доктор Archives - Република https://republika.mk/tema/doktor/ За подобро да се разбереме Tue, 14 May 2024 08:34:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png доктор Archives - Република https://republika.mk/tema/doktor/ 32 32 Доктор споделува трик со вода со кој ќе го спречите дебелеењето https://republika.mk/zivot/zdravje/doktor-spodeluva-trik-so-voda-so-koj-ke-go-sprechite-debeleeneto/ Tue, 14 May 2024 08:34:50 +0000 https://republika.mk/?p=777813

Американскиот лекар Мајкл Мозли тврди дека не само она што го јадеме, туку и начинот на кој јадеме може да ги намали шансите за прекумерна тежина и развој на дијабетес тип 2.

Тој потенцира дека брзото јадење може да придонесе за зголемување на телесната тежина, бидејќи тоа влијае на ослободувањето на хормоните кои го потиснуваат гладот. За ова се повикува на студија од 2018 година изработен врз речиси 60.000 испитаници, која покажува дека оние кои бавно јадат имаат 42% помали шанси да станат дебели.

Д-р Мозли објаснува дека јадењето побавно му дава на телото повеќе време да му се сигнализира на мозокот дека е консумирано доволно храна.

Исто така, советува дека најдобар начин да го забавите јадењето е да пиете голтка вода помеѓу два залака.

Мозли советува и да ги јадете оброците на маса наместо да стоите, пред телевизор или додека одите. Тој, исто така, истакнува дека домашно зготвените оброци не само што содржат повеќе влакна во споредба со ултра-обработената храна, туку бараат и повеќе време за џвакање и уживање.

The post Доктор споделува трик со вода со кој ќе го спречите дебелеењето appeared first on Република.

]]>

Американскиот лекар Мајкл Мозли тврди дека не само она што го јадеме, туку и начинот на кој јадеме може да ги намали шансите за прекумерна тежина и развој на дијабетес тип 2. Тој потенцира дека брзото јадење може да придонесе за зголемување на телесната тежина, бидејќи тоа влијае на ослободувањето на хормоните кои го потиснуваат гладот. За ова се повикува на студија од 2018 година изработен врз речиси 60.000 испитаници, која покажува дека оние кои бавно јадат имаат 42% помали шанси да станат дебели. Д-р Мозли објаснува дека јадењето побавно му дава на телото повеќе време да му се сигнализира на мозокот дека е консумирано доволно храна. Исто така, советува дека најдобар начин да го забавите јадењето е да пиете голтка вода помеѓу два залака. Мозли советува и да ги јадете оброците на маса наместо да стоите, пред телевизор или додека одите. Тој, исто така, истакнува дека домашно зготвените оброци не само што содржат повеќе влакна во споредба со ултра-обработената храна, туку бараат и повеќе време за џвакање и уживање.

The post Доктор споделува трик со вода со кој ќе го спречите дебелеењето appeared first on Република.

]]>
Полиција изврши претрес во врска со убиството на лекарот, две лица се приведени https://republika.mk/vesti/makedonija/politsija-izvrshi-pretres-vo-vrska-so-ubistvoto-na-lekarot-dve-litsa-se-privedeni/ Wed, 27 Mar 2024 21:13:13 +0000 https://republika.mk/?p=759538

Извршен е претрес на една локација, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски гостувајќи во поткастот „Претрес“. Тој додаде дека две лица се приведени за убиството на лекарот кое се случи пред неколку дена во скопската населба Железара.

Се врши претрес на одредена локација. Имаме осомничени луѓе за убиството, има одредени материјални траги кои нè водат до овие осомничени, две лица се приведени и се надевам дека во најкратко можно време ќе можеме да излеземе со детали за овој дел од истражните дејствија, рече Тошковски.

Според првичните наоди, мотивот за убиството не бил поврзан со професијата.

Тошковски потенцираше дека од СВР Скопје се вложени огромни напори и дека за овој предмет се превземени 20-тина истражни дејствија, прегледани се над 50 камери и видео записи за 7 дена.

The post Полиција изврши претрес во врска со убиството на лекарот, две лица се приведени appeared first on Република.

]]>

Извршен е претрес на една локација, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски гостувајќи во поткастот „Претрес“. Тој додаде дека две лица се приведени за убиството на лекарот кое се случи пред неколку дена во скопската населба Железара.
Се врши претрес на одредена локација. Имаме осомничени луѓе за убиството, има одредени материјални траги кои нè водат до овие осомничени, две лица се приведени и се надевам дека во најкратко можно време ќе можеме да излеземе со детали за овој дел од истражните дејствија, рече Тошковски.
Според првичните наоди, мотивот за убиството не бил поврзан со професијата. Тошковски потенцираше дека од СВР Скопје се вложени огромни напори и дека за овој предмет се превземени 20-тина истражни дејствија, прегледани се над 50 камери и видео записи за 7 дена.  

The post Полиција изврши претрес во врска со убиството на лекарот, две лица се приведени appeared first on Република.

]]>
Полицијата во координација со јавен обвинител го бара убиецот на лекарот во Железара https://republika.mk/vesti/crna-hronika/politsijata-vo-koordinatsija-so-javen-obvinitel-go-bara-ubietsot-na-lekarot-vo-zhelezara/ Sat, 23 Mar 2024 18:30:10 +0000 https://republika.mk/?p=757889

Јавно обвинителство вечерва соопшти дека полицијата, во координација со јавен обвинител работи на откривање на сторител на убиството на 67-годишниот лекар чие тело беше пронајдено во населбата Железара.

