девојчиња Archives - Република https://republika.mk/tema/devojchinja/ За подобро да се разбереме Tue, 13 Aug 2024 17:33:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png девојчиња Archives - Република https://republika.mk/tema/devojchinja/ 32 32 Жените во Газа принудени да ја кратат косата поради недостиг на шампон и чиста вода https://republika.mk/vesti/svet/zhenite-vo-gaza-prinudeni-da-ja-kratat-kosata-poradi-nedostig-na-shampon-i-chista-voda/ Tue, 13 Aug 2024 17:45:17 +0000 https://republika.mk/?p=806277

Жените и девојчињата во Појасот Газа се принудени да ја кратат косата поради недостиг на шампон и чешли, како и поради загадената вода која предизвикува кожни и габични инфекции, вклучувајќи шуга.

Израелската блокада на палестинската енклава придонесува за брзото ширење на заразни болести, а населението се соочува со недостиг на сапун, шампон, менструални производи и средства за чистење.

Во последниот период најчести заболувања што ги среќаваме се осип на кожата и други кожни заболувања, кои имаат многу причини, вклучувајќи пренаселеност во камповите, зголемена топлина во шаторите, потење кај децата и недостиг на вода за бањање, изјави Лобни ал-Азаизи, лекарка во болницата Камал Адван во Појасот Газа.

Ал-Азаизи секојдневно оди на работа поминувајќи покрај својата куќа, уништена во израелски напад, а со своите колеги формирала импровизирана клиника во шатори за лекување на деца, која се претворила во клиника за помош на цели семејства.

Испораката на меѓународна помош драстично е намалена откако Израел ја презеде контролата врз граничниот премин Рафа од Египет, што ја влоши хуманитарната криза за 2,3 милиони жители на палестинската енклава, кои страдаат од глад и болести. Оваа блокада доведе до зголемување на цената на медицинските средства, на пример, една туба крем за третирање на изгореници чини 53 долари, што ја прави недостапна за повеќето Палестинци во Газа.

Израел ја негира блокадата на енклавата и ја обвинува ООН за хуманитарната криза во Појасот Газа.

The post Жените во Газа принудени да ја кратат косата поради недостиг на шампон и чиста вода appeared first on Република.

]]>

Жените и девојчињата во Појасот Газа се принудени да ја кратат косата поради недостиг на шампон и чешли, како и поради загадената вода која предизвикува кожни и габични инфекции, вклучувајќи шуга. Израелската блокада на палестинската енклава придонесува за брзото ширење на заразни болести, а населението се соочува со недостиг на сапун, шампон, менструални производи и средства за чистење. Во последниот период најчести заболувања што ги среќаваме се осип на кожата и други кожни заболувања, кои имаат многу причини, вклучувајќи пренаселеност во камповите, зголемена топлина во шаторите, потење кај децата и недостиг на вода за бањање, изјави Лобни ал-Азаизи, лекарка во болницата Камал Адван во Појасот Газа. Ал-Азаизи секојдневно оди на работа поминувајќи покрај својата куќа, уништена во израелски напад, а со своите колеги формирала импровизирана клиника во шатори за лекување на деца, која се претворила во клиника за помош на цели семејства. Испораката на меѓународна помош драстично е намалена откако Израел ја презеде контролата врз граничниот премин Рафа од Египет, што ја влоши хуманитарната криза за 2,3 милиони жители на палестинската енклава, кои страдаат од глад и болести. Оваа блокада доведе до зголемување на цената на медицинските средства, на пример, една туба крем за третирање на изгореници чини 53 долари, што ја прави недостапна за повеќето Палестинци во Газа. Израел ја негира блокадата на енклавата и ја обвинува ООН за хуманитарната криза во Појасот Газа.

The post Жените во Газа принудени да ја кратат косата поради недостиг на шампон и чиста вода appeared first on Република.

]]>
Ирак со закон ќе дозволи брак на девојчиња од девет години https://republika.mk/vesti/svet/irak-so-zakon-ke-dozvoli-brak-na-devojchina-od-devet-godini/ Sun, 11 Aug 2024 09:00:10 +0000 https://republika.mk/?p=805377

Ирачкиот парламент одлучи да ја намали возраста за дозволен брак на девојчињата од 15 на 9 години.

Шиитската партија, која има мнозинство во ирачкиот парламент, предложи намалување на минималната возраст за брак за девојчињата на девет, а за момчињата на 15 години, наведувајќи ја потребата од почитување на шеријатскиот закон, кој го сметаат за задолжителен за сите муслимани.

Пратеникот кој ги предложи измените на законот порача дека „оние кои се противат на законот се странски агенти и непријатели на Ирак“.

The post Ирак со закон ќе дозволи брак на девојчиња од девет години appeared first on Република.

]]>

Ирачкиот парламент одлучи да ја намали возраста за дозволен брак на девојчињата од 15 на 9 години. Шиитската партија, која има мнозинство во ирачкиот парламент, предложи намалување на минималната возраст за брак за девојчињата на девет, а за момчињата на 15 години, наведувајќи ја потребата од почитување на шеријатскиот закон, кој го сметаат за задолжителен за сите муслимани. Пратеникот кој ги предложи измените на законот порача дека „оние кои се противат на законот се странски агенти и непријатели на Ирак“.

The post Ирак со закон ќе дозволи брак на девојчиња од девет години appeared first on Република.

]]>
10 отсто од момчињата во земјава и 20 проценти од девојчињата на 15 години размислувале за самоубиство https://republika.mk/zivot/zdravje/10-otsto-od-momchinata-vo-zemjava-i-20-protsenti-od-devojchinata-na-15-godini-razmisluvale-za-samoubistvo/ Fri, 17 Nov 2023 13:02:19 +0000 https://republika.mk/?p=702536

Алармантен е трендот на опаѓање на менталното здравје кај девојчињата на 15-годишна возраст во земјава, при што повеќе од една третина се чувствуваат осамено, а дури 21 отсто сериозно размислувале за самоубиство. Кај момчињата на иста возраст 12 отсто имале чувство на осаменост, а 10 отсто помислиле сами да си го одземат животот.

Тоа се дел од националните наоди во рамки на меѓународната ХБСЦ студија „Однесувања поврзани со здравјето на децата на училишна возраст од 11 до 15 години“, што ги направи Центарот за психосоцијална и кризна акција „Малинска“ од Скопје, во партнерство со Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Универзитетот во Тетово, а што денеска беа презентирани во Кочани.

Испитувањата во студијата се направени на репрезентативен примерок од 5.132 ученика кои скоро подеднакво се распределени во групи на возраст од 11, 13 и 15 години.

