денис прокопенко Archives - Република https://republika.mk/tema/denis-prokopenko/ За подобро да се разбереме Fri, 20 May 2022 16:43:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png денис прокопенко Archives - Република https://republika.mk/tema/denis-prokopenko/ 32 32 Командантот на украинскиот полк Азов вели дека борците добиле наредба да престанат да го бранат Мариупол https://republika.mk/vesti/svet/komandantot-na-ukrainskiot-polk-azov-veli-deka-borcite-dobile-naredba-da-prestanat-da-go-branat-mariupol/ Fri, 20 May 2022 16:43:27 +0000 https://republika.mk/?p=504933

Денис Прокопенко, командантот на украинскиот полк Азов се обрати до јавноста велејќи дека борците добиле наредба да престанат да го бранат Мариупол. На 86-тиот ден од окупацијата на битката кај челичарницата ѝ се гледа крајот. Според Прокопенко, сите цивили се евакурани, а на тешко ранетите им е пружена медицинска помош.

Претседателот Зеленски се надева дека и преостанатите борци ќе бидат разменети и дека ќе останат живи.

 

The post Командантот на украинскиот полк Азов вели дека борците добиле наредба да престанат да го бранат Мариупол appeared first on Република.

]]>

Денис Прокопенко, командантот на украинскиот полк Азов се обрати до јавноста велејќи дека борците добиле наредба да престанат да го бранат Мариупол. На 86-тиот ден од окупацијата на битката кај челичарницата ѝ се гледа крајот. Според Прокопенко, сите цивили се евакурани, а на тешко ранетите им е пружена медицинска помош. Претседателот Зеленски се надева дека и преостанатите борци ќе бидат разменети и дека ќе останат живи.  

The post Командантот на украинскиот полк Азов вели дека борците добиле наредба да престанат да го бранат Мариупол appeared first on Република.

]]>
Командантот на „Азов“ упатува очајнички апел за извлекување од челичарницата во Мариупол https://republika.mk/vesti/svet/komandantot-na-azov-upatuva-ochajnichki-apel-za-izvlekuvanje-od-chelicharnicata-vo-mariupol/ Mon, 09 May 2022 05:30:10 +0000 https://republika.mk/?p=499630

Командантот на украинскиот националистички баталјон „Азов“, Денис Прокопенко, и неговиот заменик, Свјатослав Паламар - Калин, станаа прилично експонирани откако битките во Мариупол се сведоа на челичарницата „Азовстал“, каде што украинските сили се забарикадирани и скриени во подземните простории на индустрискиот комплекс.

Тие двајцата, честопати се обраќаа до јавноста преку видео пораки на социјалните мрежи во кои известуваа за состојбата во челичарницата и за борбите со руските сили во Мариупол.

Во последните денови и двајцата испраќаат очајнички апели до светот да се организира евакуација и извлекување на нивните војници од „Азовстал“, каде што се блокирани со резерви на храна и муниција што се при крај.

Веќе неколку дена непријателот навлегува на територијата на челичарницата. Се водат тешки, крвави битки. Му благодарам на целиот свет за големата поддршка на борците од Мариупол. Ситуацијата е исклучително тешка - вели Прокопенко во својата последна видео порака.

Со оглед на тоа дека руската армија истовремено го бомбардира Азовстал, заедно со силите од Донбас и чеченските борци, коишто, според последните извештаи, успеале да навлезат во областа на големата фабрика за челик, ако не и во обемната мрежа од подземни тунели каде што се кријат војниците на Прокопенко, ова обраќање може да биде неговата последна порака.

Да потсетиме, руските сили продолжија со насилните напади врз Азовстал веднаш откако неколку стотици цивили беа евакуирани со хуманитарни конвои.

https://republika.mk/vesti/svet/se-oglasi-soprugata-na-komandantot-na-azov-razgovaravme-zvucheshe-kako-da-se-zboguva-so-mene/

The post Командантот на „Азов“ упатува очајнички апел за извлекување од челичарницата во Мариупол appeared first on Република.

