документарен филм Archives - Република https://republika.mk/tema/dokumentaren-film/ За подобро да се разбереме Tue, 27 Aug 2024 10:47:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png документарен филм Archives - Република https://republika.mk/tema/dokumentaren-film/ 32 32 Објавен трејлерот за документарниот филм „Супер/Човек: Приказната за Кристофер Рив“ https://republika.mk/scena/film/objaven-trejlerot-za-dokumentarniot-film-super-chovek-prikaznata-za-kristofer-riv/ Tue, 27 Aug 2024 10:47:50 +0000 https://republika.mk/?p=810550

Продукциската куќа „Ди-си студиос“ (DC Studios) го објави трејлерот за „Super/Man: The Christopher Reeve Story“ („Супер/Човек: Приказната за Кристофер Рив“).

Се работи за документарен филм каде што глумецот Кристофер Рив ја раскажува ужасната реалност што му се случила по несреќата со јавање коњ во мај 1995 година, кога тој остана парализиран од рамениците надолу.

Американскиот глумец, можеби најпознат по неговата улога во серијалот филмови „Супермен“ од 1970-тите и 80-тите, се присетува на зборовите од неговата сопруга Дејна, која му дала мотив да продолжи напред.

- Го уништив и мојот и животот на сите други... Си реков: „Нема да можам да скијам, да пливам, да му фрлам топка на Вил (синот Вилијам Рив, з.п.), нема да можам да водам љубов со Дејна; Можеби треба да си заминам“. И, тогаш таа (Дејна) ги кажа зборовите што ми го спасија животот: „Ти сè уште си ти и јас те сакам“, раскажува сега починатиот Рив во една сцена.

Документарецот за Кристофер Рив се сосредоточува на глумецот како суперхерој, животот во ортопедска количка и неговата работа како поборник за правата на лицата со попреченост. Филмот вклучува архивски снимки со Рив, но и интервјуа со трите деца на Рив: Метју, Александра и Вилијам.

- Сите го бараат херојот. Јас не сум херој. Тоа беше дел. Јас одиграв дел. Јас не сум тој човек, вели Рив.

Како борец против попреченост, Рив лобираше и во Конгресот, се појави на 68. доделување на „Оскарите“ и беше домаќин на Параолимпијадата во 1996 година во Атланта. Почина во 2004 година. Документарецот ќе почне да се прикажува во кино на 21 септември и на роденденот на Рив - 25 септември.

https://www.youtube.com/watch?v=gX-B3HMlMfY

The post Објавен трејлерот за документарниот филм „Супер/Човек: Приказната за Кристофер Рив“ appeared first on Република.

]]>

Продукциската куќа „Ди-си студиос“ (DC Studios) го објави трејлерот за „Super/Man: The Christopher Reeve Story“ („Супер/Човек: Приказната за Кристофер Рив“).

Се работи за документарен филм каде што глумецот Кристофер Рив ја раскажува ужасната реалност што му се случила по несреќата со јавање коњ во мај 1995 година, кога тој остана парализиран од рамениците надолу. Американскиот глумец, можеби најпознат по неговата улога во серијалот филмови „Супермен“ од 1970-тите и 80-тите, се присетува на зборовите од неговата сопруга Дејна, која му дала мотив да продолжи напред. - Го уништив и мојот и животот на сите други... Си реков: „Нема да можам да скијам, да пливам, да му фрлам топка на Вил (синот Вилијам Рив, з.п.), нема да можам да водам љубов со Дејна; Можеби треба да си заминам“. И, тогаш таа (Дејна) ги кажа зборовите што ми го спасија животот: „Ти сè уште си ти и јас те сакам“, раскажува сега починатиот Рив во една сцена. Документарецот за Кристофер Рив се сосредоточува на глумецот како суперхерој, животот во ортопедска количка и неговата работа како поборник за правата на лицата со попреченост. Филмот вклучува архивски снимки со Рив, но и интервјуа со трите деца на Рив: Метју, Александра и Вилијам. - Сите го бараат херојот. Јас не сум херој. Тоа беше дел. Јас одиграв дел. Јас не сум тој човек, вели Рив. Како борец против попреченост, Рив лобираше и во Конгресот, се појави на 68. доделување на „Оскарите“ и беше домаќин на Параолимпијадата во 1996 година во Атланта. Почина во 2004 година. Документарецот ќе почне да се прикажува во кино на 21 септември и на роденденот на Рив - 25 септември. https://www.youtube.com/watch?v=gX-B3HMlMfY

The post Објавен трејлерот за документарниот филм „Супер/Човек: Приказната за Кристофер Рив“ appeared first on Република.

]]>
Не смееме да останаме слепи на проблемот со бегалците, рече режисерката Тамара Котевска на македонската премиера на „Патување пеш“ со кој се затвори „МакеДокс“ https://republika.mk/scena/film/ne-smeeme-da-ostaname-slepi-na-problemot-so-begaltsite-reche-rezhiserkata-tamara-kotevska-na-makedonskata-premiera-na-patuvane-pesh-so-koj-se-zatvori-makedoks/ Fri, 23 Aug 2024 09:17:54 +0000 https://republika.mk/?p=809271

Со македонска премиера на документарниот филм „Патување пеш“ на режисерката Тамара Котевска синоќа во „Куршумли ан“ во Скопје се затвори 15. издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“.

Светската премиера на филмот на Котевска се одржа на 9 ноември минатата година во Њујорк, на Њујоршкиот фестивал на документарни филмови (Doc NYC), најголемиот американски фестивал за документарци.

Котевска синоќа не беше на промоцијата поради нови проефесионални обврски и имаше видео-обраќање до присутните на премиерата.

За жал, не можев да присуствувам и пораката ја снимив малку порано. Многу ми е тешко што не сум таму на сопствената премиера, со сите вас и да ги почувствувам сите емоции коишто вие ги чувствувате. Лично, бев многу интимно мотивирана да го направам филмот, токму поради тоа што потекнувам од земја во којашто бегалците се невидливи и тоа сите ние го знаеме и го сведочиме. Ние не смееме да останеме слепи на овој проблем. Овој филм е гласот кој се надевам ќе ја разбуди македонската публика да сфати дека бегалците не се невидиливи и постојат во секоја земја. Ова е сериозен проблем кој допрва ќе станува на светско ниво и ние може многу да направиме, пред сè со тоа што нема да имаме предрасуди. Се надевам дека допре до сите вас и ќе направи промена, рече Котевска во нејзиното видео-обраќање.

Филмот го следи патувањето на Амал, џиновска кукла висока 3,5 метри, млада бегалка што патува преку сириската граница во Турција, низ Европа, во обид да си најде дом. Филм за детската невиност и моќта на имагинацијата во време на криза, разоткривајќи ја одисејата на Амал, преку два континента, симболот на бегалците низ цел свет. Филмот се снимаше две години, на територија на повеќе од 10 земји.

Главен продуцент на филмот „Патување пеш“ е една од најголемите наградувани британски филмски компании со фокус кон документарните филмови, Греин Медиа (GRAIN MEDIA), македонски ко-продуцент е ОХО Продукција, a филмот е поддржан и од македонската Агенција за филм. Во филмот учествуваат и актерите Фидаа Зидан од Палестина и Муајад Моин од Сирија.

Филмот имаше европска премиера во конкуренција на најголемиот фестивал за човекови права, во срцето на Женева, Швајцарија – FIFDH, каде имаше две проекции.

Ова е втор долгометражен документарен филм на Котевска и следи после големиот успех на „Медена земја“ за кој доби три големи награди на филмскиот фестивал Санденс во САД во 2019 год, а имаше и две номинации за Оскар следната 2020 година.

По проекцијата на филмот, концерт одржа македонскиот композитор и пијанист Дуке Бојаџиев, кој е автор на музиката во филмот „Патување пеш“.

The post Не смееме да останаме слепи на проблемот со бегалците, рече режисерката Тамара Котевска на македонската премиера на „Патување пеш“ со кој се затвори „МакеДокс“ appeared first on Република.

]]>

Со македонска премиера на документарниот филм „Патување пеш“ на режисерката Тамара Котевска синоќа во „Куршумли ан“ во Скопје се затвори 15. издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“. Светската премиера на филмот на Котевска се одржа на 9 ноември минатата година во Њујорк, на Њујоршкиот фестивал на документарни филмови (Doc NYC), најголемиот американски фестивал за документарци. Котевска синоќа не беше на промоцијата поради нови проефесионални обврски и имаше видео-обраќање до присутните на премиерата.
За жал, не можев да присуствувам и пораката ја снимив малку порано. Многу ми е тешко што не сум таму на сопствената премиера, со сите вас и да ги почувствувам сите емоции коишто вие ги чувствувате. Лично, бев многу интимно мотивирана да го направам филмот, токму поради тоа што потекнувам од земја во којашто бегалците се невидливи и тоа сите ние го знаеме и го сведочиме. Ние не смееме да останеме слепи на овој проблем. Овој филм е гласот кој се надевам ќе ја разбуди македонската публика да сфати дека бегалците не се невидиливи и постојат во секоја земја. Ова е сериозен проблем кој допрва ќе станува на светско ниво и ние може многу да направиме, пред сè со тоа што нема да имаме предрасуди. Се надевам дека допре до сите вас и ќе направи промена, рече Котевска во нејзиното видео-обраќање.
Филмот го следи патувањето на Амал, џиновска кукла висока 3,5 метри, млада бегалка што патува преку сириската граница во Турција, низ Европа, во обид да си најде дом. Филм за детската невиност и моќта на имагинацијата во време на криза, разоткривајќи ја одисејата на Амал, преку два континента, симболот на бегалците низ цел свет. Филмот се снимаше две години, на територија на повеќе од 10 земји. Главен продуцент на филмот „Патување пеш“ е една од најголемите наградувани британски филмски компании со фокус кон документарните филмови, Греин Медиа (GRAIN MEDIA), македонски ко-продуцент е ОХО Продукција, a филмот е поддржан и од македонската Агенција за филм. Во филмот учествуваат и актерите Фидаа Зидан од Палестина и Муајад Моин од Сирија. Филмот имаше европска премиера во конкуренција на најголемиот фестивал за човекови права, во срцето на Женева, Швајцарија – FIFDH, каде имаше две проекции. Ова е втор долгометражен документарен филм на Котевска и следи после големиот успех на „Медена земја“ за кој доби три големи награди на филмскиот фестивал Санденс во САД во 2019 год, а имаше и две номинации за Оскар следната 2020 година. По проекцијата на филмот, концерт одржа македонскиот композитор и пијанист Дуке Бојаџиев, кој е автор на музиката во филмот „Патување пеш“.