-МВР работи на откривање на сторител, во координација со јавен обвинител. Се очекува и наодот од обдукцијата, посочија од Обвинителството.

Министерството за внатрешни работи вчера информираше дека лекарот со убодни рани е пронајден во сопственото возило „Киа“ на паркингот пред поликлиниката Железара.

The post Полицијата во координација со јавен обвинител го бара убиецот на лекарот во Железара appeared first on Република.

Убиениот е д-р Ацо Трповски, врвен лекар со огромен стаж https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ubieniot-e-d-r-atso-trpovski-vrven-lekar-so-ogromen-stazh/ Fri, 22 Mar 2024 09:10:35 +0000 https://republika.mk/?p=757274

Докторот кој вчеравечер во 23 часот бил пронајден без знаци на живот, со убодни рани по телото, во неговиот автомобил паркиран на паркинг во непосредна близина на поликлиниката Железара е матичниот лекар Ацо Трповски, потврди за  „Слободен печат“ директорот на поликлиниката Александар Вељановски. Станува збор за лекар кој имал приватна ординација и е на 67 годишна возраст.

Претседателката на Здружението на приватни матични лекари, доктор Лилија Чолакова Дервишова, за „Слободен печат“ кажа дека станува збор за врвен лекар, со огромен стаж и целата медицинска фела е во шок од трагедијата. Според нејзините информации, лекарот вечерта посетил настан организиран од фармацевтска компанија за лек.

Министерството за внатрешни работи информираше дека А.Т.(67) од Скопје со убодни рани е пронајден во сопственото возило „киа“ на паркингот пред поликлиниката Железара. Според пријавеното, тој бил пронајден од неговите синови, кои почнале да го бараат откако не се вратил дома од работа.

Од МВР истакнуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Од Основното јавно обвинителство Скопје информираат дека е извршен увид на местото во скопската населба Железара каде синоќа беше пронајдено телото на 67-годишниот лекар со повеќе убодни рани.

Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција, како и наредба за прибирање и анализа на сите траги пронајдени на лице место и за обезбедување на снимки од видеонадзор. Се преземаат дејствија за расчистување на настанот, се наведува во соопштението од ОЈО Скопје.

The post Убиениот е д-р Ацо Трповски, врвен лекар со огромен стаж appeared first on Република.

]]>

Докторот кој вчеравечер во 23 часот бил пронајден без знаци на живот, со убодни рани по телото, во неговиот автомобил паркиран на паркинг во непосредна близина на поликлиниката Железара е матичниот лекар Ацо Трповски, потврди за  „Слободен печат“ директорот на поликлиниката Александар Вељановски. Станува збор за лекар кој имал приватна ординација и е на 67 годишна возраст. Претседателката на Здружението на приватни матични лекари, доктор Лилија Чолакова Дервишова, за „Слободен печат“ кажа дека станува збор за врвен лекар, со огромен стаж и целата медицинска фела е во шок од трагедијата. Според нејзините информации, лекарот вечерта посетил настан организиран од фармацевтска компанија за лек. Министерството за внатрешни работи информираше дека А.Т.(67) од Скопје со убодни рани е пронајден во сопственото возило „киа“ на паркингот пред поликлиниката Железара. Според пријавеното, тој бил пронајден од неговите синови, кои почнале да го бараат откако не се вратил дома од работа. Од МВР истакнуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. Од Основното јавно обвинителство Скопје информираат дека е извршен увид на местото во скопската населба Железара каде синоќа беше пронајдено телото на 67-годишниот лекар со повеќе убодни рани.
Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција, како и наредба за прибирање и анализа на сите траги пронајдени на лице место и за обезбедување на снимки од видеонадзор. Се преземаат дејствија за расчистување на настанот, се наведува во соопштението од ОЈО Скопје.
 
The post Убиениот е д-р Ацо Трповски, врвен лекар со огромен стаж appeared first on Република.

]]>
Докторот бил пронајден мртoв со убодни рани во својот автомобил во Железара https://republika.mk/vesti/crna-hronika/doktorot-bil-pronajden-mrtov-so-ubodni-rani-vo-svojot-avtomobil-vo-zhelezara/ Fri, 22 Mar 2024 08:55:17 +0000 https://republika.mk/?p=757266

МВР ги соопшти деталите за убиството што утрово го потресе Скопје.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/so-nozh-ubien-matichen-doktor-pred-poliklinikata-vo-skopska-zhelezara/

- На 21.03.2024 во 23.09 часот во СВР Скопје било пријавено дека во сопственото возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, на паркинг пред поранешната клиника Железара, со убодни рани по телото бил пронајден А.Т.(67) од Скопје. Според пријавеното, тој бил пронајден од неговите синови, кои почнале да го бараат откако не се вратил дома од работа. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР за Скопје Инфо.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Докторот бил пронајден мртoв со убодни рани во својот автомобил во Железара appeared first on Република.

]]>

МВР ги соопшти деталите за убиството што утрово го потресе Скопје. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/so-nozh-ubien-matichen-doktor-pred-poliklinikata-vo-skopska-zhelezara/
- На 21.03.2024 во 23.09 часот во СВР Скопје било пријавено дека во сопственото возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, на паркинг пред поранешната клиника Железара, со убодни рани по телото бил пронајден А.Т.(67) од Скопје. Според пријавеното, тој бил пронајден од неговите синови, кои почнале да го бараат откако не се вратил дома од работа. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР за Скопје Инфо.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Докторот бил пронајден мртoв со убодни рани во својот автомобил во Железара appeared first on Република.