]]>

Командантот на украинскиот националистички баталјон „Азов“, Денис Прокопенко, и неговиот заменик, Свјатослав Паламар - Калин, станаа прилично експонирани откако битките во Мариупол се сведоа на челичарницата „Азовстал“, каде што украинските сили се забарикадирани и скриени во подземните простории на индустрискиот комплекс. Тие двајцата, честопати се обраќаа до јавноста преку видео пораки на социјалните мрежи во кои известуваа за состојбата во челичарницата и за борбите со руските сили во Мариупол. Во последните денови и двајцата испраќаат очајнички апели до светот да се организира евакуација и извлекување на нивните војници од „Азовстал“, каде што се блокирани со резерви на храна и муниција што се при крај.
Веќе неколку дена непријателот навлегува на територијата на челичарницата. Се водат тешки, крвави битки. Му благодарам на целиот свет за големата поддршка на борците од Мариупол. Ситуацијата е исклучително тешка - вели Прокопенко во својата последна видео порака.
Со оглед на тоа дека руската армија истовремено го бомбардира Азовстал, заедно со силите од Донбас и чеченските борци, коишто, според последните извештаи, успеале да навлезат во областа на големата фабрика за челик, ако не и во обемната мрежа од подземни тунели каде што се кријат војниците на Прокопенко, ова обраќање може да биде неговата последна порака. Да потсетиме, руските сили продолжија со насилните напади врз Азовстал веднаш откако неколку стотици цивили беа евакуирани со хуманитарни конвои. https://republika.mk/vesti/svet/se-oglasi-soprugata-na-komandantot-na-azov-razgovaravme-zvucheshe-kako-da-se-zboguva-so-mene/

The post Командантот на „Азов“ упатува очајнички апел за извлекување од челичарницата во Мариупол appeared first on Република.

]]>
Се огласи сопругата на командантот на „Азов“: Разговаравме, звучеше како да се збогува со мене https://republika.mk/vesti/svet/se-oglasi-soprugata-na-komandantot-na-azov-razgovaravme-zvucheshe-kako-da-se-zboguva-so-mene/ Fri, 06 May 2022 13:33:28 +0000 https://republika.mk/?p=498626

Украинските борци и припадниците на неонацистичкиот баталјон „Азов“, кои се скриени во подземните тунели под фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол одбиваат да се предадат и покрај жестоките руски напади, пишува „Скај Њуз“.

Од британскиот медиум додаваат дека борбите во последното упориште на украинските сили во разурнатиот град се интензивираат.

Нема да се откажат. Се надеваат на чудо - за „Скај њуз“ телефонски изјавила Катарина Прокопенко, сопругата на командантот на „Азов“, Денис Прокопенко, кој се наоѓа во „Азовстал“.

Таа вели дека се слушнала со него на телефон, како и дека сопругот и рекол дека ќе ја сака засекогаш.

Јас надвор од себе поради тоа што ми го кажа. Звучеше како да се збогува со мене - вели Прокопенко.

Според проценките, во тунелите под „Азовстал“ се уште има скриено околу 2.000 украински борци.

https://republika.mk/vesti/svet/britanski-razuznavachi-objasnuvaat-zoshto-rusite-tolku-mnogu-go-napagjaat-azovstal/

The post Се огласи сопругата на командантот на „Азов“: Разговаравме, звучеше како да се збогува со мене appeared first on Република.

]]>

Украинските борци и припадниците на неонацистичкиот баталјон „Азов“, кои се скриени во подземните тунели под фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол одбиваат да се предадат и покрај жестоките руски напади, пишува „Скај Њуз“. Од британскиот медиум додаваат дека борбите во последното упориште на украинските сили во разурнатиот град се интензивираат.
Нема да се откажат. Се надеваат на чудо - за „Скај њуз“ телефонски изјавила Катарина Прокопенко, сопругата на командантот на „Азов“, Денис Прокопенко, кој се наоѓа во „Азовстал“.
Таа вели дека се слушнала со него на телефон, како и дека сопругот и рекол дека ќе ја сака засекогаш.
Јас надвор од себе поради тоа што ми го кажа. Звучеше како да се збогува со мене - вели Прокопенко.
Според проценките, во тунелите под „Азовстал“ се уште има скриено околу 2.000 украински борци. https://republika.mk/vesti/svet/britanski-razuznavachi-objasnuvaat-zoshto-rusite-tolku-mnogu-go-napagjaat-azovstal/

The post Се огласи сопругата на командантот на „Азов“: Разговаравме, звучеше како да се збогува со мене appeared first on Република.