-Со возраста на децата се зголемува процентот на оние кои се пожалиле на психосоматски тегоби еднаш неделно, при што позасегнати, со 64 отсто, се девојчињата на 15 години, додека момињата се со 37 отсто. Родовите разлики се уште поизразени кај депресивното расположение, при што една третина од момчињата и над една половина од девојчињата дале позитивен одговор на ова прашање. Во однос на тоа колку се задоволни од животот, младите кај нас се во горната половина во однос на нивните врсници на светско ниво, но повторно се забележува опаѓање со зголемување на возраста. 70 отсто од девојчињата и 63 отсто од момчињата на 11-годишна возраст одговориле позитивно, додека 40 отсто девојчиња и 33 отсто момчиња на возраст од 15 години рекле дека се задоволни од животот, истакна Маја Цветаноска, истражувач во ХБСЦ студијата.

На презентацијата беше нагласено дека 40 отсто од младите во државата изјавиле оти живеат во сиромаштија, а само 20 отсто биле релативно имотни, при што традиционалните заедница и вредности генерираат родови нееднаквости, дискриминација и насилство. Младите се среќаваат со амбиент на нетолеранција на различностите и неказнивост на насилствата во семејството, училиштето и заедницата.

Скоро приближен процент од 35 отсто момчиња и девојчиња на 15 години изјавиле дека еднаш или повеќе пати во еден месец користеле алкохол, додека 22 отсто момчиња и 19 отсто девојчиња во истиот период пушеле цигари. Една петина од испитаниците од двата пола на иста возраст се пожалиле на малтретирање, а по околу 15 отсто биле жртви на сајбер малтретирање. Четириесет отсто од момчињата, а 24 отсто девојчиња учествувале во тепачки, истакна Иван Христов, истражувач во ХБСЦ студијата.

Во рамки на презентацијата во Кочани беа изнесени податоци и за проблематичното користење на социјалните медиуми, ризичните однесувања на младите при вљубување, сексуалната активност во адолесценцијата, приврзаноста кон училиштето, поддршката од семејството и наставниците и други параметри. Заеднички беше заклучокот дека родовите нееднаквости ги засегаат сите млади, без разлика на етничката припадност, религиските уверувања и сексуалната ориентација.

https://republika.mk/zivot/zdravje/edna-tretina-od-tinejdherite-i-adolestsentite-i-edna-tretina-od-trudnitsite-stradaat-od-depresija-pokazhuvaat-istrazhuvanata-vo-makedonija/

The post 10 отсто од момчињата во земјава и 20 проценти од девојчињата на 15 години размислувале за самоубиство appeared first on Република.

]]>

Алармантен е трендот на опаѓање на менталното здравје кај девојчињата на 15-годишна возраст во земјава, при што повеќе од една третина се чувствуваат осамено, а дури 21 отсто сериозно размислувале за самоубиство. Кај момчињата на иста возраст 12 отсто имале чувство на осаменост, а 10 отсто помислиле сами да си го одземат животот. Тоа се дел од националните наоди во рамки на меѓународната ХБСЦ студија „Однесувања поврзани со здравјето на децата на училишна возраст од 11 до 15 години“, што ги направи Центарот за психосоцијална и кризна акција „Малинска“ од Скопје, во партнерство со Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Универзитетот во Тетово, а што денеска беа презентирани во Кочани. Испитувањата во студијата се направени на репрезентативен примерок од 5.132 ученика кои скоро подеднакво се распределени во групи на возраст од 11, 13 и 15 години.
-Со возраста на децата се зголемува процентот на оние кои се пожалиле на психосоматски тегоби еднаш неделно, при што позасегнати, со 64 отсто, се девојчињата на 15 години, додека момињата се со 37 отсто. Родовите разлики се уште поизразени кај депресивното расположение, при што една третина од момчињата и над една половина од девојчињата дале позитивен одговор на ова прашање. Во однос на тоа колку се задоволни од животот, младите кај нас се во горната половина во однос на нивните врсници на светско ниво, но повторно се забележува опаѓање со зголемување на возраста. 70 отсто од девојчињата и 63 отсто од момчињата на 11-годишна возраст одговориле позитивно, додека 40 отсто девојчиња и 33 отсто момчиња на возраст од 15 години рекле дека се задоволни од животот, истакна Маја Цветаноска, истражувач во ХБСЦ студијата.
На презентацијата беше нагласено дека 40 отсто од младите во државата изјавиле оти живеат во сиромаштија, а само 20 отсто биле релативно имотни, при што традиционалните заедница и вредности генерираат родови нееднаквости, дискриминација и насилство. Младите се среќаваат со амбиент на нетолеранција на различностите и неказнивост на насилствата во семејството, училиштето и заедницата.
Скоро приближен процент од 35 отсто момчиња и девојчиња на 15 години изјавиле дека еднаш или повеќе пати во еден месец користеле алкохол, додека 22 отсто момчиња и 19 отсто девојчиња во истиот период пушеле цигари. Една петина од испитаниците од двата пола на иста возраст се пожалиле на малтретирање, а по околу 15 отсто биле жртви на сајбер малтретирање. Четириесет отсто од момчињата, а 24 отсто девојчиња учествувале во тепачки, истакна Иван Христов, истражувач во ХБСЦ студијата.
Во рамки на презентацијата во Кочани беа изнесени податоци и за проблематичното користење на социјалните медиуми, ризичните однесувања на младите при вљубување, сексуалната активност во адолесценцијата, приврзаноста кон училиштето, поддршката од семејството и наставниците и други параметри. Заеднички беше заклучокот дека родовите нееднаквости ги засегаат сите млади, без разлика на етничката припадност, религиските уверувања и сексуалната ориентација. https://republika.mk/zivot/zdravje/edna-tretina-od-tinejdherite-i-adolestsentite-i-edna-tretina-od-trudnitsite-stradaat-od-depresija-pokazhuvaat-istrazhuvanata-vo-makedonija/

The post 10 отсто од момчињата во земјава и 20 проценти од девојчињата на 15 години размислувале за самоубиство appeared first on Република.

]]>
Девојчиња истепале малолетничка во двор во основно училиште во Чаир https://republika.mk/vesti/crna-hronika/devojchina-istepale-maloletnichka-vo-dvor-vo-osnovno-uchilishte-vo-chair/ Tue, 14 Nov 2023 16:20:52 +0000 https://republika.mk/?p=701525

Вчера вечер во 22.20 часот во СВР Скопје, 41-годишната М.К.В. од Скопје пријавила дека во двор на основно училиште на подрачје на Чаир, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од неколку други малолетнички, извести МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

The post Девојчиња истепале малолетничка во двор во основно училиште во Чаир appeared first on Република.

]]>

Вчера вечер во 22.20 часот во СВР Скопје, 41-годишната М.К.В. од Скопје пријавила дека во двор на основно училиште на подрачје на Чаир, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од неколку други малолетнички, извести МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

The post Девојчиња истепале малолетничка во двор во основно училиште во Чаир appeared first on Република.

