсветлите негови синови. Неговите предмети не се веќе само наши, туку на Македонија, за која живееше. Затоа, Анте, татко наш, имај вечен живот под покривот на небесна Македонија, истакна, меѓу другото, Александар, синот на Анте Поповски, по повод отворањето на постојаната поставка во Музејот на македонската борба за самостојност посветена на Анте Поповски.
По овој повод на настанот беше прочитана пораката од писателот Венко Андоновски.
Се сеќаваш ли Анте, кога првпат летав со авион со тебе во Варшава, на писателски конгрес, како младо момче штотуку зачекорено во книжевноста, на кое ти му пружаше книжевна поддршка и му го држеше стравот во авионот, водејќи упорно разговор за да престанам да мислам на летот? Тогаш од Варшава ми купи еден мал часовник и една стара мапа на Македонија, што ја пронајдовме во една антикварница. Е па, драг Анте, бидејќи имаше опсесија од собирање часовници и стари мапи на Македонија, се радувам што твоето време од денес ќе се мери со исконското време од старите мапи од наша Македонија, и тоа во Музејот на македонската борба, единственото место достојно да го собере твоето време, твојата љубов кон отечеството и твојата светска, а македонска поезија, химна на светлината на човештвото. И особено се радувам што ова твое селење во вечноста на македонската светлина се случува токму на денот кога она момче што го држеше за рака во авионот за Варшава, денес полни 60 лета. Со љубов, Твој Венко.
Матеја Матевски (1929, Истанбул, Турција – 2018, Скопје) е значајна личност во македонската современа литература и култура, поет на европската лирика, есеист, новинар, преведувач, литературен и театарски критичар. Истакнат општественик и член на МАНУ од 1970 година со значаен придонес во областа на книжевноста и културата на Македонија. Денко Матевски се заблагодари на сите присутни и рече дека не е убеден дека го бидува за обраќање пред публика како неговиот татко, но дека ќе се обиде.
Иницијативата почната со претходната директорка на Музејот на македонската борба, Даниела Николова во целост се реализираше со професионалниот тим на Музејот и актуелната директорка Ана Китановиќ. Ние како семејство во иднина сме подготвени да ја надградиме и прошириме оваа донација на Матеја Матевски. На музејот му посакувам да истрае со овој проект и да отвори повеќе простор за други наши значајни творци кои со своите дела имаат придонес во борбата за афирмација на македонскиот јазик и култура во светот, рече Матевски.

The post Лични предмети на Анте Поповски и Матеја Матевски од денеска пред посетителите на Музејот на македонската борба за самостојност appeared first on Република.

]]>
Уметникот Илија Прокопиев донираше дела и ја збогати колекцијата на МСУ https://republika.mk/vesti/kultura/umetnikot-ilija-prokopiev-donirashe-dela-i-ja-zbogati-kolektsijata-na-msu/ Tue, 14 May 2024 09:27:00 +0000 https://republika.mk/?p=777879

Трендот реномирани домашни и светски познати уметници да донираат дела на МСУ – Скопје продолжува.

Музејот на современата уметност – Скопје е симбол на солидарноста на некогашно солидарно Скопје, а познатите уметници се свесни за значењето на музејот, па затоа ја збогатуваат вредната колекција.

ИЛИЈА ПРОКОПИЕВ | ILIJA PROKOPIEV
Реликвии на заемно разбирање | Relics of mutual understanding | 2015-2023
Серија на асамблажи | А series of assemblages | различни димензии | variable dimensions
Со љубезна дозвола од уметникот и PrivatePrint Studio | Courtesy of the Artist and PrivatePrint Studio

„Реликвии на заемно разбирање“ е инсталација која се состои од серија осум дела асамблажи. Делата се сведоштво за сложените врски што нè поврзуваат, приказните што нè дефинираат и убавината што произлегува од нашата колективна ранливост, нагласувајќи ја заедничката хуманост и меѓусебната поврзаност со постоењето на останатите видови. Оттука, целата инсталација е манифестација на деликатната рамнотежа помеѓу органското и изработеното, метафора за заедничката кршливост, но и цврстината и отпорот во рамките на поширокиот екосистем.

The post Уметникот Илија Прокопиев донираше дела и ја збогати колекцијата на МСУ appeared first on Република.

]]>

Трендот реномирани домашни и светски познати уметници да донираат дела на МСУ – Скопје продолжува.

Музејот на современата уметност – Скопје е симбол на солидарноста на некогашно солидарно Скопје, а познатите уметници се свесни за значењето на музејот, па затоа ја збогатуваат вредната колекција.

ИЛИЈА ПРОКОПИЕВ | ILIJA PROKOPIEV
Реликвии на заемно разбирање | Relics of mutual understanding | 2015-2023
Серија на асамблажи | А series of assemblages | различни димензии | variable dimensions
Со љубезна дозвола од уметникот и PrivatePrint Studio | Courtesy of the Artist and PrivatePrint Studio

„Реликвии на заемно разбирање“ е инсталација која се состои од серија осум дела асамблажи. Делата се сведоштво за сложените врски што нè поврзуваат, приказните што нè дефинираат и убавината што произлегува од нашата колективна ранливост, нагласувајќи ја заедничката хуманост и меѓусебната поврзаност со постоењето на останатите видови. Оттука, целата инсталација е манифестација на деликатната рамнотежа помеѓу органското и изработеното, метафора за заедничката кршливост, но и цврстината и отпорот во рамките на поширокиот екосистем.

The post Уметникот Илија Прокопиев донираше дела и ја збогати колекцијата на МСУ appeared first on Република.

]]>
Да ја покажеме хуманоста: Малата Искра има потреба од сите нас https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/da-ja-pokazheme-humanosta-malata-iskra-ima-potreba-od-site-nas/ Tue, 26 Mar 2024 21:39:25 +0000 https://republika.mk/?p=759115

Искра е 17 месечно детенце кое е родено со спинална мускулна атрофија – Тип 1. Искра не знае што значи да дишеш слободно, со полни гради бидејќи е на респиратор од раѓање, и не може да живее без него. Искра никогаш во животот нема вкусено храна, бидејќи се храни со назогастрична сонда која и влегува преку носето. Нејзината приказна ќе го скрши и најтврдокорното срце: имала 6 операции на нејзиното мало срценце досега, една од нив и на дијафрагмата, со цел да се дијагностицира состојбата, но оваа болест е толку ретка, што ваквите генетски тестови кај нас ги има само во МАНУ, но проблемот со ретките болести е што треба некој да ги препознае за да знае да упати каков тест да се направи. Малата Искра имала среќа, во белградскиот педијатар кој работел во Систина и кој во неможноста Искра да ги движи рачињата ја препознал болеста и ги упатил на тестирање.

