диви свињи Archives - Република https://republika.mk/tema/divi-svinji/ За подобро да се разбереме Sat, 14 Sep 2024 15:59:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png диви свињи Archives - Република https://republika.mk/tema/divi-svinji/ 32 32 Диви свињи ги пустошат нивите во делчевски Пасјак https://republika.mk/zivot/divi-svini-gi-pustoshat-nivite-vo-delchevski-pasjak/ Sat, 14 Sep 2024 16:28:18 +0000 https://republika.mk/?p=816388

Диви свињи прават пустош во атарот на село Нов Истевник. Меѓу најзагрозените се земјоделските култури во истевнички Пасјак, каде на повеќе места е забележлива штета како на пченката, така и на компирот и на насадите со лешник. Во изминатиот период, како што тврдат мештани, имуни на нападите не останаа ни житариците во овој крај.

-Појавата константно се случува во изминатите 5-6 години најверојатно поради сушата, поради што дивечот се спушта во пониските предели барајќи храна. Поради ова сме принудени понекогаш да дежураме покрај своите ниви. Бараме помош од ловечките друштва и други надлежни органи, за да се намалат штетите од секојдневните влегувања на дивите свињи во нивите, вели делчевецот Драган Анастасовски, кој има свој назад со пченка во Пасјак.

Голем број од земјоделците, како што додава, се двоумат дали следната година да вложат, бидејќи тоа што ќе успеат да го добијат како род, дивите свињи им го преполовуваат.

-Не само што се хранат со нашите култури, туку тие тука и ноќеваат и може да се забележи како се упропастени цели површини ниви и речиси ништо не останува од родот да собереме. Вакви и слични проблеми со дивите свињи ни се случуваат последните неколку години, кога штетите се поголеми од ползата што ја имаме од овие култури и помислуваме да се откажеме од земјоделството поради овие проблеми, додава делчевецот.

Слична е состојбата и кај лешниковиот насад на делчевецот Ванчо, но за слични проблеми алармираат и повратници во селото Нов Истевник кои засега немаат решение за проблемот.

The post Диви свињи ги пустошат нивите во делчевски Пасјак appeared first on Република.

]]>

Додека пешачеле, стадо диви свињи ги следело: Три девојки безбедно симнати од Водно https://republika.mk/vesti/crna-hronika/dodeka-peshachele-stado-divi-svini-gi-sledelo-tri-devojki-bezbedno-simnati-od-vodno/ Fri, 26 Jul 2024 10:14:24 +0000 https://republika.mk/?p=800441

Три девојки синоќа биле безбедно симнати од Водно откако наишле на диви свињи. Центарот за управување со кризи денеска соопшти дека пријавата е стигната на бројот 112.

Сношти три девојки, кои се симнувале од врвот на Водно, по 23 часот, кон Средно Водно, имале непријатна средба со диви свињи. На 112 во ЦУК пријавиле дека стадо диви свињи се постојано зад и околу нив, иако се симнувале по асфалтираниот пат и дека се многу уплашени. Притоа, побарале да се отклучи рампата на Средно Водно, за да може нивни блиски да ги земат со возило.

Во 23:42 часот од пријавувачката на итниот случај е добиена на 112 во ЦУК повратна информација дека полициско комбе дошло на лице место, во коешто била и нивна братучетка, и дека се веќе се безбедни, се наведува во информацијата од ЦУК.

The post Додека пешачеле, стадо диви свињи ги следело: Три девојки безбедно симнати од Водно appeared first on Република.

]]>

Три девојки синоќа биле безбедно симнати од Водно откако наишле на диви свињи. Центарот за управување со кризи денеска соопшти дека пријавата е стигната на бројот 112. Сношти три девојки, кои се симнувале од врвот на Водно, по 23 часот, кон Средно Водно, имале непријатна средба со диви свињи. На 112 во ЦУК пријавиле дека стадо диви свињи се постојано зад и околу нив, иако се симнувале по асфалтираниот пат и дека се многу уплашени. Притоа, побарале да се отклучи рампата на Средно Водно, за да може нивни блиски да ги земат со возило. Во 23:42 часот од пријавувачката на итниот случај е добиена на 112 во ЦУК повратна информација дека полициско комбе дошло на лице место, во коешто била и нивна братучетка, и дека се веќе се безбедни, се наведува во информацијата од ЦУК.

The post Додека пешачеле, стадо диви свињи ги следело: Три девојки безбедно симнати од Водно appeared first on Република.

]]>
Африканска чума октриена кај дивите свињи на Шар Планина https://republika.mk/vesti/makedonija/afrikanska-chuma-oktriena-kaj-divite-svini-na-shar-planina/ Tue, 23 Jan 2024 09:49:25 +0000 https://republika.mk/?p=735784

Болеста африканска чума е евидентираната кај дивите свињи на подрачјата на Шар Планина, додека кај домашно одгледуваниот добиток нема регистрирано пример на ова заболување во тетовскиот регион, покажуваат податоците на Агенцијата за храна и ветеринарство. Оваа болест во голема мера ги зафати свињите во другите делови од државата.