]]>
Секое трето девојче на 15 години во Македонија е осамено, а секое второ во изминатите 12 месеци се чувствувало тажно и безнадежно, покажа истражување спроведено во 2022 годин https://republika.mk/zivot/zdravje/sekoe-treto-devojche-na-15-godini-vo-makedonija-e-osameno-a-sekoe-vtoro-vo-izminatite-12-mesetsi-se-chuvstvuvalo-tazhno-i-beznadezhno-pokazha-istrazhuvane-sprovedeno-vo-2022-godin/ Thu, 26 Oct 2023 09:21:05 +0000 https://republika.mk/?p=695102

Секое трето девојче на 15 години во Македонија изјавува дека е осамено, а секое второ девојче на истата возраст во изминатите 12 месеци се чувствувало толку тажно и безнадежно, речиси секој ден, во текот на две или повеќе недели, што прекинало да ги прави вообичаените активности. Ова се резултати од истражувањето спроведено во 2022 година во рамки на меѓународната лонгитудинална ХБСЦ студија Однесувања поврзани со здравјето кај деца на училишна возраст (11, 13 и 15 г.), која кај нас се спроведува веќе 20 години, објави МКД.мк.

Загрижувачки е трендот на опаѓање на менталното здравје кај адолесцентните девојчиња во Македонија, слично со широко застапениот тренд низ Европа и Централна Азија. И кај нас, со возраста расте преваленцијата на нарушувања на менталното здравје на младите од 11 до 15 години, со најголем пораст кај девојчињата на 15 години.

Наодите се алармантни. Дури 57% од девојчињата на 15 години во нашата земја пријавиле чести нерасположенија речиси секојдневно во последните шест месеци. Од психосоматски тегоби како: болки во стомакот, главоболки, вознемиреност, раздразливост, проблеми со спиењето и концентрацијата, истовремено, повеќе пати неделно во последните шест месеци страдаат 6 од 10 девојчиња на 15 години.

И задоволството од животот опаѓа со возраста од 11 до 15 години, кај девојчињата многу побрзо отколку кај момчињата. Трендот во последните осум години, од 2014 до 2022 година, ја покажува истата насока на меѓуродови и меѓувозрасни разлики, со високи сличности помеѓу 2014 и 2022 година, токму на индикаторите на менталното здравје, што укажува на висока чувствителност на децата на општествените случувања и условите во кои живеат, независно дали се работи за социјална, политичка или здравствена криза и несигурност на заедницата.

Високи родови нееднаквости, низ повеќе истражувачки циклуси се забележуваат и во сексуалните искуства на младите на 15 години од Македонија. 30% од момчињата наспроти 5% од девојчињата (во просек) пријавиле дека се сексуално активни на таа возраст. Од друга страна, во демократски развиените земји каде што се спроведува студијата, меѓуродови разлики речиси нема, а се забележува и бавен, но сигурен пад на сексуалните искуства меѓу младите.

Во поглед на ризичните однесувања на младите, типични за адолесцентниот период, како што се пиењето, пушењето цигари, тепачките и проблематичното користење на социјалните медиуми, се забележува растечки тренд со возраста. Меѓуродовите разлики се видливи во различните стратегии на момчињата и девојчињата за справување со притисоците - повеќе момчињата учествуваат во тепачки, а пак девојчињата повеќе се ангажираат во проблематично користење на социјалните медиуми.

За овие наоди, Лина Ќостарова Унковска, водечка истражувачка на студијата за Македонија изјави:

Сите овие нееднаквости зборуваат за силното влијание на условите во кои живеат нашите млади, вклучувајќи ја и културата со традиционалните родови норми и улоги, кои ги профилираат погледите и креираат неавтентични идентитети од нашите девојчиња и момчиња, кои потоа многу тешко се реализираат, со далекусежни последици по нивниот развој и добросостојба.

Речиси секое второ момче во Македонија застапува родово дискриминирачки ставови, наспроти секое десетто девојче (во просек), што зборува не само за јазот, туку и за длабокиот внатрешен конфликт кај македонското девојче, а потоа и кај момчето, кои тешко можат да одговорат на очекувањата. Ова е повик за преземање акција – да разбереме подлабоко, да делуваме побрзо и да дадеме поголема поддршка на децата, такви какви што се, без да ги менуваме и обликуаме по нечија мерка“.

По повод овие наоди и пораките на младите до родителите, наставниците и политичарите се јасни:

Важно ни е родителите да нѐ сфатат и да ги земат предвид нашите чувства и потреби во врска со училиштето и секојдневниот живот. Сакаме да имаме доверба во нив и отворена комуникација за да не се чувствуваме осамени, туку поврзани. Би сакале да имаме модерна и интересна настава која ќе нѐ мотивира на успех и ќе го направи училиштето место во кое ќе сакаме да одиме, во кое ќе бидеме вклучени и нашето мислење ќе биде земено предвид. Нашата порака до политичарите е да обезбедат заштита за сите деца и закони со кои ќе се подобри нашето образование“, изјавија средношколците Алтина и Даријан кои ги пренесоа заклучоците од работилницата со нивни врсници за резултатите од истражувањето, на 20-годишниот јубилеј од спроведувањето на студијата ХБСЦ во Македонија.

Ранливоста расте со возраста, наспроти поддршката од семејстово, родителите и наставниците, која опаѓа токму кон повозрасните, особено кон девојчињата кон кои е најниска, токму кога им е најпотребна.

Студијата ХБСЦ открива и многу други скриени групи ранливи деца, како што се децата со хронични болести, со поинаков родов и сексуален идентитет, децата и младите засегнати од малтретирање, сајбер малтретирање, емоционално и сексуално злоставување.

Афродита Шаља, шефицата на Канцеларијата на УНФПА во Македонија, истакна:

Фондот за население се залага секој млад човек целосно да го достигне сопствниот потенцијал. Во таа насока, ние ја поддржуваме ХБСЦ студијата во Македонија изминативе години, затоа што докажано е дека за суштинско подобрување на добросостојбата на младите, неопходни се квалитетни податоци и интегриран пристап за прашањата поврзани со добросостојбата на младите, вклучувајќи го сексуалното и репродуктивното здравје, односите помеѓу родовите, насилството и злоупотребата на дигитилните алатки. Без пристап до сервиси за поддршка и советување, отворен дијалог со училиштата и родителите не може да се постигне напредок.

„Овие сериозни наоди како и изјавите на децата го адресираат училиштето како агенс на промена. Да ги направиме училиштата места каде учениците ќе се чувствуваат безбедно и задоволно. Да ги поддржиме учениците тие да бидат изворот на промените во училиштата преку користење на своите потенцијали, креативност и лидерство. Искуствата од процесите на учество е основата на менталното здравје и добросостојба“, тврди Ана Попризова, училиштен психолог во скопската гимназија Орце Николов и претседателка на активот на стручни соработници на Град Скопје.

The post Секое трето девојче на 15 години во Македонија е осамено, а секое второ во изминатите 12 месеци се чувствувало тажно и безнадежно, покажа истражување спроведено во 2022 годин appeared first on Република.