The post Не смееме да останаме слепи на проблемот со бегалците, рече режисерката Тамара Котевска на македонската премиера на „Патување пеш“ со кој се затвори „МакеДокс“ appeared first on Република.

]]>
Проекција на документарниот филм „Охрид, Охрид убав мил“ на Илија Пиперкоски денеска во Младинскиот центар Охрид https://republika.mk/scena/film/proektsija-na-dokumentarniot-film-ohrid-ohrid-ubav-mil-na-ilija-piperkoski-deneska-vo-mladinskiot-tsentar-ohrid/ Mon, 12 Aug 2024 12:03:22 +0000 https://republika.mk/?p=805839

По повод Денот на млади – 12 август, а како дел од настанот Недела на млади, во Младински Центар Охрид, вечерва 12 август, понеделник, ќе се прикажува документарниот филм „Охрид, Охрид убав мил“ на македонскиот режисер од Охрид, Илија Пиперкоски.

Во документарниот филм се зборува за настанување на песната Охрид, Охрид, убав мил и низ прекрасен наратив гледачите ќе можат хронолошки да се запознаат со тајфите и трубадурите кои негувале чалгиска музика и животот на охриѓани преставен преку испеаните песни.

Ова е серијал што ги истражува душевните наративи вградени во македонските народни песни, особено фокусирајќи се на чалгиските и староградските мелодии. Оваа серија е визуелно патување во срцето на македонското наследство, додека навлегуваме во универзалниот јазик што ги поврзува генерациите – музиката. Документарниот серијал ‘Раскажи песно’ се обидува да ги разоткрие приказните вткаени во ткивото на чалгиските и староградските песни, претставувајќи го културното богатство на Охрид, град со право наречен музеј и уметничко богатство низ вековите, вели режисерот за својот филм.

Филмот ќе се прикажува во дворот на МЦО, со почеток во 20:40 часот, по самото отварање на настанот Недела на млади.

The post Проекција на документарниот филм „Охрид, Охрид убав мил“ на Илија Пиперкоски денеска во Младинскиот центар Охрид appeared first on Република.

]]>

По повод Денот на млади – 12 август, а како дел од настанот Недела на млади, во Младински Центар Охрид, вечерва 12 август, понеделник, ќе се прикажува документарниот филм „Охрид, Охрид убав мил“ на македонскиот режисер од Охрид, Илија Пиперкоски. Во документарниот филм се зборува за настанување на песната Охрид, Охрид, убав мил и низ прекрасен наратив гледачите ќе можат хронолошки да се запознаат со тајфите и трубадурите кои негувале чалгиска музика и животот на охриѓани преставен преку испеаните песни.
Ова е серијал што ги истражува душевните наративи вградени во македонските народни песни, особено фокусирајќи се на чалгиските и староградските мелодии. Оваа серија е визуелно патување во срцето на македонското наследство, додека навлегуваме во универзалниот јазик што ги поврзува генерациите – музиката. Документарниот серијал ‘Раскажи песно’ се обидува да ги разоткрие приказните вткаени во ткивото на чалгиските и староградските песни, претставувајќи го културното богатство на Охрид, град со право наречен музеј и уметничко богатство низ вековите, вели режисерот за својот филм.
Филмот ќе се прикажува во дворот на МЦО, со почеток во 20:40 часот, по самото отварање на настанот Недела на млади.

The post Проекција на документарниот филм „Охрид, Охрид убав мил“ на Илија Пиперкоски денеска во Младинскиот центар Охрид appeared first on Република.

]]>
Документарниот филм за Бигорски „1000 години – Сведок на Светлината“ доби престижна награда на меѓународен фестивал во Австрија https://republika.mk/scena/film/dokumentarniot-film-za-bigorski-1000-godini-svedok-na-svetlinata-dobi-prestizhna-nagrada-na-megunaroden-festival-vo-avstrija/ Tue, 16 Jul 2024 13:24:27 +0000 https://republika.mk/?p=797431

Документарниот филм за Бигорски манастир „1000 години – Сведок на Светлината“, во режија Илија Ико Каров, освои награда за најдобра музика на интернационалниот филмски фестивал „History“, кој оваа година се одржа во градот Аспарн, Австрија, информираа од Бигорскиот манастир.

-Најголемата заслуга за ова признание е кон македонскиот композитор Горан Трајковски, кого го препознаваме под уметничкото име Готра. Овој плодороден композитор се има потпишано на особено префинета филмска и театарска музика во светот, промовирајќи ја на тој начин македонската продукција, рече Каров во своето обраќање откако ја прими наградата во Асперн.

Интернационалниот филмски фестивал „History“ се одржал во замокот Шлус Аспарн – Заја, во една топла, спонтана и креативна атмосфера. Поради обемноста на фестивалот, истовремено на три
локации низ замокот се проектирале филмови, селектирани според соодветната историска епоха.

-Документарниот филм „1000 години – Сведок на Светлината“ беше емитуван во една соодветна, автентична атмосфера – поконкретно, во објект кој ја сочинува постојаната поставка во дворот на
Замокот. Навистина уникатно чувство, кое беше збогатено и со присуството на членови од „средновековната група Скомраси“. Всушност, станува збор за ансамбл, кој преку разни настани и интеракциски пристапи ја негува средновековната средноевропска култура во нејзиното најавтентично издание, додаваат од манастирот.

Пред проекцијата на филмот, како претставник од бигорската монашка заедница, со благослов на епископ Антаниски г. Партениј, пред присутните се обрати сестра Ефимија од манастирот во
Рајчица.

-Монашката заедница од којашто доаѓам е раководена од убавината, рефлектирана од еден голем и прекрасен човек во чиешто време се прослави илјадалетието на нашиот манастир. Тој човек е нашиот Старец, игуменот на Бигорскиот манастир, епископот Антаниски, г. Партениј. Тој пишува една прогресивна историја, која рефлектира една синхронизирана врска со човештвото, каква што досега не е видена. Во филмот сите ние зборуваме за една личност која е неверојатна инспирација. Тоа е личноста која пред 30 години реши да остави сѐ зад себе, да се одрече од себеси и сѐ материјално што поседуваше, за да биде смирен слуга на сите, рече сестра Ефимија.

Би сакала да кажам, додала, заедно со сведоштвата на илјадници луѓе до ден денес, дека владиката Партениј револуционерно воспостави хармонија со човекот.

-Една деликатна и прекрасна атмосфера на коегзистирање која го промени животот на многумина. Тоа е длабока изјава која звучи неверојатно, но сепак е реалистична кога се работи за човек кој е епитом на љубовта и на меѓучовечката хармонија. Тој е препознаен како човек со сострадално татковско срце, кој храбро патува низ темните лавиринти на човечката душа за низ траорните нејзини ходници да го пронајде патот преку кој ги изведува сите, но особено оние што очајнички тонат фрлени на дното – небаре непотребни – оние отсечените не само од општеството, туку и од своите семејства, посочила сестрата.

Во објава за проекцијата Каров пишува дека ова е првиот македонски филм, кој не извезува очај и беда од југот на Европа; напротив, 1000 години Сведок на Светлината, го отсликува македонскиот феникс синдром во милениумски континуитет.

-Голема чест е да се биде современик на реткиот цвет што процутува на секои илјада години во Бигорската градина на светиот Јован. Да се биде еден, макар толку минорен дел од неговата хуманитарна и интеркултурна мисија, навистина причинува големо задоволство. Затоа, гледајте го филмот и ќе ви стане јасно, напиша Каров во објавата.

За „1000 години-Сведок на Светлината“ говорел и директорот на фестивалот, Роман Шет. Во својата изјава тој потенцирал дека „ филмот има прекрасна атмосфера. Јасно се насетува желбата на
авторот да го портретира животот на илјадагодишниот манастир и природата што го опкружува во најавтентичен контекст. Музиката е фантастична и го засилува доживувањето додека го гледате
филмот“.

Посебен осврт за филмот имал и членот на жири комисијата на филмскиот фестивал, Ерик Кохлбауер, оценувајќи дека „е токму она синеастично документарно искуство какво што очекуваме да
гледаме на нашиот фестивал“.

-Дозволувајќи ни да нурнеме во времето на основањето на Mанастирот и неговиот културно различен македонски регион, преку разиграни сцени, интервјуа од различна гледна точка, уникатна музика и кадри од природата, ние бевме вовлечени во филмот уште на самиот почеток. Единствената критика ми е што филмот е визуелно толку силен, што јас бев спречен да го гледам непрекинато, па на неколку пати морав да го стопирам и да го враќам назад, за да го препрочитам преводот, зашто се губев во
прекрасното осветлување и фотографија, воопшто. Гласовно дублирана верзија на англиски јазик би ја превенирала оваа појава и би ни дозволила полесно да ги восприемаме густите информации и
духовната порака полесно, оценил Кохлбауер.