Болеста африканска чума кај свињите не е евидентирана кај домашната популација свињи во Полошкиот регион. Кај дивата популација свињи потврдена е на ловиште за крупен дивеч во село Вејце, општина Тетово. Болеста не е зооноза односно вирусот не е опасен и не се пренесува на луѓето, кои се можни негови преносители. Агенцијата за храна и ветеринарство наложи ловните друштва да вршат пребарување на ловиштата и сите пронајдени угинати диви свињи веднаш да ги пријават до надлежниот официјален ветеринар. Пребарувањето на ловиштата е исклучителна важна активност со цел рано откривање на присуството на вирусот на африканска чума кај свињите. По пријавата за пронајдена угината дива свиња, официјалниот ветеринар зема примероци за лабораториско тестирање и наложува мерки за нештетно отстранување угинатите диви свињи, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Дивите свињи имаат важна епидемиолошка улога во ширењето на болеста преку труповите од пцовисаните животни во кои вирусот опстојува долго време. Тие се заразуваат со вирусот преку контакт со други диви свињи или преку исхрана со трупови од пцовисани животни, а потоа вирусот се шири во популацијата на диви свињи. Труповите од пцовисани диви свињи играат важна улога во одржување на вирусот во животната средина.

Согласно наложените мерки од Агенцијата за храна и ветеринарство, концeсионерите на дивечот во ловиштата, управувачите со државните ловишта ЈУ „Национални паркови“ и ЈП „Национални шуми“ – Скопје се должни да достават неделни извештаи од резултатите од пребарувањето на ловиштата до официјалните ветеринари и АХВ, велат од оваа институција.

На подрачјето на националниот парк Шар Планина, од ноември 2023 па се до крајот на јануари 2024 ќе трае санитарен отстрел на диви свињи со цел спречување на ширење на болеста африканската чума. Санитарниот отстрел го реализираат ловечките друштва во соработка со националниот парк, а досега се застрелани 14 диви свињи.

Според информациите на Агенцијата, од секоја отстрелана дива свиња, се праќаат примероци за испитување на африканска чума кај свињите, класична чума кај свињите и трихинелоза до официјален ветеринар и АХВ. Доколку се добие позитивен резултат официјалниот ветеринар наложува мерки за нештетно отстранување на свињите.

The post Африканска чума октриена кај дивите свињи на Шар Планина appeared first on Република.

]]>

Болеста африканска чума е евидентираната кај дивите свињи на подрачјата на Шар Планина, додека кај домашно одгледуваниот добиток нема регистрирано пример на ова заболување во тетовскиот регион, покажуваат податоците на Агенцијата за храна и ветеринарство. Оваа болест во голема мера ги зафати свињите во другите делови од државата.
Болеста африканска чума кај свињите не е евидентирана кај домашната популација свињи во Полошкиот регион. Кај дивата популација свињи потврдена е на ловиште за крупен дивеч во село Вејце, општина Тетово. Болеста не е зооноза односно вирусот не е опасен и не се пренесува на луѓето, кои се можни негови преносители. Агенцијата за храна и ветеринарство наложи ловните друштва да вршат пребарување на ловиштата и сите пронајдени угинати диви свињи веднаш да ги пријават до надлежниот официјален ветеринар. Пребарувањето на ловиштата е исклучителна важна активност со цел рано откривање на присуството на вирусот на африканска чума кај свињите. По пријавата за пронајдена угината дива свиња, официјалниот ветеринар зема примероци за лабораториско тестирање и наложува мерки за нештетно отстранување угинатите диви свињи, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Дивите свињи имаат важна епидемиолошка улога во ширењето на болеста преку труповите од пцовисаните животни во кои вирусот опстојува долго време. Тие се заразуваат со вирусот преку контакт со други диви свињи или преку исхрана со трупови од пцовисани животни, а потоа вирусот се шири во популацијата на диви свињи. Труповите од пцовисани диви свињи играат важна улога во одржување на вирусот во животната средина.
Согласно наложените мерки од Агенцијата за храна и ветеринарство, концeсионерите на дивечот во ловиштата, управувачите со државните ловишта ЈУ „Национални паркови“ и ЈП „Национални шуми“ – Скопје се должни да достават неделни извештаи од резултатите од пребарувањето на ловиштата до официјалните ветеринари и АХВ, велат од оваа институција.
На подрачјето на националниот парк Шар Планина, од ноември 2023 па се до крајот на јануари 2024 ќе трае санитарен отстрел на диви свињи со цел спречување на ширење на болеста африканската чума. Санитарниот отстрел го реализираат ловечките друштва во соработка со националниот парк, а досега се застрелани 14 диви свињи. Според информациите на Агенцијата, од секоја отстрелана дива свиња, се праќаат примероци за испитување на африканска чума кај свињите, класична чума кај свињите и трихинелоза до официјален ветеринар и АХВ. Доколку се добие позитивен резултат официјалниот ветеринар наложува мерки за нештетно отстранување на свињите.

The post Африканска чума октриена кај дивите свињи на Шар Планина appeared first on Република.

]]>
Во кичевско откриена африканска свинска чума кај диви свињи https://republika.mk/vesti/ekonomija/vo-kichevsko-otkriena-afrikanska-svinska-chuma-kaj-divi-svini/ Thu, 16 Nov 2023 08:07:32 +0000 https://republika.mk/?p=702014

Здружението за Лов-ЕЛЕН од Кичево информира дека во ловиштата со кои стопанисува Ловното друштво “Сокол” Зајас при направени анализи кај отстрелани диви свињи откриена е африканска свинска чума.

Во ловиштата со кои стопанисува Ловното друштво “Сокол” Зајас, по направената лабораториска анализа на примероците од отстреланите диви свињи, за една единка е добиен позитивен резултат на вирусното заболување Афричка свинска чума.

Поради тоа АЛАРМИРАМЕ задолжително да се почитуваат препораките на Агенцијата за храна и ветеринарство и биосигурносните мерки при лов.

Задолжително пријавате доколку се пронајди леш од дива свиња и уредно извадете ги потребните примероци од отстреланите диви свињи за лабораториска анализа!, информираат од Здружението за Лов-ЕЛЕН од Кичево.

The post Во кичевско откриена африканска свинска чума кај диви свињи appeared first on Република.