]]>

Секое трето девојче на 15 години во Македонија изјавува дека е осамено, а секое второ девојче на истата возраст во изминатите 12 месеци се чувствувало толку тажно и безнадежно, речиси секој ден, во текот на две или повеќе недели, што прекинало да ги прави вообичаените активности. Ова се резултати од истражувањето спроведено во 2022 година во рамки на меѓународната лонгитудинална ХБСЦ студија Однесувања поврзани со здравјето кај деца на училишна возраст (11, 13 и 15 г.), која кај нас се спроведува веќе 20 години, објави МКД.мк. Загрижувачки е трендот на опаѓање на менталното здравје кај адолесцентните девојчиња во Македонија, слично со широко застапениот тренд низ Европа и Централна Азија. И кај нас, со возраста расте преваленцијата на нарушувања на менталното здравје на младите од 11 до 15 години, со најголем пораст кај девојчињата на 15 години. Наодите се алармантни. Дури 57% од девојчињата на 15 години во нашата земја пријавиле чести нерасположенија речиси секојдневно во последните шест месеци. Од психосоматски тегоби како: болки во стомакот, главоболки, вознемиреност, раздразливост, проблеми со спиењето и концентрацијата, истовремено, повеќе пати неделно во последните шест месеци страдаат 6 од 10 девојчиња на 15 години. И задоволството од животот опаѓа со возраста од 11 до 15 години, кај девојчињата многу побрзо отколку кај момчињата. Трендот во последните осум години, од 2014 до 2022 година, ја покажува истата насока на меѓуродови и меѓувозрасни разлики, со високи сличности помеѓу 2014 и 2022 година, токму на индикаторите на менталното здравје, што укажува на висока чувствителност на децата на општествените случувања и условите во кои живеат, независно дали се работи за социјална, политичка или здравствена криза и несигурност на заедницата. Високи родови нееднаквости, низ повеќе истражувачки циклуси се забележуваат и во сексуалните искуства на младите на 15 години од Македонија. 30% од момчињата наспроти 5% од девојчињата (во просек) пријавиле дека се сексуално активни на таа возраст. Од друга страна, во демократски развиените земји каде што се спроведува студијата, меѓуродови разлики речиси нема, а се забележува и бавен, но сигурен пад на сексуалните искуства меѓу младите. Во поглед на ризичните однесувања на младите, типични за адолесцентниот период, како што се пиењето, пушењето цигари, тепачките и проблематичното користење на социјалните медиуми, се забележува растечки тренд со возраста. Меѓуродовите разлики се видливи во различните стратегии на момчињата и девојчињата за справување со притисоците - повеќе момчињата учествуваат во тепачки, а пак девојчињата повеќе се ангажираат во проблематично користење на социјалните медиуми. За овие наоди, Лина Ќостарова Унковска, водечка истражувачка на студијата за Македонија изјави:
Сите овие нееднаквости зборуваат за силното влијание на условите во кои живеат нашите млади, вклучувајќи ја и културата со традиционалните родови норми и улоги, кои ги профилираат погледите и креираат неавтентични идентитети од нашите девојчиња и момчиња, кои потоа многу тешко се реализираат, со далекусежни последици по нивниот развој и добросостојба. Речиси секое второ момче во Македонија застапува родово дискриминирачки ставови, наспроти секое десетто девојче (во просек), што зборува не само за јазот, туку и за длабокиот внатрешен конфликт кај македонското девојче, а потоа и кај момчето, кои тешко можат да одговорат на очекувањата. Ова е повик за преземање акција – да разбереме подлабоко, да делуваме побрзо и да дадеме поголема поддршка на децата, такви какви што се, без да ги менуваме и обликуаме по нечија мерка“.
По повод овие наоди и пораките на младите до родителите, наставниците и политичарите се јасни:
Важно ни е родителите да нѐ сфатат и да ги земат предвид нашите чувства и потреби во врска со училиштето и секојдневниот живот. Сакаме да имаме доверба во нив и отворена комуникација за да не се чувствуваме осамени, туку поврзани. Би сакале да имаме модерна и интересна настава која ќе нѐ мотивира на успех и ќе го направи училиштето место во кое ќе сакаме да одиме, во кое ќе бидеме вклучени и нашето мислење ќе биде земено предвид. Нашата порака до политичарите е да обезбедат заштита за сите деца и закони со кои ќе се подобри нашето образование“, изјавија средношколците Алтина и Даријан кои ги пренесоа заклучоците од работилницата со нивни врсници за резултатите од истражувањето, на 20-годишниот јубилеј од спроведувањето на студијата ХБСЦ во Македонија.
Ранливоста расте со возраста, наспроти поддршката од семејстово, родителите и наставниците, која опаѓа токму кон повозрасните, особено кон девојчињата кон кои е најниска, токму кога им е најпотребна. Студијата ХБСЦ открива и многу други скриени групи ранливи деца, како што се децата со хронични болести, со поинаков родов и сексуален идентитет, децата и младите засегнати од малтретирање, сајбер малтретирање, емоционално и сексуално злоставување. Афродита Шаља, шефицата на Канцеларијата на УНФПА во Македонија, истакна:
Фондот за население се залага секој млад човек целосно да го достигне сопствниот потенцијал. Во таа насока, ние ја поддржуваме ХБСЦ студијата во Македонија изминативе години, затоа што докажано е дека за суштинско подобрување на добросостојбата на младите, неопходни се квалитетни податоци и интегриран пристап за прашањата поврзани со добросостојбата на младите, вклучувајќи го сексуалното и репродуктивното здравје, односите помеѓу родовите, насилството и злоупотребата на дигитилните алатки. Без пристап до сервиси за поддршка и советување, отворен дијалог со училиштата и родителите не може да се постигне напредок.
„Овие сериозни наоди како и изјавите на децата го адресираат училиштето како агенс на промена. Да ги направиме училиштата места каде учениците ќе се чувствуваат безбедно и задоволно. Да ги поддржиме учениците тие да бидат изворот на промените во училиштата преку користење на своите потенцијали, креативност и лидерство. Искуствата од процесите на учество е основата на менталното здравје и добросостојба“, тврди Ана Попризова, училиштен психолог во скопската гимназија Орце Николов и претседателка на активот на стручни соработници на Град Скопје.

The post Секое трето девојче на 15 години во Македонија е осамено, а секое второ во изминатите 12 месеци се чувствувало тажно и безнадежно, покажа истражување спроведено во 2022 годин appeared first on Република.

]]>
Француските училишта испратија дома десетици девојчиња кои не сакаа да ја соблечат муслиманската облека https://republika.mk/vesti/svet/frantsuskite-uchilishta-ispratija-doma-desetitsi-devojchina-koi-ne-sakaa-da-ja-soblechat-muslimanskata-obleka/ Tue, 05 Sep 2023 10:30:21 +0000 https://republika.mk/?p=678955

Француските училишта испратија дома десетици девојчиња на првиот ден од учебната година, кои не сакаа да ја соблечат муслиманската облека, изјави денеска министерот за образование, Габриел Атал.

Пркосејќи на забраната за носење муслиманска облека, речиси 300 девојчиња се појавија во училиштата“, изјави Атал за телевизијата БФМ.

„Повеќето се согласија да се сменат, но 67 одбија и беа испратени дома“, рече тој.

