дојава Archives - Република https://republika.mk/tema/dojava/ За подобро да се разбереме Tue, 05 Nov 2024 08:41:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дојава Archives - Република https://republika.mk/tema/dojava/ 32 32 Дојава за бомби во неколку училишта во Црна Гора https://republika.mk/vesti/balkan/dojava-za-bombi-vo-nekolku-uchilishta-vo-tsrna-gora/ Tue, 05 Nov 2024 08:41:53 +0000 https://republika.mk/?p=834247

Наставата во неколку училишта во Црна Гора утрово е прекината, а учениците и вработените се евакуирани, поради дојава за поставени бомби.

Порталот РТЦГ дознава дека на адресите на неколку училишта во Подгорица, Голубовци, Бијело Поље, Даниловград пристигнале заканувачки пораки.

Министерството за образование, наука и иновации соопшти дека училишните администрации презеле мерки од нивна надлежност.

The post Дојава за бомби во неколку училишта во Црна Гора appeared first on Република.

]]>

Наставата во неколку училишта во Црна Гора утрово е прекината, а учениците и вработените се евакуирани, поради дојава за поставени бомби.

Порталот РТЦГ дознава дека на адресите на неколку училишта во Подгорица, Голубовци, Бијело Поље, Даниловград пристигнале заканувачки пораки.

Министерството за образование, наука и иновации соопшти дека училишните администрации презеле мерки од нивна надлежност.

The post Дојава за бомби во неколку училишта во Црна Гора appeared first on Република.

]]>
Тинејџер испратил лажни дојави за бомба во училиштата во Сараево, одреден му е притвор https://republika.mk/vesti/balkan/tinejdher-ispratil-lazhni-dojavi-za-bomba-vo-uchilishtata-vo-saraevo-odreden-mu-e-pritvor/ Mon, 04 Nov 2024 12:05:17 +0000 https://republika.mk/?p=833996

Едномесечен притвор по предлог на обвинителството му е одреден на осумнаесетгодишното момче кое осум пати лажно пријавило дека биле поставени бомби во неколку училишта во Сараево, Општинскиот суд во Сараево, пишува „Кликс.ба“.

Како што потврдија од Обвинителството на Кантонот Сараево, тој е приведен поради опасност доколку биде ослободен да повтори кривични дела, а се сомничи и за загрозување на безбедноста и за лажна пријава.

Во петокот околу 20:00 часот, полициски службеници на МУП на кантон Сараево и ФУП, по наредба на дежурен обвинител, уапсиле 18-годишно лице кое е осомничено дека осум пати лажно пријавил преку е- пошта во последните денови дека бомбите биле поставени во неколку училишта во Сараево.

Во текот на изминатите неколку недели, во одредени училишта во Сараево речиси секој ден се добиваа извештаи за наводни бомби.

Дополнително, извештаите стигнаа и до трговските центри и аеродромот во Сараево, што доведе до евакуација и суспензија на летовите и работата.

The post Тинејџер испратил лажни дојави за бомба во училиштата во Сараево, одреден му е притвор appeared first on Република.

]]>

Едномесечен притвор по предлог на обвинителството му е одреден на осумнаесетгодишното момче кое осум пати лажно пријавило дека биле поставени бомби во неколку училишта во Сараево, Општинскиот суд во Сараево, пишува „Кликс.ба“. Како што потврдија од Обвинителството на Кантонот Сараево, тој е приведен поради опасност доколку биде ослободен да повтори кривични дела, а се сомничи и за загрозување на безбедноста и за лажна пријава. Во петокот околу 20:00 часот, полициски службеници на МУП на кантон Сараево и ФУП, по наредба на дежурен обвинител, уапсиле 18-годишно лице кое е осомничено дека осум пати лажно пријавил преку е- пошта во последните денови дека бомбите биле поставени во неколку училишта во Сараево. Во текот на изминатите неколку недели, во одредени училишта во Сараево речиси секој ден се добиваа извештаи за наводни бомби. Дополнително, извештаите стигнаа и до трговските центри и аеродромот во Сараево, што доведе до евакуација и суспензија на летовите и работата.

The post Тинејџер испратил лажни дојави за бомба во училиштата во Сараево, одреден му е притвор appeared first on Република.

]]>
Дојава за бомба во трговски центри и на Техничкиот факултет во Белград https://republika.mk/vesti/balkan/dojava-za-bomba-vo-trgovski-tsentri-i-na-tehnichkiot-fakultet-vo-belgrad/ Tue, 01 Oct 2024 14:17:59 +0000 https://republika.mk/?p=821462

Во два трговски центри во Белград денеска имаше дојава за бомба, а дојавата стигна и за Техничкиот факултет, јави дописникот на МИА од Белград.