]]>

Здружението за Лов-ЕЛЕН од Кичево информира дека во ловиштата со кои стопанисува Ловното друштво “Сокол” Зајас при направени анализи кај отстрелани диви свињи откриена е африканска свинска чума.
Во ловиштата со кои стопанисува Ловното друштво “Сокол” Зајас, по направената лабораториска анализа на примероците од отстреланите диви свињи, за една единка е добиен позитивен резултат на вирусното заболување Афричка свинска чума. Поради тоа АЛАРМИРАМЕ задолжително да се почитуваат препораките на Агенцијата за храна и ветеринарство и биосигурносните мерки при лов. Задолжително пријавате доколку се пронајди леш од дива свиња и уредно извадете ги потребните примероци од отстреланите диви свињи за лабораториска анализа!, информираат од Здружението за Лов-ЕЛЕН од Кичево.

The post Во кичевско откриена африканска свинска чума кај диви свињи appeared first on Република.

]]>
ЦУК: Диви свињи се појавиле во Пржино, граѓаните да бидат внимателни при пешачење на Водно https://republika.mk/vesti/skopje/cuk-divi-svinji-se-pojavile-vo-przino-gragjanite-da-bidat-vnimatelni-pri-peshachenje-na-vodno/ Tue, 27 Sep 2022 13:07:44 +0000 https://republika.mk/?p=554837

Граѓаните треба да бидат внимателни при движење на локации во планинските пешачки зони на Водно каде може да наидат на диви свињи. При евентуална средба со дивите свињи граѓните треба да бидат смирени, да не ги напаѓаат за да не ги предизвикаат, бидејќи при нивната одбранбена реакција може да ги повредат, изјави денеска Илија Бојаровски од Центарот за управување со кризи.

Ако досега имало пријава само за контакт со диви свињи во високите шумски предели, сега, појасни тој, тие се појавуваат и во Скопје, како што е случајот со населбата Пржино, а и други населби на граница со природата во скопско.

– Тоа е заради тоа што голем број овошки зреат во планината и во населбата и трагајќи по храна дивечот се спушта и во населбите. Лицата кои ги шетаат своите миленици да го одбегнуваат работ на населбата Пржино, каде започнува шумата, бидејќи инстинктите на кучињата и дивите свињи не може да бидат предвидени, а тоа да не го прават во доцните вечерни часови и во раните утрински часови. Во последниот неколкугодишен период е зголемен ризикот од појава на болеста африканска чума кај дивите свињи и тоа е плус да алармираме на нивниот зголемен број на Водно, бидејќи нема специјализирана институција за справување со ваква или слична појава, рече Бојаровски.

Тој посочи дека ЦУК се обратил со барање за преземање законски надлежности и решенија до ЈП Паркови и зеленило Скопје, кое управува и стопанисува со Парк шумата Водно, Инспекторатот за шумаство и ловство, стручен орган за ловство, Агенцијата за храна и ветеринарство како координатор за справување со африканската шума, за која, како што потенцира, имаат инфромација дека дава награда од 250 денари за пријавена угината дива свиња, што значи дека ако граѓаните на овој потег забележат угината дива свиња тоа треба да го пријават.

– Министерствата за животна средина и просторно планирање, за земјоделство, шумарство и водостопанство, за внатрешни работи и градоначалникот на Град Скопје Данела Арсовска би можеле со свои ресурси да се вклучат во справувањето со појавата, како на пример Зоолошката градина во Скопје, повеќе здруженија за заштита на животни и сл. Исто така информиран е и градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, бидејќи Пржино е на подрачјето на таа општина. Дивата свиња се движи навечер, а преку ден одмара во густежите кои ги имаме на потегот од Водно, над Пржино, потоа Средно Водно се до Нерези. Се додека има вода и храна, дневно може да помине дури и по 70 километри и да се врати таму каде и е леглото. ЦУК преку единствениот повикувачки број за итни случаи 112 е во постојна комуникација со граѓаните и сериозно ги третира дојавите за опаснот по животот и материјалните добра, додаде Бојаровски.

The post ЦУК: Диви свињи се појавиле во Пржино, граѓаните да бидат внимателни при пешачење на Водно appeared first on Република.

Сеат Леон удрил во крдо диви свињи па во паркирано Ауди: Четворица повредени https://republika.mk/vesti/crna-hronika/seat-leon-udril-vo-krdo-divi-svinji-pa-vo-parkirano-audi-chetvorica-povredeni/ Fri, 09 Sep 2022 11:18:46 +0000 https://republika.mk/?p=549060

Во полиција утрово во 3:00 часот било пријавено дека на автопатот Скопје – Штип, во близина на наплатна рампа Преод, патничко моторно возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.А.(19) од скопското село Батинци удрило во диви свињи, а потоа и во запрено патничко моторно возило „ауди А6“ со скопски регистарски ознаки, во кое бил возачот Б.С.(26) од скопското село Средно Коњари.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците од возилото „сеат леон“ А.М.(19) и М.И.(26) двајцата од село Батинци, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи В.А. и Б.С. , констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје - соопштија од МВР.

The post Сеат Леон удрил во крдо диви свињи па во паркирано Ауди: Четворица повредени appeared first on Република.

Донесена е мерка за засилен отстрел на дивите свињи за запирање на африканската свинска чума https://republika.mk/vesti/ekonomija/donesena-e-merka-za-zasilen-otstrel-na-divite-svinji-za-zapiranje-na-afrikanskata-svinska-chuma/ Sat, 03 Sep 2022 14:56:53 +0000 https://republika.mk/?p=547123

Од пред два дена веќе е започната ловната сезона во сите ловишта освен во Македонска Каменица, Виница, Кочани и Делчево како места каде имаше жаришта на африканска свинска чума.