Француската влада минатиот месец го забрани носењето абаја во училиштат, објаснувајќи дека таквата облека ги прекршува правилата за секуларизам во образовниот систем. Поради тоа, Франција веќе ги забрани муслиманските шамии. Одлуката беше поздравена од политичката десница, но левицата тврди дека тоа е кршење на граѓанските слободи.

Атал рече дека девојките што биле испратени дома добиле писма за нивните семејства, во кои се наведува дека „секуларизмот не е принуда, туку слобода“. Доколку, пак, дојдат на училиште во абаи, ќе се одржи нов дијалог, рече министерот.

Во врска со ова, претседателот Емануел Макрон во понеделникот рече дека малцинството во Франција ја киднапира религијата и ја предизвикува републиката и секуларизмот, што води до лоши последици.

„Не можеме да се однесуваме како терористичкиот напад, убиството на Самуел Пати, да не се случило“, рече тој во интервју. Муслиманско здружение поднесе тужба до Државниот совет, највисокиот суд во земјата против државните власти, барајќи да се укине забраната за мажи и жени муслимани да носат традиционална облека врз својата облека.

The post Француските училишта испратија дома десетици девојчиња кои не сакаа да ја соблечат муслиманската облека appeared first on Република.

]]>

Француските училишта испратија дома десетици девојчиња на првиот ден од учебната година, кои не сакаа да ја соблечат муслиманската облека, изјави денеска министерот за образование, Габриел Атал.
Пркосејќи на забраната за носење муслиманска облека, речиси 300 девојчиња се појавија во училиштата“, изјави Атал за телевизијата БФМ. „Повеќето се согласија да се сменат, но 67 одбија и беа испратени дома“, рече тој. Француската влада минатиот месец го забрани носењето абаја во училиштат, објаснувајќи дека таквата облека ги прекршува правилата за секуларизам во образовниот систем. Поради тоа, Франција веќе ги забрани муслиманските шамии. Одлуката беше поздравена од политичката десница, но левицата тврди дека тоа е кршење на граѓанските слободи. Атал рече дека девојките што биле испратени дома добиле писма за нивните семејства, во кои се наведува дека „секуларизмот не е принуда, туку слобода“. Доколку, пак, дојдат на училиште во абаи, ќе се одржи нов дијалог, рече министерот. Во врска со ова, претседателот Емануел Макрон во понеделникот рече дека малцинството во Франција ја киднапира религијата и ја предизвикува републиката и секуларизмот, што води до лоши последици. „Не можеме да се однесуваме како терористичкиот напад, убиството на Самуел Пати, да не се случило“, рече тој во интервју. Муслиманско здружение поднесе тужба до Државниот совет, највисокиот суд во земјата против државните власти, барајќи да се укине забраната за мажи и жени муслимани да носат традиционална облека врз својата облека.

The post Француските училишта испратија дома десетици девојчиња кои не сакаа да ја соблечат муслиманската облека appeared first on Република.

]]>
Три девојчиња биле врзани, мачени и им биле исечени грлата https://republika.mk/vesti/svet/tri-devojchina-bile-vrzani-macheni-i-im-bile-isecheni-grlata/ Wed, 12 Apr 2023 19:19:50 +0000 https://republika.mk/?p=630321

Телата на исчезнатите Најли Тапија (22), Јулијана Масијас (21) и Дениз Рејна (19) беа пронајдени минатата недела покрај реката Есмералдас недалеку од градот Кининде во северозападниот дел на Еквадор.

Според информациите од местото на настанот, девојчињата биле мачени, им биле исечени грлата, а биле пронајдени во плиток импровизиран гроб. Телата биле пронајдени откако локални рибари забележале кучиња како се задржуваат на брегот на реката и душкаат.

Рибарите за се ги информирале локалните власти откако забележале многу непријатна миризба.

Полицијата го истражува случајот, а семејствата на девојчињата бараат нивното страдање да не се поврзува со трговија со дрога. Локалните медиуми објавија дека и девојките биле врзани, а устата им била покриена со завои.

Тие беа млади, облечени за на плажа, во костими за капење, лесна облека, шорцеви“, изјави Диего Веластеги, полициски службеник.

Тие потекнуваат од градот Санто Доминго де лос Касилас, кој е на околу 80 километри од местото каде што се пронајдени. Последен пат биле видени на 4 април, кога отишле на плажа, пренесува „Дејли мејл“.

The post Три девојчиња биле врзани, мачени и им биле исечени грлата appeared first on Република.

]]>

Телата на исчезнатите Најли Тапија (22), Јулијана Масијас (21) и Дениз Рејна (19) беа пронајдени минатата недела покрај реката Есмералдас недалеку од градот Кининде во северозападниот дел на Еквадор. Според информациите од местото на настанот, девојчињата биле мачени, им биле исечени грлата, а биле пронајдени во плиток импровизиран гроб. Телата биле пронајдени откако локални рибари забележале кучиња како се задржуваат на брегот на реката и душкаат. Рибарите за се ги информирале локалните власти откако забележале многу непријатна миризба. Полицијата го истражува случајот, а семејствата на девојчињата бараат нивното страдање да не се поврзува со трговија со дрога. Локалните медиуми објавија дека и девојките биле врзани, а устата им била покриена со завои.
Тие беа млади, облечени за на плажа, во костими за капење, лесна облека, шорцеви“, изјави Диего Веластеги, полициски службеник.
Тие потекнуваат од градот Санто Доминго де лос Касилас, кој е на околу 80 километри од местото каде што се пронајдени. Последен пат биле видени на 4 април, кога отишле на плажа, пренесува „Дејли мејл“.

The post Три девојчиња биле врзани, мачени и им биле исечени грлата appeared first on Република.

]]>
Во Иран повторно се отруени девојчиња во неколку училишта https://republika.mk/vesti/svet/vo-iran-povtorno-se-otrueni-devojchina-vo-nekolku-uchilishta/ Sat, 08 Apr 2023 15:36:53 +0000 https://republika.mk/?p=628757

Десетици девојчиња денеска се отруени во неколку училишта низ Иран, јавија локалните медиуми.

Од крајот на ноември, бројни училишта, претежно за девојчиња, се погодени од ненадејни труења со гас или отровни материи. Децата почувствувале слабост, се онесвестиле, а некои завршиле во болница.

Претседателот на Националната анкетна комисија за случајот, пратеникот Хамидреза Каземи, вчера изјави дека нивниот конечен извештај ќе биде објавен „за две недели“.

Најмалку 60 ученички се отруени денеска во женско училиште во Хафткел“во југозападната провинција Кузестан во земјата, јави новинската агенција Ирибњуз, цитирајќи локален функционер.

Ученички биле отруени и во пет училишта во Ардабил на северозапад каде имале „симптоми на вознемиреност, отежнато дишење и главоболки“, додал истиот извор.

Во Урмија, главниот град на провинцијата Западен Азербејџан во северозападниот дел на земјата, поради истекување на гас се затруле и неодреден број основци, јави агенцијата Илна.