Дојавата за поставени бомби имаше во трговскиот центар „Биг“ во Карабурба и во трговскиот центар „Милениум“ во центарот на Белград. Како што е потврдено од Министерството за внатрешни работи (МВР), непознати лица нешто по 13 часот пријавиле дека во трговските центри била поставена експлозивна направа.

Во моментов во тек е евакуација на посетителите во тие трговски центри, а надлежните екипи на МВР се излезени на терен поради дојава за поставена бомба во ТЦ во Карабурма.

Блиц соопшти дека дојава за поставена бомба е пристигната и за Техничкиот факултет во Белград.

The post Дојава за бомба во трговски центри и на Техничкиот факултет во Белград appeared first on Република.

]]>

Во два трговски центри во Белград денеска имаше дојава за бомба, а дојавата стигна и за Техничкиот факултет, јави дописникот на МИА од Белград. Дојавата за поставени бомби имаше во трговскиот центар „Биг“ во Карабурба и во трговскиот центар „Милениум“ во центарот на Белград. Како што е потврдено од Министерството за внатрешни работи (МВР), непознати лица нешто по 13 часот пријавиле дека во трговските центри била поставена експлозивна направа. Во моментов во тек е евакуација на посетителите во тие трговски центри, а надлежните екипи на МВР се излезени на терен поради дојава за поставена бомба во ТЦ во Карабурма. Блиц соопшти дека дојава за поставена бомба е пристигната и за Техничкиот факултет во Белград.

The post Дојава за бомба во трговски центри и на Техничкиот факултет во Белград appeared first on Република.

]]>
Претседателството на Босна и Херцеговина добило дојава за поставена бомба https://republika.mk/vesti/balkan/pretsedatelstvoto-na-bosna-i-hertsegovina-dobilo-dojava-za-postavena-bomba/ Wed, 25 Sep 2024 17:57:52 +0000 https://republika.mk/?p=819622

Во Претседателството на Босна и Херцеговина денеска пристигнала дојава за поставена бомба, јавија локалните медиуми.

Експлозивни направи се поставени во во администрацијата на претседателот на Босна и Херцеговина. Тоа е поради вашите лоши односи со Руската Федерација, се наведува во дојавата.

Во тек е полициска акција, јавија сараевските медиуми.

The post Претседателството на Босна и Херцеговина добило дојава за поставена бомба appeared first on Република.

]]>

Во Претседателството на Босна и Херцеговина денеска пристигнала дојава за поставена бомба, јавија локалните медиуми. Експлозивни направи се поставени во во администрацијата на претседателот на Босна и Херцеговина. Тоа е поради вашите лоши односи со Руската Федерација, се наведува во дојавата. Во тек е полициска акција, јавија сараевските медиуми.

The post Претседателството на Босна и Херцеговина добило дојава за поставена бомба appeared first on Република.

]]>
Дојава за бомба во Кратово по лажните пријави во Охрид https://republika.mk/vesti/crna-hronika/dojava-za-bomba-vo-kratovo-po-lazhnite-prijavi-vo-ohrid/ Wed, 28 Feb 2024 14:12:11 +0000 https://republika.mk/?p=749320

Денеска (28.02.2024) околу 10:35 во СВР Куманово, вработена во кабелски оператор во Кратово пријавила дека преку СМС порака добиле закана за поставена експлозивна направа.

Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки и извршена е проверка на локацијата, по што е констатирано дека се работи за лажна пријава.

Денеска (28.02.2024 година) околу 10:00 часот добиена е пријава за поставени бомби во два деловни објекти, едно училиште, еден хотел и една такси компанија во Охрид. СВР Охрид и припадници на Единицата за антитероризам при МВР презедоа мерки и извршија детални проверки на локациите, по што е констатирано дека се работи за лажни пријави.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите, по што, во координација со јавен обвинител, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

The post Дојава за бомба во Кратово по лажните пријави во Охрид appeared first on Република.

]]>

Денеска (28.02.2024) околу 10:35 во СВР Куманово, вработена во кабелски оператор во Кратово пријавила дека преку СМС порака добиле закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки и извршена е проверка на локацијата, по што е констатирано дека се работи за лажна пријава. Денеска (28.02.2024 година) околу 10:00 часот добиена е пријава за поставени бомби во два деловни објекти, едно училиште, еден хотел и една такси компанија во Охрид. СВР Охрид и припадници на Единицата за антитероризам при МВР презедоа мерки и извршија детални проверки на локациите, по што е констатирано дека се работи за лажни пријави. Се преземаат мерки за расчистување на случаите, по што, во координација со јавен обвинител, ќе бидат поднесени соодветни пријави.  

The post Дојава за бомба во Кратово по лажните пријави во Охрид appeared first on Република.