Министерството за земјоделство донесе решени за засилен отстрел на дивите свињи со акционен план како дел од мерките за спречување на ширењето на болеста африканска свинска чума која главно се шири преку дивечот кој слободно се шета и ја пренесува болеста. Од пред два дена веќе е започната ловната сезона во сите ловишта освен во Македонска каменица, Виница, Кочани и Делчево како места каде имаше жаришта од оваа болест. Сега на потег се ловџиите кои треба да помогнат да се спаси домашното производство на свињи кое целосно го задоволува домашниот пазар а кое сега е под сериозна закана од дивечот но и од несовесните одгледувачи на по неколку свињи во своите дворови откако се фатија два случаи како од зона жариште каде ја има болеста преку ноќ со коли се пренесуваа маторици и прасиња во други региони и така дополнително се ширеше болеста.

Веќе е формирано координативно тело во кое се вклучени сите релевантни институции, науката и директните производители на свинско кои даваат свои предлог мерки за подобра заштита. Болеста која воопшто не е опасна за човекот туку има економско негативно влијание врз сточниот фонд и која три години ја имаше зад границата со Бугарија и Србија прв пат се појави на почетокот на годината во јануари во село Драмче Делчевско за потоа по пауза од половина година повторно да се појави со 6 нови жаришта најпрво во Македонска каменица па потоа и во кочанско виничката котлина. Досега како мерка за заштита околу жариштата не штетено се убиени 2153 свињи од неколку села а се уште во тек е мерката за економско искористување на свињите во зоната од 10 километри околу жариштата. Ова само покажува колкави можат да бидат штетите по домашната економија ако и овој пат мерките за засилен отсрел на дивите свињи останат на хартија како што тоа беше случај пред 3 години кога имаше и владина одлука која ловџиите на ја почитуваа.

The post Донесена е мерка за засилен отстрел на дивите свињи за запирање на африканската свинска чума appeared first on Република.

]]>

Од пред два дена веќе е започната ловната сезона во сите ловишта освен во Македонска Каменица, Виница, Кочани и Делчево како места каде имаше жаришта на африканска свинска чума. Министерството за земјоделство донесе решени за засилен отстрел на дивите свињи со акционен план како дел од мерките за спречување на ширењето на болеста африканска свинска чума која главно се шири преку дивечот кој слободно се шета и ја пренесува болеста. Од пред два дена веќе е започната ловната сезона во сите ловишта освен во Македонска каменица, Виница, Кочани и Делчево како места каде имаше жаришта од оваа болест. Сега на потег се ловџиите кои треба да помогнат да се спаси домашното производство на свињи кое целосно го задоволува домашниот пазар а кое сега е под сериозна закана од дивечот но и од несовесните одгледувачи на по неколку свињи во своите дворови откако се фатија два случаи како од зона жариште каде ја има болеста преку ноќ со коли се пренесуваа маторици и прасиња во други региони и така дополнително се ширеше болеста. Веќе е формирано координативно тело во кое се вклучени сите релевантни институции, науката и директните производители на свинско кои даваат свои предлог мерки за подобра заштита. Болеста која воопшто не е опасна за човекот туку има економско негативно влијание врз сточниот фонд и која три години ја имаше зад границата со Бугарија и Србија прв пат се појави на почетокот на годината во јануари во село Драмче Делчевско за потоа по пауза од половина година повторно да се појави со 6 нови жаришта најпрво во Македонска каменица па потоа и во кочанско виничката котлина. Досега како мерка за заштита околу жариштата не штетено се убиени 2153 свињи од неколку села а се уште во тек е мерката за економско искористување на свињите во зоната од 10 километри околу жариштата. Ова само покажува колкави можат да бидат штетите по домашната економија ако и овој пат мерките за засилен отсрел на дивите свињи останат на хартија како што тоа беше случај пред 3 години кога имаше и владина одлука која ловџиите на ја почитуваа.

The post Донесена е мерка за засилен отстрел на дивите свињи за запирање на африканската свинска чума appeared first on Република.

]]>
Глутница диви свињи меѓу ѓубрето во Рим https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/glutnica-divi-svinji-megju-gjubreto-vo-rim/ Fri, 12 Aug 2022 20:40:55 +0000 https://republika.mk/?p=539750

Позната е изреката „Сите патишта водат во Рим“, а според фотографијата што ја објавува поранешниот италијански вицепремиер Матео Салвини, и за дивите свињи.

Салвини на својот профил на Фејсбук денеска објави фотографија од Рим на која се гледа глутница диви свињи „на ручек“ околу контејнери за смет.

Чист Рим, гласи ироничниот коментар на Салвини во легендата на фотографијата што ја објавува.

Според околината која се гледа на фотографијата се гледа дека станува збор за урбаниот дел од италијанската метропола.

The post Глутница диви свињи меѓу ѓубрето во Рим appeared first on Република.

]]>

Позната е изреката „Сите патишта водат во Рим“, а според фотографијата што ја објавува поранешниот италијански вицепремиер Матео Салвини, и за дивите свињи. Салвини на својот профил на Фејсбук денеска објави фотографија од Рим на која се гледа глутница диви свињи „на ручек“ околу контејнери за смет.
Чист Рим, гласи ироничниот коментар на Салвини во легендата на фотографијата што ја објавува.
Според околината која се гледа на фотографијата се гледа дека станува збор за урбаниот дел од италијанската метропола.  

The post Глутница диви свињи меѓу ѓубрето во Рим appeared first on Република.