]]>
Кадиров му одговори на командантот на „Азов“: Погледнете го тоа гнасно лицемерие https://republika.mk/vesti/svet/kadirov-mu-odgovori-na-komandantot-na-azov-poglednete-go-toa-gnasno-licemerie/ Tue, 19 Apr 2022 09:18:18 +0000 https://republika.mk/?p=490401

Чеченскиот лидер, Рамзан Кадиров, коментирајќи ги зборовите на командантот на баталјонот „Азов“, Денис Прокопенко, дека во индустрискиот комплекс „Азовстал“ има цивили, истакна дека Русија отсекогаш била за организирање хуманитарни коридори, додека азовските фашисти го користат населението како жив штит.

Погледнете го тоа гнасно лицемерие и лаги на азовските криминалци кои се сместија во зградите на „Азовстал“. Руската страна секогаш се залагаше и бараше организирање хуманитарни коридори за цивилите, обезбедувајќи им заштита, засолниште, храна, медицинска нега, додека азовските фашисти ги користеа како жив штит - истакна Кадиров на Телеграм.

Русија проценува дека 2.500 украински војници и околу 400 странски платеници се утврдени во тунелите и подрумите на индустрискиот комплекс.

The post Кадиров му одговори на командантот на „Азов“: Погледнете го тоа гнасно лицемерие appeared first on Република.

]]>

Чеченскиот лидер, Рамзан Кадиров, коментирајќи ги зборовите на командантот на баталјонот „Азов“, Денис Прокопенко, дека во индустрискиот комплекс „Азовстал“ има цивили, истакна дека Русија отсекогаш била за организирање хуманитарни коридори, додека азовските фашисти го користат населението како жив штит.
Погледнете го тоа гнасно лицемерие и лаги на азовските криминалци кои се сместија во зградите на „Азовстал“. Руската страна секогаш се залагаше и бараше организирање хуманитарни коридори за цивилите, обезбедувајќи им заштита, засолниште, храна, медицинска нега, додека азовските фашисти ги користеа како жив штит - истакна Кадиров на Телеграм.
Русија проценува дека 2.500 украински војници и околу 400 странски платеници се утврдени во тунелите и подрумите на индустрискиот комплекс.

The post Кадиров му одговори на командантот на „Азов“: Погледнете го тоа гнасно лицемерие appeared first on Република.

]]>
Путин за неговата глава нуди пола милион долари: Ова е командантот на контроверзниот баталјон „Азов“ што се бори во Мариупол https://republika.mk/vesti/svet/putin-za-negovata-glava-nudi-pola-milion-dolari-ova-e-komandantot-na-kontroverzniot-bataljon-azov-shto-se-bori-vo-mariupol/ Wed, 16 Mar 2022 13:19:28 +0000 https://republika.mk/?p=473751

Чеченскиот лидер, Рамзан Кадиров, наводно, во име на рускиот претседател, Владимир Путин, понудил награда од половина милион долари за оној што ќе му ја донесе главата или друг доказ дека го убил командантот на украинскиот националистички баталјон „Азов“, Денис Прокопенко.

Токму припадниците на овој баталјон, кој е еден од најелитните единици во украинската војска, се распоредени во Мариупол и се голема причина за жестоките борби со руските сили, кои со денови не можат да го освојат градот.

Станува збор за контроверзна воена единица која многумина сè уште ја сметаат за неонацистичка единица поради поранешниот отворен флерт со хералдиката на СС единиците на нацистичка Германија и собирањето на бројни странски доброволци со екстремно десничарска наклонетост (инструкторите на НАТО одбија да ги обучуваат додека не се оградата од повикувањето на нацистичка идеологија).

Сепак, Украина тврди дека денес овој баталјон е нешто поинаков отколку што беше на почетокот: тие се прилично модерна и многу мобилна украинска единица за специјални намени. Освен пешадија, оклопни, артилериски и ракетни фрлачи, тие неодамна наводно имале и воздушни, па дури и нуркачки ударни групи.