]]>
Дојави за бомба во повеќе училишта во Белград https://republika.mk/vesti/balkan/dojavi-za-bomba-vo-poveke-uchilishta-vo-belgrad/ Mon, 27 Nov 2023 13:46:16 +0000 https://republika.mk/?p=716800

Неколку училишта во Белград добиле информации дека во просториите е поставена бомба, учениците се евакуирани и во тек е увид, пренесе „Блиц.рс“.

Точно е дека имаше дојава за бомба, учениците се евакуирани“, изјавиле за „Телеграф“ од Основното училиште „Свети Сава“.

Српските медиуми наведуваат дека кај децата нема паника, а учениците не ни влегле во училиште. Децата се или во дворот или во паркот спроти училиштето.

Полицијата врши увид во зградите и по увидот децата ќе се вратат на часови.

The post Дојави за бомба во повеќе училишта во Белград appeared first on Република.

]]>

Неколку училишта во Белград добиле информации дека во просториите е поставена бомба, учениците се евакуирани и во тек е увид, пренесе „Блиц.рс“.
Точно е дека имаше дојава за бомба, учениците се евакуирани“, изјавиле за „Телеграф“ од Основното училиште „Свети Сава“.
Српските медиуми наведуваат дека кај децата нема паника, а учениците не ни влегле во училиште. Децата се или во дворот или во паркот спроти училиштето. Полицијата врши увид во зградите и по увидот децата ќе се вратат на часови.

The post Дојави за бомба во повеќе училишта во Белград appeared first on Република.

]]>
Дојава за бомба во училиште во Сараево https://republika.mk/vesti/balkan/dojava-za-bomba-vo-uchilishte-vo-saraevo/ Tue, 11 Apr 2023 07:24:04 +0000 https://republika.mk/?p=629666

ОУ „Меша Селимовиќ“ утрово добило дојава за поставена бомба повторно, а учениците се евакуирани и во тек е проверка од страна на полицијата.

Како што потврди Мерсиха Новалиќ, портпаролка на Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево, нешто пред осум часот училиштето го добило известувањето за поставената бомба преку електронска пошта.

Веднаш по пријавата на терен излегла специјалната екипа на МУП на КС и во тек е контрадиверзантски увид. Исто така, информиран е и дежурниот обвинител на Обвинителството на КС, а учениците се евакуирани.

Министерството за внатрешни работи на КС, но и образовните институции во последно време се занимаваат со се почести дојави за поставени бомби, кои досега – за среќа – се покажаа како лажни. Ова училиште во последните дваесетина дена е четврти пат да добива дојави за подметнати бомби.

Сепак, тоа во голема мера ја отежнува работата и на полицајците и на вработените во училиштата и факултетите, како и на учениците на кои им е забрането настава тој ден.

Исто така, МУП на КС неодамна идентификуваше и уапси две лица под сомнение дека испраќале лажни пријави за бомби на Меѓународниот универзитет во Сараево, а кривичната истрага против нив е во тек.

 

The post Дојава за бомба во училиште во Сараево appeared first on Република.

]]>

ОУ „Меша Селимовиќ“ утрово добило дојава за поставена бомба повторно, а учениците се евакуирани и во тек е проверка од страна на полицијата. Како што потврди Мерсиха Новалиќ, портпаролка на Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево, нешто пред осум часот училиштето го добило известувањето за поставената бомба преку електронска пошта. Веднаш по пријавата на терен излегла специјалната екипа на МУП на КС и во тек е контрадиверзантски увид. Исто така, информиран е и дежурниот обвинител на Обвинителството на КС, а учениците се евакуирани. Министерството за внатрешни работи на КС, но и образовните институции во последно време се занимаваат со се почести дојави за поставени бомби, кои досега – за среќа – се покажаа како лажни. Ова училиште во последните дваесетина дена е четврти пат да добива дојави за подметнати бомби. Сепак, тоа во голема мера ја отежнува работата и на полицајците и на вработените во училиштата и факултетите, како и на учениците на кои им е забрането настава тој ден. Исто така, МУП на КС неодамна идентификуваше и уапси две лица под сомнение дека испраќале лажни пријави за бомби на Меѓународниот универзитет во Сараево, а кривичната истрага против нив е во тек.  

The post Дојава за бомба во училиште во Сараево appeared first on Република.

]]>
Дојава за бомба во училиштето „Димитар Миладинов“, учениците евакуирани https://republika.mk/vesti/crna-hronika/dojava-za-bomba-vo-uchilishteto-dimitar-miladinov-uchenitsite-evakuirani/ Thu, 23 Feb 2023 09:16:23 +0000 https://republika.mk/?p=612223

Утринава е добиена дојава за поставена бомба во основното училиште „Димитар Миладинов“ во Центар.

По таквата дојава, веднаш е реагирано, прекинат е наставниот процес и учениците се евакуирани, односно го напуштиле просторот на училиштето.

Служби од надлежните институции се на терен и ќе ја проверуваат веродостојноста на дојавата.