]]>
Докторот кој ги силуваше американските гимнастичарки бил избоден со нож во затворот на Флорида https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/doktorot-koj-gi-siluvashe-amerikanskite-gimnasticharki-bil-izboden-so-nozh-vo-zatvorot-na-florida/ Mon, 10 Jul 2023 20:32:40 +0000 https://republika.mk/?p=659870

Поранешниот доктор на олимпискиот тим на САД, Лери Насар кој доби затворска казна од 60 години поради детска порнографија и злоставување на малолетнички бил избоден со нож во затворот на Флорида, објавуваат американските медиуми.

Според информациите, друг затвореник неколку пати го избодел Насар откако претходно имале вербална расправија. Докторот веднаш бил пренесен во болница и во стабилна состојба.

Во компјутерот на Насар во 2016 година беа откриени над 37.000 фотографии од сексуална злоупотреба на деца. Обвинетиот пред судот го призна делото.

The post Докторот кој ги силуваше американските гимнастичарки бил избоден со нож во затворот на Флорида appeared first on Република.

]]>

Поранешниот доктор на олимпискиот тим на САД, Лери Насар кој доби затворска казна од 60 години поради детска порнографија и злоставување на малолетнички бил избоден со нож во затворот на Флорида, објавуваат американските медиуми. Според информациите, друг затвореник неколку пати го избодел Насар откако претходно имале вербална расправија. Докторот веднаш бил пренесен во болница и во стабилна состојба. Во компјутерот на Насар во 2016 година беа откриени над 37.000 фотографии од сексуална злоупотреба на деца. Обвинетиот пред судот го призна делото.  

The post Докторот кој ги силуваше американските гимнастичарки бил избоден со нож во затворот на Флорида appeared first on Република.

]]>
Пациенти фатиле секс на доктор и медицинска сестра https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/patsienti-fatile-seks-na-doktor-i-meditsinska-sestra/ Sun, 28 May 2023 15:46:49 +0000 https://republika.mk/?p=645459

Видео на кое наводно се гледа како лекар и медицинска сестра имаат интимни односи се шири по социјалните мрежи. Се претпоставува дека експлицитната сцена е снимена во итната медицинска помош во болницата во градот Пијур во Перу.

Доктор е фатен во интимен однос со медицинска сестра пред пациенти кои чекаат да им се укаже помош, наведува авторот на видеото.

https://youtu.be/p3zof9YGlCs

The post Пациенти фатиле секс на доктор и медицинска сестра appeared first on Република.

Проф. д-р Стојковски: Политиката на ФВМС отсекогаш била лабораториите да бидат опремени со најнова и софистицирана опрема   https://republika.mk/zivot/kariera/prof-d-r-stojkovski-politikata-na-fvms-otsekogash-bila-laboratoriite-da-bidat-opremeni-so-najnova-i-sofistitsirana-oprema/ Tue, 07 Mar 2023 09:24:01 +0000 https://republika.mk/?p=616855

Нова опрема во Лабораторијата за биохемија, клиничка биохемија и биологија на клетка на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје е поводот за разговорот со биохемичарот проф. д-р Велимир Стојковски, кој ни ја открива важноста за дијагностика.

Во Лабораторијата за биохемија, клиничка биохемија и биологија на клетка на Факултетот за ветринарна медицина инсталиравте нова опрема. За каква опрема станува збор?

Политиката на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје отсекогаш била лабораториите да бидат опремени со најнова и софистицирана опрема. Така што, следејќи ја таа политика, на Факултетот се набавени и пуштени во работа автоматски биохемиски анализатор, автоматски имунофлуоресцентен анализатор и автоматски хематолошки анализатор. Сите тие се наменети за современа дијагностика, научни истражувања и секако за едукација на нашите студенти.

Ќе овозможи ли оваа опрема  подобра дијагностика од таа што претходно се користела на Факултетот? 

Лабораторијата за биохемија, клиничка биохемија и биологија на клетка е основана во 1998 година, односно пред 25 години и таа секогаш располагала со квалитетна опрема. Но, кога станува збор за биохемијата и аналитиката воопшто, опремата во секоја лабораторија е директно поврзана со развојот и достигнувањата во техниката, во технологијата и во аналитиката. Така, денес е незамисливо да се работат анализи на опрема на којашто се работело пред триесетина години, затоа што анализаторите постојано се иновираат и усовршуваат. Новите технологии и технички решенија на апаратите имаат тенденција секогаш да работат со што е можно помалку материјал за анализа (крв, серум или др.), резултатот да се добие за што е можно пократко време, добиените резултати да бидат точни, методите да бидат сензитивни, репродуцибилни итн. Токму овие апарати ги задоволуваат тие критериуми и трендови во аналитиката и работат со многу мали волумени на материјал, пример за една анализа се потребни само 100 микролитри. Споредбено, таа количина е еднаква на две капки. Исто така, анализаторите се доста брзи и даваат резултат за многу кратко време. На автоматскиот биохемиски анализатор работиме повеќе од 40 различни анализи, а резултатот се добива за 10 до 12 минути, додека на автоматскиот имунофлуоресцентен анализатор, којшто користи посложена технологија, може да се работат повеќе од 100 различни анализи (хормони, маркери и др.), а резултатот се добива за 40 минути. Накратко, станува збор за софистицирани анализатори, кои секако ќе овозможат побрза и поточна дијагностика.

Се разликува ли дијагностиката кај луѓето во однос на дијагностиката кај животните?