Монашкото братство, предводено од епископ г. Партениј, срдечно им честита и им благодари на режисерот Илија Ико Каров, на композиторот Горан Трајковски и на сите учесници во продукцијата на филмот кои трудољубиво и пожртвувано работеа неколку години за негово остварување, со што направија една беспрекорна филмска документација на нашата милениумска Света Обител.

The post Документарниот филм за Бигорски „1000 години – Сведок на Светлината“ доби престижна награда на меѓународен фестивал во Австрија appeared first on Република.

]]>

Документарниот филм за Бигорски манастир „1000 години – Сведок на Светлината“, во режија Илија Ико Каров, освои награда за најдобра музика на интернационалниот филмски фестивал „History“, кој оваа година се одржа во градот Аспарн, Австрија, информираа од Бигорскиот манастир. -Најголемата заслуга за ова признание е кон македонскиот композитор Горан Трајковски, кого го препознаваме под уметничкото име Готра. Овој плодороден композитор се има потпишано на особено префинета филмска и театарска музика во светот, промовирајќи ја на тој начин македонската продукција, рече Каров во своето обраќање откако ја прими наградата во Асперн. Интернационалниот филмски фестивал „History“ се одржал во замокот Шлус Аспарн – Заја, во една топла, спонтана и креативна атмосфера. Поради обемноста на фестивалот, истовремено на три локации низ замокот се проектирале филмови, селектирани според соодветната историска епоха. -Документарниот филм „1000 години – Сведок на Светлината“ беше емитуван во една соодветна, автентична атмосфера – поконкретно, во објект кој ја сочинува постојаната поставка во дворот на Замокот. Навистина уникатно чувство, кое беше збогатено и со присуството на членови од „средновековната група Скомраси“. Всушност, станува збор за ансамбл, кој преку разни настани и интеракциски пристапи ја негува средновековната средноевропска култура во нејзиното најавтентично издание, додаваат од манастирот. Пред проекцијата на филмот, како претставник од бигорската монашка заедница, со благослов на епископ Антаниски г. Партениј, пред присутните се обрати сестра Ефимија од манастирот во Рајчица. -Монашката заедница од којашто доаѓам е раководена од убавината, рефлектирана од еден голем и прекрасен човек во чиешто време се прослави илјадалетието на нашиот манастир. Тој човек е нашиот Старец, игуменот на Бигорскиот манастир, епископот Антаниски, г. Партениј. Тој пишува една прогресивна историја, која рефлектира една синхронизирана врска со човештвото, каква што досега не е видена. Во филмот сите ние зборуваме за една личност која е неверојатна инспирација. Тоа е личноста која пред 30 години реши да остави сѐ зад себе, да се одрече од себеси и сѐ материјално што поседуваше, за да биде смирен слуга на сите, рече сестра Ефимија. Би сакала да кажам, додала, заедно со сведоштвата на илјадници луѓе до ден денес, дека владиката Партениј револуционерно воспостави хармонија со човекот. -Една деликатна и прекрасна атмосфера на коегзистирање која го промени животот на многумина. Тоа е длабока изјава која звучи неверојатно, но сепак е реалистична кога се работи за човек кој е епитом на љубовта и на меѓучовечката хармонија. Тој е препознаен како човек со сострадално татковско срце, кој храбро патува низ темните лавиринти на човечката душа за низ траорните нејзини ходници да го пронајде патот преку кој ги изведува сите, но особено оние што очајнички тонат фрлени на дното – небаре непотребни – оние отсечените не само од општеството, туку и од своите семејства, посочила сестрата. Во објава за проекцијата Каров пишува дека ова е првиот македонски филм, кој не извезува очај и беда од југот на Европа; напротив, 1000 години Сведок на Светлината, го отсликува македонскиот феникс синдром во милениумски континуитет. -Голема чест е да се биде современик на реткиот цвет што процутува на секои илјада години во Бигорската градина на светиот Јован. Да се биде еден, макар толку минорен дел од неговата хуманитарна и интеркултурна мисија, навистина причинува големо задоволство. Затоа, гледајте го филмот и ќе ви стане јасно, напиша Каров во објавата. За „1000 години-Сведок на Светлината“ говорел и директорот на фестивалот, Роман Шет. Во својата изјава тој потенцирал дека „ филмот има прекрасна атмосфера. Јасно се насетува желбата на авторот да го портретира животот на илјадагодишниот манастир и природата што го опкружува во најавтентичен контекст. Музиката е фантастична и го засилува доживувањето додека го гледате филмот“. Посебен осврт за филмот имал и членот на жири комисијата на филмскиот фестивал, Ерик Кохлбауер, оценувајќи дека „е токму она синеастично документарно искуство какво што очекуваме да гледаме на нашиот фестивал“. -Дозволувајќи ни да нурнеме во времето на основањето на Mанастирот и неговиот културно различен македонски регион, преку разиграни сцени, интервјуа од различна гледна точка, уникатна музика и кадри од природата, ние бевме вовлечени во филмот уште на самиот почеток. Единствената критика ми е што филмот е визуелно толку силен, што јас бев спречен да го гледам непрекинато, па на неколку пати морав да го стопирам и да го враќам назад, за да го препрочитам преводот, зашто се губев во прекрасното осветлување и фотографија, воопшто. Гласовно дублирана верзија на англиски јазик би ја превенирала оваа појава и би ни дозволила полесно да ги восприемаме густите информации и духовната порака полесно, оценил Кохлбауер. Монашкото братство, предводено од епископ г. Партениј, срдечно им честита и им благодари на режисерот Илија Ико Каров, на композиторот Горан Трајковски и на сите учесници во продукцијата на филмот кои трудољубиво и пожртвувано работеа неколку години за негово остварување, со што направија една беспрекорна филмска документација на нашата милениумска Света Обител.

The post Документарниот филм за Бигорски „1000 години – Сведок на Светлината“ доби престижна награда на меѓународен фестивал во Австрија appeared first on Република.

]]>
„Митот на рециклирањето“ – проекција на филм и дискусија по повод Светскиот ден на животната средина https://republika.mk/zivot/mitot-na-retsikliraneto-proektsija-na-film-i-diskusija-po-povod-svetskiot-den-na-zhivotnata-sredina/ Wed, 05 Jun 2024 09:24:29 +0000 https://republika.mk/?p=784888

Во среда, на 5 јуни 2024 година, во Социјалниот центар Дуња во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе биде прикажан документарецот „Митот на рециклирањето“.

На Светскиот ден на животната средина ќе се осврнеме на пластичната поплава што ни се случува и во која имаме удел, како и на механизмите преку кои капиталот ја држи под контрола екстракцијата на профит, создавајќи енормен еколошки проблем. Меѓу тие механизми е пи-арот со рециклирањето, вршењето енормна пропаганда за да им се смири совеста на луѓето дека можат со мирна совест да создаваат енормни количества ѓубре од пластика, додека безгрижно потрошуваат, бидејќи сето тоа пластично ѓубре – ќе се рециклира. При тоа, во контејнерот се фрла и основниот еколошки принцип „редуцирај – реупотреби – рециклирај“ и се шири бесрамната пропаганда дека да се биде еколошки свесен доволно било само да се селектира („рециклира“).

 

Реалноста е поинаква. Додека стаклото, на пример, може да се рециклира неограничен број пати, пластиките можат да се рециклираат максимум двапати. И не само тоа. Дури и ако некоја пластика теоретски може да се рециклира, таа најчесто нема да се рециклира, бидејќи економски поисплатливо им е на компаниите за пластика да користат нова пластика наместо рециклирана.

Документарецот „Митот на рециклирањето“ (2022) на Том Кастело и Бенедикт Вермтер разобличува некои од многуте пропаганди на пластичната индустрија. Тој го поставува прашањето: ако рециклирањето е решението, зошто тогаш денес се произведуваат нови пластики повеќе од кога и да е претходно? Дали не е рециклирањето пластики една голема зелена лага? Документарецот се фокусира на индустријата што повеќе сака да го скрие проблемот отколку да го реши, при што пластичното ѓубре во огромни количини се извезува во странство, создавајќи поволна клима за создавање криминални мрежи што вртат поголем профит дури и од нелегалната трговија со луѓе.

The post „Митот на рециклирањето“ – проекција на филм и дискусија по повод Светскиот ден на животната средина appeared first on Република.

]]>

Во среда, на 5 јуни 2024 година, во Социјалниот центар Дуња во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе биде прикажан документарецот „Митот на рециклирањето“. На Светскиот ден на животната средина ќе се осврнеме на пластичната поплава што ни се случува и во која имаме удел, како и на механизмите преку кои капиталот ја држи под контрола екстракцијата на профит, создавајќи енормен еколошки проблем. Меѓу тие механизми е пи-арот со рециклирањето, вршењето енормна пропаганда за да им се смири совеста на луѓето дека можат со мирна совест да создаваат енормни количества ѓубре од пластика, додека безгрижно потрошуваат, бидејќи сето тоа пластично ѓубре – ќе се рециклира. При тоа, во контејнерот се фрла и основниот еколошки принцип „редуцирај – реупотреби – рециклирај“ и се шири бесрамната пропаганда дека да се биде еколошки свесен доволно било само да се селектира („рециклира“).   Реалноста е поинаква. Додека стаклото, на пример, може да се рециклира неограничен број пати, пластиките можат да се рециклираат максимум двапати. И не само тоа. Дури и ако некоја пластика теоретски може да се рециклира, таа најчесто нема да се рециклира, бидејќи економски поисплатливо им е на компаниите за пластика да користат нова пластика наместо рециклирана. Документарецот „Митот на рециклирањето“ (2022) на Том Кастело и Бенедикт Вермтер разобличува некои од многуте пропаганди на пластичната индустрија. Тој го поставува прашањето: ако рециклирањето е решението, зошто тогаш денес се произведуваат нови пластики повеќе од кога и да е претходно? Дали не е рециклирањето пластики една голема зелена лага? Документарецот се фокусира на индустријата што повеќе сака да го скрие проблемот отколку да го реши, при што пластичното ѓубре во огромни количини се извезува во странство, создавајќи поволна клима за создавање криминални мрежи што вртат поголем профит дури и од нелегалната трговија со луѓе.