The post Дојава за бомба во училиштето „Димитар Миладинов“, учениците евакуирани appeared first on Република.

]]>

Утринава е добиена дојава за поставена бомба во основното училиште „Димитар Миладинов“ во Центар. По таквата дојава, веднаш е реагирано, прекинат е наставниот процес и учениците се евакуирани, односно го напуштиле просторот на училиштето. Служби од надлежните институции се на терен и ќе ја проверуваат веродостојноста на дојавата.

The post Дојава за бомба во училиштето „Димитар Миладинов“, учениците евакуирани appeared first on Република.

]]>
Пријава за бомба на скопскиот аеродром https://republika.mk/vesti/makedonija/prijava-za-bomba-na-skopskiot-aerodrom/ Mon, 20 Feb 2023 11:42:25 +0000 https://republika.mk/?p=611028

На електронските адреси на 10 училишта во Скопје и четири во Прилеп, како и на Меѓународниот аеродром „Скопје“, претпладнево пристигнале закани за поставени експлозивни направи, информира МВР.

– Денеска до 09.30 часот пријавено е дека на електронските адреси на 10 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Исто така, добиена е закана и во четири училишта во Прилеп, се наведува во соопштенито.

Од МВР посочуваат дека веднаш по добиените пријави, полициски службеници презеле мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки, а се преземаат мерки за расчистување на случаите.

– Исто така, добиена е пријава за испратена закана и до аеродромот во Скопје, каде исто така, во тек се антитерористички проверки, посочуваат од полицијата.

The post Пријава за бомба на скопскиот аеродром appeared first on Република.

]]>

На електронските адреси на 10 училишта во Скопје и четири во Прилеп, како и на Меѓународниот аеродром „Скопје“, претпладнево пристигнале закани за поставени експлозивни направи, информира МВР. – Денеска до 09.30 часот пријавено е дека на електронските адреси на 10 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Исто така, добиена е закана и во четири училишта во Прилеп, се наведува во соопштенито. Од МВР посочуваат дека веднаш по добиените пријави, полициски службеници презеле мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки, а се преземаат мерки за расчистување на случаите. – Исто така, добиена е пријава за испратена закана и до аеродромот во Скопје, каде исто така, во тек се антитерористички проверки, посочуваат од полицијата.

The post Пријава за бомба на скопскиот аеродром appeared first on Република.

]]>
Дојава за бомба во авион кој ја прелетувал Македонија https://republika.mk/vesti/balkan/dojava-za-bomba-vo-avion-koj-ja-preletuval-makedonija/ Mon, 23 Jan 2023 08:27:49 +0000 https://republika.mk/?p=599775

Авион на „Рајанер“ кој патувал од Полска за Атина безбедно слетал во грчката престолнина откако пилотот пријавил закана за бомба за време на летот, изјави денеска портпаролот на аеродромот, цитиран од ДПА.

Сите луѓе се добро и безбедни, рече Елена Димопулу, портпаролка на аеродромот.

Авионот полетал од полскиот град Катовице со околу 190 луѓе, рече таа. Специјалните полициски единици го проверија авионот и багажот.

Авионот ја прелетал и територијата на Македонија.

Грчкото државно радио ЕРТ објави дека откако пилотот ја повикал заканата, биле испратени ловци-бомбардери и го придружувале авионот додека не слетал безбедно.

 

The post Дојава за бомба во авион кој ја прелетувал Македонија appeared first on Република.

]]>

Авион на „Рајанер“ кој патувал од Полска за Атина безбедно слетал во грчката престолнина откако пилотот пријавил закана за бомба за време на летот, изјави денеска портпаролот на аеродромот, цитиран од ДПА.
Сите луѓе се добро и безбедни, рече Елена Димопулу, портпаролка на аеродромот.
Авионот полетал од полскиот град Катовице со околу 190 луѓе, рече таа. Специјалните полициски единици го проверија авионот и багажот. Авионот ја прелетал и територијата на Македонија. Грчкото државно радио ЕРТ објави дека откако пилотот ја повикал заканата, биле испратени ловци-бомбардери и го придружувале авионот додека не слетал безбедно.  

The post Дојава за бомба во авион кој ја прелетувал Македонија appeared first on Република.

]]>
Дојава за поставена бомба: Се јавил на мобилен, веднаш го фатиле https://republika.mk/vesti/crna-hronika/dojava-za-postavena-bomba-se-javil-na-mobilen-vednash-go-fatile/ Tue, 17 Jan 2023 18:11:37 +0000 https://republika.mk/?p=597901

За малолетник од село Житоше поднесена е пријава до ОЈО Прилеп за лажно пријавување кривично дело „тероризам”, предвидено и казниво по член 394-б од Кривичниот законик.

