Позната е изреката „Сите патишта водат во Рим“, а според фотографијата што ја објавува поранешниот италијански вицепремиер Матео Салвини, и за дивите свињи.

Салвини на својот профил на Фејсбук денеска објави фотографија од Рим на која се гледа глутница диви свињи „на ручек“ околу контејнери за смет.

Чист Рим, гласи ироничниот коментар на Салвини во легендата на фотографијата што ја објавува.

Според околината која се гледа на фотографијата се гледа дека станува збор за урбаниот дел од италијанската метропола.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.