-Смешна беше онаа препорака дека ако се избришат сите мејлови дека ќе нема дојави, ги сменија мејловите. Откако ги сменија, добија дојави. Треба да се бара начин како навистина да се реши проблемот. Тоа што можеби ќе доаѓа полицаец во текот на денот служи за смирување на учениците и наставниците, но не е реална одбрана од дојавите иако МВР има можност. Ако на гробот на Гоце Делчев можеше да има 2000 полицајци, зошто во 100 училишта не може да има 400 полицајци? – рече Јаневска.
Според неа треба технолошки да се види како функционира во високо развиените земји, но постојат и начини кои сите секојдневно ги користиме како видеокамери, сензори.
Јаневска во врска со објавите дека нападите доаѓаат од одредени земји, посочи дека еднаш рекоа дека доаѓаат од еден дел на светот, сега од друг дел на светот, па постојано хибридна војна, а еднаш не слушнавме да кажат од кого да се браниме и дали некој ќе ни помогне.
-Ако нема, што треба да се преземе за да на крај се одбраниме, како што се бранат напредните земји, нагласи Јаневска.