Од својот мобилен телефон вчера после 18 часот малолетникот, во присуство на неколку други малолетници, телефонски пријавил дека во училиште во село Житоше има поставено бомба. Полициски службеници извршиле проверка, при што било утврдено дека станува збор за лажна пријава. По преземени мерки и активности, извршени се службени разговори со малолетниците, во присуство на родители, при што тие го појасниле начинот на кој го извршиле делото.

The post Дојава за поставена бомба: Се јавил на мобилен, веднаш го фатиле appeared first on Република.

]]>

За малолетник од село Житоше поднесена е пријава до ОЈО Прилеп за лажно пријавување кривично дело „тероризам”, предвидено и казниво по член 394-б од Кривичниот законик. Од својот мобилен телефон вчера после 18 часот малолетникот, во присуство на неколку други малолетници, телефонски пријавил дека во училиште во село Житоше има поставено бомба. Полициски службеници извршиле проверка, при што било утврдено дека станува збор за лажна пријава. По преземени мерки и активности, извршени се службени разговори со малолетниците, во присуство на родители, при што тие го појасниле начинот на кој го извршиле делото.

The post Дојава за поставена бомба: Се јавил на мобилен, веднаш го фатиле appeared first on Република.

]]>
Нови дојави за поставени бомби во училишта во Црна Гора https://republika.mk/vesti/balkan/novi-dojavi-za-postaveni-bombi-vo-uchilishta-vo-crna-gora/ Fri, 23 Dec 2022 11:03:35 +0000 https://republika.mk/?p=589124

На електронските адреси на неколку училишта во Црна Гора утринава пристигнале дојави за наводно поставени бомби, јавија црногорски медиуми. Полицијата е на терен и се проверуваат училиштата, јави РТЦГ.

Полициската управа ги презема сите мерки и дејствија од нејзина надлежност за заштита на наставниот кадар и учениците.Ќе се работи на идентификување на имејл адресата од која дошле заканите“, пренесе медиумот изјава од полицијата.

Образовните власти пред две недели ја прекинаа редовната настава и воведоа онлајн настава во образовните институции, откако на мејловите на 93 црногорски училишта пристигна заканувачки мејл за подметнати бомби, за кои се покажа дека се лажни.

Полицијата тогаш соопшти дека со помош на своите чешки колеги сомничила малолетен државјанин на Чешка за лажни заканувачки мејлови.

Минатата недела беше евакуирана и зградата на Универзитетот на Црна Гора во Подгорица, откако на адресата на таа институција беше испратен мејл со закана дека во зградата е поставена бомба.

The post Нови дојави за поставени бомби во училишта во Црна Гора appeared first on Република.

]]>

На електронските адреси на неколку училишта во Црна Гора утринава пристигнале дојави за наводно поставени бомби, јавија црногорски медиуми. Полицијата е на терен и се проверуваат училиштата, јави РТЦГ.
Полициската управа ги презема сите мерки и дејствија од нејзина надлежност за заштита на наставниот кадар и учениците.Ќе се работи на идентификување на имејл адресата од која дошле заканите“, пренесе медиумот изјава од полицијата.
Образовните власти пред две недели ја прекинаа редовната настава и воведоа онлајн настава во образовните институции, откако на мејловите на 93 црногорски училишта пристигна заканувачки мејл за подметнати бомби, за кои се покажа дека се лажни. Полицијата тогаш соопшти дека со помош на своите чешки колеги сомничила малолетен државјанин на Чешка за лажни заканувачки мејлови. Минатата недела беше евакуирана и зградата на Универзитетот на Црна Гора во Подгорица, откако на адресата на таа институција беше испратен мејл со закана дека во зградата е поставена бомба.

The post Нови дојави за поставени бомби во училишта во Црна Гора appeared first on Република.

]]>
Фатено лицето кое испраќаше дојави за бомби на аеродромот во Србија https://republika.mk/vesti/balkan/fateno-liceto-koe-isprakjashe-dojavi-za-bombi-na-aerodromot-vo-srbija/ Tue, 20 Dec 2022 14:23:00 +0000 https://republika.mk/?p=588014

Во Србија е приведен човекот кој испраќал дојави за бомби.

Припадници на полицијата, Управата за криминалистичка полиција, преку оперативна работа и меѓународна соработка, по заканата до аеродромот „Никола Тесла“ во Белград дека биле поставени експлозивни направи на повеќе од 20 меѓународни летови, за помалку од 24 часа, го идентификувале и го привеле осомничениот С.С.(1977).

Тој е приведен поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело тероризам, а со кривична пријава е изведен во Обвинителството за организиран криминал. Судот на приведениот му одреди мерка притвор.

Црна Гора утврди дека момче од Чешка испраќало дојави за бомби. Во Македонија денеска повторно имаше дојави за бомби, а не беше поштедени ниту другите балкански земји. Дојави имаше и во Сараево. Таму на мета беа филијали на банки.

Откако почна војната во Украина, во повеќе земји имаше закани за поставени бомби.