Како биохемичар, ја познавам и би можел да зборувам и за дијагностика кај луѓето и за дијагностика кај животните. Но, колку и да изгледа чудно, ако ги споредам двете, дијагностиката кај животните е малку покомплексна. Притоа, не станува збор за комлексност од аналитички аспект, туку повеќе од практичен. Во суштина, анализите најчесто се работат кај домашните миленици мачка, куче и др. а исто така и кај фармрските животни. Сите тие се цицачи, но сепак живиот свет е многу разновиден и без оглед на аналаитичкиот приод и методите, различните видови животни меѓу себе се разликуваат по различниот метаболизам на одредени биохемиски конституенти и по различните референтни вредности. Главниот проблем во дијагностиката кај животните е тоа што недостига еден битен елемент, а тоа е комуникацијата со пациентот. На пример, во дијагностиката кај човекот комуникиацијата е една важна дополнителна алатка за да се дојде побрзо до дијагноза. Докторот комуницира со пациентот и ги забележува сите податоци што тој ќе му ги каже. На тој начин пациентот може да му помогне на докторот и да го олесни поставувањето на дијаногзата. За разлика од човекот, кај животните не може се користи комуникацијата како помош при дијаностиката и сè што треба да го заклучи докторот за состојбата на здравјето на животното се базира на точната дијагностика со помош на различна апаратура. Доколку биохемиските анализи, но и другите дијагностички податоци од визуализирачки дијагностички методи, ултразвук, рентген, компјутерска томографија и сл, се точни, тогаш точна ќе биде и дијагнозата, добра ќе биде и терапијата, а ако биде добра терапијата, исходот ќе биде позитивен. 

Со оваа опрема воведувате ли некоја нова анализа во дијагностиката, како всушност го подобрувате квалитетот и функционалноста која и до сега сте ја имале?

Во нашата лабораторија и досега работеше квалитетно, а отсега се надевам дека тоа ќе биде уште подобро, зашто сепак се работи за најсовремена опрема во светски рамки. Ние постојано се трудиме да ги следиме современите дијагностички методи и да ги воведуваме во нашите лаборатории, како што веќе реков, сè со цел да им го олесниме на ветеринарните доктори поставувањето на точна дијагноза. Така и овој пат воведовме некои нови анализи, како што се CRP (C реактивниот протеин), фруктозамин, жолчни киселини, фенобарбитал и др. Во тој контекст ќе го споменам фруктозаминот, како доста интересна анализа кај животните во дијагностицирањето на дијабетесот. Според мене, тој е незаменлив параметар во проценката и дијагностицирањето на ова заболување. Кај човекот, сличен параметар кој се испитува е гликолизираниот хемоглобин (хемоглобин А1C), со кој можеме да го видиме просечното ниво на гликоза кај пациентот во изминатите 3 месеци, преку врзувањето на гликозата за хемоглобинот. Кај животните, такви податоци ни дава фруктозаминот, но за разлика од гликолизираниот хемоглобин, фруктозаминот се врзува за протеините. Кај кучето најчесто врзувањето е за албумините, а кај мачката за глобулините. Со определувањето на овој параметар кај животните, ќе добиеме податок какво било нивото на гликоза во крвта во изминатите 2-3 седмици. Зошто е ова важно? Затоа што, повторно ќе кажам, дијагностиката кај животните е поспецифична. Пример, ако дојде во лабораторија човек на кој треба да му се земе крв за анализа, тој комуницира со лаборантот, знае што следува, лаборантот му кажува дека нема да биде болно, дека ќе го боцне, го прашува како се чувствува и во секој момент ако нешто не е во ред тој може да комуницира со лаборантот. Но, замислете ситуација кај некое животно. Сопственикот го носи во лабораторија, околу него се собираат двајца, можеби и тројца лаборанти, доктори, од кои едниот го држи животното, вториот му ја фиксира ногата, третиот го боцка. Во таква ситуација самата процедура за животното е стресна и јас лично сум убеден дека добиената вредност за гликоза во крвта кај тоа животно никогаш нема да биде корисна за дијагноза. Едноставно, животното е под стрес, а нивото на стресот и како тоа го доживува земањето крв, ние не можеме да го процениме. И на крајот, таквиот стрес, логично ќе резултира со покачено ниво на гликоза во крвта. Затоа со воведувањето на фруктозаминот можеме да добиеме поточна претстава за нивоата на гликемија во последните 2-3 седмици, кога животното претпоставуваме дека не било во акутен стрес, и да процениме што да правиме понатаму во дијагностичката постапка.

Така што убеден сум дека новата опрема и новите анализи ќе дадат придонес за подобра  и поточна дијагностика во ветеринарната медицина.

The post Проф. д-р Стојковски: Политиката на ФВМС отсекогаш била лабораториите да бидат опремени со најнова и софистицирана опрема   appeared first on Република.

Ја давел со кабел, ја кубел, понижувал и ја навредувал: Угледен лекар на сопругата ѝ нанел тешки повреди https://republika.mk/vesti/balkan/ja-davel-so-kabel-ja-kubel-ponizhuval-i-ja-navreduval-ugleden-lekar-na-soprugata-nanel-teshki-povredi/ Fri, 03 Feb 2023 17:54:13 +0000 https://republika.mk/?p=604449

Угледниот доктор од ВМА кој е осомничен дека во средата брутално ја претепал сопругата во нивниот семеен дом во Земун, одреден му е притвор од 30 дена поради насилство во семејството и тоа поради три причини.