The post „Митот на рециклирањето“ – проекција на филм и дискусија по повод Светскиот ден на животната средина appeared first on Република.

]]>
23. издание на Офф-Фест од 6 до 9 јуни: Фестивалот на големи ѕвезди на светската музика со грижливо избрана програма https://republika.mk/scena/muzika/23-izdanie-na-off-fest-od-6-do-9-juni-festivalot-na-golemi-zvezdi-na-svetskata-muzika-so-grizhlivo-izbrana-programa/ Thu, 30 May 2024 12:55:04 +0000 https://republika.mk/?p=783211

Осум концертни настапи и два документарни филма се дел од дваесет и третото издание на традиционалниот ОФФ-Фест ќе се одржи од 6 до 9 јуни во Национална опера и балет, Младинскиот културен центар и Кинотека на Македонија.

Оливер Белопета, директор на скопскиот џез фестивал, на денешната прес-конференција во кафе книжарница „Буква“ рече дека фестивалот има базичен концепт кој не се менува.

Фестивалот има еден базичен концепт кој не се менува, а тоа е да биде фестивал на големи ѕвезди на светската музика, рече тој.

Дополни дека ОФФ-Фест има традиција секоја година да претставува една македонска група.

Грижливо избираме од тоа што има во Македонија, пред сѐ тоа да биде нешто што сметаме дека во иднина може да го најде патот за Европа. Годинава тоа се Калата, рече Белопета.

На 6 јуни фестивалот ќе го отворат BOMBINO, еден од најзначајните претставници на прославениот „пустински блуз“, и јужноафриканските ѕвезди BCUC, познати по својот афро-психоделичен транс и импресивните настапи во живо.

Дел од фестивалот ќе биде и миксот од меланезиски, индиски, африкански влијанија и европски фолк со елементи на импровизирана музика на холандскиот секстет BOI AKIH, во комбинација со оригиналниот и моќен звук на француско-етиописката супер-група KUTU.
VICENTE AMIGO ќе го претстави своето фасцинантно творештво, коешто му донесе светска слава и придонесе неговото име да се стане референца за фламенко гитарата денес.

Последната вечер на ОФФ-Фест ќе ја одбележат фуриозниот полски гудачки квинтет VOŁOSI со својот оригинален микс во кој се вкрстуваат влијанијата на рок, џез, етно, амбиент и филмската музика, потоа домашните нео-фолк миленици во подем KALATA, како и познатиот српски world music колектив NAKED.

Во рамките на предфестивалската плус програма ќе бидат премиерно прикажани и документарните филмови „Cesaria Evora” и „Agadez, the Music and the Rebellion“

https://republika.mk/scena/muzika/silna-inspirativna-i-vozbudliva-programa-na-off-fest/

The post 23. издание на Офф-Фест од 6 до 9 јуни: Фестивалот на големи ѕвезди на светската музика со грижливо избрана програма appeared first on Република.

]]>

Осум концертни настапи и два документарни филма се дел од дваесет и третото издание на традиционалниот ОФФ-Фест ќе се одржи од 6 до 9 јуни во Национална опера и балет, Младинскиот културен центар и Кинотека на Македонија. Оливер Белопета, директор на скопскиот џез фестивал, на денешната прес-конференција во кафе книжарница „Буква“ рече дека фестивалот има базичен концепт кој не се менува.
Фестивалот има еден базичен концепт кој не се менува, а тоа е да биде фестивал на големи ѕвезди на светската музика, рече тој.
Дополни дека ОФФ-Фест има традиција секоја година да претставува една македонска група.
Грижливо избираме од тоа што има во Македонија, пред сѐ тоа да биде нешто што сметаме дека во иднина може да го најде патот за Европа. Годинава тоа се Калата, рече Белопета.
На 6 јуни фестивалот ќе го отворат BOMBINO, еден од најзначајните претставници на прославениот „пустински блуз“, и јужноафриканските ѕвезди BCUC, познати по својот афро-психоделичен транс и импресивните настапи во живо. Дел од фестивалот ќе биде и миксот од меланезиски, индиски, африкански влијанија и европски фолк со елементи на импровизирана музика на холандскиот секстет BOI AKIH, во комбинација со оригиналниот и моќен звук на француско-етиописката супер-група KUTU. VICENTE AMIGO ќе го претстави своето фасцинантно творештво, коешто му донесе светска слава и придонесе неговото име да се стане референца за фламенко гитарата денес. Последната вечер на ОФФ-Фест ќе ја одбележат фуриозниот полски гудачки квинтет VOŁOSI со својот оригинален микс во кој се вкрстуваат влијанијата на рок, џез, етно, амбиент и филмската музика, потоа домашните нео-фолк миленици во подем KALATA, како и познатиот српски world music колектив NAKED. Во рамките на предфестивалската плус програма ќе бидат премиерно прикажани и документарните филмови „Cesaria Evora” и „Agadez, the Music and the Rebellion“ https://republika.mk/scena/muzika/silna-inspirativna-i-vozbudliva-programa-na-off-fest/

The post 23. издание на Офф-Фест од 6 до 9 јуни: Фестивалот на големи ѕвезди на светската музика со грижливо избрана програма appeared first on Република.

]]>
Документарецот „Градина“ на режисерот Бојан Тантуровски со светска премиера на фестивалот Белдокс во Белград https://republika.mk/scena/film/dokumentaretsot-gradina-na-rezhiserot-bojan-tanturovski-so-svetska-premiera-na-festivalot-beldoks-vo-belgrad/ Thu, 23 May 2024 08:35:22 +0000 https://republika.mk/?p=781031

Документарниот игран филм „Градина“ (Garden) на режисерот Бојан Тантуровски денеска ќе има светска премиера на еден од најголемите фестивали за документарни филмови на Балканот, Белдокс, што се одржува во Белград, Србија.

Филмот се снимаше во последните 5 години на периферијата на Скопје и ја следи приказната на група пензионери, урбани герила градинари, кои се принудени да ги напуштат градините на кои повеќе од 35 години одгледуваат разни земјоделски производи и им служи како еден вид место за социјализација, оддишка од градот, но и систем за преживување подалеку од урбаната џунгла. „Ова е емотивен филм за длабочината на она што ни претстои и значењето што можеме да го извлечеме од нашата врска со земјата и едни со други додека старееме, велат од Белдокс.

Ликовите кои ја носат приказната на филмот се Аранѓел Петков, Стана Петкова, Нада Миленковска, Ахмо Ѓозовиќ и Шемсудин Нумановиќ, а во реализацијата на филмот, покрај режисерот Тантуровски, учествуваа кинематограферот Кирил Шентевски, монтажерот Горан Вуќиќ, дизајнерот на звук Марко Наумовски. Продуцент на филмот е Илија Тирицовски заедно со Пеце Талески од ОХО Продукција.

Филмот се развиваше на повеќе меѓународни филмски настани и маркети како што се MakeProDox во Скопје, Beldocs во Белград и Evia Film Project во Грција, како дел од Солунскиот филмски фестивал, каде ја доби наградата за најдобар филм во развој во 2022 година. Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за Филм на Македонија.

Бојан Тантуровски филмски режисер, кој завршил филмска и ТВ режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје и досега има реализирано неколку кратки играни филмови.

„Градина“ е негов дебитантски документарен филм.

The post Документарецот „Градина“ на режисерот Бојан Тантуровски со светска премиера на фестивалот Белдокс во Белград appeared first on Република.

]]>

Документарниот игран филм „Градина“ (Garden) на режисерот Бојан Тантуровски денеска ќе има светска премиера на еден од најголемите фестивали за документарни филмови на Балканот, Белдокс, што се одржува во Белград, Србија.
Филмот се снимаше во последните 5 години на периферијата на Скопје и ја следи приказната на група пензионери, урбани герила градинари, кои се принудени да ги напуштат градините на кои повеќе од 35 години одгледуваат разни земјоделски производи и им служи како еден вид место за социјализација, оддишка од градот, но и систем за преживување подалеку од урбаната џунгла. „Ова е емотивен филм за длабочината на она што ни претстои и значењето што можеме да го извлечеме од нашата врска со земјата и едни со други додека старееме, велат од Белдокс.
Ликовите кои ја носат приказната на филмот се Аранѓел Петков, Стана Петкова, Нада Миленковска, Ахмо Ѓозовиќ и Шемсудин Нумановиќ, а во реализацијата на филмот, покрај режисерот Тантуровски, учествуваа кинематограферот Кирил Шентевски, монтажерот Горан Вуќиќ, дизајнерот на звук Марко Наумовски. Продуцент на филмот е Илија Тирицовски заедно со Пеце Талески од ОХО Продукција. Филмот се развиваше на повеќе меѓународни филмски настани и маркети како што се MakeProDox во Скопје, Beldocs во Белград и Evia Film Project во Грција, како дел од Солунскиот филмски фестивал, каде ја доби наградата за најдобар филм во развој во 2022 година. Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за Филм на Македонија. Бојан Тантуровски филмски режисер, кој завршил филмска и ТВ режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје и досега има реализирано неколку кратки играни филмови. „Градина“ е негов дебитантски документарен филм.

The post Документарецот „Градина“ на режисерот Бојан Тантуровски со светска премиера на фестивалот Белдокс во Белград appeared first on Република.