Искра никогаш не земала воздух, и не може да дише без респиратор, а знаеме каква е ситуацијата за респиратори кај нас: таа користела респиратор од петгодишниот Петар, кој за жал починал, и неговите родители го предале за Искра. За жал, респираторот откажал пред 5 дена, на 22 март, по што Искра била транспортирана на Клиниката за детски болести, но и таму откажал респираторот, и сега е Искра во Систина, во исчекување да и помогнеме да се купи мобилен респиратор.

Не постои цена за да може Искра да земе здив. Во име на таткото Гоце Трајковски, Ве молиме да одвоите колку што имате за да се спаси ова мало, невино детенце, кое веќе видело многу страдање во својот краток живот.

ДОНИРАЈТЕ ТУКА за респираторот за Искра да се набави што поскоро!

The post Да ја покажеме хуманоста: Малата Искра има потреба од сите нас appeared first on Република.

]]>

Искра е 17 месечно детенце кое е родено со спинална мускулна атрофија – Тип 1. Искра не знае што значи да дишеш слободно, со полни гради бидејќи е на респиратор од раѓање, и не може да живее без него. Искра никогаш во животот нема вкусено храна, бидејќи се храни со назогастрична сонда која и влегува преку носето. Нејзината приказна ќе го скрши и најтврдокорното срце: имала 6 операции на нејзиното мало срценце досега, една од нив и на дијафрагмата, со цел да се дијагностицира состојбата, но оваа болест е толку ретка, што ваквите генетски тестови кај нас ги има само во МАНУ, но проблемот со ретките болести е што треба некој да ги препознае за да знае да упати каков тест да се направи. Малата Искра имала среќа, во белградскиот педијатар кој работел во Систина и кој во неможноста Искра да ги движи рачињата ја препознал болеста и ги упатил на тестирање. Искра никогаш не земала воздух, и не може да дише без респиратор, а знаеме каква е ситуацијата за респиратори кај нас: таа користела респиратор од петгодишниот Петар, кој за жал починал, и неговите родители го предале за Искра. За жал, респираторот откажал пред 5 дена, на 22 март, по што Искра била транспортирана на Клиниката за детски болести, но и таму откажал респираторот, и сега е Искра во Систина, во исчекување да и помогнеме да се купи мобилен респиратор. Не постои цена за да може Искра да земе здив. Во име на таткото Гоце Трајковски, Ве молиме да одвоите колку што имате за да се спаси ова мало, невино детенце, кое веќе видело многу страдање во својот краток живот. ДОНИРАЈТЕ ТУКА за респираторот за Искра да се набави што поскоро!

The post Да ја покажеме хуманоста: Малата Искра има потреба од сите нас appeared first on Република.

]]>
Доктор Лазаров: Тука можеш здрав да влезеш во болница и да излезеш мртов https://republika.mk/vesti/makedonija/doktor-lazarov-tuka-mozhesh-zdrav-da-vlezesh-vo-bolnitsa-i-da-izlezesh-mrtov/ Tue, 12 Mar 2024 11:47:27 +0000 https://republika.mk/?p=754012

Јас сум дел од овој здравствен систем и навистина имав верба дека нешто ќе се смени. Тука можеш здрав да влезеш во болница и да излезеш мртов, истакна доктор Ненад Лазаров во гостувањето на Алфа телевизија каде говореше за ECrowd.mk, македонска платформа за донации и поддршка.

Прашан за тоа на кој начин како општество се доведовме граѓаните кои се болни да немаат кому да му се обратат и да мора самите меѓусебно да се помагаме, тој вели дека оваа држава е 30 години жртва на криминал и ограбување.

-Фондот за здравство е еден хибриден метастатски тумор во оваа држава кој само дренира ненормални суми на пари, а ефектуира минимално. Минатата година, половина од здравствени услуги граѓаните на оваа земја ги платија приватно. Ако тоа не е доволна причина овој народ да стане и да каже „доста е веќе“…, вели Лазаров.

Во однос на ECrowd.mk, доктор Лазаров им порачува на граѓаните да не се грижат, бидејќи тој со името и презимето стои позади тоа.

-Нема да дозволиме никаква злоупотреба, дециден е докторот кој појасни на кој начин фукционираат, како се организирани и како се прави приоритетност во однос на акциите.

Токму преку ECrowd.mk за помалку од 24 часа беа собрани паричните средства за малата Срна.

Во тек се акции за донирање за лекувањето на малите Кара и Никола, но и други акции кои може да ги погледнете на ECrowd.mk.

The post Доктор Лазаров: Тука можеш здрав да влезеш во болница и да излезеш мртов appeared first on Република.

]]>

Јас сум дел од овој здравствен систем и навистина имав верба дека нешто ќе се смени. Тука можеш здрав да влезеш во болница и да излезеш мртов, истакна доктор Ненад Лазаров во гостувањето на Алфа телевизија каде говореше за ECrowd.mk, македонска платформа за донации и поддршка. Прашан за тоа на кој начин како општество се доведовме граѓаните кои се болни да немаат кому да му се обратат и да мора самите меѓусебно да се помагаме, тој вели дека оваа држава е 30 години жртва на криминал и ограбување. -Фондот за здравство е еден хибриден метастатски тумор во оваа држава кој само дренира ненормални суми на пари, а ефектуира минимално. Минатата година, половина од здравствени услуги граѓаните на оваа земја ги платија приватно. Ако тоа не е доволна причина овој народ да стане и да каже „доста е веќе“…, вели Лазаров. Во однос на ECrowd.mk, доктор Лазаров им порачува на граѓаните да не се грижат, бидејќи тој со името и презимето стои позади тоа. -Нема да дозволиме никаква злоупотреба, дециден е докторот кој појасни на кој начин фукционираат, како се организирани и како се прави приоритетност во однос на акциите. Токму преку ECrowd.mk за помалку од 24 часа беа собрани паричните средства за малата Срна. Во тек се акции за донирање за лекувањето на малите Кара и Никола, но и други акции кои може да ги погледнете на ECrowd.mk.

The post Доктор Лазаров: Тука можеш здрав да влезеш во болница и да излезеш мртов appeared first on Република.

]]>
ВМРО ДПМНЕ: „Донациите на медицинска опрема“ од веледрогериите на двоецот ДУИ-СДС станаа „бонбона бизнис“ во здравството https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-donatsiite-na-meditsinska-oprema-od-veledrogeriite-na-dvoetsot-dui-sds-stanaa-bonbona-biznis-vo-zdravstvoto/ Tue, 05 Mar 2024 07:56:45 +0000 https://republika.mk/?p=751286

„Донациите на медицинска опрема" од веледрогериите на двоецот ДУИ - СДС станаа воспоставена пракса или популарно наречено „бонбона бизнис" во здравството. Имено, пред камерите се сече лента, а позади камерите се сече колачот, реагираат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.