The post Фатено лицето кое испраќаше дојави за бомби на аеродромот во Србија appeared first on Република.

]]>

Во Србија е приведен човекот кој испраќал дојави за бомби. Припадници на полицијата, Управата за криминалистичка полиција, преку оперативна работа и меѓународна соработка, по заканата до аеродромот „Никола Тесла“ во Белград дека биле поставени експлозивни направи на повеќе од 20 меѓународни летови, за помалку од 24 часа, го идентификувале и го привеле осомничениот С.С.(1977). Тој е приведен поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело тероризам, а со кривична пријава е изведен во Обвинителството за организиран криминал. Судот на приведениот му одреди мерка притвор. Црна Гора утврди дека момче од Чешка испраќало дојави за бомби. Во Македонија денеска повторно имаше дојави за бомби, а не беше поштедени ниту другите балкански земји. Дојави имаше и во Сараево. Таму на мета беа филијали на банки. Откако почна војната во Украина, во повеќе земји имаше закани за поставени бомби.

The post Фатено лицето кое испраќаше дојави за бомби на аеродромот во Србија appeared first on Република.

]]>
Во кумановските и во најголем дел од училиштата во Скопје се работи за лажна дојава https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-kumanovskite-i-vo-najgolem-del-od-uchilishtata-vo-skopje-se-raboti-za-lazna-dojava/ Thu, 15 Dec 2022 14:25:59 +0000 https://republika.mk/?p=586039

Неколку училишта утринава повторно добиле дојава за поставена бомба. Од МВР информираат дека досега во Скопје има пријави во 17 основни и 22 средни училишта, а во Куманово 8 основни, плус еден клон на училиште и едно средно училиште.

Во најголем дел од училиштата во Скопје завршени се проверките и утврдено е дека е лажна дојава. За останатите каде уште траат проверките, ќе информираме дополнително, велат од МВР.

Во Куманово се завршени сите проверки и утврдено е дека се лажни пријавите.

The post Во кумановските и во најголем дел од училиштата во Скопје се работи за лажна дојава appeared first on Република.

]]>

Неколку училишта утринава повторно добиле дојава за поставена бомба. Од МВР информираат дека досега во Скопје има пријави во 17 основни и 22 средни училишта, а во Куманово 8 основни, плус еден клон на училиште и едно средно училиште. Во најголем дел од училиштата во Скопје завршени се проверките и утврдено е дека е лажна дојава. За останатите каде уште траат проверките, ќе информираме дополнително, велат од МВР. Во Куманово се завршени сите проверки и утврдено е дека се лажни пријавите.

The post Во кумановските и во најголем дел од училиштата во Скопје се работи за лажна дојава appeared first on Република.

]]>
Лажна дојава за бомба во скопското ОУ „Кочо Рацин“ https://republika.mk/vesti/crna-hronika/lazna-dojava-za-bomba-vo-skopskoto-ou-kocho-racin/ Thu, 01 Dec 2022 17:22:27 +0000 https://republika.mk/?p=580592

По однос денешната информација за поставена бомба во ООУ „Кочо Рацин“ на Водно, Општина Центар ја информира јавноста дека станува збор за лажна дојава.

Од локалната васт информираат дека откако на мејл адреса на основното училиштето е упатена закана за поставена експлозивна направа, веднаш е пријавено во Министерството за внатрешни работи, по што полициски службеници веднаш го евакуирале училиштето.

Преземени се сите мерки и антитерористички проверки, при што утврдено е дека станува збор за лажна пријава. Ова е прва дојава за бомба во основно училиште, се наведува во соопштението .

Општина Центар информира и дека во соработка со надлежните институции ги презема сите неопходни мерки за заштита на учениците и сите вработени во образовните институции.

Во текот на денот, закани за поставена експлозивна направа преку мејл беа уптени и до основното училиште „Петар Поп Арсов“ во Карпош 4, како и до осум средни училишта во Скопје.

По добиените пријави, од МВР потврдија дека се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.

The post Лажна дојава за бомба во скопското ОУ „Кочо Рацин“ appeared first on Република.

]]>

По однос денешната информација за поставена бомба во ООУ „Кочо Рацин“ на Водно, Општина Центар ја информира јавноста дека станува збор за лажна дојава. Од локалната васт информираат дека откако на мејл адреса на основното училиштето е упатена закана за поставена експлозивна направа, веднаш е пријавено во Министерството за внатрешни работи, по што полициски службеници веднаш го евакуирале училиштето.
Преземени се сите мерки и антитерористички проверки, при што утврдено е дека станува збор за лажна пријава. Ова е прва дојава за бомба во основно училиште, се наведува во соопштението .
Општина Центар информира и дека во соработка со надлежните институции ги презема сите неопходни мерки за заштита на учениците и сите вработени во образовните институции. Во текот на денот, закани за поставена експлозивна направа преку мејл беа уптени и до основното училиште „Петар Поп Арсов“ во Карпош 4, како и до осум средни училишта во Скопје. По добиените пријави, од МВР потврдија дека се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.