Според обвинението лекарот од почетокот на јануари до почетокот на февруари вршел семејно насилство, шутирајќи ја со нозе и удирајќи ја по главата и целото тело, удирајќи ја со предмети подобни за тешки повреди, давејќи ја со кабел, кубејќи ја, упатувајќи и закани , понижувајќи ја, навредувајќи ја, при што и нанел повеќе  повреди по главата, нозете, вратот, трупот и рацете, при што и биле скршени четири ребра како и левата лактична коска, а повреди кои се квалификуваат како тешки телесни повреди, стои во извештајот на обвинителството.

Веста дека познатиот 48-годишен доктор Н.О., потполковник вработен како хирург во Воено-медицинската академија во Белград, со дршка од пиштол ја претепал сопругата И.О. ја вознемири целата јавност во регионот.

Нивните соседи во Земун сведочат дека се изненадени од пријавеното семејно насилство. Претходно немале слушнато никаква врева од посоченото „место на злосторот“.

Не очекував дека таков човек со авторитет, на функција, би можел да си ја тепа жената. Малку се арогантни, не се дружат со никого во населбата, раскажува еден од комшиите.

Друг, пак, надополнува дека делувале како да имаат хармоничен брак. Живееле на ниво, имале вила и возеле добри автомобили.

Им ги отворив и профилите на социјалните мрежи. Гледам многу заеднички фотографии на кои се гушнати, делуваат како идеална двојка. Очигледно љубовта им цветала за јавност, а домот им бил пекол “, коментира еден „твитерџија“.

Осомничениот доктор утре ќе биде изведен на распит пред Обвинителството во Белград за кривичното дело семејно насилство.

Српските медиуми јавија дека кај оштетената биле констатирани тешки физички повреди-скршеница на четири ребра, надлактица и хематоми.

The post Ја давел со кабел, ја кубел, понижувал и ја навредувал: Угледен лекар на сопругата ѝ нанел тешки повреди appeared first on Република.

]]>

Угледниот доктор од ВМА кој е осомничен дека во средата брутално ја претепал сопругата во нивниот семеен дом во Земун, одреден му е притвор од 30 дена поради насилство во семејството и тоа поради три причини. Според обвинението лекарот од почетокот на јануари до почетокот на февруари вршел семејно насилство, шутирајќи ја со нозе и удирајќи ја по главата и целото тело, удирајќи ја со предмети подобни за тешки повреди, давејќи ја со кабел, кубејќи ја, упатувајќи и закани , понижувајќи ја, навредувајќи ја, при што и нанел повеќе  повреди по главата, нозете, вратот, трупот и рацете, при што и биле скршени четири ребра како и левата лактична коска, а повреди кои се квалификуваат како тешки телесни повреди, стои во извештајот на обвинителството. Веста дека познатиот 48-годишен доктор Н.О., потполковник вработен како хирург во Воено-медицинската академија во Белград, со дршка од пиштол ја претепал сопругата И.О. ја вознемири целата јавност во регионот. Нивните соседи во Земун сведочат дека се изненадени од пријавеното семејно насилство. Претходно немале слушнато никаква врева од посоченото „место на злосторот“. Не очекував дека таков човек со авторитет, на функција, би можел да си ја тепа жената. Малку се арогантни, не се дружат со никого во населбата, раскажува еден од комшиите. Друг, пак, надополнува дека делувале како да имаат хармоничен брак. Живееле на ниво, имале вила и возеле добри автомобили. Им ги отворив и профилите на социјалните мрежи. Гледам многу заеднички фотографии на кои се гушнати, делуваат како идеална двојка. Очигледно љубовта им цветала за јавност, а домот им бил пекол “, коментира еден „твитерџија“. Осомничениот доктор утре ќе биде изведен на распит пред Обвинителството во Белград за кривичното дело семејно насилство. Српските медиуми јавија дека кај оштетената биле констатирани тешки физички повреди-скршеница на четири ребра, надлактица и хематоми.

The post Ја давел со кабел, ја кубел, понижувал и ја навредувал: Угледен лекар на сопругата ѝ нанел тешки повреди appeared first on Република.

]]>
Условна казна за докторот кој ѝ ги извади органите на родилката, породувал жени на „црно“ https://republika.mk/vesti/crna-hronika/uslovna-kazna-za-doktorot-koj-gi-izvadi-organite-na-rodilkata-poroduval-zheni-na-tsrno/ Thu, 02 Feb 2023 09:08:01 +0000 https://republika.mk/?p=603680

Условна казна му е изречена на гинекологот Мухамед Асани, затоа што во нелегална ординација во неговата куќа, давал здравствени услуги, а меѓу клиентите беше и родилката Јалдз Веапоска, која подоцна остана без органи. Ова е исходот од првата кривична пријава која ја поднесе Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а Веапоска во изјава за „Макфакс“ вели дека е задоволна од пресудата. Сега, гинекологот не смее да направи ново кривично дело во наредните четири години, во спротивно, ќе треба да лежи затвор од две години. Пресудата е изречена во струшкиот Основен суд.

Задоволна сум од исходот на случајот за нелегалната ординација, бидејќи му ја најдоа и го казнија за тоа што нелегално ме прегледуваше мене и сите жени во таа ординација. Таму имаше и други жени кои беа прегледувани. Верувам дека сум заштитила и други жени кои би отишле таму да се прегледуваат - вели Веапоска за „Макфакс“.

Пресудата доаѓа две години откако ДСЗИ изврши вонреден надзор во нелегалната ординација. Тогашната директорка на инспекторатот, Ирина Сотирова – Бухова, констатираше дека гинекологот Асани имал комплетна ординација, која не била регистрирана и поднесе кривична пријава. Веапоска за „Макфакс“ додава дека ова е само почеток.