Од Комисијата отвораат низа дилеми и прашања:

За каква "донација на опрема" станува збор ако истата функционира исклучиво со компатибилни реагенси или материјали кои „донаторот" единствено ги поседува и ги продава по цена која самиот ја диктира?

Има ли транспарентност, конкуренција, еднаков третман, недискриминација и рационалност при трошењето на буџетските средства кај ваквите постапки?

Дали ваквите донации претставуваат доброволна и безусловна помош од јавен интерес, без материјална корист за давателот?

Дали станува збор за донации или за лукративни дејствија со кои свесно се заобиколуваат законите што ја уредуваат оваа проблематика?

Ве уверуваме дека ова ќе биде проверено веднаш по промена на власта, а за евентуалните злоупотреби ќе се преземат соодветни правни дејствија, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.

The post ВМРО ДПМНЕ: „Донациите на медицинска опрема“ од веледрогериите на двоецот ДУИ-СДС станаа „бонбона бизнис“ во здравството appeared first on Република.

]]>

„Донациите на медицинска опрема" од веледрогериите на двоецот ДУИ - СДС станаа воспоставена пракса или популарно наречено „бонбона бизнис" во здравството. Имено, пред камерите се сече лента, а позади камерите се сече колачот, реагираат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ. Од Комисијата отвораат низа дилеми и прашања: За каква "донација на опрема" станува збор ако истата функционира исклучиво со компатибилни реагенси или материјали кои „донаторот" единствено ги поседува и ги продава по цена која самиот ја диктира? Има ли транспарентност, конкуренција, еднаков третман, недискриминација и рационалност при трошењето на буџетските средства кај ваквите постапки? Дали ваквите донации претставуваат доброволна и безусловна помош од јавен интерес, без материјална корист за давателот? Дали станува збор за донации или за лукративни дејствија со кои свесно се заобиколуваат законите што ја уредуваат оваа проблематика?
Ве уверуваме дека ова ќе биде проверено веднаш по промена на власта, а за евентуалните злоупотреби ќе се преземат соодветни правни дејствија, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.

The post ВМРО ДПМНЕ: „Донациите на медицинска опрема“ од веледрогериите на двоецот ДУИ-СДС станаа „бонбона бизнис“ во здравството appeared first on Република.

]]>
Антонија Гиговска викендов ќе го промовира својот прв албум: Нема да се продава, ако сте во можност, оставете онолку колку што вие сметате дека треба, а средства ќе одат за лекувањето на Лео https://republika.mk/scena/antonija-gigovska-vikendov-ke-go-promovira-svojot-prv-album-nema-da-se-prodava-ako-ste-vo-mozhnost-ostavete-onolku-kolku-shto-vie-smetate-deka-treba-a-sredstva-ke-odat-za-lekuvaneto-na-leo/ Fri, 01 Mar 2024 08:48:03 +0000 https://republika.mk/?p=749879

Поп-пејачката Антониа Гиговска в недела (3 март) од 18 часот ќе го промовира својот прв албум „2001“, кој е насловен по годината кога е родена. Промоцијата е од отворен тип и ќе се одржи во приземјето во „Сити мол“ во Скопје, а сите обожаватели на Гиговска бесплатно ќе го добијат албумот на УСБ.

На албумот има 15 песни, од кои повеќето се на продуцентот Лазар Цветковски. Има и песни од Дарко Димитров, но и од легендарниот композитор Кире Костов, со чија музика Антониа ја започна кариерата.

„Песната од Кире Костов се вика ‘За нас’ и ми е многу драга. Го викав дедо Кире и ќе го паметам како секогаш насемеан и распеан човек. Тој беше душа од човек“, ни рече поп-пејачката.

„Ги канам сите кои вистински ја сакаат и ја слушаат мојата музика да дојдат на промоцијата на мојот прв албум ‘2001‘ и да се дружиме во ‘Скопје Сити мол‘ на 3 март на главниот влез во 18 часот. Ќе пееме, ќе се сликаме и на сите ќе им го подарам мојот албум“, вели Гиговска.

На промоцијата ќе има и кутија за собирање пари за помош за Леонид Индов, кој се повреди на летување во Грција.

„Албумот нема да се продава, но ако сте во можност, оставете онолку колку што вие сметате дека треба, а собраните средства ќе одат за лекувањето на Лео“, вели Гиговска.

The post Антонија Гиговска викендов ќе го промовира својот прв албум: Нема да се продава, ако сте во можност, оставете онолку колку што вие сметате дека треба, а средства ќе одат за лекувањето на Лео appeared first on Република.

]]>

Поп-пејачката Антониа Гиговска в недела (3 март) од 18 часот ќе го промовира својот прв албум „2001“, кој е насловен по годината кога е родена. Промоцијата е од отворен тип и ќе се одржи во приземјето во „Сити мол“ во Скопје, а сите обожаватели на Гиговска бесплатно ќе го добијат албумот на УСБ.
На албумот има 15 песни, од кои повеќето се на продуцентот Лазар Цветковски. Има и песни од Дарко Димитров, но и од легендарниот композитор Кире Костов, со чија музика Антониа ја започна кариерата. „Песната од Кире Костов се вика ‘За нас’ и ми е многу драга. Го викав дедо Кире и ќе го паметам како секогаш насемеан и распеан човек. Тој беше душа од човек“, ни рече поп-пејачката. „Ги канам сите кои вистински ја сакаат и ја слушаат мојата музика да дојдат на промоцијата на мојот прв албум ‘2001‘ и да се дружиме во ‘Скопје Сити мол‘ на 3 март на главниот влез во 18 часот. Ќе пееме, ќе се сликаме и на сите ќе им го подарам мојот албум“, вели Гиговска. На промоцијата ќе има и кутија за собирање пари за помош за Леонид Индов, кој се повреди на летување во Грција. „Албумот нема да се продава, но ако сте во можност, оставете онолку колку што вие сметате дека треба, а собраните средства ќе одат за лекувањето на Лео“, вели Гиговска.

The post Антонија Гиговска викендов ќе го промовира својот прв албум: Нема да се продава, ако сте во можност, оставете онолку колку што вие сметате дека треба, а средства ќе одат за лекувањето на Лео appeared first on Република.

