Сè почеста глетка во Загреб во последните месеци е појавата на диви свињи, а како што стојат работите во моментов, тие може многу брзо да стигнат до центарот на градот!

Загрепчани се повеќе се загрижени за овие опасни животни, кои во потрага по храна решиле среќата да ја побараат во главниот град на Хрватска.

Се плашам да излезам од дома затоа што не знам во темница каде би налетал на дива свиња. Целата глутница убаво помина под семафорите – вели за „Дневник.хр“ Ѓурѓа Ѓуранец од Загреб.

На социјалните мрежи се појави и видео од загрепчанец кој ги храни, а неговата постапка предизвика бројни коментари. Додека едни се шегуваат, други се исплашени, а има и такви кои ја пренесоа веста дека некои диви свињи наводно нападнале и повредиле едно куче.

Претседателот на хрватското ловечко друштво, Ивица Будор, побарал итна средба со градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, за да не се дозволи дивите свињи да почнат да шетаат низ самиот центар на Загреб.

Кој ќе биде тогаш виновен? – прашува Будор, кој верува дека е само прашање на време кога глутниците од овие диви свињи ќе стигнат на плоштадот Бан Јелачиќ.

Миљенко Круч од Ловечкото друштво на Град Загреб вели дека дивите свињи се приспособливи и дека не е забележан напад врз луѓе. Сепак, тој вели дека нападот на домашно милениче е само чекор кон напад на човек, коментирајќи го случај во кој дивите свињи му ја одрале кожата на куче. Според него, свињите повторно биле видени на браната меѓу Микулиќ и Биљеник.

Надлеѓните им порачаа на граѓаните да останат смирени и да не им приоѓаат, а доколку се со домашни миленици да ги стават на поводник и мирно да се оддалечат.

Во градското подрачје на градот Загреб, дивата свиња е повремен вид дивеч кој секојдневно мигрира до лесно достапни извори на храна и вода во урбаните средини, најчесто во лето-есен, а во сушниот период дополнителна причина може да има пристап до извори на вода (Максимирска џезера, Јарун, брег на реката Сава, потоци) – предупредија градските власти.

Се повикуваат граѓаните, во случај да наидат на диви свињи и други диви животни, секоја информација да ја пријават на надлежните телефони.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.