]]>
Македонка повредена, двајца загинати по судир со диви свињи кај Кукуш https://republika.mk/vesti/balkan/makedonka-povredena-dvajca-zaginati-po-sudir-so-divi-svinji-kaj-kukush/ Tue, 12 Jul 2022 07:42:24 +0000 https://republika.mk/?p=527364

Две лица загинаа, а четворица се повредени, меѓу кои и Македонка и тројца грчки полицајци, по тешката сообраќајната несреќа што се случи синоќа околу 23:30 часот, а во која учествувале три автомобили и чопор диви свињи на 62 км од новиот национален автопат Солун – Нео Петрициу, во Кукуш, јавија грчките медиуми.

Патролно возило управувано од 42-годишен полицаец во кое како сопатници биле и двајца негови колеги на возраст од 44 и 36 години се судриле со чопорот диви свињи кои поминувале и притоа излетале од својата лента. Потоа, возило управувано од 56-годишен државјанин наМакедонија со 50-годишна сопатничка се судрило во истото стадо, се превртело и паднало во соседната нива.

Tретото возило со 53-годишен локален возач и 48-годишен сопатник се судрило со службеното полициско возило, при што животот го загубиле и двајцата патници во третиот автомобил.

Повредени се 50-годишната сопатничка од второто возило и тројцата полицајци, кои се задржани на лекување во Општата болница во Кукуш.

Одделението за сообраќај од Кукуш врши прелиминарна истрага за причините за несреќата.

The post Македонка повредена, двајца загинати по судир со диви свињи кај Кукуш appeared first on Република.

]]>

Две лица загинаа, а четворица се повредени, меѓу кои и Македонка и тројца грчки полицајци, по тешката сообраќајната несреќа што се случи синоќа околу 23:30 часот, а во која учествувале три автомобили и чопор диви свињи на 62 км од новиот национален автопат Солун – Нео Петрициу, во Кукуш, јавија грчките медиуми. Патролно возило управувано од 42-годишен полицаец во кое како сопатници биле и двајца негови колеги на возраст од 44 и 36 години се судриле со чопорот диви свињи кои поминувале и притоа излетале од својата лента. Потоа, возило управувано од 56-годишен државјанин наМакедонија со 50-годишна сопатничка се судрило во истото стадо, се превртело и паднало во соседната нива. Tретото возило со 53-годишен локален возач и 48-годишен сопатник се судрило со службеното полициско возило, при што животот го загубиле и двајцата патници во третиот автомобил. Повредени се 50-годишната сопатничка од второто возило и тројцата полицајци, кои се задржани на лекување во Општата болница во Кукуш. Одделението за сообраќај од Кукуш врши прелиминарна истрага за причините за несреќата.  

The post Македонка повредена, двајца загинати по судир со диви свињи кај Кукуш appeared first on Република.

]]>
Диви свињи влегуваат во Загреб, властите издадоа предупредување за граѓаните во случај на средба https://republika.mk/vesti/balkan/divi-svinji-vleguvaat-vo-zagreb-vlastite-izdadoa-predupreduvanje-za-gragjanite-vo-sluchaj-na-sredba/ Thu, 23 Jun 2022 10:51:49 +0000 https://republika.mk/?p=518830

Сè почеста глетка во Загреб во последните месеци е појавата на диви свињи, а како што стојат работите во моментов, тие може многу брзо да стигнат до центарот на градот!

Загрепчани се повеќе се загрижени за овие опасни животни, кои во потрага по храна решиле среќата да ја побараат во главниот град на Хрватска.

Се плашам да излезам од дома затоа што не знам во темница каде би налетал на дива свиња. Целата глутница убаво помина под семафорите - вели за „Дневник.хр“ Ѓурѓа Ѓуранец од Загреб.

На социјалните мрежи се појави и видео од загрепчанец кој ги храни, а неговата постапка предизвика бројни коментари. Додека едни се шегуваат, други се исплашени, а има и такви кои ја пренесоа веста дека некои диви свињи наводно нападнале и повредиле едно куче.

Претседателот на хрватското ловечко друштво, Ивица Будор, побарал итна средба со градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, за да не се дозволи дивите свињи да почнат да шетаат низ самиот центар на Загреб.

Кој ќе биде тогаш виновен? - прашува Будор, кој верува дека е само прашање на време кога глутниците од овие диви свињи ќе стигнат на плоштадот Бан Јелачиќ.

Миљенко Круч од Ловечкото друштво на Град Загреб вели дека дивите свињи се приспособливи и дека не е забележан напад врз луѓе. Сепак, тој вели дека нападот на домашно милениче е само чекор кон напад на човек, коментирајќи го случај во кој дивите свињи му ја одрале кожата на куче. Според него, свињите повторно биле видени на браната меѓу Микулиќ и Биљеник.

Надлеѓните им порачаа на граѓаните да останат смирени и да не им приоѓаат, а доколку се со домашни миленици да ги стават на поводник и мирно да се оддалечат.

Во градското подрачје на градот Загреб, дивата свиња е повремен вид дивеч кој секојдневно мигрира до лесно достапни извори на храна и вода во урбаните средини, најчесто во лето-есен, а во сушниот период дополнителна причина може да има пристап до извори на вода (Максимирска џезера, Јарун, брег на реката Сава, потоци) - предупредија градските власти.

Се повикуваат граѓаните, во случај да наидат на диви свињи и други диви животни, секоја информација да ја пријават на надлежните телефони.

The post Диви свињи влегуваат во Загреб, властите издадоа предупредување за граѓаните во случај на средба appeared first on Република.