Тоа е почеток, казната што ја доби од судот. Тоа му е прва пресуда. Дај Боже на пресудата за вадењето на моите органи, да се казни со затвор. Сакам повеќе да не е доктор. Да не осакатува други жени. Затоа и тргнав во оваа работа - додава родилката.

Мухамед Асани беше директор на струшката болница. По јавното обелоденување на случајот со Ваепоска, тој беше разрешен. Според родилката, тој и натаму работи во болницата и обавува обврски како доктор. Со оваа пресуда не му е изречена забрана за вршење дејност.

Ваепоска води уште една битка пред струшкиот суд. Тој се гони затоа што по породување со царски рез во струшката болница, и извадил три органи на Веапоска.

The post Условна казна за докторот кој ѝ ги извади органите на родилката, породувал жени на „црно“ appeared first on Република.

]]>

Условна казна му е изречена на гинекологот Мухамед Асани, затоа што во нелегална ординација во неговата куќа, давал здравствени услуги, а меѓу клиентите беше и родилката Јалдз Веапоска, која подоцна остана без органи. Ова е исходот од првата кривична пријава која ја поднесе Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а Веапоска во изјава за „Макфакс“ вели дека е задоволна од пресудата. Сега, гинекологот не смее да направи ново кривично дело во наредните четири години, во спротивно, ќе треба да лежи затвор од две години. Пресудата е изречена во струшкиот Основен суд.
Задоволна сум од исходот на случајот за нелегалната ординација, бидејќи му ја најдоа и го казнија за тоа што нелегално ме прегледуваше мене и сите жени во таа ординација. Таму имаше и други жени кои беа прегледувани. Верувам дека сум заштитила и други жени кои би отишле таму да се прегледуваат - вели Веапоска за „Макфакс“.
Пресудата доаѓа две години откако ДСЗИ изврши вонреден надзор во нелегалната ординација. Тогашната директорка на инспекторатот, Ирина Сотирова – Бухова, констатираше дека гинекологот Асани имал комплетна ординација, која не била регистрирана и поднесе кривична пријава. Веапоска за „Макфакс“ додава дека ова е само почеток.
Тоа е почеток, казната што ја доби од судот. Тоа му е прва пресуда. Дај Боже на пресудата за вадењето на моите органи, да се казни со затвор. Сакам повеќе да не е доктор. Да не осакатува други жени. Затоа и тргнав во оваа работа - додава родилката.
Мухамед Асани беше директор на струшката болница. По јавното обелоденување на случајот со Ваепоска, тој беше разрешен. Според родилката, тој и натаму работи во болницата и обавува обврски како доктор. Со оваа пресуда не му е изречена забрана за вршење дејност. Ваепоска води уште една битка пред струшкиот суд. Тој се гони затоа што по породување со царски рез во струшката болница, и извадил три органи на Веапоска.

The post Условна казна за докторот кој ѝ ги извади органите на родилката, породувал жени на „црно“ appeared first on Република.

]]>
Aко ноќе ви трнат прстите побарајте помош од доктор што поскоро https://republika.mk/zivot/zdravje/ako-nokje-vi-trnat-prstite-pobarajte-pomosh-od-doktor-shto-poskoro/ Thu, 29 Sep 2022 19:57:05 +0000 https://republika.mk/?p=555800

Будењето со трнење во рацете или прстите може да биде еден од првите знаци на синдромот на карпален тунел, состојбата што настанува кога ќе се стегне еден од најважните нерви блиску до вашиот зглоб.

После тресење или движење на раката, трпнењето најчесто исчезнува, вели неврологот Гереон Нел. Додека е во рана фаза, синдромот на карпален канал може да се лекува без хируршка процедура, па затоа е најдобро да се посети лекар колку што е можно поскоро.

Докторот може да ви препорача користење на подлактица, со која ќе се спречи свиткувањето на рачниот зглоб. Доколку нервот е стегнат подолго време време, трнењето и болката може да се прошират од прстите до рамената.

Во најлошото можно сценарио, кога прстите се здрвени подолго време, операцијата најверојатно е неопходна.

The post Aко ноќе ви трнат прстите побарајте помош од доктор што поскоро appeared first on Република.

]]>

Будењето со трнење во рацете или прстите може да биде еден од првите знаци на синдромот на карпален тунел, состојбата што настанува кога ќе се стегне еден од најважните нерви блиску до вашиот зглоб. После тресење или движење на раката, трпнењето најчесто исчезнува, вели неврологот Гереон Нел. Додека е во рана фаза, синдромот на карпален канал може да се лекува без хируршка процедура, па затоа е најдобро да се посети лекар колку што е можно поскоро. Докторот може да ви препорача користење на подлактица, со која ќе се спречи свиткувањето на рачниот зглоб. Доколку нервот е стегнат подолго време време, трнењето и болката може да се прошират од прстите до рамената. Во најлошото можно сценарио, кога прстите се здрвени подолго време, операцијата најверојатно е неопходна.

The post Aко ноќе ви трнат прстите побарајте помош од доктор што поскоро appeared first on Република.

]]>
Пет правила и распоред за здрав живот од руски доктор кој дочекал 103 години и скоро цел живот имал иста тежина https://republika.mk/zivot/zdravje/pet-pravila-i-raspored-za-zdrav-zivot-od-ruski-doktor-koj-dochekal-103-godini-i-skoro-cel-zivot-imal-ista-tezina/ Tue, 27 Sep 2022 16:00:41 +0000 https://republika.mk/?p=554596

Доктор Фјодор Григорјевич Углов живеел 103 години, а во поголем дел од својот живот имал ист број килограми, односно 63. Овој познат руски и советски доктор работел до својата 102-година и бил познат како неверојатен експерт.