]]>
Сред бел ден ја грабна кутијата за хуманитарна помош: Дрска кражба ги шокираше граѓаните на Белград https://republika.mk/vesti/balkan/sred-bel-den-ja-grabna-kutijata-za-humanitarna-pomosh-drska-krazhba-gi-shokirashe-graganite-na-belgrad/ Sun, 14 Jan 2024 18:19:48 +0000 https://republika.mk/?p=732965

Срамна кражба на кутија за донации поставена од киоск во близина на храмот Свети Сава во Белград, е фатена на снимка објавена на социјалните мрежи. На видсеото се гледа како непознат човек приоѓа, а потоа пред работникот ја зема кутијата однадвор и бега.

Според serbialive_beograd, парите од кутијата биле наменети за помош на Црковната кујна на Верскиот добротворен фонд на СПЦ и за помош на загрозените семејства.

Ги молиме сите луѓе да ни помогнат да ја надоместиме оваа загуба според нивните можности. Нашите најранливи сонародници се во загуба, бидејќи парите од кутијата се наменети за нив“ пишува во описот на објавата.

Набрзо следеа коментари полни со осуда за сторениот криминал.

„Каде ќе ти оди душата?“; „Нека размисли, а вие врзете ги кутиите за донации за да не бидат украдени“, „Дали си поважен за себе отколку да го спасиш животот на детето и здравјето на тоа дете“, се само некои од објавените коментари.

The post Сред бел ден ја грабна кутијата за хуманитарна помош: Дрска кражба ги шокираше граѓаните на Белград appeared first on Република.

]]>

Срамна кражба на кутија за донации поставена од киоск во близина на храмот Свети Сава во Белград, е фатена на снимка објавена на социјалните мрежи. На видсеото се гледа како непознат човек приоѓа, а потоа пред работникот ја зема кутијата однадвор и бега. Според serbialive_beograd, парите од кутијата биле наменети за помош на Црковната кујна на Верскиот добротворен фонд на СПЦ и за помош на загрозените семејства.
Ги молиме сите луѓе да ни помогнат да ја надоместиме оваа загуба според нивните можности. Нашите најранливи сонародници се во загуба, бидејќи парите од кутијата се наменети за нив“ пишува во описот на објавата.
Набрзо следеа коментари полни со осуда за сторениот криминал.
„Каде ќе ти оди душата?“; „Нека размисли, а вие врзете ги кутиите за донации за да не бидат украдени“, „Дали си поважен за себе отколку да го спасиш животот на детето и здравјето на тоа дете“, се само некои од објавените коментари.

The post Сред бел ден ја грабна кутијата за хуманитарна помош: Дрска кражба ги шокираше граѓаните на Белград appeared first on Република.

]]>
Скрин Медиа во 2021 на ДУИ ѝ продала рекламен простор, па ѝ донирала пари за локалните избори https://republika.mk/vesti/makedonija/skrin-media-vo-2021-na-dui-prodala-reklamen-prostor-pa-donirala-pari-za-lokalnite-izbori/ Sat, 09 Sep 2023 19:19:22 +0000 https://republika.mk/?p=680351

Рекламни паноа и билборди фирмата „Скрин медиа“ ѝ изнајмила на ДУИ за време на локалните избори во 2021, а истовремено таа година, била еден од најголемите донатори на партијата, oбјави Телма.

Директор на „Скрин медиа“ е Елмедин Адеми, кој е и прв човек на фирмата „Еуровиа“, која е во  фокусот на јавноста откако го доби тендерот од 1,8 милиони евра за преадаптација на спортскиот центар „Борис Трајковски“ заради Самитот на ОБСЕ што треба да се одржи во декември.

„Скрин Медиа“ како што покажува годишниот извештај за донации за 2021, на ДУИ ѝ донирала речиси 20 илјади евра. Додека пак фирмата од партијата за своите услуги наплатила речиси 34 илјади евра и дополнителни околу 3000 евра за изборите за Совет на Општина Тетово кои се одржаа наредната година. „Скрин медиа“ за потребите за изборната кампања за локалните избори била ангажирана од сите партии, но само на ДУИ и донирала пари.

Законот забранува политички партии да се финансираат од „приватни претпријатија кои во моментот на давање прилог за политичката партија вршат јавни услуги за државни органи или за јавни установи, претпријатија и фондови по пат на договор“.

Во изминатите три години Адеми и фирмите блиски до него-„Еуровиа“,„Скрин медиа“,„Виаком“, „Талента“, „Енеа“ и „Адел“, ѝ донирале на ДУИ скоро 160 илјади евра.

„Талента“, иако во 2021 година не функционирала под ова име, сепак е на листата на донатори на ДУИ. Во 2020 година „Талента“ била прекрстена во „Виаком“. Фирмата на партијата ѝ ја донирала истата сум на пари како Скрин медиа или речиси 20 илјади евра.

Самостојно Адеми на ДУИ лани ѝ донирал двојно повеќе пари од сите имиња на листата. Додека пак заедно со „Еуровиа“ и „Виаком“ пет пати повеќе од останатите донатори или вкупно 100 илјади евра.

„Скрин медиа“ освен за локалните, била ангажирана и за предвремените парламентарни избори во 2020 година. За своите услуги за време на изборните кампањи фирмата вкупно на партиите им наплатила околу 332 илјади евра.

The post Скрин Медиа во 2021 на ДУИ ѝ продала рекламен простор, па ѝ донирала пари за локалните избори appeared first on Република.

]]>

Рекламни паноа и билборди фирмата „Скрин медиа“ ѝ изнајмила на ДУИ за време на локалните избори во 2021, а истовремено таа година, била еден од најголемите донатори на партијата, oбјави Телма. Директор на „Скрин медиа“ е Елмедин Адеми, кој е и прв човек на фирмата „Еуровиа“, која е во  фокусот на јавноста откако го доби тендерот од 1,8 милиони евра за преадаптација на спортскиот центар „Борис Трајковски“ заради Самитот на ОБСЕ што треба да се одржи во декември. „Скрин Медиа“ како што покажува годишниот извештај за донации за 2021, на ДУИ ѝ донирала речиси 20 илјади евра. Додека пак фирмата од партијата за своите услуги наплатила речиси 34 илјади евра и дополнителни околу 3000 евра за изборите за Совет на Општина Тетово кои се одржаа наредната година. „Скрин медиа“ за потребите за изборната кампања за локалните избори била ангажирана од сите партии, но само на ДУИ и донирала пари. Законот забранува политички партии да се финансираат од „приватни претпријатија кои во моментот на давање прилог за политичката партија вршат јавни услуги за државни органи или за јавни установи, претпријатија и фондови по пат на договор“. Во изминатите три години Адеми и фирмите блиски до него-„Еуровиа“,„Скрин медиа“,„Виаком“, „Талента“, „Енеа“ и „Адел“, ѝ донирале на ДУИ скоро 160 илјади евра. „Талента“, иако во 2021 година не функционирала под ова име, сепак е на листата на донатори на ДУИ. Во 2020 година „Талента“ била прекрстена во „Виаком“. Фирмата на партијата ѝ ја донирала истата сум на пари како Скрин медиа или речиси 20 илјади евра. Самостојно Адеми на ДУИ лани ѝ донирал двојно повеќе пари од сите имиња на листата. Додека пак заедно со „Еуровиа“ и „Виаком“ пет пати повеќе од останатите донатори или вкупно 100 илјади евра. „Скрин медиа“ освен за локалните, била ангажирана и за предвремените парламентарни избори во 2020 година. За своите услуги за време на изборните кампањи фирмата вкупно на партиите им наплатила околу 332 илјади евра.