The post Лажна дојава за бомба во скопското ОУ „Кочо Рацин“ appeared first on Република.

]]>
Дојава за над 50 бомби поставени на 12 локации во Белград https://republika.mk/vesti/balkan/dojava-za-nad-50-bombi-postaveni-na-12-lokacii-vo-belgrad/ Mon, 31 Oct 2022 12:52:46 +0000 https://republika.mk/?p=567806

Белградската полиција добила пријави за поставени бомби на повеќе локации во градот јавуваат српските медиуми. Според информациите во медиумите дојави за бомби добиле и студентскиот дом на булеварот Крал Александaр, трговскиот центар „Ушче“, Филозофскиот факултет и ректорската зграда на Универзитетот во Белград, КБЦ Земун, како и неколку обложувалници низ градот.

Некои медиуми пак објавија дека имало околу 50-тина дојави бомби на неколку локации, меѓу кои и за Амбасадата на Белорусија, две бомби на Студентскиот плоштад, девет на аеродромот Никола Тесла, потоа во центарот на градот кај Т.Ц. Делта на улицата Јуриј Гагарин.

Белградска „Политика“ пишува дека имало информации дека една бомба наводно била поставена на вториот кат на Филозофскиот факултет. Во исто време четири бомби биле поставени во зградата на Ректорот на факултетот, две во Универзитетот за уметноста една бомба во обложувалница на улицата Ганди, и две бомби во обложувалница на адреса Народни Херои бр. 30.

Според информациите, специјализирани полициски екипи во моментов се излезени на терен и ги истражуваат наводите за поставени бомби.

 

The post Дојава за над 50 бомби поставени на 12 локации во Белград appeared first on Република.

]]>

Белградската полиција добила пријави за поставени бомби на повеќе локации во градот јавуваат српските медиуми. Според информациите во медиумите дојави за бомби добиле и студентскиот дом на булеварот Крал Александaр, трговскиот центар „Ушче“, Филозофскиот факултет и ректорската зграда на Универзитетот во Белград, КБЦ Земун, како и неколку обложувалници низ градот. Некои медиуми пак објавија дека имало околу 50-тина дојави бомби на неколку локации, меѓу кои и за Амбасадата на Белорусија, две бомби на Студентскиот плоштад, девет на аеродромот Никола Тесла, потоа во центарот на градот кај Т.Ц. Делта на улицата Јуриј Гагарин. Белградска „Политика“ пишува дека имало информации дека една бомба наводно била поставена на вториот кат на Филозофскиот факултет. Во исто време четири бомби биле поставени во зградата на Ректорот на факултетот, две во Универзитетот за уметноста една бомба во обложувалница на улицата Ганди, и две бомби во обложувалница на адреса Народни Херои бр. 30. Според информациите, специјализирани полициски екипи во моментов се излезени на терен и ги истражуваат наводите за поставени бомби.  

The post Дојава за над 50 бомби поставени на 12 локации во Белград appeared first on Република.

]]>
Нова дојава за бомба во скопско средно училишите https://republika.mk/vesti/crna-hronika/nova-dojava-za-bomba-vo-skopsko-sredno-uchilishite/ Fri, 28 Oct 2022 12:58:12 +0000 https://republika.mk/?p=566850

Нова дојава за бомба во едно скопско училиште, потврдуваат од МВР.

Денеска (28.10.2022) во СВР Скопје околу 14 часот е пријавено дека на меил адресa на едно училиште во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземаат мерки за безбедно евакуирање на училиштeто и антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Ова е трет ден како што има закани за бомба во училиштата. Претходните дојави беа лажни.

 

The post Нова дојава за бомба во скопско средно училишите appeared first on Република.

]]>

Нова дојава за бомба во едно скопско училиште, потврдуваат од МВР.
Денеска (28.10.2022) во СВР Скопје околу 14 часот е пријавено дека на меил адресa на едно училиште во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземаат мерки за безбедно евакуирање на училиштeто и антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.
Ова е трет ден како што има закани за бомба во училиштата. Претходните дојави беа лажни.  

The post Нова дојава за бомба во скопско средно училишите appeared first on Република.

]]>
Повторно дојава за бомба во Орце Николов, во моментов тече евакуација https://republika.mk/vesti/skopje/povtorno-dojava-za-bomba-vo-orce-nikolov-vo-momentov-teche-evakuacija/ Thu, 27 Oct 2022 12:27:15 +0000 https://republika.mk/?p=566377

Нова дојава за бомба пристигнала попладнево во училиштето Орце Николов, дознава 4NEWS.mk

Во моментов се врши евакуација на учениците, а на терен е полицијата.