]]>
Проекција на документарниот филм „Црната уметност: Во отсуство на светлината“ на Сем Поланд вечерва во МСУ https://republika.mk/scena/film/proektsija-na-dokumentarniot-film-tsrnata-umetnost-vo-otsustvo-na-svetlinata-na-sem-poland-vecherva-vo-msu/ Tue, 20 Feb 2024 09:56:17 +0000 https://republika.mk/?p=746021

Вечерва, во 19 часот, во Музејот на современата уметност-Скопје ќе се прикаже документарниот филм ,,ЦРНАТА УМЕТНОСТ: ВО ОТСУСТВО НА СВЕТЛИНАТА’’ (2021) на режисерот Сем Поланд. Филмот го одбележува месецот на ,,црната историја’’ и препознавањето на улогата на Афроамериканците низ историјата и ја одредува уметноста како платформа за постигнување социјална правда.

Прикажувањето на филмот е резултат на соработка меѓу МСУ – Скопје и Амбасадата на САД во Скопје.

Влезот е слободен.

The post Проекција на документарниот филм „Црната уметност: Во отсуство на светлината“ на Сем Поланд вечерва во МСУ appeared first on Република.

]]>

Вечерва, во 19 часот, во Музејот на современата уметност-Скопје ќе се прикаже документарниот филм ,,ЦРНАТА УМЕТНОСТ: ВО ОТСУСТВО НА СВЕТЛИНАТА’’ (2021) на режисерот Сем Поланд. Филмот го одбележува месецот на ,,црната историја’’ и препознавањето на улогата на Афроамериканците низ историјата и ја одредува уметноста како платформа за постигнување социјална правда.

Прикажувањето на филмот е резултат на соработка меѓу МСУ – Скопје и Амбасадата на САД во Скопје.

Влезот е слободен.

The post Проекција на документарниот филм „Црната уметност: Во отсуство на светлината“ на Сем Поланд вечерва во МСУ appeared first on Република.

]]>
„Ал Џезеира“ сними документарен филм за македонскиот Елвис Присли https://republika.mk/scena/al-dhezeira-snimi-dokumentaren-film-za-makedonskiot-elvis-prisli/ Wed, 14 Feb 2024 08:26:50 +0000 https://republika.mk/?p=743923

Со песната „Со маки сум се родил“ почнува документарецот за Ване Црнгаров, единствениот македонски Елвис Присли.

Колку Ване е интересен за светот покажува и фактот што продукцијата „Револушн“ во режија на Глигор Кондовски го сними документарецот „Македонскиот Елвис“  за  телевизијата Ал Џезеира, која го финансираше и го емитуваше.

Документарецот го раскажува животот на Ване од неговото детство во Куклиш, струмичко, кога ја добил првата хармоника, па до преселбата во Мелбурн, Австралија, каде и денес живее со сопругата Елизабета и ќерките Оливера и Џесика. Неговиот живот почнал во сиромаштија,  не ни сонувал дека светот ќе го препознае токму него во ликот на кралот на рокенроот, Елвис Присли и ќе биде дел од светскиот фестивал во неговиот роден град Тенеси, во Америка.

-Кога заминав во Австралија како да почнав нов живот. Ми велат дека требало да бидам среќен што сум се спасил од сиромаштија, но не знаат што значи туѓина. Често ме прашуваат каде ми е поубаво, во Македонија или во Австралија. Јас секогаш велам дека живеам во Австралија, но душата ми е во Македонија. Дома си е дома. Да, има пари во Австралија, но нешто мора да недостасува. Сонцето не грее од сите страни. Но, да ми кажуваше некој дека мојата судбина од маки и земјоделие, па до Австралија и Америка немаше да верувам. Некои работи што ги носи животот човек не може да ги разбере, кажа Ване.

Документарецот е снимен во Македонија и во Австралија, но и во Свети Николе и Скопје.

-Да, снимен е на локации во Стумица, Свети Николе, Скопје и Мелбурн.  Ковидот малку го стопираше снимањето, но ете некако се заврши во најдобро светло. Продуцентот Дејан Милошевски аплицираше и веднаш беше прифатена идејата. Документарецот за мене претставува  јаготка на шлагот. Секако музиката нема старост, по 30 години професионална кариера ова е заокружување. Но, здравје, секако дека имам уште планови, ама ова ми е како врв. Да сме здрави и живи и сѐ друго понатаму што ќе дојде ќе биде добредојдено, рече Ване.

Документарецот веќе е претставен на неколку фестивали и има добиено награди.

https://www.youtube.com/watch?v=EeU36KP4AXs

The post „Ал Џезеира“ сними документарен филм за македонскиот Елвис Присли appeared first on Република.

]]>

Со песната „Со маки сум се родил“ почнува документарецот за Ване Црнгаров, единствениот македонски Елвис Присли. Колку Ване е интересен за светот покажува и фактот што продукцијата „Револушн“ во режија на Глигор Кондовски го сними документарецот „Македонскиот Елвис“  за  телевизијата Ал Џезеира, која го финансираше и го емитуваше. Документарецот го раскажува животот на Ване од неговото детство во Куклиш, струмичко, кога ја добил првата хармоника, па до преселбата во Мелбурн, Австралија, каде и денес живее со сопругата Елизабета и ќерките Оливера и Џесика. Неговиот живот почнал во сиромаштија,  не ни сонувал дека светот ќе го препознае токму него во ликот на кралот на рокенроот, Елвис Присли и ќе биде дел од светскиот фестивал во неговиот роден град Тенеси, во Америка. -Кога заминав во Австралија како да почнав нов живот. Ми велат дека требало да бидам среќен што сум се спасил од сиромаштија, но не знаат што значи туѓина. Често ме прашуваат каде ми е поубаво, во Македонија или во Австралија. Јас секогаш велам дека живеам во Австралија, но душата ми е во Македонија. Дома си е дома. Да, има пари во Австралија, но нешто мора да недостасува. Сонцето не грее од сите страни. Но, да ми кажуваше некој дека мојата судбина од маки и земјоделие, па до Австралија и Америка немаше да верувам. Некои работи што ги носи животот човек не може да ги разбере, кажа Ване. Документарецот е снимен во Македонија и во Австралија, но и во Свети Николе и Скопје. -Да, снимен е на локации во Стумица, Свети Николе, Скопје и Мелбурн.  Ковидот малку го стопираше снимањето, но ете некако се заврши во најдобро светло. Продуцентот Дејан Милошевски аплицираше и веднаш беше прифатена идејата. Документарецот за мене претставува  јаготка на шлагот. Секако музиката нема старост, по 30 години професионална кариера ова е заокружување. Но, здравје, секако дека имам уште планови, ама ова ми е како врв. Да сме здрави и живи и сѐ друго понатаму што ќе дојде ќе биде добредојдено, рече Ване. Документарецот веќе е претставен на неколку фестивали и има добиено награди. https://www.youtube.com/watch?v=EeU36KP4AXs

The post „Ал Џезеира“ сними документарен филм за македонскиот Елвис Присли appeared first on Република.

]]>
Документарниот филм „Најголемата ноќ на поп музиката“ во режија на Бао Нгуен со детали од снимањето на хуманитарната песна „We are the world“ https://republika.mk/scena/film/dokumentarniot-film-najgolemata-nok-na-pop-muzikata-vo-rezhija-na-bao-nguen-so-detali-od-snimaneto-na-humanitarnata-pesna-we-are-the-world/ Tue, 30 Jan 2024 10:00:04 +0000 https://republika.mk/?p=738473

Овој документарец ги прикажува најважните моменти од сесијата за снимање на хуманитарната песна „We Are the World“, во која се собраа кој е кој од поп познатите личности, пишува Њујорк тајмс“.

Кон крајот на 1984 година, пејачот и активист Хари Белафонте бил импресиониран од „Do They Know It’s Christmas?“, британски хуманитарен сингл во кој настапуваат поп-ѕвезди, а приходите од проектот беа наменети за гладните во Етиопија.

Имаме бели луѓе кои ги спасуваат црнците и немаме црнци што ги спасуваат црнците, Белафонте му се пожалил на музичкиот менаџер Кен Краген.

Тоа било поттик за песната „Ние сме светот“ од 1985 година. Креативното јадро беа: Лајонел Ричи и Мајкл Џексон; Стиви Вондер (кој не доби признание за пишување, но, како што е пренесено во филмот, беше непроценлив за целиот креативен процес); и продуцентот-аранжер Квинси Џонс.

Проектот се претвори во фестивал на суперѕвезди за само една ноќ.

Ако овде падне бомба, Џон Денвер ќе биде повторно на врвот, се потсмеваше Пол Сајмон додека ја прегледуваше просторијата, - е опишано во „Најголемата ноќ на поп музиката“, во режија на Бао Нгуен.

 

https://www.youtube.com/watch?v=MD3oU1gowu4&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Foff.net.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Документарниот филм „Најголемата ноќ на поп музиката“ во режија на Бао Нгуен со детали од снимањето на хуманитарната песна „We are the world“ appeared first on Република.

]]>

Овој документарец ги прикажува најважните моменти од сесијата за снимање на хуманитарната песна „We Are the World“, во која се собраа кој е кој од поп познатите личности, пишува Њујорк тајмс“. Кон крајот на 1984 година, пејачот и активист Хари Белафонте бил импресиониран од „Do They Know It’s Christmas?“, британски хуманитарен сингл во кој настапуваат поп-ѕвезди, а приходите од проектот беа наменети за гладните во Етиопија.
Имаме бели луѓе кои ги спасуваат црнците и немаме црнци што ги спасуваат црнците, Белафонте му се пожалил на музичкиот менаџер Кен Краген.
Тоа било поттик за песната „Ние сме светот“ од 1985 година. Креативното јадро беа: Лајонел Ричи и Мајкл Џексон; Стиви Вондер (кој не доби признание за пишување, но, како што е пренесено во филмот, беше непроценлив за целиот креативен процес); и продуцентот-аранжер Квинси Џонс. Проектот се претвори во фестивал на суперѕвезди за само една ноќ.
Ако овде падне бомба, Џон Денвер ќе биде повторно на врвот, се потсмеваше Пол Сајмон додека ја прегледуваше просторијата, - е опишано во „Најголемата ноќ на поп музиката“, во режија на Бао Нгуен.
  https://www.youtube.com/watch?v=MD3oU1gowu4&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Foff.net.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Документарниот филм „Најголемата ноќ на поп музиката“ во режија на Бао Нгуен со детали од снимањето на хуманитарната песна „We are the world“ appeared first on Република.