]]>

Сè почеста глетка во Загреб во последните месеци е појавата на диви свињи, а како што стојат работите во моментов, тие може многу брзо да стигнат до центарот на градот! Загрепчани се повеќе се загрижени за овие опасни животни, кои во потрага по храна решиле среќата да ја побараат во главниот град на Хрватска.
Се плашам да излезам од дома затоа што не знам во темница каде би налетал на дива свиња. Целата глутница убаво помина под семафорите - вели за „Дневник.хр“ Ѓурѓа Ѓуранец од Загреб.
На социјалните мрежи се појави и видео од загрепчанец кој ги храни, а неговата постапка предизвика бројни коментари. Додека едни се шегуваат, други се исплашени, а има и такви кои ја пренесоа веста дека некои диви свињи наводно нападнале и повредиле едно куче. Претседателот на хрватското ловечко друштво, Ивица Будор, побарал итна средба со градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, за да не се дозволи дивите свињи да почнат да шетаат низ самиот центар на Загреб.
Кој ќе биде тогаш виновен? - прашува Будор, кој верува дека е само прашање на време кога глутниците од овие диви свињи ќе стигнат на плоштадот Бан Јелачиќ.
Миљенко Круч од Ловечкото друштво на Град Загреб вели дека дивите свињи се приспособливи и дека не е забележан напад врз луѓе. Сепак, тој вели дека нападот на домашно милениче е само чекор кон напад на човек, коментирајќи го случај во кој дивите свињи му ја одрале кожата на куче. Според него, свињите повторно биле видени на браната меѓу Микулиќ и Биљеник. Надлеѓните им порачаа на граѓаните да останат смирени и да не им приоѓаат, а доколку се со домашни миленици да ги стават на поводник и мирно да се оддалечат.
Во градското подрачје на градот Загреб, дивата свиња е повремен вид дивеч кој секојдневно мигрира до лесно достапни извори на храна и вода во урбаните средини, најчесто во лето-есен, а во сушниот период дополнителна причина може да има пристап до извори на вода (Максимирска џезера, Јарун, брег на реката Сава, потоци) - предупредија градските власти.
Се повикуваат граѓаните, во случај да наидат на диви свињи и други диви животни, секоја информација да ја пријават на надлежните телефони.  

The post Диви свињи влегуваат во Загреб, властите издадоа предупредување за граѓаните во случај на средба appeared first on Република.

]]>
Четири позитивни резултати на африканска свинска чума кај диви свињи во Делчевско https://republika.mk/vesti/ekonomija/afrikanska-svinska-chuma-kaj-divi-svinji-vo-delchevsko/ Fri, 18 Mar 2022 09:34:03 +0000 https://republika.mk/?p=474829

Четири позитивни резултати на африканска свинска чума кај диви свињи во Делчевско регистрираше Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од Ветеринарниот институт при Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје. Од Агенцијата за храна и ветеринарство за МИА информираат дека станува збор за мостри од отстрелани диви свињи пронајдени во реонот на делчевското село Драмче.

– Мострите се пронајдени во рамки на акцијата за засилен отстрел, кој согласно последното Решение за спроведување на контролни и заштитни мерки во однос на болеста африканска чума кај свињите кое го донесе АХВ, а од страна на ловните друштва ќе се спроведува до крајот на овој месец, посочија од АХВ.

Потенцираат дека имајќи предвид дека претходно во Делчевско беше пронајдена африканска чума и кај домашните свињи, на сила остануваат мерките за спроведување на засилен пасивен надзор на болеста на целата територија на земјава, односно на одгледувалиштата, во големите свињарски фарми и во ловиштата.

– Ловните друштва треба еднаш неделно да вршат пребарување на ловиштата за пронаоѓање на угинати диви свињи, а од секоја угината дива свиња која ќе биде пронајдена задолжително треба да се прати мостра за лабораториско испитување за утврдување на присуство на вирусот на африканска чума кај свињите. За лабораториско испитување треба да се испрати и мостра од секоја застрелана дива свиња, а месото ќе може да се консумира само откако ќе се добие негативен резултат оданализата за утврдување на присуство на вирусот, посочија од Агенцијата за хтана и ветеринарство.

Во текот на ловот од АХВ напоменаа дека мора да се почитуваат биосигурносните мерки при лов, обработката на месото од застреланите диви свињи треба да се врши исклучиво во строго определени градежно уредени објекти/простори за расекување, обработка и чување на труповите. Одгледувачите на свињи пак како што додаваат треба задолжително да ја следат здравствената состојба на свињите во фармите и за секоја промена да го информираат официјалниот ветеринар или надлежното ветеринарно друштво.

– Големите фарми и понатаму имаат обврска од секоја угината свиња да испратат мостри за лабораториско испитување. На сила останува забраната за прихранување на диви свињи, освен за намамување за отстрел, како и работата на добиточните пазари, организирање на изложби и други настани во присуство на животни од видот свињи, додадоа од АХВ.

Согласно Решението, одгледувачите мора да ја почитуваат и забраната за чување на свињи на отворено, како и за колење на свињи во домашни услови.

– Комерцијалните фарми и некомерцијалните одгледувалишта во високоризичната зона во која влегуваат општините во пограничната линија со Република Бугарија и Република Србија, заклучно со 1 април треба да воспостават високи биосигурносни стандарди, односно доколку истите не се категоризираат како одгледувалишта со низок или среден ризик, кај нив ќе се спроведе мерка за депопулација на трошок на одгледувачите, додадоа од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Во однос на тоа кога повторно ќе може да се одгледуваат домашни свињи на местата каде беше извршена депопулација, од АХВ велат дека повторно населување (репопулација) во одгледувалиштата на свињи согласно решението, е дозволено по укинување на наредените мерки за контрола и ерадикација на болеста, само во одгледувалишта кои се категоризирани со низок и среден ризик.