Тој сметал дека прекумерната телесна тежина го намалува имунитетот, го менува составот на крвта и предизвикува низа проблеми.

Сам осмислил 5 правила за здрав живот:

Секој ден физичка активност го јакне имунитетот.

Колку што работите толку треба и да одморате.

Секој ден туширајте се со ладна вода.

Сон најмалку 7 часа.

Ограничен внес на храна.

Според д-р Углов, сите треба да јадеме разновидна храна – јајца, немасно месо, риба, зеленчук и овошје. Тој советувал секој ден да се пие сурутка и вода.

Како што зборувал, никому од нас не му се потребни слатки работи брашно. Тој препорачувал да се јаде само интегрален леб и тоа најмногу 150 грама дневно.

Оброците треба да бидат чести – најмалку четири пати дневно да се јаде по нешто, но во помали порции.

За да ослабне, Углов секои два месеци бил на диета. Тој ја нарекувал „источна диета“. Зборувал дека со помош на оваа диета се губат од 3 до 5 килограми, а одлична е и за чистење на телото.

Диетата на д-р Углов бара броење калории и исклучително е лесна за одржување.

Секојдневна диета на д-р Углов:

9 часот – црн чај или кефир со лажичка шеќер

11 часот – 1 варено јајце, осум варени сливи натопени во вода

14 часот – 200 грама немасно, варено месо (пилешко или јунешко), 100 грама свежа или варена зелка или моркови, 1 портокал

17 часот – 30 грама тврдо сирење без маснотии, портокал или јаболко

20 часот – 250 милилитри јогурт или кефир.

Покрај диетата во губењето килограми придонесува и ова:

Станете од столот доколку ви се чини дека сте сити. Доколку се прејадувате, тоа ќе влијае на вашата телесна тежина.

Никогаш немојте да си легнувате да спиете или да одморате по јадењето. Последниот оброк треба да биде неколку часа пред спиење, по можност да не јадете по 20 часот.

Вечерата секогаш треба да биде лесна, а се препорачува тоа да биде шолја јогурт или млеко.

Д-р Углов верувал дека постот носи една корист. Повремено би се откажал од животински производи, би намалил внесување храна и веќе би се чувствувал добро.

The post Пет правила и распоред за здрав живот од руски доктор кој дочекал 103 години и скоро цел живот имал иста тежина appeared first on Република.

]]>

Доктор Фјодор Григорјевич Углов живеел 103 години, а во поголем дел од својот живот имал ист број килограми, односно 63. Овој познат руски и советски доктор работел до својата 102-година и бил познат како неверојатен експерт. Тој сметал дека прекумерната телесна тежина го намалува имунитетот, го менува составот на крвта и предизвикува низа проблеми.

Сам осмислил 5 правила за здрав живот:

Секој ден физичка активност го јакне имунитетот. Колку што работите толку треба и да одморате. Секој ден туширајте се со ладна вода. Сон најмалку 7 часа. Ограничен внес на храна. Според д-р Углов, сите треба да јадеме разновидна храна – јајца, немасно месо, риба, зеленчук и овошје. Тој советувал секој ден да се пие сурутка и вода. Како што зборувал, никому од нас не му се потребни слатки работи брашно. Тој препорачувал да се јаде само интегрален леб и тоа најмногу 150 грама дневно. Оброците треба да бидат чести – најмалку четири пати дневно да се јаде по нешто, но во помали порции. За да ослабне, Углов секои два месеци бил на диета. Тој ја нарекувал „источна диета“. Зборувал дека со помош на оваа диета се губат од 3 до 5 килограми, а одлична е и за чистење на телото. Диетата на д-р Углов бара броење калории и исклучително е лесна за одржување.

Секојдневна диета на д-р Углов:

9 часот – црн чај или кефир со лажичка шеќер 11 часот – 1 варено јајце, осум варени сливи натопени во вода 14 часот – 200 грама немасно, варено месо (пилешко или јунешко), 100 грама свежа или варена зелка или моркови, 1 портокал 17 часот – 30 грама тврдо сирење без маснотии, портокал или јаболко 20 часот – 250 милилитри јогурт или кефир.

Покрај диетата во губењето килограми придонесува и ова:

Станете од столот доколку ви се чини дека сте сити. Доколку се прејадувате, тоа ќе влијае на вашата телесна тежина. Никогаш немојте да си легнувате да спиете или да одморате по јадењето. Последниот оброк треба да биде неколку часа пред спиење, по можност да не јадете по 20 часот. Вечерата секогаш треба да биде лесна, а се препорачува тоа да биде шолја јогурт или млеко. Д-р Углов верувал дека постот носи една корист. Повремено би се откажал од животински производи, би намалил внесување храна и веќе би се чувствувал добро.

The post Пет правила и распоред за здрав живот од руски доктор кој дочекал 103 години и скоро цел живот имал иста тежина appeared first on Република.

]]>
Докторот кој му го смени животот на Ѓоковиќ ја открива вистината: Тој не е антиваксер, само сака слобода за избор https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/doktorot-koj-mu-go-smeni-zivotot-na-gjokovikj-ja-otkriva-vistinata-toj-ne-e-antivakser-samo-saka-sloboda-za-izbor/ Tue, 25 Jan 2022 11:40:40 +0000 https://republika.mk/?p=449205

Д-р Игор Четојевиќ е познат како одличен нутриционист и специјалист за велнес, а денес е цитиран во бројни текстови, меѓу кои и книгата на Новак Ѓоковиќ „Сервис за победа“.