Повторно се очекува специјалната единица за антитероризам да врши проверки.

https://republika.mk/vesti/skopje/kje-go-kreneme-vo-vozduh-uchilishteto-iljadnici-mrtvi-makedonski-deca-objavena-zakanuvachkata-poraka-ispratena-do-uchilishtata/

The post Повторно дојава за бомба во Орце Николов, во моментов тече евакуација appeared first on Република.

]]>

Нова дојава за бомба пристигнала попладнево во училиштето Орце Николов, дознава 4NEWS.mk Во моментов се врши евакуација на учениците, а на терен е полицијата. Повторно се очекува специјалната единица за антитероризам да врши проверки. https://republika.mk/vesti/skopje/kje-go-kreneme-vo-vozduh-uchilishteto-iljadnici-mrtvi-makedonski-deca-objavena-zakanuvachkata-poraka-ispratena-do-uchilishtata/

The post Повторно дојава за бомба во Орце Николов, во моментов тече евакуација appeared first on Република.

]]>
Српската полиција на нозе: Сè евакуираат установи, дојави за бомби на неколку локации https://republika.mk/vesti/balkan/srpskata-policija-na-noze-se-evakuiraat-ustanovi-dojavi-za-bombi-na-nekolku-lokacii/ Mon, 10 Oct 2022 17:23:54 +0000 https://republika.mk/?p=559551

Пет локации на кои наводно биле поставени бомби биле пријавени во Министерството за внатрешни работи на Србија – храмот Свети Сава, ВМА, Клинички центар, КБЦ „Ѕвездара“ и Правниот факултет во Белград, неофицијално дознава РТС.

На електронската пошта на Nova.rs се испратени две пораки со информација дека бомбите биле поставени на 21 локација во Белград, вклучувајќи ги и наведените.

Како што дознава РТС, зградата на Правниот факултет е веќе евакуирана, а специјализирани полициски екипи се на терен и ги истражуваат наводите за поставени бомби.

The post Српската полиција на нозе: Сè евакуираат установи, дојави за бомби на неколку локации appeared first on Република.

]]>

Пет локации на кои наводно биле поставени бомби биле пријавени во Министерството за внатрешни работи на Србија – храмот Свети Сава, ВМА, Клинички центар, КБЦ „Ѕвездара“ и Правниот факултет во Белград, неофицијално дознава РТС. На електронската пошта на Nova.rs се испратени две пораки со информација дека бомбите биле поставени на 21 локација во Белград, вклучувајќи ги и наведените. Како што дознава РТС, зградата на Правниот факултет е веќе евакуирана, а специјализирани полициски екипи се на терен и ги истражуваат наводите за поставени бомби.

The post Српската полиција на нозе: Сè евакуираат установи, дојави за бомби на неколку локации appeared first on Република.

]]>
Дојава за бомба во железничка станица во Скопје: Врие од полиција, вработените и патниците се евакуирани https://republika.mk/vesti/crna-hronika/dojava-za-bomba-vo-zeleznichka-stanica-vo-skopje-vrie-od-policija-vrabotenite-i-patnicite-se-evakuirani/ Tue, 28 Jun 2022 12:20:35 +0000 https://republika.mk/?p=520755

„Ало, добар ден, поставена е бомба на Железничка станица во Скопје“. Ваква анонимна порака од скриен телефонски број денеска добиле вработените во железничката станица во главниот град, кои веднаш го пријавиле случакот во полиција, дознава Плусинфо од извори во раководството на ЈП „Железници-Транспорт“.

Врие од полиција. Евакуирани се сите вработени во железничката станица, во автобуската станица, како и вработените во казината и дуќаните. Никој не смее да влезе во објектот. Присутна е специјалната полиција за спречување тероризам – велат соговорниците.

Информација побаравме од Министерството за внатрешни работи (МВР), но не успеавме да оствариме контакт поради презафатеност на телефонските врски.

The post Дојава за бомба во железничка станица во Скопје: Врие од полиција, вработените и патниците се евакуирани appeared first on Република.

]]>

„Ало, добар ден, поставена е бомба на Железничка станица во Скопје“. Ваква анонимна порака од скриен телефонски број денеска добиле вработените во железничката станица во главниот град, кои веднаш го пријавиле случакот во полиција, дознава Плусинфо од извори во раководството на ЈП „Железници-Транспорт“. Врие од полиција. Евакуирани се сите вработени во железничката станица, во автобуската станица, како и вработените во казината и дуќаните. Никој не смее да влезе во објектот. Присутна е специјалната полиција за спречување тероризам – велат соговорниците. Информација побаравме од Министерството за внатрешни работи (МВР), но не успеавме да оствариме контакт поради презафатеност на телефонските врски.

The post Дојава за бомба во железничка станица во Скопје: Врие од полиција, вработените и патниците се евакуирани appeared first on Република.

]]>