]]>
Документарецот за Тупак доби номинација за „Греми“ за најдобар музички филм https://republika.mk/scena/muzika/dokumentaretsot-za-tupak-dobi-nominatsija-za-gremi-za-najdobar-muzichki-film/ Wed, 15 Nov 2023 11:23:09 +0000 https://republika.mk/?p=701797

Документарниот филм на „Еф-Екс“ за покојниот рапер Тупак Шакур, во пет епизоди, под наслов „Драга мамо“ (Dear Mama), доби номинација за „Греми“ за најдобар музички филм.

Документарецот го носи називот според истоимениот сингл на Тупак од 1995 година. Во режија на Алан Хјуз, серијалот го истражува животот на убиениот уметник, и делумно оној на неговата мајка, покојната активистка Афени Шакур. Документарниот серијал се емитува на стрим-платформата „Хулу“.

Раперот, кој беше застрелан со пиштол и убиен во својот автомобил, во Лас Вегас, 1996., е еден од тројцата починати уметници кои минатата недела добија номинации во истата категорија. Другите двајца се Дејвид Боуви (со „Месечево дневно сонување“ (Moonage Daydream)) и Литл Ричард (со „Јас сум Сè“ (I Am Everything)). Боуви почина од рак во 2016., а Литл Ричард почина во 2020 година, исто така од заболување поврзано со рак. Литл Ричард никогаш не доби „Греми“ во животот.

А, другите номинирани се „Како се чувствувам сега“ (How I'm Feeling Now) за Луис Капалди и „Во живо од Париз - турнејата Биг степерс“ за Кендрик Ламар.

Номинацијата за серијалот за Тупак доаѓа во време кога случајот за неговото убиство и истрагата повторно се врати на сцена. Дуејн Кит Дејвис, познат како „Кефе Ди“, неодамна беше уапсен и се изјасни невин.

https://youtu.be/2K6h4OMGtKA?si=H5HI_tIPdoH9PKzu

 

The post Документарецот за Тупак доби номинација за „Греми“ за најдобар музички филм appeared first on Република.

]]>

Документарниот филм на „Еф-Екс“ за покојниот рапер Тупак Шакур, во пет епизоди, под наслов „Драга мамо“ (Dear Mama), доби номинација за „Греми“ за најдобар музички филм. Документарецот го носи називот според истоимениот сингл на Тупак од 1995 година. Во режија на Алан Хјуз, серијалот го истражува животот на убиениот уметник, и делумно оној на неговата мајка, покојната активистка Афени Шакур. Документарниот серијал се емитува на стрим-платформата „Хулу“. Раперот, кој беше застрелан со пиштол и убиен во својот автомобил, во Лас Вегас, 1996., е еден од тројцата починати уметници кои минатата недела добија номинации во истата категорија. Другите двајца се Дејвид Боуви (со „Месечево дневно сонување“ (Moonage Daydream)) и Литл Ричард (со „Јас сум Сè“ (I Am Everything)). Боуви почина од рак во 2016., а Литл Ричард почина во 2020 година, исто така од заболување поврзано со рак. Литл Ричард никогаш не доби „Греми“ во животот. А, другите номинирани се „Како се чувствувам сега“ (How I'm Feeling Now) за Луис Капалди и „Во живо од Париз - турнејата Биг степерс“ за Кендрик Ламар. Номинацијата за серијалот за Тупак доаѓа во време кога случајот за неговото убиство и истрагата повторно се врати на сцена. Дуејн Кит Дејвис, познат како „Кефе Ди“, неодамна беше уапсен и се изјасни невин. https://youtu.be/2K6h4OMGtKA?si=H5HI_tIPdoH9PKzu  

The post Документарецот за Тупак доби номинација за „Греми“ за најдобар музички филм appeared first on Република.

]]>
Документарец од четири дела во кој Роби Вилијамс отворено ќе зборува за своето ментално здравје https://republika.mk/scena/muzika/dokumentarets-od-chetiri-dela-vo-koj-robi-vilijams-otvoreno-ke-zboruva-za-svoeto-mentalno-zdravje/ Mon, 06 Nov 2023 13:21:06 +0000 https://republika.mk/?p=698834

Документарец од четири дела доаѓа на Нетфликс во кој Роби Вилијамс отворено ќе зборува за своето ментално здравје. Најавата го опишува како суров, искрен и реален. Режисер на серијалот е Џо Пералман.

„Борбата е реална, тагата шокантна. Ја имам цел живот. И нема да попушти“, ова се зборовите кои пејачот Роби Вилијамс ги употреби за да им даде до знаење на своите фанови дека боледува од телесна дисморфија.

https://www.youtube.com/watch?v=FMXxYPvrJs4

The post Документарец од четири дела во кој Роби Вилијамс отворено ќе зборува за своето ментално здравје appeared first on Република.

]]>

Документарец од четири дела доаѓа на Нетфликс во кој Роби Вилијамс отворено ќе зборува за своето ментално здравје. Најавата го опишува како суров, искрен и реален. Режисер на серијалот е Џо Пералман. „Борбата е реална, тагата шокантна. Ја имам цел живот. И нема да попушти“, ова се зборовите кои пејачот Роби Вилијамс ги употреби за да им даде до знаење на своите фанови дека боледува од телесна дисморфија. https://www.youtube.com/watch?v=FMXxYPvrJs4

The post Документарец од четири дела во кој Роби Вилијамс отворено ќе зборува за своето ментално здравје appeared first on Република.

]]>
Документарецот за Дарко Панчев доби наградата за најдобар филм на Филмскиот фестивал „Златибор 2023“ https://republika.mk/sport/fudbal/dokumentaretsot-za-darko-panchev-dobi-nagradata-za-najdobar-film-na-filmskiot-festival-zlatibor-2023/ Wed, 30 Aug 2023 07:06:05 +0000 https://republika.mk/?p=676992

Документарниот филм за македонската фудбалска легенда, Дарко Панчев - „Патот на Кобрата до ѕвездите“, е прогласен за најдобар филм за личност во спортот на 12. меѓународен фестивал за спортски филмови во Златибор.

Панчев доби ѝ признание за животно дело за исклучителен придонес во спортот, а наградите во негово име ги подигнаа сопругата Маја и ќерките Надица и Марија.

Прекарот „Кобра“ за Дарко Панчев се однесува исклучително за фудбалот, бидејќи во играта се истакнуваше со недостижно брзи потези кои продуцираа неповториливи голови. Во неговиот реален живот, надвор од фудбалската магија, тој е стандард, мерило за наклонетост и пријателство, прво во семејството и секаде каде што животот го носи, како плима на добрина. Затоа го препорачуваме овој филм како лек против актуелната стварност, која е во сериозен недостаток на основни човекови вредности“, истакнаа членовите на жирито на фестивалот.

На фестивалот награден беше и филмот „Среќна 13-ка“, во продукција на МРТ, кој беше посветен на ликот на Благоја Георгиевски - Буштур. Режисерот Тони Ристовски го прими признанието за најдобра режија.

На фестивалот во Златибор учествуваа преку 40 филма, од 20 земји.

The post Документарецот за Дарко Панчев доби наградата за најдобар филм на Филмскиот фестивал „Златибор 2023“ appeared first on Република.

]]>

Документарниот филм за македонската фудбалска легенда, Дарко Панчев - „Патот на Кобрата до ѕвездите“, е прогласен за најдобар филм за личност во спортот на 12. меѓународен фестивал за спортски филмови во Златибор. Панчев доби ѝ признание за животно дело за исклучителен придонес во спортот, а наградите во негово име ги подигнаа сопругата Маја и ќерките Надица и Марија.
Прекарот „Кобра“ за Дарко Панчев се однесува исклучително за фудбалот, бидејќи во играта се истакнуваше со недостижно брзи потези кои продуцираа неповториливи голови. Во неговиот реален живот, надвор од фудбалската магија, тој е стандард, мерило за наклонетост и пријателство, прво во семејството и секаде каде што животот го носи, како плима на добрина. Затоа го препорачуваме овој филм како лек против актуелната стварност, која е во сериозен недостаток на основни човекови вредности“, истакнаа членовите на жирито на фестивалот.
На фестивалот награден беше и филмот „Среќна 13-ка“, во продукција на МРТ, кој беше посветен на ликот на Благоја Георгиевски - Буштур. Режисерот Тони Ристовски го прими признанието за најдобра режија. На фестивалот во Златибор учествуваа преку 40 филма, од 20 земји.

The post Документарецот за Дарко Панчев доби наградата за најдобар филм на Филмскиот фестивал „Златибор 2023“ appeared first on Република.

]]>
Објавен документарен филм за значењето на трската во Охридското Езеро https://republika.mk/zivot/objaven-dokumentaren-film-za-znacheneto-na-trskata-vo-ohridskoto-ezero/ Wed, 22 Feb 2023 08:17:39 +0000 https://republika.mk/?p=611746

Здружението за заштита и одржлив развој на животната средина „Регионален зелен центар“ Охрид го објави документарниот филм за значењето на трската во Охридското Езеро. Оваа активност е дел од проектот „Мапирање и управување со трската во Охридското Езеро“, информираат од Општина Охрид.