Според официјални податоци од 7 март, повеќе од 5.000“ деца биле затруени во повеќе од 230 училишта во 25 провинции од 31.

Труењата престанаа на почетокот на март откако беше објавено дека се уапсени стотина лица.

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи повика на строги казни, до смртна казна, за оние кои се прогласени за одговорни за труењата, нарекувајќи ги „непростливи злосторства“.

Ученичките беа отруени во екот на протестите во Иран предизвикани од смртта на 22-годишната иранска Курдка Махса Амини во притвор поради наводно кршење на строгиот кодекс за облекување за жените.

Повеќемесечните протести предизвикани од смртта на Махса Амини се најголемата криза со која се соочи Иран во последните децении, а повеќе од 500 демонстранти беа убиени во судирите со полицијата.

 

The post Во Иран повторно се отруени девојчиња во неколку училишта appeared first on Република.

]]>

Десетици девојчиња денеска се отруени во неколку училишта низ Иран, јавија локалните медиуми. Од крајот на ноември, бројни училишта, претежно за девојчиња, се погодени од ненадејни труења со гас или отровни материи. Децата почувствувале слабост, се онесвестиле, а некои завршиле во болница. Претседателот на Националната анкетна комисија за случајот, пратеникот Хамидреза Каземи, вчера изјави дека нивниот конечен извештај ќе биде објавен „за две недели“.
Најмалку 60 ученички се отруени денеска во женско училиште во Хафткел“во југозападната провинција Кузестан во земјата, јави новинската агенција Ирибњуз, цитирајќи локален функционер.
Ученички биле отруени и во пет училишта во Ардабил на северозапад каде имале „симптоми на вознемиреност, отежнато дишење и главоболки“, додал истиот извор. Во Урмија, главниот град на провинцијата Западен Азербејџан во северозападниот дел на земјата, поради истекување на гас се затруле и неодреден број основци, јави агенцијата Илна. Според официјални податоци од 7 март, повеќе од 5.000“ деца биле затруени во повеќе од 230 училишта во 25 провинции од 31. Труењата престанаа на почетокот на март откако беше објавено дека се уапсени стотина лица. Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи повика на строги казни, до смртна казна, за оние кои се прогласени за одговорни за труењата, нарекувајќи ги „непростливи злосторства“. Ученичките беа отруени во екот на протестите во Иран предизвикани од смртта на 22-годишната иранска Курдка Махса Амини во притвор поради наводно кршење на строгиот кодекс за облекување за жените. Повеќемесечните протести предизвикани од смртта на Махса Амини се најголемата криза со која се соочи Иран во последните децении, а повеќе од 500 демонстранти беа убиени во судирите со полицијата.  

The post Во Иран повторно се отруени девојчиња во неколку училишта appeared first on Република.

]]>
Уапсени осомничени за труење ученички: Девојчињата се жалеле на главоболки, мачнина, гадење, вртоглавици… https://republika.mk/vesti/svet/uapseni-osomnicheni-za-truene-uchenichki-devojchinata-se-zhalele-na-glavobolki-machnina-gadene-vrtoglavitsi/ Tue, 07 Mar 2023 14:32:51 +0000 https://republika.mk/?p=616962

Лица поврзани со бранот труење на ученички се уапсени во пет ирански провинции, објави во денеска новинската агенција Фарс, пренесува Гардијан. Апсењата доаѓаат откако огромен број девојчиња се пожалија на главоболки, мачнина, гадење, вртоглавици и слично.

Засега нема детални информации или позадина за осомничените, јавува агенцијата повикувајќи се на информации од Маџид Мирахмади, заменик министер за внатрешни работи.

Врховниот водач на Иран, ајатолахот Али Хамнеи вчера повика на строга казна за одговорните за труењата, кои ги нарече „непростливо злосторство“.

Првите случаи на мистериозно труење, кои се случија речиси исклучиво во училиштата за девојки, беа пријавени во ноември. Иранската влада смета дека ученичките биле намерно отруени.

Лекарите сугерираат дека причина за труењето може да биде некој вид отровен гас.

Родителите и роднините се револтирани и лути и делумно ја сметаат владата за одговорна што не ги заштитила нивните деца.

Иранските медиуми објавија дека имало повеќе од 2.500 случаи на труење во училиштата

The post Уапсени осомничени за труење ученички: Девојчињата се жалеле на главоболки, мачнина, гадење, вртоглавици… appeared first on Република.

]]>

Лица поврзани со бранот труење на ученички се уапсени во пет ирански провинции, објави во денеска новинската агенција Фарс, пренесува Гардијан. Апсењата доаѓаат откако огромен број девојчиња се пожалија на главоболки, мачнина, гадење, вртоглавици и слично. Засега нема детални информации или позадина за осомничените, јавува агенцијата повикувајќи се на информации од Маџид Мирахмади, заменик министер за внатрешни работи. Врховниот водач на Иран, ајатолахот Али Хамнеи вчера повика на строга казна за одговорните за труењата, кои ги нарече „непростливо злосторство“. Првите случаи на мистериозно труење, кои се случија речиси исклучиво во училиштата за девојки, беа пријавени во ноември. Иранската влада смета дека ученичките биле намерно отруени. Лекарите сугерираат дека причина за труењето може да биде некој вид отровен гас. Родителите и роднините се револтирани и лути и делумно ја сметаат владата за одговорна што не ги заштитила нивните деца. Иранските медиуми објавија дека имало повеќе од 2.500 случаи на труење во училиштата

The post Уапсени осомничени за труење ученички: Девојчињата се жалеле на главоболки, мачнина, гадење, вртоглавици… appeared first on Република.

]]>
Според ирански медиуми во последните четири месеци имало над 2.400 случаи на труење на девојчиња во училиштата https://republika.mk/vesti/svet/spored-iranski-mediumi-vo-poslednite-chetiri-mesetsi-imalo-nad-2-400-sluchai-na-truene-na-devojchina-vo-uchilishtata/ Mon, 06 Mar 2023 18:28:02 +0000 https://republika.mk/?p=616554

Иранските медиуми објавија дека од ноември досега во училиштата имало повеќе од 2.400 случаи на труење, пренесува ДПА.

Податоците се добиени според медиумските извештаи, но нема официјални податоци за случаите на труење, кои главно се насочени кон училиштата за девојчиња. Ученичките се пожалиле дека вдишале испарувања со мирис на мандарини, хлор и средства за чистење. Набргу потоа им се слошило, добиле главоболки и срцебиење, се чувствувале многу уморни и немале сила да се движат.

Според иранската влада, станува збор за насочени напади. Првично, заменик-министерот за внатрешни работи Маџид Мирахмади ги опиша труењата како психолошка војна што ја водат иранските непријатели: „Повеќе од 99 отсто од нив се предизвикани од стрес, гласини и психолошка војна започната од непријателски ТВ канали за да се создаде стресна ситуација за учениците и за родителите“.