Го познаваат како човек кој на светскиот шампион во тенис Новак Ѓоковиќ, му помогнал да ги премине ограничувањата предизвикани од глутен.

Четојевиќ работи и живее во Кипар, каде започнал да зборува во тамошните медиуми за ситуацијата со Новак.

Новак не е антиваксер, како што тврдат во вестите. Ѓоковиќ се залага за слобода на избор и затоа е опасен за тие „глувци“ од владата. Тој одлично ја гледа пошироката слика, многу јасно.

Само бараа изговор за сите свои грешки. Новак доби виза, имаше статус на медицинско изземање, а играта на политичарите беше да го искористат славниот спортист познат по оригиналните ставови како алиби за своите неуспеси.

Ѓоковиќ наводно пристигнал во Австралија да го шири вирусот, а кој е тогаш виновен за двете години неуспешна борба со вирусот? Ѓоковиќ знае дека постои можност да го оштети и своето здравје, а со тоа и неговата кариера би била во опасност доколку се вакцинираше. Сè повеќе вакцинирани луѓе имаат проблеми, редовно ги гледам во мојата ординација.

Слободата на избор. Никој нема право да ви ја земе од рака. За тоа се залага Ѓоковиќ, објаснил докторот кој смета дека Новак им пречи на некои од политичките кругови.

А, на прашањето каква трага австралиската голгота ќе остави на тенисерот, Четојевиќ одговара:

Еднаш му подарив книга во која се четирите препораки за живот. Мислам дека сега би можел да искористи еден - не сфаќај ништо лично.

The post Докторот кој му го смени животот на Ѓоковиќ ја открива вистината: Тој не е антиваксер, само сака слобода за избор appeared first on Република.

]]>

Д-р Игор Четојевиќ е познат како одличен нутриционист и специјалист за велнес, а денес е цитиран во бројни текстови, меѓу кои и книгата на Новак Ѓоковиќ „Сервис за победа“. Го познаваат како човек кој на светскиот шампион во тенис Новак Ѓоковиќ, му помогнал да ги премине ограничувањата предизвикани од глутен. Четојевиќ работи и живее во Кипар, каде започнал да зборува во тамошните медиуми за ситуацијата со Новак. Новак не е антиваксер, како што тврдат во вестите. Ѓоковиќ се залага за слобода на избор и затоа е опасен за тие „глувци“ од владата. Тој одлично ја гледа пошироката слика, многу јасно. Само бараа изговор за сите свои грешки. Новак доби виза, имаше статус на медицинско изземање, а играта на политичарите беше да го искористат славниот спортист познат по оригиналните ставови како алиби за своите неуспеси. Ѓоковиќ наводно пристигнал во Австралија да го шири вирусот, а кој е тогаш виновен за двете години неуспешна борба со вирусот? Ѓоковиќ знае дека постои можност да го оштети и своето здравје, а со тоа и неговата кариера би била во опасност доколку се вакцинираше. Сè повеќе вакцинирани луѓе имаат проблеми, редовно ги гледам во мојата ординација. Слободата на избор. Никој нема право да ви ја земе од рака. За тоа се залага Ѓоковиќ, објаснил докторот кој смета дека Новак им пречи на некои од политичките кругови. А, на прашањето каква трага австралиската голгота ќе остави на тенисерот, Четојевиќ одговара: Еднаш му подарив книга во која се четирите препораки за живот. Мислам дека сега би можел да искористи еден - не сфаќај ништо лично.

The post Докторот кој му го смени животот на Ѓоковиќ ја открива вистината: Тој не е антиваксер, само сака слобода за избор appeared first on Република.

]]>
Oва е вистинскиот доктор на пејачот: Тома доаѓаше во болница кога сака, си заминуваше кога сака https://republika.mk/scena/estrada/ova-e-vistinskiot-doktor-na-pejachot-toma-doagjashe-vo-bolnica-koga-saka-si-zaminuvashe-koga-saka/ Tue, 04 Jan 2022 13:30:52 +0000 https://republika.mk/?p=440492

Покрај главниот лик најголем интерес во филмот „Тома“ имаше за неговиот доктор кој секаде одеше со него и станаа добри пријатели.

Некои делови во филмот се додадени, но некои се вистинити.

Докторот кој го лечел Здравковиќ се викал Дејан Елаковиќ од Клиниката за урологија.Тој вели дека добро го познавал Тома и дека музиката му била се во животот.

Го сакаше тој живот, ја сакаше музиката. На почетокот не знаев кој е тој но подоцна се запознавме кога доаѓаше на прегледи. Сите го сакаа на Клиниката, и пациентите и персоналот. Иако боледуваше од тумор на бешиката тој не придаваше на тоа големо значење и си го живееше нормално животот. Иако го предупредувавме тој доаѓаше во болницата кога сака, си заминуваше кога сака.Си го живееше животот-раскажува докторот.

https://www.youtube.com/watch?v=lOJdrlMRmGc

The post Oва е вистинскиот доктор на пејачот: Тома доаѓаше во болница кога сака, си заминуваше кога сака appeared first on Република.

]]>

Покрај главниот лик најголем интерес во филмот „Тома“ имаше за неговиот доктор кој секаде одеше со него и станаа добри пријатели. Некои делови во филмот се додадени, но некои се вистинити. Докторот кој го лечел Здравковиќ се викал Дејан Елаковиќ од Клиниката за урологија.Тој вели дека добро го познавал Тома и дека музиката му била се во животот.