The post Скрин Медиа во 2021 на ДУИ ѝ продала рекламен простор, па ѝ донирала пари за локалните избори appeared first on Република.

]]>
На Бојан Крстески му е потребна помош за успешно лечење во Италија https://republika.mk/zivot/na-bojan-krsteski-mu-e-potrebna-pomosh-za-uspeshno-lechene-vo-italija/ Wed, 06 Sep 2023 09:30:17 +0000 https://republika.mk/?p=679265

Бојан Крстески почна успешно да се лекува во Италија од стеноза на жолчни патишта во црниот дроб.

Според информациите од неговите најблиски, досега интервенциите чинеле 65 000 евра, но ќе треба уште 3 пати да оди во болницата Гемели во Рим, а тоа се уште 40 000 евра.

Од државата добил само 11 000 евра, а од досегашни донации платил дел, ама потребни се уште барем 40 000.

„Дали ќе успее да преживее Бојан зависи од Бога, од д-р Иво и болницата Гемели, ама и од нас даги мои и од други хумани луѓе“, пишува во објавата на Фејсбук.

The post На Бојан Крстески му е потребна помош за успешно лечење во Италија appeared first on Република.

]]>

Бојан Крстески почна успешно да се лекува во Италија од стеноза на жолчни патишта во црниот дроб. Според информациите од неговите најблиски, досега интервенциите чинеле 65 000 евра, но ќе треба уште 3 пати да оди во болницата Гемели во Рим, а тоа се уште 40 000 евра. Од државата добил само 11 000 евра, а од досегашни донации платил дел, ама потребни се уште барем 40 000. „Дали ќе успее да преживее Бојан зависи од Бога, од д-р Иво и болницата Гемели, ама и од нас даги мои и од други хумани луѓе“, пишува во објавата на Фејсбук.

The post На Бојан Крстески му е потребна помош за успешно лечење во Италија appeared first on Република.

]]>
Ива од Велес се бори со последиците од леукемијата, да ѝ бидеме ветар во грб https://republika.mk/zivot/zdravje/iva-od-veles-se-bori-so-posleditsite-od-leukemijata-da-bideme-vetar-vo-grb/ Wed, 14 Jun 2023 13:17:55 +0000 https://republika.mk/?p=651376

Ива Милошевска, 21-годишна девојка од Велес, објави видеа во кои ја споделува својата битка со леукемијата и лекувањата во болница.

Таа ја раскажа својата приказна за да испрати апел до сите оние кои можат да ѝ помогнат со донирање на финансиски средства. Ива вели дека во овие тешки моменти се справува со помошта на нејзината мајка, која зема минимална плата.

Тие тешко успеваат да ги покријат сите трошоци за лекувањето, па ајде заедно да им помогнеме во овие лоши моменти.

https://www.tiktok.com/@milosevska23/video/7241927909403888901?is_from_webapp=1&sender_device=pc

Веќе 2 години се лечам од леукемија, поточно акутна миелобластна леукемија. За рок од овие две години, поминав низ многу тешки и неубави моменти кои не би ги посакала на никого. Но, за овие две години, истовремено и научив што е тоа човек да биде позитивен, што е тоа човек да се бори за самиот себе, што е тоа човек да ја сака и почитува својата фамилија, што е тоа човек да живее вистински со љубов и да цени сè што има.

Ова видео го снимам со молба и апел за помош до оние кои би можеле да ми помогнат да се донираат парични средства со кои јас би можела да го продолжам своето лекување. Поточно, моето лекување, односно мојата болест леукемија како леукемија е излечена, но имам многу сериозни последици од неа кои траат многу подолго од тоа што траеше самата болест.

Како што гледате и моментално се наоѓам во болница. Во рок од овие изминати две години, можам слободно да кажам дека повеќе време престојувам во болница, отколку во својот сопствен дом. Јасно ни е на сите дека леукемијата не се лечи тукутака, дека не е минлива работа, посебно за човек чија трансплантација е од несроден донор, од човек кој не припаѓа и не е дел од моето семејство.

Сепак, причината поради која го снимам ова видео се парични средства. Колку и да не сакам да го направам ова, сум приморана, затоа што во оваа битка се бориме јас и мојата мајка сами, а мојата мајка заработува толку минимална и мизерна плата, што искрено за ова денешно време и скапи работи, реално не можеме да достигнеме сè. Исто како што не можеме да достигнеме да ги купуваме сите лекови и да го платиме секој пат, идење и одење Велес за Скопје и секое лежење овде и купување на храна. Би била многу благодарна доколку од срце ми помогнете. Господ е со сите.

https://www.tiktok.com/@milosevska23/video/7241927673646222598?is_from_webapp=1&sender_device=pc

The post Ива од Велес се бори со последиците од леукемијата, да ѝ бидеме ветар во грб appeared first on Република.