Документарниот филм претставува збир на постигнатото од секоја фаза на проектот, односно неговата содржина се конципира со помош на статистичките податоци добиени од спроведените теренски истражувања. Се работи за краток филм кој ги прикажува убавините и значењето на трската за биодиверзитетот, потребата од нејзина соодветна заштита, како и моменталната состојба на појасот на трска во Охридското Езеро, се вели во соопштението.

Документарниот филм е објавен на социјалните мрежи на здружението и на Youtube платформата, а во скоро време треба да се емитува и на ТВ. Исто така, овој филм заедно со кратките информативно- едукативни видеа ќе се користи како материјал кој ќе се презентира во сите основни училишта во Општина Охрид.

Проектот „Мапирање и управување со трската во Охридското Езеро“ се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

https://www.youtube.com/watch?v=hCrOQr6dvrE

The post Објавен документарен филм за значењето на трската во Охридското Езеро appeared first on Република.

]]>

Здружението за заштита и одржлив развој на животната средина „Регионален зелен центар“ Охрид го објави документарниот филм за значењето на трската во Охридското Езеро. Оваа активност е дел од проектот „Мапирање и управување со трската во Охридското Езеро“, информираат од Општина Охрид.
Документарниот филм претставува збир на постигнатото од секоја фаза на проектот, односно неговата содржина се конципира со помош на статистичките податоци добиени од спроведените теренски истражувања. Се работи за краток филм кој ги прикажува убавините и значењето на трската за биодиверзитетот, потребата од нејзина соодветна заштита, како и моменталната состојба на појасот на трска во Охридското Езеро, се вели во соопштението.
Документарниот филм е објавен на социјалните мрежи на здружението и на Youtube платформата, а во скоро време треба да се емитува и на ТВ. Исто така, овој филм заедно со кратките информативно- едукативни видеа ќе се користи како материјал кој ќе се презентира во сите основни училишта во Општина Охрид. Проектот „Мапирање и управување со трската во Охридското Езеро“ се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). https://www.youtube.com/watch?v=hCrOQr6dvrE

The post Објавен документарен филм за значењето на трската во Охридското Езеро appeared first on Република.

]]>
Дoкументарен филм за Дона Самер премиерно ќе биде прикажан на Берлинскиот филмски фестивал https://republika.mk/scena/film/dokumentaren-film-za-dona-samer-premierno-ke-bide-prikazhan-na-berlinskiot-filmski-festival/ Tue, 07 Feb 2023 09:25:37 +0000 https://republika.mk/?p=605827

Новиот документарен филм за легендарната диско пејачка Дона Самер ќе има премиера на Меѓународниот филмски фестивал во Берлин.

Филмот, насловен „Love To Love You“, е опишан како „длабоко личен портрет“ на кралицата на диското и нејзиниот подем до слава со хитовите како „I Feel Love“, „MacArthur Park“, „Bad Girls“ и “Hot Stuff”.

Филмот прво ќе биде премиерно прикажан на Берлинскиот филмски фестивал пред да пристигне на „HBO“ и „HBO Max“ во мај.

Документарецот е во режија на режисерот добитник на Оскар и Еми, Роџер Рос Вилијамс и Бруклин Судано, ќерка на Дона Самер, пишува „vibe.com“.

The post Дoкументарен филм за Дона Самер премиерно ќе биде прикажан на Берлинскиот филмски фестивал appeared first on Република.

]]>

Новиот документарен филм за легендарната диско пејачка Дона Самер ќе има премиера на Меѓународниот филмски фестивал во Берлин. Филмот, насловен „Love To Love You“, е опишан како „длабоко личен портрет“ на кралицата на диското и нејзиниот подем до слава со хитовите како „I Feel Love“, „MacArthur Park“, „Bad Girls“ и “Hot Stuff”. Филмот прво ќе биде премиерно прикажан на Берлинскиот филмски фестивал пред да пристигне на „HBO“ и „HBO Max“ во мај. Документарецот е во режија на режисерот добитник на Оскар и Еми, Роџер Рос Вилијамс и Бруклин Судано, ќерка на Дона Самер, пишува „vibe.com“.

The post Дoкументарен филм за Дона Самер премиерно ќе биде прикажан на Берлинскиот филмски фестивал appeared first on Република.

]]>
Филмот „Барка-Извор на живот“ ја дава реалната слика за неопходноста од солидарност во заедницата https://republika.mk/zivot/kariera/filmot-barka-izvor-na-zivot-ja-dava-realnata-slika-za-neophodnosta-od-solidarnost-vo-zaednicata/ Thu, 28 Apr 2022 07:41:01 +0000 https://republika.mk/?p=494574

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска вчера вечер, присуствуваше на премиерата на документарниот филм „Барка – Извор на живот“, во Кино Фросина (МКЦ).

Филмот, снимен во Полска ја раскажува успешната 30 годишна приказна за тоа како социјалното претприемништво и солидарната економија помагаат во заедницата, особено на членовите на маргинализираните групи и нивната реинтеграција и ресоцијализација во општеството.

Темата на социјалното претприемништво е особено актуелна во последно време кај нас. Неодамна беше усвоена Националната стратегија за развој на социјалните претпријатија, а се подготвува и закон со кој ќе се регулира оваа проблематика. Социјалното претприемништво преку реинвестирање на профитот од своето работење, во потребите на заедницата може да направи многу за инклузија на лицата со попреченост и ранливите категории или пак да создаде иновативни решенија за заштита на животната средина.

Министерката Тренчевска, во своето обраќање пред прикажувањето на филмот, го истакна значењето на социјалните претпријатија кои се насочени кон создавање на еднакви шанси за сите и еднакво општество, тие придонесуваат кон еколошки и економски развој, но и допринесуваат кон намалувањето на сиромаштијата за најранливите.

Тие го помагаат економски раст, влијаат на социјалната кохезија и развојот на новите технологии. Министерството за труд и социјална политика како креатор и генератор на социјалните и економските политики, заедно со социјалните претприемачи покажа дека нема тежок и лесен процес, туку само во тоа дали има или нема разбирање и добра волја, рече Тренчевска.

Таа истакна дека социјалниот претприемач преставува двигател на  социјалните промени од кои бенефит има целата заедница. Заедно со институциите, мрежите на граѓанските организации и социјалните претприемачи, заедниците, односно корисниците создаваат решенија кои се ефикасни, одржливи, транспарентни и со мерливо влијание.

Многу ми е драго што моделот на функционирање на социјалното претприемништво во Полска чиј развој беше под големо влијание на Фондацијата „Барка“, е од голем интерес за владините институции и општествените организации во Македонија. Се надевам дека благодарение на филмот за Барка ќе може да се допре до уште поширока публика со информации за социјалното претприемништво и тоа ќе придонесе за развој на истото во земјата, зголемувајќи ја вклученоста на ранливите социјални групи, изјави Пјотр Висоцки, заменик амбасадорот  на Република Полска во Скопје.

Претседателка на фондацијата „Барка“, Барбара Садовска, верува дека e важно да се пренесе искуството дека ваквите претпријатија не само што навистина можат да помогнат на заедницата, туку може да бидат одржливи и од нив да имаат бенефит сите – и оние кои ги основале и луѓето кои работат во нив но и целото општество.

Тука луѓето не наоѓаат само спас од моменталните проблеми, не се работи само за кров над главата и парче леб, туку извор на живот - отворање на нов просперитет за себеси во иднината, пронаоѓајќи нови вештини и нов поттик.

Режисерот на филмот, Небојша Јовановиќ, рече дека работејќи на филмот во Полска се запознал со еден нов концепт.

Концептот на солидарност за мене претставува еден тип на идеално општество. Филмот покажува дека колку и да ни се чини недостижно- тоа е возможно, како во Барка така и општо во животот. Емоциите, надежта, сплотеноста со кои се соочивме на снимањето пренесени од луѓето кои живеат во Барка е нешто што ќе остане со мене засекогаш, изјави тој.

Документарниот филм е финансиран од Амбасадата на Република Полска во Скопје со поддршка на фондацијата „Барка“, како и проектот финансиран од ЕУ „Поддршка на социјалните претпријатија“, имплементиран од Ептиса, во конзорциум со Барка и Екорис, каде корисник е Министерството за труд и социјална политика.​

The post Филмот „Барка-Извор на живот“ ја дава реалната слика за неопходноста од солидарност во заедницата appeared first on Република.