– Доколку се утврди дека е вршена репопулација пред укинување на наредените мерки, или репопулацијата е извршена во нерегистрирани одгледувалишта односно одгледувалишта кои се категоризирани со висок ризик, но и ако се затекнат свињи без доказ за потеклото (неидентификувани и без сертификат за здравствена состојба) ќе се изврши нивно одземање, убивање и нештетно отстранување без надомест, на товар на одгледувачот, посочија од АХВ.

Со решението од 04.03.2022 година, АХВ ги укина заштитната (3 км) и зоната под надзор (10 км) околу двете жаришта во делчевското село Драмче, каде успешно беа спроведени мерките за ерадикација (убивање и нештетно закопување на свињите во заштитната зона) и депопулација со економско искористување на месото во зоната под надзор и другите мерки за заштита, дефинирани во претходно донесените решенија.

Во однос на исплатата на сточарите за одземените и убиени животни во рамки на донесените мерки за ерадикација и депопулација, од АХВ информираа дека ги разгледува поднесените барања и тие ќе бидат исплатени во најбрз рок.

The post Четири позитивни резултати на африканска свинска чума кај диви свињи во Делчевско appeared first on Република.

]]>

Четири позитивни резултати на африканска свинска чума кај диви свињи во Делчевско регистрираше Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од Ветеринарниот институт при Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје. Од Агенцијата за храна и ветеринарство за МИА информираат дека станува збор за мостри од отстрелани диви свињи пронајдени во реонот на делчевското село Драмче. – Мострите се пронајдени во рамки на акцијата за засилен отстрел, кој согласно последното Решение за спроведување на контролни и заштитни мерки во однос на болеста африканска чума кај свињите кое го донесе АХВ, а од страна на ловните друштва ќе се спроведува до крајот на овој месец, посочија од АХВ. Потенцираат дека имајќи предвид дека претходно во Делчевско беше пронајдена африканска чума и кај домашните свињи, на сила остануваат мерките за спроведување на засилен пасивен надзор на болеста на целата територија на земјава, односно на одгледувалиштата, во големите свињарски фарми и во ловиштата. – Ловните друштва треба еднаш неделно да вршат пребарување на ловиштата за пронаоѓање на угинати диви свињи, а од секоја угината дива свиња која ќе биде пронајдена задолжително треба да се прати мостра за лабораториско испитување за утврдување на присуство на вирусот на африканска чума кај свињите. За лабораториско испитување треба да се испрати и мостра од секоја застрелана дива свиња, а месото ќе може да се консумира само откако ќе се добие негативен резултат оданализата за утврдување на присуство на вирусот, посочија од Агенцијата за хтана и ветеринарство. Во текот на ловот од АХВ напоменаа дека мора да се почитуваат биосигурносните мерки при лов, обработката на месото од застреланите диви свињи треба да се врши исклучиво во строго определени градежно уредени објекти/простори за расекување, обработка и чување на труповите. Одгледувачите на свињи пак како што додаваат треба задолжително да ја следат здравствената состојба на свињите во фармите и за секоја промена да го информираат официјалниот ветеринар или надлежното ветеринарно друштво. – Големите фарми и понатаму имаат обврска од секоја угината свиња да испратат мостри за лабораториско испитување. На сила останува забраната за прихранување на диви свињи, освен за намамување за отстрел, како и работата на добиточните пазари, организирање на изложби и други настани во присуство на животни од видот свињи, додадоа од АХВ. Согласно Решението, одгледувачите мора да ја почитуваат и забраната за чување на свињи на отворено, како и за колење на свињи во домашни услови. – Комерцијалните фарми и некомерцијалните одгледувалишта во високоризичната зона во која влегуваат општините во пограничната линија со Република Бугарија и Република Србија, заклучно со 1 април треба да воспостават високи биосигурносни стандарди, односно доколку истите не се категоризираат како одгледувалишта со низок или среден ризик, кај нив ќе се спроведе мерка за депопулација на трошок на одгледувачите, додадоа од Агенцијата за храна и ветеринарство. Во однос на тоа кога повторно ќе може да се одгледуваат домашни свињи на местата каде беше извршена депопулација, од АХВ велат дека повторно населување (репопулација) во одгледувалиштата на свињи согласно решението, е дозволено по укинување на наредените мерки за контрола и ерадикација на болеста, само во одгледувалишта кои се категоризирани со низок и среден ризик. – Доколку се утврди дека е вршена репопулација пред укинување на наредените мерки, или репопулацијата е извршена во нерегистрирани одгледувалишта односно одгледувалишта кои се категоризирани со висок ризик, но и ако се затекнат свињи без доказ за потеклото (неидентификувани и без сертификат за здравствена состојба) ќе се изврши нивно одземање, убивање и нештетно отстранување без надомест, на товар на одгледувачот, посочија од АХВ. Со решението од 04.03.2022 година, АХВ ги укина заштитната (3 км) и зоната под надзор (10 км) околу двете жаришта во делчевското село Драмче, каде успешно беа спроведени мерките за ерадикација (убивање и нештетно закопување на свињите во заштитната зона) и депопулација со економско искористување на месото во зоната под надзор и другите мерки за заштита, дефинирани во претходно донесените решенија. Во однос на исплатата на сточарите за одземените и убиени животни во рамки на донесените мерки за ерадикација и депопулација, од АХВ информираа дека ги разгледува поднесените барања и тие ќе бидат исплатени во најбрз рок.

The post Четири позитивни резултати на африканска свинска чума кај диви свињи во Делчевско appeared first on Република.