]]>

Ива Милошевска, 21-годишна девојка од Велес, објави видеа во кои ја споделува својата битка со леукемијата и лекувањата во болница. Таа ја раскажа својата приказна за да испрати апел до сите оние кои можат да ѝ помогнат со донирање на финансиски средства. Ива вели дека во овие тешки моменти се справува со помошта на нејзината мајка, која зема минимална плата. Тие тешко успеваат да ги покријат сите трошоци за лекувањето, па ајде заедно да им помогнеме во овие лоши моменти. https://www.tiktok.com/@milosevska23/video/7241927909403888901?is_from_webapp=1&sender_device=pc
Веќе 2 години се лечам од леукемија, поточно акутна миелобластна леукемија. За рок од овие две години, поминав низ многу тешки и неубави моменти кои не би ги посакала на никого. Но, за овие две години, истовремено и научив што е тоа човек да биде позитивен, што е тоа човек да се бори за самиот себе, што е тоа човек да ја сака и почитува својата фамилија, што е тоа човек да живее вистински со љубов и да цени сè што има. Ова видео го снимам со молба и апел за помош до оние кои би можеле да ми помогнат да се донираат парични средства со кои јас би можела да го продолжам своето лекување. Поточно, моето лекување, односно мојата болест леукемија како леукемија е излечена, но имам многу сериозни последици од неа кои траат многу подолго од тоа што траеше самата болест. Како што гледате и моментално се наоѓам во болница. Во рок од овие изминати две години, можам слободно да кажам дека повеќе време престојувам во болница, отколку во својот сопствен дом. Јасно ни е на сите дека леукемијата не се лечи тукутака, дека не е минлива работа, посебно за човек чија трансплантација е од несроден донор, од човек кој не припаѓа и не е дел од моето семејство. Сепак, причината поради која го снимам ова видео се парични средства. Колку и да не сакам да го направам ова, сум приморана, затоа што во оваа битка се бориме јас и мојата мајка сами, а мојата мајка заработува толку минимална и мизерна плата, што искрено за ова денешно време и скапи работи, реално не можеме да достигнеме сè. Исто како што не можеме да достигнеме да ги купуваме сите лекови и да го платиме секој пат, идење и одење Велес за Скопје и секое лежење овде и купување на храна. Би била многу благодарна доколку од срце ми помогнете. Господ е со сите.
https://www.tiktok.com/@milosevska23/video/7241927673646222598?is_from_webapp=1&sender_device=pc

The post Ива од Велес се бори со последиците од леукемијата, да ѝ бидеме ветар во грб appeared first on Република.

]]>
Фирмата на внукот на Адеми, која ќе гради полициска станица, донирала за ДУИ трипати над дозволеното https://republika.mk/vesti/makedonija/firmata-na-vnukot-na-ademi-koja-ke-gradi-politsiska-stanitsa-donirala-za-dui-tripati-nad-dozvolenoto/ Mon, 22 May 2023 18:46:33 +0000 https://republika.mk/?p=643726

Фирмата за градежништво „Еуровиа ДООЕЛ“ на Ељмедин Адеми, внук на поранешниот министер Абдулаќим Адеми, минатиот месец го доби тендерот за изградба на нов објект на полициската станица Аеродром, пренесува „Фокус“, потенцирајќи дека вредноста на набавката чии носител е МВР на министерот Оливер Спасовски изнесува нешто над 2 милиони евра.

Фирмата која ќе ја гради полициската станица е избрана од „четврта среќа“, откако претходно три пати постапката била поништувана. Истражувањето на овој тендер објавено во последниот број на неделникот „Фокус“ не само што не доведе до најголемиот донатор на ДУИ за 2022 година, туку откри уште еден скандал.

Имено, фирмата „Еуровиа“ која ќе ја гради полициската станица во Аеродром, чија изградба треба да стартува оваа година, и нејзиниот сопственик Ељмедин Адеми се најголеми донатори на ДУИ за 2022 година. Притоа, се отвора и прашањето дали овие донации го надминуваат законски дозволениот лимит?

Повеќе на „Фокус

The post Фирмата на внукот на Адеми, која ќе гради полициска станица, донирала за ДУИ трипати над дозволеното appeared first on Република.

]]>

Фирмата за градежништво „Еуровиа ДООЕЛ“ на Ељмедин Адеми, внук на поранешниот министер Абдулаќим Адеми, минатиот месец го доби тендерот за изградба на нов објект на полициската станица Аеродром, пренесува „Фокус“, потенцирајќи дека вредноста на набавката чии носител е МВР на министерот Оливер Спасовски изнесува нешто над 2 милиони евра. Фирмата која ќе ја гради полициската станица е избрана од „четврта среќа“, откако претходно три пати постапката била поништувана. Истражувањето на овој тендер објавено во последниот број на неделникот „Фокус“ не само што не доведе до најголемиот донатор на ДУИ за 2022 година, туку откри уште еден скандал. Имено, фирмата „Еуровиа“ која ќе ја гради полициската станица во Аеродром, чија изградба треба да стартува оваа година, и нејзиниот сопственик Ељмедин Адеми се најголеми донатори на ДУИ за 2022 година. Притоа, се отвора и прашањето дали овие донации го надминуваат законски дозволениот лимит? Повеќе на „Фокус

The post Фирмата на внукот на Адеми, која ќе гради полициска станица, донирала за ДУИ трипати над дозволеното appeared first on Република.

]]>
За насмевката на Аце, завртете на овие броеви https://republika.mk/zivot/servisi/za-nasmevkata-na-atse-zavrtete-na-ovie-broevi/ Sat, 20 May 2023 13:13:21 +0000 https://republika.mk/?p=642981

Да му помогнеме на Аце што побрзо да се врати на безгрижната детска игра.
Аце има 8 години и по втор пат е опериран од тумор во мозокот.
Нашето момче треба да продолжи со посебен радиолошки третман надвор од нашата држава за што се потребни финансиски средства од 80.000 евра. Да донираме сите за Аце и да му помогнеме во неговиот пат кон излекувањето…
Можеби не сме сите создадени да правиме големи работи. Но, затоа можеме да правиме мали работи со многу љубов.
Завртете на броевите:
А1- 143-480
Т-мобиле 143- 129
И направете мала но важна работа: Ова дете и понатаму да се смее и да му се радува на животот!!!💞🧡❤️

The post За насмевката на Аце, завртете на овие броеви appeared first on Република.

]]>

Да му помогнеме на Аце што побрзо да се врати на безгрижната детска игра. Аце има 8 години и по втор пат е опериран од тумор во мозокот. Нашето момче треба да продолжи со посебен радиолошки третман надвор од нашата држава за што се потребни финансиски средства од 80.000 евра. Да донираме сите за Аце и да му помогнеме во неговиот пат кон излекувањето… Можеби не сме сите создадени да правиме големи работи. Но, затоа можеме да правиме мали работи со многу љубов. Завртете на броевите: А1- 143-480 Т-мобиле 143- 129 И направете мала но важна работа: Ова дете и понатаму да се смее и да му се радува на животот!!!💞🧡❤️

The post За насмевката на Аце, завртете на овие броеви appeared first on Република.

]]>
Стефковски застана на чело на одборот за собирање на средства за лекување на 19-годишниот Никола https://republika.mk/vesti/skopje/stefkovski-zastana-na-chelo-na-odborot-za-sobirane-na-sredstva-za-lekuvane-na-19-godishniot-nikola/ Mon, 03 Apr 2023 20:09:50 +0000 https://republika.mk/?p=626870

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски застана на чело на одборот за собирање на средства за лекување на 19-годишниот Никола.