Првиот командант и основач на баталјон „Азов“ беше екстремно десничарскиот украински политичар Андиј Билецки. Откако тој беше избран во парламентот - Врховната рада, на чело на „Азов“ беа Игор Михајленко и Максим Жорин, за командата над „Азов“ да ја преземе Денис Прокопенко, кој веќе пет години е на чело на единицата.

Пред три години, по повод годишнината од настаните на Мајдан, Прокопенко го привлече вниманието на јавноста кога одби да го отпоздрави новоизбраниот претседател, Володимир Зеленски при примањето на медалите.

Многумина ова го протолкуваа како гест на непријателство, па дури и прикриен антисемитизам 9Зеленски е Евреин), но лидерот на „Азов“ подоцна објасни дека едноставно не им отпоздравува на цивили.

Прокопенко е поранешен предводник на навивачите на Динамо Киев, а некои велат и класичен фудбалски хулиган. Неговиот прв ангажман бил учество во настаните околу Мајдан, а подоцна и во борбите против проруските бунтовници во Донбас и во источните региони.

Кога Русија ја почна воената акција во Украина, Прокопенко и „Азов“ одлучија да се стационираат во Мариупол, градот на брегот на Азовското Море, по што е и именувана нивната единица.

 

The post Путин за неговата глава нуди пола милион долари: Ова е командантот на контроверзниот баталјон „Азов“ што се бори во Мариупол appeared first on Република.

]]>

Чеченскиот лидер, Рамзан Кадиров, наводно, во име на рускиот претседател, Владимир Путин, понудил награда од половина милион долари за оној што ќе му ја донесе главата или друг доказ дека го убил командантот на украинскиот националистички баталјон „Азов“, Денис Прокопенко. Токму припадниците на овој баталјон, кој е еден од најелитните единици во украинската војска, се распоредени во Мариупол и се голема причина за жестоките борби со руските сили, кои со денови не можат да го освојат градот. Станува збор за контроверзна воена единица која многумина сè уште ја сметаат за неонацистичка единица поради поранешниот отворен флерт со хералдиката на СС единиците на нацистичка Германија и собирањето на бројни странски доброволци со екстремно десничарска наклонетост (инструкторите на НАТО одбија да ги обучуваат додека не се оградата од повикувањето на нацистичка идеологија). Сепак, Украина тврди дека денес овој баталјон е нешто поинаков отколку што беше на почетокот: тие се прилично модерна и многу мобилна украинска единица за специјални намени. Освен пешадија, оклопни, артилериски и ракетни фрлачи, тие неодамна наводно имале и воздушни, па дури и нуркачки ударни групи. Првиот командант и основач на баталјон „Азов“ беше екстремно десничарскиот украински политичар Андиј Билецки. Откако тој беше избран во парламентот - Врховната рада, на чело на „Азов“ беа Игор Михајленко и Максим Жорин, за командата над „Азов“ да ја преземе Денис Прокопенко, кој веќе пет години е на чело на единицата. Пред три години, по повод годишнината од настаните на Мајдан, Прокопенко го привлече вниманието на јавноста кога одби да го отпоздрави новоизбраниот претседател, Володимир Зеленски при примањето на медалите. Многумина ова го протолкуваа како гест на непријателство, па дури и прикриен антисемитизам 9Зеленски е Евреин), но лидерот на „Азов“ подоцна објасни дека едноставно не им отпоздравува на цивили. Прокопенко е поранешен предводник на навивачите на Динамо Киев, а некои велат и класичен фудбалски хулиган. Неговиот прв ангажман бил учество во настаните околу Мајдан, а подоцна и во борбите против проруските бунтовници во Донбас и во источните региони. Кога Русија ја почна воената акција во Украина, Прокопенко и „Азов“ одлучија да се стационираат во Мариупол, градот на брегот на Азовското Море, по што е и именувана нивната единица.  

The post Путин за неговата глава нуди пола милион долари: Ова е командантот на контроверзниот баталјон „Азов“ што се бори во Мариупол appeared first on Република.

]]>