]]>

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска вчера вечер, присуствуваше на премиерата на документарниот филм „Барка – Извор на живот“, во Кино Фросина (МКЦ). Филмот, снимен во Полска ја раскажува успешната 30 годишна приказна за тоа како социјалното претприемништво и солидарната економија помагаат во заедницата, особено на членовите на маргинализираните групи и нивната реинтеграција и ресоцијализација во општеството. Темата на социјалното претприемништво е особено актуелна во последно време кај нас. Неодамна беше усвоена Националната стратегија за развој на социјалните претпријатија, а се подготвува и закон со кој ќе се регулира оваа проблематика. Социјалното претприемништво преку реинвестирање на профитот од своето работење, во потребите на заедницата може да направи многу за инклузија на лицата со попреченост и ранливите категории или пак да создаде иновативни решенија за заштита на животната средина. Министерката Тренчевска, во своето обраќање пред прикажувањето на филмот, го истакна значењето на социјалните претпријатија кои се насочени кон создавање на еднакви шанси за сите и еднакво општество, тие придонесуваат кон еколошки и економски развој, но и допринесуваат кон намалувањето на сиромаштијата за најранливите.
Тие го помагаат економски раст, влијаат на социјалната кохезија и развојот на новите технологии. Министерството за труд и социјална политика како креатор и генератор на социјалните и економските политики, заедно со социјалните претприемачи покажа дека нема тежок и лесен процес, туку само во тоа дали има или нема разбирање и добра волја, рече Тренчевска.
Таа истакна дека социјалниот претприемач преставува двигател на  социјалните промени од кои бенефит има целата заедница. Заедно со институциите, мрежите на граѓанските организации и социјалните претприемачи, заедниците, односно корисниците создаваат решенија кои се ефикасни, одржливи, транспарентни и со мерливо влијание.
Многу ми е драго што моделот на функционирање на социјалното претприемништво во Полска чиј развој беше под големо влијание на Фондацијата „Барка“, е од голем интерес за владините институции и општествените организации во Македонија. Се надевам дека благодарение на филмот за Барка ќе може да се допре до уште поширока публика со информации за социјалното претприемништво и тоа ќе придонесе за развој на истото во земјата, зголемувајќи ја вклученоста на ранливите социјални групи, изјави Пјотр Висоцки, заменик амбасадорот  на Република Полска во Скопје.
Претседателка на фондацијата „Барка“, Барбара Садовска, верува дека e важно да се пренесе искуството дека ваквите претпријатија не само што навистина можат да помогнат на заедницата, туку може да бидат одржливи и од нив да имаат бенефит сите – и оние кои ги основале и луѓето кои работат во нив но и целото општество.
Тука луѓето не наоѓаат само спас од моменталните проблеми, не се работи само за кров над главата и парче леб, туку извор на живот - отворање на нов просперитет за себеси во иднината, пронаоѓајќи нови вештини и нов поттик.
Режисерот на филмот, Небојша Јовановиќ, рече дека работејќи на филмот во Полска се запознал со еден нов концепт.
Концептот на солидарност за мене претставува еден тип на идеално општество. Филмот покажува дека колку и да ни се чини недостижно- тоа е возможно, како во Барка така и општо во животот. Емоциите, надежта, сплотеноста со кои се соочивме на снимањето пренесени од луѓето кои живеат во Барка е нешто што ќе остане со мене засекогаш, изјави тој.
Документарниот филм е финансиран од Амбасадата на Република Полска во Скопје со поддршка на фондацијата „Барка“, како и проектот финансиран од ЕУ „Поддршка на социјалните претпријатија“, имплементиран од Ептиса, во конзорциум со Барка и Екорис, каде корисник е Министерството за труд и социјална политика.​

The post Филмот „Барка-Извор на живот“ ја дава реалната слика за неопходноста од солидарност во заедницата appeared first on Република.

]]>
Вечерва премиера на документарниот филм за Бигорскиот манастир „1000 години-Сведок на светлината“ https://republika.mk/vesti/kultura/vecherva-premiera-na-dokumentarniot-film-za-bigorskiot-manastir-1000-godini-svedok-na-svetlinata/ Fri, 15 Apr 2022 07:44:02 +0000 https://republika.mk/?p=488727

Документарниот филм „1000 години-Сведок на светлината“,  во режија на Илија Ико Каров посветен на Бигорскиот манастир, по повод големиот јубилеј на манастирот, кој го доловува духовниот монашки континуитет низ вековите, премиерно ќе биде прикажан денеска во 20 часот. Ќе се емитува на МТВ, на каналот Јутјуб и ќе биде споделен на официјалните Фејсбук страници на филмот и на Бигорскиот манастир.

Во 2020 година Бигорската Обител го прослави своето илјадалетие – 1000 години од нејзиното основање во 1020 година од страна на ктиторот, Архиепископот Јован Охридски Дебранин.

https://republika.mk/vesti/kultura/se-potprev-na-srceto-i-pochnav-da-gi-voochuvam-onie-raboti-koi-ne-se-gledaat-so-ochite/

The post Вечерва премиера на документарниот филм за Бигорскиот манастир „1000 години-Сведок на светлината“ appeared first on Република.

]]>

Документарниот филм „1000 години-Сведок на светлината“,  во режија на Илија Ико Каров посветен на Бигорскиот манастир, по повод големиот јубилеј на манастирот, кој го доловува духовниот монашки континуитет низ вековите, премиерно ќе биде прикажан денеска во 20 часот. Ќе се емитува на МТВ, на каналот Јутјуб и ќе биде споделен на официјалните Фејсбук страници на филмот и на Бигорскиот манастир. Во 2020 година Бигорската Обител го прослави своето илјадалетие – 1000 години од нејзиното основање во 1020 година од страна на ктиторот, Архиепископот Јован Охридски Дебранин. https://republika.mk/vesti/kultura/se-potprev-na-srceto-i-pochnav-da-gi-voochuvam-onie-raboti-koi-ne-se-gledaat-so-ochite/

The post Вечерва премиера на документарниот филм за Бигорскиот манастир „1000 години-Сведок на светлината“ appeared first on Република.

]]>
Премиера на македонскиот документарен филм „Како ја дефинираш ароганцијата?“ https://republika.mk/vesti/kultura/premiera-na-makedonskiot-dokumentaren-film-kako-ja-definirash-arogancijata/ Thu, 31 Mar 2022 09:31:34 +0000 https://republika.mk/?p=481306

Во Младинскиот културен центар (МКЦ) утре ќе се одржи премиера на македонскиот документарен филм „Како ја дефинираш ароганцијата?“, по сценарио и режија на Небојша Илијевски.

Документарецот е филм за последиците од делувањето на властите, профитерите и бирократијата врз животите на „малите луѓе”, но и за спознанието за моќта на тој „мал човек”, кој е потиснуван од ароганцијата и заробен во своите стравови, мисли, патерни… Филмот го освестува потенцијалот да живееш наместо да живуркаш, фокусирајќи се на суштината наместо на формата.

Без оглед на тоа дали се работи за решеност да се обелодени педофилија во црква знаејќи ги последиците од таквиот чекор, за допинг скандал кој што ти ја прекинува кариерата или за фактот дека си комплетно невидлив за системот и покрај успесите и вредностите што ги носиш, мудрост е да ги направиш работите што не можеш да не ги направиш, а притоа да не се изгубиш себеси, изјави авторот Илијевски.

Есецијалната цел на филмот е гледачите да се охрабрат и да се мотивираат да се загледаат во своите лични контексти и да си понудат и пронајдат решенија кои ќе ги вратат кон себеси, кон нештата кои навистина се важни во/за животот, кон вистинскот „јас“.

Човекот, постојано си ја бара слободата! Но, за жал, само надворешната слобода. Онаа која е во релација со општествениот систем. Така, тој е определен на борба со општеството, но не и на борба со внатрешната психолошка структура која тој систем практично го искреирала. Значи, вистинскиот радикал се наоѓа внатре! Внатре во нас, а не таму надвор, во рамките на општествениот поредок, се наведува во една реплика од филмот.

Музиката е на Бобан Лазовски, камерата на Бошко Столиќ и на Томислав Георгиев, а анимациите на Ратомир Цениќ. Колаж артот е на Маргарита Василевска, арт директор е Дејан Спасовиќ, а монтажата е на Небојша Илијевски.

По проекцијата на докуметарниот филм ќе следи и четириесетминутна сесија со главните протагонисти и со авторот во што ќе биде вклучена и публиката, а после премиерата преку плаформата Аrrogance.mk, гледачите ќе имаат можност за интерактивен придонес кон целиот контекст на носење свесност за личната ароганција во однос на сопствените животи.

Продукцијата е на „Холистик филм“, а е поддржан од Агенцијата за филм.

The post Премиера на македонскиот документарен филм „Како ја дефинираш ароганцијата?“ appeared first on Република.

]]>

Во Младинскиот културен центар (МКЦ) утре ќе се одржи премиера на македонскиот документарен филм „Како ја дефинираш ароганцијата?“, по сценарио и режија на Небојша Илијевски. Документарецот е филм за последиците од делувањето на властите, профитерите и бирократијата врз животите на „малите луѓе”, но и за спознанието за моќта на тој „мал човек”, кој е потиснуван од ароганцијата и заробен во своите стравови, мисли, патерни… Филмот го освестува потенцијалот да живееш наместо да живуркаш, фокусирајќи се на суштината наместо на формата.
Без оглед на тоа дали се работи за решеност да се обелодени педофилија во црква знаејќи ги последиците од таквиот чекор, за допинг скандал кој што ти ја прекинува кариерата или за фактот дека си комплетно невидлив за системот и покрај успесите и вредностите што ги носиш, мудрост е да ги направиш работите што не можеш да не ги направиш, а притоа да не се изгубиш себеси, изјави авторот Илијевски.
Есецијалната цел на филмот е гледачите да се охрабрат и да се мотивираат да се загледаат во своите лични контексти и да си понудат и пронајдат решенија кои ќе ги вратат кон себеси, кон нештата кои навистина се важни во/за животот, кон вистинскот „јас“.
Човекот, постојано си ја бара слободата! Но, за жал, само надворешната слобода. Онаа која е во релација со општествениот систем. Така, тој е определен на борба со општеството, но не и на борба со внатрешната психолошка структура која тој систем практично го искреирала. Значи, вистинскиот радикал се наоѓа внатре! Внатре во нас, а не таму надвор, во рамките на општествениот поредок, се наведува во една реплика од филмот.
Музиката е на Бобан Лазовски, камерата на Бошко Столиќ и на Томислав Георгиев, а анимациите на Ратомир Цениќ. Колаж артот е на Маргарита Василевска, арт директор е Дејан Спасовиќ, а монтажата е на Небојша Илијевски. По проекцијата на докуметарниот филм ќе следи и четириесетминутна сесија со главните протагонисти и со авторот во што ќе биде вклучена и публиката, а после премиерата преку плаформата Аrrogance.mk, гледачите ќе имаат можност за интерактивен придонес кон целиот контекст на носење свесност за личната ароганција во однос на сопствените животи. Продукцијата е на „Холистик филм“, а е поддржан од Агенцијата за филм.

The post Премиера на македонскиот документарен филм „Како ја дефинираш ароганцијата?“ appeared first on Република.

]]>