„Ова е официјалната страна преку која во следниот период ќе се објавуваат сите активности и информации поврзани со собирање на средствата за лекување на нашиот Никола.

Како градоначалник на општина Гази Баба, но пред се како човек ќе ја предводам групата на луѓе, организирана како иницијативен одбор кои изминатиот период до мене доставија низа на предлози за реализација на активности во насока на собирање на потребните средства за лекување на младиот Никола.

Приклучете се и споделете ја страна“ – посочи градоначалникот.

The post Стефковски застана на чело на одборот за собирање на средства за лекување на 19-годишниот Никола appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски застана на чело на одборот за собирање на средства за лекување на 19-годишниот Никола. „Ова е официјалната страна преку која во следниот период ќе се објавуваат сите активности и информации поврзани со собирање на средствата за лекување на нашиот Никола. Како градоначалник на општина Гази Баба, но пред се како човек ќе ја предводам групата на луѓе, организирана како иницијативен одбор кои изминатиот период до мене доставија низа на предлози за реализација на активности во насока на собирање на потребните средства за лекување на младиот Никола. Приклучете се и споделете ја страна“ – посочи градоначалникот.

The post Стефковски застана на чело на одборот за собирање на средства за лекување на 19-годишниот Никола appeared first on Република.

]]>
Се изнаплукавте? A, зошто никој не напиша пофален збор за Македонците, најсиромашен народ во Европа, а веднаш се самоорганизираа за да помогнат https://republika.mk/vesti/makedonija/se-iznaplukavte-a-zoshto-nikoj-ne-napisha-pofalen-zbor-za-makedontsite-najsiromashen-narod-vo-evropa-a-vednash-se-samoorganiziraa-za-da-pomognat/ Tue, 14 Feb 2023 14:43:03 +0000 https://republika.mk/?p=608980

Се изнаплукавте ли доволно???

Три дена по ред читам како плукате и го поганите мојот народ само затоа што во донациите кои се мераат со тони и тони, случајно некому се протнало долен веш или некоја стара износена сандала. Па нели е нормално во спакуваните стари алишта да се најде нешто што не е соодветно? Зарем тоа е толкав голем проблем за некои несреќни луѓе кои загубиле буквално се' во животот?

Старата сандала и долниот веш ги забележавте веднаш, меѓутоа никој не ги забележа илјадниците Македонци кои со солзи во очите, од сите страни на градот се слеваа кон плоштадот со цел да помогнат на нашите пријатели од Турција - како знаат и умеат.

А зошто никој не напиша пофален збор за Македонците, кои иако се најсиромашен народ во Европа, веднаш се мобилизираа и самоорганизираа за да помогнат. Кој колку може, кој што има - меѓутоа од срце. А толку се има, толку се може.

Бев таму и бев сведок како стари баби и дедовци плачеа на цел глас од жал за жртвите и м'кнеа огромни црни вреќи полни со облека, со искрена желба да помогнат на жртвите од ужасниот земјотрес.

Меѓутоа додека бев таму исто така видов како вреќите со облека невнимателно се истураат на земја од страна на тие кои ги примаа и како според некое нивно видување беа бирани одредени парчиња облека, додека другите се шутираа насекаде. Видов и многу солидни јакни, блузи и панталони, кои беа во многу подобра состојба од тие што моите деца секојдневно ги носат на себе, како беа расфрлувани насекаде. А видов и како на пунктот има закачено само турски и албански знамиња, меѓутоа ниту едно македонско, а и тие државни знамиња што беа закачени првите денови мистериозно ги снема од таму. Исто така видов како два багери товареа тешки камиони со донациите и при тоа плочките кои се наменети за пешаци се кршеа под тежината на огромните машини. И видов како плоштадот се претвора во гнасна депонија.

И сега сакам да прашам, дали и Вие го забележавте ова и дали не мислите дека наместо да плукате по најсиромашниот и најпитомиот народ кој секогаш е полн со емпатија и љубов кон сите други народи, треба да ја побарате вината во организаторот? Дали не може државата да организира вистински пункт кој што ќе биде достапен за тешки и за лесни возила? Дали не може да организира луѓе кои соодветно ќе ја распределат помошта во кутии онака како што доликува да се прати помош на еден пријателски народ? И зарем не може веднаш тоа што не е соодветно да се стави во контејнери и да се однесе на депонија? Да не поставувам прашања, колку од донациите (и парични и материјални) ќе завршат таму каде што вистински се најпотребни?

Немојте да плукате по Македонците. Тие помагаат секогаш и секаде, колку што можат. Нашиот народ од своја уста ќе одвои, меѓутоа и тоа малку - ќе го даде од душа.

А исто така сум сигурен дека тие што најмногу плукаат - најмалку даваат.

И на крајот, сакам по не знам кој пат да кажам дека никогаш не сум сретнал народ кој себе си толку многу се мрази и омаловажува. Затоа сме и тука каде што сме.

На дното.

Извор: Игор Довезенски 

The post Се изнаплукавте? A, зошто никој не напиша пофален збор за Македонците, најсиромашен народ во Европа, а веднаш се самоорганизираа за да помогнат appeared first on Република.