Поранешната заменичка министерка за женски и семејни прашања Масумех Ебтекар ги повика властите „еднаш засекогаш да стават крај на мизогините фанатици“. ИРНА го цитираше заменик-министерот за здравство Џунс Панахи, кој рече дека по случаите во Гом, станало јасно „дека некои луѓе сакаат сите училишта, особено училиштата за девојки, да бидат затворени“.

Според извештаите на медиумите, повеќе од 100 училишта се погодени од почетокот на епидемијата во ноември, иако набљудувачите веруваат дека реалниот број може да биде поголем.

Родителите изразија револт поради немањето официјално објаснување.

.

The post Според ирански медиуми во последните четири месеци имало над 2.400 случаи на труење на девојчиња во училиштата appeared first on Република.

]]>

Иранските медиуми објавија дека од ноември досега во училиштата имало повеќе од 2.400 случаи на труење, пренесува ДПА. Податоците се добиени според медиумските извештаи, но нема официјални податоци за случаите на труење, кои главно се насочени кон училиштата за девојчиња. Ученичките се пожалиле дека вдишале испарувања со мирис на мандарини, хлор и средства за чистење. Набргу потоа им се слошило, добиле главоболки и срцебиење, се чувствувале многу уморни и немале сила да се движат. Според иранската влада, станува збор за насочени напади. Првично, заменик-министерот за внатрешни работи Маџид Мирахмади ги опиша труењата како психолошка војна што ја водат иранските непријатели: „Повеќе од 99 отсто од нив се предизвикани од стрес, гласини и психолошка војна започната од непријателски ТВ канали за да се создаде стресна ситуација за учениците и за родителите“. Поранешната заменичка министерка за женски и семејни прашања Масумех Ебтекар ги повика властите „еднаш засекогаш да стават крај на мизогините фанатици“. ИРНА го цитираше заменик-министерот за здравство Џунс Панахи, кој рече дека по случаите во Гом, станало јасно „дека некои луѓе сакаат сите училишта, особено училиштата за девојки, да бидат затворени“. Според извештаите на медиумите, повеќе од 100 училишта се погодени од почетокот на епидемијата во ноември, иако набљудувачите веруваат дека реалниот број може да биде поголем. Родителите изразија револт поради немањето официјално објаснување. .

The post Според ирански медиуми во последните четири месеци имало над 2.400 случаи на труење на девојчиња во училиштата appeared first on Република.

]]>
Кој отру стотици девојчиња во Иран? https://republika.mk/vesti/svet/koj-otru-stotitsi-devojchina-vo-iran/ Sat, 04 Mar 2023 09:42:21 +0000 https://republika.mk/?p=615789

Мистериозни случаи на труење во Иран: стотици девојчиња од женските училишта страдаат од гушење, гадење, вртоглавица. Кој стои зад овој бран труења? Дали верските фанатици имаа удел во она што се случи?

Во неколку училишта за девојки во различни градови во Иран, стотици ученички повторно се затруени. Бројните случаи на необјаснето труење почнаа кон крајот на минатата година и не престануваат. Сега, само во северниот град Ардабил, погодени се повеќе од 400 ученички од вкупно 11 училишта, како што објави иранскиот весник „Шарх“. Речиси 100 од децата се лекуваат во болница, а во некои случаи нивната здравствена состојба се смета за критична. Но, слични случаи повторно се регистрирани и во други градови. Родителите се загрижени, а владата допрва треба да излезе со официјално објаснување за случаите.

Властите долго време се сомневаа дека зад серијата труења стојат насочени напади со отровен гас. Сепак, причините се уште се нејасни. Ученичките се пожалија дека вдишале испарувања со мирис на мандарини, хлор и средства за чистење. Набргу потоа им се слошило, добиле главоболки и срцебиење, се чувствувале многу уморни и немале сила да се движат.

Првично, заменик-министерот за внатрешни работи Маџид Мирахмади ги опиша труењата како психолошка војна што ја водат иранските непријатели: „Повеќе од 99 отсто од нив се предизвикани од стрес, гласини и психолошка војна започната од непријателски ТВ канали за да се создаде стресна ситуација за учениците и за родителите“.

Нападите почнаа во ноември

Првите случаи беа пријавени кон крајот на ноември, во време на разгорени протести во неколку училишта за девојки во шиитскиот Гом. Меѓутоа, во последно време се регистрирани се повеќе случаи во други делови на земјата, а труењата стигнаа и до главниот град Техеран.

Според ирански пратеник, досега речиси 1.200 ученички морале да добијат лекарска помош поради тешкотии со дишењето, а 800 од нив биле отруени само во Гом. Состојките користени против нив таму очигледно содржеле траги од азот.

Крајно религиозни мотиви?

Ултраконзервативниот претседател Ебраим Раиси му наложи на Министерството за внатрешни работи да спроведе истрага, а разузнавањето и Министерството за здравство да му помогнат, објави државната новинска агенција ИРНА.

Поранешната заменичка министерка за женски и семејни прашања Масумех Ебтекар ги повика властите „еднаш засекогаш да стават крај на мизогините фанатици“. А ИРНА го цитираше заменик-министерот за здравство Џунс Панахи, кој рече дека по случаите во Гом, станало јасно „дека некои луѓе сакаат сите училишта, особено училиштата за девојки, да бидат затворени“.

Со месеци властите во Иран се под притисок на протестите кои избија по смртта на 22-годишната Џина Махса Амини. Економските проблеми дополнително ја комплицираат ситуацијата.

Извор: Дојче веле - Бон

The post Кој отру стотици девојчиња во Иран? appeared first on Република.

]]>

Мистериозни случаи на труење во Иран: стотици девојчиња од женските училишта страдаат од гушење, гадење, вртоглавица. Кој стои зад овој бран труења? Дали верските фанатици имаа удел во она што се случи? Во неколку училишта за девојки во различни градови во Иран, стотици ученички повторно се затруени. Бројните случаи на необјаснето труење почнаа кон крајот на минатата година и не престануваат. Сега, само во северниот град Ардабил, погодени се повеќе од 400 ученички од вкупно 11 училишта, како што објави иранскиот весник „Шарх“. Речиси 100 од децата се лекуваат во болница, а во некои случаи нивната здравствена состојба се смета за критична. Но, слични случаи повторно се регистрирани и во други градови. Родителите се загрижени, а владата допрва треба да излезе со официјално објаснување за случаите. Властите долго време се сомневаа дека зад серијата труења стојат насочени напади со отровен гас. Сепак, причините се уште се нејасни. Ученичките се пожалија дека вдишале испарувања со мирис на мандарини, хлор и средства за чистење. Набргу потоа им се слошило, добиле главоболки и срцебиење, се чувствувале многу уморни и немале сила да се движат. Првично, заменик-министерот за внатрешни работи Маџид Мирахмади ги опиша труењата како психолошка војна што ја водат иранските непријатели: „Повеќе од 99 отсто од нив се предизвикани од стрес, гласини и психолошка војна започната од непријателски ТВ канали за да се создаде стресна ситуација за учениците и за родителите“.