]]>
Зачудувачки висок наталитет на диви свињи во природата, се шетаат низ селата среде бел ден https://republika.mk/vesti/makedonija/zachuduvachki-visok-natalitet-na-divi-svinji-vo-prirodata-se-shetaat-niz-selata-srede-bel-den/ Sun, 30 Jan 2022 10:23:55 +0000 https://republika.mk/?p=451473

Енормниот пораст на бројот на диви свињи во кичевијата, последните два викенди резултира со рекордна бројка на отстрелани диви свињи на две ловечки друштва од општината. Така ловечко друштво од Рабетинска Река пред две недели отстрела осум диви свињи, додека следниот викенд ловечко друштво од Копачијата го надмина овој рекорд и отстрела дури 11 диви свињи од различна возраст и големина.

Последните две-три години просто сме зачудени од бројноста на дивите свињи во природата, кои ги има во толку голем број што повеќе не се плашат да прошетаат низ селата и среде бел ден, а за штетите врз земјоделските култури што ги направија изминативе две години, не треба ни да зборуваме, бидејќи во повеќе села од кичевско-пласничкиот регион кај одредени земјоделци штетата беше целосна, а се стравува дека поради зголемениот број во природата, штетите во наредните години да бидат уште поголеми, вели Даме Петрески, ловџија од Кичевско.

Тој нема одговор од каде за толку кусо време енормно се зголеми бројот на диви свињи во природата, дали тие дошле од други региони или можеби наталитетот последниве години е драстично зголемен.

Повеќе на ТВ21

The post Зачудувачки висок наталитет на диви свињи во природата, се шетаат низ селата среде бел ден appeared first on Република.

]]>

Енормниот пораст на бројот на диви свињи во кичевијата, последните два викенди резултира со рекордна бројка на отстрелани диви свињи на две ловечки друштва од општината. Така ловечко друштво од Рабетинска Река пред две недели отстрела осум диви свињи, додека следниот викенд ловечко друштво од Копачијата го надмина овој рекорд и отстрела дури 11 диви свињи од различна возраст и големина.
Последните две-три години просто сме зачудени од бројноста на дивите свињи во природата, кои ги има во толку голем број што повеќе не се плашат да прошетаат низ селата и среде бел ден, а за штетите врз земјоделските култури што ги направија изминативе две години, не треба ни да зборуваме, бидејќи во повеќе села од кичевско-пласничкиот регион кај одредени земјоделци штетата беше целосна, а се стравува дека поради зголемениот број во природата, штетите во наредните години да бидат уште поголеми, вели Даме Петрески, ловџија од Кичевско.
Тој нема одговор од каде за толку кусо време енормно се зголеми бројот на диви свињи во природата, дали тие дошле од други региони или можеби наталитетот последниве години е драстично зголемен. Повеќе на ТВ21

The post Зачудувачки висок наталитет на диви свињи во природата, се шетаат низ селата среде бел ден appeared first on Република.

]]>
Наезда од диви свињи во кочанско https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/naezda-od-divi-svinji-vo-kochansko/ Fri, 14 Jan 2022 12:37:15 +0000 https://republika.mk/?p=444596

Поради забраната за лов во целиот источен регион, заради присуство на вирусот на африканската чума, во Кочанско се соочуваат со наезда од диви свињи. Земјоделците од повеќе села од Осоговијата и Плочковица се жалат дека трпат големи штети на есенските посеви во нивите и градините, а дивите свињи им влегуваат и во дворовите. Ловците кои имаат за задача да го пребаруваат теренот за угинати диви свињи од болеста, сведочат дека целосно се уништени неколку 100-тина декари засеани со пченка и компир во атарите на селата Видовиште и Теранци, а поради нивната агресивност опасни се и за домашните животни. Ловците не смеат да реагираат и да им помогнат на селаните. Од досегашната потрага по ловните терени не се пронајдени угинати диви свињи како последица од африканската чума.

Лабораториските испитувања на месото во залиха од пред воведувањето на забраната, покажало негативни резултати на присуство на вирусот. Покрај ловот, забранета е и купопродажбата на домашни свињи, а сточниот пазар во Облешево останува затворен до важноста на мерката воведена по препорака на Агенцијата за храна и ветринарство. Во радиус од 3 км од жариштето еутанизирани се 195 свињи и закопани во посебни јами на депонијата во Делчево. Во кланица ќе завршат и околу 700 домашни свињи од зоната под надзор во радиус од 10 км.

The post Наезда од диви свињи во кочанско appeared first on Република.

]]>

Поради забраната за лов во целиот источен регион, заради присуство на вирусот на африканската чума, во Кочанско се соочуваат со наезда од диви свињи. Земјоделците од повеќе села од Осоговијата и Плочковица се жалат дека трпат големи штети на есенските посеви во нивите и градините, а дивите свињи им влегуваат и во дворовите. Ловците кои имаат за задача да го пребаруваат теренот за угинати диви свињи од болеста, сведочат дека целосно се уништени неколку 100-тина декари засеани со пченка и компир во атарите на селата Видовиште и Теранци, а поради нивната агресивност опасни се и за домашните животни. Ловците не смеат да реагираат и да им помогнат на селаните. Од досегашната потрага по ловните терени не се пронајдени угинати диви свињи како последица од африканската чума. Лабораториските испитувања на месото во залиха од пред воведувањето на забраната, покажало негативни резултати на присуство на вирусот. Покрај ловот, забранета е и купопродажбата на домашни свињи, а сточниот пазар во Облешево останува затворен до важноста на мерката воведена по препорака на Агенцијата за храна и ветринарство. Во радиус од 3 км од жариштето еутанизирани се 195 свињи и закопани во посебни јами на депонијата во Делчево. Во кланица ќе завршат и околу 700 домашни свињи од зоната под надзор во радиус од 10 км.

The post Наезда од диви свињи во кочанско appeared first on Република.

]]>