]]>

Се изнаплукавте ли доволно??? Три дена по ред читам како плукате и го поганите мојот народ само затоа што во донациите кои се мераат со тони и тони, случајно некому се протнало долен веш или некоја стара износена сандала. Па нели е нормално во спакуваните стари алишта да се најде нешто што не е соодветно? Зарем тоа е толкав голем проблем за некои несреќни луѓе кои загубиле буквално се' во животот? Старата сандала и долниот веш ги забележавте веднаш, меѓутоа никој не ги забележа илјадниците Македонци кои со солзи во очите, од сите страни на градот се слеваа кон плоштадот со цел да помогнат на нашите пријатели од Турција - како знаат и умеат. А зошто никој не напиша пофален збор за Македонците, кои иако се најсиромашен народ во Европа, веднаш се мобилизираа и самоорганизираа за да помогнат. Кој колку може, кој што има - меѓутоа од срце. А толку се има, толку се може. Бев таму и бев сведок како стари баби и дедовци плачеа на цел глас од жал за жртвите и м'кнеа огромни црни вреќи полни со облека, со искрена желба да помогнат на жртвите од ужасниот земјотрес. Меѓутоа додека бев таму исто така видов како вреќите со облека невнимателно се истураат на земја од страна на тие кои ги примаа и како според некое нивно видување беа бирани одредени парчиња облека, додека другите се шутираа насекаде. Видов и многу солидни јакни, блузи и панталони, кои беа во многу подобра состојба од тие што моите деца секојдневно ги носат на себе, како беа расфрлувани насекаде. А видов и како на пунктот има закачено само турски и албански знамиња, меѓутоа ниту едно македонско, а и тие државни знамиња што беа закачени првите денови мистериозно ги снема од таму. Исто така видов како два багери товареа тешки камиони со донациите и при тоа плочките кои се наменети за пешаци се кршеа под тежината на огромните машини. И видов како плоштадот се претвора во гнасна депонија. И сега сакам да прашам, дали и Вие го забележавте ова и дали не мислите дека наместо да плукате по најсиромашниот и најпитомиот народ кој секогаш е полн со емпатија и љубов кон сите други народи, треба да ја побарате вината во организаторот? Дали не може државата да организира вистински пункт кој што ќе биде достапен за тешки и за лесни возила? Дали не може да организира луѓе кои соодветно ќе ја распределат помошта во кутии онака како што доликува да се прати помош на еден пријателски народ? И зарем не може веднаш тоа што не е соодветно да се стави во контејнери и да се однесе на депонија? Да не поставувам прашања, колку од донациите (и парични и материјални) ќе завршат таму каде што вистински се најпотребни? Немојте да плукате по Македонците. Тие помагаат секогаш и секаде, колку што можат. Нашиот народ од своја уста ќе одвои, меѓутоа и тоа малку - ќе го даде од душа. А исто така сум сигурен дека тие што најмногу плукаат - најмалку даваат. И на крајот, сакам по не знам кој пат да кажам дека никогаш не сум сретнал народ кој себе си толку многу се мрази и омаловажува. Затоа сме и тука каде што сме. На дното. Извор: Игор Довезенски 

The post Се изнаплукавте? A, зошто никој не напиша пофален збор за Македонците, најсиромашен народ во Европа, а веднаш се самоорганизираа за да помогнат appeared first on Република.

]]>
Вечерни фустани, обувки за фрлање, стара облека оставија граѓани за настраданите во земјотресот во Турција https://republika.mk/vesti/skopje/vecherni-fustani-obuvki-za-frlane-stara-obleka-ostavija-gragani-za-nastradanite-vo-zemjotresot-vo-turtsija/ Tue, 14 Feb 2023 09:48:01 +0000 https://republika.mk/?p=608737

Вечерни фустани, облека и обувки што се за фрлање, влечки за на плажа, стара и замирисана облека и слични нешта кои се комплетно неупотребливи и непотребни за настраданите во земјотресот во Турција оставија граѓаните на нашата држава на плоштадот „Македонија“. Наместо хуманитарна мисија за оние на кои сега најмногу им е потребно, плоштадот се претвори во купишта со отпад кој ќе треба да се собере и фрли. Реагираат и активистите на кои граѓаните кои наместо донација, од дома го исфрлија ѓубрето, им отворија полни раце непотребна работа.

Студентите и активистите кои доброволно собираат помош на градскиот плоштад во Скопје, во вид на облека, обувки, ќебиња и други потребни работи за луѓето од регионите погодени од земјотресот во Турција и Сирија, апелираат да не се донираат стари и оштетени работи. Тие најавија дека ќе примаат донации само нови продукти во пакувана форма.

Се донираат вечерни фустани, облека и обувки што се за фрлање, папучи за на плажа и слични нешта коишто и нас како студенти не воведуваат во непријатна состојба. Ние мораме после да ги делиме работите што се за фрлање и тие што треба да ги испратиме за луѓето од регионите што беа погодени од земјотресот. И тие се луѓе, колку и да се во тешка состојба не е човечки да донираме работи од коишто сакаме само да се ослободиме и да ги фрлиме“, вели Егемен Ејуп Јуксел, еден од активистите.

Тој истакна дека засега имаат потреба на големи количина кутии и широк селотејп за пакување на целата донација којашто стигнува, како што вели, од страна на добронамерните луѓе, но и за ослободување од предметите што луѓето ги дале, како што рече, едноставно за да се ослободат од тие предмети.

Активистите информираат дека е собрана голема количина помош, но според нив, таа помош не би стигнала до луѓето коишто имаат потреба од истата без помошта на одредени компании.

Тој исто така информираше дека до сега шест шлепери се тргнати кон регионите погодени од земјотресот, а вечерва се очекуваат да стигнат уште четири шлепери за да ги соберат и останатите делови од донациите.

 

The post Вечерни фустани, обувки за фрлање, стара облека оставија граѓани за настраданите во земјотресот во Турција appeared first on Република.

]]>

Вечерни фустани, облека и обувки што се за фрлање, влечки за на плажа, стара и замирисана облека и слични нешта кои се комплетно неупотребливи и непотребни за настраданите во земјотресот во Турција оставија граѓаните на нашата држава на плоштадот „Македонија“. Наместо хуманитарна мисија за оние на кои сега најмногу им е потребно, плоштадот се претвори во купишта со отпад кој ќе треба да се собере и фрли. Реагираат и активистите на кои граѓаните кои наместо донација, од дома го исфрлија ѓубрето, им отворија полни раце непотребна работа. Студентите и активистите кои доброволно собираат помош на градскиот плоштад во Скопје, во вид на облека, обувки, ќебиња и други потребни работи за луѓето од регионите погодени од земјотресот во Турција и Сирија, апелираат да не се донираат стари и оштетени работи. Тие најавија дека ќе примаат донации само нови продукти во пакувана форма.
Се донираат вечерни фустани, облека и обувки што се за фрлање, папучи за на плажа и слични нешта коишто и нас како студенти не воведуваат во непријатна состојба. Ние мораме после да ги делиме работите што се за фрлање и тие што треба да ги испратиме за луѓето од регионите што беа погодени од земјотресот. И тие се луѓе, колку и да се во тешка состојба не е човечки да донираме работи од коишто сакаме само да се ослободиме и да ги фрлиме“, вели Егемен Ејуп Јуксел, еден од активистите.
Тој истакна дека засега имаат потреба на големи количина кутии и широк селотејп за пакување на целата донација којашто стигнува, како што вели, од страна на добронамерните луѓе, но и за ослободување од предметите што луѓето ги дале, како што рече, едноставно за да се ослободат од тие предмети. Активистите информираат дека е собрана голема количина помош, но според нив, таа помош не би стигнала до луѓето коишто имаат потреба од истата без помошта на одредени компании. Тој исто така информираше дека до сега шест шлепери се тргнати кон регионите погодени од земјотресот, а вечерва се очекуваат да стигнат уште четири шлепери за да ги соберат и останатите делови од донациите.  

The post Вечерни фустани, обувки за фрлање, стара облека оставија граѓани за настраданите во земјотресот во Турција appeared first on Република.

]]>