Нападите почнаа во ноември

Првите случаи беа пријавени кон крајот на ноември, во време на разгорени протести во неколку училишта за девојки во шиитскиот Гом. Меѓутоа, во последно време се регистрирани се повеќе случаи во други делови на земјата, а труењата стигнаа и до главниот град Техеран. Според ирански пратеник, досега речиси 1.200 ученички морале да добијат лекарска помош поради тешкотии со дишењето, а 800 од нив биле отруени само во Гом. Состојките користени против нив таму очигледно содржеле траги од азот.

Крајно религиозни мотиви?

Ултраконзервативниот претседател Ебраим Раиси му наложи на Министерството за внатрешни работи да спроведе истрага, а разузнавањето и Министерството за здравство да му помогнат, објави државната новинска агенција ИРНА. Поранешната заменичка министерка за женски и семејни прашања Масумех Ебтекар ги повика властите „еднаш засекогаш да стават крај на мизогините фанатици“. А ИРНА го цитираше заменик-министерот за здравство Џунс Панахи, кој рече дека по случаите во Гом, станало јасно „дека некои луѓе сакаат сите училишта, особено училиштата за девојки, да бидат затворени“. Со месеци властите во Иран се под притисок на протестите кои избија по смртта на 22-годишната Џина Махса Амини. Економските проблеми дополнително ја комплицираат ситуацијата. Извор: Дојче веле - Бон

The post Кој отру стотици девојчиња во Иран? appeared first on Република.

]]>
Министерките за надворешни на 16 западни земји длабоко разочарани што Талибанците ја повлекоа дозволата за образование на девојчињата https://republika.mk/vesti/svet/ministerkite-za-nadvoreshni-na-16-zapadni-zemji-dlaboko-razocharani-shto-talibancite-ja-povlekoa-dozvolata-za-obrazovanie-na-devojchinjata/ Fri, 25 Mar 2022 15:29:18 +0000 https://republika.mk/?p=478507

Министерките за надворешни работи на 16 земји соопштија дека се „длабоко разочарани“ од одлуката на Талибанците во Авганистан да не дозволат девојчињата да посетуваат основно училиште и ги повикаа да ја повлечат својата одлука.

Како жени и министерки за надворешни работи, ние сме длабоко разочарани и загрижени што на девојчињата во Авганистан им е забранет пристапот до средни училишта оваа пролет - во заедничка писмена изјава соопштија министерките од Албанија, Андора, Австралија, Белгија, БиХ, Канада, Естонија, Германија, Исланд, Косово, Малави, Монголија, Нов Зеланд, Шведска, Тонга и Обединетото Кралство.

Новите авганистански власти неочекувано наредија затворање на училиштата за девојчиња во Авганистан, само неколку часа по нивното повторно отворање. Медиумите објавија дека на девојчињата кои пристигнале во постарите одделенија на основните и средните училишта им било кажано да се вратат дома.

Талибанците не ја разјаснија ваквата ненадејна одлука.

https://republika.mk/vesti/svet/talibancite-gi-zatvorija-uchilishtata-za-devojchinja-samo-nekolku-chasa-otkako-gi-otvorija/

Министерките, во заедничкото соопштение, наведуваат дека одлуката е „особено вознемирувачка“ бидејќи Талибанците постојано ветувале дека ќе ги отворат училишта за сите откако ја презедоа власта во земјата минатиот август.

Ги повикуваме Талибанците да ја повлечат својата одлука и да гарантираат еднаков пристап на сите нивоа на образование, во сите провинции во земјата - изјавија министерките и посочија дека во следниот период „ќе ги мерат постапките, а не зборовите“.

The post Министерките за надворешни на 16 западни земји длабоко разочарани што Талибанците ја повлекоа дозволата за образование на девојчињата appeared first on Република.

]]>

Министерките за надворешни работи на 16 земји соопштија дека се „длабоко разочарани“ од одлуката на Талибанците во Авганистан да не дозволат девојчињата да посетуваат основно училиште и ги повикаа да ја повлечат својата одлука.
Како жени и министерки за надворешни работи, ние сме длабоко разочарани и загрижени што на девојчињата во Авганистан им е забранет пристапот до средни училишта оваа пролет - во заедничка писмена изјава соопштија министерките од Албанија, Андора, Австралија, Белгија, БиХ, Канада, Естонија, Германија, Исланд, Косово, Малави, Монголија, Нов Зеланд, Шведска, Тонга и Обединетото Кралство.
Новите авганистански власти неочекувано наредија затворање на училиштата за девојчиња во Авганистан, само неколку часа по нивното повторно отворање. Медиумите објавија дека на девојчињата кои пристигнале во постарите одделенија на основните и средните училишта им било кажано да се вратат дома. Талибанците не ја разјаснија ваквата ненадејна одлука. https://republika.mk/vesti/svet/talibancite-gi-zatvorija-uchilishtata-za-devojchinja-samo-nekolku-chasa-otkako-gi-otvorija/ Министерките, во заедничкото соопштение, наведуваат дека одлуката е „особено вознемирувачка“ бидејќи Талибанците постојано ветувале дека ќе ги отворат училишта за сите откако ја презедоа власта во земјата минатиот август.
Ги повикуваме Талибанците да ја повлечат својата одлука и да гарантираат еднаков пристап на сите нивоа на образование, во сите провинции во земјата - изјавија министерките и посочија дека во следниот период „ќе ги мерат постапките, а не зборовите“.

The post Министерките за надворешни на 16 западни земји длабоко разочарани што Талибанците ја повлекоа дозволата за образование на девојчињата appeared first on Република.

]]>
Талибанците ги затворија училиштата за девојчиња само неколку часа откако ги отворија https://republika.mk/vesti/svet/talibancite-gi-zatvorija-uchilishtata-za-devojchinja-samo-nekolku-chasa-otkako-gi-otvorija/ Wed, 23 Mar 2022 07:26:12 +0000 https://republika.mk/?p=476906

Талибанците наредија средните училишта за девојки во Авганистан да се затворат денеска, само неколку часа по нивното повторно отворање, потврди официјален претставник.

Тоа предизвика конфузија во врска со промената на политиката од страна на тврдокорната исламистичка група што е на власт.

Да, вистина е, изјави портпаролот на талибанците Инамула Самангани на прашањето да ги потврди извештаите на западни медиуми дека на девојчињата им било наредено да се вратат дома.

The post Талибанците ги затворија училиштата за девојчиња само неколку часа откако ги отворија appeared first on Република.

]]>

Талибанците наредија средните училишта за девојки во Авганистан да се затворат денеска, само неколку часа по нивното повторно отворање, потврди официјален претставник. Тоа предизвика конфузија во врска со промената на политиката од страна на тврдокорната исламистичка група што е на власт.
Да, вистина е, изјави портпаролот на талибанците Инамула Самангани на прашањето да ги потврди извештаите на западни медиуми дека на девојчињата им било наредено да се вратат дома.

The post Талибанците ги затворија училиштата за девојчиња само неколку часа откако ги отворија appeared first on Република.

]]>